Коронарна артериска болест 2014

16
Филип Втори Срцето е мускул кој овозможува циркулација на крвта низ телото КОРОНАРНА АРТЕРИСКА БОЛЕСТ нејзина дијагноза и третман Специјална болница по хируршки болести www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484

Upload: filip-vtori

Post on 06-Apr-2016

224 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Коронарна артериска болест - нејзина дијагноза и третман

TRANSCRIPT

Page 1: Коронарна артериска болест 2014

Филип Втори

Срцето е мускул кој овозможува циркулација на крвта низ телото

КОРОНАРНА АРТЕРИСКА БОЛЕСТнејзина дијагноза и третман

Специјална болница по хируршки болести

www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484

Page 2: Коронарна артериска болест 2014

Коронарни артерии

Срцето е мускул кој овозможува цирку-лација на крвта низ телото. Eнергијата и кислородот што ги троши, ги добива преку протокот на крвта низ коронар-ните артерии. Коро-нарните артерии се аранжирани во вид на круна, која што го обиколува срцето.

2 Коронарна артериска болест

Page 3: Коронарна артериска болест 2014

Што е коронарна атеросклероза?

Како се открива коронарната атеросклероза?

Тоа е депозит на супстанца, главно составена од холестерол, којшто се та-ложи во внатрешноста на коронарните артерии и постепено ги блокира. Пар-цијалната опструкција на коронарните артерии е одговорна за појава на анги-на пекторис (градна болка, поврзана со физичка активност или во мир). Тоталната опструкција на артеријата е одговорна за појава на миокарден ин-фаркт, генерално заради формирање на тромб, предизвикувајќи акутна и пролонгирана болка која трае подолго од 20 минути и станува посилна при мирување. Атеросклерозата е основна причина за морталитет кај мажите и жените во индустриските земји.

• Според симптомите: град-на болка при физички напор,

којашто може да се прошири кон рацете, кон левото рамо, долната вилица, вратот, грбот и понекогаш во стомачната регија

• Со анализа на Електрокардио-грамот (ЕКГ) изведен при миру-вање или при вежби (stress test)

• Kоронарна ангиографија

Коронарна ангиографија

Ова испитување, спроведено под локална анестезија се состои од вбриз-гување на контрастно средство во коронарните артерии преку катетер, којшто се пласира најчесто во фемо-ралната артерија. Вбризгувањето се снима со камера снабдена со рент-генски зраци. Со тоа коронарната ан-гиографија овозможува преку филм, визуелизација на стеснувањата или опструкциите провоцирани од депо-нираните атеросклеротични плаки во крвните садови. Тоа придонесува во одредувањето на најсоодветниот третман за вашата состојба, со цел да се избегнат последователните компли-кации и да се подобри квалитетот на живот.

Пред коронарната ангиографија

За изведување на испитувањето по-требна е хоспитализација. При прием во болница ќе ги предадете сите доку-менти што ги поседувате на лекарите и на сестриете (рентген снимки, ЕКГ, резултати од стрес тест, биолошки ис-питувања, сцинтиграфија...).

Треба да предадете список на лекови и податоци за други третмани, доколку ги спроведувате. Одредени лекови кои ги примате треба да се паузираат пред испитување:

• Антикоагулантите се паузираат на одредено време пред испиту-вањето, кое се одредува од стра-на на лекарот или одделот каде се спроведува испитувањето

• За пациентите со дијабет, третманот со Метформин мора да биде прекинат вечерта пред испитувањето и да се продолжи 48 часа подоцна.

Не е неопходно да се избегне јадење на денот на испитувањето, освен во одредени случаи. Катетерот, најчесто се пласира во предел на препоните или понекогаш во предел на рачниот зглоб или лактот. Пределот ќе биде избри-чен.

КОРОНАРНА АТЕРОСКЛЕРОЗА

Коронарна артериска болест 3

Page 4: Коронарна артериска болест 2014

Каде се спроведувакоронарната ангиографија?

