УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е...

10
УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА

Upload: others

Post on 30-Jan-2020

24 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

У С Л У Г И Н А П Р И Р О Д А Т А

Page 2: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

2 & 3

ШТО Е НАТ УРА 2 0 0 0 ?Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија. Целта е „да придонесе кон осигурување на биолошка разновидност преку конзервација на природните живеалишта и на дивата фауна и флора на Европската територија на Земјите членки (...)“ (Член 2.1. од Директивата за „хабитатите” на ЕУ). Натура 2000 е Европска еколошка мрежа на заштитени подрачја одредени од страна на Земји-те членки на ЕУ засновани на преавно-обврзувачка легислатива: Директивите за „хабитати-те” и „птиците”. Мрежата се состои од два типа на подрачја: посебни подрачја за конзерва-ција (ППК) назначени во согласност со Директивата за „хабитатите” и посебните заштитени подрачја за птици (ПЗП) назначени во согласност со Директивата за „птиците”. Земјите член-ки се одговорни за превземање на сите потребни мерки за да се загарантира конзервацијата на овие подрачја и да се спречи нивно деградирање.

В о в е дГлавната движечка сила на денешното општество е зголемувањето на социјалната и еко-номската благосостојба. Ова е придружено со зголемена продукција и конзумација на добра и услуги, кои придонесуваат во деградацијата на екосистемите околу нас. Може да кажеме дека додека просперитетот расте – природата се намалува.

Но дали навистина е важно ако неколку непознати пеперутки исчезнат? Или постои нешто повеќе што ќе се изгуби?

Се зглемуваат научниоте докази дека заедно со тие пеперутки, бубачки и цвеќиња може многу повеќе да исчезне. Деградираните екосистеми го губат својот капацитет да ги пружаат услугите за луѓето како што се прочистување на загадената вода, поленација на насадите, намалување на ефектите на природните катастрофи или амортизирање на ефектите на кли-матските промени.

Европската Унија ја воочи оваа закана и започна да се спротиставува на губитокот на при-родниот диверзитет и екосистемските функции. Најверојатно најважен чекор во однос на ова прашање е воспоставувањето на Европска еколошка мрежа Натура 2000. Денес мрежата вклучува локалитети во сите 27 Земји членки – собрани сите заедно ќе направат површина двојно поголема од Германија. Како што ЕУ неодамна нагласи1 конзервацијата и управу-вањето на оваа еколошка мрежа може значително да придонесе во спречувањето на нама-лувањето на природата и животворните екосистемски функции што ги произведува.

Во ова напатствие ние би сакале да им ја претставиме на не-експертските темата за услу-гите на екосистемите и да ги нагласиме врските помеѓу конзервацијата и управувањето на Натура 2000 подрачјата и одржувањето на услугите на екосистемите. Оваа публикација особено се обидува да даде одговор на следните прашања:

» Која е врската помеѓу заштитата на животните и растенијата и човековата добро-бит?

» Што прави ЕУ за да ја заштити природата и услугите на екосистемите?» Како можеме да ги одржиме екосистемите да функционираат преку активен менаџ-

мент?» Кои добри примери постојат на Европско ниво?

Page 3: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

4 & 5

ПРИМЕРИ »»»»»»»»»»»»»»»»»»»»» Во оваа секција ќе погледнеме неколку примери за тоа како управувањето на Натура 2000 под-рачјата придонесува во развојот на услугите на екосистемите.

Пет примери од различни делови на Европа ќе бидат претставени. Секој вклучува кратка ин-формација за позадината на проектот и опис на една нагласена служба на екосистемот која е обезбедена. Додека ние нагласуваме само една служба на екосистемот за да поедноста-виме значајно е да се има на ум дека природните екосистеми обезбедуваат широк спектар на резлични услуги. Планинска шума може да биде извор на дрво, шумски плодови, тревки за традиционални лекови но може исто така и да пружа популарна дестинација за туристи. Покрај директните добра и услуги, шумата може да обезбеди бројни индиректни функции како што се: спречување на лавини и невремиња во селото на падините, да го прочистува воздухот и водата за локалното население, и во поширок глобален контекст на регулација-та на климатските промени. Затоа за да се даде по сеопфатна слика за функциите на под-рачјето, листа на дополнителните услуги е прикачена. »»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»»

