Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

260
ЗА СРАБОТЕНОТО НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ www.vmro-dpmne.org.mk 2011-2014

Upload: -

Post on 27-Mar-2016

324 views

Category:

Documents


17 download

DESCRIPTION

Повеќе инфо на: http://ums-vmro-dpmne-delcevo.blogspot.com/

TRANSCRIPT

Page 1: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

1

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ЗА СРАБОТЕНОТО НАВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ

www.vmro-dpmne.org.mk

2011-2014

Page 2: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

2

www.vmro-dpmne.org.mk

Page 3: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

3

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ОТЧЕТЗА РАБОТЕЊЕТО НА ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО–ДПМНЕ

и кОАЛицијАТА „ЗА ПОДОБРА МАкЕДОНијА“2011–2014 ГОДиНА

Page 4: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

4

www.vmro-dpmne.org.mk

•  ЕКОНОМИЈАТА ОСТАНУВА НАЈЗНАЧАЕН ПРИОРИТЕТ! 8

•  ДАНОЦИ И ЦАРИНИ 13

•  ФИНАНСИСКИ СЕКТОР И ДРУГИ МЕРКИ 20

•  БИЗНИС-КЛИМА И КОНКУРЕНТНОСТ 26

•  ИНВЕСТИЦИИ 36

•  ПРИСТАП ДО ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА 48

•  ИНФРАСТРУКТУРА 52

•  ЕНЕРГЕТИКА 82

•  ТУРИЗАМ 90

•  РЕФОРМА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА 96

•  ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 110

•  ЗЕМЈА НА МИРОТ, СИГУРНОСТА, ПРАВДАТА И БЕЗБЕДНОСТА 131

•  РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО 134

•  БЕЗБЕДНОСТ И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ 140

СОДРжИНА

Page 5: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

5

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

•  ОДБРАНА 155

•  НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И ЕВРОПСКИ И ИНТЕГРАЦИИ 159

•  МАКЕДОНИЈА - ЗЕМЈА НА ЕДНАКВИ МОжНОСТИ 165

•  ОБРАЗОВАНИЕТО - КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА НАПРЕДОКОТ НА ЗЕМЈАТА 185

•  ЗДРАВСТВО И ЗДРАВА НАЦИЈА 202

•  КУЛТУРА 222

•  МЛАДИ И СПОРТ 240

•  РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА 246

•  жИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 250

Page 6: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

6

www.vmro-dpmne.org.mk

Почитувани граѓани, драги пријатели!

Нашиот народ вели - зборот е даден, а зборот е одговорност и обврска!

Секој човек носи своја одговорност за своите постапки, неговите постапки го одбележуваат квалитетот на неговиот карактер и вредностите кои тој ги застапува и зад кои стои, како и целите за кои се бори.

Сите ние носиме лична, но и колективна одговорност, како кон своите сограѓани, така и кон нашата држава.

Целта за која се бориме и вредностите зад кои цврсто стоиме во себе ги имаат зборовите труд, работа, доверба, одговорност и достоинство!

Одговорноста кај нас политичарите кон народот и државата е најголема, а таа одговорност произлегува од очекувањата базирани на нашите визии и програми со кои сме ветиле дека работите ќе се движат и дека ќе вложуваме максимум сите граѓани да почувствуваат ефект од нашите проекти и реформи, да работиме со цел граѓаните да можат да се потпрат на нас и да видат дека сепак има разлика во нашата работа и во нашиот начин на работа, во нашиот збор.

Токму, најважен фактор во одговорноста е зборот.

Ние стоиме зад нашиот збор, зад секое едно ветување, кога за првпат настапивме на ваков начин на изборите во 2006, покажавме еден нов стандард во политиката. Понудивме конкретна програма со конкретни рокови, конкретни чекори и конкретен буџет за реализација. Се трудевме и покажавме во периодот потоа, дека e тоа начинот на кој одговорна партија се однесува кон оние од кои бара доверба, кон граѓаните.

Она што исто така го наметнавме како стандард беше отчетот за нашето работење. За првпат една партија застана очи в очи со граѓаните и врз основа на понудената програма даде отчет кон граѓаните, и притоа претстави што е реализирано од ветеното, што е во тек на реализација, што не е ветено, а сепак е реализирано, и исто така не помалку важно, што не е реализирано и причини зошто е тоа така. Детално, прецизно и темелно, одговорно, токму како што нашите сограѓани очекуваат од некого кому му ја дале довербата. И не е случајно што граѓаните во континуитет ни ја даваат својата доверба. Тие ни веруваат. Вие ни верувате.

Затоа што стоиме до зборот, затоа што со нас сте на проверено, на сигурно, знаете на што сте, нема импровизации, нема крупни или стратешки грешки, иако не велиме дека не грешиме, но грешките веднаш се трудиме да ги поправиме, и најважно од сè, ние сме свесни за тежината на нашиот збор и за одговорноста, која ја имаме кон секој граѓанин на нашата земја. Токму затоа граѓаните ни ја даваат својата доверба и ние не забораваме на тоа.

Page 7: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

7

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Таа доверба ја добиваме затоа што знаете да направите разлика помеѓу вредни и посветени луѓе кои имаат реални ветувања и држат до зборот од една страна и политичари, кои ветуваат спектакуларни проекти за кои сите знаеме дека се неостварливи, од друга страна.

Тој период во кој народот можеше да се излаже со нереални ветувања одамна заврши!

Денес само делата се тие што ја прават разликата во она кој политички субјект ќе ја добие Вашата поддршка, а кој не. И така треба да остане, делата треба да останат како основна причина поради која политичарот ќе ја добие Вашата доверба. Делата се она што треба да го видат граѓаните кога на крајот од мандатот ќе побараат отчет.

Нашиот отчет е наша должност кон Вас. обврска за Вашата доверба. Ние Вашата доверба нема да ја прокоцкаме, ние високо ја цениме затоа што сме свесни дека народот тешко и заслужено дава доверба некому и премногу надежи се свртени кон нас. За разлика од нашите противници, ние не велиме дека народот е во право дури и кога греши, напротив, народот е секогаш во право, и тој не може да се манипулира или да се прелаже.

Народот секогаш знае зошто некому му дава доверба, а зошто некому не му ја дава!

Во продолжение, пред Вас се наоѓа нашиот отчет. Во него има детали за сето тоа што сме го работеле изминатиов период од 3 години. Овој мандат не го истеравме до крај. Свесни сте сите за предизвиците со кои се соочуваме, но исто така уверуваме врз основа на досега сработеното, врз основа на делата, мерките, проектите зад нас, и врз основа на нашите позиции за клучните прашања во државата, дека ние можеме да се справуваме со предизвиците пред нас.

Овој отчет содржи елаборација за 1 376 проекти, од кои 1 009 проекти се реализирани, 329 се во тек, (заради факторот време и предвременото распуштање на парламентот не се сè уште реализирани), и на крај 38 проекти, мерки кои се ветени, но не успеавме да ги реализираме воопшто.

Со овој отчет, но и со програмата која ќе следи, ние ја бараме повторно поддршката од Вас, почитувани сограѓани.

Ви благодариме на довербата и поддршката досега, ние знаеме што значат тие и колкава одговорност ни создаваат, и нема да Ве изневериме.

Page 8: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

8

www.vmro-dpmne.org.mk

ЕкОНОМијАТА ОСТАНУВА НАјЗНАЧАЕН ПРиОРиТЕТ!

Page 9: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

9

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Четврт највисок економски раст во Европа во 2013 година! И покрај фактот дека голем број земји на ЕУ сè уште се во рецесија или имаат минимален позитивен раст, македонската економија во 2013 година оствари раст на БДП од 3,1%, што претставува четврт најдобар резултат во Европа и најдобар во регионот на Југоисточна Европа. Сличен раст на економијата беше остварен и во 2010 и во 2011 година (2,8%-2,9%), а единствено во 2012 како резултат на продлабочувањето на европската должничка криза беше остварен минимален пад на БДП од -0,4%, пред сè поради намалената екстерна побарувачка и строгите мерки за штедење во земјите-членки на ЕУ.

• Растот на економијата е движен од високите капитални инвестиции од Буџетот, како и извозот на фирмите-директни странски инвестиции во ТИРЗ и во индустриските зони.

• Капиталните инвестиции во периодот 2011-2013 продолжија да растат. Во овој период завршени се или започната е реализација на крупни инфраструктурни проекти во патната инфраструктура, железничката инфраструктура, нови инвестиции во образованието, здравството, енергетиката и во други области. Мерките што ги презедовме ја постигнаа целта и обезбедија работа за градежништвото и на други 20 индустриски гранки, а доказ за тоа е високото ниво на бруто-инвестициите и високиот раст на градежништвото. Така во периодот 2011-2013 капиталните инвестиции продолжија да бележат раст и во 2013 изнесуваа скоро 20 милијарди денари, што е пораст од 29% во однос на 2010 година. За 2014 година како резултат на предвидените крупни инфраструктурни проекти во буџетот, како и изградбата на новите автопатишта и енергетски проекти, планирано е да се реализираат капитални инвестиции од над 38 милијарди денари.

• Висок раст на извозот и на странските инвестиции. СДИ во периодот 2007-2013 изнесуваат 1.871 милиони евра, споредено со 992 милиони евра за време на сите влади на СДСМ.

• Извозот за првпат надмина 3 милијарди евра и во 2013 изнесуваше 3.206 милиони евра. Околу 25% од извозот се создава во новите капацитети кои се изградија во ТИРЗ и во индустриските зони. Како резултат на зголемените инвестиции во ТИРЗ, започна и процесот на диверсификација на структурата на македонскиот извоз со вклучување на производи со повисока технологија и со додадена вредност, што е потврда за зголемената конкурентност на економијата.

• Градежништвото оствари историски највисоки стапки на раст од 32,7% во 2013 година, што не може да се спореди со растот во ниту еден претходен период. Просечниот раст на градежништвото во периодот 2011-2013 година изнесуваше 16,1%, пред се како резултат на зголемените јавни инвестиции финансирани од буџетот. Тоа овозможи реализација на стотици капитални проекти, но и создаде работа за домашните фирми од градежништвото, индустријата и услужните дејности, со што се сочуваа работните места во услови на криза. Покрај градежништвото, пораст има и во индустријата, земјоделството, трговијата и други сектори.

Page 10: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

10

www.vmro-dpmne.org.mk

• Во периодот 2011-2014 година просечните бруто-инвестиции изнесуваа 26,7% како процент од БДП, при што историски највисока стапка е остварена во 2012 година кога достигна 29,4%. Во 2013 година бруто-инвестициите изнесуваа 24,4%, а во 2011 година бруто-инвестициите изнесуваа 26,2%. Високото ниво на бруто-инвестиции во изминатите 3 години е резултат на реализација на голем број капитални проекти во пред сè јавниот, но и во приватниот сектор.

• Ветивме и реализиравме одговорна фискална политика. Фискалната политика која Македонија ја водеше пред кризата со ниски нивоа на буџетски дефицит и предвремена отплата на долгот, создаде простор за водење на поактивна фискална политика за поддршка на македонското стопанство кога најсилно се почувствуваа последиците од европската должничка криза. Нивото на буџетскиот дефицит во 2012 и во 2013 година е резултат на поголемите инвестиции и реализација на бројни капитални и инфраструктурни проекти, како и заради раздолжувањето кон стопанството. Со ваквите политики Македонија и натаму остана меѓу земјите кои од почетокот на светската економска криза и во годините што следеа имаше низок просечен буџетскит дефицит од 2,9% за периодот 2009-2013 година.

*Податоците за земјите од ЕУ се за К3 2013, а за Македонија за јануари 2014 година

• Со државен долг од 34,6% од БДП, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Со одржување на умерен буџетски дефицит и внимателно земање на кредити за приоритетните инфраструктурни проекти, успеавме Македонија да остане земја со умерено и со одржливо ниво на долг, што е значајно за перцепцијата на инвеститорите, но и за идните генерации.

• Ветивме и остваривме намалување на невработеноста! Македонија е единствена земја во Европа која забележа намалување на стапката на невработеност во услови на светска и европска должничка криза:

- Така, во 2013 стапката на невработеност во Македонија се намали на 28,6% што е историски најниско ниво во последниве 17 години, откако се спроведува Анкетата на работна сила;

- Со тоа стапката на невработеност се намали од претходните високи нивоа од 36,5% во 2006, на 31,8% во 2011 година и на 30,6% во 2012 година, за да во 2013 се сруши психолошката бариера од 30% и истата се намали на 28,6% во К4-2013 година. Истовремено, во 2013 за првпат стапката на вработеност надмина 40%, што е најдобро остварување откако се спроведува Анкетата на работна сила;

- Креирани се 119.186 нови работни места, во периодот 2006-2013 година, од кои 42.670 нови работни места во перидот од К2-2011 до К4-2013 година! Бројот на вработени во К4-2013 изнесува 685.479 лица, што претставува зголемување од 119.186 вработени лица во однос на К2-2006 година. Бројот на вработени во индустријата во истиот период е зголемен за 22.151 лица, или за 15,8%, при што трендот на раст продолжи и во 2014, кога индексот на вработени во индустријата забележа раст од 6,5% во првиот месец од годината. За истиот период растот на вработените во финансискиот сектор и банките е зголемен за 68,8%, трговијата бележи раст на вработените од 44,3%, а секторот комуникации и врски бележи раст од над 40%.

Page 11: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

11

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

38.7

36,1

28,6

26

28

30

32

34

36

38

40

K- I

200

5 II III

IV

K-I

2006

II III

IV

K-I

2007

II III

IV

К-I

2008

II III

IV

K-I

2009

II III

IV

K-I

2010

II III

IV

K-I

2011

II III

IV

K-I

2012

II III

IV

K-I

2013

II III

IV

Стапка на невработеност во Македонија, квартално

%

• Македонија остана земја со најниски даноци во Европа. За разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети. Го задржавме данокот на добивка на 0% ако се задржи или реинвестира добивката, персоналниот данок на 10%, како и намалените стапки на социјалните придонеси, а почнувајќи од 2011 година се имплементираа дополнителни даночни мерки со кои се намали даночниот товар: 1/ се укина односно на 0% се сведе данокот на добивка за малите и микропретпријатија со приход до 3 милиони денари; 2/ воведена е можност за избор на даночен модел за малите трговски друштва со вкупен годишен приход меѓу 3–6 милиони денари; 3/ намалена е ДДВ-стапката од 18% на 5% за суровото масло за јадење, 4/ воведен е 5% ДДВ за туризам односно за угостителски услуги за сместување; и 5/ намалени и укинати се царинските стапки за репроматеријали за повеќе сектори, вклучително и во земјоделството, прехранбената индустрија, кондиторската индустрија и во транспортниот сектор. Оваа мерка придонесе за намалување на пондерираната ефективна царинска стапка на 1,75%, што е една од најниските во регионот. Во 2014 година фирмите плаќаат 40% пониски царини споредено со 2007 година, додека по основа на укинати и намалени царински такси и надоместоци дополнително остваруваат заштеди во износ од 10 милиони евра годишно.

• Ветивме и обезбедивме поволни финансиски средства за поддршка на македонските компании. Со обезбедување на нови 250 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5%, им помогнавме на 1.009 македонски претпријатија. Покрај првично обезбедените 100 милиони евра во 2009 година, обезбедени се нови 250 милиони евра и тоа: 50 милиони евра во 2011 година, 100 милиони евра кои се искористија во 2012 и во 2013 година, а кон крајот на 2013 обезбедени се дополнителни 100 милиони евра кои на фирмите им се достапни во 2014 година. Во услови на криза кога е отежнат пристапот на фирмите до свеж капитал, оваа кредитна линија овозможи фирмите да реализираат 1.009 проекти и директно да отворат 4.907 работни места. Од вкупно 350 милиони евра колку што се обезбедени од 2009 наваму, фирмите имаат искористено 228 милиони евра по поволни услови односно фиксна годишна стапка од 5,5% и со рокови на отплата до 8 години за инвестиции и до 3 години за обртни средства.

• Ја подобривме ликвидноста на приватниот сектор со целосна исплата на заостанатите обврски. Како што ветивме, кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 исплатени се сите обврски на буџетот кон приватниот сектор во износ од 92 милиони евра. На крајот на февруари долгот на државата кон стопанството беше сведен на нула, со што целосно го исполнивме ветувањето на Владата кон бизнис-заедницата. Со тоа Македонија е една од ретките земји од регионот која се раздолжи кон стопанството, што беше потврдено и од ММФ и од Светската банка.

• Задржана монетарна стабилност и стабилен девизен курс. И во изминатиот период фискалната и монетарната политика беа добро координирани, што придонесе за одржување на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Девизните резерви достигнаа 1.987 милиони евра и во однос на 2010 година се зголемени за скоро 300 милиони евра. Со ова се заштити и стандардот на граѓаните и се обезбеди сигурност во работењето на фирмите.

Page 12: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

12

www.vmro-dpmne.org.mk

• Банкарскиот сектор остана стабилен, пред сè како резултат на добрата регулатива со која е уредено работењето на банките и соодветната супервизија од страна на НБРМ. Додека голем број банки во Европа мораше да бидат спасувани, македонските банки ја задржаа стабилноста. Со тоа се зголеми довербата во банкарскиот систем и се зголеми штедењето, при што штедните влогови во 2014 се повисоки за 21,7% во однос на 2010 година. Во истиот период кредитите забележаа раст од 22%.

• Doing Business: Македонија има најдобра бизнис-клима во Југоисточна Европа и е рангирана пред 19 земји-членки на ЕУ. Според извештајот на Светската банка Doing Business 2014, Македонија по четврти пат се најде меѓу топ 10 земји најголеми реформатори во светот. Со тоа, Македонија е рангирана на високото 25. место во конкуренција на 189 земји во светот, што е подобрување од 69 места во однос на 2006 кога бевме на 94 позиција. Според условите за водење бизнис, Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот, а подобро сме рангирани и од 19 земји-членки на ЕУ. Кај одредени индикатори Македонија се наоѓа и меѓу 10 најдобри земји, како што е 3. место кај индикаторот „пристап до кредити“, 7. место кај индикаторот „започнување на бизнис“, но и високо 16. место кај индикаторот „заштита на инвеститори“ што е од особено значење за зајакнување на довербата кај постојните и кај нови инвеститори.

• Остварен е голем напредок на Македонија на сите реномирани ранг-листи за различни аспекти на бизнис-амбиентот.

- Според најновата листа на магазинот Форбс, Македонија е рангирана на 36. место меѓу 145 најдобри земји за водење бизнис и во однос на 2007 се забележува подобрување на рангот од 46 места. Со исклучок на Словенија, Македонија е подобро рангирана во однос на сите останати земји од регионот, како што се Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Грција, БиХ и Србија;

- Македонија е рангирана на 43. место од вкупно 183 земји според Индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ за 2014 година и во споредба со 2006 година остварен е напредок од 35 места. Споредено со земјите од Европа, се наоѓаме на 20. место во конкуренција со 43 земји, при што вкупната оценка за Македонија е над светскиот и регионалниот просек;

- Во последниот Извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум од 2013 година, Македонија е рангирана на 73. место што претставува значителен напредок од 21. место во споредба со 2007;

- Според последниот Извештај за Глобалниот иновациски индекс на Светската организација за интелектуална сопственост, Cornell University од САД и INSEAD од Франција за 2013 година, Република Македонија во однос на 142 земји од светот е рангирана на 51. место, што претставува скок од 11 места споредено со 2012 година.

• Пораст на пензиите во 2013 и во 2014 година. Покрај редовното законско усогласување на пензиите, во март 2013 година сите видови пензии дополнително се зголемија за 5%. Исто така, пензиите се зголемија за 5% односно за по 600 денари за сите корисници на пензија стартувајќи од март 2014 година. Со овие покачувања просечната пензија достигна 12.445 денари што претставува раст од 62% споредено со 2006 година кога просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, при што најниската пензија е зголемена за 76%, а највисоката за 30,4%.

• Зголемени плати во јавниот сектор. По зголемувањето на платите во јавниот сектор за 25% во периодот пред кризата, во Буџетот на РМ за 2014 година се обезбедија средства за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%, од октомвриската плата.

Page 13: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

13

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ДАНОци ицАРиНи

Page 14: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

14

www.vmro-dpmne.org.mk

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• 0% данок за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари. Почнувајќи од 2011 година, а во интерес на поддршка на работењето на малите и микротрговци, се пропиша ослободување од оданочување на трговските друштва класифицирани како мали и микротрговци чиј остварен годишен приход изнесува до 3 милиони денари. Претходно оваа категорија обврзници плаќаше данок на вкупен приход во висина од 1% на остварениот вкупен приход во годината од сите извори. Споменатото даночно ослободување го користат над 37.000 мали и микро трговци годишно.

• Избери данок. Од 2011 година, на трговските друштва класифицирани како мали и микротрговци чиј остварен приход од сите извори во годината изнесува од 3.000.001 до 6.000.000 денари, им се даде право на избор на режимот/моделот на оданочување. Тие можат да се определат да плаќаат данок на вкупен приход во висина од 1%, или пак да плаќаат данок на добивка по стапка од 10% (на непризнаените расходи за даночни цели и при распределбата на добивката).

• 5% ДДВ за туризам. Со цел да се поттикне развојот на туризмот во Република Македонија, од октомври 2011 година, стапката на ДДВ за туристички услуги (услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови комерцијални угостителски објекти) се намали од 18% на 5%.

• 5% ДДВ за сурово масло за јадење. Од октомври 2011 година стапката на ДДВ за сурово масло за производство на храна за човечка исхрана се намали од 18% на 5%. На овој начин на фирмите им се овозможи ослободување на средства, односно подобрување на нивната ликвидност.

• Е-Даноци. Од 2013 година овозможивме сите ДДВ-обврзници да ги пријавуваат даноците електронски, а од 2014 година и задолжително користење на е-Даноци за поднесување на годишните извештаи и биланси до УЈП. Во 2014 година за користење на електронски даночни услуги регистрирани се 80.508 корисници (60.335 правни лица и вршители на дејност и 11.173 граѓани). Бројот на корисници континуирано се зголемува земајќи предвид дека системот е-Даноци https://etaxofl.ujp.gov.mk/ овозможува поедноставно реализирање на обврските за пријавување и за плаќање на даноците од страна на фирмите и граѓаните.

• Е-Услуги за граѓани. Покрај за фирмите, од февруари 2012 година електронските даночни услуги ги направивме достапни и за физичките лица и овозможивме секој граѓанин во Република Македонија да има можност својата даночна пријава да ја поднесе по електронски пат. Во 2014 година, 11.173 граѓани се регистрирани корисници и ги користат електронските услуги на УЈП и бројот континуирано се зголемува. Со заокружувањето и достапноста на електронските услуги за сите даночни обврзници, започнува новата ера на услугите и промените во начинот на комуникација помеѓу даночната администрација и обврзниците во Република Македонија.

• Е-Регистар за статусна промена за даночни цели. Им овозможивме на сите заинтересирани граѓани и фирми, брзо и едноставно преку телефонско јавување до Инфо-центарот на УЈП и со соопштување на нивниот даночен ПИН-КОД да ги пријават промените на нивните адреси и контакт-податоци во Регистарот на даночни обврзници во УЈП. Користењето на оваа услуга овозможува заштеда на време и трошоци за пријавување и ажурирање на адресите и контакт-податоци во УЈП, со што се избегнува настанување на долгови и пресметување на камати поради неажурирани податоци за даночниот обврзник.

• Мобилни даночни шалтери. Од 1 ноември 2012 година, воведовме „Мобилни даночни шалтери“ преку кои даночните услуги ги доближивме до даночните обврзници. Со трите специјално опремени комбиња како даночни канцеларии, даночниците ги посетуваат населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и други локации согласно со потребите на локалното население и бизниси. Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации - да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП. „Мобилниот даночен шалтер“ e уште еден чекор кон олеснување на даночната процедура, заштеда на време и трошоци за исполнување на даночните обврски и најважно, обезбедување на брз и лесен пристап до даночните услуги за малите бизниси и за граѓаните во најмалите места во Македонија.

• Форензичка ИТ-лабораторија. На 12 ноември 2013 година ставена е во функција првата Форензичка ИТ-лабораторија за даноци во Југоисточна Европа, која претставува значајна алатка за откривање и санкционирање

Page 15: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

15

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на даночните затајувања и измами. Лабораторијата е изградена по најсовремени стандарди и функционира во рамките на Управата за јавни приходи - Генерален даночен инспекторат. Со помош на софистицираната информатичко-техничка опрема и системите за форензичко прибирање докази и анализа на дигитални податоци им се овозможи на даночниците да вршат испитување на информатичките системи и опрема кај даночните обврзници и да утврдат дали постоеле финансиски малверзации и даночни затајувања.

• Регионална даночна академија. На 27 ноември 2011 година и официјално почна да функционира Даночната академија. Во неа тековно се спроведуваат едукативните програми за вработените во УЈП и за даночните обврзници, за останатите вработени во државната администрација кои соработуваат директно со Управата, како и за корисници -приватни и други субјекти од државата чија дејност е поврзана со УЈП. Наша цел е Академијата да прерасне во Регионална даночна академија и Источно-европски центар за најдобра практика за даночна администрација, согласно со меѓународните и ОЕЦД-стандарди.

• Е-аукции за наплата на даночни долгови. Првата електронска аукција на движен и недвижен имот е одржана на 7 декември 2011 година, преку системот е-Аукции на УЈП http://e-aukcii.ujp.gov.mk. Овозможивме побрзо и транспарентно наплатување на даночните долгови во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП, елиминирање на можностите за злоупотреба и за меѓусебно договарање на наддавачите, намалување на трошоците за продажба и онлајн-разгледување на движните и недвижните ствари.

• Даночна едукација за нови претпријатија. Советодавните посети што ги спроведуваат посебните тимови од подрачните единици на УЈП се однесуваат на давање на услуги во делот на даночното законодавство, сметководствениот процес и советување на новите бизниси преку семинари, посети и обуки, со цел да им се помогне и да се обезбеди дека овие претпријатија се целосно информирани за нивните даночни права и обврски. Со ова се овозможува избегнување на казнувањето на претпријатијата кои се нови и направиле ненамерни грешки заради неинформираност.

• Поддршка на земјоделството преку укинување на царинските давачки. Со измената на Законот за царинската тарифа од 24.01.2012 година ги укинавме царинските давачки за 36 тарифни ознаки што се однесуваат на семенски материјал, каде спаѓа и семе за зеленчук (домати, краставици и пиперки). Исто така се укина и царинската стапка за мотокултиваторите.

• Поддршка на прехранбената индустрија преку намалување и укинување на царинските давачки. Со цел поддршка на прехранбената индустрија, на почетокот на 2012 година извршивме трајно намалување на царинската стапка за увоз на бел шеќер од 30% на 5%, како и на други видови шеќери и тоа: суров шеќер, ароматизиран шеќер и меласа. Ова намалување влијаеше на цената на шеќерот во малопродажбата, како и на намалување на цените на голем број домашни производи кои содржат висок процент на шеќер, како што се кондиторски производи и сокови. На овој начин се зголеми конкурентноста на домашното производство.

• Исто така во овој период се изврши намалување на царинските стапки на 5% за репроматеријали од овошје од нашето поднебје, а укинати се царинските давачки на репроматеријали (пире и концентрати од овошје) од тропско овошје наменети за прехранбената индустрија и за преработка на сокови кои претходно се увезуваа со царинска стапка од 20% и од 30%.

• Поддршка на индустриското производство преку укинување на царинските давачки. Во насока на поддршка на индустриското производство на почетокот на 2013 година ги укинавме царинските стапки за 106 тарифни ознаки, кои се однесуваат на центри за машинска обработка, стругови, разни видови алатни машини, преси за обработка на метали итн.

• Ја укинавме царинската стапка од 15% на 0% за одредени репроматеријали за производство на резервни делови за автомобили, со што директно се поддржаа индустриските капацитети за производство на автомобилски делови наменети главно за извоз.

• За поддршка на производителите и трговците на земјоделски производи, како и графичката индустрија, на почетокот на 2013 година ја укинавме царинската стапка за фолии од поли, кои се користат за амбалажи на прехранбени производи, за копир и ласерски апарати, печатари во графичката индустрија и сл.

• Поддршка на транспортниот сектор преку намалување и укинување на царинските давачки. На почетокот на 2013 година ги намаливме царинските стапки за сите видови автобуси и минибуси, од 10% на 5%, а ја укинавме

Page 16: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

16

www.vmro-dpmne.org.mk

и царинската стапка за товарните вагони со цел поддршка на железницата.

• Поддршка на спортот и на физичката култура преку укинување на царинските давачки. Со цел поттикнување на развојот на спортот и физичката култура на почетокот на 2013 година ги укинавме царинските стапки за некои видови спортски реквизити и производи и опрема за гимнастика и атлетика.

• Продолжија мерките за намалување на акцизата и царината за увоз на половни автомобили. До февруари 2014 година увезени се над 180.000 употребувани и нови возила, со што е обновен возниот парк во РМ, а голем број семејства кои претходно немаа можност се стекнаа со сопствено возило.

• Дополнително, согласно со Законот за возила донесени и изменети се 14 правилници со кои се овозможи:- увоз на патнички возила што се произведени или се наменети за пазарот на Соединетите Американски

Држави почнувајќи од 04 февруари 2011 година;

- увоз на мотоцикли што се произведени или се наменети за пазарот на Соединетите Американски Држави почнувајќи од 30 декември 2011 година;

- увоз на половни возила од категории М2 и М3 (минибуси и автобуси) за превоз на патници со стандард ЕУРО 2 и при тоа се увезени 304 половни автобуси и минибуси во период од јули 2012 година до октомври 2013 година, а мерката ќе трае до 31 мај 2014 година;

- увоз на половни возила за превоз на стоки со стандард ЕУРО 3 од категорија N и О (товарни возила и приколки) и при тоа се увезени 880 товарни возила во период од декември 2012 година до мај 2014 година.

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Проект: Е-ДДВ. Активностите се во тек, и од 01.07.2014 година во УЈП ќе се воспостави систем за издавање на нумерирани ДДВ-фактури, преку кој на даночните обврзници кои ќе испорачуваат добра и услуги кон спроведувачи на проекти финансирани од странски донатори ќе им се овозможи да издаваат фактури во кои нема да биде вкалкулиран износот на ДДВ. Во досегашниот период овие даночни обврзници беа задолжени да го уплатат ДДВ, а потоа им се вршеше поврат на уплатениот данок. Ова е првата фаза од реализацијата на проектот Е-ДДВ. Во понатамошниот период овој систем ќе се надгради и ќе се овозможи да го користат сите даночни обврзници. Преку системот на Е-ДДВ ќе се обезбедат податоци за влезниот и за излезниот промет на македонското стопанство, а со тоа ќе се намалат ДДВ-измамите и ќе се зголеми правната сигурност на даночните обврзници за деловните односи кои подлежат на данок на додадена вредност. Оваа алатка ќе овозможи намалување на инспекцискиот надзор во делот на контрола на веродостојноста на ДДВ-фактурите кај даночните обврзници. Истовремено, оваа мерка ќе придонесе за рамен терен и фер и еднакви услови во работењето на фирмите. Првите е-ДДВ фактури ќе бидат издадени во 2014 година со цел олеснување на постапките, но и воспоставување на контролен механизам за реализација на донаторски проекти помеѓу РМ и странски донатори и ИПА- проектите на ЕУ.

• GPRS во фискализацијата. Донесени се измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, согласно со кои инсталирањето на интегрираниот автоматски систем за управување ќе започне од:

- 1 маj 2014 до 31 јули 2014 година, за даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, даночни обврзници кои вршат угостителска дејност и за даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) и

- 1 маj 2014 до 31 октомври 2014 година, за сите други даночни обврзници.

• Воведувањето на GPRS-систем во фискализацијата ќе овозможи следење на готовинските плаќања и на прометот во реално време (on-line). На тој начин ќе се заштитат потрошувачите, ќе се намали времето на обврзниците за исполнување на обврските пред даночниот орган, ќе се намалат теренските контроли за фискализација. GPRS-системот ќе овозможи зголемување на ефикасноста на контролните механизми на УЈП, при што фокусот ќе биде само на високоризичните категории на даночни обврзници.

• Потсетници за наплата на индивидуални даночни сметки за забрзување на наплатата. Воспоставен е систем за доставување на автоматски потсетници преку е-пошта за пријавување и за плаќање на даночните обврски кој ги информира и ги потсетува фирмите однапред на датумите за роковите за пријавување и за плаќање на даноците што ќе помогне да се избегнат задоцнети плаќања и казнени постапки. Системот за доставување

Page 17: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

17

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на автоматски потсетници преку смс-порака за плаќање на даночните обврски од страна на УЈП, ќе се имплементира до крајот на 2014 година.

• Проект Е-фактура. Целта на овој проект е да им се овозможи на фирмите кои обезбедуваат стоки и услуги за државните институции електронски да ги доставуваат фактурите за наплата. На тој начин ќе се подобри ефикасноста и транспарентноста во работењето на јавните институции со приватниот сектор. За реализацијата на овој проект подготвени се нацрт-измени на законот за ДДВ, но за определени прашања неопходни се дополнителни консултации со бизнис-секторот.

• Е-преглед и плаќање на радиодифузна такса. За фирмите и за граѓаните ќе овозможиме во секое време да вршат електронски преглед на состојбите и на евиденциите во УЈП за радиодифузна такса, како и електронски да ја плаќаат радиодифузната такса преку веб-портал на УЈП. Проектот ќе се реализира во текот на 2014 година.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• Зајакнување на финансиската дисциплина. Пропишана е законска основа УЈП секој месец најдоцна до 10-ти во месецот да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови по основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долг е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојните вршители на дејност и 300.000 денари за правните лица. Со оваа мерка ќе се подобри наплатата на даноците, но со неа и ќе се заштитат деловните субјекти кои ќе имаат увид во листата на должници од влегување во деловни односи со субјекти кои се должници и не се во состојба навремено да ги сервисираат обврските.

• Наградна игра „Фискална во рака - награда без мака“. Со наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ се стимулираат граѓаните за доследната примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно на позитивен начин се подигна степенот на издавање на фискални сметки. Исто така, оваа наградна игра освен тоа што овозможи вредни добивки за граѓаните на Македонија (станови, дуќани, автомобили, вредносни ваучери), придонесе и за зајакнување на свеста кај граѓаните за обврската да побараат фискална сметка за плаќањата во готово.

• Воведување на Reverse Charge-механизам на префрлање на даночната обврска од вршителот на прометот кон примателот на прометот на добра и услуги. За зајакнување на системот на контрола и стеснување на просторот за измами се воведе механизам на префрлање на даночната обврска (Reverse Charge) во оние сектори, односно дејности, коишто, поради нивната природа, тешко се контролираат. Согласно со овој механизам, наместо вршителот на прометот, обврска за пресметување и плаќање данок на додадена вредност ќе има примателот на прометот на добра и услуги, со што се оневозможува фиктивно издавање фактури за кои не е уплатен ДДВ, а врз основа на кои примателот на прометот на добра и услуги ќе оствари право на поврат на ДДВ.

• Регистрација за цели на ДДВ на квартално ниво. Со оваа законска измена која ќе стапи во сила од јули 2014 година ќе се овозможи на фирмите за пократок период да ги намират даночните обврски, но и за пократок период да извршат поврат на ДДВ доколку се утврди разлика во интерес на данокот што произлегува од влезниот промет. Исто така, ќе се оневозможат злоупотреби што се јавуваа во практиката, а беа поврзани со издавање фактури од страна на регистрирани годишни даночни обврзници кои не уплатиле ДДВ, а врз основа на кои субјектите кон кои биле испорачани фактурите оствариле право на поврат на ДДВ, со тоа што годишниот даночен период се заменува со квартален и се овозможува зачестена контрола од страна на УЈП.

• GPRS-систем за трговци со обележани минерални масла. Засилени се мерките за контрола на трговијата со нафтени деривати, особено на т.н. „црвена нафта“ која се користи за греење, со воведување на концепт на регистрирани трговци со минерални масла, додефинирање на прекршочните одредби и воведување на GPRS-систем за следење на трговијата со „црвена нафта“.

• Надзорен информациски систем (НИС) за следење на уплатите и исплатите на приредувачите на игри на среќа. Казината (за автоматите), автомат-клубовите и обложувалниците од 1 јануари 2013 година се поврзани онајн со УЈП преку информативен систем кој овозможува следење на уплатите и исплатите во сите деловни

Page 18: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

18

www.vmro-dpmne.org.mk

единици на приредувачот. Ова овозможи еднаков третман на сите приредувачи на игри на среќа и реално оданочување на добивките кај казината (за автоматите), автомат-клубовите и обложувалниците.

• Фискална едукација на младите. За да создадеме предуслови за градење на социјално свесни и совесни даночни обврзници, почнувајќи од 2011 година започнавме со „Фискална едукација на младите“ во сите средни училишта низ цела Македонија. Четири генерации средношколци имаа можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Под слоганот „Даноците се лесно четиво, доколку го научиш!“ ги запознаваме учениците со нивните основни права и должности како идни даночни обврзници и спроведовме над 300 едукации за ученици во средните училишта и за студенти.

• Нов вид даночни контроли. Наместо даночниот инспектор физички да го посетува даночниот обврзник, УЈП воведе нов модел на канцелариски инспекциски контроли во рамките на кои преку позитивна комуникација и давање насоки, фирмите самостојно можат да ги обезбедат доказите за одредени искази, ги објаснуваат пријавените податоци и вршат корекции на даночните показатели доколку е потребно.

• Издавање електронски уверенија и потврди за платени даноци или остварени приходи. Фирмите и граѓаните ќе можат побрзо да го добијат бараното уверение/потврда за платени даноци или остварени приходи. Наместо лично на шалтерите во УЈП, барањето ќе може да се поднесе електронски преку https://etaxofl.ujp.gov.mk, а УЈП електронски ќе го издаде бараното уверение или потврда кое им е потребно за остварување на различни права пред другите институции и органи. На овој начин дополнително ќе го намалиме времето и трошоците за издавање на документите од УЈП.

• Постепено зголемување на акцизата на тутунски добра. Со цел заштита на здравјето на населението и постепено усогласување на акцизите на тутунски добра со нивото на акцизи согласно со директивите на Европската унија, во периодот од 01.07.2013 година до 01.07.2023 година ќе се изврши постепено зголемување на акцизите на тутунските добра.

• Укинување на царинските стапки за одредени необработени благородни метали. Со донесените измени на Законот за царинската тарифа се укинаа царинските стапки за одредени необработени благородни метали (злато и платина) од 7% на 0%, односно при увоз на овие стоки што се користат и за производство на катализатори од јули 2013 година не се плаќаат увозни давачки за овие стоки. Оваа мерка се донесе за да се подобри извозната конкурентност на домашната индустрија при производство, а истовремено се изврши и либерализација на тргувањето со инвестициско злато.

• Бесплатно отстапување на стоките запленети поради повреда на правото на интелектуална сопственост. Со измени на Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост се овозможи наместо да се уништат стоките (текстил и обувки) што повредуваат право од интелектуална сопственост, бесплатно да се отстапат на државни институции за ублажување на последиците од елементарни непогоди, за помош на приматели на социјална помош и на семејства чиј вкупен месечен приход не надминува 1,5 минимална плата, утврдена за претходната година.

• Ослободување од плаќање увозни давачки на опрема наменета за научно-истражувачка и иновациска дејност. Овозможивме ослободување од плаќање увозни давачки и на опрема наменета за научно-истражувачка и иновациска дејност за субјектите на иновациската дејност, со што се овозможи проширување на овие ослободувањата на увозни давачки за субјекти согласно со Законот за иновациска дејност.

• Хоризонтална и вертикална синхронизација на царинска тарифа преку изедначување на царинска стапка за слична стока. Со измената на Законот за царинска тарифа, покрај намалувањето/укинувањето на царинските стапки постигнато е и изедначување на царинските стапки на слична стока (хоризонтална синхронизација) и тоа кај: семенскиот и саден материјал за земјоделството, суровиот шеќер и меласата од шеќерна репка и шеќерна трска, овошното пире и концентрати од овошје за производство на сокови и кај сите алатни машини за обработка на метал. Исто така преку вертикална синхронизација на Царинската тарифа применет е економскиот принцип за структура на царински стапки со кој готовиот производ е со повисока стапка од царинските стапки на репроматеријалите и полуготовите производи.

• Нов компјутеризиран транзитен систем (НКТС). Од 1 март 2014 година е воведена задолжителна употреба

Page 19: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

19

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на електронската транзитна гаранција и е ставена во продукција апликацијата за нов компјутеризиран транзитен систем на национално ниво. Со ова се создадени услови за поврзување со електронскиот царински систем на Европската унија и пред добивање на статусот полноправна членка на ЕУ. Од имплементација на овој систем најголеми придобивки имаат економските оператори, и тоа: намалување на трошоци и доцнења заради употреба на хартиени декларации, побрзо ослободување и раздолжување на транзитната гаранција заради завршување на транзитната постапка во реално време, намалување на бројот на формалности при спроведување на поедноставените царински постапки во транзит, висок квалитет на услуга, намалување на времето на чекање на операторите на границите.

• Олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа. Во рамките на овој проект, Царинската управа ги реализираше следниве активности:

- реконструкција на граничниот премин Блаце – патнички дел;

- надградба на електронската апликација за издавање дозволи за царински постапки со економски ефект;

- надградба на системот за електронско управување со документи.

• Овозможено царинење на сите гранични премини. Воведено е 24/7 увозно и извозно царинење на граничниот премин Табановце со Србија и Ќафасан со Албанија (претходно, 24/7 царинење е воведено на ГП Блаце, Богородица, Меџитлија, Ново Село, Делчево и Деве Баир). Увозното царинење на граничните премини е поевтино и побрзо поради еднократните и помали трошоци за терминалски престој, за царинско застапување, ангажирање банкарски гаранции за транзит, како и непотребно губење на камион/денови.

• Реконструкција на граничниот премин Блаце. Во декември 2013 година беше пуштен во употреба реконструираниот и модернизиран граничен премин „Блаце“ за патници, лесни  возила и автобуси. Сè  до неговата реконструкција, овој премин претставуваше тесно грло во протокот на сообраќај и размена на стока и услуги помеѓу Македонија и северните држави по должината на Јадранската магистрала. Инвестицијата изнесуваше околу 1,89 милиони евра.

• Склучени билатерални/мултилатерални спогодби и договори. Склучени се меѓународни спогодби со Владата на Република Косово за соработка и взаемна помош за царинските работи (2011), со Владата на Република Азербејџан за соработка и взаемна помош за царинските работи (2012), и со Владата на Црна Гора за соработка и взаемна помош за царинските работи (2013).

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Проект „Социјалните служби во поддршка на социјалниот развој и кохезијата“, кој ќе поддржи подготовка на повеќе модели за распределба на дотацијата од ДДВ со повисок степен на воедначување. Реализацијата на овој проект е во мирување бидејќи се намалени средствата од донаторот за таа намена.

Page 20: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

20

www.vmro-dpmne.org.mk

ФиНАНСиСки СЕкТОР и ДРУГи МЕРки

Page 21: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

21

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• Проект „Купи куќа, купи стан“. Веќе трета година се реализира проектот „Купи куќа, купи стан“. До почетокот на 2014 повеќе од 243 семејства го решија најгорливото прашање – стекнување сопствен дом. Во периодот јануари 2012-јануари 2014 вкупниот износ на одобрени субвенции изнесува повеќе од 1,5 милиони евра.

Во 2013 беа направени измени во законот со што се зголемија поволностите за граѓаните. Така, се зголеми субвенцијата за куќа на 75% од учеството или 75% од ратата. Исто така, субвенциите се неповратни по десеттата година од редовна отплата на кредитот во случај на предвремена враќање на кредитот. Со измените во 2014 се овозможи и субвенциите да ги користат лица во брак чиј вкупен приход по основа на плата е до 1.300 евра. Исто така, се овозможи да аплицираат и лица што наследиле половина или помалку од половина имот, без притоа да мора да го продаваат истиот. Овој проект придонесе за намалување на цените на становите и намалување на каматните стапки на станбените кредити за 3-4 процентни поени.

• „Задолжница“. Проектот „Задолжница“ го реализиравме на почетокот на 2012 година и истиот успешно функционира. Од 1 септември 2012 година заклучно со 14 февруари 2014 година издадени се и евидентирани се во системот на Регистарот на задолжници вкупно 87 задолжници. Од нив, 49 се наплатени и избришани од Регистарот на задолжници, а сè уште се активни 38 задолжници. На почетокот на 2014 година го изменивме Законот за задолжница и почнувајќи од 1 јануари 2015 година, издавањето на задолжница во должничко доверителските односи на износ од 300.000 денари и повеќе ќе биде задолжително.

• Проект за осигурување од ризици од катастрофи и од временски непогоди ЕВРОПА РЕ. Понудата на нови осигурителни производи во Република Македонија ја поддржавме преку регионалниот Проект за осигурување од ризици од катастрофи и временски непогоди. Земјите-учеснички (Македонија, Албанија и Србија) ја основаа компанијата Европа Ре - специјализирана регионална компанија за реосигурување на ризиците од природни катастрофи со седиште во Швајцарија, која на 13 декември 2013 година доби лиценца за работа од FINMA. Првите осигурителни производи ќе се појават на македонскиот пазар во вториот квартал од оваа година и тоа во областа на осигурување на земјоделците, како категорија најранлива на временските ризици, особено на град и суша. Европа Ре во соработка со надлежните институции од Република Македонија дизајнираше производ - индекс на осигурување на приноси по површина, којшто претставува полиса која ги покрива „сите ризици“ кои можат да предизвикаат штета на приносот, осигурувајќи го посевот од сите климатски, природни и биолошки опасности.

• Нов Закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредит. Заради поголема заштита, информираност и едуцираност на корисниците на кредити донесовме нов Закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредит. Новиот закон ги зголеми правата на потрошувачите при склучување на договори за потрошувачки кредити, пред сè за добивањето на преддоговорни информации за кредитот, рекламирање на потрошувачките кредити и откажувањето од договорот за потрошувачки кредит. Се зголемија и обврските на давателите на кредити, кои, мора да ги наведат транспарентно сите податоци поврзани со кредитот, јасно и разбирливо, пред склучувањето на договор за потрошувачки кредит.

• Закон за дополнителна супервизија на финансиски конгломерати. Го донесовме Законот за дополнителна супервизија на финансиски конгломерати со кој се воспоставија правила за дополнителна, координирана супервизија на финансиските институции од страна на надлежните супервизорски тела.

• „Задолжителна котација“. Преку измени на Законот за хартии од вредност за период од пет години воведовме „задолжителна котација“ за оние акционерски друштва кои не котираа на берзата, а кои ги исполнија посебните услови за задолжителна котација. Благодарение на оваа мерка, бројот на котираните компании е зголемен на 115. Задолжителната котација ја зголеми транспарентноста во работењето на акционерските друштва, што во следниот период може да доведе до поголем интерес на инвеститорите за вложување во домашни компании.

• Гарантен фонд за обезбедување на учесниците на пазарот на капитал од неможност за порамнување на берзански трансакции. Во рамките на Централниот депозитар, формиран е Гарантен фонд за обезбедување на учесниците на пазарот на капитал од неможност за порамнување на берзански трансакции.

Page 22: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

22

www.vmro-dpmne.org.mk

• Плаќање преку мобилни телефони, дигитални уреди и други информатички уреди. Развојот на нови и иновативни начини на плаќање, како што се плаќање преку мобилни телефони, дигитални уреди и други информатички уреди го овозможивме со воведување на т.н. микроплаќања во поединечен износ до 1.000 денари, но не повеќе од 6.000 денари месечно по корисник. Овие плаќања ќе можат да се вршат преку телекомуникациски или мрежни оператори. Со тоа ја започнавме либерализацијата на платежните услуги согласно со европските стандарди.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• Закон за финансиска дисциплина. Во декември 2013 година донесен е Законот за финансиска дисциплина со кој се воспостави правна рамка во насока на утврдување на рокови во кои ќе се подмируваат обврските помеѓу приватните субјекти, но и помеѓу приватниот и јавен сектор. Законот е во согласност со европското законодавство и со неговата примена ќе се подобри функционирањето на пазарот, ликвидноста и оптималното работење на фирмите, што во крајна линија ќе ја зголеми и конкурентноста на македонските компании. За да можат стопанството и фирмите подобро да се подготват за овие измени, оставивме период на прилагодување до почетокот на мај 2014 година, од кога ќе важи законот за сите обврски настанати по тој датум.

• Твининг-проект Зајакнување на капацитетот на Министерството за финансии за макроекономска анализа и креирање политики. Во декември 2012 година започна реализацијата на овој проект, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА 2009, Компонента 1 - Градење на институционални капацитети и помош при транзиција. Целта на овој проект е подобрување на капацитетите за економски анализи и проекции во насока на креирање на кохерентна среднорочна и долгорочна макро-фискална рамка преку реализација на три компоненти, и тоа: подобрување на процесот на креирање политики преку подобра оценка на ефектот од планираните владини политики и мерки, подобрување на фискалната рамка и зајакнување на капацитетите за макроекономско моделирање.

• Можност за вложување и тргување со инвестициско злато во Република Македонија и ослободување од ДДВ на прометот и увозот на инвестициско злато. Со измените во Законот за девизно работење дадовме можност за вложување и тргување со инвестициско злато во Република Македонија и во странство и воведовме образец за пријавување на ефективни пари и чекови при влез и излез во и од Република Македонија кој е во стандардизирана форма согласно со ЕУ-регулативата. Во функција на заживување на производството и трговијата на инвестициско злато пропишавме даночно ослободување од ДДВ за прометот и за увозот на инвестициско злато.

• Одложување на оданочувањето на приходите од камати на орочени штедни и други депозити. Оданочувањето на остварените приходи по основа на камати на орочени штедни и други депозити се одложи до денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Со ова им се овозможува на граѓаните на Македонија ослободување од оданочување на приходот од камати на орочени штедни и други депозити.

• Ослободување од оданочување на капитални добивки од продажба на хартии од вредност. Во интерес на зголемување на тргувањето со хартиите од вредност и на подобрување на берзанското работење во Република Македонија, приходите на граѓаните остварени по основа на капитални добивки од продажба на хартии од вредност се ослободија од оданочување до крајот на 2015 година.

• Отпишување на камати по основа на долг за сите видови придонеси од задолжително социјално осигурување кој настанал во периодот од 2009 до 2012 година. Се овозможи целосно отпишување на камати за придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале до крајот на 2008 година врз основа на поднесено Барање на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите најдоцна до 31 мај 2013 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија, ако уплатата на основниот долг се изврши најдоцна во рок од 6 месеци.

• Се овозможи отпишување на камати по основа на долг за сите видови придонеси од задолжително социјално осигурување, кој настанал во периодот од 2009 до 2012 година врз основа на поднесено Барање од обврзникот за пресметка и уплата на придонесите до Управата за јавни приходи најдоцна до 31 декември 2013 година и тоа:

Page 23: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

23

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- целосно, односно 100% отпишување на каматата, ако се плати главниот долг во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето;

- 75% отпис на каматата доколку уплатата на главниот долг се изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесување на барањето и

- можност за 50% отпис на каматата, доколку се изврши уплатата во рок од 18 месеци.

• Мирување и отпишување на камати по основа на долг од задолжително здравствено осигурување кој настанал до крајот на 2008 година. Се овозможи мирување на неплатените обврски по основа на придонеси од здравствено осигурување во периодот од 1 јануари 2013 до 31 декември 2015 година. Доколку тековните обврски по основа на здравствено осигурување во овој тригодишен период редовно се исполнуваат од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите, по истекот на три години долгот и каматата целосно се бришат.

• Продолжен рокот за приватизација на дворни места за 1 евро квадрат за 9 месеци, заклучно со ноември 2014 година. Овозможивме граѓаните да можат да го откупат дворното место по симболичната цена од 1 евро за квадратен метар. Проектот беше исклучително популарен кај граѓаните и вкупно 162 илјади граѓани и семејства поднесоа барање за приватизација на дворните места во периодот 2009–2012 година. Кон крајот на 2013, Владата донесе одлука да се продолжи рокот за приватизација за дополнителни 9 месеци и се очекува во овој рок десетина илјади граѓани да поднесат барање за откуп на дворни места за 1 евро квадрат. На тој начин овие граѓани под рамноправни услови како и претходно, ќе можат да го купат дворното место за едно евро за квадратен метар и да им го остават на своите поколенија да можат да го користат понатаму за доградба или надградба на имотот.

• Завршена денационализацијата во првостепена постапка. Министерството за финансии го реши и последниот предмет во првостепена постапка од вкупно 30.744 предмети за денационализација. Најголем дел од предметите, односно над 15.000 се решени во периодот 2007-2012 година, а во последните години најсложените, најголеми и најобемни предмети. Со тоа решивме еден децениски долг проблем на генерации и генерации македонски граѓани и илјадници семејства.

• Ослободување од казнена камата при доцнење со плаќање на обврските за станови во општествена сопственост. Со измени на Законот за продажба на станови во општествена сопственост ги ослободивме граѓаните од плаќање на казнена камата при доцнење со плаќање на обврските по склучени договори за купување станови во општествена сопственост. Со тоа ѝ помогнавме на најранливата група граѓани, која сè уште, и покрај можните попусти, не успеала да изврши откуп на становите.

• Намалена е цената на зелениот картон за патнички и за товарни возила, како и на мотоциклите. Годишната зелена карта за патничките возила до 66 киловати поевтини од 160 на 60 евра, за патничките возила над 66 киловати од 160 на 90 евра, а за товарните возила цената на зелениот картон се намали од 450 на 280 евра. Се укинаа месечните, тримесечните и шестмесечните зелени карти и за патничките и за товарните моторни возила. Исто така, ја намаливме и цената на годишниот зелен картон за мотоцикли од 90 на 30 евра.

• Закон за вршење на сметководствени работи. Една од мерките со кои Владата излезе во пресрет на барањата на приватниот сектор е Законот за вршење на сметководствени работи. Со Законот воспоставивме стандарди за професијата сметководител и за вршењето на сметководствени работи, со што се подигна стандардот и квалитетот на професијата сметководител. Министерството за финансии издаде вкупно 8.954 уверенија за сметководители, со што се создадоа услови годишните сметки за 2013 година да бидат подготвени и потпишани од професионалци – лиценцирани сметководители.

• Измени и дополнување на Законот за лизинг. Стабилноста на лизинг-индустријата ја зајакнавме преку измени и дополнување на Законот за лизинг, со кои се воведе обврска од органот надлежен за надзор лизинг-друштвата да добијат согласност за промена на сопственичката структура и на капиталот на друштвото и се утврди рок во кој лизинг-друштвото е должно да поднесе барање за согласност на член на орган на управување.

• Закон за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија. По повеќе од 10 години ги уредивме односите на Република Македонија со Обединетата банка на Швајцарија (УБС АГ) како доверител

Page 24: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

24

www.vmro-dpmne.org.mk

по т.н. АПИ-обврзници. Донесовме Закон со кој Република Македонија презеде 4,26% од главнината на долгот и 3,1034% од доспеаната, а неплатена редовна камата, а казнената камата и каматата на камата се отпишаа. Отплатата на долгот се изврши по пат на порамнување со дел од депозитите на Република Македонија во УБС АГ банката, со што на нето-основа буџетот реализираше позитивен прилив.

• Измени и дополнувања на Законот за банки. Со измени и дополнувања на Законот за банките овозможивме побарувањата на акционерите од банката да се претворат во акционерски капитал на банката, забранивме почетниот капитал на банката да се намалува со враќање на уплатените влогови на акционерите и истовремено овозможи Народната банка на Македонија да пропишува повисока стапка на адекватност на капиталот, во зависност од пазарните и од макроекономските услови. Измените се со цел јакнење на стабилноста на најважниот сегмент на финансискиот систем во Република Македонија. Исто така, се даде можност постојните штедилници да се преобразат во банка или финансиско друштво, без да спроведат стечај или ликвидација.

• Нов Закон за преземање на акционерски друштва. Донесовме нов Закон за преземање на акционерски друштва со кој се обезбеди: еднаков третман на сите акционери во друштвото кое е предмет на преземање, заштита на малцинските акционери во случај на промена на контролата на друштвото, спречување на пазарната манипулација и злоупотреба во постапките на преземање, како и овозможување акционерите да имаат доволно време и соодветни информации за да можат да донесат правилна одлука во врска со понудата за преземање.

• Измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Го изменивме Законот за игрите на среќа и за забавните игри и овозможивме дел од средствата уплатени за посебната давачка од одделните игри на среќа да се уплатуваат на сметка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

• Продолжен рок за намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг. Го продолживме рокот за примена на законските одредби според кои учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка можат да ги намируваат паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг и тоа до 31 декември 2015 година (наместо 31 декември 2013 година). Ова е со цел да се овозможи фирмите со финансиски проблеми да продолжат со работа и да им се остави дополнителен период од 2 години во кој ќе се консолидираат и ќе продолжат да функционираат нормално.

• Регистар на ревизори и задолжително обезбедување на мислење од независен ревизор за случаите кога трансакциите изнесуваат 10% или повеќе од активата на акционерските друштва. Измените на Законот за хартии од вредност и Законот за трговски друштва овозможуваат Комисијата за хартии од вредност да води Регистар на ревизори кои треба да дадат мислење по одлуките на акционерските друштва кои котираат на берза, за трансакции со заинтересирани страни, во случај кога трансакциите изнесуваат 10% или повеќе од активата на акционерските друштва. Пред донесувањето на одлука за одобрување на зделка со заинтересирана страна од страна на органите за управување на акционерското друштво, потребно е да се обезбеди мислење за трансакцијата од овластен ревизор.

НЕВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро. Измените во Законот се во насока на проширување на опфатот на податоци со кои располага Кредитното биро со вклучување на приватните здравствени установи, адвокати, нотари и слични професии. Со тоа ќе се зголеми корисноста на податоците и услугите од страна на Кредитното биро, ќе се подобри ефикасноста на деловните субјекти и ќе се унапреди деловниот и инвестицискиот амбиент во земјата, како еден од предусловите за привлекување странски инвеститори.

• Закон за изменување и дополнување на задолжително осигурување во сообраќајот. Со измените на Законот, мотоциклите ќе се вклучат во дефиницијата на моторни возила и истите ќе подлежат на задолжително осигурување од автоодговорност, што ќе придонесе за зголемена сигурност на учесниците во сообраќајот. Законските измени се во согласност со европските директиви.

• Закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија. Измените ќе придонесат за поголема одговорност

Page 25: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

25

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци-поединци преку зајакната дисциплинска и прекршочна одговорност, и законско дефинирање на висината на осигурувањето од одговорност за штетен настан што друштвото за ревизија или овластениот ревизор трговец-поединец можат да ја предизвикаат на субјектот кај кого се врши ревизијата или на трети лица. Ќе се подобри и квалитетот на ревизорските извештаи, а транспарентноста ќе се зголеми преку задолжително подготвување и објавување на Годишен извештај за извршените контроли на веб-страницата на Институтот.

• Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва. Со цел да се зајакне стабилноста на финансиските друштва како дел од финансискиот пазар, надлежниот орган ќе дава согласност и за промена на сопственичката структура и капиталот на финансиските друштва. Ќе се воведе и рок во кој финансиското друштво е должно да поднесе барање за согласност на член на орган на управување за да се избегнат ситуации финансиското друштво подолг период да остане без орган на управување што, меѓу другото, создава проблеми во комуникацијата меѓу друштвото и органот на надзор.

• Закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурувањето. Со измените на Законот заради усогласување со Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и со Законот за доброволно здравствено осигурување, ќе се воведат нови класи на осигурување што можат да ги вршат друштвата за осигурување: осигурување на ануитети за корисници на пензии и пензиски надоместоци од задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и доброволното здравствено осигурување.

• Фонд за осигурување на депозити. Со оглед дека Фондот го има достигнато и надминато оптималниот износ на средства, го прифативме барањето на банките за умерено намалување на стапката на премија која и натаму ќе обезбеди стабилност на Фондот за осигурување на депозити при намалени трошоци за банките. Целта е во банкарскиот сектор да се ослободат средства за зголемено кредитирање.

Page 26: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

26

www.vmro-dpmne.org.mk

БиЗНиС-кЛиМА и кОНкУРЕНТНОСТ

Page 27: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

27

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Полесно и побрзо отворање фирма преку регистрациони агенти. Со измените на Законот за едношалтерски систем се воспостави нова категорија на подносител – „регистрационен агент“ со законски дадено овластување за поднесување на пријави преку Системот за е-регистрација. Во насока на зголемен број регистрации на фирми преку регистрационен агент ќе вршиме засилена промоција на придобивките - 0 трошоци и скратено време за регистрација на фирма.

• Регистрација на фирма без надоместок. Сите онлајн-пријави за регистрација на фирма се спроведуваат преку еден единствен чекор и без никаков трошок, што е уредено во Тарифата за изменување на тарифата на Централниот регистар на Република Македонија.

• Во таа насока се изготвија измени и дополнувања на Законот за трговските друштва, направено е подобрување на деловната клима согласно s- препораките на извештајот Doing Business на Светската банка, во делот на:

- Олеснување на административната постапка за упис во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, преку стимулирање на систем за електронска регистрација на фирми, со цел да се надмине сегашната состојба на слабо користење на истиот;

- подобрување на заштитата на правата на малцинските акционери, во случај на постоење сомневање за можни нерегуларности при работењето на акционерското друштво;

- воведување обврска за средните и големите трговци задолжително да ги доставуваат годишните сметки само во електронска форма, односно само преку Интернет-страницата на Централниот регистар.

• Целосно исклучување на хартиената регистрација на ДОО, ДООЕЛ и ТП. Преку измени на Законот за трговските друштва се исклучува хартиената регистрација на ДОО, ДООЕЛ и ТП во целост и истата се заменува со електронска регистрација преку регистрационите агенти. Оваа мерка ќе влијае врз намалување на бројот на процедури за регистрација на трговско друштво и ќе се надмине потребата од нотарска заверка на прилозите потребни за основање, скратување на времето потребно за регистрација, и намалување на трошоците бидејќи основањето на фирма преку системот за е-регистрација изнесува 0,00 денари, односно се врши без надоместок.

• Намалување на роковите и трошоците за приклучок за електрична енергија. Во насока на намалување на трошоците и времетраењето за добивање приклучок на електрична енергија беа донесени нови мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија. Новите мрежни правила ги содржат следните подобрувања:

- редефинирана е поделбата на стандардни и нестандардни приклучоци со тоа што во стандарден приклучок сега влегуваат потрошувачите со инсталирана моќност до 400kW (досега беше до 40kW);

- скратен е рокот за добивање Решение за согласност за приклучување на корисник на дистрибутивната мрежа за стандардните приклучоци од 45 на 15 дена, а за нестандарден приклучок се намали од 60 на 40 дена;

- намален е рокот за реализација на приклучок од 90 на 50 денови за приклучување на стандарден приклучок со одобрена максимална моќност над 40 KW;

- дополнително е пропишано дека ЕВН е должна во рок од 3 дена од денот на уплатата на првта рата од надоместот за приклучување да започне со обезбедување на сите неопходни дозволи и елаборати и истите да ги обезбеди во рок од 70 дена;

- рокот за ставање на приклучокот под напон е намален од 15 на 7 дена;

- наместо досегашното авансно плаќање на целиот надоместок за приклучок, со новите измени предвидено е истиот да се плаќа на 3 рати (1 рата – авансно = 25%, 2 рата - во текот на изведбата = 50% и 3 рата - по изведбата = 25%);

- предвиден е транспарентен начин на пресметка на надоместокот со утврдување на цена за приклучок по инсталирана моќност од 1kW;

- во случај на пречекорување на рокот за обезбедување на потребните документи и рокот за реализација на приклучокот од страна на ЕВН, барателот на приклучок има право на надомест пресметан како казнена камата согласно со закон за секој ден доцнење на уплатениот износ од договорениот надоместок за реализација.

Page 28: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

28

www.vmro-dpmne.org.mk

• Намалена е административната такса за издавање одобрение за градба, од 2.500 на 1.500 денари.

• ПОС-терминали поставени на шалтерите во градот Скопје. Преку овие ПОС-терминали брзо и едноставно се врши наплата на административна такса, директно на шалтерите.

• Посебен шалтер за плаќање даноци за правни лица во градот Скопје. Со цел излегување во пресрет на потребите на правните лица и избегнување на непотребните турканици и чекања, отворен е посебен шалтер за плаќање даноци наменет исклучиво за правни лица.

• Е-шалтер за професионални корисници во Агенција за катастар на недвижности. Е-шалтерот е во функција на целата територија на Република Македонија односно во сите катастарски одделенија, а го користат нотарите, извршителите, банки, геодетски фирми, општини и државни институции. Со Е-шалтерот значително се олеснува регистрацијата на сопственост, како и пристапот до услугите што ги обезбедува Агенцијата за катастар на недвижности.

• Намалување на минималниот праг за кредити што се регистрираат во Кредитниот регистар. Во соработка со Народната банка, каде што се води Кредитниот регистар, се намали минималниот праг за регистрирање на кредити за физички лица од 150.000 денари на 5.000 денари, и за правни лица од 500.000 на 300.000 денари.

• Овозможен пристап на кредитокорисниците до личните податоци содржани во Кредитниот регистар. Со измена на подзаконските акти со кои се регулира работата на Кредитниот регистар се овозможи физички лица кои се корисници на кредити да имаат пристап до своите податоци содржани во Кредитниот регистар.

• Скратување на рокот за обработка и трансфер на податоци во Кредитниот регистар. Со измени на подзаконските акти и зајакнување на административните капацитети на Кредитниот регистар, скратен е рокот за трансфер на податоци од страна на банките и штедилниците до Кредитниот регистар од 3 на 1 месец, а нивната обработка се врши наместо за 30 дена во рок од најмногу 10 дена.

• Забрзување на стечајната постапка. Со измените на Законот за стечај се зголемува транспарентноста со објавување на одлуките од судот на Е-стечај на веб-страницата на ЦРМ, се прецизира правото на жалба и со тоа се скратува постапката со оглед дека се избегнува поднесување на неосновани жалби, се укинува стечајниот совет како орган кој решава по жалби и со тоа се скратува времетраењето на постапката. Исто така, се зајакнуваат условите за добивање лиценца за стечаен управник, се зголемува износот за осигурување од професионална одговорност, се воведува електронско именување на стечајни управници, се определува рок за постапување во стечајната постапка и во случај на субјективно оддолжување се разрешува стечајниот управник итн.

• Донесени се измени и дополнувања на Законот за стечај при што се извршени следните подобрувања:- укинат е Стечајниот совет;

- скратени се роковите за судските постапки каде што учесник е стечајниот должник;

- воведен е електронски избор за именување стечајни управници;

- воведена е електронска продажба која мора да заврши во рок од 90 дена;

- воведено е електронско досие;

- воведена е можност за реализација на план за реорганизација во претходна постапка;

- воведен е стечаен управник специјалист за план за реорганизација;

- воведен е стечај од мала вредност.

• Закон за стечај. Формиран е Комитет за стечај со претставници од Владата и други органи и институции. Како резултат на преземени конкретни мерки во работата на овој Комитет, направен е сериозен прогрес во насока на забрзување на постапките и зголемување на процентот на заклучени стечајни постапки.

• Донесен е Закон за заклучување на старите стечајни постапки кои се водат согласно со Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација (1987-2011). Со овој закон се опфатени 330 стечајни постапки кои се водат повеќе од 15 години, односно постапки од 1987 година до 2011 година. Со тоа се очекува да се разрешат стечајните постапки за овие најкомплицирани случаи, од што ќе имаат корист доверителите и работниците во тие фирми. Како позначајни ефекти што се очекуваат од донесувањето на законот се:

Page 29: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

29

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- заклучување на старите стечајни постапки во пократок рок (73 дена од утврдувањето на правниот статус треба да се изврши продажбата) што ќе придонесе за намалување на бројот на постапките кои се во тек;

- утврдување правен статус на објектот, со што ќе се елиминира можноста за постоење на нелегализирани објекти;

- постигнување повисока цена на објектите со определување повисок процент за намирување на доверителите;

- впаричување на имот кој подолго време не е продаден поради неутврден правен статус, преку формирање стечајна маса за намирување на доверителите.

• Донесен е Закон за вонсудско спогодување, со кој се уредуваат условите за отворање постапка за вонсудско спогодување, начинот и постапката за вонсудско спогодување и правните последици од неговото отворање и спроведување. Одговорноста за обезбедување ликвидност и солвентност и спречување на отворање стечајна постапка, не е само на фирмата-должник, туку заедно ја делат со доверителите. На тој начин, подобро се решава неликвидноста на должникот и на долг рок се обезбедува ликвидност и солвентност. Со воведувањето на оваа законска регулатива се очекува да се намалат стечајните постапки во кои доверителите се намируваат со 10-20% од своите утврдени побарувања и во кои 98% од отворените стечајни постапки завршуваат со бришење на субјектот од трговскиот регистар. Целта на законот е да се даде втора шанса на деловните субјекти пред прогласување стечај.

• Проектот „Учиме од бизнис-заедницата” има за цел подобрување на деловното опкружување и зајакнување на дијалогот со бизнис-заедницата. Во текот на 2012 и 2013 година, во рамки на овој проект, беа спроведени посети од страна на стручни владини тимови на вкупно 266 компании и беа изнесени вкупно 436 барања и иницијативи, од кои половината се прифатени и реализирани или се во тек на реализација. Посетата на компании продолжи и во 2014 година, при што повторно ќе бидат посетени минимум 100 компании, а од искажаните барања и иницијативи ќе се креираат нови мерки во насока на реализација на барањата.

• Исто така, се реализира и проектот „Посета на компании“, чија цел е решавање на постапките за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. За овие компании приватизацијата на земјиштето е предуслов за отпочнување на нови градежни инвестициски проекти и отворање на нови работни места. Проектот се одвива во неколку циклуси, при што бројот на компании кои бараат поддршка се зголемува. Досега активен интерес за учество во проектот изразија 147 компании, членки на стопанските комори во Република Македонија (СКМ, ССК и СКСЗМ) и компании кои самостојно дејствуваат на пазарот. Предметите се целосно завршени за 61 компанија за кои еднаш засекогаш се реши прашањето на сопственост на земјиштето, а во тек на реализација се постапките за 86 компании.

• Едношалтерски систем за домашни и странски инвеститори – Електронско издавање на дозволи и лиценци. Изработена е студија за спроведување на проектот со оперативен план за ставање во функција на системот. Во 2013 година успешно беше реализиран пилот-проектот „Едношалтерски систем за издавање дозволи за градба“ во рамките на Министерството за транспорт и врски. Електронскиот систем за издавање градежни дозволи целосно е стартуван, граѓаните и правните субјекти кои се заинтересирани да добијат градежна дозвола барањето можат да го доставуваат и по електронски пат.

• Владата го интензивираше дијалогот со бизнис-заедницата и реализираше бројни активности со стопанските комори, деловни здруженија и асоцијации. Во повеќе наврати реализирани се средби со претседателот и со економскиот тим на Владата на Република Македонија, на кои се презентираа и се дискутираа отворени прашања, барања и иницијативи на бизнис-заедница. Исто така, традиционално се одржува годишно обраќање на премиерот Никола Груевски пред стопанските комори, при што особено внимание е посветено на предизвиците и перспективите на македонската економија.

• Подобрување на условите за конкурентно водење бизнис во Република Македонија беше и остана приоритет. Владата во соработка со деловната заедница (стопански комори, здруженија и асоцијации) во март 2012 година усвои пакет од 72 мерки за подобрување на деловното опкружување во земјата со соодветен двегодишен Акциски план, креиран врз основа на детална анализа на движењето на Индексот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум. Од вкупно 72 мерки за подобрување на глобалната конкурентност 53 мерки или 88% се реализирани или нивната реализација е во тек. Значаен прогрес во подобрување на конкурентноста

Page 30: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

30

www.vmro-dpmne.org.mk

на економијата во периодот 2012-2014 е постигнат преку: реализација на мерки за поддршка и унапредување на кластерското здружување, зголемување на нивото на странски директни инвестиции (СДИ) на производи со додадена вредност, нови технологии и оние што имаат таканаречен ефект spill over, зголемување на напорите за привлекување на такви инвестиции и зајакнување на врските помеѓу странските инвеститори и домашните доставувачи, реализација на пакет-мерки за заживување на пазарот на хартии од вредност и др.

• За успешност на првиот пакет мерки за подобрување на конкурентноста зборува и последниот Извештај за глобална конкурентност за 2013-2014 година, каде Република Македонија забележа значително подобрување на рангирањето на глобалната конкурентност споредено со претходната година подобрувајќи ја позицијата за 7 места и рангирајќи се на 73 место од вкупно 148 економии во извештајот за 2013-2014 година. Поради ова, во последниот квартал на 2013 година, Владата во соработка со бизнис-заедницата пристапи кон разгледување и анализа на предлози, иницијативи и барања за креирање нов (втор) пакет-мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија.

• Со цел ефикасно спроведување на стратегијата за иновации и креирање на нови политики и мерки за развој на иновациската дејност и апсорпција на нови технологии, претседателот на Владата формираше Комитет за иновации, технологија и претприемништво во кој членуваат сите релевантни институции и стручни лица од оваа област, кои работат на унапредување на иновациите и на трансферот на нови технологии во Македонија.

• Во 2013 година беше донесен Закон за иновациска дејност (Службен весник на РМ, 79/2013) со што се воспостави и легислативна рамка за поттикнување на иновациите. Со овој закон се утврди формирање Фонд за иновации и технолошки развој и истовремено се отвори и законска можност за формирање на еквити- и мезанин-фондови, со кои ќе се даде поддршка за докапитализација и кредитирање на претпријатијата коишто имаат потреба од капитал и know how.

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи историски чекор во областа на иновациската дејност во Република Македонија со формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој во месецот декември 2013 година. Основната дејност на овој фонд е доделување на финансиски средства директно на компаниите, а со крајна цел поддршка и развој на иновациите.

Фондот за иновации и технолошки развој ќе доделува 4 финансиски инструменти преку кои ќе се обезбедат средства наменети за поттикнување на иновативноста кај компаниите, и тоа:

- кофинансирани грантови за почетни бизниси, спиноф-компании и иновации до максимален износ од 30.000 евра. Овој инструмент е наменет за новоосновани, микро и мали претпријатија, со цел поттикнување и имплементирање на иновативни решенија и поддршка на компании кои имаат висок потенцијал за раст, како и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односно комерцијални активности преку формирање на спиноф-компании;

- кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до максимален износ од 100.000 евра. Овој инструмент е наменет за финансирање на мали и средни претпријатија, со цел реализирање и имплементација на иновативни решенија, иновативни процеси и воведување на иновации кај компаниите, како и поддршка на компании што имаат висок потенцијал за раст;

- кофинансирани грантови за трансфер на технологии до максимален износ од 200.000 евра. Овој инструмент е наменет за воведување на иновативни и напредни технологии во македонските компании. Програмите за трансфер на технологии се фокусирани на помагање на малите и средни претпријатија (МСП) да ја подобрат нивната продуктивност, да ги зголемат стандардите за квалитет и да воведат процеси за развој на нови производи;

- поддршка за формирање акцелератори до максимален износ од 500.000 евра. Преку овој инструмент ќе се поддржи формирањето на деловно-технолошки акцелератори и давање инфраструктурна поддршка на иновациска дејност, преку обезбедување техничка, логистичка и финансиска помош;

- фондот ќе доделува и средства за техничка помош на компаниите до максимален износ од 5000 евра.

• Започната е реализацијата на проектот „Македонско сонценце“ – проект што предвидува воведување знак што ќе го добиваат македонските производи со врвен квалитет, односно производите, кои покрај меѓународно бараните стандарди за квалитет, се одликуваат и со дополнителни карактеристики во насока на поголем квалитет. Во тек е постапка за признавање на овој знак преку Светската организација

Page 31: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

31

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

за интелектуална сопственост, по што истиот ќе почне да се издава преку Институтот за стандардизација во Република Македонија.

• Продолжува реализацијата на проектот „Топ менаџмент“, проект преку кој на менаџери од македонски извозно ориентирани компании им обезбедува теоретска обука во Република Македонија и практична обука во компании во странски развиени земји. Во 2013 година, започна втората фаза на проектот, односно практична обука беше обезбедена за нови 100 менаџери. Во текот на 2014 и на 2015 година околу 160 менаџери кои ја завршија теоретската обука ќе посетуваат практична обука во високоразвиена европска земја.

• Во декември 2012 година, беше означен старт на „Платформа за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан”, регионален проект со вредност од 145 милиони евра, поддржан од ЕУ, ЕБОР и Европскиот инвестициски фонд. Со партиципацијата во овој проект, се обезбеди пристап до свеж капитал наменет за поддршка на иновациите, малите и средните претпријатија и на компаниите со голем потенцијал за раст и експанзија. Средствата ќе бидат достапни директно, преку два фонда што ќе прават еквити- и мезанин-инвестиции (120 милиони евра на овој начин) и индиректно преку банките преку гарантирање на евентуалните загуби (20 милиони евра обезбедени за гаранции). Фондовите ќе имаат свои канцеларии во Скопје.

• Преку Рамковната програма за конкурентност и иновации на ЕУ 2007-2013 (CIP), се обезбедува поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој. Програмата поддржува иновации, екоиновации, услуги за поддршка на бизниси во регионот, пристап до финансии, подобро прифаќање и користење на информатичко-комуникациски технологии, развој на информатичко општество, зголемена употреба на обновливи енергии и енергетска ефикасност. Во рамки на Потпрограмата за претприемништво и иновации реализирани се 10 проекти.

• ИПА 2010 – „Градење на капацитетите за имплементација на индустриската политика“. Проектот е во вредност од 2,97 милиони евра и период на имплементација од 2 години, почнувајќи од 2014. Цел на проектот е поддршка за имплементацијата на поактивната индустриска политика во сите фази и области.

• Се реализира Проектот за кофинансирање на активностите на Европскиот информативен и иновативен центар на Македонија (ЕИИЦМ), кој е дел од мрежата Enterprise Europe Network и има за цел преку контакти во рамки на оваа мрежа да ја зајакне бизнис-соработката, да го подигне технолошкото ниво и степенот на иновации и да ја подобри научно-истражувачката и развојната компонента на сите свои корисници. Проектот исто така е кофинансиран и од ЕУ преку ЦИП-програмата 2007-2013.

• Креиран е веб-порталот КОНКУРЕНТНОСТ.МК кој е единствен портал за промоција на програмите, мерките и проектите за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти со кој се обезбедува подобра информираност на бизнис-секторот. Веб-порталот во секое време и на лесно достапен начин овозможува пристап на фирмите до најнови информации на едно место во врска со достапната поддршка за подобрување на конкурентноста, како што се актуелните владини програми, мерки, постапки за аплицирање, но и останатите донаторски и европски иницијативи кои предвидуваат директна помош за компаниите.

• Со реализација на проектот „Награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија“ се промовираат позитивните практики на општествено одговорно дејствување на македонските претпријатија и се стимулираат останатите претпријатија да го воведат и да го имплементираат концептот на општествена одговорност. Во текот на 2012-2013 година во конкуренција на 125 проекти доделени се 80 награди за најдобри општествено одговорни практики, и тоа 32 МСП и 48 големи претпријатија.

• Донесена е Програма за заштита на потрошувачите за период 2013-2014 година преку која беа спроведени повеќе активности.

• Потпишани се 12 Кодекси за добра практика во областа на банкарството, комуналните дејности, хемиската индустрија, фармацевтската дејност, текстилната индустрија и конфекција, трговијата на тутун и производи од тутун, земјоделството и прехранбената индустрија, угостителството и туризмот, осигурувањето, хартијата и целулозата, графичката индустрија и издавачката дејност и на увозот на моторни возила. Потписниците на Кодексот се обврзуваат за поголема заштита на правата на потрошувачите и создавање на услови за фер-

Page 32: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

32

www.vmro-dpmne.org.mk

конкуренција на пазарот.

• Донесен е Акциски план за имплементација на индустриската политика 2012-2013, во кој се дефинирани целите и приоритетите на имплементација на индустриската политика и во кој се обединети на едно место сите програми, мерки и акциски планови кои надлежните институции треба да ги имплементираат од петте области на дејствување дефинирани во Индустриската политика на РМ 2009–2020.

• Се кофинансираат трошоците на бизнис-центрите за организирање основни обуки за почетни бизниси, обуки за постојните претприемачи, промоција на претприемништвото и организирање саеми. Реализирани се вкупно 30 обуки и работилници на кои учествувале вкупно 365 учесници и изработени се 500 брошури со сите неопходни информации за Е-бизнис за младите претприемачи.

• Кофинансирани се проекти на бизнис-инкубаторите 2011-2012, со кои се обезбедуваат услуги за деловна поддршка на малите и на средните претпријатија (нивните станари) и тоа во клучните периоди на нивно постоење, односно во фаза на формирање и созревање на истите, како и за подобрување на нивните стандарди, капацитети и техники за работење, организирање обуки за станарите, консултански услуги и вмрежување, во вкупен износ од 1.330.000 денари.

• Со проектот за жени-претприемачи се субвенционираат претпријатија кои се во сопственост или се управувани од жени, преку кофинансирање до 75% од докажаните трошоци направени за набавка на опрема, алати, инвентар, заштитни средства и уредување и подобрување на деловниот простор. Досега се поддржани 36 претпријатија во сопственост на жени и управувани од жени за кои се исплатени вкупно 2.950.277 денари.

• За поддршка и развој на кластерското здружување:

- изработен е првиот Национален атлас за кластерите кој претставува практичен водич за странските фирми и нивните асоцијации кои се заинтересирани за соработка со македонските компании. Претставени се податоци и фотографии за земјата во целина, за планските региони и за стопанските кластери и нивните членки. Целта на публикацијата е да ги претстави активните и потенцијалните кластери во Македонија, да ја промовира државата со нејзините стопански, туристички и културни потенцијали и да ги промовира планските региони со нивните специфики и деловни можности;

- изработен е Водич за кластери, кој претставува практичен прирачник за менаџерите на кластерите и за сите што сакаат да се вклучат во новите светски економски текови и процесите на поврзување и вмрежување;

- поддржани се 11 проекти во рамките на 6 кластери;- организирана е регионална текстилна конференција; - организирана е тркалезна маса на тема Индикатори за успешен кластер – дефинирање на услови и тело за

акредитирање на кластерските здруженија.

• Регулаторна гилотина за занаетчии. Целта на проектот опфаќа идентификување на проблемите со кои се соочуваат занаетчиите во секојдневното работење, изнаоѓање можности за нивно решавање, елиминирање на административни бариери и намалување трошоци за занаетчиите. Преку процес на континуирана соработка и отворена комуникација со сите релевантни чинители, беа извршени низа измени и дополнувања на регулативата и беа донесени повеќе законски и подзаконски акти. Истовремено, креирани се мерки, активности и механизми чија цел е зачувување и развој на занаетчиската традиција во нашата земја.

• Усвоена е Стратегија за развој на занаетчиството во Република Македонија со акциски план за периодот 2012-2020, со која се дефинирани насоките за остварување на визијата, целите и приоритетите во областа на занаетчиството, преку просперитетни, пазарно ориентирани и иновативни занаетчиски бизниси, за да можат младите луѓе успешно да ја развиваат својата кариера рамо до рамо со своите мајстори. Во тек е изработка на нов Закон за занаетчиство со кој ќе се уредат условите и начинот на вршење на занаетчиската дејност, организирање на коморскиот систем како и условите и начинот за стекнување квалификации за вршење на занаетчиската дејност.

• Со мерката за кофинансирање на проекти за поддршка и промоција на занаетчиството (2011-2013) поддржани се вкупно 12 проекти преку обезбедување на финансиска поддршка на проекти за

Page 33: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

33

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

организирање на форуми, организирање на обуки и промотивни активности (саеми, манифестации и др.), во вкупен износ од 1.565.500 денари.

• Со проектот Автентични занаети директно се субвенционираат занаетчиите, преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци. Во текот на 2012 и на 2013 година субвенционирани се вкупно 8 занаетчии и одобрени се вкупно 1.062.975 денари. Реализацијата на овој проект придонесува кон зголемувањето на конкурентноста на занаетчиите, унапредување на производствениот процес и вештини, зачувувањето на занаетите, пренесување на вештините и искуството на помладите генерации, како и унапредување на целокупната занаетчиска дејност.

• Се субвенционираат трошоците на компаниите за сертификација на ИСО-стандарди и за воведување на НАССР- и HALAL-систем, со што се поттикнува свеста кај домашните компании за потребата од подобрување на својата конкурентност на домашниот и странскиот пазар преку обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услуги како и заштита на животната средина. За 2011-2013 година, по основа на кофинансирање на трошоците за сертификација на ИСО-стандарди субвенционирани се вкупно 18 компании за кои се исплатени 851.032 денари. За кофинансирање на трошоците за воведување, одржување и за модификација на НАССР-систем субвенционирани се вкупно 11 компании за кои се исплатени 521.721 денари.

• Проект „Мерење на иновативниот капацитет на компаниите-членки на кластерските здруженија“. Во соработка со постојните кластери по претходно дефинираните критериуми, се реализира проектот за мерење на капацитетот на македонските компании за иновативност и се изготви Листа на македонски компании со најголем иновативен капацитет. Анкетата се спроведе во 404 компании – членки на кластерските здруженија. На листата на компании со најголем капацитет за иновации и истражување се најдоа 144 компании, со индекс на иновативност поголем од 0,3.

• Организирана е Регионална текстилна конференција на тема ,,Одржлив развој на текстилната индустрија во Република Македонија“. Текстилната конференција беше можност за запознавање на состојбите во регионот во оваа многу значајна индустриска гранка и одлична можност за размена на искуства меѓу бизнисмените во регионов и можност за заеднички настап на трети пазари.

• Меѓународен стандард ИСО 26000 – водич за општествена одговорност. На иницијатива на Министерството за економија, ИСРМ го усвои стандардот ИСО 26000 на англиски јазик. Стандардот претставува водич за општествена одговорност, кој дава насоки и препораки за разбирање и имплементација на општествената одговорност во деловното работење на една организација.

• Портал за мали јавни набавки. Проектот „Портал за мали јавни набавки“ е целосно спроведен, со што значително се зголеми нивото на транспарентност преку објавување огласи и за набавките до 5.000 евра. Исто така, во 2012 година започна да важи одредбата за задолжително спроведување на електронските аукции во 100% од објавените огласи. За таа цел донесени се соодветни законски решенија и имплементирани се оперативни активности во Електронскиот систем за јавни набавки. Како резултат на оваа реформа бројот на објавени огласи за постапки кои завршиле со електронска аукција во периодот 2011-2013 изнесува:

Година Број на објавени огласи Број на е-аукции2013 18.640 18.4592012 11.726 11.6212011 7.800 3.457

Електронското наддавање резултира со намалување на понудените цени, при што се остварени значителни заштеди како резултат на разликата помеѓу почетната и финалната цена на понудувачите.

Page 34: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

34

www.vmro-dpmne.org.mk

Година Број на објавени огласи/постапки

Огласи со аукција

Заштеди% денари милиони евра

2013 18.640 18.459 (99%) 17% 3.475.275.175 56,52012 11.726 11.621(99%) 13% 2.680.501.017 43,52011 7.800 3.457 (45%) 11% 1.564.807.608 25,4

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО / ВО ТЕК

• Во август 2012 година беше формиран Национален совет за Претприемништво и Конкурентност на Република Македонија основан со обединување на интересите на клучните чинители – приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Советот моментално брои 17 членови (главно здруженија, комори и неколку високообразовни институции). Основна задача на Советот е зајакнување на дијалогот меѓу Владата и деловната заедница, во идентификувањето на приоритетните области на делување за подобрување на конкурентноста на македонската економија и ќе учествува во креирањето и реализацијата на конкретни мерки во таа насока.

• Во последниот квартал на 2011 година и првиот квартал на 2012 година, извршено е програмирање на активности во рамки на програмата за развој на приватниот сектор, со финансиски алокации во висина од 9.384.055 евра обезбедени од ИПА средства. Активностите се насочени кон подобрување на бизнис-опкружувањето и институционалните капацитети во областа конкурентност, со цел зголемување на конкурентноста и продуктивноста на македонските компании, како и подобрување на нивната софистицираност, иновативност и пристап до финансии. Реализацијата на активностите од Програмата за развој на приватниот сектор се во тек.

• Во 2010 година Владата на Република Македонија усвои Национална стратегија за одржлив развој, која опфаќа повеќе сектори како инфраструктура и транспорт, енергетика, индустрија, мали и средни претпријатија, социјални прашања - образование, здравство, вработување, рурален развој - туризам, шумарство, земјоделство, животна средина, политика и правни рамки. Целта на оваа стратегија е да се создадат услови за раст на македонската економија на долг рок, а во исто време да овозможи заштита на животната средина и подобрување на социјалните услови. Во насока кон одржлив развој е и формирањето на Националниот совет за одржлив развој во 2012 година кој има улога на советодавно тело на Владата. Започнат е и процес на подготовка на Акциски план за имплементација на Националната стратегија за одржлив развој.

• Трезорски информациски систем. Како дел од активностите за понатамошно унапредување на управувањето со јавните финансии и идно спречување на акумулирање на нови обврски, во 2013 година започна постапката за набавка за надградба на постојното софтверско решение на трезорскиот информациски систем (ТРИС) за воведување нов модул кој содржи податоци за повеќегодишните обврски на буџетските корисници. Системот е целосно функционален од 1 јануари 2014 година и овозможува целосно евидентирање и планирање на повеќегодишните обврски, што резултира со ефикасно планирање на ликвидноста и унапредување на управувањето со јавните финансии.

• Исклучување на примената на печатот во правниот промет за трговските друштва. Со измени на Законот за трговски друштва се исклучи задолжителната примена на печатот при остварување на одредени права или при спроведувањето на облигационо-правни односи во правниот промет, што директно влијае на олеснување на вршењето на дејност.

• Измена на Закон за договорен залог. Во насока на унапредување на пристапот до кредити, започната е постапка за предлог за изменување на постојната законска регулатива од областа на заложното право, во насока да се овозможи доколку предметот што е ставен како залог дава плодови, заложното право да се прошири и врз плодовите во моментот на извршување на предметот на залог со цел полесно да се наплати побарувањето на доверителот. На овој начин ќе се унапреди работењето на заложниот регистар и ќе се зајакне обезбедувањето при користење на кредити.

• Измени на Законот за парнична постапка. Со изменување на Законот за парнична постапка, за што веќе е започната постапка, ќе се овозможи директно испрашување на сведоците во судската постапка и можност за

Page 35: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

35

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

пристап до сите документи и информации кои се и индиректно поврзани со судската постапка. Целта на оваа мерка е поефикасно спроведување на судските постапки при комерцијални спорови, вклучително и спорови за договори помеѓу заинтересирани страни кои се на штета на малцинските акционери.

• Измени на Кривичниот законик. Во тек е постапка за изменување и дополнување на Кривичниот законик со која ќе се предвиди парична казна и казна затвор за лице (правно лице или физичко лице кое претставува заинтересирана страна при склучувањето на зделката) кое склучило договор меѓу заинтересирани страни со кој се предизвикува значителна имотна штета/имотна корист за правното лице или трети лица. Целта на оваа мерка е зголемена заштита на инвеститорите.

Page 36: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

36

www.vmro-dpmne.org.mk

иНВЕСТиции

Page 37: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

37

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНОМакедонија е поволна дестинација за странските инвеститори. Како резултат на реформите и активната политика на Владата за промоција на Македонија како поволна инвестициска дестинација, во Македонија во периодот 2011-2013 со работа започнаа десетина крупни гринфилд-инвестиции. Странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2011-2013 година достигнаа 660 милиони евра, а од 2007 до 2013 вкупно 1.871 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од износот на СДИ во времето на Владата на СДСМ (992 милиони евра со ЕСМ, 767 милиони евра без ЕСМ). Притоа, неколку странски компании кои инвестираа во Македонија во претходниот период, решија да инвестираат во нова, втора фабрика во Македонија, што е најдобра потврда за добриот бизнис-амбиент.Најзначајни гринфилд-инвестиции се:

• Џонсон контролс, американска компанија од автомобилската индустрија, во август 2012 година почна со изградба на втората фабрика во Македонија во ТИРЗ Штип со големина од 13.230 квадратни метри и истата официјално почна со производство во јануари 2014 година. Втората инвестиција на Џонсон Контролс во Македонија е вредна 20 милиони евра и план за вработување на 1.450 лица, а во моментот работат 1000 луѓе. Фабриката е специјализирана за производство на покривки за автомобилски седишта за европските пазари. Џонсон контролс има фабрики во над 150 држави во светот во кои работат близу 160.000 работници.

• Џонсон мети, британски производител на катализатори за автомобилската индустрија, во ноември 2013 година ја реализираше втората инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 со отворање на новиот производствен погон. Втората инвестиција е вредна 60 милиони евра и план за 300 нови вработувања. Двете инвестиции на британскиот инвеститор изнесуваат повеќе од 120 милиони евра и денес вработуваат 500 лица, а до средина на 2015 година компанијата планира да брои околу 650 лица во двата производни капацитети. Во последните неколку години Џонсон Мети стана најголем извозник од Македонија, со вкупен извоз од 630 милиони евра во 2013 година и планиран извоз од 1 милијарда евра за 2014 година.

• Кемет електроникс е американска компанија која во јули 2011 година донесе одлука за инвестирање во ТИРЗ Скопје 1 и почна со градба на фабрика со површина од 10.500 квадратни метри. Во октомври 2012 година официјално фабриката почна со производство, а вкупната инвестиција е вредна 35 милиони американски долари и вработување на околу 500 лица. Компанијата произведува кондензатори за бројни производители на оригинална опрема, провајдери и дистрибутери на електроника во светот, како: Philips, Bosch, Delphi, Foxconn, Alcatel, Dell, Ericsson, HP, Nokia, Motorola, TRW, Continental, Boeing и др. Кемет е со 85-годишна историја со седиште и два иновативни центра во Јужна Каролина, САД. Корпорацијата брои околу 20.000 вработени и достигнува продажба од 2 милијарди американски долари.

• Кромберг и Шуберт, германска компанија од автомобилската индустрија, производител на високотехнолошки производи, како кабли, кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Во декември 2011 година Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 20 милиони евра и план за вработување на 3000 лица во индустриската зона Жабени во Битола. Фабриката официјално почна да работи во октомври 2013 година и во моментот работат околу 1000 лица во 3 смени. Кромберг и Шуберт во Битола произведува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се Фолксваген, BМW, Ауди, Мерцедес.

• Дрекселмаер, германска компанија од автомобилската индустрија, производител на електронска опрема и кабелски инсталации. Во јули 2012 година Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 35 милиони евра во Кавадарци. Денес брои околу 4000 вработени во 3 смени, а планот е до крајот на 2014 година тој број да достигне до 4800 работници. Во фабриката во Кавадарци произведуваат кабелски инсталации за новата серија Мерцедес Ц класа. Дрекселмаер е гигант во автомобилската индустрија со вкупна продажба од над 2 милијарди евра и капацитет во 20 земји на четири континенти со над 35 илјади вработени.

• Ван Хол, белгиска компанија - производител на автобуси за градски и меѓуградски превоз. Во јули 2012 година Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 20 милиони евра и вработување на 500 лица во ТИРЗ Скопје 1. Фабриката почна со работа во јули 2013 и до крајот на 2013 успешно го реализира својот план, произведе и испорача 90 автобуси на американскиот пазар. Денес работат 400

Page 38: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

38

www.vmro-dpmne.org.mk

вработени, а во февруари 2014 година компанијата најави и зголемување на инвестицијата во Македонија со трета производна линија и инвестирање на дополнителни 10 милиони евра со цел проширување на производството и снабдување на пазарите во Европа. Ван Хол е семејна компанија за производство на автобуси и индустриски возила основана во 1947 година. Остварува годишен обрт од над 450 милиони евра, а над 80 отсто од производството е наменето за извоз.

• Текнохозе, италијанска компанија, членка на групацијата Витило произведува флексибилни цевки за флуиди за средни и за високи притисоци. Текнохозе ја регистрира Витек Македонија и ја купи изградената фабрика во ТИРЗ Скопје 1 каде произведува хидраулични спојки за висок притисок и армирани гумени црева за автомобилска индустрија, градежништво и други индустрии почнувајќи од јануари 2012 година. Инвестицијата изнесува 10 милиони евра и во моментов се вработени 40 лица. Во октомври 2013 година компанијата ја најави својата втора инвестиција во Македонија и инвестирање на дополнителни 11 милиони евра. Во тек е градбата на новата фабрика во ТИРЗ Скопје, која ќе биде четири пати поголема од постојната и се планира да почне со производство во октомври 2014 година, а вкупниот број на вработени да достигне 150 лица.

• Продис, дел од руската групација Протек груп од областа на фармацевстката индустрија. Во октомври 2012 година започна со работа во новоизградената фабрика во ТИРЗ Скопје 1 на површина од 4.500 m². Инвестицијата е вредна над 5 милиони евра и отвори 130 нови вработувања. Во октомври 2013 година Продис најави нова инвестиција, а новата фабрика треба да почне да се гради во април 2014 година, а ќе се произведуваат хомеопатски препарати и козметика и градење, а во план е и приспособување на постоен објект за откуп, обработка и за стерилизација на репроматеријали. Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра, од кои 7 милиони евра за изградба на фабриката, а 8 милиони евра за објектот за откуп и обработка. Планирано е во следните две години да се вработат од 100 до 200 лица. Протек груп е најголема фармацевтска компанија во Русија со годишен обрт од 4 милијарди американски долари и преку 12 илјади вработени на глобално ниво.

• Стил кон е холандска компанија за челични конструкции која заедно со холандскиот партнер Герлико груп во септември 2011 година отвори нов современ погон за преработка на арматурно железо во Куманово. Инвестицијата е вредна 3.5 милиони евра и има 100 вработени. Фабриката се простира на површина од 2.600 квадратни метри, а пласманот на арматурното железо е обезбеден за неколку проекти што ќе се реализираат во Македонија и во странство.

• Гришко, руска компанија, светски производител на балетска опрема во март 2013 година почна со производство на балетанки во селото Слепче, Демир Хисар. Инвестицијата овозможи вработување на 80 лица. Во август 2013 година компанијата го најави и проширувањето на производството во Македонија со отворање на нов погон во Демир Хисар и вработување на дополнителни 150 вработени.