нема да чувствувате болка, туку само нормално чувство на топли-на, предизвикано од контрастното средство.

Како се спроведува испитувањето?

Испитувањето започнува со ме-рење на притисокот во срцевите шуплини (по можност се мери и cardiac output). Наредниот чекор е продолжување со ангиографијата (вбризгување на контрастно сред-ство во срцевите шуплини). Целта на испитувањето е истражување на ано-малиите во функционалноста на вал-вулите, да се одредува квалитетот на контрактилноста и визуализација на коронарните артерии.

Контрастното средство, коешто е непропустливо за рентгенските зра-ци, предизвикува генерализирано, но транзиторно чувство на топлина низ

целото тело (ова чувство на топлина трае 15 до 20 секунди).

Луѓето коишто се склони кон алер-гични реакции (астма, екцемии...) или развиле алергична реакција при други испитувања (на бубрези или артерии и вени) се замолени да го информираат лекарот пред испитувањето.

Во тек на испитувањето, неопходно е учеството на пациентот, кој во тек на различни фази на испитувањето може да биде замолен за помош. Ќе бидете замолени:

• да земете длабоко воздух• да го задржите воздухот некол-

ку секунди, во тек на снимање-то на артериите и срцевите шу-плини

Во други моменти, лекарот ќе ве за-моли да кашлате или ќе биде потребно да кашлате нагло и силно.

Како секоја интервентна процедура и ова испитување вклучува ризици со кои пациентите треба да бидат запо-знаени.

Пределот каде што се пласира кате-терот внимателно се дезифинцира и стерилизира, и се покрива со стерилни покривки. Под никакви услови, истата регија не смее да се допира со раце. Тоа би можело да предизвика инфекција.

Како лекарот го пласира катетерот?

Првично, лекарот аплицира ло-кален анестетик. Откако регијата е обезболена, тој ја пунктира артеријата (можно и вена) и пласира “ introducer” (цевка) во крвниот сад, во предел на лактот или рачниот зглоб. Катетерот се внесува преку овој “introducer”. Kа-тетрите се флексибилни пластични цевки со дијаметар околу 2 мм и се непропустливи за рентгенските зраци. Овие катетри се движат низ внатреш-носта на крвниот сад и нивната пози-ција се следи на телевизиски екран.

При движење на катетерот, вие

Испитувањето се спроведува

во катетеризациона сала.

Ќе бидете поставени на

кревет за испитување.

Електрокардиограмот и

крвниот притисок ќе бидат

континуирано мониторирани.

Салата е снабдена со рентген

апарат кој овозможува

контрола на пласирање,

позиционирање и внесување

на катетерот во срцевите

шуплини.

4 Коронарна артериска болест

Page 5: Коронарна артериска болест 2014

Кои се ризиците на коронарната ангиографија?

Како се третира коронарната болест денес?

После испитувањето

Големите ризици се следните: ризи-кот за морталитет е 8 случаи на 10.000 пациенти. Ризикот од други комплика-ции е помал од 1% (хематоми поврза-ни со местото на пункцијата). Послед-ните резултати покажаа намалување на морталитетот од кардиоваскуларни болести последните 20 години, демон-стрирајќи со тоа дека модерните мето-ди на третман се ефективни и ги оп-равдуваат ризиците во дијагностиката и терапијата.

Тераписката стратегија се засно-вува на резултатите од коронарната ангиографија. Зависно од тоа, дали протокот на крвта низ коронарните артерии е компромитиран и колку терапијата вклучува менување на животните навики, исхраната, или алтернативно, со методи кои ќе го подобрат протокот на крвта низ ар-териите:

• коронарна ангиопластија и стентирање

• хируршки коронарен бајпас

Откако катетерот ќе се извади, на местото на пункцијата се става компресиона лепенка за да се избегне крварење од артеријата. Потоа ќе бидете вратени назад во вашата соба.