ШТО СЕ УСЛУГИ НА ЕКОСИСТЕМИТЕ?Човековата благосостојба се добива од услугите на екосистемите на различни начини. Хра-ната која ја јадеме, чистата вода која ја пиеме, гориво, влакната се директен ’подарок’ од природата. Но исто така ги користиме и ’услугите на природата’, кои се резултат на сложени процеси и нивни интеракции, како што се создавањето на почвата, природното распаѓање на отпадот, заштита од непогоди како поплави, невремиња, или одржувањето на стабилна клима на земјата. Услуги на екосистемите се тие добра и услуги на природата, кои човекот ги користи за себе си.На пример, природен, здрав речен екосистем е добар дом за животинските и растителните видови кои живеат таму. Но исто така може и да ја прочистува отпадната вода која е канали-зирана низ него. Сепак, деградирана река ќе има помалку можност да не обезбеди со риба, вода и капацитет да се прочисти отпадот. Услугите на екосистемот може да бидат дефинирани на различни начини. Милениумската Проценка на Екосистемите на Обединетите нации2 ги класифицира услугите на екосистеми-те како што следи:

СЛУЖБА НА ЕКОСИСТЕМОТ

ОПИС ПРИМЕР

ПОДДРЖУВАЧКИ УСЛУГИ

Услуги кои се потребни за производство на сите други услуги на екосистемите

Формирање на почва, фотосинтеза, примарно производство, хранителен циклус и воден циклус

ДОБИВНИ УСЛУГИ Производи добиени од екосистемите

Храна, влакна, гориво, генетски ресурси, биохеми-калии, природни лекови, фармавевтски препарати, украсни ресурси и свежа вода

РЕГУЛАТОРНИ УСЛУГИДобивки од регулацијата на екосистемските процеси

Регулација на квалитетот на воздухот, климатска регулација, регулација на ерозијата, прочистување на водата, регулација на болести, регулација на штетници, полинација, регулација на природни непогоди

КУЛТУРНИ УСЛУГИНематеријални добивки кои луѓето ги добиваат од екосистемите

Духовно збогатување, умствен развој, рефлексија, рекреација и естетско искуство

Табела: www.ecosystemservices.org.uk

Page 4: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

ПРИМЕР 1 . ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

16 & 7

НАГЛАСЕНА КОРИСТ ОД ЕКОСИСТЕМОТ: ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНАПокрај природата , луѓето исто така доби -ваат корист од проектот, ако тие го кон -зумираат високо квалитетното говедско месо произведено во таа област. Иако стоката не е одгледувана целосно според органските стандарди , пестициди и ѓуб -рива не се користат на Натура 2000 подра -чјата што е основниот дел од испашата. Домашните говеда се подобро адаптира -ни на лошото време. Тие трошат повеќе време на испаша на (не -ѓубрените) поли -ња преку целата година и помалку во шта -лата . Постојат некои рани индикации дека говедското месо произведено на подрачје со управување за конзервација е по здра -во и по вкусно од конвенцоналното. Ново истражување за квалитетот на месото неодамна започна која ќе го спореди ква -литетот на говедското месо произведено на конвенционален начин и на заштитено подрачје, на пр. преку гледање на соста -вот како n-3 (omega-3) полинезаситени мастни киселини и витамин Е . Исто така ќе го спореди квалитетот и хранливоста на месото од различни сорти на добиток .

ПОЗАДИНА Регионот на Јоркшир Далес од Северна Англија е познат по неговиот пеј-заж и има долга традиција на екстензивно земјоделство со испаша. Големиот број на ридови и падини и лошиот квалитет на почвата ја прават површината особено соодветна за одгле-дување на стока. Постоењето на карактеристична флора и фауна е во целост зависно од системот на одгледување на добитокот, пашата. Животните се потребни за да ги одржу-ваат ливадите отворени, не обраснати со дрвја и грмушки. За конзервативна цел, домашните сорти на добиток се најсоодветни, бидејќи тие се адаптирани на тешките временски услови и може да се чуваат надвор скоро целата година.

