Број 32 Год. lxii Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.lxii...

32
Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 Цена на овој број е 300 денари www.slvesnik.com.mk [email protected] Стр. 369. Указ за отповикување од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Латвија и Република Литванија............... 2 370. Указ за отповикување од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Сувере- ниот Воен Ред на Малта........................ 2 371. Одлука за помилување на осудени лица......................................................... 2 372. Одлука за изменување и дополнува- ње на Одлуката за определување на коефициентите за утврдување на пла- та на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Македонија и раководните работници кои ги именува Собранието или кои ги назначува надлежното тело на Со- бранието на Република Македонија.... 2 373. Одлука за формирање на Национален комитет за организирање и координи- рање на превентивни мерки за спре- чување на внесување и ширење на птичји грип, како и сузбивање при евентуална појава на пандемија од грип во Република Македонија............ 3 374. Правилник за формата, содржината и начинот на пополнување на Прија- вата за утврдување на персоналниот данок на доход на неоданочени или недоволно оданочени приходи............. 3 375. Правилник за начинот и програмата за полагање испит за добивање на конзерваторска лиценца и за образе- цот на лиценцата.................................... 4 376. Правилник за критериумите за утвр- дување на организационите единици во јавните здравствени установи кои не можат да се издаваат под закуп....... 9 Стр. 377. Правилник за посебните барања што се однесуваат на брзо замрзнатите прехранбени производи........................ 10 378. Правилник за посебните барања за безбедност на природната минерална вода......................................................... 10 379. Правилник за посебните барања кои се однесуваат на детската храна и дет- ската храна наменета за доенчиња и ма- ли деца произведена на житна основа.... 15 380. Правилник за посебните барања за безбедност на овошните сокови и одредени слични производи................. 19 381. Правилник за посебните барања за безбедност на какао производите и чоколадните производи......................... 22 382. Правилник за посебните барања за безбедност на шеќерите........................ 24 383. Правилник за санитарно хигиенски- те услови за производство на храна..... 26 Дирекција за заштита и спасување 53. Правилник за формациите, чинови- те, како и обележјата на чиновите во противпожарните единици................... 28 54. Правилник за критериумите кои тре- ба да ги исполнуваат правните лица кои вршат одржување и сервисирање на стабилни инсталации за открива- ње, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси........ 30 Исправка од Комисијата за хартии од вредност............................................. 30 Коефициенти за порастот на цените на производителите на индустриски производи во Република Македонија за месец февруари 2006 година (прет- ходни податоци).................................... 30 Огласен дел........................................... 1-64 СО Д РЖИНА

Upload: others

Post on 25-Sep-2020

29 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 Цена на овој број е 300 денари

www.slvesnik.com.mk [email protected]

Стр.

369. Указ за отповикување од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Латвија и Република Литванија............... 2

370. Указ за отповикување од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Сувере-ниот Воен Ред на Малта........................ 2

371. Одлука за помилување на осудени лица......................................................... 2

372. Одлука за изменување и дополнува-ње на Одлуката за определување на коефициентите за утврдување на пла-та на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Македонија и раководните работници кои ги именува Собранието или кои ги назначува надлежното тело на Со-бранието на Република Македонија.... 2

373. Одлука за формирање на Национален комитет за организирање и координи-рање на превентивни мерки за спре-чување на внесување и ширење на птичји грип, како и сузбивање при евентуална појава на пандемија од грип во Република Македонија............ 3

374. Правилник за формата, содржината и начинот на пополнување на Прија-вата за утврдување на персоналниот данок на доход на неоданочени или недоволно оданочени приходи............. 3

375. Правилник за начинот и програмата за полагање испит за добивање на конзерваторска лиценца и за образе-цот на лиценцата.................................... 4

376. Правилник за критериумите за утвр-дување на организационите единици во јавните здравствени установи кои не можат да се издаваат под закуп....... 9

Стр. 377. Правилник за посебните барања што

се однесуваат на брзо замрзнатите прехранбени производи........................ 10

378. Правилник за посебните барања за безбедност на природната минерална вода......................................................... 10

379. Правилник за посебните барања кои се однесуваат на детската храна и дет-ската храна наменета за доенчиња и ма-ли деца произведена на житна основа.... 15

380. Правилник за посебните барања за безбедност на овошните сокови и одредени слични производи................. 19

381. Правилник за посебните барања за безбедност на какао производите и чоколадните производи......................... 22

382. Правилник за посебните барања за безбедност на шеќерите........................ 24

383. Правилник за санитарно хигиенски-те услови за производство на храна..... 26 Дирекција за заштита и спасување

53. Правилник за формациите, чинови-те, како и обележјата на чиновите во противпожарните единици................... 28

54. Правилник за критериумите кои тре-ба да ги исполнуваат правните лица кои вршат одржување и сервисирање на стабилни инсталации за открива-ње, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси........ 30 Исправка од Комисијата за хартии од вредност............................................. 30 Коефициенти за порастот на цените на производителите на индустриски производи во Република Македонија за месец февруари 2006 година (прет-ходни податоци).................................... 30 Огласен дел........................................... 1-64

С О Д Р Ж И Н А

Page 2: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 2 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 369.

Врз основа на член 84, алинеја втора од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91), донесувам

У К А З

ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ ОД ДОЛЖНОСТА ВОНРЕДЕН И ОПОЛНОМОШТЕН АМБАСАДОР НА РЕПУБ-ЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РЕПУБЛИКА ЛАТВИЈА

И РЕПУБЛИКА ЛИТВАНИЈА

I Г-дин Коста Стоименовски, се отповикува од долж-

носта вонреден и ополномоштен амбасадор на Репуб-лика Македонија во Република Латвија и Република Литванија, со седиште во Варшава.

II Министерот за надворешни работи ќе го изврши

овој указ. III

Овој указ влегува во сила веднаш. Указ број 11 Претседател

15 март 2006 година на Република Македонија, Скопје Бранко Црвенковски, с.р.

__________ 370.

Врз основа на член 84, алинеја втора од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91), донесувам

У К А З

ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ ОД ДОЛЖНОСТА ВОНРЕДЕН И ОПОЛНОМОШТЕН АМБАСАДОР НА РЕПУБ-ЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СУВЕРЕНИОТ ВОЕН

РЕД НА МАЛТА I

Г-дин Виктор Габер, се отповикува од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Суверениот Воен Ред на Малта, со се-диште во Рим.

II Министерот за надворешни работи ќе го изврши

овој указ. III

Овој указ влегува во сила веднаш. Указ број 12 Претседател

15 март 2006 година на Република Македонија, Скопје Бранко Црвенковски, с.р.

__________ 371.

Врз основа на член 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија („Службен весник на Репуб-лика Македонија“ бр. 52/91 и 91/2001), согласно член 1 од Законот за помилување („Службен весник на Репуб-лика Македонија“ бр. 20/93), Претседателот на Репуб-лика Македонија донесе

О Д Л У К А ЗА ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА

I Извршувањето на казната затвор им се замени со

условна осуда за време од 1 година на осудените лица: 1. ПАНДЕ МАРКО РИСТОВ од с. Ракитец, во трае-

ње од 3 месеци, 2. САНДЕ ПЕТАР СТАМЕНКОВ од Виница, во

траење од 3 месеци, 3. САРЕ КИРО АНАКИЕВ од Кочани, во траење од

4 месеци,

4. СУНЧИЦА ЃОРЃИ СИНАДИНОВА од Делчево, во траење од 3 месеци.

II Извршувањето на казната затвор му се замени со

условна осуда за време од 2 години на осуденото лице: 1. САДУЛА НЕХАТ МАМУТИ од с.Неготино, во трае-

ње од 4 месеци. III

Делумно се ослободуваат од извршување на неиз-држаниот дел од казната затвор осудените лица:

1. ФРОНА ЕФТИМ ДРАКУЛОВСКА од с.Мачево, во траење од 2 години,

2. АНА ДРАГИ СЕРАФИМОВА од Штип, во трае-ње од 1 година,

3. МУРАТ САБИТ УМЕР од Скопје, во траење од 2 ме-сеци.

IV Оваа одлука влегува во сила со денот на донесува-

њето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-210 Претседател 15 март 2006 година на Република Македонија, Скопје Бранко Црвенковски, с.р.

__________ СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

372. Врз основа на член 18 од Законот за плата и другите на-

доместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Републи-ката („Службен весник на Социјалистичка Република Ма-кедонија“ бр. 36/90 и „Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 38/91, 23/97 и 37/2005) и врз основа на член 2 точка 6 став 2 алинеја 11 од Одлуката за основање на по-стојани работни тела на Собранието на Република Македо-нија („Службен весник на РМ“ бр. 85/02), Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Ре-публика Македонија, на седницата одржана на ден 6 февру-ари 2006 година, донесе

О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОД-ЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КОЕФИЦИ-ЕНТИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЛАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ КОИ ГИ ИЗБИРА И ИМЕНУ-ВА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДО-НИЈА И РАКОВОДНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ГИ ИМЕНУВА СОБРАНИЕТО ИЛИ КОИ ГИ НАЗНА-ЧУВА НАДЛЕЖНОТО ТЕЛО НА СОБРАНИЕТО

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Во Одлуката за определување на коефициентите за

утврдување на плата на функционерите кои ги избира и име-нува Собранието на Република Македонија и на раководните работници кои ги именува Собранието или кои ги назначува надлежното тело на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Социјалистичка Република Македони-ја“ бр. 44/90, 19/91 и „Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 57/92, 1/98 и 11/2002) во точка 1 по алинеја 49-а се додава нова алинеја 49-б која гласи:

„-Директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци 2.9“

По алинеја 56-б се додава нова алинеја 56-в која гласи: „- Заменик на директорот на Дирекцијата за зашти-

та на личните податоци 2.7“. 2. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесу-

вањето, а ќе се применува од 1 февруари 2006 година. Одлуката се објавува во „Службен весник на Републи-ка Македонија“.

Бр. 14-541/10 Претседател 9 март 2006 година на Комисијата за прашања

Скопје на изборите и именувањата, Каме Петров, с.р.

Page 3: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 3

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 373.

Врз основа на член 36, став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03 и 55/05), Владата на Репуб-лика Македонија, на седницата одржана на 16.02.2006 го-дина, донесе

О Д Л У К А ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОР-ГАНИЗИРАЊЕ И КООРДИНИРАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВ-НИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИ-РЕЊЕ НА ПТИЧЈИ ГРИП, КАКО И СУЗБИВАЊЕ ПРИ ЕВЕНТУАЛНА ПОЈАВА НА ПАНДЕМИЈА ОД ГРИП

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Член 1

Со оваа одлука се формира Национален комитет за ор-ганизирање и координирање на превентивни мерки за спречување на внесување и ширење на птичји грип, како и сузбивање при евентуална појава на пандемија од грип во Република Македонија.

Член 2

За претседател, заменици на претседателот и членови на Комитетот се определуваат:

а) за претседател - претседателот на Владата на Република Македонија, б) за заменици на претседателот - министерот за здравство, - министерот за земјоделство, шумарство и водосто-

панство, в) за членови - министерот за животна средина и просторно плани-

рање, - министерот за финансии, - министерот за внатрешни работи, - министерот за одбрана, - министерот за образование и наука, - директорот на Центарот за управување со кризи.

Член 3 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот

на објавувањето во „Службен весник на Република Маке-донија“. Бр. 19-795/1 Претседател на Владата 16 февруари 2006 година на Република Македонија, Скопје д-р Владо Бучковски, с.р.

__________

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ 374.

Врз основа на член 149-а, став 3 од Законот за персонални-от данок на доход ("Службен весник на РМ" број 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04 и 120/05), министерот за финансии донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ПОПОЛ-НУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСО-НАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД НА НЕОДАНОЧЕНИ

ИЛИ НЕДОВОЛНО ОДАНОЧЕНИ ПРИХОДИ Член 1

Со овој правилник се пропишува формата, содржина-та и начинот на пополнување на Пријавата за утврдување на персоналниот данок на доход на неоданочените или не-доволно оданочени приходи.

Член 2 Пријавата за утврдување на персоналниот данок на доход

на неоданочените или недоволно оданочените приходи со упатство за начинот на пополнување се поднесува на образе-цот "ПДД-НП" кој е составен дел на овој правилник.

Член 3 Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето

во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 10-8881/1 Министер за финансии, 10 март 2006 година м-р Никола Поповски, с.р.

Скопје

Page 4: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 4 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА 375.

Врз основа на член 88 став 10 од Законот за зашти-та на културното наследство („Службен весник на Ре-публика Македонија” бр. 20/04), министерот за култура донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА НАЧИНОТ И ПРОГРАМАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА КОНЗЕРВАТОРСКА ЛИЦЕНЦА И ЗА ОБРАЗЕЦОТ НА ЛИЦЕНЦАТА

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот и програ-мата за полагање испит за добивање на конзерваторска лиценца за вршење на работите на непосредна заштита на културното наследство од соодветната област со ко-ја лицето се стекнува со статус на овластен конзерва-тор (во натамошниот текст: испитот), како и образецот на лиценцата.

Член 2

Испитот се полага според Програмата за полагање ис-пит за конзерваторска лиценца (во натамошниот текст: Програма), која е составен дел на овој правилник.

Член 3

Испитот се полага пред Комисија на Министерство-то за култура за полагање испит за конзерваторска ли-ценца (во натамошниот текст: Комисија).

Комисијата е составена од претседател и шест чле-нови, кои се именуваат за период од четири години, со можност за повторно именување.

Претседателот и членовите на Комисијата се име-нуваат од редот на научните и стручните работници од областа на конзервацијата и заштитата на различни ви-дови недвижно и движно културно наследство, со тоа што претседателот и најмалку три члена на Комисијата се од редот на лицата со статус на овластен конзерва-тор.

Претседателот на Комисијата раководи со работата на Комисијата и се грижи за правилна работа на истата.

Во отсуство на претседателот, со Комисијата рако-води заменик на претседателот, определен од страна на претседателот од редот на членовите на Комисијата.

Комисијата има секретар, кој ги врши администра-тивните работи за спроведување на испитот.

Член 4

Испитот се состои од два дела, и тоа: 1. Одбрана на писмено изработена стручна тема од

областа на непосредната заштита на недвижното или движното културно наследство;

2. Познавање на прописите за заштита на културно-то наследство утврдени со Програмата од член 2 од овој правилник.

Првиот дел на испитот во смисла на став 1 точка 1 од овој член се води по тематските целини содржани во програмата, особено во поглед на историјатот на конзерваторските методи, начинот и условите на екс-понирање, сместување, чување, ракување и користење (за движното културно наследство), односно организа-ција на градилиштето (за недвижното културно нас-ледство), планираните мерки и методи на конзервација

на недвижно или движно културно наследство, систе-мот на документирањето и други прашања во врска со предложената методологија на непосредна заштита.

Вториот дел на испитот во смисла на став 1 точка 2 од овој член се води по прашања уредени со меѓуна-родните и националните прописи од областа на зашти-тата на културното наследство, предметни за непосред-на заштита на културното наследство.

Прашањата за вториот дел на испитот ги подготву-ва Комисијата.

Член 5 Кандидатот за полагање на испитот поднесува пис-

мена пријава до Комисијата од член 3 од овој правил-ник.

Кон пријавата од став 1 од овој член се поднесува: 1. Биографија; 2. Доказ за завршено високо образование од соод-

ветната област на заштита, односно заверен препис на диплома или уверение, односно нострифицирана дип-лома за завршени студии од областа на архитектурата, статиката, ликовната или применетата уметност, техно-логијата, хемијата, физиката, биохемијата или друга соодветна специјалност за непосредна заштита на нед-вижното или движно културно наследство;

3. Извод од матичната книга на родените; 4. Предлог на два наслова на теми за изработка на

стручна тема за непосредна заштита на недвижно или движно културно наследство.

Кандидатот кој е во работен однос кон пријавата поднесува и потврда за работното искуство од областа на конзервацијата.

Член 6 Комисијата ги разгледува пријавите според редос-

ледот на пристигнувањето, при што на записник кон-статира дали секоја пријава е комплетна во смисла на член 5 од овој правилник и дали пријавениот кандидат ги исполнува условите за полагање на испитот.

За кандидатот кој ги исполнува условите за полага-ње на испитот, Комисијата го утврдува составот на по-ткомисијата, од три члена, од редот на членовите на Комисијата, во зависност од струката на кандидатот.

Поткомисијата од став 2 на овој член ја утврдува стручната теме од член 4 став 1 точка 1 на овој правил-ник и го спроведува првиот дел од испитот.

Кандидатот се известува за избраната тема најдоцна петнаесет дена од денот на изборот на истата.

Доколку од страна на поткомисијата не бидат при-фатени предложените наслови на темите, односно таа не изврши избор на теми, кандидатот писмено се изве-стува за причините за неприфаќањето.

Во случаите од став 5 од овој член, кандидатот мо-же повторно да предложи два наслова на теми, во рок определен од Комисијата.

Доколку кандидатот не постапи во смисла на став 6 од овој член ќе се смета дека се откажал од полагањето на испитот.

Член 7 Времето потребно за изработка на стручната тема

не може да трае повеќе од шест месеци, сметано од де-нот на приемот на известувањето од член 6 став 4 од овој правилник.

Изработената стручна тема се доставува во осум примероци.

Page 5: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 5

Доколку кандидатот не ја достави темата во рокот од став 1 од овој член ќе се смета дека се откажал од полагањето на испитот.

Член 8

Претседателот на Комисијата го определува време-то и местото за полагање на испитот, при што се има предвид оддалеченоста од каде што доаѓа кандидатот и неговото ангажирање во работно време, доколку е во работен однос.

Како место на кое ќе се полага првиот дел на испи-тот може да се определи недвижното добро на кое се однесува стручната тема односно музеј, библиотека, кинотека или друга соодветна установа во зависност од видот на културното наследство на кој се однесува стручната тема што е предмет на одбрана.

Меѓу првиот и вториот дел на испитот има пауза од најмалку три дена.

Кандидатот се известува писмено еден месец пред одржувањето на испитот, за терминот и местото на одржувањето на испитот.

Член 9

Кандидатот кој нема да дојде да го полага испитот или дојде, а не полага, ќе се смета дека испитот не го полагал.

Кандидатот може да го одложи испитот пред тој да започне.

Полагањето на испитот може да се одложи поради болест, несреќа, смртен случај во семејството или дру-ги оправдани причини за кои кандидатот до Комисија-та доставува писмени докази.