Многу е важно да не се движи екстремитетот, кадеш-то е направена пункцијата и да се почитуваат одредбите на лекарот и на медицинската сестра во однос на првото станување после испитувањето- генерално 24 часа после пункцијата. Раното станување и наглите движења може да предизвикаат крварење на местото на пукцијата и хематом.

Ќе добиете лесна храна, 2 часа после враќање во соба. Важно е да испиете повеќе течности (вода, бистар сок...) со цел да се елиминира контрастното средство од организмот.

Коронарна артериска болест 5

Page 6: Коронарна артериска болест 2014

Пред операција

Коронарна ангиопластија

• Потребно е да ја дадете се-која информација за која ми-слите дека е од важност или податок за некоја сериозна болест.

Се прави целосна лабораториска анализа, вклучувајќи и одредување на крвната група во случај да е пот-ребен аортокоронарен бајпас во тек на процедурата.

Од голема важност е да ни кажете:• ако имате зголемен ризик за

крварење: хематолошка бо-лест, чести крварења, анти-коагулантна терапија (Аспи-рин, Плавикс, Синтром)

• ако имате алергии, астма, или претходно не сте ги то-лерирале радиолошките ис-питувања

• ако скоро сте имале ин-фекција (висока темпера-тура, болки во грлото) или третман на заби

• ако сте дијабетичар и прима-те бигуаниди (Глукофаж)

• бубрежна инсуфициенција• ако сте или би можеле да би-

дете трудна или доите бебе• ако имате проблем со прос-

татата (аденом на простата)

ШТО вКЛучувА КОРОНАРНАТА АНгиОгРАфијА?КАРдиОЛОгОТ вНЕСувА мАЛ бАЛОН ПРЕКу АРТЕРијАТА (фЕмОРАЛНАТА иЛи РАдијАЛНАТА АРТЕРијА) и гО ПОЗициОНиРА НА СТЕСНувАњЕТО НА АРТЕРијАТА. бАЛОНОТ СЕ НАдувувА, ЗА дА СЕ диЛАТиРА АРТЕРијАТА. вО ПОгОЛЕм дЕЛ НА СЛучАи, СЕ ПОСТАвувА СТЕНТ (мЕТАЛНА ПОддРШКА КОјА јА ОдРжувА АРТЕРијАТА ОТвОРЕНА). ОбЕЗбЕдувАјќи ПОдОбРО СНАбдувАњЕ СО КРв НА СРцЕвиОТ муСКуЛ, АНгиОПЛАСТијАТА јА ПОдОбРувА дОЛгОТРАјНАТА ЕвАЛуАцијА и ТЕжиНАТА НА гРАдНАТА АНгиНА.

6 Коронарна артериска болест

Page 7: Коронарна артериска болест 2014

Како се спроведува коронарна ангиопластија?

Коронарна ангиопластија

Првиот чекор е ист, како и при коронарна ангиографија, после про-ценување на состојбата на коронар-ните артерии, лекарот вбризгува Хепарин, антикоагулант.

После пласирање на катетерот, лекарот внесува тенок водич до ме-стото на стеснувањето на артерија-та. Водичот служи за позициони-рање на балонот, точно на местото на стеснувањето коешто треба да се дилатира. Лекарот го надувува балонот, при што се пласира стент којшто не ги пропушта рентгенски-те зраци.

Времето на дистензија трае од

неколку секунди до 45 секунди или една минута; можно е да почув-ствувате болка, која е идентична на болката која сте ја чувствувале претходно при физички напор. Тоа е нешто очекувано, бидејќи во тој момент артеријата е оклудирана.

Откако ќе се воспостави задово-лителен проток на крвта, после една или повеќе дилатации, лекарот го повлекува водичот и балонот. Ин-тродјусерот (цевката), останува на местото околу 4 часа.

Откако ќе се вратите во соба- се-стрите продолжуваат со монитори-рање на електрокардиограмот, крв-ниот притисок и на интродјусерот. Ќе ви се објасни кога ќе можете да јадете и да пиете.

