Агроклиматологија „Влијание на климатските промени...

16
Монсун Монсуните зафаќаат големо пространство на копно и океан, т.е. тие настануваат таму каде што има големи водени површини кои граничат со големи копнени површини. Монсуните дуваат преку зима од копното кон океанот, бидејќи преку зима копното е значително поладно од океанот и над копното е повисок воздушниот притисок, така што хоризонталниот градиент на воздушниот притисок е насочен од копното кон морето односно кон океанот. Во лето океанот е поладен од копното и градиентот на воздушниот притисок е насочен од океанот кон копното, па поради тоа ветриштата дуваат од океанот кон копното. Бидејќи воздушните маси при овие струења на воздухот преминуваат големи пространства од копното и морињата, на нивниот правец имаат влијание разни сили. Монсуните на северната земјина полутопка најчесто свртуваат од својот првобитен правец на десно а на јужната полутопка земјина свртуваат налево. Монсуните се образуваат на бреговите на океаните. Најголеми монсуни се создаваат над индискиот океан и јужниот дел на Азија. Во текот на летото доаѓаат до Хималаите, а во текот на зимата тргнуваат од

Upload: cornusmas

Post on 27-Jul-2015

1.010 views

Category:

Documents


12 download

TRANSCRIPT

Page 1: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

Монсун

Монсуните зафаќаат големо пространство на копно и океан, т.е. тие настануваат

таму каде што има големи водени површини кои граничат со големи копнени

површини. Монсуните дуваат преку зима од копното

кон океанот, бидејќи преку зима копното е значително

поладно од океанот и над копното е повисок

воздушниот притисок, така што хоризонталниот

градиент на воздушниот притисок е насочен од

копното кон морето односно кон океанот. Во лето океанот е поладен од копното и

градиентот на воздушниот притисок е насочен од

океанот кон копното, па поради тоа ветриштата дуваат

од океанот кон копното. Бидејќи воздушните маси при

овие струења на воздухот преминуваат големи

пространства од копното и морињата, на нивниот

правец имаат влијание разни сили. Монсуните на северната земјина полутопка

најчесто свртуваат од својот првобитен правец на десно а на јужната полутопка

земјина свртуваат налево. Монсуните се образуваат на бреговите на океаните.

Најголеми монсуни се создаваат над индискиот океан

и јужниот дел на Азија. Во текот на летото доаѓаат до

Хималаите, а во текот на зимата тргнуваат од

Хималаите. Височината на нивното влијание е од 3 до

4 километри. Летните монсуни, кои доаѓаат од

океаните предизвикуваат големи врнежи.

Page 2: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

Клима

Клима, која уште се среќава и под името поднебје е повеќегодишен режим на

времето над некое место или на делови на Земјината површина. До нејзиното

определување се доаѓа врз основа на долгогодишни набљудувања и проучувања

на метеоролошките елементи и појави.

Климатски фактори

Образувањето на климата над некое место зависи од бројни и разновидни

фактори, кои со заедничко име се нарекуваат климатски фактори. Меѓу нив

најголемо значење имаат сончевата радијација и циркулацијата или смената на

воздушните маси. Но, климата многу зависи и од физичко - географските фактори

и услови на одредено место или територија:

Географската ширина е еден од најважните климатски фактори. Нејзиното

влијание е големо врз температурата и влажноста на воздухот. Тоа се

должи на различното количество на сончева топлина што ја примаат

пределите со различна географска ширина. Најмногу топлина примаат

местата во екваторскиот појас, а најмалку во поларните области. Значи, со

порастот на географската ширина, температурата на воздухот по правило

опаѓа, а со тоа климата станува поладна.

Копнените и морските површини имаат различно влијание на климата. Во

летната половина од годината, морињата и океаните акумулираат многу

повеќе топлина отколку копното. Затоа преку зимата, воздухот над морските

површини е потопол, а над копнените постуден. Овие карактеристики се

одразуваат и над климата. Во оние предели каде преовладуваат океанските

воздушни маси, летото е посвежо, а зимата потопла, а во пределите под

влијание на континентални воздушни маси е обратно. Освена тоа,

областите кои се поблиску до море примаат поголеми количества на

врнежи.

