ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

23

Upload: mad-buldog

Post on 08-Mar-2016

253 views

Category:

Documents


13 download

DESCRIPTION

Списанието опфаќа дваесетина постојани рубрики за финансиско известување, даноци, финансиски менаџмент, ревизија, економија на јавниот сектор, финансиски пазари и институции,

TRANSCRIPT

Page 1: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011
Page 2: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

Одобрување за само 1 денИзнос до 60.000 денариОтплата до 12 месечни рати

www.capitalbank.com.mk

ПРОМОТИВНО ДО 31.03.2011КУПУВАЈТЕ ВО ТЕХНОМАРКЕТ ПОЛЕСНО ОД КОГА И ДА Е!

Page 3: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

3www.primeko.com.mk

СОДРЖИНА

ЕКОНОМСКИБИЛТЕН

Содржина

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ 5Инвестиции (вложувања) во заеднички потфатиБранко Костовски

ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА 22Поим, предмет и цели на анализата на финансиските извештаиПроф. д-р Зоран Ивановски

ДЕВИЗИ И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 27FX Монитор - Март 2011Саша Грујевски

МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА 29 Проекција на монетарната политика за 2011 годинаПроф. д-р Зоран Ивановски

СТАТИСТИКА И ЕКОНОМЕТРИЈА 35Хаос на македонскиот пазар на капитал?Д-р Јулијана Ангеловска

ЕКОНОМИЈА НА ЈАВЕН СЕКТОР 40Економијата на јавен секторм-р Надица Ивановск

ИЗБРАНИ СЦЕНАРИЈА ОД WWW.PRIMEKO-AUDIT.COM 43Бранко Костовски

Page 4: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

4 www.primeko.com.mk

Уредник

Почитувани,

Конечно заврши сезоната на годишни сметки. Нема сомнение дека ова е (барем малку) порелаксиран период за сметководителите. Затоа, ајде малку да се насмееме (на сопствена сметка) во овој воведник. Ве молам само за едно. Доколку не прифаќате шега на сопствена сметка, преминете на наредната страница (или прочитајте ја само третата шега).

Шега прваНа конкурс за најдобри иновации, во финалето се

пласирале претставниците на САД, Русија и Република Македонија. Претставникот на САД презентирал иновација според која некому кој бил роден без раце, му ставиле раце и тој станал најдобар кошаркар во НБА лигата. Претставникот на Русија оценил дека ова е слабо во однос на нивното достигнување. Кај нив, некому кој бил роден без нозе му ставиле нозе и сега тој е прв стрелец во фудбалската лига на шампионите. Македонскиот претставник оценил дека претходните иновации се неспоредливи со онаa на Република Македонија. Имено, некому кој бил роден без глава тие му ставиле тиква и тој станал сметководител.

Шега втораИгра сметководител шах со куче. Поминува некој и

вели: “Леле колку паметно куче!“. “Како да не, паметно.. Му водам со 3:2“ вели сметководителот.

Шега третаСтранец слушнал дека сметководителите во Република

Македонија се многу глупави. За да го провери тоа, отишол во некое сметководствено биро и ја дал следната понуда: “Дали може да ви поставам неколку прашања? За секое прашање за кое нема да го знаете одговорот, ќе ми дадете по еден денар за да ви го кажам одговорот. Ако вие ми поставите прашање, а јас не го знам одговорот, тогаш ќе ви дадам сто американски долари за вие да ми го кажете точниот одговор“. “Договорено“ возвратил сопственикот на бирото. “Кој е Барак Обама?“ прашал странецот. “Поим немам.“ одговорил сметководителот. “Дај ми денар за да ти кажам“ поентирал странецот. “Повели“ рекол сметководителот. “Па тоа е американскиот претседател, како може ова да не го знаеш?“ одговорил странецот. “Но ајде да те прашам друго, кој е Бил Клинтон?“ продолжува странецот. “Поим немам.“ одговорил сметководителот. “Дај ми денар за да ти кажам.“ вели странецот. “Повели“ вели сметководителот. “Па тоа е поранешен американски претседател, како може и ова да не го знаеш?“ одговорил странецот. “Дали може јас тебе нешто да те прашам?“ рекол сметководителот. “Повели“ одговорил странецот. “Што е тоа што е црно, но не е црно?“ запрашал сметководителот. “Поим немам“ одговорил странецот. “Дај ми сто американски долари за да ти кажам“ рекол сметководителот. “Повели“ рекол странецот. “Не знам ни јас, еве ти денар“ резимирал сметководителот.

Со почит,Бранко Костовски

Издавачки одбор

ЕКОНОМСКИ БИЛТЕНсписaние на ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје

Издавачки совет:проф. д-р Зоран Ивановски (претседател)проф. д-р Мирољуб Шукаровм-р Саша ТвртковиќКрсто НесторовСашa Грујевски

Главен и одговорен уредник:м-р Бранко Костовски

Лектoр:Маја Костадиновска

Компјутерска обработка и графички дизајн:

Печати:ДБ СИСТЕМИ - Скопје

Издавач:ПРИМЕКО БИЗ ДООбул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 СкопјеТел./факс: 02/ 2465-919www.primeko.com.mk

Даночен број: МК-4032010509991Трансакциска сметка: 300-0000031599-08Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје

Списанието излегува еднаш месечно.

Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје.

Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса:

ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје

или по e-mail: [email protected]

Ракописите не се враќаат.

Бранко КостовскиГлавен уредник

Page 5: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

5www.primeko.com.mk

Овој текст претставува скратен извадок од нашиот Прирачник за примена на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети. Сметаме дека темата е актуелна и интересна со оглед на тоа дека

ваквите потфати стануваат се поприсутни во деловната практика.

Инвестиции (вложувања) во заеднички потфати

Дефинирање на заедничките потфати Заедничка контрола е договорна согласност за поделба на контролата врз

економска активност и постои само кога стратегиските финансиски и оперативни одлуки кои се однесуваат на активноста бараат едногласност (сите да се согласат, консензус) на страните кои ја делат контролата (вложувачи).

Заеднички потфат е договорен аранжман каде две или повеќе страни преземаат економска активност која е подложна на заедничка контрола. Заедничките потфати можат да земат форма на (1) заеднички контролирани операции, (2) заеднички контролирани средства или (3) заеднички контролирани ентитети.