Во последните 40 години се одвива промена од традиционален систем на одгледување на добиток кон повеќе интензивни овчарски претпријатија. Промените во земјоделскиот систем, заедно со вкупно зголемување на бројот на грла резултира во општо намалување на природните вредности на подрачјето.

Проект, поддржан од ЕУ, започна во 2002 година со примарна цел – конзервација на локал-ната флора и фауна. Ова беше постигнато преку враќање на испашата на традиционални сорти на добиток. Преку обезбедување на грантови за фармерите, домашните стада говеда и потребната инфраструктура беше воспоставена. 15 земјоделски претпријатија беа транс-формирани кон по соодветен систем на мешана паша. Проектот помогна да возобнови и одржи некои 1800 ха на две Натура 2000 површини. Постојаното истражување на растенија и животниски видови покажа дека проектот помогна да бројот на ретки видови растенија да порасне.

ДОПОЛНИТЕЛНИ КОРИСТИ И УСЛУГИ НА ЕКОСИСТЕМОТ» Чиста вода и почва Не се употребува ѓубриво на пасиштата » Изворната вода, површинската вода и почва-

та не се загадени, сточната прихрана и говедското месо не содржи ѓубриво и пестицид-ни остатоци

» Социо-економски користи Создаден е нов, високо квалитетен локален продукт и пазар » земјоделците добиваат

премии за нивниот производ пласиран на пазарот » благосостојба за руралните заедници» Генетски ресурси Традиционалното одгледување, домашните сорти на добиток » генетски варијации на

стока е оддржана (подоцна може да се искористи за одгледување)

П Р О И З В О Д С Т В О Н АХ Р А Н А

Page 5: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

ПРИМЕР 2 . ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

28 & 9

НАГЛАСЕНА КОРИСТ ОД ЕКОСИСТЕМОТ: ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИЗа да се спречи не одржливите земјоделски практики и да се обнови оригиналната бо -гата биолошка разновидност, план за реставрација на природата за целата долина беше спремен во 1990 година . Најпрво постоело големо противење од локалните земјоделски организации , но тогаш две катастрофални поплави се случија во 1993 и во 2005. По ова , договор беше постигнат помеѓу сите страни дека Исербрукен мора да биде управуван како подрачје за конзервација на природата и заштита од поплави . Повеќе не може да се градат брани и земјоделската пракса е адаптирана на поплави . Локалното населе -ние свати дека управувањето со земјиштето ориентирано кон природата не само што е добро за природата туку и обезбедува многу важна услуга на екосистемот: заштита од поплави .

ПОЗАДИНА Исербрукен е имато на природните плавини на реката Исер лоцира-ни во западниот дел од Белгија, блиску до Француската граница. Областа е Натура 2000 подрачје, заштитено според Директивата за „птиците” на ЕУ, но исто така е заштитено со Рамсар конвенцијата3 поради својата богата птичја фауна. Тоа е огромна област (околу 3-4000ха), но не е значајно само за птиците и љубителите на птици. Поради својата посебна локација со децении служело како важна заштита од поплави.

Областа е лоцирано на околу 25 км внатрешно од обалата. Земјата помеѓу Исербрукен и морето е многу карактеристична: таа е тотално рамна. Исербрукен е лоциран на самата граница од рамната земја. Кога има поплави, многу вода доаѓа во реката на ова место, но реката не може да ја пропушти водата доволно брзо во морето: водата се задржува во пла-вините. Дополнително, истекувањето на вода од речното устие е возможно само на ниска плима, така да за време на висока плима реката мора да чека – што води кон високи нивоа на водата на копното. Затоа тука поплави се случуваат и се случувале со стотици години со што се создала посебен тип на тревна растителност и мочуришен пејзаж кој привлекува посебен див свет.

