Бизнис Инфо Број 143

26
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 143 www.mchamber.mk 04.07.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - „НАЈКОМОРА ВО РЕГИОНОТ“ Избор на најменаџери во југоисточна и средна Европа, Сараево, Босна и Херцеговина

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 30-Mar-2016

293 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - „НАЈКОМОРА ВО РЕГИОНОТ“

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 143 www.mchamber.mk 04.07.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - „НАЈКОМОРА ВО

РЕГИОНОТ“

Избор на најменаџери во југоисточна и средна Европа,Сараево, Босна и Херцеговина

Page 2: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Page 3: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО 3

ПОДВЛЕЧЕНО четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШТерминот енергетски пасош е широко прифатен, но сепак во Законот за енергетика се

користи терминот сертификат за енергетски карактеристики на згради. Сертификатот за енергетски карактеристики на згради треба да содржи податоци за енергетските

карактеристики на зградата или градежната единица и референтни вредности, како што се минималните барања за енергетски карактеристики.

Исто така, сертификатот за енергетски карактеристики на згради треба да содржи и податоци за годишната потрошувачка на енергија и процентуалното учество на енергија од обновливи извори во вкупната потрошувачка на енергија, како и препораки за спроведување на економски оптимални, односно економски исплатливи мерки за подобрување на енергетските карактеристики на зградите или градежните единици, освен ако не постои доволен потенцијал за такви подобрувања.

(Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика)

БЕРЗАТА НЕ НОСИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ

Искуството во основањето на локалната берза на електрична енергија во Словенија ни зборува дека на малите пазари каков

што е словенечкиот (крајна потрошувачка од 12 TWh) постои сериозен проблем со постигнувањето на ликвидност. Без оглед што пазарот на електрична енергија во Словенија е отворен за сите потрошувачи уште од 2007 година, и што обемот на вкупното тргување со електрична енергија на билатералниот пазар во периодот 2007-2008 се зголеми за три пати, по основањето на словенечката берза во 2008 година, не се

постигна ликвидност. Дури и во следните три години по основањето, вкупниот обем на тргување на берзата беше под 5% од крајната потрошувачка во Словенија. Ваквите резултати ги ставаат под знак прашање транспарентноста и важноста на цената. Состојбата се промени дури по почетокот на соработката со италијанската берза ГМЕ и со операторите на системите за пренос, ЕЛЕС и Терна во проектот за спојување на пазарот. Поради овој проект дојде до значително зголемување на обемот на тргување на берзата, кој оваа година ќе надмине 50% од крајната потрошувачка во Словенија. Што значи, врз основа на нашето искуство можеме да заклучиме дека регионалното поврзување, особено со ликвидните пазари, во значителна мера влијае врз ликвидноста на локалната берза. Берзата не носи повисоки цени, туку само ни овозможува на сите да се запознаеме со пазарната цена на електричната енергија. Инаку висината на цената зависи од состојбата на внатрешниот пазар (понуда на електрична енергија, побарувачка на електрична енергија, инвестиции во нови капацитети) и од тоа колку добро функционира меѓународната трговија со електрична енергија во однос на внатрешниот пазар (понуда на

електрична енергија во регионот, побарувачка за електрична енергија во регионот, цена за пренос помеѓу матичниот систем и странскиот систем ….Во Словенија пред спојувањето на пазарот постоеја сомнежи дека поради тој проект цената

на електрична енергија ќе се зголеми дури на ниво на цените во Италија. Сега знаеме дека тоа не се случи. Цената на големопродажниот пазар за ден однапред во Словенија се уште е на нивото на цената во Германија. Состојбата е таква што, на границата помеѓу Австрија и Словенија нема значајни преоптоварување на капацитетите, исто како и пред спојувањето на пазарот. Значи берзата не влијае врз карактеристиките на пазарот, а особено не влијае врз формирањето на цените.

(Анже Предовник, директор на Берзата за струја во Љубљана)

ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ЗАШТИТАТА И ЗАЧУВУВАЊЕТО НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И ПРИРОДНАТА ОКОЛИНА

Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина.

Во првата фаза на проектот за инсталирање Систем за подземни контејнери во Скопје што заврши во март, оставени се вкупно 50 садови на 14 локации во општината Центар и на една локација во општината Чаир. На десет локации се поставија по три контејнери, два за мешан комунален отпад и еден за ПЕТ-амбалажа, а на пет локации се поставија по четири контејнери, три за мешан комунален отпад и еден за ПЕТ-амбалажа. Овие контејнери имаат зафатнина од три метри кубни, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќаат слободна површина над земја. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, кои се специјално надградени за оваа намена. Системот го инсталира словенечката фирма „Атрик“ од Љубљана.

(Ракип Дочи, директор на ЈП „Комунална хигиена“)

Page 4: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО4

ПРИЗНАНИЈАчетврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Стопанската комора на Македонија е „Најкомора во регионот“, а Михајло Михајловски, извршен директор на „Фени“ од Кавадарци и директор и сопственик на „Ватростална“ – Скопје, е прогласен за најменаџер во регионот на југоисточна и средна Европа. Овие признанија на македонските претставници им беа доделени на традиционалната 28. по ред манифестација „Избор на најменаџер на југоисточна и средна Европа“ што на 4.7.2013 година се одржа во Сараево. На свеченоста, што се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во главниот град на Босна и Херцеговина, беа собрани врвните претставници од бизнисот од регионот, а претходно беше одржана деловна конференција на тема: „Регионалната стопанска соработка и развојот“.