• Амфенол, американска компанија од автомобилската индустрија. Во јануари 2014 година и официјално ја најави својата браунфилд-инвестиција во Кочани вредна 6 милиони евра и вработување на 1500 лица до 2018 година. Во моментот компанијата брои 70 вработени во Кочани и произведува конектори за автомобилската индустрија во постојниот производствен капацитет на Атом Кочани. Компанијата планира да го прошири производството и во друга област од своето работење и да произведува и базни станици во фабриката во Кочани. Амфенол е светски лидер  во производството на интерконекциски производи наменети за автомобилската индустрија, но и за железница, комуникациска опрема за мобилна телефонија, авионска индустрија, електроника и индустриски апликации.

• Ван Пајнброк текстил, холандска компанија од областа на текстилната индустрија. Во септември 2012 година донесе одлука и започна со изградба на фабрика во индустриската зона во селото Кадино, општина Илинден. Во октомври 2013 година фабриката беше официјално пуштена во работа, а се произведува работна и заштитна опрема. Во производствениот погон со површина од 2.500 квадратни метри се вложени 2 милиони евра и во него работат 100 лица, а компанијата планира во првиот квартал од 2014 година да отвори и трета производна линија.

• Текспорт, австриска компанија од текстилната индустрија, во ноември 2011 година донесе одлука за инвестирање во својата трета фабрика за производство на работна облека за заштита од вода и од пожар во Македонија, во Виница. Во првите две фабрики во Скопје и во Кочани, Текспорт вработува околу 400 луѓе. Инвестицијата во Виница е вредна 1 милион евра со 200 вработувања.

Page 39: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

39

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

СДИ што се започнати и предвидено е да се реализираат во 2014 година:

• Кофикаб е производител на кабли од Тунис, директен доставувач на Дрекселмаер и на Кромберг и Шуберт. Во моментот имаат неколку вработени за локалните потреби на компанијата, а во текот на 2014 година планираат да изградат фабрика во Кавадарци и вработат до 150 работници. Инвестицијата ќе изнесува од 10 милиони евра со 2 линии за екструзија на кабли.

• Маркарт е германски производител на автомобилски делови за Мерцедес, Ауди и БМВ, произведува електронски клучеви, контролни табли за управувачи, централни конзоли за врати и прозорци. Во декември 2013 Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 35 милиони евра и план за вработување на над 600 луѓе, од кои една третина се инженери. Производствениот објект ќе биде сместен во Велес на површина од околу 15.000 квадратни метри, а изградбата ќе почне во април 2014 година. Фабриката ќе започне со производство во првиот квартал на 2015 година. Компанијата е основана во 1925 година и на глобално ниво брои над 7000 вработени, со свои претставништва во Европа, Азија и во Африка.

• Истем Медикал е турска компанија од областа на медицината која во април 2013 година донесе одлука да инвестира 8 милиони евра во Македонија и вработи 250 лица во период од 10 години во ТИРЗ Скопје.

• Менсан е турска компанија од автомобилската индустрија која во декември 2013 година донесе одлука да инвестира во ТИРЗ Скопје и да вработи 100 лица. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра, ќе започне со реализација оваа година, а компанијата ќе произведува дискови за сопирачки за автомобилскиот сектор.

• Ендава е британска компанија која се занимава со развивање на софтвер. Во февруари 2014 година донесе одлука да инвестира во Македонија 2 милиони евра и вработи 450 ИТ-инженери. Ендава работи на развој на софтвери за најдобрите 500 мултинационални компании од листата на „Форчн“ од банкарскиот, осигурителниот и телекомуникацискиот сектор, во првата фаза од инвестицијата ќе отвори дистрибутивен центар за изработка на софтвери во Скопје. Ендава има свои канцеларии во Франкфурт, Њујорк, Атланта Глазгов, Оксфорд, Романија и во Молдавија.

• Константиновски плант оф металурџикал екипмент (КПМЕ), украинска компанија за преработка на бакар, во март 2014 година донесе одлука да инвестира во Македонија. Инвестицијата е вредна 200 милиони долари, со план за вработување на 500 лица. Компанијата планира најпрво да направи детални геолошки истражувања на три наоѓалишта во Македонија со веќе добиени концесии и тоа во околината на Валандово и во Старо Нагоричане, близу Куманово. Процесот на истражување се очекува да заврши до крајот на 2014 година, по што ќе следи изградбата на фабриката, која ќе биде во близина на рудникот. Фабриката треба да почне со работа на крајот на 2015 год. Или на почетокот на 2016 година.

• Холандска странска инвестиција на компанијата ИД Балкан ДООЕЛ Тетово во февруари 2014 година започна со изградба на фабрика за производство на печурки во индустриската зона Овче Поле во близина на Свети Николе. Компанијата планира во првата фаза од инвестицијата да вложи околу 3.5 милиони евра додека за пет години севкупната инвестиција се проценува на 25 милиони евра и нови 450 вработувања.

• Епл Ленд, компанија од Дубаи, во февруари 2014 година почна со изградба на откупно дистрибутивен центар за преработка и за складирање на јаболка во индустриската зона Макази близу Ресен. Во првата фаза е предвидена инвестиција вредна 5 милиони евра за изградба на капацитет од 5000 тони, а во фаза 2 и 3 е предвидено реализирање на целта за складирање на 10.000 тони јаболка и вработување на околу 100 лица. Вкупната инвестиција ќе изнесува 10 милиони евра.

• Антура, холандска компанија од областа на хортикултурата, во февруари 2014 година донесе одлука за инвестирање во Кочани. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра и ќе бидат вработени 300 лица. Антура од Кочани ќе продава расади на орхидеи на странските пазари, првенствено на западноевропските. Планот на компанијата во Македонија е до средината на 2014 година да заврши градбата на фабриката, кога би почнало и пробното производство.

Page 40: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

40

www.vmro-dpmne.org.mk

• Продолживме со изградба и развој на ТИРЗ

Развој на Технолошко-индустриски развојни зони на 14 локации низ Македонија. Завршување со изградбата на ТИРЗ Скопје 1, Скопје 2, Штип и Тетово и развој на останатите ТИРЗ:

• ТИРЗ Скопје 1 (140 ха): изградени се терминал за товарни возила, потисен цевковод, резервоар и разводна водоводна мрежа, бунарско подрачје, продолжува изградбата на канали и изведба на улица 7 со придружни хидротехнички инфраструктурни објекти (во тек е изведбата, се очекува да се заврши до 28.03.2014 година).

• ТИРЗ Скопје 2 (96 ха): изградена е заштитна ограда и во 2013 година зоната е функционална. Во тек е изведба на булевар А (се очекува да заврши до 31.03.2014 година).

• ТИРЗ Штип (206 ха): изградбата на инфраструктурните објекти е завршена. Добиено е Решението за измени во тек на градење за објектите во рамки на зоната. Ќе се почне со спроведување на технички прием на објектите во опфатот на зоната. За инфраструктурните објекти надвор од зоната во тек е впишување на имотот од трајна експропријација на име на ДТИРЗ. Изградена е ограда со елементи, изведено улично осветлување по должината на булеварот. Завршена е изведба на сервисни улици во ТИРЗ Штип. Изграден е времен административен објект. Завршена е изведба на електрични инсталации од трафостаница во ТИРЗ Штип до резервоар.

• ТИРЗ Тетово (96 ха): потпишан е договор за јавно-приватно партнерство. Во тек е избор на Надзорен орган за контрола над градежни активности околу изградба на инфраструктурата на ТИРЗ Тетово – тендерската постапка за избор на надзорен орган се очекува да заврши во текот на мај 2014 година. Спроведени се тендерски постапки за изработка на проектна документација и ревизија за ТИРЗ Тетово надвор од зона.

• ТИРЗ Кичево – опфат 1 (15 ха): завршена прва фаза од изградба на основна внатрешна инфраструктура. Во тек е постапка за започнување на втора фаза од изведба на основна внатрешна инфраструктура до степен ТИРЗ Кичево да биде функционална. Избран е изведувач за ТИРЗ Кичево за изведба на инфраструктура внатре во зоната и во тек е избор на надзорен орган за ТИРЗ Кичево. Се очекува истата да биде функционална за 12 месеци.

• ТИРЗ Прилеп (65 ха): завршена е првата фаза од изградба на основната внатрешна инфраструктура. Завршена е изведбата на дел од основната инфраструктура на зоната. Следните градежни активности ќе зависат од заинтересираноста на инвеститорите.

• ТИРЗ Струмица (23 ха): Изведбата на дел од основната внатрешна инфраструктура во рамките на првата фаза е во тек и се очекува истите да завршат во месецот март 2014. Доградбата на другите фази ќе продолжи во зависност од заинтересираноста на инвеститорите.

• ТИРЗ Струга (29 ха): Постапката за основање е во тек. Изработена е проектната документација за основната внатрешна и надворешна инфраструктура. Градбата на зоната може да започне по основање на истата.

• ТИРЗ Радовиш (11 ха): Основни проекти се изработени и истите се ревидирани. Постапката за основање на зоната е во владина процедура и се очекува да се основа во првата половина од 2014 година. По основањето на зоната ќе се започне со постапка за изградба на прва фаза од основна внатрешна инфраструктура.

• ТИРЗ Гевгелија (50 ха): завршена е првата фаза од изградбата на основната внатрешна инфраструктура. Првата фаза од градбата е завршена во 2013 година. Следните градежни активности ќе зависат од заинтересираноста на инвеститорите.

• ТИРЗ Ранковце (44 ха): Изведбата на дел од основната внатрешна инфрaструктура во рамките на првата фаза е во тек и се очекува истите да завршат во април 2014. Доградбата на другите фази ќе продолжи во зависност од заинтересираноста на инвеститорите.

• ТИРЗ Берово: Изработена е планска документација за зоната и истата е усвоена. Во тек се геомеханички и хидрогеолошки истражни работи, кои се очекува да се завршат во април 2014 година. Спроведени се

Page 41: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

41

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

тендерски постапки за изработка на проектната документација и ревизија за ТИРЗ Берово во и надвор од зоната – во месец март ќе се изберат економските оператори и ќе се завршат постапките. Паралелно со овие активности во тек е и постапката за основање на зоната.

• ТИРЗ Виница: Изработена е планска документација за зоната и истата е усвоена. Во тек се геомеханички и хидрогеолошки истражни работи и се очекува да се завршат до април 2014 година. Спроведени се тендерски постапки за изработка проектна документација и ревизија за ТИРЗ Виница во и надвор од зоната – во март ќе се изберат и ќе се завршат постапките. Паралелно со овие активности во тек е и постапката за основање на зоната.

• ТИРЗ Делчево: Изработена е планска документација за зоната и истата е усвоена. Во тек се геомеханички и хидрогеолошки истражни работи, а се очекува да се завршат до април 2014 година. Спроведени се тендерски постапки за изработка проектна документација и ревизија за ТИРЗ Делчево во и надвор од зоната – во март ќе се изберат и ќе се завршат постапките. Паралелно со овие активности во тек е и постапката за основање на зоната.

• Македонските ТИРЗ рангирани меѓу најдобрите во светот. Во студијата „Рангирање на економските региони на иднината 2014/15“, издадена од „ФДИ- магазинот“ (Financial Times Ltd), неколку региони и градови во Македонија се наоѓаат меѓу најдобрите. Анализата врши рангирање според следните категории: економски потенцијал, човечки капитал и животен стил, ценовна ефикасност, инфраструктура, деловна соработка и ФДИ-стратегија. Притоа оценувани се 468 локации по градови и региони и 180 ФДИ-стратегии. Македонските градови и региони што беа оценувани, се најдоа меѓу првите 10 места во вкупно 9 категории, при што кај 3 категории сме прворангирани.

Во групата региони:

- ТОП 10 европски региони во категоријата ценовна ефикасност, регионот Охрид-Струга е рангиран на 1. место;

- ТОП 10 мали европски региони во категоријата ценовна ефикасност, регионот Охрид-Струга е рангиран на 1. место;

- ТОП 10 јужноевропски региони во категорија ФДИ-стратегија, регионот Охрид-Струга е рангиран на 6. Место.

Во групата градови:

- ТОП 10 мали европски градови во категоријата ценовна ефикасност, Скопје е рангиран на 1. место;- ТОП 10 микро европски градови во категоријата ценовна ефикасност, Штип е рангиран на 1. место, а

втората позиција му припадна на градот Велес;- ТОП 10 јужноевропски градови во категоријата ФДИ-стратегија, Скопје е рангиран на 5. место;- ТОП 10 јужноевропски градови, Скопје е рангиран на 8. место;- ТОП 10 мали европски градови во категоријата business friendliness (поволна бизнис-клима), градот Скопје

е рангиран на 10. место;- ТОП 10 мали европски градови во категоријата ФДИ-стратегија, градот Скопје е рангиран на 10. место.

Високите позиции на македонските градови и региони според ценовната ефикасност, деловната соработка и ФДИ-стратегијата се уште еден показател дека спроведените реформи за подобрување на бизнис-климата и инвестициската политика ја позиционираат Македонија меѓу врвните европски и светски дестинации за водење бизнис. Особено е значаен фактот што во сите ФДИ рангирани градови и региони лоцирани се технолошко-индустриски развојни зони, што е дополнителен мотив за странските инвеститори сериозно да ја разгледуваат Македонија како потенцијална бизнис-дестинација.

Исто така, во изданието на ФДИ „ТОП Проекти 2012“ следени се над 16.000 гринфилд-проекти од различни сектори низ светот. Добитник за „Најдобар производствен капацитет“ е германската компанија Дрекселмаер во Македонија со инвестиција од 35 милиони долари и 4500 вработени.

• Промотивни настани. Во функција на директна промоција на економските потенцијали и поволности на Република Македонија пред потенцијалните странски инвеститори, Република Македонија е присутна

Page 42: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

42

www.vmro-dpmne.org.mk

на настани што овозможуваат директен контакт со бизнис-заедницата во дефинираните целни групи земји. Станува збор за учество на меѓународни саеми, бизнис-форуми, roadoshows, промотивни настани, бизнис-самити и конференции. Учеството на овие настани значително придонесува за промоција на земјата како атрактивна бизнис-дестинација и го зголемува интересот за нашата земја. Особено значаен сегмент од претставувањето на овие настани е можноста за директни средби со странските компании и потенцијални инвеститори.

- Тим Македонија реализираше над 50 roadoshows во 32 земји, Холандија, Белгија, Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Австрија, Унгарија, Германија, Велика Британија, Ирска, Франција, Италија, Швајцарија, Русија, Украина, Казахстан, Азербејџан, Хрватска, Соединетите Американски Држави, Аргентина, Бразил, Мексико, Канада, Индија, Малезија, Сингапур, Кина, Јапонија, Турција, Катар, Обединетите Арапски Емирати, во кои преку одржување бизнис-форуми беа презентирани бизнис-поволностите и можностите за инвестирање во Македонија.

- Во насока на бизнис-промоција на Македонија, воспоставување на релации со светските бизнис-лидери и организирање на roadoshows, се спроведе кампања во соработка со Financial Times во која се реализираа 6 настани во повеќе градови во Европа, а предвидено е да се организираат уште 7 настани под насловот „Investing in Macedonia“ во Северна Америка и во Азија.

- Магазинот Форбс (Forbes) објави 2 написи од серијалот Country Report Macedonia, а во текот на 2014 следат уште 2 написи од истиот серијал.

• Економски промотори. Во низата активности на Владата за промовирање на Македонија како најповолна бизнис-дестинација спаѓаат и економските промотори. Нивната цел е воспоставување на непосредни контакти со идентификувани целни компании, локални стопански комори и други бизнис-асоцијации. За таа цел ангажирани се 26 промотори во следниве држави: Австрија, Албанија, Азербејџан, Белгија, Германија (3), Италија, Канада, Катар, Велика Британија (2), Полска/Унгарија, Русија (2), САД (3), Србија/Бугарија, Турција (3), Холандија, Шведска, Швајцарија, Јужна Америка, Мексико и Обединетите Арапски Емирати.

• Проект www.brownfields.investinmacedonia.com. Изработена е интерактивна база на парцели и неискористени индустриски објекти од сите региони на територијата на Македонија. Оваа база со браунфилд-локации е достапна за потенцијалните странски и домашни инвеститори, и истата содржи податоци за производствени и административни капацитети, логистички центри, и други објекти и земјоделско земјиште. Базата e јавно достапна http://brownfields.investinmacedonia.com/ и истата на заинтересираните инвеститори им дава лесен пристап до бараните податоци за реализација на нивните браунфилд-инвестиции во Македонија.

• Во март 2014 година беше формиран и започна со работа Интернационалниот совет на реномирани директори, составен од менаџери на успешни странски компании од САД и од Велика Британија. Целта на новоформираниот интернационален Совет е зголемување на странските инвестиции во Македонија преку искористување на деловните контакти и бизнис-релации на членовите на Советот и директна комуникација со одговорните личности во големите глобални компании кои се клучни при донесувањето одлуки за инвестирање во други земји.

• Медиумски промотивни активности за привлекување СДИ. Во однос на промоцијата на инвестициските можности на Република Македонија и привлекувањето на странски директни инвестиции во земјата, ќе се продолжи со спроведувањето на овие активности, и континуирано ќе се работи на унапредување на процесот и надградување на методите на работа во оваа област, а сè со цел зголемување на конкурентноста на нашата земја и постигнување на поголеми резултати.

За промотивната медиумска кампања „Invest in Macedonia“ се селектираа влијателни телевизиски медиуми кои според рејтингот на гледаност и публиката на која се обраќаат, одговараат на целната група на кампањата. Со оваа активност продолжи градењето на имиџот на земјата како атрактивна бизнис-дестинација, преку презентирање на позитивните искуства на постојните странски инвеститори во земјата кои преку серија промотивни спотови сведочеа за позитивната клима за инвестирање во земјата и ја препорачуваат Македонија како поволна дестинација за водење бизнис. Станува збор за 14 сведоштва на првите луѓе на следните странски инвеститори во земјата: Johnson Matthey, Johnson Controls, T-Home, Arcelor Mittal, Binani Industries, Imperial Tobacco, EVN, Knauf, Jugohrom, SASA, Teknohose,

Page 43: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

43

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Duferco и Lukoil. Кампањата се реализираше на следните медиуми:

- CNN за регионот на Европа, Среден Исток, Азија и Африка,

- CNBC за регионот на Европа,

- Euronews за регионот на Европа, Средниот Исток и Африка,

- SKY News/Fox за регионот на Европа, Средниот Исток и Африка,

- Bloomberg за регионот на САД и Европа, Средниот Исток и Африка,

- NTV за регионот на Германија.

Покрај кампањите се реализираа и серија едиторијали со што се обезбеди програмско покривање на Македонија во рамки на редовната програма на овие ТВ канали. Како резултат на ваквите активности, беше инициран интерес од врвни странски медиуми кои реализираа емисии, ТВ прилози, односно написи посветени на Македонија. Меѓу останатите се реализираа и следните позначајни медиумски проекти:

- Во рамките на ТВ каналите на CNN, реализирана е промоција на Македонија преку програмата „Business Traveller“ со Richard Quest и преку програмата „Eye on Macedonia“ на CNN;

- CNBC – „The FDI Files“ програма посветена на условите за инвестирање во Македонија. Снимени се 3 прилози со изјави и сведоштва за искуствата на странските инцвеститори кои веќе работат во земјата;

- Travel Channel - емитување на 40-минутна програма „Essential Macedonia“;

- Euronews – изработка на 3 оригинални едиторијал програми „Macedonian Life“. Програмите се преведени и се емитуваат на 10 различни јазици;

- Euro Sport - Sport Destination, продукција на програма во која Македонија беше претставена како атрактивна дестинација за спортување;

- Russia 2, Russia 24 и My Planet – продуцирани се 2 документарни емисии посветени на Македонија со фокус на Македонија и Охрид;

- France 24 - продукција на 40-минутна програма „Europe District“ со фокус на Македонија која се емитуваше 8 пати во рок од 4 недели.

• Односи со јавност со странски медиуми. Исто така, се спроведува интензивна комуникација со странските медиуми, со цел е создавање позитивна слика за Македонија како инвестициска дестинација, но и генерално креирање на позитивна слика за Македонија. Како резултат на овие активности, од страна на странските новинари се продуцираа независни мислења за Македонија, при што би ги истакнале следните позитивни написи, едиторијали и текстови во магазини од автомобилската индустрија:

- European Times – издание целосно посветено на Република Македонија;

- Euronews – специјален прилог посветен на Македонија, на тема „е-агро берза преку смс“;

- Bloomberg TR - телевизиско интервју со економскиот промотор во Турција;

- China’s Foreign Trade Magazine – Eye on China, колумна на економскиот промотор во Кина;

- Il sole 24 ore – Италија – едиторијал посветен на Македонија;

- Ladevi ediciones – Аргентина – интервју посветено на туристичките потенцијали на Македонија;

- El mundo – промотивен едиторијал за Охрид;

- The Manufacturer Magazine – Лондон – интервју;

- Nova TV и HRT Hrvatska – промотивни прилози посветени на македонското вино и винариите;

- Телевизија Dost, Турција - репортажа за инвестициските потенцијали на Македонија;

- Gulf Times - едиторијал посветен на туристичките потенцијали на Македонија;

- Аutomotive News и Automotive News Europe;

- Automobile Produktion;

- Automobilewoche.

• Организирање и присуство на релевантни конференции, саеми и конгреси. Еден дел од промоцијата на Македонија го опфаќа и присуството на конференции, саеми и конгреси, како начин за презентирање

Page 44: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

44

www.vmro-dpmne.org.mk

на бизнис-климата и можностите за инвестирање. Присуството на овој вид настани овозможува презентирање на Македонија со свои штандови, одржување на континуитет во релациите со компаниите, воспоставување нови контакти, реализирање на директни контакти, поединечни средби и презентации. На годишно ниво се посетуваат следните седум настани:

- ОЕSA 2012 и 2013 Outlook Conference во Детроит организирана од Здружението на производители на компоненти од САД - Original Equipment Suppliers Association;

- Automotive News World Congress во Детроит - Светски конгрес за автомобилска индустрија во Детроит, настан што претходи на најважниот годишен автомобилски настан во светот North American International Auto Show (NAILS);

- SAE 2013 Автомобилски светски конгрес и егзибиција во Детроит и Мичиген;- Automotive News Europe Congress – овој конгрес е континуитет на Светскиот автомобилски конгрес одржан

во Детроит;- Automotive Parts Manufacturers’ Association во Канада, Виндзор – Годишна конференција организирана од

страна на асоцијација на канадски производители на авто компоненти;- Global Automotive Components And Suppliers - автомобилски саем во Германија, Штудгарт;- Automobilwoche Congres во Берлин, Германија.

Во периодот 2011-2013 година, Македонија обезбеди учество и на:- Investing In The Western Balkans – во организација на Европската банка за обнова и развој (EBRD);- Automobil Produktion China Congress во Кина, Гуанжу - организиран од германската издавачка куќа

Automobil Produktion, коорганизатори се Агенцијата за промоција на меѓународната трговија на Кина и Германската асоцијација за автомобилска индустрија (VDA);

- Во соработка со Владата на РМ и бизнис- заедницата се организираше форум „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании што имаат потенцијал да станат нивни доставувачи“, Македонија, Скопје.

- Partnership Summit - Меѓународен самит во Индија, Бангалор, организиран од Стопанската комора на Индија;

- Partnership Summit 2013 Утар Прадеш, Индија;- Medical Device Congress;- World Congress Qatar;- Shanghai EXPO - промовирање и размена на идеи и развој на светската економија, култура, наука и

технологија, за да се овозможи изложувачи да се рекламираат и да се презентираат нивните достигнувања, како и да се подобрат меѓународните односи.

• Договори за поттикнување и заемна заштита на инвестиции. За да ги привлечеме странските инвеститори ги интензивиравме активностите за склучување на договори за поттикнување и заемна заштита на инвестиции. Во периодот 2011-2014 влегоа во сила договорите со Словачка, Црна Гора, Литванија, Азербејџан, Мароко и со Иран, беа ратификувани договорите со Катар и со Казахстан и беа парафирани договори со Израел и со Косово. Започнати се и преговори со Канада, која е земја-членка на ОЕЦД и значаен потенцијален инвеститор во Република Македонија. Досега во сила се влезени се 37 меѓународни договори за поттикнување и заемна заштита на инвестиции, 6 договори се парафирани и во тек е нивно потпишување, а 3 договори се во фаза на преговори.

• Договори за избегнување на двојно оданочување. Во 2011 година усогласен и потпишан е Договорот за избегнување на двојно оданочување со Косово, потпишани се договорите со Азербејџан и со Норвешка. Во 2011 договорот со Норвешка е ратификуван и влезе во сила. Исто така, во 2011 година почнато е со примена на Договорот за избегнување на двојно оданочување со Германија. Во 2012 година усогласени се текстовите на договорите со Виетнам, Индија и Казахстан, потпишан е договорот со Казахстан, но и договорите со Кувајт и Луксембург. Исто така во 2012 година ратификувани се договорите со Казахстан, Косово, Кувајт и со Луксембург и влезе во сила договорот со Мароко. Во 2013 година усогласен е текстот на Договорот за избегнување на двојно оданочување со Сингапур и со Туркменистан, потпишан е договорот со Индија, а ратификуван е договорот со Азербејџан. Исто така, во 2013 година влегоа во сила договорот со Азербејџан и со Луксембург и отпочна со примена на договорот со Мароко. Во 2014

Page 45: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

45

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

година ратификуван е Договорот со Босна и Херцеговина, влезе во сила договорот со Иран и отпочнато е со примена на договорите со Азербејџан и со Луксембург. Досега во сила се влезени 39 меѓународни договори за избегнување на двојно оданочување, дополнителни 5 договори се ратификувани од наша страна и следи ратификација од другата страна, а уште 5 договори се во фаза на потпишување и ратификација.

• Во периодот 2011-2013 склучени се договори за економска соработка со следните земји: Црна Гора, Унгарија, Романија, Република Казахстан и Словачката Република.

• Донесен е Закон за концесии и јавно-приватно партнерство со кој се регулираат прашањата кои се однесуваат на договорите за воспоставување на јавно-приватно партнерство и концесиите на добра од општ интерес. Се воспостави и Регистар за доделените договори за воспоставување на јавно-приватно партнерство. Досега во Регистарот се впишани податоци за вкупно 15 склучени договори за воспоставување на ЈПП, кои главно се однесуваат на проекти кои се реализираат од страна на локалната власт. Во 2013 година се формира и Советот за јавно-приватно партнерство, како советодавно тело на Владата на Република Македонија.

• Донесен е Закон за индустриски зелени зони, со кој е предвидено формирање на зелени зони каде што има низок степен на загадување на животната средина во кои ќе се применуваат напредни технологии кои штедат енергија и ги минимизираат негативните ефекти врз животната средина. Во зелените зони можат да се вршат дејности од лесна и незагадувачка индустрија, како што се производство на органска храна, на електрична енергија од обновливи извори и производство на база на рециклирање на материјали.

• Формиран е Геолошки завод на Република Македонија, во кој се вршат сите истражувачки, стручно аналитички и други работи од областа на основните геолошки истражувања кои се од јавен интерес на Република Македонија. Геолошкиот завод е надлежен за националната програма за управување со минералните суровини, изработка на основните геолошки, хидрогеолошки, инженерско-геолошки, геохемиски и сеизмотектонски карти и други геолошки карти. Со својата работа Геолошкиот завод придонесува за развој на рударскиот сектор и правилно искористување на минералните суровини во Република Македонија.

• Донесен е нов Закон за минерални суровини со кој се воведе и се имплементира информатички систем за електронско јавно наддавање преку порталот www.eokoncesii.com, со што се постигна поголема транспарентност, ефикасна и упростена постапка за доделување на концесиите и дозволите, како и постигнување на поголеми приходи во државниот буџет и буџетот на општините. Кај концесискиот надоместок уделот за општините е зголемен, односно 78% од надоместокот оди во буџетот на општините, а 22% во државниот буџет. Истовремено направена е реформа во инспекциските служби со вработување на повеќе инспектори како и чек-листа за инспекциските контроли. Во Законот за минерални суровини предвидени се и инспекциски истражувања на енергетските ресурси во Република Македонија како и добивање на детална геолошка карта на Република Македонија.

Ефекти од реализираните реформи во областа на минералните суровини

Година Доделени концесии

Платен концесиски надоместок Вработувања Инвестиции

2010 78 420.000.000 ден. 235 70.000.000 ден.2011 51 523.000.000 ден. 255 72.500.000 ден.2012 77 530.000.000 ден. 310 95.000.000 ден.2013 149 570.000.000 ден. 590 135.000.000 ден.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО / ВО ТЕК• Започна со реализација проектот за отворање рудник за злато и бакар во Иловица. Вкупната инвестиција

на канадската компанија Еуромакс ќе изнесува над 500 милиони долари кои ќе бидат реализирани во текот на следните пет години. Дополнително ќе се вложат 100 милиони долари годишно за развој на рудникот. За време на изградбата ќе бидат ангажирани од 300-400 лица, додека по изградбата на рудникот за бакар и злато, кој треба да биде готов за најмногу пет години, ќе се вработат од 500-600 лица. Индиректно или дополнително, ќе бидат ангажирани 200-300 работници преку компании под

Page 46: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

46

www.vmro-dpmne.org.mk

изведувачи, што значи дека збирно, само во фазата на изградба ќе бидат вклучени над 700 лица како нови вработувања. Оваа инвестиција ќе понуди нови вработувања за стручен кадар од сите делови на земјата. Истовремено ќе овозможи и работа за многу помали компании, што дополнително и индиректно ќе повлече нови вработувања.

• Потпишан е договор за концесија со „Скопски легури“ ДООЕЛ Скопје  со што ќе започне со работа рудникот за манган „Стогово“ лоциран во Кичево. На локалитетот „Стогово“ се утврдени околу 15 милиони тони рудни резерви со просечна содржина на манган од 24,4%. Новата инвестиција значи и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население и локалниот економски развој во Западна Македонија, како и за националната економија.

• Доделени се концесии за детални геолошки истражувања на 3 локации (Казандол, Плавуш и Петрошница) за метални минерални суровини – бакар, злато, сребро, молибден и др. на странски инвеститор. Доколку во фазата на деталните геолошки истражувања се добијат позитивни резултати и има економска оправданост за експлоатација на минерални суровини, концесијата за експлоатација ќе се додели со услов идниот концесионер на локалитетот Казандол во рок од две години од доделувањето на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда.

• Започна изградбата на фабрика за производство на вода на хрватската компанија „Мали Лошињ“ во дебарското село Гари. Се работи за странска гринфилд-инвестиција, која е директен резултат на напорите на Владата за промовирање на условите за водење бизнис. За Дебар и дебарскиот регион новата фабрика за вода ќе значи раздвижување на локалната економија, отворање нови работни места и ангажирање на помали фирми произведувачи. Компанијата планира целокупното свое производство да го пласира на странски пазари, со што директно ќе се подобри извозот на земјава и ќе се намали трговскиот дефицит.

ПРиСТАП ДО ФиНАНСиСки СРЕДСТВА

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• Директна кредитна поддршка на извозни компании. Со цел подобрување на пристапот до кредитни средства на извозните компании, МБПР кон крајот на 2011 година отпочна со директна кредитна поддршка на извозните компании под следните услови: максимален износ на кредитот до 1.000.000 евра, рок на отплата до 2 години и фиксна годишна каматна стапка од 6%. Исто така, во текот на 2012 година се отпочна и со директна кредитна поддршка на извозни компании кои вршат извоз на земјоделски производи под следните услови: максимален износ на кредитот до 300.000 евра, рок на враќање до 1,5 години за обртни средства и до 5 години за инвестиции и фиксна годишна каматна стапка од 3%.

• Извозен факторинг. Со цел олеснување на пристапот до финансиски средства на извозните компании, МБПР кон крајот на 2011 година го имплементира финансискиот производ извозен факторинг под следните услови: фиксна годишна каматна стапка од 7%, рок на враќање согласно со рокот на плаќање на извозните фактури. Од имплементирањето на финансискиот производ извозен факторинг до крајот на 2013 година, МБПР има откупено и финансирано извозни побарувања во вредност од 13.600.000 евра. МБПР има откупено извозни побарувања од купувачи од следните земји: Србија, БиХ, Германија, Франција, Романија, Бугарија, Словенија, Хрватска и др. Преку инструментот извозен факторинг, МБПР има поддржано извозници од различни индустрии: кондиторска, винска, конзервна, автомобилска, производството на огноотпорни материјали, производството на електрични апарати, производството на цевки и др.

• Осигурување на кредити за подготовка на извозот. Овој инструмент е наменет за поддршка на перспективни и брзо растечки компании кои имаат квалитетни извозни програми со докажани способности за извоз на капитални добра на странските пазари. Осигурувањето на кредити за подготовка на извоз ќе го користат деловните банки кога клиентот-извозник поради недостаток на обртен капитал за подготовка на извозот има потреба од финансиски средства, а истовремено не е во можност да понуди вообичаен колатерал прифатлив

Page 47: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

47

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

за деловните банки. Во финална фаза е изработка на овој финансиски производ и во тек се преговори со реномирани реосигурителни компании.

• Осигурување на кредити за купувачи од странство на македонски производи, осигурување на македонски инвестиции во странство, издавање на тендерска гаранција на градежни компании кои работат во странство и осигурување на извоз на капитални добра. По однос на реализација на овие инструменти, МБПР во соработка со Министерството за финансии изработи Предлог-закон за осигурување и финансирање на извозот на РМ, кој ќе биде доставен до Владата по завршувањето на изборите. За ефикасно имплементирање на погореспоменатите инструменти, МБПР работи на обезбедување на техничка помош за имплементирање на овие инструменти од ИПА-фондовите.

• Проект за финансирање на инфрастуктурни проекти во општините со средства од Светската банка. Завршена е првата фаза, а во тек е втората фаза од овој проект со кој се обезбедуваат поволни заеми за општините наменети за финансирање на инвестиции во инфраструктурата. Проектот овозможува финансирање на капитални општински проекти од водоснабдувањето, канализацијата и одведувањето на отпадните води, локалната патна инфраструктура, енергетската ефикасност, комуналните услуги и другите приоритетни општински проекти. Досега 50 општини изразија интерес за користење на оваа кредитна линија, а договори се склучени со 34 општини во вкупна вредност од 21 милион евра, додека со останатите 16 општини се очекува склучување на договори во 2014 година за проекти во вкупна вредност од 15,8 милиони евра. Остануваат нераспределени средства во износ од 11,2 милиони евра кои ќе се распределуваат во периодот 2014-2016 година во зависност од интересите на општините.

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ - МСИП 1

ОПШТИНА ВИД НА ПОТПРОЕКТ СТАТУС

КочаниРеконструкција на дел од водоводната мрежа Реализиран

Грант - Реконструкција на улицата „Крум Вранински“ Реализиран

Богданци Промена на улично осветлѕвање Реализиран

Град СкопјеНабавка на основни средства за одржување на јавната хигиена Реализиран

Грант - Набавка на 2 комунални возила Реализиран

Пехчево Набавка на возило за собирање отпад Реализиран

ВевчаниНабавка на возило за собирање отпад и багер Реализиран

Грант за изградба на пристапна улица до ново ОУ Реализиран

Крушево

Набавка на возило за собирање отпад Реализиран

Грант - Изградба на пешачка улица во населеното место Св.Митрани, општина Крушево – крак 3

Во тек

КичевоНабавка на возила за транспорт на цврст отпад Реализиран

Реконструкција на улицата „Маршал Тито“ Реализиран

Градско Набавка на возило, контејнери и канти за смет Реализиран

Илинден Енергетска ефикасност во јавните општински установи Реализиран

Page 48: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

48

www.vmro-dpmne.org.mk

ОПШТИНА ВИД НА ПОТПРОЕКТ СТАТУС

Новаци Енергетска ефикасност на улично осветлување на општината Новаци Реализиран

Могила Реконструкција на домот на културата Реализиран

Кисела Вода

Довршување на атмосферска мрежа во населеното место 11 ОктомвриАтмосферска мрежа на улиците „Мариовска“ и „Народни херои“

Реализиран

Рехабилитација на водоводната мрежа во населеното место Пинтија Реализиран

Босилово Изградба на мост на локалниот патен правец с.Моноспитово - с.Банско Реализиран

ВасилевоНов водоводен систем во селото Чанаклија Реализиран

Грант - Изградба на ул. „6“ во населеното место Градошарци Во тек

Гостивар Набавка на основни средства за одржување на јавна хигиена Реализиран

Прилеп Рехабилитација на улицата „М.Пијаде“ -фаза 1 Реализиран

Долнени Рехабилитација на улици Реализиран

Ѓорче Петров Изградба на сообраќајници (за остаток од заемот, изградба на дополнителни 4 улици 16.500.000 ден.)

Реализиран

Велес

Водоснабдување на Башино Село, УБ Речани, с. Отовица и УБ Езеро Младост од градскиот водоводен систем - 42.000.000 ден.

Во тек

Реконструкција на јавно осветлување на општината Велес - 23.280.373 денари

Во тек

Гостивар Подобрување на уличното осветлување – замена на постојните светилки со штедливи

Во тек

Чаир Енергетска ефикасност – Термоизолација на основните училишта и градинки

Во тек

Гази Баба Изградба на основно училиште Во тек

Илинден Инсталација на геотермални пумпи во домот на културата Во тек

Могила

Набавка на мултифункционална градежна машина - багер (дел кој се финансира од заем) Во тек

Грант - Набавка на мултифункционална градежна машина - багер

Гостивар Изградба на резервоар (нова водоводна линија) во селото Дебреше Во тек

Бутел Изградба на ново ОУ „Живко Брајковски“ - фаза 2 Во тек

Кавадарци Реконструкција на 2 основни и 2 средни училишта Во тек

Page 49: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

49

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ - МСИП 2

ОПШТИНА ВИД НА ПОТПРОЕКТ СТАТУС

Виница Набавка на 2 возила за смет Реализиран

Крива Паланка Набавка на 3 комунални возила Реализиран

Босилово Реконструкција на локални улици Реализиран

Берово Реконструкција на улици Во тек

Маврово Ростуше

Реконструкција на улици Во тек

Улично осветлување на регионалниот пат Ростушки мост -Зад Чука и Жировнички мост -млекарница Болети

Во тек

Крива Паланка Реконструкција на 9 улици, изградба на потпорни ѕидови и мост Во тек

Ранковце Реконструикција на локални улици Во тек

Петровец Реконструкција на училиште Во тек

Прилеп Реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ со улично осветлување - фаза 2

Во тек

Виница Изградба на улица и атмосферска канализација на две постојни улици.

Во тек

Пробиштип Реконструкција на улицата „Јоаким Осоговски“ Во тек

Чашка Реконструкција на локалниот пат до с. Мелница и проширување на системот за водоснабдување на с.Извор (резервоар)

Во тек

Пехчево 3 улици во с. Панчарево и с.Робово Во тек

Росоман Резервоар за вода Во тек

Радовиш Изградба на локален пат Во тек

Крушево Поставување на водомери во 5 населени места Во тек

Охрид

Набавка на 5 комунални возила (24.500.000 ден) /Атмосферска канализација во Даљан (11.925.544 ден/ Реконструкција на пат во Елшани, (8.817.211,45ден) реконструкција на две раскрници (15.076.038,92ден) на булеварот „Туристичка“. (Очекуваме проект за реконструкција на градинка - енергетски ефикасен систем, додека за атмосферската канализација во Даљан потребно е да се направи и проект за рехабилитација на коловозната конструкција).

Во тек

НеготиноРеконструкција на улицата „Партизанска“

Во текРеконструкција на улицата „Маршал Тито“

Кочани Реконструкција на улици - 10 проекти Во тек

Македонска Каменица Реконструкција на Домот на културата Во тек

Гевгелија Надградба и реконструкција на средно училиште (гимназија) Во тек

Карпош Изградба на атмосферска канализација - 5 проекти (19.710.108 денари)/Реконструкција на улици - 2 проекти (26.713.303 денари)

Во тек

Page 50: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

50

www.vmro-dpmne.org.mk

ОПШТИНА ВИД НА ПОТПРОЕКТ СТАТУС

Центар Жупа Реконструкција на главна улица со атмосферска канализација и осветлување во с.Центар Жупа

Во тек

Македонски Брод Изградба на локални патишта Во тек.

Кисела Вода Реконструкција на улици во населбата 11 Октомври Во тек.

Кавадарци Изградба на детска градинка Во тек

Брвеница Доизградба на основно училиште во с. Челопек. Во тек

БитолаИзградба на инфраструктура на територијата на поранешната касарна (водовод, атмосферска канализација, коловозна конструкција и улично осветлување)

Во тек

Липково Енергетска ефикасност на 6 основни училишта - Реновирање и санирање на објекти

Во тек

Делчево Доградба на детска градинка Во тек

Ѓорче Петров Реконструкција на сервисни улици Во тек

Град Скопје Проширување на резервоари за вода. Заеднички проект на градот Скопје, Шуто Оризари и ЈКП Водовод и канализација. Вкупната вредност на проектот изнесува 3,5 мил. евра од кои градот Скопје ќе обезбеди 1,4 милиони евра, Ш. Оризари - 0,7 милиони евра (498.000 евра од МСИП и 202.000 евра сопствени с/ва) и ЈКП Водовод и канализација - 1,4 милиони евра

Во текШуто Оризари

Кривогаштани Изградба на улица во с.Обршани/реконструкција на регионален пат

Во тек

ДебарцаИзградба на пречистителна станица и канализациска мрежа во с.Велмеј, с.Лешани и с.Грко Поле (Вкупна вредност: 39.332.001 ден.)

Во тек

Врапчиште Доводен цевковод во с.Неготино Во тек

Свети НиколеРеконструкција на улици: „Младинска“ (водоводна линија, канализација и асфалтирање) и „Крсте Мисирков“ (Вкупна вредност: 33.421.116 ден)

Во тек

Дојран Набавка на комунални возила/Потисен цевовод за водоводен систем во Дојран

Во тек

Желино Реконструкција на улица со атмосферска канализација Во тек

Сопиште Изградба/реконструкција на улици Во тек

Лозово Изградба на пречистителна станица за вода за пиење Во тек

Тетово Рехабилитација на улици/Водоснабдување Во тек

Валандово Реконструкција на улици Во тек

Зрновце Изградба на детска градинка Во тек

Page 51: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

51

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ОПШТИНА ВИД НА ПОТПРОЕКТ СТАТУС

Конче Водовод до нова туристичка населба или адаптација на напуштен интернат во детска градинка

Во тек

Ресен Изградба на патишта, водовод во рурално место Во тек

Новаци Реконструкција на детска градинка и општински објекти Во тек

Демир Капија Реконструкција на улици Во тек

Старо Нагоричане Реконструкција на улично осветлување / Систем за греење во општинска зграда

Во тек

Демир Хисар Водовод и локални патишта Во тек

Чешиново и Облешево Водовод во 4 населени места Во тек

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• Кредитна линија за финансирање на општини за реализација на проекти за прекугранична соработка (ИПА-проекти). Со цел полесна имплементација на интеграциските процеси како и избалансиран и одржлив развој на општините од пограничните региони, МБПР креира посебна кредитна линија за кредитна поддршка на општините при реализацијата на вакви проекти со следните услови: максимален износ на кредит до 300.000 евра, рок на отплата до 2 години со вклучен грејс-период до 6 месеци, фиксна годишна каматна стапка 5,75%.

• Пакет кредитни линии за финансирање на изградба на градинки и пензионерски домови. Со цел спроведување на кредитна поддршка на проекти од областа на изградбата и опремувањето на домови за стари лица и приватни детски градинки, МБПР обезбеди неколку особено поволни кредитни линии за оваа намена и во соработка со Министерството за труд и социјална политика дејствува во насока на конкретна поддршка на проекти од ваков вид.

• Пакет кредитни линии за финансирање на купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 50 легла. Со цел спроведување на кредитна поддршка на проекти од областа на купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 50 легла, МБПР обезбеди четири особено поволни кредитни линии за оваа намена.

• Намалување на каматните стапки на кредитните линии. Со цел намалување на финансиските трошоци на компаниите по основа на камати по кредити МБПР изврши намалување на каматните стапки кај неколку кредитни линии и тоа:

- кај кредитната линија за поддршка на МСП и ТОС, фиксната годишна каматна стапка се намали од 8% на 6,5%;

- кај кредитната линија за поддршка на извозот, годишната каматна стапка се намали од 8% на 6%;

- кај кредитната линија од Италијанската стокова кредитна линија, годишната каматна стапка се намали од 7% на 6%.

Page 52: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

52

www.vmro-dpmne.org.mk

иНФРАСТРУкТУРА

Page 53: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

53

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ПАТЕН СООБРАЌАј и иНФРАСТРУкТУРА

Во Манифестот за реформи и развој 2011-2015 беа ветени 50 проекти. 25 проекти се реализирани, а 22 се во процес на реализација.

Исто така реализирани се 10 проекти кои не беа ветени, а 2 проекти кои не беа ветени се во тек на реализација. Нереализирани проекти се 3.

Вкупно реализирани 35 проекти. Вкупно 24 проекти во тек на реализација и 3 проекти ветени, а 3 се нереализирани.

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

АВТОПАТИ

• Изградба на автопатска делница Табановце-Куманово. Со континуираните активности за доизградба на Коридорот X, во 2011 година изградена е делницата Табановце - Куманово со должина од 7,5 км. На автопатот Куманово – Табановце изградени се две клучки и тоа клучка Табановце и клучка Речица. Вкупна вредност на проектот е 13,3 милиони евра, а средствата беа обезбедени од Светската банка и од Буџетот на Република Македонија.

• Рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес. На првата делница Катланово-Велес сите градежни работи се завршени во 2012 година. Должината на рехабилитираната секција изнесува 27,6 км, а инвестициската вредност изнесува 407 милиони денари.

ЕКСПРЕСНИ И МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА

• Изградба на магистралниот пат Радовиш-Струмица. Патниот правец е во должина од 10 км, со што се доби целосно модернизиран асфалтен коловоз со широчина од 7,5 метри. Овој проект беше реализиран во 2012 година, инвестициската вредност е 525 милиони денари. Со новата делница се зголеми безбедноста во сообраќајот меѓу населените места Сурдулци, Калуѓерица, Јаргулица, Покрајчево, Дукатино и Радичево.

РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА

• Изграба и реконструкција на регионален пат Свети Николе–Пробиштип (Неокази) во должина од 7,5 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 50 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Тетово–Јажинце во должина од 16,5 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 150 милиони денари.

• Изградба на регионален пат за поврзување на Скопје со Македонски Брод преку Поречието, делница Коломот–Близанско во должина од 8,4 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2012 година изнесува 595 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат од Ржаничино до Свети Николе во должина од 35,5 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2011 година изнесува 191,5 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Кратово–Пробиштип (Р-206 поврзување со М-2 - поврзување со М-5) во должина од 26,3 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2011 година изнесува 236,5 милиони денари.

• Реконструкција на регионален пат од Ресен до Маркова Нога, на потег од Р-505 Макази (М-5) – Долно Дупени (граница со Грција) во должина од 37,5 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2011 година изнесува 292 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Прилеп–Македонски Брод во должина од 37 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2011 година изнесува 282,5 милиони денари.

Page 54: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

54

www.vmro-dpmne.org.mk

• Реконструкција на регионалниот пат од Струмица до Дојран на потегот од Р-604 Струмица (М-6)–Нов Дојран–Дојран (граница со Грција) во должина од 24,7 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2011 година изнесува 166 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат од Илинден до местото Калуѓерец во должина од 19 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2011 година изнесува 144 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Радовиш-Конче-Лубница во должина од 22 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 226 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Анѓелци-Вељуса-Водоча-Баница во должина од 7,5 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 87 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Струга-Дебар во должина од 27 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 318 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб во должина од 16,3 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 147 милиони денари.

• Регионален пат за поврзување на Скијачкиот центар Кожуф со Гевгелија во должина од 15,5 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2012 година изнесува 448,5 милиони денари.

• Изградба на патниот правец од селото Џепиште до границата со Албанија во должина од 1,3 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2012 година изнесува 32,5 милиони денари.

ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

• Реконструкција на локални патишта. Во рамките на проектот за реконструкција на локални патишта, во периодот од месец август 2011 до месец февруари 2014 година, завршена е реконструкцијата на 225 локални патишта во должина од 428,97 км, во вкупна вредност од околу 2,1 милијарди денари.

Име на локален пат Должина (км) Вредност (милиони денари)

1. Ј.Сандански - с. Инџиково (II дел) 0,6 6,49

2. с.Брњарци-с.Стајковци 1,55 8,80

3. с. Требош - с. Палатица 2,23 7,21

4. Пробиштип - с. Ратавица 2,79 27,60

5. Куманово - с. Пчиња 9,15 37,02

6. Ново Село - с. Барбарево 0,15 5,44

7. Р-115 - с. Веселчани 1,65 7,24

8. Р-109 - с. Бонче 3,05 16,02

9. с. Лопатица - с. Подмол 3,3 14,27

10. Р-106 - с. Радобил 4,5 19,50

11. за с. Езерани 2,5 10,58

12. за с. Поешево 3,85 7,33

13. Р-509 - с. Д. Оризари - с. Карамани - с. Трн 6,5 13,24

14. за Другово (М-4-Амбуланта) 0,65 2,88

15. М-4 - с. Попоец 1,1 3,69

16. Р-406 - с. Брждани 1,5 8,51

Page 55: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

55

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

17. М-4 - с. Строгомиште 2,15 4,85

18. с. Горна Белица - Вевчани 0,5 1,53

19. Кичево(М-4) - мотел Крушино 2,35 11,50

20. Мотел Крушино - с. Кнежино 1,6 6,53

21. с. Ложани - с. Биѓево 2 7,74

22. с. Биѓево - с. Ливада 1,45 4,90

23. с. Долна Белица - с. Велешта 2,35 11,65

24. с. Мислешево - „Еуротел“ 0,75 2,75

25. с. Ракотинци - мост с. Добри Дол (I дел) 1,65 6,32

26. Р-101 - с. Грушино 1 3,39

27. с. Таор - с. Ржаничино 3,05 31,78

28. Р-404 - с. Милетино 1,5 14,97

29. с. Требиште - с. Велебрдо 2,1 7,31

30. Тетово - с. Требош 1,45 18,66

31. Р-405 - с. Старо Село 1 3,11

32. с. Прељубиште - с. Туденце 1,9 4,64

33. за с. Вратница К-1 кон амбуланта 0,85 2,73

34. за с. Вратница К-1 кон центар 0,6 2,04

35.. Теарце - с. Пршовце - с. Глоѓи 3,25 7,20

36. Р101 - с. Грушино 0,76 4,80

37. Пирок – М4 2,64 11,57

38. Боговиње - Селце Кеч 0,48 2,08

39. Милетино - Р404 2,19 11,01

40. с. Форино 0,44 2,41

41. с. Форино - с. Чегране 4,54 19,86

42. Р402 до с. Добарце 2,96 8,99

43. Р402 до с. Церово 0,55 3,92

44. Станица Зелениково - с.Пакошево - с.Ново Село 1,63 8,78

45. Илинден – Хиподром 1,42 9,10

46. Илинден - Пуста Кула 0,4 2,77

47. с. Сиричино - с. Туденце 1,4 4,79

48. Р405 - до с. Орашје 1,74 6,07

49. Р409 до с. Сенце 2,91 16,02

50. Р409 до с. Нистрово (Маврови Анови - Дебар) 0,76 6,18

51. Р104 до в. Лупште 5,33 25,01

52. Мала Река до с. Калуѓерец 1,43 8,69

53. с. Арангел - с. Поповјани 1,52 9,95

54. ЛП Петровец – Огњанци 0,65 3,52

55. Катланово - с. Бадар 0,92 6,76

Page 56: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

56

www.vmro-dpmne.org.mk

56. Сопиште - с. Ракотници – мост - д.Добри Дол 1,62 8,65

57. Тетово – Фалише 3,53 16,86

58. с. Коџаџик (Кемал Ататурк) 1,4 7,95

59. с. Визбегово - Шуто Оризари 1,35 5,83

60. с. Бутел - Љуботенски Пат 0,82 3,58

61. Кучевишка Бара – Чучер Сандево 1,85 6,35

62. Дрма - Идризово (Кадински пат) 1,15 6,31

63. Синѓелиќ – Раштак 4,62 18,68

64. Козле - Нерези (I дел) 2,62 17,35

65. Локален пат Драчевска 0,97 4,58

66. Киро Фетак 0,4 2,32

67. Речиште 0,7 3,23

68. Братиндол - Р507 2,06 10,30

69. с. Олевани од Р508 до с. Олевани 0,96 5,05

70. с. Велушина од Р508 до с. Велушина 1,93 7,35

71. од М5 с. Ротино до Р532 до с. Гопеш 5,77 27,42

72. с. Горна Белица – Вевчани 0,25 1,58

73. с. Ново Село - с. Белчишта 3,04 12,48

74. с. Мешеишта - с. Волино 1,6 5,40

75. с. Стругово - с. Загориче 1,5 9,67

76. Р416 - с. Кочишта (железничка делница) 3,27 13,14

77. Лажани – Дебриште 4,95 20,70

78. Кривогаштани - Бучин 2,95 16,09

79. до с. Црничани 0,85 5,47

80. до с. Путурус 1,18 7,39

81. с. Брод - Р510 1,58 7,40

82. ЛП13 до Манастир Селце 2,19 11,60

83. Р109 до Штавица 1,01 6,41

84. Р109 до Дуње 3,15 16,00

85. с. Шум - Теферич - с. Вишни 4,29 17,63

86. локален пат с. Добовјани 1,65 4,38

87. локален пат с. Татеши - с. Делогожди 1,59 4,24

88. локален пат до с. Октиси 1,08 3,78

89. Демир Капија - с. Дошница 0,5 2,82

90. с. Горно Јаболчиште - с. Дреново 8,95 47,25

91. Р-107 - с.Ресава - с. Бегниште 5,95 35,83

92. Велес - с. Бузалково 9,3 36,45

93. Богданци - с. Стојаково 4,25 12,68

94. Струмица - с. Попчево 6,1 38,82

Page 57: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

57

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

95. с. Чанаклија - с. Гечерлија (II дел) 0,35 2,26

96. с. Ораовица - с. Калаузлија 1,3 13,10

97. ул. „Плачковица“ - Р-528 0,8 12,91

98. с. Покрајчево - М-6 2,2 11,34

99. с. Каратманово - с. Дорфулија 2,1 11,13

100. с. Мородвис - с. Видовиште 0,64 4,06

101. локален пат во с. Зрновци 0,5 0,89

102. Аргулица – Црвулево 0,75 1,99

103. с. Долни Балван – с. Горни Балван 2,1 5,82

104. Крива Паланка - с. Мартиница 1,13 6,92

105. с. Конопница - с. Мождивњак 4,74 22,50

106. с. Клечовце - с. Војник 5,54 25,33

107. с. Карпош – Зебрењак 0,88 3,34

108. Милино – Ѓуземелци 1,99 8,61

109. локален пат во с. Саса (Ристовци) 1,74 9,85

110. Пробиштип - с. Плешенци 3,3 13,96

111. с. Отошница, Школо - Брана 1,57 6,96

112. с. Гиновце, Гиновце - Милутинци 1,5 4,66

113. локален пат во с. Ерџелија 2,72 12,70

114. Црнилиште - М5 (Сарамзалино) - делница 2 1,19 5,54

115. Црнилиште - М5 (Сарамзалино) - делница 3 1,39 4,91

116. с. Бајловце 4,42 17,18

117. Младо Нагоричане - трафо Џипунци 1,12 3,57

118. Богданци – Ѓавато 1 6,10

119. Горна маала Јосифово - Р110 (Удово Раброво) 2,84 17,02

120. Јазла (М-5) - с. Иванковци 1,5 6,80

121. до с. Кочилари 0,69 3,94

122. с. Горно Чичево - в. Долно Чичево 1,4 6,40

123. Ладно Долче – Страгово - Коњево 1 8,82

124. локален пат до с. Смолари 2,25 10,55

125. локален пат Зубово - пат Ново Село - Мокриево 0,37 2,53

126. до с. Паликура - Росоман 0,3 1,57

127. до с. Трстеник 1,26 3,48

128. Муртино - с. Свидовица 2,09 12,63

129. до Манастир – Мокрени - Теовски уши 0,8 5,59

130. Старо Нагоричане - с. Никуљане (II дел) 1,55 12,16

131. Куманово - с. Пчиња (II дел) 1,1 5,11

132. Р-524 - Ѓердови Воденици - с. Русиново 1,9 5,66

133. Крива Паланка - с. Станци 4,55 31,91

Page 58: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

58

www.vmro-dpmne.org.mk

134. с. Чешиново - с. Уларци 1,8 10,85

135. Р-523 - с. Стар Истевник (II дел) 0,75 1,95

136. с. Тодоровци - Паламарска Маала 2,55 13,07

137. за с. Шашаварлија 5,65 34,40

138. за с. Мородвис 0,7 3,61

139. Спортско игралиште во с. Зрновци - Р-609 0,6 3,06

140. с. Аргулица - с.Црвулево (крак) 0,47 1,04

141. бул. „Александар Македонски“ - планина Плачковица 0,8 4,00

142. с. Кукуречани - с. Црнобуки 2,25 8,74

143. Дебар - с. Бомово 2,26 11,08

144. с. Нераште - с. Јегуновце 1,32 9,62

145. Р-416 - с. Кочишта 1 5,63

146. Р-416 - с. Зашле 0,5 2,78

147. Р-416 - с. Базерник 0,55 3,12

148. с. Обршани - с. Пашино Рувци 0,3 2,30

149. Р 512 - с. Кореница - с. Годивље 0,77 4,70

150. М-6 Дом на култура 0,65 4,08

151. с. Бразда - с. Чучер 1,97 11,91

152. с. Петралинци - с. Гечерлија 0,63 3,15

153. с. Радово - с. Старо Балдовци 1,81 7,81

154. с. Лескоец - с. Скребатно 8 25,14

155. Извор - Извор Рашче 0,57 3,58

156. с.Бојане - с. Копаница 2,43 13,91

157. с. Негорци - с. Серменин 4,5 20,58

158. за с. Долна Бела Црква 1,5 5,82

159. за с. Стење 1,17 7,19

160. с. Црнилиште - с. Стровија 4,05 16,45

161. Р-117 - Студеничани 1,93 12,72

162. М-6 - Мантово 4,5 23,61

163. с. Дошница - с. Дрен 1,68 10,70

164. с. Јаргулица - М-6 - Струмица 2,06 10,41

165. с. Штурово 0,32 2,04

166. Р522 - Косово Дабје - Шопје 1,22 6,66

167. Р523 - с. Негрево 1,59 5,18

168. Р523 - Балабанска Маала 0,8 4,35

169. М5 - Димовска Маала 0,89 4,83

170. с. Рибарци - с. Гнеотино 4,1 18,80

171. Пашино Рувци - Манастир Св.Ѓорѓија 1,26 6,08

172. с. Арангел - с. Поповјани и крак 1 (II дел) 1,16 8,20

Page 59: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

59

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

173. за с. Сенокос 0,61 4,02

174. за с. Неготино 1,04 6,94

175. за с. Градец 0,31 2,36

176. Желино - с. Лешница 2,13 9,08

177. Р101 - с. Грушино (II дел) 0,4 1,85

178. с. Рашче - извор Рашче 0,42 2,44

179. Долно Седларце - Брвеница 0,9 4,63

180. ж.с. - с. Браилово - с. Десово 1,63 6,37

181. за с. Староец 2,12 9,21

182. с. Арангел - с. Поповјани и крак 1 (III дел) 0,45 2,55

183. с. Сливово - спој со М-4 2,83 10,78

184. Штип - с. Љуботен со крак 1 и 2 1,83 13,78

185. с. Конопница - с. Мождивњак (II дел) 0,72 3,76

186. с. Младо Нагоричане - с. Ѓорговци 0,73 4,68

187. Р527 - с. Робово 1,3 6,73

188. с. Драч - с. Бунеш 0,12 1,58

189. Горна Маала Јосифово - спој со Р110 0,14 0,97

190. населба Бутел - спој со Р110 0,82 5,87

191. с. Добрејци - индустриска зона с. Добрејци 0,84 5,69

192. М - 5 - с. Каратманово 0,4 2,10

193. с. Долно Лисиче - с. Горно Лисиче 3,58 22,92

194. Дебар - с. Бомово 0,3 1,51

195. Пробиштип - с. Ратавица (II дел) 0,93 9,35

196. за с. Црничани (од Р604 до Р611) (II дел) 0,86 7,85

197. за с. Грешница 3 9,98

198. с. Доброште - Македонско маало 1,22 5,68

199. с. Врапчиште - с. Зубовце -с. Дебреше 1,2 10,13

200. за с. Долно Крушје 2,43 14,05

201. с. Форино - с. Чегране (пешачка патека) 4,53 11,78

202. Р-508 - с. Граешница - с. Кишава (крак 1 и 2) 5,8 24,32

203. за с. Лавци 0,7 5,87

204. с. Алинци - с. Шелеверци 2,41 16,75

205. с. Чанаклија - Нова Маала 1,3 7,68

206. спој со Р1311 - с. Мегленци 1,5 8,82

207. Р-511 - с. Зовиќ (II дел) 3,08 15,78

208. за с. Зркле 1,34 8,58

209. с. Петровец - с. Огњанци 1,06 5,69

210. Желино 2 0,8 6,03

211. Каврак - брана с. Кнежево (II дел) 0,55 4,48

Page 60: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

60

www.vmro-dpmne.org.mk

212. с. Суводол - Манастир Пресвета Богородица 2,42 15,90

213. Р-416 - с. Радово - Манастир Св. Атанас 2 11,08

214. с. Горна Белица - Вевчани ( III дел) 0,14 0,72

215. Р-416 - с. Загориче 0,09 0,56

216. за с. Требовље 3,9 22,22

217. за с. Подмочани 0,82 8,18

218. с. Радање - с. Оџалија 0,28 7,25

219. локален пат за с. Зубово (II дел) 0,46 3,99

220. локален пат за с. Зубово (III дел) 0,53 2,80

221. за с. Сарчиево 1,7 11,96

222. с. Ерџелија - с. Мустафино 3,14 11,23

223. Сарај - с. Љубин 2,1 11,79

224. за с. Дебреше 0,66 5,31

225. за с. Студеничани 0,6 2,86Вкупно 428,97 2.132,12

• Изградба на пат до манастирот Трескавец, општина Прилеп. Изграден е патот до манастирот Трескавец, општина Прилеп, во должина од 7,5 км. Инвестицијата е вредна 1,8 милиони евра.

• Рехабилитација на мостови во Република Македонија - Санација на мост на потегот Гостивар – Стража кај Ново Село. Инвестиција е во вредност од околу 48,5

милиони денари.

- Санација на мост на потегот Гостивар – Стража, мост пред Стража. Инвестицијата е во вредност од околу 0,8 милиони денари.

- Изграден е мостот на реката Вардар што ги поврзува општините Ѓорче Петров и Сарај. Инвестицијата е во вредност од 96,8 милиони денари.

• Стратегија за сообраќаен систем на градот Скопје. Изработени се проекти за сообраќајниците: булевар „Свети Климент Охридски“ (кај зградата на Владата на РМ) до булеварот „Никола Карев“ („пластичарска улица“) и подземна сообраќајница од дирекцијата на АД Македонски пошти до Комплекс банки.

• Портал за планирање на патувањето во рамките на Република Македонија и е-продажба на билети. Воспоставен е портал за планирање на патување во рамките на Република Македонија и е-продажба на билети liniskiprevoz.gov.mk со кој на патниците им се овозможува на едноставен начин на пребарување, резервација и плаќање на автобуски билети за меѓуградски и меѓународни линии преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон.

• Систематско испитување на свлечиштата на патиштата. Изработени се 5 одделни проекти за следниве свлечишта: с. Магарево – детско одмаралиште Пелистер, делница Маврови Анови – с. Маврово, кај с. Ботун, Тасева Чешма на магистралниот пат пат А – 2 и Буково на делницата Охрид – Ресен (М – 4). Свлечиштето Буково и Фариш се санирани во 2013 година, инвестиција во вредност од 20 милиони денари. За останатите свлечишта (Пелистер, Тасева Чешма, Маврово и Ботун) ќе се спроведат санации во текот на 2014 година.

Page 61: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

61

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Изградба на нова автопатска делница Демир Капија–Смоквица во должина од 28,2 км. Проектот предвидува изградба на 6 мостови како и 2 двојни тунели. Градежните работи се отпочнати во септември 2012 година и се одвиваат согласно со предвидената динамика за работа, односно се очекува комплетно завршување на оваа делница до крајот на 2016 година. Вкупната вредност на градежните работи е околу 210 милиони евра.

АВТОПАТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

• Изградба на нова автопатска делница Миладиновци (Скопје) – Штип. Отпочната е реализацијата на автопатот од Скопје до Штип. Трасата почнува од Миладиновци преку Св. Николе до Штип и претставува целосно ново решение за поврзување на источниот дел од државата со главниот град. Автопатот е во должина од 47 км и на истиот ќе се изградат седум клучки, 8 надвозници и 5 подвозници, како и 10 армирано-бетонски мостови и вијадукти. Вредноста на договорот е 206 милиони евра, со можност за максимум 10 проценти за дополнителни и непредвидени работи, а изградбата ќе биде завршена во 2016 година.

КОРИДОР VIII АВТОПАТ MAJKA ТЕРЕЗА

• Изградба на нова автопатска делница Кичево-Охрид. Отпочнато е со изградба на автопатската делница од Кичево преку Требеништа до Охрид, со должина од 57 км. На трасата ќе се изградат 6 надвозници и 13 подвозници, вкупно 22 вијадукти, 7 армирано-бетонски мостови, како и најдолгиот тунел во Република Македонија, кај Пресека, во должина од 1.990 м. Вредноста на договорот е 374 милиони евра, со можност за максимум 10 проценти за дополнителни и непредвидени работи, а изградбата ќе биде завршена во 2017 година.

• Изградба на автопатот Гостивар–Кичево. Голем дел од проектната документација е изработена, а во моментов во соработка со меѓународната финансиска корпорација IFC се прават финансиски и технички анализи за можноста да биде изграден овој автопат по пат на јавно-приватно партнерство.

• Рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово. Со реализација на овој проект ќе се изврши рехабилитација на автопатната делница Велес–Катланово во должина од 23,5 км. Рехабилитацијата опфаќа комплетно вадење на стариот асфалт и поставување на нов асфалтен слој. Се очекува работите да почнат во средината на 2014 година, а да завршат кон крајот на 2015 година. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 8 милиони евра.

• Патна делница Куманово граница со Р. Бугарија, делница Ранковци-Крива Паланка. Со оглед на тоа што не се добиени прифатливи понуди за изградба на автопат по концесија, ќе се искористи и ќе се ажурира постојната проектна документација за изградба на една лента од автопат. Истата ќе биде проширена до ниво на експресен пат, кој ќе има 4 ленти, по две во секој правец. Во текот на 2014 година ќе се изврши адаптација на постојната проектна документација, по што ќе се почне со градба. Проценетата вредност на проектот изнесува околу 66 милиони евра и веќе е поднесена апликација до Светската банка за обезбедување на средства за реализација на овој проект, кој се очекува да биде реализиран во период од 2015 до 2018 година.

• Патна делница Штип-Кочани. Со оглед на тоа што не се добиени прифатливи понуди за изградба на автопат со концесија, ќе се изврши реконструкција и проширување на постојниот магистрален пат на ниво на експресен пат со широчина од 11,1 м. Должината на делницата е 26 км. Постапката за избор на проектантска куќа е во завршна фаза, а рокот за завршување на проектната документација е 10 месеци, односно до почетокот на 2015 година. Проценетата вредност на проектот изнесува околу 23 милиони евра, и веќе е поднесена апликација до ЕБРД за обезбедување на средства за реализација на овој проект, кој се очекува да биде завршена до 2017 година.

• Патна делница Скопје (Стенковец) – Косово (ГП Блаце). Изработена е проектна документација за околу 11 км, а преку WBIF ќе се доработи проектот кај граничниот премин Блаце и клучката Стенковец. Во моментов се прават анализи во соработка со IFC за можноста овој патен правец да биде реализиран по пат на јавно-приватно партнерство.

Page 62: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

62

www.vmro-dpmne.org.mk

ЕКСПРЕСНИ И МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА

• Реконструкција и рехабилитација на државниот пат А3, делница: Велес- Штип (до Кадрифаково), 24,30 км. Реализацијата на овој проект се изведува во 3 фази:

- Рехабилитација на делницата клучка Велес (трета лента) – Лозово – Сарамзалино, која е во должина од 6,3 км. Вредноста на овој дел од проектот изнесува 1,3 милиони евра, а градежните работи се очекува да завршат до март 2014 година;

- Рехабилитација и проширување на делницата Трета лента – Лозово, која е во должина од 8,9 км. Делницата ќе се изгради до ниво на експресен пат со две ленти за возење и две за бавно возење. Вредноста на работите изнесува 6,4 милиони евра, а реализацијата на проектот се очекува да биде завршена во 2015 година;

- Рехабилитација и проширување на делницата Лозово-Сарамзалино– Кадрифаково во должина од 10,7 км. Делницата ќе се изгради до ниво на експресен пат со две ленти за возење и две за бавно возење. Вредноста на работите е 7,2 милиони евра, а реализацијата на проектот се очекува да биде завршена во 2015 година.

• Подобрување на патната врска Градско до Прилеп и Битола преку изградба на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново во должина од 25,8 км. Завршена е изработката на проектната документација, кој заради комплексноста се работеше повеќе од 2 години. Согласно со проектната документација, овој проект ќе се реализира во 3 дела, односно Градско–клучка Кавадарци, изградба на експресен пат на нова траса, Дреновска Клисура – Фаришка Клисура, проширување до ниво на експресен пат (4 сообраќајни ленти) и проширување со трета лента кај Тројаци и проширување пред Прилеп. Проектот е во вредност од 68 милиони евра, а средствата ќе бидат обезбедени од ИПА, ЕБРД и дел од буџетот. Реализацијата на проектот се очекува комплетно да биде завршена во 2019 година.

• Патна делница Штип – Струмица. Првата фаза е за делницата Штип – Радовиш за изградба на експресен пат со широчина од 11,1 м, односно со две ленти за возење и две за застанување. За оваа делница во моментов има изработено идеен проект и физибилити-студија. Втора фаза за делницата Радовиш–Струмица подразбира прераснување на постојниот пат во експресен со проширување со една коловозна лента и изградба на нов коловоз. За оваа делница во моментов се изработува проектна документација, која се очекува да биде завршена во втората половина на 2014 година.

• Патна делница Кочани–Виница–Делчево. Во 2013 година е извршена комплетна рехабилитација на делот од Кочани до Превалец со должина од околу 2 км и вредност од 12 милиони денари, а отпочната е рехабилитацијата на најоштетениот дел од Македонска Каменица до Делчево во должина од околу 7 км и инвестициска вредност од 51 милион денари. Се очекува работите да завршат во првиот квартал на 2014 година. За останатиот дел од регионалниот пат во должина од 34 км, во текот на 2014 година ќе се изработи проектната документација за рехабилитација. Проценетата вредност на проектот изнесува 10 милиони евра, а се очекува овој проект да биде реализиран до 2016 година.

• Магистрален пат Охрид–граничен премин Св. Наум. Во тек е изработката на проектната документација за изградба на патот на ниво на експресен пат, со две ленти за возење и две ленти за застанување, и истата ќе биде завршена до крајот на 2014 година. За делницата од Охрид до Пештани во должина од 14,5 км, поднесена е апликација до ЕБОР, а реализацијата на оваа делница се очекува во периодот 2015-2018 година.

• Доизградба на клучката Брвеница. Завршена е изработката на проектната документација и склучен е договор за изградба. Изградбата ќе започне во месец април 2014 година, а ќе заврши во месец април 2015 година. Инвестицијата е во вредност од 60 милиони денари.

РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА

• Изградба на регионален пат од Скопје до Сончев Град во должина од 4,4 км. Вредноста на проектот кој треба да заврши во 2015 година изнесува 412 милиони денари.

Реконструкција на регионална делница Куманово–Липково–Арачиново во должина од 20 км. Реконструкцијата на регионалниот пат се врши во три фази, односно делницата Арачиново–Никуштак–Ропалце која е реализирана, делницата Липково–Оризари која треба да заврши во 2015 година и делницата

Page 63: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

63

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Ропалце–Матејче –Липково која треба да заврши во 2016 година. Вредноста на овој проект изнесува 380 милиони денари.

• Изградба и реконструкција на регионалниот пат од Кичево до Дебар преку Извор во должина од 30 км. Во 2013 година завршено е со рехабилитација на делницата Бошков мост–Гарски мост со должина од 8,2 км, инвестицијата е вредна 88,2 милиони денари. За делницата од Гарски мост до Извор постои стара проектна документација која до крајот на 2014 година ќе се ажурира и ќе се приспособи на новите стандарди и прописи за проектирање. Вредноста на проектот се проценува на 20 милиони евра, а неговата реализација се очекува до 2017 година. За финансирање на овој проект, поднесена е апликација до Светската банка.

• Изградба на патот село Костинци–село Зрзе-манастир Св. Преображение Христово, општина Долнени. Избран е изведувач за изградба на патот с. Костинци-с.Зрзе-манастир Св. Преображение Христово, општина Долнени, во должина од 7,5 км, инвестицијата е вредна 1,6 милиони евра. Градежните работи ќе отпочнат во вториот квартал од 2014 година.

ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

• Реконструкција на локалните патишта. Во тек е реконструкција на 24 локални патишта со вкупна должина од 53,83 км во вредност од околу 354 милиони денари.

Име на локален пат Должина (км)

Вредност во денари

1. 1440 Пинтија 1,29 7,342. мо манастир Мокрени - Теовски Уши (II дел) 4,86 32,173. Кале - спој со (Тетово - Селце) 1,72 27,564. Јазла (М-5) - с. Иванковци (II дел) 6,97 31,375. за с. Брезово 2,1 9,686. Речице - Ваксинце - Лојане - Граница (II дел) 3,36 27,867. во с. Стење 0,31 3,188. Р 513 (с. Ижиште) - с. Преглово (I дел) 0,52 5,029. Р 513 (с. Ижиште) - с. Преглово (II дел) 0,21 1,6610. до с. Другово 2,03 9,9211. с. Мегленци - с. Арматуш 2,49 8,6512. с. Октиси - с. Велешта 2,24 17,3313. с. Горно Лакочереј - с. Долно Лакочереј 3,56 17,9914. Лука Ѓеров - Стопански двор 1,2 17,8415. за с. Лешок 1,83 5,4916. Куманово - с. Романовце (I дел) 4,91 26,6217. с. Лубница - с. Скоруша 1,48 14,3418. с. Тимјаник - с. Долни Дисан 3,4 25,2619. с.Паликура - с. Курија 2,95 21,7020. М-6 - с. Сачево 2,26 17,5221. с. Доброшинци - с. Висока Маала 1,4 11,8022. М-1 - с. Прждево (I дел) 0,69 2,2323. за с. Петралица (Летова маала - училиште) 0,72 3,6124. с. Младо Нагоричане - маала Черкезовци 1,33 8,47

Вкупно 53,83 354,59

Page 64: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

64

www.vmro-dpmne.org.mk

• Трета фаза од проектот „Рехабилитација и зајакнување на мостовите во Република Македонија“. Градежните работи кои се однесуваат на рехабилитација на 13 мостови по должината на Коридорот 10, на делницата Велес–Катланово се отпочнати во месец ноември 2013 година. Се очекува проектот да биде реализиран во средината на 2015 година.

• Рехабилитација на мостови во Република Македонија: - Санација на мост на пат Р1312, Гемиџии Велес. Објавен е јавен повик за градежни работи. Рокот за

реализација на овој проект е 12 месеци по потпишувањето на договорот. Вредноста на проектот е во висина од 33,5 милиони денари.

- Санација на Мелнички мост над езерото Шпиље. Отпочнати се градежните работи и се очекува истите да бидат завршени во месец јули 2014 година. Вредноста на проектот изнесува 59 милиони денари.

• Електронска наплата на патарини во Република Македонија. Јавниот повик за реализација на електронска наплата на патарини е во завршна фаза. Се очекува до месец јуни 2014 година да биде склучен договор, а рокот за реализација на проектот е 18 месеци по склучување на договорот.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК

• Реконструкција и проширување на пристапен пат до резервоар за вода во Зелениково. Со реализација на овој проект овозможена е непречена комуникација до изградениот резервоар за вода во населеното место Зелениково. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 11,9 милиони денари.

• Реконструкција на регионалниот патен правец 1401 – Валандовско брдо во должина од 3,8 км. Вредноста на проектот кој заврши во 2013 година изнесува 25 милиони денари.

• Изградба на регионален пат Опае – Бељаковце – Станчиќ – граница со Косово, во должина од 16 км. Вредноста на проектот кој треба да заврши во 2016 година изнесува 375 милиони денари.

• Рехабилитација и изградба на мостови во Република Македонија - Реконструкција на армирано-бетонски патен мост на реката Брегалница кај населеното место Кучичино,

општина Чешиново-Облешево. Инвестиција е во вредност од околу 11,5 милиони денари.

- Изградба на мост на Крива Река во населеното место Куклица во општината Кратово. Инвестицијата е во вредност од околу 5,2 милиони денари.

- Реконструкција на армирано-бетонски мост на реката Вардар на локалниот пат Градско-с. Ногаевци во општината Градско. Инвестицијата е во вредност од околу 13,8 милиони денари.

- Изградба на мост во селото Милетино за заштита од планинските води, општина Брвеница. Инвестицијата е во вредност од околу 3,0 милиони денари.

- Санација на мостот Пепелиште на реката Вардар кај Неготино. Инвестицијата е во вредност од околу 22,8 милиони денари.

- Санација на мост на потегот Кичево–Македонски Брод кај Прегалово. Инвестицијата е во вредност од околу 2,7 милиони денари.

- Изградба на нов мост Три Води – Рич пред село Попчево. Инвестицијата е во вредност од околу 5,5 милиони денари.

• Изградба на нов мост во Пласница. Проектот е реализиран со инвестиција во вредност од околу 34 милиони денари.

• Осветлување на клучките во Република Македонија. Завршено е осветлувањето на 12 клучки и делници на државни патишта, инвестицијата е во вредност од 141,98 милиони денари.

- Осветлување на државниот пат А1, делница клучка Гевгелија - ГП Богородица;

- Осветлување на државниот пат А1, клучка Петровец;

- Осветлување на државниот пат А1, клучка Градско;

- Осветлување на државниот пат А1, Долно Коњаре;

Page 65: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

65

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- Осветлување на државниот пат А1, денивелиран патен јазол Велес 2, клучка Велес –Штип;

- Осветлување на државниот пат А2, крстосница Маврово;

- Осветлување на државниот пат А2, превој Стража;

- Осветлување на државниот пат А3, низ населените места Лозово и Сарамзалино;

- Осветлување на државниот пат А4, делница Радовиш-Струмица клучка Калуѓерица;

- Осветлување на државниот пат А1- клучка Прилеп-Могила;

- Осветлување на државниот пат А2- клучка Тетово југ;

- Осветлување на државниоѕ пат А4 - Штипска клучка.

• Осветлување на тунели. Завршени се активностите за осветлување на 3 тунели, инвестицијата е во вредност од 33 милиони денари.

- Осветлување на тунелите Катланово и Демир Капија;

- Осветлување на тунелот Солиште на делницата Катланово-Велес;

- Поставување на нова сигнализација во тунелите.

• Поставување на сигнализација и патна опрема. Завршени се активностите за поставување на сообраќајна сигнализација и патна опрема на Клучка Велес, Клучка Градско, светлосна сигнализација на портали - Петровец, сообраќајна опрема, насочници, катадиоптери на бетонска и еластична ограда на автопатот Тетово-Гостивар, инвестицијата е во вредност од 27,85 милиони денари.

• Модернизирана контрола на превоз на патници и на стока на границите. Воспоставена е 24-часовна модернизирана контрола на превозот на патници и на стока на границите од 01 октомври 2012 година преку електронски систем со кој се поврзани Министерството за транспорт и врски и Царинската управа.

• Либерализација на транспортот. Постигната e целосна либерализација на целокупниот транспорт на стока помеѓу Република Македонија со Босна и Херцеговина и либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Република Хрватска и Република Латвија.

• Плаќање на административните такси за превозници со платежни картички. Воведена е можност за плаќање административни такси за превозниците со платежни картички и тоа за поединечни транспортни дозволи за превоз на стока, ЦЕМТ-дозволи, сертификати за возачи, превоз на опасни материи и управители преку ПОС-терминали од 01 март 2013 година.

• Рехабилитација и изградба на мостови во Република Македонија - Во тек се градежни активности за изградба на натпатник на автопатот А1 кај Гевгелија. Инвестицијата е во

вредност од 24,7 милиони денари, и се очекува овој проект да биде реализиран до крајот на првиот квартал на 2014 година.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Проект Поврзување од Битола до Гевгелија преку реконструкција и изградба на регионални делници во мариовскиот регион. Изработена е комплетна проектна документација, градбата ќе започне по обезбедување на финансиски средства за реализација.

• Пат до Граничен премин помеѓу Република Македонија и Србија (Голема Црцорија–Голеш). Овој проект ќе биде реализиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија пат во текот на 2015 година.

• Проект Рехабилитација и изградба на мостови во Република Македонија. Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ 2011–2015 година, предвидена беше изградба на мост кај Штипската клучка, на Брајчинска Река кај Маркова Нога, мост на реката Пчиња, Давидово–Удово, Петрошница, Мидинци, мост кај Миладинови, Сопиште, на реката Треска (Македонски Брод – Самоков), кај Пресека, на реката Киселичка, на Пчиња во Коњаре, кај Новоселане и др.

Page 66: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

66

www.vmro-dpmne.org.mk

Од причина што во овој период беа утврдени поприоритетни мостови кои беше неопходно да се санираат, од кој дел беа оштетени од поплавите што ја зафатија Македонија, овие проекти не беа реализирани.

ЖЕЛЕЗНиЧки СООБРАЌАј и иНФРАСТРУкТУРА

Во Манифестот за реформи и развој 2011-2015 беа ветени 16 проекти. 2 проекти се реализирани, 13 се во тек на реализација, а 1 не е реализиран.

Исто така реализирани се 5 проекти кои не беа ветени.

Вкупно реализирани се 7 проекти. Вкупно 13 проекти се во тек на реализација. 1 нереализиран проект.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Ремонт на железничка пруга во должина од 26,1 км од Коридорот 10. Извршен е ремонтот на делниците:

- Табановце до Куманово, во должина од 13 км и

- Миравци до Смоквица, во должина од 13,1 км.

Со ремонтот на овие две делници се подобрија техничките карактеристики на пругата, со што се зголеми брзината на возење до максимални 120 km/h и се намали времето на патување до 60 минути.

• Електронско издавање билети. Системот за електронско издавање билети е имплементиран на поголемите железнички станици низ Република Македонија и тоа во: Скопје, Велес, Гевгелија и Неготино. Со овој проект се овозможува забрзување на постапката за добивање на возен билет за граѓаните на Република Македонија.

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

КОРИДОР 10

• Ремонт на железничка пруга во должина од 30 км од Коридорот 10. Во тек се градежните работи на ремонтот на делницата од Ногаевци (Велешко) до Неготино во должина од 30 км. Градежните работи започнаа во ноември 2013 година и треба да завршат до крајот на 2014 година. Со ремонтот на оваа пруга ќе се подобрат техничките карактеристики на пругата со што се овозможи зголемување на брзината до максимални 120 km/h, и намалување на времето на патување до 60 минути.

• Реконструкција на железничката пруга Битола–Кременица (граница со Р. Грција), крак од Коридорот 10д. Во текот на 2012 и 2013 година изработена е целокупната документација за проектот и истиот е одобрен од страна на ЕУ. Се очекува проектот да започне до крајот на 2014 година и да се реализира во рок од 18 месеци.

• Рехабилитација и надградба на поголемите железнички станици на Коридорот 10 и кракот 10д. Во текот на 2012 и 2013 изработена е целокупната проектна документација за овој проект со кој ќе се рехабилираат железничките станици на Коридор 10 и кракот 10-д согласно со добрите практики во ЕУ и тоа: Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско, Неготино – Вардар. Проектот е одобрен за финансирање со ИПА-средства и се очекува склучување на договор и отпочнување со градежните работи во втората половина на 2014 година, како и завршување на истите во рок од 7 месеци.

• Проект за радиодиспечер (GSMR) на железничката пруга од Табановце до Гевгелија (Коридор 10) и Проект за автоматска регулација на брзина (ETCS) на железничката пруга од Табановце до Гевгелија (Коридор 10). Во тек е избор на консултант кој ќе ја изработи студијата и техничките спецификации за набавка на опрема. Се очекува проектот за набавка на опрема да отпочне до крајот на 2015 и двата системи GSMR и ETCS да бидат оперативни во рок од 18 месеци, по склучувањето на договорите. Проектот се финансира со ИПА-средства.

Page 67: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

67

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

КОРИДОР 8

ЖЕЛЕЗНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

• Реконструкција и изградба на пругата Куманово-Бељаковце во должина од 29 км. Градежните работи започнаа во март 2014 година и во рок од 30 месеци, односно до септември 2016 година, пругата треба да биде изградена и пуштена во сообраќај.

Со овој проект се предвидува да се изврши реконструкција на постојната пруга за брзина од 100 km/h, а која се протега во општината Куманово, преку подобрување на техничките карактеристики на пругата: поставување на нови армирано-бетонски прагови, шини, толчаник, изградба на нов мост на реката Пчиња; поставување безбедносни бариери и заштита од бука и вибрации; поставување на нови сигнално - сигурносни уреди ETCS ниво 1, изградба на три железнички станици Куманово Ново, Шупљи Камен и Бељаковце како и 6 стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Доброшане, Клечовце и Довезанце, како и изградба на нови надвозници и подвозници.

• Изградба на нова пруга од Бељаковце-Крива Паланака до Деве Баир, граница со Република Бугарија во должина од 60 км

- Бељаковце–Крива Паланка. Од 2013 година се работи на инвестиционо-техничката документација за делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Средствата се обезбедени преку грант од инструментот Инвестициска рамка на Западен Балкан (Western Balkan Investment Framework-WBIF) во висина од 2,5 милиони евра. Средствата за изградба на делницата Бељаковце-Крива Паланака во должина од 34 км ќе се обезбедат од Европската банка за обнова и развој. Градбата на оваа делница се планира да започне во првиот квартал од 2016 година и во рок од 48 месеци пругата да биде оперативна и пуштена во сообраќај.

- Крива Паланка – Деве Баир (граница со Република Бугарија). Во тек е подготовката за објавување на јавен повик за изработка на инвестиционо-техничката документација за делницата од Крива Паланка до Деве Баир (граница со Република Бугарија) во вредност од 3,5 милиони евра преку инструментот ИПА.

ЖЕЛЕЗНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

• Изградба на нова пруга од Кичево до Лин, граница со Република Албанија во должина од 70 км. Изработени се студија за изводливост со идејни проекти и студија за оценка на влијанието врз животната средина и со ИПА-средства ќе се финансира изработката на основниот проект за идната изградба на нова железничка делница од Кичево-граница со Република Албанија. Постапката за избор на консултант за изработка на основен проект е во тек. Се очекува отпочнување на проектирањето до средината на 2014 со времетраење од 24 месеци.

ДРУГИ ПРОЕКТИ

• Рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје. Во текот на 2011 и 2012 е изработена целокупната проектна документација. Јавниот повик за градежни работи и постапката за избор на изведувач е во тек. Се очекува проектот да започне во првата половина од 2014 година и да се реализира во рок од 1 година. Проектот се финансира со ИПА-средства.

• Изградба на индустриски колосек за Индустриската зона Жабени во близина на Меџитлија. Проектот е опфатен во рамките на реконструкцијата на железничката делница Битола-Кременица.

• Студија за можна изградба на мулитимодален терминал-логистички центар за товарење и истоварање на стоки со железница и камиони во Скопје. Во текот на 2012 и 2013 година се изработи студија финансирана од ИПА-фондовите, во која врз основа на спроведената мултикритерна анализа беа селектирани и утврдени најповолните локации за изградба на мултимодални јазли на територијата на РМ и тоа Трубарево, Јурумлери, Бунарџик и Кичево. Вредноста на проектот за изработка на студијата беше 1,1 милион евра. За понатамошна реализација на некој од проектите потребно е да се изработи дополнителна проектна документација (основен проект и физибилити-студија) како и да се утврди начинот на финансирање.

Page 68: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

68

www.vmro-dpmne.org.mk

• Обновување на железничкиот возен парк за превоз на патници со нови 3 дизел-моторни гарнитури и со 2 електромоторни гарнитури. Започната е процедурата за набавка и се очекува потпишување на договор кон крајот на месец мај 2014 година за набавка на 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури. Испораката се очекува да биде до крајот на 2015 година.

• Набавка на 150 вагони од различни типови за товарен превоз. Потпишан е договор за набавка на 150 товарни вагони. Вредноста на инвестицијата е 13,2 милиони евра, а рокот на испорака е до јануари 2015 година.

• Систем за електронска резервација на билети и поставување на автомати за вадење билети со платежна картичка или во готовина. Системот за резервација на билети е во фаза на имплементација, потпишан е договор за поврзување со Германските железници за меѓународна резервација на билети, додека постапката за инсталација на автомати за вадење билети и за следење преку Интернет е во тек, и се очекува да биде реализирана до крајот на 2014 година.

НЕВЕТЕНО - РЕАЛИЗИРАНО

• Подготовка на проектни студии и Проектна документација за железничките делници по должината на Коридорот 10 вклучувајќи го и делот 10д од Коридорот 10: Куманово-Дељадровци (14 км), Драчево- Велес (35 км) и Битола–Кременица (16 км). Во рамките на овој проект се изготви следната проектна документација за трите железничките делници по должината на Коридорот 10 и гранката Xд: три физибилити-студии за реконструкција и обнова на трите железнички делници, три детални анализи на трошоци и придобивки за трите железнички делници, три оцени на влијанието врз животната средина за трите железнички делници, идеен проект за делницата Драчево-Велес и проект за делницата Битола–Кременица. Основниот проект за делницата Куманово–Дељадровци е во финална фаза на изработка и ќе биде изработен до април 2014.

Подготвените документации ќе бидат основа за идни инвестиции во подобрување на железничката инфраструктура.

• Електронски систем за следење на вагони и електронски товарен лист, како и ЕРП во АД Македонски железници - Транспорт. Имплементиран е електронски систем за следење на вагони и електронски товарен лист, како и ЕРП. Овој систем ќе овозможи полесна и поефикасна комуникација со клиентите како и поголем квалитет на услугите во товарниот транспорт.

• Реновирани два дизел-моторни возови за патнички превоз. МЖ Транспорт АД во 2012 и 2013 реновираше два дизел-моторни возови (гарнитури) за превоз на патници. Во истите се вградени низа на нови системи кои овозможуваат побезбеден и поквалитетен железнички патнички превоз.

• Реновирани 10 вагони за патнички превоз. МЖ Транспорт АД во 2012 и 2013 од сопствени средства реновираше 10 вагони за превоз на патници кои овозможуваат побезбеден и поквалитетен железнички патнички превоз.

• Инвестиции во одржување на железничката инфраструктура на територија на Република Македонија. Во изминатиот период се реализирани средства во вкупен износ од 467.200.000 денари, наменети за машинско регулирање на колосек, свртници и толчаник, одржување на горен и долен строј на пругата, одржување на електро-енергетските постројки и уреди, како и за набавка на материјали, резервни делови, прагови, свртнички прагови, изолирани состави, релејни групи и друго. Исто така подобрена е сигнализацијата на 46 патни премини.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Изградба на железнички крак од Коридорот 10 кон Кавадарци, во должина од 6 км. Овој проект беше предвидено да се реализира по пат на јавно-приватно партнерство заради поврзување на поголемите компании како ИГМ Кавадарци кон железничката мрежа. Поради немање интерес од страна на приватните инвеститори истиот не е реализиран.

Page 69: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

69

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

АВиОСООБРАЌАј и АЕРОДРОМСкА иНФРАСТРУкТУРА

Во Манифестот за реформи и развој 2011-2015 беа ветени 5 проекти. 4 проекти се реализирани, а 1 е во процес на реализација.

Исто така реализирани се 6 проекти кои не беа ветени, а 1 проект кој не беше ветен е во процес на реализација.

Вкупно реализирани се 10 проекти. Вкупно 2 проекти се во процес на реализација.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Комплетно реновирање и доизградба на аеродромот Александар Велики во Скопје. Проектот целосно е реализиран во септември 2011 година.

Како резултат на успешната инвестиција, Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје две години по ред во 2012 и 2013 година е прогласуван за најдобар меѓу 250 аеродроми во категоријата „помали од два милиони патници годишно“, според анализата на Меѓународниот аеродромски совет направена врз основа на оценките за квалитетот и брзината на услугите на посетителите.

Во 2013 година бројот на патници на аеродромот достигна 984.407 и е зголемен за 44% споредено со 2010 година.

• Евтини летови до Европа. Со потпишувањето на Договорот за финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и WizzAir Hungary Ltd, се воспоставија 8 нови дестинации од Аеродромот „Александар Велики“– Скопје и тоа: кон Малме, Стокхолм и Гетеборг (Шведска), Базел Милхаусен (Франција), Милано Бергамо (Италија), Ајндховен (Холандија), Дортмунд, Меминген, Минхен (Германија).

Се воспоставија летови и на овие нови дестинации: лет Скопје-Дубаи-Скопје преку FlyDubai, лет за Берлин преку Германија Флуг.

Исто така, WizzAir продолжи да ги опслужува дестинациите Лондон Лутон (Велика Британија) и Венеција (Италија). Од почетокот на април 2014 година, во летната сезона, Wizz Air започнува со летање на 4 нови дестинации, Париз, Брисел, Франкфурт и Келн, 2 пати неделно.

• Заштита на правата на патникот по европски стандард.

• Национална програма за воздухопловна безбедност. Усвоена е национална програма за воздухопловна безбедност.

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• Подготовки за изградба на нов карго-аеродром во Штип. Континуирано се вршеа мерења преку Управата за хидрометеоролошки работи за добивање на податоците за пресметка на факторот за искористеност на полетно-слетната патека од влијанието на ветерот. Мерењата ќе продолжат до 2020 година. Изградбата на карго-аеродромот „Филип II“ во Штип е предвидено да започне во 2020 година, и да трае до 2023 година.

НЕВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО/ВОТЕК

• Либерализација на воздушниот транспорт на Република Македонија. Во овој период парафирани се билатерални спогодби за редовен воздушен сообраќај со Сингапур, Канада и Чиле. Ратификувани се билатерални спогодби за редовен воздушен сообраќај од страна на Собранието на Република Македонија, Република Турција, Катар и на Соединетите Американски држави. Исто така, потпишани се меморандуми за разбирање за административна билатерална примена на Спогодбата за ЕЗВО (Европска заедничка воздухопловна област) помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и воздухопловните власти на Италија, Република Унгарија, Белгија и на Малта.

Page 70: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

70

www.vmro-dpmne.org.mk

• Национална стратегија за развој на цивилното воздухопловство 2013-2018. Изготвена е и усвоена Национална стратегија за развој на цивилното воздухопловство за периодот 2013-2018, во која се дефинирани повеќе мерки и цели за развој на воздухопловството во Република Македонија.

• Проект за имплементирање на систем за управување според ISO 9001-2008. Агенцијата за цивилно воздухопловство доби Сертификат ISO 9001:2008, кој е потврда за долгогодишната заложба од Агенцијата да се направи современ европски систем на брз, ефикасен и безбеден авиотранспорт достапен до сите граѓани, а кој влијае на подигање на квалитетот и ефикасноста на перформансите во македонското воздухопловство, примената на најдобрите практики од поразвиените земји, но и усогласувањето на домашната со европската регулатива.

• Нови системи за инструментално слетување. Инсталирани се нови системи за инструментално слетување - ILS во Скопје и еден DME-систем за мерење на растојание кој е инсталиран во Охрид.

• Реконструкција на техничка сала. Направена е реконструкција на техничката сала со што е овозможено дополнителен простор за поставување на техничка опрема и подобрени услови за работа на техничкиот персонал задолжен за одржување на средствата за воздухопловна навигација, инвестиција вредна 50.000 евра.

• Оптимизирање на протокот на прелети во Република Македонија

Во 2011 година заеднички со Eurocontrol е реализиран проект за зголемување на капацитетите за прелети на обласната контрола на летање во Република Македонија како и намалување на сепарацијата на прелетите од 10 на 5 наутички милји. Со реализација на овој проект значително е зголемен капацитетот на воздушниот простор и е оптимизиран протокот на прелетите, скратени се траекториите на летовите, намалена е потрошувачката на гориво за авиокомпаниите и емисијата на штетни гасови во атмосферата.

• Обновување и модернизација на системот за воздухопловна навигација. За овој проект обезбедени се средства во износ од 11,15 милиони евра со што е предвидена имплементација на седум главни проекти за обновување и модернизирање на системот за воздухопловна навигација. За поголем дел од системите, подготовката на техничките спецификации е во финална фаза, а процесот се одвива во соработка со Eurocontrol. Проектот ќе се реализира во периодот 2014-2015 година.

ГРАДЕЖНиШТВО и УРБАНиЗАМ

Во Манифестот за реформи и развој 2011-2015 беа ветени 11 проекти. 7 проекти се реализирани, а 4 се во тек на реализација.

Исто така реализирани се 20 проекти кои не беа ветени.

Вкупно реализирани се 27 проекти. Вкупно 4 проекти се во тек на реализација.

ВЕТЕНО –ОСТВАРЕНО

• Подземен катастар. Донесен е закон и подзаконски акти со кои се регулира запишувањето на инфраструктурните објекти како и премерот на истите. Имателите на инфраструктурни објекти имаат обврска да изработат геодетски елаборати за сопствените инфраструктурни објекти, да обезбедат документација од надлежен орган за да можат да бидат запишани во катастарот на инфраструктурните објекти и да добијат имотен лист. Премерот на инфраструктурни објекти од страна на имателите е во тек. Со Законот, освен подземните инсталации, се опфатени и надземните инфраструктурни инсталации и објекти.

• Електронско аплицирање и добивање на одобрение на градење. Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок. Исто така, овозможува водење на постапките во сите нејзини фази

Page 71: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

71

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

единствено по електронски пат, започнувајќи од електронско поднесување и потпишување на потребната документација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и донесување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребни податоци и документација од останати вклучени субјекти и електронско издавање на актите во постапката.

• Предавање на градежно земјиште во надлежност на општините. Создадовме законски услови за управување со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија и досега вкупно 45 општини ја искористија оваа можност, самостојно да управуваат со градежното земјиште. Со реализација на овој проект се овозможи креирање на „ONE STOP SHOP“ систем за реализација на инвестиции, што подразбира изработка на урбанистички план, отуѓување на градежно земјиште и издавање на одобрение за градење на едно место, односно во самата општина.