За време на последните неколку декади, земјоделската активност се променила во плавини-те. Има промена кон по интензивно земјоделство. Брани се изградени за да се заштити земјиштето од поплави и областа е дренирана што резултираше во намалени нивоа на вода – сето ова имаше негативно влијание на природата генерално и на птичјиот свет особено. Исто така , со интензивната употреба на земјиштето во областа во која поплавата била спречена, зголемен е ризикот од поплави во селата наоколу по брегот на Исер, каде во минатото немало поплави.

ДОПОЛНИТЕЛНИ КОРИСТИ И УСЛУГИ НА ЕКОСИСТЕМОТ» Рекреација Возобновени плавини » прекрасен, возобновен природен пејзаж » можности за рекреа-

ција за локалното население и туристи» Свежа вода Природен речен екосистем » декомпозиција и третман на отпадни води – добивка на

свежа вода (вода за пиење, бањање итн.)» Адаптација на климатски промени Климатски промени » подигање на нивото на морето, по екстремни временски настани

» повеќе поплави » зголемена потреба за плавини во иднината

З А Ш Т И Т А О ДП О П Л А В И

Page 6: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

ПРИМЕР 3 . РЕКРЕАЦИ ЈА

31 0 & 11

НАГЛАСЕНА КОРИСТ ОД ЕКОСИСТЕМОТ: РЕКРЕАЦИЈАПодобрените еколошки услови , како што се по транспарентната вода и помалку фитопланктон (алги) е во корист на луѓе -то кои доаѓаат до езерото поради различ -ни рекреативни цели , како што е ловење риба , пливање, едрење и друго.4 Исто така бизниси кои се засновани на рекреа -ција (на пример изнајмување на бродови) користат од севкупното подобрување на еколошките услови . Проектот поддржан од ЕУ за конзервација на природата во Натура 2000 подрачјето ги зголеми мож-ностите за рекреација на луѓето.

ПОЗАДИНА Со своите 940 ха, Езерото Фуре е најголемо езеро во Данска. Тоа беше едно од нај важните водни живеалишта за птици и риби во почетокот на 20тиот век, како и одлично место за рекреација за населението на околниот Копенхаген. Подрачјето е назна-чено според Директивите за „птиците” и „хабитатите” исто така. Нажалост, неконтролирано-то испуштање на отпадни води од високо урбанизираната околина го пореметија природните циклуси и водеше до распад на екосистемските функции на езерото. Високото ниво на хранливост резултираше со масивно натрупување на фитопланктон (алги) и ширење на не-важни видови на риба. Подводната вегетација за која езерото некогаш беше познато исто така исчезна.

Проект за конзервација беше спроведен помеѓу 2002 – 2007 година со цел да се рестав-рира природниот еколошки процес и обновувањето на оригиналната вегетација и стабилизи-рањето на рибините популации. Нивото на хранливост беше редуцирано и подобра оксиге-нација на езерото беше постигната. Еколошките услови се подобрија што резултираше со видно чиста вода, помалку алги и помалку невредни риби. Оригиналната флора и фауна постепено опоравува. Додека транспарентноста на водата е сеуште не најдобра и бројот на алгите сеуште се над посакуваното ниво, проектот постигна многу во овој поглед. Се очекува дека таму ќе има време на резултат од неколку години пред да е можно да се видат сите резултати. Проектот сеуште трае се до 2012 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ КОРИСТИ И УСЛУГИ НА ЕКОСИСТЕМОТ» Регулација на хранливоста Возобновени екосистемски функции » декомпозиција на природен и човеков отпад

(мртви растенија, животни) » хранливите елементи (P, N) се рециклираат и се враќаат во езерскиот екосистем

» Производство на храна Подобрен квалитет на водата » по вредни видови на риба » риби за храна» Наука и образование Функции на екосистемот, видови и живеалишта возобновени » Научна станица за лим-

нологија обезбедува место за едукација и наука» Социјална корист Почиста вода – враќање на вредни видови на риба » клубови и здруженија за риболов