Извршен избор на најменаџери во

југоисточна и средна Европа во Сараево,

Босна и Херцеговина

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА -

„НАЈКОМОРА ВО РЕГИОНОТ“

Page 5: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО 5

ПРИЗНАНИЈА четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

-Друштвото со најдобрите менаџери од југоисточна и средна Европа е вистинска прилика човек да се почувствува горд на резултатите што може да ги постигне. Воедно, и да се запраша секој од нас што треба да направи за да се подобри ситуацијата во секоја земја посебно и во регионот. Позитивноста, упорноста и професионалноста се единствените работи со кои може да се оди напред. Добитниците се вистинските луѓе кои што во своите дејности постигнуваат извонредни резултати и отвораат простор за развој на општеството, – истакна Бранко Азески, кој го прими врвното признание што и` беше доделено на Стопанската комора на Македонија, како модерна и врвна деловна асоцијација која целосно е посветена на успехот на членството и на бизнис-заедницата. Михајло Михајловски подвлекува дека признанието му годи и ќе му биде потстрек во иднина за постигнување на уште повисоки резултати во својата дејност – металургијата. -Се надевам дека овие компании во иднина не само што ќе бидат најдобри во Македонија, туку со поврзувања во регионот ќе придонесат за развој на македонското стопанство и воопшто на регионот, – истакна Михајловски. Бизнисмените на деловната конференција и` честитаа на Хрватска за прием во Европската унија, но истовремено побараа од своите влади да продолжат да работат во првец на прием на

сите држави од регионот во Европската унија. Поддржан е развојот на конзорциуми во регионот, по примерот како што сега тоа го прават градежниците, бидејќи само со заеднички настап компаниите ќе можат да бидат поприсутни со производи на пазарите во Европската унија и воопшто во светот.Стопанственици и политичари на деловната конференција дискутираа за побрз развој и за поврзување на бизнисот во регионот. Мирко Шаровиќ, министер за нодворешна трговија и економски односи на БиХ, констатира дека регионалната соработка и проектите не се доволно искористени. -Во регионот имаше повеќе проекти во други области, а најмалку во областа на економијата и стопанството. ЦЕФТА е еден од ретките успешни проекти во оваа област – нагласи Шаровиќ. Верица Калановиќ, министерка за регионален развој и локална самоуправа на Р. Србија, истакна дека политиката мора во иднина да прави многу повеќе компромиси. За среќа, според нејзините зборови, економијата која трпеше последици заради лошо водената политикаите за соработка, побрзо ги воспостави мостовите за соработка. -Без вистински конкурентни производи, маркетинг и заедничка соработка не може регионот и секоја држава посебно да одат напред во својот развој. А сето тоа зависи од менаџерите, – истакна Михајло Михајловски. – Ќе направам една паралела со спортот. По моја иницијатива ја формиравме СЕХА – лигата во ракомет, и сега таа е втора по Бундес лигата по квалитет во Европа. Значи, заеднички може многу да се постигне. Саво Пејчиновски

Page 6: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОПАРТНЕРИ

6 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Стопанската комора на Македонија и Државниот завод за статистика потпишаа Меморандум за соработка. По ставањето на потписите под овој документ, челните луѓе на двете институции, Бранко Азески и д-р Благица Новковска изразија задоволство што дополнително ќе се продлабочи соработката меѓу двете институции.

Според Азески, потпишувањето на овој меморандум е од особено значење за Стопанската комора на Македонија како корисник на статистичките податоци, за согледување на состојбите и деловните тенденции на ниво на македонската економија и одделно по дејности, во чии рамки дејствуваат и нејзините членки со цел предлагање соодветни мерки и активности во функција на унапредувањето на бизнис-климата. -Јавните и секому достапни квалитетни, навремени и меѓународно споредливи статистички податоци се од суштинско значење за процесот на одлучување во пазарната економија, врз основа на факти. Тие се основата за: донесување квалитетни одлуки од страна на менаџерите во приватниот и во јавниот сектор; анализа и планирање на развојот на бизнисот, за преземање мерки и водење политика во бизнисот; проценка на странските инвеститори, за можностите и исплатливоста на инвестициите во сферата на нивниот интерес во Република Македонија. Истовремено, тие се поддршка на научните истражувања како битен сегмент на развојот на секоја национална економија, - истакна Азески. За директорот на Државниот завод за статистика, д-р Благица Новковска, овој договор е од исклучителна важност за нив, особено ако се има предвид дека Стопанската комора на Македонија е институција со традиција во која членуваат најголемиот дел од македонските компании. -Стопанската комора на Македонија е еден од најголемите корисници, на која и` се потребни нашите податоци. Знаеме дека овие податоците им се неопходни на претпријатијата. Токму затоа, од денес компаниите-членки на Комората навремено ќе ги добиваат информациите. Во исто време, за нас е важно како компаниите ја третираат соработката со Државниот завод за статистика, - рече д-р Благица Новковска. Горазд Чомовски

Стопанската комора на Македонија и Државниот завод за статистика ги

интензивираат врскитеПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ

ЗА СОРАБОТКА

Page 7: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОПАРТНЕРИ

7четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Бројки и факти

КОРИСТЕЊЕ НА СТАТИСТИЧКИТЕ ПОДАТОЦИ ОД СТРАНА НА КОМОРАТА

За изработка на материјалот 1. ПРЕДЛОГ-НАСОКИ ВО ВРСКА СО КОНЦЕПТИРАЊЕТО ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА И ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2013 ГОДИНА, по којшто се расправаше на 20–та седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, одржана на 11.4.2013 година, користени се над 105 официјални податоци од кои, 48% од Државниот завод за статистика, 33% од Претпристапната економска програма 2013-2015 година на Министерството за финансии и 19% од Народната банка на Република Македонија.