За продолжување на рокот за полагање на испитот одлучува Комисијата.

По одобреното продолжување на испитот, кандида-тот продолжува да го полага испитот.

Член 10

Кандидатот кој го започнал првиот дел на испитот или примил прашања од вториот дел на испитот и се откаже од полагање, ќе се смета дека не го положил ис-питот.

Член 11

Резултатот од првиот дел на испитот се оценува со „одбранил” или „не одбранил”.

Доколку кандидатот не ја одбранил стручната тема се смета дека не положил.

Кандидатот од став 2 од овој член може да полага на истата тема само уште еднаш, со поднесување на нова пријава.

Кандидатот кој не го положил првиот дел на испи-тот не може да го полага вториот дел на испитот.

Член 12

Резултатот од вториот дел на испитот Комисијата го оценува со „положил” или „ не положил”.

Кандидатот кој не ќе го положи вториот дел на ис-питот може да го полага истиот најмногу уште два па-ти за време од дванаесет месеци, со поднесување на но-ва пријава.

Член 13

Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел на испитот се јавни.

Резултатот од полагањето на кандидатот му се со-општува веднаш по завршувањето на односниот дел на испитот.

За положениот испит на кандидатот веднаш му се издава потврда.

Член 14

За време на испитот се води записник за секој кан-дидат пооделно.

Во записникот се запишуваат датумот и местото на полагањето, личните податоци на кандидатот, составот на Комисијата, насловите на стручните теми, прашања-та и констатираните резултати од полагањето на испи-тот.

Записникот го потпишуваат претседателот, члено-вите и секретарот на Комисијата.

Член 15

На кандидатот кој го положил испитот, конзерва-торската лиценцата (во натамошниот текст: лиценца) му се издава најкасно петнаесет дена по завршувањето на испитот.

Лиценцата се издава на образец А-4 формат на спе-цијална хартија во мермер-меланж кашмир боја, со сув печат на Министерството за култура.

Образецот на лиценцата е составен дел на овој пра-вилник.

Член 16

Издадената лиценца се заменува со нова: 1. Кога има промена на личните податоци на нејзи-

ниот носител; 2. Кога поради дотраеност или оштетување стане

неупотреблива; 3. Кога е изгубена или на друг начин нејзиниот но-

сител останал без неа. Во случаите од став 1 точка 1 и 2 од овој член, прет-

ходно издадената лиценца се доставува веднаш до Мини-стерството за култура заради нејзино поништување.

Поништувањето на лиценцата се врши од тричлена комисија, од редот на вработените во Министерството за култура.

Изгубената односно исчезнатата лиценца носителот ја пријавува во Министерството за култура, најдоцна во рок од дваесет и четири часа.

Член 17 Евиденцијата која се води за секоја лиценца што е

издадена или заменета според одредбите на овој пра-вилник содржи: реден број, име и презиме на лицето на кое му се издава лиценцата, датум на издавањето на лиценцата и рубрика за забелешки во која се запишува-ат измените на податоците.

Редниот број од евиденцијата под кој е извршен уписот на податоците се впишува во лиценцата како нејзин регистарски број.

Член 18 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од

денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр. 31-1636/2 Министер за култура

09 март 2006 година Благој Стефановски, с.р. Скопје

Page 6: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 6 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

Page 7: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 7

П Р О Г Р А М А ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА

КОНЗЕРВАТОРСКА ЛИЦЕНЦА

I. ТЕМИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ СПОРЕД ВИДОВИТЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

АРХИТЕКТОНСКО И АРХЕОЛОШКО НАСЛЕДСТВО

1. Архитектонското и археолошкото наследство во Националната класификација на културното наследс-тво на Р. Македонија.

2. Главни карактеристики на архитектонското и ар-хеолошкото наследство:

- типови градби, конструктивни системи, техники на градење;

- интегрални делови/содржини на градбата (ѕидно сликарство, мозаик, камена/дрвена пластика).

3. Конзерваторски истражувања и практика: - историја и теорија на конзервацијата на археоло-

шкото и архитектонското наследство; - традиционални и современи системи на градење и

градежни материјали - идентификација, стандарди, компатибилност;

- утврдување на техничката состојбата на градбата; - причини и видови на оштетувања; - превентивни техники и методи на заштита (от-

странување на вегетација, покривање, потпирање и сл.);

- општи познавања на геомеханичките својства на теренот, климатските, сеизмичките и други (природни) услови важни за одвивање на конзерваторскиот про-цес;

- вид, обем и начин на изготвување на изведбена документација;

- подготовка и организација на работите во конзер-ваторскиот процес;

- мерки на безбедност при работа; - утврдување мерки на заштитен режим по завршу-

вањето на конзерваторските зафати со цел - опстојува-ње, развој и користење на доброто.

ЅИДНО СЛИКАРСТВО

1. Ѕидното сликарство во Р. Македонија – општи познавања на уметничките и техничко-технолошките особености на најзначајните остварувања во одредени историски периоди.

2. Конзерваторски истражувања и практика: - техники на ѕидно сликарство – фреско, секо, ком-

бинирани техники; - структура на ѕидното сликарство – подлоги и мал-

тери, врзива и пигменти; - извори за конзервацијата на ѕидното сликарство; - утврдување на техниката и состојбата (носач, под-

лога, сликан слој); - причини за оштетувањата (природни/биолошки,

човечки фактор); - соли и нивната растворливост (видови, идентифи-

кација и отстранување); - видови микроорганизми и метод(и) за нивно от-

странување; - физичко-хемиски истражувања за идентификација

и примена на материјали (неинвазивни и инвазивни ме-тоди и др.);

- конзерваторски методи (зацврстување/фиксирање, консолидација на пукнатини, чистење, отстранување на патина, флеки, стари и несоодветни премачкувања и сл.);

- ретуширање и реинтеграција на боите; - трансфер и враќање; - раслојување; - материјали и инструменти за конзервација (тради-

ционални/современи);

- вид и обем на изведбена документација; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки за безбедност при работа; - методи и пристап кон презентација; - мерки на превенција од оштетувања.

МОЗАИК 1. Главни карактеристики на видови мозаици: подни

мозаици во античка Грција и Рим, византиски и среднове-ковни подни и ѕидни мозаици, мозаични икони.

2. Материјали за изработка на мозаик (камен, мер-мер, стакло, стаклени пасти, позлата, глазирана кера-мика и др).

3. Техника(и) и технологија на изработка на мозаик. 4. Конзерваторски истражувања и практика: - извори за конзервација на мозаик; - современи методи за идентификација на материја-

лите (структура, својства) и нивната примената; - утврдување на техничката состојба; - причини за оштетувања – природни/климатски,

биолошки, човечки фактор; - превентивни техники и методи на заштита (от-

странување на вегетација, чистење, покривање, песоч-на покривка итн.);

- конзерваторски методи – консолидација, фиксира-ње на подлога (малтер), лепење на отпаднати делови, чистење на површината, вадење/ поставување/ прене-сување на мозаик, реконструкција на подлогата и на отпаднати делови;

- методи и пристап кон презентација и заштита/одр-жување на мозаичните површини;

- вид и обем на изведбената документација; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки за безбедност при работа.

ИКОНИ И ДРУГИ СЛИКАРСКИ ДЕЛА 1. Класификација на иконите и сликарските дела

според Националната класификација на културното наследство на Р. Македонија.

2. Конзерваторски истражувања и практика: - техника и технологија на изработка на икони и

други сликарски дела: носач (видови и начин на обра-ботка), подлога (платно/грунд; видови и состав - пол-нител, врзиво, пластификатор итн.), боен слој и позлата (пигменти и врзива, техники на позлатување), зашти-тен слој (видови на лакови, состав, начин на израбо-тка), опкови и друг вид апликации;

- историја на материјалите и извори за технологија-та и техниката на изработка на икони и на други сли-карски дела;

- утврдување на техничката состојба; - причини за оштетувања – микро - климатски/био-

лошки/човечки фактор; - физичко-хемиски анализи на видовите оштетувања; - современи методи за идентификација на материја-

лите (структура, својства) и нивната примена примена; - конзерваторски методи (консолидација, трансфер

на нов носач, реконструкција, раслојување, чистење и регенерација на лак, рентулажа и др.);

- фактори кои влијаат при изборот на конзерватор-скиот метод (состојба/зачуваност, функција и сл.);

- вид и обем на изведбената документација; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки на безбедност при работа; - мерки за превенција од оштетување на делата за

време на чување, експонирање и транспорт. ПРЕДМЕТИ ОД СТАКЛО/КЕРАМИКА/МЕТАЛ/КА-МЕН/ДРВО

1. Класификација на предмети од стакло/керами-ка/метал/камен/дрво во Националната класификација на културното наследство во Р. Македонија.

Page 8: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 8 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

2. Техника и технологија на изработка на предмети од стакло/керамика/ метал/камен/дрво и апликации од други материјали.

3. Познавања на ликовни и вајарски техники и ме-тоди.

4. Конзерваторски истражувања и практика: - теорија/извори за конзервација на предмети од

стакло/ керамика/ метал/ камен/дрво; - селекција и класификација на зачувани предмети

или делови од стакло/керамика/метал/камен/дрво; - физичко-хемиски анализи и други методи за утвр-

дување на структурата, квалитетот и начинот на изра-ботка на предмети од стакло/керамика/метал/камен/др-во;

- утврдување на состојбата на дела од стакло/кера-мика/метал/камен/дрво или на одделни зачувани фраг-менти;

- причини и видови на оштетувања – природни/био-лошки/човечки фактор(и);

- превентивни техники и методи на заштита (при пронаоѓање, транспорт, времено депонирање и во те-кот на конзерваторскиот процес);

- конзерваторски техники и методи - чистење, им-прегнирање, консолидација, лепење, лиење, изработка на калапи, моделирање рекомпонирање, реставрација, реконструкција, фумигација и др;

- материјали за конзервација – врзива, лепила, пиг-менти, лакови, позлата, реагенси, растворувачи/ разре-дувачи, емулзии и др.;

- вид и обем на изведбената документација; - чување и презентација на предмети или делови од

стакло/керамика/метал/камен/дрво; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки на безбедност при работа.

ДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО РАБОТЕНО НА ПОДЛОГА ОД ЦЕЛУЛОЗА И КОЖА

1. Класификација на движно културно наследство и уметнички предмети работени на подлога од целулоза и кожа во Националната класификација на културното наследство на Р. Македонија.

2. Видови и начин на припрема на подлоги – целу-лозна (хартија, папирус итн.) и кожна (пергамент, друг вид кожа).

3. Средства за пишување/цртање (сликање) – туш, мастило, молив, бои/пигменти итн.;

4. Материјали за подврзување. 5. Конзерваторски истражувања и практика: - теорија/извори за конзервација на дела работени

на подлога од целулоза и кожа; - селекција и класификација на зачувани дела или

делови/фрагменти работени на подлога од целулоза и кожа;

- физичко-хемиски анализи за утврдување на стру-ктурата, квалитетот, начинот на изработка и употреба-та на средства за пишување/ цртање (сликање) на дела работени на подлога од целулоза и кожа;

- утврдување на состојбата или на делови/ фрагмен-ти;

- причини и видови на оштетувања – природно ста-реење, биолошки, физичко-хемиски и механички фа-ктор(и);

- превентивни техники и методи на заштита (при пронаоѓање, транспорт, времено депонирање и во те-кот на конзерваторскиот процес);

- конзерваторски техники и методи - чистење (де-зинфекција, неутрализација и др.), консолидација, ле-пење, рекомпонирање, реставрација, реконструкција и др.;

- материјали за конзервација – лепила, пигменти, реагенси, растворувачи/ разредувачи, мастила, емулзии и др.;

- вид и обем на изведбената документација;

- начин на чување - сместување, ракување и сл.; - начин на експонирање; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки на безбедност при работа.

ПРЕДМЕТИ ОД ТЕКСТИЛ 1. Класификација на текстилни предмети во Нацио-

налната класификација на културното наследство на Р. Македонија.

2. Техника и технологија за изработка на ткаен /плетен/везен предмет, со додатоци/апликации.

3. Класификација на текстилните влакна и нивни основни карактеристики (природни, вештачки, комби-нација).

4. Конзерваторски истражувања и практика: - теорија/ извори за конзервација на текстилни

предмети; - анализи за утврдување на структурата, квалитетот

и техниката на изработка на текстилни предмети; - методи за утврдување на видот на текстилните

влакна (согорување, опип, лупа, микроскоп, ултравио-летови зраци);

- причини и видови на оштетувања – природно ста-реење,/биолошки/физичко-хемиски и механички фа-ктор(и);

- превентивни техники и методи на заштита (при пронаоѓање, транспорт, времено депонирање и во те-кот на конзерваторскиот процес);

- конзерваторски техники и методи - чистење, рач-но обновување, лепење, комбинација на техники и ме-тоди;

- материјали и инструменти за конзервација – кон-ци (памучни, ленени, свилени и др.), видови на платна (за подлога на оштетени делови), четки, корита и др.;

- вид и обем на изведбената документација; - начин на чување - сместување, ракување и сл.; - начин на експонирање; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки на безбедност при работа. ФИЛМСКА ЛЕНТА 1. Класификација на филмска продукција во Нацио-

налната класификација на културното наследство на Р. Македонија.

2. Основни карактеристики на филмска лента (ди-мензии, состав, техника).

3. Конзерваторски истражувања и практика: - теорија/извори на конзервација на филмската лен-

та; - методи за кинотечна обработка на филм – технич-

ка, филмолошка; - видови на оштетувања на филмска лента–меха-

нички, хемиски; - превентивни техники и методи на заштита (при

пронаоѓање, транспорт, привремено депонирање и во текот на конзерваторскиот процес);

- конзерваторски техники и методи - чистење, лепе-ње, перфорација, понатамошна лабораториска обрабо-тка);

- вид и обем на изведбена документација; - начин и услови за чување, ракување, пакување и

сл.; - подготовка и организација на работите во конзер-

ваторскиот процес; - мерки на безбедност при работа. II. ТЕМИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА НОРМАТИВНИОТ

ДЕЛ НА ИСПИТОТ 1. Меѓународни прописи (а) Конвенција за заштита на културните добра во

случај на вооружен судир, Хаг, 14 мај 1954 година;

Page 9: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 9

(б) Прв протокол на Хашката конвенција од 1954 година,14 мај 1954 година;

(в) Втор протокол на Хашката конвенција од 1954 година, 26 март 1999 година;

(г) Конвенција за мерките за забрана и спречување на недозволен увоз, извоз, и пренос на сопственост на културните добра, Париз, 14 ноември 1970 година;

(д) Европска конвенција за заштита на археоло-шкото наследство, Лондон, 6 мај 1969 година;

(ѓ) Ревидирана европска конвенција за заштита на археолошкото наследство, Валета, 16 јануари 1992;

(е) Европска конвенција за заштита на архитектон-ското наследство, Гранада, 3 октомври 1985 година;

(ж) Конвенција за заштита на светското културно и природно наследство, УНЕСКО, Париз, 1972.

2. Национални прописи - Закон за култура - Закон за заштита на културното наследство - Закон за просторно и урбанистичко планирање - Закон за градење - Закон за музеите - Закон за библиотеките - Закон за задолжителен примерок - Закон за авторско право и сродните права - Подзаконски акти за соодветните области.

__________

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 376.

Врз основа на член 200-к став 4 од Законот за здрав-ствена заштита (“Службен весник на РМ“ бр. 38/91, 46/93, 55/95, 10/04, 84/05 и 111/05), министерот за здрав-ство донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОРГАНИ-ЗАЦИОНИТЕ ЕДИНИЦИ ВО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕ-НИ УСТАНОВИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗДАВААТ

ПОД ЗАКУП

Член 1 Со овој правилник се утврдуваат критериумите врз

основа на кои се утврдува кои организациони единици во јавните здравствени установи кои вршат итна меди-цинска помош и домашно лекување, итна стоматоло-шка помош, превентвина здравствена заштитана преду-чилишни и училишни деца до 18 години, поливалентна патронажа, делови од службите за медицина на трудот и превентивна стоматолошка заштита, не можат да се издаваат под закуп.

Член 2

Во јавните здравствени установи кон кои гравити-раат повеќе од 30.000 население не се издава под закуп просторот и опремата на организационите единици за итна медицинска помош со најмалку пет медицински тимови (доктор на медицина, медицинска сестра, возач и специјално возило за итна медицинска помош) и че-тири медицински сестри, со кои се обезбедува конти-нуирана итна медицинска помош во три смени, за по-драчјето кое го покрива јавната здравствена установа.

За секои натамошни 10.000 до 15.000 население се додава уште по еден медицински тим за итна меди-циснка помош.

Член 3

Во седиштето на јавната здравствена установа кон кој гравитираат повеќе од 20.000 население, не се изда-ваат под закуп просторот и опремата на организациони единици за итна медицинска помош со најмлку три до

четири медицински тима во јавната здравствена уста-нова, кои ќе работат во ноќна смена и во деновите на викендите и празниците и четири медицински сестри.

Член 4

Во седиштето на јавната здравствена установа кон која гравитираат помалку од 20.000 население, не се издаваат под закуп простор и опрема за итна медицин-ска помош, како и службата за санитетски превоз со соодветен број на санитетски и други возила и возачи каде итна медицинска помош обезбедуваат сите матич-ни лекари по пат на дежурство и за четирите медицин-ски сестри.

Член 5

За дејноста на домашно лекување, не се издава под закуп просторот и опремата за службата за домашно лекување за најмалку еден медицински тим (доктор на медицина и медицинска сестра, возач и возило), за се-кои 30.000 население.

Член 6

Во јавните здравствени установи кон кои гравити-раат повеќе од 70.000-100.000 население не се издава под закуп простор и опрема за итна стоматолошка по-мош во трета смена од најмалку три стоматолошки ти-ма (доктор на стоматологија и асистент).

Член 7

Во јавните здравствени установи не се издаваат под закуп организационите единици за првентивна здрав-ствена заштита на предучилишни и училишни деца со по еден медицински тим (доктор на медицина и меди-цинска сестра) на секои 2.000 предучилишни деца, од-носно 3.000 училишни деца до 18 годишна возраст.

Ако на подрачјето на јавната здравствена установа вкупниот број на деца е помал од 2.000 не се издава под закуп простор и опрема за еден медицински тим за сите деца.