постојат

Р Е К Р Е А Ц И Ј А

Page 7: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

ПРИМЕР 4 . ПОЛИНАЦИ ЈА

41 2 & 1 3

НАГЛАСЕНА КОРИСТ ОД ЕКОСИСТЕМОТ: ПОЛИНАЦИЈАУправувањето на тревниците не е само важно за конзервацијата туку и за пчеларите. От-ворените цветни полиња се потребни за пчелите да произведуваат мед . Без управување полињата ќе бидат обраснати од шума и пчеларите ќе ја изгубат својата работа . Со одр -жување на Натура 2000 подрачјата , пчеларите всушност ја зачувуваат самата основа на ниното битисување. Органскиот мед е етикетиран како регионален производ од страна на ЕУ и им помага на пчеларите да обезбедат повисок приход .

ПОЗАДИНА Не многу луѓе можат да замислат успешна комбинација на производство на мед, економско претпријатие и заштита на природата во исто време. Но Полските приме-ри покажуваат дека соработка помеѓу локални пчелари и еколози е возможно и дека може да биде корисно за двете страни. Во Југо-Западниот дел од Полска, во градот Прземков, неколку соработливи пчелари започнаа да работат со две НВОа5 и локален пејзажен парк за да развијат нова иницијатива. Производството на мед во тоа време беше економски не исплатливо, така да примарната цел на иницијативата беше да се осигураат работните места на пчеларите. Создавањето на пазар за нови медни производи изгледаше како добра можност.

Пчеларите всушност беа вклучени во одржувањето на карактеристичните структури на Нату-ра 2000 подрачјето „Прземковски тревници“. Тревниците се ретки и загрозени екосистеми заштитени со Директивата за „хабитатите” на ЕУ. Најважната закана за нив е прекумерниот обраст. Така пчеларите помагаа да се одржат полињата отворени преку отстранување на дрвјата и грмушките и со тоа придонесувајќи во конзервацијата на природата со Ев-ропска важност.

Медот произведен тука е сертифициран од страна на Европската Унија и е обележан како регионален производ. За да се исполната стандардите на регионален производ, одредени критериуми мораше де се воспостават, на пример нивото на тревниот полен мора да биде над 50%. Фактот дека медот е произведен на заштитено подрачје, што е напишано на паку-вањата, е гаранција за неговиот висок квалитет и хранливи состојќи, и со тоа се постигнува повисока цена. Така заштитата на една област им помогна на производителите да најдат специфичен пазар и е искористена како алатака за промоција на регионален производ.

ДОПОЛНИТЕЛНИ КОРИСТИ И УСЛУГИ НА ЕКОСИСТЕМОТ» Производство на храна » Здрава, високо квалитетни локални производи – органски

мед и други поленови производи » Природни фармацевтски производи » Биохемиски супстанции што ги содржи медот» Социјални користи » Создавање на регионален производ » приход » одржување на

специјализирани социјални структури: пчеларски здруженија и здруженија за локален рурален развој

» Културни користи » Вино и мед фестивал кој се организира еднаш во годината » одр-жување на локални традиции, наследство

П О Л И Н А Ц И Ј А

Page 8: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

ПРИМЕР 5 . УБЛАЖУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

51 4 & 1 5

НАГЛАСЕНА КОРИСТ ОД ЕКОСИСТЕМОТ: РЕГУЛАЦИЈА НА КЛИМАТАТресетиштата на Лубана мочуришниот комплекс складираат голема количина на јагле -род . Ако тресетиштата се дренираат, оштетат или исушат тие ќе емитираат јаглерод во атмносферата , со тоа придонесувајќи кон глобалното затоплување. Во 2003 година , локалните власти здружиле сили да го повратат природниот режим на водите и да ги повратат тресетиштата во добра состојба . Каналите биле блокирани , брани и врати за водата биле изградени со цел да се ограничи водениот испуст на скоро 10 000 ха . Овие управувачки активности ќе придонесат во заштитата и реставрацијата на тресетиштата да им се помогне во одржувањето и складирањето на нивото на јаглерод и со тоа спро -тиви на глобалното затоплување.