За изработка на материјалот 2. „КРАТКОРОЧНИТЕ ПОТРЕБИ НА СТОПАНСТВОТО ВО ДОЛГОРОЧНИТЕ ЦЕЛИ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ПОЛИТИКА“ по којшто се расправаше на 21–та седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, одржана на 16.5.2013 година, користени се над 350 податоци, од кои 220 или 63% од ДЗС, а 130 податоци или 37% од ЕУРОСТАТ.

За материјалот 3. „НОВИТЕ ПАЗАРИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОРАСТ НА ИЗВОЗОТ НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО “ по којшто се расправаше на 22-та седница на Управниот одбор, одржана на 26.06. годинава, користените 105 податоци беа 71% од Државниот завод за статистика, 17% од „Светскиот економски преглед од Април 2013 година, и 11% од Нарoдна банка на Република Македонија.

- Сите овие користени официјални податоци беа факти кои ја потврдуваа оправданоста на нашите барања, а воедно ни беа основата за предлагање на соодветни мерки и активности во функција на унапредувањето на бизнис-климата, како наша основна мисија и задача. – истакна Бранко Азески.

Page 8: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОАКТУЕЛНО

8 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Стопанската комора на Македонија со став и

акцијаНАСТАПОТ НА НОВИ ПАЗАРИ Е

ПРЕДУСЛОВ ЗА РАСТ НА ИЗВОЗОТ Согласно актуелните тековни состојби и деловни тенденции во македонското стопанство најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството и натаму по редослед имаат недоволната странска побарувачка, недоволната домашна побарувачка, финансиските проблеми и конкурентниот увоз. Кај деловните субјекти на трговијата на мало, количината на залихите во текот на првото тримесечје од 2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје, а најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба имаат во најголем дел слабата побарувачка на купувачите, зголемената конкуренција, како и зголемената понуда на пазарот во однос на побарувачката.

Што се однесува до странската побарувачка, според последната проекција од ММФ за 2013 година, во Светскиот економски преглед од април годинава, иако глобалните проекции се позитивни, сепак според нив, патот до закрепнување во развиените економии ќе остане тежок, за кои се предвидува раст од само 1,2% во 2013, а 2,2% во 2014 година. За нашите главни извозни дестинации, ММФ за 2013 година процени пад на економските активности во ЕУ од – 0,3%, а одделно по земји, наши главни извозни дестинации, проектира раст за Германија од само 0,6% (2014 година од 1,5%) и Бугарија +1,2% (2014 од 2,3%), а намалување кај Италија -1,5% (2014 година од 0,5%) и Грција -4,2 (2014 од 0,6%). Што се однесува до земјите од Западен Балкан, односно ЦЕФТА, за Србија проектиран е раст од 2%, Косово 3,2% и за Хрватска намалување од 0,2%. Со овие, негативно корегирани проекции од страна на ММФ (октомври 2012 и јануари 2013 година), како и постојните ризици од случувањата во еврозоната, на краток рок, не можеме да очекуваме позначајно поместување во побарувачката од ЕУ, и покрај забележаниот пораст во првиот квартал годинава.

Page 9: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОАКТУЕЛНО

9четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Од друга страна, високата концентрација на нашиот извоз во мал број на земји, (65% од вкупниот извоз е насочен само во 6 земји - во 2012 година - Германија 29,4%, Грција 4,7%, Србија 7,4%, Бугарија 7,1%, Италија 6,9%, Косово 9,8%), налага безалтернативен настап на нови пазари, со цел краткорочно да ја надоместиме негативната разлика меѓу извозот во 2012 во однос на истиот од 2011 година, во ЕУ и Западен Балкан (450 милиони САД долари), а долгорочно, ќе имаме нови пазарни можности.

Врз основа на традицијата во надворешно-трговската размена на РМ во периодот пред транзицијата, сегашната насоченост во извозот, како и насочувањето на извозот на среден рок, може да се издвојат четири клучни извозни пазари за Македонија:

Европската унија, каде е потребна диверзификација на извозната насоченост и на други пазари во рамките на ЕУ;•ЦЕФТА со поагресивен настап и на пазарите во Босна и Херцеговина (посебно по ослободувањето на дел од пазарот на •земјоделско-прехранбени производи за извоз од Хрватска во Б и Х (по влезот на Хрватска во ЕУ);пазарот на земјите на Заедницата на Независни Држави (Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, •Молдавија, Русија, Таџикистан, Украина, Узбекистан и Туркменистан);Блискиот и Среден Исток, земјите од Заливот и северна Африка; •како и преиспитување на можностите за извоз во подалечните прекуокеански пазари на брзорастечките економии.•

Но согласно анкетата на Комората спроведена во месец мај кај извозните компании, за настап на новите пазари од наведените региони, главно се детектирани следниве проблеми:

високи царини – немање преференцијална трговија;•сиромашна билатерална регулаторна рамка; •немање развиена мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва во тие земји (има само во Анкара, Тел Авив, Каиро и •во Катар), нема ниедно во кавкаскиот регион;невоспоставена царинска и инспекциска соработка со тие земји, што бара и дополнителна заверка на извозните документи •и сертификати или вадење нови;т р а н с п о р т н и •проблеми (трошоци за континентален пат, неизвесност на работењето на Пристаништето во Солун, единствен директен авионски лет – за Дубаи);во однос на Иран - •проблеми поврзани со ембаргото; латентен ризик по •однос на курсот долар/евро;тешкотии при •кредитирањето развој на нови производи;познавање на пазарот •и маркетингот;неопходност од •локален партнер од самиот почеток на проектот;поддршка во изнаоѓање партнери;•јазични и комуникациски бариери.•