• Електронски регистар на изградени јавни електронски комуникациски мрежи.

• Изработка на електронска апликација за реализирање на јавни наддавања на градежно земјиште. Овозможивме отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање, со што се создадоа услови за учество на јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште од дома, од канцеларија, од кое било место коешто има пристап на Интернет.

• Прирачник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Прирачникот за водење на постапката за изготвување и донесување на урбанистички планови и урбанистичко-планска документација е изготвен и доставен до ЗЕЛС во 2011 година.

• Имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Вкупно легализирани и запишани објекти во Агенцијата за катастар на Република Македонија на територијата на Македонија се 81 298. Од нив 25 075 се во градот Скопје, a 56 223 се во останатите општини. Рокот за поднесување на геодетски елаборати е продолжен до 31.12.2015

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• Централна база на податоци на урбанистички планови. Со Одлука на Владата на Република Македонија формиран е Комитет за воспоставување на централизиран систем за урбанистички планови со претставници од повеќе релевантни институции, а со кој раководи министерот за транспорт и врски. Донесен е и акциски план за воспоставување на централната база, со временска рамка од 2014 до 2020 година.

• Изработка на планска документација и интегрирано управување со истата. Системот е само еден аспект од проектот наведен погоре за централна база на урбанистичките планови. Поради комплексноста на самиот проект, акцискиот план кој е изработен врз база на детална анализа, предвидува период на реализација од 2014 до 2020 година.

• Електронско аплицирање за издавање на согласност за урбанистички планови. Обезбедени се средства за изработка на софтвер за електронско издавање на согласности на урбанистички планови. Софтверот се очекува да биде изработен најдоцна до септември 2014 година, по што ќе следи период на тестирање, инсталација и обуки и прилагодување на регулативата. Се очекува системот да биде во функција најдоцна од 01.01.2015 година.

• Замена на постојните стандарди во градежништвото со европските стандарди EUROCODES (EN 1990 ff). Во текот на 2012 година усвоени се како македонски, преводите на насловите на сите 58 стандарди со метод на индосирање. Во текот на 2013, сите 58 стандарди се преведени, 45 се усвоени со целосен македонски превод, 12 се во процес на јавна расправа и 1 е во процедура на подготовка за јавна расправа. Во однос на националните анекси со национално дефинираните параметри (НДП), кои се дел од стандардите, 3 се усвоени, а 1 е во процес на јавна расправа. Во следниот период, Координативното работно тело за еврокодовите, ќе препорача на техничкиот комитет ИСРМ ТК 40 да донесе одлука за прифаќање на препорачаните вредности од национално дефинираните параметри, кои се прифатени во европските земји со исклучок на оние за изработка на карти и истите да се донесат во фаза на јавна расправа.

Page 72: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

72

www.vmro-dpmne.org.mk

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• 1 евро/м2 за земјиште под легализирани објекти за семејно домување. Овозможивме сопствениците на легализирани дивоградби за семејно домување - куќи кои се изградени на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, земјиштето под објект и земјиштето во рамки на градежната парцела, вкупно до 500 м2 да го откупат по цена од 1 евро за м2.

• 1 евро/м2 за отуѓување на градежно земјиште. Во насока на дополнително привлекување на нови инвеститори и тоа во области за кои има помал интерес, односно се помалку профитабилни, а социјално неопходни, овозможивме градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, предвидено за изградба на објекти за образование, домови за стари лица и пензионерски домови, детски градинки, пазари и градби за производство на енергија исто така да се отуѓува по пат на јавно наддавање со почетна цена од 1 евро за 1 м2.

• Намалување на цената на земјиште за индустриски објекти. На барање на бизнис-заедницата, со цел решавање на имотно-правните проблеми со земјиштето, односно откуп на истото и создавање на можност за реализација на нови инвестиции, преку доградба, надградба или изградба на нови објекти во рамките на постојните индустриски капацитети, овозможивме градежното земјиште сопственост на Република Македонија во рамки на градежната парцела, по основа на легализиран објект, односно по основа на сопственост на легално изграден објект или заради дооформување на градежна парцела да се отуѓува по цена од 70 денари за 1м2.

• Изработка на урбанистичка планска документација од значење на Република Македонија. Во периодот од 2011 до 2014 преку Агенцијата за просторно планирање работено е на 47 урбанистички планови од значење за државата, од кои 27 се веќе донесени. Со оваа програма се работат урбанистички планови за гранични премини, винарии, производни дистрибутивно-откупни центри, технолошко-индустриски развојни зони, локалитети со извори за геотермални води (спа-центри), трговски центри во близина на гранични премини, туристичко-развојни зони и автокампови, урбанистички планови за села, генерални урбанистички планови и други планови, кои се првиот чекор при реализирање на сиве овие проекти од областа на туризмот, економијата, земјоделството и урбанизмот и градежништвото, за што се инвестирани 48 милиони денари.

• Отуѓено градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Во периодот од август 2011 до февруари 2014 година, како резултат на поволностите и транспарентните постапки што ги понуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку Министерството за транспорт и врски отуѓени се вкупно 318 градежни парцели по пат на јавно наддавање, а од страна на единиците на локалната самоуправа отуѓени се вкупно 1541 градежни парцели, со следните намени:

НАМЕНА НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА (гп) ОПШТИНИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Индивидуално домување 1108 189Колективно домување 20 29

Индустриски објекти (лесна индустрија, стоваришта, сервиси, откупно-дистрибутивни центри, пазари и др.)

243 74

Комерцијални објекти 71 10

Инфраструктурни објекти (катни гаражи, бензински пумпи, паркинзи) 15 12

Сместувачки капацитети (хотели, мотели, времено сместување, кампови, одморалишта, планинарски домови)

72 2

Page 73: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

73

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Јавни дејности (објекти за здравство, образование, култура, социјална заштита, спорт и рекреација)

12 2

ВКУПНО1541 318

1859 отуѓени градежни парцелипо пат на јвано наддавање

• Отуѓени локации за големи инвестиции. Отуѓени се локации за изградба на капитални инвестиции, меѓу кои и локации за нов откупно-дистрибутивен центар во Ресен, Дрекслер Маер во општината Кавадарци, Маркарт во општината Велес, Сончев град во општината Сопиште, локација за изградба на комерцијално-деловен објект и подземна сообраќајница во централното градско подрачје на Скопје и други. Со нив се овозможени огромни инвестиции во секторот градежништво и придружните индустрии како и голем број вработувања.

• Воспоставен катастар на недвижности на целата територија на Република Македонија кон крајот на 2012 година. Поседовните листови отидоа во историјата, а имотните листови станаа доказ за сопственоста врз земјиштето и објектите. Целокупниот правен промет на недвижностите во Република Македонија се заснова на имотните листови. Во катастарот на недвижности се запишуваат правата на сопственост и другите стварни права (хипотеки, товари и прибелешки).

• Е-катастар на цела територија на Република Македонија. Во јули 2012 година, се комплетираше електронскиот катастар во сите подрачни одделенија на катастарот, со што се овозможи сите да работат во еден централизиран систем. Имотните листови станаа достапни од кој било град во Република Македонија за која било парцела или куќа во Република Македонија, со што граѓаните не мора да патуваат до родното место за да извадат имотен лист. Секој граѓанин може да го следи својот предмет преку веб-страницата на катастарот и да дознае кога предметот му е решен. Електронскиот катастар е апликацијата во која се работат сите предмети во катастарот и во периодот од јуни 2011 година до март 2014 преку истиот се решени преку 3,2 милиони предмети.

• Имотен лист кај нотар, приватна геодетска фирма или општина. Во ноември 2012 година, Агенцијата за катастар на недвижности преку апликацијата еКат шалтер овозможи граѓаните да добијат заверен хартиен имотен лист, само за неколку минути, во канцеларија на нотар, на приватна геодетска фирма или на општината. Со оваа реформа, граѓанинот кој има потреба да склучува купопродажен договор, да стави хипотека на својот имот, да изработи геодетски елаборат, да отпочне постапка за добивање на градежна дозвола и слично, нема потреба да доаѓа на шалтерите во катастар, туку имотниот лист му го обезбедува нотарот, приватната геодетска фирма или општината.

• Поднесување на барање исклучиво по електронски пат од нотар. Почнувајќи од февруари 2014 година, поднесувањето на барање за промена во катастарот на недвижности за постапките во кои е вклучена нотарска канцеларија се врши исклучиво по електронски пат од страна на нотарот. Граѓаните или компаниите не доаѓаат до шалтерите на катастарот за да го достават предметот во хартиена форма. Кога запишувањето во катастарот на недвижности е завршено, новиот имотен лист странката го добива кај нотарот, за само неколку минути, со што се скратуваат чекорите за добивање на имотен лист.

• Поднесување на барање исклучиво по електронски пат од општина. Со најновите законски измени во Законот за градење, се овозможува во сите општини, сите одобренија согласни со овој закон да можат да се поднесуваат по електронски пат. Општината има обврска да изврши предбележување на идната градба, веднаш штом ќе издаде градежна дозвола на инвеститорот, исклучиво по електронски пат. Кога ќе се изгради идната градба, општината има обврска да достави пријава за упис на сега изградениот објект, исклучиво по електронски пат, за да се впише новиот објект во катастарот на недвижности и инвеститорот да добие имотен лист за градбата. Започнувајќи од 03.03.2014 година, оваа законска обврска ја практикуваат општините со нивното поврзување на електронскиот шалтер.

• Во август 2012 се стави во употреба Македит - софтвер за изработка на дигитални геодетски елаборати.

Page 74: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

74

www.vmro-dpmne.org.mk

Наменет е за сите приватни геодетски фирми, како и за вработените во Агенцијата кои изработуваат дигитални геодетски елаборати во функција на одржување на катастарот на недвижности. Со негова примена Агенцијата за катастар на недвижности во е-Кат на едно место за цела територија на Република Македонија ќе добие графички приказ на катастарските парцели поврзани со податоците за сопственоста, површината, култура и класа, викано место, прибележувањата и хипотеките.

• Извршена дигитализација на сите книги на промени. Книгите во кои се забележани сите промени кои настанале во катастарот, почнувајќи од 1929 година па до ден денес, се скенирани и дигитализирани. Со овој проект, кој заврши на почетокот на 2014 година, се овозможи значително скратување на роковите за издавање на уверение за историски промени на недвижноста, како и скратување на роковите за решавање на предметите. Дигитализирани се сите книги на промени од 1929 до 2010 година, односно вкупно 871.000 страници.

• Нов портал АКН ГИС – бесплатни геопросторни информации. Владата на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности започнаа со имплементација на проектот за воспоставување на национална инфраструктура на просторни податоци во делот на катастарските податоци. Во овој ГИС-систем на едно место се споени сите геопросторни информации од дигиталните катастарски планови, авионски снимки и топографски карти, кои им се бесплатно достапни на институциите и на граѓаните на Република Македонија.

• Глобална карта на светот верзија 2. Примарната цел на проектот Global Mapping е да се даде придонес за глобален одржлив развој преку обезбедување на основен пакет на географски податоци, неопходен да се разбере сегашната ситуација и да се следат промените на животната средина во целиот свет. На 1 ноември 2011 година публикувана е новата верзија 2 на податоците на Global Map за Република Македонија. За потсетување, Република Македонија беше првата европска земја која што во 2006 година ги изготви и ги публикува податоците Global Map, верзија 1.

• За воспоставување на национална инфраструктура на просторни податоци во Република Македонија, во мај 2012 година изработен е уредувач за метаподатоци. Преку него е дадена можност одредени институции како што се: Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за просторно планирање, Центарот за управување со кризи и градот Скопје да креираат метаподатоци за нивните геопросторни податоци.

• е-Кат графика. Во јули 2013 година, системот е-Кат е надграден со нова можност за графички приказ на недвижности (катастарските парцели и објекти), со што се овозможи побрзо, поефикасно и поквалитетно одржување на катастарските податоци, како и побрза и поефикасна електронска размена на графичките податоци. Системот овозможува издавање копија од катастарски план на шалтерите на катастарот или во канцеларијата на нотарот, општината или приватната геодетска фирма, веднаш по поднесување на барањето.

• Изработена е бесплатна апликација i-Kat за увид во податоците од катастарот на недвижности. Во декември 2012 година, Агенцијата за катастар на недвижности за корисниците на смарт-телефони и таблет-компјутери, изработи бесплатна апликација „i-Kat“ која дава графички приказ на секоја локација, како и информации од имотниот лист за секоја катастарска парцела, нејзиниот број, површина, како и сопственикот.

• Електронски потпис и временски жиг. Агенцијата за катастар на недвижности е првата институција во Република Македонија, која сите предмети што ги работи, било да се примени преку електронскиот шалтер, било да се преку физичкиот шалтер па потоа скенирани, ги потпишува со електронски потпис издаден од овластен издавач.

• Воспоставени нови геодетски мрежи за прецизни геодетски мерења. Кон крајот на 2013 година, за првпат во историјата на Република Македонија, воспоставена е и измерена е нивелманска мрежа со висока точност на целата територија на Република Македонија. Со новата нивелманска и гравиметриска мрежа се овозможуваат прецизни геодетски мерења при истражување на рудни богатства, природен гас и нафта, за откривање подземни шуплини, пештери, за алоцирање на подземни води, за следење на промените на земјените маси при потреси, при проектирање и изведба на капитални проекти, тунели, мостови, брани, патна и железничка инфраструктура и др.

Page 75: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

75

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

СТАНБЕНА иЗГРАДБА и кОМУНАЛНА иНФРАСТРУкТУРА

Во Манифестот за реформи и развој 2011-2015 беа ветени 27 проекти. 8 проекти се реализирани, 17 се во реализација, а 2 проекти се нереализирани.

Исто така реализирани се 3 проекти кои не беа ветени.

Вкупно реализирани се 11 проекти. Вкупно 17 проекти се во тек на реализација и 2 се нереализирани.

СТАНБЕНА ИЗГРАДБА

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи ,,Проект за домување на социјално ранливи групи“. Објектите во Битола, Берово и Штип со вкупно 220 станбени единици, се завршени со изградба во целост во периодот од 2011-2013 година, со што вкупната бројка на изградени станови по оваа програма изнесува 559 станбени единици.

• Станови и куќи за станбено необезбедени лица (млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родители, самци и други станбено необезбедени лица). По оваа програма, завршен е објектот во Битола со 70 станбени единици.

• Станови и куќи кои се наменети за продажба. Досега се завршени 152 станови во Скопје – општина Аеродром, 50 станови во Скопје - општина Центар (во завршна фаза, во тек е интерен технички преглед), 325 станови во Скопје – општина Аеродром (во завршна фаза, во тек е интерен технички преглед), 35 станови во Струмица, 149 станови во Битола, односно вкупно 711 станбени единици. За 350 станбени единици во Скопје и во Битола завршено е со изработка на проектната документација.

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• Изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи ,,Проект за домување на социјално ранливи групи“. Во 2013 година, отпочнаа со градба и објектите во Прилеп со 75 станови, Демир Хисар со 25 станови и Ресен со 18 станови. Изградбата во Прилеп се очекува да биде завршена во текот на 2015 година, а во Демир Хисар и Ресен во текот на 2014 година.

Исто така, завршено е со проектирање на 312 станови во Скопје, 43 станови во Кочани, 70 станови во Гостивар, 10 станови во Македонски Брод, 34 станови во Пехчево, 39 станови во Виница, 54 станови во Свети Николе, 48 станови во Пробиштип, 41 стан во Струмица и 62 станови во Неготино. Останува да се проектираат 121 стан во Скопје, 68 станови во Куманово, 55 станови во Тетово, 46 станови во Дебар и 29 станови во Велес.

• Станови и куќи за станбено необезбедени лица (млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родители, самци и други станбено необезбедени лица). Во 2013 година од страна на Владата на Република Македонија донесен е Акциски план за изградба на станови за станбено необезбедени лица во Скопје - 35, Кочани - 20, Тетово - 34 и Кавадарци - 19. Во текот на 2014 година ќе се отпочне со обезбедување на проектна документација за истите.

• Станови и куќи кои се наменети за продажба. Во фаза на изградба се 126 станови во општината Аеродром и истите ќе се завршат во 2016 година.

Page 76: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

76

www.vmro-dpmne.org.mk

ДРУГИ ПРОЕКТИ

• Изградба на Националната арена „ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ“. Во изминатиот период завршено е со реконструкцијата на борилиштето кое опфаќа градежни и градежно-занаетчиски работи, хидротехнички инсталации, термотехнички инсталации, нивелациско и партерно уредување, електрични инсталации и електро-енергетски блок (трафостаница за потребите на ел.котларница за греење на теренот) во контекст на уредувањето и опремувањето на теренот, изградбата на борилиштето и завршувањето на атлетската патека. Во моментов во тек се градежни активности за фасадно обликување на подтрибинскиот простор на источната трибина, а се очекува да завршат во мај 2014 година.

КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• 1. Проект Водоснабдување и одведување на отпадни води со средства обезбедени од ЕИБ. Проектот се реализира во сите 84 општини во Република Македонија со цел зајакнување на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот во општините.

Со овој проект досега се реализирани 24 проекти:

Општина Опис на проектот Вредност (евро)

Битола Реконструкција на системот за водоснабдување во с. Раштани

78.803

БогданциИзградба на систем за водоснабдување Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во населеното место Ѓавато

250.670

Валандово Изградба на канализациски систем за отпадни води за населените места Брајковци, Балинци и Марвинци

494.815

Василево Изградба на систем за фекална канализација во општината Василево

406.560

Виница Реконструкција на дел од водоводната мрежа во Виница 158.381

Гевгелија Изградба на фекална канализациска мрежа за с. Прдејци, општина Гевгелија

312.827

Демир Хисар Реконструкција на дел од градската водоводна мрежа во Демир Хисар, општина Демир Хисар

105.719

Долнени Реконструкција на водовод за населеното место Дебреште 69.240

Кавадарци и Росоман

Изградба на објект за водоснабдување на селата Ваташа, Глишиќ, Марена и Сопот со пречистителна станица за вода за пиење , општина Кавадарци

1.982.108

Кривогаштани Доизградба на фекална канализациска мрежа во општина Кривогаштани

67.392

Маврово и РостушеРеконструкција и проширување на системот за водоснабдување на населеното место Никифорово, општина Маврово и Ростуше

60.003

Page 77: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

77

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

МогилаГрадење на доводен цевковод за водоснабдување на с. Мусинци од градската водоводна мрежа на Битола, општина Могила

116.908

Неготино Изградба на фекална канализација и реконструкција на водоводна линија на ул. „11 Октомври“, општина Неготино

70.766

Новаци Реконструкција на водоводна мрежа во населеното место Далбеговци, Долно и Гроно Алгарци, општина Новаци

72.680

Осломеј Изградба на водоснабдителен и канализациски систем во с. Жубрино, општина Осломеј

326.356

Петровец Изградба на фекална канализација (1 Фаза) во Петровец

174.579

ПрилепИзградба на потисен цевковод со вградување на хидромеханичка опрема и електрично напојување во бунарското подрачје Бегова Ливада, општина Прилеп

641.604

Свети Николе

Изградба на фекална канализација во населеното место Ерџелија, општина Св.Николе

357.173

Студеничани Подобрување на водоснабдувањето со реконструкција на дел од постојната водоводна мрежа во с.Студеничани

194.038

Бутел Изградба на фекална канализација за дел од населено место Радишани

89.877

Гази БабаИзградба на примарна фекална канализација за одведување на фекални отпадни води во населеното место Стајковци, општина Гази Баба

227.729

Ѓорче Петров Изградба на секундарна водоводна мрежа во реонот на Волково и Кисела Јабука во општината Ѓорче Петров

185.111

Кисела Вода Изградба на атмосферска канализација на ул. „Жарко Зрењанин“, општина Кисела Вода

138.085

Шуто Оризари Фекална канализација Æ 400 по улиците „Пелагонија“ и „Брсјачка буна“ во општината Шуто Оризари

48.954

ВКУПНО: 6.630.378

Во тек на реализација се 11 проекти кои се очекува да бидат реализирани во 2014 година:

Општина Опис на проектот Вредност (евро)

Демир Капија

Реконструкција на водоводната мрежа во Демир Капија, општина Демир Капија

350.490

Кичево

Реконструкција на водоводна линија на булеварот „Ослободување“ и изведба на водоводна линија на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, по принцип „Клуч во раце“

312.961

Page 78: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

78

www.vmro-dpmne.org.mk

Куманово Изградба на фекална канализација на улиците „601“ и „620“ во општината Куманово

84.455

Македонска Каменица

Реконструкција на водоводната мрежа во Македонска Каменица

313.050

Гевгелија Изградба на фекална канализациска мрежа за с.Мрзенци, општина Гевгелија

230.920

Зајас Изградба на регионален водоснабдителен систем во општината Зајас

327.930

Крива Паланка

Дополнителни работи на зафат и довод на вода за водоснабдителниот систем Станечка Река и доопремување на филтер-станицата за вода за пиење

97.931

Неготино Изградба на фекална канализација за с.Тремник, општина Неготино

175.892,16

Кратово Изградба на колекторски систем за речното корито на реката Кратовска

1.128.576

БосиловоИзградба на систем за водоснабдување на населеното место Моноспитово, општина Босилово

437.587

ВКУПНО: 3.459.792

• Изградба на катни гаражи. Во изминативе години посветивме особено внимание на решавање на долгогодишните проблеми со сообраќајниот метеж и паркирањето. Досега преку отуѓување на градежно земјиште со намена за изградба на катни гаражи, од страна на приватни инвеститори беа изградени три катни гаражи во Скопје со вкупно 604 паркинг-места, една катна гаража во Прилеп со вкупно 360 паркинг-места. Исто така во соработка со градот Скопје и општината Центар ги завршивме и изградбата на катните гаражи кај поранешната локација на Цветен пазар со вкупно 445 паркинг-места и кај Судска палата со вкупно 500 паркинг-места.

• Акција за чистење на реки во Република Македонија. Во 2011 година спроведовме акција за чистење на речни корита во Република Македонија, со која беа опфатени околу 90 речни корита, со вкупна должина од повеќе од 200 km, во 40 општини во Република Македонија.

Во текот на 2012 година реализирана е акција за чистење на речни корита со која се опфатени 60 речни корита во вкупно 45 општини.

Во 2013 година спроведена е нова акција за чистење на речни корита во 46 општини во Република Македонија, со која се опфатени 76 делници на речни корита.

• Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување на езерата во Република Македонија. Во 2012 година, целосно се реализирани пешачката патека во Велес и Дојран (1 фаза). Вкупната вредност на проектот изнесува 75 милиони денари.

• Набавка на нови градски автобуси во Скопје и двокатни отворени туристички автобуси за Скопје и Охрид. Во 2012 година целосно го заокруживме проектот за набавка на автобуси за јавен градски превоз и тоа 200 двокатни автобуси, 80 нископодни автобуси, 16 минибуси и 17 двокатни автобуси од отворен тип, со што за граѓаните обезбедивме удобен, безбеден и модернизиран јавен градски превоз. Инвестицијата е во висина од околу 50 милиони евра.

Page 79: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

79

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• Изградба на водоснабдителни и канализациски системи во рамките на Декадата за вклучување на Ромите.Во рамките на имплементацијата на Националните акциски планови од Стратегијата за Ромите во Република Македонија и Декадата за вклучување на Ромите 2005–2015 година, беа реализирани проекти од комуналната инфраструктура во населби населени со претежно ромско население. Во периодот од 2011 до 2013 година беа обезбедени и реализирани средства во висина од 500 илјади евра. Проектот ги опфати општините Битола, Гази Баба, Делчево, Ѓорче Петров, Кичево, Кочани, Прилеп, Чаир, Штип, Виница, Берово и Пробиштип.

• Изградба на водоводна мрежа, сепарирана канализациска мрежа со пречистителна станица и станбени улици во викенд-зоната Вршник во општината Крушево. Во 2013 година отпочнато е со реализација на овој проект кој има големо значење заради можноста за туристички развој на општината, инвестиција вредна 1,1 милион евра. Планирано е реализацијата на овој проект да биде завршена заклучно со јули 2014 година.

• „Водовод и канализација на општините-фаза 1“, финансиран од Германската банка за обнова KfW. Проектот, во вредност од 13 милиони евра, се реализира во избраните општини: Гевгелија, Гостивар, Битола, Радовиш, Неготино, Кочани, Кавадарци и Тетово.

Во првиот дел од Фаза 1 целосно се реализирани 16 проекти во општините: Гевгелија, Гостивар, Битола, Радовиш, Неготино, Кочани, Кавадарци и се очекува проектот во Тетово да биде завршен во јули 2014 година, а реализирани се средства во висина од 8.000.000 евра.

Отпочнати се активности во вториот дел од фаза 1, со реализација на проекти во петте најдобри јавни претпријатија од осумте општини, вклучени во првиот дел на проектот: Гевгелија, Радовиш, Неготино, Кочани и Кавадарци. Тој ќе се реализира до крајот на 2016 година.

• Завршување на процесот за продажба на становите во општествена сопственост. Во периодот од август 2011 до февруари 2014 продадени се 560 станови за кои се склучени купопродажни договори. Во моментов во постапка на решавање во Министерството за транспорт и врски се уште 819 предмети.

Во меѓувреме по барање на корисниците направивме измени што ја олеснија процедурата и ќе овозможат забрзан процес на продажба на станови во вториот дел од 2014 година.

• Изградба на катни гаражи во Скопје. Во фаза на изградба се и следниве катни гаражи во Скопје кои ги реализираме во соработка со АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор и градот Скопје:

Локација Број на паркинг-места Рок за изградба

Кај зградата на Холокауст 240 септември 2015

Кај Работнички дом 516 октомври 2014

Кај административната зграда на АД Пошта 280 мај 2014

Пред новата зграда на Министерство за финансии 650 септември 2014

Вкупно 1686

Page 80: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

80

www.vmro-dpmne.org.mk

• Изградба на катни гаражи од приватни инвеститори по пат на отуѓување на државно земјиште. Во изминатиов период создадовме услови за изградба на катни гаражи од страна на приватни инвеститори, по што се очекува изградба на катни гаражи на следниве локации:

Локација Број на паркинг-места

Спроти хотел Бристол 280

Градски парк (кај Маракана) 300

Кај ТЦ Буњаковец 64

Кај Собрание 300

Кај МЕПСО 240

Покрај Вардар 200

Вкупно 1384

• Надградба на ГТЦ. Во фаза на изработка е основен проект и се очекува истиот да биде завршен во мај 2014 година, по што ќе се определи најдобар модел за реализација на овој проект.

• Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување на езерата во Република Македонија. Во текот на 2014 година ќе бидат изградени пешачки патеки околу езерата во општините Дојран (втора фаза), Маврово и Ростуша и Берово.

• Уредување на 1.950 метри плажи на брегот на Дојранското и 2.000 метри плажи на брегот на Преспанското Езеро. Министерството за транспорт и врски изготви проектна документација за уредување на 1950 метри плажи на брегот на Дојранското Езеро, општина Дојран, и за уредување на 2000 метри плажи на брегот на Преспанското Езеро, општина Ресен. Во наредниот период, ќе следи јавен повик за избор на компанија која ќе изврши уредување на плажите согласно со проектната документација. Вкупната вредност за реализација на проектите изнесува околу 350.000.000 денари.

• Регистрација на бродови под македонско знаме. Министерството за транспорт и врски поднесе апликација до Европската комисија, односно TAIEX инструментот за експертска поддршка во однос на регулација на оваа област во Република Македонија. Апликацијата беше одобрена во јуни 2012 година. Согласно со анализата, проектот е одложен до 2015 година.

НЕВЕТЕНО-ОСТВАРЕНО

• Изградба на фекална канализација во населеното место Милетино, општина Брвеница. Со завршувањето на овој проект решен е дел од проблемот за одведување на отпадните води кое е од големо значење за жителите на населеното место Милетино. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 4 милиони денари.

• Уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Министерството за транспорт и врски спроведе воздушно прскање против комарци во градовите: Дојран, Охрид, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново Облешево, на површина од околу 12.000 хектари. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000,00 денари.

ДРУГИ ПРОЕКТИ

• Опремување на 40 станови наменети за деца без родители. Спроведена е постапка за набавка на мебел, бела техника и друга опрема за опремување на 40 станови наменети за деца без родители, доделени од страна на Владата на Република Македонија, во градовите Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Штип, Кавадарци, Струмица и Велес. Опремувањето ќе биде завршено до крајот на март 2014 година, а вредноста на проектот изнесува околу 3.000.000,00 денари.

Page 81: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

81

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Изградба на каскадни прегради на реката Вардар и решавање на проблемот на фекалните води на дел од градот Скопје

• Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување на езерата во Република Македонија

Уредување на крајбрежјата на езерото Козјак, Преспанското Езеро, езерото Матка, Охридското Езеро, Прилепското Езеро, езерото Глобочица, Тиквешкото Езеро, езерото Водоча, езерото Мантово, езерото Турија, езерото Калиманци, езерото Градче, езерото Паљурци, Липковското Езеро и езерото Мавровчица.

Page 82: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

82

www.vmro-dpmne.org.mk

ЕНЕРГЕТикА

Page 83: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

83

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Во периодот 2011-2014 година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжи со реализација на крупни инвестиции во енергетиката како основен предуслов за обезбедување на одржлив развој на економијата. Реализирани се голем број проекти за изградба на нови и модернизација и ревитализација на постојните електрани, далеководи и трафостаници, како и подготвителни и истражувачки активности за изградба на нови рудници за јаглен потребни за производство на електрична енергија. Истовремено Македонија се приклучи во меѓународниот гасовод „Јужен тек“, со што е остварена стратешката цел за обезбедување на енергетска стабилност на државата на долг рок и услови за понатамошен развој на гасната инфраструктура на Република Македонија.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Есента 2012 година заокружен е еден од најголемите инвестициски зафати во енергетиката во Република Македонија за модернизација и ревитализација на агрегатите на РЕК Битола, проект вреден 56 милиони евра. Со неговата реализација, моќноста на термоблоковите е зголемена за вкупно 25 MW и е продолжен животниот век на агрегатите за наредните 25 години.

• Целосно е завршена изградбата на ХЕЦ Света Петка и овој капацитет од 1 август 2012 година е ставен во функција. Хидроелектраната со која целосно се заокружи водниот потенцијал на реката Треска е со инсталирана моќност од 36,4 MW, а годишно ќе испорачува по околу 66 GWh електрична енергија или количина доволна за снабдување на преку 40.000 граѓани на Република Македонија.

• Рудникот Брод-Гнеотино е технички целосно комплетиран откако во јули 2012 година е пуштен во функција главниот транспортен систем за јаглен од тој рудник до површинскиот коп Суводол во должина од околу 10 километри, проект вреден 18,6 милиони евра. Системот обезбеди транспорт на јаглен до Суводол во континуиран режим, а во перспектива ќе биде подготвен да го прифаќа јагленот од новото јагленово наоѓалиште Живојно. Реализацијата на овој значаен проект на АД ЕЛЕМ значи заокружување на производниот процес во новиот површински коп „Брод – Гнеотино“, директно зајакнување на можностите и ефикасноста на трите рудници и продолжување на животниот век на нашиот најголем електроенергетски капацитет РЕК „Битола“.

• Извршена е реконструкција на 110 kV далековод ТС Скопје 3 – ХЕЦ Козјак со кој се овозможи приклучување на новата ХЕЦ Св. Петка на електроенергетската мрежа со што се обезбеди доволно количество електрична енергија за 40.000 жители. Проектот е целосно реализиран и во него вложени се 1,5 милиони евра.

• Изградени се две делници од двосистемскиот 110kV далековод на ХЕЦ Вруток-ТС Тетово 2, а до крајот на септември 2014 година ќе се заврши и изградбата на третата делница. Истиот е со должина од 33 km и ќе овозможи зголемување на доверливоста и квалитетното напојување со електрична енергија на потрошувачите на Полошкиот регион. Вредноста на овој проект е 4 милиони евра.

• Донесена е Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката за периодот од 2013 до 2017 година.

• Реализиран е ГЕФ-проектот за одржлива енергија, со кој беа реновирани зградите на 42 училишта и градинки во 12 различни општини со цел постигнување на енергетска ефикасност. Вредноста на проектот изнесува 4 милиони долари и е спроведен во соработка со Светската банка. Вкупната заштеда на енергија е проектирана на 4.218 мегават/часови годишно, што е околу 46% од вкупната годишна потрошувачка на енергија пред реновирањето, односно вкупните заштеди се очекува да изнесуваат 20.371.240 денари годишно (429.830 УСД), што е околу една половина од годишните трошоци за енергија пред спроведувањето на проектот.

• Со реализација на Проектот за соларни термални системи субвенционирани се вкупно 2.415 домаќинства (2007 и 2009 година по 500 домаќинства, 2011 година - 420 домаќинства, 2012 година – 481 домаќинства и 2013 година – 514 домаќинства) и исплатени се вкупно 36 милиони денари од Буџетот на Република Македонија.

• Се реализира проектот Платформа за енергетска ефикасност (2012-2013) во Република Македонија чија цел е подигање на јавната свест за енергетската ефикасност. Во рамки на проектот емитувани се повеќе едукативни емисии на националните телевизии и за таа намена се одржаа две работилници.

Page 84: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

84

www.vmro-dpmne.org.mk

• Изработена е програма за обука на енергетски контролори, чие донесување е обврска согласно со Законот за енергетика и Правилникот за енергетски контроли. Со тоа процесот на спроведување обуки и овластување на енергетски контролори може да започне.

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• ГАСИФИКАЦИЈА на Република Македонија.

Во 2012 година се изработи проектната документација за приоритетниот магистрален правец поделен во пет делници, делница 1 Клечовце–Штип–Неготино во должина од 96,65 км, делница 2 Неготино–Прилеп–Битола во должина од 91,70 км, делница 3 Штип–Радовиш–Хамзали (Република Бугарија) во должина од 59,96 км, делница 4 Хамзали–Стојаково (Р.Грција), во должина од 50,39 км, делница 5 Скопје–Тетово–Гостивар со можност за поврзување со Кичево во должина од 110 км.

На 21 јануари 2014 година донесен е Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, Делница „Клечовце - Блок станица 5“ (Штипско), во согласност со Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за регулирање на обврските на поранешниот СССР. Во тек е постапка за склучување на договор по кој се очекува во втората половина на 2014 година да почне изградбата. Во периодот од 2014-2020 година се предвидува изградба на останатите делници од приоритетниот магистрален правец како прва фаза, а преостанатиот дел од целокупната мрежа на гасоводот од околу 450 км се предвидува во втора фаза.

Во 2013 година се изработи Физибилити-студија за развој на дистрибутивни мрежи на природен гас во Регион 1-Скопски регион врз основа на која Владата на Република Македонија на 30.01.2014 година објави Оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во регион 1 (Скопски регион).

• Паралелно со завршувањето на модернизацијата на агрегатите започната е реализацијата на сложениот проект која опфаќа модернизација на котлите во термоелектраните „Битола“. Котелскиот систем на термо-блокот 3 е модернизиран во ноември 2012 година, а во 2013 година истиот процес беше изведен и врз термо-блокот 2. Проектот вреден 89 милиони евра опфаќа целосна промена на јагленовиот тракт, доводот на јаглен, доводот на воздух, промена на поголемиот дел од цевниот систем, намалување на нивото на штетните емисии и зголемување на ефикасноста на котлите. Со целосната реализација на проектот што ќе заврши до октомври 2014 година со модернизација на котелскиот систем на термо-блокот 1, АД ЕЛЕМ ќе стане компатибилен во делот на емисија на азотни оксиди и ќе ги исполни најстрогите европски директиви за заштита на животната средина.

• Во мај 2013 година на локацијата Ранавец кај Богданци е означен камен-темелник и почеток на градежните активности на паркот на ветерни електрани „Богданци“. Според воспоставената динамика, изградена е потребната инфраструктура и придружните објекти, а целосната монтажа на ветерниците заврши во февруари 2014 година. Ветерниот парк со инсталиран капацитет од 36,8 MW вреден 56 милиони евра ќе биде вклучен во електроенергетскиот систем на Република Македонија и ќе почне со производство на „зелена“ енергија во мај/ јуни 2014 година.

• Во февруари 2013 година почна ревитализацијата на шест хидроелектрани на АД ЕЛЕМ - втора фаза со која е предвидена замена на застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електро-опрема. Три од вкупно четири агрегати во ХЕЦ Вруток се целосно ревитализирани, а согласно со динамичкиот план, четвртиот и последен агрегат ќе биде целосно ревитализиран и вклучен во електроенергетскиот систем до мај оваа година. Проектот вреден 32 милиони евра што ќе биде целосно заокружен до средината на 2014 година предвидува продолжување на животниот век на постојните хидроелектрани и нивните придружни градежни објекти, како и зголемување на сигурноста и доверливоста, зголемување на инсталираната моќност од 18,31 МW и дополнително годишно производство од околу 50 GWh електрична енергија, количество доволно за задоволување на потребите на над 30.000 граѓани во Република Македонија.

Во рамките на реализацијата на проектот е инсталирана нова опрема која е целосно автоматизирана во

Page 85: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

85

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

процесот на производство на електрична енергија, како и инсталација на нова опрема за контрола и набљудување на состојбата, стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти. Во однос на активностите поврзани со Мавровските хидроелектрани заврши надвишувањето на браната Леуново, што овозможи целосно искористување на проектираниот капацитет на мавровската акумулација од 286 милиони кубни метри вода. Со овој зафат создадена е можност Мавровското Езеро да прими нови 32,5 милиони кубни метри вода или количество доволно за производство на дополнителни 50 GWh електрична енергија од постојните мавровски хидроелектрани.

Завршена е и реконструкцијата на Речкиот и на Шарскиот канал, со што евентуалните загуби на вода од овие објекти се сведени на минимум. Со овие зафати практично ќе се заштити локалното население од потенцијалните ризици при лизгање на земјиштето.

Извршена е и санација на Толјанскиот тунел на најкритичните делници, а останува во наредниве месеци да се доработат уште 10 % од делниците од овој објект во вкупна должина од 170 метри. Со овој зафат значително се зголемува сигурноста на самиот тунел и ќе се намалат загубите на вода низ овој објект. Во рамките на проектот ревитализирана е инјекционата завеса на браната на ХЕЦ Шпилје, а заврши и монтирањето на новата опрема за мониторинг на браните Маврово, Глобочица, Шпилје, Тиквеш, Козјак и Св.Петка.

• Во насока на обезбедување долгорочен стабилен електроенергетски систем АД ЕЛЕМ продолжи со активностите за активирање нови лежишта на јаглен. Во изминатиот период е изработен Главниот рударски проект за отворање на експлоатација на подинските јагленови серии (ПЈС) во рудникот Суводол. Во исто време се изработи системот за одводнување на бунарите, проект вреден 2,5 милиони евра.

• Во периодот 2011-2012 година, инвестирани се 3,5 милиони евра за геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувања и испитувања на јагленовото лежиште Живојно. Елаборатите од истражувањата се завршени во 2013 година. Со овие активности се заокружи процесот на истражување во Живојно како локација за нов рудник за јаглен, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Сегашните проценки се дека во овој рудник, АД ЕЛЕМ ќе инвестира околу 104 милиони евра, а реализацијата би започнала по изработката на Главниот рударски проект.

• Во текот на 2010 и 2011 година завршени се деталните геолошки истражувања во функција на отворање на нов рудник за јаглен во Мариово и започната е изработка на проект за негово отворање и експлоатација. Експлоатациските резерви на јаглен во овој рудник се проценети на 61 милиони тони. Главниот проект е изработен во текот на 2012 година, а добиените резултати ќе се искористат за изработка на Студија за оправданост за изградба на нова термоелектрична централа со инсталирана моќност 250-300 МW.

• Во тек е процедура за избор на изведувачи на градежните работи и добавувачи на опрема за ХЕ „Бошков Мост“. За реализацијата на овој проект потпишан е Договор за заем меѓу АД ЕЛЕМ и Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и Договор за гаранција меѓу Република Македонија и ЕБОР. Со двата договора се одобрува заем од 65 милиони евра за изградба на ХЕ „Бошков мост“. Покрај тоа, ЕЛЕМ ќе вложи и сопствени средства во износ до 42 милиони евра.

• Започнати се активности за реализација на проектот „Луково Поле“. Овој капацитет ќе се состои од доводни тунели и канали во должина од 13 км, 5 зафатни градби, акумулација и МХЕ „Црн Камен“. Проектот „Луково Поле“ вклучува изградба на акумулација со вкупен корисен волумен од 34.830.000 кубни метри вода, лоцирана на спојот на Корабскиот и Шарпланинскиот масив на висина од околу 1.500 метри. Поголемиот дел од зголеменото производство на електрична енергија од овој хидросистем ќе се реализира преку постојните Мавровски хидроелектрани „Вруток-Равен-Врбен“, а еден помал дел, преку новата мала хидроелектрана „Црн Камен“. Придобивките од изградбата на овој систем се многубројни. Проектот е енергетски исплатлив бидејќи ќе се намали зависноста од увоз на електрична енергија на Република Македонија за 105,56 GWh на годишно ниво. Од економски аспект, проектот „Луково Поле“ е високо на приоритетите кога се работи за инвестициите во енергетиката, со оглед дека во неговата реализација ќе биде вклучено речиси целото домашно стопанство, што во крајна линија значи и нови продуктивни вработувања и целосно користење на домашните капацитети. Во тек е изработка на Основниот проект и на Студија за влијанието врз животната средина за „Луково Поле“ со донација од Светската банка во износ од 3 милиони долари, и истите се очекува да бидат завршени до април 2014 година. Проектот се очекува да биде разгледан и одобрен од страна на Светската банка во октомври 2014

Page 86: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

86

www.vmro-dpmne.org.mk

година, а до крајот на 2014 година би се потпишал договорот за заем, по што ќе се започне со градба, а проектот целосно би се реализирал заклучно со 2017 година. Вкупната инвестиција е проценета на 84 милиони евра.

• Изградба на мали хидроцентрали. Потпишани се вкупно 66 договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали. Вкупниот инсталиран капацитет ќе изнесува 60 MW со очекувано годишно производство од 230 GWh. Проценетата инвестиција се движи од 100 до 120 милиони евра. Од вкупниот број на потпишани договори за концесија, во моментот изградени се вкупно 17 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 12 MW за кои до сега се инвестирани над 20 милиони евра. Во моментов во фаза на изградба се уште 15 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 16 MW и очекувана инвестиција од 27 милиони евра. Половината од овие се завршени во 2013 година, а останатите се очекува да се завршат во 2014 година. Останатите 34 потпишани договори за концесија се во напредна фаза на обезбедување на потребните документи за добивање на одобренија за градба, со што ќе започне и изградбата на истите.

• Започната е реализацијата на проектот за топлификација на општините Битола, Новаци и Могила. За таа намена, во 2011 и 2012 година е изведена реконструкција на турбините на два термоблока во РЕК „Битола“, зафат во вкупна вредност од 4 милиони евра. Преку користење на отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола, со реконструкција на топлинските системи, изградба на магистрален топлински вод во должина од околу 12,5 km од РЕК Битола до градот Битола, како и модернизирање на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, ќе се овозможи дел од енергијата што се произведува во РЕК Битола да се користи за греење на домаќинствата и индустриските капацитети. За потребите на овој проект изработена е Студија за изводливост во 2013 година, а се изработува основен и инфраструктурен проект. По обезбедувањето на одобрението за градба ќе започнеме со изградба на вреловодната станица во РЕК Битола и изградба на топловод (и топловодна мрежа).

• Во тек е реализација на проектот двосистемски 110KV далековод 2 X 110KV ТС Битола 3-ТС Битола 4 со должина од 10,5 км. Со овој далековод најголемите трафостаници во овој регион ќе се затворат во прстен, што ќе придонесе за подобрување на напонските услови и зголемување на доверливоста на електроенергетскиот систем во Битолскиот регион. Проектот со вредност од 3,25 милиони евра ќе биде реализиран до крајот на септември 2014 година.

• Во тек е реконструкција на 110kV далековод ТС Скопје 1 – ТС Куманово 1. Со реконструкцијата на овој далековод ќе се зголеми пропусната моќ на дел од преносната мрежа. Вредноста на овој проект изнесува 1,3 милиони евра и се очекува до крајот на јуни 2014 година да биде целосно реализиран.

• Во тек е реконструкција на 110 KV далековод на ТС Скопје 1 – ТС Тетово 1 во должина од 48,6 км. Со реконструкцијата на овој далековод ќе се заокружи стабилното снабдување со електрична енергија на Тетовскиот регион. Вредноста на овој проект е 4 милиони евра.

• Започната е реализацијата на проектот за изградба на 400kV интерконективен далековод ТС Штип (Р. Македонија) – ТС Ниш (Р. Србија) во должина од 69,83 км. Овој проект е со вредност од 11,2 милиони евра и ќе овозможи трајна стабилност на Електроенергетскиот систем на Република Македонија како и комплетно енергетско завршување на Коридорот 10.

• Започнати се активности за изградба на 400 kV интерконективен далековод ТС Битола 2 (Р. Македонија) – ТС Елбасан (Р. Албанија) и 400/110 kV трафостаница во Охрид. Изработена е Студија за влијанието врз животна средина и физибилити-студија за оправданост на целокупниот проект и во тек е подготовка на техничка документација за реализација на проектот. Должината на овој далековод изнесува 90 км и во рамки на овој проект ќе биде изградена нова 400/110KV трафостаница во Охрид што ќе преставува прво поврзување на електроенергетските системи на Македонија и на Албанија. Вредноста на овој проект е 43,6 милиони евра и со неговата реализација ќе се затвори енергетскиот коридор 8, со што Македонија ќе стане вистинска енергетска крстосница на Балканот.

• Во тек се активности за изградба на втора 400kV интерконективна врска со електроенергетскиот систем на Косово во должина од 19 км. За реализација на овој проект отпочнати се првичните преговори со косовската страна и на 14 јануари 2014 година потпишан е Оперативниот договор со кој се регулира соработката и координацијата на интерконективните поврзани преносни системи на Република Македонија и Република

Page 87: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

87

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Косово. Изградбата на втората интерконекција Косово/Македонија е во тесна корелација со изградбата на нови производствени капацитети од косовска страна и потребата од зголемен трансфер на електрична енергија на истите. Вредноста на овој проект е 6 милиони евра.

• Либерализација на пазарот за електрична енергија. Во рамки на заложбите за целосно воспоставување на либерализиран пазар на електрична енергија овозможивме реализација на втората фаза во која повеќе од 200 компании од 1 април 2014 година го остваруваат своето право на избор и можност да купуваат електрична енергија од слободен пазар по пазарни цени. Согласно со Правилата за пазар на електрична енергија, учеството на слободниот пазар имаат можност да го реализираат самостојно или преку лиценциран снабдувач.

• Во фаза на донесување е Акциониот план за обновливи извори на енергија, со кој се утврдуваат мерките, активностите, носителите на активности и потребните финансиски средства, со цел да се обезбеди целното учество на обновливите извори на енергија во финалната потрошувачка на енергија во 2020 година.

• Во тек е набавка и инсталација на нов систем SCADA/EMS. Системот ќе овозможи поквалитетен надзор и управување со Електроенергетскиот систем на РМ, во реално и проширено време со висока доверливост, сигурност и расположливост согласно со ENTSO-E регулативата и стандардите. Вредноста на овој проект е 6 милиони евра.

• Во фаза на носење е Нацртот на вториот Акциски план за енергетска ефикасност на Република Македонија. Со овој акциски план се предвидува обезбедување финансиски средства од неколку различни извори, како што се финансиските институции (странски и домашни и донатори), приватниот сектор, буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, снабдувачите со енергија, Фондот за енергетска ефикасност и ЕСКО-компании. Со реализација на предвидените мерки се очекува до се постигне заштеда на енергија на годишно ниво од 80 ktoe (килотони нафтени еквиваленти) до 2015 година.

НЕВЕТЕНО- ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК

• Потпишан е договор за приклучување на Македонија во проектот „Јужен тек“. На 23.07.2013 година Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек, со што е остварена стратешка цел за обезбедување енергетска иднина на земјата. Со потпишувањето на договорот ќе се обезбеди пристап до нови количини на гас преку изградба на нов крак до Македонија, при што ќе дојде и до намалување на цените на овој енергенс. Со тоа се создадени сите предуслови за започнување на процесот на гасификација на Република Македонија. Во иднина сите македонски домаќинства и индустриските капацитети ќе можат да дојдат до евтин природен енергенс, што е значајно за привлекување нови странски инвестиции, но и за домашните инвеститори, бидејќи ќе се зголеми конкурентноста на македонското стопанство, а со тоа нови инвестиции и отворање на работни места.

• Изграден е транспортен систем за водено одлагање на пепелта во РЕК „Осломеј“ инвестиција вредна 4,7 милиони евра. Со овој еколошки мега-проект на АД ЕЛЕМ кој беше пуштен во употреба во август 2012 година, РЕК Осломеј трајно го реши проблемот со одлагање на пепел од термоелектраната и во целост ги задоволи строгите законски прописи од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Со овој проект трајно се реши проблемот со лебдечката пепел, нус-појава од производството на електрична енергија, која три децении му создаваше проблеми на локалното население што гравитира околу РЕК Осломеј.

• АД „Електрани на Македонија“ преку својата подружница „Енергетика“ од 1 јануари 2013 година почна да испорачува топлинска енергија за потрошувачите на целата територија на скопската населба Автокоманда. За таа намена, компанијата во текот на минатата година го изгради магистралниот топловод во должина од два километри за населбата Автокоманда, инвестиција вредна 1,7 милиони евра направена на барање на граѓаните и на локалната самоуправа во соработка со градот Скопје. Со новата инвестиција, на мрежата на ЕЛЕМ Енергетика се приклучија дополнителни 1.854 семејства во 70 станбени единици, како и градинки, училишта, спортски сали и трговски објекти.

• Започнати се активности за зголемување на инсталираната моќност на ХЕЦ Шпиље. Основна цел за реализацијата на овој проект е сведување на преливните води на минимум во пролетниот период кога се

Page 88: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

88

www.vmro-dpmne.org.mk

најголемите дотеци во акумулацијата. Во тек е изработка на физибилити-студија, заедно со студија за оцена на влијанието врз животната средина.

• Целосно е завршена изградбата на 110 kV Постројка ТС Петровец и е пуштена под напон на 01.01.2014 год. За изградба на овој објект инвестирани се преку 1,1 милион евра со што се овозможи во наредните 30 години граѓаните на општината Петровец и поширокиот регион да бидат снабдувани со квалитетна електрична енергија.

• Целосно е завршена изградбата на 110 kV далековод за приклучување на ТС Петровец на преносната мрежа на Република Македонија. За изградба на овој објект се инвестирани околу 200.000 евра.

• Извршена е ревитализација на 110 kV далеководи од Југозападниот и Североисточниот регион на Република Македонија со промена на 110 kV изолација и овесна опрема. Вредноста на оваа инвестиција изнесува преку 600.000 евра, а граѓаните и индустриските потрошувачи од овие региони добиваат постабилно и подоверливо напојување со електрична енергија.

• Ревитализирана е опремата во 400 kV и 110 kV трафостаници низ Република Македонија стара повеќе децении со нејзина замена и инсталација на нова современа опрема од најреномирани светски производители во вредност од преку 3,5 милиони евра. Со овој проект се зголеми безбедноста и доверливоста во работата на електроенергетскиот систем на Македонија и се овозможи постабилно напојување со електрична енергија на потрошувачите.

• Извршена е целосна ревитализација на постојната секундарна опрема во Трансформаторската станица „Скопје 1“ со нејзина промена и инсталација на нова пософистицирана опрема. Со оваа инвестиција во вредност од 1,2 милиони евра се зголеми доверливоста на електроенергетскиот систем на Македонија како целина, а потрошувачите од градот Скопје и поширокиот регион ќе бидат снабдувани со поквалитетна електрична енергија.

• Извршена е набавка и монтажа на 250 km OPGW јаже и опрема за телекомуникациско поврзување. Со оваа инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра која е целосно реализирана во 2013 година зголемена е сигурноста и доверливоста на телекомуникациската мрежа и е обезбеден непречен пренос на податоци до Националниот диспечерски центар во случај на испади и хаварии.

• Извршена е набавка и инсталација на мониторинг-систем за OPGW инфраструктура во вредност од 200.000 евра, со што е обезбеден 24-часовен надзор на состојбата со оптичките влакна, а со тоа е постигната зголемена сигурност на телекомуникациската мрежа. Инвестицијата е целосно реализирана во 2012 година.

• Набавен е систем за функционирање на пазарот на електрична енергија, пресметка дебаланс и дневен пазар на електрична енергија во вредност од 300.000 евра. Системот е набавен поради либерализацијата на пазарот на електрична енергија, кој со одлука на Регулаторната комисија за енергетика ќе започне да функционира од 1 април 2014 година. Проектот е целосно реализиран во јуни 2013 година.

• Започната е набавка, испорака и монтажа на 400/110 kV енергетски трансформатор со автоматска регулација во ТС Скопје 1/5. Со цел обезбедување на стабилен и доверлив електроенергетски систем АД МЕПСО, антиципирајќи ги трендовите за раст на конзумот за електрична енергија, презеде активности за навремено зголемување на капацитетот на постројките во преносната мрежа. Една од позначајните активности е набавката на нов енергетски трансформатор со чие ставање во функција ќе се задоволат растечките среднорочни потреби на скопскиот конзумен регион. Вредноста на овој проект е 2,7  милиони евра и се очекува да биде целосно реализиран до крајот на јули 2014 година.

• Во завршна фаза е проектот за разграничување на преносната и на дистрибутивната електроенергетска мрежа, при што досега се извршени преку 90% од предвидените работи. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 3 милиони евра. Со реализација на овој проект ќе се решат техничките проблеми во трансформаторските станици и ќе се зголеми сигурноста и доверливоста на електроенергетскиот систем на Република Македонија.

• Проект за реконструкција и адаптација на административна зграда - Дирекција на АД МЕПСО. Со цел имплементација на современите стандарди за енергетската ефикасност како и за поефикасна организација на просторот, АД МЕПСО пристапи кон целосна реконструкција на фасадата и внатрешноста на административната зграда во која функционира дирекцијата и подружниците на компанијата.

Page 89: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

89

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Во тек е инсталација и имплементација на деловен информациски систем во АД МЕПСО, со што ќе се оптимизираат работните процеси, а истовремено ќе се зголеми транспарентноста и ефективноста во работата на компанијата.

• АД ЕЛЕМ го имплементира  информациски бизнис-систем (САП ЕРП), во своето работење со што целосно ги стандардизира, интегрира и ги автоматизира бизнис-процесите во сите подружници на компанијата, со што се овозможува поефикасно планирање на ресурсите и деловно работење согласно со европските трендови.

• Проект Берза за електрична енергија. Како дел од напорите за целосна либерализација на пазарот на електрична енергија и постигнување на пазарни цени за електричната енергија, Владата на Република Македонија презеде иницијатива за формирање Берза за електрична енергија. Ваквиот проект ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија и намалување на цената на електричната енергија. Одлучено е да се формира берза која ќе биде во мешовита сопственост помеѓу АД МЕПСО, АД ЕЛЕМ и стратешки инвеститор/инвеститори. Сите неопходни анализи, подготовки и прилагодувања на законската регулатива и подзаконските акти треба да бидат завршени до септември 2014 година, по што ќе може да се основа и да започне со работа македонската берза за електрична енергија.

• Воспоставување единствен систем за собирање податоци за подготовка на енергетскиот биланс. Во 2013 година Владата на Република Македонија започна со реализација на активности кои се насочени кон подобрување на изработката на енергетскиот биланс по теркот на земјите од ЕУ и регионот. Во текот на 2014 година ќе се направат неопходните законски измени и прилагодувања на Законот за енергетика кои се неопходни за подготовка на енергетскиот биланс на Република Македонија како индикативен плански документ. Истовремено во текот на јуни 2014 година ќе биде подготвен и Предлог-правилник за енергетски биланси и енергетска статистика.

• Поедноставување на постапката за инвестирање во обновливи извори на енергија (ОИЕ), со цел намалување на периодот потребен за реализација на инвестицијата во електроцентрала од ОИЕ. Изготвена е сеопфатна анализа на националното законодавство релевантно за ОИЕ, поткрепена со успешни примери од други правни системи и во фаза на подготовка се насоки за поедноставување на постапките за инвестирање во ОИЕ, во кои се даваат конкретни предлози или опции за изменување или дополнување на одредби од петнаесетина релевантни закони и подзаконски акти. До крајот на 2014 година се очекува да се подготват и да се усвојат потребните законски и подзаконски акти.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Со претходните долгорочни планови и елаборати на АД ЕЛЕМ, беше планирано континуираниот процес на производство на електрична енергија од РЕК Осломеј да продолжи со јагленот од наоѓалиштето Поповјани, кој располага со 10 милиони тони експлоатациони количини на јаглен и се наоѓа на растојание од три километри до ТЕ Осломеј. За реализација на планираните активности за рудникот Поповјани, беа спроведени низа подготовки, средби и разговори со локалното население и со општината Осломеј, во насока на отпочнување со овој проект.

• Проект Вардарска долина. Изработена е нова физибилити-студија од страна на АД ЕЛЕМ, која покажува дека за целосна реализација на проектот се потребни 1,9 милијарди евра. Тоа вклучува и средства за дислокација на железничката пруга по Коридорот 10. Со оглед дека износот на средства ги надминува финансиските можности на Република Македонија, се прават анализи за модалитетите за реализација на проектот.

• ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште. Во периодот 2011-2013 објавени се 2 тендера за изнаоѓање на инвеститор, но заради општата состојба во ЕУ и должничката криза не е доставена соодветна понуда од инвеститорите. По извршените консултации со заинтересираните компании, во соработка со IFC работевме на редизајнирање на проектот и на 30.01.2014 година објавен е нов тендер, за кој досега 4 компании подигнале тендерска документација.

• Зголемување на капиталот на ЕЛЕМ. Во оваа фаза се оцени дека долгорочен интерес на Република Македонија е АД ЕЛЕМ да остане во целосна државна сопственост.

Page 90: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

90

www.vmro-dpmne.org.mk

ТУРиЗАМ

Page 91: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

91

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Како резултат на политиките, мерките и проектите за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација, вкупниот број на туристи е зголемен за 40% во периодот 2006-2013 година, односно од 499.473 во 2006 година на 701.794 во 2013 година. Уште позначајно за развој на македонскиот туризам е што бројот на странски туристи е двојно зголемен од 202.357 во 2006 година на 399.680 во 2013 година. Со цел креирање на ефективни политики, креирање на мерки и севкупен развој на туризмот, претседателот на Владата формираше Комитет за туризам, во кој членуваат сите релевантни институции и здруженија од областа на туризмот.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Се намали стапката на ДДВ од 18% на 5% за ноќевања, сместувања со појадок, полупансиони и полни пансиони во сите комерцијални угостителски објекти. Ефекти од намалувањето на стапката на ДДВ се пониски цени на услугите во сместувачките капацитети, зголемената конкурентност, зголемувањето на бројот на домашни и странски туристи и зголемување на профитот на туристичките работници.

• Се реализира Проектот за субвенционирање на организиран странски туристички промет со кој се зголеми конкурентноста на домашните туристички понуди, се зголеми бројот на странски туристи и девизниот прилив во земјата. Субвенциите се движат од 10 до 65 евра по донесен турист, во зависност од видот на превозното средство и регионот од каде што доаѓаат. Во периодот 2011-2013 година одобрени се субвенции за 647 организирани патувања со околу 39.000 туристи од Холандија, Турција, Белгија, Словенија, Полска, Англија, Австрија, Јапонија и од други земји.

• Со кампањата „Macedonia Timeless“ изработени се 9 спотови со кои се промовира туристичкиот потенцијал на Македонија на најпознатите светски ТВ канали: CNN, Fox Group, National Geographic, Sky News, Travel Channel, Euronews, Eurosport, NTV Germany, Russia 2, Russia 24, My Planet и MTV 3. Во Холандија се реализира кампања со кофинансирање 50%-50% со двата најголеми туристички оператори во Холандија на 7 најгледани телевизии во Холандија и во најчитаните печатени медиуми во Холандија. Исто така извршена е промоција на Македонија во Јапонија на веб-страницата Travel Vision и во печатениот медиум Archaelogy Magazine и на нивната веб-страница.

Во соработка со најпознатиот Интернет-пребарувач Google таргетирани се 18 земји за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.

• Креирана е веб-страницата sharemacedonia.com за промоција на Македонија како туристичка дестинација преку социјалните мрежи, каде што се промовираат објавите на фотографии и интересни видеоматеријали и се комуницира со фановите кои се потенцијални туристи во Македонија.

• Донесен е Закон за туристички развојни зони со кој се уредуваат погодностите за инвестирање во туристички развојни зони, условите, начинот и постапката за основањето, дејностите кои се вршат во туристичките развојни зони и посебните услови за работа. Основни решенија што ги нуди овој закон се:

- формирање туристички развојни зони на територијата на Република Македонија на земјиште во државна сопственост,

- нивно управување од страна на домашни или странски правни лица,

- можност за давање државна помош, во форма на даночни олеснувања и ослободувања (даночни олеснувања за персонален данок до 10 години како и изземање од плаќање на ДДВ за градежни материјали за изградба на зоната и објектите во неа).

Досега утврдени се локации за 8 туристички развојни зони и тоа: ТРЗ Љубаништа 1, ТРЗ Љубаништа 2, ТРЗ Љубаништа 3, ТРЗ Калишта, ТРЗ Стар Дојран, ТРЗ Нов Дојран, ТРЗ Отешево, ТРЗ Стење. Дополнително во Берово и Крушево планирана е по една туристичка зона за кои во тек се активности за утврдување на локацијата и на опфатот.

• Извршено е ревидирање на Националната стратегија за развој на туризмот 2009-2013, со акциски план за 2011-2015 година, во која е направена анализа на туристичкиот производ и неговото значење за развојот на Република Македонија и утврдени се можностите и предизвиците за понатамошен развој на туризмот.

• Донесена е Стратегија за развој на руралниот туризам 2012-2017 која претставува сеопфатна рамка за развој

Page 92: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

92

www.vmro-dpmne.org.mk

на руралните области во Македонија и подобрување на квалитетот на живеење на населението во овие области.

• Направени се измени и дополнувања на Законот за туристичка дејност со кои сеопфатно е разработен нормативниот дел во областа на туризмот, инкорпорирани се барањата и потребите на учесниците во туристичкото стопанство и направено е усогласување со директивите на Европската унија.

• Изменети се подзаконски акти од законот за туристичка дејност, во насока на:- Зголемување на стандардите и нормативите во сместувачките капацитети од типот на хотели, мотели,

пансиони, туристички апартмани и резиденции и камповите за добивање на одредени категорија/ѕвезда особено за добивање на категоријата од поголем карактер како 4 и 5 ѕвезди, за подобрување на квалитетот на сместувачките услуги и заштита на потрошувачите;

- Подобрени се условите и стандардите за работа на лиценцираните угостителски објекти од типот на кабаре, ноќен клуб и диско-клуб, со кои е пропишано исполнувањето на минимум стандарди за работа на овие објекти;

- Категоризација на ловните и планинарските домови низ државата, со што се обезбедува можност за подобрување на работата и зголемување на услугите што ги даваат во овие објекти;

- Според Законот за угостителска дејност, донесен е Правилник за условите за добивање на право за користење на ознаката Национален ресторан - меана, кој ги одредува критериумите за добивање на оваа ознака и правата и обврските на корисниците на ознаката на Националниот ресторан – меана.

• Направени се измени и дополнувања на Законот за угостителска дејност со кои е овозможено подобрување на квалитетот на услугите во секторот угостителство и зголемување на заштитата на правата на потрошувачите.

• Проектот Македонско село е во финална фаза на реализација и ќе биде во функција во текот на 2014 година. Комплексот претставува туристичка атракција, каде на едно место има 12 автентични куќи и други објекти од сите краеви на Република Македонија, со што туристите ќе имаат можност да се запознаат со традиционалниот начин на живот и со македонските занаети, како и богата културно-уметничка програма.

• Со реализација на Проектот за одбележување (сигнализација) на туристичките места по коридорите 10 и 8 (2011-2012) поставени се 115 информативни табли на сите позначајни туристички, културно-историски места, 10 информативни табли со големина 300/200 см на коридорите 10 и 8 и 30 знаци на регионалните патишта во Република Македонија, со што значително се подобри квалитетот на туристичката сигнализација. За информативните табли реализирани се 1.580.000 денари, за знаците на регионалните патишта реализирани се 580.000 денари, како и 350.000 денари за табли за велосипедски патеки.

• Проект Аква-парк – Скопје. Во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на површина од 12.000 метри квадратни изградени се 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, „мрзлива река“, соблекувални и придружни угостителки објекти. Аква-паркот беше пуштен во употреба во јули 2013 година, со што градот Скопје доби вистинска летна атракција по примерот на светските метрополи.

• Проект Плажа – Дојран. Со реализација на овој проект значително се зголеми атрактивноста на Дојранското Езеро како туристичка летна дестинација. За изградба и уредувањето на плажата во Стар Дојран, АД ЕЛЕМ инвестираше приближно 26,8 милиони денари во градежни работи, опрема за плажата и изградба на понтонско пристаниште. Плажата што беше пуштена во употреба летото 2013 година се вбројува во една од најурбанизираните плажи во Република Македонија и несомнено најуредената плажа на брегот на Дојранското Езеро. Исто така, плажата располага и со сопствен паркинг-простор и детско катче. Плажата претставува нова туристичка понуда во Република Македонија, а е посебно значајна за дојранскиот регион поради домашните и транзитните туристи

• Проект Ски-центар Копанки, Пелистер. Во 2011 година АД ЕЛЕМ започна со инвестициските активности за рестартирање на работата на овој скијачки центар. Извршена е замена на транспортното јаже на двоседната жичара „Бегова чешма”, направен е комплетен ремонт на електро-машинската опрема, модернизирани се транспортните корпи, а столбовите и столбните места се комплетно сервисирани. Така, по седум години, во зимската сезона 2011/2012 година двоседната жичарница „Бегова чешма”, повторно беше пуштена во употреба. Жичарницата е со должина од 700 метри и со капацитет на носивост од 400 скијачи на час. Во 2012 и во 2013 година, извршена е ревитализација на ски-лифтот „Копанки” со што по 15 години, овој ски-лифт повторно

Page 93: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

93

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

започна со работа. Исто така извршено е порамнување на скијачката патека на ски-лифтот „Копанки”, со што се доби константна широчина на целата скијачка патека. За продолжување на зимската сезона АД ЕЛЕМ ќе инвестира во изградба на систем за заснежување на двете скијачки патеки, во вкупна должина од 1.250 м. Со пуштање во употреба на скијачкиот центар Копанки по долги години пауза, зимата 2012 година, се возобнови скијачката манифестација „Пелистерски велеслалом“, со што се продолжи традицијата на натпреварите.

• Изграден е Сноуборд-парк во скијачкиот центар Крушево. Со поддршка на Владата во рамки на програмата за општествена одговорност АД МЕПСО донираше средства за збогатување на понудата и продолжување на скијачката сезона во ски-центарот Крушево. Осветлени се две ски-патеки, набавена и инсталирана е опрема за продукција на вештачки снег, набавени се возило за подготовка на ски-патеки (ратрак) и ски-санка за потребите на спасителната служба. Набавени се и инсталирани се реквизити за акробатско скијање на штица за потребите на сноуборд-паркот, кој почна да функционира во рамки на ски-центарот Крушево. Проектот е целосно реализиран во 2013 година и во него се инвестирани 1,5 милиони евра средства на АД МЕПСО.

• Изграден е Сноуборд-парк во рамки на скијачкиот центар Пониква. Со поддршка на Владата, АД МЕПСО донираше средства за изградба на сноуборд-парк, со што се збогати понудата и атрактивноста на ски-центарот Пониква. Во рамки на проектот осветлени се две ски-патеки, набавена и инсталирана е опрема за продукција на вештачки снег, набавени се возило за подготовка на ски-патеки (ратрак) и ски-санка за потребите на спасителната служба. Набавени се и инсталирани се реквизити за акробатско скијање на штица за потребите на сноуборд-паркот. Проектот во вредност од 1,1 милион евра е реализиран во 2013 година.

• Со реализација на Проектот за поттикнување на развојот на алтернативните видови туризам се настојува да се подигне квалитетот на алтернативните видови на туризам кои Република Македонија ги содржи во својата понуда, преку развој на: зимскиот туризам, руралниот туризам, еко-туризмот, културниот, пештерскиот, бањскиот туризам и други. Со оваа активност се поддржуваат идејни и основни проекти за разни потенцијални можности за развој на алтернативните видови туризам.

• Се субвенционираат разни туристички манифестации и бизнис-форуми (2012-2013) кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство и кои се во функција на развојот на туризмот во Република Македонија, при што реализирани се вкупно средства од 1.130.000 денари.

• Реализиран е проектот Е-75 со кој Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот подготви и испечати 1 милион летоци, кои се делат на граничните премини Табановце и Богородица за промоција на туристичките објекти и туристички места кои се наоѓаат во близина на автопатот „Александар Македонски“, со цел поддршка на транзитниот туризам како важен сегмент во туристичката понуда на Македонија.

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• Проект Скијачки центар Попова Шапка. Започна со реализација првата фаза од вкупно предвидените три фази за изградба и модернизација на скијачкиот центар Попова Шапка согласно Мастер план студијата за развој. АД ЕЛЕМ започна со инвестиции за изградба на нова шестоседна жичарница со должина на трасата 1.420 м и иницијален капацитет за транспорт на скијачи до 2.400 скијачи на час, со што ќе се зголеми капацитетот на превезени скијачи на час, од сегашните 1750 на 3150 лица, а должината на скијачките патеки на 18 км (80 ха). Новата жичарница, ќе се пушти во употреба во зимската сезона 2014/2015 година. Во рамките на оваа фаза е и проектот за изградба на паркинг со капацитет од 350 возила, осветлување и пристапен пат, со што ќе се надминат досегашните проблеми со кои се соочуваа туристите на Попова Шапка. За обезбедување услови за подолга скијачка сезона, како дел од оваа фаза е и изградбата на системот за заснежување. Во 2013 година започната е изградбата на Отворениот резервоар за вода, која треба да заврши до крајот на оваа година. Со цел да се подобри квалитетот на сместување во овој центар, АД ЕЛЕМ изработува проект за изградба на нов спа-хотел на местото на хотелот „Славија“ на Попова Шапка, со категоризација од четири ѕвезди. Во текот на 2014 година ќе започне и изградбата на Сноуборд-паркот на Попова Шапка.

• Изградба на ски-патеки на планинските локации Берово, Голак и Плачковица. Во тек е изработка на основни проекти и техничка документација за изградба на ски-центар во Берово, Голак и Плачковица. Овие проекти се реализираат со поддршка на АД МЕПСО со цел да се збогати туристичката понуда и да се создадат услови за локален економски развој и поддршка на приватната иницијатива.

Page 94: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

94

www.vmro-dpmne.org.mk

• Проект Скијачки центар Јабланица. Во тек е реализација на проектот за изработка на физибилити-студија и мастер-план за развој и изградба на скијачкиот центар на планината Јабланица преку јавно-приватно партнерство и истиот треба да заврши до средината на 2015 година.

• Проект Скијачки центар Галичица. Изготвена е физибилити-студија и во тек е изработка на мастер-план, стратешки документ во кој ќе бидат претставени потребните активности и финансиска конструкција за реализација на овој проект. Проектот е во вредност од 200.000 евра, а поддржан е од АД МЕПСО.

• Подобрување на услови на скијачките патеки и изградба на нови викенд-населби во Крушево. Изработивме урбанистичко-планска документација за две нови викенд-населби во Крушево и спроведени се постапки за отуѓување на градежното земјиште по што се отуѓени 57 локации за изградба на нови викенд-куќи и 3 мали хотели. Исто така, во 2013 година Министерството за транспорт и врски и општината Крушево отпочнаа со изградба на целокупната инфраструктура (патна и комунална) потребна за нормално функционирање на викенд-населбата Вршник и викенд-населбата кај езерото. Планирано е реализацијата на овој проект да биде завршена заклучно со јули 2014 година.

• Нови локации за изградба на хотели во Маврово. Министерството за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа обезбеди 2 нови локации за изградба на нови хотелски капацитети и истите беа понудени за продажба. Една локација беше отуѓена по пат на јавно наддавање и во тек е изработка на техничка документација за добивање на одобрение за градење. Од страна на локалната самоуправа во тек е изработка на нов урбанистички план за селото Маврово со кој ќе се овозможи изградба на нови сместувачки капацитети и викенд-куќи.

• Изградба на хотели, мотели, модерни бензински станици и разни туристички атракции со дополнителни локации за изградба на ваков вид објекти на автопатишта (коридори 8 и 10 и кракот 10д). Изработена е урбанистичко-планска документација за изградба на бензински пумпни станици и придружно услужни објекти на магистрални и регионални патишта во Република Македонија. Од страна на Министерството за транспорт и врски и општините, спроведени се постапки за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на наведените објекти, по што се отуѓени 5 градежни парцели во општините: Градско, Росоман, Велес, Демир Капија и Прилеп.

• Нови локации за хотели и сместувачки капацитети за развој на туризмот во Република Македонија. Мерките на Владата на Република Македонија во однос на овозможување на поволни услови за изградба на хотели и сместувачки капацитети, како што се 1 евро за квадратен метар за изградба на хотели и сместувачки капацитети и намалувањето на комуналиите за 95% од почетната вредност ги даваат очекуваните резултати. Во периодот од август 2011 до февруари 2014 година од страна на Министерството за транспорт и врски и општините се отуѓени вкупно 74 локации за изградба на хотели, објекти за времено сместување, одморалишта, кампови, викенд-сместување и планинарски домови.

• Нови локации за хотели и концесионирање на плажите крај езерата. Со цел подобрување на туристичката понуда, изработивме урбанистички планови за туристички развојни зони на крајбрежјето на Охридското и на Дојранското Езеро на следните локации: Љубаништа - општина Охрид, Калишта - општина Струга, Нов Дојран и Стар Дојран - општина Дојран. Се очекува овие планови да се реализираат во текот на 2014 година, преку продажба на градежно земјиште за изградба на туристички развојни зони од страна на приватни инвеститори. Исто така, во текот на 2012 година спроведовме постапки за давање под краткотраен закуп на 18 плажи на брегот на Охридското Езеро и 7 плажи на брегот на Дојранското Езеро (по пат на јавно наддавање и со непосредна спогодба на сопствениците на угостителски објекти), со што овозможивме пристојни места за одмор и рекреација покрај брегот на Охридското и на Дојранското Езеро.

• Се реализира Проектот за развој на автокампови за привлекување на домашни и странски инвестиции за изградба на нови и модернизирање и ревитализација на постојните автокампови. За таа цел овозможено е купување на земјиштето на јавни аукции со почетна цена од 1 евро за м2. Во тек е изработка на урбанистичко-планска документација за автокампови.

• Во тек е Проект за уредување и обележување на 184 планинарски патеки од цела Македонија предложени од 56 планинарски друштва. Вкупната вредност на проектот изнесува 360 милиони денари. Сите новомаркирани патеки со веќе постојните ќе бидат публикувани во книга-водич, а ќе бидат поставени и на туристичкиот

Page 95: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

95

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

портал Macedonia timeless со сите податоци за патеките и за атракциите што можат да се видат во близина што ќе придонесе за забрзан развој на руралниот туризам во Македонија.

• Во изработка е проект за Е –сместување, со кој ќе се поврзат малите сместувачки капацитети низ Република Македонија, со што ќе се овозможи туристите на едно место да имаат увид во понудата за сместување и електронски да резервираат сместување.

• Во тек е проект за евиденција на сите туристички потенцијали со кои располага Република Македонија, како што се природните убавини, културното наследство и традиција, со цел создавање на туристички производи во сите региони на Македонија во соработка со единиците на локалната самоуправа. Во таа насока:

- направен е адресар на сите културно-туристички манифестации што се случуваат во Република Македонија;

- изработена е база со податоци за сите винарски визби на територијата на Република Македонија, со цел развој на винскиот туризам во Република Македонија;

- изработена е база со податоци за археолошки наоѓалишта во соработка со Министерството за култура, а се работи на креирање база со податоци за црквите и манастирите и евиденција на конаци кои нудат можност за сместување за развој на верскиот туризам;

- во тек е проект за вмрежување на еко етно-селата во Република Македонија;

- во тек е евиденција на ловишта во Република Македонија за развој на ловниот туризам.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Обезбедување локација за изградба на Аква-парк од страна на приватни инвеститори. Предвидената локација е пренаменета и опфатена со проектот Студентски град.

Page 96: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

96

www.vmro-dpmne.org.mk

РЕФОРМА НА АДМиНиСТРАцијАТА

Page 97: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

97

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВО ПЕРИОДОТ 2011-2013 ГОДИНА СПРОВЕДЕНИ СЕ ЗНАЧАЈНИ РЕФОРМИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НЕЈЗИНАТА ЕФИКАСНОСТ, ОДГОВОРНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ. НАША СТРАТЕШКА ЦЕЛ Е НЕЈЗИНА ТРАНСФОРМАЦИЈА, КОН АДМИНИСТРАЦИЈА КОЈА Е ОРИЕНТИРАНА ДА ОБЕЗБЕДУВА ЈАВНИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ НА ЕФИКАСЕН И БРЗ НАЧИН, СО ШТО ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ ПРИНЦИПИТЕ НА „ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ“ И ЌЕ СЕ НАМАЛИ НЕПОТРЕБНАТА БИРОКРАТИЈА И АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ.

ВЕТЕНО-ОСТВАРЕНО

• Проект „Граѓанинот пред сè“ - управни постапки и услуги. Измените на Законот за општа управна постапка и Законот за организација и работа на органите на државната управа се спроведуваат во насока на воспоставување на правото на жалба во управна одлука од втор степен. Се спроведува принципот „молчењето е одобрување“, кој беше унапреден и за кој се пропишани конкретни чекори за постапување на Државниот управен инспекторат. Утврдени се рокови за постапување во управната постапка и утврдени се казни за раководните лица во случај на непочитување на роковите.

• Воведување на ИСО и CAF стандарди. Собранието на Република Македонија го донесе Законот за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба во мај 2013 година. Според законот, органите треба да го воведат најмалку основниот стандард ИСО 9001, како и заедничката рамка за проценка CAF. Согласно со Законот, Владата на Република Македонија формираше Координативно тело кое доставува извештај за напредокот на воведувањето на стандардите за управување со квалитет и заедничката рамка за проценка за изминатата година.Сертификацијата за стандардот за квалитет ИСО 9001 ја завршија 40 институции. Во крајна фаза на сертификација и имплементација се 57 институции.

• Побарување податоци по службена должност. Како особена придобивка за граѓаните е воведувањето на едношалтерскиот систем. Со измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка во април 2011 година и Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, се донесува задолжителна обврска за институциите да разменуваат податоци и документи по службена должност меѓу себе, без тоа да мора да го прави граѓанинот. Институцијата во која тие се обраќаат е должна, доколку граѓаните не поседуваат комплетна документација за потребната услуга и/или остварување на право, да ја дополни со документите што недостасуваат, наместо истото да го бара од нив. Со едношалтерскиот систем доволно е граѓанинот да се обрати во институцијата, каде што ќе пополни барање за услуга или остварување на право, а службеното лице кое ја води постапката е должно по службена должност да ги прибави податоците за фактите за кои службена евиденција води органот надлежен за решавање.

• Проект Нема погрешна врата. За услужување на граѓаните без разлика во која институција се обратиле, спроведени се мерки за едукација на државните службеници, како и запознавање со придобивките за функционирањето на институциите од проактивниот пристап при услужувањето на граѓаните од страна на државни службеници. Беа организирани обуки за одделенијата на човечки ресурси во секој орган на државната управа, по што одделенијата на човечки ресурси организираа обуки за вработените во нивните институции.

• Електронско плаќање на административни такси. Воведен е систем преку кој на граѓаните им се овозможува електронското плаќање на административни такси и надоместоци за различни услуги и институции. Електронскиот наплатен систем (еНАПСИС) овозможува електронско плаќање на административните такси и надоместоци преку СМС-пораки од мобилните телефони, како и електронска наплата преку веб-порталот на решението (http://e-plakanje.gov.mk). И во двата случаи наплатата се врши од корисничката сметка која ја има граѓанинот кај операторите за мобилни услуги во Република Македонија. Овој систем постојано се подобрува и се надградува, со што е овозможен и детален преглед на извршени трансакции на граѓанинот преку системот еНАПСИС.

Page 98: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

98

www.vmro-dpmne.org.mk

• Електронско управување со документи. Овој систем претставува електронски систем за управување со документи преку кој ќе се овозможи процесирањето на документи да биде 100% електронско. Системот им овозможува на Владата и на сите министерства да ги автоматизираат клучните административни процеси и да воведат електронски тек на документација во процесот на создавање и одобрување. Целата архива е во дигитална форма, со што архивите ќе станат поефикасни и полесно ќе може да се пребарува по истите. Во тек е надградба на системот за управување со документи (ДМС) со нови функционалности согласно со потребите на институциите.

• Отстранување на административниот товар. Беше усвоена нова Методологија за проценка на влијание на регулативата (ПВР) со што се дефинираше начинот на анализа на влијанието на предложените регулативи врз општеството, со што се носат поквалитени закони, со поголем ефект и придобивки во областа за која се наменети. Воспоставен е механизам со кој изработените проценки од страна на министерствата што ги подготвуваат законите се предмет на оценка пред нивно усвојување од страна на Владата. Извршена е надградба на единствениот електронски портал за прописи ЕНЕР (http://ener.gov.mk), преку кој јавноста може да коментира и да дава забелешки за предложените законски решенија, и на тој начин да учествува во носењето на одлуките.

• Проект Оцени ја администрацијата. Поставени се уреди т.н. „семафори“ со кои граѓаните, преку притискање на едно од трите копчиња (задоволен, неутрален и незадоволен), можат да ја искажат својата оценка за добиената административна услуга, односно начинот на кој тие биле услужени од шалтерските работници. Оценките се собираат во база на податоци, која понатаму ќе биде интегрирана со регистарот на јавни службеници, за тие оценки да бидат поврзани со евалуацијата на работата на одредениот вработен. Во рамки на активностите за проширување на системот, беа изработени потполно нови уреди за гласање кои беа поставени во повеќе државни институции. Достапна е и веб-страница (http://semafor.mioa.gov.mk), на која граѓаните можат да ги поднесуваат своите оценки преку внесување на бројот на предмет во соодветната институција.Изработена е и апликација што ги прибира и ги обработува добиените гласови од граѓаните, која ја контролира работата на семафорите, овозможува податоци за тоа кои службеници работеле на одреден предмет за кој е добиена оценка од граѓаните, генерира извештаи од оценките и сл.

• Широкопојасен Интернет. Преку проектот „WiFi во руралните средини“ инсталиравме 680 Интернет-киосци во руралните подрачја, кои можат да се користат бесплатно од страна на граѓаните, но истите емитуваат и бесплатен безжичен Интернет во околината. На овој начин, овозможивме приватниот сектор да изгради инфраструктура и на овие места, со што значително порасна достапноста на широкопојасниот Интернет во Република Македонија. Исто така, во насока на зголемување на користењето на широкопојасниот Интернет направена е промена во методологијата за пресметка на цените за големопродажба на широкопојасниот Интернет и измена на правилникот за обезбедување на битстрим услуги (се редефинира начинот на креирање на големопродажната услуга битстрим со што се намалува цената која сега е базирана на трошоци, наместо цена со контролен процент во зависност од малопродажната цена).

Број на активни претплатници на широкопојасен пристап на интернет по пристапна брзина за третиот квартал од 2013 година

Page 99: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

99

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Премин од аналогна во дигитална телевизија. Активностите за исклучување на аналогниот сигнал во Македонија завршија на 1 јуни 2013 година, со што Македонија е меѓу првите земји од регионот која го спроведе овој процес. Со тоа терестријалниот пренос на телевизиски содржини е комплетно дигитален и се користи технологија DVB-T. Во декември 2012 година, Советот за радиодифузија донесе План за намена и распределба на преносни капацитети на дигитален терестријален мултиплекс, а со измените на Законот за радиодифузната дејност, на постојните радиодифузни друштва им се овозможи да изберат на кој начин ќе вршат пренос на нивната програма: дигитален терестријален мултиплекс, оператор на јавна комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или сателитски оператор во рамките на подрачјето за кое имаат дозвола за емитување, со исклучок на локалните телевизии кои можеа да станат регионални. Советот за радиодифузија во мај 2013 година ги замени дозволите за вршење радиодифузна дејност. Од вкупно 61 телевизии, барања за измена на дозволата поднесоа 60 (само една локална не поднесе барање). Од нив, вкупно 31 извршија измена на дозволата за вршење на радиодифузна дејност во делот на средството за емитување: за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс се изјаснија сите 4 ТВ станици на државно ниво и 27 ТВ станици - 7 од регионот на Скопје и 20 локални станици кои одлучија да станат регионални; две телевизии од подрачјето на Скопје одлучија да го пренесуваат својот сигнал преку оператор на јавна комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс – кабел, додека 27 останаа локални.

• Владеење 2.0 – веб-портал за е-демократија. Воведувањето на веб-портал за е-демократија е одговор на потребата од воведување на нов модерен метод на јавна расправа кој ќе овозможи поедноставен и подостапен начин за учество на граѓаните при градењето на јавните политики, а сето тоа поддржано со користење на современи информатичко-комуникациски технологии.За таа цел изработен е Интернет-портал (http://e-demokratija.mk), кој на граѓаните на Република Македонија им овозможува на едноставен и лесно достапен начин, да го дадат своето мислење за предлог-документите на Владата, односно активно да се вклучат во процесот на донесување на одлуките, како и да доставуваат предлози за подобрување на одредени постапки. На порталот публикувани се вкупно 206 документи, а во делот форум овозможена е дебата на 149 теми.

• Барометар на квалитет. Методологијата „Барометар на квалитет на институции“ беше усвоена во јануари 2013 година. Методологијата има за цел да овозможи воспоставување на систем за унифицирано стандардизирано мерење на квалитетот на институциите, односно ќе влијае на зајакнување на квалитетот на услугите што се даваат. Ова ќе ја поттикне конкуренцијата помеѓу јавните институции и ќе помогне за поефикасно спроведување на планираните реформи.Методологијата „Барометар на квалитет на институции“, се имплементира преку мерење на квалитетот на институциите преку самоевалуација, како и со реализација на надворешните истражувања (преку спроведување на анкети на граѓани и анкети „таен клиент“ од професионални истражувачки куќи). Врз основа на резултатите, Комисијата за оценување на институциите предлага до Владата доделување на Признание за квалитет во работењето на најдобро рангираната институција и Награда за најдобро спроведен проект.

• Е-потсетник. Воведен е системот е-потсетник кој претставува автоматизиран електронски систем за нотификација на граѓаните при пристигање на обврските за остварување на одредени административни услуги. Системот е достапен на http://e-potsetnik.mk.

• Проект 15-111. На достапниот бесплатен телефонски број 15-111, секој граѓанин може да се информира за сите административни услуги кои ги нудат државните институции. Тоа значително го олеснува пристапот на граѓаните до потребните информации за завршување на одредена постапка во институциите.

• Граѓански дневник. Инструментот Граѓански дневник овозможува оценка на услугите кои се нудат од државните институции преку формулар за оценување на услугите од страна на корисниците. Редовно се доставуваат квартални извештаи за користењето на инструментот „Граѓански дневник“ до Владата, при што се анализира какви оценки се дадени од страна на граѓаните за јавните услуги, и во зависност од добиената евалуација доколку е потребно да се преземаат мерки за нивно подобрување.

• Воведување „Топ-менаџмент“ во системот на јавна администрација. Организирани се неколку циклуси на обуки наменети за функционери во државната служба. Со овие обуки наменети за највисокото раководство ќе се придонесе кон развивање на високо професионална и одговорна државна служба, која преку примена

Page 100: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

100

www.vmro-dpmne.org.mk

на стандардизирани постапки за управување со човечкиот капитал ќе придонесе надлежните институции континуирано да го подобруваат работење, а со тоа и да остваруваат подобри резултати.

• Трансформирање на вработувањата на определено време во вработувања на неопределено време. Како резултат на оваа мерка значително е намален бројот на привремено вработени лица во администрацијата, со цел решавање на нивното прашање околу вработувањето и заштита на нивните права. Со надминување на неизвесноста околу вработувањето за овие државни службеници обезбедени се подобри услови за извршување на нивните редовни работни обврски.

• Утврдување на правила за договори за вработување на определено време во јавната администрација преку измени на Законот за државните службеници во оваа област. Новиот Закон за вработените во јавниот сектор вклучува строги одредби со кои прецизно се дефинира во кои случаи можат да се вработат лица на определено време.

• Воведување систем за задолжително трансферирање и примена на стекнатото знаење од учесниците на меѓународни обуки, семинари и конференции, на останати јавни службеници од истата институција. Со новата законска рамка за администрација е поставена основа за унапредување на системот на обуки во администрацијата, користењето и споделувањето на новите стекнати знаења и вештини. На тој начин ќе се овозможи државните службеници кои стекнале знаење на меѓународни обуки и семинари истото да го пренесат на останатите колеги од институцијата од која доаѓаат.

• Воведување можност за функционирање на посебни менаџерски тимови во состав на кабинетите на министрите, со однапред дефиниран буџет. Оваа мерка опфаќа креирање менаџерски тимови што нема да бидат државни службеници, туку стручни лица од областа кои ќе работат во рамки на кабинетите на министерите. Новиот Закон за вработени во јавниот сектор предвидува вработување на посебни советници во кабинетите на министрите кои немаат статус на административни службеници. Истовремено, Законот за административни службеници предвидува финансиски додаток на платата на службениците кои работат во кабинетите, заради нивниот зголемен број обврски, динамичноста и одговорноста на работатата на тие работни позиции.

кОРиСТЕЊЕ НА иНФОРМАТиЧкО кОМУНикАциСки ТЕхНОЛОГии

ПРОЦЕНТ НА НАСЕЛЕНИЕ ШТО КОРИСТЕЛЕ КОМПЈУТЕР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЦЕНТ НА ДОМАќИНСТВАТА СО ПРИСТАП ДО ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

42.10%  

58.10%  65.00%  

0.00%  

10.00%  

20.00%  

30.00%  

40.00%  

50.00%  

60.00%  

70.00%  

2011   2012   2013  

Процент  на  домаќинствата  со  широкопојасен  интернет  во  Република  Македонија  

Процент  на  домаќинствата  со  широкопојасен  интернет  во  Република  Македонија  

58.90%  59.90%  

66.30%  

54.00%  

56.00%  

58.00%  

60.00%  

62.00%  

64.00%  

66.00%  

68.00%  

2011   2012   2013  

Процент  на  население  што  користеле  компјутер  

Процент  на  население  што  користеле  компјутер  

Page 101: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

101

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Воведување механизам со кој институциите ќе вршат периодично тестирање на знаењето на јавните службеници, со соодветно влијание на нивните бенефиции. Вработените во администрацијата ќе добијат можност постојано да учат за новините во областа на своето работење и да ги подобруваат знаењата во текот на работното време кога ќе немаат работни обврски. Тоа се реализира со примена на систем за микроучење, т.н. лејтнер-модел на едукација, односно службениците електронски да се тестираат за знаењата од нивната област на работа. Раководителите имаат можност за постојан преглед за способностите и за недостатоците на својот кадар, но и за нивните желби за прифаќање или одбивање на можностите за учење. Врз основа на резултатите од тестирањето, вработените ќе бидат наградени и ќе бидат распоредени на работни места каде имаат најмногу потенцијал да придонесат со своето знаење.

• Воспоставување на законска рамка за доживотно учење во државната администрација. Со оваа реформа се овозможува градење на систем за континуирано подобрување на вештините и знаењата на вработените во текот на целиот работен век во државните институции. Новата регулатива предвидува систем на стручно усовршување на административните службеници преку генерички и специјализирани обуки и менторство.

• Воспоставен модел за наградување и мотивација на државните службеници базиран на резултатите од работењето. Системот за управување со учинокот предвиден во новите законски решенија ќе го унапреди системот на управување со човечки ресурси кај државната администрација. Моделот опфаќа користење на парични и непарични стимули за наградување и мотивација во работењето.

• Зајакнување на инспекцијата за државната служба преку изменето законодавство и подобро функционирање на инспекцијата. Со измените на Законот за инспекциски надзор се зајакнува капацитетот на сите инспекциски служби, вклучувајќи го и Државниот управен инспекторат кој врши надзор над државната служба, со тоа што се предвидува обврска за континуирано унапредување на човечките ресурси и воведување на системот на „лиценца“ за вработување на работното место инспектор.

• Поедноставена внатрешната мобилност на вработените во рамките на јавната администрација преку измените на Законот за државни службеници. Со измените на Законот за државните службеници и Законот за јавните службеници, како и со новата регулаторна рамка за администрацијата, дадена е можност меѓу

ПРОЦЕНТ НА НАСЕЛЕНИЕ ШТО КОРИСТЕЛЕ ИНТЕРНЕТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

56.70%  57.50%  

65.40%  

52.00%  

54.00%  

56.00%  

58.00%  

60.00%  

62.00%  

64.00%  

66.00%  

68.00%  

2011   2012   2013  

Процент  на  население  што  користеле  интернет  

Процент  на  население  што  користеле  интернет  

Page 102: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

102

www.vmro-dpmne.org.mk

институциите да се прераспределуваат службениците со цел да се намали вишокот на кадар на едни места во однос на недостатокот на кадар на други места. Со тоа се овозможува рационално користење на расположливиот кадар во јавниот сектор.

• Информациска безбедност и ИТ-стандарди во државните институции. Министерството за информатичко општество и администрација изработи концепт на сигурносни мерки и препораки за заштита и развој на државните ИТ-системи кој беше усвоен од Владата, и се почитува од страна на сите државни институции.

• Отворени податоци. Владата на Република Македонија се приклучи кон светската иницијатива за Отворено владино партнерство и на 01.06.2012 година го усвои Акцискиот план со што стана полноправна членка. Порталот opendata.gov.mk е функционален и вклучува отворени податоци од над 20 институции, кои можат да се користат слободно од страна на секоја заинтересирана страна, како и по можност развивање на електронски/мобилни услуги врз база на тие податоци. Во тек е имплементација на надградба на порталот за отворени податоци.

• Електронски систем за управување со знаењето (LMS). Системот за управување со учењето (LMS) ги вклучува светските трендови за воведување на е-учење. Гледајќи на е-учењето не како на замена туку како на дополнување на стандардните обуки лице-в-лице, системот нуди вистинска средина за учење достапна за сите службеници во секое време и од секаде. Системот е развиен и пуштен во употреба на http://e-obuki.mioa.gov.mk/.

• Воведување нови електронски услуги. Во рамки на соработката на Министерството за информатичко општество и администрација со други државни институции, а во согласност со програмата е-Влада, беа имплементирани повеќе електронски услуги за потребите на граѓаните и компаниите, кои имаат за цел олеснување на процесот на добивање на административни услуги од институциите.

• Проект „Марк Цукерберг од Македонија“. Во октомври 2013 година беше објавен и стапи на сила новиот Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски домен.МК. Правилникот беше подготвен со цел да го олесни и да го направи побрз процесот на регистрација на домените .mk, бидејќи предвидува и овозможува регистрација на домени по електронски пат. Дополнително, Правилникот овозможува воведување регистри, правни лица овластени од МАРнет да регистрираат домени.mk. Правилникот предвидува и чистење на Регистарот на регистрирани домени и обновување на внесените податоци. Исто така, изработен е новиот систем за регистрација на домени и осум компании веќе потпишаа договор со МАРнет за регистрирање на националниот домен .mk, во четири града во Македонија: Скопје, Куманово, Кавадарци и Велес.

• Обуки во Интернет-клубовите за основни ИТ-вештини. Со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на програми за кацелариско работење и за користење на Интернет, посебно на социјално загрозените категории граѓани, а истовремено и за да се обезбеди поголема искористеност на можностите што ги нудат бесплатните Интернет-клубови во државата, Министерството за информатичко општество и администрација спроведе бесплатни обуки за работа со компјутери, вклучително и програми за канцелариско работење и користење на Интернет. Во периодот 2011-2014 година, на обуките учествувале околу 4500 граѓани.

• Обуки за возрасни лица. Обуките за возрасни лица се реализираа во рамки на бесплатните обуки во Интернет-клубовите во земјата, каде што предност се даваше на кандидати од повозрасната категорија граѓани.

• Напредни ИТ-обуки за невработени лица. Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија организираше циклуси на обуки на евидентираните невработени лица со цел надградба на вештините од областа на информациските технологии, заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот, преку добивање сертификати кои имаат висока вредност не само во земјата, туку и во светот.

• Софтвер за синтеза на говор. Изработен e софтверот за синтеза на говор на македонски јазик, во првичната верзија која континуирано се надградува. Овој проект е дел од Националната стратегија за е-вклучување, со цел да се овозможи поголемо користење на придобивките од информациско–комуникациските технологии на лицата со оштетен вид преку обезбедување на синтетизатор на говор кој продуцира разбирлив говор врз основа на македонскиот јазик. Континуирано се работи на подобрување на квалитетот на говорот кој се продуцира, со цел негово приближување до природен човечки говор.

Page 103: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

103

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Обука на државни службеници и корисници на административните услуги по електронски пат за концептот на е-Влада. Во согласност со програмата за генерички обуки на државни службеници, на континуирана основа се спроведуваат обуки за е-Влада, со цел запознавање на државните службеници со целите, потребата и придобивките од имплементација на програмата е-Влада.

• Модернизирање на опрема во ЈП МРТВ со цел производство на HD-програма (дигитализација на ЈП МРТ). Државниот телевизиски сервис на Македонска телевизија е емитуван од страна на државниот оператор Македонска радиодифузија преку два терастријални мултиплекси. АЕК на „ОНЕ-Телекомуникациски услуги ДООЕЛ” Скопје му издаде одобрение за користење на радиофреквенции на 15.10.2012 година за два мултиплекси за изградба на дигитален терастријален систем за емитување на програмски услуги на национално и на регионално ниво.

• 4Г-технологија. Значајна активност беше и воведувањето на новата генерација на мобилни комуникациски услуги LTE, таканаречена 4Г. Меѓу првите земји во Европа АЕК спроведе аукција за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции за LTE-технологија. Аукцијата беше успешно спроведена и беа издадени 3 одобренија за користење на радиофреквенции. Еден оператор веќе започна со комерцијална работа, користејки LTE-технологија, а останатите имаат рок до 01.09.2014 година да започнат со нудење на овие услуги.