Заедничките потфати можат да земат различни форми и структури, сепак, сите тие ги делат следните (заеднички) карактеристики:

(а) постои договорен аранжман помеѓу страните кои се вклучени во потфатот; и(б) договорниот аранжман воспоставува заедничка контрола.Во отсуство на насоки во МСФИ за МСЕ, ентитетот може да се повика на

целината на МСФИ, но не мора. МСС 31 Интереси во заеднички потфати го дава следното резиме на карактеристиките на заедничките потфати:

(а) договорниот аранжман може да биде евидентиран (склучен, докажан) на многу начини, на пример договор помеѓу вложувачите или белешки од нивните дискусии. Која и да е формата, договорниот аранжман е обично на хартија и опфаќа прашања како што се:

– активноста, траењето и известувачките обврски на заедничкиот потфат; – назначувањето на одборот на директори или еквивалентно управувачко тело на

заедничкиот потфат како и гласачките права на вложувачите; – капиталните придонеси од страна на вложувачите; и – поделба на учиноците (output), приходот, расходите и резултатите од

заедничкиот потфат помеѓу вложувачите.(б) договорниот аранжман воспоставува заедничка контрола врз заедничкиот

потфат. Ваквото барање обезбедува дека ниту еден од вложувачите не е во позиција унилатерално (самиот) да ја контролира активноста.

Поради тоа, во оценката дали некој ентитет има заедничка контрола врз некој потфат мора да биде утврдено:

– дали ентитетот и друга страна заедно имаат контрола врз економската активност која е предмет на потфатот; и

ПишуваБранко Костовски [email protected]

ИНВЕСТИЦИИ (ВЛОЖУВАЊА) ВО ЗАЕДНИЧКИ ПОТФАТИ

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Page 6: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

12 www.primeko.com.mk

Ако подоцна заеднички контролираниот ентитет објави профит, инвеститорот треба да продолжи да го признава својот удел во овие профити, но само откога неговиот удел во профитите ќе се израмни со уделот во непризнаените загуби.

– Прекин на примената на методот на главнина. Инвеститорот треба да престане да го употребува методот на главнината од датумот кога престанала заедничката контрола.

0 Ако заеднички контролираниот ентитет стане подружница или придружен ентитет, инвеститорот треба да го премери (повторно измери) својот претходно чуван интерес во главнината според фер вредноста и да ги признае резултирачките добивки или загуби (ако има такви) во профитот или загубата.

0 Ако инвеститорот ја загуби заедничката контрола над заеднички контролираниот ентитет како резултат на целосно или парцијално (делумно) отуѓување, тој треба да го депризнае ентитетот и во профитот или загубата да ја признае разликата помеѓу, од една страна, збирот на примениот надомест од отуѓувањето плус фер вредноста на било кој задржан интерес и, од друга страна, сметководствената вредност на инвестицијата во заеднички контролираниот ентитет на датумот кога заедничката контрола е загубена. Понатаму, за секој задржан интерес, инвеститорот треба да ја третира инвестицијата како финансиски инструмент.

0 Ако инвеститорот ја заедничката контрола од други причини, тој треба сметководствената вредност на тој датум да ја смета како нова трошочна основа и понатаму соодветно треба да ја третира инвестицијата како финансиски инструмент.

Примери – метод на главнината

Фактите во примерите 17-22 се исти како во примерите 11-16 (трошочен модел) и примерите 23-29 (модел на фер вредност). Во примерите 17-22 инвестициите во заеднички контролирани ентитети се водат со примена на методот на главнината. Во примерите 17-22 се претпоставува дека нема имплицитен гудвил и дека нема прилагодувања на

– Трансакции на инвеститорот со заеднички контролирани ентитети. Ако инвеститорот го применува методот на главнина, тој треба да ги елиминира нереализираните профити и загуби кои се резултат на трансакции помеѓу инвеститорот и заеднички контролираниот ентитет. Елиминацијата се прави согласно со обемот на интересот на инвеститорот во заеднички контролираниот ентитет. Нереализираните загуби од ваквите трансакции би можеле да обезбедат докази за оштетување на трансферираното средство.

– Датум на финансиските извештаи на заеднички контролираниот ентитет. Во примената на методот на главнината, инвеститорот треба да ги користи финансиските извештаи на заеднички контролираниот ентитет кои се со ист датум како и финансиските извештаи на инвеститорот, освен доколку е тоа неизводливо. Кога тоа е неизводливо, инвеститорот треба да ги употребува најсвежите финансиски извештаи на заеднички контролираниот ентитет, со прилагодувања кои се направени за ефектите на било кои значајни трансакции или настани кои се случиле во меѓупериодот.

– Сметководствени политики на заеднички контролираниот ентитет. Ако заеднички контролираниот ентитет употребува сметководствени политики кои се разликуваат од оние на инвеститорот, инвеститорот треба да ги прилагоди финансиските извештаи на заеднички контролираниот ентитет согласно своите сметководствени политики за цел на примена на методот на главнината (освен доколку тоа е неизводливо).

– Загуби поголеми од инвестицијата. Ако уделот на инвеститорот во загубата на заеднички контролираниот ентитет е еднаква или ја надминува сметководствената вредност на инвестицијата во заеднички контролираниот ентитет, инвеститорот треба да престане да го признава својот удел во понатамошните загуби. Откако интересот на инвеститорот е редуциран на нула, тој треба да ги признае дополнителните загуби преку резервирање, но само до износот до кој инвеститорот стекнал обврска или направил плаќање во име на ентитетот.

USLUGI

- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти- Due Dilligence- Изработка на Teaser- Целосна поддршка на странски инвеститори

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Page 7: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

18 www.primeko.com.mk

својот удел во обврските по основ на капиталот кои биле создадени заедно со другите вложувачи, како и својот удел во обврските по основ на капиталот кои ги има самиот заеднички потфат.

Пример – обелоденувања за трошочниот модел и моделот на фер вредност

Пример 34На 1 Јануари 20Х1 секој од ентитетите А и

Б стекнал по 30% од обичните акции кои носат гласачко право на собранието на акционерите на ентитетот Ш за ПЕ120,000. Ентитетите А и Б веднаш се согласиле да ја поделат контролата врз ентитетот Ш.

За годината завршена на 31 Декември 20Х1 ентитетот Ш признал загуба од ПЕ60,000 (20Х0: профит од ПЕ80,000).

На 31 Декември 20Х0 ентитетот Ш објавил и исплатил дивиденда од ПЕ40,000 за 20Х1 година. Тој не објавил дивиденда во 20Х1.

Ентитетот А го користи трошочниот модел за водење на своите инвестиции во заеднички контролирани ентитети. На 31 Декември 20Х1 надоместливиот износ на инвестицијата на ентитетот А во ентитетот Ш била проценета на ПЕ97,000. Ентитетот А не го определил надоместливиот износ на својата инвестиција на 31 Декември 20Х0 затоа што не постоеле индиции дека таа би можела да биде обезвреднета.