ПОЗАДИНА Мочуриштата се карактеристичен елемент од Латвијскиот пејзаж (покрива-ат 10% од територијата). Постојат шест големи мочуришни површини. Едно од нив е Лубана мочуришниот комплекс, кој е огромен; површина повеќе од 40 000 ха. Повеќе од 10% од комплексот е покриен со различен тресет и муљ. Во минатото земјата делумно била корис-тена за земјоделство. Десикацијата на тресетиштата и тревниците преку дренажни канали водеше до деградација на живеалиштата и обрснување. Ова придонесе до значајно намалу-вање на природата, како и до емисија на СО2 и СН4 преку јагленородна декомпозиција. Тресетиштата се уникатен мочуришен екосистем карактеристичен за Северна Европа, Велика Британија, Ирска како и делови од Полска и Германија. Во овие мочуришта, мртвиот растителен материјал не може целосно да се распадне поради киселоста и анаеробните ус-лови. Делумно распаднатата растителна маса е тресет, од каде потекнува името на овие жи-веалишта: ’тресетишта’.6 Тресетиштата се населени од високо специфична фауна и фло-ра, која често се наоѓа само таму и на ниедно друго место. Некои од најинтересните видови се вилинските кончиња, пеперутките и месојадните растенија. За нивните високи природни вредности тресетните живеалишта се заштитени со Директивата за „хабитатите” на ЕУ.Но постои посебна карактеристика на тресетништата што ги прави интересни за денешното општество. Научниците докажаа дека добро зачуваните тресетишта се едни од најважните јаглеродни складишта на Земјата.7 Велика Британија има околу 15% од светските тре-сетишта – складирајќи преку 20 годишен индустриски емисии на јаглерод диоксид. Доде-ка недопрените тресетишта го земаат и складираат јаглеродот, оштетените тресетни земјишта емитираат стакленички гасови во атмносферата. Кога тресетиштата ќе се ису-шат или кога ќе им се промени намената (пример земјоделство) тие брзо започнуваат да го губат складираниот јаглерод во форма на стакленички гасови, со тоа придонесувајќи за глобалното затоплување. Затоа не само специјалните природни вредности ја прави за-штитата на тресетиштата приоритет. Одржувајќи ги во добра еколошка состојба исто така ќе помогне да се стабилизира и климата.8

ДОПОЛНИТЕЛНИ КОРИСТИ И УСЛУГИ НА ЕКОСИСТЕМОТ» Прочистување на вода » Оштетени, исушени тресетишта » складираниот јаглерод е

отпуштен во водата како Разложен органски јаглерод (РОЈ) » темно обоен, загаден извор на вода. Здраво тресетиште » складира јаглерод и филтрира вода » вода која доаѓа од тресе-тиштата е чиста

» Естетски и културни сервиси » Интересно тресетиште, мочуришен пејзаж (“дом на духови”), смешни “суштества” (пример: растенија што ловат муви) » атрактивно за посетители, ученици

» Храна, тревки » Локалните луѓе ја користат површината за одгледување на плодови, диви овошја и чаеви.

У Б Л А Ж У В А Њ Е Н АК Л ИМА Т С К И Т Е ПРОМЕНИ

Page 9: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

1 6 & 1 7Пр

имери

– Кон

такти и

мреж

ни ст

рани

Пример 1. Производство на храна » Пол Еванс (Природа Англија) - [email protected], http://www.limestone-country.org.ukПример 2. Заштита од поплави » Флорис Верхаеге (Министерство на Фламанска заедница), [email protected], www.framebpm.net, http://www.natuurpunt.be/download/activecontents/ac882paper.pdfПример 3. Рекреација » Пир Скаруп, [email protected], www.furesoeprojekt.dkПример 4. Полинација » Андреј Руслевиц (Фондација зелена акција), [email protected], www.eko.org.pl/kropla/23/miod.htmlПример 5. Ублажување на климатските промени » Даце Арина (Менаџер на проект), [email protected]; Угис Бергманис, [email protected], www.madona.lv/lubans/l_zinojumi_a.html

Страна на Природа и Биолошка разновидност на Европската Комисијаhttp://ec.europa.eu/environment/nature/index_en.htmНационална инфорамција за Натура 2000 » http://www.natura.org/national_links.htmlДобри пракси во управување на Натура 2000 подрачјаhttp://ec.europa.eu/environment/nature/natura2000/management/gp/index.html„Времето е живот” диск подготвен од ЦИЕмрежа, 2006Вредност на биодиверзитет – Документирање на примери од ЕУ каде губењето на биолошката разновидност до-вело до губење на услугите на екосистемите. Конечен извештај за Европската комисија. Кетунен, М. и тен Бринк, П., Институт за Европкса Политика за Животна средина (ИЕПЖС), 2006, Брисел, Белгија. 131 стр.