Исто како и после коронарна ангиографија, за да се избегне соз-давање на хематом на местото на пункција на артеријата (обично на ингвиналната регија), ќе бидете за-молени да лежите неколку часа без да ја свиткате ногата.

Коронарна артериска болест 7

Page 8: Коронарна артериска болест 2014

Кое се ризиците на коронарната ангиопластија?

Компликации на местото на пунк-ција се најчести после ангиопластија, отколку после коронарна ангиогра-фија поради употреба на антикоагу-лант. Најчеста компликација е наста-нување на хематом, кој се повлекува за неколку дена и обично е без по-следици. Ретко, артеријата може да оклудира или да се оштети, и да е по-

требна хируршка интервенција или трансфузија на крв.

Кардијални или васкуларни ком-пликации: во тек на ангиопластијата може да се појави градна болка, пал-питации како последица на ритам промени. Создавањето на коагулум, повреда на артеријата или други ком-пликации може да доведат до:

• нова ангиопластија• коронарен бајпас (0,61%), итна

операција на срце• инфаркт на миокардот (на 14

случаи од 18.593 пациенти)• или смрт (17 случаи од 18.953

пациенти)

АЛЕРгиСКи КОмПЛиКАции СЕ НАјчЕСТО ПОвРЗАНи СО јОдиРАНиТЕ КОНТРАСТНи СРЕдСТвА

иЛи ЛОКАЛНиОТ АНЕСТЕТиК. дОКОЛКу ПРЕТхОдНО СТЕ имАЛЕ АЛЕРгиСКА РЕАКцијА,

НЕОПхОдНО Е ЗА ТОА дА гО иНфОРмиРАТЕ ЛЕКАРОТ.

8 Коронарна артериска болест

Page 9: Коронарна артериска болест 2014

После напуштање на болницата

Забележани се и други поретки и помали компликации.

Кое се ризиците на коронарната ангиопластија?

Фреквенцијата на успехот или на компли-кациите, зависи многу од состојбата на вашето здравје пред операцијата (стабилна или неста-билна градна болка, нов миокарден инфаркт, дијабет...). Во едноставни случаи, стапката на компликации или неуспех е околу 5%.

Рестеноза: На местото на дилатацијата се соз-дава лузна. Прогресивна рестеноза може да се појави (1 од 5 случаи), воглавно во првите 6 ме-сеци и може да се третира со нова дилатација.

Ризикот за рестеноза е намален (<10%), со употреба на нови стентови обложени со суп-станции кои го превенираат овој феномен.

Доколку нема никакви проблеми на местото на пункција на артеријата, лекарот ќе ви каже да продолжите со вашите секојдневни активности и работа без никакво одложување.

Особено е важно да се јавите на редовни контроли кај вашиот кардиолог, кој ќе ги одреди вашите понатамошни потребни ис-питувања.

Во сите случаи, при повторната појава на ис-тите симптоми, под итно да се консултирате со вашиот кардолог.

Ризик фактори кои треба да се контролираат: пушење, висок крвен притисок, хиперхолесте-ринемија, обезност, дијабет и физичка неактив-ност.

Коронарна артериска болест 9

Page 10: Коронарна артериска болест 2014

Koронарен бајпасОПЕРАцијА

Коронарниот бајпас е хируршка процедура која се состои од подоб-рување на перфузијата на миокардот, преку создавање на нови артериски графтови (канали).

Имплантирајќи ги, над местото на стеснувањето, графтот го надминува стеснувањето на коронарната арте-

рија. Зависно од бројот на коронарни-те артерии кои се зафатени, може да бидат креирани 1 до 5 бајпаси.

ОдРЕдЕНи КОРОНАРНи ЛЕЗии, КОи НЕ СЕ ПРиСТАПНи ПРЕКу

АНгиОПЛАСТијА, мОРА дА СЕ ТРЕТиРААТ СО КОРОНАРЕН бАјПАС

ОПЕРАцијА.