Согласно наведеното, покрај воспоставената слободна трговија со ЕУ и ЦЕФТА, натамошната либерализација на трговијата мора да продолжи, со приоритет во размената со Русија, како и трговијата согласно Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло (ЕУ, ЕФТА, Турција, Западен Балкан и земјите од Барселонскиот процес, со можност за ширење кон земјите од ЕУ-програмата за соседство), кон која Република Македонија пристапи во јули 2012 година, а која ќе се применува од 1 јануари 2015 година. Но за да можеме да користиме дијагонално потекло на стоки и со земјите од Барселонскиот процес, ќе треба да имаме билатерална спогодба за слободна трговија со секоја од тие земји (Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, ПЛО во полза на палестинските власти на Западниот Брег и Појасот Газа, Сирија, Тунис).

Page 10: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОПРОЕКТИ

10

На состанокот на Насочувачкиот комитет на Проектот„Build up skills“ беше утврден документот Патоказ за градење на капацитети во градежниот сектор, кој ги дефинира начинот и средствата за обука на кадар во градежниот сектор, односно работници со однапред стекнати дефинирани одредени квалификации кои треба да бидат во можност да градат енергетски ефикасни објекти (2.7.2013 година). Македонија од ноември годинава ќе може да конкурира за средства од Европската унија за обука на тренери и градежни работници за енергетска ефикасност на зградите. За обука на тренерите можат да се повлечат 250.000 евра, а за обука на градежните работници околу два милиона евра. Обуките за градежните работници ќе траат три недели, од кои две недели теоретска настава и една недела практична. Во зависност од занимањето, процентот на практичната настава може да биде и поголем. По завршената обука ќе аплицираат за добивање на верифаикација на нивната квалификација или добивање звање мајстор. Ќе се обучат најмалку 4.600 работници до 2016 година, а до 2020 година вкупно 9.800 работници ќе се стекнат со квалификации за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Приоритетно ќе се обучуваат ѕидари и фасадери, како и тесари, столари и електричари поврзани со инсталација на уреди што користат обновливи извори на енергија. - Во рамките на проектот „Build up skills“ беше донесен документ со кој Македонија стекнува право да конкурира до Програмата за интелигентна енергија на Европската унија за средства за обука на лица кои ќе обучуваат градежни работници за енергетска ефикасност, како и средства за програми за обука на градежните работници кои се директно инволвирани во градбата на објектите. На овој начин се стекна условот да се аплицира во ноември годинава за повлекување на средствата кои се доделуваат од Европската агенција за конкурентност и иновативност, - изјави д-р Ристо Иванов, проектен координатор на Проектот „Build up skills“ во Македонија. Тој посочи дека во Проектот ќе бидат вклучени околу 60 институции од Македонија и околу 30 градежни фирми кои ќе аплицитраат за обука на своите работници за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Обуката на еден работник, прецизира Иванов, ќе чини одколу 300 евра, во кои фирмата ќе учествува со 10 отсто, а останатите ќе бидат средства од ЕУ од Проектот. Обуката, пак, за енергетските контролори ќе трае од 60 до 82 часа, по што ќе полагаат испит во Агенцијата за енергетика на Република Македонија која ќе им издаде сертификат, а потоа ќе добијат овластување од министерот за економија со кое ќе можат да работат како правно лице, да вршат контрола на енергетската ефикасност на зградите и да издаваат сертификати (енергетски пасоши). Првите контролори се очекуваат да почнат со работа кон крајот на годинава.

Директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски очекува да има намалување на цената на чинење на градежните објекти кои ќе се градат со подобрена енергетска ефикасност. - Анализите направени од нашите експерти покажуваат дека цената на чинење на градежните објекти со подобрена енергетска ефикасност ќе биде иста или намалена без разлика дали станува збор за куќа, стан или некаков јавен објект. Подобрената енергетска ефикасност на објектот, пак, ќе значи намалување на потрошувачката на електрична енергија од 20 до 25 отсто, а со користење на електрични производи со подобрена енергетска класа ќе може да достигне и до 40 проценти, - подвлече Гечевски. Самиот документ Патоказ за градење на капацитети во градежниот сектор ќе биде насока на владините институции, како и на кој начин да се зајакне секторот градежништво со кадар кој ќе биде обучен да гради енергетски ефикасни згради, што во суштина е усогласување на приоритетите на Македонија со Приоритетите дефинирани во Стратегијата Европа 2020, во делот на заштеда на енергијата.