Член 8

Во јавните здравствени установи не се издава под закуп просторот и опремата за службата за поливалент-на патронажа со една медицинска сестра на секои 150-200 доенчиња и мајки.

Член 9

Во јавните здравствени установи не се издава под закуп службата за превентивната стоматолошка зашти-та на деца со еден стоматолошки тим (доктор на стома-тологија и асистент) за секои 4.500 деца до 14 годишна возраст.

Член 10 Делови од службата за медицина на трудот во јав-

ните здравствени установи кон кои гравитираат повеќе од 10.000 вработени, не се издаваат под закуп просто-рот и опремата на службите кои обезбедуваат средства за работа од здравствени услуги кои работодавците се должни да ги обезбедуваат за своите работници во сог-ласност со прописите за заштита при работа.

Член 11

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де-нот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 01-2827/1 Министер, 9 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р. Скопје

Page 10: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 10 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

377. Врз основа на член 8 од Законот за безбедност на

храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“Сл. весник на Република Маке-донија“ бр. 54/2002), министерот за здравство донесе

П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ

НА БРЗО ЗАМРЗНАТИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните бара-

ња за брзо замрзнатите прехранбени производи. Член 2

Во смисла на овој правилник под “Брзо замрзнати пре-хранбени производи “ се подразбираат производите што биле подложени на процес на брзо замрзнување, со кој зо-ната на максимално кристализирање е премината на најбрз можен начин во зависност од видот на производот, а добие-ната температура на производот (после термичката стаби-лизација) се одржува постојано на ниво од - 18 C˚ или по-ниско во сите делови на производот.

Член 3 Суровините кои се употребуваат при производство

на брзо замрзнати прехранбени производи треба да се со добар пазарен квалитет и да го поседуваат потреб-ното ниво на свежина.

Подготовката и брзото замрзнување на производите тре-ба да се извршат на најбрз можен начин, со употреба на со-одветна техничка опрема, со цел хемиските, биолошките и микробиолошките промени да се сведат на минимум.

Член 4 За директен контакт со брзо замрзнатите прехранбени

производи се употребуваат следните криогени медиуми: - воздух - азот - јаглероден двооксид.

Член 5 Температурата на сите замрзнати прехранбени произво-

ди мора да е стабилна и да се одржува во сите делови на про-изводот на - 18 C ̊или помалку, со можни краткотрајни по-качувања при транспортот не поголеми од 3C .̊

Член 6

Техничката опрема што се користи за брзо замрзну-вање, складирање, транспорт, доставувањето во тргов-ската мрежа вклучувајќи ги и разладните витрини во објектите за трговија на мало, треба да биде во соглас-ност со одредбите од овој правилник.

Член 7

Брзо замрзнатите прехранбени производи наменети за крајните потрошувачи треба да бидат спакувани во соодвет-но пакување кое ги штити од сушење и од микробиолошка или друга форма на надворешна контаминација.

Член 8

Означувањето на брзо замрзнатите прехранбени производи се врши согласно прописите за означување на прехранбени производи, а ги содржи и следните до-полнителни податоци:

- кон името на прехранбениот производ се додава ознаката ”брзо замрзнат“

- како дополнување на датумот на минимален рок на траење, треба да се наведе рокот во кој потрошува-чот може да ги чува брзо замрзнатите прехранбени производи, температурата на чување и /или видот на опремата за чување

- да се наведе укажување: “да не се замрзнува по-вторно после одмрзнувањето“.

Член 9 При означување на брзо замрзнатите прехранбени

производи кои не се наменети за продажба на крајниот потрошувач или се наменети за рестораните, болници-те, кантините и други објекти за јавна исхрана, се наве-дуваат само следните податоци:

- името на производот дополнет со “брзо замрзнат“ - нето-тежината, изразена во тежински единици - податоци за идентификација на серијата на производот - име или деловно име и адреса на производителот

или на пакувачот, или на продавачот. Податоците од став 1 на овој член се наведуваат на

пакувањето, садот или на обвивката, односно на зале-пена етикета.

Член 10

Транспортните средства и уредите за чување на бр-зо замрзнатите прехранбени производи треба да бидат опремени со соодветни регистрирачки мерни инстру-менти за следење, во чести и правилни интервали, на температурата на воздухот на која се изложени пре-хранбените производи.

Температурните записи треба да се чуваат најмалку една година, а во зависност од видот и рокот на траење на брзо замрзнатите прехранбени производи и подолго.

Инсталираните мерни инструменти треба да ги за-доволуваат соодветните технички стандарди, за што треба да има писмен документ.

Температурата на воздухот во разладните витрини во трговските објекти на мало и во текот на доставува-њето во трговската мрежа, треба да се мери со најмал-ку еден термометар поставен на видно место.

Отворените разладни витрини треба да имаат: - јасно означена линија која го обележува макси-

малниот капацитет на витрина; - термометар кој ја отчитува температурата на воз-

духот во задниот дел на витрината и истиот да е поста-вен на ниво на линијата, која означува максимален ка-пацитет на витрината.

Разладните уреди со капацитет под 10 кубни метри кои се користат за чување на брзо замрзнатите пре-хранбени производи во трговските објекти за трговија на мало, не треба да имаат регистрирачки мерен ин-струмент, туку треба да се снабдени со еден термоме-тар поставен на видно место.

Член 11

Со денот на влегувањето на Република Македонија во Европската унија, престанува да важи член 10 од овој правилник.

Член 12

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија“.

Бр. 20-2614/1 Министер за здравство, 6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р.

Скопје __________

378. Врз основа на член 8, став 1 од Законот за безбед-

ност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“Службен весник на Ре-публика Македонија” бр. 54/2002), министерот за здрав-ство донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРИРОДНАТА МИНЕРАЛНА ВОДА

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат посебните бара-ња за безбедноста на природната минерална вода.

Page 11: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 11

Член 2 Одредбите на овој правилник се однесуваат на сите

пакувани природни минерални води понудени за про-дажба како храна.

Минерални води се сите природни води кои служат за јавно водоснабдување на населението со вода за пие-ње и производство на прехранбени производи, но меѓу-себно се разликуваат според содржината на минерали, олигоелементи или други состојки кои поволно влијаат на организмот.

Член 3

Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење:

1. Под безбедност на природната минерална вода се подразбира здравствено исправна природна минерална вода наменета за консумирање од страна на човекот што не содржи микроорганизми, биолошки материи, физички и хемиски супстанци и радиолошки особини кои се штетни по здравјето на човекот, како и да одго-вара во однос на органолептичките својства на природ-ната минерална вода за пиење.

2. Под квалитет на природна минерална вода се по-дразбира природна минерална наменета за консумира-ње од страна на човекот што не содржи микроорганиз-ми, физички и хемиски супстанци кои се штетни по здравјето на човекот, како и да одговара во однос на органолептичките својства на истата.

3. Извориште на природна минерална вода е место на кое се зафаќа вода за црпење (извор, бушен/копан бунар) заради пакување на природната минерална вода.

Член 4

Одредбите на овој правилник не се применуваат на: - природни минерални води кои се прогласени за

лековити, како и води кои се користат за терапевтски цели на самиот извор и

- природни минерални води кои се продаваат или користат за други цели.

Член 5

Природната минерална вода се добива така што од подземниот слој блика на површина од еден или пове-ќе извори, кладенци, бунари - копани или бушени.

Природната минерална вода ги има следните кара-ктеристики и тоа:

- карактеристичен состав на поедини минерални со-ли, присуство на микроелементи и др;

- се зафаќа директно од природни или каптирани извори од подземните води;

- своја постојаност во составот и температурата во различни годишни сезони, како и бактериолошка, пара-зитолошка, физичко-хемиска и радиолошка исправ-ност;

- се полни единствено со опрема и во садови во оригинална амбалажа дозволени за прехранбена упо-треба според Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, со што се обезбедува безбедноста на водата;

- се полни блиску до местото на извориштето со во-обичаени мерки за хигиенска претпазливост, а доводот на природната минерална вода се врши со цевковод;

- амбалажата во која се полни природната минерал-на вода мора да биде од материјал кој не менува ниту едно од својствата на водата;

- материјалот од којшто се направени цевководите не треба да отпушта токсични материи во природната минерална вода, кое се потврдува со сертификат (атест) од акредитирана лабораторија, а се приложува кон барањето за добивање на согласност пред предава-ње во употреба на новоизграден објект за полнење на природна минерална вода во оригинално пакување на-менета за пазар и

- не се врши никаков третман, освен оние дозволе-ни во член 7 од овој правилник.

Карактеристиките од став 2 на овој член, кои на природната минерална вода и даваат одредени својс-тва, се утврдуваат врз основа на:

- геолошките и хидролошките испитувања на тере-нот и

- физички, хемиски, физичко-хемиски, бактериоло-шки, паразитолошки анализи, анализи на резидуи од пестициди и радиолошки анализи.

Хемискиот состав на основните состојки, темпера-турата и други значајни услови за природната минерал-на вода треба да бидат стабилни и во границите на при-родно колебање, односно не треба да бидат изменети во текот на експлоатацијата.

Член 6 Природната минерална вода може да биде: 1. Природно газирана природна минерална вода,

која ја има истата содржина јаглерод диоксид на изво-риштето после декантација/ако истата се изведува/, зе-мајќи го во обзир и повторното внесување на јаглерод диоксид кој од таа вода претходно е издвоен со дозво-лена техничка толеранција со која е пропратена опера-цијата на квантитативно враќање на тој гас.

2. Негазирана природна минерална вода, која после пакувањето не содржи слободен јаглерод диоксид во поголема концентрација од онаа неопходна да ги задр-жи растворените бикарбонатни соли.

3. Дегазирана природна минерална вода која после можен третман во согласност со стандардите и после полнењето содржи помала количина на јаглерод дио-ксид, одошто како на извориштето и не се ослободува спонтано за да биде видливо под нормални услови и притисок.

4. Природна минерална вода збогатена со јаглерод диоксид од извориште која после можен третман сог-ласно член 7 од овој правилник и после полнењето со-држи поголема количина на јаглерод диоксид, одошто како на извориштето и

5. Газирана природна минерална вода која после можен третман и полнење е газирана со јаглерод дио-ксид од друго потекло.

Член 7

Природната минерална вода на самото извориште може да подлежи на примена на одредени одобрени третмани со што се подобрува нејзиниот состав и квалитет.

Производителот на природната минерална вода превзема мерки неопходни за гарантирање дека трет-манот е ефективен и безбеден.

Од природната минерална вода се сепарираат одре-дени состојки, како што се железо, манган, сулфур, ар-сен и други карактеристични елементи со физички третмани /методи како декантација (таложење) и/или филтрација, а доколку е неопходно, забрзани со прет-ходна аерација.

Третманот на природната минерална вода може да се врши единствено ако останатиот дел од минерални-от состав на водата што и ја дава особеноста, остане неизменет.

Потполното или делумното издвојување на јагле-род диоксидот од природната минерална вода се врши исклучиво со физички постапки и може да се додаде или повторно да се додаде издвоениот јаглерод дио-ксид.

Не се додаваат дезинфекциони средства или било какви хемиски средства за спречување на промени во природната минерална вода, освен постапките од став 1, 2 и 3 на овој член.

Третман со озон збогатениот воздух на природните минерални води, се врши само со авторизирана постап-ка и единствено ако минералниот состав на водата остане неизменет.

Page 12: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 12 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

Природните минерални води, пред третманот ги ис-полнуваат микробиолошките параметри според член 21 од овој правилник.

Третманот со озон на минералните води не треба да доведе до формирање на резидуи со концентрации кои ги надминуваат: растворен озон-50 µg/l, бромати-3 µg/l и бромоформ 1 µg/l (МДК).

Член 8

Извориштето на природната минерална вода треба да биде заштитено од можна контаминација со опреде-лување на зони за заштита на квалитетот и штедроста на водата. Инсталациите наменети за експлоатација на природната минерална вода (цевководот, цевките и ре-зервоарите) треба да бидат направени од материјал ате-стиран за производство и чување на храна и потполно затворени од извориштето до местото на полнење, со што би се спречила контаминацијата на природната минерална вода.

Опремата за полнење треба да обезбеди безбедна природна минерална вода. При производство на при-родна минерална вода треба да се придржува кон пра-вилата за добра производствена и добра хигиенска пра-кса во согласност со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во кон-такт со храната.

Опремата за полнење на природна минерална вода и нејзиното користење, особено делот за миење на ши-шињата и за пакување, треба да ги исполнуваат хиги-енските барања утврдени во Правилникот за општите барања за хигиена на производите.

Транспортот на природна минерална вода во ци-стерни не може да се врши пред пакувањето.

Член 9

Означувањето на природна минерална вода, треба да содржи:

- име на природна минерална вода; - во кој вид на природна минерална вода спаѓа спо-

ред член 6 од овој правилник; - име на трговското друштво кое ја произведува во-

дата; - место и име на извориштето; - дата на полнењето и рок на употреба или “упо-

требливо до”; - нето количина; - задолжителни податоци за означување добиени со

хемиска анализа на природна минерална вода во мг/л - минерализација (натриум, калиум, калциум, магнези-ум, хлориди, сулфати, бикарбонати и сув остаток на 180оС) и јаглерод диоксид;

- име на акредитирана лабораторија во која е извр-шена лабораториската анализа на природната минерал-на вода, лабораториски број и датум на анализата;

- ако природната минерална вода е третирана со озон збогатен воздух, на означувањето треба да пишу-ва “озонирана”;

- означувањето треба да биде лесно уочливо, јасно и читливо. Тоа не треба да содржи ознаки, слики или цртежи кои би можеле да го доведат во заблуда потро-шувачот во поглед на потеклото и квалитетот на при-родната минерална вода и

- реден број од Регистарот на производители на Ди-рекцијата за храна.

Името на производот треба да биде “природна ми-нерална вода”.

Доколку во промет се пушти природна минерална во-да од која со физичка постапка делумно или потполно е одстранет јаглерод диоксидот означувањето на таа при-родна минерална вода треба да ги содржи и следните збо-рови: “делумно дегазирана” или “потполно дегазирана”.

Член 10 Ако на амбалажата на природната минерална вода

нема означување, или е истечен рокот за употреба озна-чен на означувањето, или доколку означувањето не ги содржи сите елементи пропишани со овој правилник, природната минерална вода која се пушта во промет во оригинално пакување се смета за небезбедна во соглас-ност со Законот за безбедност на храната и на произво-дите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната.

Водата од став 1 на овој член се става вон промет без лабораториско утврдување на квалитетот и безбед-носта.

Член 11

Природна минерална вода од исто извориште може да носи едно единствено трговско име.

Природната минерална вода може да се меша од повеќе извори на едно изворишно подрачје, со ист фи-зичко-хемиски состав, во кој случај природната мине-рална вода има име на еден од изворите, односно изво-ришното подрачје при што е потребно да била запазена целата постапка за студиско-истражни работи за однос-ните природни минерални води.

Член 12

Означувањето на природната минерална вода треба јасно да се разликува од обичната пакувана вода за пи-ење и да не се користи означување кое би предизвика-ло забуна кај потрошувачите.

Означувањето да не содржи зборови со кои се твр-дат медицински (превентивни, олеснувачки/ублажу-вачки или куративни/лековити) ефекти кај луѓето во однос на состојките на природната минерална вода.

Индикациите и критериумите наведени во табелата во Прилог 4 од овој правилник, се одобруваат доколку ги исполнуваат потребните критериуми утврдени во таа табела, под услов истите индикации да се подготве-ни врз основа на хемиско-физички анализи и онаму ка-де што е потребно фармаколошки, физиолошки и кли-нички испитувања спроведени во согласност со утврде-ните научни методи.

На означувањето може да стои следното: ״ го сти-мулира варењето на храната״ или ״ ги олеснува хепато-целуларните функции ״ или слични индикации, кои се во согласност со ставовите 2 и 3 од овој член.

Член 13

Според вкупната содржина на минерали, природна-та минерална вода може да биде означена како:

- природна минерална вода со многу ниска содржи-на на карактеристичните минерални соли до 50 mg/l (пресметана како сув остаток на 1800С);

- природна минерална вода со ниска содржина на карактеристичните минерални соли до 500 mg/l (прес-метана како сув остаток на 1800С);

- природна минерална вода, кај која содржината на карактеристичните минерални соли (пресметана како сув остаток на 1800С) е поголема од 500 mg/l, но е по-мала од 1500 mg/l и

- природна минерална вода богата со минерални со-ли, кај која содржината на минерални соли (пресметана како сув остаток на 1800С) е поголема од 1500 mg/l.

Член 14

Ако природната минерална вода содржи повеќе од 1 мг/л флуориди, следниот термин може да се назначи на означувањето како дел од или веднаш до името на производот, или на друга истакната позиција: “содржи флуориди”.

Ако природната минерална вода содржи повеќе од 1,5 mg/l флуориди следната реченица треба да биде на означувањето: “производот содржи повеќе од 1,5 mg/l флуориди: не е погоден за редовно/постојано користе-ње за доенчиња и деца под седум годишна возраст”.

Page 13: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 13

Член 15 Пакуваната природна минерална вода, не треба да

ги содржи следните параметри над максимално дозво-лени концентрации:

- антимон Sb 0,005 mg/l - арсен As 0,01 mg/l (изразен како вкупен As) - бариум Ba 1,0 mg/l - борати B 1 mg/l (изразени како В) - кадмиум Cd 0,003 mg/l - хром Cr 0,05 мг/л (изразен како вкупен Cr) - бакар Cu 1,0 mg/l - цијаниди CN 0,07 mg/l (изразени како CN) - флуориди F 5 mg/l (изразени како F) - олово Pb 0,01 mg/l - манган Mn 0,5 mg/l - жива Hg 0,001 mg/l - никел Ni 0,02 mg/l - амонијак NH4 0,5 mg/l - нитрати NO3 50 mg/l (изразени како нитрати) - нитрити NO2 0,1 mg/l (изразени како нитрити)1 1 Се воспоставува како квалитативен лимит (со иск-

лучок на доенчиња) - фосфати PO4 0,4 mg/l - селен Se 0,01 mg/l - цинк Zn 5,0 mg/l - вкупна α активност со Ra-226, Rn-222, U-природен 0,5 Bq/l* - вкупна β активност, К-40, Н-3 1,о Bq/l*, овие вред-

ности треба да се третираат како индикативни, односно појдовни мониторинг вредности.