• Поевтинување на услугите во мобилна телефонија преку намалување на цените за СМС и Интернет. Се регулираат цените во малопродажба на пристап до говорни услуги, минута разговор и пакетирани услуги со спроведување на тестови за цени за истиснување на конкуренцијата (изедначување на цените на резиденцијална и бизнис-претплата и регулирање на цените на низа пакетирани и поединечни услуги).

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

• Влада 2.0 - Интероперабилност за зајакнување на меѓусебното поврзување и користење на податоци меѓу државните органи и институциите. Интероперабилност претставува електронски стандардизиран систем за размена на податоци и документи меѓу институциите, согласно со потребите за извршување на административните услуги. Системот е значаен бидејќи ќе го олесни воспоставувањето на едношалтерскиот систем, преку воведување на електронска размена на податоци и документи меѓу институциите. Во тек се активности за поврзување на уште 25 државни институции во системот за интероперабилност.

• Реформа на системот на плати за јавниот сектор. Со новата законска рамка за администрација поставена е основа за унапредување на системот на плати во јавниот сектор. Платите на вработените во јавниот сектор со статус на административни службеници се регулирани со Законот за административни службеници. Преку класификацијата на работните места утврдена во посебните закони и колективни договори и преку Каталогот на работни места кој произлегува како законска обврска од Законот за вработени во јавниот сектор создадени се услови за дополнително реформирање на системот за плати.

• ECDL-обуки и сертификација за државната администрација. Оваа мерка опфаќа сертифицирање на државната администрација со сертификатот European Computer Driving Licence (ECDL). Целта на мерката е да им се обезбедат поквалитетни ИКТ-вештини на државните службеници кои се поврзани со нивната секојдневна работа. Согласно со Законот за административни службеници и материјалните закони кои ги уредуваат посебните дејности, кандидатите за вработување се должни да приложат сертификат за ИКТ-вештини уште при аплицирањето за работното место. За веќе вработените, во рамките на задолжителните генерички обуки, ќе бидат предвидени и обуки за дополнително подобрување на ИКТ-вештините за оние вработени за кои ќе се утврди потреба од зајакнување на нивната стручност во оваа област.

• е-Документи. Оваа мерка ќе се реализира преку системот за интероперабилност, бидејќи електронската размена на податоци и документи во позадина ќе овозможи едноставно обезбедување на потребните податоци во електронски формат, со што ќе се овозможи побрзо извршување на јавните услуги.

• Електронски систем за управување со ресурсите во државните институции (ERP). Започната е изработката на информацискиот систем за управување со човечки ресурси кој ќе овозможи целосна автоматизација на процесите опфатени со рамката на компетенции, а со тоа и зголемување на квалитетот на управувањето со

Page 104: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

104

www.vmro-dpmne.org.mk

човечките ресурси, подобрување на ефикасноста во работењето, како и зголемување на транспарентноста. Со ваков современ информациски систем ќе се добие и прецизен Регистар за вработени во јавниот сектор. Со помош на алатките за генерирање на извештаи ќе можат да се вршат различни анализи, врз база на кои ќе се предлагаат мерки за подобрување на обемот, квалитетот и перформансите на администрацијата како целина. Крајна цел на воведување на системот е добивање постручна и попрофесионална администрација во Македонија.

• Отворање на нови Интернет-клубови. Во изминатиот период се отворени 6 Интернет-клуба во соработка со општините во Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Дојран, Виница и во Пехчево. Планирано е да се отворат уште 2 клубови во Вранешница и во Струга.

• Примена на стандардот WCAG 2.0 за веб-пристапност на веб-локациите и електронските услуги на органите на државна управа. WCAG 2.0 (Web Content Accessibility Guidelines) претставува водич со препораки за креирање на веб-содржина, која е достапна до лица со различен вид на инвалидност, вклучувајќи и слепи лица и лица со оштетен вид, достапна и од различни кориснички уреди со кои се пристапува до истата. Беше изработен водич за имплементација на овие препораки на македонски јазик врз основа на објавените препораки од страна на конзорциумот W3C.

• м-Влада. При набавка на нови електронски услуги со јавните набавки се предвидени одредби во кои се бара електронските услуги да бидат достапни и на мобилните уреди, земајќи го предвид трендот на зголемено користење на мобилните уреди од страна на граѓаните.

• Изградба на дигитална телевизиска мрежа ДВБ_Т. Завршена е првата фаза од проектот. Монтирани се 46 објекти со покриеност со сигнал 92%. Склучени се договори за втората фаза на проектот. Започната е испорака на опрема и паралелно се врши монтажа на опремата. Целиот процес на дигитализација со процент на покриеност од 98% ќе се постигне во април 2014 година.

• Телевизија со висок квалитет (HD - High Definition TV). Телевизијата со висок квалитет се воведува паралелно како што се вршат монтажите по објекти согласно со мерката за Изградба на дигитална телевизиска мрежа ДВБ_Т.

• Дигитализација на микробрановата мрежа. Завршена е мрежата до поголемите населени места. Започната е втора фаза до објектите во малите рурални средини. Проектот тече паралелно со монтажите на опремата за дигитална телевизиска мрежа ДВБ_Т. Рокот на проектот е април 2014 година.

• Микробранова телекомуникациска мрежа за поврзување на државните институции за намалување на трошоците на државните институции. Имплементацијата на проектот зависи од текот на соработката за добивање донација од кинеската Влада.

• Дигитално радио. Во изминатиот период се инвестираше во обновување на аналогното радио и воведување на процесирачко водење и контрола на сигналот со динамички RDS пред се за зајакнување на радиосигналот по магистралните патишта. Тендерската постапка за набавка на опремата е во тек. Обезбедувањето на уреди на корисничка страна за користење на дигитално радио, ќе зависи и од воведувањето на оваа технологијата и во други земји, со што се очекува и намалување на цените.

• Воведување на сараунд-радио. Воведувањето на сараунд-радио е процес кој се реализира паралелно со комплетирањето на дигиталната мрежа.

• Дигитализација на среднобрановиот сигнал за следење на македонското радио на поголеми далечини. Оваа година е започнато со изработка на планови за реставрација на еден блок од постојниот предавател со што ќе се засили сигналот присутен во останатите земји. Дигитален среднобранов сигнал следи во наредиот период, зависно од развојот на технологијата и примената на истата и во останатите земји, со што се очекува и намалување на цените.

НЕВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Развој на капацитетите на Државниот управен инспекторат. Со измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за инспекциски надзор, Државниот управен инспекторат

Page 105: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

105

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

премина во МИОА и ги прошири своите надлежности во насока на контрола на спроведувањето на Законот за јавни службеници и на Законот за државни службеници, како и во насока на исполнување на зголемените обврски со новите измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка. Заради зголемените ингеренции, беа зајакнати капацитетите на Државниот управен инспекторат, во однос на човечки ресурси и опрема.

• Изработка на софтверско решение за автоматизирана распределба на инспекции на управни постапки. Беше изработен и ставен во функција нов систем за автоматизирана распределба на управните инспекции. Управувањето со инспекции по случаен избор претставува ефикасен одбранбен механизам од влијание и корупција во целокупната контрола на ефикасноста на администрацијата.

• Закон за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност. Беше донесен Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност (објавен во Сл. весник бр.79 од 31.05.2013), со кој се воведува задолжителна обврска за институциите да разменуваат документи и податоци меѓу себе, а заради нудење на едношалтерски услуги за граѓаните. Тоа е една крупна реформа во начинот на услужување на граѓаните од страна на институциите, бидејќи целата работа за добивање на одредена административна услуга ќе ја завршат во истата институција, без да се бара од нив да вадат дополнителни документи од други институции.

• Измени на Законот за инспекциски надзор. Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор (Сл. весник на Република Македонија бр.147/13) целосно се регулира функционирањето на Инспекцискиот совет, поблиску се регулираат условите за вршење на работата на инспектор, се даде поголемо значење на континуираното едуцирање и усовршување на инспекторите, што ќе придонесе за поефикасно вршење на инспекцискиот надзор и за зајакнување на статусот на инспекторите.

• Закон за административни службеници. Со цел создавање основа за крупни реформи во администрацијата, беа донесени Закон за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор, со кои се воведуваат темелни промени во начинот на вработување, обуки и усовршување, унапредување, оценување, односно во комплетниот систем на администрација во земјата. Со Законот за административни службеници ќе се воведе системот на компетенции како основа за управувањето со човечките ресурси, ќе се воспостави единствена класификација на работните места, целосно ќе се разработи постапката за пополнување на новите работни места преку вработување, унапредување и мобилност, која ќе се базира на принципите на стручност, компетентност, еднаков пристап и транспарентност, ќе се воспостави целосно нов систем на стручно усовршување на административните службеници преку генерички и специјализирани обуки и менторство, кои ќе бидат задолжителни и за прв пат ќе се воспостави целосен систем на управување со учинокот, кој ќе треба да овозможи мотивација на административните службеници да ја унапредат нивната работа.

• Закон за вработените во јавниот сектор. Со Законот за вработени во јавниот сектор ќе се обезбеди унифицирана регулатива во врска со статусот на вработените во јавниот сектор, со што ќе се гарантираат минималните права и должности на сите вработени во јавниот сектор како и унифицирана класификација на работните места и единствен регистар кој ќе содржи податоци за сите вработени во јавниот сектор.

• Закон за користење на податоците од јавниот сектор. Се донесе Законот за користење на податоците од јавниот сектор со кој се врши усогласување со Директивата 2003/98/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот за повторно користење на информациите од јавниот сектор и Директивата 2013/37/EУ на Европскиот парламент и на Советот за изменување на Директивата 2003/98/EЗ за повторна употреба на информациите од јавниот сектор. Со овој закон се дава можност податоците кои ги креираат органите и институциите од јавниот сектор да се користат од страна на приватниот сектор за создавање нови услуги, информации, апликации и содржини.

• Закон за медиуми. Со донесениот Закон за медиуми се пропишуваат основните начела и услови што треба да бидат исполнети од страна на издавачите на медиуми при вршење на дејноста и истиот е усогласен со актите/стандардите на Советот на Европа и ОБСЕ, се однесуваат на обезбедување на слободата на изразување и слободата на медиумите. Согласно со овој закон не е потребно добивање на каква било дозвола/лиценца,

Page 106: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

106

www.vmro-dpmne.org.mk

за вршење на дејност издавање на печатен медиум или електронска публикација, што е согласно со членот 10 од Конвенцијата за основните човекови права. Со Законот за медиуми се создава обврска за сите издавачи на медиуми да обезбедат заштита на малолетната публика. Со законот му се гарантира правото на новинарот да работи во согласност со своето убедување, а со почитување на новинарската етика, и правото на новинарот да не го открие својот извор на информации. Се утврдува обврската за импресум со што се обезбедува заштита на јавноста (публиката/читателите/потрошувачите), нивното право за осознавање на носителот на информациите и креаторот на содржините, можност за евалуација и интерактивност, можност за остварување на правото на исправка, одговор, заштита на авторските права и другите права. Исто така, овој закон ја утврдува обврската на сите издавачи на медиуми да ги објават податоците за нивната сопственичка структура јавно, со што се обезбедува заштита на медиумскиот плурализам и можноста за соодветно спроведување на одредбите за недозволената медиумска концентрација.

• Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (транспонирање на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги). Во донесениот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги целосно е имплементирана Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги 13/2010/ЕЗ на ЕУ. Со законот се уредуваат правата, обврските и одговорноста на радиодифузерите, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на радиодифузерите. Одредбите од законот кои предвидуваат обезбедување на независност, транспарентност и отчетност на надлежното регулаторно тело (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) се согласно со актите/стандардите на Советот на Европа. Законот содржи одредби што се однесуваат на јавниот радиодифузен сервис Македонската радиотелевизија (МРТ), неговото работење и обврските што тој ги има како јавен радиодифузен сервис. Моделот за МРТ е изработен согласно со Универзалниот модел на Европската радиодифузна унија (EBU). Исто така, со законот се обезбедува заштитата на плурализмот и разновидноста на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, преку дефинирање на поимот недозволена медиумска концентрација и воведување на забрана за постоење на истата. Утврдени се одредби за заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, пласирање производи, телешопингот, емитување на настани од големо значење, правото на кратко известување, а се утврдени и квоти за емитување на европски дела и делата од независни продуценти.

• Нов Закон за електронски комуникации. Во февруари 2014 година, Собранието на Република Македонија го донесе новиот Закон за електронски комуникации. Во новиот Закон за електронски комуникации, транспонирани се Директивата 2009/140/EC („The Better Regulation Directive“), Директивата 2009/136/EC („The Citizens Rights Directive“) и Директивата 2006/26/EC за задржување на податоци. Од аспект на домашното законодавство, новиот Закон за електронски комуникации е усогласен со неколку закони а особено со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за заштита на личните податоци, Законот за следење на комуникациите, Законот за прекршоците, законите од областа на градењето и експропријацијата.

• Таен клиент - објективен и непристрасен модел на оценување. Се спроведува редовно годишно истражување „Таен клиент“, преку кое се ангажираат лица кои се претставуваат како граѓани кои бараат услуга, „тајно“ ја оценуваат работата на институциите, забележувајќи ги сите недостатоци од изгледот на објектот, до односот на шалтерскиот работник. Се поднесува извештај до Владата за утврдените недостатоци при истражувањето, по што институциите подготвуваат Акциски планови и реализираат мерки за надминување на овие недостатоци. Овој начин на анализа на работата на институциите се покажа како многу ефективен, бидејќи се работи за објективен и непристрасен модел на оценување.

• Обуки на шалтерски работници. Беа спроведени посебни обуки наменети за шалтерските работници во државните институции, со цел подобрување на односот на шалтерските работници кон граѓаните, оформување на стандарди при услужувањето на граѓаните, и градење на услужно ориентирана администрација. Овој тип обуки беше вклучен во редовната програма на генерички обуки во администрацијата.

• Обука на државни службеници за изготвување на закони. Квалитетот на подготовката на законите е основата за добра администрација. Оттука, беа спроведени циклуси на обуки во администратацијата, насочени кон стандардизација и зголемување на квалитетот на изработка на закони. Овој модел на обука сега е вклучен во Програмата за генерички обуки на администрацијата.

Page 107: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

107

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Обуки на државни службеници за англиски јазик. Заедно со Канцеларијата на Британскиот совет во Скопје беше спроведен циклус обуки на 100 државни службеници за англиски јазик до ниво Б1. Овие активности ги потврдуваат намерите на Владата на Република Македонија за унапредување на компетенциите на вработените во администрацијата, нивна дополнителна професионализација и стручност според европските стандарди.

• Истражување на вклученоста и задоволството на вработените во администрацијата. Успешно беше спроведено истражување на работната вклученост и задоволството на вработените во државната администрација, преку спроведување на анонимни анкети на државните службеници.Беа организирани фокус-групи како и индивидуални интервјуа од сите 15 министерства на кои беа дискутирани резултатите од истражувањето, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените, како и предлози и идеи за нивно надминување. Резултатите од истражувањето се искористија за да се унапреди изработката на новите законски решенија во областа на администрацијата.

• Ревизија на стандардите за човечки ресурси. Беше изработено второто ревидирано издание на публикацијата „Стандарди за управување со човечки ресурси“. Публикацијата претставува корисна алатка во работењето на одделенијата за човечки ресурси во администрацијата на сите институции во земјата. Целта за воведувањето на стандардите е градење ефикасна, професионална, одговорна и услужно ориентирана администрација.

• Кампања Сурфај безбедно. Кампањата Сурфај безбедно се фокусира на претставување на клучните теми за полесно разбирање на ризиците и опасностите што ги демнат младите на Интернет, заедно со практичните совети за заштита на децата на Интернет. Идејата е да се обрне внимание на сите опасности што потенцијално ги демнат децата на Интернет, да им се помогне со информации за да ги препознаат тие опасности. Кампањата се спроведува во соработка со академскиот и со невладиниот сектор, преку едукативен караван ширум земјата, посета на училишта, дистрибуција на промотивни материјали, едукативен портал (http://surfajbezbedno.mk).

• Кириличен домен .мкд. Во текот на првата половина од 2013 година беше организирано јавно гласање, каде секој граѓанин можеше да го даде својот глас за избор на низа за кириличен домен. Конечниот избор од јавното гласање беше низата .мкд.Во втората половина на 2013 година, МАРнет поднесе апликација за добивање кириличен домен. Апликацијата вклучува административна и техничка документација, која се достави до ICANN. Успехот на анкетата беше доказ за поддршката кон МАРнет од граѓаните. На 07.11.2013 година низата .мкд беше одобрена од ICANN.

• Унапредување на електронската трговија во Република Македонија. МИОА во изминатиот период имплементираше проект за развој на електронската трговија, преку кој за македонски фирми, фирми со почетен бизнис или веќе постојни фирми, се обезбеди развој, имплементација и хостирање на електронски продавници. Претприемачите беа обучени за управување со ваков тип виртуелна продавница од аспект на најновите технолошки и Интернет-трендови. На овој начин, тие се подготвени да ги продаваат своите производи или услуги во Македонија, но и во странство.  Исто така, се изработени прирачници за методи на промоција на е-продавници и обуки за користење статистики за надгледување на ефективноста на онлајн-промоциите.

• Ваучерите за компјутери за студентите. Подобрување на образованието на студентите и директна помош за ИТ-компаниите во услови на светска економска криза, претставува проектот со кој студентите што потекнуваат од социјално загрозените семејства и студентите што се евидентирани како лица со посебни потреби, добија ваучери во номинална вредност од 15.000 денари заради набавка на компјутери. Во првата фаза доделени се 641 ваучер, а во втората фаза 5202 или вкупно 5843 ваучери, од кои искористени се 5834.Проектот за доделување вредносни бонови ваучери обезбеди помош при купување компјутери: лаптоп, десктоп или таблет на студентите кои потекнуваат од социјално загрозените семејства и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби. Со оваа програма МИОА се обидува да ги приближи ИТ-технологиите до граѓаните на Македонија преку најразлични програми за зголемување на пристапот до компјутери, зголемување на ИТ-писменоста и Интернет-пенетрацијата во Македонија.

• Асистивни уреди за лица со инвалидност. Беа дистрибуирани помошни асистивни уреди за користење на компјутери од страна на лица со инвалидност во избрани основни училишта во Република Македонија, како

Page 108: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

108

www.vmro-dpmne.org.mk

и во бесплатните Интернет-клубови. Овие уреди значително ја олеснуваат работата на овие лица при работа со компјутери.

• Антенски систем за контрола и за мониторинг на радиофреквенции. Оваа година АЕК започна со изградба на Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Република Македонија на врвот на Водно што се планира да се заврши за 5 години.

• Проект Преглед на понуди. Во правец на заштита на крајниот корисник, Агенцијата за електронски комуникации изработи софтвер за Преглед на понуди, кој е веќе оперативен и до него може да се пристапи преку новата веб-страница наменета за крајни корисници www.komuniciraj.mk. Целта на услугата Преглед на понуди е да им се даде можност на граѓаните на Македонија, со помош на унифицирани параметри и цени, на едно место, да го изберат пакетот на услуги од постојните оператори, според средствата што ги имаат на располагање. Софтверот е многу едноставен и лесен за користење, со внесување на неколку податоци, како избор на оператор, износ кој би сакале да го плаќате на крајот од месецот и сл., самиот софтвер Ви дава одговор кој оператор, ја има најдобрата понуда за Вас. Покрај софтверот за Преглед на понуди, на веб-страницата www.komuniciraj.mk, граѓаните ќе имаат шанса да поставуваат прашања и исто така ќе можат електронски да доставуваат приговори.

• Проект Софтвер за управување со радиофреквенцискиот спектар. Имајќи го предвид значењето на радиофреквенциите како ограничен државен ресурс АЕК имплементираше софтвер за планирање и управување на радиофреквенциите. Истовремено се овозможи електронско спроведување на определени интерни постапки во врска со администрирање на фреквенциите и на одобренијата на корисниците на радиофреквенција. На овој начин се врши заштеда во фреквенциските ресурси преку подобро планирање и превентивно отстранување на пречки што можат да се појават и влијаат врз квалитетот на електронските комуникациски услуги.

• Проект Атлас на телекомуникациска инфраструктура. Атласот на телекомуникациска инфраструктура (подземна и надземна) е софтвер кој ќе стави ред во градбата и одржувањето на телекомуникациските мрежни инфраструктури. Знаејќи ја постојната електронска мрежна инфраструктура компаниите ќе можат полесно да ги развиваат своите бизнис-планови и да ги планираат инвестициите на овие пазари. Втор сегмент од овој проект претставува и обезбедувањето заштита на подземната телекомуникациска инфраструктура, со тоа што ќе се избегнат оштетувања од градежни зафати и прекини во обезбедувањето на услугите кон граѓаните на РМ.

• Проект Дефинирање на општите услови за користење на електронските комуникациски услуги и стандардизирање на претплатничките договори. АЕК отпочна да врши контрола на структурата и содржината на претплатничките договори кои операторите ги склучуваат со крајните корисници, како и дефинирање на општите услови под кои граѓаните ќе ги користат електронските комуникациски услуги. Целта е да се склучуваат транспарентни и јасни договори кои ќе бидат однапред дефинирани и во кои детално ќе бидат прецизирани сите општи услови за цените, тарифите и параметрите за квалитет, рокот за плаќање и сл. На овој начин ќе бидат избегнати можните злоупотреби и оштетувања на граѓаните како корисници на услуги. Со овој чекор се спречува автоматско обновување на претплатничкиот договор за период од дополнителни две години без знаење на претплатникот или во случај кога претплатникот не се изјаснил во определен временски период дека сака да го раскине договорот.

НЕВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Владина оптичка мрежа. Во финална фаза е поврзувањето на 20 државни институции со оптички влакна, со што ќе се овозможи воведување на ИП-телефонија, интранет-комуникација и брза конекција за размена на податоци и документи.

• Нов Закон за општата управна постапка. Во соработка со ЕУ и СИГМА беше изработен нацрт-текстот на новиот Закон за општата управна постапка со кој ќе се воведе реформа на системот на управното процесно законодавство, кој има суштинско значење за обезбедување на ефикасна и сервисно ориентирана администрација. За носење на законот се чека политичка одлука бидејќи бара двотретинско мнозинство на

Page 109: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

109

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

гласови во Собранието за негово изгласување.

• Каталог на работни места. Ќе се воспостави механизам кој ќе направи споредба и проценка на општите карактеристики и специфичностите на различни типови работни места. Со изработка на каталогот на работни места ќе се направи класификација на сите работни позиции во јавната администрација во Република Македонија.

• Мултиплатформски систем за колаборација за е-седница. Со цел поедноставување и забрзување на процесот на креирање и менаџирање на информации и елаборати за седниците на Владата на Република Македонија, се изработува нов систем за е-седница. Целта е да се зголеми ефикасноста при сè поголемиот интензитет на работата на Владата и Владините тела. Мултиплатформскиот систем за колаборација за е–седница овозможува паралелно работење на материјалите што се праќаат во владина процедура, едноставно електронско одобрување на материјали, компатибилност со новите мобилни уреди, како што се таблети и паметни телефони, подобрено електронско управување со документите на дневниот ред на седниците на Владата и сл.

• Ределегација на .mk. Процесот за добивање на доменот.mk беше инициран и воден од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Од самиот почеток МАРнет ја има улогата на Регистратор на доменот .mk, најпрвин како дел од компјутерскиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2011 година и како посебно правно лице. Во 2013 година, МАРнет ја започна постапката за ределегација на доменот .mk. Со завршувањето на постапката, МАРнет и официјално кај IANA ќе се јави како правно лице што раководи со доменот .mk.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Систем за издавање дигитални сертификати (PKI). Заради имплементација на останатите приоритети и согласно со буџетските планови, реализацијата на овој проект е одложена за наредниот период.

• Управување на односите со граѓаните (CRM). Заради имплементација на останатите приоритети и согласно со буџетските планови, реализацијата на овој проект е одложена за наредниот период.

• Едукација за користење на WiFi-пунктовите. Реализацијата на овој проект е предвидена за наредниот период.

• Е-Избори. Нереализирано поради немање на политичка согласност од опозицијата.

• ECDL-обуки и сертификација за невработени лица и лица со инвалидност. Нереализирано поради тоа што приватниот сектор сè уште нема обезбедено и воведено услови за ECDL-обуки и сертификација.

Page 110: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

110

www.vmro-dpmne.org.mk

ЗЕМјОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО и ВОДОСТОПАНСТВО

Page 111: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

111

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

СУБВЕНции

Продолживме со силна поддршка на земјоделството!

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006 - 2013 година намени вкупно 640 милиони евра за македонските земјоделци!

Во досегашниот период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на македонските земјоделци им исплати 550 милиони евра (исплатата за 2013 е во тек и ќе продолжи во текот на 2014 година, согласно со законските одредби)! Во буџетот за 2014 година, за земјоделците се предвидени 140 милиони евра за субвенции.

Останавме доследни на ветеното и на нашето земјоделство како приоритет. Со ВМРО-ДПМНЕ поддршката за земјоделците е континуирана и стабилна политика.

Македонскиот земјоделец знае дека е добро кога има кој да му помогне!

И покрај светската криза кога голем број земји ги одложија или ги намалија субвенциите, Владата во континуитет ги зголемуваше субвенциите за земјоделците.

2006 година – 20 милиони евра

2007 година – 25 милион евра

2008 година – 45 милиони евра

2009 година – 70 милиони евра

2010 година – 100 милиони евра

2011 година – 115 милиони евра

2012 година – 130 милиони евра

2013 година – 135 милиони евра

• Повисоки субвенции од претходно во континуитет беа обезбедени за најважните земјоделски култури - тутунот, полјоделските култури, винските и овошните насади, градинарските култури, производството на млеко, овчарството, говедарството, свињарството и пчеларството. Истовремено, навремено и интервентно со дополнителни мерки во овој период се поддржаа градинарите, производителите на ориз, земјоделците кои претрпеа штети од поплави како и поддршка за винариите односно секторите што беа погодени со неповолните временски или пазарни околности.

• Аплицирањето за субвенциите од 2012 година е целосно електронско без потреба од пополнување на какви било документи. Документите штп претходно се бараа за субвенции, а се издаваат од органи на државна управа, се обезбедуваат по службена должност.

Page 112: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

112

www.vmro-dpmne.org.mk

• Земјоделците повеќе не вадат имотни или поседовни листови при аплицирањето за субвенциите. Спроведено е поврзување помеѓу Регистарот на земјоделски стопанства, Регистарот на животни и софтверот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со што се овозможи земјоделците да немаат потреба да прибавуваат имотни листови при аплицирање. Со постигнување на целосна функционалност на Единствениот регистар на земјоделски стопанства поврзан со другите бази и регистри, земјоделците веќе немаат обврска секоја година да вадат докази за сопственост на земјиштето што го обработуваат.

• Со Програмата за рурален развој нашиот земјоделец имаше можност да ја обнови старата механизација, тракторот, шталата или да воведе наводнување капка по капка со дури половина од трошоците покриени од страна на државата.

• За овие четири години:

- понудена е поддршка за инвестициите по принципот „50-50“,

- набавени се 1.200 нови трактори,

- набавени се 5.500 парчиња друга земјоделска механизација,

- инсталирани се 77 ефикасни системи за наводнување „капка по капка“ преку програмата за рурален развој. Ваквите инвестиции, кои се кофинансираат со 50% од висината на инвестицијата ги искористија 21 земјоделец во висина од 330.000 евра.

Дополнително, со усвоените измени на Програмата ИПАРД 2007-2013 година, Владата уште повеќе излезе во пресрет на специфичните потреби на земјоделците за натамошно осовременување на производство и преку оваа линија на поддршка.

Како резултат од континуираните субвенции и другите политики во корист на земјоделците:

- Извозот на земјоделските производи ја помина границата од половина милијарда евра. Во 2013 година се извезени земјоделски производи во вредност од 504 милиони евра. Ова е за 20% зголемена вредност во однос на 424 милиони евра извезени во 2010 година;

- Вредноста на земјоделското производство континуирано се зголемува и изнесува над една милијарда евра. Според последните достапни податоци во 2011, земјоделскиот производ е вреден 1,16 милијарди евра.

ДРУГА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

• Во насока на целосна кредитна поддршка на инвестициски проекти поддржани со програмата ИПАРД, направивме измени кај кредитната линија од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, како и кај кредитната линија од ЕИБ.

• Со направените измени кај кредитната линија од ЗКДФ:

- Зголемен е лимитот за кредитирање за капацитетите за преработка на житни култури од 200.000 евра на 300.000 евра;

- Се овозможи кредитирање на компании што се занимаваат со извоз на преработени земјоделски култури;

- Зголемен е лимитот за кредитирање на извоз на земјоделски производи од 200.000 евра на 300.000 евра;

- Продолжен е рокот за рефинансирање на кредити наменети за инвестиции што се реализирани од крајни корисници, од 30 на 90 дена.

• Преку ЗКДФ во период од 2011 до 2014 година се одобрени 899 барања и вкупно се пласирани 22,5 милиони евра кредити за развој на земјоделството по поволни субвенционирани услови, со што се обезбедени нови 505 вработувања. Годишната каматна стапка е намалена за по еден процентен поен на 3% за инвестиции во

Page 113: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

113

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

примарното земјоделство, и на 4% за сите видови инвестиции во преработувачката индустрија и трговијата. Исто така намените, условите и висината на кредитирањето на земјоделските кредити се прилагодени кон условите за инвестирање кои се бараат согласно со програмата ИПАРД.

• Поради големиот интерес за користење на кредитната линија од ЗКДФ, во тек се активности за обезбедување дополнителни поволни средства за земјоделците преку дополнување на ЗКДФ со средства од меѓународни финансиски институции.

• Овозможено е директно кредитирање на земјоделството преку Македонската банка за поддршка на развојот.

Преку зголемување на кредитниот потенцијал на Македонската банка за поддршка на развојот (докапитализација за 10,7 милиони евра), почнувајќи од 2012 година, МБПР отпочна со директна кредитна поддршка на земјоделството под следните услови: максимален износ на кредитот до 300.000 евра (освен за откуп на грозје, пченица и овошје и зеленчук каде максималниот износ е до 500.000 евра), рок на отплата до 1,5 години за обртни средства со вклучени до 3 месеци грејс-период и до 5 години за инвестиции со вклучени до 1 година грејс-период и фиксна годишна каматна стапка од 3%. Кредитите се денарски и без девизна клаузула. Досега се одобрени 27 барања и исплатени се 7,5 милиони евра директни кредити за откуп на грозје, жито и градинарски производи, кои го помогнаа пласманот на земјоделските производи и побрзата исплата на парите за земјоделците. Со тоа, се очекуваат 144 нови вработувања.

• Поддршка за приватниот сектор во реализација на инвестициски проекти

Преку ИПАРД програмата се финансирани следниве инвестициски проекти во земјоделството и прехранбената индустрија:

- 12 проекти ладилници и опрема за инстантно замрзнување на овошје и зеленчук и погон за замрзнување на зеленчук, како и разни комбинации на зеленчук, конзервни фабрики од околу 2,2 милиони евра поддршка,

- 9 проекти за чување и преработка на млеко преку воведување на нови производни линии за млечни производи со вкупен износ на поддршка од 390.000 евра, и

- 5 проекти за изградба и модернизација на расадници за раноградинарски култури, како и изградба на нов тип на оранжерии во износ од 54.000 евра.

Поволна социјална и даночна политика за земјоделците

- Продолжи поволната социјална политика за земјоделците. За посигурна старост на земјоделците, месечните придонеси за осигурување на земјоделците од 6.500 денари се намалени на околу 4.000 денари за регистрираните земјоделци, и на само 1.500 денари за земјоделците осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Сега над 9.000 земјоделци се регистрирани по двата основа;

- Персоналниот данок за регистрираните земјоделци не се плаќа за приходи од земјоделска дејност до 300.000 денари, додека за приходи до 1.300.000 денари изнесува само 2% (за сите други дејности е 10%).

• Поддршка за младите земјоделци. Во 2012 година се започна со реализација на мерката за поддршка на започнување на земјоделски бизнис на млади земјоделци со обезбедување на финансиски стимулации за реализација на предложениот бизнис-проект во висина до 600.000 денари. Досега се склучени договори за финансиска поддршка на 12 млади земјоделци во вкупна вредност од 5,8 милиони денари и исплатени се 900 илjади денари.

Во текот на 2014 година подршката за започнување со земјоделска дејност на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност продолжува со обезбедени дополнителни 8 милиони

Page 114: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

114

www.vmro-dpmne.org.mk

денари за оваа мерка.

Дополнително од ИПАРД-средствата се поддржани 35 млади земјоделци со повисока поддршка на кофинансирање од државата од 55%.

• Поддршка за фамилијарните земјоделства и неземјоделските дејности

Обезбедена е посебна мерка 302 - Диверсификација на активностите во руралните средини во ИПАРД-програмата наменета за кофинансирање со најмалку 50% на проектите кои вклучуваат развој на фамилијарни бизниси или остварување на дополнителни приходи од земјоделски и неземјоделски дејности. Проектите од оваа мерка што обезбедуваат можност за самовработување особено се однесуваат на проекти во калемарството, пчеларството, цвеќарството, занаетчиството, и сè поактуелниот рурален туризам. За оваа мерка се обезбедени средства во висина од 7,5 милиони евра и за истата редовно се објавуваат огласи.

• Надминат е проблемот со ангажирање на сезонски работници во земјоделството и преработувачката индустрија и поедноставена е постапката за ангажирање и евидентирање на сезонски работници преку агенциите за времени вработувања. Истото се овозможи со измените на Законот за работни односи со што се постигна флексибилност на системот за ангажирање на сезонските работници со тоа што истиот се прилагоди на карактеристиките на секторот земјоделство и преработка на земјоделски производи. Се воведе законска можност за вработување на сезонски работници, без јавен оглас до 90 дена и електронски систем за брзо пријавување и одјавување на сезонските работници.

ЗЕМјиШНА ПОЛиТикА

• Државното земјиште е распределено на вистинските земјоделци. На 28 огласи завршена е распределбата на 16.000 хектари слободно државно земјиште на земјоделците или по години:

2011 - 3775 ха

2012 - 8170 ха

2013 – 1097 ха

2014 – објавени се 2,700 ха (постапката е во тек)

• Целосно е завршен Системот за идентификација на земјишни парцели, Винскиот катастар и Катастарот на овошни насади и маслинки, со што се овозможи точно одредување на парцелите што ги обработуваат земјоделците, поедноставување на постапките за аплицирање и поголем увид во производните капацитети.

• Извршено е праведно регулирање на користењето на државното земјоделско земјиште без договори особено во Тиквешијата и на другите места низ државата. Склучени се договори за 3.706 ха државно земјиште со 1.650 земјоделци кои претходно користеа државно земјиште со изминат договор или на друг нерегулиран начин. Тие сега како и останатите земјоделци рамноправно аплицираат за субвенциите.

• Дадена е можност за легализација на објектите за земјоделска намена изградени на земјоделско земјиште (штали, помошни објекти, објекти за преработка или чување на земјоделски производи) во поедноставена постапка без плаќање на комуналии. Исто така законски е уредена и изградбата на нови објекти за земјоделска намена на земјоделско земјиште. Досега се издадени 85 решенија за давање согласност за изградба на оранжерии и помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи, како и 63 решенија за давање согласност за потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште.

• Завршено е пилотирање на консолидацијата на земјоделското земјиште во Таор и Конче. Врз основа на новата Национална стратегија и Законот за консолидација на земјоделското земјиште во следниот период овие процеси ќе се интензивираат.

• На посебни комерцијални огласи за распределба на државно земјоделско земјиште доделени се 5.353 ха за развојни бизнис-проекти насочени кон вработување на руралното население и привлекување на странски

Page 115: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

115

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

инвестиции.

• На старите плодоуживатели им е овозможено и по рокот од пет години да го продолжат користењето на државното земјиште по многу поволни услови без договорите да бидат раскинати.  Така вкупно 2.723 хектари државно земјиште претходно  доделено на плодоуживање на социјално необезбедени категории население е трансформирано во редовен договор за закуп. Дополнително со посебни поволности во делот на неплаќање на закупнина 5 години и продолжување на користење на социјалната помош во транзициски период од 2 години, со нова програма на плодоуживање се доделени нови 117 ха за 40 нови плодоужаватели.

• Во насока на намалување на површините на приватно земјоделско земјиште кое не се обработува повеќе од 2 години со измени во Законот за земјоделско земјиште се воведе регистер на необработени површини со кој се врши идентификување на ваквите површини. Со јавниот пристап до овие информации ќе се овозможи поттикнување на внесувањето на необработеното земјиште на пазарот на земјиште.

• Огласени се 3.000 хектари на државно земјоделско земјиште со поголеми парцели во сите земјоделски региони во Македонија наменети за домашни и странски инвеститори врз основа на издржани инвестициски програми. 2.963 ха се веќе доделени под закуп за производство на производи со конкурентна предност како градинарски култури, подигање на овоштарници и лозови насади, насади со маслинки, бадеми, мандарини и малини, хортикултура и за подигање на оранжерии.

• Проект 50 атрактивни градежни локации во винарските региони за нови винарски визби со почетна цена од 1 евро/м2. Со цел зголемување на конкуренцијата во винската индустрија и развој на вински туризам, во изминатиот период од страна на Министерството за транспорт и врски и општините беа понудени на продажба вкупно 57 градежни парцели за изградба на винарии на следниве локации:

- 16 градежни парцели во КО Ресава, општина Кавадарци,

- 4 градежни парцели во КО Кавадарци, општина Кавадарци,

- 11 градежни парцели КО Курија, општина Неготино,

- 6 градежни парцели во КО Црвени Брегови, општина Неготино,

- 4 градежни парцели во КО Неготино, општина Неготино,

- 8 градежни парцели во КО Паликура, општина Росоман,

- 8 градежни парцели во КО Мешеишта, општина Дебарца.

• Формирањето и функционирањето на земјоделските задруги беше дополнително поддржано. Со донесување на новиот Закон за земјоделски задруги се обезбеди уште поголема поддршка на финансирањето на трошоците за формирањето на задругата, плата за раководителот, сметководствените трошоци, помош за премии за осигурување и наводнување, за набавка на земјоделска опрема, механизација и постбербени активности на задругата. Досега според новиот закон се регистрирани 11 земјоделски задруги.

• Обезбедивме поддршка за отворање на добиточни пазари во регионите каде што имаше интерес од страна на локалната самоуправа или приватни инвеститори. Во моментов во фаза на изградба со поддршка обезбедена од државата е сточниот пазар во општината Кривогаштани, а во следниот период планираме да продолжиме со реализација на оваа мерка и на други локации каде што има интерес од локалната заедница.

РУРАЛЕН РАЗВОј

• Во насока на подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, инвестирани се значителни средства во македонското село кои во следниот период како приоритетни инвестиции ќе продолжат да се зголемуваат.

• Согласно со Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој, поддржани се вкупно 188 проекти (вклучително и проектите што се во тек) со цел подобрување на квалитетот на животот во руралните средини како и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја со вкупна финансиска поддршка од 1.192 милиони денари, од кои 42 се веќе реализирани со вкупна финансиска поддршка од скоро 129 милиони денари.

Page 116: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

116

www.vmro-dpmne.org.mk

• Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини

Преку Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011 и 2012 година, исплатени се близу 10,6 милиони денари кон 12 општини, со цел зголемување на конкурентноста на земјоделското производство. Инвестициите се наменети за инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште, инвестиции наменети за снабдување со електрична енергија и водоснабдување.

Од вкупно исплатените проекти, 2 проекта се однесуваат на инвестиции наменети за водоснабдување и 10 проекти се инвестиции наменети за инфраструктура за пристап до земјоделското земјиште.

Табела 1. Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството

Ред. бр. Корисник Инвестиција Вредност на

инвестиција1. Општина Дебарца инвестиции наменети за водоснабдување 492.569,00 ден.

2. Општина Ново Село пристап до земјоделското земјиште 801.316,50 ден.

3. Општина Чешиново - Облешево пристап до земјоделското земјиште 929.996,00 ден.

4. Општина Пробиштип инвестиции наменети за водоснабдување 2.066.628,00 ден.

5. Општина Демир Хисар пристап до земјоделското земјиште 500.000,00 ден.

6. Општина Босилово пристап до земјоделското земјиште 995.581,00 ден.

7. Општина Струмица пристап до земјоделското земјиште 778.395,00 ден.

8. Општина Делчево пристап до земјоделското земјиште 1.000.000,00 ден.

9. Општина Прилеп пристап до земјоделското земјиште 823.530,00 ден.

10. Општина Карбинци пристап до земјоделското земјиште 677.930,00 ден.

11. Општина Василево пристап до земјоделското земјиште 664.185,00 ден.

12. Општина Студеничани пристап до земјоделското земјиште 846.238,00 ден.

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ 10.576.368,50 ден.

• Преку Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011, 2012 и 2013 година, исплатени се вкупно 42 проекти во висина од близу 129 милиони денари, со цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и поттикнување на диверсификација на економски активности преку инвестиции во:

- локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на селата до 5 км,

- инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на села со регионален пат или со населено место – град во должина до 7км,

- инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи во населени места – села до 1.500 жители.

Табела 2. Инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на селата

Ред. бр. Корисник Инвестиција Вредност на

инвестиција1 Општина Крива Паланка локална патна инфраструктура 4.058.182,00 ден.

2 Општина Виница изведба на мост 304.032,00 ден.

3 Општина Пробиштип локална патна инфраструктура 7.759.872,00 ден.

4 Општина Ранковце локална патна инфраструктура 3.251.837,00 ден.

5 Општина Зрновци локална патна инфраструктура 2.866.199,00 ден.

Page 117: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

117

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

6 Општина Велес локална патна инфраструктура 7.818.810,00 ден.

7 Општина Берово локална патна инфраструктура 5.688.982,00 ден.

8 Општина Кривогаштани локална патна инфраструктура 1.139.929,00 ден.

9 Општина Могила локална патна инфраструктура 3.128.393,00 ден.

10 Општина Карбинци локална патна инфраструктура 2.621.702,00 ден.

11 Општина Битола локална патна инфраструктура 9.591.988,00 ден.

12 Општина Демир Хисар локална патна инфраструктура 1.504.600,00 ден.

13 Општина Кавадарци локална патна инфраструктура 6.740.890,00 ден.

14 Општина Неготино локална патна инфраструктура 5.329.865,50 ден.

15 Општина Конче локална патна инфраструктура 3.413.810,00 ден.

16 Општина Богданци локална патна инфраструктура 2.339.267,00 ден.

17 Општина Дебарца локална патна инфраструктура 3.161.544,00 ден.

18 Општина Ново Село локална патна инфраструктура 967.184,50 ден.

19 Општина Желино локална патна инфраструктура 2.096.909,50 ден.

20 Општина Валандово локална патна инфраструктура 2.970.089,00 ден.

21 Општина Могила локална патна инфраструктура 1.710.277,00 ден.

22 Општина Босилово локална патна инфраструктура 2.770.663,00 ден.

23 Град Скопје локална патна инфраструктура 1.105.762,00 ден.

24 Општина Долнени локална патна инфраструктура 2.127.347,50 ден.

25 Општина Лозово локална патна инфраструктура 2.385.749,00 ден.

26 Општина Јегуновце локална патна инфраструктура 1.591.416,50 ден.

27 Општина Чешиново локална патна инфраструктура 1.586.990,00 ден.

28 Општина Делчево локална патна инфраструктура 2.400.000,00 ден.

29 Општина Кочани локална патна инфраструктура 4.036.015,00 ден.

30 Општина Демир Капија локална патна инфраструктура 2.683.122,50 ден.

31 Општина Новаци локална патна инфраструктура 1.657.362,00 ден.

32 Општина Кратово локална патна инфраструктура 2.400.000,00 ден.

33 Општина Зајас локална патна инфраструктура 1.363.543,50 ден.

34 Општина Крива Паланка локална патна инфраструктура 3.659.588,00 ден.

35 Општина Крушево локална патна инфраструктура 1.927.965,50 ден.

36 Општина Петровец локална патна инфраструктура 989.648,00 ден.

37 Општина Брвеница локална патна инфраструктура 651.404,00 ден.

38 Општина Берово локална патна инфраструктура 6.770.080,00 ден.

39 Општина Василево локална патна инфраструктура 1.133.320,00 ден.

40 Општина Кичево локална патна инфраструктура 3.365.622,00 ден.

41 Општина Маврово - Ростуша локална патна инфраструктура 1.047.039,50 ден.

42 Општина Гевгелија локална патна инфраструктура 4.778.308,50 ден.

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ 128.895.309,00 ден.

Page 118: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

118

www.vmro-dpmne.org.mk

иНВЕСТиции

• Обезбедивме финансиска поддршка за реализација на помали инфраструктурни проекти од значење за подобрена енергетска и функционална ефикасност на водостопанските претпријатија и унапредено наводнување. Така, постапки за комплетната подготовка на тендерската документација, спроведување на постапката за избор и следење на реализацијата на договорите до извршување беа реализирани за:

- рехабилитација и реконструкција на хидромеханичката опрема на темелни и зафатни објекти на браните: Турија, Калиманци и Глажња-Липково,

- санација на зафатната кула - затворачница на браната Турија од провирни води низ ѕидовите на кулата,

- санација на гумена преграда на реката Брегалница кај с.Чифлик,

- доградба на систем за наводнување Сува Гора - Кавадарци,

- санација и рехабилитација на канал за наводнување Саракино – Полог,

- санација и рехабилитација на канал за наводнување Галате – Полог,

- набавка на цевки за замена и санација на цевководите во ХС Стрежево,

- набавка и инсталација на нова опрема – мерачи на ниво и мерачи на проток во ХС Стрежево,

- санација на продори на вода и рехабилитација на круната на браната Прилеп,

- санација на длабинска инекциона завеса на левиот бок на браната Турија, и

- замена на хидромеханичка опрема на прекидните комори во ХМС Прилеп и замена на затворачи кај секундарните цевководи.

• Чистење на водотеци и мрежа за наводнување и одводнување. Во текот на 2011 година исчистени се 5 канали за одводнување во должина од 21,6 км, во 2012 година 14 канали за одводнување во должина од 67,7 км, и во 2013 година исчистени се 27 канали за одводнување во должина од 118,2 км. Чистењето на мрежата за наводнување и одводнување како редовна годишна активност продолжува и во следниот период.

ФиТОСАНиТАРНА ПОЛиТикА

• Изработка на долгогодишна стратегија со активни мерки и политики за подигнување на квалитетот на семенскиот и садниот материјал, подобрување на квалитетот на готовите производи, намалување на увезените заразни болести и заштита на земјоделците од злоупотреби. Во насока на реализација на оваа мерка која континуирано се спроведува, а со цел унапредување на конкурентноста на македонското земјоделско производство и подобрување на квалитетот и приносот на македонските земјоделски репроматеријали, Владата на Република Македонија започна со реализација на мерки во следните области:

Измена на регулативата од областа на фитосанитарна политика во насока на зајакнување на контролата на квалитетот на земјоделските репроматеријали

- За прв пат се воспостави системот за мониторинг по европски стандарди кај увозот на семенскиот и на садниот материјал, производите за заштита на растенијата, ѓубрињата и земјоделските растенија.

- Се воведе систем на бандероли кај семенскиот материјал и се забрани препакување на истиот.

- Преку задолжително истакнување на телефонскиот број на Државниот инспекторат за земјоделство кај сите оператори со земјоделски репроматеријали се воспостави неформална контрола на квалитетот на земјоделските репроматеријали каде секој фармер ќе ја има улогата на земјоделски инспектор.

- Се забрани пласман на препаратите што се наоѓаат на црвената и на жолтата листа во Европската унија, по завршување на рокот од 6 месеци од денот кога овие препарати ќе стапат на една од овие листи.

- Се зајакна санационата политика со цел спречување нелегална трговија и производство на земјоделски репроматеријали, се зголемија санкциите кај физички лица во насока на спречување на шверц со

Page 119: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

119

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

земјоделски репроматеријали, се воведе кривичната одговорност (казна затвор) за прекршоците од областа на фитосанитарната политика од најтежок вид.

- Се регулираше статусот на автохтоните сорти на семенски и саден материјал и се обезбеди стабилност во системот на заштита на автохтоните сорти на семенски и саден материјал.

Зајакнување на институционалните капацитети во областа на фитосанитарната политика

- Државната фитосанитарна лабораторија обезбеди акредитација од областа на вируси и производи за заштита на растенијата.

- Воспоставен е систем на редовна едукација за кадарот што работи во областа на фитосанитарната политика. Во 2013 година беа реализирани вкупно 50 обуки во областа на фитосанитарна политика. Преку овој систем на редовна едукација се подобри ефикасноста на спроведување на законите во областа на фитосанитарната политика, а со тоа и гаранцијата за квалитетот на земјоделските репроматеријали.

ШУМАРСТВО

• За периодот 2011-2013 година со годишните Програми за проширена репродукција на шумите и со акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ вкупно се пошумени 3.006 ха со 9.275.790 садници. Со Програмата за проширена репродукција на шумите за 2014 година се планирани да се пошумат уште 70 ха голини и ерозивни земјишта. Како дел од акцијата „Ден на дрвото“, ЈП „Македонски шуми" отстапуваше садници за пошумување и на површини во надлежност на други институции. Садниците се доделуваа по барање на градот Скопје и општините Охрид, Струга и Дојран за разубавување на јавните површини, потоа на националните паркови, на ЈП за државни патишта итн.

• Заради поедноставување на постапките за добивање одобрение за сеча на сопствениците во приватните шуми и олеснување на постапките за транспорт, се воведе можност за лиценцирање на правни и физички лица за изведување на стручните работи во шуми во приватна сопственост. Со ова сопствениците во приватните шуми можат да ги користат нивните услуги при постапките за добивање на одобрение на сеча. Издадени се 54 лиценци на правни и физички лица кои ги исполнуваат условите согласно со закон.

• Зајакнати се постојните расадници за производство на шумски саден материјал при ЈП „Македонски шуми“ со цел зголемување на капацитетите за производство на шумски саден материјал. Исто така беа сервисирани системите за наводнување со набавка на дополнителна опрема.

• Со поддршка на проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумските пожари“ финансиран од ФАО, обезбедени се алати за гаснење на пожари и опрема за лична заштита за гасначи. Преку Министерството за земјоделство опремата е распределена до сите правни субјекти кои стопанисуваат и управуваат со шумите (ЈП Македонски шуми, Националните паркови, ЈП Паркови и зеленило, ЈПУЗПП Јасен и Шумарски факултет).

БЕЗБЕДНОСТ НА хРАНА

• Целосно го либерализиравме обезбедувањето на ветеринарните услуги. Ветеринарните услуги сега се достапни за сточарите преку слободен избор од нивна страна на ветеринарното друштво и без спроведување на какви било претходни тендерски постапки и ограничување на бројот на вклучени ветеринарни станици што даваат услуги. Либерализацијата на услугите придонесе кон подостапна и подобра услуга за сточарите.

• Во соработка со Израелската агенција за меѓународна соработка изграден е еден современ расадник за производство на здравствено-исправен расад во состав на средното земјоделско училиште во Свети Николе. За производителите на здравствено-исправен расад обезбедена е мерка на финансиска поддршка од 5 денари по растение. Во следниот период продолжуваат активностите за привлекување инвеститори за изградба на современи расадници за семенски и саден материјал во другите подрачја со интензивно градинарско производство, особено во југоисточниот дел во државата.

• Исто така, воспоставивме регистар за пчелни семејства. Со одбележување на пчелните семејства се обезбеди поуспешно следење на болестите и поголема контрола на бројот на пчелните семејства во државата.

Page 120: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

120

www.vmro-dpmne.org.mk

• Во насока на воведување на добра земјоделска практика во македонското земјоделство донесен е Правилник со листа за минимални услови за добра земјоделска практика и зачувување на животната средина. Заради соодветно запознавање на земјоделците со барањата што се услов за субвенциите, се спроведе кампања за промоција и обуки од страна на советодавните служби, а подготвена е и брошура.

ПОДДРШкА ЗА ПРОМОцијА и кВАЛиТЕТ НА ЗЕМјОДЕЛСкОТО ПРОиЗВОДСТВО

• Организиравме национална медиумска кампања за промоција на економското здружување на земјоделците и иницирање на интерес на потенцијалните задружници. Со промотивен спот на МТВ и средби со земјоделците се анимираше интересот за нивно здружување на пазарна основа во задруги.

• Изработен е телевизиски спот и спроведена е медиумска кампања ,,Договореното е најсигурно“ заради запознавање и помош на земјоделците во врска со склучување договори за откуп на земјоделски производи и регистрација на откупувачите.

• Почнувајќи од 2011 година организираме, и со околу 400.000 евра годишно финансиски ја поддржуваме националната промоција на македонски земјоделски производи на алтернативните или недоволно застапени пазари (Русија, Кина, некои од европските земји, САД). Промоцијата што се спроведува преку поставување на национален македонски штанд на најзначајните саемски манифестации во овие земји, придонесе кон значително зголемување на извозот на виното, свежите зеленчук и овошје и преработките на тие пазари.

• Финансиската поддршка за воведување на заштитени ознаки за квалитет континуирано продолжува. Во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој предвидена е финансиска поддршка наменета за групи производители или преработувачи на земјоделско-прехранбени производи кои во соработка со стручни лица, консултанти и единици на локална самоуправа можат да поднесат барање за регистрација на заштитен назив. Максималната финансиска поддршка е во висина од 300.000 денари по производ.

• Обезбедивме редовно информирање на земјоделците за движењето на пазарите на земјоделските производи. Преку веб-страницата www.zpis.gov.mk на Замјоделскиот пазарен информативен систем при Министерството за земјоделство редовно се обезбедуваат неделни, месечни и годишни информации за најновите движења на цените на земјоделските производи на домашните и на поважните странски пазари.

• Преку годишните програми за финансиска поддршка се продолжи со обезбедување субвенции за воведување повисоки пазарни стандарди барани од странските трговци (ГЛОБАЛГАП и др).

ДРУГи ПРОЕкТи и АкТиВНОСТи

• Обезбедивме враќање на традицијата на автентичниот начин на рибарење на Дојранското Езеро. Обврските кои се вклучени во договорот со концесионерот на езерото предвидуваат вршење на риболовот со традиционални методи со користење на мандри и корморани во 8 риболовни зони. Досега се направени три мандри, а останатите ќе бидат реализирани во следниот период.

• Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изгради нова современа зграда со што е направена заштеда на средства за закупнина од близу 370.000 евра годишно, и е овозможен полесен пристап на земјоделците до административните служби.

• За да биде поблиску до земјоделците, Министерството отвори 8 нови подрачни единици во: Ново Село, Босилово, Василево, Вевчани, Брвеница, Пехчево, Боговиње и Врапчиште.

• Воспоставен е и функционира Агро-советот како постојан форум на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, преку кој се обезбедува соработка и вклучување на земјоделците и преработувачите во процесот на одлучување за земјоделските политики.

• Континуирано се обезбедувани бесплатни стручни совети за земјоделците од страна на државната советодавна служба - Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Институционалното

Page 121: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

121

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

зајакнување и преструктуирање на агенцијата за постигнување на квалитет на услуги усогласен со потребите на модерното земјоделство и зголемување на одговорноста во работењето е во тек. Дополнително со новиот Закон за советодавни услуги во земјоделството ќе се овозможи подобрување на конкуренцијата кај даваталите на советодавни услуги финансирани од државата со вклучување на приватните советници лиценцирани од страна на Министерството за земјоделство.

• Мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства - ФАДН, базирана на репрезентативен примерок на фарми од 600 стопанства е целосно функционална и обезбедува релевантни податоци за подобрување на економското и финансиско работење за земјоделците, како и за поставување на поиздржани политики од страна на институциите.

• Отворена е посебна бесплатна телефонска линија 0800 111 00, на која земјоделците и другите корисници на земјоделските политики можат брзо и точно да ги добијат сите потребни информации што се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Телефонска линија за информирање на земјоделците околу исплатата на субвенциите со број 0800 121 21 исто така обезбеди и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

• Согласно со ветеното, бесплатна телефонска линија за пријавување на прекршување на законите во областа на земјоделството и други неправилности со број 0800 11 000 функционира и во Државниот инспекторат за земјоделство.

ВЕТЕНО - ВО ТЕК

ИНВЕСТИЦИИ ВО ТЕК

• Наводнување на Јужновардарската долина – Како предуслов за инвестиционите активности, во текот на 2011 година e склучен Договор со KFW-банката за изградба на Систем за наводнување Паљурци (750 хектари) и изготвен е тендер за избор на проектантска фирма, а во текот на 2012 година извршен е избор на проектантска фирма за изготвување на изведбените проекти. Во 2013 година беа изработени основните проекти за пакет 1 (1.500 хектари) и за пакет 2 (2.050 хектари). Исто така изготвен е и тендер за изработка на Проект на изведена состојба на хидросистемот за наводнување Негорци/Прдејци и тендер за реконструкција на високонапонски далновод за ХС Негорци/Прдејци. Изведбата на инвестициските активности продолжува во следниот период.

• ХС Злетовица - Во текот на 2012 година се распишаа тендери за дозавршување на дополнителните работи од Пакет 2 - брана Кнежево со придружни објекти. Исто така, потпишан е договор со избраниот консултант за изработка на потребната техничка документација за фаза II - наводнување на 4.100 ха и фаза III - енергетика, односно изградба на неколку минихидроелектрани. Спроведувањето на инвестицијата продолжува во следниот период.

• ХС Лисиче - Во текот на 2013 година изработена е Физибилити-студија за енергетско искористување на водите од ХС Лисиче и изградба на мали хидроцентрали со јавно-приватно партнерство. Врз основа на студијата следи спроведување на инвестицијата во следниот период.

• Брана на Оризарска Река - Спроведена е тендерска постапка и извршени се дополнителни геотехнички и геолошко-геомеханички истражни работи за браната Речани на Оризарска Река за потреби за изработка на основен проект. Во текот на 2013 година завршена е експропријација за изградба на пристапен пат до браната за Оризарска Река и се објави тендер за изградба и тендер за надзор за изградба на пристапниот пат. Спроведувањето на инвестицијата продолжува во следниот период.

• Брана Конско, Гевгелија - Изработен е основен проект за браната Конско со придружни објекти, и направена е ревизија на техничката документација за изградба на браната. Одобрена е студијата за животна средина, а во текот на 2013 година се објави тендер за изградба на браната. Спроведувањето на инвестицијата продолжува во следниот период.

Page 122: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

122

www.vmro-dpmne.org.mk

• Систем за наводнување од браната Маркова Река – Куклиш. Извршена е експропријација на земјиштето и во текот на 2013 година подготвена е и спроведена е тендерска постапка за избор на изведувач. Во следниот период изведувачот треба да започне со реализација на инвестицијата.

• Изградба на ХС Равен-Речица, Полог, Гостивар. Подготвена е проектна програма, тендерска документација и спроведена е тендерска постапка за изградба на ХМС Равен – Речица. Избран е изработувач и подготвена е Студија за избор на траса и техничко решение за главен доводен канал, а исто така изработен е и основен проект. Во фаза на подготовка е урбанистичката планска документација и елаборатот за нумерички податоци.

• Брана на Слупчанска Река, Куманово. Подготвена е проектна програма, тендерска документација и спроведена е тендерска постапка. Врз основа на тоа, избран е изработувач и извршени се теренски работи за изработка на „Геотехнички, геолошко-геомеханички и хидрогеолошки истражувања на профилот на преградното место и наоѓалишта на локален материјал за браната“. Во тек е оформување на елаборатот од истражувањата.

ДРУГИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ВО ТЕК

• Заради зголемување на конкуренцијата во откупот на зеленчук и овошје, во соработка со единиците на локалната самоуправа понудени се на продажба 19 атрактивни локации за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук. Од нив отуѓени се парцели во вкупно 10 населени места и тоа: во Облешево на тројца инвеститори, во Гевгелија и во Кочани по двајца инвеститори, во Ресен, Илинден, Врапчиште, Богданци, Неготино и во Штип по еден инвеститор. На сите парцели се одвиваат градежни активности.

• Во насока на изградба на откупно-дистрибутивни центри во регионите каде е сконцетрирано поголемо производство на овошје или зеленчук и има сериозна потреба за капацитети за складирање и чување, се пристапи кон обезбедување на сите потребни услови за реализација на инвестициите. Министерството за земјоделство ја подготви техничката и проектната документација, а со поддршка на локалната самоуправа беше изведена неопходната техничка инфраструктура. Како резултат на преземените активности и активното барање на заинтересираните странски инвеститори, обезбеден е интерес за изградба на голем откупен центар за јаболка во Ресен. Градежните работи за овој центар се во тек.

• Реновирање на објекти во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заради обезбедување на соодветни просторни и технички услови за прием на земјоделците при аплицирањето и услови за работа на вработените, во тек е целосното реновирање на објектите на следниве седумнаесет подрачни единици на Министерството за земјоделство: Кочани, Св. Николе, Кавадарци, Неготино, Струмица, Радовиш, Ресен, Кичево, Гостивар, Гевгелија, Кратово, Охрид, Битола, Пробишти, Штип, Тетово и Крушево.

• Подготвен е модел на трансформација на ЈП „Македонски шуми“ во соработка со неколку странски агенции како OBF - Австрија и STATSKOG – Норвешка. Во 2013 година се пристапи кон реорганизација на ЈПМШ како прва фаза на консолидација, додека во следната фаза трансформацијата на ЈП „Македонски шуми” ќе се изврши со посебен закон.

• Во фаза на реализација е подобрување на статусот и ефикасноста на припадниците на шумската полиција во извршување на нивните активности во насока на заштита на шумскиот фонд.

• Со цел обезбедување на континуирано и долгорочно инвестирање во инфраструктура за наводнување и одводнување во Република Македонија во тек е подготовка на „План за инвестирање во водостопанската инфраструктура за периодот 2014-2025 година“ кој ќе ги опфаќа следниве инфраструктурни зафати:

- рехабилитација и реконструкција на инсталираната инфраструктура за наводнување и одводнување заради постигнување на нивна одржливост и заштеди на вода,

- доградба и проширување на постојните хидро-системи со цел зголемување на опфатот на наводнуваната површина во државата,

- изградба на нови големи капитални објекти во македонскиот хидросистем.

Page 123: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

123

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Реорганизација на водостопанските претпријатија. Реструктурирањето на водостопанските претпријатија и водните заедници е предмет на анализи на Комитетот за водостопанство формиран при Владата на Република Македонија, кој тековно работи на дефинирање на новата институционална поставеност на системот.

• Во насока на формирање на уште две регионални лаборатории за испитување на хигиена и квалитет на млекото во јужниот и за источниот дел од Македонија, Министерството за земјоделство спроведе јавен повик и склучи договори за набавка на лабораториска опрема со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и со Државниот универзитет во Тетово. Со подоброто покривање на целата територија на државата ќе се намалат трошоците и ќе се забрза времето за анализа на квалитетот на млекото како законска обврска.

• Во јануари 2013 донесена е Стратегија за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020 со акциски план. Мерките што се предложени во стратегијата треба да придонесат кон подобрување и следење на квалитетот на млекото со цел постепено усогласување со бараните европски стандарди.

• Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано ја спроведува евалуацијата и категоризација на објектите и операторите со храна согласно со утврдениот план. Рокот за преструктуирањето (унапредувањето) на објектите и операторите со храна од животинско потекло според новата законска регулатива усогласена со европската е една година пред влез на Република Македонија во ЕУ. Од почетните 276 објекти влезени во програмата преостануваат уште 85 објекти оператори со храна кои преку започнатите активности треба да постигнат потполно усогласување до крајот на 2015 година.

• Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со општината Велес започна со активноста за избор на соодветна локација за изградба на погон за собирање и преработка на нус-производи од животинско потекло, а до крајот на 2014 година ќе биде објавен меѓународен јавен повик за изнаоѓање потенцијален приватен инвеститор.

• Ажурирање на податоците за состојбите со шумите. Владата на Република Македонија во изминатиот период започна низа активности насочени кон подобрување и ажурирање на податоците за состојбите со шумите во Република Македонија како и промените на земјиштето и со нив поврзаните емисии на стакленички гасови. Во таа насока:

- Во тек е изработка на препораки за дизајнирање на начинот на спроведување на предложената методологија за инвентаризацијата на шумите. Се очекува препораките да бидат финализирани во текот на првото полугодие на 2014 година и истите би овозможиле основи за воспоставување на правната рамка за спроведување на шумскиот инвентар на редовна основа;

- Во тек е изработка на Физибилити-студија за квантификување на промените на земјиштето во Македонија и истата е предвидено да се заврши до крајот на 2014 година. Подобрени се и ажурирани се податоци за состојбата со шумите во Македонија и за промените на земјиштето;

- Започнат е процес на градење на капацитетите за примена на ГИС и ТДС во секторот шумарство. Целта е да се подобри нивото на користење и примена на ГИС - географски информациски систем и ТДС - техниките на далечински сензори во шумарскиот сектор во институциите.

• Воспоставување на Шумарски информативен систем. Активностите за воспоставување на Шумарски информативен систем ќе се реализираат во текот на 2014 година со средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Воспоставувањето на информативен систем за превенција од шумски пожари веќе се спроведува тековно преку проект финансиран од JICA – Јапонија, координиран од Центарот за управување со кризи.

• Воспоставување систем на континуирани обуки за менаџери што ќе управуваат со земјоделските задруги. Системот ќе биде организиран од научни или образовни институции со посебни модули за подобрување на менаџерските, организаторски и особено маркетиншките способности на раководителите на земјоделските задруги. Носители на активноста се Министерството за образование и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Системот на континуирани обуки спроведуван од високообразовни институции треба да се воспостави во 2015 година. Консултациите со овие институции се во тек.

• Поддршка за македонските автохтони раси. Во тек се активности за обезбедување дополнителна поддршка за македонските автохтони раси, кои се само еден дел од агроеколошките политики. Дополнителни субвенции

Page 124: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

124

www.vmro-dpmne.org.mk

од 1.500 денари по грло се обезбедени за говедото буша, 500 денари за грло овца праменка и 2.500 денари за македонското овчарско куче шарпланинец.

Како услов за пристап до средствата од програмата ИПАРД за агроеколошките мерки, изработена е Национална програма за агроеколошки мерки, а од 2012 година се спроведуваат активности за изградба на системите за евиденција на автохтони раси на добиток и чување на генетски резерви – ген-банка. Како дел од агроеколошките мерки, продолжи поголемата поддршка од 30% за производителите на органско производство.

• Отпочната е постапка на заштита на македонските земјоделски производи. „Охридската цреша“ е прв од познатите земјоделски производи кој се наоѓа во фаза на регистрација на заштитениот назив. За „овчото бело сирење Бистра“ и „ кашкавалот Бистра “ веќе е подготвен елаборат како предуслов за поднесување на барање за регистрација на називот. Во изминатиот период интензивно се работеше на промовирање на заштитените ознаки за квалитет и тоа преку: промотивен спот на МРТ, изработка и дистрибуција на водичи и брошури, како и одржување на бројни средби со земјоделските производители и преработувачи во повеќе градови на Република Македонија (Скопје, Струмица, Берово, Неготино, Битола, Тетово, Гостивар, Ресен и други).

• Инвестиции во руралните средини. Во текот на 2014 и на 2015 година поддршката за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини преку Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој продолжува, односно од страна на Агенцијата ќе се финансираат 53 проекти во инвестиции во локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи во висина од 612 милиони денари, од кои 22 проекти во водоснабдителни и канализациски системи и 31 проект во локална патна инфраструктура.

Табела 3. Локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи

Ред. бр. Корисник Инвестиција Вредност на

инвестиција1. Општина Карбинци локална патна инфраструктура 19.993.970,00 ден.

2. Општина Кратово локална патна инфраструктура 19.680.499,00 ден.

3. Општина Новаци локална патна инфраструктура 19.973.579,00 ден.

4. Општина Ново село водоснабдителни и канализациски системи 6.143.609,00 ден.

5. Општина Пехчево водоснабдителни и канализациски системи 1.412.767,00 ден.

6. Општина Ресен водоснабдителни и канализациски системи 9.064.942,00 ден.

7. Општина Василево водоснабдителни и канализациски системи 19.513.012,00 ден.

8. Општина Чешиново-Облешево водоснабдителни и канализациски системи 16.911.276,00 ден.

9. Општина Гевгелија локална патна инфраструктура 18.900.000,00 ден.

10. Општина Кичево водоснабдителни и канализациски системи 13.005.610,00 ден.

11. Општина Конче водоснабдителни и канализациски системи 8.397.792,00 ден.

12. Општина Велес водоснабдителни и канализациски системи 4.974.606,00 ден.

13. Општина Свети Николе водоснабдителни и канализациски системи 5.706.641,00 ден.

14. Општина Зелениково водоснабдителни и канализациски системи 3.331.809,00 ден.

15. Општина Илинден локална патна инфраструктура 13.956.893,00 ден.

16. Општина Македонски Брод локална патна инфраструктура 6.325.223,00 ден.

17. Општина Богданци локална патна инфраструктура 6.811.836,00 ден.

18 Општина Демир капија локална патна инфраструктура 13.992.218,00 ден.

Page 125: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

125

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

19 Општина Зрновци водоснабдителни и канализациски системи 5.938.619,00 ден.

20 Општина Пласница локална патна инфраструктура 6.365.762,00 ден.

21 Општина Неготино локална патна инфраструктура 10.462.025,00 ден.

22 Општина Пробиштип водоснабдителни и канализациски системи 2.314.145,00 ден.

23 Општина Долнени локална патна инфраструктура 16.577.607,00 ден.

24 Општина Петровец водоснабдителни и канализациски системи 19.985.422,00 ден.

25 Општина Радовиш локална патна инфраструктура 10.959.530,00 ден.

26 Општина Крива Паланка водоснабдителни и канализациски системи 13.146.535,00 ден.

27 Општина Кривогаштани локална патна инфраструктура 15.058.783,00 ден.

28 Општина Делчево локална патна инфраструктура 19.896.730,00 ден.

29 Општина Демир Хисар водоснабдителни и канализациски системи 2.187.297,00 ден.

30 Општина Желино водоснабдителни и канализациски системи 15.923.038,00 ден.

31 Општина Могила водоснабдителни и канализациски системи 1.898.347,00 ден.

32 Општина Брвеница локална патна инфраструктура 14.049.938,00 ден.

33 Општина Ранковце локална патна инфраструктура 4.971.267,00 ден.

34 Општина Тетово локална патна инфраструктура 16.914.373,00 ден.

35 Општина Битола локална патна инфраструктура 4.689.949,00 ден.

36 Општина Босилово локална патна инфраструктура 10.230.186,00 ден.

37 Општина Охрид локална патна инфраструктура 18.581.223,00 ден.

38 Општина Струга локална патна инфраструктура 14.764.425,00 ден.

39 Општина Јегуновце водоснабдителни и канализациски системи 12.678.826,00 ден.

40 Општина Врапчиште локална патна инфраструктура 7.719.609,00 ден.

41 Општина Штип локална патна инфраструктура 19.840.428,00 ден.

42 Општина Сарај локална патна инфраструктура 7.969.476,00 ден.

43 Општина Прилеп водоснабдителни и канализациски системи 15.055.318,00 ден.

44 Општина Дебарца водоснабдителни и канализациски системи 14.545.075,00 ден.

45 Општина Старо нагоричане локална патна инфраструктура 15.374.434,00 ден.

46 Општина Маврово Ростуше локална патна инфраструктура 3.218.640,00 ден.

47 Општина Центар Жупа локална патна инфраструктура 4.978.556,00 ден.

48 Општина Шуто оризари водоснабдителни и канализациски системи 5.905.203,00 ден.

49 Општина Чашка локална патна инфраструктура 19.827.584,00 ден.

50 Општина Боговиње локална патна инфраструктура 15.729.827,00 ден.

51 Општина Ѓорче Петров локална патна инфраструктура 15.801.281,00 ден.

52 Општина Мак.Каменица локална патна инфраструктура 3.510.758,00 ден.

53 Општина Крушево водоснабдителни и канализациски системи 16.854.015,00 ден.

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ 612.020.513,00 ден.

• Во текот на 2014 и на 2015 година Агенцијата ќе финансира вкупно 60 проекти од кои 25 проекти во инвестиции за изработка на урбанистички планови, 27 проекти во инвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици (вклучително и атмосферска канализација и пешачки елементи) до 1 км, како и 8 проекти во инвестиции

Page 126: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

126

www.vmro-dpmne.org.mk

за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта во рурални средини до 30.000 жители. Вкупната вредност на финансиската поддршка за наведените проекти изнесува скоро 345 милиони денари.

Табела 4. ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Ред. бр. Корисник Инвестиција Вредност на

инвестиција

1 Општина Карбинциинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

4.092.562,00 ден.

2 Општина Кратовоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

5.905.790,00 ден.

3 Општина Новациинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

5.896.721,00 ден.

4 Општина Ново селоинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

3.594.378,00 ден.

5 Општина Пехчевоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

4.746.685,00 ден.

6 Општина Ресенинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

3.652.203,00 ден.

7 Општина Василевоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

12.901.962,00 ден.

8Општина Чешиново-Облешево

инвестиции за изработка на урбанистички планови 3.792.000,00 ден.

9 Општина Гевгелија инвестиции за изработка на урбанистички планови 6.720.000,00 ден.

10 Општина Кичевоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

2.721.950,00 ден.

11 Општина Конче инвестиции за изработка на урбанистички планови 1.937.500,00 ден.

12 Општина Велесинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

4.992.790,00 ден.

13 Општина Свети Николеинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

7.391.800,00 ден.

14 Општина Зелениково инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.999.900,00 ден.

15 Општина Илинден инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.066.020,00 ден.

16Општина Македонски брод

инвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

4.727.127,00 ден.

17 Општина Богданци инвестиции за изработка на урбанистички планови 2.518.020,00 ден.

18 Општина Демир капија инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.092.562,00 ден.

19 Општина Зрновциинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

5.411.520,00 ден.

20 Општина Пласница инвестиции за изработка на урбанистички планови 5.400.000,00 ден.

Page 127: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

127

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

21 Општина Неготиноинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

6.483.435,00 ден.

22 Општина Пробиштипинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

10.022.156,00 ден.

23 Општина Долнени инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.982.600,00 ден.

24 Општина Петровецинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

4.485.242,00 ден.

25 Општина Радовиш инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.950.000,00 ден.

26Општина Крива Паланка

инвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

15.513.922,00 ден.

27Општина Кривогаштани

инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.757.750,00 ден.

28 Општина Делчевоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

6.956.234,00 ден.

29 Општина Демир Хисаринвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.346.406,00 ден.

30 Општина Желино инвестиции за изработка на урбанистички планови 9.745.000,00 ден.

31 Општина Могилаинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.364.204,00 ден.

32 Општина Брвеницаинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.199.697,00 ден.

33 Општина Ранковцеинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.628.734,00 ден.

34 Општина Тетовоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

7.810.250,00 ден.

35 Општина Битола инвестиции за изработка на урбанистички планови 2.955.450,00 ден.

36 Општина Босиловоинвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта

2.893.204,00 ден.

37 Општина Охридинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

4.530.329,00 ден.

38 Општина Стругаинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

14.307.088,00 ден.

39 Општина Јегуновцеинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

952.757,00 ден.

40 Општина Врапчиште инвестиции за изработка на урбанистички планови 11.717.750,00 ден.

41 Општина Штипинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

5.819.551,00 ден.

42 Општина Сарајинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.298.305,00 ден.

43 Општина Прилепинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

5.550.453,00 ден.

Page 128: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

128

www.vmro-dpmne.org.mk

44 Општина Дебарца инвестиции за изработка на урбанистички планови 17.318.400,00 ден.

45 Општина Кочаниинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

5.737.620,00 ден.

46 Општина Куманово инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.996.171,00 ден.

47 Општина Градско инвестиции за изработка на урбанистички планови 1.050.000,00 ден.

48 Општина Росоманинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

4.674.360,00 ден.

49 Општина Дебаринвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.439.614,00 ден.

50 Општина Лозовоинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.591.379,00 ден.

51 Општина Дојран инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.916.819,00 ден.

52 Општина Берово инвестиции за изработка на урбанистички планови 2.402.400,00 ден.

53 Општина Аеродром инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.836.000,00 ден.

54 Општина Кисела водаинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.687.240,00 ден.

55 Општина Кавадарци инвестиции за изработка на урбанистички планови 8.156.775,00 ден.

56 Општина Сопиште инвестиции за изработка на урбанистички планови 3.526.000,00 ден.

57 Општина Вевчаниинвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици

3.318.119,00 ден.

58 Општина Валандово инвестиции за изработка на урбанистички планови 4.630.000,00 ден.

59 Општина Арачиново инвестиции за изработка на урбанистички планови 12.000.000,00 ден.

60 Општина Теарце инвестиции за изработка на урбанистички планови 15.480.000,00 ден.

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ 344.592.904,00 ден.

• Со цел зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се финансираат вкупно 21 проект, од кои 13 проекти во инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на населени места – села со локалитет од значење за начинот на живот и работа на селската популација во должина до 2 км, 6 проекти во инвестиции за одбележување и унапредување на шумски и велосипедски патеки, уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација), како и 3 проекти за означување на културни и природни знаменитости во рурални средини во вкупен износ од 90.038.477,00 денари.

Табела 5. Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачјаРед. бр. Корисник Инвестиција Вредност на инвестиција

1 Општина Карбинци локална патна инфраструктура 4.951.400,00 ден.

2 Општина Кратово локална патна инфраструктура 9.182.711,00 ден.

3 Општина Новаци локална патна инфраструктура 4.375.236,00 ден.

Page 129: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

129

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

4 Општина Ново село

уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација)

3.011.300,00 ден.

5 Општина Пехчево

уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација)

2.986.181,00 ден.

6 Општина Ресен локална патна инфраструктура 9.381.990,00 ден.

7 Општина Василево локална патна инфраструктура 5.049.431,00 ден.

8Општина Чешиново-Облешево

означување на културни и природни знаменитости во рурални средини

885.600,00 ден.

9 Општина Гевгелија локална патна инфраструктура 299.200,00 ден.

10 Општина Кичево

уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација)

3.960.360,00 ден.

11 Општина Конче

уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација)

698.744,00 ден.

12 Општина Велес

уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација)

1.222.108,00 ден.

13Општина Свети Николе

локална патна инфраструктура 11.572.415,00 ден.

14 Општина Зелениково локална патна инфраструктура 3.059.030,00 ден.

15 Општина Илинден локална патна инфраструктура 3.808.000,00 ден.

16 Општина Кочани локална патна инфраструктура 4.762.157,00 ден.

17 Општина Кумановоозначување на културни и природни знаменитости во рурални средини

1.148.030,00 ден.

18 Општина Градско локална патна инфраструктура 9.187.802,00 ден.

19 Општина Гази Бабаозначување на културни и природни знаменитости во рурални средини

1.759.534,00 ден.

20 Општина Струмица локална патна инфраструктура 5.560.539,00 ден.

21 Општина Град Скопје локална патна инфраструктура 3.212.709,00 ден.

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ 90.074.477,00 ден.

НЕВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Донесовме Закон за продажба на државно земјоделско земјиште кој ќе овозможи раздвижување на пазарот на земјиште, консолидација на парцелите и зголемување на сигурноста за инвестирање. Врз основа на законот започната е првата постапка за продажба на парцелите во државна сопственост. Продажбата ќе биде во интерес и по иницијатива на постојните закупувачи, или на преостанатото слободно земјоделско земјиште во државна сопственост.

Page 130: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

130

www.vmro-dpmne.org.mk

• Овозможивме легализација на тракторите. На земјоделците што не го регулирале користењето на земјоделската механизација во едноставна и евтина постапка им се овозможи да ја легализираат својата механизација. Проектот за легализација на трактори и тракторски приколки се реализира преку измени на Законот за возила во кој се даде основа за легализација на тракторите и тракторските приколки и за стекнување на сопственички статус, а со тоа можност за нивно регистрирање. Досега се поднесени 22.462 барања за легализација на земјоделска механизација и од надлежните судови досега се комплетирани 4.642 барања за легализација, што е потребен услов за регистрација на овие возила.

• Обезбедивме државна помош за воспоставување и работа на наменски и специјализирани продажни места за продажба на вино со потекло од Република Македонија. Идејно решение за ентериерно уредување на специјализирани продавници или вински штанд за продажба на македонски вина избрано на конкурс треба да се аплицира во 9 продажни места, и тоа две продавници во Скопје и по една продавница во Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и во Крушево. Трошоците за опремување на продавницата, надоместот на трошоци за закупнина и бруто-плата се кофинансирани преку Програмата за рурален развој.

• Со поддршка обезбедена од Министерството за земјоделство се отпечати промотивно списание „Вина од Македонија“, кое треба да придонесе кон подобра промоција на македонските винарии и вината произведени во Македонија.

• Набавени се 6 возила кои се приспособени да функционираат како подвижни канцеларии на МЗШВ со цел подобар пристап до земјоделците.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА

• Овозможување на земјоделците средствата од субвенциите да ги користат за обезбедување на кредитите. По направени анализи и консултации, мерката е заменета со мерката за зголемување на средствата во Земјоделскиот кредитен фонд, како и зголемување на буџетот за финансиска поддршка на руралниот развој.

• Воспоставување систем за планирање на истражувањето во областа на земјоделството и руралниот развој преку повеќегодишната програма за истражување подготвена во консултации помеѓу Министерството за земјоделство и земјоделските истражувачки институции. Ветувањето ќе се реализира во 2015 по донесувањето на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој врз основа на што треба да се подготви повеќегодишната програма.

• Поддршка на формирањето Локални акциски групи составени од претставници на локалната самоуправа, бизнис-заедницата и на невладиниот сектор за подготовка и спроведување на мерки што произлегуваат од потребите на локалната заедница. Имплементацијата на оперативните програми на овие групи ќе биде поддржана со висок степен на кофинансирање преку програмите за рурален развој. Мерката ќе се реализира како мерка од програмата ИПАРД, за што се започнати подготовки.

• Финансиска поддршка за помали инфраструктурни проекти од големо значење за подобрена енергетска и функционална ефикасност на водостопанските претпријатија. Поддршката ќе се однесува за најмалку три проекти годишно, а издвоениот износ за еден проект ќе изнесува најмногу до 300.000 евра преку програмите на Министерството за земјоделство. Овие средства треба да придонесат кон обнова или проширување на мрежата за наводнување на нови површини каде има интензивно производство, да се заменат старите пумпи со нови кои се енергетски поефикасни, или да се инвестира во проекти како мини-хидроцентрали заради обезбедување на дополнителни приходи на претпријатијата.

Енергетско-ефикасните проекти, како и проектите за инвестиции во производство на електрична енергија ќе бидат дел од повеќегодишниот „План за инвестирање во водостопанската инфраструктура за периодот 2014-2025 година“.

Page 131: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

131

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ЗЕМјА НА МиРОТ, СиГУРНОСТА, ПРАВДАТА и БЕЗБЕДНОСТА

Page 132: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

132

www.vmro-dpmne.org.mk

РЕФОРМи ВО СУДСТВОТО

Во периодот од 2011 до 2013 година посветивме внимание на имплементацијата на донесените закони од областа на правосудството донесени во 2010 година, со кои се воведоа револуционерни промени во судството и кои имаа за цел усогласување со правото на Европската унија, зголемување на ефискасноста и професионализацијата на судството, како и јакнење на независноста и непристрасноста на судиите.

ЈАКНЕЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА, НЕПРИСТРАСНОСТА, ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА СУДСТВОТО

• Од 01.01.2013 година започна примената на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, според кој, судиите во основните судови се избираат само од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.

• Успешно е завршена обуката на четирите генерации со вкупно 80 кандидати за судии и јавени обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители. Заклучно со февруари 2014 година, избрани се вкупно 76 кандидати од I, II, III и IV генерација - 40 судии и 36 јавни обвинители. Останува да се изберат уште 4 кандидати.

• На 12.12.2013 година официјално започна двегодишната обука на слушателите од Петтата генерација во почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители, согласно со новите критериуми со кои се гарантира создавање висок профил на стручен кадар за вршење на функцијата судија или јавен обвинител. Воведувањето на новите модерни европски услови за прием на слушатели во почетна обука ќе влијае на зголемување на квалитетот во работата на судиите и јавните обвинители. Со воведувањето на новите услови за прием во почетна обука се ограничи можноста за влијание при изборот на судиите и јавните обвинители.

• Од 01.07.2013 година започнаа да се применуваат одредбите кои се однесуваат на новите професионални услови за избор на судии во повисоките судови.

• Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавни обвинители на Република Македонија во јуни 2011 година го донесоа Стратешкиот план за утврдување на потребниот број судии и јавни обвинители. Во документот е направена анализа на постојниот број судии и јавни обвинители со проекција за наредните три години. Исто така дефинирани се критериумите според кои ќе се определува бројот на судии и јавни обвинители започнувајќи од 2014 година.

• Со воведувањето на новините во системот за оценување на судиите, заснован на квантитативни и квалитативни објективни и мерливи критериуми, се зголеми квалитетот во работата на судиите и нивната одговорност. Во 2012 година за прв пат беше извршено оценување на работата на судиите согласно со новите критериуми за работата на судиите во 2011 година. Имено, позитивно се оценети 471 судија со оценка „многу добар“ или 77,72%, 117 со оценка „добар“ или 19,31%, 17 се оценети со оценка „задоволителен“ или 2,81 % и 1 се оценети со оценка „незадоволителен“, односно 0,17%. Согласно со оценувањето спроведено во 2013 година за работата на судиите во 2012 година, 411 се оценети со оценка „многу добар“ или 66,50 %, 143 со оценка „добар“ или 23,14%, 47 се оценети со оценка „задоволителен“ или 7,61 % и 17 се оценети со оценка „незадоволителен“, односно 2,75 %.

• Академијата за судии и јавни обвинители ефикасно ги спроведува континуираните обуки за судиите и јавните обвинители, како и за судските и јавно обвинителските службеници на теми од областа на новините во правната рамка и европското и меѓународното право:

- во 2011 година спроведени се 294 континуирани обуки за 8.141 учесник,

- во 2012 година спроведени се 232 континуирани обуки за 7.158 учесници,

- во 2013 спроведени се вкупно 272 континуирани обуки за 7.336 учесници.

Page 133: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

133

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Завршен е проектот ИПА 2008 „Понатамошно јакнење на институционалните капацитети на Академијата за судии и обвинители“ со финансиска поддршка од Европската комисија во износ од 1 милион евра. Во рамки на проектот беа реализирани четири компоненти за зајакнување на институционалните капацитети на Академијата за судии и јавни обвинители со посебен акцент на подобрување на системот и програмите за обуки, воспоставување на електронски систем за учење (е-learning), развивање на децентрализиран механизам за обуки, како и понатамошна модернизација на библиотеката и веб-страницата на Академијата.

• Во судовите во Република Македонија отворени се 33 Канцеларии за односи со јавност, а определени се и одговорни лица за односи со јавноста.

• Целосно се функционални веб-страниците на сите судови во Република Македонија на кои достапни се информации за судот, судската власт, судските одлуки, судската пракса, контакт-информации, прашања и одговори, јавни информации, закажани судски рочишта и други информации за работата на судовите коишто се од значење за граѓаните.

• За транспарентно работење на Судскиот совет, овозможен е пристап на јавноста и медиумите преку јавно следење на резултатите од гласањето на членовите на Советот, а со тоа и на работата на седниците на Судскиот совет.

• Судскиот совет започнувајќи од 2011 година, еднаш месечно одржува седници за расправање по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, при што:

- во 2011 година одржани се 10 седници за расправа по 2081 претставка,

- во 2012 година одржани се 10 седници на кои се разгледани вкупно 879 претставки,

- во 2013 година одржани се вкупно 12 седници на кои се разгледани вкупно 1031 претставка поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите.

ЗГОЛЕМЕНА ЕФИКАСНОСТ НА СУДСТВОТО

• Судовите се поефикасни, го совладуваат приливот и го намалуваат заостатокот на нови предмети

Еден од врвните приоритети во областа на судството е изземањето од судска надлежност на неспорните предмети (оставински предмети, платните налози издадени врз основа на веродостојна исправа и извршните предмети кои се наоѓаа кај судовите) и нивно пренесување во надлежност на нотарите и извршителите. Од 2011 година пренесени се околу 425.000 стари извршни предмети кои се изземени од судска надлежност и беа пренесени во надлежност на нотарите и извршителите.

- Со цел за унификација на судската статистика во 2011 година донесена е Методологијата за судска статистика врз основа на Насоките за судски статистики (GOJUST), усвоени од страна на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ).

- За имплементација на Методологијата за судска статистика во 2013 година изработен е софтвер за следење и анализа на собраните статистички податоци за работата на судовите.

- Во целост се имплементира системот за автоматска распределба на предметите по случаен избор во судовите.

- Системот за електронска достава е нормативно и технички уреден. Дефиниран е веб-порталот edostava.sud.mk преку кој странките можат уредно со соодветна електронска заштита да се регистрираат/најавуваат на системот за електронска достава на предметите. Преку овој систем странките по пат на електронска пошта и смс-порака ќе бидат известени за испраќањето и примањето на предметите. Во тек се активности за целосно имплементирање на електронска достава во судовите.

- Инсталирана е опрема за тонско снимање во 80 граѓански судници во судовите во Република Македонија и истата е во функција. Во тек се активности за целосна имплементација на тонското снимање во судовите.

- Како резултат на новините воведени со Измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка, намалено е времетраењето на судските постапки. Имено, во 2013 година 48,1% од вкупниот број на

Page 134: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

134

www.vmro-dpmne.org.mk

решени граѓански предмети се решени до три месеци, 25,3% се решени во периодот од три до шест месеци, 15,5% во периодот од шест месеци до една година, 9,2% во периодот од една до три години, 1,6% од три до пет години и само 0,3% над пет години.

- Формирана е Комисија за изработка на Граѓанскиот законик. Во 2013 година изработени се два од вкупно петте дела од Граѓанскиот законик и тоа: Облигациони односи и Наследно-правни односи.

- На 30.06.2011 година започна со работа Вишиот управен суд.

- Во рамки на проект на Светската банка во областа на правосудството реализирани се активностите за реновирање и опремување на зградата на Основниот суд Битола.

РЕФОРМА НА КАЗНЕНОТО ПРАВО

• Од 01.12.2013 година започна да се применува новиот Закон за кривична постапка.

Усогласени се закони што се поврзани со новиот Закон за кривична постапка и донесени се подзаконски акти предвидени во Акцискиот план.

Преку Академијата за судии и јавни обвинители континуирано се спроведуваат основни и напредни обуки за имплементација на новиот ЗКП, во кој се вклучени судии, јавни обвинители, адвокати, претставници од правосудната полиција и други субјекти надлежни за примена на ЗКП.

• Во 2013 година беше пуштeна во употреба новата зграда на Јавното обвинителство на РМ, во која се сместени Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.

• Во завршна фаза е изградбата на новата судска зграда на Кривичниот суд во Скопје.

• Преземени се активности за зајакнување на капацитетите на јавнообвинителската служба преку вработување на јавнообвинителски службеници.

• Од септември 2013 година започна имплементација на проектот ИПА 2009 „Поддршка во имплементација на реформата на кривично правниот систем“, кој ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на јавните обвинители и на другите релевантни институции вклучени во спроведување на реформираното кривично законодавство.

• Во периодот од 2011 до 2014 година усвоени се повеќе измени и дополнувања на Кривичниот законик со кои се заостри казнената политика во пропишувањето на казните и беа вградени најновите меѓународни стандарди. Една од најзначајните измени беше создавањето основа за воедначување на казнената политика во изрекувањето на казните.

НОТАРИЈАТ

• Воведена е нова надлежност на нотарите да постапуваат како повереници на судот во однос на оставинските предмети, кои не се спорни, со што судовите се растоваретуваат од неспорните предмети.

• Нотарите се директно поврзани со Катастарот на недвижностите и Централниот регистар на Република Македонија, од коишто брзо и сигурно добиваат податоци во вршењето на нотарската служба, со што се зголемува правната сигурност на граѓаните и на правните лица.

• Пополнети се 187 нотарски места од вкупно 220 предвидени нотарски места согласно со Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите.

ИЗВРШУВАЊЕ

• Креиран е системот на трансфер на извршните предмети од судовите кај нотарите и кај извршителите, со цел за растоварување на судовите од неспорните предмети.

Page 135: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

135

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Од вкупно предвидените 132 извршителски места според Правилникот, во Република Македонија пополнети се вкупно 99 извршителски места.

МЕДИЈАЦИЈА - Алтернативен начин на решавање на спорови

• За воспоставување на целосно функционален систем на медијација во Република Македонија, беше изготвен комплетно нов систем на медијација, чија основна цел е целосна измена во функционирањето на медијацијата во правниот систем на Република Македонија. Со одредбите на новиот Закон за медијација предвидено е дека државата врши субвенционирање на дел од заедничките трошоци за медијација со цел да се даде поддршка на медијација и да се поттикнат страните во еден спорен однос да се обидат да го решат спорот по пат на медијација без притоа да бидат подложени на дополнителни финансиски импликации. Со Законот се воведува целосно нов концепт во однос на спроведувањето на обука на медијатори, полагање на испит за медијатори и добивање на лиценца за вршење на медијаторски услуги со цел да се влијае на зголемувањето на квалитетот, капацитетите за работа и професионалноста на медијаторите.

• Користење на правото на Бесплатна правна помош. Заклучно со ноември 2013 година до Министерството за правда сев поднесени 155 барања за бесплатна правна помош, при што се одобрени вкупно 68 барања. Од 2010 година заклучно со 01.11.2013 година во Регистарот на адвокати за давање на бесплатна правна помош запишани се вкупно 247 адвокати, додека во Регистарот на овластени здруженија за претходна правна помош запишани се 8 здруженија кои добиле овластување за давање на претходна правна помош.

• Реализација на препораките на ГРЕКО дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија – Трет круг на евалуација

Според вториот Извештај на ГРЕКО за усогласеност на Република Македонија со препораките од Третиот круг на евалуација, се констатира задоволителен степен на имплементација на препораките од третиот круг на евалуација. Во делот на Криминализацијата на кривичните дела заокружен е реформскиот процес започнат во 2011 година кој ги задоволува барањата на Кривично-правната конвенција за корупција, а во тек се измени за зголемување на улогата на Државниот завод за ревизија во системот на супервизија на политичките партии.

• Следење на имплементацијата на активностите предвидени во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за намалување на појавата на судир на интереси со Акцискиот план 2011–2015

Заклучно со ноември 2013 година, целосно се реализирани 28% од предвидените активности, во тек на реализација се 42% од предвидените активности, а останатите 30% од активностите е предвидено да се реализираат до крајот на 2015 година.

• Методологија за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика

Воспоставен е релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика согласно со барањата на Европската комисија, кој овозможува следење на постапувањето на МВР и на правосудните органи по однос на случаите на корупција од самото иницирање, па сè до разрешувањето на случајот. Овој систем започна да се применува во поедноставена форма од март 2013 година, а во тек е преземање на дополнителни активности за негова целосна функционалност и оперативност, како и негово користење за да се утврдат релевантни индикатори за насоките во борбата против корупцијата и развојот на антикорупциската политика на Република Македонија.

Page 136: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

136

www.vmro-dpmne.org.mk

ЗАТВОРСКИ СИСТЕМ

I. Проект за реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија

Завршена е изградбата на Затвор „Куманово“, која започна на 28.05.2011 година. Затворот е ставен во функција во средината на ноември 2013 година.

На 16 септември 2013 година поставен е камен-темелник за градба на Казнено-поправниот дом „Идризово“ и започнати се градежни активности на објектите од првата фаза на градба на КПД „Идризово“. Оваа установа ќе се гради во три фази и се очекува да заврши во текот на 2018 година.

Склучен е договор за изведување на градежните работи за изградба на објектите во Воспитно-поправниот дом „Тетово“.

Во тек е изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на Затвор „Скопје“. Изградбата на Затвор „Скопје“ се очекува да започне до крајот на 2014 година.

II. Целосно е реализирана Стратегијата за ресоцијализација и социјална адаптација на осудени лица

Изработени се Упатство за постапување на осудени лица при прием, Стандардизиран образец - план на казна и Стандардизирани обрасци за проценка на ризикот на осудените лица.

Инструментот за проценката на ризик започна да се применува во сите казнено-поправни установи од ноември 2011 година. Овој инструмент овозможува да се изврши предикција на ризикот на осудените лица и соодветно на добиените резултати во текот на опсервациониот период во приемното одделение да се планираат соодветни третмани за осудените лица. Изработен е и Прирачник за примена на овој инструмент кој е наменет за лицата од стручните тимови во приемните одделенија во установите.

Изработени се Стандардизираните програми за специфични третмански групи, и тоа:

- Психосоцијална програма за третман на осудени лица кои злоупотребуваат дроги и психотропни супстанции;

- Програма за третман на осудени лица кои злоупотребуваат алкохол;

- Програма за третман на осудени лица за сексуални деликти;

- Програма за третман на осудени лица со насилно однесување;

- Програма за третман на осудени лица за кривични дела со елементи на насилство;

- Програма за третман на осудени лица-малолетници и на помлади полнолетни осудени лица;

- Програма за третман на осудени лица-жени и

- Програма за третман на осудени лица на доживотен затвор.

Од ноември 2011 година, стапени се во сила следните акти:

- Правилник за распоредување, класификација и разместување на осудените во казнено-поправните установи;

- Правилник за начинот на користење на погодности на осудени лица;

- Упатство за вклучување на секторот за обезбедување во процесот на ресоцијализација;

- Упатство за употреба на конференциски средби и

- Унифициран Куќен ред за сите установи, кој стапи во сила во јануари 2012 година.

Page 137: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

137

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Основани се приемни одделенија во најголемите казнено-поправни установи, и тоа:

- доекипирано е приемното одделение во КПД Идризово,

- посебно приемно одделение со стручен тим функционира и во КПД Штип,

- во Затворот Скопје целосно е оформен стручен тим и адаптирана е просторија која ја врши улогата на приемно одделение.

Во поглед на доекипирањето на персоналот во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, во периодот од 2011–2014 година во КПУ и ВПУ вработено е вкупно 81 лице.

III. Реализирани активности за подобрување на здравствената заштита на осудени, притворени и малолетни лица

Усвоена е Стратегија за здравствена заштита во казнено-поправните и воспитно-поправните установи која се однесува за период 2012-2014 година.