Јадранка Аризанковска

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Донесен Акциски план за обука на градежни

работници во областа на енергетската ефикасност

ОБУКА НА ТРЕНЕРИ И ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ

Page 11: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

11четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Регионални комори со седиште во

Гостивар и во Тетово

ПОЕДНОСТАВЕНИТЕ ПРОЦЕДУРИ И ПОГОЛЕМИОТ ОПФАТ ГО ЗГОЛЕМУВААТ ИНТЕРЕСОТ

Регионалните комори со седиште во Гостивар и во Тетово, во соработка со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, на 2 jули 2013 годинa, организираа презентација на тема: „Новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД - Програмата“. На презентацијата присуствуваа претставници од дваесетина фирми од Гостивар и Тетово. Распишувањето на новиот јавен повик за користење средства од ИПАРД-Програмата, се очекува да се објави во месец jули. На презентацијата претставниците од компаниите беа запознаени со измените во Програмата, со што се поедноставуваат процедурите за аплицирање. Владата одлучи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во текот на јули 2013 година да распише јавен повик за користење средства од ИПАРД - Програмата. Повикот ќе се однесува на финансирање проекти од мерките за инвестиции во земјоделските стопанства и во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за диверзификација на руралниот развој, истакна Виктор Младеновски од Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство. Со новиот повик значително ќе бидат поедноставени процедурите за аплицирање. Тимови на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе се на терен за што подобро информирање на заинтересираните. Се очекува поголем одѕив од досегашните. Најважно е да биде искористен што поголем обем на средства, независно од бројот на апликациите. Тоа значи дека треба да има добри проекти кои ќе дадат резултати. Со мерката за инвестиции во земјоделски стопанства ќе се кофинансираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, сместувачки капацитети во рурални средини и реконструкција на постојни објекти за сместување... Проширена е основата што може да се финансира. Ако досега беше дозволено само финансирање, односно кофинансирање на оранжерија или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. Мерката за инвестиции во преработувачка на земјоделски производи опфаќа финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници... Наместо досегашните инвестиции само за реконструкција сега се дозволува и комплетна изградба на погони со потребна опрема, се дава нова дефиниција на малите и средни претпријатија согласно европската терминологија. И кај оваа мерка се проширува обемот за финансирање. Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање фамилијарни бизниси, односно финансирање елаборати и бизнис-планови за отворање бизнис во рурални места. Предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети. Младеновски истакна дека земјоделците ќе имаат период од еден месец да ги проучат процедурите, да ги обезбедат потребните документи и да направат план за можностите што им се на располагање. Јавниот повик ќе трае 45 дена, по што ќе следи период од околу 2 месеца за евалуација на проектите и потпишување договори. После презентацијата, следеше делот во кој компаниите имаа можност да постават прашања. Прашањата главно беа насочени кон проблемите со кои фирмите се сретнуваат при доставување соодветна документација како доказ за исплата на средствата. Од страна на презентерите од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство беа презентирани примери од искуства од претходните повици за користење средства од ИПАРД - Програмата, со што претставниците од компаниите добија соодветни одговори. Перо Авакумовски

Page 12: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

12 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 14212

Регионалната комора со седиште во Кичево во соработка со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, на 28 jуни 2013 годинa, пред околу од триесетина компании од регионот на Кичево, Охрид и Струга, организираше презентација на тема: „Новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД - Програмата“. Пред распишувањето на новиот јавен повик за користење средства од ИПАРД - Програмата, на претставниците од компаниите им беше објаснето дека се предвидуваат поедноставни процедури, проширени опфати и зголемено финансирање. Владата одлучи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во текот на јули 2013 година да распише јавен повик за користење средства од ИПАРД - Програмата. Повикот ќе се однесува за финансирање проекти од мерките за инвестиции во земјоделски стопанства и во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за диверзификација на руралниот развој, истакна Виктор Младеновски од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Објавениот јавен повик ќе биде од исклучителна важност за земјоделците затоа што во обем вреди повеќе десетици милиони евра. Со новиот повик значително ќе бидат поедноставени процедурите за аплицирање од страна на земјоделците, ќе се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за земјоделците кои сакаат да аплицираат и треба да обезбедат документи и елаборати. Тимови на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе се на терен за што подобро информирање на земјоделците. Одѕивот се очекува да биде доста поголем од досегашните. Најважно е да биде искористен што поголем обем на средства, независно од бројот на апликациите. Тоа значи дека треба да има добри проекти кои ќе дадат резултати. Со мерката за инвестиции во земјоделски стопанства ќе се кофинансираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, компјутерска опрема... Проширена е основата на мерки што може да се финансираат. Ако досега беше дозволено самофинансирање, односно кофинансирање на оранжерија или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. За проектите до 50.000 евра значително се поедноставува деловниот план, со што тие што ќе аплицираат ќе имаат пониски трошоци за апликација. - Се дава поголем период за достигнување на европските стандарди, нешто што беше детектирано како главен предизвик во досегашните процеси, а исто така и се проширува интервалот на средствата што ќе се кофинансираат, – додаде Младеновски. Мерката за инвестиции во преработка на земјоделски производи опфаќа финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници... Наместо досегашните инвестиции само за реконструкција сега се дозволува и комплетна изградба на погони со потребна опрема, се дава нова дефиниција на малите и средни претпријатија согласно европската терминологија. И кај оваа мерка се проширува обемот за финансирање. Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање фамилијарни бизниси, односно финансирање елаборати и бизнис-планови за отворање бизнис во рурални места. Предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети. Младеновски истакна дека земјоделците ќе имаат период од еден месец да ги проучат процедурите, да ги обезбедат потребните документи и да направат план за можностите што им се на располагање. Јавниот повик ќе трае 45 дена по што ќе следи период од околу 2 месеца за евалуација на проектите и потпишување договори.