*Во случаите кога вкупната алфа или вкупната бета активност ги надминуваат параметриските вредности, треба да се идентификуваат и одредат носителите на зголемената активност, односно нивните специфични активности. Водата ќе биде добра за употреба, ако спе-цифичните активности на носителите не ги надминува-ат изведените концентрации:

- H-3 (Трициум) 100 Bq/l - Вкупна индикативна доза 0,1 mSv/god. Пакувана природна минерална вода наменета за пазар

не треба да ги содржи следните контаминенти: феноли, по-вршински активни материи3, пестициди3, полихлорирани бифенили3, минерални масла3 и полинуклеарни ароматич-ни јагленоводороди3 (3 времено прифатени што чекаат ела-борација на соодветни методи на анализи ).

Карактеристиките за анализирање на параметрите од став 1 на овој член се дадени во Прилог бр.1.

Член 16 Содржината на јаглерод диоксид во природна мине-

рална вода не треба да биде поголема од 8 g/l. Член 17

Дозволеното отстапување од означената нето содр-жина изнесува за пакување од: ≥1L ±1,5% и

<1L ±2,5%.

Член 18 Правните и физичките лица кои вршат геолошки и

хидролошки испитувања на теренот на кој се очекува наоѓалиште на природна минерална вода, ги обезбеду-ваат следните податоци:

- точна ситуација на одредена каптажа на извори-штето со ГПС опрема (систем за глобално позициони-рање со точност од најмалку 1 метар), со надморска ви-сочина, а за оценка на типографијата-карта во размер 1:1000;

- детален геолошки приказ на природата на теренот и постанок на изворот;

- стратиграфија на хидрогеолошкото наоѓалиште на водата;

- опис на развојот на каптажата; - маркирање на развојот или детали за други мерки

со кои се штити извориштето и - доказ за концесија.

Член 19 Барањата за физички, хемиски, физичко-хемиски и

биолошки испитувања на извориштето на природна минерална вода опфаќаат:

- издашност на извориштето; - температура на водата на извориштето и темпера-

тура на околината; - врска помеѓу природата на теренот и природата на

типот минерали во водата; - сув остаток на 1800С; - електроспроводливост на природната минерална вода; - рН; - анјони и катјони; - нејонизирани елементи; - елементи во трагови; - присуство на радионуклеиди; - микробиолошка исправност и - токсичност на некои состојки на водата, земајќи

ги во обзир максимално дозволените концентрации. Во текот на студиско-истражни работи во новите

зафати на вода, преглед на природната минерална вода, се врши најмалку четири пати годишно (во различни годишни сезони) во календарска година во акредитира-на лабораторија, во обем согласно прописите за безбед-ност на водата за пиење.

Член 20 Кај постојните изворишта, преглед на природната

минерална вода од извориштето се врши најмалку чети-ри пати годишно (во различни годишни сезони), или на основа на хигиенско-епидемиолошки индикации, во сог-ласност со прописите за безбедност на водата за пиење.

Ако во текот на користењето-експлоатацијата ква-литетот на природната минерална вода се промени, експлоатацијата на извориштето се прекинува, ако не е можен дозволен третман наведен во член 7, ставовите 1, 2 и 3 од овој правилник. Кога причината за загадува-ње ќе престане да постои и ќе се изврши периодична контрола на природната минерална вода од акредити-рана лабораторија, со докажана безбедност на водата, производителот би можел да продолжи со работа.

Минималната фреквенција на земањето примероци и на анализата на природната минерална што се полни во шишиња или во садови заради продажба се дадени во Прилог бр.2 на овој правилник.

Член 21 Во природните минерални води, на извориштето,

дозволено е до 5 аеробни мезофилни бактерии во 1 мл после инкубација на температура од 370С во време од 24 часови, или 20 аеробни мезофилни бактерии во 1 мл после инкубација на хранителен агар на температура од 20-220С во време од 72 часови.

После пакувањето на природната минерална, вкуп-ниот број на аеробни мезофилни бактерии не треба да биде поголем од 20 на 1ml после инкубација на храни-телен агар на температура од 370С во време од 24 ча-сови, или 100 аеробни мезофилни бактерии во 1 ml после инкубација на хранителен агар на температура од 20-220С во време од 72 часови . Вкупниот број на аеробни мезофилни бактерии се одредува најдоцна 12 часа после полнењето на вода во амбалажа, со назнака да земениот примерок бил чуван на 4+10С.

Вкупниот број на аеробни мезофилни бактерии во природна минерална вода во промет, може да биде ре-зултат на нормалниот развој на природната микрофлора на извориштето, така да без обзир на вредностите наве-дени во став 2 на овој член тоа не значи загадување.

Природна минерална вода на извориштето и во про-мет, не треба да содржи патогени микроорганизми, па-разити, Esherihia colli, вкупни колиформни бактерии, Streptokokus fekalis и Pseudomonas aeruginoza во 250 ml испитуван примерок, како и сулфито редуцирачки клостридии (спорогени анаеробни бактерии) во 50 мл испитуван примерок.

Page 14: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 14 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

Испитувањето на видовите на патогени микроорга-низми, паразити, Escherichia coli, вкупни колиформни бактерии, Streptococcus faecalis и Pseudomonas aerugi-noza како и бројот на испитувањата се дадени во При-лог бр. 3 на овој правилник.

Методата за испитување на колиформните бакте-рии, термотолерантните колиформни бактерии и Esche-richia coli се врши според ISO 9308-1 со мембран фил-трација.

Член 22

Дозволеното отстапување од физичко-хемискиот состав на природна минерална вода во означувањето може да биде означено до ±20% сметано за вкупните состојки наведени во означувањето.

Член 23

Природна минерална вода може да има карактери-стичен мирис и вкус кои потекнуваат од нејзиниот фи-зичко-хемиски состав во границите утврдени со овој правилник.

Член 24

Природната минерална вода се пакува за продажба во херметички затворени садови погодни за превенција од можно расипување или контаминација на водата и се чуваат во темни и студени простории.

Член 25

Одредбите од овој правилник се применуваат и врз увезените природни минерални води што се пуштаат во промет на домашниот пазар, како и врз природни минерални води што се извезуваат.

Член 26

Прилог бр. 1, Прилог бр. 2, Прилог бр. 3 и Прилог бр. 4 се составен дел на овој правилник.

Член 27

Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалите-тот на природната минерална вода (“Службен лист на СФРЈ” бр. 58/78).

Член 28

Одредбите на член 15 алинеите 2, 10 и 18 од овој правилник, ќе се применуваат по шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој правилник, а одредбите на алинеата 9 и 13 ќе се применува од 01.01.2008 година.

Член 29

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр. 20-2610/1 Министер за здравство, 6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р.

Скопје

Прилог бр. 1 Карактеристики на перформансите за анализи-

рање на параметрите

Параметри

Точност во пара-метри-ската

вредност во %

(Забеле-шка 1)

Прециз-ност во параме-триската вредност во %

(Забеле-шка 2)

Лимит на детекција во % на па-раметри-ската вред-

ност (Забеле-шка 3)

Забелешки

Антимон 25 25 25 Арсен 10 10 10 Бариум 25 25 25 Кадмиум 10 10 10 Хром 10 10 10 Бакар 10 10 10

Цијаниди 10 10 10 Забелешка 4Флуориди 10 10 10 Олово 10 10 10 Манган 10 10 10 Жива 20 10 20 Никел 10 10 10 Нитрати 10 10 10 Нитрити 10 10 10 Селен 10 10 10

(*) Аналитичките методи за анализа на концентрациите на состојките мора да се способни да измерат, како мини-мум, концентрации еднакви на параметриската вредност со специфицирана точност, прецизност и лимит на детекција. Било која да е сензитивноста на користената метода на ана-лиза, резултатот ќе биде изразен користејќи најмалку ист број на децимали како што е МДК.

Забелешка 1: точност е систематска грешка и е раз-лика помеѓу просечната вредност на голем број повто-рени мерења и точната вредност.

Забелешка 2: прецизност е случајна грешка и воо-бичаено се изразува како стандардна девијација (вна-тре во серијата и помеѓу сериите) на примерок резулта-ти од просекот. Прифатлива прецизност е еднаква на двојна релативна стандардна девијација.

Забелешка 3: детекционен лимит е: - или три пати релативна стандардна девијација

внатре во серија на природен примерок што содржи ниска концентрација од параметарот,

- или пет пати релативна стандардна девијација внатре во серија на претходно неиспитан примерок.

Забелешка 4: методата треба да овозможи детерми-нирање на вкупните цијаниди во сите нивни форми.

Прилог бр. 2

Минималната фреквенција на земањето приме-роци и на анализата на природната минерална што се полни во шишиња или во садови заради продажба Дневно производс-тво на вода за про-дажба во шишиња или во садови (1) m3

Број на примероци за пробно следење - годишно

Број на примероци за контролно сле-дење - годишно

≤ 10 1 1 > 10 ≤ 60 12 1

> 60 1 за секои 5 m3 и нивниот дел од вкупниот волумен

1 за секои 100 m3 и нивниот дел од вкупниот волумен

(1) Волумените се пресметани како просеци земени во тек на една календарска година

Прилог бр. 3

Карактеристики на перформансите за анализи-рање на параметрите Прво испитување Одлука E. coli или колиформни бактерии од фекално по-текло (термотолерантни колиформни)

1 x 250 ml не смее да биде дете-ктирана во ниту еден примерок

Вкупни колиформни ба-ктерии 1 x 250 ml Стрептококус фекалис 1 x 250 ml Псеудомонас аеругиноза 1 x 250 ml Сулфито редуцирачки клостридии 1 x 50 ml

ако е ≥ 1 или ≤ 2 се врши второ испиту-вање ако е > 2 се отфрла

Второ испитување Вид на бактерии n c* m M Вкупни колиформни ба-ктерии

4 1 0 2

Стрептококус фекалис 4 1 0 2 Сулфито редуцирачки клостридии

4 1 0 2

Псеудомонас аеругиноза 4 1 0 2 * резултати од првото и второто испитување Второто испитување на патогени микроорганизми,

паразити, ешерихиа коли, вкупни колиформни бакте-рии, стрептококус фекалис и псеудомонас аеругиноза се врши со користење на исти волумени како и за прво-то испитување.

Page 15: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 15

n: број на примероци од шаржа/серија по случаен избор кои мораат да бидат испитани за да се задоволи дадениот план на земање примероци.

c: максимум прифатлив број, или максимум дозво-лен број на примероци кои можат да го надминат ми-кробиолошкиот критериум m. Кога тој број е надми-нат, серијата се отфрла.

m: максимум број или ниво на релевантни бакте-рии/g; вредностите над ова ниво се или маргинално прифатливи, или неприфатливи.

M: количина која се користи за да се сепарира мар-гинално прифатливиот квалитет од неприфатливиот квалитет на храна. Вредностите во или над M во било кој примерок се неприфатливи сразмерно на здравстве-ниот хазард, санитарните индикатори или потенцијалот на расипување.

Прилог бр. 4 Индикации и критериуми Индикации/

начин на означување Критериуми содржи бикарбонати содржината на бикарбонати поголема

од 600 mg/l содржи сулфати содржина на сулфати поголема од 200

mg/l содржи хлориди содржина на хлориди поголема од

200 mg/l содржи калциум содржина на калциум поголема од

150 mg/l содржи магнезиум содржина на магнезиум поголема од

50 mg/l содржи флуориди содржина на флуориди поголема од 1

mg/l содржи железо содржина на двовалентно железо по-

голема од 1 mg/l кисела содржина на слободен СО2 поголема

од 250 mg/l содржи натриум содржина на натриум поголема од

200 mg/l погодно за диета со ни-ско ниво на натриум

содржина на натриум помала од 20 mg/l __________

379. Врз основа на член 8 став 1 од Законот за безбедност

на храната и на производите и матерјалите што доаѓаат во контакт со храна (“Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 54/2002), министерот за здравство донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА КОИ СЕ ОДНЕСУВАТ НА ДЕТСКАТА ХРАНА И ДЕТСКАТА ХРАНА НАМЕНЕТА ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА

ПРОИЗВЕДЕНА НА ЖИТНА ОСНОВА Член 1

Со овој правилник се пропишуваат посебните бара-ња за безбедност на детската храна, храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа, кои се однесуваат на нивниот состав, квалитет, загаду-вачите (резидуите) и означувањето.

Член 2

Детската храна произведена на житна основа се произведува од едно или повеќе видови сомелени жита и/или коренести производи богати со скроб.

Количината на житата и/или коренести производи богати со скроб не треба да биде помала од 25% од су-вата материја на финалната смеса.

Член 3

Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење:

- “Доенчињата“ се деца под 12 месеци. - “Мали деца“ се деца од 12 месеца до 3 години. - “Резидуи од пестициди“ се остатоци од производи

за растителна заштита во детските храни во кое влегу-ваат и нивните метаболити или производи од нивното разградување или реакција.

Член 4 Детската храна произведена на житна основа е по-

делена на следните четири категории: - едноставни жита и житни клици кои се или треба

да бидат растворени со мајчино млеко, адаптирано млеко и друга хранлива течност;

- жита и житни каши со додаден производ со висок процент на протеини, кои се, или треба да бидат рас-творени (реконструирани) со вода или друга течност, која не содржи протеини;

- тестенини, кои се употребуваат откако ќе се под-готват со варење во вода или друга соодветна течност;

- двопек и бисквити, кои се употребуваат директно или после пулверизација и додавање на вода, млеко и друга хранлива течност.

Член 5

Составот на детската храната произведена на жит-на основа треба да одговара на барањата, утврдени во Прилог бр. 1 - Основен состав на храна произведена на житна основа, кој е составен дел на овој правилник.

Составот на детската храна која е наменета за доен-чиња и мали деца, различна од наведена во член 4 на овој правилник, треба да одговара на барањата утврде-ни во Прилог бр. 2-Основен состав на детска храна за доенчиња и мали деца, кој е составен дел на овој пра-вилник.

Член 6

Во производство на детската храна и храната наме-нета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа можат да се додаваат одредени хранливи-нутри-тивни материи.

Хранливите-нутритивни материи се утврдени во Прилог бр.3 - Список на нутритивни супстанции кои можат да се додаваат при производството на детска храна произведена на житна основа, кој е составен дел на овој правилник, може само да бидат додадени во производството на детската храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа.

Употребата на хранливите материи од став 2 на овој член, треба да биде во согласност со прифатените научни докази кои тврдат дека се соодветни за задово-лување на специфичните нутритивни потреби на доен-чињата и малите деца.

Во производство на детска храна и храна наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа може да се додаваат одредени количини на витамини и минерали.

Максимално дозволените количини на витамини и минерали во детската храна и храната наменета за доен-чиња и мали деца произведена на житна основа се утвр-дени во Прилог бр. 4 -Максимално дозволени количества на витамини и минерали во детска храна и храната наме-нета за доенчиња и мали деца произведена на житна осно-ва, кој е составен дел на овој правилник.

Член 7

Детската храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа не треба да со-држи било која супстанција во количина која би наште-тила на здравјето на доенчињата и малите деца.

Резидуите на пестицидите во детската храна и хра-ната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа не треба да го надминуваат нивото од 0,01 mg/kg готов производ за употреба или подготвена по упатството на производителот на храната.

Детската храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа не треба да со-држи во 1 кг готов производ или подготвена по упат-ство на производителот повеќе од:

- арсен 0,08 mg. - кадмиум 0,02mg. - олово 0,02 mg.

Page 16: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 16 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

- жива 0,005 mg. - манган 1 mg. - бакар 1,5 mg. - цинк 7mg. Детската храна и храната наменета за доенчиња и

мали деца произведена на житна основа не треба да со-држи микотоксини и/или афлатоксин М1 повеќе од 0,1µg/kg готов производ за употреба.

Детската храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа не треба да содржи :

- бактерии од Салмонела вид во 50 g или ml - Коагулаза позитивен стафилокок во 0,1g или ml - Сулфиторедукувачки клостридии во 0,1g или ml - Протеус видови во 0,1gили ml - Esherichia coli во 0,1g или ml - Колиформни бактерии во 0,1g или ml - Бета хемолитички Стрептококи во 0,1g или ml - Вкупно повеќе од 50 000 микроорганизми во 1g

или ml - ‘Ртливи спори на мувла 200 во 1g или ml - Streptococcus faecalis во 0,1g или ml.

Член 8 При означувањето на детската храна и храната наменета

за доенчиња и мали деца произведена на житна основа, по-крај податоците утврдени во прописите за означување на храната, треба да се означени и да се задоволат посебните барања за означување кои се однесуваат на:

- соодветната возраст на малите деца или на доен-чињата од која може да се употребува храната, со наз-нака на нејзиниот состав, структура или други посебни состојки.

- информација за тоа дали храната содржи или не содржи глутен;

- достапна енергетска вредност, изразена во kJ и kcal и содржината на протеини, масти и јагленихидра-ти, вредност изразена во бројки како количина на 100 g или 100 ml од производот, во вид во кој се продава.

- просечна количина на секој минерал и на секој вита-мин, соодветно на специфичните нивоа утврдени во При-лог бр. 1 -Основен состав на храна произведена на житна основа и Прилог бр. 2 -Основен состав на детска храна за доенчиња и мали деца, на 100 g или 100 ml од производот, во вид во кој се продава, а каде што одговара и за одредена количина од готовиот производ за употреба.

- објаснување за постапката за подготвување на храната, ако е потребно и забелешка за важноста за придржување кон таа постапка.

Возраста за употребата се определува врз база на составот, конзистенцијата и на други специфични ква-литети на детската храна.

При означувањето на детската храна и храната на-менета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа може да се назначат и следните податоци:

- средна количина хранливи материи утврдени во Прилог бр. 3-Список на нутритивни супстанции кои можат да се додаваат при производство на детска храна и храната за доенчиња и мали деца произведена на житна основа, на 100 g или 100ml од производот, во вид во кој се продава, а каде што одговара и за одре-дена количина од готовиот производ за употреба.

- содржина на минерали и витамини, изразена во проценти од референтните вредности на 100 g или 100 ml од производот, во вид во кој се продава, а каде што одговара и за одредена количина од готовиот производ за употреба, при што означувањето се врши под услов содржината на минералите и витамините да е најмалку 15% од референтните вредности.

Вредностите на минералите и витамините во дет-ската храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа се утврдени во При-лог бр. 4- Максимално дозволени количества на вита-мини и минерали во детска храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа.