Page 3: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

Морските струи највеќе влијаат врз температурата на воздухот. Ладните

морски струи ги разладуваат крајбрежните области, а топлите ги загреваат.

Релјефот влијае на климата преку надморската височина, со правецот на

протегање на планинските вериги и широките речни долини, со

разместеноста на превоите, отвореноста на низините и со котлинскиот

релјеф.

Растителниот свет, а особено шумите, имаат доста големо влијание врз

климата. Оголеното земјиште во текот на денот побрзо се загрева и побрзо

се лади отколку земјиштето што е покриено со вегетација. Затоа

растенијата влијаат на смалувањето на дневното и годишното колебање на

температурата. Шумите влијаат врз зголемување на испарувањето и на

влажноста на воздухот, како и на правецот и брзината на ветровите. Во

шумските предели паѓаат поголеми количества врнежи.

Човекот влијае на климата со своите активности: непланското сечење на

шумите, загадувањето на воздухот итн.

Видови на клима

Климатските зони се поголеми области на Земјата кои имаат еднакви услови,

различни од оние во соседните области. За да се класифицираат климите се

земаат предвид најразлични фактори, а воглавно температурата (според која

постојат топли, умерени, студени и поларни клими) и количеството на врнежите

(според кое постојат суви или влажни клими). Но, во овие основни групи се прават

додатни подкласификации.

Екваторијална дождлива клима

Оваа клима создава појас од двете страни на екваторот, меѓу 10o северна

географска широчина и 5o јужна географска широчина. Се одликува со речиси

иста должина на денот во текот на целата година, така што не може да се

Page 4: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

разликуваат годишни времиња. Средната температура изнесува 25oC, иако може

да има и разлики од 15 степени меѓу денот и ноќта. Воздухот има висока

содржина на влага поради постојаните и обилни дождови кои врнат во текот на

целата година, со просек од околу 2000 mm. Типична вегетација е дождовната

шума, како онаа во Амазонија и Екваторијална Африка.

Тропска клима

Создава два појаси, од двете страни на екваторот, меѓу 10 и 20o С.Г.Ш. и 5 и 10o

Ј.Г.Ш. Кај деновите има мали варијации во текот на годината, а и обилноста на

дождовите се намалува како што се оди подалеку од екваторот, додека

просечната температура е околу 23oC. Сето ова придонесува да има едно суво и

друго повлажно годишно време. Вегетацијата е како во саваните, со повеќе или

помалку дрвја.

Полусува клима

Степите се одликуваат со полусува клима

Овој вид на клима постои како во умерените, така и во тропските области и во

зоните каде има малку дождови (околу 200 mm годишно). Температурите можат

да бидат ниски или високи, но секогаш има големи дневни осцилации (топли

денови и студени ноќи) и годишни, во случај на ниските. Вегетацијата во овие

области е тревна или грмушеста.

Page 5: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

Пустинска клима

Пустинскиот климатски тип се протега околу повратниците.За него се

карактеристични малите врнежи на дожд сопросек околу 200мм годисно.Дење

температурата досигнува до 70оС,а ноќе до -0оС.Поради тоа пустините се суви

места со мала веѓетикација.Исто така,пистините се сиромасни со флора и фауна

бидејки има многу мало количестбо на врнежи.Но,тука се срекаваат ретки треви

со боцки или пак дрвја со боцки како што е кактусот. Покрај реките (оази) ,има

палми и урмини дрвја.Најпознато животно тука е камилата.Но,исто така во

пустините живеат скорпиите и некои видови змии.

Медитеранска клима

Распространетост на медитеранската клима

Оваа клима е типична за областите околу Средоземното Море, но е застапена и

на крајниот југ на Африка, во централно Чиле и во Калифорнија. Се одликува со

тоа што дождовите најмногу врнат во есен и зима, а пролетта, и особено летото

се многу сушни. Врнежите изнесуваат меѓу 400 и 700 mm годишно, зимите се

топли, а летата жешки. Карактеристична вегетација се грмушките и дрвја со

секогаш зелени лисја. Постојат варијации на овој вид на клима, па така таа е

посвежа и повлажна на северниот брег на Медитеранот, отколку на јужниот, кој е

подложен на директно влијание на Сахара. Подалеку од брегот, оваа клима

добива континентални обележја и станува постудена.