1 Комуникација на Комисијата – Запирање на губитокот на биолошката разновидност до 2010 – и понатаму – Одржување на услугите на екосистемите за човекова благосостојба, [COM/2006/0216 fi nal]

2 Екосистеми и човекова благосостојба : сегашна состојаба и трендови : наоди на Работната Група за Услови и Трендови / едитирано од Рашид Хасан, Роберт Шолс, Невил Аш., 2005 Милениумска Проценка на Екосистемите

3 Конвенција за мочуришта со меѓународно значење особено како живеалиште на водени птици, Организација на Обеди-нетите нации за Едукација, Наука и Култура (UNESCO)

4 Студиите покажаа дека квалитетот на водата за рекреативни цели се вреднува на $10 и $80 на година (Adamowicz, 1991), САД.

5 Прземсковски Пејзажен парк, Фондација Зелена Акција (Fundacja Zielona Akcja), Фондација Партнерство за Животна сре-дина (Fundacja Partnerstwo dla Srodowiska)

6 Wikipedia, EUNIS класификација на живеалишта7 Проценка на количината на глобално складираниот јаглерод во тресетиштата во опсег од 120-400 Gt (Franzén 1994;

Franzén et al. 1996; Ajtay et al.1979; Sjörs 1980, 1982; Adams et al. 1990). 8 Четврт Проценителен Извештај на Меѓувладиниот Панел за Климатски Промени, 2007.

Photo credits: Front cover photo – Lyndon Bartsch; Page 3 upper left – Rurik Tullio;

page 17 bottom middle – Marcos Santos. All other photos are from www.sxc.hu.

Литература

Појас

нува

ња

УСЛ У ГИ НА ПРИРОДАТА –Како Натура 2000 придонесува во спроведувањето на услугите на природата за човековата благосостојба» Оваа публикација е подготвена од страна на ЦИЕмрежа за Биолошка разновидност. Напишана од Урсула Биерезној и Ша-ролта Триполски

» ЦИЕмрежа за Биолошка разновидност е меѓународна мрежа на невладини организации од Централна и Источа Европа (ЦИЕ). Мисијата на мрежата е конзервација на биолошката разновидност преку промоција на одржлив развој.

ПРИЗНАНИЈА Би сакале да ја изразиме нашата благодарност до сите тие кои придонесоа со примери за оваа публикација.ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Клара Хајду, ЦИЕмрежа за Биолошка разновидност, 2007Адреса: ул. Куруцлеси 11/a | 1021 Будимпешта » Тел: +36 1 398 0135 | Факс: +36 1 398 0136 » [email protected] | www.ceeweb.orgПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ: Бојан Ранташа, МАКМОНТАНА – UNEP национален комитетАдреса: бул. Јане Сандански 26-1/17 | 1000 Скопје » Тел: +389 2 2430927 | Факс: +389 2 2430927 » [email protected] | www.makmontana.org

ЦИЕмрежа за Биолошка разновидност искажува благодарност за финансиската поддршка на Европската Комисија ГД Жи-вотна средина за подготовката на оваа публикација. Донаторот не е одговорен за искажаните ставови и употребата на достапните информации.

Испечатено со финансиска помош од страна на Балканската Фондација за Одржлив Развој.

Page 10: УСЛУГИ НА ПРИРОДАТА2 & 3 ШТО Е НАТУРА 2000? Натура 2000 е основа на политиката за природа на Европската Унија.Целта

У С Л У Г И Н А П Р И Р О Д А Т А