Член 9 Овој правилник влегува на сила наредниот ден од

денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија“.

Бр. 20-2612/1 Министер за здравство,

6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р. Скопје ПРИЛОГ БР. 1 Основен состав на храна произведена на житна

основа 1. Протеини 1.1. Во детската храна содржината на протеини не

треба да биде повеќе од 1.3 g/100kJ (5.5g/100kkal). 1.2. Во детската храна додадениот протеин не тре-

ба да биде помалку од 0.48 g /100kJ (2 g/100 kkal). 1.3. За бисквитите произведени со додавање на

високо протеинска храна, и означени како такви, до-дадениот протеин не треба да биде помалку од 0.36 g /100 kJ (1.5 g /100 kkal).

1.4. Хемискиот индекс на додадениот протеин тре-ба да биде еднаков на најмалку 80% од тој на рефе-рентниот протеин (казеин, како што е наведено) или протеинско енергетскиот однос (ПЕО) на протеинот во смесата треба да биде еднаков најмалку на 70% од тој на референтниот протеин. Додавањето на аминоки-селини е дозволено единствено со цел за покачување на хранливата вредност на протеинската смеса и само во сооднос потребен за таа цел.

1.5. Аминокиселински состав на казеинот во g/100 g протеини:

Аргинин 3,7 Цистин 0,3 Хистидин 2,9 Изолеуцин 5,4 Леуцин 9,5 Лизин 8,1 Метионин 2,8 Фенилаланин 5,2 Треонин 4,7 Триптофан 1,6 Тирозин 5,8 Валин 6,7

2. Јагленихидрати 2.1. Во детската храна во која се додава сахароза,

фруктоза, глукоза, глукозен сируп или мед: - количината на додадените јаглени хидрати од

овие извори не треба да биде повеќе од 1,8g/100kJ (7.5g/100ккал)

- количината на додадената фруктоза не треба да биде повеќе од 0.9 g/100 kJ (3.75 g/100 ккал).

2.2. Во детската храна во која се додава сахароза, фруктоза, глукозен сируп или мед:

- количината на додадените јагленохидрати од тие извори не треба да биде повеќе од 1,2 g /100 kJ (5 g /100 ккал).

- количината на додадена фруктоза не треба да би-де повеќе од 0.6 g/100 kJ (2.5 g/100 ккал).

3. Масти 3.1. Во детската храна содржината на масти не тре-

ба да биде повеќе од 0.8 g /100 kJ (3.3 g/100 ккал). 3.2. Во детската храна содржината на масти не тре-

ба да биде повеќе од 1,1 g /100 kJ (4.5 g/100 ккал ). Ако содржината на масти надминува 0,8 g/100 kJ (3.3 g/100 ккал) соодветно следува:

а) содржината на лауринска киселина не треба да биде повеќе од 15% од вкупната содржина на масти;

б) содржината на миристинска киселина не треба да биде повеќе од 15% од вкупната содржина на ма-сти;

Page 17: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 17

в) содржината на линолеинска киселина (како гли-цериди=линолеати) не треба да биде пониска од 70 mg/100 kJ (300 mg/100 ккал), ниту повисока од 285 mg/100 kJ (1200 mg/100 ккал).

4. Минерали 4.1. Натриум Дозволено е додавање на натриумови соли кон дет-

ска храна произведена на житна основа само во тех-нолошки цели.

Содржината на натриум во детската храна произве-дена на житна основа не треба да биде повеќе од 25 mg/100 kJ (100 mg/100 ккал).

4.2. Калциум 4.2.1. Во детската храна содржината на калциум не

треба да биде помалку од 20 mg/100 kJ (80 mg/100 кцал).

4.2.2. Во детската храна произведена со додаток на млеко (млечни бисквити) и означени како такви, коли-чината на калциум не треба да биде помала од 12 mg/100 kJ (50 mg/100 ккал).

5. Витамини 5.1. Во детската храна произведена на житна осно-

ва количината на тиамин не треба да биде помала од 25 µg /100kJ (100 µg/100ккал)

5.2. Во детската храна содржината на витамин А и Д треба да одговарат на следните барања:

На 100кЈ На 100ккал Мини-

мум Макси-мум

Мини-мум

Макси-мум

Витамин А(µg РЕ)(1) 14 43 60 180 Витамин Д (µg)(2) 0.25 0.75 1 3

(1) РЕ= сите транс ретинол еквиваленти (2)Како холекалциферол, од кој 10 µg = 400 IE ви-

тамин Д Тие ограничувања се однесуваат и за други дет-

ски храни призведени на житна основа, ако во нив се додадени витамин А и Д.

Забелешка: Барањата се однесуваат на хранливите состојки во производот, готов за употреба и пуштен во таков вид на пазарот, или подготвен согласно инструк-циите на производителот.

ПРИЛОГ БР. 2 Основен состав на детска храна за доенчиња и

мали деца Барањата се однесуваат за хранливи материи содр-

жани во производите, во видот во кој се продаваат, а каде што одговара и за одредена количина од подготве-ниот производ за употреба.

1. Протеини 1.1. Во детската храна во која пилешкото месо или

друго месо, риба или други традиционални извори на протеини се единствени состојки, наведени во името на храната, тогаш:

- вкупната количина на употребените пилешко месо или друго месо, риба или други традиционални извори на протеини не треба да се застапени помалку од 40% од масата на целиот производ;

- поединечната количина на наведените пилешко месо или друго месо, риба или друг традиционален из-вор на протеини треба да се застапени во составот не помалку од 25% од вкупната маса на наведените проте-ински извори;

- вкупната количина на протеини од наведените из-вори не треба да биде помалку од 1,7 g /100 kJ (7 g/100 ккал).

1.2. Во детската храна во која пилешкото месо или друго месо, рибата или другите традиционални из-вори на протеини, самостојно или во комбинација, се наведуваат на прво место во името на храната, независ-но од тоа дали таа е означена или не како оброк, то-гаш:

- вкупната количина на наведените пилешко месо или друго месо, риба или други традиционални извори на протеини не треба да се застапени во составот по-малку од 10% од тежината на готовата храна;

- поединечната количина на наведените пилешко месо или друго месо, риба или друг традиционален из-вор на протеини треба да е застапен во составот, со не помалку од 25% од вкупната тежина на наведените протеински извори.

- протеините од наведените извори не треба да бидат помалку од 1 g/100 kJ (4 g/100 ккал).

1.3. Во детската храна во која пилешкото месо или друго месо, рибата или другите традиционални извори на протеини, самостојно или во комбинација, не се на-ведуваат на прво место во името на храната, независно од тоа дали таа е означена или не како оброк, тогаш:

- вкупната количина на наведените пилешко месо и друго месо, риба или други традиционални извори на протеини треба да се застапени во составот не помалку од 8% од тежината на производот;

- поединечното учество на наведеното пилешко ме-со или друго месо, риба или друг традиционален извор на протеини не треба да биде помалку од 25% од тежи-ната на вкупните наведени протеински извори;

- содржината на протеините од наведените извори не треба да биде помалку од 0.5 g /100kJ (2,2 g/100 ккал);

- вкупната количина на протеини од сите извори во производот не треба да биде помалку од 0,7 g /100 kJ (3 g /100 ккал);

1.4. Детската храна кога е означена како оброк и не е наведено во името дека содржи пилешко месо или друго месо, риба или друг традиционален извор на про-теини, тогаш вкупните протеини од сите извори во производот не треба да бидат помалку од 0,7 g/100kJ (3g/100ккал);

1.4а. Во детската храна во која сирењето е наведено заедно со другите состојки во името на храната, неза-висно од тоа дали таа е означена или не како оброк, то-гаш:

- протеините со потекло од млечниот производ не треба да се помалку од 0.5 g/100kJ (2,2 g/100 ккал).

- вкупната количина на протеини во храната од си-те извори не треба да биде помалку од 0,7 g/100 kJ (3 g/100 ккал).

1.5. Слатката детска храна кај која е наведено дека содржи млечни прозводи не треба да содржи млечни протеини помалку од 2,2 g/100 ккал. За останатите сла-тки детски храни не важат барањата од 1.1 до 1.4 зак-лучно.

1.6. Додавањето на аминокиселини е дозволено само со цел подобрување на хранливата вредност на протеини-те во храната и само во сооднос потребен за таа цел.

2. Јагленихидрати Количината на вкупните јагленихидрати во овош-

ни и зеленчукови сокови и нектари, овошни каши, де-серти или пудинзи не треба да бидат повеќе од:

- 10 g/100 ml за сокови од зеленчук и пијалоци на основа на зеленчук;

- 15 g/100 ml за овошни сокови и нектари и пијало-ци на овошна основа;

- 20 g/100 g за овошни каши; - 25 g/100 g за десерт и пудинзи; - 5 g/100 g за останати немлечни пијалоци. 3. Масти Во детската храна во која месото или сирењето се

единствените состојки или се означени на прво место во името на храната, вкупната количина на масти во храната од сите извори не треба да биде повеќе од 1,4 g/100 kJ (6 g/100 ккал).

3.2. За сета друга храна вкупната количина на масти во храната од сите извори не треба да биде повеќе од 1,1 g/100 kJ ( 4,5 g/100 ккал).

4. Натриум

Page 18: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 18 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

4.1. Крајната содржина на натриум во храната не треба да биде повеќе од 48 mg/100 kJ (200 mg/100ккал) или не повеќе од 200 mg/100 g. Ако сирењето е единс-твената компонента, означена во името на производот, тогаш крајната содржина на натриум во храната не тре-ба да биде повеќе од 70 mg/100 kJ (300 mg/100 ккал).

4.2. Натриумови соли може да се додават кон про-изводите на овошна основа и десерти само за техноло-шки цели.

5. Витамини 5.1. Витамин Ц Во овошен сок, нектар или сок од зеленчук, крајна-

та содржина на витамин Ц во производот не треба да биде помалку од 6 mg/100 kJ (25 mg/100 ккал) или не помалку од 25 mg/100 g.

5.2. Витамин А Во соковите од зеленчук крајната содржина на

витамин А во производот не треба да биде помал-ку од 25µг RE/100 kJ (100 mg RE/100 ккал).

Витамин А не треба да се додава кон друга детска храна.

5.3. Витамин Д Витамин Д не треба да се додава кон детска храна. Забелешка: Барањата се однесуваат на хранливите

состојки во производот, готов за употреба и пуштен како таков вид на пазарот, или подготвен по упатство на производителот.

ПРИЛОГ БР. 3 Список на нутритивни супстанции кои можат да

се додаваат при производство на детска храна и храната за доенчиња и мали деца произведена на житна основа

1. ВИТАМИНИ 1.1. Витамин А Ретинол Ретинил ацетат Ретинил палмитат Бета каротин 1.2. Витамин D Витамин D2 (ергокалциферол) Витамин D3 (холекалциферол) 1.3. Витамин B1 Тиамин хидрохлорид Тиамин мононитрат 1.4. Витамин B2 Рибофлавин Рибофлавин -5’-фосфат,натриумова сол 1.5. Ниацин Никотинамид Никотинска киселина 1.6. Витамин B6 Пиридоксин хидрохлорид Пиридоксин-5-фосфат Пиридоксин дипалмитат 1.7. Пантотенска киселина D-пантотенат, калциумова сол D- пантотенат, натриумова сол - Декспантенол 1.8. Фолат Фолна киселина 1.9. Витамин B12 Цијанкобаламин Хидроксикобаламин 1.10. Биотин D-биотин 1.11 Витамин C Л-аскорбинска киселина Натриум Л-аскорбат Калциум Л- аскорбат 6-палмитил-Л-аскорбинска киселина (аскорбил пал-

митат) Калиум аскорбат

1.12. Витамин К Филохинон (фитоменадион) 1.13. Витамин Е Д-алфа токоферол ДЛ- алфа токоферол Д- алфа токоферол ацетат ДЛ- алфа токоферол ацетат 2. АМИНОКИСЕЛИНИ L-аргинин и негови хидрохлориди L-цистин и негови хидрохлориди L-хистидин и негови хидрохлориди L-изолеуцин и негови хидрохлориди L-леуцин и негови хидрохлориди L-лизин и негови хидрохлориди L-цистеин и негови хидрохлориди L- метионин L-фенилаланин L-треонин L-триптофан L-тирозин L-валин 3. ДРУГИ Холин Холин хлорид Холин цитрат Холин битартарат Инозитол L-карнитин L-карнитин хидрохлорид 4. МИНЕРАЛИ 4.1. Калциум Калциум карбонат Калциум хлорид Калциумови соли на лимонска киселина Калциум глуконат Калциум глицерофосфат Калциум лактат Калциум оксид Калциум хидроксид Калциумови соли на ортофосфорна киселина 4.2. Магнезиум Магнезиум карбонат Магнезиум хлорид Магнезиумови соли на лимонска киселина Магнезиум глуконат Магнезиум оксид Магнезиум хидроксид Магнезиумови соли на ортофосфорна киселина Магнезиум сулфат Магнезиум лактат Магнезиум глицерофосфат 4.3. Калиум Калиум хлорид Калиумови соли на лимонска киселина Калиум глуконат Калиум лактат Калиум глицерофосфат 4.4. Железо Железо (II) цитрат Железо (III) амониум цитрат Железо (II) глуконат Железо (II) лактат Железо (II) сулфат Железо (II)фумарат Железо (III) дифосфат (железо (III) пирофосфат ) Елементарно железо (карбонилно+електролитно

+хидроген редуцирано) Железо (III) сахарат Натриум железо (III) фосфат Железо карбонат 4.5. Бакар

Page 19: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 19

Бакар-лизин комплекс Бакар карбонат Бакар цитрат Бакар глуконат Бакар сулфат 4.6. Цинк Цинк ацетат Цинк цитрат Цинк лактат Цинк сулфат Цинк оксид Цинк глуконат 4.7. Манган Манган карбонат Манган хлорид Манган цитрат Манган глуконат Манган сулфат Манган глицерофосфат 4.8. Јод Натриум јодид Калиум јодид Калиум јодат Натриум јодат ПРИЛОГ БР. 4 Максимално дозволени количества на витамини

и минерали во детска храна и храната наменета за доенчиња и мали деца произведена на житна основа

Нутритивни супстанции

Максимално количество на 100 ккал

Витамин А 180(*1) (µg RE1) Витамин Е 3 (mg � -TE2) Витамин С 12,5 - 25(*2) (mg)

125(*3) (mg) Тиамин 0,25 - 0,5(*4) (mg) Рибофлавин 0,4 (mg) Ниацин 4,5 (mg NE3) Витамин В6 0,35 (mg) Фолна киселина 50 (µg) Витамин В12 0,35 (µg) Пантотенска киселина 1,5 (mg) Биотин 10 (µg) Калиум 160 (mg) Калциум 80 -180(*5) (mg)

100 (*6) (mg) Магнезиум 40 (mg) Железо 3 (mg) Цинк 2 (mg) Бакар 40 (µg) Јод 35 (µg) Манган 0,6 (мg)

(*1) – соодветно со препораките во прилозите бр.1

и 2; (*2) – вредностите со однесуваат на храна обогате-

на со железо; (*3) – вредностите се однесуваат на храна на осно-

ва на овошје, овошни сокови, нектари и зеленчукови сокови;

(*4) – вредностите се однесуваат на детска храна на житна основа;

(*5) – вредностите се однесуваат на храна посочена во чл. 4, ст. 1,т. 1 и 2;

(*6) – вредностите се однесуваат на храна посочена во чл. 4, ст. 1, т .4.

(1) РЕ – сите трансретинол еквиваленти (2) �-ТЕ - d-�-токоферол еквивалент (3) НЕ - ниацин еквивалент = mg никотинска кисе-

лина + mg триптофан/60

Забелешка: Барањата се однесуваат на нутритивни-те материи во производ готов за употреба и пуштен во таков вид на пазарот или припремен по упатство на производителот.

ПРИЛОГ БР. 5 Референтни вредности на витамини и минерали

при означувањето на нутритивната информација и означување на детските храни

Нутритивни

супстанции Референтни вредности при означување

Витамин А 400 µg RE Витамин Д 10 µg Витамин С 25 мг Тиамин 0,5 мг Рибофлавин 0,8 мг Ниацин еквивалент 9 мг Витамин В6 0,7 мг Фолна киселина 100 µg Витамин В12 0,7 µg Пантотенска киселина 1,5 мг Калциум 400 мг Железо 6 мг Цинк 4 мг Бакар 0,4 µg Јод 70 µg Селен 10 µg

__________ 380.

Врз основа на член 8 став 1 од Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 54/ 2002), министерот за здравство до-несе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОВОШНИТЕ СОКОВИ И ОДРЕДЕНИ СЛИЧНИ

ПРОИЗВОДИ

Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните бара-

ња за безбедноста на овошните сокови и одредени слични производи.

Член 2

Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење:

- “Овошје” се сите видови овошје освен доматите кои не се сметаат за овошје;

- “Овошно пире “ е неферментиран производ доби-ен со пасирање на делот за јадење на целото или излу-пено овошје без отстранување на сокот;

- “Концентрирано овошно пире” е производ добиен со отстранување со примена на физички методи на одреден дел од водната содржина на овошното пире;

- “Пулпа” или “клетки” се производи добиени од делот за јадење на овошјето од истиот вид, без отстра-нување на сокот.

За цитрусните сокови, пулпа или клетки се сокови-те торбички добиени од ендокарпот.

Член 3

Овошен сок во смисла на овој правилник е нефер-ментиран производ добиен од здраво,зрело, свежо, ола-дено или замрзнато овошје, од еден или повеќе видови овошје, измешани заедно, со карактеристична за сокот на овошјето од кој е добиен, боја, арома и вкус. Арома-та, пулпата и клетките од сокот кои се издвоени во те-кот на производството, можат да бидат повторно врате-ни во истиот сок.

Page 20: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 20 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

Сок од цитрусно овошје во смисла на овој правил-ник е сок добиен од ендокарпот.

Сок од лимон може да биде добиен од цело овошје со соодветни технолошки постапки со кои содржината на состојките од надворешните делови на овошјето е сведена на минимум.

Член 4

Овошен сок од концентрат во смисла на овој пра-вилник е производ кој е добиен со додавање на концен-триран овошен сок на количина на вода сразмерна на количината на вода издвоена при процесот на концен-трирање на овошниот сок и повторно додавања на аро-мата и кога е соодветно на пулпата и клетките кои се издвоени од овошниот сок или овошниот сок од исти-от вид при процесот на концентрирање.