Page 6: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

Пампаска клима

Слична е на медитеранската, но со малку повисоки средни температури и помала

разлика меѓу одделните годишни времиња. Врнежите се присутни низ целата

година, но со помал интензитет во текот на летото, а просечните вредности им

осцилираат меѓу 600 и 800 mm годишно. Оваа клима се јавува само во јужната

хемисфера и нејзиното име потекнува од најкарактеристичното место во

Аргентина - Пампас, иако ја има и во некои делови на Австралија и на југот на

Африка. Вегетацијата е треви, а дрвјата се ретки.

Океанска клима

Основна одлика на оваа клима е големото влијание што го имаат западните

ветрови врз областите кај кои се јавува. Топлинските осцилации (и дневни и

годишни) се многу мали, при што зимите се топли, а летата свежи. Врнежите се

движат од 600 до 700 mm годишно, иако во планинските делови овие вредности

се искачуваат и до 2000 mm. Ваква клима има во западните крајбрежни области

на Европа, каде Голфската струја ги намалува ефектите на широчината, потоа

Северна Америка, Чиле, Тасманија и Нов Зеланд.

Сончево зрачење

Сончево зрачење, во најширока смисла, е целосниот спектар на

електромагнетна радијација која ја испушта Сонцето. На Земјата, сончевото

зрачење се филтрира низ Земјината атмосфера, а соларната радијација се

гледаме како дневна светлинакога Сонцето е над хоризонтот. Блиску до половите

во лето деновите се подолги, а ноќите покуси или воопшто ги нема. Во зима, на

половите ноќите се подолги, и во некои периоди сончевата светлина воопшто ја

нема. Сончевото зрачење може да се измери со помош на апарат наречен

пиранометар или пирхелиометар. Светската метеоролошка организација ја

дефинира сончевата светлина како директно зрачење од Сонцето врз Земјата со

најмалку 120 W·m−2.

Page 7: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

Директното сончево зрачење има светлосен ефект

од околу 93 лумени на ват, што вклучува

инфрацрвено зрачење, видлива светлина и

ултравиолетово зрачење. Сјајната сончева светлина

има околу 100.000 кандели на квадратен метар на

површината на Земјата. Сончевата светлина е

клучниот фактор за процесот фотосинтеза.

Ефекти врз климата

На Земјата, соларната радијација е видлива како дневна светлина кога Сонцето е

над хоризонтот. Кога директната радијација не е блокирана од облаци, освен

сончева светлина имаме ефект и на топлина. Топлината на земјината површина и

предметите на неа се во директна зависност и од затоплувањето на воздухот.

Орбитата на Земјата има влијание врз количеството сончево зрачење. На пример,

на латитуда од 65 степени, сончевата енергија во лето и зима варира за повеќе од

25%, поради варијацијата на Земјината орбита, со што јасно се оцртуваат

годишните времиња. Се смета дека ваквите промени во примањето на сончевата

енергија се причина за појава на ледено доба. Дотокот на енергија од сончевото

зрачење се нарекува соларна константа, која е 1400W/m2 при средна

оддалеченост на Земјата од Сонцето, под агол од 90 степени занемарувајќи го

влијанието на атмосферското апсорбирање. При поминување низ атмосферата

дел од енергијата се троши во сложени процеси, а дел се рефлектира и

реемитува во вселената. Тој дел изнесува околу 1/3 од енергијата која стасала до

работ на атмосферата. Дотокот на енергија до површината на Земјата изнесува во

просек 920W/m2. Ако проекцијата на површината на Земјата е 127.106 km2,

дотокот на енергија изнесува 117.400 TW. Поради ротацијата на Земјата таа

Page 8: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

енергија се распоредува по целата површина на Земјата (510.1.106km2),

просечниот доток на енергија изнесува 230W/m2, односно 5.52Wh/m2 дневно. Ова

се секако просечни вредности, а реалните зависат од географската ширина, делот

од денот, појавата на блаци, загадувањето и др. Енергијата од зрачењето на

Сонцето која доаѓа на Земјината површина изнесува околу 109TWh (8.6.1013toe)

годишно. Таа енергија е за околу 170 пати поголема од енергијата на вкупните

резерви на јаглен во светот. Тоа е огромен енергетски извор со кој можат да се

задоволат енергетските потреби за особено долг период.