Согласно со предвидените активностите и временски утврдените рокови во Стратегијата, изработени се и стапени се во сила 12 упатства, и тоа:

- Упатство за лекарски преглед при прием на осудено лице во КПУ;

- Упатство за лекарски преглед при отпуст на осудено лице во КПУ;

- Упатство за пристап до лекар на осудено лице во КПУ и дистрибуција на медикаменти (преглед во и надвор од установата);

- Упатство за лекарски преглед и лекарски надзор во тек на извршување на дисциплинска казна - упатување во самица;

- Упатство за должности и етика на медицински персонал од секторот за здравствена заштита;

- Упатство за меѓусекторска соработка во здравствената заштита на осудени и малолетни лица;

- Упатство за евидентирање на знаци на насилство во установата кај притворени и осудени лица;

- Упатство за контрола на хигиената и контрола на храната во установата;

- Упатство за лекарски преглед при прием на притворено лице во КПУ;

- Упатство за лекарски преглед при отпуст на притворено лице во КПУ;

- Упатство за минимум технички стандарди во здравствените единици на установите;

- Упатство за постапката за лекарски преглед при употреба на средства за присилба.

Изработени се 5 Протоколи за унифицирано постапување на затворскиот персонал, и тоа:

- Протокол за здравствена заштита на осудени лица со ХИВ/СИДА;

- Протокол за здравствена заштита на осудени лица со ТБ;

- Протокол за здравствена заштита на осудени лица со хепатит Ц;

- Протокол за здравствена заштита на осудени лица корисници на дроги во затвор и поделба на супституциона терапија - метадон.

Page 138: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

138

www.vmro-dpmne.org.mk

IV. Реализирани активности за јакнење на организацискиот капацитет на пенитенцијарниот систем во Република Македонија за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во третманот на осудените лица

Од ноември 2011 година во сите казнено-поправни установи во РМ активно се применуваат следните процеси и протоколи за работа на вработените:

- Постапка при контрола на хигената во казнено-поправните установи;

- Претрес на осудени лица и простории;

- Постапката за прием и постапување со осудени лица во приемно одделение;

- Постапка за остварување на здравствена заштита на осудените лица во казнено-поправната установа;

- Постапка при реализирање на работно ангажирање на осудените лица во казнено-поправните установи;

- Процес на спречување на бунт;

- Постапка во случај на насилно однесување на осудено лице;

- Постапка за извршување на спровод;

- Постапка во случај на бегство;

- Постапка при посета на осудени лица.

Со примената на процесите и протоколите се обезбеди унифициран начин на работа на вработените во сите установи со точно определени чекори за постапување, со што се олеснува начинот на работа, се зголеми ефикасноста во работењето, а од друга страна се овозможи точно утврдување на начинот на комуникација и одговорноста на вработените при извршувањето на работните обврски.

V. Реализирани активности за воспоставување на пробациска служба во Република Македонија

- Изработена е Компаративна анализа/студија на постојната законска регулатива и функционирање на пробацијата во земјите од регионот како и Студија за возможност за функционирање на пробацијата во Република Македонија;

- Усвоена е Стратегија за развој на пробациска служба во Република Македонија;

- Управата за извршување на санкции од 01.01.2012 година е полноправен член на Европската организација за пробација.

Преку ИПА-проектот 2010 обезбедени се средства во износ од 1.800.000 евра со кои се поддржува реализацијата на следните активности:

- Подготовка на Закон за пробација и подзаконски акти;

- Набавка на алки за електронски мониторинг на лица на кои им е изречена мерка куќен притвор и санкција условна осуда со заштитен надзор и

- Обука на пробациска службеници.

Page 139: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

139

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

• Започнувајќиод2011година,насиластапијадватазаконакоиимаатдиректновлијаниеврззајакнувањена законската рамка со која се заштитуваат основните човекови права и слободи и тоа, Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и Законот за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

• СоздаденаеправнарамказаконституирањеиработанаМеѓуресорскатакомисија заизвршувањенаодлуките на Европскиот суд за човекови права, која е надлежна за непосредна имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права, преку преземање на конкретни индивидуални и општи мерки во насока на целосно извршување на одлуките против Република Македонија.

• Во2011годинабешеоснованоБирозазастапувањенаРепубликаМакедонијапредЕвропскиотсудзачовекови права, како посебен орган во состав на Министерството за правда, чии надлежности помеѓу другото вклучуваат и активна промоција на основните права и слободи во Република Македонија, загарантирани со Европската конвенција.

• Донесен е Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој повеќе не постои кривичнаодговорност за навреда и клевата, туку одговорноста за навреда и клевета се утврдува во граѓанска постапка.

• БиротозазастапувањенаРепубликаМакедонија,извршипреводнапоголембројнапресудинаЕСЧП,соцел да се подигне свеста кај домашните субјекти за опсегот на правата загарантирани со Конвенцијата, особено кај судиите кои постапуваат согласно со новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Во таа насока на 01.10.2013 година беше промовирана публикацијата „Збирка на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување“, во која се содржани 70 преведени пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права против други држави, во врска со членот 10 од Конвенцијата преведени на македонски јазик, а истовремено се содржани и две одлуки против Република Македонија.

• Министерствотозаправда-БиротозазастапувањенаРепубликаМакедонијавосоработкасоАкадемијатаза судии и јавни обвинители, контунирано спроведува обуки за детално запознавање на сите субјекти од правосудната област во врска со опсегот на правата загарантирани со Европската конвенција за човекови права. Во 2013, одржани се 8 обуки, со учество на 188 учесници и тоа 178 судии и 10 судски соработници.

Page 140: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

140

www.vmro-dpmne.org.mk

БЕЗБЕДНОСТ и ВНАТРЕШНи РАБОТи

Page 141: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

141

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Македонија без корупција - според извештајот на „Транспаренси интернешанл“ во 2013 е Република Македонија рангирана на 67. место, што е за 38 места подобро во однос на периодот до 2006 година, кога според индексот на перцепција на корупцијата беше на срамното 105. место.

Од 2011 до 2013 година од организиран криминал целосно документирани се 639 кривични дела во кои пријавени се 1.301 сторител. За последните три години регистрирани се и 140 случаи во кои се документирани коруптивни дела за кои се пријавени 520 сторители. Истите го оштетиле буџетот и за себе прибавиле противправна имотна корист во висина од 5.5 милијарди денари.

Ја засиливме борбата против криминалот и корупцијата во сопствените редови. Во текот на изминатите три години поднесени се 46 кривични пријави, против 65 вработени во МВР за сторени 53 кривични дела. Против 852 полициски службеници е поведена постапка за утврдување на одговорност пред Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност и изготвени и доставени се 169 посебни извештаи до Основните јавни обвинителства.

Во континуитет се спроведува кампања за охрабрување на граѓаните да пријавуваат корупција на државните службеници. Функционира бесплатна телефонска линија за пријавување на корупциски случаи што ја врќа довербата на граѓаните во институциите.

Намален е насилниот криминал и најсериозните кривични дела. За прв пат во историјата на независна Македонија бројот на убиства ја стигнува минималната стапка која не е регистрирана уште од времето на СФРЈ. Во 2013 година се пријавени 20 убиства. Просекот во изминативе 3 години изнесува 25 убиства, додека во времето на СДСМ просекот изнесувал тројно повеќе, односно 62, додека рекорден број на убиства се регистрирани во 2003 година – 75 или приближно колку вкупно за овие три години. За одбележување е и исклучително високата стапка за расчистување на овие најтешки кривични дела.

Во борбата против недозволената трговија со наркотици од 2011 година до 2013 година запленети се 1 тон и 766 килограми разни видови дроги. Откриени и документирани се 1215 кривични дела, за кои се пријавени 2.123 сторители. Бележиме евидентни резултати во делот на борбата против меѓународниот криминал при што се сузбиени бројни криминални групи и пресечени се меѓународни канали за трговија со дрога.

Од 2011 до 2013 година запленети се преку 678 парчиња оружје и откриени и документирани се 593 кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, за кои се пријавени 700 осомничени лица.

Македонија во овие три години е рангирана во групата земји ТИЕР 1, кои ги исполнуваат сите стандарди во Борбата против трговијата со луѓе. Во периодот 2011-2013 година идентификувани се вкупно 34 жртви, од кои 20 малолетни и 14 полнолетни. Од идентификуваните жртви, 19 се странски државјани, а останатите 15 домашни. За извештајниот период поднесени се вкупно 9 кривични пријави и четири посебни извештаи, за што пријавени се 42 лица.

За резултатите во Борбата против компјутерскиот криминал во рамки на програмата Visa Law Awards, МВР доби признание за успешната борба против компјутерскиот криминал.

Според истражувањето на јавното мислење на граѓаните го имаме историски најдобриот извештај за полициското работење во заедницата за изминативе 12 години изработен од ОБСЕ.

Речиси две третини од испитаниците одговориле дека и веруваат и ја почитуваат полицијата во нивните средини, што е далеку над европскиот просек од 42% од граѓаните кои и веруваат на полицијата.

Преку 80% од граѓаните сметаат дека полицијата може да даде поддршка секогаш кога треба што укажува дека тие се чувствуваат безбедно бидејќи знаат дека можат да сметаат на полицијата секогаш кога треба.

По однос на стручноста и професионалноста на полицијата во позитивна насока е зголемена довербата за 4 односно 6 проценти. Доколку со тврдењето „Соработката на полицијата и граѓаните е задоволителна“ во 2002 и 2004 година се согласувале 24 односно 27% од граѓаните, сега такво мислење споделуваат рекордни 57% од граѓаните. Во извештајните две години за 6 до 10% е зголемен и бројот на граѓани кои сметаат дека полицијата се однесува фер и еднакво кон сите.

Page 142: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

142

www.vmro-dpmne.org.mk

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• СекојвработенвоМВРдаваотчетзаимотнатасостојба, а промените во имотната состојба на вработените во МВР се контролираат по случаен избор на лица.

• Заедничкимеѓунационалнитимови постапуваат во истражување на одредени типови на кривични дела.

• Формирани се единици задолжени за криминалистичко разузнавање. Секторот за криминалистичко разузнавање е трансформиран во Оддел за криминалистичко разузнавање при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и функционира со соодветен кадровски и материјално-технички потенцијал во осумте регионални сектори за внатрешни работи.

• Формирана е База нафалсификувани банкноти со можност за размена на информации со слични базиод други земји. Со Одлука на Владата воспоставeнa e Централна канцеларија за истраги во областа на сузбивањето на фалсификување пари во Одделот за финансиски криминал, а запознаени се сите домашни и меѓународни институции (ЕВРОПОЛ И ИНТЕРПОЛ) и други организации кои постапуваат по оваа проблематика дека Канцеларијата започна со активности. Во тек е изработка на електронска база на податоци во која до институциите кои се занимаваат со оваа област ќе се слеваат и ќе се одлеваат сите информации кои се однесуваат на борбата против фалсификување на пари. Воспоставена е адреса за меѓусебна коресподенција и соработка со Народната банка, Царинската управа и Управата за финансиска полиција при Министерството за финансии, со кои треба да се разменуваат податоци од областа на фасификувањето на пари.

• Управатазабезбедностиконтраразузнавањекакорамноправенпартнернасоодветнитеслужбиоддругидржави, во функција на Јакнење на системот на национална безбедност, одржување на стабилноста на земјата и борбата против тероризмот, континуирано разменува информации за терористички групи и нивните мрежи за поддршка во функција на унапредување на мерките и активностите за окривање на организаторите, извршителите, логистичарите на терористичките активности.

• Почнувајќиод15.11.2011година,секојвторник(од10до16часот)вопросториитенаСекторотзавнатрешнаконтрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија се реализира проектот „Отворен ден“ за сите граѓани кои имаат какви било сугестии, поплаки или потреба од дополнителни информации во однос на работењето на полицијата и надлежностите во доменот на работа на оваа организациона единица при МВР.

• Изготвени се воспитни програми за учениците од основните и од средните училишта во соработка соМинистерство за образование и наука.

Со „Програмата за правна социјализација на младите“ целта е да се зајакне разбирањето и почитувањето на владеењето на правото од страна на младите и да се намали појавата на малолетничко претстапништво, преку заеднички координиран пристап помеѓу младите, наставниците и полицијата.

Со програмата „Безбедни училишта“ целта е да се поттикнат учениците на активност во градењето на безбедна средина за учење, преку спортски натпревари, арт-програми и сл. водејќи се од принципот на партиципативност на младите во изготвувањето и креирањето на програми, бидејќи младите најмногу ги прифаќааат програмите, во кои и самите учествуваат при нивното креирање.

• ВоспоставенеРегистарналицаосудуванизасексуалназлоупотребанадецасо што граѓаните можат да се информираат за постоење на лица во нивното соседство кои биле осудени за овој вид криминал.

• По стапувањето на сила на измените и дополнувањето на Законот за безбедност на патниот сообраќајповрзани со проектот „Возачка дозвола од 16 години“, МВР во соработка со РСБСП започна континуирано да организира Часови за запознавање со основите на сообраќајната култура за заинтересираните средношколци идни возачи, но и за учениците од основните училишта.

• РеализиранеПроектзамодернизирањенавеб-страницатанаМВР,со што се овозможи директна комуникација со инспекторите за прифат, превенција, командирите и одговорните во станиците.

• Вофункцијана Скратување на чекорите за добивање документи овозможивме безготовинско плаќање на трошоците во управните служби и поврзување на веб-страницата на МВР со call-центарот со можност за електронско закажување на термин за вадење документи и проверка дали се документите изготвени.

Page 143: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

143

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• СоИзмениидополнувањанаЗаконот забезбедноствосообраќајотнапатиштатареализиранепроектот ,,Возачка дозвола на 16 години“, со кој се овозможи започнување на процесот на оспособување на кандидатите за возачи на 16-годишна возраст (согласно со искуствата на Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Австрија, Унгарија, Исланд), под јасно дефинирани строги критериуми кои гарантираат психофизичка зрелост и теоретска и практична подготвеност на кандидатот.

• Какоодговорнарастечкотонасилствоинедостојнотооднесувањенаспортскитенатпревари,реализиранепроектот „Спортот и насилството не одат заедно‘‘.

- Направени се Измени и дополнување на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.

- Регулирано е формирање на регистар на лица што го нарушуваат јавниот ред и мир на спортски натпревари и воспоставени се дополнителни превентивни механизми.

- Предвидена е должност организаторот на спортскиот натпревар да изготви и да достави до Министерството за внатрешни работи план за превентивно дејствување и евакуација во случај на итност, а Министерството за внатрешни работи пред да отпочне со спортскиот натпревар со зголемен ризик да оствари увид во организациските подготовки.

- Зајакната е казнената политика преку воведување на кривичното дело „Насилничко однесување на спортски натпревари“, утврден е повисок износ на глобите за прекршоци и воведена е прекршочната санкција забрана за влез и присуство на сите или на одредени спортски натпревари во траење најмногу до три години.

• Прекуреализацијанапроектoт „Полицијатаи учениците седружат“ за намалување на насилството и за поголема безбедност на децата, за секое училиште е назначен одговорен полициски службеник со кого учениците, наставниот и раководниот кадар имаат директен контакт. Проектот опфаќа околу петстотини основни и средни училишта, а задолжени се над 150 полициски служеници.

• Завршена е втората фаза од проектот „ТЕТРА‘‘ и постигната е 65 % покриеност на територијата со дигитален радио сигнал за потребите на полицијата и потенцијал за приклучување на други институции. За имплементација на овој проект, консултантот Vialto и МВР се добитници на сребрен медал на светско ниво од Constantinus International.

• Завршенаепрватафазаодпроектот„Дигиталнаполиција‘‘,соштоеoвозможено централно распоредување на ресурсите, врз основа на автоматска анализа на оперативни и разузнавачки податоци кои ќе се добиваат во реално време. Следење на движењето и поставеноста на секој полицаец преку навигациски уреди и добивање на информација за настанати повреди, потреба од медицинска помош или потреба од засилување.

• Реализиранепрoектот„Секадебезбедни‘‘,во рамките на кој со завршување на проектот „Безбеден град“, овозможен е 24-часовен безбедносен видеонадзор во најфреквентните делови на Скопје, Kуманово и на Тетово.

• ПрекупотпишувањенадоговоризамеѓународнаразменасоЦрнаГора,ХрватскаиСрбија, врз основа на реципроцитет, овозможен е престој на полициски службеници од Македонија во соседните земји и во земји каде во одредени периоди (годишни одмори, празници итн.) престојуваат поголем број македонски државјани.

• Формиранаемобилнаединицанаграничнатаполиција задолжена за илегална миграција.

Изграден е нов објект за Езерската полиција во Охрид.

• Реновиранисеполицискитестаницизаобезбедувањенадржавнатаграница-Попова Шапка, Лабуништа, Чашка, Гошинце, Франгово, Стење, Стрезимир и Џепиште.

• Континуирано се модернизира Граничната полиција и се прават инвестиции во материјално-техничкоопремување со високософистицирани средства за надзор на границата и усвојување нови оперативни процедури и координација со соседните служби за заедничкото покривање на граничната линија:

Page 144: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

144

www.vmro-dpmne.org.mk

- Ставени се во функција шест (6) теренски возила со оптички систем за надзор на државната граница (термални камери);

- започнато е со заедничко патролирање (мешани патроли) со граничните служби на Бугарија, Косово, Албанија и на Србија;

- Потпишан е Договор меѓу Македонија и Косово за основање и функционирање на Заеднички контакт-центар (ГП Блаце).

• Реализиранисепланиранитеактивностиворамкинапроектот „Отворен регион“:

- Република Македонија има склучено договори за патување само со лична карта со Србија, Албанија и со Црна Гора,

- Отпочна со работа Заедничкиот контакт-центар за полициска и царинска соработка со Р. Бугарија (лоциран на ГП Ѓуешево / Деве Баир);

- Отворен е заеднички контакт-центар за полициска соработка со Р. Албанија, ГП Ќафасан;

- Отворен е заеднички контакт-центар ГП Табановце со Р. Србија;

- Отворен е заеднички Граничен премин Џепиште – Требиште;

- Oтворен е новиот реконструиран и модернизиран Граничен премин Долно Блаце;

- Отоврени се два заеднички гранични премини наменети за локален сообраќај – во текот на 2011 година Голема Црцорија – Голеш и во текот на 2013 година Џепиште – Требиште.

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Националнабазазаразузнавачкиподатоци.Тендерот за избор на најдобар понудувач е прекинат од причина што ниту еден од економските оператори не ги исполнува во целост бараните услови. Формирана е група со задача да направи ревизија и дополнување на документите и тендерот повторно да биде објавен со динамика на реализација усогласена со буџетските можности.

• Започнати се активностите за Воведување на систем за информациска безбедност во рамките на која е подигнат степенот на физичка заштита и обезбедено е непрекинато напојување со електрична енергија. Заради прилагодување на буџетските можности проектот се пролонгира до мај 2015 година.

• ВорамкинапроектотЗајакнувањеипроширувањенаглавнатамрежасооптичкикабликонтинуирано се поврзуваат главните центри и се поставуваат нови безжични линкови на недостапните места од зелениот граничен појас, заради подобрување на квалитетот на врските и зголемување на податочниот проток.

• Започнати се активности за Миграција и обновување на старите бази на податоци на МВР во рамки на подготовките за реализација на проектот „Модернизација на информацискиот систем на Министерството за внатрешни работи“. Рокот на реализација е пролонгиран до јули 2015 година.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК

Подобрена е законската регулатива во надлежност на Министерството за внатрешни работи и донесени се:

• НовЗаконзавнатрешниработи,со кој во духот на реформите на администрацијата воспоставивме правна рамка за јасен и современ пристап на управување со вработените базиран на работни компетенции, прецизно ги доуредивме критериумите за вработување низ транспарентен процес со однапред строго пропишани критериуми, унапредување, обуката, мерењето на ефектот и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во МВР, како дел од вработените во јавниот сектор. За првпат се изврши дефинирање на работните места во МВР, заради нивно понатамошно систематизирање во Класификација на работни места и тоа во точно утврдени категории согласно со закон. Со тоа ќе се овозможи препознатилив процес на движење во кариерата односно унапредување и движење на вработените во рамките на системот на хиерархија,

Page 145: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

145

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

почнувајќи од влезните нивоа, до највисоките нивоа на хиерархија. Истовремено законот го следи новиот концепт на кривичната постапка и ја уредува соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија.

• Нов Закон за приватно обезбедување, кој во целост одговори на динамичниот прогрес на дејноста обезбедување на лица и имот во Република Македонија и на потребата од воведување на нови повисоки стандарди во оваа област кои се однесуваат пред сé на: условите за стекнување со дозвола за работа и лиценца за обезбедување, начинот на вршење на обезбедувањето и овластувања на работниците за обезбедување, како и начинот на вршење на надзор над работата на правните лица што вршат обезбедување на лица и имот и прецизна поделба на овластувањата помеѓу сите субјекти на системот.

• ИзмениидополнувањанаЗаконотзаполиција, со кои дополнително се нормирани полициските овластувања во функција на поддршка на јавниот обвинител и неговата раководна улога со кривичната постапка како клучен предуслов за остварување на новиот концепт на кривичната постапка и усогласување со реформите во јавната адмистрација.

• ИзмениидополнувањанаЗаконотзаследењенакомуникации, со кои освен усогласувањето на одредбите на Законот за следење на комуникации со новиот Закон за кривична постапка, се надминаа и забелешките на Европската комисија во однос на потребата од намалување на улогата на министерот за внатрешни работи во постапката за следење на комуникации и се одговори на определени проблеми констатирани во практичната имплементација на овој закон.

• ИзмениидополнувањанаЗаконотзастранците во насока на олеснување на визната политика на Република Македонија, односно поедноставување на постапките за исполнување на општите услови за влез на странец во Република Македонија и отстранување на бариерите за потенцијалните инвеститори преку поедноставување на постапките за издавање на дозвола за привремен престој на странец.

• ИзмениидополнувањанаЗаконотзазаштитаодексплозивниматерии, со кои се изврши прецизирање на постапката при остварувањето на правата, обврските или правните интереси на заинтересираните правни лица, при што се минимизираа формалностите и административните пречки кои се однесуваат на стекнување со одобрение за вршење на дејноста - производство на експлозивни материи на правните лица.

• ИзменинаситезакониоднадлежностнаМВРзаради:

- воведување на нов концепт за полагање на теоретскиот дел од стручните испити кои претставуваат услов за стекнување со лиценци и дозволи преку полагање на теоретскиот дел од испитите по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер, во посебно опремена просторија со видеонадзор, со што се овозможува минимизирање на субјективниот фактор и објективна оцена на знаењето. (Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за приватно обезбедување, Закон за оружјето, Закон за детективска дејност);

- усогласување со донесените прописи за реформи во јавната администрација во однос на условите што се предвидуваат за избор на државен секретар, директори на Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност и координатор и заменик-координатор во Националниот центар за интегрирано гранично управување каде покрај општите и посебните услови за соодветната позиција пропишани се и посебни услови во делот на познавањето на англискиот јазик, со што ќе се овозможи дополнителен квалитет во вршењето на функцијата (Закон за внатрешни работи, Закон за полиција и Закон за гранична контрола).

• Воведовме нов транспарентен и објективен систем на селекција за обновување на кадарот со млади, подготвени и компетентни лица кои минуваат најсовремена обука за полициски службеници. Со новите критериуми распишани и реализирани се конкурси за вработување на 700 полициски службеници и 12 пилоти во хелихоптерската единица на МВР.

Page 146: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

146

www.vmro-dpmne.org.mk

За граѓаните:

- Поедноставени се процедурите за регистрирање на туристи. Со Апликација за пријавување странски и домашни гости овозможено е онлајн да се врши пријавувањето на гостите. Физичките лица и хотелите не мора да доаѓаат во полициска станица, а полицијата има едноставен увид во податоците поврзани со домашните и странските посетители за нивниот број, местото и периодот во кој тие престојувале;

- Воведовме Дисперзирани базни станици за поднесување барања за лични документи за да ги доближиме услугите до местото на живеење на граѓаните. Покрај постојните во Пехчево и во Македонска Каменица, во 2013 година беа отворени и во општината Кисела Вода - Драчево, Ѓорче Петров, Бутел, Ново Село и во Струмица;

- Потпишавме Договори за заемно признавање на возачките дозволи под услов на репроцитет, со Шпанија, Албанија и Италија. Во завршна фаза се и договорите со Австрија, Германија, Австралија и Нов Зеланд, а иницијативата е доставена и до Србија и Словенија;

- Во завршна фаза е реализација на заедничкиот проект на Министерството за внатрешни работи и Службен весник на Република Македонија, преку кој ќе се овозможи објавите за неважечките документи, чие издавање е во надлежност на Министерството да се доставуваат до Службен весник преку Министерството, со што овие постапки за граѓаните ќе бидат многу поедноставени, ќе се постигне висок степен на квалитет на податоците и целосна ефикасност и економичност во постапувањето.

За подобрување на состојбите во сообраќајот:

- Воведовме нов систем на електронско тестирање за полагање на возачки испит, зголемена  контрола и повисок квалитет на тестовите. Бројот на комбинации на испитните прашања е речиси неограничен. Сведена е на минимум можноста за неовластено откривање, симнување, снимање, зачувување, изнесување и давање на комбинациите од прашања во форма на тест. Воспоставивме аудио и видеоснимање на полагањето на теоретскиот и на практичниот заради создавање на дополнителна можност за проверка на процесот;

- Изготвена е веб-апликација за електронски тестови за полагање теоретски испит за возачка дозвола наменета за сите идни возачи од сите категории. Kреирана е со цел да им овозможи полесен пристап до демо-тестирањата за утврдување на теоретските познавања. Освен демо-тестовите, идните возачи преку апликацијата имаат увид и во сите прашања кои можат да ги добијат на испит, како и точните одговори на прашањата;

- Изготвен и промовиран е Прирачник за полагање на возачки испит. Возачите за првпат добија соодветна литература која ги содржи сите информации и проблеми опфатени со теоретскиот дел од возачкиот испит. Брошурата е достапна и на веб-страницата на МВР;

- Со проектот Безбедно на мопед спроведовме кампања за анимирање на возачи на велосипед со помошен мотор (најчесто на возраст под 18 години) да полагаат под привилегирани финансиски услови за националната категорија „М“. Во договор со испитните центри и со автошколите, истите се стекнаа со право за управување со велосипед со помошен мотор, мопеди и друго;

- Воведовме Налепница за регистрирано возило во функција на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои учестваат во сообраќај на јавен пат. Секое регистрирано возило добива налепница за извршена регистрација и ја истакнува на внатрешната или на надворешната страна на возилото со кое визуелно може да се утврди дека е возилото е регистрирано и до кога истата важи;

- Овозможивме легализација на нерегистрирани трактори и тракторски приколки;

- Обезбедивме веб-апликација Пази радар, која предупредува на радарска контрола со цел безбеден и квалитетен сообраќај по патиштата на територијата на Република Македонија.

За поефикасна и мотивирана полиција со буџетски средства или донации обезбедивме:

- 250 нови возила во полициска изведба „шкода – јети“ и „шевролет – спарк“ со кои значително се зголемува мобилноста на полицијата и драстично се намалуваат трошоците за гориво и поправка на амортизираните „крајслери“;

Page 147: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

147

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- Едно блиндирано возило со највисок степен на заштита согласно со потребите за обезбедување на ВИП-личности;

- Три теренски возила за потребите на Одделот за информатика и телекомуникации;

- Две специјални возила „цистерни“ наменети за интервенција при поголеми нарушувања на јавниот ред и мир;

- Софистициран систем за Одделот за крим-техника при МВР што претставува своевидна револуција во областа на идентификација на траги од огнено оружје кој овозможува автоматско пребарување на трагите од испуканите чаури, преку напоредно градење на соодветна база на податоци за малото и лесно оружје;

- Посебен пакет од специјализирана истражна опрема наменета за зајакнување на капацитетите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во борбата против корупцијата;

- Скутери за сообраќајната полиција;

- Специјално опремена Просторија за разговор, сослушување и третман на жртвите од трговија со луѓе во рамките на Секторот за внатрешни работи во Тетово, која располага со стакло за препознавање низ кое се гледа во една насока, без визуелен контакт помеѓу лицата;

- Реновиран објект на Единицата за истрага на место и вештачење;

- Целосно реконструирање и модернизирање на наменското стрелиште за лесно оружје во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров;

- Реновирани простории на Единицата за специјални задачи во касарната Илинден;

- Радари и друга опрема за сообраќајната полиција со што значително се зголемија капацитетите за контрола на патиштата и санкционирање на несовесните возачи;

- Компјутери и компјутерска опрема за потребите на МВР. Со над 500 компјутери, принтери, скенери и печатачи и 450 таблети ќе се обезбеди поголема пристапност на наставните материјали и за прв пат посетителите на обуките во центарот во Идризово ќе добијат можност да користат алатки за електронско учење;

- Опрема за видеонадзор за клучните полициски станици;

- Реновирање и реконструкција на ПС Гостивар, ПС Велес, ПС Кочани, Хелихоптерска единица, Центар за обука, касарна Илинден, ПС Прилеп и ПС Струга;

- Потпишување на над 60 меѓународни договори, протоли, меморандуми и декларации, со кои се регулираат односите во разни области во ингеренции на Министерството за внатрешни работи. Меѓу земјите со кои се потпишани документите се земјите од ЕУ, САД, Руската Федерација, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Албанија и други;

- Започнавме етапно усогласување на платите на вработените во МВР со платите во јавната администрација преку социјален дијалог со Македонски полициски синдикат;

- Целта е основните плати во МВР да бидат слични со основната плата во државната администрација и платите на другите полициски служби во земјите во регионот.

Кампањи, советувања и превентивни активности:

1. Во соработка со Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај:

- „Етика и превенција во сообраќајот“,

- „Црни точки во градот Скопје“,

- „Детски семафор“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите“,

- Одбележување на „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи“,

- Воведување на европскиот протокол за сообраќајни незгоди во РМ,

- Кампања за безбедно однесување во сообраќајот за време на прославата на матурските вечери,

Page 148: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

148

www.vmro-dpmne.org.mk

- Кампања „Моторот не е играчка“ и „Кацигата глава спасува“,

- Поука за култура и етика во сообраќајот за средоношколците во Република Македонија,

- Проект „Сообраќаен буквар“,

- „Ефикасност на системот за интервенции по сообраќајна несреќа, перспективи и функционалност на системот 112”,

- Кампања за одбележување на „Втората глобална недела на ООН за безбедност на пешаците“,

- Кампања за подигање на јавната свест кај возачите на моторни возила за опасностите во сообраќајот во текот на летото, насловена како „Летна кампања-2013“,

- Акција „100 Пешачки премини за подобра безбедност на 10000 учесници“,

- Проект-манифестација „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

- „Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици“.

2. Преку Секторите за внатрешни работи и одделенијата за превенција:

- Кампања за доброволно предавање оружје за да може секој граѓанин на Р. Македонија да го предаде оружјето без да добие прекршочна или кривична пријава;

- Кампања за превенција од кражби и информирање на граѓаните како да ги заштитат своите домови од провални кражби;

- Кампања за користење на придобивките од визната либерализација. Превентивно дејствување и информирање на граѓаните за значењето и начинот како треба да се користи визната либерализацијата;

- Кампањи против трговија со луѓе и спречување трговија со малолетни лица за да се зголеми свесноста за опасностите и знаењето на трудовата експлоатација во земјите на дестинација на ризичната категорија на граѓани;

- Кампања за летните одмори на локално ниво со СВР Охрид со цел информирање на граѓаните за заштита од кражби на плажа;

- Кампања - корисни информации за иселениците. Македонски државјани кои живеат надвор од границите да бидат информирани за пријавувањето и престојот во Р. Македонија;

- Кампања „Лето без пожари“;

- Кампања за заштита од кражби во автомобили – целта на проектот е информирање на граѓаните како да се заштитат од провални кражби во возила;

- Кампања против употреба на пиротехнички материи и оружје за време на Новогодишните и Божикните празници;

- Кампања за примерно однесување на матурските прослави со која се запознаваат завршените полуматуранти и матуранти со законот за јавен ред и мир како и негативните последици од употребата на алкохол и дрога за време на матурските прослави;

- Кампања „Навивај спортски, без навреди и насилство“, проект за намалување на насилство на спортските терени и за подобрување на меѓуетничката толеранција;

- „Превенција од насилство во училиштата и малолетничка деликвенција“ – за подигање на безбедносната свест на младите за заштита од пороците на денешниот современ начин на живеење;

- „Скопје град без насилство - спречување на нарушувања на ЈРМ во автобусите на градскиот превоз“;

- Проект „Реонскиот полицаец советува“ – во рамките на кој се реализирани средби со ученици, на кои тие се запознаваат со работата на полицијата;

Page 149: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

149

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- Кампања „Внимавај!!! И твоето дете учествува во сообраќајот“ за подигање на свеста кај возачите за заштита на пешаците во сообраќајот, посебно на децата за време на учебната година;

- Проект „Заедно навиваме за Македонија“ - кој делува превентивно врз младите и го промовира фер и коректното однесување и навивање на спортските натпревари„

- Проект „Мешаните патроли“, со кој се предвидува родителите на малолетниците заедно со полицијата да прават обиколка на најпосетуваните кафулиња и дискотеки, а со цел да се анимираат и да се едуцираат родителите околу потенцијалните ризици на кои е изложена малолетната популација;

- Кампања против трудова експлоатација - граѓаните ќе се информираат за опасностите на кои можат да наидат во потрага по примамливи понуди за работа во странство;

- Превентивната паневропска кампања – „Responsible Party“ - за подигање на свеста на студентите за одговорно конзумирање алкохол, односно придонес во намалувањето на конзумирање на алкохол помеѓу младите“;

- Проект „Полицијата твој пријател“ – за зближување и воспоставување на поблизок однос на полицијата со граѓаните;

- Кампања „Спорт ДА дрога НЕ“ – за подигање на свеста на младата популација за влијанието на дрогата;

- Проект „Безбедни училишта - хармонични средини“ за подобрување  на безбедноста на учениците во училиштата и намалување на степенот на насилството со вклучување на сите чинители во градењето на безбедноста и со создавањето на одржливи партнерства меѓу нив;

- Информативни летоци за запознавање на странците со нашата сообраќајна регулатива испечатени на осум странски јазици дистрибуирани на сите гранични премини;

- Проект „Стоп на злоупотребата на визната либерализација“ – целта на проектот е подигање на јавната свест кај граѓаните на Р. Македонија при можна злоупотреба на безвизниот режим.

ПРОЕКТИ РЕАЛИЗИРАНИ ВО СОРАБОТКА СО ЕУ

• „Поддршка за реформата на полицијата и кривичното право – Твининг“- ИПА 2009. Главната цел е зајакнување на капацитетите на Бирото за јавна безбедност во областа на теренската работа, особено единиците на регионално и локално ниво во областа на кривични истраги, вклучително и соработка со Јавното обвинителство.

• „ГрадењенакапацитетитенаинституциитекоигоспроведуваатЗаконотзаправичентретманнаприведении задржани лица“ - Директен грант - ИПА 2009 – унапредување на почитувањето на човековите права од страна на полицијата и казнено-поправните установи во согласност со европските стандарди и со европските затворски правила. Овој проект се спроведува во соработка со Министерството за правда.

• „Интегриранограничноуправување-завршувањенаимплементацијанаТЕТРАстандардите“-ИПА2009-понатамошно јакнење на капацитетите на интегрираното гранично управување согласно со европските и со Шенген-стандардите, односно комплетирање на постојниот дигитален радиокомуникациски систем.

ПОКАРАКТЕРИСТИЧНИ ОПЕРАТИВНИ АКЦИИ ОД ЈУНИ 2011

• Акција „Кампања“ - Поднесена кривична пријава против претседател на политичка партија од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“. Пријавениот во својство на службено лице пречекорувајќи ги своите законски овластувања во периодот април-јуни 2011 година, во три наврати противправно прибавил парични средства во вкупен износ од 130.000 евра заради финансирање на политичката кампања, за вонредните парламентарни избори во 2011 година, спротивно на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик.

Page 150: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

150

www.vmro-dpmne.org.mk

• Оперативнаакција„СОЈА“, запленети 169 кг кокаин (од Боливија) на српско-македонска криминална група – акцијата е изведена во соработка со американската DIA, британската SOCA, како и со српската и со грчката полиција.

• Операција„Ариел“– кривично пријавени се 11 македонски, девет бугарски и еден српски државјанин, кои во периодот од 2007-2011 година извршиле кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело, фалсификување и уништување деловни книгиц и злоупотреба на службената положба и овластување, при што го оштетиле буџетот на РМ за 115.813.340 денари или 1.882.354 евра. Во рамките на оваа акција еден месец подоцна кривично пријавени се уште 16 физички и пет правни лица кои го оштетиле буџетот на РМ за 27.482.538 денари.

• Оперативна акција „Ноќ“ - по спроведена повеќемесечна истрага откриена е организирана криминална група составена од македонски државјани, која подолг временски период вршела сексуална експлоатација по пат на проституција на пет женски лица, сите македонски државјанки од Скопје, Битола и Куманово. Три од девојките се малолетни, на возраст од 16 и 17 години, а две на возраст од 21 и 22 години. Петте девојки, според документираните сознанија за одреден паричен надомест, биле принудувани да даваат сексуални услуги на заинтересирани лица - клиенти од Скопје и од други градови во државата. 

• Продолжение на акцијата „Змиско око“ - Во рамките на спроведената криминалистичка истрага, идентификувана е организирана криминална група составена од вкупно 92 лице, од кои 89 инкасанти, еден раководител и еден заменик-раководител на одделението за наплата во ЈП „Македонија пат“ и еден поранешен вработен во претпријатието. Истите, злоупотребувајќи ги службената положба и овластување, се сомничат дека континуирано противправно присвојувале парични средства од „надоместот за користење за јавни патишта“ кои требало да ги наплатат, при што нелегално се стекнале со противправна имотна корист од 120.016.510 денари, а на штета  на Агенцијата за државни патишта, односно Буџетот на РМ.

• Оперативнаакција„ТрствиаСкопје“вокојаеподнесена кривична пријава против седум лица од Скопје, кои изработувале фалсификувани изводи од матични книги на родени поради постоење на основано сомнение дека во текот на 2011 година сториле дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување службена исправа, фалсификување исправа, помагање и употреба на исправа со невистинита содржина.

• АкцијаБосфор,вокојаМВР пресече два меѓународни канали за криумчарење на хероин од Р.Турција. Во двете акции беа приведени четири лица и беа запленети 22,4 килограми хероин чија цена на нарко-пазарите се движи од 550.000 евра на големо до 3.000.000 евра на мало.

• Акција„Калабрија“-МВР во соработка со сродните италијански и албански служби, подолго време работеше на прибирање на оперативни сознанија во рамки на обработката „Калабрија“, насочена кон криминална група составена од македонски и албански државјани, кои се занимаваат со транспорт на марихуана од Р.Албанија во земјите на Западна Европа.  Притоа на пристаништето Бари во Италија откриени беа 300 килограми марихуана со приближна вредност на мало на европските наркопазари до 900.000 евра.

• „Беса“– МВР, врз основа на спроведените мерки и активности во рамките на проектот „Беса“ на ИНТЕРПОЛ, во соработка со полициските служби на Бугарија, пресече меѓународен канал на транспорт на хероин на релација Турција–Грција–Македонија, при што на граничниот премин „Стар Дојран“, во возило управувано од бугарски државјанин, заплени вкупно 9 килограми и 865 грама висококвалитетен хероин. Кривично пријавени се 16 лица.

• Акција „Реал“-МВР во содејство со Царинската управа на Република Македонија, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација Р. Македонија – Р. Грција и понатамошен транспорт во Шпанија. Во рамки на акцијата беа идентификувани осум членови на криминалната група, македонски државјани. Запленети се над три килограми хероин вреден над 100.000 евра.

• Акција„Детонатор“ (во неколку наврати) - МВР продолжи со преземање на мерки и активности во врска со акцијата „Детонатор“, за целосно расчистување на други кривични дела извршени од страна на криминалната група, како и идентификување на лица на подрачјето на Делчево и Кочани. Пронајдени се поголем број на покер-апарати, електорнски рулет-маси и делови од рулет-маса.

Page 151: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

151

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Компјутерскикриминал-МВР во соработка со полициите на Србија и Бугарија, а во координација на центарот СЕЛЕК, реализираше случај во кој е разбиена меѓународна криминална група, чии членови, во периодот од ноември 2011 до април 2012 година, неовластено прибавиле опрема за изработка на лажни платежни картички, а прибавиле банкарски податоци од 1111 вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички, со помош на кои подоцна изработувале лажни платежни картички кои ги употребиле на банкомати во Р. Македонија. Извршиле вкупно 238 успешни нелегални трансакции, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 4.135.177 денари.

• Операција„Монструм“-МВР ги откри убијците од масакрот кај Смиљковското Езеро, во кој на грозоморен начин беа убиени пет недложни граѓани.

• Операција „Круна“ - МВР откри организирана криминална група од Р.Македонија која се занимавала со недозволена трговија и производство на синтетички дроги амфетамин и метамфетамин. При тоа беа запленети 2.674 таблети амфетамин и за прв пат на подрачјето на Р.Македонија е откриена импровизирана лабораторија за производство на синтетички дроги. Кривично пријавени се три лица државјани на РМ, како и еден бугарски државјанин.

• Продолжение на „Босфор“-Пресечен е шверцерски наркоканал во рамки од континуираната полициска операција „Босфор“, при што запленети се 16 кг хероин, проценети на околу 1,5 милиуони евра, од Р.Турција што преку Бугарија и Македонија требало да бидат транспортирани во Косово.

• Акција„Расколник“-МВР во операцијата „Расколник“ кривично пријави 19 лица и едно правно лице, кои затаиле 14.804.201 денари од МПЦ, а потоа сакале да ги „исперат“ преку здружение на граѓани.

• Акција CARDSHOP – во која е разбиена група Интернет-криминалци од повеќе држави во светот (САД, Италија, Норвешка, Јапонија и Македонија) ,кои на повеќе Интернет-страници вршеле криминални активности поврзани со злоупотреба на податоци од платежни картички и банкарски сметки со цел нивно искористување за извлекување пари во готово, купување стока и членства на одредени сајтови како ВИП-корисници.

• Кривичнапријаваза14македонскидржавјаниза„криумчарењемигранти“-Откриена организирана група која криумчарела мигранти со потекло од Блискиот и Далечниот Исток, како и од земјите од Африка, кои од соседна Грција илегално влегувале на територијата на Р.Македонија, каде од страна на пријавените лица биле транспортирани до села во Липковскиот регион заради нивно понатамошно криумчарење преку територијата на Србија и Унгарија кон некоја од западноевропските земји.

• Акција„Заседа“-МВР во содејство со мобилната единица при Царинската управа на Република Македонија пресече меѓународен канал на недозволена трговија со марихуана, на релација Албанија – Македонија и понатамошен транспорт во земјите на Западна Европа, при што откриени се и запленети се 513 килограми висококвалитетна марихуана (најголема заплена на наркотична дрога – марихуана досега во Р. Македонија), на наркопазарот позната како „СКАНК“. Според проценките, вредноста на запленетата марихуана на западноевропските наркопазари изнесува околу 3 милиони евра.

• Акција „Керозин“ – Сузбиена е организирана криминална група која преку правните субјекти во нивно владение, вршела злоупотреби со неисполнување на обврските од склучените договори за јавни набавки, транспорт и испорака на нафта за греење на набавувачите - државни органи (институции, единици на локална самоупорава и органи во нивна надлежност). Со продолжување на истражните активности беа поднесени пет кривични пријави против вкупно 16 физички и пет правни лица. Пресметаната штета по однос на буџетот на РМ, односно затаен данок изнесува 576.050 евра, потоа по однос на неиспорачан (противправно присвоен) мазут во количина од 225.428 кг, ги оштетиле државните институции во висина од 164.800 евра, а пак по основа на фиктивна испорака на екстра лесно гориво односно испорачување на гориво по значително помала количина од потребната, во периодот од 2010/12 „обезбедиле“ вкупно 2.807.999 литри гориво, во вкупна вредност од 2.385.577 евра, за кој износ и го оштетиле Буџетот на Р Македонија.

• НаМеџитлијазапленетисе350кгмарихуанаво соработка со Царинската управа на Република Македонија и пресечен е меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана на релација Албанија – Македонија и понатамошен транспорт во Кралството Холандија. За време на истрагата беа обезбедени докази за криминална инволвираност на седум лица, а вредноста на дрогата којашто била набавена од Албанија на западноевропескиот пазар на големо изнесува околу 1.000.000 евра.

Page 152: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

152

www.vmro-dpmne.org.mk

• Продолжениенаакцијата„Диригент“–МВР, во соработка со Германската и со Австриската служба за борба против дрога, во периодот од септември до декември 2012 година, спроведе заедничка меѓународна истрага со цел обезбедување на докази и лишување од слобода на лица припадници на организирани криминални групи од Македонија кои го снабдуваa наркопазарот во Виена - Австрија со хероин, односно организирале транспорти на дрогата на релација Македонија – Австрија и организирале мрежа на улични препродавачи на дрога на наркозависници на подрачјето на Виена. Во текот на меѓународната операција вкупно се уапсени 188 лица во Австрија, Германија, Холандија и во Македонија.

• Ворамкина„Деонатор“-Во рамки на акцијата „Детонатор“ поднесени се кривични пријави против три лица од Кочани, управители и сопственици на три фирми, и против две правни лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Со незаконско работење пријавените се стекнале со нелегален приход во вкупен износ од 291.316.053 денари или 4.736.846 евра, кои го пуштиле во оптек како легален приход, преку легално отворените сметки и жиро-сметките на правните лица.

• Измамасопродажбанасанови-Поднесена е кривична пријава против две лица за кривичните дела „Измама“ и „Помагање“, заради тоа што од декември 2011 до март годинава со лажно прикажување на факти, во повеќе наврати со лажно претставување доведени се во заблуда тринаесет лица кои измамени дека ќе можат да купат станови по евтина цена (наводно по 400 евра или поевтино за квадратен метар) уплаќале пари за таа намена, со што пријавените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 307.039 евра или 18.882.911 денари. Бројот на вака измамени граѓани е уште поголем од првичната бројка затоа што по приведувањето на пријавените уште 17 граѓани пријавиле во полиција дека се измамени, а првичната проценка е дека се работи за дополнителна сума од околу 340.000 евра.

• Акција „Агент“ - Во рамки на Оперативната обработка „Агент“, со која се документираа малверзации околу градежното земјиште лоцирано на атрактивна локација во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје и прикривање на незаконски стекнати парични средства во износ од 62.855.196 денари кривично пријавени се шест лица, кои се товарат дека сториле повеќе кривични дела како „перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

• Акција „Фаланга 2“ - Врз основа на докази обезбедени од примената на посебните истражни мерки и материјалните докази обезбедени при извршените претреси во 23 објекти (домови и службени простории), поднесовме кривична пријава против 19 членови на организираната криминална група, од кои 17 македонски и двајца српски државјани. Членовите на организираната криминална група се пријавени поради постоење на основано соменение дека истите ги сториле кривичните дела злосторничко здружување, оштетување или уништување културно наследство, присвојување на културно наследство, изнесување во странство на културно наследство и злоупотреба на службена положба и овластување. Во рамките на криминалната група дејствувале и четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник од Велес. Пронајдени и одземени се археолошки предмети (монети, бронзени предмети, керамички предмети) во вредност од неколку десетици илјади евра (според цените на илегалната берза), 7 вредни стари икони, 14 икони на дрво со различни димензии, две стари црковни книги, метален крст со Исус Христос со ѕвездесто постоље и друго.

• Оперативнаакција„Ликвидација“ - до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесовме кривична пријава против осум лица за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп, противзаконско посредување, поттикнување, помагање и соизвршителство од КЗ на РМ и неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица од Закон за заштита на сведоци.

• Акција „Филтер“ - акцијата за сузбивање на тутунската мафија беше реализирана во Скопје, Тетово и во повеќе градови низ источна Македонија, при што беа приведени и организаторите и членовите на добро структурираната криминална група. Криминалната група составена од 19 македонски и еден бугарски државјанин, се товари дека во периодот од септември 2010 година до септември 2011 година, организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Р. Македонија во Р. Бугарија.

Page 153: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

153

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Акција„Винкор“- откриена меѓународна криминална група (пет македонски и еден бугарски државјани), која подолг период наназад се занимавала со криминал со кредитни картички. Сите оштетени кои биле жртви на оваа група, а за кои досега поседуваме докази се македонски државјани, а нивните сметки, осомничените се обиделе да ги олеснат за сума од над 4,5 милиони денари.

• Акција„Милка“- Сузбиена е организирана меѓународна криминална група, составена од 18 македонски и 14 албански државјани кои во континуитет во периодот од 2011 до 2013 година биле инволвирани во криминални актвности поврзани со организирање на криумчарење и транспорт на жив добиток од Р. Македонија во Р. Албанија, со цел стекнување на нелегален профит. Утврдено е дека оваа криминална група во наведениот период (од 2011 до 2013 година) прокриумчариле околу 2037 грла жив добиток со просечна тежина од 300 кг, којшто на сточните пазари во Р. Македонија го набавувале во просек по 2 евра за 1 кг, а во Р.Албанија го продавале по сума од 5 до 6 евра, при што за 1 кг во просек остварувале 3,5 евра противправна имотна корист, односно за целиот период се стекнале со противправна имотна корист од најмалку 2.138.850 евра.

• Продолжение од „Фаланага“ - поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, поднесена е кривична пријава против лица вработени во Управата за заштита на културното наследство. Пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање на противзаконска документација преку која барале дополнително и полициска асистенција, со издавање на платни налози и преку други патни трошоци, го оштетиле и Буџетот на РМ.

• Акција „Шпион“ - Приведени се 17 лица, а постојат сомненија за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама за инволвирани 22 лица. Осомничените, според првичните информации, соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен. Лицата имале контакти и со поранешни високи политичари преку кои доаѓале и оддавале инфорамции што се однесувале на општата безбедност и политичката состојба во Република Македонија. Кривично пријавени се 20 лица.

• Акција„Претседавач“–Поднесена е кривична пријава против 12 лица од Скопје и од Штип, во својство на членови на управен и надзорен орган, сопственици на приватни правни лица и службени лица вработени во УЈП поради основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и помагање. Пријавените лица го оштетиле АД „Машинопромет“ Скопје и акционерите за 64.057.123,00 денари и Буџетот на Р.М во износ од 13.903.887,00 денари (долг на АД „Машинопромет“ по основа на јавни давачки заклучно со 2011 година).

• Акција„Орион“ - По повеќемесечната меѓународна истрага во соработка со полициските служби од Германија за сузбивање на меѓународна криминална група од 13 лица која подолг временски период се занимавала со набавување и фалсификување на странски патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сообраќајни исправи, осигурителни картички, дипломи, како и изготување на документи  и  исправи од институциите на РМ (возачки дозволи, АДР-лиценци и др.). Истовремено, на територијата на двете држави беше спроведена координирана акција, за приведување и лишување од слобода на членовите на криминалната група.

• Оперативнаакција„Отпад“ - До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесена е кривична пријава против 14 физички лица и едно правно лице за кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на службената положба и овластување. Криминалната група од 2010 година наваму ја оштетила државата по основа на неплатени даноци за 75.126.796 денари.

• Акција„Студент“ - Во соработка со полицијата на Р.Бугарија, а во координација со центарот СЕЛЕК од Букурешт во текот на изминатава година беше спроведена заедничка меѓународна истрага за сузбивање на  криминална група која дејствувала подолг временски период на подрачјето на  Р. Македонија и Р. Бугарија и вршела набавка и пуштање во оптек на фалсификувани евра, како и изготвување и продажба на фалсификувани исправи (фалсификувани бугарски лични карти и возачки дозволи, како и фалсификувани македонски уверенија за неосудуваност, фалсификувани лекарски уверенија од македонски здравствени установи, фалсификувани македонски изводи и др.). Кривично пријавени се еден бугарски и пет македонски државјани поради основано сомнение дека сториле кривични дела злосторничко здружување, фалсификување на пари и фалсификување на исправа.

Page 154: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

154

www.vmro-dpmne.org.mk

• Акција„Канџа“–Министерството за внатрешни работи, во соработка со Управата за јавни приходи, ја спроведе најобемната акција досега за контрола во угостителски објекти и спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, во која партиципираа преку 200 полициски службеници од разни организациски единици, а притоа откриени се 58 странски државјанки, а затворени се и 12 спортски обложувлници.

• РасчистенакражбавоНУМузејнаМакедонија-поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, поднесени се пријави против поранешниот прв човек на Управата за заштита на културното наследство, актуелниот и поранешниотt директор во НУ Музеј на Македонија, златар од Скопје и неколку вработени во установата во врска со пријавената кражба на предметите, односно несовесното ракување со нив во перидот од 2011 до 2013 година. При претресот во делот на работната просторија и службената канцеларија во НУ Музеј на Македонија, а кои ги користат двајца од пријавените, беа пронајдени вкупно 29.472 монети, а при увидот во инвентарната книга утврдено е дека до 1997 година евидентирани се вкупно 3323 монети, а од 18.01.2001 година до 15.09.2003 година вкупно 18 монети или вкупно во НУ Музеј на Македонија со инвентарни броеви евидентирани се 3341 монета.

НЕРЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ ОД ПРОГРАМАТА

Проект „Електронска лична карта‘‘

Првично се дефинирани глобалните граници на проектот од страна на меѓуресорска работна група во координација на МВР, но заради потреба од дополнителни функционалности, ќе се пристапи кон редефинирање на проектот, изготвување на нова функционално-техничка спецификација и дефинирање на буџет за проектот.

Page 155: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

155

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ОДБРАНА

Page 156: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

156

www.vmro-dpmne.org.mk

Мирот и стабилноста се основа за одржлив развој, а глобализацијата и интеграциите се императив на современиот свет. Во тој поглед, евроатлантсктите интеграци се најдобрата алтернатива за иднината на Република Македонија и Балканот, а членството во НАТО и ЕУ се наш стратешки приоритет.

Република Македонија своето членство во НАТО го смета како трајна обврска.

Насоки по кои ќе се движи динамичниот план за трансформација на Армијата и на одбраната:

1. На ме ѓу на род но ниво во однос на членс тво то во НА ТО, дејствуваме во спро ве ду ва њето на си те ре фор ми и го ле ми от при до нес на Република Ма ке до ни ја кон гло бал ни от мир, пре ку во е ни те ми сии, и ви зи бил нос-та на др жа ва та во си те ме ѓу народ ни ин сти ту ции;

2. Продолжуваме со создавање модерна и високопрофесионална војска, по доб рување на стан дардот за при пад ни ци те на Армијата, како и доб ли жување на вој ска та до гра ѓа ни те.

Република Македонија во целост ги исполни критериумите за добивање покана за членство во НАТО, со успешно спроведување на сите предвидени реформи, за што се доказ и оценките од сите меѓународни претставници. Денес реформите говорат за Република Македонија.

• Учествовомеѓународнимировнимисии

Република Македонија согласно со своите национални интереси, стратешките определби и цели за зачувувањето и унапредувањето на мирот и стабилноста во светот и регионот, континуирано учествува во меѓународни операции и тоа во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина – АЛТЕА, во мисијата на ООН во ЛИБАН – УНИФИЛ и во мисијата на НАТО во Авганистан – ИСАФ.

Република Македонија активно се вклучи во планирачкиот процес за новата пост – ИСАФ мисија во Авганистан по 2014 година – Resolute Support и ќе учествува во истата согласно со нивните потреби и со нашите капацитети.

Досега, Република Македонија има учествувано со повеќе од 3200 лица во меѓународните операции.

ВЕТЕНО – РЕАЛИЗИРАНО

• Центарзаобуканапилоти.Република Македонија доби најсовремен центар за обука на пилоти во Југоисточна Европа. Центарот е целосно оперативен и функционален почнувајќи од март 2014 година, а во него се набавени и се имплементирани најсовремени средства за обука на идните и усовршување на сегашните пилоти. Во Центарот за обука на пилоти е инсталиран висококвалитетен и технолошки напреден систем за симулациски летови за хеликоптерите МИ-17 и МИ-24. Обуката на пилотскиот кадар се изведува од страна на стручен кадар од израелската компанија „Elbit Systems“, авијациската школа од Оксфорд и инструктори од Република Македонија. Истовремено, Центарот за обука на пилоти претставува прв проект реализиран со јавно-приватно партнерство во областа на одбраната.

• ФазнодивестирањенанесуштинскиимотнаМОиАРМ.Согласно со планот за дивестирање на несуштинскиот имот на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија предвидено е да се даде имот кој не е во функција на одбраната на заинтересирани субјекти, државни органи и единица на локалната самоуправа кои имаат потреба од истиот за имплементирање и реализирање на проекти од јавен интерес и проекти во корист на граѓаните. Заклучно со 2013 година состојбата на дивестирани објекти (магацини, домови на АРМ, угостителски објекти, воени економии, деловен простор и караули) е следна:

- Магацински групи и комплекси – Планирани за дивестирање 26, моментално дивестирани 16;

- Домови на АРМ – Планирани за дивестирање 10, моментално дивестирани 9;

- Угостителски и спортски објекти – Планирани за дивестирање 6, дивестирани 4;

- Воени економии – Планирани за дивестирање 2 (сè уште не се дивестирани);

- Деловен простор – Планирани за дивестирање 24, моментално дивестирани 15;

- Караули – Планирани за дивестирање 85, моментално дивестирани 48.

Page 157: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

157

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Процесот на дивестирање на несуштинскиот имот е контунирана активност на Министерството за одбрана и ќе продолжи да се имплементира и во иднина.

• РазвивањенакапацитетотнаВоенатаакадемија„ГенералМихаилоАпостолски“.Во функција на развој на системот за образование и обука во Министерството за одбрана и АРМ (2011-2015), континуирано се работи на развивањето на капацитетот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Во моментов, повеќе од 150 студенти се школуваат во Воената академија за потребите на Армијата на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, но и за потребите на армиите на Црна Гора, Босна Херцеговина и на Косово.

Воената Академија континуирано ги следи постојните, соодветно прилагодува и развива нови студиски програми, со цел обезбедување на ефективно и ефикасно стручно оспособување. Едуцира менаџери за управување со ресурсите во одбраната, кризниот менаџмент и заштитата и спасувањето.

• МодернизацијанаармискиотполигонКриволак.Изградени се различни предвидени содржини на полигонот Криволак, со што значително се подобрија условите за негова употреба од страна на АРМ, како и од други армии. Инвестирано е и во центарот за сместување Пепелиште, кој е во рамки на полигонот Криволак.

• Воведување„Военомбудсман“.Вработено лице во Министерството за одбрана од Секторот за инспекција е избрано и поставено како Воен правобранител или Воен омбудсман.

• Задржување на старите и воведување на нови униформи за припадниците на АРМ. Министерството за одбрана обезбеди средства за нови униформи на сите припадници на АРМ, односно работна униформа, свечена униформа и борбена униформа, кои се изработени во согласност со НАТО-стандарди. Со тоа АРМ постигна едноличност во изгледот и зголемен е моралот на професионалните војници, подофицерскиот и на офицерскиот кадар.

• Систем-софтвер за персонален менаџмент и целосна имплементација на Системот за управување содокументи (Document Management System – ДМС), за работа со класифицирани и некласифицирани податоци. Софтверот за персонален менаџмент е воведен и имплементиран во Министерството за одбрана и истиот е оперативен и функционира.

• Во однос наСистемот за управување со документи (Document Management System – ДМС), постојат два системи и тоа ДМС Меридио и ЕРДМС. Системот ДМС Меридио функционира класифицирано и се користи во секторот за комуникација, контрола, команда и компјутери при Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија.

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Пpоектвотек„АРМ–Мојвистинскидом“.Од страна на Министерството за одбрана е изработен динамичен план за реализација на проектот, а истиот е донесен од страна на Владата на Република Македонија. Отпочнато е со процесот на изработка на планска и проектна документација за изградба на станови во Скопје, еднособни (35 м2), двособни (55 м2) и трособни (70 м2) лоцирани кај касарната Илинден, за 515 припадници на Армијата, согласно со конкурсот и рангирањето на заинтересираните војници и старешини. Во завршна фаза се преговори со банките за обезбедување кредити, при што се дефинираат условите за износот на учеството кој ќе го плаќаат корисниците на кредитот, рокот на отплата на главнината, износот на каматата и должината на грејс-периодот.

• Логистичко-информатичкисистем(ЛИС)иГлобаленкомуникацискиинформатичкиСистем(ГКИС).Започната е имплементација на Логистичко-информатички систем (ЛИС) и Географско–комуникациски информатички систем (ГКИС). По завршувањето на трансформацијата на АРМ и систематизацијата на Министерството за одбрана, ќе се продолжи со имплементација на овој проект.

• ДоизградбанарегионалниотЦентарзаобукавозимскиусловинаПоповаШапкаикапацитетитезаспортирекреација во Св. Наум и во Крушино. Во тек е реализација на проектите во Св. Наум во Охрид и на Попова Шапка.

Page 158: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

158

www.vmro-dpmne.org.mk

Започната е реализацијата на проектот во Крушино, а во моментов се води имотно-правна постапка. По завршувањето на постапката ќе се продолжи со реализација на овој проект.

• Проект„Лепеза“.Во јануари 2014 година е потпишан Договор за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Министерството за одбрана на Кралството Норвешка во доменот на спроведувањето на Програмата за транзиција на воениот и цивилниот персонал по престанокот на службата во АРМ.

Оваа активност е контуниран проект на Министерството за одбрана и се спроведува на годишно ниво.

• Продолжувамевоконтинуитетсоактивностите заотворениденовисоединицитенаАРМ,активностисоприпадниците на гардата и воениот оркестар. Овој проект на Министерството за одбрана и на Армијата на Република се спроведува континуирано и ќе се продолжи со негова реализиција и тоа со организирање на концерти на Воениот оркестар низ градовите во Република Македонија како и традиционален предновогодишен концерт во Домот на АРМ во Скопје, настапи и презентации на гардистите на АРМ истакнувајќи ги нивните вештини и способности, како и отворени денови на единиците на Армијата согласно со одбележувањето на датумите на нивното формирање.

• Проект„Активнарезерва“.Поради големината и комплексноста на овој проект, во моментов се работи на измени и дополнувањаа на законски акти и донесување на подзаконска регулатива.

• Развивањенасистемотнавоеноздравство.Во тек се активности за унапредување на военото здравство, со чие завршување Република Македонија до крајот на 2014 година ќе поседува и одржува една лесна мобилна болница на ниво 2. Во досегашниот развој на подвижната болница, формирана е единицата, пополнета е со медицинска опрема и отпочнат е процесот на оценувањето на единицата. Во октомври 2013 година, Лесната подвижна болница помина низ процесот на самооценување – ниво 2. НАТО-оценувањето за ниво 2 е планирано за април 2014 година.

НЕВЕТЕНO – ОСТВАРЕНO

• Целосно решавање на статусот на сегашните и на поранешните професионални војници. Донесени се измените и дополнувањата на Законот за служба во армијата на Република Македонија со кои целосно им се решава работниот статус на професионалните војници, на кои им престанал договорот по основа на навршени 45 години, со нивно трајно вработување во сродните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Шумската полиција и други институции. Покрај ова, донесени се и измените и дополнувањата на законот кои ги опфаќаат поранешните професионални војници кои ја напуштиле Армијата на Република Македонија по основа на старосна граница, а заклучно со 31.12.2013 година во Агенцијата за вработување на Република Македонија се водат како невработени лица. Работниот статус на овие професионални војници ќе им биде решен почнувајќи од мај 2014 година.

• Прераснување на Регионалниот тренинг-центар за комуникации во Центар на Партнерството за мир.Регионалниот тренинг-центар за комуникации кој е во рамки на Министерството за одбрана прерасна во ПзМ (Партнерство за мир) Центар за обука при НАТО, што подразбира прераснување во Партнерски центар за обука и едукација за сите земји-членки на партнерството за мир. Со ова, Република Македонија стана 26. земја која има ваков центар, а со самото тоа се отвори можност за унапредување на соработката со другите земји-членки на ПзМ. Истовремено, овој центар е прв од областа на односи со јавноста во мрежата на партнерски центри за едукација на НАТО.

Page 159: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

159

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

НАДВОРЕШНи РАБОТи и ЕВРОПСки иНТЕГРАции

Page 160: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

160

www.vmro-dpmne.org.mk

ПРиСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛикА МАкЕДОНијА ВО ЕВРОПСкАТА УНијА

Пристапувањето на Република Македонија во Европската унија е јасен и недвосмислено изразен стратешки интерес и приоритетна цел на политиката на ВМРО -ДПМНЕ. Тоа ги одразува општите заложби на македонското општество за заедничка иднина со земјите-членки на Унијата.

Во периодот 2011–2014 година беа постигнати следните резултати:

- Воспоставен е Пристапниот дијалог на високо ниво како специјална форма на дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија, а истовремено и алатка за забрзување и продлабочување на реформите во одредени приоритетни области;

- Успешно спроведување на процесот на визната либерализација;

- Исполнување на условите за почеток на преговорите и неколкупати потврдена препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ. Европската комисија препорача преговори за членство на Македонија во ЕУ во 2011, 2012 и во 2013 година врз основа на исполнети критериуми;

- Успешно искористување на средствата од ИПА и билатерална и мултилатерална странска помош;

- Подготовки на Република Македонија за ИПА 2;

- Непречено спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и Предлог-одлука на Европската комисија за отпочнување на втората фаза на ССА. Влеговме во десеттиот циклус на САА и очекуваме влез во 2 (втора) фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација;

- Подготвеност на Република Македонија за отпочнување на преговорите и добивање на конечен датум за нивен почеток;

- Воспоставена оперативна структура за преговори;

- Засилен состав на Мисијата на Република Македонија во Брисел.

Генералната оценка е дека Република Македонија ги исполни политичките и економските критериуми и стекна способност да се преземат обврските од членството во ЕУ.

• ВоспоставенеПристапниот дијалог на високо ниво како специјална форма на дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија. Дијалогот внесе дополнителна динамика во реформскиот процес за пристапување кон Европската унија преку зајакнување на довербата и зголемување на европската перспектива на земјата, а истиот е фокусиран на клучните предизвици во следните 5 области: слобода на изразување во медиумите, владеење на правото, реформа на јавната администрација, изборна реформа и/како и зајакнување на пазарната економија. Досега се одржани четири состаноци на пристапниот дијалог и реализирани се голем број мерки за постигнување повисоки стандарди во овие области.

• Успешноспроведувањенадобиената визна либерализација. Согласно со напредокот на земјата во делот на правдата, слободата и безбедноста и исполнувањето на одредниците во рамките на дијалогот за визна либерализација, со Одлука на Советот на министри на земјите-членки на ЕУ беше укинат визниот режим за Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија стигнаа до долгопосакуваната цел. Визната либерализација е резултат на исполнување на главните обврски. Република Македонија е единствена земја во Западен Балкан која има усвоено легислатива за примена на методологија за вршење на ревизија на заштита на личните податоци, со која се издигна приватноста на граѓаните на највисоко ниво. Република Македонија беше лидер од земјите во регионот со преземањето мерки за спречување злоупотреби на визната либерализација кои го демонстрираа административниот и политичкиот капацитет на надлежните институции.

• ПрепораканаЕвропскатакомисија започетокнапреговорите запристапувањеконЕУвоИзвештаите за2011, 2012 и 2013 година. Согласно со остварениот напредок на Република Македонија во усогласување со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, напредокот во исполнување на политичките и економските критериуми, усогласување со европското законодавство како и напредокот во однос на сите области на преговори, Европската комисија по петти пат препорача почеток на преговорите за полноправно членство на Република Македонија со Европската унија. Како резултат на целокупниот ангажман на Владата на Република

Page 161: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

161

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Македонија, во периодот 2011-2014 година донесени се вкупно 100 закони (заклучно со првиот квартал од 2014 г.) и близу 440 подзаконски акти со европски предзнак. Забележан е континуиран напредок во сите области (политичките и економските критериуми и во сите поглавја на преговори) без исклучок.

• ВладатанаРепубликаМакедонијаредовнонагодишнонивоусвојувагодишнаНационалнапрограма,пришто завршен е осмиот циклус на НПАА, а започна деветтиот циклус, како национален одговор на Годишните извештаи на ЕК и на неделна основа ја следи нејзината имплементација. Во периодот од 2011 до 2014 заокружени се 4 циклуси на ревизија на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

• Успешно искористување на средствата одИПАи останатата донаторска помош.Донаторската помош во најголем обем беше насочена кон следните сектори:

- добро владеење и граѓанско општество,

- животна средина и транспорт,

- социјална инфраструктура, вклучувајќи здравство и други услуги,

- образование,

- земјоделство.

Воспоставена е структура за ефективно и ефикасно искористување на фондовите на ЕУ, подготовка на квалитетни проектни апликации со ангажман на преку 400 лица од редот на администрацијата.

Во периодот од 2011, заклучно со март 2014 година, Република Македонија обезбеди донаторска помош во форма на неповратни грантови. Заклучно со март 2014 година, потпишани се повеќе спогодби за финансирање во рамките на помошта од ЕУ во вкупна вредност од 564.085.811 евра. Со проектите се обезбеди значајна поддршка во натамошното јакнење на капацитетите на институциите на централно и на локално ниво, на граѓанското општество и се финансираа повеќе стратешки инфраструктурни проекти.

Во рамки на билатерална помош, реализирани се повеќе проекти со несебична поддршка на владите на Република Словенија, Кралството Норвешка, Швајцарија, Народна Република Кина, Јапонија и други донатори од Европа и светот.

• РедовендијалогсоЕвропскатакомисија,непреченоспроведувањенаССАиПредлог-одлукатанаЕвропскатакомисија за отпочнување на втората фаза на ССА – како рамка за политички дијалог во изминатите години се одржаа редовни состаноци на Советот за стабилизација и асоцијација, Комитетот за стабилизација и асоцијација и на сите поткомитети. Оваа година се заокружува десеттиот циклус на редовни состаноци со ЕК. Во согласност со членот 5 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), во октомври 2009 година, Европската комисија потврди дека сите критериуми утврдени во првата фаза на ССА се исполнети и даде предлог за преминување во втората фаза на оваа спогодба, односно во фазата на асоцијација.

Подготвеност на Република Македонија за отпочнување на преговорите. Со добивањето на позитивни извештаи од ЕК за 2011, 2012 и за 2013 година за постигнатиот напредок на Република Македонија, се доби директно признание дека е земјата подготвена за почеток на преговорите.

Page 162: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

162

www.vmro-dpmne.org.mk

ОСТАНАТИ РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

• Организирање трибини и дебати на теми посветени на процесот за пристапување во ЕУ со невладини организации, бизнис-заедницата и со универзитетите.

• Потпишан Меморандум за соработка со универзитетите во Република Македонија.

• Со цел јакнење на институционалните капацитети во процесот на европска интеграција, а во насока на ефикасно спроведување на реформите за членство во ЕУ, во јуни 2011 година е етаблиран и формиран Центарот за обука на СЕП, а во февруари 2012 година беше официјално промовиран и ставен во функција. Во периодот од 2011 до 2013 обучено е вкупно 1.791 лице од административните структури од централно и локално ниво.

• Доделени се стипендии за постдипломски студии од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ во странство. Во периодот од 2011 до 2013 беа доделени вкупно 10 стипендии за постдипломски во странство.

• Во текот на 2011-2012 беа доделени стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ за универзитети во Република Македонија на 22 државни службеници.

• Потпишан Меморандум за преземање на софтверски систем ТРАДОС. Со оваа активност се остварија долгогодишните напори за воспоставување на солидна техничка основа за изработка на македонската верзија на правните акти на Европската унија, кој е многу важен аспект на процесот на европска интеграција. Софтверот претставува најново и сеопфатно решение во однос на преведувањето, ревизијата и терминологијата во овој домен, со што се остварени основните предуслови за обезбедување на постојаност и квалитет на преведените правни акти на Европската унија.

• ЕУРОВОК – поимник на Европската унија на македонски јазик. Оваа интернетска платформа им дава можност на корисниците да го пребаруваат и да го преземаат поимникот Евровок и да пристапат до корисни информации за Европската унија и кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ. На 31 мај 2013 г., Скопје, се промовираше македонската верзија на ЕВРОВОК, повеќејазичен тезаурус на ЕУ, а исто така се промовираше и неговата Интернетска платформа http://eurovoc.mk/.

• Континуиран превод на правото на Европска унија - заклучно со декември 2013 г. вкупниот број на преведени правни акти на ЕУ изнесува 7.942 или 85.331 страница од Службениот весник на Европската унија.

Page 163: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

163

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

НАДВОРЕШНи РАБОТи, ДиПЛОМАТијА и ГРиЖА ЗА МАкЕДОНСкиТЕ ЗАЕДНици ВО СТРАНСТВО

Во периодот август 2011-април 2014, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на заложбите наведени во Манифестот за реформи и развој, ги постигна следните резултати:

• На 5 декември 2011, врз основа на поднесената Апликација против Грција за кршење на член 11 од Времената спогодба од 1995 од страна на Република Македонија, Меѓународниот суд на правдата јасно и недвосмислено утврди дека Грција, со своето однесување пред и за време на Самитот на НАТО во Букурешт, одржан во април 2008, ја прекрши својата обврска да не приговара на членството на Република Македонија во меѓународните мултилатерални и регионални организации и институции во кои е таа членка;

• На 12 ноември 2013 со вкупно 177 гласови во Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации, Република Македонија беше избрана за член во Советот за човекови права на Организацијата на Обединетите нации, за периодот 1 јануари 2014 – 31 декември 2016. Членството во ова тело претставува признание за постигнувањата на Република Македонија во областа на промоцијата и заштитата на човековите права;

• Ја организиравме Конференцијата „20 години независна Република Македонија – постигнувања и перспективи на современата македонска држава“, по повод одбележувањето на 8 Септември и 20-годишнината од независноста на Република Македонија. На конференцијата учествуваа истакнати Македонци од дијаспората;

• Ги инициравме измените на Законот за надворешни работи, согласно со кои го воведовме системот на кариера за дипломатите во Министерството за надворешни работи, кој го замени досегашниот систем на работни места;

• Воведовме нов јавен и транспарентен начин на избор на шефови на дипломатски и конзуларни претставништва, односно амбасадори и генерални конзули, преку објавување на јавен повик за пројавување на интерес за овие позиции;

• Во октомври 2013, во насока на рационализација на сопственото работење, започнавме да го применуваме системот за управување со квалитет и процедурите на ИСО-стандардот 9001:2008 во работата на Министерството за надворешни работи;

• Формиравме Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика, како дел од организационата структура на Министерството за надворешни работи, со што се вброивме во земјите кои имаат професионални институти за сеопфатни истражувања во областа на меѓународните односи кои истовремено даваат свој придонес во оформување на државните ставови по однос на актуелни меѓународни предизвици и случувања;

• За време на претседавањето на Република Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во периодот јуни 2012 - јуни 2013, го организиравме формалниот состанок на ниво на министри за надворешни работи во Охрид, на којшто беа усвоени завршните документи на македонското претседавање, односно Охридската изјава и заедничката изјава со мотото „Солидарност во акција“;

• Во рамките на активностите на Дипломатската академија во Министерството за надворешни работи, беше потпишан Меморандум за соработка со Министерството за надворешни работи на Велика Британија и Северна Ирска за поддршка на Министерството за надворешни работи во реализацијата на проектот „Градење на капацитетите на кадарот на МНР на Република Македонија“, како и Договор за соработка со Амбасадата на Француската Република во Република Македонија, со кој се предвидува одржување на специјализирани обуки за вработените во Министерството за надворешни работи од страна на француското Министерство за надворешни работи и француската Национална школа за администрација (ENA);

• Започнавме постапка за отворање на нови амбасади на Република Македонија во Јапонија, Казахстан, Бразил и во Обединетите Арапски Емирати, односно во Токио, Астана, Бразилија и Абу Даби;

• Воспоставивме практика на тематски состаноци со заедницата на Почесни конзули на странски земји во Македонија;

• Воспоставивме практика на економска промоција на капацитетите и поттикнување на бизнис-соработка во Македонија за Дипломатскиот кор;

Page 164: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

164

www.vmro-dpmne.org.mk

• Воспоставивме практика на одржување на годишни средби со почесните конзули на Република Македонија во странство, со коишто се воведува нов начин на комуникација, согледување на нивните активности за промоција на Република Македонија и добивање на насоки на идните нивни активности;

• Заедно со Министерството за образование и наука, во периодот 2011-2014, доделивме 151 стипендија за Македонци од земјите од Југоисточна Европа за студирање на додипломски студии на државните високообразовни институции во Македонија, односно 41 стипендија во учебната 2011/12, 58 во учебната 2012/13 и 52 во учебната 2013/2014

• Во периодот 2011-2014 во континуитет ги поддржувавме проектните иницијативи на македонските здруженија и заедници во соседството и дијаспората кои имаат за цел изучување на македонскиот јазик во средините каде што истиот не е вклучен во образовниот процес, поддршката на пишаните и електронските медиуми на македонски јазик, издаваштвото на македонски јазик, како и промоцијата на македонскиот фолклор и култура. Во овој период поддржавме вкупно 98 вакви проекти, односно 21 проект во 2011, 24 проекти во 2012 и 53 проекти во 2013;

• Согласно со Акцискиот план на Министерството за надворешни работи за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатско–конзуларните претставништва на Република Македонија во 2013, вкупно 2.457 македонски државјани во европските земји и 1.822 во прекуокеанските земји поднеле барања за обновување на македонските патни исправи;

• Во рамките на проектот „Далеку, а блиску“, содржан во Програмата на Владата на Република Македонија, во 2012 и во 2013 организиравме два летни кампови по македонски јазик за деца од училишна возраст, припадници на македонските заедници во соседните држави. На истите учествуваа вкупно 56 ученици и 8 воспитувачи – Македонци од Р. Албанија, Р. Бугарија, Р. Србија и Р. Косово;

• Во континуитет ја подржувавме реализацијата на проектот „Учи македонски онлајн“ и, заклучно со крајот на 2013 можноста за изучување на македонскиот јазик со примена на новите достигнувања на информатичката технологија стана достапна за Македонците кои живеат надвор од Република Македонија;

• Во 2013 поддржавме повеќе проекти за отворање на културни катчиња во повеќе населени места со значителна концентрација на етнички Македонци. Овие катчиња треба да прераснат во центри за организирање на разни образовни и културни активности, од кои најзначајно е одржувањето на курсеви по македонски јазик. Такви катчиња се отворени во Лесковац, Лондон, Крајова, Прага, Бања Лука, Сараево, Јабука, Корча, Тирана, Билишта, како и во селата во областите Голо Брдо и Гора во Албанија;

• Согласно со Спогодбата со Република Албанија за отворање на заеднички граничен премин Џепиште – Требиште, во мај 2013 беше отворен овој премин за пешаци, и со тоа се олесни комуникацијата на Македонците од етно-историскиот реон Голо Брдо во Република Албанија со Република Македонија;

• Со цел поттикнување на научна расправа за разните аспекти поврзани со грчкото оспорување на уставното име на Република Македонија и неизбежното влијание на истото врз македонскиот идентитет, ја поддржавме реализација на збирка на академски текстови од еминентни странски и домашни автори со меѓународно-правни, политиколошки, културолошки и историски анализи на оваа тема;

• Министерството за надворешни работи продолжи со реализација на заложбите утврдени во Собраниската резолуција за бегалците од воените дејства во Република Грција за време на Граѓанската и на Втората светска војна, односно ги поддржува активностите за остварување на нивните граѓански права, пред сè враќање на одземените државјанства, реституција на конфискуваните имоти, како и укинување на забраните за влез во Грција на дел од граѓаните на Република Македонија родени во населените места во Северна Грција.

Во периодот од 2006 година до денес ги зголемивме најниските пензии за 76%, а просечните пензии за 62%, социјалната помош за 47%, постојаната парична помош за 46%, еднократната парична помош за деца без родители и родителска грижа што по полнолетството ја напуштиле установата или згрижувачкото семејство ја зголемивме за 9 пати (од 20 илјади денари на 180 илјади денари).

За првпат во историјата на независна Македонија, по 20 години преговори помеѓу социјалните партнери, се постигна договор за утврдување на минимална плата. Законот за минимална плата започна да се применува од јануари 2012 година и истата беше утврдена во износ од 8.050 денари во нето-износ.

Page 165: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

165

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

МАкЕДОНијА ЗЕМјА НА ЕДНАкВи МОЖНОСТи

Page 166: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

166

www.vmro-dpmne.org.mk

Во 2013 година состојбите на пазарот на труд се позитивни. Стапката на невработеност во К4 2013 година се намали на 28,6% што претставува најниска стапка на невработеност од 1996 година откако се спроведува Анкетата на работна сила. Исто така, стапката на вработеност во К4 2013 година изнесува 40,9% што е исто така највисока стапка од 1996 година. Вкупниот број вработени лица, согласно со последните расположиви податоци изнесува 685.479 лица, што претставува зголемување од 119.186 лица во однос на 2006 година.

Во периодот од 2007 до 2013 година само преку различни активни програми и мерки за вработување опфатени се вкупно 54.958 невработени лица и се постигнати 30.524 вработувања.

Со закон се утврди право на материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 7 април 2000 до 31 декември 2013 година. Со ова решение ќе бидат материјално обезбедени околу 3.000 невработени лица кои останале невработени од државни фирми или пак фирми во доминантна државна сопственост и по 2004 година. Овие лица ќе добијат паричен надоместок во висина од најмалку 7.100 денари, односно 34% од просечната плата исплатена за минатата година плус здравствено осигурување.

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

ПЕНЗиСкО и иНВАЛиДСкО ОСиГУРУВАЊЕ

• Исплата и зголемување на пензии. Еден од нашите најголеми приоритети е обезбедување на социјална сигурност на корисниците на пензија преку зголемувањето на пензиите и редовната исплата на истите. Со зголемувањето на февруарските пензии за 5% сметано со мартовската исплата, во 2014 просечната пензија за февруари 2014 година ќе изнесува 12.445 денари што претставува зголемување за 62% споредено со просечната пензија во 2006 година.

Најнискиот износ на пензија од 2006 година до 2014 година cо усогласувањето од 5% во 2014 година сè зголеми за 76%. Со усогласувањето од 5% во 2014 година највисокиот износ на пензија од 2006 година до 2014 година се зголеми за 31%.

Македонија е една од ретките земји која не ја зголеми старосната граница за пензионирање и која и во услови на економска криза и рецесија, кога голем број од земјите во регионот и Европа го намалија износот на пензијата, го зголемува износот на пензијата.

• Социјална сигурност на индивидуалните земјоделци. Во 2011 година донесовме измена и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со која овозможивме докуп на 5 години стаж на земјоделците кои не можат да го обезбедат минималниот стаж за пензија.

• Бањско-климатска рекреација. Во рамките на активностите за обезбедување социјална заштита и социјална сигурност на старите лица во изминатите три години го реализираме Проектот „Бањскоклиматска рекреација

Page 167: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

167

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на корисници на пензија“. Проектот започна да се имплементира од 2010 година и заклучно со 2013 година услугите од овој проект го искористија 22.155 корисници на пензија. Проектот продолжува и во 2014 година, а ќе се опфатат дополнителни 5.500 корисници на пензија. Услугата на бањско-климатска рекреација опфаќа: 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз. Лицата корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице како и лицата кои користат додаток за мобилност и слепило имаат право на придружник за време на користењето на услугата бањско-климатска рекреација.

• Договори за социјално осигурување. Во изминатиот период склучени се договори за социјално осигурување со следните земји: Австралија, Црна Гора, Канада, Косово, а потпишан е договор за изменување и дополнување на Договорот со Словенија. Договори кои се парафирани, а се чека нивно потпишување се договорите со Унгарија и со Италија. Покренати се постапки за склучување на договори во 2012 и во 2013 година со Франција, Словачка и со Шведска.

• Втор и трет пензиски столб. Резултатите од досегашниот период на функционирање на вториот пензиски столб покажуваат успех и раст на фондовите и во број на членови и во средства со кои управуваат. Задолжителните фондови заклучно со декември 2013 година имаат повеќе од 350.040 членови и нето-средства во висина од 26 милијарди и 800 денари или 435 милиони евра. Во третиот пензиски столб има зачленето над 18.525 лица и нето-средства во висина од околу 318.300 милиони денари или 5 милиони евра.

• Подобрување на системот и заштита на интересите на членовите на вториот и на третиот пензиски столб. За воспоставување на оперативна независност на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (МАПАС), во 2012 година усвоивме законски измени со кои се промени поставеноста на Агенцијата, односно нејзиниот статус и се воспостави целосна институционална независност. Со цел заштита на интересите на членовите започнавме со намалување на висината на надоместоците. Надоместокот од придонеси започна континуирано да се намалува почнувајќи од 2008 година, со што за членот остануваат повеќе средства на неговата лична сметка. На почетокот на 2012 година се заокружи правната рамка на реформираниот пензиски систем преку усвојување на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано осигурување.

ПАЗАР НА ТРУД

• Оперативен план за активни програми и мерки за вработување. Активните програми и мерки за вработување од 2007 година се имплементираа преку оперативните планови за активни програми за вработување кои имаат за цел намалување на невработеноста, подобрување на вработливоста на невработените лица и јакнење на конкурентноста на економијата. Во периодот од 2007 до 2013 година преку различни активни програми и мерки за вработување опфатени се вкупно 54.958 невработени лица и се постигнати вкупно 30.524 вработувања.

• Програма за самовработување. Целта на програмата е намалување на невработеноста преку започнување на сопствени бизниси. За реализација на секое самовработување се обезбедува поддршка со неповратни средства во висина на 201.897 денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали. Вкупниот број учесници само во оваа програма изнесува 5.806 лица и заклучно со 2013 година 5.798 лица се директно вработени.

• Обука за напредни ИТ-вештини. Обуките се реализира преку лиценцирани обучувачки центри, избрани по пат на оглас. На крајот на обуката, лицата добиваат уверение за завршена обука и полагаат завршни испити за здобивање со сертификат од посетуваните обуки. Програмата започна со реализација во 2010 година и оттогаш до 2013 година во програмата учествувале 323 лица и се постигнати 183 вработувања.

• Практиканство. Целта на оваа програма е зголемување на вработливоста кај млади невработени лица до 29-годишна возраст. За спроведување на оваа програма се исплаќаа по 6.200 денари месечно за лице, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување во период од 3 месеци. Со оваа програма во периодот 2007 до 2013 година се опфатени 1.295 лица, а 759 лица се вработени.

Page 168: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

168

www.vmro-dpmne.org.mk

• Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот. Мерката започна со реализација во 2008 година како пилот-мерка и во континуитет се реализира. Обуката се реализира во период од 3 месеци во установи и/или институции. По завршување на обуката, кандидатите изведуваат практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Вкупниот број учесници од почеток на реализација на мерката изнесува 1.399 лица, 1.036 лица успешно ја завршиле програмата и заклучно со 2013 година, 491 лице се вработени.

• Обука за општи вештини (јазици и компјутери). Со обуките за компјутери невработените лица се стекнуваат со вештини за работа со пакетот за канцелариско работење на Мајкрософт (MS Office) и со Интернет. Програмата започна со реализација во 2007 година и од 2007 до 2012 година во програмата учествувале 11.621 лица и се постигнати 4.604 вработувања.

• Дисперзирани канцеларии на центрите за вработување. Со цел приближување на услугите и олеснување на пристапот до Агенцијата за вработување на Република Македонија во изминатиот период се отворија нови 10 дисперзирани канцеларии за вработување и тоа во Македонска Каменица, Пехчево, Демир Капија, Лозово, Ростуше, Градско, Јегуновце, Липково, Драчево и во Илинден. Канцелариите ги опфаќаат истите услуги што ги даваат центрите за вработување.

• Стратегија за вработување на РМ 2015. Во 2011 Владата ја донесе Стратегијата за вработување во која се опфатени политиките за вработување кои ќе придонесат за креирање на работни места и намалување на невработеноста.

• Унапредување на социјалниот дијалог. Развојот на социјалниот дијалог во Република Македонија продолжи преку потпишување на новата Спогодба за основање на Економско-социјалниот совет на 25.08.2010. Од 2011 година, ЕСС одржа 22 седници на кои се разгледуваа прашања од економско-социјалната сфера и работно-правната положба на работниците, како и иницијативи и меѓународни конвенции од областа на трудот и работното право. Покрај на централно ниво, социјалниот дијалог се воспостави и на локално ниво, преку формирање на економско-социјални совети во неколку општини и тоа во 7 општини, а во тек се активности за отворање на дополнителни совети на локално ниво.

• Ратификувани конвенции. Во последните четири години, Република Македонија ги има ратификувано следните 8 конвенции усвоени од Меѓународната конференција на трудот, и тоа: Конвенцијата за трудовите клаузули во јавните договори, Конвенција за заштита на мајчинството, Конвенција за работа дома, Конвенција за приватните агенции за вработување, Конвенција за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа, Конвенција за трудовата администрација, Конвенција за работните односи во јавните служби, Конвенција за колективно договарање.

ЗАШТиТА НА ДЕцАТА

• Опремување со логички игри во детските градинки. Логичките игри и сложувалки влијаат врз развојот и оформувањето на една добра, квалитетна и комплексна детска личност. Преку нив им се помага на децата да го развијат кај себе логичкото мислење и законите на логичкото мислење. Во 2012 и во 2013 година со логички игри опремени се 583 групи во јавни општински детски градинки.

СОцијАЛНА СиГУРНОСТ и ЗАШТиТА

• Програма за условен паричен надоместок за средно образование. Во насока на овозможување на што поголемо вклучување и продолжување на средното образование на децата од домаќинства-корисници на социјална парична помош, и создавање услови за нивно полесно вклучување на пазарот на трудот, сметано од учебната 2010/2011 година се донесе Програма за условен паричен надоместок за средно образование. Овие програми се носат во континуитет за секоја наредна учебна година, така што во моментов се спроведува Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2013/2014 година. Годишно, со овие програми во просек се опфаќаат по 10.000 ученици, кои добиваат по 12.000 денари годишно.

• Субвенционирање на потрошувачката на енергија. Заради намалување на енергетската сиромаштија

Page 169: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

169

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

за корисниците на социјалната парична помош и корисниците на постојана парична помош се воведе субвенционирање на потрошувачката на енергија од 1 септември 2010 година, во висина од 600 денари. Со цел за амортизирање на влијанието од зголемените цени на енергенсите, висината на субвенцијата се зголеми на 700 денари од 1 август 2012 година, што преставува зголемување од 17% во однос на претходниот износ.

• Отворање на нови дисперзирани одделенија во центрите за социјална работа. Презедовме конкретни мерки за поголема достапност на социјалната работа до сите граѓани, особено до оние кои живеат во рурални средини и во населени места кои се надвор од седиштето на центарот за социјална работа. За оваа цел, се реализираше Акциски план за отворање на нови дисперзирани одделенија во центрите за социјална работа, така што заклучно со декември 2013 година се отворија 14 нови организациони единици, во согласност со направената анализа на потребите на граѓаните, обезбедените просторни услови и расположивиот стручен кадар. Со претходно отворените 18 подрачни одделенија за непосредна социјална работа до 2012 година, во системот на социјалната заштита се отворени вкупно 32 подрачни одделенија, како посебни организациони единици во рамките на центрите за социјална работа.

• Проект Народни кујни. За да излеземе во пресрет на потребите на старите и изнемоштени лица кои се наоѓаат во исклучително тешка социјална положба, обезбедивме по еден топол оброк за оваа група граѓани. Во насока на поддршка на најранливата категорија лица, во периодот од 2007 до 2013 година континуирано го спроведуваме проектот „Народни кујни“. Досега се отворени се 44 народни кујни, а вкупниот број на корисници изнесува 4.000 лица. Од 2007 до 2011 отворивме народни кујни во Штип, Велес, Неготино, Берово, Пехчево, Крива Паланка, Струмица, Куманово, Свети Николе, Битола, Делчево, Радовиш, Струга, Гевгелија, Кратово, Крушево, Виница, Валандово, Прилеп, Македонски Брод, Шуто Оризари, Кочани, Тетово, Бутел, Македонска Каменица, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба, Кавадарци, Дебар, Чашка, Центар, Кичево, Охрид и во Злетово. Од 2011 до 2013 отворивме народни кујни во Црник, Конче, Старо Нагоричане. Василево, Градско, Карбинци. Чешиново и во Облешево.

• Програма за патролна социјална работа. Во 2012 година ја воведовме Програмата за патролна социјална работа, во соработка со општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар. Со воведување на новиот профил на патролен социјален работник се зголеми степенот на пристап до социјалните услуги, а со тоа и се зголеми социјалната сигурност на граѓаните.

ДЕцА БЕЗ РОДиТЕЛи и РОДиТЕЛСкА ГРиЖА

За децата кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, преземени се пакет мерки за нивно социјално вклучување и материјално обезбедување.

• Паричната помош за лице кое до 18 години било дете без родители и родителска грижа во 2006 година изнесувала 3.149 денари, додека во 2012 година ова право изнесува 4.156 денари, што значи зголемување за 32%.

• За децата без родители и родителска грижа овозможено е користење на право на еднократна парична помош во висина од 180.000 денари, што преставува зголемување за 900% од претходниот износ од 20.000 денари. Ваквото решение е во насока на осамостојување на овие лица, по нивното полнолетство и напуштање на установата или згрижувачкото семејство.

• Обезбеден е паричен надоместок за студирање, магистерски и докторски студии за лица кои имале статус на дете без родители или родителска грижа во износ од 9.000 денари, доколку користи право на домување или 18.000 денари доколку не користи право на домување. Овој надоместок е зголемен во текот на 2013 година и тоа на 12.000 денари, доколку користи право на домување или 24.000 денари доколку не користи право на домување.

• Донесена е Програма за вработување на лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа (Програма Д-10). Во 2013, согласно со оваа програма вработени се 83 лица во државни и во јавни институции.

• Право на социјално домување се обезбедува за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без

Page 170: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

170

www.vmro-dpmne.org.mk

родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст.

• Ако лицето кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа е сместено во студентски дом, а е на редовно школување, користи право на парична помош за социјално домување, во висина на трошоците за сместувањето.

• На лицата, кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, им се овозможи решавање на станбеното прашање со донесување на Одлука за распределба на социјални станови. Ова право го оставриле вкупно 134 деца.

ЗАШТиТА НА ЛицА СО иНВАЛиДНОСТ

• Во 2011 година е ратификувана Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации и Факултативниот протокол кон оваа конвенција.

• Во континуитет се ажурира Акцискиот план за пристапни рампи во објекти од јавен интерес во локалните самоуправи (2011-2014) и истовремено се ажурираат податоците за контакт-лицата од сите јавни и државни институции кои што се задолжени да помогнат на лицата со инвалидност кога истите ќе се јават за некаква услуга во нивната институција.

• Во 2013 година е отворен 24 по ред Дневен центар за деца со пречки во менталниот развој во општина Кратово, за чијашто реконструкција, адаптација и опремување во Буџетот на МТСП се издвоени средства во износ од 2.815.000 денари.

ГРиЖА ЗА СТАРи ЛицА

• Во соработка со општината Пехчево започнати се подготвителни активности за изнаоѓање на приватен инвеститор за изградба на регионален дом за стари лица во општината Пехчево.

• Во 2014 година се отвори Дневен центар за стари лица во општината Гази Баба и во завршна фаза е отворањето на Дневен центар за стари лица во општината Неготино.

Дневни центри

• За унапредување на вонинституционалната форма на социјална заштита, отворени се центри за дневно и привремено сместување на лица во социјален ризик.

• Започната е адаптацијата на просторот за отворање на Дневен центар за деца на улица во општината Прилеп.

• Се отвори и Дневен центар за деца со аутизам во Скопје, како и уште еден Дневен центар за деца со интелектуална попреченост во Струмица.

• Деинституционализација. Согласно со Националната стратегија за деинституционализација во системот за социјална заштита (2008-2018), од почетокот на 2012 година, Министерството за труд и социјална политика го презеде целосното финансирање на двете служби за поддршка на домувањето во заедницата, службата во Неготино и службата во градот Скопје со вкупно 14 станбени единици за организирано живеење со поддршка, во кои организирано живеат 64 лица со попреченост во менталниот развој над 18 години.

• Стратешки документи и програми

Заради утврдување на стратешките определби за развој и унапредување на системот на социјалната заштита, донесени се следниве документи:

•Програмазаразвојнасоцијалнатазаштита2011-2021;

•Националнастратегијазастарилица2010-2020;

•Националнастратегијазанамалувањенасиромаштијатаисоцијалнатаисклученост2010-2020(ревидирана);

•Акцискипланзапревенцијаисправувањесосексуалназлоупотребанадецаипедофилија;

Page 171: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

171

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

•Националнастратегијазаизедначувањенаправатаналицатасоинвалидност2010-2018година(ревидирана);

•СтратегијазаинтеграцијанабегалциистранцивоРепубликаМакедонија2008-2015;

•Националнастратегијазадеинституционализација2008-2018;

•Националнастратегијазаспречувањеизаштитаодсемејнонасилство2012-2015.

• Соработка со здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Во 2013 година зајакната е соработката со граѓанскиот сектор од областа на социјалната заштита. Во текот на 2013 година склучени се 7 договори со здруженија на граѓани за реализација на проекти од областа на социјалната заштита и социјалната инклузија, поддржан е проект на здружение на граѓани за заштита од семејно насилство врз деца, преку кој зајакнати се капацитетите на стручните лица во детските градинки од 10 општини за превенција, рано препознавање и соодветна реакција во случај на семејно насилство врз деца. Обезбедени се 57.250.000 денари за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации.

ДЕкАДА НА РОМиТЕ

• Инклузија на деца Роми во предучилишно образование. Главната цел на проектот е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на бројот на деца Роми во предучилишните установи, една година пред поаѓање во основното образование. Од почетокот на имплементацијата заклучно со учебната 2013/2014 година во рамките на проектот опфатени се 2.000 деца Роми во предучилишното образование, од коишто 82% се запишани во основното образование. Проектните активности се имплементираат во 18 општини низ Македонија. Ангажирани се 17 негувателки во градинките каде што се вклучени ромски деца во рамки на проектот од 2006-2013 година и ангажирани се 17 ромски НВО како партнери во имплементацијата на проектот.

• Проект Ромски информативни центри. Главната задача на Ромските информативни центри е да бидат во постојана комуникација со граѓаните, навремено да ги информираат, советуваат, упатуваат и да даваат логистичка поддршка на граѓаните со цел да ги остварат своите права и обврски (од областите на социјалната заштита, вработување, здравство, домување и образование, вадење на лични документи и друго). Од јануари 2007 година до март 2011 година, функционираа 8 РИЦ во градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Куманово и Делчево. Во 2011 година е отворен РИЦ во општината Кочани и во Чаир во населбата Топаана, во 2012 година е отворен РИЦ во општината Виница, а во јули 2013 година отворен е РИЦ во Берово.