Ентитетот Б го користи моделот на фер вредност за водење на своите инвестиции во заеднички контролирани ентитети. Фер вредноста на инвестицијата во ентитетот Б на 31 Декември 20Х1 била утврдена на ПЕ102,000 (20Х0: ПЕ144,000) преку множење на заработката на ентитетот со прилагоден показател на заработувачката за сличен ентитет за кој постои објавена ценовна котација. Показателот бил редуциран за 2% затоа што

Ентитетите А, Б и В поседуваат 20%, 25% и 30% (респективно) од обичните акции кои носат гласачко право на собранието на акционерите на ентитетот Ш.

Ентитетите Б и В (вложувачи) имаат договорна согласност за заедничка контрола врз ентитетот Ш.

Ентитетот Ш е заеднички потфат (заеднички контролиран ентитет) – тој е контролиран од ентитетите Б и В.

Ентитетот А не е страна која има заедничка контрола врз ентитетот Ш. Во отсуство на докази за спротивното, се претпоставува дека ентитетот А има значајно влијание врз ентитетот Ш (ентитетот Ш е придружен на ентитетот А) и ја води својата инвестиција во ентитетот Ш како Инвестиции во придружени ентитети.

Ако се определи дека ентитетот А нема значајно влијание врз ентитетот Ш (ентитетот Ш не е придружен на ентитетот А) тогаш ентитетот А ќе ја води својата инвестиција во ентитетот Ш како Основни финансиски инструменти.

Од ентитетите Б и В (од секој од нив) се бара да ја водат својата инвестиција во ентитетот Ш Инвестиции во заеднички контролирани ентитети.

ОбелоденувањаВложувачот во заеднички потфат треба да ги

обелодени: – сметководствената политика која ја користи за

признавање на своите интереси во заеднички контролирани ентитети;

– сметководствената вредност на инвестициите во заеднички контролирани ентитети;

– фер вредноста на инвестициите во заеднички контролирани ентитети за кои се применува методот на главнината и за кои постојат објавени ценовни котации;

– збирниот износ на своите обврски кои се однесуваат на заедничкиот потфат, вклучувајќи го

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

6 Алтернативна сметководствена политика би можела да го елиминира нереализираниот профит од вакви трансакции на товар на транферираното средство (во овој случај залихите).

Page 8: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

19www.primeko.com.mk

ентитетот Ш не е тргуван на јавен пазар.

Ентитет А (трошочен модел)

Ентитетот А би можел да ги презентира своите инвестиции во ентитетот Ш во своите финансиски извештаи како што е дадено во продолжение:

Белешки кон финансиските извештаи на ентитетот А за годината завршена на 31 Декември 20Х1

Белешка 2 Сметководствени политикиИнвестиции во заеднички контролирани ентитетиИнвестициите во заеднички контролирани ентитети се водат според трошокот намален за акумулираните

загуби поради обезвреднување. Сепак, инвестициите за кои постојат објавени ценовни котации се водат според нивната фер вредност со признавање на промените на таа вредност во профитот или загубата за периодот кога промените се случиле.

Приходот од дивиденди од заеднички контролирани ентитети се признава кога се воспоставени правата на акционерите за примање (наплата) на дивидендата и се презентира како друг приход.

Ентитетот А поседува 30% од главнината на заеднички контролираниот ентитет Ш.

Ентитет Б (модел на фер вредност)Ентитетот Б би можел да ги презентира своите инвестиции во ентитетот Ш во своите финансиски извештаи

како што е дадено во продолжение:

Белешки кон финансиските извештаи на ентитетот А за годината завршена на 31 Декември 20Х1

Белешка 2 Сметководствени политикиИнвестиции во заеднички контролирани ентитетиИнвестициите во заеднички контролирани ентитети се водат според моделот на фер вредност со признавање

на промените во фер вредноста во профитот или загубата за периодот. Сепак за инвестициите во заеднички контролирани ентитети за кои е неизводливо да се утврди фер вредноста, се користи трошочниот модел.

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Page 9: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

20 www.primeko.com.mk

Ентитетот А би можел да ја презентира својата инвестиција во заеднички контролираниот ентитет Ш како што е дадено во продолжение: Белешки кон финансиските извештаи на ентитетот А за годината завршена на 31 Декември 20Х1

Белешка 2 Сметководствени политикиИнвестиции во заеднички контролирани ентитетиИнвестициите во заеднички контролирани

ентитети се водат со примена на методот на главнината. Сметководствената вредност на инвестицијата во заеднички потфат се пресметува според трошокот плус последователниот удел на ентитетот во сеопфатната добивка на заедничкиот потфат. Ако на крајот на пресметковниот период постојат индиции дека инвестицијата би можела да биде обезвреднета, целокупната сметководствена вредност се тестира за обезвреднување. Ако се утврди дека сметководствената вредност на инвестицијата е помала од нејзиниот надоместлив износ, сметководствената вредност се намалува до надоместливиот износ и веднаш се признава загуба поради обезвреднување во профитот или загубата.

Приходот од дивиденди од заеднички контролирани ентитети се признава кога се воспоставени правата на акционерите за примање (наплата) на дивидендата и се презентира како друг приход.

Ентитетот Б поседува 30% од главнината на заеднички контролираниот ентитет Ш.

За заеднички контролирани ентитети кои се водат според методот на главнината, вложувачот исто така треба да ги направи обелоденувањата кои се однесуваат на инвестициите во придружени ентитети.

Пример – обелоденувања за методот на главнината

Пример 35Фактите се истите од примерот 34. Сепак, во

овој пример, ентитетот А го користи методот на главнината за своите инвестиции во заеднички контролирани ентитети.

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

Page 10: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

21www.primeko.com.mk

да ги направи обелоденувањата кои се однесуваат на основните финансиски инструменти..

За заеднички контролирани ентитети кои се водат според моделот на фер вредност, инвеститорот треба

ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

Page 11: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

22 www.primeko.com.mk

ПишуваПроф. д-р Зоран Ивановски[email protected]

ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ЦЕЛИ НА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Финансиска анализа

Зошто се корисни финансиските извештаи? Бидејќи, тие им помагаат на инвеститорите и доверителите во донесувањето подобри економски одлуки.