Додадената вода во овошниот сок од концентрат треба да има органолептички, хемиски и микробиоло-шки карактеристики кои обезбедуваат зачувување на специфичните карактеристики на овошниот сок.

Добиениот овошен сок од концентарат треба да има органолептички и аналитички карактеристики барем еквивалентни на карактеристиките на просечен вид овошен сок дефиниран во член 3 став 1 од овој правил-ник, добиен од истиот вид на овошје.

Член 5

Концентриран овошен сок во смисла на овој пра-вилник е производ добиен од овошен сок од еден или повеќе видови овошје со отстранување со физички ме-тоди на определен дел од природната содржина на во-дата.

Ако концентрираниот овошен сок е наменет за не-посредно консумирање, од него треба да бидат отсра-нети најмалку 50% од природната содржина на водата на овошниот сок.

Член 6

Дехидриран овошен сок или овошен сок во прав во смисла на овој правилник е производ добиен од ово-шен сок од еден или повеќе видови овошје со речиси целосно отстранување со физички методи на содржи-ната на водата.

Член 7

Овошен нектар во смисла на овој правилник е не-ферментиран производ добиен со додавање на вода и шеќери и/ или мед на овошен сок, овошен сок од кон-центрат, концентриран овошен сок и дехидриран ово-шен сок, на овошно пире или смеса од овие производи, кој производ одговара на барањата утврдени во Табе-лата - Посебни барања за овошни нектари, која е со-ставен дел на овој правилник.

Член 8

Додадениот шеќер и /или мед во овошниот нектар треба да е во количина не поголема од 20% од тежина-та на готовиот производ.

Кога овошните нектари се произведуваат без додава-ње на шеќер или со намалена енергетска вредност, шеќе-рите можат да се заменат целосно или делумно, со засла-дувачи во согласност со прописите за адитиви што можат да се употребуваат во производство на храна.

Член 9

Овошјето кое е слабо кисело, месесто или е со ин-тензивен вкус, чиј што сок е невкусен во природна со-стојба и овошјето чиј што сок е вкусен во природна со-стојба точка 2 и 3 од Табела, како и кајсиите, можат да се користат одделно или како смеса за производство на овошни нектари без додавање на шеќер, мед и/или засладувачи.

Член 10 При производство на овоши сокови други слични

производи (во натаношниот текст: производи) можат да се додаваат витамини и минерали при што истите треба да се означат согласно одредбите од овој правил-ник и прописите за означување на храната.

Член 11

Аромата, пулпата и клетките повторно вратени во овошниот сок од член 3 став 1 од овој правилник, тре-ба да бидат истите кои биле издвоени од овошниот сок за време на производството.

Аромата, пулпата и клетките повторно додадени на овошниот сок од концентрат од член 3 став 1 на овој правилник, можат да бидат од овошен сок од истиот вид.

Член 12

За производство на сок од портокал може да бидат додадени само соли на винска киселина.

Член 13

За производство на овошен сок,овошен сок од кон-центрат и концентриран овошен сок, со исклучок на сок од круши или сок од грозје, дозволено е додавање на шеќери заради:

- регулирање на киселиот вкус, при што количината на додадениот шеќер, изразен како сува материја, не треба да биде поголема од 15 г. на литар сок.

- засладување, при што количината на додадениот шеќер, изразен како сува материја, не треба да биде по-голема од 150 г. на литар сок.

Вкупната количина на додадени шеќери од став 1 на овој член за регулирање на киселиот вкус и за засла-дување, не треба да надминува 150 г на литар.

Член 14

За производство на овошни нектари се употребува-ат:

- шеќери согласно прописите за посебните барања за безбедност на шеќерите,

- фруктозен сируп и - шеќери добиени од овошје. За производство на овошни сокови од концентрат

се употребуваат: - шеќери согласно прописите за посебните барања

за безбедност на шеќерите, - фруктозен сируп. За производство на овошни сокови се употребуваат

шеќерите од став 2 на овој член кои содржат помалку од 2% вода.

Член 15

За регулирање на киселиот вкус на производите од овој правилник се додава сок од лимон и/ или концен-триран сок од лимон во количина не поголема од 3 г на литар сок, изразен како анхидрид на лимонска киселина.

Член 16

При производството на производите од овој пра-вилник се употребува јагленороден двооксид како со-стојка.

Член 17

Во еден ист овошен сок не се додаваат истовремено шеќери и лимонов сок, концентриран или не, или средства за закиселување според прописите за адити-вите што можат да се употрбуваат за производство на храна.

Член 18

При производство на производите од овој правил-ник дозволенои е користење на следните технолошки постапки:

Page 21: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 21

- механички екстракциони постапки - екстракција со физички постапки, вклучително ек-

стракција со вода (дифузија) на делот на овошјето што е за јадење, со исклучок на грозје, за производство на концентрирани овошни сокови при што така добиени-те концентрирани овошни сокови, треба да одговараат на барањата од член 2 и од член 4 од овој правилник.

- за овошен сок од грозје, кое било сулфитирано со сул-фурен двооксид, се користи десулфуризација со механички процеси, при што вкупната количина на сулфурен двоо-ксид во готовиот сок да не надминува 10 мг на литар.

Член 19 При производство на производите од овој правил-

ник се користат следните супстанции: - пектолитички ензими, - протеолитички ензими, - амилолитички ензими, - прехранбен желатин, - танини, - бентонит, - силициев аерогел, - јаглен, - хемиски инертни помошни средства за филтрира-

ње и таложење како перлит, измиен диатомит, целуло-за, нерастворлив полиамид, поливинил - полипироли-дон, полистирен,

- хемиски интерни помошни средства за апсорција кои се користат за намалување на содржината на лимоноид - на рингин во цитрусните сокови, без значителни да се засег-нат лимоноидните гликозиди, киселина, шеќери ( вклучи-телно и олигосахариди ) или содржината на минерали.

Член 20 Имињата на производите од овој правилник се означу-

ваат согласно со прописите за означување на храната. Имињата на производите треба да се во согласност

со имињата наведени во член 2 од овој правилник. Кога производот е добиен од еден вид овошје име-

нувањето на зборот “овошје” може да се замени со името на овошјето.

Кога производот е добиен од два или повеќе видови овошје, со исклучок на сок од лимон кој е употребен како закиселувач согласно член 15 од овој правилник, се означуваат имињата на употребените овошја, наве-дени по опаѓачки редослед на количините на волуме-нот на овошен сок или овошните пиреа од тие овошја.

Ако овошниот сок е произведен од три или повеќе ви-дови овошје, ознаката за употребеното овошје може да се замени со зборовите “неколку видови овошје “ или слични зборови или со бројот на употребените овошја.

Член 21 Кај производ кои е засладен со додавање на шеќе-

ри, означувањето на производот треба да се дополни со ознаката “засладен” или “со додаден шеќер” , како и максималната количина на додаден шеќер пресметан како сува материја и изразен во г/л.

Член 22 Технолошки неопходните материи за реконститу-

ција на првобитната состојба на производите од овој правилник, при означувањето може да не се вклучени во листата на состојки.

Член 23 При означувањето на овошниот сок се означува и

додадената пулпа или клетки. Член 24

Кај концентриран овошен сок кој не е наменет за испорака на крајниот потрошувач, се означува името и количината на додадениот шеќер, лимонов сок или средства за закиселување дозволени со прописите за адитиви што можат да се употребуваат во производс-тво на храна на пакувањето, етикетата или во придруж-ната документација.

Член 25 При означувањето на смеса од овошни сокови или

сокови на база на концентрат, на овошен нектар произ-ведени целосно или делумно од еден или повеќе кон-центрирани продукти, се употребуваат зборовите “ произведен од концентрат (и) “или “делумно произве-ден од концентрат (и)“ кои соодветствуваат на произ-водот и истите стојат до името на производот, при што треба да се јасно и видливо напишани.

Член 26

Кај овошните нектари треба да се означи минимал-ната содржина на овошен сок, овошно пире или меша-вина од овие состојки, со ознаката “содржината на овошје: минимум... % “ и истата треба да стои во исто видно поле со името на производот.

Член 27

Со денот на влегување во сила на овој правилник претстануваат да се применуваат одредбите од “Пра-вилникот за квалитет на производи од овошје, зелен-чук, печурки и пектински препарати” (“Службен лист на СФРЈ “ бр. 1/79, 20/82 и 74/90) што се однесуваат на производите од овој правилник.

Член 28

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија “.

Бр. 20-2609/1 Министер за здравство,

6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р. Скопје Табела на посебни барања за овошни нектари

Овошни сокови на-правени од

Минимална содржина на сок и/ или пире (% од волуменот на готовиот производ)

1.Овошје со кисел сок, невкусни во природна со-стојба Маракуја 25 Кито портокал (So-lanym qyitonesw So-lanum quitonese)

25

Бели рибизли 25 Црвени рибизли 25 Огрозди 30 Селуторн бобинки (Hippoxae Hippopksae) 25 Глог 30 Сливи 30 Модри сливи 30 Мушмули 30 Шипки 40 Вишни 35 Други цреши 40 Боровинки 40 Бозел 50 Малини 40 Кајсии 40 Јагоди 40 Капини 40 Дренки 30 Дуњи 50 Лимони и лимонети 25 Друго овошје што при-паѓа на оваа категорија 25 2. Слабо кисели, месети или овошја со интензивен вкус, чијшто сок е невкусен во природна состојба Манго 25

Page 22: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 22 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

Банани 25 Гуави 25 Папаја 25 Кинески орев 25 Азероли 25 Сорсоп (Annona myri-cata Anona muricata) 25 Воловскосрце (An-nona reticulate Анона ретикулата)

25

Шеќерни јаболка 25 Калинки 25 Овошја кашу 25 Шпански сливи 25 Умбу (Спониа тубе-роза арода) 25 Друго овошје од оваа категорија 25 3.Овошја чијшто сок е вкусен од природна состојба Јаболка 50 Круши 50 Праски 50 Цитрусни овошја освен лимон и лимонети 50 Ананас 50 Друго овошје од оваа категорија 50

__________ 381.

Врз основа на член 8 став 1 од Законот за безбедност на храна и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“ Службен весник на Република Македонија” бр. 54/2002), министерот за здравство до-несе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КА-КАО ПРОИЗВОДИТЕ И ЧОКОЛАДНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат посебните бара-ња за безбедност на какао производите и чоколадните производи.

Член 2

Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење:

1. “Какао производи” се сметаат какао маса, какао путер и какао прав.

2. “Чоколадни производи” во смисла на овој пра-вилник се чоколада, млечна чоколада, семејна млечна чоколада, бела чоколада, полнета чоколада, чоколада со брашно од житарици, семејна чоколада со брашно о д житарици , чоколаден десерт, чоколада во прав ,чоко-ладен напиток , засладено какао и засладен какао прав.

3. ,,Растителните масти,, кои се додаваат на чоко-ладните производи се од еден вид или од смеса на не-колку вида масти, еквивалентни на какао путерот, и треба да:

- не припаѓаат на групата на лаурински растителни масти и да се богати со симетрични мононезаситени триглицериди од видот палмитинска киселина, олеин-ска киселина и стеаринска киселина;

- можат да се мешаат со какао путер во секакви пропорции, да се компатибилни со неговите физички особини (точка на топење, температура на кристализи-рање, степен на топење, потреба од фаза на темперира-ње);

- се добиени само со постапка на рафинирање и/или фракционирање, која постапка исклучува ензимска мо-дификација на триглицеридната структура.

Член 3 “Какао маса” во смисла на овој правилник се фино

мелени исчистени од лушпите и нукулците печени ка-као зрна. Какао масата не треба да содржи повеќе од 5 % какао лушпа и какао клица и не повеќе од 10% вку-пен пепел, пресметано на безмасна сува материја на ка-као масата.

Член 4

“Какао путер” во смисла на овој правилник е маст добиена од какао зрно, или делови од какао зрно со следните својства:

- содржина на слободни масни киселини, изразени како олеинска киселина, не повеќе од 1,75 %

- содржина на ненасапунливи материи, изразени ка-ко петрол етер, не повеќе од 0,5 % освен кај пресуван какао путер каде не треба да биде повеќе од 0,35 %.

Бојата, миризбата и вкусот на одделни видови ка-као путер треба да одговараат на карактеристиките од тие видови и не треба да имаат туѓа миризба и вкус.

Член 5

“Какао прав (какао)” во смисла на овој правилник е производ добиен со претворање во прав на какао зрна кои се претходно исчистени, излупени и термички тре-тирани, што содржи најмалку 20% какао путер, смета-но на тежината на сува материја, и со содржина на вода што не надминува 9%.

“Какао прав (какао) со смалени масти” во смисла на овој правилник е производ што содржи помалку од 20 % какао путер сметано на сувата материја.

Член 6 “Чоколада” во смисла на овој правилник е производ

добиен од какао производи и шеќери, што содржи нај-малку 35% вкупна сува материја од какао делови вклу-чувајќи најмалку 18% какао путер и најмалку 14% суви немасни какао делови.

“Чоколада во форма на гранули (vermicelli)” или снегулки (flakes) во смисла на овој правилник е произ-вод што содржи најмалку 32% вкупна сува материја од какао делови, вклучувајќи најмалку 12% какао путер и најмалку 14% суви безмасни какао делови.

“Чоколаден прелив” во смисла на овој правилник е производ што содржи најмалку 35% вкупна сува мате-рија на какао делови, вклучувајќи најмалку 31% какао путер и најмалку 2,5% суви безмасни какао делови.

“Чоколада за готвење” во смисла на овој правилник е производ добиен од какао производи од какао произ-води и шеќери и содржи најмалку 40% вкупна сува ма-терија од какао делови, од кои најмалку 80% суви без-масни какао делови и најмалку 7 % додаден какао пу-тер.

“Чоколадата со фино мелен лешник” (gianduja) е производ добиен од чоколада со додаток на фино ме-лен лешник, што содржи најмалку 32% вкупна сува ма-терија од какао делови и најмалку 8% суви безмасни какао делови, како и фино мелени лешници во количи-на од 20 гр. до 40 гр. на 100 гр. производ.

На чоколадата со фино мелен лешник може да би-де додадено и:

- млеко или млеко во прав, во таков сооднос што крајниот производ да содржи најмногу 5% сува мате-рија од млеко сметано на готов производ;

- бадеми, лешници или други видови овошје во ја-тка, цели или искршени, така што заедно со мелените лешници да не надминуваат 60% од вкупната тежина на производот.

Член 7 “Млечна чоколада” во смисла на овој правилник е

производ добиен од какао производи, шеќери и млеко или млечни производи,што содржи:

- најмалку 25% вкупна сува материја од какао дело-ви;

Page 23: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 23

- најмалку 14% сува материја од млеко добиена од делумно или од полно дехидрирано полномасно млеко, делумно обезмастено или обезмастено млеко, павлака или од делумно или потполно дехидрирана павлака, путер или млечна маст;

- најмалку 2,5% суви обезмастени какао делови; - најмалку 3,5% млечни масти сметано на сува ма-

терија на готов производ; - најмалку 25% вкупни масти (какао путер и млечни

масти) сметано на сува материја на готов производ. “Млечна чоколада во гранули (vermicelli)” или

“снегулки (flakes)” во смисла на овој правилник е про-извод што содржи:

- намалку 20% вкупна сува материја од какао делови; - најмалку 12 % сува материја од млеко добиена од

делумно или потполно дехидрирано полномасно мле-ко, делумно обезмастено или обезмастено млеко, пав-лака или од делумно или потполно дехидрирана павла-ка, путер или млечна маст;

- најмалку 12% вкупни масти (какао маст и млечна маст) сметано на сува материја.

“Млечен чоколаден прелив” во смисла на овој пра-вилник е производ што содржи најмалку 31 % вкупни масти (какао маст и млечна маст) .

“Млечна чоколада со фино мелен лешник” “Gian-duja“ во смисла на овој правилник е чоколаден произ-вод со лешници произведен од млечна чоколада со со-држина на:

- најмалку 10% на сува материја од млеко добиена од де-лумно и или потполно дехидрирано полномасно млеко, де-лумно обезмастени или обезмастено млеко, павлака или од делумно или потполно дехидрирана павлака, путер или млечна маст, и од фино мелени лешници во количина од 15 г до 40 г лешници на 100 г производ.

Во млечната чоколада од став 1 на овој член можат да се додадат бадеми, лешници или други видови јаткасто овошје, цели или кршени, такашто заедно со мелените лешници да не надминуваат 60 % од тежината на готовиот производ.

Член 8

Кога името “ млечен / млечна “ за производите од член 6 на овој правилник е заменето со зборовите:

- “ крем” и “со слатка павлака “ производот треба да содржи најмалку 5,5 % млечни масти;

- “со обезмастено млеко” производот треба да содр-жи најмногу 1 % млечна маст.

Член 9

“Семејна млечна чоколада” во смисла на овој пра-вилник е производ добиен од какао производи, шеќери и млеко или млечни производи и содржи:

- најмалку 20% вкупна сува материја од какао де-лови;

- најмалку 20% вкупна сува материја од млеко до-биено од делумно или потполно дехидрирано полно-масно млеко, делумно обезмастено или обезмастено млеко, павлака или делумно потполно дехидрирана павлака, путер или млечна маст;

- најмалку 2,5% суви безмасни какао делови; - најмалку 5% млечна маст и - најмалку 25%вкупни масти (какао путер и млечна

маст).

Член 10 “Бела чоколада” во смисла на овој правилник е про-

извод добиен од какао путер, млеко или млечни произ-води и шеќери, што содржи:

- најмалку 20% какао путер; - најмалку 14% сува материја од млеко добиена од

делумно или потполно дехидрирано полномасно мле-ко, делумно обезмастено или обезмастено млеко, пав-лака или делумно или потполно дехидрирана павлака, путер или млечна маст и

- најмалку 3,5% млечна маст.

Член 11 “Полнета чоколада, чоколада со...фил, чоколада со

јадро од...” во смисла на овој правилник е производ со маса за полнење чиј надворешен слој се состои од еден од чоколадните производи од членовите 6, 7 и 10 на овој правилник при што масата за полнење не може да содржи пекарски производи, кекс, бисквити или сладо-лед, а чоколадниот слој треба да сочинува најмалку 25% од вкупната маса на производот.