• Претседателство на Македонија со Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015. Во рамките на Претседателството на Македонија со Декадата на Ромите, реализирани се сите настани предвидени со програмата: 21 меѓународен управен комитет, преземање на Претседателството со Декадата на Ромите, Меѓународна конференција за вработување на тема Пристојна работа за Ромите, Конференција за решавање на проблемите на лица без документи и пристап до нивните права, Меѓународна конференција за ран детски развој и квалитетно образование за Ромите и Конференција за подобрување на домувањето кај Ромите.

• Регионална поддршка за подобрување на капацитетите за постигнување на реален напредок во вклучување на Ромите во општеството. Проектот се имплементира во 2013 и во 2014, а предвидува подобрување на социо-економската инклузија на Ромите во Македонија и детектирање на некои од клучните причини за социјалната исклученост на Ромите. Со проектот, во кој покрај Македонија се вклучени и уште шест земји од регионот, треба да се изврши ревизија на постојните програми за вработување, да се најдат нови модели на активни мерки за вработување на Ромите и да се направи анализа на постигнатиот прогрес во спроведувањето на националната стратегија за интеграција на Ромите.

ДЕМОГРАФСки РАЗВОј

• Стратегијата за демографски развој на РМ 2008-2015 беше усвоена од страна на Владата во текот на 2008 година и истата се ревидира за периодот 2014-2024, со цел подобро справување со демографските трендови, продолжување на мерките со долгорочен тренд на демографски развој и имплементирање на истите до 2024

Page 172: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

172

www.vmro-dpmne.org.mk

година. Со стратегијата се опфатени следните политики: миграции со акцент на младите, семејни политики и репродуктивно здравје и политики за справување со стареење на населението.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК

ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

• Поволни услови за пензионирање на рударите. Овозможивме порано остварување на правото на старосна пензија кај категоријата работници кои работат на работни места кои се изведуваат под земја и кои се прилично тешки и опасни по својата природа. Во практика ова намалување на старосната граница се однесува на: рударско-градежни работи, длабинско дупчење, истраги и техничка подготовка под земја, производство под земја и сл.

• Информираност на осигурениците. Со цел навремено и целосно запознавање на сите осигуреници за состојбата за нивниот пензиски стаж и уплатени придонеси, Фондот на ПИОМ во 2011 година започна со реализација на пилот-проект наречен „Портокалов плик, кој имаше за цел секој осигуреник да добие известување за податоците за пензискиот стаж и за плати. Преку овој пилот-проект беа информирани над 30.000 осигуреници.

• Подобрување на условите за живот на пензионерите. Во однос на подобрување на условите за живеење и престој преземаме активности насочени кон подобрување на условите за сместување и престој на корисниците на пензија во пензионерски домови. Во 2013 година се спроведуваат активности за реконструкција на пензионерските домови „Ѓорче Петров“ и „Чаир“ во Скопје.

• Посветеност на граѓаните и на нивните права од пензиското и од инвалидското осигурување. Во 2012 година ја започнавме активноста „Ден за вас“ посветена на граѓаните и нивните права од пензиското и инвалидското осигурување. Основна цел на оваа активност е осигурениците, односно работниците преку непосредни прашања со вработените од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да добијат одговори на сите прашања од пензиското и инвалидското осигурување.

• Едукација на јавноста за состојбите во вториот и во третиот пензиски столб. Во 2012 и 2013 година е спроведено истражување на јавното мислење за реформираниот пензиски систем во Република Македонија. Во втората половина на 2013 година и 2014 година започна да се реализира финансиска едукација на граѓаните на Република Македонија. Финансиската едукација се одвива во рамките на наставата во државните средни училишта и на факултетите. Во текот на првото полугодие од учебната 2013/2014 година опфатени се 30 средни училишта и три факултети.

• Изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Овозможивме скратување на роковите за донесување на решение по поднесено барање до ФПИОМ, како и заштита на правата на граѓанинот во управната постапка која се води во Фондот. Во 2012 се изврши промена во составот на Управниот одбор на Фондот за ПИОМ, кој сега го сочинуваат седум члена кои ги именува Владата на РМ. Преку ваквата структурна поставеност на Управниот одбор на Фондот ќе бидат опфатени и претставени интересите и на осигурениците и на пензионерите. Извршивме промена на дефиницијата на носители на семејно земјоделско стопанство, согласно со Законот за земјоделство и рурален развој. Се воведе нова категорија осигуреници кои ќе се опфатат со пензиско и инвалидско осигурување, а тоа се: извршен член на одбор на директори, член на управен одбор на трговско друштво, односно управител во трговско друштво.

• Измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Како можен инструмент за инвестирање на средствата од доброволните пензиски фондови се воведоа и обврзници и други должнички хартии од вредност издадени од ЕЛС. Со измената се воведе можност за инвестирање во акции издадени од акционерски друштва, кои се тргуваат на пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување. Се дозволува користење на деривативни инструменти со цел остварување на инвестициската политика доколку се работи за фондови кои ги следат перформансите на одреден индекс, но и во овој случај деривативни инструменти можат да се користат најмногу до 20%. Се воспоставува институционална независност на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Се

Page 173: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

173

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

пропишаа условите за начинот и постапката за полагање на испит за агент на пензиски фондови во насока на обезбедување потранспарентен и објективен концепт за полагање на испитот и соодветно давање на услугите.

• Закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување. Со овој закон од 2012 година се уреди начинот и видовите на исплата на пензии од вториот и од третиот пензиски столб. Со овој закон исто така се заокружи пензиската реформа од легислативен аспект.

ПАЗАР НА ТРУД

• Утврдена минимална плата со закон. За прв пат во Република Македонија со закон се утврди висината на минималната плата. Законот за минимална плата започна да се применува од јануари 2012 година и истата беше утврдена во износ од 8.050 денари во нето-износ.

• Зголемена минималната плата. Зголемување на минималната плата во Република Македонија ќе се реализира започнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година, со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10.080 денари. Од март 2014 година, минималната плата ќе се покачи од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015 минималната плата ќе изнесува 9.590 денари и од март 2016 година - 10.080 денари, а работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата.

• Зголемени плати во јавниот сектор. По зголемувањето на платите во јавниот сектор за 25% во периодот пред кризата, во Буџетот на РМ за 2014 година се обезбедија средства за зголемување на платите во јавниот сектор во износ од 5%, почнувајќи од октомвриската плата.

• Донесовме мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства, и тоа долгорочно невработени лица повеќе од десет години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани и еднородителски семејства, и лица од семејства без ниту еден вработен. На овој начин им излегуваме во пресрет на оние што се најзагрозени да бидат примени на работа и обучени и да ја обезбедат сопствената егзистенција со сопствен труд.

• 4000 лица беа ангажирани преку Програмата за јавни работи и во соработка со општините.

• Социјална сигурност на работниците што останаа без работа поради приватизацијата во Република Македонија. Со закон се утврди право на материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 7 април 2000 до 31 декември 2013 година. Со ова решение ќе бидат материјално обезбедени околу 3.000 невработени лица кои останале невработени од државни фирми или пак фирми во доминантна државна сопственост и по 2004 година. Овие лица ќе добијат паричен надоместок во висина од најмалку 7.100 денари, односно 34% од просечната плата исплатена за минатата година плус здравствено осигурување.

Page 174: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

174

www.vmro-dpmne.org.mk

Со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата кој се донесе во 2008 година се обезбеди социјална сигурност на 3.000 невработени лица на кои им престанал работниот однос по основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Оваа влада покажа и докажа дека се грижи за невработените лица, кои, не по своја вина, останаа без работа и основни средства за егзистенција.

• Ослободување од придонеси за вработување на млади лица до 29 години. Работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат невработени лица до 29-годишна возраст со полно работно време, ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. Ослободувањето се однесува на плата во износ до просечна бруто-плата за претходната година за период од 12 месеци, сметано од денот на вработувањето на лицето. Покрај ослободувањето од социјалните придонеси работодавачот е ослободен и од плаќање на персонален данок на доход за тоа лице, можност за што веќе постои законско решение. Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат: 27 % по основа на социјалните придонеси и 10% по основа на персонален данок на доход, односно вкупно ослободување од 37%. Обврска на работодавачот е да го задржи лицето на работа дополнителни 12 месеци по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување.

• Програма за субвенционирано вработување. Целта на оваа мерка е да обезбеди стимулирање на побарувачката на работна сила и вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка за секое вработено лице за бруто-плата во износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци, а за ранливите групи 17.000 денари, од кои 3.000 денари за работодавачот. Од 2007 до 2013 година во оваа програма учествувале 4.865 лица и се постигнати 4.807 вработувања.

• Финансиска поддршка за правни субјекти за отворање нови работни места во мали и средни претпријатија, занаетчии од мал обем. Програмата се реализира преку обезбедување на дополнителна поддршка во вид на материјали и/или опрема за отворање нови работни места во МСП и кај занаетчии, регистрирани најмалку една година сметано до денот на објавување на јавниот повик. Со оваа програма се обезбедува поддршка со неповратни средства во опрема или материјали во висина од 92.000 денари, за секое ново отворено работно место. Оваа програма започна да се реализира во 2010 година и во изминатиот период во истата учествуваа 364 лица и заклучно со 2013 година, 344 лица се директно вработени.

• Обука кај познат работодавач. Подготовката за вработување трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката. За време на обуката невработените лица добиваа по 5.700 денари за храна, превоз и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Во насока на зголемување на интересот кај работодавачите и поголем опфат со овој вид обука, во 2013 година се овозможи финансиска поддршка на работодавачите за време на обуката за менторство и материјални трошоци. Финансиската поддршка за работодавачот изнесува од 4.000 до 25.000 денари месечно, во зависност од бројот на учесници. Од 2007 до 2013 година во оваа програма учествувале 7.278 лица и се постигнати 6.591 вработувања.

• Поддршка за активно барање работа и професионална ориентација. Професионалната ориентација вклучува информирање за карактеристиките на занимањата, можностите за продолжување на образованието во средните и во високообразовните установи, потребите од одделни занимања, можностите за вработување и др. Од 2007 до 2013 година во оваа програма учествувале 9.745 лица и се постигнати 1.494 вработувања.

• Едукација за започнување бизнис. Програмата започна со реализација во 2008 година и во континуитет се реализира. Целта на програмата е натамошно јакнење на капацитетите на евидентираните невработени лица, преку обука и едукација на невработените лица за започнување бизнис. Вкупниот број учесници од почетокот на реализација на мерката изнесува 4.135 лица, а вработени се 1.914 лица.

• Проект за самовработување со кредитирање. Цел на проектот е на заинтересираните невработени лица кои сакаат да го легализираат својот неформален бизнис или да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат. Лицата добиваат кредит во износ од 3.000 евра по лице со грејс-период од една година и каматна стапка од 1%. Рок на враќање на

Page 175: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

175

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

кредитот е 2 години по завршување на грејс-периодот. Од 2008 до 2013 година во проектот учествувале 5.219 лица и се постигнати 3.008 вработувања.

• Проект за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места. Со проектот се стимулираат заинтересираните претпријатија да отвораат нови работни места за што се поддржани со кредит во износ од 3.000 евра по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од 3.000 евра по лице (максимум 3 лица) со грејс-период од една година и каматна стапка од 1%. Рокот на враќање на кредитот е 2 години по завршување на грејс-периодот. Проектот започна со реализација во 2013 година и се постигнати 318 вработувања.

• Веб-портал на Агенцијата за вработување на РМ (avrm.gov.mk). Во насока на зголемување на информираноста на граѓаните со можностите за вработување се отвори новиот портал, на којшто за прв пат на едно место ја имаме понудата и побарувачката и коешто во светот е познато како job market. На овој начин ќе се подобри информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање на работа. Истовремено, тој овозможува навремени информации за сите отворени работни места, број на отворени работни огласи, а секој што ќе се најави на веб-сервисот, односно којшто ќе се регистрира ќе може да добива известувања за огласите за вработувања по е-пошта и смс, со што сакаме да ги поттикнеме невработените да конкурираат, да бараат работа и да не се откажуваат.

• Форуми со работодавачи. Со проектот се одржаа форуми во 54 општини, каде што 608 работодавачи се информираат за можностите за учество во активните програми и мерки за вработување и се дискутираше за бариерите со кои се соочуваат при тековното работење во областа на трудот. Во тек е посета на останатите општини.

• Инфо-средби со млади. Со цел поголема информираност со можностите за вработување и мотивираноста на младите лица за барање на работа и (до)школување се започна реализацијата на информативните средби невработени млади лица во девет поголеми единици на локална самоуправа и во градот Скопје. На средбите се промовираат три главни теми: активните програми и мерки за вработување, мобилната апликација и отворање на инфоклубови.

• Мобилна апликација „PRV“. Министерството за труд и социјална политика подготви мобилна апликација насочена за навремено информирање на младите за слободните работни места „PRV“ (практиканство, работа и волонтирање), преку која лицата што бараат работа ќе можат да ги добиваат информациите за новите работни места, обуките, пракси и новости. Во насока на активно ажурирање на податоците од мобилната апликација се воспостави динамична врска помеѓу базата на податоци на АВРМ и мобилната апликација.

• Мотивациони обуки. Во насока на мотивирање на невработените регистрирани лица за барање работа и запознавање со можностите на пазарот на трудот, во 2013 година со мотивирачки обуки се опфатија над 5.000 невработени лица, кои се невработени повеќе од 10 години.

• Акциски план за вработување 2011-2013 година. За реализирање на стратегиските цели се донесе Акцискиот план за вработување 2011-2013 година, со кој се опфатени активностите за намалување на невработеноста со конкретни рокови, надлежни институции и финансиски средства.

• Национален акциски план за вработување на млади за периодот до 2015 година. Со поддршка на ИЛО во 2013 година се подготви акциски план за вработување на млади за периодот до 2015.

• Акцискиот план за намалување на сивата економија за 2013 и за 2014 година. Во насока на намалување на сивата економија во 2013 година се реализираше Акцискиот план за намалување на сивата економија.

• Неплатено родителско отсуство. Во насока на подобрување на положбата на работничката преку Законот за работните односи се утврди ново, дополнително право на неплатено родителско отсуство. Работничката ова право може да го користи по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, во временски период до три месеци, до навршување на тригодишна возраст на детето, за што е обезбедено здравствено осигурување.

• Измена на законска регулатива за подобрување на положбата на работниците. Со измените на Законот за работните односи во 2011 година се создаде можност за трансформирање на работен однос од определено на неопределено време и по истекот на две години од договорот за вработување на определено време. Во

Page 176: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

176

www.vmro-dpmne.org.mk

2012 година во насока на заштита на работникот во случај на негова неспособност за работа поради повреди настанати заради необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот, а надоместокот за боледување е на товар на работодавачот и за период над 30 дена.

Во 2013 година се воспостави забрана на дискриминацијата на работничките поради бременост, раѓање и родителство и се забрани работодавачот да го откаже договорот за вработување за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и спреченост за нега на дете до тригодишна возраст. Се овозможи флексибилност на сезонските вработувања, односно преку законска основа за вршење на сезонска работа да може да се заснова работен однос и без јавно огласување, но најмногу до 90 дена.

• Субвенционирање на работодавачите за вработување на невработени лица корисници на социјална парична помош. Во насока на стимулирање на работодавачите од приватен сектор да вработуваат невработени лица, корисници на социјална парична помош, државата обезбедува субвенција во висина од 80% од висината на социјалната парична помош. За вработените лица по оваа основа, се гарантира исплата на минимална плата за период од 24 месеци со обврска работодавачот да го задржи на работа уште дополнителни 24 месеци.

• Пристап на невработените лица на пазарот на трудот преку промена на евиденцијата на невработени лица. Со цел подобрување на евиденција на невработените лица и насочување на средствата и мерките за вработување кон лицата кои активно бараат работа, како и потребите на работодавачите за работници, во 2012 година се воспоставија две евиденции на невработените лица и тоа евиденција на невработени лица - активни баратели на работа и евиденција на другите лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување - пасивни баратели на работа.

• Агенции за привремени вработувања. За подобрување на работењето на агенциите за привремени вработувања, а со цел спречување на злоупотреби и поголема заштита на вработените – отстапени работници, се направија измени на Законот за агенциите за привремени вработувања во 2013 година. Преку овие измени прецизно се уредуваат условите кои треба да ги исполнуваат основачите на ваквите агенции, минималните просторни, кадровски и технички услови за основање на агенција според типот на лиценцата која се бара и начинот т.е. постапката за основање.

• Уредување на европски работнички совети. Во 2012 се донесе Законот за европски работнички совети преку кои транспонираше Директивата на Европскиот парламент и на Советот за воведување на европски работнички совет. Со овој закон уредуваат прашањата во врска со основањето на европски работнички совет или утврдување на постапка за информирање и консултирање на вработените кои работат во друштва, нивни подружници и групации на друштва на ниво на Европската унија, кога одлуките што се однесуваат на вработените се донесуваат во земја-членка на Европската унија, која не е земјата-членка во којашто се вработени.

• Заштита на работниците од вознемирување на работно место (мобинг). Во 2013 година се воспостави законски механизам за спречување и отстранување на случаите на психичко вознемирување на работно место. Се обезбеди целосна правна рамка во однос на правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко вознемирување на работно место, како и мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот и во судска постапка.

• Дефиниран модел на мирно решавање на работни спорови. Со измените на Законот за мирно решавање на работни спорови во 2014 година се утврди нов модел за мирно решавање на споровите, со учество на надворешни лиценцирани помирувачи и арбитри. Новиот модел ќе обезбеди побрзо остварување на правата од работен однос без иницирање на судски постапки, намалување на бројот на судските постапки кај трудовите спорови и намалување на трошоците во судската постапка.

• Транспарентност во упатување на работници во други држави. Во 2012 година донесовме Закон за условите и начинот на упатување на работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи. На транспарентен начин се уреди распределбата на квотата утврдена од други држави за изведување на проектни договори од друга држава.

Page 177: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

177

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Закон за вработување и работа на странци. Во насока на привлекување на странски инвестиции државата на неколку наврати преку законски измени се излезе во пресрет на потребите на работодавачите за ангажирање на странски лица со цел олеснување на процедурите и овозможување на брз и ефикасен начин на реализација на потребите на компаниите.

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

• Зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Во изминатиот период особено внимание се посвети на зголемување на капацитети за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови објекти наменети за детски градинки и адаптација на просторот за отворање групи во други просторни услови, односно градинки во рурални средини.

Во периодот 2011-2012 година формирана е група во други просторни услови во с. Црник - Пехчево, започна со работа новоизградениот објект Пампурче во Новоселски пат - во Ѓорче Петров, отворена е група во други просторни услови во Радовиш во с. Калуѓерица, отворена е градинката во Чешиново Облешево.

Во 2013 година отворени се градинките: Сонце -Аеродром, Sуница, Драчево и Морковче во Јурумлери. Отворени се групи во други просторни услови во: Неготино –Тремник, Неготино –Пепелиште, Неготино –Криволак, Кочани во Бели, Ресен во Јанковец, Прилеп во Тополчани, Виница во Трсино, Охрид во Велгошти, Охрид во Лескоец, Ранковце, Градско.

Во завршна фаза се градинките во Сарај, во Липково, градинка Праскичка во Росоман и група во други просторни услови во Боговиње.

Опфатот на деца во 2013 година во јавни детски установи, приватни детски установи и Центри за ран детски развој изнесува 31.517 деца на возраст од 0-6 години. Процентот на опфатени деца од 0-6 години изнесува 11,6% во 2006 година, 18,3% во 2011 година и 22,3% во 2013 година, а од 3-6 години процентот на опфатност во 2011 година изнесува 22%, а во 2013 година изнесува 34%.

• Бесплатна услуга за одмор и рекреација на 3000 деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток - летен и зимски одмор. Со проектот за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток во 2012 и 2013 година опфатени се 6000 деца. Услугата за бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни и забавни активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација. Проектот за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток ќе продолжи да се реализира и во 2014 година.

• Нов Закон за заштита на децата. Со новиот Закон за заштита на децата, се овозможи осовременување на системот на заштита на децата, почитување на правата на децата, на обврските на родителите и на локалната и државната власт во однос на семејството и на заштитата на децата. Се воспостави систем на згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст во функција на раниот детски развој на детето. Заштитата на децата се подигна на повисоко ниво со вградување на поголем дел од определбите од Конвенцијата за правата на детето, други соодветни конвенции, протоколи и други документи. Се овозможи вклучување на поголем број деца во установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, се даде можност за отворање на центри за ран детски развој. Заради подигнување на нивото на стручноста и компетенциите во извршување на работите во дејноста, се воспостави систем на лиценцирање.

• Права за заштита на децата. Изминатиот период продолживме со зголемување на износот на паричните права за заштита на децата, при што од 2006 до 2013 ги зголемивме следниве права:

1. Детскиот додаток е зголемен од 2006 до 2013 за 30%;

2. Посебниот додаток е зголемен за 30%;

3. Еднократната парична помош за новороденче за прва категорија е зголемена за 61,5%, додека пак за втора категорија е зголемена за 40,42%;

Page 178: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

178

www.vmro-dpmne.org.mk

4. Родителскиот додаток за трето родено дете кое го овозможи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесува 8.300 денари.

• Лиценци за лица вклучени во системот на згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и на заинтересирани лица за вклучување во дејноста. Воведовме лиценци за работа за стручен работник, стручен соработник, воспитувач, неговател и директор со кои значително се унапредуваат стручното знаење и способности, како и квалитетот на работа на вработените во градинките. Заклучно со јануари 2014 година издадени се следните лиценци: 73 лиценци за директори, 500 лиценци за стручни работници, воспитувачи, негователи и стручни соработници, а во фаза на обработка се 797 тестови на кандидати кои ја завршија проверката на стручното знаење. Освен вработените во јавните установи за деца, има и кандидати од приватни установи за деца, како и физички лица заинтересирани за стекнување на соодветна лиценца. До крајот на јули 2014 година уште 1.700 лица вработени во детските градинки треба да се стекнат со соодветна лиценца.

СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ И ЗАШТИТА

• Парични права од социјална заштита. Во областа на социјална заштита спроведуваме голем број мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост.

Грижата за социјално ранливите категории на граѓани е наш приоритет. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја зголемува финансиската поддршка за материјално необезбедените и социјално ранливите категории граѓани.

1. Социјална парична помош и постојана парична помош.

Висината на правото на социјална парична помош и постојаната парична помош од март 2014 година дополнително се зголеми за 5%. Правото на социјална парична помош во просек од 2006 до 2014 година е зголемено за 47%, додека пак правото на постојана парична помош од 2006 до 2014 година е зголемено за 46%.

2. Право на помош и нега од друго лице (туѓа нега).

Условите за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице се олеснети, при што не се земаат предвид примањата на корисникот и членовите на неговото семејство, туку само потребата од помош и нега од друго лице. Проширени се категориите корисници со вклучување на лицата со умерена попреченост, така што се обезбедува континуирана заштита на овие лица кои до 26-годишна возраст користат право на посебен додаток. Правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице од 2006 година до 2014 година е зголемено за 32,7%.

3. Нови права на парична помош од социјалната заштита

• Со цел создавање на услови за изедначување на можностите за вклучување во секојдневниот живот во заедницата за потполно слепите лица, за лице со 100% телесен инвалид кое самостојно користи инвалидска количка, се воведе право на мобилност во висина од 7.000 денари месечно, сметано од 2012 година.

• Со цел олеснување на секојдневниот живот на потполно слепите лица во 2012 година се воведе додатокот за слепило во висина од 7.000 денари месечно.

• Паричен надоместок за лица со квадриплегија - Проширена е категоријата на корисници на правото на додаток за мобилност во износ од 7.000 денари месечно и за лицата чиишто горни и долни екстремитети се целосно неподвижни односно за лица заболени од квадриплегија.

• Воведено е ново право на паричен додаток за потполно глувите лица, во висина од 4.000 денари, заради обезбедување социјална интеграција на потполно глувите лица.

• Со цел да се обезбеди социјална сигурност на згрижувач, кој најмалку пет години згрижувал лице во своето семејство, доколку по наполнување на 62-годишна возраст е невработен и не користи право на пензија по која било основа, воведено ново право на парична помош за згрижувач во висина од 8.000 денари.

• Воведен е ново право - паричен надоместок за самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот,

Page 179: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

179

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

а кои во наредните 15 години ќе се грижат за овие деца без да ги сместат во институција, во износ од 8.000 денари доколку не можат да остварат право на старосна или друг вид пензија, заради обезбедување на социјална сигурност на овие лица.

• Воведено е зголемување за 50% на паричен надоместок за самохрани родители коишто имаат деца со пречки во развојот.

• Воведување софтвер за парични трансфери. Во 2011 година се имплементираше новиот софтвер за администрирање на паричните давања од областа на социјалната заштита. Целта на овој софтвер е полесно, побрзо и поедноставно администрирање на сите права од областа на социјалната и на детската заштита. Со воведувањето на софтверот за парични трансфери, корисниците на парична помош средствата ги добиваат лично на своја трансакциска сметка, на истиот ден кога парите се префрлени од страна на Буџетот на РМ, со што се остваруваат и годишни заштеди од 43 милиони денари во државниот буџет, по основа на поштенски трошоци.

• Ангажирање на корисниците на социјална парична помош за извршување на јавни работи. Се подобри ангажирањето на корисниците на социјална парична помош за извршување на јавни работи и сезонски работи преку зголемување на периодот на ангажирање до 90 дена во една календарска година. Се обезбедува и сигурност за ангажираните работници, преку склучување на договор за вработување со организаторот на работата (општина, јавно претпријатие, јавна установа, приватен сектор), при што за тоа време правото на социјална парична помош мирува, а по престанокот на договорот за вработување, лицето продолжува со користење на правото на социјална парична помош.

• Програма за субвенционирање на вработување на невработени лица, корисници на социјална парична помош. Распишан е јавен оглас за вработување за 125 невработени лица корисници на социјална парична помош, преку субвенционирање на вработувањето. Работодавачот ќе добие субвенција за секое вработено лице за бруто-плата во износ од 14.000 денари месечно, во период од 6 месеци, како и 3.000 денари месечно за покривање на трошоците за обука и материјали. Обврска на работодавачот е да го задржи на работа вработеното лице најмалку уште 6 месеци (вкупно 12 месеци).

• Субвенционирано вработување на корисниците на социјална заштита кај работодавачи од приватниот сектор. Активноста се спроведе со измени во Законот за вработувањето и осигурување за време на невработеност. Работодавачот од приватниот сектор добива субвенција во период од 24 месеци, со обврска да го задржи на работа ова лице во наредните 24 месеци, заради одржување на вработувањата на овие лица и спречување на можните злоупотреби на субвенциите.

• Отворени денови за социјална заштита во рурални средини. За понатамошно унапредување на социјалната превенција и приближување на социјалната заштита до граѓаните на целата територија на Република Македонија, во 2013 година, се реализираше проектот „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“. Во рамки на овој проект се опфатија 662 рурални средини во 75 општини на територија на Републиката, при што на организираните средби жителите беа информирани за правата и услугите од социјалната заштита.

• Активности за зајакнување на капацитетите на стручните лица во установите за социјална заштита. Комисијата за лиценцирање по извршените проверки на примената на стручното знаење во практичната работа, до крајот на 2013 година издаде 771 лиценца за работа на стручни работници во установите за социјална заштита. Успешно се реализира Програмата за континуиран професионален развој на стручните лица во системот на социјална заштита, во рамките на која спроведени се обуки за вкупно 432 вработени во установите за социјална заштита. Изготвени се и стандарди и процедури за постапување на стручните лица во центрите за социјална работа за давање на услуги од социјална заштита.

• Проект „Се грижиме за топол дом“. Во 2013 година започна реализацијата на овој проект во соработка со општините и со градот Скопје. Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во Република Македонија, на кои им се задоволуваат основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго. Со проектот реализирани се повеќе од 1.200 донации и во соработка со граѓаните помогнавме на над 1.300 семејства во Република Македонија.

Page 180: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

180

www.vmro-dpmne.org.mk

ЗАШТИТА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

• Карти во меѓуградскиот сообраќај за инвалидните лица. Во соработка со Министерството за транспорт и врски обезбедивме 6 повратни карти во меѓуградскиот сообраќај на годишно ниво за лицата со најтешка телесна попреченост, за потполно глувите лица, за лицата со најтешка интелектуална попреченост и за слепите лица.

• Воспоставена е соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура, Националниот сојуз на слепи на Македонија, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Клубот на оратори, поголемите национални театри и установи кои работат во системот на Министерството за култура за реализација на проектот Збогатување на фондот на аудиокниги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

• Во завршна фаза е огласот за вработување на 300 лица со инвалидност во јавната и во државната администрација, од кои 160 со ниско образование, 100 лица со средно и високо образование и останатите 40 со високо образование.

• Се донираа звучни мерачи на притисок и шеќер во крв и се доделија средства на Националниот сојуз на слепи на Македонија за набавка на тифлотехнички помагала (звучни часовници наменети за слепите лица).

• Формиран е Фонд за поддршка на лицата со инвалидност, согласно со програмските активности за соработка со бизнис-заедницата, со цел промовирање на соодветна застапеност на одредени групи работници како што се лицата со попреченост, во соработка со Стопанската комора на Република Македонија.

• На 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, беше пуштен во употреба новиот реновиран дел во Специјалниот завод Демир Капија со вкупна површина од 960 м2, со капацитет за 48 корисници. На овој начин, корисниците се сместија во современи услови, односно по едно до две лица во соба. Исто така, лицата имаат на располагање и посебна занимална прилагодена на нивните потреби.

• Започнат е проект Инклузивни детски игралишта достапни и за деца со попреченост, со цел безбедно да играат и да се социјализираат. Во завршна фаза е поставувањето на инклузивни детски игралишта во Градскиот парк Скопје.

• Продолжуваат активностите за изучување на знаковниот јазик. Се обучуваат 120 фармацевти за користење со знаковен јазик.

ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

Институционалната грижа за старите лица е врвен приоритет на социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, односно креирањето на политиките за грижата за старите лица е насочена кон зголемување на капацитетите, подобрување на условите за престој и квалитетот на испорачаната услуга.

• Се отвори новиот современ Дом за стари лица ,,Сју Рајдер“ – Битола. Со оваа инвестиција значително е подобрен капацитетот на домот.

• Зголемен е сместувачкиот капацитет ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“- Куманово за дополнителни дваесет и две легла и сега истиот изнесува 197 легла.

• Подобрени се условите за престој во ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ -Прилеп.

• Поволности за инвестирање во приватни домови за стари лица. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во континуитет создава услови и предлага мерки и поволности во насока на зголемување на приватната иницијатива. Во 2013 година во насока на привлекување на инвестиции во областа на социјалната заштита за изградба и проширување на установите за згрижување на стари лица, како од меѓународни така и од домашни инвеститори, донесен е пакет поволности:

• Продажбанаградежнотоземјиштесопочетнаценаод1еврозам²сонаменазаизградбанаустановизасоцијална заштита на стари лица;

• Посоченисеобјектиодопштинитекоиможатдаседадатподдолготраензакупилидасепонудатзајавно–

Page 181: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

181

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

приватно партнерство, со намена за отворање домови за стари лица;

• Обезбеденисе30локациии55објектинаменетизаизградбанаприватнидомовизастарилица;

• Намаленаеценатанакомуналнитетаксиза95%;

• Обезбеденисеповолникредитнилиниисокаматнастапкаод5,5%прекуМБПРзаизградбанаустановизастари лица и детски градинки;

• Обезбедени се поволности преку АВРМ во делот на активните политики за вработување: обезбедени сеповолности преку Агенцијата за поттикнување на претприемништвото, отворена е бесплатна телефонска линија (15 505) и електронски адреси [email protected] и [email protected], на кои може да се пријават потенцијални инвеститори, снимен и објавен е ТВ спот, кој има за цел да ја поттикне приватната иницијатива за инвестирање во изградба на домови за стари лица, подготвен е промотивен материјал за поволностите што ги нуди државата за привлекување на инвестиции за изградба на домови за стари лица, кои во 2014 година ќе биде презентирани на светски саеми за туризам.

ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

• Донесена е втората Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство за период 2012-2015. Формирано е Национално координативно тело за имплементација на Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015.

• Формирано е Советувалиште за родители и деца, кое најмногу работи со жртви на семејно насилство.

• Отворен е Шелтер-центар за жртви на семејно насилство во Гази Баба, со што проширена е мрежата на сместувачките капацитети во Република Македонија

• Формирано е Советувалиште за сторители на семејно насилство, во рамки на ЈУ МЦСР Скопје.

СЕМЕЈНО-ПРАВНА ЗАШТИТА

• Со цел сите подносители на барања за посвојување на дете да бидат подеднакво третирани, се воспостави единствена листа на избор на најсоодветен посвоител по електронски пат за територијата на Република Македонија. Комисијата има право и обврска на првата наредна седница од внесувањето на податоците за детето во електронската програма, да направи електронски избор на најсоодветен посвоител од првите три можни посвоители од единствената листа на програмата.

• Заради целосно утврдување на психо-физичката состојба на детето, формирана е лекарска комисија составена од 6 члена – лекари-педијатри и дефектолози. Оваа Комисија ја утврдува и врши контрола на здравствената состојба на децата кои ќе бидат дадени на посвојување и изготвува наод и мислење за здравствената состојба на детето, врз основа на кој се врши упис во регистарот на можни посвоеници.

• Заради обезбедување на стручна и советодавна помош на граѓаните во 2013 година, отворени се и започнаа со работа десет советувалишта за родители и деца. Оваа активност ќе продолжи и во 2014 година со отворање на советувалишта во Прилеп и во Велес, а советувалиштето во Струмица ќе биде отворено по завршување на реконструкцијата на Центарот за социјална работа.

• Значително се зголеми висината на затворските казни за сторителите на кривични дела полов напад врз дете – педофилија, но исто така и се воведе хемиска кастрација за повторување на кривичното дело полов напад врз дете до 14 години, за што направени се измени на Кривичниот законик, така што на сторителот кога ќе го повтори делото и постои опасност и натаму да врши такви дела судот може да му изрече мерка на медицинско-фармаколошко лекување.

• Во 2012 година донесен е Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје како овластена институција го води Регистарот и ги објавува податоците на осудените лица на Интернет-страницата. Посебниот регистар е достапен на страната www.registarnapedofili.mk.

Page 182: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

182

www.vmro-dpmne.org.mk

• Во насока на зголемена заштита од злоставување и грубо занемарување на децата од улица, во 2013 година подготвени се измени на Законот за семејството, во делот на надзорот на вршење на родителското право. Воведена е обврска на центрите за социјална работа да иницираат постапки за одземање на родителско право, како и да покренат кривична пријава во случај кога детето се наоѓа повторно на улица, а родителите поминале советодавен третман во Центарот.

• Во 2014 година обезбедена е поддршка од страна на државата за децата без родители и родителска грижа сместени во приватната установа СОС Детско село - Скопје, преку обезбедување на средства за надомест на трошоците за децата згрижени во сите згрижувачки семејства во оваа установа.

• За лицата со признато право на азил обезбедивме:

• пристап кон здравствените услуги во сите јавни здравствени установи под исти услови како и за државјаните на РМ;

• електронски здравствени картички;

• вклучуваљњ во програми за активни мерки за вработување како посебна целна група, од почетокот на 2011 година;

• проекти за индивидуални стручни усовршувања;

• 8 проекти за субвенционирано вработување и еден проект за развивање на мал бизнис;

• активности за рана интеграција на децата од претшколска возраст на лицата со признато право на азил во РМ, преку нивно вклучување во редовните групи во градинките, така што во 2013/14 година запишани се 11 дечиња;

• изградба на 20 станбени единици наменети за најранливите категории на лица од бегалската популација, во вредност од 31,5 милиони денари.

• Распределба на запленета стока на граѓани во социјален ризик. Со одлука на Владата за бесплатно отстапување на одземена стока од страна на Царинската управа и на Агенцијата за управување со одземен имот на Министерството за труд и социјална политика му беа преотстапени 72.572 парчиња разна стока (2.919 парчиња текстил, 2.232 парчиња обувки и 67.421 парчиња разни предмети). Целокупната добиена стока рамномерно беше редистрибуирана до сите 31 Меѓуопштински центар за социјална работа во државата, при што добиената стока понатаму беше доделена на најзагрозените семејства кои во центрите за социјална работа се евидентирани како корисници на одредени права согласно со Законот за социјална заштита.

• Проект Правна помош за ромската заедница. Како резултат на успешното спроведување на проектот за мобилна правна помош беа реализирани активности и во источниот дел од земјата (Штип, Кочани, Виница, Делчево, Струмица). Се отворија мобилни правни канцеларии во градот Скопје со примарен фокус во населбите со поголема концентрација на ромско население (Шуто Оризари, Топаана и Злокуќани). Мобилните правни канцеларии беа отворени во ромските НВО во Топаана, НВО во Шуто Оризари и НВО во Злокуќани. Во септември 2012 година проектот се прошири и во градовите Тетово и Гостивар.

ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ

Република Македонија има јасна политичка определба за целосно признавање и промовирање на еднаквите можности и недискриминацијата како предуслов за одржлив развој, целосно уживање на човековите права и практикување на демократските вредности. Во таа насока се реализираа следните проекти:

• Изработена и усвоена Национална стратегија за еднаквост и недискриминација по основа на етничка припадност, возраст, лица со ментална и телесна попреченост и пол 2012-2015 година. Во периодот од нејзиното донесување до денес реализирани се дел од стратешките цели и активности: направена е оценка на спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во соработка со МИОА, ратификувана е Конвенцијата и факултативниот протокол за правата на лицата со посебни потреби, направена е анализа за состојбата со евентуалната дискриминација во пристапот до работа, во завршна фаза

Page 183: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

183

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

е подготовката на е-модулот за едукација за недискриминација и еднаквост во соработка со МИОА, со што ќе им се обезбеди можност на голем број државни и јавни службеници да имаат слободен пристап до е-обука за еднакви можности и недискриминација. Имплементацијата на овој стратешки документ продолжува.

• Отворање на државно прифатилиште за заштита на жртви на трговија со луѓе. Согласно со направените измени во Законот за социјална заштита, обезбедена е локација-стан за прифатилиште за жртви на трговија со луѓе. Ова е прво државно прифатилиште кое функционира од 2011 година. Исто така, обезбедуваме и финансиски средства на годишно ниво како за буџетот на МТСП така и за двете невладини организации кои се ангажирани за давање помош и поддршка на жртвите на трговија со луѓе во самото прифатилиште. Со цел да се подобри реинтеграцијата и ресоцијализацијата на жртвите на трговија со луѓе, МТСП подготви и Програма за ресоцијализација и реинтеграција на жртвите која ќе ја спроведува во соработка со ЕЛС.

• Програма „Трговија со луѓе и социјална заштита“ (2011-2015). Оваа програма има за цел да ги надгради постојните човечки и институционални ресурси во надлежните институции Завод за социјални дејности, центри за социјална работа и ЕЛС во насока на превенција од трговија со луѓе кај најранливите категории граѓани со посебен акцент на социјално загрозените и економски необезбедени семејства. Во овој проект формирани се мобилни тимови со претставници од центрите за социјална работа и невладините организации во Куманово, Битола и Гостивар кои постојано на терен превентивно дејствуваат во детектирање на потенцијални жртви на трговија со луѓе. Резултатите од ваквиот тип работа нè охрабрија истите активности да ги продолжиме и оваа година со истиот опфат (региони детектирани како ризични) и дополнително да формираме национален тим.

• Изработен Национален план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН 2011-2013 година. Во јануари 2013 година, Владата го усвои Националниот акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 за жената, мирот и безбедноста на Советот за безбедност на ОН. Овој Акциски план се подготви како резултат на обврските и на потребите на Република Македонија за ефикасно и целосно придружување кон активностите на ОН, ЕУ, СЕ, ОБСЕ и НАТО на овој план. По донесувањето на Акцискиот план, со цел да се обезбеди поголемо промовирање и запознавање со процесот на имплементација на Резолуцијата 1325, беше одржана и конкретна обука, наменета за претставници од државните институции.

• Нов Закон за еднакви можности на жените и мажите. Во 2012 донесовме нов Закон со цел усогласување со европските директиви од областа на еднаквите можности и пополнување на сите празнини во решенијата понудени во Законот кои се увидоа во текот на имплементацијата. Законот содржи повеќе експлицитни одредби кои даваат поголеми надлежности и обврски на субјектите кои се одговорни за спроведување на истиот.

• Стратегија за родова еднаквост 2012-2020. Една од обврските е и подготовка на долгорочна Стратегија за родова еднаквост 2012-2020, која, покрај Владата на РМ, за прв пат ја усвои и Собранието на РМ, а се обезбедија и финансиски средства за спроведување на овој документ во практиката. Оваа стратегија претставува и пресликување на стандардите на ЕУ и на Советот на Европа во Македонија согласно со потребите од аспект на воспоставување на еднакви можности, еднаков пристап и еднаков третман на жените и мажите во РМ.

• Спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2011-2012. Воспоставена е стратешка соработка во областа на недискриминацијата на локалните граѓански организации, општинската и централната власт. Потпишан е трипартитен меморандум за соработка за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Проширен е мандатот на Комисиите за еднакви можности во ЕЛС и на локалните координатори за еднакви можности на жените и мажите за третирање на сите основи за дискриминација од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Реализирана е обука за законската рамка за антидискриминација на околу 320 лица од ЕЛС (НВО, социјалните служби, КЕМ) во 12 општини, урбани и рурални. Воспоставена е мрежа на обучени лица од невладини организации и од институциите, која ќе биде клучен фактор во реализирањето на следните каскадни обуки. Изработен е прирачник за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (со добри практики) наменет за КЕМ и за локалните координатори. Изработени се локални акциски планови во сите 12 општини во РМ реализирани преку грантови и минипроекти.

• Јакнење на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика за спроведување на Националната

Page 184: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

184

www.vmro-dpmne.org.mk

стратегија за еднаквост и недискриминација (2012-2014). Министерството за труд и социјална политика го спроведува проектот за јакнење на капацитетите на вработените во државната и јавната администрација, судската администрација, здравството, полицијата, судиите, обвинителите, адвокатите и социјалните партнери. До крајот на март 2014 год., кога е планирана и завршна конференција на која ќе се усвои декларација за заедничко дејствување ќе бидат обучени над 600 лица од горенаведените институции-организации, кои ќе добијат сертификати. Во рамките на проектот подготвени се прирачници наменети за администрацијата и за судиите во РМ.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Намалување на стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување. Во 2012 беше предвидено вкупните стапки да се намалат од 26,5% на 26,3%, во 2013 да се намалат од 26,3% на 26,0%, во 2014 да се намалат од 26% на 25,7%, а во 2015 беше предвидено вкупните стапки да се намалат од 25,7% на 25,4%. Стапките коишто беа во важност во 2011 година (26,5%) се применуваат и во 2012, 2013 и 2014 година. Намалувањето се одложи заради ублажување на последиците од продлабочената европска должничка криза и за обезбедување на стабилен приход на фондовите. Доколку дозволат општите економски состојби, во 2015 година тие ќе се намалат за 0,4 п.п., а во 2016 година дополнително ќе се намалат за 0,2 п.п.

Page 185: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

185

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ОБРАЗОВАНиЕТО- кЛУЧЕН ФАкТОР ЗА НАПРЕДОкОТ НА ЗЕМјАТА

Page 186: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

186

www.vmro-dpmne.org.mk

Образованието е исклучително значаен предуслов, но и показател за напредокот на една земја и токму затоа постојано треба да се надградува, менува, доразвива и да ги следи современите општествени текови. За Владата на Република Македонија тоа е јасно дефиниран приоритет. Изминатите 7 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образовниот систем.

Буџетот за образование е зголемен за 67%, односно од 13,5 милијарди денари во 2006 година на 22,4 милијарди денари во 2014 година.

Значително е подобрена образовната инфраструктура. Во периодот 2006-2014:

- изградени се 43 основни училишта,

- извршени се санација и реконструкција во 200 основни училишта,

- изградени се четири средни училишта,

- извршени се санација и реконструкција во 70 средни училишта,

- изградени се 39 училишни спортски сали

- отворени се два нови државни универзитета и 25 нови факултети,

- набавени се вкупно 80 лаборатории за високообразовните и јавните научни установи во вредност од 1,6 милијарди денари,

- основан е Фонд за иновации и технолошки развој, кој има почетен буџет од 570 милиони денари за промоција и поддршка на иновациската дејност.

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Веќе петта година по ред имплементираме концепт на бесплатно образование, односно бесплатни учебници за сите ученици во основното и во средното образование, за што досега се вложени 30 милиони евра. Тоа е нешто што го ветивме пред граѓаните и тој концепт ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Обезбедивме и бесплатен превоз за учениците коишто посетуваат училишта оддалечени повеќе од 2,5 километри од нивните домови.

• Продолжуваме да обезбедуваме бесплатен Интернет за сите основни и средни училишта и студентски домови.

• Во насока на подобрување на образованиот процес, донесени се следниве нови наставни програми:

• Предучилишно образование

- Програма за воспитно-образовна работа во подготвителна година (5-6 годишна возраст), базирана врз стандардите за рано учење и развој;

- Програма за рано учење и развој, базирана врз стандардите за рано учење и развој.

• Основно образование

- Иновирани наставни програми по биологија, хемија, физика, математика, информатика и ликовно образование со вклучени теми од иновации и претприемништво за IX одделение на деветгодишното основно образование;

- Наставна програма по македонски јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојувале во странство и се вратиле во Република Македонија каде што го започнуваат или го продолжуваат основното образование.

• Средно образование

- Воведен е предмет Бизнис и претприемништво како задолжителен во четврта година во гимназиите и средните уметнички училишта, а во трета и четврта година во средните стручни училишта;

Page 187: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

187

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- Изготвени се наставни програми за проектната активност „Иновации и претприемништво“ за I, II и III година на гимназиското образование;

- Реализирани се обуки за сите наставници по Бизнис и претприемништво, и на сите наставници во чии предмети има содржини од претприемништво;

- Изготвени се наставни програми според Наставниот план за спортската гимназија за фудбал, кошарка, ракомет и тенис;

- Извршено е осовременување на наставните програми во средното образование, особено во стручното образование со двегодишно и тригодишно траење.

• Со цел поголема физичка активност на сите деца од основното и од средното образование, зголемен е фондот на часови по физичко и здравствено образование за по еден дополнителен час.

• Дополнителната и додатната настава во основното и во средното образование. Со почетокот на учебната 2011/2012, дополнителната и додатната настава станаа задолжителна обврска на училиштата. Со оваа реформа овозможуваме на учениците дополнителна помош во изучувањето на одредени предмети, а за родителите крај на плаќањето приватни часови. Додатната настава пак, овозможува стекнување повисоки знаења за учениците кои покажуваат извонредни резултати по одредени предмети (талентирани ученици).

• Советување на родителите – родителска школа. Советувањето на родителите стана задолжителна активност во основното и во средното образование со почетокот на второто полугодие од учебната 2011/2012 година и има за цел зајакнување на воспитната компонента во образовниот процес. Ги вклучуваме родителите во овој процес и овозможуваме нивна поголема информираност, вклученост и заинтересираност за успешниот развој и воспитување на нивните деца – ученици. Односно:

- Изготвивме протокол, којшто е развиен од психолози и од психијатри и е во правец на советување на родителот за тоа каков пристап треба да има во едукацијата, односно во воспитувањето на своето дете.

За примената на овој протокол реализиравме обука за стручната служба во училиштата;

• Донесена е Програмата за советување на родители во основните училишта и Програмата за советување на родители во средните училишта. Програмите се објавени во Службен весник на Република Македонија бр.4/12;

• Донесени се Програма за советување на ученици во основните и Програма за советување во средните училишта. Програмите се објавени во Службен весник на Република Македонија бр. 160/13. Програмата се однесува на ученици од основно и средно училиште, кај кои е забележано дека нередовно ја посетуваат наставата, значително го намалуваат успехот во учењето и/или манифестираат различни облици на несоодветно однесување во училиштето. Со нив се уредува начинот на постапување на стручните служби во училиштата со учениците, во случаите кои се уредени со закон.

До сега се спроведени 18.000 советувања.

• Зајакната е стручната служба во училиштата, вработени се 105 психолози и 13 педагози во основните и во средните училишта. Во наредниот период продолжуваме со зајакнување на стручната служба во основните и во средните училишта, при што до крајот на 2015 година треба да се вработат уште 198 стручни соработници.

• Воспоставивме Информациски систем за менаџмент во образованието и управување со човечки ресурси – ЕМИС, чија намена е собирање, обработка, проверка и презентирање на податоци кои се важни за образовниот процес во основното и во средното образование во Р. Македонија, како и за креирање на образовни политики.

• Изработивме веб-апликација наречена Електронски дневник (Е-Дневник). Електронскиот дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за образование и наука (МОН), кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останатите државни институции итн.

Page 188: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

188

www.vmro-dpmne.org.mk

Со цел да ја подобриме комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, овозможивме брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на родителите и наставниците во училиштето, на начин што секој родител добива СМС-известување за оценките, отсуствата и поведението на неговото дете, како и известување на неговата електронска адреса. Оваа услуга родителите ја добиваат еднаш неделно и истата е бесплатна. Оваа можност во моментот ја користат над 212.000 родители и/или старатели.

• Успешно го реализиравме проектот „Електронска проверка на знаењата на учениците (екстерно тестирање)“. Целта на електронската проверка на знаењата на учениците е учениците да се мотивираат за стекнување на знаења и вештини, а не само за добивање на високи оценки, а на наставниците да им обезбедиме услови за непристрасно и објективно оценување, без притисоци, согласно со поставените стандарди и критериуми за оценување. Системот постојано го надградуваме и подобруваме, со изготвување на „отворен базен“ на прашања, креирање на прашања од типот на „студии на случаи“ и сл.

Резултатите од проверувањето на постигањата на учениците се и ќе бидат значајни за кариерниот развој на наставниците и добар индикатор за потребите од советодавно-стручна поддршка.

• Го зајакнуваме изучувањето на математиката во училиштата, но не преку додавање на нови содржини и оптоварување на програмите, туку со нов пристап во изучувањето. Формирана е база на податоци за наставниците по математика од основните и од средните училишта, изработена е вебстраницата за проектот „Математика со логика“ и дизајн за обука на наставниците по математика на тема „Развивање стратегии за учењето на учениците од конкретно кон апстрактно“. Одржани се обуките со сите наставници по математика од основното образование.

• Изработен е и имплементиран е веб-порталот „Агрегатор на видеосодржини“ - Систем за споделување на видеосодржини во образовните институции во Република Македонија. Овој систем претставува веб-портал, преку кој наставниците и учениците од основните и од средните училишта во Република Македонија споделуваат и гледаат видео-содржини кои се поврзани со темите кои се изучуваат во текот на учебната година. Видео-содржините од овој портал можат да се користат на едноставен начин и се дополнителен и ефективен метод во наставата. До денес се поставени 1017 видеосодржини.

• Создадовме законска рамка за формирање меѓународното јавно училиште, кое може да биде основано од општината, градот Скопје, односно од Владата на Република Македонија. За таа цел, изготвени се наставни програми на англиски јазик.

Во ОУ „Кирил и Методиј”, општина Центар, и во ОУ „Браќа Миладиновци”, општина Аеродром, од оваа учебна 2013-2014 година се реализира меѓународна IB програма.

• За изучување на македонскиот јазик за децата на иселениците. Подготвени се нови наставни програми за изучување на македонскиот јазик за децата на иселениците. Проширена е наставата за изучување на македонскиот јазик за децата на иселениците во уште две земји, Турција и Австралија.

• Спроведовме пилот-проект за Позитивни влијанија на воспитно-образовната работа во детските градинки врз успехот на учениците во совладување на наставните програми во прво одделение, во седум општини во Република Македонија, врз основа на кој утврден е акциски план и идни активности за зголемување на опфатот на децата во предучилишно образование во градинките. Донесена е нова наставна програма за децата во подготвителна настава.

• Безбедни училишта. Со цел да создадеме училишта коишто ќе бидат безбедни места за учење и развој на учениците, како и безбедни места за наставниците, преземаме акции насочени кон подобрување на целосната училишна средина, подобрување на комуникацијата и односите меѓу сите во училиштето (ученици, наставници), како и со родителите и локалната заедница.

Конкретни активности се преземаат во соработка со Министерството за внатрешни работи, донесена е Стратегија за намалување на насилството во училиштата и Протокол за намалување на насилството во училиштата.

• Училишни спортски игри. Во 2013 година се одржа Четвртиот училиштен спортски камп на кој учествуваа 298 ученици од основните и од средните училишта, под покровителство на МОН, АМС и Федерацијата на училиштен спорт на Македонија во спортските дисциплини како: карате, борење, пинг-понг, џудо, атлетика, стрелаштво, футсал, ракомет, одбојка, шах и кошарка.

Page 189: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

189

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Во насока на поддршка на училишниот спорт, Министерството за образование и наука креираше и посебен веб-портал www.sportskiigri.mon.gov.mk, а во рамки на секое училиште се формираше училиштен спортски клуб.

• Во делот на образование на возрасни, реализиравме обуки за дообразование на возрасни во Арачиново, Чаир, Прилеп и во Теарце. Во обуките за дообразование на возрасни се вклучени 500 лица во Арачиново, 500 лица во Чаир, 170 лица во Теарце и 150 лица во Прилеп (профили: трговска струка, машинска, електро, градежна струка).

• Во насока на поддршка на проектот „Вешти и компетентни“, покрај тоа што го зголемуваме степенот на компетенциите кои се добиваат во образовниот процес преку воведување на претприемништвото во програмите на сите нивоа, петта година по ред го организираме Државниот натпревар за најдобар ученички бизнис-план. Дополнително на тоа, во соработка со бизнис-секторот и научната заедница формирана е Академија за менаџери. Министерството за образование и наука втора година по ред доделува по 40 стипендии за македонските менаџери за следење на некои од бизнис-модулите на Академијата.

• Набавени се дигитални содржини во основното и во средното образование и тоа:

- Образовен софтвер TOOLKID за четврто и петто одделение на деветгодишното основно образование во рамките на изборната наставна програма работа со компјутер.

- Дигитални содржини Intel по предметите математика, физика, хемија и биологија за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, како и по предметите математика и запознавање на околината во првиот и вториот развоен период од деветгодишното основно образование.

- Дигитални образовни содржини за предметите: македонски јазик (народна книжевност и народна проза) за седмо одделение на деветгодишното основно образование, албански јазик (народна книжевност и народна проза) за седмо одделение на деветгодишното основно образование, ликовно образование (истражување на сликарска текстура) за седмо одделение на деветгодишното основно образование, историја (Филип II и Илирите и илирските кралства) за шесто одделение на деветгодишното основно образование, музичко образование - народно музичко творештво (дувачки жичени и ударни инструменти) за шесто одделение на деветгодишното основно образование и албански јазик - изборен предмет во седмо, осмо или деветто одделение на деветгодишното основно образование.

- Образовен софтвер ЕДУБУНТУ за предметите: информатика, математика, физика, хемија, географија и музичко образование во шесто, седмо, осмо и деветто одделение на деветгодишното основно образование

- Образовен софтвер ЕДУБУНТУ за средно образование за предметите математика, хемија, информатика, географија, физика, латински јазик и музичка уметност.

- Со цел поголема примена на ИКТ во наставата во основното и во средното образование, се разгледува можноста за користење и на други дигитални содржини од различни извори. Бирото за развој на образованието анализира дигитални содржини од повеќе извори, a во тек се активностите за мапирање на дигиталните содржини според наставните програми.

- Изготвени се видеоигри за предметите запознавање на околината (за 3. одделение) хемија (за 7. и 8. одделение), физика (за 7. и 8. одделение) и запознавање со природата (за 4. одделение).

• Следење на индикаторите на ОЕЦД. Со цел добивање на компаративни податоци за излезните резултати на македонските средношколци по предметите математика и природни науки, мајчин јазик (читање и критичко размислување), Министерството за образование и наука потпиша Договор со Директоратот за образование при ОЕЦД, која го организира меѓународното ПИСА-тестирање, што ќе овозможи подготовка на извештаи кои ќе дадат објективна основа за поттикнување и планирање на реформи во образованието.

• Продожуваме да доделуваме стипендии и туторство на децата Роми, петта година по ред. Во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, во насока на јакнењето на свеста кај ромската популација за важноста на образованието, до сега доделени се вкупно 2.862 стипендии на ученици Роми, кои истовремено добиваат и дополнителна помош преку менторство и туторство, со цел подобро снаоѓање во училишната средина и постигнување на повисок успех во школувањето.

Page 190: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

190

www.vmro-dpmne.org.mk

• Продолжуваме континуирано да ги наградуваме и да ги мотивираме учениците од јавните и приватните средни училишта, преку доделување на неколку типови ученички стипендии и тоа:

- стипендии за талентирани ученици – спортисти,

- стипендии за талентирани ученици,

- стипендии за ученици-социјална поддршка,

- стипендии за ученици со посебни потреби.

• Воведовме нови категории стипендии за деца без родители и родителска грижа и стипендии за ученици од областа на туризмот и угостителството.

• Две години по ред доделуваме целосни стипендии за талентирани ученици на возраст од 14-16 години кои го следат летниот камп на Центарот за талентирани ученици при Универзитетот Џонс Хопкинс во Соединетите Американски Држави.

Со овој проект се овозможува стимулирање, наградување и значаен поттик на учениците за подобро совладување на наставните содржини, способности и вештини.

• Во периодот 2011-2014 година изградени и доградени се 8 училишта (7 основни и 1 средно), реконструирани се вкупно 57 основни и средни училишта (41 основни и 16 средни). До почетокот на новата учебна година, планирана е изградба и доградба на уште 5 училишта и реконструкција на уште 10 училишта (8 основни и 2 средни).

Изградба и доградба на основни и на средни училишта

Ред.бр.

Општина Училиште Основно/Средно

Број на ученици

Вредност(со ДДВ)

1 Аеродром Александар Македонски основно 1.000 105 милиони МКД

2 АрачиновоЃерѓ Кастриот Скендербег с.Орлаци

основно 121 15,9 милиони МКД

3 Вевчани Страшо Пинџур основно 246 46,2 милиони МКД

4 Гостивар Фаик Коница, с.Дебреше основно 316 4,6 милиони МКД

5 Кичево Санде Штерјоски Кичево (нас. Пашино село)

основно 563 8,5 милиони МКД

6 Радовиш Никола Карев основно 513 18,6 милиони МКД

7 Чаир Битолски конгрес основно 627 65,6 милиони МКД

8 Струга Ибраим Темо средно 390 9,5 милиони МКД

ВКУПНО 3.776 273,9 милиони МКД

• Изградивме 16 училишта во рурални средини низ државата и тоа во с. Иванковци и с. Отовица - Велес; с. Црнилиште - Св.Николе; с. Елово и с. Драчевица - Студеничани, с. Мојанци - Арачиново, с. Дедино - Конче, с. Глишиќ – Кавадарци, с. Едрениково – Василево, с. Трапчин Дол – Кичево, с. Далбеговци – Новаци, с Каратманово – Лозово, с. Моштица - Македонска Каменица, с. Волино - Дебарца, с. Чепигово - Прилеп и с. Св. Митрани – Крушево. Со тоа им овозможивме на учениците да посетуваат настава во соодветни услови во своето населено место. Дополнително, 6 нови училишта ќе бидат изградени до почетокот на следната учебна година во: с. Марена – Кавадарци, с. Галичани и с. Беровце – Прилеп, с. Карамани и с. Крклино – Битола и с. Селце Кече – Боговиње.

Page 191: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

191

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Реконструкции на основни и на средни училишта

Ред.бр. Општина Училиште Основно/

Средно

Број на запишани ученици

Вредност(со ДДВ)

1. Пласница Мустафа Кемал Ататурк основно 409 1,9 милиони МКД

2 Велес Кочо Рацин средно 901 20,3 милиони МКД

3 Гази Баба 25 Мај основно 1434 30 милиони МКД

4 ДебарцаДебрца, БелчиштаПУ с.Требеништа

основно 64 2,5 милиони МКД

5 Желино Пашко Васа основно 277 0,3 милиони МКД

6. СарајБајрам Шабани ПУ с. Долно Свиларе

основно 365 2,5 милиони МКД

7 Пехчево Ванчо Китанов основно 280 3,2 милиони МКД

8 Кичево Мирко Милевски средно 1143 4,5 милиони МКД

9 Прилеп Ѓорче Петров средно 839 6,4 милиони МКД

10 Штип Сергеј Михајлов средно 226 0,6 милиони МКД

11 Битола Коле Канински основно 597 6,2 милиони МКД

12 БосиловоГоце ДелчевПУ Петралинци

основно 69 2,1 милиони МКД

13 Велес Благој Кирков основно 371 0,5 милиони МКД

14 Виница Гоце ДелчевПУ Истибања основно 97 0,5 милиони МКД

15 ВиницаСлавчо Стојменски ПУ Градец

основно 71 1,3 милиони МКД

16 Врапчиште Наим Фрашери Неготино Полошко

основно 412 15 милиони МКД

17 Гази Баба25 Мај населба Ченто

основно 1448 0,5 милиони МКД

18 Дебар Братство Единство основно 973 0,5 милиони МКД

19 Кавадарци Гоце Делчев основно 601 0,3 милиони МКД

20 КарбинциСтрашо Пинџур ПУ Крупиште

основно 27 3,2 милиони МКД

21 Кисела Вода Кузман Јосифовски Питу основно 437 2,4 милиони МКД

22 Кичево Санде Штерјоски Кичево основно 563 3,5 милиони МКД

23 Крива Паланка Илинден основно 573 1 милиони МКД

24 Крива Паланка Јоаким Крчовски основно 823 2,1 милиони МКД

25 Сарај Емин Дураку с.Буковиќ основно 362 1,5 милиони МКД

26 Чучер Сандево Александар Урдаревски основно 220 1,2 милиони МКД

27 Виница Ванчо Прке средно 944 2,4 милиони МКД

28 Струга Нико Нестор средно 944 1,9 милиони МКД

29 Центар Лазар Личеноски средно 1601 32 милиони МКД

30 Центар Методи М. Брицо средно 893 6,5 милиони МКД

31 Штип Сергеј Михајлов средно 137 0,6 милиони МКД

Page 192: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

192

www.vmro-dpmne.org.mk

32 Богданци Петар Мусев основно 463 2,3 милиони МКД

33 Бутел Гоце Делчев основно 453 10 милиони МКД

34 Долнени Пере Тошев ПУ с. Дреновци

основно 20 1,4 милиони МКД

35 ДолнениМирко Милевски Кичево – за Дрита истурени паралелки во с. Житоше

средно 2915 4,3 милиони МКД

36 Гази БабаСв.Наум Охридски с. Булачани ПУ с. Раштак

основно 15 2,4 милиони МКД

37 Чаир Цветан Димов средно 1385 0,8 милиони МКД

38 СтуденичааниМустафа Кемал Ататурк с. Количани

основно 51 3 милиони МКД

39Општина Ново Село

Св. Климент Охридски основно 100 1,3 милиони МКД

40 Гостивар Единство средно 1590 7,5 милиони МКД

41 Тетово Кирил Пејчиновиќ средно 2991 10,3 милиони МКД

42 Кочани Љупчо Сантов основно 775 21 милион МКД

43 Битола Таки Даскалот основно 1132 14 милиони МКД

44 Гевгелија Јосиф Јосифовски средно 977 22 милиони МКД

45 Струга Ибрахим Темо средно 1205 8.8 милиони МКД

46 Штип Ванчо Прке основно 1111 9 милиони МКД

47 Охрид Живко Чинго основно 265 4.7 милиони МКД

48 Кратово Кочо Рацин основно 560 12.3 милиони МКД

49 Куманово Браќа Миладиновци основно 987 12.2 милиони МКД

50 СтрумицаМаршал Тито с. Муртино

основно 344 12 милиони МКД

51 Велес Св. Кирил и Методиј основно 528 15.5 милиони МКД

52 Штип Тошо Арсов основно 708 7 милиони МКД

53Маврово - Ростуше

СОУ Маврово - Ростуше средно 200 3.5 милиони МКД

54 Скопје ДМБУЦ Илија Николовски ЛујОсновно /

средно118/ 463 5.4 милиони МКД

55 ДолнениОУ Мирче Ацев ПУ Кошино

основно 20 1.7 милиони МКД

56 Гостивар Гоце Делчев основно 676 2 милиони МКД

57 Кочани Никола Карев основно 557 1.5 милион МКД

ВКУПНО 38.592 353,3 милиони МКД

• Во делот на високото образование, состојбата е значително унапредена од секаков можен аспект. Високото образование е подостапно од кога било.

• Континуирано ги унапредуваме постојните дисперзирани студиски програми но истовремено отвораме и нови, прилагодени и усогласени со општествените потреби на општеството и потребите на пазарот на труд како на пример програмата по нутриционизам во Кичево, сметководство, финансии и ревизија во Кочани, бизнис-администрација во Тетово, банкарство, финансии и осигурување во Скопје, компјутерско инженерство

Page 193: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

193

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

и технологии во Кавадарци.

Во оваа студиска година функционираат околу 65 активни дисперзирани студиски програми на сите јавни високообразовни установи во Република Македонија каде што има запишани студенти на прв циклус на студии, а истите функционираат во 16 различни града и тоа: Велес, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Кочани, Свети Николе, Гевгелија, Штип, Скопје, Кичево, Струга, Куманово, Дебар и Тетово.

• Со инвестиција од речиси 50 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука се изврши реконструкција, надградба и доградба на објектот Дом на АРМ за Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. На површина од 1620 м2 сместени се амфитеатри, предавални, простории за лабoратории, простории за наставниот кадар и управата, архивски и простории за студентски прашања, кафетерија и истите се соодветно опремени.

• Извршено е второ рангирање на високообразовните установи од страна на Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот универзитет Џиао Тонг. Тоа е задолжителен процес којшто се спроведува на секои две години, согласно со Законот за високото образование, со што се стимулира конкуренцијата за поквалитетна понуда на образовните услуги, што пак, значи генерално унапредување на квалитетот на високообразовниот систем во Република Македонија.

• Веќе 4 години е достапен Проектот 35/45, со кој се овозможува дооформување на високото образование на возрасните, односно поголема достапност на високообразовните установи на лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да се стекнат со високо образование. Имплементацијата на проектот започна во студиската 2010/2011 година и во изминативе 4 години преку него досега на високообразовните установи се запишани повеќе од 1.200 студенти. Тој ќе продолжи и следната година, со тоа што ќе има измени во насока на намалување на старосната граница за заинтересираните, а со тоа и поголем опфат на граѓани.

• Континуирано и активно учествуваме во програмата CEEPUS за размена на студенти и наставен кадар согласно со Договорот CEEPUS III. Бројот на мрежи во кои учествуваат високообразовните установи е зголемен од 28 на 37. Со тоа се зголемува можноста за мобилизација на студентите и наставниот кадар и интернационализација на високото образование

• Овозможивме докторските студии како трет циклус на студии да се реализираат со јасни и споредливи критериуми за менторство, мобилност и за научно-истражувачка работа.

• Воведовме поволности за наставниот кадар на високообразовните установи кој раководел со научно-истражувачки проекти во поглед на побрзо напредување во кариерата и зголемување на приходите.

• Ја укинавме постапката за признавање на странска високообразовна квалификација за студентите кои се запишуваат на заеднички студиски програми организирани со престижни странски високообразовни установи.

• Во делот на литературата, студентите имаат можности што ги немале во минатото. Ние го реализираме проектот за превод на „1000 стручни и научни книги“ од кои се учи на најпознатите универзитети во светот. Тоа значи дека нашите студенти можат да го стекнат знаењето или да ги добијат информациите кои ги имаат нивните колеги од Оксфорд, Шефилд, Кембриџ, Јејл... Досега се преведени 874 наслови.

• Доделуваме и бројни стипендии за различни категории. Секоја година само Министерството објавува конкурси за повеќе од 40 различни видови стипендии. Значително е зголемен бројот на стипендии кои се доделуваат за студирање на сите три циклуси на високо образование на престижни странски високообразовни установи (на првите сто рангирани универзитети, односно првите двесте рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот универзитет Џио Тонг и ФАМУ Академијата во Прага). Ако минатата студиска година беа доделени 23 стипендии, оваа година се доделени 51. Од 2013 година воведовме и нови стипендии за студии од прв и втор циклус од областа на ликовната, музичката, драмската и на филмската уметност.

• Студентите добиваат и соодветна практична настава, реална, а не фиктивна. Во овој дел постои и постојано се развива соработката помеѓу институциите на системот, високообразовните установи и бизнис-заедницата.

Page 194: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

194

www.vmro-dpmne.org.mk

Компаниите сè почесто ги задржуваат студентите кои ќе покажат особен интерес, солидни резултати и подготвеност и соодветност за ангажман на одредено работно место во организациските структури на компаниите. Тоа е веќе редовна практика и на домашните и на странските компании.

• Дополнителен стимул и поддршка на научно-истражувачката дејност е доделувањето субвенции, односно еднократни финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијаниe. Секоја година се доделуваат субвенции за 300 научно-истражувачки трудови подеднакво распределени во неколку области, односно, по 50 субвенции за трудови од природно-математичките науки, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки. 

• Министерството претплатува, а со тоа и обезбедува достапност на списанија со фактор на влијание како EBSCO Publishing, Ипсвич, USA, Емералд. Пристапот е обезбеден за професорите и студентите при државните универзитети.

• Доделуваме и творечки субвенции, воведени за прв пат во 2013 година односно еднократни парични средства за творечките дејности за уметниците кои ја претставуваат Македонија на престижните светски настани, а ги доделува МОН во соработка со Министерството за култура.

• Изработен е и имплементиран веб-портал наука.мк, на кој се промовираат достигнувањата од научно−истражувачката работа на истражувачите од високообразовните и научните установи.

• Порталот патент.мк е целосно преведен на англиски јазик, има интегрирано форум, блог и пристап до веб-порталот на светските патенти и патентите регистрирани кај нас, односно пристап до веб-порталот на Државниот завод за индустриска сопственост.

• Ја јакнеме улогата на универзитетите во истражувачката дејност, согласно со потребите на пазарот. Посебна предност се дава на индустрискиот дизајн, инженерските услуги, софтверот, новите технологии и истражувањето и развојот на фармацијата и медицината. Партнерството помеѓу науката и бизнис-секторот ќе го поттикнеме преку доделување грантови во вредност до 20.000 евра за кофинансирање на спиноф-компании што ќе извршат комерцијализација на нови производи, услуги и технолошки процеси, преку Фондот за иновации и технолошки развој. Дополнително на тоа го комерцијализираме знаењето на универзитетите преку основање на фирми засновани на наука и технологија и давање поддршка за нивно основање од страна на студенти и наставно-научниот кадар со изразена дарба за преземање иницијативи, одговорност и ризик – техностартери и спинаути.

• Македонија на Википедија (Wikipedia). Го зголемуваме бројот и обемот на статиите за Македонија на македонски јазик, достапни на интернет на Википедија, кои можат да се користат како содржини и во наставниот процес. Од страна на 20-тина студенти од ФИНКИ и УЈИЕ направени се стотина нови и квалитетни статии. Проектот ќе продолжи на останатите факултети од сите универзитети, средните училишта, но и во основните училишта.

Page 195: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

195

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Во тек е реализацијата на Проектот за изградба на 145 училишни спортски сали. Во периодот од 2011 до 2014 година изградени се 26 спортски сали.

Ред.бр.

Општина УчилиштеОсновно/Средно

Број на запишани ученици

Проценета вредност(со ДДВ)

1 Ранковце Х. Т. Карпош основно 260 22,5 милиони МКД

2 Демир Капија Д. А. Габерот основно 280 40 милиони МКД

3 Босилово Св. Кирил и Методиј основно 248 24 милиони МКД

4 Аеродром Гоце Делчев основно 484 23 милиони МКД

5 Битола Кузман Шапкарев средно 81 23 милиони МКД

6 Битола Д-р Јован Калаузи средно 1016 42 милиони МКД

7 Врапчиште Наим Фрашери средно 412 38 милиони МКД

8 Гостивар Исмаил Ќемали основно 980 38 милиони МКД

9 Градско Даме Груев основно 248 23,1 милиони МКД

10 Дебар Здравко Чочковски средно 735 39,7 милиони МКД

11 Делчево Св. Климент Охридски основно 509 23,7 милиони МКД

12 Зрновци Синиша Стоилов основно 187 23 милиони МКД

13 Кавадарци Д. Ангелот Габерот основно 628 22,9 милиони МКД

14 Кочани Никола Карев основно 539 39,7 милиони МКД

15 Куманово Киро Бурназ средно 567 42 милиони МКД

16 Македонски Брод Св. Наум Охридски средно 266 23 милиони МКД

17 Македонска Каменица Миле Ј. Џингар средно 257 23 милиони МКД

18 Неготино Кирил и Методи средно 754 42 милиони МКД

19 Неготино Страшо Пинџур основно 650 23 милиони МКД

20 Петровец Кочо Рацин основно 496 41,5 милиони МКД

21 Прилеп Ѓорче Петров средно 839 23 милиони МКД

22 Прилеп Ристе Р. Ричко средно 866 42 милиони МКД

23 Пробиштип Наум Наумовски Борче средно 432 42 милиони МКД

24 Ресен Цар Самоил средно 450 23 милиони МКД

25 Струмица Димитар Влахов средно 1050 39,7 милиони МКД

26 Тетово Ѓоце Стојчевски средно 980 22,1 милиони МКД

ВКУПНО 14.214 808,9 милиони МКД

Изградба на 26 спортски сали:

• Во делот на научно-истражувачката област го реализираме „Проектот за набавка и опрема на лаборатории“, со кој ќе се обезбеди неоходната техничка инфраструктура-опрема. На тој начин се создаваат услови за интензивирање на научните истражувања, публикација и размена на добиените резултати, како и овозможување на поинтензивен пристап на јавните научни и високообразовни установи до соодветните фондови на ЕУ за поддршка на научно-истражувачката работа. Истовремено, набавените лаборатории

Page 196: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

196

www.vmro-dpmne.org.mk

обезбедуваат и поддршка за стопанството преку реализација на истражувачки проекти за зголемување на конкурентноста. Досега се опремени 80 лаборатории, во вкупна вредност од 1.593.612.929,00 денари.

- Компјутерска лабораторија

- Напредни веб-технологии

- Лабораторија за мобилно и сеприсутно семантичко искуство

- Лабораторија за Интернет и иновативни технологии

- Лабораторија за интелигентна роботика

- Лабораторија за информатичко-криминалистички испитувања

- Компјутерска лабораторија за теориска хемија

- Лабораториска опрема - лабораторија за мобилни и мултимедиски апликации (сеприсутни апликации)

- Лабораторија за дигитални видеосистеми

- Лабораторија за учење на далечина

- Лабораторија за обработка, анализа и за складирање на податоци од областа на атомска и нуклеарна физика

- Лабораторија за процесирање на сигнали во телекомуникациите

- Серверска лабораторија

- Лабораторија за софтверско инженерство, надежност, квалитет и тестирање на софтверски системи

- Лабораторија за оптички комуникации

- Лабораторија за информациски системи, мултимедиски техонологии и визуелизација

- Лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање

- Лабораторија за еко-информатика

- Лабораторија за сообраќај и транспорт

- Лабораторија за испитување на енергетска ефикасност на објекти

- Лабораторија за вибрации и бучава

- Лабораторија за мехатроника

- Лабораторија за тестирање на градежни материјали, геомеханика и градежни конструкции

- Лабораторија за санитарна техника

- Лабораторија за геотехника

- Лабораторија за обликување со деформација и брзи прототипови

- Текстилна лабораторија

- Лабораторија за пресметување со високи перформанси

- Лабораторија за испитување и контрола на квалитет

- Лабораторија за форензичка патологија

- Лабораторија за геномика и протеоника

- Хемиско-биохемиска лабораторија

- Лабораторија за детски дијабет

- Лабораториско опремување на ЈЗУ Институт на медицина на трудот

Page 197: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

197

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- Лабораторија за ХПВ-типизација и онкопрофилакса

- Лабораторија за молекуларна дијагностика

- Лабораторија за радиофармација

- Лабораторија за белодробни заболувања и туберколоза

- Лабораторија за електронска микроскопија

- Лабораторија за нарушен мотилитет на гастроинтестиналниот тракт со дигестивна ендоскопија кај децата

- Лабораторија за дигестивна ендоскопија

- Лабораторија за цитогенетски, пренатални и преимплантациони испитувања

- Лабораторија за ин витро фертилизација, замрзнување на полови клетки и ембриони

- Лабораторија за скрининг на психоактивни супстанции

- Имунолошка лабораторија

- Лабораторија за морфолошки и функционални нарушувања на локомоторен систем

- Оптичко кохерентна томографска лабораторија на предниот сегмент на окото (ОСТ-АС)

- Лабораторијата за остеодензитометрија

- Медицинска биохемиска лабораторија

- Лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика

- Клиничко-биохемиска лабораторија

- Лабораторија за биомолекуларни фармацевтски анализи

- Лабораторија за молекуларна патологија и експериментална генска терапија

- Стоматолошка лабораторија за научно-истражувачка дејност

- Лабораторија за наноматеријали

- Минерална технологија - Оддел за ренгенска дифракција, флуоресцентна спектроскопија и потенциометриско-гранулометриски испитувања

- Лабораторија за форензичка токсикологија

- Лабораторија за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи

- Централна физичко-хемиска лабораторија

- Лабораторија за мерење на еколошките параметри

- Мобилна (теренска) Лабораторија за животна средина - група инструменти за анализа на атмосфера

- Лабораторија за микро-траги

- Генетска лабораторија со цитогенетика

- Лабораторија за ин витро култури на растителни ткива

- Лабораторија за студенти - Кичево (лабораторија за органска хемија, неорганска хемија и биохемија, микробиолошка лабораторија

- Лабораторија за анализа на органски супстанции во сложени матрици

- Лабораторија за метаболички скрининг

Page 198: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

198

www.vmro-dpmne.org.mk

- Форензична ДНК-лабораторија

- Студентска лабораторија за органска хемија, биохемија, хетероциклични соединенија и природни производи

- Лабораторија по општа физика

- Лабораторија за контрола на природен гас, нафта, нафтени деривати и биодизел

- Лабораторија за структурна карактеризација на материјали

- Лабораторија за микроскопија и електронска микроанализа

- Лабораторија по генетика

- Лабораторија за криминалистичка регистрација и идентификација

- Лабораторија за дигитална аудиовизуелна продукција и постпродукција

- Лабораторија за изучување странски јазици

- Опремување на лаборатории за изучување на странски јазици, превод и толкување

- Мултимедијална јазична лабораторија

- Педагошка лабораторија

Во соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија изготвивме анализа за можноста за акредитација на лабораториите. Согласно со анализата, се препорачува да се акредитираат 42 лаборатории. Од нив пет институции веќе ја имаат акредитирано лабораторијата, а останатите лаборатории ја имаат започнато постапката околу нивно акредитирање.

НЕВЕТЕНО-ОСТВАРЕНО/ ВО ТЕК

• Во 2008 година беше потпишана спогодба помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за труд и социјална политика и Самостоен синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија во согласност со Законот за основно и средно образование. Спогодбата предвиде трансформација на работен однос на наставниците и стручните соработници кои ги исполнуваат условите за наставник или стручен соработник и најмалку 5 години работно искуство.

• Но, согласно со измените на Законот за работни односи од 2011 година како чекор понапред, трансформација на работен однос од определено на неопределено време се врши и на лица кои работат повеќе од 2 години на работно место кое е ослободено по основа на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услов и начин утврдени со закон. До сега, за период од 4 години реализирани се вкупно 6.522 трансформации, во кои е вклучен и по еден претставник од СОНК, заради заштита на правата на вработените.

• Спортска академија. Во учебната 2012/2013 година отворивме 5 спортски паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис каде се запишаа вкупно 104 најталентирани деца спортисти од соодветниот спорт кои беа избрани под посебно утврдени критериуми и натпревари од страна на стручен тим за соодветниот спорт. Во учебната 2013/2014 година отворивме уште 5 спортски паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис, во кои се запишаа вкупно нови 104 најталентирани деца спортисти од соодветниот спорт, а беа избрани под посебно утврдени критериуми и натпревари од страна на стручен тим на соодветниот спорт.

• Започнати се активности за отворање на дисперзирани спортски академии и тоа во:

- Штип - паралелка за фудбал,

- Битола - паралелка за фудбал и паралелка за ракомет,

- Охрид - паралелка за фудбал и паралелка за ракомет,

- Гостивар - паралелка за фудбал и паралелка за ракомет,

Page 199: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

199

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

- Велес - паралелка за фудбал и паралелка за ракомет,

- Прилеп - паралелка за фудбал и паралелка за ракомет и

- Струмица - паралелка за фудбал и паралелка за кошарка.

Министерството за образование и наука ќе го предвиди отворањето на спортските пилот-паралелки во наведените општини во Конкурсот за упис на ученици во средните училишта за учебната 2014/2015 година.

• Воведуваме Кембриџ наставни програми во Република Македонија. Донесовме нови преведени и адаптирани наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ по математика и природни науки од прво до трето одделение, а заклучно со учебната 2016/2017 ќе бидат донесени програми по математика и природни науки според Кембриџ до деветто одделение во основно образование.

• Реформирани програми за тригодишно стручно образование и нови профили во четиригодишното стручно образование. Од учебната 2013-2014 година започнаа да се реализираат новите реформирани наставни планови и програми во тригодишното стручно образование во 12 струки за 12 профили во струките. Подготвени се и одобрени се наставни планови за 12 образовни профили, со зголемен процент на бројот на наставни часови по практична настава во однос на останатите наставни предмети.

• Исто така, наставниците од 32 средни стручни училишта се обучија за реформираните наставни програми.

• Како надополнување на овој проект предвидено е да се реализира и набавка на наставна опрема за училиштата каде што се спроведуваат реформираните наставни програми.

• Министерството за образование и наука и Здружението на граѓани „ОХО“, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, ја имплементираат програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, со која се опфатени сите основни и средни училишта во Република Македонија и која се интегрира во Годишните програми за работа на училиштата.

• Втора година по ред го реализиравме проектот за професионална ориентација на учениците во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија. Со оваа активност преку решавање соодветно изработени тестови, им помогнавме на осмоодделенците да го најдат вистинскиот одговор на прашањето каде понатаму да го продолжат своето образование.

• Блок-дотациите односно средствата за основните и за средните училишта ги зголемивме за 10,5% во однос на 2011 година.

• Ревидирана е Програмата за обука за туристички водич. Програмата ќе опфаќа 610 часа од по 60 минути. Исто така дефиниран е бројот на часови за секој предмет, методите, демонстрација, контрола од инструктор, услови за пријавување на кандидатите, цената, сертификатот и легитимацијата за туристички водич. За да добијат лиценца, кандидатите ќе треба да полагаат и практичен дел кој се состои од симулација на водење група туристи, на јазик по нивни избор - македонски или странски. Со измените, унифицирана е и цената за обуката што треба да ја плати кандидатот за туристички водич.

• Во делот на високото образование:

- Основани се Музичка, Ликовна и Филмска академија во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Министерството за образование и наука во насока на спроведување на врвните приоритети на Владата на Република Македонија, меѓу кои се зајакнувањето на капацитетите во високото образование и привлекување на реномирани странски високообразовни установи за вршење на високообразовна дејност на територијата на Република Македонија, а со цел подобрување на квалитетот на високообразовната дејност, потпишан е меморандум со престижната филмска академија ФАМУ од Прага.

- Во насока на поддршка на информатичката и комуникациска технологија отворивме Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика и Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а во тек е постапка за основање на Факултет за информатички и компјутерски технологии во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

- Донесен е Закон за студентски стандард во кој за прв пат се воведени јасни критериуми за сместување

Page 200: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

200

www.vmro-dpmne.org.mk

на студенти во студентски домови, со строго дефинирани казни за прекршување на критериумите од страна на одговорните лица (кои се движат од 5.000 до 15.000 евра), со што се спречи секаква можност за манипулација и злоупотреба при сместувањето во студентските домови. Законот предвидува и контроли од  просветната инспекција најмалку двапати годишно за кои директно ќе ја информира Владата со извештаи, по кои ќе се постапува ако има отстапки од Законот за студентски стандард. Со новиот закон воведено е и целосно бесплатно сместување за најранливата категорија студенти.

- Исто така, јасно се дефинирани и критериумите за распределба на студентските стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука, со што се спречи секоја можност за лажно прикажување на податоци и изигрување на системот, сè со цел нивна правична и транспарентна распределба. И кај стипендиите се опфатени сите категории студенти, со посебен акцент на оние што потекнуваат од социјално ранливите семејства. За прв пат оваа година воведени се и стипендии за студенти што студираат на некои од природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки.

- Изработен е и имплементиран веб-порталот за стипендии www.stipendii.mon.gov.mk, кој претставува централна локација преку која заинтересираните студенти добиваат навремени известувања за конкурси за стипендии кои се од нивни интерес, а ги доделува Министерството за образование и наука или други институции (установи, универзитети, министерства..) на други земји со кои МОН има склучено билатерални договори за соработка.

- Донесен е Закон за националната рамка на образовни квалификации.

- Изготвен е Регистар на високообразовните квалификации во Република Македонија.

- Ја зајакнуваме интернационализацијата на универзитетите преку ангажирање визитинг- професори и воведување на „прозорци за мобилност“ на сите студиски програми како и задолжително склучување на договори за соработка со странски универзитети, заради поефикасното користење на средствата од програмата Еразмус плус.

- Воведовме критериуми за менторство на вториот циклус „магистерски студии“ заради обезбедување на нивниот повисок квалитет.

- Формирани се Одбори за соработка и доверба со јавноста на високообразовните установи со претставници од сите релевантни општествени чинители.

- Студентите кои ќе се одлучат да студираат на втора студиска програма се ослободени од плаќање на трошоците за студирање.

- На македонските државјани кои се стекнале со звање доктор на науки на престижни странски високообразовни установи им се обезбедува можноста за вработување на домашните високообразовни установи.

- Одборот за акредитација и евалуација на високото образование се стекна со статус на придружна членка на Европската мрежа за квалитет во високото образование.

- Изработен е и имплементиран систем кој овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови што претставуваат плагијати на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Студентите и истражувачите/научниците можат лесно да ги поставуваат своите домашни, семинарски, дипломски, магистерски, докторски и останати типови научни и стручни трудови. Притоа, овозможен е механизам за споредба на поставените трудови со постојни трудови и проверка на нивната оригиналност, односно, дали дел од содржините веќе се објавени и претставуваат копија од некои други содржини.

• Воведуваме ред во организирањето на училишни натпревари на сите нивоа. Започнуваме со организирање натпревари на општинско, регионално и државно ниво за сите ученици од основните и од средните училишта со цел да ја покажат и да ја докажат својата креативност и знаење и да бидат наградени за истото. Со закон точно регулиравме кој, како и на кој начин ќе може да организира државен натпревар и во услови на исти стандарди да има рангирање на награди по уредени тежински нивоа. Во регулирани услови ќе се знае дека наградата за освоено прво место по одреден наставен предмет навистина е поради покажаното знаење

Page 201: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

201

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на ученикот и способноста на наставникот да го пренесе своето знаење. Парична награда ќе добиваат и наставникот и ученикот, а со добиената диплома/и ученикот ќе има дополнителна предност и при упис во наредни нивоа на образование, добивање на стипендии и сл., како во нашата земја така и надвор. Во тек се конкурси за акредитација на здруженија или сојузи од здруженија од наставници за организирање на натпревари во основното односно средното образование.

• Изготвување стандарди за исхрана и оброци во училиштата. Во тек е подготовка на стандарди за исхрана и оброци во училиштата. Направена е законска измена за донесување на Правилник за стандарди за исхрана и оброци во основните училишта, изготвени се стандардите, а во тек е нивното донесување.

• Заради унапредување на процесот на реализација на државната матура (која за прв пат ја реализиравме во учебната 2007/2008 година), почнувајќи од учебната 2013/2014 година, ќе воведеме и трет, а од учебната 2014/2015 и четврт екстерен предмет. Воведувањето на трет и четврт екстерен предмет, односно премин во наредна фаза од реализацијата на Концепцијата за државна матура е неминовно заради зголемување на објективноста на оценувањето на учениците, како и обезбедување на поправедна и поквалитетна селекција при влез во високото образование.

• Дополнително на тоа, во насока на подобрување на квалитетот на образовниот систем во Република Македонија, предметот математика ќе биде задолжителен предмет во рамки на државната матура за сите ученици од учебната 2014/2015, а за учениците од средното стручно образование, од учебната 2015/2016 година.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА

• Воведување бесплатно студирање на втор и трет циклус на студии. Се преговара со универзитетите за начинот на реализација на оваа активност и за бројот и критериумите за упис.

• Проект е-матура. Поради претстојните измени на концептот на полагање на државна матура со воведување на трет екстерен предмет, во насока на обезбедување поголема објективност, е-матура ќе се спроведе од следната учебна година.

Проект Набавка на 4000 интерактивни табли за основните училишта и 400 за средните училишта, за нов и современ пристап во изведувањето на наставата. Овој проект се спроведува етапно, согласно со општата економска состојба и финансиските можности на буџетот.

Page 202: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

202

www.vmro-dpmne.org.mk

ЗДРАВСТВО и ЗДРАВА НАцијА

Page 203: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

203

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Доброто здравје е директен фактор за подобрување на социјалната положба на населението и за забрзување на економскиот развој на нашата држава. Чувањето и унапредувањето на здравјето е главниот инструмент за подобрување на здравствената состојба на населението.

Здравствениот систем континуирано се реформира во насока на подобрување, унапредување и одржување на здравјето на целото население независно од неговата можност да ги плати здравствените услуги, туку само во зависност од неговите потреби.

ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО

• Продолжуваме со инвестирање во реновирање на инфраструктурата на хируршките клиники во Скопје, Институтот за рендгенологија, Ургентниот центар, Клиниката за детски болести, Клиниката за хематологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за психијатрија, Републичкиот завод за трансфузиологија, Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Институтот за белодробни заболувања – Козле и Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир.

Извршивме реконструкција на специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир во вредност од 86.061.823 милиони денари. Во тек е изработка на проект за комплетно реконструирање на Универзитетските хируршки клиники во Скопје, која ќе се спроведе заедно со изградбата на новиот клинички блок на УКЦ „Мајка Тереза“ во Скопје. Клиниката за радиологија, Ургентниот центар, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Клиниката за психијатрија и Институтот за трансфузиологија ќе бидат дел од новиот проект за изградба на нов клинички центар, кој ќе биде лоциран помеѓу зградите на Хируршките клиники, УК за радиотерапија и онкологија и новата Клиника за гинекологија и акушерство. Клиниката за инфективни болести нема да биде дел од новата зграда на Клиничкиот центар, но е предвидено и таа да се реновира. Во моментов се работи на изработка на основниот проект на новиот клинички центар. Истовремено е распишана првата фаза од меѓународниот тендер за претквалификација согласно со одобрениот заем од Банката за развој при Советот на Европа. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 70 милиони евра.

Во тек е изградбата на новата зграда на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во вкупна вредност од 491.935.434 милиони денари. Се очекува објектот да биде предаден во употреба во септември 2014 година. Започнавме со изработка на основен проект за реконструкција на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ - Скопје во вкупна вредност од 75.000.000 денари

• Довршување на започнатите инфраструктурни активности во болниците во Тетово, Струмица, Велес, Прилеп, Охрид, Куманово, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Кочани, Специјалната болница Јасеново во Велес, Заводот за нефрологија во Струга, Психијатриската болница во Скопје „Бардовци” и Психијатриската болница Негорци. Од вкупно 17 започнати објекти, досега целосно се завршени реновирањата на здравствените установи „Јане Сандански“, Идадија, Гостивар, Јасеново, Велес, Прилеп и е завршено инсталирањето на греењето во Здравствениот дом во Прилеп. Градежните работи во Дијагностичкиот центар во Клиничката болница во Тетово се во завршна фаза. 101 санитарен јазол се целосно реновирани, се работи на инсталација за медицински гасови која е во завршна фаза, а завршени се градежните активности за реновирање на центарот за дијализа. Изградена е соба за коронарна нега во ОБ Струмица и реновирани се две операциони сали. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7.500.000 денари. Во моментов е распишан тендер за завршување на новиот објект во ОБ Струмица. Ја завршивме реконструкцијата на хируршкиот блок во Општата болница во Охрид. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 301.000.000 денари. Извршена е целосна реконструкција на инфективното одделение во ОБ Гостивар во вкупна вредност од 32.000.000 денари. Комплетно ја реконструиравме Специјалната болница Јасеново во Велес, која опфати четири павилјони во вкупна вредност од 126.375.433 денари. Целосно е реновирано првото акутно одделение во Психијатриската болница во Бардовци, додека во моментов се работи на четврто и петто машко одделение. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 155.304.326 денари. Извршени се реконструкции на фасада, прозорци, санитарии и потстаница за медицински гасови во ОБ Прилеп, додека во ОБ Велес беше спроведено целосно реновирање на вториот и четвртиот кат во болницата, замена на кровот во инфективното одделение и ренвирање на санитарните јазли. Вкупната вредност на инвестициите изнесуваше 98.000.000 денари.

Page 204: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

204

www.vmro-dpmne.org.mk

Извршена е целосна реконструкција на женското одделение на објектот на Психијатриската болница во Негорци и доградба на кујна и централна трпезарија во вкупна вредност од 14.375.753 денари

• Реновирање на Клиничката болница Битола, општите болници во Кичево, Струга и Гевгелија, Психијатриската болница Демир Хисар, Здравствениот дом Охрид и целосна реконструкција на Градската болница „8 Септември“ во Скопје. Извршено е комплетно реновирање на дел од одделенијата во Градската болница „8 Септември“ во Скопје и замена на лифтовите во болницата. Во моментов се работи на изработката на основен проект за замена на фасадата и изградба на бункер за акцелератор. Извршена е замена на дотраените прозорци и санитарии во Универзитетска клиника за детски болести Скопје во вкупна вредност од 40.000.000 денари. Извршена е целосната реконструкција (замена на вратите, прозорците, подови,  кујна, тоалети, подруми) и реновирање на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ Скопје предвиден за сместување на повозрасни изнемоштени и болни лица во вкупна вредност од 49.557.659 денари.

• Продолжување на проектот за набавка и ставање во употреба на најсовремена медицинска опрема, со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги и целокупната здравствена состојба на населението. Инсталирана е и пуштена во употреба новата медицинска опрема и истовремено е спроведена и едукација на кадарот во трите клинички болници во Тетово, Битола и Штип, во кои се набавени апарати за компјутеризирана томографија, магнетна резонанца од 1.5Т, литотрипор, ангиограф, остео дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо-апарати, инкубатори, апарат за безболно вадење крајници и друга медицинска опрема.

Во Битола и во Штип се отворени нови дијагностички центри и обуките се завршени, а во Тетово поголемиот дел од новиот дијагностички центар е пуштен во употреба и едукациите на здравствените работници се во тек. Во Тетово се испорачани и инсталирани се компјутеризирана томографија и магнетна резонанца од 1.5Т и се ставени во функција, додека едукацијата на кадарот за овие апарати е во тек. Во Битола целосно е инсталирана опремата и едукацијата е завршена за целокупната инсталирана опрема. Во Штип компјутеризираната томографија и магнетната резонанца од 1.5Т се инсталирани и едукацијата на кадарот за истите е завршена, ангиографот е инсталиран и пуштен е во функција и едукацијата на кадарот за истиот е завршена.

Инсталирање на опрема и едукација на кадар - Поставување апарати за компјутеризирана томографија во општите болници во Велес, Гостивар, Охрид, Куманово, Прилеп и во Струмица.

Во болниците во Велес, Гостивар, Охрид, Куманово, Прилеп и во Струмица апаратот за компјутеризирана томографија е инсталиран и ставен во функција, едукацијата на кадарот за него е завршена.

Во Универзитетската клиника за радиологија е инсталирана целокупната опрема и е во функција, а едукацијата на кадарот за него е завршена. Во Универзитетската клиника за кардиологија е завршена инсталацијата на третиот коронарограф (ангиограф) и е завршена едукацијата на кадарот. Во „Св. Наум Охридски“ сите апарати се во функција и едукацијата на кадарот е завршена. Во Клиниката за детски болести апаратите се инсталирани и се ставени во функција. Во Кардиоваскуларни во Охрид опремата е во функција. На Клиниката за радиотерапија и онкологија инсталиран е и пуштен во функција акцелераторот. Во Општа болница во Охрид - опремата е во функција, Општа болница Гостивар - опремата е во функција, Општа болница Велес - опремата е во функција, Општа болница Прилеп - опремата е во функција, Општа болница Струмица - опремата е во функција, Општа болница Кочани - опремата е во функција), Општа болница Кавадарци - опремата е во функција, Општа болница Гевгелија - опремата е во функција, Општа болница Струга - опремата е во функција и во Општа болница Кичево - опремата е во функција.

Сите гинеколошки ултразвуци се инсталирани и се ставени во функција и секаде е завршена и техничката обука и стручната обука која се извршуваше на Клиниката за гинекологија и акушерство. Кардиологија - инсталирани се сите кардиолошки апарати и завршена е обуката.

Инсталирање на опрема и едукација на кадар - Комплетното опремување кое опфаќа повеќе дијагностички, операциони и интервентни апарати на новата Градска болница „8 Септември“ во Скопје

Магнетната резонанца од 1.5Т, компјутерскиот томограф, литотрипорот и мамографот се инсталирани во 2011 година, кадарот е обучен и истите се ставени во функција.

Page 205: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

205

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Набавка на опрема и едукација на кадар за Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола

Линеарен акцелератор за Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола - испораката и инсталирањето на опремата, како и обуката на кадарот ќе заврши во втората половина на 2014 година, по завршување на градба на бункерот за изолација.

Во тек е набавка на медицинска опрема за потребите на новоформираната ЈЗУ Универзитетска клиника Државна кардиохирургија, како и за опремување на Центар за спинална хирургија.

Во тек е набавка на нова медицинска опрема за радиотерапија која се состои од два акцелератори за потребите на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ и ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, еден дигитален мамограф за ЈЗУ КБ Тетово, три компјутерски томографи, и тоа за потребите на ЈЗУ УК за неврологија, ЈЗУ УК за детски болести и ЈЗУ СБ за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид и еден дигитален рендген-апарат за „Св. Еразмо“ Охрид.