Животот на Земјата

Опстанокот на речиси сите животни форми на Земјата зависи од сончевата

светлина. Растенијата ја користат сончевата светлина за процесот наречен

фотосинтеза. Животните индиректно ја користат сончевата светлина, преку

внесување на растенија во својата исхрана. Релативно скорешните откритија на

јаглен, петролеум и природен гас претставуваат употреба на сончевата светлина

заробена во земјата милиони години. Фосилните горива се остатоци од древни

растенија и животни, и претставуваат искористлив извор на дополнителна

енергија на Земјата. Но, количеството на фосилните горива е ограничено.

Постојат повеќе теории кои зборуваат за алтернативни средства за добивање

енергија на Земјава, но и за катастрофите кои би го снашле човештвото при

недостаток на извори на енергија. Фосилно-нуклеарната ера е само една кратка

епизода во историјата на човештвото. Таа се протега во епохата од почетокот на

индустријализацијата до исцрпувањето на фосилните ресурси. Пред тоа

човештвото живеело само од енергијата на Сонцето, но благодарение на новите

технологии, ќе биде можно да се користи енергијата од Сонцето многу подобро и

пофлексибилно.

Културни аспекти

За повеќето луѓе директното изложување на сончевото зрачење е непријатно, а

посебно долго изложување на силна сончева светлина предизвикува долготраен

Page 9: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

проблем со видот. Затоа се измислени очилата за сонце, а во употреба се и други

помагала за заштита од Сонцето: капи, чадори, природни или вештачки создадени

сенки и така натаму.

Природните катастрофи ја опседнаа планетата, што понатаму?

Општиот тренд е зголемување на температурата на воздухот, особено во

последните десет години, а 1998 година беше една од најтоплите во последните

120 години. Овие податоци се добиени како резултат на истражувањата на

Националната океанографско-атмосферска администрација од Соединетите

Американски Држави "Климатските промени веќе се случуваат°, предупреди

неодамна Клаус Топфер, директор на Програмата за заштита на околината при

Обединети нации. Лето 2005 година ќе остане запаметено како лето на природни

катастрофи - ужасни поплави во Европа, урагани во Америка, илјадници жртви.

Најновите истражувања го кажуваат следното: природните катастрофи ќе бидат сў

почести. Ова го потврдија научниците на

Форумот за наука и технологија во

општеството што се одржа во Кјото, Јапонија,

пред една недела. Бројот на природните

катастрофи и статистички е во пораст. Во

периодот меѓу 1900 година и 1940 година се

забележани сто природни катастрофи, а тој

број меѓу 1960 година и 1970 година е зголемен на 650. Последните две децении

на 20 век го држат рекордот - во периодот меѓу 1980 година и 1990 година имало

2.000 катастрофи, за во следното десетлетие нивниот број да се зголеми на

фрапантни 2.800 природни катастрофи со голем број човечки жртви и огромно

негативно влијание врз економскиот раст на подрачјата што беа зафатени од овие

непогоди. Научниците се поделени. Едните тврдат дека природните катастрофи

се само циклична појава во природата, додека другите се категорични дека

Page 10: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

природните катастрофи се директна последица на глобалното затоплување за кое

се виновни луѓето и нивната негрижа кон природата. Според глобалните

сценарија, до 2100 година температурата во Македонија може да се покачи за 4,6

Целзиусови степени во однос на периодот 1960-1990 година, а најмногу тој пораст

би бил во текот на летото, дури за 5,1 Целзиусови степени. Просечното

количество врнежи, пак, може да опадне за 6,3 отсто во 2100 година во споредба

со периодот од 1960 до 1990 година, додека најзагрижувачки податок е што

сумата на врнежи во летниот период до 2100 година може да се намали дури за

25 проценти. Општиот тренд е зголемување на температурата на воздухот,

особено во  последните десет години, а 1998 година беше една од најтоплите во

последните 120 години. Овие податоци се добиени како резултат на 

истражувањата на Националната океанографско-атмосферска администрација од

Соединетите Американски Држави Тоа значи дека веќе почна период на општо

зголемување на температурата на воздухот на целата планета, во последно

време, покрај зголеменото растење на температурата на воздухот, почнува и

разигрувањето на атмосферата. Тоа, пак, придонесува до зголемен број

природни  катастрофи, до зголемен интензитет на ураганите - во тропските

предели, а надвор од тропските предели доаѓа до зголемување на циклоните над

морињата. Над континентот со поголема јачина се јавуваат антициклоните.