Примеко им нуди на своите читатели и корисници серијал на текстови со кој ќе обезбеди подобро разбирање на финансиските извештаи од корисниците на финансиските извештаи, со цел да се олесни подобрувањето на процесот на одлучување на менаџерите во компанијата и надворешните инвеститори/доверители. Серијалот ќе понуди анализа на влијанието на различната примена на сметководствените методи и процените на финансиските извештаи, со посебно нагласување на ефектот од сметководствените избори врз објавените добивки, акционерската главнина, извештајот на парични текови и различните мерења на работењето на компанијата (вклучувајќи ги, но и не ограничувајќи се на финансиските коефициенти).

Финансиските извештаи, најдобро кажано, претставуваат приближување до економската реалност, поради селективното известување за финансиските настани од сметководствениот систем, придружено со алтернативни сметководствени методи и процени. Тенденцијата на задоцнето сметководствено признавање на некои трансакции и промените во вреднувањето, укажуваат дека финансиските извештаи, исто така, не ја прикажуваат најдобро реалноста.

Серијалот на текстови, со кој започнуваме од овој број на Економскиот билтен обезбедува рамка за проучување на анализата на финансиските извештаи. Оваа рамка се состои од корисниците кои се опслужени, информацискиот систем што им стои на располагање, и институционалната структура во која дејствуваат тие.

За успешно работење на претпријатието и за успешното извршување на ревизијата, неопходно е да се познаваат основните претпоставки за анализата на финансиските извештаи. Суштината на дефинирањето на поимот анализа на финансиски извештаи, се наоѓа во сваќањето дека анализата треба да се подвргне на посматрање, испитување, оценка и формулирање на дијагнозата на оние процеси кои се случиле во компанијата и кои како такви се наоѓаат опредметени во рамките на финансиските извештаи. Финансиската анализа представува исцрпно „истражување, квантифицирање, дескрипција и оценка на финансискиот статус и успешност на работењето на претпријатието.“1

Од претходната дефиниција произлегува дека предмет на анализата на финансиските извештаи, конкретно, е годишниот извештај на претпријатието, кој содржи биланс на состојба, биланс на успех, извештај за паричните текови, извештај за промените во капиталот, белешки и ревизорски извештај. Освен споменатите задолжителни елементи на годишниот извештај, предмет на анализа се и сите други сегменти на годишниот извештај, кои не се задолжителни, како што се писмото на менаџментот упатено до акционерите на компанијата и додатните дискусии и анализи на менаџментот. Бидејќи добро организираното сметководство обезбедува систематска и хронолошка евиденција на деловните трансакции и другите настани,

1 Стојиљковиħ М., Крстиħ Ј., Финансиска анализа, Економски факултет, Ниш, 2000 год., стр. 12

Page 12: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

23www.primeko.com.mk

Финансиска анализа

Според рамката на МСС/МСФИ, основна цел на сметководството е да обезбеди информации за способноста на претпријатието да создава пари и парични еквиваленти3, како и информации за проценка на динамиката и извесноста на создавање на пари.

Оваа способност за создавање на пари како сметководствена цел, не треба буквално да се свати како усмереност на активностите на претпријатието кон остварување на што поголемо салдо на парични средства на жиро сметката на претпријатието. Таа се дефинира како способност на корисниците (стејкхолдерите) со помош на сметководствените информации да дојдат до објективни податоци за тоа дали претпријатието ќе исплатува дивиденди, камати, тековни обврски кон добавувачите за материјали, опрема, обврски кон фискалните органи (даноци), како и дали навреме ги произведува и испорачува своите производи до купувачите.

Екстерните и интерните корисници на информации се наоѓаат во интеракција. Овде станува збор за два вида на интеракции помеѓу корисниците:1) Интеракција на менаџментот на претпријатието и

сопствениците (акционерите), и2) Интеракција на менаџментот на претпријатието и

кредиторите (банките и останатите кредитори).Екстерните корисници кои можат да извршат

директно влијание на менаџментот на претпријатието се акционерите кои ги поседуваат обичните, редовните акции. Редовните акции имаат право на глас по пат на кој може да се оствари влијание врз креирањето на деловната политика, целите на претпријатието, но се остварува и контрола на менаџментот, бидејќи нивниот опстанок зависи од остварените деловни резултати. Основната цел на акционерите е да го усмерат менаџментот кон генерирање на позитивни резултати од работењето, како би се исплатиле дивидендите, или преку зголемување на цените на акциите на финансискиот пазар да се остварат капитални добивки. Со оглед дека споменатите цели на акционерите зависат од способноста за заработка на самото претпријатие (нето добивка), акционерите се заинтересирани менаџментот да го усмерува, раководи претпријатието со цел остварување на што поголема добивка. Основен метод тоа да се постигне е менаџерите преку компензации и стимулативно деловно наградување да се врзат за постигнатите резултати (остварено ниво на добивка).

Иако кредиторите по природа, немаат управувачки

истовремено значи обезбедува и заокружена слика на ефектите на деловните трансакции во облик на годишен извештај. Поради тоа, годишниот извештај е со закон пропишана обврска за претпријатието, а со самото тоа и предмет на економско-финансиска анализа.

Целите на анализата на финансиските извештаи можат да се поделат на општи и посебни цели. Општите цели се однесуваат на согледување на способноста за акумулирање на заработка (рентабилност, профитабилност, успешност) на претпријатието и финансиската положба (статус) на претпријатието, на нејзините парични текови и промената на капиталот со цел за обезбедување на информации на корисниците (нарачателите) на анализата.

Со оглед дека корисници на финансиската анализа се стејкходерите2, посебните цели на анализата на финансиските извештаи се однесуваат на задоволувањето на нивните информациони потреби. Кога зборуваме за стејкхолдерите, треба да напоменеме дека најзначајни од нив се инвеститорите во акции (equity investors) и кредиторите (bond in-vestors, banks), односно оние корисници кои го обезбедуваат капиталот на претпријатието и како такви овозможуваат самото претпријатие да биде деловно способно. Инвеститорите и кредиторите ги користат сметководствените информации со цел да го проценат квалитетот на остварениот резултат на претпријатието (добивка или загуба) и идните парични текови кои се поврзани со нивните вложувања (камати за имателите на обврзници, камати за заемодавателите- банки и дивиденди, капитални добивки за акционерите). Државата и нејзините органи ги користат сметководствените информации со цел утврдување на мерките на економската политика, донесување на одговарачки одлуки за поттикнување на одредени дејности и стопански гранки и надзор над спроведувањето на мерките на економската политика. Менаџерите на сите нивоа на одлучување, како интерни корисници, ги користат информациите од анализата на финансиски извештаи со цел успешно планирање, организирање и контрола, што претставува суштина на менаџерската функција.