Член 12

“Чоколада со брашно од житарици (a la taza)” во смисла на овој правилник е производ составен од какао производ, шеќер, брашно или скроб од пченица, ориз или пченка, кој содржи најмалку 35% вкупна сува ма-терија од какао делови вклучително најмалку 18% ка-као путер и најмалку 14 % суви безмасни какао делови и не повеќе од 8% брашно од скроб.

Член 13 “Семејна чоколада со брашно од житарици (a la ta-

za)” во смисла на овој правилник е производ добиен од какао производ, шеќер, брашно или скроб од пченица, ориз или пченка, и содржи најмалку 30% вкупна сува материја од какао делови вклучително најмалку 18% какао путер и најмалку 12% суви безмасни какао дело-ви и не повеќе од 18% брашно или скроб.

Член 14

“Чоколадниот десерт’’ во смисла на овој правилник е производ со големина на еден залак кој се состои од:

- полнета чоколада или - чоколада или комбинација или смеса од чоколад-

ните производи од членовите 6, 7, 10, 11, 12 и 13 на овој правилник и други хранливи состојки, при што чоколадниот дел да претставува најмалку 25% од вкуп-ната маса на производот.

Член 15

“Чоколада во прав’’ во смисла на овој правилник е производ што се состои од мешавина на какао, прав и шеќери и содржи најмалку 32 % какао прав.

Член 16

“Чоколаден напиток, засладено какао, засладен ка-као прав’’ во смисла на овој правилник е производ што се состои од мешавина на какао прав и шеќери и содржи најмалку 25% какао прав. Ако какао правот е со намалена содржина на масти, тогаш името на произ-водот се дополнува со терминот “со намалена содржи-на на масти”.

Член 17 Минималните количини на состојките во чоколад-

ните производи се пресметуваат на следниот начин: 1. за чоколадните производи од член 6, 7, 9, 10, 11,

12 и 13 од вкупната маса се вадат другите додадени хранливи состојки според член 18,

2. за производите од член 14 од вкупната маса на полнењето и додадените хранливи состојки според член 18.

3. За чоколадните производи од точка 2 на овој член содржината на чоколада се пресметува како про-цент од вкупната маса на крајниот производ, вклучу-вајќи ја и масата на полнење.

Член 18

Во чоколадните производи од членовите 6, 7, 9, 10, 12, 13 и 14 на овој правилник може да се додаваат и други хранливи состојки најмногу до 40 % од тежината на крајниот производ, при што не треба да се додаваат немлечни животински масти и нивни производи.

Брашно или скроб во прав или гранули се додава само во чоколадата со брашно од житарици (a la taza) и семејната чоколада со брашно од житарици (a la taza).

Page 24: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 24 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

Во чоколадните производи од членовите 6, 7, 9, 10, 12, 13 и 14 од овој правилник не треба да се додаваат ароми кои имитираат вкус на чоколада или на млечна маст.

Член 19

Во чоколадните производи од членовите 6, 7, 9, 10, 12, 13 и 14 на овој правилник се додаваат расти-телни масти, различни од какао путер, кои се утврдени во Табелата за растителните масти кои се додаваат во чоколадните производи, која е составен дел на овој правилник.

Количината на додадените растителни масти не треба да надмине 5 % од вкупната маса на крајниот производ, која се пресметува после вадење на тежината на другите хранливи состојки од член 18 на овој пра-вилник.

При додавање на растителните масти, различни од какао путер, не треба да се намали минималната содр-жина на вкупната сува какао маса и какао путер.

Член 20

Какао производите и чоколадните производи се оз-начуваат во согласност со имињата утврдени во овој правилник и прописите за означување на храната.

Означувањето на имињата на какао производите и чоколадните производи може да се вклучи во означува-њето на другите видови храна согласно воспоставена-та пракса за нивното означување.

Кога чоколадните производи од членовите 6, 7, 9, 10, 12, 13 и 14 на овој правилник со различни имиња се продаваат како збир во едно пакување, имињата на чо-коладните производи можат да се заменат со ознаката “мешавина на полнети чоколади” или “мешавина на чоколадни десерти” или друго слично име, при што во означувањето може да се наведе единствена листа на состојки за сите производи кои се содржани во пакува-њето.

Член 21

Кога чоколадните производи содржат растителни масти при означувањето се наведува јасен и видлив текст “содржи растителни масти како додаток на какао путерот” и истиот се наведува во исто видно поле со листата на состојки, но одделно од неа, со најмалку иста големина и јаснотија на букви, како оние на името на производот, кое се наоѓа во близина.

Член 22

При означувањето на производите чоколада во прав и чоколаден напиток и производите од членовите 6, 7, 9, 12 и 13 на овој правилник треба да се означи вкуп-ната сува какао маса со зборовите: “какао делови ... % мин”.

Член 23

При означувањето на какао прав со смалени масти и чоколаден напиток, се наведува содржината на какао путерот.

Член 24

Името “чоколада” може да се дополни со информа-ција или опис на квалитетот на производот, кога произ-водот содржи најмалку 43% вкупна сува материја од какао делови и најмалку 26% какао путер.

Името “млечна чоколада” може да се надополни со информација или опис на квалитетот на производот, кога производот содржи најмалку 30% вкупна сува ма-терија од какао делови и најмалку 18% сува материја од млеко добиена од делумно или потполно дехидрира-но полномасно млеко, делумно обезмастено или обез-мастено млеко, павлака или делумно или потполно де-хидрирана павлака, путер или млечна маст и најмалку 4,5 % млечна маст.

Името “чоколаден прелив” може да се дополни со информација или опис на квалитетот на производот, кога производот содржи најмалку 16% суви безмасни какао делови.

Член 25

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престануваат да се применуваат одредбите од Правил-никот за квалитет на какао производите, производите слични на чоколада, крем производите и на бонбонски-те производи (“Службен лист на СФРЈ”бр. 23/88, 63/88 и 36/89) што се однесуваат на какао производите и чо-коладните производи од овој правилник.

Член 26

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија”.

Бр. 20-2615/1 Министер за здравство,

6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р. Скопје Табела за растителните масти кои се додаваат во

чоколадните производи Во чоколадните производи можат да се додаваат

следниве видови растителни масти: ____________________________________________ Име на растителната маст Научно име на растенијата од кои се добиени 1. Масло од илипе, борнео маст Tengkawwang Shorea 2. Палмино масло Elaeis guineensis, Elaeis olifera 3. Масло од сал Shorea robusta 4. Масло од шеа Butiyrospermum parkii 5. Масло од кокум гурги Garcinia indica 6. Масло од јатки на манго Mangifera indica ____________________________________________ Кокосово масло се употребува само за чоколадни-

те производи наменети за производство на сладолед и слични замрзнати производи.

__________ 382.

Врз основа на член 8 став 1 од Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“Службен весник на Република Маке-донија” бр. 54/2002), министерот за здравство донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ШЕЌЕРИТЕ

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат посебните ба-рања за безбедност на шеќерите.

Член 2

Одредбите на овој правилник не се однесуваат на шеќерите во форма на шеќер во прав, шеќерни бонбо-ни и коцки шеќер.

Член 3

“Полубелиот шеќер” во смисла на овој правилник е пречистена и кристализирана сахароза со следните ка-рактеристики:

a) поларизација- не помалку од 99,5 % Z,. б) содржина на инвертен шеќер- не повеќе од 0,1%

тежински и в) загуба на маса при сушење - не повеќе од 0,1%

тежински. “Шеќерот” или “белиот шеќер” во смисла на овој

правилник е пречистена и кристализирана сахароза со следните карактеристики:

Page 25: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 25

а) поларизација- не помалку од 99,7 % Z. б) содржина на инвертен шеќер- не повеќе од 0,04%

тежински в) загуба на маса при сушење- не повеќе од 0,06%

тежински и г) боја- не повеќе од 9 поени. “Екстра белиот шеќер” во смисла на овој правилник

е производ со следните карактеристики: а) поларизација- не помалку од 99,7 % Z б) содржина на инвертен шеќер - не повеќе од

0,04% тежински в) загуба на маса при сушење- не повеќе од 0,06%

тежински г) вкупен број поени не повеќе од 8, и не повеќе од: - 4 за боја, - 6 за содржина на пепел, - 3 за боја на растворот. “Растворот на шеќер” во смисла на овој правилник

е воден раствор на сахароза со следните карактеристи-ки:

а) сува материја - не помалку од 62% тежински б) содржина на инвертен шеќер (однос фруктоза/

декстроза: 1,0+-0,2)-не повеќе од 3% тежински од сува-та материја

в) кондуктивен пепел- не повеќе од 0,1% тежински од сувата материја и

г) боја на растворот - не повеќе од 45 ICUMSA еди-ници.

“Растворот на инвертен шеќер” во смисла на овој правилник е воден раствор на шеќер делумно инверти-ран со хидролиза, во кој делот на инвертниот шеќер не доминира, со следните карактеристики:

а) сува материја - не помалку од 62% тежински б) содржина на инвертен шеќер (однос фруктоза/

декстроза : 1,0+- 0,1)- не повеќе од 3% но не повеќе од 50% тежински од сувата материја и

в) кондуктивен пепел не повеќе од 0,4 тежински од сувата материја.

“Сирупот на инвертен шеќер” во смисла на овој правилник е воден раствор што може да кристализи-рал, на сахароза делумно инвертирана со хидролиза, во кој содржината на инвертниот шеќер (однос фруктоза / декстроза : 1,0+- 0,1 ) треба да биде над 50% тежински од сувата материја со следните карактеристики:

а) сува материја - не помалку од 62% тежински б) кондуктивен пепел - не повеќе од 0,4 % тежин-

ски од сувата материја. “Гликозниот сируп” во смисла на овој правилник е

пречистен и концентриран воден раствор на сахариди добиени од скроб и / или инулин, со следните каракте-ристики:

а) сува материја - не помалку од 60% тежински б) дексдрозен еквивалент- не помалку од 20% те-

жински од сувата материја и изразен како Д- гликоза в) сулфатен пепел- не повеќе од 1% тежински од

сувата материја. “Дехидрираниот гликозен сируп” во смисла на овој

правилник е делумно дехидриран гликозен сируп со следните карактеристики:

а) сува материја - најмалку 93% тежински б) декстрозен еквивалент - не помалку од 20% те-

жински од сувата материја и изразен како Д- гликоза в) сулфатен пепел - не повеќе од 1% тежински од

сувата материја. “Декстрозата” или “Декстрозата монохидрат” во

смисла на овој правилник е пречистена и кристализи-рана Д- гликоза, која содржи една молекула кристали-зациона вода, со следните карактеристики:

а) декстроза (Д- гликоза)- не помалку од 99,5% те-жински од сувата материја

б) сува материја - не помалку од 90% тежински в) сулфатен пепел - не повеќе од 0,25% тежински од

сувата материја.

“Декстрозата” или “ Безводната декстроза” во смис-ла на овој правилник е пречистена - кристализирана Д - гликоза која не содржи кристализациона вода, со след-ните карактеристики:

а) сува материја - не помалку од 98% тежински б) декстроза (Д- гликоза)- не помалку од 99,5% те-

жински од сувата материја, а сува материја - не помал-ку од 98% тежински

в) сулфатен пепел - не повеќе од 0,25% тежински од сувата материја.

“Фруктозата” во смисла на овој правилник е пречи-стена и кристализирана Д - гликоза која не содржи кристализациона вода, со следните карактеристики:

а) содржина на фруктоза - минимум 98% б) содржина на гликоза - максимум 0,5 в) губиток при сушење - не повеќе од 0,5% тежин-

ски г) кондуктивен пепел- не повеќе од 0,1%тежински.

Член 4 “Поен” кој се употребува кај шеќерите од член 3 на

овој правилник соодветствува на: а) за тип боја - 0,5 единици, пресметани по метода

на институтот Brunswick б) за содржина на пепел - 0,0018% според метода

ICUMSA и в) за боја на раствор - 7,5 единици пресметани спо-

ред метода ICUMSA.

Член 5 Шеќерите се означуваат согласно имињата утврде-

ни во член 3 на овој правилник и прописите за означу-вање на храната.

При означувањето на името на шеќерите можат да се додадат изрази со објаснување вообичаени во праксата.

Означувањето на името на шеќерите од член 3 од овој правилник може да се вклучи во означувањето на други видови храна согласно воспоставената пракса за нивното означување.

Член 6 За шеќерите пакувани во оригинално пакување со

тежина под 20 г, нето тежината може да не се означува. За растворите на шеќер, растворите на инвертен

шеќер и сирупите на инвертен шеќер се означува содр-жината на сувата материја како и содржината на ин-вертниот шеќер.

За сирупот на инвертен шеќер кој има кристали во растворот, при означувањето се додава терминот “кри-стализиран“.

При означувањето на гликозен сируп и дехидриран гликозен сируп, кој содржат фруктоза во количина над 5 % тежински од сувата материја, означувањето се вр-ши со изразите “гликозо-фруктозен сируп” или “фру-ктозо-гликозен сируп“ и “дехидриран гликозо-фрукто-зен сируп“ или “дехидриран фруктозо-гликозен сируп” во зависност од преовладувачката содржина на гликоз-ната или на фруктозната компонента.

Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник

престануваат да се применуваат одредбите од Правил-никот за квалитет на шеќер, скроб и производи од скроб ( “Службен лист на СФРЈ” бр. 2/64, 1/67, 27/71, 59/77 и 13/78) што се однесуваат на посебните барања за безбедност на шеќерите.

Член 8

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Репуб-лика Македонија“.

Бр. 20-2608/1 Министер за здравство,

6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р. Скопје

Page 26: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 26 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

383. Врз основа на член 12 став 2 од Законот за безбед-

ност за храната и на производите и материјалите што до-аѓаат во контакт со храната (“Службен весник на Репуб-лика Македонија” број 54/2002), министерот за здрав-ство, во согласност со министерот за економија и мини-стерот за животна средина и просторно планирање, до-несе

П Р А В И Л Н И К

ЗА САНИТАРНО ХИГИЕНСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат санитарно хиги-енските услови за производство и промет на храна.

Член 2

Санитарно хигиенски услови во смисла на овој пра-вилник се сметаат условите кои производителите и тр-говците со храна треба да ги исполнуваат по однос на простор, објекти, опрема, машини, средства за работа, условите што треба да ги исполнуваат лицата кои рабо-тат во производство и промет.

Член 3

Одредбите на овој правилник се применуваат во си-те фази на производство и промет на храна, вклучувај-ќи ги извозот и увозот, а не доведувајќи ги во прашање поспецифичните барања поврзани со хигиена на храна.

Одредбите на овој правилник не се применуваат на: а) примарно производство за домашна употреба; б) домашна подготовка, ракување и складирање на

храната за сопствена домашна потрошувачка.

Член 4 Производителите и трговците на храна треба да

обезбедат соодветно спроведување на општите услови за хигиена на храната содржани во овој правилник во сите фази на производството и промет.

Член 5

Производителите треба да осигураат дека примар-ното производство е заштитено од загадување, имајќи ја предвид секоја фаза во примарното производство.

Производителите на храна, кои одгледуваат, соби-раат или ловат домашни животни/диви животински ви-дови вклучувајќи произведување на примарни произ-води од животинско потекло, треба да ги исполнуваат следните услови:

а) да ги одржуваат чисти сите објекти кои што се употребуваат во врска со примарното производство и придружните операции, вклучувајќи ги просториите кои што се употребуваат за складирање и ракување со храна и, кога тоа е потребно, по чистењето да ги дезин-фицираат на соодветен начин;

б) да ги одржуваат чисти и каде што е неопходно, по чистењето да се врши дезинфекција на соодветен начин на опремата, контејнерите, сандаците, возилата и садовите;

в) до најголем можен степен да се осигура чистота-та во производството на животни и животните кои се колат;

г) да се употребува безбедна вода за да се спречи загадувањето;

д) персоналот кој работи во производството, да е со добра здравствена состојба и да има основни знаења за хигиената на храната и заштитата на животната среди-на;

ѓ) до најголем можен степен да се спречи загадува-њето предизвикано од животни и штетници;

е) да се складира и ракува со отпад и опасни суп-станции за да се спречи загадувањето;

ж) да се спречи појава и ширење на заразни болести преносливи врз човекот преку животни, вклучувајќи и преземање на превентивни мерки при воведување на нови животни и известување на надлежните органи за сомнителни појави на такви болести;

з) да се земат предвид резултатите од сите реле-вантни анализи извршени врз мострите земени од жи-вотни или други мостри со важност за човековото здравје.

Производителите, кои произведуваат и берат расти-телни производи или собираат диви растителни видови и габи, треба да ги исполнат следните санитарно хиги-енски услови:

а) да ги одржуваат чисти просториите, опремата, контејнерите, сандаците, возилата и садовите, кога тоа е потребно и по чистењето да ги дезинфицираат на со-одветен начин;

б) да обезбедат услови за хигиенско производство, транспорт и складирање и за чистота на растителни производи;

ц) да употребуваат безбедна вода за да се спречи за-гадувањето;

д) персоналот кој работи во производство, да е со добра здравствена состојба и да има основни знаења за хигиената и заштитата на животната средина;

е) до најголем можен степен да го спречат загадува-њето предизвикано од животни и штетници;

ф) да складираат и ракуваат со отпад и опасни суп-станции за да се спречи загадувањето.

Член 6

Објектите за производство и промет на храна треба да се одржуваат чисти и во добра состојба.

Планот, дизајнот, градбата, поставеноста и големи-ната на објектите за производство и промет на храна треба да:

а) овозможуваат соодветно одржување, чистење и/или дезинфекција, одбегнување или минимизирање на аеробно загадување и овозможуваат соодветен рабо-тен простор за извршување на хигиенските барања во сите фази на производство и промет на храна;

б) да спречуваат собирање на нечистотија, допир со токсични материјали, наслојување на честички во хра-ната и создавање на кондензација или несакана мувла на површините;

в) овозможуваат практикување на добра хигиенска пракса, вклучувајќи и заштита од загадување;

г) обезбедуваат превентивна дезинфекција, дезин-секција и дератизација;

д) овозможуваат ракување во соодветно контролирана температура и услови на складирање на соодветен капа-цитет за одржување на прехранбените производи на соод-ветна температура и дизајн што овозможува надгледува-ње на овие температура и нивно евидентирање.

Санитарните јазли треба да се достапни и поврзани со ефикасен одводен систем и да се со соодветен број. Санитарните јазли не треба директно да се отвораат во просториите во кои се ракува со храна. Санитарните јазли треба да се опремени со природна и / или вештач-ка вентилација.