"Атмосферата почнува да се разигрува и е различна од она што беше порано.

Само од себе се наметнува прашањето - а што е причината? Причината е досега

не многу значајната компонента - елементите на стаклената градина. Зголеменото

присуство на флуорокарбонатите, јаглеродниот диоксид, водената пареа,

оштетувањата на озонот. Сите овие се елементи на стаклената градина.

Елементите кои до скоро не биле ништо сега стануваат главни. Тие почнуваат да

влијаат во растурањето на енергетскиот биланс. Всушност, што се случува?

Сончевата енергија доаѓа до земјата, но поради присуството на елементите на

стаклената градина, враќањето на топлинската енергија во атмосферата е

отежнато, така што сончевата енергија подолго време се задржува на земјата, со

што доаѓа и до зголемување на глобалната температура. Трендот на

зголемувањето на глобалната температура продолжува. Температурата годишно

Page 11: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

расте за 0,5 отсто. Цел климатски систем преку  компонентите на стаклената

градина се нарушува. Во климатскиот систем влегуваат копното, океаните,

мразот, атмосферата, биогеографските фактори.  Тие влијаат на општиот

биодиверзитет на самиот човек и на биолошката разновидност и на целокупниот

живот, на растенијата и на земјоделството. Меѓународната заедница преку разни

конвенции и протоколи, како што е Протоколот од Кјото, се обидува да воспостави

нови регулативи со кои се поставуваат строги ограничувања за количеството

јаглерод што може да биде емитувано од индустриите за електрична енергија,

челик, цемент и хартија, со цел да се намали емисијата на штетните гасови во

атмосферата што го зголемуваат ефектот на стаклената градина, а со самото тоа

влијаат и на климатските промени. Договорот од Кјото ги обврзува најразвиените

индустриски земји да ги намалат емисиите на јаглероден диоксид во периодот

меѓу 2008 и 2012 година. Америка и Австралија се единствените богати економии

што одбија да го потпишат Договорот од Кјото. Македонија го ратификуваше

Договорот од Кјото во ноември минатата година, а со оглед на тоа што

климатските промени се глобална работа, секоја земја, согласно со

меѓународните стандарди, дава свој придонес во борбата против глобалното

затоплување. Во Македонија од 2000 година функционира и Канцеларијата за

климатски промени при Министерство за животна средина и просторно

планирање. Постоењето на Канцеларијата за климатски промени е овозможено од

грандот што го добива државата од Глобалниот еколошки фонд преку УНДП и е

наменет за исполнување на обврските на државата кон Рамковната конвенција на

Обединетите нации. Македонија оваа конвенција ја ратификуваше во 1997 година,

а  полноправна членка стана во 1998 година. Улогата на Канцеларијата за

климатски промени е да ја координира работата во процесот на изработка на

извештаите за климатски промени во Македонија. Тоа значи идентификување

експерти и институции што би биле релевантни за изработка на тематските

области од националниот извештај, соработка со релевантни, заинтересирани

страни, вклучувајќи ги тука владините и академските институции, невладините

организации и приватниот  сектор, како и координирање со Програмата за развој

на ОН. Државата започна уште во 2000 година да работи на исполнување на

Page 12: Агроклиматологија „Влијание на климатските промени врз живиот свет“ бр.2

обврските кон конвенцијата, преку активностите што се однесуваа на изработка на

првиот извештај за климатски промени. Овие извештаи се изработуваат

периодично, односно државата добива грант од глобален еколошки фонд,

согласно со динамиката кога овие средства се на располагање°.

Македонија спаѓа во групата таканаречени нонанекс еден група земји, земји што

не припаѓаат на групата анекс еден. Нонанекс еден земји се земји во развој на кои

не им е наметнато ограничување на нивните емисии на гасови, за разлика од

развиените земји, кои имаат одредени квоти што мора да ги постигнат во одреден

период согласно со Протоколот од Кјото, со цел да се зауздаат емисии на

стакленички гасови, бидејќи се главен причинител за глобалното затоплување.