Посебните цели на анализата на финансиските извештаи можат да се разгледуваат и на друг начин, со доследно респектирање на Меѓународните сметководствени стандарди / Меѓународните стандарди за финансиско известување (MСС/МСФИ).

2 Терминот стејкхолдери (stakeholders) ја претставува секоја организација или поединец кои имаат интерес во работењето на компанијата чии финансиски извештаи претставуваат предмет на анализа. Во сметководствените стандарди стејкхолдерите се нарекуваат корисници на финансиските извештаи и се делат на две групи – интерни (менаџери, вработени) и екстерни (акционери, инвеститори, кредитори, државни органи, деловни партнери, синдикати и другии организации).3 IASC, Меѓународни сметководствени стандарди, стр.7

Page 13: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

27www.primeko.com.mk

ПишуваСаша Грујевски, економист[email protected]

FX МОНИТОР - МАРТ 2011

Девизи и девизно работење

Што донесоа првите месеци од 2011 на глобалниот девизен пазар?

Главните теми на девизните пазари ширум светот беа: – пројавување на првите знаци на глобална инфлација (Кина беше предвесникот) – масовните демонстрации во земјите од Северна Африка и Блискиот Исток и

порастот на цената на нафтата, житото и другите берзански производиНајавените можности за инфлаторен притисок во Кина кон крајот на минатата

година се реализира преку неколку конректни ефекти во монетарната сфера во почетокот од 2011 г. Пред се беа зголемени стапките на задолжителната резерва, а исто така јуанот продолжи да апрецира во однос на доларот. Апрецијацијата на националната валута во време на инфлација, особено кога е таа увозна, е добра вест. Мегутоа значително зголемување на вредноста на јуанот не е во картите на Кинеската централна банка. Развојот (двоцифрен пораст на БДП) на кинеската економија се уште се темели, меѓу другото и на потценетиот јуан. Според тоа, за очекување е идната борба со инфлацијата да биде пред се базирана на покачување на каматните стапки и понатамошното зголемување на стапките на задолжителната резерва.

Зошто е важно да се коментираат најголемите економии како кинеската и јапонската, и покрај тоа што директната трговска размена на Р.Македонија со нив е занемарлива?

Пред се поради посредниот ефект кои овие случувања го имаат врз вредноста на американскиот долар и еврото. САД и ЕУ се директно изложени на ефектите од монетарните и секако, економските збиднувања во овие земји. Така на пример, во време на апрецијација на кинескиот јуан, за очекување е да се намалува вредноста на доларот, поради фактот што во кошницата на валути со кој е врзан јуанот, најголема тежина има токму доларот. Тоа намалување е глобално т.е. во однос на сите останати валути. Токму тоа и се случуваше на глобалниот девизен пазар во текот на јануари-март 2011 година. Доларот забележува континуирана депрецијација и тоа од 1,2872 на 9 јануари до 1,4035 на 6 март 2011г.(или пад од 47,78 мкд на 43,81 мкд за 1 $).

Падот на доларот беше потврден и со соодветните економски перформанси како на пример БДП од 3,2% за Q4 наместо очекуваните 3,5%. Понатаму, стапката на индустриското производство забележа пад од 0,1% во јануари во однос на декември, а каматните стапки и понатаму се држеа на најниското ниво 0-0,25%. Најавите на претседателот на FED, Бен Бернарки за тоа дека економијата се наоѓа во фаза на консолидација и дека мерките заQEII(квантитативно релаксирање на монетарната политика) и понатаму ќе се спроведуваат согласно планот, до јуни оваа година, дополнително влијаеа на ваквиот развој на настаните. Но, во горните податоци се кријат и најави за позитивни движења во економијата во наредниот период. Самиот податок за БДП од 3,2% е соема охрабрувачки, а внатрешната компонента на личната потрошувачка, која покажа раст од 4,4% упатува на зајакнување на еден

Page 14: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

28 www.primeko.com.mk

Девизи и девизно работење

владите. Ваквите состојби и секако отсутвото на демократија, условија демонстрации со иницијални последици врз цените на нафтата и другите берзански производи.

Прашањето за тоа дали една Либија со производство на нафта од под 2% во вкупното светско производство, може да биде причина за огромниот пораст на цената во изминативе два месеци? Секако дека тоа не е главната причина. Главната причина за порастот на цената на нафтата е можноста Саудиска Арабија да биде опколена од сите страни (Јемен, Бахраин и други земји) со влади на спротиставената страна. Заканите по нафтоносните полиња на ова земја во тој случај, која патем да кажеме може без проблем да го надополни производството на Либија, и која всушност е најголемиот производител на нафта во светот, е основната причина за ценовниот скок. Доколку овие сомневања се остварат и С. Арабија стане мета на напад, тогаш секако дека зборуваме за отворено вмешување на САД во конфликтот и започнување на нова војна, овој пат со несогледиви последици. Тоа е главната причина за пораст на цената на нафтата.

Доколку тековните револуции во муслиманскиот свет не се разрешат релативно брзо и доколку остане отворена заканата врз С. Арабија, тогаш овој скок на цената на нафтата не само што ќе се одржува и понатаму, туку може да се очекува таа уште повеќе да расте. Тоа ќе се претвори во вистински ценовен шок од општи размери низ севкупната светска економија, со последици врз глобалниот раст и продлабочени финансиски кризи.

Да се надеваме сепак, дека демократијата ќе биде инсталирана во новите државни режими од Блискиот Исток и дека таа ќе воспостави рамнотежа потребна за продолжување на тековниот економски раст, пројавен последните месеци во главните економии, а со тоа и во нашата земја.

од најважните сегменти на економијата-подобрување на состојбата со вработувањата. Падот на стапката на невработеност од 9,8% во ноември 2010 на 8,9% во февруари 2011 година, при што беа креирани 222.000 нови вработувања само во февруари, го потврдува овој нов, охрабрувачки тренд. Според тоа, во претстојните месеци можно е да се реализираат севкупните напори на американската администрација за континуиран економски раст и понатамошно намалување настапката на невработеност.

Што се однесува до ЕУ може да се каже дека состојбите и во ова економија се подобруваат. Германија е предвесник на овој тренд, каде се забележуваат високи стапки на раст на БДП, индустриското производство и континуираното зголемување на индустриските нарачки ветуваат продолжена експанзија. Германскиот раст на БДП е пред се воден од извозот, а ниските каматни стапки обезбедуваат поволна клима за инвестициските активности. Токму овој раст, но и пројавените инфлаторни тенденции во евро зоната беа причина претседателот на ECB, Жан-Клод Трише, на последниот состанок на ECB на 3 март, експлицитно да најави зголемување на каматните стапки во евро зоната. Ова беше прифатено како големо изнанадување на девизните пазари и резултираше со експресно зголемување на вредноста на еврото, до нивото дадено погоре.