Инсталирање на опрема и едукација на кадар – во тек е изградба и опремување на најсовремен ПЕТ-центар (центар за позитронска емисиона томографија), со што Македонија ќе стане регионален ПЕТ-центар, кој во еден објект ќе ги содржи и производството на изотопите (циклотронот) и целата апаратура за дијагностика и научно-истражувачка работа. За таа цел, од средината на октомври 2013 година започна изградбата на објектот за позитронска емисиона томографија - ПЕТ Центар Скопје, лоциран во кругот на Градската општа Болница „8 Септември“, Скопје.

• Инвестирање во реконструкција и санација на централните објекти на 34 здравствени домови, од кои најголем број се постари од 50 години. Со цел да ја зајакнеме здравствената инфраструктура и да обезбедиме подобра и поквалитетна здравствена услуга, издвоивме 40 милиони денари за реконструкција во објектите на здравствените домови во државава. Во изминатиот период реновирани се здравствените домови во Пехчево, Вевчани, Валандово, Ресен, Штип, Демир Хисар, Ростуше, Крушево, Радовиш, Кавадарци, Струга, Прилеп и во амбулантата во Лабуништа. Во тек се активностите во амбулантата во Кривогаштани, Здравствен дом Радовиш 2, Здравствен дом Делчево и Здравствен дом Скопје – поликлиника Букурешт.

• Воведување на телемедицина - медицина на далечина, онлајн-едукација и набљудување на болните, при што со помош на новите технологии ќе се овозможи пациентот да ги изврши медицинските испитувања на едно место, а резултатите да ги испрати лекар кој се наоѓа во друга здравствена установа во земјата или во странство. Започната е прва фаза на имплементација на проектот телемедицина - телеконсултации во рамките на Република Македонија, и тоа во Клиничка болница Битола, Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип и Општа болница Велес и сите имаат можност да воспостават аудио-видео конференциска врска со специјалисти од универзитетските болници во Скопје и во вистинско време да разменат стручно мислење, при што и специјалистите од Скопје ќе се инволвираат во третманот на пациентите од наведените градови.

• Подобрување на Итната медицинска помош. На целата територија на Република Македонија, во сите здравствени домови, во сите служби за итна медицинска помош, се инсталирани тетра-фиксни радиостаници. Набавени се и 150 рачни тетра- радиостаници за комуникација на медицинските тимови во возилата со базните фиксни станици, но и со општите болници, клиничките болници и универзитетските болници. На овој начин значително се олеснува комуникацијата на тимовите во возилата со установите што ги згрижуваат овие пациенти. Обуките на сите корисници се во завршна фаза. Рачните тетра-радиостаници имаат вграден ГПС и започнат е планот за имплементација за централен системски софтвер.

• Набавка на нови возила за итната медицинска помош. За зголемување на квалитетот, ефикасноста и достапноста на Службата за итна медицинска помош, а согласно со Стратегијата за развој на Итната медицинска помош (ИМП) во Република Македонија, спроведовме постапка и набавивме вкупно 70 нови санитетски возила за итна медицинска помош.

• Воведовме стандардизирани постапки и процедури кои ќе ги издигнеме на ниво на протокол за зголемување на квалитетот на работа во јавните и во приватните здравствени установи, со воспоставување на стандарди и контролни механизми за следење на нивната примена. Изработени се и објавени се 700 клинички упатства (упатства за третман поврзани со 700 медицински состојби). Обезбедена е најнова содржина базирана на научни докази од Кохрановата база на научни содржини (cochrane.org). Содржината е во вид на 700 лесно достапни клинички упатства - кратки и концизни медицински документи кои содржат најнови насоки за

Page 206: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

206

www.vmro-dpmne.org.mk

третманот на пациентите. Најголемиот дел од овие клинички упатства се наменети за примарна здравствена заштита (матичните лекари), додека останатите се наменети и за болниците. Воспоставен е одржлив систем за редовно следење на примената на клиничките упатства од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Фондот за здравствено осигурување на РМ. Продолжуваме да воведуваме и нови клинички упатства и од други меѓународни бази на содржини. Новите клинички упатства ќе бидат повеќе наменети за болниците - секундарна и терциерна здравствена заштита.

• Воведување на клинички патеки. Со цел зголемување на безбедноста на пациентите и намалување на ризикот при работа во болниците, развивме и применивме клинички патеки за пациентите со различни дијагнози, како и стандардизирање на процедурите што се однесуваат на поставување на стандарди за опрема, кадар и простор, протоколите на целокупната постапка на лечење од медицински стручен аспект. Изработени се и воведени се вкупно 400 клинички патеки кои се однесуваат за најчестите медицински состојби кои се третираат секојдневно и се користат во сите универзитетски клиники и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Клиничките патеки претставуваат листи на постапки кои е предвидено да се преземаат при третирањето на пациентите кои покрај тоа што претставуваат водич во лекувањето на основа на најнови откритија, тие претставуваат и одличен начин за следење и постојано унапредување на квалитетот на здравствена заштита.

• Продолживме со акцијата за бесплатна ХПВ-вакцина за спречување на ракот на матката кај женската популација. Емитувани се спотови на локалните телевизии, отпечатени се брошури за едукација и поделени се низ сите градови по училишта и здравствени установи - активности што во голема мера придонесоа кон зголемување на интересот за ХПВ-вакцинација. Одржани се предавања по училишта, настапи на експерти на ТВ-медиуми за бенефитите од ХПВ-вакцинацијата. Опфатот на вакцинирани девојчиња се зголемува од 30% за генерацијата 2009/10 на 45% за генерација 2012/13година. Од спроведената кампања за вакцинација во февруари 2012 година во училиштата низ Република Македонија, вакцинирани се вкупно 4.040 девојчиња.

• Ја унапредивме методологијата за утврдување на единствените и референтните цени на лекови. Донесовме нова Методологија за начинот на формирање на цените на лековите. Почнувајќи 01.02.2012 година извршивме 4 намалувања на цените на лековите со кои што беа опфатени вкупно 2.865 лека, а просечните намалувања се движеа од 10,18% до 34,72%, додека најголемото намалување изнесуваше 86%. Вкупната остварена заштеда за здравствениот систем изнесува 30,6 милиони евра, средства кои остануваат во системот и се пренасочуваат во други здравствени услуги.

• Национален комитет за финансирање. За воведување на систем за мерење на ефикасноста во работата на здравствените установи врз основа на здравствените услуги и финансиската рационалност при искористување на средствата Владата го формира Националниот комитет за финансирање кој врз основа на утврдени критериуми ги следи перформансите на јавните здравствени установи и на здравствениот персонал и предлага корективни мерки за унапредување на работењето на јавните здравствени установи.

• Пресметка на плата базирана на резултатите од работењето на здравствениот работник и ефикасноста на користење на работното време (плаќање по учинок). Проектот е имплементиран како функционална компонента во националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој термин и тече континуирано. Во него се опфатени 56 јавни здравствени установи во кои 1.800 доктори влегуваат во пресметка на коефициентот на учинок. Паралелно со определувањето на коефициентот за пресметка на плата базиран на резултатите од работењето на работникот и ефикасноста на користење на работното време се спроведува и наградувањето на докторите со 100% плата, а до февруари 2014 се наградени вкупно 700 доктори од сите јавни здравствени установи, и помала плата земале 604 доктори.

• Обука на здравствениот кадар од страна на искусни странски експерти преку мрежата со светски познатите универзитети преку меморандуми за соработка на сите 27 универзитетски клиники и институти. Од почетокот на реализацијата на овој проект, вкупно 653 доктори и останат медицински персонал посетија обука во странство. Само во  2013 година пративме на едукација вкупно 500 доктори и друг медицински персонал во референтни медицински центри во земјите од светот. Од вкупно 500 лица испратени на едукација, 252 беа доктори, 182 медицински сестри, 30 радиолошки технолози, 17 физиотерапевти, 11 медицински лаборанти, 3 биолози, 2 фармацевти, и 2 технички оператори за хипербарната комора. За 2014 година имаме таргет од 500 лица кои ќе бидат испратени на едукација.

Page 207: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

207

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Министерството за здравство има склучено Меморандум за разбирање/соработка со:Педијатриската болница Бамбино Џезу, Рим, Италија, Центарот за микрохирургија на око Киев, Киев, Украина, Универзитетскиот медицински центар Хамбург – Епендорф, Клиничкиот центар Нирнберг, Меморијал Херман - Тексас Медицински центар, САД,Сиетл детска болница, САД, Универзитетот на Калифорнија - Лос Анџелес здравствен систем, САД, Болницата Токуда, Софија, Република Бугарија, Католичкиот универзитет Свето срце, Факултет за медицина и хирургија „А.Gemelli“, Рим, Италија, Болницата Флоренс Најтингел – Истанбул, Република Турција, Истанбулскиот универзитет, Република Турција, Клинички болнички центар Загреб, Хрватска, Болница Дубрава, Загреб, Хрватска, Центар за лимфна дренажа, Загреб, Хрватска, Националниот институт за канцер, Киев, Украина, Сахара Индија Паривар, Универзитетска болница Каролинска, Стокхолм, Шведска, и други.

Заради дополнително усовршување на докторите и нивно запознавање со најновите методи кои се применуваат во најпознатите здравствени центри во светот, испративме докотори на обука во следниве центри:

Medical Group Adzibadem, Истанбул, Турција, AKH, Виена, Австрија, Boston University, САД, Gazi Osman Pasha, Истанбул, Турција, LIV Hospital, Истанбул, Турција, Montreal Neurological Institute and Hospital, Монтреал, Канада, Ramon y cajal, Мадрид, Splosna Bolnica Novo Mesto, Словенија, Болница Голника, Словенија, Универзитетски клинички центар Љубљана, Словенија, St. George Private Hospital, Сиднеј, Австралија, University Hospital Cleveland, САД, Аnn Аrbor Мedical Center University of Michigan, САД, Клинички центар Белград, Белград, Србија, Стоматолошки факултет при Клинички центар Белград, Белград, Србија, Институт за кардиоваскуларни болести Дедиње, Белград, Србија, Институт за неонатологија, Белград, Србија, Клинички центар Војводина, Нови Сад, Институт за судска медицина, Инсбрук, Институт за патологија Базел, Edouard Herriot Hospital, Лион, Франција, Институт за трансплантација на матични клетки – Рим.

Потпишан е и Протокол за соработка за доделување стипендии за менаџери во јавните здравствени установи, со што се обезбедуваат 10 стипендии за постдипломски студии (двегодишни) во рамки на Програмата за бизнис-администрација во здравството. Министерството во соработка со Универзитетот Шефилд обезбедува 50% од вкупната сума на школарината. Оние кандидати кои ќе ја добијат оваа стипендија ќе имаат обврска да работат во јавниот здравствен сектор определен временски период по завршувањето.  

Министерството за здравство во соработка со Линк Акрос, невладина организација од САД, овозможи 32 врвни доктори од САД да ја посетат Република Македонија и да работат „рамо до рамо“ со македонските доктори. На овој начин македонските доктори имаат можност да се стекнат со нови знаења и вештини од нивните колеги од САД. 

• Основање нова едукативна програма за специјализација по ургентна медицина во рамките на програмите на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во насока на подобрување на квалитетот на кадарот за итна медицинска грижа согласно со европските трендови, основавме нова едукативна програма за специјализација по ургентна медицина во рамките на Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар согласно со мрежата на здравствени установи. Според Програмата за 2012/2013 година беа реализирани 10 специјализации по ургентна медицина, додека според Програмата за 2013/2014 година се предвидени 16 специјализации по ургентна медицина.

За потребите на лекарите и медицинските сестри вработени во службите за Итна медицинска помош низ РМ, реализирани се едукации од страна на реномирани професори од универзитетските клиники во Скопје, и тоа од Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Универзитетска клиника за кардиологија, Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за детски болести, Универзитетска клиника за токсикологија и Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Page 208: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

208

www.vmro-dpmne.org.mk

Исто така, изработивме и  дистрибуиравме Водич за третман за служби за итна медицинска помош кој детално ги опишува постапките на згрижување на пациентите во итни состојби.

• Подобро лекување и нега на лицата згрижени во психијатриските установи. Во Психијатриската болница Негорци комплетно од темел е реновирано одделение со 55 кревети со доградба на нови простории за зголемување на капацитетот на болницата. Изградена е канализациска мрежа за поврзување на болницата со постојната канализација во с.Негорци, набавена е болничка опрема и реконструирани се три болнички објекти, а во тек е изградба на спортски терени за рекреација на пациенти.

Во Психијатриската болница Скопје, на две одделенија се заврши комплетно реновирање, и тоа по светски стандарди. Тоа се Одделението за акутни состојби во психијатријата, со површина од 720 м2 и капацитет од 18 болнички кревети и Одделението за психогеријатрија со вкупна површина од 684 м2 и 16 болнички кревети. Се реконструираат уште две одделенија за домување на пациенти со ментални заболувања.

Во психијатриските болници е воведен индивидуален пристап и дневно планирање на активностите на пациентите, со детално евидентирање во менторски листи и индивидуални планови за работа, за подобро следење на состојбите и промените кај пациентите.

• Болничка мапа за лоцирање на здравствените услуги и соодветна покриеност по региони. Ја донесовме Уредбата за мрежата на здравствени установи кои се јавно финансирани со која обезбедуваме одржлив систем за рамномерна распределеност на здравствените установи низ целата Република, и тоа на ниво на општина за избраните лекари, аптеките и лабораториите, на ниво на региони за секундарна здравствена заштита, а на ниво на целата Република за терциерна здравствена заштита. На овој начин стимулираме отворање на здравствени установи каде што реално има потреба и избегнуваме непотребно концентрирање во области каде што веќе ги има премногу.

• Основање КОМА-центар, во кој ќе бидат комбинирани услугите и ќе дава соодветен современ третман и нега за пациенти кои подолг временски период се наоѓаат во кома и за долголежечки пациенти. Заврши реконструкцијата и адаптацијата на просторот во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ („Нова градска‘‘), која беше избрана за нова локација за основање на КОМА-центарот, кој се дополни со нова опрема и се пушти  во употреба во средина на 2013 година. Едукациите се континуирани.

• Лиценци за вршење здравствена дејност дијализа во мрежа на здравствени установи во Република Македонија. Центрите за дијализа веќе се преземени од страна на носителите на лиценци и согласно со условите во Договорот за доделување лиценци за вршење здравствена дејност дијализа во мрежа на здравствени установи во Република Македонија, истите се задолжуваат во краток временски период да ги подигнат стандардите и квалитетот на здравствените услуги. Носителите на лиценци, исто така, се должни да ги заменат сите апарати за дијализа, да ги замени сите нефункционални столови за дијализа, да воведат во секој центар за дијализа метод на лекување – Хемодијафилтрација итн.

• Продолжување на проектот Инвитро на товар на ФЗОМ со зголемување на опфатот и на осигуреници кои веќе имаат пород од претходни заедници и за парови кои се носители на генетски заболувања. Проектот се реализира од 1 септември 2011 година. Како продолжение на успешниот проект за обезбедување на ин витро за прво дете, од 1 јануари 2014 година започнавме со обезбедување на биомедицински потпомогнато оплодување (ин витро) и за второ дете на товар на Фондот.

• Интегриран здравствен информатички систем, електронска здравствена картичка. Изработен и ставен е во функција системот за национални евиденции во здравството – Мој термин, во кој се имплементирани над 8.000 здравствени работници кои работат во над 3.600 здравствени установи, систем во кој веќе постојат над 1.300.000 електронски здравствени картони на пациенти кои директно се ажурираат од страна на докторите и се директно поврзани со нивните електронски картички. За само 6 месеци беа евидентирани над 2.500.000 електронски упати и 13.000.000 електронски рецепти.

• Воведување на Е-проверки, Е-фактурирање, Е-пријавување, Е-осигурување преку централизација на ИТ-системот на ФЗОМ што ќе овозможи електронски пријави/одјави на осигурениците, ќе се заштеди време и средства. ФЗОМ во 2014 година ги обезбеди во функција е-услугите: Е-проверки за статус на осигурување, Е-фактури за сите јавни здравствени установи и приватни здравствени установи со кои има склучено договор,

Page 209: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

209

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Е-осигурување – за матични лекари за осигуреници и за фирми овозможено е електронско остварување на право на избор или промена на матичен лекар и Е-пријави и одјави во здравствено осигурување за осигуреници во работен однос и членови осигурени преку нив.

• Воведување на обврска за секоја здравствена установа јавно на веб-страницата да ги објавува сите носители на дејности и сите лекари во здравствената установа, со определување на деновите и времето кога се на смена за да се олесни закажувањето на посетите и контролните прегледи. Сите јавни здравствени установи во Република Македонија ги имаат јавно истакнато сите носители на дејности и сите лекари во здравствената установа на јавниот поглед на Мој термин (http://mojtermin.mk/map). Детално се прикажани сите специјалности, сите апарати, сите лекари за сите јавни здравствени установи со денот и точното време кога се на смена.

• Инвестирање во комплетна обнова на канцелариите на лекарите преку набавка на немедицинска опрема за болниците и клиниките. За обезбедување донации за мебел за 5 приоритетни ЈЗУ (КБ Тетово, КБ Штип, КБ Битола, КБ 8 Септември и СБ Наум Охридски), ФЗОМ обезбеди донација од фармацевтските куќи на потребниот мебел, така што проектот целосно ќе се реализира до крајот на март 2014 година.

• Висина на партиципацијата при лекување во странство во максимален износ на учество на осигуреникот од 12.000 денари. Од 1.1.2013 година при лекување во странство максималниот износ на партиципација изнесува 12.000 денари.

• Формирање Центар за телефонско закажување на приеми и прегледи на граѓаните, во секундарното и терцијарното ниво, со цел да се олесни пристапот кон специјалистичко–консултативните служби. Идејата на овој проект е целосно надградена, односно воведен е националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој термин, систем преку кој целосно се управуваат и се ажурираат листите на чекање и закажувањето на пациентите во здравствените установи. Пациентите можат сами да ги проверат закажаните и слободните термини на порталот mojtermin.mk, а исто така секој пациент добива СМС-порака како потсетување за закажаниот термин или телефонско известување од здравствената установа.

• Воведување Е-регистри на пациенти со специфични заболувања заради електронско следење на пациентите за снабденост со терапија од болничката листа на лекови. Завршена е првата фаза од изработката на регистар за пациенти со специфични заболувања Втората фаза е во тек и ќе заврши во јуни 2014 година.

• Директен пристап и оперативност меѓу ФЗОМ и Здруженијата на пациенти преку воведување редовна средба еднаш месечно. Од септември 2011 во континуитет се одржуваат редовни месечни средби со 25 активни здруженија на пациенти кои резултираат со намалување на нивните проблеми.

• Канцеларии на ФЗОМ и во помалите општини. ФЗОМ отвори истурени шалтери во 9 општини: Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Македонска Каменица и Пехчево.

• Превентивна здравствена заштита – Столб на здравјето на народот. Со цел развивање на интегрирана превентивна програма врз основа на приоритетни заболувања од интерес на сите граѓаните и нејзино спроведување од Институтот за јавно здравје во соработка со Центрите за јавно здравје подготвивме 21 превентивни програми согласно со доставените предлози и извештаи од надлежните институции, а базирани на здравствената состојба и здравствени индикатори. Континуирано и навремено се спроведуваат активностите согласно со донесените превентивни програми. Мерките се наменети за целата популација и придонесуваат за подобрено јавно здравје на населението.

• Почнувајќи од 1 септември 2011 година, воведовме рецепт за 6-месечна терапија кај хронично болните лица со цел намалување на административната работа на лекарите, поголемо задоволство кај осигурениците и поефикасно пропишување на лековите.

• Ја унапредуваме превентивната здравствена заштита преку соработка меѓу локалната самоуправа и центрите за јавно здравје за развивање проекти врз основа на регионалните приоритети со цел подобрување на здравјето на населението. Формиран е Национален совет за јавно здравје при Владата на РМ и формирани се 41 совет за јавно здравје во општините низ државата, каде членуваат и експерти од центрите за јавно здравје. Заеднички се работи во областа на превентивна здравствена заштита, безбедност на вода, храна, промоција на здрави животни стилови, исхрана во училишта, физичка активност, превенција од сексуално

Page 210: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

210

www.vmro-dpmne.org.mk

преносливи болести, дезинфекција, дезинсекција, дератизација, посебно ларвицидна и адултна дезинсекција против комарци и сл. Подготвен е Акциски план за соработка во кој се нотирани области и активности кои се реализираат заеднички помеѓу центрите за јавно здравје и општините, кој е доставен во сите општини.

• Ги продолживме и ги интензивиравме активностите за организирање кардиоваскуларни скрининзи и скрининзи на сите видови рак, рано откривање на дијабетес и бубрежно болни, рано откривање на ХИВ, и поливалентни вакцини. Во 2012 година дотогашниот селективен скрининг го воведовме како организиран скрининг за карцином на грло на матка кај жените со ПАП-тест, (со интервал на 3 години), со поканување на жените по пошта од страна на матичните гинеколози. Во 2012 година за ПАП се поканети 37.843 жени на возраст од 24-35 години, а на преглед се јавиле 17.595 жени. Во 2013 година поканети се 40.122 жени на возраст од 36-48 години, а на преглед се јавиле 20.612 жени. Воведовме активности за рано откривање на карцином на дебело црево со ФОБ-тест, кој бесплатно се дава на пациентите од страна на матичните лекари. Во 2012 година ФОБ-тест направиле 3.282 граѓани, а во 2013 година ФОБ-тест направиле 11.209 граѓани. Со активностите за бесплатно советување и тестирање за ХИВ се откриваат нови лица заболени од ХИВ/СИДА и навремено се третираат. Во 2013 година направени се 24.500 ХИВ-тестирања во здравствените установи во РМ.

• Активно вклучување на општините во системот на регионални и здравствени услуги и установи со цел соодветна покриеност на населението со здравствена заштита. Оваа активност се координира во соработка со центрите за јавно здравје и здравствените домови, посебно на полето на едукација на населението и заеднички активности за бесплатни прегледи на пунктови. Заедничките активности се координираат преку советите за јавно здравје формирани во општините.

• Унапредување на методите за трансплантација на ткива и органи, со посебен акцент на трансплантацијата на бубрези и на црн дроб во јавното здравство. Со овозможување на трансплантација на бубрези ќе се намали бројот на пациенти кои мора да одат на дијализа и ќе се зголеми квалитетот на животот кај овие пациенти. Во периодот 2011-2013 извршени се 65 трансплантации на бубрези од жив донор. За 2014 предвидени се дури 40, од кои 4 се извршени. Паралелно со ова започнавме со активности на полето на кадаверичната трансплантација. Се именуваше национален координатор за трансплантација и се започна со организиран систем на кадаверичната трансплантација со кој се доближуваме до „ЕУРОТРАНСПЛАНТ“. Остваривме соработка со експерти од Република Франција, кои ќе доаѓаат во Република Македонија да извршуваат трансплантација на црн дроб од жив донор.

• Кардиолошка мрежа за третман на акутен срцев инфаркт. Поради високата стапка на кардиоваскуларни заболувања во Република Македонија, за прв пат основана е Кардиолошка мрежа за третман на акутен срцев инфаркт, што покрај веќе постојните центри за интервентна кардиологија во Универзитетската клиника за кардиологија Скопје и Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид, центри за интервентна кардиологија се основаа и во клиничките болници во Битола и во Штип. Набавена е соодветната опрема и во тек е започнувањето на интервентната кардиологија и во Клиничката болница Тетово и во Општата болница Струмица, додека во тек е набавка на опрема за интервентна кардиологија во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.

• Транспарентна комисија за лекови на позитивната листа. Со новите измени на Законот за здравствено осигурување предвидовме 14 ATC групи, составени од по 17 члена и тоа 14 докотори-специјалисти во врска со областа за којашто е формирана Комисијата, претставник на Министерството за здравство, претставник на Фондот за здравствено осигурување и клинички фармацевт или фармаколог со минимум 3 години работно искуство, а коишто ќе одлучуваат врз основа на претходно добиено мислење од стручниот колегиум од универзитетските клиники. Со тоа обезбедивме можност за максимална професионалност во одлучувањето на прашањата за позитивната листа на лекови.

• Проект „Амбуланти во руралните средини‘‘, со кој до крајот на 2011 ќе се реализира изградбата на нови амбуланти во селата: Катланово – Скопје; Локвица – Македонски Брод; Манастирец – Македонски Брод; Црн Врв – Скопје; Мало Коњаре – Прилеп; Трсино - Виница; Калуѓерица – Радовиш. Изградивме 15 амбуланти и тоа во следните места: с. Катланово – Скопје, с. Копаница – Скопје, с. Вејце -Тетово, с. Желино - Тетово, с. Каслишта - Гостивар, с. Шутово - Тетово, с. Локвица - Македонски Брод, с. Манастрирец - Македонски Брод, с. Миослодежда - Струга, с. Франгово - Струга, с. Трсино - Виница, с. Калуѓерица -Радовиш, с. Мало

Page 211: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

211

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Коњаре - Прилеп, с. Скудриње - Маврово-Ростуше. Амбулантите во Трсино, Калуѓерица, Скудриње, Калишта, Мисалодеждa, Катланово и Мало Коњаре се веќе изградени и се ставени во функција. Дополнително, во фаза на изградба е амбулантата во с. Црн Врв, општина Студеничани - Скопје.  

• Отворање аптеки во руралните средини, на 8 локации: Старо Нагоричане, Карбинци, Конче, Богомила, Јегуновце, Мавровски Анови, Вранешница и Другово. Министерството за здравство додели вкупно 29 лиценци за вршење дејност аптека во примарна здравствена заштита во населени места во рурални средини и тоа: општина Могила, општина Новаци - с. Новаци, општина Гостивар - с. Форино, општина Јегуновце, општина Теарце - с. Теарце, општина Брвеница - с. Брвеница, општина Неготино, општина Демир Капија, општина Крива Паланка, општина Липково - с. Матејче, општина Старо Нагоричане - с. Старо Нагоричане, општина Сарај - с. Буковиќ, општина Сарај - с. Долно Свиларе, општина Сарај - с. Глумово, општина Сопиште - с. Ракотинци, општина Илинден, општина Чучер Сандево - с. Кучевиште, општина Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров - с. Ново Село, општина Петровец - с. Петровец, општина Струга - с. Подгорци, општина Босилово - с. Иловица, општина Карбинци - с. Карбинци, општина Пехчево, општина Македонски Брод, општина Босилово - с. Моноспитово.

Исто така, дополнително се доделени лиценци за аптека во примарна здравствена заштита за с. Облешево - општина Чешиново-Облешево, за с. Ростуше - општина Маврово-Ростуша, за с. Лозово - општина Лозово и за с. Конче општина Радовиш и за с. Јурумлери - општина Гази Баба. За с. Ранковце - општина Крива Паланка и за с. Желино - Тетово, Министерството за здравство даде согласност за доделување простор под закуп за аптека во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка и простор во ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

• 24-часовна мобилна контрола на ФЗОМ преку која осигурениците ќе имаат можност да пријават неправилност и да побараат помош од ФЗОМ, доколку во која било здравствена установа на пациентите не им дава услуга или третман на којшто имаат право. Од април 2012 година ФЗОМ обезбедува од 8:30 до 20:00 часот секој работен ден тимови на контролори/инспектори подготвени за контроли.

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Изградба на нова клиничка болница во Штип. Активностите за изработка на основниот проект се во завршна фаза. Првата фаза од меѓународниот тендер за изведба е распишан во согласност со Банката за развој при Советот на Европа. Се очекува тендерската постапка да се финализира до почетокот на јуни 2014 година, по што би следело отпочнување со градежни работи. Вкупната вредност на инвестицијата би изнесувала околу 30 милиони евра.

• ќе продолжиме со мерките за поодговорно управување со ФЗОМ и зголемена транспарентност при преговорите со здравствените установи преку формирање на Мултилатерална комисија во која покрај ФЗОМ и Министерството за здравство, свои претставници ќе имаат синдикатот и осигурениците, коморите и професионалните здруженија на здравствени работници. Формирана е Мултилатералната комисија со претставници од ФЗОМ и од Министерството за здравство, како и синдикатот и осигурениците, коморите и професионалните здруженија на здравствени работници.

• Основање на соодветни единици во центрите за јавно здравје во кои ќе се зајакне планирањето и мониторирањето на превентивните активности за ранливите групи, мајките и децата, и ќе ја координираат соработката со патронажните служби во здравствените домови. Во тек е интеграцијата на Заводот за мајки и деца во рамките на Институтот за јавно здравје, по што ќе се формираат единици за мајки и деца во рамките на центрите за јавно здравје и на тој начин ќе се формира мрежа на установи кои ќе ја координираат работата на поливалентните патронажни служби и на гинеколозите со цел унапредување на здравјето на мајките и децата.

• Агенција за акредитација на здравствените установи. Согласно со Законот за здравствена заштита, предвидовме основање на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи. Во околу 90% проценти од јавните здравствени установи кои вршат болничка здравствена заштита на секундарно ниво се формирани внатрешни комисии за следење на квалитет, што претставува обврска од Законот за здравствената заштита и Правилникот за следење на видовите индикатори за квалитет.  Изработено е Методолошкото

Page 212: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

212

www.vmro-dpmne.org.mk

упатство за стандардите за акредитација кое ќе биде доставено до јавните здравствени установи со цел тие да постапуваат согласно со тоа упатство. Изработена е нацрт-верзија на стандардите за акредитација. Со буџетот на Министерството за здравство за 2014 година се предвидени средства за вработување на 4 лица во Агенцијата за акредитација. 

• Акредитација на лабораториските и други услуги кои ги обезбедуваат универзитетските институти, а потоа ќе продолжиме со акредитација на приватните лаборатории и лабораториите во останатите јавни здравствени установи. Започнат е процес за акредитација на биохемиските лаборатории во клучни јавни здравствени установи - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести - Скопје, ЈЗУ Клиничка биохемија - Скопје, ЈЗУ Клиничка болница во Штип, ЈЗУ Клиничка болница во Тетово и ЈЗУ Клиничка болница во Битола. Акредитацијата се води според меѓународниот стандард ISO-15139.

• Воспоставување систем на подвижни аптеки за снабдување со неопходни лекови посебно на граѓаните од руралните средини кои се оддалечени од аптеките и посебно за стари лица, изнемоштени и хронично болни. Согласно со евиденцијата за рурални средини со населени места со најмногу 1.000 жители направивме мапа на рурални населени места до 1.000 жители кои би требало да бидат покриени со подвижни аптеки. Согласно со тоа ќе се направат измени во Мрежата на здравствени установи, за коишто, согласно со потребите во тие рурални населени места, министерот за здравство ќе издаде лиценца за подвижна аптека. Се предвидува подвижните аптеки да ги посетат населените места најмалку два пати во месецот по претходно утврден распоред.

• Достапност на сите потребни лекови за пациентите во болниците според медицина базирана на докази преку укинување на болничката позитивна листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. ФЗОМ преку наменски буџети и контроли обезбедува болниците да ги набават сите потребни лекови кои во минатото беа дефицитарни. Болничката листа не е укината бидејќи сè уште не се исполнети сите неопходни услови, но се работи на укинување на болничката листа во соработка со надлежните тела и институции.

• Лекови на рецепт од 1 до 31 во месецот преку постепено укинување на квотите на аптеките. Проектот во најголем дел е реализиран, во аптеките се обезбедени лекови на рецепт во континуитет. Потврда за тоа е искористеност на квотите од 84% на месечно ниво. Скапите лекови на рецепт кои се издаваат надвор од квотите на аптеките се достапни за граѓаните, бидејќи нема ограничувања за овие лекови.

• Заштита на младата популација со ангажирање на педијатри во општините. Во изминатите десетина години се намали бројот на специјалисти по педијатрија вработени во здравствените домови. Исто така, се намали и интересот на докторите на медицина за приватни специјализации по педијатрија. Поради тоа, Владата одобри вработување на вкупно 140 доктори на медицина во здравствените домови во Република Македонија во следниот тригодишен период и ќе овозможи веднаш по нивното вработување да бидат упатени на специјализација по педијатрија. Исто така, знаејќи ги важноста и улогата на педијатрите за заштита на здравјето на децата во измената на Уредбата за мрежата е предвидена посебна листа на педијатри која остава простор за проширување со нови педијатриски ординации. Педијатрите остануваат на примарно ниво да се грижат за здравјето на децата и за таа цел одобрени се 13 специјализации по педијатрија на примарно ниво наменети за здравствените домови.

• Формирање детски катчиња во рамките на болниците. Во рамки на Универзитетската клиника за детски болести е уредено катче со забавно-рекреативни содржини наменето за децата. Во текот на 2014 година ќе бидат уредени детски катчиња во Клиничките болници во Тетово, Битола и во Штип и во ГОБ „8 Септември“ Скопје, за кои веќе се изработени идејни решенија, по што ќе следи формирање катчиња за деца и во другите јавни здравствени установи.

Page 213: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

213

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК

• Проект Државна кардиохирургија. За првпат по 50 години во Република Македонија, Владата на РМ ја основа првата државна кардиохирургија, со што се решава еден повеќедецениски проблем. ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија ќе врши специјалистичко-консултатативна и болничка дејност од областа на кардиохирургијата и кардиоваскуларните заболувања, во која ќе се изведува образовна дејност, усовршување на здравствени работници и научно-истражувачка дејност.

Во Државната кардиохирургија ќе работи тим од кардиохирурзи, анестезиолози и друг медицински кадар, кои треба да   обезбедат дијагноза, операции, пред- и постоперативна нега на возрасни со срцеви заболувања. До крајот на годината во план  е  да се извршат од 50 до 80 кардиохируршки интервенции на возрасни лица.

• Извршена гасификација во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од ноември 2013 година клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се затоплува на гас. Изградена е нова гасификациона мрежа од 1,5 км, со која се опфатени сите клиники. Инвестицијата чини 48 милиони денари.  Со гасификацијата на Клиничкиот центар досега се евидентирани заштеди од 8,66 милиони денари на месечно ниво. Заштедата овозможува отпочнување на гасификација на Градската општа болница „8 Септември” во Скопје, на ПЕТ-центарот во нејзина близина, како и на Поликлиниката Букурешт. 

• Реализација на проектот Дисперзирана клиника. Со овој проект, еминентни и веќе докажани доктори од здравствените установи во Скопје и во Охрид даваат здравствени услуги на пациентите низ клиничките и општите болници низ цела држава. Целта на овој проект е размена на искуства и истовремена едукација за воведување на нови методи и интервенции, како и работа со новата медицинска опрема. Досега има реализирано над 200 посети во рамки на проектот Дисперзирана клиника во регионалните центри во државата. Овој проект со успех го продолжуваме и годинава.

• Проект Државна неонатална кардиохирургија. Успешно се реализира проектот за државна неонатална кардиохирургија за бебиња до деветмесечна возраст, како и за деца до 14, a во иднина и до 18-годишна возраст. Проектот се реализира заедно со тим кардиохирурзи од САД, а согласно со планираната динамика тимот кардиохирурзи престојува четири пати во текот на годината по две недели во Македонија и во тој период оперираат од 14 до 20 бебиња или дечиња со комплексни вродени срцеви проблеми, кои имаат потреба од кардиохируршка интервенција.

• Процес на враќање на специјалисти од ПЗУ во ЈЗУ. Како резултат на водење добра здравствена политика за првпат имаме процес на враќање на специјалисти од ПЗУ во ЈЗУ. Досега се вработени над 100 специјалисти во ЈЗУ и се отворени поголем број нови кабинети и е воведено двосменско работење во ЈЗУ. Главна придобивка е тоа што станува збор за обучен кадар, специјалисти кои веднаш се вклучуваат во процесот на третирање на пациентите во соодветната здравствена установа, а истовремено го пренесуваат претходно стекнатото знаење.

• Трезор во јавните здравствени установи. Од септември 2012 година ФЗОМ го воведе трезорскиот систем во сите ЈЗУ, со што болниците заштедуваат на банкарски провизии милион денари годишно.

• Електронски е-трезор. ФЗОМ електронски ги прима налозите од болниците и со тоа им заштедува време, гориво, хартија и човечки ресурси на годишно ниво во износ од половина милион денари.

• ФЗОМ воведе 5-годишни електронски договори со приватните здравствени установи и со јавните здравствени установи. Околу 4.000 договори и анекси кои се потпишуваат во текот на годината, сега се потпишуваат електронски, со што се скратува непотребно печатење на околу 320.000 страници хартија и се добива во брзина на склучувањето на договорите и анексите.

• СМС-известување за закажани термини во Мој термин. Заради поквалитетна здравствена услуга и навремено доаѓање на закажаниот термин, пациентите се известуваат по пат на СМС за нивниот закажан термин. Исто така на пациентите им се овозможува да ги откажат  нивните термини со СМС-порака. Со овие известувања, рапидно се зголеми бројот на пациенти кои доаѓаат точно на закажаниот термин. Во просек дневно се испраќаат 5.000 СМС-пораки.

• Со новиот „кајзен-концепт“ до подобро менаџирање и поквалитетни услуги во здравството. Проектот предвидува воведување т.н. „кајзен-менаџмент‘‘ што на јапонски значи подобрување,  а со него ќе бидат

Page 214: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

214

www.vmro-dpmne.org.mk

опфатени сите клинички болници, како и останатите установи на секундарно и на терциерно ниво. Планираните активности започнаа со Клиничката болница во Штип, продолжија со Клиничката болница Битола, Клиничката болница Тетово, Општата болница Велес, Општата болница Струмица. Тим експерти од Министерството за здравство 7 дена претходно прави детален скрининг на организациската поставеност и услугите, а потоа се оди во болницата и се преземаат одредени чекори. Се анализира финансиското работење и  се  предлагаат  мерки и    модели за подобрување на состојбата. Современиот принцип на т.н. „кајзен-менаџирање“ ќе овозможи постојано подобрување на квалитетот и почитување на стандардите.

• Континуирано Министерството за здравство спроведува бесплатни здравствени прегледи на граѓаните на плоштади низ градовите на територијата на Република Македонија согласно со утврдената динамика. Со програмата Здравје за сите, планирано е секој здравствен дом да направи по 6 акции за бесплатни прегледи во текот на годината, или вкупно 204 акции низ целата држава годишно. Последните 2 години во рамките на овие акции прегледани се 20.000 граѓани и кај 20% од нив навремено се откриени ризик-фактори за кардиоваскуларни заболувања (покачен притисок, холестерол, гликемија). Тие се упатени кај нивните матични лекари за понатамошно лекување. Во 2013 година се спроведе акција за превентивни прегледи во рурални средини. Акцијата започна на 24 јули 2013 година. Вкупно се реализирани 2.481 прегледи и базични лабораториски иследувања за превенција и рана детекција на кардиоваскуларни и метаболички заболувања.

• Централна набавка на инфузиски раствори. Министерството за здравство објави оглас за групна набавка на инфузиски раствори во име и за сметка на јавните здравствени установи во Република Македонија преку паралелен увоз. Преку овој концепт на групна набавка за јавните здравствени установи се очекува да се постигнат пониски цени за инфузиските раствори.

• Паралелен увоз на лекови. Министерството за здравство постојано наоѓа начини за унапредување на работата на јавните здравствени установи, истовремено имајќи го предвид рационалното искористување на средствата, односно за иста сума на средства да се обезбеди поголем обем и што подобри здравствени услуги за пациентите. Согласно со измените во Законот за лекови и медицински помагала овозможивме ЈЗУ во Република Македонија да ги набавуваат лековите преку паралелен увоз. Преку овој концепт на групна набавка за јавните здравствени установи се очекува да се постигнат пониски цени на лековите.

• Изготвена листа на ОТЦ-лекови за продажба во супермаркети и на бензински станици. Формирана е Листата на ОТЦ-лековите наменети за продажба во согласност со последните измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински помагала, кои стапија на сила на 13 февруари. На тој начин се овозможува продажба на утврдената листа на лекови без рецепт и надвор од аптеките односно во определени места за продажба, како што се супермаркетите и бензинските станици кои ги исполнуваат потребните услови и имаат дозвола од Министерството да вршат продажба на лекови без рецепт.

• Воведување на најмалку еден лек без доплата во рамките на една генерика. Од јануари 2014 година ФЗОМ овозможи намалување на цените на лековите.

• Право на дијализа во странство. Почнувајќи од јуни 2013 година ФЗОМ им овозможи на пациентите правото на дијализа да го остваруваат во странство.

• Биохемиски тестови. Со цел обезбедување на нови и посовремени биохемиски анализатори преку набавка на реагенси, спроведе постапка за набавка на реагенси за биохемиски анализатори во текот на 2012 година, во име и за сметка на ЈЗУ ЗД Скопје (поликлиника Драчево), ЈЗУ ЗД Виница и ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје. Спогодбата склучена со економскиот оператор на крајните корисници ќе им обезбеди бесплатна континуирана обука, како и целосна грижа за сервисот и резервните делови во наредните три години. Во 2013 година спроведовме постапка за набавка на овие реагенси дополнително и за ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, ЈЗУ УК за детски болести, ЈЗУ УК за биохемија, ЈЗУ УК „Св. Наум Охридски“, ЈЗУ УК за хематологија, ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, КБ Штип, ЈЗУ УК Тетово и КБ Битола. Главната придобивка од ваквата групна набавка на реагенси за биохемиски анализатори се обезбедување бесплатни современи биохемиски апарати, бесплатен сервис и одржување на истите како и пониски цени по кои се набавуваат биохемиските реагенси.

• Отворен пункт за ИМП во Поликлиниката во Драчево. Ова е петти пункт на ИМП отворен на територија на Скопје, покрај постојните во населбите Карпош, Чаир, Ченто и Аеродром. Кон Поликлиниката во Драчево

Page 215: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

215

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

гравитираат околу 80 илјади граѓани на една голема територија која претходно била покривана од пунктот кој се наоѓа во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром. Пунктот има 24-часовна покриеност и во него работи тим составен од доктор, сестра и возач.

• Вработување кадар во ЈЗУ, доекипирање на итните медицински служби и обуки на екипите за ИМП. Врз основа на детални анализи во три наврати се обезбедени 600 согласности за вработување доктори, сестри и останат медицински кадар, односно отворени се 600 нови работни места во јавните здравствени установи. Реализирани се обуки на новобработените лица во ИМП, со кои беа опфатени сите екипи на итна медицинска помош во здравствените домови, како и екипите кои работат во ургентните служби во општите болници низ Републиката.

• Закон за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина. Донесовме Закон за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, со кој се приближува начинот на студирање медицина во Република Македонија со оној во најразвиените здравствени системи, како тој на САД и Германија. Се воведува поделба на стручниот испит во 2 дела (претклинички и клинички), задолжителна практична обука, изучување и полагање предмети на англиски јазик, учење на комуникациски вештини на идните доктори на медицина, задолжителни предавања од најреномирани професори од светот, задолжително користење учебници што се користат на најдобрите медицински факултети во светот.

• Во рамките на новиот Закон за здравствена заштита се воведени новини во однос на реализација на специјализации на медицинскиот кадар - Средствата од специјализациите се распределуваат, и тоа 50% за високообразовната установа, а 50% за здравствената установа на која се спроведува специјализацијата. Доколку во период од 5 години најмалку двајца специјализанти кај еден ментор со успех не ги совладале одделните вештини од планот и програмата за специјализациите, на менторот му се одзема овластувањето за вршење на работите на ментор.

• Обезбедени се рекордно голем број специјализации, од кои 227 се доделени во учебната 2012/2013 година, 362 се доделени во учебната 2013/2014, како и 43 супспецијализации, што е значително повеќе од претходните години кога се доделувале педесетина специјализации годишно. Доколку е специјализацијата со времетраење до 5 години, лекарот има обврска 10 години по завршување на специјализацијата да остане да работи во ЈЗУ, а за специјализации над 5 години, оваа обврска е 15 години да работи во ЈЗУ по завршување на специјализацијата во странство. 

• Медицински симулациски центар. Се воведува медицински симулациски центар во кој ќе се врши стекнување практични вештини неопходни за стекнување на називот доктор на медицина, дел од процесот на полагање на практичниот дел од стручниот испит, дел од процесот на стекнување на практични вештини за стекнување со стручно звање специјалист и супспецијалист, дел од полагањето на практичниот дел на специјалистичкиот и супспецијалистичкиот испит и дел од процесот на продолжување на лиценца на докторите на медицина. Медицинскиот симулациски центар има соодветна опрема која симулира патолошки состојби на човекот и овозможува проверка на стекнатите вештини преку дијагностички и терапевтски интервенции извршени на опремата, на конкретни случаи зададени по случаен избор, при што истовремено се врши и видеоснимање на интервенцијата.

• Набавена опрема за Медицинскиот симулациски центар – во вредност од 37 милиони денари. Станува збор  за набавка на еден лапароскопски симулатор и за симулатор на пациенти - еден за возрасни и еден педијатриски. Овие симулатори ќе се користат за стекнување практични знаења на студентите, специјализантите и за продолжување на лиценцата на докторите. Исто така, во Медицинскиот симулациски центар ќе бидат опфатени и хируршки интервенции кои вклучуваат хируршки методи кои се нови или методи кои не ги совладале мнозинството специјалисти.

• ФЗОМ се грижи да има достапност на квалитетни здравствени услуги на што повеќе осигуреници преку стимулации на матичните лекари, гинеколозите и руралните лекари, кои се чуварите за влез во здравствениот систем. Целта е задоволни пациенти и задоволни лекари. Фондот ја зголеми стимулативната граница за бројот на осигуренички на кои еден гинеколог може да им пружа здравствени услуги, односно зголемување од 3.500 бодови на 4000 бодови. Со оваа мерка се очекува повеќе жени да имаат избран матичен гинеколог.

Page 216: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

216

www.vmro-dpmne.org.mk

Секој нов матичен лекар кој ќе склучи договор со Фондот, добива фиксен дел во износ од 40.000 денари. За стимулирање на нови лекари и зголемување на бројот на матични лекари, Фондот планира за првите 18 месеци на работење на новите тимови да добиваат капитација за 400 пациенти/800 бодови сè додека нивната практика не заживее. За да се стимулираат лекарите кои даваат здравствени услуги во руралните средини, ФЗОМ ги зголемува средствата што ги исплаќа, од 55.000 денари на 60.000 ден, односно зголемување од 85.000 на 90.000 денари.

• Снимање на хируршки интервенции. Со цел унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите задолжително се врши видеоснимање на сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, роботска хирургија и сите други интервенции каде што опремата овозможува видеоснимање, како и сите хируршки интервенции кои вклучуваат хируршки методи кои се нови или методи кои не ги совладале мнозинството специјалисти, односно супспецијалисти во здравствената установа, кои се вршат во здравствените установи во Република Македонија.

• Висока грижа за лицата со дијабетес мелитус во Република Македонија. Министерството за здравство беше и останува целосно посветено на обезбедување највисока можна грижа за сите наши граѓани со дијабетес мелитус. Нивото на грижа за дијабетесот во Република Македонија е едно од највисоките во регионот и на ниво на грижата за дијабетесот во најразвиените земји во Европа и светот. Повеќе од 36.000 наши возрасни граѓани и околу 2.300 деца користат најсовремена инсулинска терапија и бесплатни ленти за мерење на гликемијата.

• Скриниг-превенција за трите најчести незаразни заболувања на целата популација. ФЗОМ во соработка со Владата и со Лекарската комисија во периодот од јануари 2014 до јануари 2016 година ќе ја спроведува оваа мерка.

• Централизирана набавка на инсулинска терапија и ленти за мерење гликемија. Одржувањето и унапредувањето на високото ниво на грижата за дијабетесот се постигна преку сериозни заштеди преку спроведување на централизирани тендери за набавка на инсулин и ленти за мерење шеќер, а со последниот беа заштедени околу 3.6 милиони евра, без тоа да има влијание врз квалитетот на грижата што ја добиваат граѓаните со дијабетес. Тоа се средства што остануваат во системот, а се користат за други сегменти од здравствената грижа, како за граѓаните со дијабетес, така и за останатите пациенти.

• Условни буџети за обезбедување дефицитарни здравствени услуги. Во 2011 воведени се наменски буџети за ревма, мултплекс склероза, хормон за раст, цистична фиброза, кохлеарни импланти, трансплантација на бубрези. Во 2014 ФЗОМ обезбеди 14 нови дефицитарни здравствени услуги: Ресинхронизациона терапија на срцето, транскатетер аортнавалвуларна инплантација и TAVI (transcatheter aorticvalve implantation), концентратори за оксигенска терапоја, лекување на ревматоиден артритис, трансплантација на коскена срцевина, терапија со хормон за раст и лекување на цистична фиброза, третман на мултипна склероза со имуномодулаторна терапија, трансплантација на бубрег, трансплантација на црн дроб, васкуларни процедури , процедури на граден кош и дигестивен тракт и имплант-дојка, вградување на имплант-дојка по мастектомија или вроден недостаток на дојка, трансплантација на бубрег и трансплантација на црн дроб и детска кардиохирургија, вградување на Кохлеарен имплант, оперативни зафати на катаракта со фако-метод, треман на шизофренија со лекот рисполете.

• Отворен првиот Национален центар за хемофилија. Во рамки на скопските клиники  е отворен првиот Национален центар за хемофилија во регионот. Услугите на центарот можат да ги користат повеќе од 300 лица болни од хемофилија. Претходно овие лица терапијата и прегледите кои треба да ги прават најмалку два пати годишно ги добиваа во зградата на Трансфузиологија заедно со сите останати пациенти. Имајќи предвид дека станува збор за хронично болни лица на кои им е потребна постојана терапија, сметавме дека овие простории треба да се отворат 24 часа и да се направат подобри услови, со оглед на тоа дека станува збор за непредвидлива болест.

• ФЗОМ за прв пат спроведе теренско анкетирање на осигурениците со цел да утврди какво е задоволството на осигурениците од добиените услуги во ФЗОМ, преку независна страна. Во мај 2013 година ФЗОМ спроведе теренска анкета во сите 30 подрачни служби во државата и доби директен увид во размислувањата на осигурениците, нивната перцепција кон институцијата, како и нивните реални и вистински искуства кои ги

Page 217: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

217

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

имале во сите подрачни служби.

• Универзитетска клиника за детски болести во Скопје - доопремување со нова медицинска опрема и набавка на ново амбулантно возило. Детската клиника во Скопје доби нова медицинска опрема со вкупен износ од 30 милиони денари. Пристигнатата опрема е ставена во функција и ги задоволува сите потреби на Клиниката. Станува збор за ехо-апарати, апарати за анестезија, респиратори, инкубатори, хематолошки анализатори, гасни анализатори. Со тоа целосно се заокружува сè она што е нарачано од оваа Клиника, во однос на апарати и медицинска опрема. За оваа клиника е набавено и ново амбулантно возило за итен неонатален и педијатриски транспорт и е во функција на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Ова возило чини околу 8 милиони денари и претставува сериозна инвестиција во македонското здравство.

• Клиниката за уво, нос и грло со реновиран педијатриски оддел и нов ултразвучен скалпел. Комплетно е реновиран Одделот за педијатриска оториноларингологија и набавен е нов апарат - ултразвучен скалпел (кој истовремено сече и го заздравува ткивото и децата многу полесно ги поднесуваат операциите) за безболно вадење крајници. Станува збор за една современа технологија која претходно недостигала во јавното здравство.

• Поефикасно лекување на новороденчиња со респираторни заболувања на Детската клиника. На клиниката е инсталиран најсовремен апарат за понеагресивно водење на новородени бебиња кои имаат потреба од механичко вентилирање на белите дробови по критични раѓања - Bubble CPAP. Со апаратот се применува помалку инвазивна техника со која лекувањето е побрзо во однос на класичната машина за дишење, поголем е процентот на преживување на предвреме родените бебиња и нема оштетувања на белите дробови и на мозокот. Со воведување на тој метод се прави сериозен исчекор напред за подигнување на нивото на квалитет на здравствените услуги, а особено во насока на намалување на смртноста кај доенчињата или подигнување на здравствените услуги на Детската клиника.

• Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза доби возило со вграден рендген, ЕКГ-апарат и дефибрилатор. Станува збор за  специјално опремено возило  со  вграден рендген, ЕКГ-апарат и дефибрилатор за рано дијагностицирање на туберкулоза. Возилото се поставува на места каде што има поголема концентрација на ризичните, односно вулнерабилни групи од населението, како што се затвори, психијатриски установи, училишта или некои рурални области и населби во кои се живее во супстандардни услови, односно секаде каде што има потенцијална опасност од ширење на туберкулозата.

• Отворен педијатриски ургентен центар при Детската клиника – Скопје. При Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, отворен е првиот педијатриски ургентен центар со површина од 130 м2. Во него се обезбедува подобра и навремена здравствена заштита на децата, оти секоја минута е значајна за да се спаси еден детски живот.

• Геронтолошки завод „13 Ноември“ - завршена  реконструкција на оваа ЈЗУ. Инвестицијата е вредна 800 илјади евра или околу 55 милиони денари. Направена е темелна реконструкција, сменети се подовите, плакари, прозорци, врати, санитарни јазли и сè друго што требаше да се смени.

• Клиниката за нефрологија доби нов најсовремен систем за квалитетна вода за дијализа. Нов систем за реверзна осмоза, која значително го подобрува квалитетот на лекувањето на болните со хемодијализа е пуштен во употреба на Клиниката за нефрологија. Станува збор за нова постројка за обработка на водата која ќе овозможи квалитетна вода за дијализа. Инвестицијата вредна 3,9 милиони денари е обезбедена од буџетот на Клиниката.

• Воведен протокол за безбедна хирургија во здравствените установи. За првпат е воведен Протокол за безбедна хирургија  во сите хируршки одделенија во јавните и во приватните здравствени установи во Република Македонија  согласно со искуствата и практиките на СЗО.    Протоколот е објавен во Службен весник и неговата примена е задолжителна за сите хируршки одделенија.

• Централизирана набавка на интраокуларни леќи ЗА 10 ЈЗУ. Министерството за здравство за првпат реализираше централизирана набавка на интраокуларни леќи и друг офталмолошки материјал за 10 јавни здравствени установи - ГОБ „8 Септември“, Клиниката за очни болести, клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, како и општите болници во Прилеп, Куманово, Велес, Гевгелија и во Струмица. Со овој нов концепт

Page 218: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

218

www.vmro-dpmne.org.mk

на функционирање се овозможи искористување на економијата од обем при реализирање на јавните набавки што во голема мера ќе придонесе кон зголемување на конкуренцијата и намалување на цената на потрошниот медицински материјал.

• Набавка на две возила за интерклинички транспорт на пациентите во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Повеќе од 50 години пациентите во клиничкиот блок се пренесуваа од една во друга клиника на носилка по дожд, снег, на екстремно високи, но и на многу ниски температури. Согледувајќи ја димензијата на проблемот, Министерството за здравство набави две возила за интерклинички транспорт на пациенти кои се опремени со носилка, боца за кислород, постоље за инфузија и целосно климатизиран простор за пациентот.

• Набавка на нова медицинска опрема, потрошен медицински материјал, а предвидена е и реконструкција на дел од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Средствата за оваа намена се обезбедени од програмата за туберкулоза финансирана од Глобалниот фонд за туберкулоза и маларија при што ќе бидат објавени два тендери за набавка на опрема и медицински потрошен материја. Станува збор за медицинска опрема во вредност од околу 10 милиони денари или 167.550 евра, при што е набавен и систем за брза и прецизна дијагностика на туберкулозните бактерии што претставува најсовремен метод за дијагностицирање на болеста и времето на дијагностицирање се намалува од 30 дена на само еден ден.

• Олеснување и административно кратење преку обезбедување тримесечна терапија за пациенти со мултиплекс склероза, хормон за раст, итн. ФЗОМ во соработка со здруженијата на пациенти и со релевантните здравствени установи ги скратува и ги олеснува постојните административни бариери на еден минимум.

• Отворен Секретаријат на здравствената мрежа за земјите од ЈИЕ со седиште во Скопје. Седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа за земјите од Југоисточна Европа е отворено во Скопје. Станува збор за мрежа која ќе помогне за една многу подлабока соработка меѓу 10 земји-членки на оваа мрежа, во поглед на развој на јавното здравство, на организирање или имплементација на заеднички проекти, во поглед на соработка на сите нивоа на здравството и на здравствената политика.

• Воведување на јавна расправа пред воведување на нови системски акти од областа на здравственото осигурување. Од октомври 2011 година ФЗОМ воведе транспарентно донесување на измени на регулативата со учество на засегнатите страни.

• Проект Домашна визита – со акцијата за посета на стари, изнемоштени и лица со хронични болести во рамки на првиот и вториот циклус се извршени посети на 15.902 стари и изнемоштени лица со дијабет, хронични респираторни и хронични срцеви болни. Посетите ги изведуваат обучени сестри од патронажните служби во здравствените домови низ целата држава. Една посета трае околу половина час и вклучува - мерење крвен притисок, шеќер, холестерол, се прави ЕКГ, се даваат совети за исхрана, за физичката активност и други совети за здрави стилови на живеење. До крајот на годината се планира да бидат реализирани 70.000 посети.

• Формиран е Комитет за здравје и животна средина како експертско тело за надминување на проблемите на здравјето поврзани со животната средина, посебно намалување на малигните заболувања. Во септември 2013 година формиран е интерсекторски Комитет за здравје и животна средина кој во 2013 година има одржано 8 седници на кои се донесени мерки со кои се намалува ризикот од загадување и штетни фактори во надворешна средина, а кои директно или индиректно влијаат врз здравјето на населението. Темите што се дискутираат на овој Комитет се загадување на воздухот, безбедна храна, пестициди, радиоактивност, здрава исхрана, физичка активност, превенција од кардиоваскуларни и малигни заболувања и друго.

• Донесена е Стратегија за климатски промени и Акциски план за превенција од топлотни бранови и Акциски план за превенција од студени бранови. Согласно со Стратегијата и Акциските планови секоја година при најава за топлотни бранови, населението навремено се информираше за превентивни мерки за заштита на своето здравје, а беа спроведени и мерки за ограничување на работното време или ослободување од работа за време на топлотните бранови на бремени и стари лица над 60 години.

• Донесена е Стратегија за туберкулоза до 2017 година и Стратегија за сида до 2016 година. Согласно со овие две стратегии со Акциски план се зацртани активностите за превенција, рано откривање и соодветно лекување. Лекувањето согласно со стратегиите е бесплатно, а лековите се обезбедуваат од Програмата за туберкулоза и Програмата за сида.

Page 219: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

219

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Стратегија за имунизација до 2020 година со Акциски план. Донесена е Стратегија за имунизација до 2020 година во која се планирани активности за подобрување и осовременување на системот за имунизација во државата, воведувањето на повеќевалентни вакцини и воведување на вакцина против пнеумокок и рота вируси.

• Поголема информираност на жените. Промовирани сеа на новите протоколи за антенатална и перинатална здравствена едукација на сите гинеколози и издавање на мајчина книшка со подобрен, обновен изглед. Започната е кампања за подигање на свеста за бенефитите од ХПВ-вакцина и зголемување на опфатот кај девојчињата, како и активности за подигање на свеста кај жените за навремени гинеколошки прегледи со ПАП-тест. Спроведена е едукација на гинеколозите за новите протоколи за антенатална и перинатална здравствена заштита. Донесен е Акциски план за намалување на смртноста на доенчињата и матернална смртност. Отпечатени се 25.000 примероци на мајчина книшка со брошура за здрава бременост, наменета за следење на бременоста на жените, дистрибуирана до сите гинеколози. Отпечатена и дистрибуирана е брошура наменета за родилки со информации за нејзиното здравје, здравјето на бебето, совети за доење и исхрана. Отпечатена се брошура и постер за гинеколошки преглед со ПАП-тест, а спроведена е и медиумска промоција.

• Проект Рурален доктор. Заради обезбедување на здравствена заштита за 359.283 лица, кои живеат во 1.227 населени места лоцирани во 72 општини, а кои не можат да го остварат правото на здравствена заштита на примарно ниво во своето место на живеење, давањето на примарна здравствена заштита ќе го преземат здравствените домови  и за таа цел во нив ќе бидат дополнително вработени 106 медицински тимови составени од доктор на медицина и медицинска сестра. Овие медицински тимови ќе ја вршат здравствената дејност или во пунктови лоцирани во населеното место или преку посета на жителите во нивните домови (патронажа). Со ова ја доближуваме здравствената заштита до сите граѓани на Република Македонија, независно од местото на живеење.

• Рецепт за хронични болести и важност на препорака по предлог на лекар специјалист/субспецијалист или лекарски конзилиум. Од септември 2011 година ФЗОМ воведе зголемување на важноста на рецептот за хронични терапии.

• Хронична потврда за ортопедски помагала. Од февруари 2014 година ФЗОМ воведе хронична потврда за ортопедски помагала. Со ова се овозможува добивање потврди за 6-месечна потреба од ортопедски помагала, со што се намалуваат 164.000 посети кај матичните лекари и кај подрачните служби на ФЗОМ.

• Бенефиции за бремените жени од ранливи групи. Со Програмата за мајки и деца за 2014 година ги ослободивме од партиципација за микробилошки услуги за антенаталните прегледи за време на бременост, бремените жени од ранливи групи (кои примаат социјална помош, не се вработени или имаат минимална плата). На овој начин овозможуваме навремени антенатални прегледи, а со тоа зачувување на здравјето на мајката и на новороденото.

• Проект за минимализација на потребната документација, воведување на едношалтерски систем. Од октомври 2011 година ФЗОМ електронски се поврза со ФПИОМ, АВРМ и УЈП со цел размена на податоци и намалување на потребните документи.

• Драстично подобрување на одредбите во договорите меѓу Фондот и здравствените установи (по барање на Фармацевтската, Лекарската и Стоматолошката комора) во насока на допрецизирање и прифаќање на пофлексибилна соработка, како и намалување на казните. ФЗОМ, согласно со спроведените преговори и соработка, во новите договори ги намали предвидените казни, а обезбеди нови поволности за приватните здравствени установи.

• Централизирана набавка на поголем број душеци и стандардни и електрични болнички кревети. Со тоа се подновени лежечките капацитети во сите универзитетски клиники, со посебен акцент на Клиниката за детски болести Скопје, како и во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Станува збор за набавка на 2.000 медицински душеци, 300 механички болнички кревети за стандардна нега, како и 40 електрични болнички кревети и 100 педијатриски креветчиња и душеци.

• ФЗОМ спроведува стимулативен систем на плаќањето на капитација кај избраните лекари од примарна здравствена заштита во рурални подрачја, почнувајќи од ноември 2011 година. На овој начин ФЗОМ овозможи достапност на здравствена заштита до поголем број осигурени лица.

Page 220: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

220

www.vmro-dpmne.org.mk

• Организирање здравствени пунктови во компании со над 100 вработени и набавка на дефибрилатор. Министерството за здравство донесе правилник за организирање здравствени пунктови во фирмите со над 100 вработени и набавка на дефибрилатор и обука на пет лица кои ќе можат да го користат и да дадат прва помош.

• Водич за исхрана на населението. Во финална фаза е подготовката на водичот за исхрана на населението во кој се објаснети здравите навики на исхрана, влијанието на внес од одредени прехранбени производи и пијалоци, физичката активност и начинот на практицирање, потребата од избегнување на одредени видови храна и состојки, храна и состојки чиј внес треба да се зголеми, со цел да се изградат здрави навики во исхраната, односно да се изгради свеста за здраво живеење.

• Протокол за хоспитална култура. Протоколот се базира на неколку принципи, љубезност, почит, доверба и се реализира во четири етапи и со кој се регулираат целокупните односи во македонските болници. Во Протоколот за хоспитална култура акцентот е ставен на грижата за пациентот и со него се опфатени двете страни на чинители во здравствените установи, персоналот и пациентите. Тој ќе го регулира начинот на облекување, комуникацијата и севкупниот однос меѓу нив со една единствена цел подобрување на сликата за здравствените установи во државата.

• Проект за ангажирање пензионирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје низ здравствените установи во Република Македонија. Со проектот се опфатени пензионирани професори кои се согласуваат своето непроценливо знаење и искуство да го стават на располагање на нашиот здравствен систем. На ваков начин придонесовме системот да не ги изгуби компетенциите и знаењата на овие експерти.

• Воведување нов инструмент за мерење на задоволството на пациентите и на лекарите во јавното здравство. Министерството за здравство започна обемно повеќенаменско истражување во јавното здравство за да се добие подетална претстава за состојбата во македонските здравствени установи. Во овој проект се интегрирани неколку посебни истражувања, во кои се опфатени сите категории лица кои имаат интеракција со македонскиот здравствен систем. Истражувањето е по пат на теренска анкета на примерок од 12 000 испитаници. Според прифатената методологија на истражување, се спроведоа четири посебни теренски истражувања и согласно со добиените резултати се креираат соодветни здравствени политики.

• Нов начин на издавање резултати од радиодијагностиката на ЦД и на ДВД. Започнат е процес на дигитализација и комплетно издавање на рендген-снимките на ЦД. Со овој проект се опфатени сите јавни здравствени установи кои имаат рендген-апарати и издавањето на рендген-снимките треба да биде исклучиво преку ЦД/ДВД. Целта е сите установи да бидат поврзани на централно ниво, а снимките можат да бидат симнувани и прегледувани од која било јавна здравствена установа. Предвидена заштеда од оваа нова мерка е околу половина милион евра годишно или 30 милиони денари.

• Преземање мерки за спречување на појава на вектор преносливи болести -прскање против комарци. Се донесе Национален акциски план за превенција од вектор преносливи болести со посебен акцент на комарци и крлежи. Согласно со овој план единиците на локална самоуправа вршеа ларвицидна и адултна дезинсекција, т.е. прскање против комарци. Центрите за јавно здравје ја координираа активноста, а ДСЗИ вршеше контрола на извршувањето.

• Отворање на истурени канцеларии во повеќе општини во градот Скопје. Од јуни 2012 година ФЗОМ овозможи побрза и полесна достапност на правата на осигурениците (растоварување на гужвата во ПС, скратување на непотребното губење на време на фирмите и осигурениците, олеснување на работата на матичните лекари итн.).

• Работилници со пензионери. ФЗОМ организира четиринаесет работилници наменети за пензионерите за едукација на нивните права од здравствено осигурување како и едукација за определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Мерката започна да се реализира во февруари и ќе се спроведува во текот на 2014 година.

• Проект Отворање на центар за спинална хирургија. Ваквиот центар би се наоѓал во рамките на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, со план да прерасне во референтен центар за спинална хирургија во Република Македонија, согласно со Законот за здравствена заштита, а во иднина и како еден од позначајните центри за спинална хирургија во регионот. Во тек е набавка на софистицирана опрема потребна за отворање на центарот.

Page 221: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

221

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Набавка на два нови акцелератори во Битола и во Штип. Во тек е изградба на бункер за инсталирање два нови акцелератори во клиничките болници во Битола и во Штип. Очекуваме со оваа вредна инвестиција да се подигне и квалитетот и стандардите на здравствените услуги и да им се помогне на луѓето кои се во најтешка здравствена состојба. Оваа инвестиција во овие клинички болници има двоен ефект, бидејќи ќе биде решен долгогодишниот проблем на пациентите од регионот, но и ќе се намали оптоварувањето на клиниките во Скопје.

• Подобар здравствен систем со измените на Законот за здравствена заштита. Донесени се измени на Законот за здравствена заштита, кои треба на долг рок да го променат здравствениот систем во Република Македонија. Прва и најголема измена во Законот е дефинирање кој може да работи во Клиничкиот центар односно кој може да се вработи и кој потоа може да остане да работи, зашто секој не може и не смее да работи во Клиничкиот центар. Во клиниките треба да работат само најдобрите кандидати, со висок просек и познавање странски јазик. Втората измена на Законот која е исклучително значајна е формирањето на 10 т.н. тумор-бордови за 10 специјалности во медицината во Клиничкиот центар и по еден тумор-борд во клиничките болници. Значајна новина е формирањето тумор-борд тело составено од доктори од повеќе специјалности кое има обврска да ги разгледува сите случаи на карцином од соодветната специјалност и преку мултидисциплинарен пристап да го одредува текот на лекувањето, терапијата итн.

• Проект за изучување англиски и германски јазик на вработените во ЈЗУ. Станува збор за повеќегодишен проект, кој се реализира во сите ЈЗУ во Република Македонија, во соработка со универзитетите во Скопје, Штип и во Битола. Изучувањето се врши во две фази, односно првата фаза е насочена кон основното  јазично познавање, додека во втората фаза ќе се реализира специјализиран курс со кој ќе се збогати и ќе се усоврши речникот од областа на медицината.

• Проект за воведување Сто нови медицински методи во ЈЗУ. Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје наскоро ќе почне да прави трансплантација на црн дроб, за која во Македонија годишно имаат потреба помеѓу 10 и 12 пациенти. Таа операција е меѓу покрупните нови медицински методи кои ќе се применуваат од септември 2014 во ЈЗУ. Од вкупно 100 методи, 62 за првпат ќе почнат да се прават во државата на 30 универзитетски клиники во 24 специјалности, а останатите 38 методи веќе се прават на скопските клиники, но ќе се спроведуваат и во болниците низ Македонија.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• ќе формираме современ Национален центар за ургентна медицина, за згрижување на сите граѓани што се наоѓаат во непосредна животна опасност и каде што ќе добијат квалитетна и навремена здравствена услуга. Во овој центар ќе формираме добро едуцирани интердисциплинарни тимови, составени од повеќе струки, пред сè од интернистичка и хируршка медицина. Како инвестиција и реконструкција ќе биде опфатен со третата фаза на реконструкции на здравствени институции. Предвидено е Националниот центар за ургентна медицина да биде составен дел на новиот клинички центар „Мајка Тереза“. Веќе е подготвен национален протокол за тријажа за ургентни состојби врз основа на најдобрите светски искуства, што ќе служи за обука на медицинскиот персонал вклучен во Националниот центар за ургентна медицина. Дополнително, за прв пат во македонското здравство се воведени специјализации по ургентна медицина што ќе овозможат највисок степен на ургентна здравствена заштита. Во регионалните болници ќе формираме единици за ургентна медицина за вршење на тријажа на итни болни и нивно поврзување со Националниот центар за ургентна медицина, со цел достапност на навремена здравствена интервенција на целата територија на РМ.

• ќе се разгледа можноста за редефинирање на пакетите на здравствени услуги и можноста за поделба на државниот здравствен фонд. Министерството за здравство сериозно пристапи кон проблематиката на пакетот на здравствени услуги и можноста за поделбата на државниот здравствен фонд. Поради тоа направивме сериозна анализа, разгледавме повеќе можни сценарија, при што користевме повеќе странски искуства, по што, имајќи ја предвид пред сè нашата определба да овозможиме најдобра здравствена заштита за граѓаните на Република Македонија и нашата заложба да не намалиме ниедно право кое е веќе стекнато, донесовме стратешка одлука овој проект да не биде реализиран.

Page 222: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

222

www.vmro-dpmne.org.mk

кУЛТУРА

Page 223: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

223

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

За ВМРО-ДПМНЕ, културата e темелна вредност на општеството и како таква, таа е наш стратегиски интерес. Во изминатиот период работевме на градење и поттикнување на врвното уметничко творештво, на градење систем на културни вредности, но, и на обезбедување услови за дистрибуција и рецепција на културните и на уметничките добра.

Вложивме многу труд, знаење и енергија во подигнувањето на свеста кај граѓаните за наследените традиционални и етнички вредности на културното изразување и создадовме амбиент на непречена и стимулативна творечка и креативна културна комуникација. Денес со гордост можеме да кажеме дека e Македонија е препознатлива културна средина која врз темелите на богатото културно наследство ја гради својата културна сегашност и иднина.

ВМРО-ДПМНЕ ја постави културата во самото срце на системот и инвестираше во развој на актуелното културно творештво и заштита на културното наследство, како и во промоција на автентичното културно богатство на Република Македонија во државата и во светот. ВМРО-ДПМНЕ го унапреди и статусот на уметникот. Над 630 уметници добија трајно вработување, а во насока на вреднување на уметничкиот труд, платите на уметничкиот кадар се зголемени за над 60%.

За првпат во историјата на независна Македонија, изградени се нови објекти кои се во функција на создавање современа инфраструктура за остварување на културата. Нашите уметници денес творат во објекти со најсовремени технички и технолошки перформанси кои овозможуваат продукции кои се квалитетни и репрезентативни.

Заради поттикнување на домашното творештво, започнавме да спроведуваме низа стимулативни мерки во музичко-сценската, ликовната и во издавачката дејност. Со овие мерки, долгорочно ќе се зголеми продукцијата на квалитетни дела, а ќе се збогатат и националните фондови на институциите од областа на културата.

Имајќи предвид дека современите технологии го поттикнуваат развојот на современата култура, особено во доменот на применетите уметности и креативните практики, ја препознавме и важноста на креативните индустрии. Во изминатиот период реализиравме многубројни проекти кои ја нагласија економската, производствената и профитабилната димензија на културата.

Грижата за наследените вредности ја подвлековме и преку многубројните проекти од областа на заштитата на културното наследство. Во изминатиот период беа спроведени голем број археолошки ископувања низ целата држава и беа пронајдени вредни артефакти кои беа презентирани пред јавноста. Со соодветен конзерваторски третман беше опфатен голем фонд на недвижни споменици на културата (цркви, манастири, џамии, фрескоживописи, икони, иконостаси, стара архитектура, тврдини, чаршии и многу други движни и недвижни културни добра од различен вид и период на настанување), културно наследство низ кое се огледуваат историскиот и културниот континуитет на нашите простори.

Богатото македонско културно наследство и творештво беше презентирано на многу сцени низ светот каде што македонската култура стана видлива со своите врвни вредности. Организиравме голем број настани и промоции кои ја позиционираа македонската култура во редот на развиените културни средини. Наша цел беше и интеграцијата на РМ во релевантните меѓународни организации, како УНЕСКО, Советот на Европа, Европската унија и другите инстанци со кои развивме партнерски однос и реализиравме многубројни проекти.

Во изминатиот период донесовме закони кои се стимулативна рамка за остварување на културата. Го донесовме и најважниот стратегиски документ за културата на една држава, а тоа е Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година, документ кој содржи долгорочни насоки за развој на културата во Република Македонија.

Денеска одговорно можеме да кажеме дека огромен број од проектите што ги ветивме, ги реализиравме, но, не застанавме тука. Во нашата програма во тек на реализација се и нови проекти кои ќе ја поттикнат креативноста во културата во функција на општествениот развој на Република Македонија.

Page 224: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

224

www.vmro-dpmne.org.mk

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО

• Изграден и пуштен во употреба Стариот театар во Скопје. На 7 декември 2013 година, со премиерата на претставата „Вечната куќа“, за јавноста беше отворен новиот објект на Македонскиот народен театар, со што се овозможи театарската уметност во нашата држава да се создава и да се гледа во истите услови, како и во големите европски и светски културни центри. Објектот на новиот театар е позициониран на вкупна површина од 7.200 квадратни метри, а аудиториумот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта и мала сала со 213 седишта. Новиот театар содржи најсовремена сценска технологија и аудиовизуелна опрема која овозможува големи технички перформанси.

• Изграден и пуштен во употреба објектот „Музеј на македонската борба за државност и самостојност - Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“. Со реализацијата на овој проект, Република Македонија конечно се здоби со еден комплексен музејски простор во кој е претставена нашата богата и повеќеслојна историја. Преку изложбените експонати, 109 восочни фигури, 80 уметнички слики - масовни сцени, 21 портрет, како и преку збирката оргинални предмети, која до овој момент изнесува 1.064 експонати, се оживеани историските премрежиња низ кои помина македонскиот народ во остварувањето на својата борба за државност и самостојност. Музејскиот комплекс е единствен од ваков вид во нашата земја, но и во регионот, и има образовна и едукативна мисија, за што и доби посебна меѓународна награда од Европската музејска академија. Досега Музејот на македонската борба го посетија повеќе од 100 000 посетители, од кои над 12 000 се странски туристи од околу 70 земји во светот.

• Изграден и пуштен во употреба објектот „Порта Македонија”. На 6 јануари 2012 година беше промовиран објектот Порта Македонија, кој набргу потоа стана симбол на македонските победи во културата, уметноста, спортот. Објектот „Порта Македонија“ е уникатен и има мултидимензионална функција. Неговиот атрактивен галериски простор денеска е место на кое на годишно ниво се реализираат над 100 настани, изложби, презентации, семинари и други случувања.

• Изградба на унифицирани репрезентативни мали монтажни објекти за културна и туристичка понуда на Република Македонија. Проектот опфаќа изработка, поставување и ставање во функција на 20 унифицирани монтажни објекти наменети за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал. Досега се поставени, целосно опремени и пуштени се во употреба 13 објекти во градовите: Скопје, Ресен, Берово, Дојран, Крушево, Битола и Охрид, како и во Стоби и на граничните премини „Богородица“ – Гевгелија и „Деве Баир“- Крива Паланка, а во овој период се поставуваат уште 3 објекти, и тоа на граничниот премин „Табановце“ - Куманово, во Вевчани и во Штип. Ова е одлична можност за домашните и за странските гости да понесат со себе автентичен сувенир од Република Македонија, симбол на македонската традиција, култура, уметност, наследство, природа и др.

• Адаптација и санација на галериски простор во Музејот на современата уметност. По децениската пауза, во која македонските граѓани и посетителите од странство немаа можност да го видат непроценливиот фонд на Музејот на современата уметност, извршена е адаптација и санација на 1.500 м2 галериски простор на оваа институција, простор кој беше руиниран и надвор од функција. Со оваа интервенција, по долги години, Музејот на современата уметност доби услови за поставување постојана музејска поставка. Во новоконципираната поставка, која е изложена во три галериски простори на 3.500 м2, претставени се над 300 врвни уметнички дела од познати македонски и светски автори.

• Реконструкција на НУ Музеј на Македонија. Со реализацијата на овој проект, поставена е нова покривна конструкција на Музејот на Македонија, а е инсталиран и систем за оддимување во случај на пожар. Исто така, извршена е и реконструкција на дел од работните простории, депоата и изложбените простории, а обезбеден е и систем за заштита од кражби, како и уреди за видеонадзор.

• Формирана е библиотека за слепи лица. За првпат во Република Македонија беше направен крупен чекор во унапредувањето на образовниот процес на слепите лица, при што се создадоа можности лицата со оштетен вид да се описменуваат. Во НУБ „Св. Климент Охридски“ е формирана библиотека за слепи лица, прва од ваков вид во нашата држава, со која се овозможи целосна концентрација на книжните фондови (Брајови, звучни и електронски) за слепите лица и се обезбедија услови за постојано ангажирање на оспособениот кадар за вршење на оваа дејност.

Page 225: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

225

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Превод на „130 тома македонска книжевност“ на англиски јазик. Овој проект претставува исклучително ретка можност за афирмација на македонската култура и литература и нејзина поголема достапност до пошироката културна јавност од англиското јазично подрачје. Оваа едиција се дистрибуираше до јавните библиотеки во земјава, до академските установи, до над 300 поголеми национални библиотеки во светот, до амбасадите на Република Македонија во странските земји, до стручните и научните институции од областа на литературата и книжевноста. Овие едиции се наоѓаат на Филозофскиот факултет во Брно, во Германската државна библиотека во Франкфурт, во Националната библиотека во Софија, во библиотеките во Ливерпул, Манчестер и на многу други места.

• Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература. Македонската култура, со овој проект и со преведените 146 дела, го збогати својот трезор со ремек-делата на авторите кои ја одбележаа книжевната историја во последните сто години и кои ги трасираа развојните процеси на сите светски литератури, а македонските читатели добија можност да уживаат во содржините кои се одраз на најдобрите книжевни традиции на европската и на светската цивилизација.

• Изградба на куќата на родителите на Мустафа Кемал Ататурк. Изградбата на овој спомен-дом е силен материјален доказ за одличната соработка на Република Македонија со Република Турција. Објектот содржи изложбени простори за трајна презентација на вредните експонати и привремени изложби кои ќе бидат предизвик за многу наши граѓани и странски посетители. Проектот е реална основа за развој на локалниот туризам на општината Жупа.

• Целосно реконструиран Меморијалниот музеј „11 Октомври“ – Прилеп. Во 2011 година целосно беше реновиран и обновен Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941” – Участокот во Прилеп, кој е симбол на историскиот континуитет на македонското националноослободително движење, на борбата за сопствената држава. Во музејската поставка се прикажани различни периоди од историјата на македонскиот народ и се презентирани голем број музејски експонати, оружје и воена опрема, текстови, фотографии, документи, скици, карти и други предмети. Музејската поставка е збогатена и со мурал на тема „Националноослободителните борби на македонскиот народ”, дело на ликовниот уметник, прилепчанецот Борко Лазески.

• Конзервација и реставрација на Саат-кулата во Прилеп. Со овој проект целосно е заштитена Саат-кулата, која е значаен споменик на културата од отоманскиот период и редок архитектонски примерок кој е симбол на градот Прилеп.

• Обнова и дополнување на Музејот во с. Смилево. Во овој единствен музеј во с. Смилево е презентиран еден особено значаен период од македонската историја. Музејот содржи вредни етнолошки артефакти кои прават пресек на историскиот Смилевски конгрес. Со реализацијата на овој проект, се зголеми музејскиот фонд на овој комплекс и се обезбедија соодветни услови за презентација на вредните експонати.

• Обнова и конзервација на повеќе фасади во Скопје, Битола, Крушево, Кратово и во други значајни градски јадра. Со реализацијата на овој повеќегодишен проект,  се зачувуваат архитектонско-стилските вредности на градските јадра и се овозможува соодветен третман и промоција на споменичното наследство. Досега е обновена старата градска архитектура во: Охрид, Скопје, Прилеп, Крушево, Битола, Гевгелија, Кратово, Кичево, Гостивар. Проектот продолжува во континуитет и со цел да се заштити богатото културно наследство на Република Македонија.

• Целосно обновен Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга. Спомен-домот на браќата Миладиновци, препознатлив по автентичната староградска архитектура, конечно го доби својот автентичен изглед преку неговата целосна реконструкција. Обновени се богатиот ентериер и резбата со максимално зачувување на сите значајни архитектонски карактеристики на објектот. Во Спомен-домот се изложени и  конзервирани,  реставрирани и музеолошки обработени  делови на репрезентативниот мозаик од ранохристијанската базилика. Денеска во Спомен-домот на Миладиновци редовно се случуваат голем број културни настани и активности во рамките на реномираната манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

• Адаптација и санација на мултимедијалниот објект (киносала) во Кратово. Со реализацијата на овој проект, Домот на културата „Д-р Лазар Софијанов“ доби нов мултимедијален центар  каде што граѓаните можат да проследат театарски претстави, концерти, фестивали и други културни манифестации, содржини кои се атрактивна понуда за сите посетители. Овој центар е и добра основа за соработка на општината со други градови од регионот и пошироко.

Page 226: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

226

www.vmro-dpmne.org.mk

• Адаптација на галерискиот простор во Демир Капија. Со адаптацијата на просторот во Домот на културата „Мирка Гинова“, Демир Капија доби нов галериски простор. Со овој зафат се обезбедија услови за унапредување на ликовната уметност и за презентирање на разновидни изложби во оваа локална установа. Овој проект е силен импулс за локалниот културен развој на оваа општина.

• Санација и реновирање на библиотеката во Крива Паланка. Со санацијата и реновирањето на библиотеката во НУ Центар за култура во Крива Паланка се подобрија условите за остварување на библиотечната дејност во функција на поголема достапност на литературното творештво до граѓаните на овој град. Оваа библиотека поседува значаен библиотечен фонд кој е особено полезен за младите генерации, во едукативна смисла.

• Извршена е реконструкција на покривната конструкција на киносалата во Домот на култура „Злетовски рудар“ - Пробиштип. Со реализацијата на проектот се изврши комплетна реконструкција на покривната конструкција и на фасадата на киносалата при општинската установа Дом на култура „Злетовски рудар“. Наскоро ќе биде обновена можеби најубавата киносала во регионот, во која со дигиталниот кино-проектор кој беше обезбеден од страна на Министерството за култура ќе се создадат услови публиката континуирано да може да ги види најдобрите македонски и странски кинематографски остварувања.

• Основана е нова театарска институција Театар „Комедија“ во Скопје. Основањето на овој седми по ред, професионален театар во Република Македонија, во октомври 2011 година, беше потврда на заложбите на Министерството за култура за разновидна театарска понуда за граѓаните на нашата држава. Од своето отворање во 2012 година досега во театарот се одиграни над 100 претстави кои ги проследија повеќе од 30.000 посетители. Неодамна, со одлука просторот на поранешниот МНТ Центар да се додели на користење на Театарот „Комедија“, се надмина инфраструктурниот проблем за непречено функционирање на оваа најмлада театарска институција во Република Македонија.

• Формирање на нова организациска единица во Македонската опера и балет за модерен танц. Со поддршка на Министерството за култура, современиот танц денеска перманентно се развива во рамките на националната установа Македонска опера и балет, каде редовно се изведуваат танцови претстави со современа жанровска естетика.

• Зголемување на буџетот за национална филмска дејност. Во периодот од 2008 до 2014 година, како резултат на зголемениот буџет во филмската дејност, поддржана е реализацијата на вкупно 156 филма и тоа 42 играни филмови, 42 документарни филмови, 34 краткометражни филмови, 12 анимирани филмови. Од нив веќе се завршени 75 филмски проекти од кои 21 долгометражен филм, 23 документарни филмови, 24 краткометражни филмови и 7 анимирани филмови. Македонската кинематографија имаше 616 претставувања на реномираните фестивали во светот меѓу кои и на Канскиот фестивал. Досега, македонските филмови освоија 113 награди. Република Македонија беше домаќин и на една од најпознатите меѓународни филмски манифестации за деца, Филмскиот фестивал „Џифони“, кој со својата 43-годишна традиција, е вистински бренд на Република Италија.

АкТиВНОСТи ВО ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТкА

Меѓународната соработка на РМ во изминатиот период забележа навистина значителен подем. Континуирано македонската култура беше присутна во сите големи културни центри, на реномираните манифестации и фестивали. Во периодот од 2011 до 2013 година, беа организирани комплексни претставувања на македонската култура со квалитетни и разновидни содржини, презентација на книжевното творештво на светските саеми и на другите книжевни настани, промоција на културното наследство и на уметничкото творештво во градовите - европски престолнини на културата. Република Македонија беше присутна во земјите кои се во фокусот на нејзината надворешна политика, во земјите-претседавачи на ЕУ, земјите со кои обележавме годишнини од воспоставување на дипломатските односи, земјите од регионот, земјите каде што има најголем број македонски иселеници и земјите со кои за првпат потпишавме и обновивме билатерални договори.

Министерството за култура, преку своите програми, поддржа над 700 проекти на националните установи од областа на културата, граѓанските здруженија и истакнатите уметници кои континуирано ја афирмираа македонската култура во меѓународен контекст. Македонските уметници се здобија со значајни меѓународни награди и признанија.

Page 227: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

227

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Исто така, еден од поважните приоритети на Министерството за култура во изминатиот период беше и интензивирање на комуникацијата со релевантните меѓународни организации и инстанци, како што се: УНЕСКО, Советот на Европа, Европската унија, Меѓународната организација на Франкофонијата, Алијансата на цивилизациите и другите меѓународни асоцијации, со што, нашата држава се наметна како активен чинител во креирањето на европската културна политика.

• Во 2013 година во Република Македонија со поддршка на УНЕСКО се одржа Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на која учествуваа преку 250 странски учесници од сите континенти, голем број на лидери од сите религии и меридијани, претставници од меѓународните организации, интелектуалци од јавниот живот, уметници, еминентни професори, медиуми од државата и странство. Со оваа конференција, Република Македонија уште еднаш беше промовирана како земја-лидер во регионот во насока на почитување на верските права, дијалогот и културната разноликост.

• Од позначајните настани-изложби на вредни предмети од богатото културно наследство на РМ кои ги организиравме во светот ќе ја издвоиме изложбата на движно културно наследство од РМ во музејот „Катаријнеконвент“ во Утрехт, Кралство Холандија, која предизвика голем интерес во европски рамки. Оваа изложба, која несомнено беше најголемото претставување на културното богатство на нашата земја досега, понуди преглед на културното богатство на Македонија, од 4000 г. пред Христос до крајот на XIX век, како и 50 икони од единаесеттиот век кои му припаѓаат на врвот на византиската култура, прекрасната златна маска од петтиот век пред нашата ера и уникатната збирка на ранохристијански теракотни релјефи.

Во контекст на претставувањето на нашето културно наследство во светот, во 2012 година во Кралскиот музеј на Мариемонт во Кралството Белгија, беа претставени и старите македонски ракописни книги од XIII до XIX век. Оваа изложба предизвика голем интерес во јавноста, а многубројните гости, еминентни познавачи и љубители на книжевното културно наследство кои присуствуваа на отворањето имаа прекрасна можност преку ракописите да се запознаат со илјадагодишната писмена традиција во Македонија.

• Спогодби и билатерални договори. Билатералната соработка со другите земји ја подвлековме и со потпишување на преку 44 спогодби и програми за соработка во областа на културата. Овие документи моделираа правна рамка и овозможија богата институционална поврзаност на билатерален и на мултилатерален план. За првпат под уставното име, Република Македонија потпиша повеќе спогодби и програми со земјите-членки на ЕУ: Чешка, Австрија и Република Франција. Исто така, беа обновени и програмите за соработка во областа на културата со: Народна Република Кина, Турција, Италија, Руската Федерација, Полска, Србија, Словенија, Бугарија, Украина, Латвија, Унгарија и др.

• Поддршка на комплексни манифестации. Министерството за култура реализираше низа комплексни манифестации во странство кои понудија спој на традиционалните македонски вредности и урбаната македонска култура. Во 2011 година беа реализирани Деновите на македонската култура во Народна Република Кина и во Руската Федерација. Во 2012 година беа реализирани „Деновите на македонската култура во Украина“, а се претставивме и во рамките на Културната олимпијада во Лондон. За прв пат на македонски јазик во реномираниот Глоуб театар прозвучи легендарниот Хенри VI на Шекспир во изведба на Битолскиот народен театар. Во 2013 година се реализираа „Деновите на македонската култура“ во Брисел и манифестацијата „Македонија во Шведска“. Во престижниот Концертхусет, во кој редовно се доделува Нобеловата награда, спектакуларен концерт одржа ансамблот „Танец“.

Македонските уметници се претставија и во градовите кои беа избрани за европски престолнини на културата како Талин, Марибор и Марсеј, европска престолнина на културата во 2013 година.

Република Македонија учествуваше на Венециското биенале на уметноста и Венециското биенале на архитектурата, кои се едни од најстарите и најпрестижни европски манифестации. Во 2011 година се претставивме на Биеналето на ликовната уметност со дури два проекта, на Национална галерија на Македонија и Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.

Република Македонија учествуваше и на Франкофонските игри кои го обединуваат целиот франкофонски свет, секои четири години. Исто така, нашата држава учествуваше во реализацијата на традиционалната

Page 228: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

228

www.vmro-dpmne.org.mk

културна манифестација „Македонија во чест на св. Кирил“ што веќе 45 години се одржува во Рим, Италија и особено преку членството во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“. Преку активното вклучување во иницијативите на Форумот, Република Македонија овозможи превод на дела на 8 македонски автори на други словенски јазици.

• Саеми на книгата. Република Македонија е една од земјите во светот која со исклучително внимание настојува да ги претстави творечките, книжевните, преведувачките и издавачките достигнувања со континуираното присуство на светските книжевни настани. Презентирањето на македонските книжевни достигнувања во изминатите години беше реализирано на позначајните меѓународни саеми на книгата во странство: во 2011 година на саемите во Франкфурт, Лајпциг и Тирана, во 2012 година во Москва и во Лајпциг, а во 2013 година во Белград и во Истанбул.

• Културни центри. Министерството за култура поддржуваше и проекти што овозможуваат континуирано презентирање на културните и уметничките дострели на нашата земја кои се реализираат во Културно-информативниот центар во Софија, Република Бугарија, и во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД. Во 2011 и во 2012 година беа реализирани по 23 претставувања на македонските уметници во овие центри, а во 2013 година свои концерти и изложби одржаа над 34 уметници. Претставувањето на македонските уметници во центрите, меѓу другото, им овозможи да воспостават директни контакти со своите колеги и со познатите продуцентски куќи од областа на уметноста, што е особено битно за нивното понатамошно уметничко изразување.

• Соработка со УНЕСКО. Во изминатиот период од страна на УНЕСКО беа поддржани над 15 проекти од областа на културата, образованието и науката, животната средина и други области од доменот на УНЕСКО. Во периодот од 2011 до 2013 година беа доделени и 8 стипендии за научни истражувања на млади научници во странство, обуки за стручен кадар од областа на заштитата на културното наследство и други грантови. Од особено значење е што во 2011 година Република Македонија стана членка на две значајни тела на УНЕСКО - на Извршниот одбор, највисок орган на УНЕСКО и на Меѓународниот комитет на УНЕСКО за конвенцијата за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања, со мандат од четири години. Активно партиципиравме и во другите помошни тела на УНЕСКО, а на 37 Генерална конференција, Република Македонија беше назначена за земја заменик-претседател на Конференцијата.

Во 2013 година за првпат Република Македонија стана дел од светското нематеријално наследство со елементот „Четрсе – прославување на светите четириесет маченици“. Исто така, во 2013 Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија-ИЗИИС беше прогласен за регионален центар на УНЕСКО од втора категорија, како еден од триесетте досега прогласени светски центри на УНЕСКО.

• Соработка со Совет на Европа и со Европска унија. Во 2011 година, во рамките на соработката со Советот на Европа, која во последните неколку години бележи значителен развој, Собранието на Република Македонија со закон ја ратификуваше Рамковната конвенција за вредноста на културното наследство во општеството којашто утврдува нови правила и стандарди за заштита на културното наследство. Република Македонија беше десеттата европска држава што ја ратификуваше оваа конвенција и со тоа ја потврди важноста на културното наследство како фактор на општествениот развој.

Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство во периодот од 2011 до крајот на 2013 ги реализираа планираните активности во „Пилот-проектот за локален развој“ и во проектот „Љубљански процес 2“, како дел од Регионалната програма на Советот на Европа, поддржана од Европската унија. Овие проекти ги истакнаа: општествената вредност на културното наследство, грижата за неговата рехабилитација и заложбите на Република Македонија за интегрален пристап кон наследството и промоција во регионален контекст во Југоисточна Европа.

• Активности во областа на евроинтеграциите. Во периодот од 2011 до 2013 година Министерството за култура активно партиципираше во Програмата на ЕУ „Култура 2007–2013“. Република Македонија и во овој период се наметна како лидер во користењето на средствата од програмата „Култура“ за преводи на 20 литературни дела на европски автори, при што беа поддржани проекти на 12 издавачки куќи. Исто така, беа финансиски помогнати вмрежувањата на македонските уметници во актуелните европски мрежи, проекти и активности. Европската комисија, во периодот од 2011 до 2013, поддржа 58 проекти на македонските оператори.

Page 229: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

229

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Во 2013 година целосно беа реализирани ИПА-проектите: „Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг“ - КУЛТЕМА за регионот на Дебар и Река и „Зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџмент“ – ШЕРПЛАН за старото градско јадро на Битола.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

• Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство. Со измените на Законот од 2013 година се создадоа нормативни услови за поквалитетно управување на културното наследство и се создаде правна основа Република Македонија да се стекне со културно наследство по пат на тестаментарно наследување.

• Закон за филмската дејност. Во 2013 година го донесовме Законот за филмската дејност со кој се создадоа услови за унапредување на филмската дејност и даночни олеснувања за реализација на странски продукции во Република Македонија.

• Закон за прогласување на споменичната целина Крушево за културно наследство од особено значење. Со овој закон се уредени клучните прашања во поглед на заштитата на Крушево како споменична целина со цел зачувување на старото градско јадро во неговиот автентичен изглед.

• Доделување на титулата „Национален уметник“. Во 2011 година во Република Македонија со закон се востанови титулата „Национален уметник на Република Македонија“, која се доделува на уметници што дале врвен придонес во градењето и унапредувањето на македонската култура и уметност и нејзината афирмација во меѓународен контекст. Досега се доделени 3 титули за национален уметник на Симон Трпчески на Милчо Манчевски и на Есма Реџепова-Теодосиевска.

• Доделување на национални пензии. Со измените на Законот за култура од 2011 година, доделивме 55 национални пензии на истакнати уметници кои дале свој придонес во развојот на македонската култура, со што уште еднаш ја потврдивме грижата за уметниците и за подобрување на нивниот статус.

ВЕТЕНО – ВО ТЕК

• Изградба на концертна сала за Македонската филхармонија. Продолжуваме со изградбата на концертната сала за Македонската филхармонија со која ќе се реши повеќедеценискиот проблем на оваа национална институција и уметниците ќе добијат соодветен простор за своето дејствување. Во моментот се работи на фасадата и покривната конструкција на објектот како и на ентериерното уредување.

• Изградба на културно-образовен центар во Тетово. Продолжуваме со реализацијата на проектот за изградба на нов културно-образовен центар во Тетово, кој ќе содржи нова библиотека и нов театар. Сите проекти се веќе завршени и во моментот се спроведува постапката за избор на изведувач на проектот.

• Изградба на Театарот во Велес. Изградбата на Театарот во Велес е во завршна фаза и истиот ќе биде промовиран во првата половина на оваа година. Со изградбата на овој објект, велешките актери и публиката ќе добијат театарска зграда изградена и опремена според сите светски стандарди.

• Изградба на Универзитет на св. Климент кај Плаошник - Охрид. Интензивно продолжува возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, преку кој на Охрид ќе му се даде нова духовна и туристичка димензија. Во завршна фаза е изградбата на карабината на објектите библиотека, конгресен центар, македонски институт за хуманистички науки, музеј на Плаошник, манастирски конак и резиденцијален објект.

• Изградба на нов објект на местото на постојниот Македонски народен театар по пат на јавно-приватно партнерство. Во изминатиот период беше изработен главен проект и физибилити-студија за оправданоста за склучување на јавно-приватно партнерство. Во текот на мај 2014 година ќе биде објавен оглас за изнаоѓање на приватен партнер за реализација на овој проект по пат на јавно-приватно партнерство. Овој проект предвидува простор од преку 9.000 м2 за современ театар, како и дел од 13.000 м2 наменет за деловни цели кој ќе биде во сопственост на приватен партнер.

Page 230: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

230

www.vmro-dpmne.org.mk

• Изградба на нов објект на местото на постојниот Драмски театар во Скопје. Во изминатиот период беше изработен главен проект и физибилити-студија за оправданоста за склучување на јавно-приватно партнерство. Во тек е оглас за изнаоѓање на приватен партнер за реализација на овој проект по пат на јавно-приватно партнерство, кој завршува на 15 мај 2014 година. Овој проект предвидува простор од преку 10.000 м2 за современ театар, како и дел од 12.700 м2 наменет за деловни цели кој ќе биде во сопственост на приватен партнер.