Венера Андриевска

ПОЕДНОСТАВНИ ПРОЦЕДУРИ, ПРОШИРЕНИ ОПФАТИ И ЗГОЛЕМЕНО ФИНАНСИРАЊЕ

Регионалната комора со седиште во Кичево расправаше за „Новите

можности за реализација на инвестициони проекти

согласно ИПАРД - Програмата“

Page 13: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

НОВИТЕ УСЛОВИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ КОРИСТЕЊЕТО

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

13четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Во организација на Стопанската комора на Македонија, Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство и радот домаќин - Крива Паланка, на 1.07.2013 година, пред стопанственици од регионот се одржа презентација на тема: “Новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД-Програмата. Преку сеопфатното излагање на Василка Тамбуркова, советник во Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, присутните беа подетално информирани за процедурите и широкиот спектар на можности што ги нуди ИПАРД-Програмата, за секторите и дејностите во кои може да се аплицира за користење на средства од оваа Програма, за новините што се нудат на потенцијалните корисници, како и за принципите и спецификите на аплицирање.

Беше истакнато дека јавниот повик за користење на средствата од ИПАРД-Програмата од страна на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој ќе биде распишан во текот на јули 2013 година и со истиот значително ќе биде поедноставена процедурата за аплицирање од страна на потенцијалните корисници, ќе се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се подобрат условите и осетно ќе се намалат трошоците за апликантите. Презентацијата подетално ги опфати следните три мерки за кои ќе биде наменет повикот и тоа: Мерката 101 – која се однесува на инвестиции во земјоделските стопанства (за проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство, за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, компјутерска опрема и др.); Мерката 103 – која ги опфаќа инвестициите за преработка и маркетинг на земјоделски производи, согласно европските стандарди (финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници и др.) и Мерката 302 – наменета за проектите предвидени за диверзификација и развој на економијата во руралните средини (финансирање фамилијарни бизниси, односно финансирање елаборати и бизнис-планови за отворање бизнис во рурални места, поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети и сл.). Преку интерактивната комуникација, присутните добија одговор на сите отворени прашања во врска со можностите за користење на средства од оваа проектна линија, а согласно пројавениот итерес се очекува нејзино масовно користење.

Митко Митевски

Можностите за користење на средства од ИПАРД-

Програматапобудија голем интерес кај стопанствениците од

регионот на Крива Паланка

Page 14: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

14 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 14214

Претставници на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, од секторот за ИПАРД-Програмата, денеска во Регионалната комора со седиште во Куманово пред претставници од фирми, членки на Стопанската комора од тој регион реализираа презентација на „Новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД - Програмата“. Присутните беа запознаени со поедноставените процедури и можностите што ги нуди ИПАРД, секторите и дејностите во кои може да се аплицира за неповратни средства, како и спецификите на аплицирање. Трите мерки се опфатени со ИПАРД-Програмата:

Мерка 101 – која се однесува на инвестиции во земјоделски стопанства, за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на •Европската унија;Мерка 103 – за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, согласно европските стандарди; •Мерка 302 - наменета за проектите предвидени за диверзификација и развој на економијата во руралните средини. •

Со мерката за инвестиции во земјоделски стопанства ќе се кофинансираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, компјутерска опрема итн. Проширена е основата на мерки што може да се финансираат. Ако досега беше дозволено само финансирање, односно кофинансирање на оранжерии или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. За проектите до 50.000 евра значително се поедноставува деловниот план, со што тие што ќе аплицираат ќе имаат пониски трошоци за апликација. Се дава поголем период за достигнување на европските стандарди, нешто што беше детектирано како главен предизвик во досегашните процеси, а исто така и се проширува интервалот за средствата што ќе се кофинансираат. Мерката за инвестиции во преработката на земјоделски производи опфаќа финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници. Наместо досегашните инвестиции само за реконструкција сега се дозволува и комплетна изградба на погони со потребна опрема, се дава нова дефиниција на малите и средни претпријатија согласно европската терминологија. И кај оваа мерка се проширува обемот за финансирање. Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање на фамилијарни бизниси, односно финансирање елаборати и бизнис-планови за отворање бизнис во рурални места. Предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потенцираа дека со новиот повик за аплицирање кој треба да биде објавен на крајот на јули, односно почетокот на август значително треба да се поедностават процедурите за аплицирање. Целта како што посочија претставниците на Министерството за животна средина е постигнување поголеми стандарди во работењето, модернизација на постојните капацитети и повисок степен на заштита на животната средина. Се очекува млечната и месната индустрија да бидат најзаинтересирани за средства од ИПАРД-Програмата.