– Масовните демонстрации во земјите од Северна Африка и Блискиот исток и порастот на цената на нафтата, житото и другите брзански производиОна што во позадина на масовните демонстрации

се случува во земјите на муслиманскиот свет е всушност разрешување на долговековната поларизираност и спротивставеност меѓу сунитите (оние кои се на власт во Саудиска Арабија, Египет, Јордан и уште многу други земји) и шиитите (оние кои го водат Иран, сега Ирак, Либија и Сирија). Оваа спротивставеност оди до таму што во некои земји шиитите не смеат да склопуваат брак со сунитите, ниту пак им е дозволено да станат судии, или пак да имаат важни места во

Skype: dejan.spaseskilinkedin: Dejan Spaseski

www.no.net.mke-mail: [email protected]

Тел: 070 342 997 Facebook Fan Page: Neformalno Obrazovanie

Page 15: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

29www.primeko.com.mk

ПишуваПроф. д-р Зоран Ивановски[email protected]

ПРОЕКЦИЈА НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ЗА 2011 ГОДИНА

Монетарна политика

Макроекономските проекции за 2011 година упатуваат на релативно поволен амбиент за спроведување на монетарната политика. Оцените за надворешната позиција на економијата покажуваат

мало проширување на дефицитот во тековната сметка во 2011 година и негово задржување на релативно ниско ниво. Истовремено, сегашните очекувања се во насока на висок раст на капиталните приливи, главно директни инвестиции и задолжување на јавниот сектор, коишто ќе бидат доволни за финансирање на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Малото проширување на дефицитот во тековната сметка е во согласност со претпоставката за остварување на умерена стапка на економски раст за 2011 година. Имено, не се очекува дека ваквото темпо на економско закрепнување ќе предизвика сериозни увозни притисоци, коишто би довеле до дестабилизирање на надворешната позиција. Во однос на инфлациските движења, во 2011 година се очекува умерено засилување на растот на цените. Девизниот курс и во 2011 година останува посредна монетарна цел, односно номинално сидро за одржување на ценовната стабилност.

Сепак, проекциите се придружени со одредени ризици и нивното остварување може да значи влошување на условите за спроведување на монетарната политика. Главните ризици произлегуваат од два сегмента. Прво, висината на капиталните приливи, којашто е неизвесна и тешко предвидлива компонента. Неостварувањето на претпоставките за новите капитални приливи во економијата може да значи намалена понуда на девизи и зголемени притисоци на девизниот пазар. Второ, проекцијата на инфлацијата е придружена со неизвесност околу динамиката на раст на светските цени на храната и интензитетот на преносните ефекти врз домашните цени. Евентуалното поголемо зголемување од очекуваното може да влијае на очекувањата, зголемувајќи ја побарувачката на девизи. Имајќи ја предвид неизвесноста и ризиците околу проекциите, нивното следење ќе биде постојано, со цел да се преземат потребните мерки и успешно да се остварат монетарните цели.

Инфлација Во 2011 година се очекува дека просечната инфлација ќе се движи во

интервал од 2 до 3%. Како и во претходната година, се очекува дека најголемо влијание врз ценовните движења ќе имаат факторите на страната на понудата. Проекциите за понатамошно закрепнување на светската економија и на економиите на нашите најзначајни трговски партнери подразбираат и релативно повисоко инфлациско ниво во овие земји во однос на претходната година. Притоа, се очекува дека најголем ефект врз домашната инфлација ќе има растот на светските цени на храната, којшто започна во третиот квартал на годината. Истовремено, се очекува дека глобалниот раст ќе доведе до пораст на цената на нафтата, иако значително поумерен во споредба со растот од претходната година. Од аспект на

Page 16: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

34 www.primeko.com.mk

Монетарна политика

укажуваат на тоа дека довербата на меѓународниот финансиски пазар почна да се враќа. Раздвижувањето на глобалните финансиски текови отвора можност за поголемо надворешно задолжување на домашните банки во наредниот период, што дополнително ќе го зајакне финансискиот капацитет на банките за кредитирање.

Ризици околу проектираните монетарни и кредитни текови сепак постојат и се претежно во надолна насока. Имено, очекувањата за понатамошен кредитен раст во текот на 2011 година во голема мера се условени од остварувањето на претпоставката за континуитет во закрепнувањето на домашната и глобалната економија. Оваа претпоставка има ефекти врз исполнувањето на проекциите за изворите на финансирање на банките, како и за согледувањата за ризик од страна на банките. Движењата во текот на претходните две години покажаа дека согледувањата и очекувањата на банките за идните економски трендови имаат голема улога при водењето на кредитната политика. Евентуално послабите остварувања на реалниот сектор директно би се одразило на финансиската состојба на претпријатијата и населението, а оттука и на квалитетот на кредитните портфолија на банките и на нивните согледувања за ризик. Имајќи предвид дека банките и понатаму ќе бидат водени од потребата за одржување стабилност и сигурност при управувањето со активата, ова би можело да доведе до помало кредитирање во однос на планираното.

текот на 2010 година. Имено, тие упатуваат на постојан раст на кредитната побарувачка, како реакција на економските субјекти на намалената неизвесност и првите сигнали за закрепнување на економијата. Оттука, се очекува дека подобрените согледувања на приватниот сектор, во услови на помала неизвесност за иднината и проектирана нагорна патека на движење на економијата, ќе ја зголемат кредитната побарувачка и во 2011 година. Воедно, намалувањето на активните каматни стапки во текот на 2010 година ја зголеми достапноста до кредити за приватниот сектор, што дополнително ја зголемува можноста за понатамошен раст на побарувачката во текот на 2011 година.

Од аспект на изворите за финансирање, оценуваме дека кредитниот раст во 2011 година, како и досега, во најголем дел ќе биде финансиран преку депозитниот потенцијал на банките. Проектираниот раст на паричната маса за 2011 година изнесува 12,8%, при што новокреираната парична маса во текот на годината изнесува 3,7 п.п. од БДП. Се очекува дека зголеменото штедење на приватниот сектор ќе биде предизвикано од растот на готовинските текови кај претпријатијата и населението, што е во согласност со проектираниот раст на економската активност. Од аспект на валутните склоности за штедење на приватниот сектор, во текот на 2011 година се очекува дека ќе продолжи посилниот раст на штедењето во денари, во услови на стабилни очекувања и поголем принос од овој вид инвестирање. Сигналите од меѓународните пазари на капитал

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

Page 17: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

35www.primeko.com.mk

ПишуваД-р Јулијана Ангеловска извршен директор и инвестициски советник во АЛТА ВИСТА БРОКЕР

[email protected]

ХАОС НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ?