• Изградба на новиот објект на Националната установа Турски театар во Скопје. На 18 јануари 2014 година се постави камен-темелникот на новиот објект на Турскиот театар. Новиот турски театар комплетно ќе ги задоволи највисоките стандарди за работа на уметничкиот кадар. Во него ќе се создаваат претстави во истите услови како и во големите театарски центри што ќе придонесе за реализација на многу заеднички, копродукциски проекти и презентација на потенцијалите на турските актери.

• Реконструкција и санација на Албанскиот театар. На 11 јануари 2014 година започна реконструкцијата и санацијата на Албанскиот театар. Објектот ќе поседува две театарски сали со високи сценски технологии и современа аудиовизуелна опрема. На сцената на реконструираниот Албански театар уметниците ќе го збогатуваат мултикултурниот мозаик на нашата земја и ќе создаваат врвни остварувања кои ќе ја одбележат нашата театарска историја.

• Проект за обнова и ревитализација на споменикот на културата Хавзи-пашини конаци во с. Бардовци. Со реализацијата на проектот кој се спроведува во неколку фази, Кинотеката на Македонија ќе добие соодветен простор за чување на нашето целокупно филмско богатство. Конаците, покрај музејската вредност, ќе имаат намена за заштита, чување и презентација на филмското културно наследство што го поседуваме како држава.

• Изградба на нов објект за Универзалната сала во Скопје. Во 2013 година беше распишан конкурс за избор на идејно архитектонско решение за објектот „Универзална сала“ во Скопје според кое ќе се гради новиот објект во кој во иднина ќе се реализираат културни случувања и настани од културата и уметноста. Во моментот се спроведува постапка за доделување договор за изработка на основните проекти по што ќе следи реализација на сите останати фази во изградбата на овој мултифункционален објект.

• Изградба на Археолошки музеј во Скопје. По повеќе од 30 години, Република Македонија ќе добие најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори. Во моментот во завршна фаза е ентериерното уредување на Археолошкиот музеј, кој во употреба ќе биде пуштен во текот на 2014 година. Во него ќе бидат претставени низа значајни археолошки предмети од различни периоди кои се дел од фондовите на институциите, но и многу предмети кои беа откриени при капиталните археолошки истражувања во изминатите 6 години. Овој музеј ќе биде атрактивно место за посета и за нашите граѓани и за странските посетители.

• Дигитализација на аудиовизуелното културно наследство. Кинотеката на Македонија интензивно работи на дигитализацијата на богатото аудио-визуелно наследство кое го поседуваме како држава. Во изминатиот период беше дигитализирано и реставрирано целокупното филмско творештво на браќата Манаки, филмскиот опус на Столе Попов, Милчо Манчевски, а во моментот се работи и на дигитализација на творештвото на режисерот Љубиша Георгиевски.

• Музеј на прогонетите од егејскиот дел на Македонија. Во Музејот на Македонија во завршна фаза е уредувањето на поставката во која ќе бидат прикажани значајни експонати и документи кои ја отсликуваат голготата на прогонетите од егејскиот дел на Македонија. Градежните работи во Музејот на Македонија се веќе завршени и музејската поставка пред јавноста ќе биде презентирана во првата половина на 2014 година.

• „Ѕвезди на светската книжевност”. Едицијата „Ѕвезди на светската книжевност” има исклучителна важност и таа опфаќа издавање на 560 дела од светската книжевност. Досега се промовирани вкупно 267 книги.

• Печатење на публикации за културното и природното наследство. Во моментот во завршна фаза е изработката на текстовите на публикациите кои ќе го презентираат богатото културно наследство и природно богатство на нашата држава. Проектот го подготвува Управата за заштита на културното наследство.

• Возобновување на Стариот театар во Струмица. На 3 март беше поставен камен-темелник за возбновување на Стариот струмички театар. Овој проект ќе има културна и историска димензија за градот Струмица и ќе

Page 231: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

231

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

биде остварување на сонот на струмичките актери и сите граѓани очекуваат на истото место да го видат возобновениот Струмички театар. Театарот ќе има најсовремени перформанси и извонредни сценски и аудиовизуелни ресурси.

• Реконструкција на киносалата во НУ Центар за култура во Делчево. Во 2014 година ќе биде извршена реконструкција и санација на објектот, како и комплетна реконструкција на покривот и на ентериерот. Во наредниот период ќе биде обновена и надворешната фасада. Со овие зафати, Делчево ќе добие нов современ простор, кој освен за прикажување на филмовите од домашната и од светската кинематографија, ќе се користи и за други културни настани.

• Филмски центар - Изградба или адаптација на филмско студио, како и набавка на филмска опрема со цел формирање на филмски центар со сопствена филмска техничка база. Со реализацијата на овој проект се предвидува изградба на филмски град со повеќе мултифункционални филмски студија, техника и опрема за филмско производство со што Република Македонија ќе добие филмски центар каде ќе можат да се продуцираат најсовремени филмски проекти на домашни и на странски продуценти. Предвидено е проектот да се реализира по пат на јавно-приватно партнерство при што државата ќе ги обезбеди земјиштето и потребната инфраструктура, а приватниот партнер ќе треба да ја реализира инвестицијата, односно изградбата на филмскиот град. Веќе обезбедивме земјиште со површина од 22 хектари, кое се наоѓа во општината Зелениково. Во тек се активности за расчистување на имотно-правните работи, како и промена на намената на земјиштето во деталниот урбанистички план.

• Закон за издавачка дејност. Подготвен е нацрт-текст на законот со кој ќе се пропишат правила за остварување на издавачката дејност. По спроведена јавна расправа, планирано е законот да се донесе во првата половина на 2014 година.

• Закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење. Со овој закон ќе се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на оваа споменична целина. Од страна на надлежната установа Завод и музеј - Битола во тек е изработката на елаборат за валоризација на споменичната целина.

• Закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење. Со овој закон ќе се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на оваа споменична целина. Од страна на надлежната установа Национален конзерваторски центар - Скопје во тек е изработка на елаборат за валоризација на споменичната целина.

• Основање на Културно-информативен центар во Истанбул, Турција. На 21 декември 2012 година во Истанбул е потпишан Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за основање и за активностите на културните центри. Договорот е ратификуван од македонска страна, а по негова ратификација и од турската страна, ќе започнат активностите за отворање на Македонскиот центар на плоштадот Таксим во Истанбул, а Турскиот културен центар ќе биде сместен во Куршумли ан.

• Основање на Културно-информативен центар во Москва, Руска Федерација. На 29 јануари 2013 година е потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за основање и за условите за работа на културните центри, која стапи во сила на 28 мај 2013 година. Центарот ќе биде отворен по обезбедувањето на сите неопходни услови.

ПОДДРШкА НА ПРОЕкТи ОД ОБЛАСТА НА ЗАШТиТАТА НА кУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Вложувањата во археолошките истражувања на многубројните локалитети низ Република Македонија навистина се огромни и досега незапаметени во македонската историја. Во изминатиот период беа спроведени многу капитални проекти во оваа област кои дадоа епохални откритија, кои се во полза на потврдувањето на нашиот идентитет и на нашите длабоки историски корени. Во текот на археолошките истражувања беа откриени исклучително вредни архитектонски остатоци на антички објекти, ранохристијански базилики, средновековни цркви, монументални бедеми од утврдените антички градови и средновековни тврдини, како и многуброен движен археолошки материјал: илјадници цели и фрагментирани керамички садови од сите периоди, златни, сребрени и бронзени предмети од сите периоди што овозможуваат нови научни сознанија за богатото минато на овие простори и ги збогатуваат музејските

Page 232: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

232

www.vmro-dpmne.org.mk

збирки. Истражувањата беа спроведени на повеќе од 20 локалитети на територијата на цела Македонија и беа пронајдени над 400.000 археолошки предмети од кои поголемиот дел беа презентирани на големите изложби, што влијаеше на враќањето на публиката во музејските институции и нивно повторно заживување.

кАПиТАЛНи ПРОЕкТи ВО ОБЛАСТА НА АРхЕОЛОГијАТА

• Скопска тврдина Кале. На Скопската тврдина во периодот од 2011 до 2013 година е извршена целосна конзервација и реставрација на бедемот како основен предуслов за ревитализација на тврдината и целосна илуминација на тврдината. Во овој контекст, започна изградбата на три објекти - музеи, и тоа: Музеј на праисторијата, Музеј на отоманскиот период и Музеј на средновековниот период.

• Скупи, антички град. Со систематските археолошки истражувања на овој капитален локалитет беа откриени дел од југоисточниот крак на доцноантичкиот бедем, градска куќа (domus) од II до IV век, дел од градба со портик, ранохристијанска базилика од VI век, термален комплекс и други објекти со неутврдена намена од V и од VI век.

Во врска со проектот за истражување, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на Античкиот театар во Скупи, започнати се интензивни истражувања на просторот на Античкиот театар. Следната фаза опфаќа негова реконструкција и презентација, со што овој локалитет ќе добие значајна содржина која ќе биде во насока на збогатување на туристичката понуда на градот Скопје. Истовремено ќе се добие функционален објект за одржување различни културни манифестации.

• Таор (Taoresium), Скопско, доцноантички утврден град. На локалитетот Таор во изминатиот период за првпат беа спроведени систематски археолошки истражувања за откривање на остатоците од градот, родното место на византискиот император Јустинијан.

• Кастелот кај Кожле – Средновековна тврдина 13-14 век. Во овој период беа изработени проекти за конзервација, реставрација и реконструкција на бедемите, кулите и двете цркви на овој локалитет и беше извршена конзервација, реставрација и реконструкција на дел од тврдинскиот ѕид - кула.

• Стоби – антички и ранохристијански град. На овој локалитет беа вршени обемни систематски истражувања во внатрешноста на градот и покрај северниот бедем, како и поголеми конзерваторско-реставраторски работи на мозаичните површини. Интензивно се вршеа археолошки истражувања на делот од форумот и театарот, каде што беше откриен храм од раноримски период, како и големи ѕидни платна од југозападниот бедем на Стоби. Паралелно со археолошките истражувања, беа реализирани и проекти за непосредна заштита на објектите: комплекс-куќа со триклиниум и храм.

• Хераклеја Линкестис, антички и ранохристијански град, Битола. На локалитетот Хераклеја Линкестис беа реализирани најголеми систематски археолошки истражувања досега, при што беше откриен бедемот, односно градскиот ѕид со кружна кула, како и архитектонски градби од доцноантичкиот до ранохристијанскиот период. Исто така, беше откриена и ранохристијанска (intramuros) базилика со мозаичен под и гимназион.

• Антички град Стибера (Чепигово, Прилепско). Во 2011 година на археолошкиот локалитет Стибера се одвиваа систематски археолошки истражувања и по повеќе години, за првпат беше извршена обемна конзервација на локалитетот. Со конзервацијата беше опфатено сè што беше откриено во изминатите три години: гимназионот, култните објекти и римските бедеми, масивниот потпорен ѕид, одводниот канал, како и делови од мермерната пластика – глави од фигури. Конзерваторско-реставраторските работи овозможија соодветна научна валоризација на локалитетот и создавање услови за негова научна и комерцијална презентација.

• Манастирски комплекс Зрзе, Прилепско. Беа спроведени големи археолошки истражувања кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од IV, V и VI век. Во манастирот „Зрзе“ заврши реконструкцијата на владичиниот конак, а во завршна фаза е реконструкцијата на монашкиот конак, по што ќе следува реконструкција на дел од североисточниот бедем со изведба на горна порта и партерно уредување.

Page 233: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

233

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Средновековна тврдина Исар, Штип. Завршени се систематските археолошки истражувања на Исарот при што се откриени голем број археолошки предмети со кои значително е збогатена музејската збирка на Музејот во Штип. На локалитетот Исар - Штип речиси во целост се откриени акрополата на тврдината, западните, источните, јужните и северните бедемски ѕидни платна, одбранбените кули, два влеза, јужни и северни цистерни, еднокорабна црква, остатоци од средновековни куќи, црквата „Св. Власие“ и тунел.

• Доцноантички и ранохристијански град Баргала, Штипско. Завршени се конзерваторско-реставраторските работи на пропугнакулумот и продолжија систематските археолошки истражувања на овој локалитет. Во изминативе години се работеше на североисточното крило на станбениот комплекс од епископската резиденција и атриумот, а во текот на археолошките истражувања се откриени винарија, печка за стакло и фурна. Во централниот дел е пронајдена базилика од V до VI век со зачувана камена пластика од олтарната преграда. На овој значаен локалитет, исто така, е извршена и целосна електрификација на туристичкиот павилјон и во него се поставени сигурносни камери, со што се создадени услови за негова туристичка презентација.

• Средновековна тврдина Цареви кули, Струмица. Со истражувањата што беа спроведени, освен бедемите и кулите, беа откриени и остатоци од три цистерни и гранариуми за жито, средновековна црква, како и повеќе стопански и станбени објекти. Со истражувањата беа откриени и остатоци од доцноантички бедеми и кули кои најверојатно потекнуваат од првата тврдина која настанала кон крајот на III век и првата половина од IV век. Исто така, на самото плато беа откриени содржини од постари временски епохи, односно од античкиот, како и од македонско-хеленистичкиот период. На југоисточната падина беа пронајдени остатоци од праисториска населба од средната бронзена епоха и раниот халколит. Покрај овие наоди со ископувањата на месноста Јужен Рид, во непосредна близина на Цареви Кули, беа истражени и околу 350 гробови од античкиот, македонско-хеленистичкиот, римскиот, доцноантичкиот и од средновековниот период. Со ископувањата беа пронајдени и над 4.500 предмети од различни временски епохи кои се депонирани и стручно се обработуваат во НУ Завод и музеј - Струмица, кои ни даваат непроценливи информации за културно-историските процеси на оваа почва.

• Виничко кале, доцноантички и ранохристијански град. Со капиталните истражувања на овој локалитет, досега се откриени и истражени: одбранбениот ѕид (целосно) со 11 кули, улица, два резиденцијални објекти, војнички комплекс, епископска резиденција, цистерна и форум. Во насока на негова презентација, извршено е инфраструктурно уредување, асфалтиран е патот до локалитетот, а се направени паркинг-простор и пристапни патеки до позначајните објекти. Бедемот е комплетно осветлен.

• Кокино, праисториски локалитет и археоастрономска опсерваторија. Локалитетот Кокино (Кумановско) е една од најстарите мегалитски опсерватории во светот и претставува еден од најзначајните капитални проекти во археологијата. Во изминатиот период завршија систематските археолошки истражувања и во тек е изработка на проект за конзервација на бедемот. Активно се работи на создавање на сите предуслови и исполнување на сите критериуми потребни за Кокино да стане споменик на светското културно наследство на листата на УНЕСКО.

• Тетовско кале – Балтепе, доцносредновековен утврден град. Во рамките на капиталните зафати на овој доцносредновековен тврдински комплекс беа реализирани систематски археолошки истражувања, беше подготвен и реализиран проект за конзервација, реставрација и реконструкција на големиот објект „војничка трпезарија“ изграден до фаза карабина, кој натаму се планира да биде искористен како културен комплексен простор за потребите на културниот развој на градот Тетово.

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

• Антигонеа (Градиште) кај Неготино. Антигонеа е античка тврдина, антички град, на 300 метри воздушна линија источно од магистралниот пат, видлив и доминантен рид. Во рамките на овој проект се реализирани истражувања на дел од јужниот бедем и на акрополата – дел од градска населба. Откриени се над 1.000 археолошки предмети кои се во фаза на конзервација и над 10.000 керамички делови.

Page 234: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

234

www.vmro-dpmne.org.mk

• Исар Марвинци – Валандово. Овој локалитет претставува раноантички град со римски кастрон и некропола, во непосредна близина на магистралниот пат. Со обемните археолошки истражувања на акрополите во изминатиот период, откриени се многубројни движни наоди од македонско-хеленистичкиот период. Истражувањата на овој локалитет се особено значајни од аспект на неговата заштита со оглед на тоа што локалитетот континуирано беше мета на дивите копачи.

• Вардарски Рид кај Гевгелија. На овој значаен археолошки локалитет беа спроведени обемни систематски археолошки истражувања и конзерваторски зафати. Покрај бронзената Артемида, мермерната скулптура на Афродита, како и фрагменти од други мермерни скулптури, теракотни фигурини и калапени мегарски чаши и голем број други предмети, на локалитетот се откриени и 43 гробови од доцно бронзено време. Зафатите на Вардарски Рид беа реализирани заради научно дефинирање и интерпретација на овој значаен локалитет, но и за негова презентација и промоција како значен туристички ресурс, особено поради неговата местоположба и близината со границата кон Република Грција.

• „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричани, XIV век. Проектите за овој споменик на културата се изработени и започна нивната реализација за целосна конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот од XIV век.

• Манастир „Матејче“ (Кумановско), XIV век. Во тек е изработка на проект за конзервација на живописот на овој значаен споменик на култура.

• Конзервација на црквата „Св. Богородица Захумска“ во с. Трпејца, Охридско, од XIV век. Со досегашните конзерваторски зафати беше опфатен живописот на поголем дел од црквата, јужниот ѕид во наосот, олтарниот простор и јужниот вертикален дел.

• „Св. Ѓорѓи“, Младо Нагоричане, XIV век. Во тек е конзервација и реставрација на недовршени архитектонски делови од црквата, како и конзервација на живописот.

• „Свети Никола“ и „Свети Ѓорги“, двојна црква од XVI век во с. Орах, Кумановско. Извршена е конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот на двојната црква, а поради специфичноста на објектот, во наредниот период ќе се преземат дополнителни активности за негова понатамошна заштита.

• Манастир „Трескавец“, Прилеп, од XIV век. Во тек е изработка на проект за конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот на црквата Успение на Пресвета Богородица, како и проект за конзервација на камбанаријата, маѓерницата и на маѓерничкиот конак.

• Манастир „Св. Никола“, Мариово, XIII век. Завршена е конзервацијата на фрескоживописот на северниот брод од црквата и е извршена санација и консолидација на темелите на црквата од северната и од јужната страна. Оваа година ќе се работи на конзервација на фрескоживописот во централниот брод и санација и консолидација на темелите на западниот дел од црквата.

• Целосно е завршена конзервацијата на иконите на црквата „Успение на Богородица“ во штипско Ново Село од XIX век

• „Свети Ѓорги“, Струга, XIX век. Изработен е проект за конзервација на живописот и во наредниот период ќе се пристапи кон негова реализација.

• „Свети Богородица“, с. Велушина – Битолско, XIX век. Извршени се археолошки истражувања на овој значаен споменик на културата и поради присуството на натпросечна влага во објектот, се пристапи кон изработка на проект за дренажен систем околу црквата. Завршени се истражувачките работи на sидното сликарство со физичко-хемиска анализа. Направена е техничка документација на живописот од XII и XIX век.

• Манастир „Св. Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп, темелна реконструкција на источниот конак. Проектот се однесува на целосна реконструкција на источниот конак од овој манастир. Завршена е изведбата на камените фасадни ѕидови, поставена е арматура за столбови за втората бетонска плоча. Во тек е реализација на третата фаза која опфаќа изградба на кат и покрив, како и изведба на столаријата.

• Реконструкција и санација на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, се врши целосна реконструкција на опожарениот дел на Бигорскиот манастир

Page 235: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

235

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

„Свети Јован Крстител“. Реконструкцијата на манастирот, кој е еден од најзначајните и највредни споменици на културата познат по својот иконостас, ќе биде завршена во втората половина на 2014 година.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

• Конзервација и ревитализација на Воска амам во Охрид. Извршена е целосна реконструкција на овој значаен и раритетен споменик на културата од османлискиот период и негова адаптација во галериски простор.

• Конзерваторски интервенции на стариот конак на манастирот „Св. Архангели“ во с. Кучевиште. Со овој проект е извршена непосредна заштита и реставрација на стариот (северен) конак со површина од 300 м2 од манастирскиот комплекс лоциран во с. Кучевиште, Скопско.

• Реконструкција на Турбе на крал К'зи. Целосно е завршен проектот за реконструкција на овој споменик на културата од XVI век со што е обновен еден значаен објект од османлиската култура.

• Конзервација и реставрација на фасадната декорација на Шарена џамија. Завршен е проектот за заштита на фасадата на еден од најмаркантните споменици, Шарената џамија, како и конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на затворениот трем (галерија).

• Статичко зацврстување, факсимилна обнова и ревитализација на Куќата на Уранија. Целосно е завршена реализацијата на овој проект кој претставува карактеристичен пример на зачувување на охридската староградска архитектура. Објектот е ставен во функција и предаден на Македонската академија на науките и уметностите.

• Конзервација на Куќата од Ајри Доко во Охрид. Факсимилната обнова на објектот од староградската охридска архитектура познат како Куќата на Ајри Доко се одвива во фази. Досега се завршени градежните активности на надворешноста, а во тек се зафати на дообработка на фасадата на катот од објектот и изведба на внатрешните преградни ѕидови.

• Непосредна заштита на споменикот на културата Златкова кула во Кратово. Досега е завршено доѕидувањето на сегментите од камен на горните површини од ѕидовите, санирањето на покривната конструкција на објектот и препокривање со камени плочи. Во насока на целосна презентација и ревитализација, во наредниот период ќе се вршат активности кои се однесуваат на реставрација на ентериерот и адаптација на објектот во простор за афирмација на културата и за развој на културниот туризам во Кратово.

• Непосредна заштита - реализација на конзерваторски проект-археолошки локалитет Манчевци. По завршените археолошки истражувања на локалитетот Манчевци, извршена е непосредна заштита на откриените структури, направена е консолидација на теренот и адекватна покривна конструкција, а во тек е завршната фаза за илуминација на овој локалитет. Со археолошките истражувања беше откриена една од деветте ранохристијански базилики во стариот дел на Охрид, со прекрасни мозаични подлоги со чија целосна конзервација се збогатува културната содржина и презентација на културното наследство.

• Во рамките на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола се оформени и отворени пред јавноста археолошка, историска и етнолошка поставка. Поставките опфаќаат над илјада експонати, со посебен акцент на археологијата која опфаќа 804 предмети со кои се одразува континуитетот на животот во пелагонискиот крај низ сите историски епохи, почнувајќи од праисторијата до османлискиот период. Во овој контекст, како исклучително достигнување и потврда за музеолошкото работење и следење на најсовремените трендови во музеологијата, институцијата ја доби наградата „Микелети“, што ја доделува Европската музејска асоцијација за новини и развој на музеолошката дејност.

• Во рамките на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп е оформена и отворена пред јавноста археолошка поставка. Постојаната археолошка поставка опфаќа околу илјада артефакти од археолошките локалитети во Прилеп и Прилепско: Стибера, Врбјанска Чука, Трештена Стена, Сламите, Горно Село, Трпчева црква и Маркови кули.

Page 236: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

236

www.vmro-dpmne.org.mk

• Во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип се оформени и отворени пред јавноста историска, археолошка и етнолошка поставка. Со оформувањето на постојните поставки за прв пат се изложени над 3000 артефакти кои се рефлексија на богатото кутурно-историско наследство и потврда на цивилизацискиот континуитет на просторот.

• Конзервација, санација и реставрација на Саат-кулата во Гостивар, како и нејзина илуминација. Целосно е завршен проектот за конзервација, санација, реставрација и илуминација на Саат-кулата во Гостивар, која е ставена во функција на културната понуда на градот.

• Целосна конзервација и реставрација на Старо Медресе (во рамките на комплексот Саат-џамија, Гостивар), значаен споменик на културата.

• Обнова на источната фасада на црквата „Св. Илија“ – Дојран. Завршен е проектот за обнова и заштита на еден од најголемите православни храмови во земјава, црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран.

• Непосредна заштита – целосна реализација на конзерваторски проект: Реставрација на кровниот покривач од црквата „Св. Никола“, с. Варош, Прилеп.

• Непосредна заштита – целосна реализација на конзерваторски проект за реставрација на кровниот покривач од црквата „Св. Димитрија“ во Варош, Прилеп.

• Целосна конзервација и реставрација на црквата „Сите Свети“, с. Лешани, Охридско.

• Целосна реализација на проектот за санација на кровниот покривач на конакот на манастирот „Св. Леонтие“ во с. Водоча, Струмица.

• Извршена е целосна санација на црквата во с. Велгошти.

• Обнова на Амамот во Гевгелија. Со обновата на Амамот преку санација на покривната конструкција и уредување на внатрешниот простор, Гевгелија доби уметничка галерија која во иднина ќе биде место за организирање изложби на ликовни уметници од државава и од странство.

• Обнова на оградните ѕидови на објектот Арабати баба теќе и санација и реконструкција на Беговски конак во Тетово.

• Музеј на Илинденското востание и Крушевската Република. Извршена е реконструкција на фасадата и промена на дограмата и столаријата, со што е овозможено соодветно просторно решение за поставување трајна музејска поставка.

• Непосредна заштита - тековно одржување на галеријата Никола Мартиноски во Крушево. Со реализацијата на проектот беше извршена екстериерна санација на објектот, со што е овозможено соодветно просторно решение за поставување трајна музејска поставка на еден од најзначајните македонски сликари.

• Во периодот од 2011 до 2013 година преку надлежните установи од областа на заштитата на културното наследство се вршеше и конзервација и реставрација на икони од повеќе цркви, манастири во земјава.

• Во периодот од 2011 до 2013 година се поддржани и реализирани над 200 елаборати за валоризација и ревалоризација на културното наследство.

• Во периодот од 2011 до 2013 година се поддржани и изготвени проекти за конзервација и реставрација на културното наследство, а како позначајни се издвојуваат:

• изработка и реализација на проект Конзервација и реконструкција на балдахинот во олтарот на црквата „Св. Никола“, Штип;

• изработка на проект за конзервација на живописот на црквата „Вознесение - Св. Спас“;

• изработка на проект за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на остатоците од манастирската бања 2 во комплексот „Водочки цркви“, с. Водоча;

• изработка на проект за конзервација и реставрација на откриената архитектура од средновековните манастирски конаци и придружни објекти на археолошкиот локалитет Водочки цркви, с. Водоча;

Page 237: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

237

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• проект за конзерваторско-реставраторски работи на стариот конак во манастирот „Св. Никола“, с. Љубанци и интервенции на објектот Безистен, Стара скопска чаршија:

• конзерваторски проект за санација, конзервација и реконструкција на Султан Муратовата џамија во Скопје;

• конзерваторски проект за санација, конзервација и реконструкција, како и проект за испитување на статичката стабилност на минарето на Алаџа џамија;

• конзерваторски проект за конзервација, реставрација и препокривање на гробницата во дворот на Алаџа џамија во Скопје;

• конзерваторски проект за санација на влагата во Чифте амам во Скопје;

• изработка на проект за конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“, с. Лазаровци, Кичево;

• проект за конзервација и реставрација на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, с. Лазарополе, општина Маврово-Ростуша;

• проект за конзервација, реставрација и реконструкција на иконостасот од манастирот „Св. Јован Претеча“ (Продром), с. Слепче, Демирхисарско;

• изработка на проект за непосредна заштита на системот за загревање во просторијата бр.1 од археолошкиот локалитет Доцно античко термално лекувалиште во с. Банско, Струмица;

• изработка на проект за презентација и непосредна заштита на археолошки локалитет во старото урбано јадро на Струмица - Орта Џамија.

иНВЕСТициСкО ТЕхНиЧкО ОДРЖУВАЊЕ

Во периодот од 2011 до 2013 година инвестиравме во реконструкција на повеќе објекти и набавка на техничка опрема во установите од областа на културата, сè со цел подобрување на условите за работа и извршување на нивната основна дејност. Позначајни инвестиции се извршени во:

• Природонаучен музеј на Р. Македонија – извршена е реконструкција на дотраениот систем за парно греење;

• Ансамбл „Танец“ – набавена е компјутерска опрема за дигитална архива каде што ќе се архивираат етнолошките предмети на оваа институција. Во рамките на оваа институција, опремена е и отворена спомен-соба во која е прикажана богатата фолклорна историја на овој ансамбл;

• НУ Музеј на албанската азбука Битола – извршено е опремување и осовременување на просториите со канцелариски мебел и компјутерска опрема;

• НУ Центар за култура Дебар – целосно е уредено влезното плато пред објектот, извршена е реконструкција и адаптација на руинираните подрумски простории, со што Центарот за култура доби нови корисни простории за извршување на својата функција;

• Во повеќе центри за култура е извршено опремување на салите со соодветна современа аудиоопрема, и тоа во центрите за култура во Битола, Дебар, Делчево, Кочани, Струга, Неготино, Штип, Крива Паланка и во Куманово.

• Министерството за култура финансираше набавка на светлосна опрема за салите на центрите за култура во Битола, Кочани и Штип, како и театарот во Битола;

• НУ Струшки вечери на поезијата за првпат доби професионална опрема за проекции;

• Во Центарот за култура во Битола беше извршена адаптација на просторот за музички салон;

• Во НУ Македонска опера и балет е набавен најсовремен балетски под;

• Набавка на нова аудио, сценска и светлосна опрема за театрите во Република Македонија. Завршен е проектот за набавка на светлосна, сценска и аудиоопрема за сите театри во Република Македонија. Првиот дел од опремата е веќе пристигнат и е наменет за театрите во Штип, Битола и во Охрид.

Page 238: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

238

www.vmro-dpmne.org.mk

ЗАСиЛУВАЊЕ НА ЧОВЕЧкиТЕ кАПАциТЕТи НА кУЛТУРНиТЕ иНСТиТУции и ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТиТЕ НА кУЛТУРНиТЕ РАБОТНици

• Во периодот од 2007 до 2013 година беа вработени 638 лица како уметнички и административно-технички кадар во установите од областа на културата. Во споредба со 2006 година, во периодот од 2007 до 2009 година платите на уметничкиот кадар се покачија за 60% во масата, што овозможи подобрување на стандардот на македонските уметници и објективно вреднување на нивниот труд.

• Вработување стручен кадар од областа на археологијата, историјата на уметноста и конзервацијата. Во тек е кадровско доекипирање на стручни лица од сите сфери на заштитата на културното наследство.

• Збогатени се програмите на фестивалите и установите од национален интерес (Охридско лето, Мајски оперски вечери, Денови на македонската музика, Македонска филхармонија, Македонска опера и балет) со присуство на еминентни уметници од елитните културни средини во светот.

• Проект „135 тома македонска книжевност“. Проектот, кој е веќе реализиран, опфаќаше дополнување на проектот „130 тома македонска книжевност“ со уште пет наслови на македонски јазик кои беа преведени и на англиски јазик како дел од проектот.

• Стимулативни мерки за развој на ликовното и музичкото творештво. Со проектот се предвидува континуиран откуп на ликовни дела и откуп на скулптури од галериски формат со што ќе се збогатат фондовите на институциите од ликовната дејност и ќе се поттикне процесот на создавање на квалитетни ликовни дела. Исто така, ќе се вршат и откупи на музички дела за различни формации со што ќе зголеми продукцијата на дела од домашни автори.

• Во тек е реализацијата на проектот Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонците протерани од Егејска Македонија во XX век. Направена е база на податоци на целните групи и започнат е процесот на снимање на изјавите на преживеаните прогонети бегалци од Егејска Македонија што живеат во Република Македонија. Во минатите две години се реализираа првиот и вториот дел од документарниот филм ,,Сведоци“ врз основа на направените интервјуа со Македонците протерани од Егејска Македонија кои живеат во Македонија и во Канада. Исто така, во 2013 година заврши и подготовката на третиот дел од документарниот филм ,,Сведоци“, за кој беа спроведени 128 интервјуа во Мелбурн, Сиднеј и Перт, Австралија. Во 2014 година се планира обработка на направените интервјуа и снимање на нови интервјуа во неколку градови во Европа.

• За прв пат финансиски беа поддржани проекти за креативните индустрии, преку објавување Конкурс за финансирање проекти од креативните индустрии. Досега се поддржани над 50-тина проекти од оваа област.

• Изработена е Студија за одржливост за селото Гари и е издадена публикација за можностите за инвестирање во културното наследство.

• Изработена е Студија за ревитализација на Старата чаршија во Битола, вклучувајќи ги социо-економските аспекти, бизнис и менаџмент-планот. Изработен е Стратешки менаџмент план за заштита на Старата чаршија во Битола.

• Во изминатиот период беа издадени многубројни публикации, монографските изданија за Спомен-домот на Тоше Проески, за Музејот на македонската борба и за Спомен–домот на Мајка Тереза, публикацијата „Волшебна Македонија“ и многу други вредни едиции.

• Целосно беше реализиран проектот за обновување на опремата за прикажување филмови во киносалите во 14 центри за култура низ Македонија. Во два наврата во изминатиот период беа набавени и монтирани нови дигитални проектори со кои беа опремени центрите за култура во: Кочани, Куманово, Неготино, Струга, Охрид, Кичево, Прилеп, Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Дебар. Реализацијата на овој проект имаше многу придобивки во контекст на развивање на филмската култура во Република Македонија и предизвика огромен интерес кај граѓаните кои проследија многу нови светски остварувања, како и домашните филмови кои во изминатиот период беа реализирани преку Филмскиот фонд. Во 2014 година дигитални кинопроектори ќе добијат и центрите за култура во Кратово, Радовиш, Ресен и во Пробиштип.

• Основани се театри како посебни организациони единици во рамките на центрите за култура во Охрид и во Куманово.

Page 239: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

239

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Основана е нова Национална установа „Вардар филм – Македонија“.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

• Национална стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017. За првпат е донесена Национална стратегија за развој на културата за период од 5 години, како основен документ со којшто се утврдуваат општите и посебните долгорочни и системски конципирани културни политики и приоритети на Република Македонија, во сообразност со водечките глобални и меѓународни развојни стратегии (ОН, УНЕСКО, ЕУ). Акцискиот план за реализација ги дефинира конкретните активности, проекти и мерки за реализација на Стратегијата, во периодот од 2013 до 2017 година, при што ги посочува носителите на одделните активности, динамиката на нивната реализација, потребните средства, како и индикаторите за следење на спроведувањето на Стратегијата.

• Закон за поддршка на домашната музичка продукција. Во август 2013 година го донесовме Законoт за поддршка на домашната музичка продукција, со кој се пропишаа основи за стимулирање, помагање, унапредување и развивање на домашната забавна и народна музика. За поголема застапеност на домашната музика на програмите на радиодифузерите, со овој закон јавниот сервис Македонска радио-телевизија - Скопје, со средства од Буџетот на Република Македонија, ќе субвенционира годишно создавање на 150 нови забавни и народни композиции и 50 детски композиции.

• Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Со измените на Законот, организациите за колективно управување треба кај радио-телевизиските организации да обезбедат и да инсталираат систем за електронско евидентирање и обработка на податоци за емитуваните авторски дела, односно предмети на сродни права, како и да воведат обврска РТВ-организациите да ѝ овозможат на организацијата инсталирање на ваков систем.

• Закон за ратификација на Рамковната конвенција за вредноста на културното наследство во општеството. Со Конвенцијата се утврдени нови правила и стандарди за заштита на културното наследство кои се засновуваат врз почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Со Рамковната конвенција се потврдува дека правата што се однесуваат на културното наследство се дел од правата за учество во културниот живот при што секој има поединечна и заедничка одговорност кон културното наследство, а целта на конзервацијата на културното наследство и неговото одржливо користење е мирољубив развој и квалитетен живот.

Page 240: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

240

www.vmro-dpmne.org.mk

МЛАДи и СПОРТ

Page 241: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

241

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Младите се позитивна движечка сила и промотор на новите вредности на општеството и државата. Проектите што ги реализиравме и ќе ги реализираме се во функција на подобрување на иднината на младите. Како и досега, ги вклучивме младите во процесите на предлагање мерки за решавање на проблемите кои нив ги засегаат како на локално така и на национално ниво. Се стремиме и ќе се стремиме младите да имаат поголемо учество во креирањето на политики и донесување одлуки, што е еден од основните предуслови за креирање на прогресивни и модерни политики во едно општество. Младиот човек веќе не е само пасивен набљудувач, туку и активен чинител во современото општество.

Општо познато е дека спортот не само што придонесува за човековото здравје туку е и идеална подлога за создавање на ментално здрава младина, односно ефикасна превенција од искушенијата на модерното живеење.

За реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, придонесуваме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани. Го подобруваме квалитетот на спортската инфраструктура во Република Македонија, создаваме и ќе создаваме современи спортски капацитети за побрз развој на спортот.

Директно ги поддржуваме професионалните спортисти и помагаме за унапредување на професионалниот спорт, но исто така го поддржуваме и го подобруваме масовниот спорт и спортот за сите.

МЛАДи

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО• Проект „Совети на младите во општините“. Со овој проект беше направен најзначајниот чекор за зголемување

на учеството на младите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Креирани се 10 совети на млади во општините Кавадарци, Штип, Свети Николе, Теарце, Струмица, Радовиш и Неготино, Куманово, Теарце и Гостивар. Во текот на 2014 година предвидено е воспоставување на локални младински совети во општините Илинден, Струга и Тетово (со поддршка на UNDP). Во однос на Државниот совет за млади – неговото формирање се очекува по донесувањето на Законот за млади во текот на 2014 година.

• Проект „Саем на младински организации“. Во јуни 2012 година беше реализиран Саемот на младински организации во рамки на Радовиш Експо 2012. Во текот на 2013 година во организација на Центарот за Меѓукултурен Дијалог - Куманово, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт се одржа дводневен Саем на младински организации. Саемот имаше за цел да ја подигне свеста за потребата од професионализација и признавање на младинската работа, како и да направи линк помеѓу понудувачите на младинска работа и институциите.

• Проект „Стоп за пороците“ - Овој проект во изминатиот период се реализираше во скопските општини: Чаир, Шуто Оризари, Аеродром и Ѓорче Петров и општина Струга. Имплементацијата продолжува во периодот април – мај 2014 година во општините Петровец и Илинден. Во рамки на проектот досега беа вклучени околу 6.000 ученици. Проектот во натамошниот период ќе се имплементира и во останатите општини во Република Македонија.

• Проект „Чиста околина“ - Во текот на 2012 година ги спроведовме акциите за чистење остатоци од комунален отпад депонирани на несоодветни локации, на „Кајак патека“ на реката Треска кај Матка, од селото Жировница по коритото на реката Радика до селото Скудриње, граничните премини Богородица (Гевгелија), Деве Баир (Крива Паланка) и Ќафасан (Струга), чистење на крајбрежјето на Дојранското, Охридското и Преспанското езеро, крајбрежјата на вештачките акумулации: Мавровско езеро, Дебарско езеро, Козјак, Калиманци, Езеро Младост, Беровско езеро, Стрежево, Глобочица, како и на патарините на патните правци Скопје - Куманово, Скопје – Тетово – Гостивар и Скопје – Велес.

• Проект „Волонтирање“. Во рамки на проектот „Волонтирање“ голем број студенти зедоа активно учество во реализацијата на голем број спортски манифестации, како дел од организацијата на Златен Гонг (традиционална меѓународна спортска манифестација во бокс), Македонски Бисер (традиционална меѓународна спортска манифестација во борење) и голем број други манифестации. Во 2012 година Агенцијата за млади и спорт донираше спортска опрема и реквизити во неколку домови за деца без родители и посебни основни училишта со што во дел од акциите беа вклучени волонтери – студенти од Филозофскиот факултет – социјална политика и волонтери од Црвен Крст – Скопје. Агенцијата за млади и спорт ги поддржува активностите и зема активно учество во проектите насочени за промовирање на волонтерството и младинскиот активизам.

Page 242: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

242

www.vmro-dpmne.org.mk

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК • Проект „Креирање на локални младински стратегии“. Во 2010 година креирани се локални младински

стратегии за 10 општини – Прилеп, Кисела Вода, Илинден, Битола, Свети Николе, Радовиш, Гевгелија, Штип, Тетово, Кавадарци. Во текот на 2011 година креирани се локални младински стратегии за 3 општини - Дебар, Велес и Неготино, во 2013 година креирана е локална младинска стратегија за Град Скопје, а на почетокот на 2014 година креирана е локална младинска стратегија за општина Куманово. Во текот на 2014 година се очекува завршување на локалните младински стратегии во следните општини: Теарце, Гостивар, Струга, Битола и Тетово.

• Проект „Национална Кампања против говор на омраза“. Кампањата против говор на омраза е проект на Советот на Европа, чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт. Во кампањата се вклучени повеќе институции и невладини организации. Целта на кампањата е едукација на младите луѓе за човековите права и подигање на свеста за последиците од говорот на омраза. Во рамки на кампањата беше одржана Меѓународна обука за човекови права, Обука за обучувачи за човековите права, Панел дискусија “Механизми за елиминирање на говорот на омраза на интернет“ и други активности. Во наредниот период, се очекува потпишување на Меморандум за соработка со Мисијата на ОБСЕ за воспоставување на соработка во рамки на активностите насочени против говорот на омраза.

• Проект „Поддршка на Иницијативата за признавање и професионализација на младинската работа“. Целта на иницијативата имплементирана од страна на Центарот за меѓукултурен дијалог – Куманово, во која се вклучени и 30 граѓански организации е развивање на професионални стандарди и водичи кои имаат за цел да ја дефинираат младинската работа на национално ниво, како и креирање на систем за поддршка на младите.

• Проект „Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“. Проектот се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации, преку активности за подобрување на учеството на младите во локалното управување и испораката на социјални услуги. Активностите беа насочени кон подобрување на младинското учество на локално ниво, како и поттикнување на социјалното претприемништво и подобрувањето на вештините на младите луѓе.

• Проект „Донација на спортска опрема и реквизити за децата од социјално ранливите категории“. Во текот на 2012 година беше донирана опрема во следните установи: посебно основно училиште “Иднина“ - Скопје, посебно основно училиште “д-р Златан Сремец“, ЈУ Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и млади “Ранка Милановиќ“-Скопје, ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми“25-ти Мај“- Скопје, ЈУ Дом за деца без родители “11 Октомври“-Скопје, ЈУ завод за рехабилитација на деца и млади “Топанско Поле“-Скопје, Државно специјално училиште “Искра“- Штип и во општините: Кисела Вода, Новаци,Чашка, Крива Паланка, Чаир, Кавадарци, Карбинци и Виница. Исто така, во соработка со Министерството за образование и наука, беше донирана опрема за основните училишта во руралните општини.

• Проект „Фудбалски турнир на невладините организации“. Турнирот за прв пат се одржа во текот на 2013 година, во организација на невладината организација „Младите можат“, а истиот беше поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт. Целта на проектот е промовирање на спортот и здравите животни навики, како и поголема соработка помеѓу членовите на граѓанските организации. Во текот на април – мај 2014 година е планирано повторно одржување на овој турнир.

• Потпишан Меморандум за соработка за спроведување на Европската младинска картичка во Република Македонија. Со потпишувањето на овој меморандум ќе биде обезбедена поддршка во имплементацијата и промоцијата на Европската младинска картичка во нашата држава, овозможување на учество во различни едукативни програми, волонтирање, семинари, курсеви и слично, поттикнување на мобилноста кај младите луѓе итн.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ• Проект „Младински информативни центри“. Со отворањето на првиот младински информативен и

советодавен центар во Прилеп во 2010 година, започна реализацијата на овој проект. Во следниот период предвидено е отворање на младински информативни - волонтерски центри, во соработка со МТСП и ЗЕЛС. Преку овие центри се отвора можност за поголема соработка меѓу вклучените страни во младинскиот сектор, а воедно се создава основа за поголема поддршка за личниот и професионалниот развој на младите луѓе, поттикнување на младинскиот активизам и поголема информираност на младите луѓе за информациите кои се интерес за секој млад човек.

• Проект „ Донесување на Закон за млади “ – Со одлука на Владата на РМ во 2012 година беше составена Комисија за изготвување на нацрт текст на Законот за млади, кој беше подоцна повлечен. Донесувањето на овој закон е предвидено за 2014 година.

• Проект „Млади уметници“ - Овој проект не е реализиран поради недостиг на финансиски средства во рамки на буџетот наменет за сектор млади.

Page 243: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

243

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

СПОРТ

ВЕТЕНО - ОСТВАРЕНО• Проект „Национално спортско признание - спортски пензии“. Следејќи ги европските и светските трендови

за препознавање на врвните спортисти во една држава, го промовиравме “Националното спортско признание – спортски пензии“ со кои им обезбедуваме доживотен паричен надоместок на сите спортисти, кои борејќи се за боите на Република Македонија, постигнале врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена. Со ова им оддаваме јавно признание и почит на нашите спортски легенди, но и упатуваме една широка порака до младите спортисти дека имаат кон што да се стремат. Досега вкупно 31 спортист се имаат стекнато со „Национално спортско признание – спортска пензија“

• Проект „500 стипендии за млади и талентирани спортисти“. За развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија, особено се значајни стипендиите, кои се доделуваат на 500 млади спортисти. Со тоа ставаме јасно до знаење дека веруваме во младите спортисти, во нивните капацитети и заради тоа активно инвестираме во нивната иднина. Стипендиите се доделуваат на спортисти кои оствариле резултати на официјални државни и меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, во олимписки и параолимписки спортови. Составен дел на овој проект е и проектот за воведување спортски паралелки (спортска академија) во државното училиште за физичка култура Методија Митевски Брицо“ од Скопје.

• Проект: „50 фудбалски игралишта“. Од проектот Изградба на 50 фудбалски игралишта досега изградени и пуштени во употреба се 49 фудбалски игралишта во општините: Ранковце, Радовиш, Илинден-Марино, Ѓорче Петров-Хром, Битола-Горно Оризаре, Сарај-Долно Свиларе, Ѓорче Петров-Волково Велес, Василево, Карбинци, Неготино, Желино, Битола 1-Ќумурно, Могила, Пробиштип, Чешиново–Облешево, Росоман, Градско, Гевгелија-Миравци, Свети Николе, Босилово–Секирник, Гостивар, Гази Баба-Трубарево, Терце, Лозово, Старо Нагоричане, Прилеп-Тополчани, Тетово, Илинден- Кадино, Чашка, Петровец, Штип-Суитлак, Аеродром-МЗТ, Македонски Брод, Аеродром-Реонски, Прилеп-под Могилата, Сарај-Љубин, Кичево, Валандово, Врапчиште, Крушево, Ресен, Струга, Берово, Ново Село и „Куќата на фудбалот“ (комплекс од 4 фудбалски игралишта, лоциран во Општина Аеродром), а 1 игралиште во поранешната општина Зајас сеуште не е завршено заради лоша конфигурација на теренот.

Реализацијата на мини проектот - Куќа на Фудбалот, беше повод Претседателот на УЕФА да донира вештачка трева за „постилање“ на 10 спортски игралишта со димензии (Elite категорија) на теренот за игра од 105х68 м. Терените во општините Ѓорче Петров и Гостивар веќе се опремени со донираната вештачка трева, после ова следи поставување на вештачка трева на теренот во општина Кратово. Во реализацијата на овој проект се вклучени Агенцијата за млади и спорт, Фудбалската Федерација на Македонија и ЕЛС.

• Санација на 2 постоечки спортски сали. Во рамките на проектот за санација/адаптација на постоечки спортски објекти, во текот на 2011 и 2012 година, извршена е санација на спортските сали во општина Охрид - с.Велгошти и општина Демир Хисар – с.Смилево.

• Проект: „Вештачка карпа за спортско качување“. Вештачката карпа е изградена во 2011 година, се состои од дел за брзо качување/натпреварување, ѕид за тежинско натпреварување, како и платформа за тежинско натпреварување. Вештачката карпа за спортско качување изградена е со висина од 21 метар за спортско качување, трибини за гледачи, мала вештачка карпа – за болдеринг качување (паѓање на душек, без јаже) составена од повеќе од 50 различни насоки за качување со висина од скоро 5 метри.

• Проект „Летен училишен камп со познати спортисти и спортски тренери“. Летниот училишен камп со познати спортисти и спортски тренери е проект за валоризирање и наградување на најуспешните ученици кои се натпреварувале и оствариле големи резултати во училишните спортски лиги, организирани од Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија. Повеќе од 300 учесници избрани од најистакнатите ученици од екипните спортови, како и победниците од индивидуалните спортови, учествуваат во Летните кампови, во времетраење од 7 дена. Летните училишни кампови се одржуваат секоја година почнувајќи од 2010, во месец јуни во туристичките центри Дојран и Охрид.

• Проект „Училишни првенства во голем фудбал“. Со реализација на проектот “50 фудбалски игралишта“ се овозможи масовно и поквалитетно организирање на училишни првенства во голем фудбал. Овој проект започна да се спроведува во 2011 година и продолжува секоја календарска година.

Page 244: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

244

www.vmro-dpmne.org.mk

ВЕТЕНО –ВО ТЕК• Проект: „35 спортски сали“. Од проектот Изградба на 35 спортски сали досега изградени и пуштени во

употреба се 32 спортски сали во општините: Валандово, Чешиново - Облешево, Пехчево, Македонски Брод, Илинден, Брвеница, Свети Николе, Ѓорче Петров 1, Ѓорче Петров 2, Гази Баба, Бутел 1, Бутел 2, Берово, Ново Село, Боговиње, Штип, Куманово, Кисела Вода 1,Кисела Вода 2, Липково, Пробиштип – Злетово, Центар –ФФК, Битола, Сарај, Кичево, Демир Хисар, Тетово, Центар – ОУ„11 Октомври“, Маврово – Ростуше, Струмица, Крива Паланка и Чаир.

Започнати со градба во текот на 2013 се 2 спортските сали: на Универзитетите во Скопје – УКИМ и Универзитетот во Тетово – ДУТ, во тек на 2014 ќе започне да се гради последната 35-та спортска сала, во општина Гази Баба – населба Ченто. Проектот ќе заврши во 2015 година.

• Проект: „100 тениски терени“. Од вкупната бројка на планирани 100 тениски терени (40 двојни и 20 единечни терени), досега изградени и ставени во употреба се 39 тениски терени или речиси 40% (7 единечни и 16 двојни терени) во општините: Аеродром- 4, Горче Петров-2, Карпош-кеј на Вардар-2, Карпош–ОУ„Јан Амос Коменски“-2, Карпош ОУ„Петар Поп Арсов“-3, Чаир-2, Дојран Стар Дојран-2, Дојран Нов Дојран-2, Гевгелија-2, Вевчани–1, Илинден-4, Зелениково -1, Крива Паланка-1, Радовиш -1, Прилеп ОУ„Гоце Делчев“-1, Валандово–1, Сарај-2, Бутел-1, Кратово-1 и Ранковце-2.

26 тениски терени се во изградба (4 единечни и 11 двојни) во општините: Битола-3, Кавадарци-2, Велес-2, Василево-2, Ресен-1, Ново Село-2, Петровец-2, Виница-2, Гази Баба-1, Карбинци-1, Свети Николе-2, Зајас-2, Карпош СЦ „Борис Трајковски“-2 и Пробиштип-2. Изградбата на останатите 35 тениски терени (9 единечни и 13 двојни) ќе се реализира во текот на 2014-2015 во следните општини: Македонска Каменица-2, Кичево-2, Прилеп (ОУ„Мирче Ацев)-1, Делчево-2, Македонски Брод-1, Неготино-1, Маврово Ростуше-1, Крушево-1, Центар-3, Кисела Вода-1, Штип-2, Дебар-2, Куманово-2, Сопиште-1, Гостивар-2, Струмица-4, Тетово-2 и Карпош (СЦ „Борис Трајковски“)-2. Реализацијата на проектот ќе заврши во 2016 година.

• Проект: „100 повеќенаменски маалски игралишта“ Реализацијата на Проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“ е започната во 2012 година и истиот е речиси 50% исполнет. Во реализацијата на овој проект се вклучени Агенцијата за млади и спорт и ЕЛС. Досега изградени и пуштени се во употреба 12 повеќенаменски игралишта во општините: Македонска Каменица, Ѓорче Петров, Ново Село, Шуто Оризари, Дојран - с.Фурка, Пробиштип, Кратово, Штип, Илинден, Босилово, Бутел и Лозово.

Завршени и спремни за отворање се 22 игралишта во општините: Кочани, Крива Паланка 1, Пехчево, Карбинци, Берово, Прилеп, Маврово - Ростуше, Гевгелија, Валандово, Зрновци, Виница, Василево, Радовиш, Могила, Битола, Демир Хисар, Неготино, Кичево, Пласница, Градско, Дебар и Гази Баба.23 игралишта се во фаза на градба и ќе се изградат во текот на 2014 година на територијата на Република Македонија: Јегуновце, Брвеница, Чешиново – Облешево1, Новаци, Дојран- с. Николиќ, Велес- Иванковци, Кисела Вода -Драчево, Куманово, Старо Нагоричане, Петровец, Бутел 2 и Кисела Вода –Црниче, Аеродром 1 –Реонски, Чаир, Штип, Росоман, Ресен, Облешево, Кавадарци, Крива Паланка 2, Велес -Башино село, Струга -Лабуништа и Аеродром 2. Останатите 43 повеќенаменски игралишта (до закружување на Проектот 100 повеќенаменски игралишта) ќе се реализира во тек на 2014-2015.

• Подготовка на проектна документација за изградба на 9 пливачки базени. Првата фаза од реализацијата на овој проект е изградбата на 2 базена во општините Охрид и Крушево, а останатите 7 базени ќе се градат во наредниот период во градовите Штип, Скопје, Тетово, Гостивар, Битола Прилеп и Струмица. Реализацијата започна во 2012 година, со избор на Идејно решение и Основен проект (во фаза на изработка) во кој покрај пливачките базени со стандардни димензии, предвидени се и други содржини: сауна, масажа, солариум, фитнес, Spa и Wellness центри, како и други угостителски и комерцијални целини, со што значително ќе се зголеми популарноста на водените спортови и ќе допринесе за проширување на туристичката понуда. Во реализацијата на овој проект се вклучени Агенцијата за млади и спорт и ЕЛС. Проектот ќе се реализира во периодот 2014-2018 година.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК• Проект „Државна награда 8-ми Септември“. Со „Државната награда 8ми Септември“ се оддава признание

на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година се доделуваат пет награди, од кои една награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на

Page 245: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

245

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план и четири награди за спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Наградата започна да се доделува од 2012 година.

• Проект Изградба на еден спортски полигон. Спортскиот полигон опфаќа 3 единечни игралишта (2 единечни асфалтирани и едно земјено игралиште), а ќе биде лоциран во општината Ѓорче Петров – на ул. „Социјалистичка зора“. Проектот ќе биде завршен во текот на 2014 година.

• Санација и адаптација на игралишта во општина Струга. Реализацијата на овој проект опфаќа санација и адаптација на игралиштата во село Октиси, село Ложани, село Мороишта, село Нерези и село Мислешево. Проектот ќе биде завршен во текот на 2014 година.

• Изградба на повеќенаменско игралиште за ракомет, одбојка и фудбал на песок во општината Струга. Имајќи ги во вид посетеноста на општина Струга од голем број туристи и популарноста на ракометот, во овој град ќе се реализира проектот за изградба на повеќенаменско игралиште за ракомет, одбојка и фудбал на песок, согласно со меѓународните стандарди, кое ќе биде завршено во текот на 2014 година.

• Санација и адаптација на фудбалски игралишта во:

- Општина Демир Хисар,

- Општина Бутел во село Љубанци и

- Општина Кратово (за ова игралиште е донирана вештачката трева од страна на УЕФА/ФФМ).

Проектот ќе биде завршен во текот на 2014 година.• Изградба на 3 спортски сали во општина Центар и тоа во ДСУФК „Методи Митевски-Брицо, ОУ„Кочо Рацин“

и Дом за деца „11Октомври“ во населба Капиштец. Во тек е обезбедување на потребната документација. Проектот ќе се реализира во периодот 2014-2018 година.

• Изградба на 1 спортска сала во општина Шуто Оризари. Во тек е обезбедување на потребната документација. Проектот ќе се реализира во периодот 2014-2018 година.

• Санација на спортска сала во општина Крушево - село Бучим. Во тек е изработка на Основен проект за санација. Проектот ќе се реализира во периодот 2014-2018 година.

НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Проект „Креирање на е-информационен систем“, со база на податоци за сите регистрирани спортски во спрортските клубови, членки на 54 постоечки спортски федерации (профил на активни, поранешни спортисти, со прогрес на нивните спортски достигнувања/резултати и сл.). Заради изнаоѓање на подобри и поефтини решенија, проектот не е реализиран во целост.

• Проект: „15 атлетски модули“ Заради недоволни финансиски средства, односно давање приоритет за изградба на 2 современи Сертифицирани атлетски патеки на стадионот во склоп на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид и Арената Филип II во Скопје, следи проширување на спортската инфраструктура за атлетскиот спорт, со изградба на 15 атлетски модули. Со изградба на горните модули, ќе се овозможи следење на светските развојни трендови на школската Атлетиката, а 24-те атлетски дисциплини, ќе се групираат согласно прифатената природна поделба на: тркачки,скокачки и фрлачки дисциплини со што ќе се одбегне изградба на скапи атлетски патеки. Проектот ќе се реализира во периодот 2014-2018 година.

• Проект: „50 патеки со помагала за вежби“. Во тек е подготовка на потребната законска и проектна документација, а изведбата на проектот ќе стартува во текот на 2015 година.

• Проект: „Реновирање на постојни спортски сали“ Заради нерасчистени имотно правни односи и раскинување на штетни концесионерски договори (освен салата „ПАРК“ во Струмица и салата „Бучим“ во Радовиш), Проектот не е реализиран во целост. За потребите на аматерскиот (масовниот), професионалниот и рекреативниот спорт на граѓаните на територијата на целата држава, Агенцијата за млади и спорт, до крајот на 2014 година ќе донесе Уредба за класификација на сите спортски објекти, согласно која над 130 постоечки спортски објекти ќе бидат класифицирани во 2 категории: 1. објекти од национален интерес и 2. објекти од локално значење. По извршена распределба ќе следи потребната санација/адаптација на сите постојни објекти.

Page 246: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

246

www.vmro-dpmne.org.mk

РАЗВОј НА ЛОкАЛНАТА САМОУПРАВА

Page 247: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

247

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Продолжува успешното спроведување на процесот на децентрализација во рамките на воспоставената законска и институционална рамка на локалната самоуправа. Завршен е фазниот пристап за пренесување и управување со материјалните и финансиски ресурси за пренесените надлежности во образованието, културата, детската и социјална заштита, односно сите општини (освен Пласница) се финансираат со блок дотации. Наплатата на сопствените приходи (локалните даноци) во периодот 2005 - 2012 година е зголемена за повеќе од два пати, а се забележува и пораст на учеството на локалните даноци во БДП од 1% во 2005 година на 1,6% во 2012 година, што укажува дека капацитетот на локалната самоуправа континуирано зајакнува. Со порастот на износот кој се трансферира до општините по основ на дотација од ДДВ (општа дотација), кој постапно се зголеми од 3% во 2009 на 4,5% во 2013 година од наплатениот ДДВ во претходната година, се обезбедуваат дополнителни стабилни приходи за општините.Дополнителен пораст на сопствените приходи на општините се очекува да се реализира од надоместокот кој се наплаќа од издавање на концесија за користење на водните ресурси за производство на електрична енергија во сооднос од 50% за централниот буџет и 50% за локалните власти во зависност од тоа на чие подрачје се врши концесиската дејност од 2016 година, а во меѓупериодот распределбата ќе се врши во однос 75%:25%, надоместокот од концесија на минерални суровини во сооднос 22%:78% во корист на општините и надоместок од продажба на градежно земјиште во сооднос 20%:80% во корист на општините.

РАМНОМЕРЕН РЕГиОНАЛЕН РАЗВОј ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО• Реализација на проектите од „Програмата за рамномерен регионален развој“. Во периодот 2011 до 2013

година беа одобрени вкупно 183 проекти во износ од 224,7 милиони денари. Овие средства беа наменети за поттикнување на развојот на конкурентни плански региони и намалување на разликите во развојот помеѓу и во рамки на планските региони, со посебно внимание кон подрачјата со специфични развојни потреби и селата. Проектите ги спроведуваа Центрите за развој на планските региони и општините. За 2014 година година се предвидува реализација проекти во вредност од 60,1 милиони денари.

• Јакнење на Советот за рамномерен регионален развој. Советот за рамномерен регионален развој е промотор на партнерството помеѓу регионите/општините и Владата, во чии рамки се координира искористувањето на средствата наменети за регионите/општините. Во изминатиот период Советот континуирано одржуваше состаноци на кои се дефинираа конкретни чекори за спроведување на политиката за рамномерен регионален развој, кои овозможија за создавање на партнерски однос помеѓу општините, односно планските региони и Владата.

• Измени на Законот за рамномерен регионален развој. Во 2013 година ги донесовме измените на Законот за рамномерен регионален развој со кои овозможивме понатамошно ко-финансирање на Центрите за развој на планските региони од страна на Владата во наредниот пет годишен период, што ќе придонесе за натамошно јакнење на капацитетите на Центрите како двигатели на развој во планските региони.

• Ревизија и измена на Стратегијата за регионален развој 2009-2019. Во 2013 направивме ревизија на оваа стратегија за да обезбедиме поголема координираност во утврдување на мерките преземени од линиските министерства вклучени во процесот на регионален развој, а подготвивме и Акциски План за спроведување на Стратегијата за периодот 2013-2015 година.

• „Прашај ги надлежните“. Овие дебатни контактни емисии беа емитувани еднаш неделно до крајот на 2012 година. Во емисиите учествуваа претставници од Министерството за локална самоуправа, 66 градоначалници или претседатели на Совети, раководителите на Центрите за развој на планските региони, раководители на сектори за ЛЕР и урбанизам. Проектот придонесе за зголемување на транспарентноста на општините и навремено информирање на граѓаните. Проектот е целосно реализиран.

• „Замена на живини со енергетски ефикасни светилки во уличното осветлување“. Проектот се имплементира на ниво на општините и е широко прифатен од страна на градоначалниците. Овој проект овозможи значајни бенефити и големи заштеди за општините.

• „Електронски услуги од страна на општините – дозволи, решенија и други услуги“. Општините веќе започнаа со електронско издавање на градежните дозволи. Во подготовка е физибилити студија за можностите на обезбедување на најразлични услуги од страна на општините по електронски пат.

• Во насока на развој и унапредување на сите региони во Република Македонија, спроведовме активности за реализација на проектот „База на плански податоци“, со која се опфатени: плански документи за развој кои се донесени на национално и регионално ниво, лица задолжени за планирање на развојот во институциите на национално и регионално ниво и проекти на национално и локално ниво. Базата воедно ќе обезбеди систем за следење на распределбата на средствата од Буџетот на Република Македонија и ќе претставува значајна алатка на Советот за рамномерен регионален развој при носење.

Page 248: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

248

www.vmro-dpmne.org.mk

• За развој на осумте плански региони Владата на Република Македонија во 2013 година потпиша Спогодба со Германската организација за меѓународна соработка – ГИЗ со која се обезбедија дополнителни 2 милиони евра за спроведување на Програма за Регионален економски развој за периодот од јануари 2013 до декември 2014 година. Активностите кои ќе се спроведат се во насока на подобрување на спроведувањето на политиката за регионален развој, обезбедување побалансирана распределба на средства, и јакнење на капацитетите за спроведување на регионални проекти.

ОДРЖЛиВ РАЗВОј НА ЛОкАЛНАТА САМОУПРАВА и ДЕцЕНТРАЛиЗАцијА • Проект „Поддршка на процесот на фискална децентрализација преку зајакнување на капацитетите за

стабилно финансиско управување и внатрешна финансиска контрола на локално и централно ниво“ во кој се вклучени 40 општини. Главната цел на овој проектот беше зајакнување на централните и локалните административни капацитети за соодветно спроведување на процесот на децентрализација преку зајакнување на системите на стабилно финансиско управување и контрола. Проектот се реализираше од април 2011 година до февруари 2013 година.

• Програма за спроведување на процесот на децентрализација и развој на локалната самоуправа за периодот 2011-2014 и Акцискиот план за нејзина реализација за периодот 2012-2014 година. Овие два документи беа навремено изготвени и се спроведуваат со предвидената динамика. Во 2013 е подготвен Извештај за реализацијата на Програмата за спроведување на процесот на децентрализација и развој на локалната самоуправа за периодот 2011-2014 година. Програмата е насочена кон понатамошно спроведување на процесот на децентрализација во рамки на воспоставената законска и институционална рамка за локална самоуправа и создавање на економски појаки, развојно ориентирани единици на локалната самоуправа.

• Работна група за децентрализација. Формирана е и работна група за децентрализација во која членуваат сите државни секретари и други членови од институциите, а подготвена е и методологија за следење на спроведувањето на Програмата за децентрализација 2011-2014 година.

• Спроведено е истражување на задоволството на советниците и градоначалниците од реализацијата на активностите на Програмата за спроведување на процесот на децентрализација и развој на локалната самоуправа за периодот 2011-2014 година. Истражувањето е спроведено во 52 општини и градот Скопје, така што се собрани информации за постојната состојба во локалното владеење и испорака на услуги на локално ниво. Истражувањето беше финансиски поддржано од Програмата за развој на Обединетите Нации во Република Македонија.

• Организирани се и одржани четири тркалезни маси во октомври - ноември 2013 година, на кои учествуваа претставници од националните и локалните власти, ЗЕЛС, невладини организации и експерти. На овие тркалезни маси се дебатираше за улогата на локалните власти во остварувањето на стратешките приоритети и цели на Република Македонија и се извлекоа корисни заклучоци и препораки за креирање на идните политики поврзани со спроведување целите на Програмата за децентрализација и развој на локалната самоуправа.

• Прва годишна конференција за развојот на локалната самоуправа во Република Македонија на тема „Децентрализацијата и локалниот развој во контекст на идното членство во ЕУ“. Конференцијата се одржа во декември 2013 година и на неа присуствуваа повеќе од 180 учесници (градоначалници, претставници на сите министерства, членови на Работната група за децентрализација и на мрежата на контакт лица, невладини организации, експерти и претставници на дипломатските претставништва во Република Македонија). Организацијата на Конференцијата беше поддржана од Канцеларија на УНДП во Скопје.

ВЕТЕНО – ВО ТЕК• Општински обврзници. Законската регулатива за издавање на општински обврзници е во целост донесена.

Општините и градот Скопје ги анализираат можностите и интересот за издавање на општински обврзници.

• „Деловни Инкубатори“. Проектот предвидува отворање на бизнис инкубатори во кои на едно место ќе бидат собрани претпријатијата кои се занимаваат со информатичка технологија. Спроведена е анкета и подготвен е акциски план за спроведување на проектот. Проектот е во фаза на реализација, а активностите за отворање на бизнис инкубаторите се предвидени за 2015 година.

• „Бизнис Центри“. Проектот предвидува отворање на 8 регионални бизнис центри во рамките на Центрите за развој на планските региони. Овие центри ќе испорачуваат советодавни услуги за малите и средни претпријатија во рамките на планските региони. Со поддршка на донатор изготвена е анализа за можностите и начините на воспоставување на Центрите. Проектот е во фаза на реализација. Предвидено е отворање на 4 бизнис центри во текот на 2014 година, додека останатите 4 е предвидено да се отворат во 2015 година.

Page 249: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

249

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• „Саеми на трудот“. Проектот се предвидува организирање на настани на кои ќе се сретнат работодавачите, работниците, претставници од Универзитетите и локалните власти, со цел да се поттикне процесот на вработување преку вклучување на заинтересираните страни. До сега е организиран дводневен настан во Источниот плански регион, во Штип. Во текот на 2014 и 2015 година предвидена е реализација на 16 саеми на трудот во осумте плански региони.

НЕВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО/ВО ТЕК• Техничка група за рамномерен регионален развој. Формирана беше во 2012 година, како поддршка на

Советот за рамномерен регионален развој, во која членуваат државните секретари од осумте линиски министерства и претставник од Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и директорите на осумте Центри за развој на планските региони. Функционирањето на оваа група придонесе за поефикасна и навремена координација помеѓу Владата и локалните/регионалните партнери.

• ИПА Програми за прекугранична соработка со Република Бугарија, Република Грција, Република Косово, Република Косово и Транснационалната програма за земјите од Југоисточна Европа. Со овие програми се овозможува користење на средства од европските фондови директно од страна на општините и Центрите за развој на планските региони. Владата на Република Македонија обезбедува 15% национално кофинансирање за проектните активности. До крајот на 2013 година за втората компонента – ИПА прекугранична соработка искористени се вкупно 71.5% од расположливите фондови.

• Во рамките на „ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Бугарија 2007-2013“ до сега се апсорбирани вкупно 11,3 милиони евра од страна на општините, Центрите за развој на планските региони и невладиниот сектор. Контрактирањето за третиот повик е се уште во тек, така што се очекува поголема апсорпција на расположливите фондови за нашата држава.

• Во рамките на „ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Грција 2007-2013“ општините, Центрите за развој на планските региони, невладиниот сектор до сега се апсорбираа 7,2 милиони евра. Третиот повик е се уште во фаза на евалуација и се очекува апсорбирање на наменетите средства.

• Во рамките на „ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија 2007-2013“ на корисниците од Република Македонија им е одобрен грант во износ од 1,2 милиони евра. Контрактирањето за третиот повик е се уште во тек, а на корисниците од Република Македонија ставени им се на располагање 2,7 милиони евра.

• Во рамките на „ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово“ во декември 2013 е објавен првиот повик за проектни предлози со вкупна вредност од 3.1 милиони евра за двете земји, од кои 1.5 милиони евра се наменети за Република Македонија. Повикот е се уште во фаза на евалуација. Со објавата на овој повик за прв пат им се дава можност на корисниците од Скопскиот плански регион да земат учество во прекуграничната соработка.

Во рамките на оваа Програма обезбедени се финансиски средства за изградба на заедничка зграда за граничниот премин Белановце-Станчиќ како стратешки проект во вкупна вредност од 1.2 милиони евра. Реализацијата на проектот е во тек.

• Проектот „Изградба на ефективна и демократска локална власт“ се реализира со средства од ИПА, а предвидува поддршка на Министерството за локална самоуправа, работната група за децентрализација и општините за спроведување на Програмата за децентрализација и развој на локалната самоуправа.

• Методологија за постапката и условите за доделување на кредити на општините кои се корисници на финансиски средства од Европската Унија во рамки на ИПА Прекугранична соработка. Методологијата е изготвена и има за цел да поттикне уште поголема заинтересираност и учество на единиците на локалната самоуправа во прекуграничните програми и користењето на европските средства. Со ова им се дава можност на општините, по поволни каматни стапки, со грејс период до 6 месеци, да обезбедат кредити за учество во прекуграничната соработка. Кредитите се обезбедени преку Македонската банка за поддршка на развојот.

• Изграден нов објект за Домот за стари и изнемоштени лица Сју Рајдер во Битола. Објектот има зголемен сместувачки и просторен капацитет со што старите и изнемоштени лица ќе добијат значително подобра услуга. Средствата во висина од 850 илјади евра беа обезбедени од ИПА фондовите, од Владата на Република Македонија и од општината Битола.

Page 250: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

250

www.vmro-dpmne.org.mk

ЖиВОТНА СРЕДиНА и ПРОСТОРНО ПЛАНиРАЊЕ

Page 251: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

251

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

ВЕТЕНИ - ОСТВАРЕНО

• Инвестиции во животна средина. Континуирано ја спроведуваме Програма за инвестирање во животната средина преку која во периодот 2011-2014 инвестиравме над 180 милиони денари во проекти, а преку Програмата за води за периодот 2011-2014 инвестиравме во инфраструктурни проекти над 90 милиони денари. Со ова се зголемија инвестициите во животна средина согласно предвиденото во Националната стратегија за инвестиции во животната средина

• Спроведување на постапки за оцена на влијанието врз животната средина. Транспарентно преку вклученост на јавноста ги спроведуваме сите постапки за оцена на влијанието врз животната средина, а континуирано ги зајакнуваме и капацитетите на централната и локалните власти.

• Пристап на јавноста до информации за животната средина. Континуирано и транспарентно обезбедувавме пристап на јавноста до информации за животната средина преку нашата веб страница и јавните медиуми, а обезбедувавме и просторни податоци за состојбата со животната средина.

• Донесени планови за управување со сите заштитени подрачја во Република Македонија. Во рамки на меѓународни донации (грантови од ГЕФ и други меѓународни фондации) изготвени се нацрт-планови за управување со неколку заштитени подрачја: План за управување со НП Маврово истиот ќе биде донесен по спроведување на постапката за повторно прогласување на Маврово за национален парк, Заштитено подрачје - Тиквеш, Споменик на природа Кањон Матка, Преспанско Езеро, Повеќе наменско подрачје -Јасен, Смоларски и Колешински водопад и Парк на природа – Езерани, Планот за управување со Езерани е донесен во 2012. Од страна на субјектите кои управуваат со НП Пелистер и НП Галичица, односно од ЈУНП Пелистер, Битола и ЈУНП Галичица, Охрид, донесени се плановите за управување за двата парка.

• Програма за расчистување и дислокација на дивите депонии и депониите на цврст отпад кои се наоѓаат во близина на автопатиштата и на главните регионални и магистрални патишта. Континуирано спроведуваме посебна програма за расчистување и дислокација на дивите депонии и депониите на цврст отпад кои се наоѓаат во близина на автопатиштата и на главните регионални и магистрални патишта. Со тоа ја елиминираме неубавата глетка која порано беше присутна на некои места во близина на патиштата. Почиста и поубава земја остава позитивниот впечаток граѓаните, но и кај странските гости и туристи кои ја посетуваат Македонија.

• Воспоставен систем за издавање на интегрирани еколошки дозволи за усогласување со оперативен план за сите индустриски сектори. Владата донесе Одлука сите оператори да мора се усогласат со оперативните планови за добивање интегрирани еколошки дозволи. Со оваа мерка ќе се придонесе кон значително намалено загадување на животната средина од страна на индустриските сектори.

• Надградена е државната мрежа за мониторинг на воздухот со 4 мониторинг-станици. Надградена е и редовно се одржува државната мрежа за мониторинг на воздухот која има вкупно 17 мониторинг-станици кои се поставени на целата територија на Македонија. Се планира да се набават и нови станици за мониторинг на воздухот преку ЕУ ИПА проекти.

• Воспоставени се системи за собирање, третман и рециклирање на отпадот од пакување, батерии и акумулатори и отпадна електрична и електронска опрема. Континуирано се врши собирање, третман и за рециклирање на отпадот од пакување, батерии и акумулатори и отпадна електрична и електронска опрема преку лиценцирани колективни постапувачи со отпад.

• Воведена е забрана за употреба на пластичните кеси, со што значително се намали загадувањето во урбаните средини и на јавните површини.

• Воспоставен е национален информативен систем за биолошка разновидност. Се изработи софтверска апликација на централна база на податоци на Национален информативен систем за биолошка разновидност и истиот е во постојана надградба (nbis. moepp. gov. mk). Пополнета е централната база на податоци на Националниот информативен систем за биолошка разновидност со достапни и научно верификувани податоци за видовите и нивните живеалишта во државата, како и просторни и други релевантни податоци за заштитените и предложените подрачја за заштита.

• Подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Секоја година спроведувавме едукативни кампањи и проекти за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, а во соработка со невладиниот сектор и учество на севкупната јавност ги одбележуваме светските еколошки денови.

• Подобрување нивото на комуникација, координација и соработка помеѓу сите вклучени страни кои се

Page 252: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

252

www.vmro-dpmne.org.mk

засегнати со заштитата и со унапредувањето на животната средина. Изработивме функционална веб страница (www.moepp.gov.mk) преку која сите информации за заштитата и со унапредувањето на животната средина се публикуваат во јавноста.

• Донесовме Национален план за заштита на воздухот и Национална програма за постепена редукција на количините на емисии на одредените загадувачки супстанции во Република Македонија.

• Воспоставен информатички систем за квалитет на воздухот. Воспоставивме информатички систем за квалитет на воздухот (http://airquality.moepp.gov.mk/)

• Националната стратегија за управување со води. Ја донесовме Националната стратегија за управување со води во 2012 година.

• План со физибилити-студија за управување со отпад од електрична и електронска опрема. Изработен е и усвоен Планот со физибилити-студија за управување со отпад од електрична и електронска опрема.

• Донесен е план за управување со природното и со културното наследство во Охридскиот регион со Акциски план. Изготвен е нацрт- План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион со Акционен план, во кој е вграден делот за природно наследство.

• Зајакнување на секторите и органите во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање. Преку разни проекти финансирани од ИПА или билатерални и мултилатерални фондови организиравме голем број на работилници и тренинзи, со што во континуитет ги јакнеме капацитетите на секторите и органите во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, особено Секторите за отпад и за води.

• Зајакнување на административните и техничките капацитети на регионалните тела за управување со отпад. Реализиравме ИПА проект кој беше финансиран преку Европската комисија преку кој ги зајакнавме административните и техничките капацитети на регионалните тела за управување со отпад во регионите за управување со отпад.

• Со цел поефикасно искористување на средствата кои се добиваат преку ИПА проекти во МЖСПП се формираа две одделенија за ИПА и истите се рамки на во Сектор за ЕУ.

• Се изгради првата приватна соларна централа во Мариово.

ВЕТЕНИ-ВО ТЕК

• Транспонирање и имплементација на ЕУ директивите во сектор води. Транспонирањето на ЕУ законодавството во националното законодавство од областа води е повеќе од 70% реализирано. Целосната транспонирање ќе се постигне со реализација на неколку билатерални и ИПА проекти: ИПА ТАИБ 2009 (Техничка помош за зајакнување на институционалните капацитети за приближување и имплементација на законодавството за животна средина во областа на управувањето со водите) и ТАИБ 2012 (Техничка помош за зајакнување на административниот капацитет за спроведување на законодавството за вода, со фокус на Рамковната директива за води).

• Проект за превентивна екологија. Во тек е имплементација на Проектот “Зелен пакет - Јуниор” преку кој спроведуваме превентивна екологија со кој го менуваме пристапот кон заштитата на животната средина кај младата популација во Република Македонија.

• Чистење на речните корита и на крајбрежните појаси на Дојранското и Преспанското езеро. Овој проект континуирано се реализира согласно Акциската програма на Владата за чистење и средување на речните корита и крајбрежјата на природните и вештачките езера во Македонија.

• Идентификација на агломерациите во Република Македонија за третман на отпадните води и дефинирање на чувствителните подрачја во земјава во однос на испуштање на урбани отпадни води. Направивме прелиминарна идентификација на агломерациите во Република Македонија, како и предлог утврдување на чувствителноста на подрачјата на испуштање на урбани отпадни води. Преку ЕУ – ИПА проект „Национална студија за води“ во висина од 2,5 милиони евра, ќе се изврши детална идентификација на агломерациите, ќе се утврди чувствителноста на подрачјата на испуштање на урбани отпадни води, а ќе се направи и стратегија за управување со милта од станиците за пречистување на отпадни води.

• Воведување на интегрирано управување со водите во согласност со принципот на интегрирано управување

Page 253: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

253

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

на ниво на речни сливови. Согласно Законот за води, започна изработката на Плановите за речни сливови. За соодветно управување со речните сливови, во Секторот за води организациски се формираа одделенија по речни сливови. Преку ЕУ-ИПА Проектот ТАИБ 2009 (Техничка помош за зајакнување на институционалните капацитети за приближување и имплементација на законодавството за животна средина во областа на управувањето со водите) започна изработката на Планот за управување со сливот на реката Вардар, со тековниот Проект финансиран од ГЕФ се започна со изработка на План за управување на меѓународното сливно подрачје на Црн Дрим. Се планира со средства од СЕКО - Швајцарската Влада, во текот на 2014 да започне изработката на План за речен слив Струмица. За подрачјата по речни сливови, веќе и изготвен планот за речен слив на Преспанското Езеро, а се изработува Планот за речниот слив на река Брегалница.

• Воспоставување интегриран систем за управување со отпад во Полошкиот регион и во Југоисточниот регион преку концептот на јавно-приватно партнерство. Во завршна фаза се преговорите за воспоставување интегриран систем за управување со отпад во Полошкиот регион и во Југоисточниот регион преку концептот на јавно-приватно партнерство. Но реализацијата на оваа активност директно зависи од согласноста на општините од овие региони да ги потпишат договорите со концесионерите кои ја поминаа фазата на конкурентски дијалог согласно со Законот за концесии и јавно-приватно партнерство.

• Во тек се активности за изработка на следните студии, планови за управување и технички документации:

• План за управување со речниот слив на река Вардар. Преку веќе започнатиот ЕУ ИПА Проект ТАИБ 2009 (Институционално зајакнување на секторот води на централно и локално ниво за имплементација на ЕУ барањата во делот на водите) започнати се активности за изработка на План за управување со речниот слив на реката Вардар. Проектот е вреден 1,7 милиони евра.

• План за управување со речниот слив на река Брегалница. Преку тековниот Проект за Брегалница се изработуваат Планови за управување со речниот слив на река Брегалница. Проектот е вреден 2,4 милиони швајцарски франци.

• Планови за управување со речниот слив на реките Струмица и Црн Дрим. Во тек е спроведувањето на ГЕФ Проектот согласно кој ќе биде изработен Планот за управување со речниот слив на Црн Дрим. Изработката на планот за управување со речниот слив Струмица ќе се изврши со помош од Швајцарската Влада.

• Изработка на Национална студија со методологија за тарифирање на услугите во секторот води согласно со принципот загадувачот плаќа. Проектот ЕУ ИПА(Национална студија со методологија за тарифирање на услугите во секторот води) започна да се спроведува од крајот на 2013 година. Проектот ќе обезбеди нов модел на тарифирање на водите со дополнителни анализи на институционалната структура кој ќе биде одговорна за дефинирање на цената на водата. 

• Подготовка на регионални планови за управување со отпад во најмалку 2 региони за управување со отпад. Во фаза на имплементација е ЕУ- ИПА проект за изработка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на влијанието врз животната средина во Источниот и Североисточниот плански регион за управување со отпад. Вредноста на проектот е 1.4 милиони евра.

• Национална стратегија за заштита на природата. Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија која е поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, изработена е проектна задача за Национална стратегија за заштита на природата. Во текот на 2014 година ќе отпочне реализацијата на активностите, при што вредноста на проектот е во износ од 300.000 евра (обезбедена донација од Швајцарска влада од 200.000 евра);

• Црвена листа на диви видови и Црвената книга на засегнати диви видови. Отпочната е изработката на проектна задача за Црвената листа на диви видови и Црвената книга на засегнати диви видови. Во рамките на ГЕФ/УНДП проектот за Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија во 2011 година изготвен е Компаративен преглед на видови, како основа за подготовка на Црвената Листа на видови на државата.

• ќе се воведе ИСО стандарди. Во изминатиот период се отпочна со процедурата за воспоставување на ИСО 9001 во МЖСПП.

• Изработка на техничка документација на ниво на физибилити-студии и главни проекти за неколку агломерации во Република Македонија со повеќе од 10.000 еквивалент жители. Преку ЕУ ИПА проект во тендерска фаза е избор на најдобар понудувач за изработка на техника документација (физибилити-студии и

Page 254: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

254

www.vmro-dpmne.org.mk

главни проекти) за пречистителни станици за отпадни води за неколку агломерации во Република Македонија кои опфаќаат повеќе од 10.000 жители и тоа во: Битола, Тетово, Гостивар, Дебар и Кавадарци. Вредноста на проектот е 8 милиони евра.

• Подготовка на техничка документација (физибилити-студии, основни проекти, анализи на добивки и трошоци) за најмалку 2 региона за управување со отпад. Одобрен е проект од ЕУ - ИПА за подготовка на техничка документација (физибилити-студии, основни проекти, анализи на добивки и трошоци) за Источениот и Североисточниот плански регион за управување со отпад за управување со отпад. Вредноста на проектот е 2.5 милиони евра.

• Подобрување на Државната мониторинг-мрежа за водите. Преку ГИЗ проектот за заштита од климатски промени за делот на западен Балкан, се спроведуваат активности со кои по течението на Црн Дрим ќе се постават 8 мониторинг станици во делот на сливот за мерења од можни појави на поплави. Поставувањето на станиците ќе заврши до крајот на 2014 година.

Активности поврзани со изградба на повеќе пречистителни станици во Македонија:

• Изградба пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија. Со финансиска донација од Швајцарската и грчката влада, а ко-финансиран од буџетот на МЖСПП, МТВ и Општина Гевгелија почна изградбата на Пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија. Вредноста на проектот е 9.8 милиони евра.

• Изградба пречистителна станица за отпадни води во Струмица. Преку ЕУ ИПА проект во завршна фаза е избор на најдобар понудувач за изработка на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води во Струмица. Вредноста на проектот е 10 милиони евра.

• Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Прилеп. Во рамки на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Прилеп со средства од ЕУ-ИПА, се очекува да биде потпишан договор со најдобриот понудувач и да започне изградбата. Вредноста на проектот е 10,7 милиони евра.

• Реконструкција и проширување на канализациска мрежа во Прилеп. Се спроведува проектот за реконструкција и проширување на 23 км канализациска мрежа во Прилеп со средства од ЕУ - ИПА. Во тек е тендерирање за втората фаза реконструкција и проширување на останатата канализациска мрежа во Прилеп. Вредноста на проектот е 6.2 милиони евра.

• Проект за пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Проектните задачи за основен проект кои би се финансирал од ЕУ - ИПА за дел од канализациската мрежа и идеен проект за пречистителната станица за отпадни води во Скопје се изработени, по што ќе следи изработка на основен проект со поддршка од меѓународни донатори.

• Изградба пречистителна станица за отпадни води во Волково и Сарај. Во тек е проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Волково и во Сарај и голем дел од активностите се завршени. Вредноста на проектот е 6 милиони евра.

• Надградба на проектот за снабдување со бунарска вода во Дојранското Езеро. Во тек се активности за надградувањето на проектот за снабдување со бунарска вода во Дојранско Езеро со ревитализација на 5 потопни пумпи преку кои ќе се овозможи дел од водата да се користи и за наводнување на земјоделски површини во атарите на Богданци, Стојаково и Паљурци. Планирано е истиот е да се реализира во 2014 година. Доградба на цевководод од новоизбушените бунари од Долна Ада-Паљурци се планирани во новата програма на Владата.

• Проект за реорганизација на јавните комунални претпријатија во Република Македонија со цел одвојување на комуналните услуги за вода во посебни претпријатија. Изготвена е проектна задача за ЕУ ИПА проектот за Реорганизација на јавните комунални претпријатија во Република Македонија со одвојување на комуналните услуги за вода во посебни претпријатија и истиот во најскоро време ќе биде тендериран. Вредноста на проектот е 2 милиони евра.

• Издавање под концесија на преработката и искористувањето на рудните концентрати одложени на јаловиштата за оловна и цинкова руда во рудниците Тораница и Злетово, како и троската одложена во МХК Велес според со најдобрите достапни технологии применливи во светски рамки

Page 255: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

255

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

• Се изработува тендерска документација за издавање под концесија преработката и искористувањето на рудните концентрати одложени на јаловиштата за оловна и цинкова руда во рудниците Тораница и Злетово, како и троската одложена во МХК Велес преку користење на најдобрите достапни технологии кои се применуваат во светски рамки, со можност за проширување и на останатите хидројаловишта кои претставуваат историско загадување.

• Изготвена е Национална еколошка мрежа на заштитени подрачја на Република Македонија и истата е во фаза на одобрување

• Идентификување на заштитени подрачја кои ќе се предложат да влезат во еколошките значајни подрачја за Европската унија мрежата НАТУРА 2000.

• Завршени се активностите и одобрен е проект од ИПА ТАИБ 2011 во висина од 1,4 милиони евра преку кој ќе се спроведат активности за идентификување на заштитените подрачја кои ќе бидат предложени да влезат во еколошките значајни подрачја за Европската унија мрежата НАТУРА 2000.

• Воспоставување на целосна евиденција на заштитата на природата преку воведување на Катастар на заштитени подрачја и Регистар на природно наследство. Донесен е Правилник за евиденција за заштита на природата Правилникот ги вклучува катастарот на заштитени подрачја и Регистарот на природното наследство. Со тоа е отпочна постапката за воспоставување целосна евиденција на заштитата на природата преку воведување на Катастар на заштитени подрачја и Регистар на природно наследство.

• Прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје. Започната е постапката за прогласување на делови од Осоговските Планини за заштитено подрачје и во тек е консултација со градоначалниците на општините од овој регион. Исто така, предвидено е и донесување на планови за управување за делот од Осоговските Планини кој ќе биде прогласен за заштитено подрачје.

• Во тек се активности за воведување на еколошки означени производи и услуги.

• Означување со еколошка ознака на капацитетите за туристичко сместување. Во завршна фаза е проектот Поддршка за воведување на еколошка ознака на производи и услуги преку кој се дава поддршка за означување со еколошка ознака на туристичките капацитети за сместување.

• Проект Мариово. Изготвен е Акциски план за Проект Мариово за ревитализација на селата во Мариово од аспект на производство на еколошка храна, поттикнување на развојот на сточарството во ревитализираните села, промовирање на развојот на екотуризмот и руралниот туризам, меѓу другото и преку изградба на сместувачки капацитети и истиот ќе се спроведува од неколку институции во 2014 година

• Зајакнување на административните и техничките капацитети на органите за управување со речни сливови и донесување на планови за управување со речни сливови. Ги зајакнуваме административните и техничките капацитети на органите за управување со речни сливови преку тековниот Проект за Брегалница кој е финансиран од страна на Швајцарската Влада. Формирана е проектна канцеларија за имплементација на Проектот во Кочани преку кој вработените од МЖСПП се континуирано обучувани. Преку ЕУ ИПА Проект ТАИБ 2009 (Институционално зајакнување на секторот води на централно и локално ниво за имплементација на ЕУ барањата во делот на водите) се обезбедува секојдневна соработка и обука на вработените во Секторот води. Преку овие проекти администрацијата на локално и централно ниво се обучува да го применува софтверскиот пакет MICE SHE, Arc View, WEAP GIS, GIS quantum како и да врши биолошки мониторинг согласно ЕУ барања.

• Зајакнување на капацитетите за Инспекторатот за животна средина. Во завршна фаза е одобрување на ЕУ-ИПА Твининг проект (Зајакнување на административните капацитети за животната средина и инспекции на централно и локално ниво) во висина од 1 милион евра преку кој ќе ги зајакнеме на капацитетите на Инспекторатот за животна средина, како и на локалните овластени инспектори за животна средина.

НЕВЕТЕНИ – ОСТВАРЕНО / ВО ТЕК

• Програма за фосилни горива. Преку буџетот на МЖСПП се реализираше и Програма за фосилни горива каде што беа подржани проекти на неколку општини во кои има индустриски капацитети.

• Канализациона мрежа во село Мороиште. Со буџетски средства се изгради канализациона мрежа во село Мороиште. Со реализацијата на овој проект жителите на Морошита имаат поквалитетен живот, а со овој проект придонесуваме кон заштитата на подземните води и заштита на водите од Охридското езеро.

Page 256: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

256

www.vmro-dpmne.org.mk

• Мониторингот на квалитетот на водата во Преспанското езеро. Во рамките на имплементацијата на проектот за Заштита на Преспанското Езеро, поддржан од Швајцарската влада и имплементиран од УНДП, отпочна со работа мониторинг брод кој континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во Преспанското езеро.

• Отстранување отпадни хемикалии од Институтите за јавно здравје во Република Македонија. Во рамките на проектот “Отстранување отпадни хемикалии од Институтите за јавно здравје во Република Македонија”, отстраните се 8 тони опасни отпадни лабораториски хемикалии, складирани во Институтите за јавно здравје во Република Македонија.

• Законот за контрола на испарливи емисии органски состојки. МЖСПП во соработка со експертски тим го подготви Законот за контрола на испарливи емисии органски состојки, во која се вметнати сите одредбите од ЕУ директивите. Со спроведувањето на одредбите од законот се очекува намалување на загадувањето од воздухот од испарливите органски соединенија, при што 90 отсто од испарувањата на бензини ќе бидат зафатени и вратени во резервоарите.

Се изработија и следните позначајни извештаи и анализи:

• Трет национален план за климатски промени. Со поддршка од УНДП се изработи Третиот национален план за климатски промени.

• Донесен е извештај „Преглед на состојбите со животната средина“.

• Донесен е „Годишниот извештај за квалитетот на животната средина“.

• Подготвено и публикувано е второто издание на публикацијата „Индикатори за животна средина во Република Македонија“, дополнето со нови и ревидирани податоци за 40 индикатори.

• Публикација за Европската агенција за животна средина. Изработена е публикација за Европската агенција за животна средина (ЕЕА), која ги содржи мисијата, целите, обврските за известување, управување и меѓународна соработка на земјите членки и соработнички со ЕЕА. Целта е да се зајакне знаењето на експертската и широката јавност за работата на Европската агенцијата за животна средина.

• Преглед на национални политики и легислатива во областа на отпадот. Изработена е публикацијата “Преглед на национални политики и легислатива во областа на отпадот – Country Fact Sheet on Waste Policies 2011”, во која е даден преглед на националните политики и легислативата во областа на отпадот, вклучително и преглед на зададените цели и активности во однос на управувањето со отпадот.

• Извештај за состојбата за хемикалиите. Усвоен е Извештајот за состојбата за хемикалиите во Република Македонија и Националниот акционен план за стратешки пристап во управувањето со хемикалиите.

• Пречистителна станица за отпадните води во Кочани. Преку Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија/ Швајцарската агенција за развој и соработка се одобрени средства за градба на пречистителна станица за отпадните води во Кочани. Реализацијата на овој проект ќе придонесе за зајакнување на заштитата на животната средина во општина Кочани.

• Изградба на фекална канализација во Инџиково, Сингелиќ и во Стајковци. Со ко-финансиски средства на МЖСПП се реализира проектот Изградба на фекална канализација во Инџиково, Сингелиќ и во Стајковци. Со овој проект се решава долгогодишниот проблем на околу 10.000 жители од овие населени места. Изградбата на оваа примарна фекална канализација е од огромно значење за здравјето на граѓаните и за заштита на животната средина.

• Изградбата на пречистителна станица за отпадни води во општина Глумово, Сарај и Шишево Од буџетот на МЖСПП се финансираа проектот за Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во општина Глумово, Сарај и Шишево. Со овој проект ќе се третираат отпадните води од ова населено место и ќе се придонесе кон помало загадување на реката Вардар.

• Филтерска станица на системот за водоснабдување на Гостивар. Во тек е реализација на проектот за Изградба на Филтерска станица на системот за водоснабдување на Гостивар. Проектот се реализира со буџетски средства и ќе придонесе за подобрување на снабдувањето со вода во општина Гостивар.

• Реконструкција на постојниот одводен канал за отпадни во населено место Арачиново. Од буџетски средства на МЖСПП се финансира проектот Реконструкција на постојниот одводен канал за отпадни во населено место

Page 257: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

257

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Арачиново. Каналот за отпадни води е во должина од приближно 2.000 метри.

• Санација на браната Пишица. Со поддршка на буџетот на МЖСПП се Изготви комплетна техничка документација за санација на браната Пишица. Во следната фаза ќе се избере најприфатливо решение за санацијана браната со што ќе се решат поплавите на земјоделски површини, но и куќи по течението на Злетовска река и Брегалница во општините Пробиштип, Карбинци и Штип.

• Мали инфраструктурни проекти за речниот слив на реката Брегалница. Преку проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница кој е ко-финансиран од Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија и Владата на Република Македонија почна да се реализираат мали инфраструктурни проекти како што е: проширување и рехабилитација на канализациите, изградба и рехабилитација на мали резервоари за вода, поставување на пумпи за вода, филтри за вода и опрема за мерење на вода, регулација на реките, мерки за заштита од поплави и рехабилитација.

• Акција: Македонија земја на розите. Со поддршка од МЖСПП во 2013 се реализираше Акцијата „Скопје градот на цвеќето, Скопје градот на розите“, преку која се засадија преку 25.000 рози на главните сообраќајници и паркови во Градот Скопје. А во 2014 се реализира акција „Македонија земја на розите“. Спроведувањето на оваа еколошка акција има долгорочни позитивни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето, преку засадување на садници на рози на булеварите и сообраќајниците, во парковите, кружните текови и на други зелени јавни површини.

• Учество во регионален ЕУ ИПА проект Мрежа за пристапување кон ЕУ за Животната средина и климатски промени – ЕCRAN. Почна со реализира ЕУ - ИПА регионален проект Мрежа за пристапување кон ЕУ за Животната средина и климатски промени – ЕCRAN, во која Македонија активно ќе се вклучи во неговата реализација.

• Националната стратегија за биолошка разновидност. Почна со реализација проектот за Националната стратегија за биолошка разновидност. Главната цел на проектот е да овозможи Македонија да ја ревидира Националната стратегија за биодиверзитет и Акциониот план и да го подготви Петтиот национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Глобалниот фонд за животна средина преку Регионалната канцеларија на УНЕП.

• Софтвер за следење на квалитетот на животната средина на местото на живеење. Се изработи Софтвер за следење на квалитетот на животната средина на местото на живеење. Планирано е овој софтвер да се прошири на територија на целата Република каде покрај податоците за загадување на воздухот, би се користеле податоци за квалитетот на водата, границите на заштитените подрачја, состојбата со флората и фауна и др.

• Закон за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк. Во завршна фаза е изработката на Законот за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк.

• Закон за заштита на почви. Се формираше експертска група и се отпочна да се изработува предлог Закон за заштита на почви. Со овој закон се уредува заштитата на почвата како медиум на животната средина, користењето и зачувувањето на функциите на почвата на одржлива основа.

• Изработка на Просторни планови. Се подготвуваат Просторни планови за НП Галичица, НП Маврово и за Источен плански регион.

• Стратегија за животна средина и климатски промени за периодот од 2014-2020. Се отпочна со реализација на Стратегија за животна средина и климатски промени за периодот од 2014-2020 година.

• Воспоставување на финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион. Се подготви проектна задача за подготовка на техничка документација за воспоставување на финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион.

НЕРЕАЛИЗРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

• Воспоставување на Државна мониторинг-мрежа за бучава.Воспоставување на Државна мониторинг-мрежа за бучава со 10 автоматски мониторинг-станици е планирана за 2015 година.

• Акциски планови за бучава во животната средина е планирано да се изработат во 2015 година.

Page 258: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

258

www.vmro-dpmne.org.mk

Стратешки карти за бучава за сите агломерации, главни патишта, главни железнички пруги и главни аеродроми на територијата на Република Македонија е планирано да се изработат во 2016 година.

Page 259: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

259

2011-2014ОТЧЕТ за сработеното на Владата предВодена од ВМро-дпМнеи коалицијата „за подобра Македонија“

Page 260: Отчет на Владата на Р.М. 2011-2014 год

260

www.vmro-dpmne.org.mk

ЗА СРАБОТЕНОТО НАВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ

www.vmro-dpmne.org.mk

2011-2014