Даниела Михајловска Василевска

ПРЕЗЕНТИРАНИ НОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ

СОГЛАСНО ИПАРД-ПРОГРАМАТА

Регионална комора со седиште во Куманово

Page 15: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

ИЗРАЗЕН ИНТЕРЕС ЗА ПОГОЛЕМО КОРИСТЕЊЕ НА АРБИТРАЖАТА ВО

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

15четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Регионалната комора со седиште во Струмица, на седницата одржана на 26.6.2013 година, организираше презентации за новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД-Програмата, како и на Арбитражата – можност за побрз и поефикасен начин за решавање на споровите на компаниите. Презентација за Ипард-Програмата имаше Василка Тамбуркова од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, која нагласи дека новиот јавен повик за користење средства од Ипард-Програмата, кој ќе биде објавен во текот на јули или август годинава, предвидува поедноставување на процедурите, но истовремено со проширени опфати и зголемено финансирање. Повикот ќе биде наменет за финансирање на проекти од: Мерката 101- која опфаќа инвестиции во земјоделските стопанства, Мерка-103 –инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и Мерката 302 која е наменета за проекти за развој на економијата во руралните средини. Во презентацијата посебно беше нагласено дека со новиот повик се очекува да се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се намалат трошоците за земјоделците кои сакаат да аплицираат, а при тоа да обезбедат документи и елаборати. Во дискусијата беа поставени повеќе прашања, но најчесто од присутните претставници на компаниите од регионот беше сугерирано за поголемо присуство на терен и во општините од страна на претставниците на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а посебно во руралните средини. На тој начин би можело максимално да им се помогне на земјоделците во нивното информирање, но и во подготовката на апликациите за користење на средства од оваа програма. Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно Законот, - нагласи во своето излагање м-р Татјана Штерјова, при презентирањето на можноста за нејзино користење за побрз и поефикасен начин за решавање на споровите на компаниите. Арбитражата, доколку странките ја договорат нејзината надлежност, може да решава спорови за права за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија. Штерјова нагласи дека предноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните партнери, е пред се` во брзината на постапката која трае од 6 до 9 месеци, во автономија на волјата на странките, непристрасност во одлучувањето, помали трошоци и едностепеност на постапката и доверливост. За договарање на надлежноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните партнери, се препорачува во договорите да се внесува следнава клаузула: „Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговата полноважност, ќе се решаваат пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража”. Присутните изразија интерес за овој начин на решавање на споровите и беа поставени низа прашања. Голем интерес предизвикаа повеќе прашања, како брзината на постапката, кој може да склучува арбитражни спогодби, колкава е висината на трошоците и, пред се`, дали донесените одлуки се извршни. На присутните им беше поделен материјал за Правилата на Постојаниот избран суд - Арбитража. Како дополнителна тема по која се дискутираше не седницата беше имплементацијата на законската регулатива за аплицирање за е-градежни дозволи. Компаниите изразија незадовоство од ваквиот итен начин на имплементирање на законските решенија, кои се избрзани и беше истакнато дека, ниту проектантите, а помалку инвеститорите се доволно информирани и едуцирани, при што се јавува застој во добивањето на одобренија за градење. На крајот беше заклучено компаниите од овој регион да достават конкретни забелешки и предлози по кои ќе се расправа на седница во Стопанската комора на Македонија.

Марија Петроска

Регионална комора со седиште во

Струмица

Page 16: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

16 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 14216

Во рамките на Проектот „Поддршка на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за контрола на државната помош“, во соработка и со поддршка на Регионалната комора со седиште во Битола, на 27.6.2013 година во Битола се одржа работилница на тема: „Државна помош и европско финансирање“, за правилните начини на доделување и користење државна помош. На семинарот, учесниците се стекнаа со основно познавање за правилата на државна помош и како да се ориентираат во рамките на македонското законодавство.

Беа присутни 40-тина претставници од институциите на локалната власт во регионот, претставници од локалната бизнис-заедница, новинари од локалните медиуми, претставници од невладиниот сектор и останати заинтересирани. Во воведното излагање на проектниот тим беше претставен Твининг-проектот на Комисијата за заштита на конкуренцијата од Република Македонија и Бирото за бизнис-иновации и вештини од Велика Британија и поддршката овозможена од страна на ЕУ. Беше претставено што претставува државната помош, како таа да се користи, како и фактот како тоа централната власт соработува со заинтересираните страни за да осигури усогласеност со правилата за државна помош. Исто така, присутните слушнаа за можностите да добијат јавен грант од Македонија или од Европскиот буџет, како и кои се основните финансиски правила. Комисијата за заштита на конкуренцијата, како јавна институција ги претстави својот тим, начините на комуникација и добивање одобрување во случај кога се користи јавен грант. Беа претставени и основата на европските фондови и правилата за државна помош во ЕУ, законодавството за државна помош во Република Македонија, кој за што е одговорен и улогата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во нашата држава. Учесниците имаа можност да се стекнат познавања за правилата за државна помош, како и со можностите за ЕУ-финансирање и да се запознаат со примери за користење државна помош, како и со правилата за доделување во другите земји од Европската унија, како што се Велика Британија, Полска и Чешката Република со презентација на искуства од гостите, експерти.

М-р Никола Димковски

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО МОЖНОСТИТЕ ДА СЕ ДОБИЕ ЈАВЕН ГРАНТ ОД МАКЕДОНИЈА ИЛИ

ОД ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ

Работилница за државна помош за општините,

универзитетите, бизнис-заедницата и останати

заинтересирани страни

Page 17: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Модули на доживотно учењеАкредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

Page 18: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

Семинар

ДАНОК НА ДОБИВКА, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ПЕРСОНАЛЕН

ДАНОК НА ДОХОД09.07. 2013 година, 10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:1. Данок на добивка

Вовед•Даночен обврзник•Концепт на оданочување на непризнаени •

расходи и помалку искажани приходи Данок на добивка во исплатени дивиденди •

и други распределби од добивката (авансна дивиденда)

Оданочување на дивидендата со данок на •добивка

Избегнување на двојно оданочување• 2. Данок на додадена вредност

Вовед•Даночен обврзник•Право и услови за одбивка од претходен •

данокПропратна документација•Даночна затајување – даночна евазија на •

ДДВ со фиктивни фактури

3. Персонален данок на доходВовед•Даночна основа на персоналниот данок на доход•Ослободување од плаќање на персонален данок капиталните добивки што се остваруваат на берзата•

Предавачи: 1. д-р Костадин Дуковски - Лиценциран вештак за материјално - финансиски вештачења- автор на книга „ Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”

2. м-р Марко Стефановски- магистер по правни науки – финансии и финансово право- сорабтник за материјално – финансиски вештачења

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 8 јули 2013 година.