Статистика и економетрија

Без разлика колку се трудиме, светот не е уреден: природата не е уредена, ниту човечките креации, наречени институции. На економиите и пазарите на капитал особено им недостасува уреденост. Пазарите на капитал се наша

креација и ние сè уште не разбираме како тие функционираат. Постоечките теории за пазарот на капитал се базирани на линеарен поглед на општеството. Како и да е, луѓето и природата генерално се однесуваат нелинеарно.

Хаос е нелинеарен детерминистички процес кој навидум изгледа случаен. Главна причина за интересот за хаотичното однесување е што потенцијално може да ги објасни флуктуациите во финансиските пазари кои изгледаат дека се случајни.

После кризата во октомври 1987 година, интересот за нелинеарната динамика, особено детерминистичката хаотична динамика, се зголеми како во финансискиот печат, така и во академската литература. Едно од најпопуларните објаснувања зошто фреквенциите на големи движења на пазарот на капитал не ја следат очекуваната нормална дистрибуција е дека пазарот на капитал е воден од хаотична динамика. За разлика од големите пазари на капитал, на прашањето на нелинеарната структура во помалите, т.н. растечки пазари, посветено е малку внимание. Надвор од светот на развиените економии, динамиката на приносите во овие земји покажува карактеристики различни од оние во развиените земји. Пристрасностите поради плиткоста и несинхронизираното тргување очекувано е да бидат посериозни во земјите во развој. Исто така, наспроти развиените пазари кои се високоефикасни во смисла на брзината на достапноста на информациите до сите инвеститори, во новите пазари на капитал инвеститорите реагираат побавно и постепено на новите информации. Што е всушност хаосот и дали е поврзан со нелинеарната динамика? Како да се детектира хаосот? Има ли хаос на македонскиот пазар на капитал? Атрактивноста на хаотичната динамика е нејзината способност да генерира големи ценовни придвижувања, а да изгледаат случајни, со поголема фреквенција од линеарните модели. Иронијата на дијалектиката е тоа што детерминистичкиот динамички систем може да произведе однесување кое есенцијално е еднакво на случајно и оттаму конечно непредвидливо. Човечката неподготвеност да ја прифати оваа иронија е водечка во науката и низ историјата довела до значајни откритија. Хаос-теоријата без сомнение е специјална тема во секоја наука која има динамика, односно во физиката, биологијата, метеорологијата, медицината, хемијата и интересно е што речиси секаде има успешна сторија за постигнување на крајни разјаснувања на важни феномени, како електричните и механички осцилатори во физиката, срцевото и мозочно функционирање во медицината и др. Во економијата, како и да е, постои разочарување не само од конзистентноста на доказите за нискодимензионалниот хаос кој е презентиран за најголемиот дел од економските процеси, но постои и разлика помеѓу матичните објаснувања и набљудуваните феномени кои остануваат акутни. Нелинеарноста и хаосот често се цитираат како слични, но тоа не се синоними и се далеку од идентични. Исто така, се

Page 18: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

40 www.primeko.com.mk

ПишуваМ-р Надица Ивановска

ЕКОНОМИЈА НА ЈАВЕН СЕКТОР

Економија на јавен сектор

Серијалот текстови посветен на економијата на јавен сектор го продолжуваме со презентација на базична теорија насочена кон прашањето за организација на економскиот амбиент во транзициони економии. Во предизборниот

амбиент во кој се наоѓа Република Македонија, на граѓаните ќе им бидат презентирани различни концепти за економски развој од страна на политичките партии кои се борат за освојување на власта.

Лично сметам дека со овој текст читателите ќе добијат појасна слика што всушност и треба на Република Македонија.

Институционална економикаВо економската мисла присутни се бројни теории и анализи кои се обидуваат

да дадат одговор на најважното прашање во секоја национална економија, а тоа е нејзиниот развој и богатство. Одговорот е познат уште одамна и се наоѓа во трудот на познатиот либерален економист Адам Смит. Во делото “Богатство на нациите” тој ја истакнал клучната поставка:

“Сигурноста која законите во Англија му ја даваат на секој човек дека тој ќе ужива во плодовите на својот труд, самата е доволна да ја направи секоја држава богата….”

Ова е клучот на успехот - слободното и фер претприемаштво, а не самиот капитализам. Без јасна законска регулатива не може да се очекува капитализмот да донесе благосостојба.

Благодетите од системските решенија многу национални економии успеале да сместат во кругот на развиените и богатите. Во историјата се познати Ерхардовите реформи во Германија 1945 година, како и Маршаловиот план за Западната Европа, по Втората светска војна. Примерот на повоената Германија ни се чини најсоодветен, заради фактот што државата успеала од тотално уништена, за помалку од 40 години да се врати на едно од водечките места во глобалната светска економија.

Некои економски експерти, а и дел од политичарите, тврдат дека инвестициите дојдени во Германија преку океанот биле решавачки за реставрирање на Германската економија. Не можеме да одрекуваме дека истите не влијаеле, но нивниот износ (околу 13 милијарди долари) не наведува на размислување дека покрај капиталот и некој друг фактор е заслужен за успехот. Ерхардовите реформи се основата за Њиртсцхафтсњундер (Германското економско чудо). Тој со извршената валутна реформа, макроекономска реформа и либерализација ги поставува основите на економијата, каде растот на нововложените инвестиции воопшто не се доведува во прашање. Успешно креираниот амбиент им овозможува на економските субјекти сигурно да пловат во водите на пазарната економија.

Во економската теорија среќаваме четири основни глобални приоди кон економијата: теорија на цените, планирањето (планската економија), макро-економија и монетарна политика и нова “институционална” економика.

Page 19: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

42 www.primeko.com.mk

Економија на јавен сектор

на односите, како би се елиминарало субјективното решавање на проблемите. Како се бори развиениот свет против корупцијата?

Пред се со транспарентноста во работењето на јавниот сектор како и со затворањето на “дупките” во законите каде субјектот сам одлучува.