ЗА ОдРЕдЕНи ПАциЕНТи, СТудииТЕ ПОКАжАЛЕ дЕКА ОПЕРАцијАТА Е

ПРиОРиТЕТНА вО СПОРЕдбА СО АНгиОПЛАСТијАТА. ТОА Е вО СЛучАј,

КОгА НА ПРимЕР, СТЕСНувАњЕТО СЕ НАОѓА НА НивО НА СТЕбЛОТО НА

ЛЕвАТА КОРОНАРНА АРТЕРијА и/иЛи НЕКОЛКу гОЛЕми АРТЕРии.

Што вклучува коронарниот бајпас?

10 Коронарна артериска болест

Page 11: Коронарна артериска болест 2014

Koронарен бајпасОПЕРАцијА

КАКОв мАТЕРијАЛ СЕ КОРиСТи ЗА гРАфТОвиТЕ?

КАКО СЕ СПРОвЕдувА ОПЕРАцијАТА?

Најчесто бајпас графт може да биде:• внатрешната мамарна артерија,

кои се две, десна и лева. Се пре-парираат од предниот торака-лен ѕид и претставуваат препо-рачан материјал за графтови, давајќи добар долготраен ре-зултат

• вена сафена, која се зема од ле-вата нога

• радијалната артерија, се зема од подлактицата

• гастроепиплоична артерија, се зема од стомачната регија

Операцијата се спроведува под општа анестезија и е потребна инци-зија на средина на стернумот (стер-нотомија). Може да бидат потребни и дополнителни инцизии, зависно од графтот кој се користи. Најчесто, ра-ботата на срцето се прекинува за да се овозможи работа со фини сутури и екстракорпорална циркулација преку апаратура која ќе ја врши работата на срцето и плуќата во текот на овој пе-риод.

Во одредени случаи, операцијата може да се изведе и без екстракорпо-рална циркулација, процедура позна-та како “пулсирачко срце”. Сепак, и за овој тип на операција, неопходна е стернотомија.

Хируршката операција трае од 3 до 6 часа, зависно од тежината на слу-чајот.

Коронарна артериска болест 11

Page 12: Коронарна артериска болест 2014

Респираторната поддршка е овозмо-жена преку цевка за дишење, во тек на првите неколку часа и се намалува посте-пено, со отстранување на цевката од уста. Препишани се лекови за намалување на болката и интравенозни инфузии за одр-жување на хидратацијата.

Привремените цевки за дренажа (тора-кални дренови) се оставаат неколку дена за да може да се евакуира серозната теч-ност и крв од зоната кадешто е оперира-но. Кај мал процент на пациенти, може да има потреба за трансфузија на крв. Нор-малната исхрана, воглавно, започнува пр-виот ден после операција.

После 48 часа, на поголем дел од паци-ентите им е дозволено да стануваат и да се движат.

Редовната физиотерапија помага во враќањето на функционалната анато-мија и рехабилитација на респираторната функција.

Пациентите остануваат ограничено во однос на мобилизацијата, со оглед на тоа што се под континуиран мониторинг на ЕКГ и венозната перфузија, која е неоп-ходна за лековите. Слична нелагодност се чувствува и поради болка и неможност за спиење, коишто се повлекуваат како што поминува времето.

интензивна негаПОСЛЕ ОПЕРАцијА, ПАциЕНТОТ СЕ ПРимА НА ОддЕЛЕНиЕТО ЗА иНТЕНЗивНА НЕгА.

вРАќАњЕТО вО вАША СОбА

12 Коронарна артериска болест

Page 13: Коронарна артериска болест 2014

интензивна негаКОи СЕ РиЗициТЕ Од КОРОНАРНА бАјПАС ОПЕРАцијА?

ПРОдОЛжувАњЕ СО РАбОТА

ШТО СЕ СЛучувА ПОСЛЕ ОТПуШТАњЕ Од бОЛНицА?