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Page 19: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Семинар

АНАЛИЗА НА МОЖНИ РИЗИЦИ И НАЧИН НА ПРЕВЕНЦИЈА ВО РУДАРСТВОТО

10.09.2013 година, 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

На семинарот кој го организираат Стопанската Комора на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа ќе бидат презентирани насоките за процена на професионалниот ризик во рударството, како една од најризичните индустриски гранки.

На семинарот ќе бидат опфатени теми поврзани со ризиците кои преовладуваат на работните места во рударството. Во прв ред тоа се однесува на ризик од прашина, хемикалии и опасни супстанции, опасност од електричнa енергија, нефизиолошка положба на телото (долготрајно стоење), напори и телесни напрегања, опасност од пожари и експлозии, физички штетности ( бучава, вибрации) и ризици од механички опасности. Свои презентации ќе имаат: доктор по медицина на труд, кој има долгогодишно искуство во пронаогање, оценување и преземање на мерки за ризиците во рудниците и професори од Универзитетот “Гоце Делчев”, од Факултетот за природни и технички науки и од Институтот за рударство, Штип.

Пријавување до 9 јули 2013 година.

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 20: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Семинар

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ И ПОСЛЕДНИТЕ

ИЗМЕНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ12.09.2013 година, 09:30-15:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА:

Престанување на работниот однос со :•изминување на времето за кое е склучен и •

договорот за вработувањесмрт на работникот и работодавачот (физичко •

лице)престанување на работодавачот•спогодбен престанок на работен однос•престанок на работниот однос со отказ и •престанок на работниот однос со судска пресуда •понуда на нов променет договор пред отказ•

Основни причини за отказ•Откажување на договорот за вработување поради •

кршење н аработниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок.

Одстранување на работникот од работа до •донесување на конечна одлука

Надлежен орган за изрекување на отказ на договор •за вработување

Парична казна наместо отказ•Новини во Законот за Работни односи (Образец М1 и М2)•

Права и обврски за време на отказот •Отказни рокови и застареност•Откажување на договорот за работа од деловни причини•

Предавачи:

* Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика * Злате Стојановски, раководител на трудова инспекција, сектор работни односи.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 11.09.2013 година.

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 21: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Семинар

ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО - МОБИНГ

13.09.2013 година, 9:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА:

меѓународната правна •рамка МОТ и ЕУ Компаративни искуства •за заштита од мобинг во националните законодавства

Поим – дефиниција за мобинг

Закон за заштита од •вознемирување на работно место предмет, содржина и цел •на законот опфат и примена на •законот видови на мобинг •место и време на вршење мобинг •Права, обврски и одговорности на работодавачот и на вработените за заштита од мобинг •Постапка за заштита од мобинг кај работодавачот •Судска заштита •Инспекциски надзор, прекршочни одредби, преодни и завршни одредби •

Предавачи:

Стојан Трајанов, дипломиран правник со повеќегодишно работно искуство во областа на трудовото законодавство. Работел на •повеќе проекти во врска со легислативата, законски и други проекти поврзани со имплементација на истата. Д-р Зоран Михајловски – судија во Апелационен суд Скопје•

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Пријавување до 11 спетември 2013 година.

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 22: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

Page 23: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОчетврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142 23

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

ПОВИК

Page 24: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел, столици, маси и кревети од дрво.Валидност дo: 3.7.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални машини за изработка на контејнери и силоси од лим.Валидност дo: 3.7.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди градежно земјиште во Република Македонија и во Скопје за изградба на згради, индустриски објекти, магацини, фабрики, продажни салони, спортски терени, хотели, трговски центри и др. Валидност дo: 3.7.2013 година Компанија од Литванија заинтересирана е за соработка со хотели и спа-центри од Република Македонија со понуда на хотелска козметика, пешкири, бањарки, папучи, фен, мини бар, перници од пердуви, постелнина, машини за чистење чевли, колички за носење багаж и др. Валидност дo: 4.8.2013 година

Компанија од Литванија заинтересирана е да пласира стоматолошка опрема и материјали во Република Македонија.Валидност дo: 4.8.2013 година

Компанија од Шведска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи за лична нега, здравствена заштита, рана грижа, домаќинство и прва помош. Валидност дo: 4.8.2013 година

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија на системи на полици за складирање производи. Валидност дo: 4.8.2013 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на изолационо стакло.Валидност дo: 5.9.2013 година

Компанија од Австрија заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на планското шумарство и пошумување.Валидност дo: 5.8.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на стакло.Валидност дo: 5.8.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ,

со машина за полнење течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Литванија заинтересирана е за соработка со компании во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи.Валидност дo: 5.8.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата.Валидност дo: 6.8.2013 година

Компанија од Грција бара соработка со хотели, ресторани во Република Македонија кои би биле заинтересирани да користат мебел штоф и завеси.Валидност дo: 6.8.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да пласира во Република Македонија водородни горивни ќелии.Валидност дo: 6.8.2013 година Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски пумпи.Валидност дo: 6.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за бензински пумпи и танкери за гориво, услуги и др.Валидност дo: 6.8.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

24 четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Page 25: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА

НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER

OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Economic Chamber of Macedonia

Стопанска комора на МакедонијаExcellent SME Македонија„Димитрие Чуповски“ 131000 Скопје

Т: (02) 15015Ф: (02) 3244071E: [email protected]: excellent-sme.mchamber.mk

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Economic Chamber of Macedonia

Што претставува сертификатот Excellent SME?

Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата.

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Page 26: Бизнис Инфо Број 143

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088