Покрај усогласувањата на макро ниво, за транзиционите економии неопходни се и микро-економски усогласувања заради достигнување на компатибилност со принципите на пазарната економија. Еден можен пакет на такви усогласувања би опфатил повеќе активности, како што се: прво, поддршка на конкурентната индустрија, не на монополите; второ, поддршка на конкурентните мали претпријатија; трето, отворање на економијата и на индустријата кон предизвиците на светската економија; четврто, креирање на амбиент каде луѓето би ги ризикувале своите пари да одлучуваат за капиталните вложувања; петто, креирање на механизми за штедење, кредити и еднаквост на инвестициите; шесто, дозволување на флексибилност на цените; седмо, охрабрување на странските инвестиции, но и нивно изедначување со домашните инвестиции; осмо, користење на други форми на странски инвестиции избегнувајќи го задолжувањето на државата; деветто, ефикасна и ажурна правна заштита на договорите; десетто, ефикасен и доверлив транспорт и комуникации и секако инвестиции во образованието.

Сумирајќи ги препораките, би го потенцирале: прво, значењето од истакнувањето на човечкиот во однос на физичкиот капитал. Инвестициите во едукација се тие кои ја создаваат основата за просперитетот на една национална економија. Дезинвестирањето во ова сфера ќе резултира со долгорочни негативни ефекти за развојот на националната економија; второ, заложбите и детерминираност за здрава и цврста национална валута, која овозможува нормално функционирање и развој на националната економија и се иманентна компонента на успешен стопански раст и развој и трето, суштинското и доминантно значење на поддршката на претприемачите и малиот бизнис.

развиените западни економии. Децентрализација на менаџментот и ослободување од директната државна контрола, воведување на нови форми на претпријатија, промоцијата на странските инвестиции и ред други системски решенија доближија дел од централно и источноевропски стопанства кон кругот на развиените земји. Обиди за организирање на економијата и пласирањето на инвестициите во стилот на старите системи на етатистичко уредување на економијата, не дава добри перспективи за националната економија.

Нашата земја релативно успешно тргна во економските реформи, но недефинираноста и нецелосната изграденост на системот, неповолните законски решенија, дестимулативно влијаеа на развојот и на привлекувањето на странските инвестиции и доведоа до креирање на високи дефицити и појава на рецесија. Агонијата не е ненадминлива, одговорите се во изградбата на легислативата, професионализација на институциите на системот, агресивните инвестиции во образованието, промоцијата на науката, знаењето и претприемаштвото, валоризирање на вистинските човечки вредности и анулирање на привилегиите по сите основи, освен според стручноста и целосното отворање кон светската економија. Ова се должи на фактот што само отворените економии имаат шанса да ги споредат своите производствени програми и резултати со другите економии и да добијат валоризација и на глобалниот светски пазар. Ова повратно влијае на забрзувањето на стопанскиот растеж на земјата. Од Втората светска војна, отворените према странство економии забележија просечен растеж од 3,6% годишно, за разлика од заштитените стопанства кои растат приближно околу 1,0 % годишно.

Меѓутоа, постои “болест” што може да загрози секој систем , па дури и да го уништи неговото ткиво - корупцијата. Таа преставува голема опасност и за системски добро поставените национални економии и борбата против неа мора да оди во чекор со системските промени. Најголем противник на корупцијата е јавноста -транспарентноста во работењето како и законското, објективно регулирање

Skype: dejan.spaseskilinkedin: Dejan Spaseski

www.no.net.mke-mail: [email protected]

Тел: 070 342 997 Facebook Fan Page: Neformalno Obrazovanie

Page 20: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

43www.primeko.com.mk

ИЗБРАНИ СЦЕНАРИЈА ОД WWW.PRIMEKO-AUDIT.COM

Пишува Бранко Костовски[email protected]

Избрани сценарија од www.primeko-audit.com

1. Биномна дистрибуција (биномен распоред на веројатностите)На оваа страница може да се пресмета биномниот распоред на веројатностите.

Aдресата е http://www.primeko-audit.com/Statistika/WebForm102.aspxОбјаснувањеПри внесот на податоците за пресметка треба да се внимава на следното:

– Големината на примерокот треба да биде цел број кој не е помал од два ниту поголем од 20;

– Бројот на успеси во рамките на примерокот треба да биде цел број кој не е помал од нула ниту поголем од 20;

– Веројатноста за успех во секој поединечен опит треба да биде број кој не е помал од нула ниту поголем од 50; Сценарио за применаПример: 1Според некое истражување, биле објавени резултати дека 40% од сите

менаџери на котирани компании во некоја земја сметале дека акциите на нивната компанија биле потценети на пазарот. За да се тестира наведеното, бил избран случаен примерок од 15 менаџери на вакви компании. Која е веројатноста дека тројца од нив ќе сметаат дека акциите на нивната компанија се потценети? Која е веројатноста дека најмногу тројца од нив ќе сметаат дека акциите на нивната компанија се потценети?

Page 21: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

50 www.primeko.com.mk

Избрани сценарија од www.primeko-audit.com

Добиваш резултат:

Според тоа, ревизорот може да биде 99% сигурен дека просечната нето плата во компанијата не е еднаква на 20.000.

ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ...

USLUGI

- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти- Due Dilligence- Изработка на Teaser- Целосна поддршка на странски инвеститори

Page 22: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011

Ресторан НационалАлександрија А - ДООЕЛ Скопје

Ул. Никола Русински 3А 1/11000 Скопје

Р. МакедонијаТел: ++389 2 3214 200

++389 2 3214 400 ++ 389 2 3214 500

Факс: ++389 2 02 3214 200e-mail: [email protected]

NationalNational restaurant

Offers you all kinds of specialities of the national food

ТОП-ТУРС д.о.о.е.л. - СкопјеТранспортна фирма која врши превоз на стоки во меѓународниот друмски сообраќај веќе 15 години.КонтактАдреса: Ул „Скоевска” Бр. 10а1000 Скопје

Тел/Факс: 02/2461205Блаже: 070 221 478Виктор: 070 270 098e-mail: [email protected]

RESTORANGURMET

Ресторан ГУРМЕТРаде Кончар бр.3

1000 СкопјеРаботно време:

09:00 - 24:00/ 09:00 - 01:00e-mail: [email protected]

www.gurmet.restorani.com.mkТел: +389 2 3211 484

АЛКОПЛАСТ 03Ул. Киро Фетак бр. 20,

Населба Драчево 1000 СкопјеТел: 02/2796 934, Факс: 02/2796 934,

Моб: 075/423 873, 075/423 874e-mail: [email protected] web: www.alkoplast03.com.mk

Alkoplast 03

Page 23: ПРИМЕКО Економски Билтен - Март 2011