дАЛи Е ЗАдОЛжиТЕЛНО дА СЕ СЛЕди РЕ-ЕдуКАциОНА ПРОгРАмА?

Респираторната поддршка е овозможена преку цевка за дишење, во тек на првите неколку часа и се намалува по-степено, со отстранување на цевката од уста. Препишани се лекови за намалување на болката и интравенозни инфузии за одржување на хидратацијата.

Привремените цевки за дренажа (торакални дренови) се оставаат неколку дена за да може да се евакуира серозната течност и крв од зоната кадешто е оперирано. Кај мал про-цент на пациенти, може да има потреба за трансфузија на крв. Нормалната исхрана, воглавно, започнува првиот ден после операција.

Респираторната поддршка е овозможена преку цевка за дишење, во тек на првите неколку часа и се намалува по-степено, со отстранување на цевката од уста. Препишани се лекови за намалување на болката и интравенозни инфузии за одржување на хидратацијата.

Привремените цевки за дренажа (торакални дренови) се оставаат неколку дена за да може да се евакуира серозната течност и крв од зоната кадешто е оперирано. Кај мал про-цент на пациенти, може да има потреба за трансфузија на крв. Нормалната исхрана, воглавно, започнува првиот ден после операција.

После отпуст, пациентот оди или директно дома, или во рехабилитационен центар, зависно од желбата на пациен-тот.

Обично, физичкото опоравување се одвива брзо. После четвртата недела можно е да се вози кола, а истото важи и за сексуалната активност.

Главното ограничување на продолжувањето со нормал-ни активности е зараснувањето на стернумот. Како и секоја коскена фрактура, потребни се 6 до 12 недели до потполно зараснување.

Во текот на овој период, важно е да се избегне секое фи-зичко оптоварување на градниот кош.

После отпуст, пациентот оди или директно дома, или во рехабилитационен центар, зависно од желбата на пациен-тот.

Обично, физичкото опоравување се одвива брзо. После четвртата недела можно е да се вози кола, а истото важи и за сексуалната активност.

Главното ограничување на продолжувањето со нормал-ни активности е зараснувањето на стернумот. Како и секоја коскена фрактура, потребни се 6 до 12 недели до потполно зараснување.

Во текот на овој период, важно е да се избегне секое фи-зичко оптоварување на градниот кош.

Коронарна артериска болест 13

Page 14: Коронарна артериска болест 2014

Не. Коронарниот бајпас ја подобрува перфузијата на крвта низ срцевиот мускул и ги олеснува симптомите.

Речиси сите пациенти треба да примаат дневно аспирин (80-100мг), во тек на цели-от живот. Можат да ви бидат препишани и други лекови (за контролирање на масно-тиите во крвта, бета-блокатор, антихипер-тензиви, антиаритмици).

Секој пациент треба да биде под ре-довни контроли, од страна на неговиот лекар и еднаш годишно од кардиолог за да се процени коронарната состојба. По-сле коронарен бајпас, најголемиот дел од пациентите водат нормален живот, во од-лично здравје, без тегоби и се во можност да продолжат понатаму со сосема норма-лен начин на живот.

Како што поминува времето, ате-росклерозата може да продолжи да се развива во коронарните артерии и во графтовите. Затоа, есенцијално е после коронарна ангиопластија или бајпас, да се контролираат ризик факторите коиш-то можат да придонесат за развој на ате-росклероза.

Дали е коронарниот бајпас Дефинитивен лек за коронарната болест?

д О Л г О в Р Е м Е Н С К О ПРЕживувАњЕ

14 Коронарна артериска болест

Page 15: Коронарна артериска болест 2014

• губиток на телесна тежина при

обезност

• прекинување со пушењето

• намалување на нивото на холес-

теролот

• одржување на нормален крвен

притисок

• контрола на дијабет

• редовно практицирање на лесна

физичка активност

мерки што треба да се превземат:

Коронарна артериска болест 15

Page 16: Коронарна артериска болест 2014

www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484