Соодветен број на мијалници треба да се достапни, соодветно лоцирани и дизајнирани за миење на рацете. Мијалниците за миење на рацете треба да бидат опре-мени со доводи за топла и ладна проточна вода, средс-тва за миење на рацете и хигиенско сушење. Простори-ите за миење на храната треба да се одделат од просто-риите за миење на рацете.

Во просториите за производство и промет на храна треба да постои природна и/или вештачка вентилација. Треба да се избегне протокот на воздух да оди од зага-дените области во чистите области. Системите за вен-тилација треба да се конструирани, да овозможат лесен пристап до филтрите и останатите делови кои бараат чистење или замена.

Page 27: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 27

Просториите за производство и промет на храна треба да имаат соодветно природно и/или вештачко осветление.

Одводите на отпадните материи треба да се соод-ветни за наменетата цел. Тие треба да се дизајнирани и изградени за да се избегне ризикот од загадувањето. Онаму каде одводните канали се целосно или делумно отворени, истите треба да се дизајнирани за да осигу-раат дека протокот на отпадните материи не се движи од загадената во чистата област, особено во области ка-де што се работи со храна која претставува висок ризик за крајните потрошувачи.

Во објектите за производство и промет на храна треба да се обезбедат соодветни простории за пресоб-лекување на персоналот.

Средства за чистење и дезинфициенсите не треба да се чуваат во просторот во кои се ракува со храната.

Член 7

Во објектите за производство на храна, во просто-риите каде храната се обработува, доработува, прера-ботува, подготвува и пакува (со исклучок на простори-ите за послужување) дизајнот и изгледот треба да овоз-можуваат примена на добра хигиенска пракса. Овие простории треба да бидат дизајнирани со цел да:

а) подните површини можат да се одржуваат во до-бра хигиенска состојба и лесно да се чистат, а кога е потребно и да се дезинфицираат. Ова бара употреба на непропустливи, неапсорбирачки, нетоксични материја-ли кои што се измиваат, освен кога производителите и трговците со храна, може да ги задоволат овие барања со употреба на поинакви соодветни материјали. Подо-вите треба да овозможуваат соодветно површинско од-воднување, кога тоа е потребно;

б) ѕидните површини можат да се одржуваат во до-бра хигиенска состојба и лесно да се чистат, а кога тоа е потребно, и да се дезинфицираат. Ова бара употреба на непропустливи, неапсорбирачки, нетоксични мате-ријали кои се измиваат и мазни површини со висина соодветна на процесот на производство;

в) таваните и висечките вградени елементи се гра-дат и финализираат така што оневозможуваат собира-ње на нечистотија и кондензација, раст на несакана мувла и наслојување на честички;

г) прозорците и останатите отвори се градат за да се спречи собирање на нечистотија. Оние кои што се отвораат кон надворешната средина, доколку тоа е по-требно, се зацврстуваат со окна за заштита од инсекти, кои лесно се отстрануваат за чистење. Кога отворените прозорци резултираат со загадување, истите остануваат затворени и зацврстени во текот на производството;

д) вратите лесно се чистат и дезинфицираат. Ова бара употреба на мазна и неапсорбирачка површина, освен кога производителите и трговците со храна може да ги задоволат овие барања со употреба на поинакви соодветни материјали; и

ѓ) површините (вклучувајќи ги површините на опремата) во областите каде што се ракува со храна и особено оние во допир со храната се одржуваат во до-бра хигиенска состојба и лесно се чистат и се дезинфи-цираат. Ова бара употреба на непропустливи, неапсор-бирачки, нетоксични материјали кои се измиваат.

Производителите и трговците на храна треба да обезбедат соодветни простории, кога тоа е потребно, за чистење, дезинфицирање и складирање на работните средства и опрема. Овие простории треба да се изгра-дени од материјали отпорни на корозија, кои што лесно се чистат и имаат соодветно снабдување со топла и студена вода.

Секој мијалник или било која просторија за миење на храната треба да има соодветно снабдување со топ-ла и/или студена безбедна вода и истите треба да се чу-ваат чисти и да се дезинфицираат.

Член 8 Производителите и трговците на храна воведуваат ,

имплементираат и одржуваат постојана постапка или постапки засновани врз HACCP принципите кои го со-држат следново:

а) идентификување на секоја опасност што мора да се спречи, елиминира или намали на прифатливо ниво;

б) идентификување на критичните контролни точки на чекорот или чекорите кога контролата е значајна, за да се спречи или елиминира опасноста или истата да се намали на прифатливо ниво;

в) утврдување на критични граници на критичните контролни точки кои што ја одделуваат прифатливоста од неприфатливоста за спречување, елиминирање или намалување на идентификуваната опасност;

г) утврдување и имплементирање на ефективни процедури за мониторинг на критичните контролни точки;

д) утврдување на корективни активности, кога мо-ниторингот укажува дека критичните контролни точки не се под контрола;

ѓ) утврдување на процедури, кои редовно се спро-ведуваат, за да се потврди дека мерките утврдени во точките од (а) до (д) функционираат ефективно; и

е) воспоставување на документи и досиеја кои мо-жат да ја покажат ефикасната примена на HACCP принципите во објектите за производство на храна.

Кога се вршат какви било измени врз производот, процесот или во кој било чекор во производството и прометот, производителите и трговците на храна ја проверуваат процедурата и вршат нејзини соодветни измени.

Член 9 Транспортните средства и/или садовите за транс-

порт на прехранбените производи се одржуваат чисти и во добра состојба, при што е потребно истите да се дизајнираат и конструираат за да овозможат соодветно чистење и/или дезинфекција.

Садовите во возилата и/или контејнерите не се упо-требуваат за пренос на ништо друго освен за храна.

Кога садовите за транспортните средства и/или са-довите за транспорт се употребуваат за пренос на дру-ги производи, како дополнување на прехранбените производи или за едновремен транспорт на различни по состав прехранбени производи, кога тоа е потребно, треба да се воведе ефикасно физичко одделување на производите.

Товарот од прехранбени производи во течна, зрне-ста форма или во прав се пренесува во садови и/или контејнери/танкери наменети за транспорт на соодвет-ниот вид на прехранбени производи. Таквите контејне-ри се означуваат на јасно видлив и читлив начин.

Кога садовите за транспортните средства и/или са-довите за транспорт се употребуваат за пренос на дру-ги производи или за едновремен транспорт на други прехранбени производи, истите треба ефикасно и да се исчистат помеѓу двата товари за да се избегне загаду-вање.

Прехранбените производи во садовите за транс-портните средства и/или садовите за транспорт на пре-хранбени производи треба да се поставени и заштитени со цел да се намали ризикот од загадување.

Садовите за транспортните средства и/или садовите за транспорт на прехранбени производи треба да се во состојба да ја одржуваат соодветната температура на прехранбените производи и да овозможуваат монито-ринг на температурата.

Член 10 Сите предмети, уреди и опрема со кои храната доа-

ѓа во контакт треба: а) ефикасно да се чистат и, кога тоа е потребно, да

се дезинфицираат. Чистењето и дезинфекцијата се вр-ши често за да се избегне ризик од загадување;

Page 28: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 28 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

б) треба да се конструирани и направени од такви материјали и да се чуваат уредно и во услови да се на-мали ризикот од загадување;

в) да се конструирани и направени од такви матери-јали кои овозможуваат лесно чистење и дезинфицира-ње, освен за неповратните котејнери и пакувања; и

г) да се поставени на начин за да се овозможи соод-ветно чистење на опремата и околината.

Кога се употребуваат хемиски додатоци за спречу-вање на корозија на опремата и контејнерите, истите се употребуваат во согласност со добрата производна и добрата хигиенска пракса.

Член 11

Производителите и трговците на храна треба во си-те објекти и простории во кои се произведува и прода-ва храната да обезбедат соодветно снабдување со без-бедна вода која се употребува за да се обезбеди дека прехранбените производи не се загадени.

Кога се употребува вода за други цели, за контрола на пожари, производство на пареа, ладење и слично, истата треба да циркулира во одреден идентификуван систем. Оваа вода не треба да е поврзана со системот за водата за пиење, ниту пак да е поврзана со одлив во системот за водата за пиење.

Рециклираната вода, употребена во преработката или како состојка, не треба да претставува ризик за загадува-ње и треба да има ист стандард како водата за пиење.

Мразот кој доаѓа во допир со храната или кој може да ја загади храната, се прави од вода за пиење. Истиот се прави, ракува и чува во услови кои го заштитуваат од загадување.

Пареата, која директно доаѓа во допир со храната, не треба да содржи супстанции кои претставуваат ризик за здравјето на луѓето или може да ја загади храната.

Кога се применува третман со топлина врз прехран-бени производи во херметички затворени контејнери, треба да се обезбеди дека водата употребена за ладење на контејнерите по третманот со топлина не е извор на загадување за прехранбени производи.

Член 12

Отпадоците од храна, споредните производи кои не се ја-дат и другите отпадоци треба да се стават во затворени озна-чени садови и да се отстрануваат од просториите каде е при-сутна храната колку што е можно побрзо, за да се избегне директна или индиректна контаминација.

Местата и садовите за чување отпадоци од храна треба да се дизајнираат на начин едноставен за чисте-ње и дезинфекција и да се обележани согласно подза-конските акти донесени согласно прописите за отпад.

Со сиот отпад опфатен со став 1 на овој член вклу-чувајќи го и отпадот од пакување, се постапува во сог-ласност со прописите за отпад.

Член 13

Секое лице, кое работи во производство и промет на храна треба да одржува висок степен на лична хиги-ена и да носи соодветна, чиста работна облека и за-штитна облека.

Лице, заболено или носител на заразна болест, што се пренесува преку храната, предмети и непосреден и посреден контакт, не може да работи во производство и промет на храна, ниту пак да има пристап во областа во која се ракува со храната.

Секое лице, кое има влијание или е вработено во производство и промет на храна и кое лесно доаѓа во допир со храната, веднаш го известува производителот или трговецот за болеста или симптомите, и доколку тоа е возможно, за нивните предизвикувачи.

Член 14

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за општите минимал-но-технички услови за просториите, уредите и опрема-та за производство, складирање, чување и промет на прехранбени продукти и предмети за општа употреба (“Службен весник на СРМ “ бр. 17/79).

Член 15

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во” Службен весник на Репуб-лика Македонија”, а одредбата од член 8 од овој пра-вилник ќе се применува од 01.01.2009 година. Бр. 20-2611/1 Министер за здравство, 6 март 2006 година проф. д-р Владимир Димов, с.р.

Скопје Бр. 10-1815/2 Министер за економија,

14 март 2006 година м-р Фатмир Бесими, с.р. Скопје

Бр. 11-74/3 Министер за животна средина 15 март 2006 година и просторно планирање, Скопје д-р Зоран Шапуриќ, с.р.

__________ ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

53. Врз основа на член 9 став 2 од Законот за пожарни-

карството („Службен весник на Република Македони-ја“ бр. 67/04), директорот на Дирекцијата за заштита и спасување донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ФОРМАЦИИТЕ, ЧИНОВИТЕ, КАКО И ОБЕЛЕЖЈА-ТА НА ЧИНОВИТЕ ВО ПРОТИВПОЖАРНИТЕ ЕДИНИЦИ

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат формациите, чи-новите, како и обележјата на чиновите во противпо-жарните единици.

Член 2

Противпожарните единици по своите формациски сили може да бидат:

1. Противпожарно одделение; 2. Противпожарен вод; 3. Противпожарна чета и 4. Противпожарна бригада.

Член 3 Основна и најмала тактичка единица е противпожарно

одделение кое во својот состав има 9 пожарникари. Одделението може да биде во намален формациски

состав од 7 пожарникари. Заради правилен настап и ефикасно гаснење на по-

жарите одделението е поделено во три групи.

Page 29: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 29

Член 4 Протвипожарен вод е тактичка единица која е составе-

на од две или повеќе одделенија, а противпожарна чета е тактичка единица составена од два или повеќе вода.

Противпожарна бригада е тактичка единица соста-вена од две или повеќе чети.

Член 5

Пожарникарите во противпожарните единици има-ат чинови кои ги носат на ветровката, зимската и лет-ната блуза – виндјакна и на летната кошула.

Обележјата на чиновите се состојат од ширити со жолто-златна боја со широчина од 6 и 12 мм. и пожар-никарски факел во жолто-златна боја изработена од ле-гура со димензии 15 мм висина и 7 мм. ширина Обе-лежјата на чиновите на униформата се пришиени на ткаенина иста како ткаенината на зимската, односно летната униформа.

Обележјето на чинот за пожарникар е еден правоа-голен златен ширит со ширина од 6 мм. (Образец 6р. 1).

Обележјето на чинот за водич на група се состои од еден прав и еден правоаголен ширит со жолта злат-на боја со широчина од б мм. на меѓусебно растојание од 6 мм. (Образец бр. 2).

Обележјето на чинот за командир на одделение се состои од еден прав и еден правоаголен ширит со жол-то златна боја со широчина од 6 мм на меѓусебно рас-тојание од 6 мм (образец бр. 3).

Обележјето на чинот за заменик командир на вод се состои од еден прав ширит со ширина од 12 мм и еден правоаголен ширит со ширина од 6 мм. на меѓу-себно растојание од 6 мм. Ширитите се со жолта златна боја (Образец број 4).

Обележјето на чинот за командир на вод се состои од еден прав ширит со ширина од 12 мм. и еден право-аголен ширит од 6 мм. на меѓусебно растојание од 6 мм. Ширитите се со жолто златна боја. На растојание од 6 мм од темето на правоаголниот ширит се наоѓа по-жарникарски факел (Образец бр. 5).

Обележјето на чинот за заменик командир на чета се состои од два прави ширити паралелно пришиени, од кој едниот е со ширина од 12 мм на растојание од 6 мм од ракавот, вториот е со ширина до 6 мм и еден правоаголен со ширина од 6 мм, на меѓусебно растојание од 6 мм.

Ширитите се со жолта златна боја. На средината помеѓу правиот ширит од 6 мм и правоаголниот ширит се наоѓа пожарникарски факел (Образец бр.6).

Обележјето на чинот за командир на чета се со-стои од два прави ширити паралелно пришиени, од кои едниот е со ширина од 12 мм, на растојание од 6 мм од ракавот, вториот е со ширина од 6 мм. и еден правоаго-лен со ширина од 6 мм на меѓусебно растојание од 6 мм. Ширитите се со жолта златна боја. На растојание од 6 мм од темето на правоаголниот ширит се наоѓа по-жарникарски факел. (Образец бр. 7)

Обележјето на чинот за помошник командант се состои од два прави ширити паралелно пришиени со ширина од по 12 мм и еден правоаголен ширит со ши-рина од 6 мм, сите на меѓусебно растојание од 6 мм. Ширитите се со жолта златна боја. На растојание од 6 мм од темето на правоаголниот ширит се наоѓа пожар-никарски факел. (Образец бр. 8)

Обележјето на чинот за заменик командант се со-стои од три прави ширити паралелно пришиени од кои два се со ширина од по 12 мм и еден од 6 мм и еден

правоаголен ширит со ширина од 6 мм, на меѓусебно растојание од по 6 мм. Ширитите се со жолта златна боја. На растојание од 6 мм од темето на правоаголниот ширит се наоѓа пожарникарски факел. (Образец бр. 9)

Обележјето на чинот за командант се состои од три прави ширити паралелно пришиени со ширина од по 12 мм и еден правоаголен ширит со ширина од 6 мм. сите на меѓусебно растојание од по 6 мм. Ширитите се со жолта златна боја. На растојание од 6 мм. од темето на правоаголниот ширит се наоѓаат два пожарникарски факела. (Образец бр.10).

Нарамениците со обележјата на чиновите на уни-формата пожарникар и водич на група опшиени се со испуска од пурпурно црвена боја широка 3 мм.

Нарамениците со обележјата на чиновите на уни-формата за останатите работници опшиени се со испу-ска од златно жолта боја широка 3 мм.

Член 6

Обрасците број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 се соста-вен дел на овој правилник.

Член 7

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник пре-станува да важи Правилникот за условите за униформата, ознаките за униформата и заштитната опрема на работниците во територијалните противпожарни единици (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/94).

Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од

денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 08-480/1 Дирекција за заштита и спасување 8 март 2006 година Директор,

Скопје Киро Атанасов, с.р.

Page 30: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 30 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

54. Врз основа на член 45 став 7 од Законот за пожар-

никарството („Службен весник на Република Македо-нија " бр. 67/04), директорот на Дирекцијата за заштита и спасување донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА КРИТЕРИУМИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИС-ПОЛНУВААТ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КОИ ВРШАТ ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА СТАБИЛ-НИ ИНСТАЛАЦИИ ЗА ОТКРИВАЊЕ, ЈАВУВАЊЕ И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИ И ОТКРИВАЊЕ НА

ЕКСПЛОЗИВНИ СМЕСИ

Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските

критериуми што се однесуваат на техничката опрема кои треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси.

Член 2

(1) Правното лице кое врши одржување, сервиси-рање на стабилните инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни сме-си особено треба да располага со следната техничка опрема:

- уреди за активирање на сите видови јавувачи на пожар

- (чад, термички, пламени и други ), баждарени уреди - униврзален мерен електричен инструмент; - уред за мерење на електричниот отпор на изолациите; - уред за мерење капацитетот на акумулаторските

батерии; - стоперица сат; - метро лента ( 25-50м); - мерач на звук ( 0-120 db ); - термометар ( -20....+ 600 0С ) ; - мерач на брзина на струење на воздухот ( до 20м / сек ); - манометри со соодветни мерни подрачја со најмал

промер од 100 мм и класа на точност 1.6 или помалку; - челичен термометар ; - уред за одредување агол на цевководи; - разни прилкучоци и славини за вградување на ма-

нометар на цевковод; - клучеви за пожарникарски спојки; - комплет за мерење проток за вода; - комплет на стандарден алат; - рефрактометар по Аbbе ( подрачје на рефракција

1.3330-1.3723 ); - сад за земање на примерок на пена; - косина за фаќање примерок на пена (два типа по

еден примерок ); - држач за примероците од пена; - вага со пропишана точност; - компресор за предпритисок мин. 150 kРа; - пумпа за предпритисок мин.10 МРа; - сертифицирани боци со гасови за испитување, со

метан, пропан, бутан и водород во концентрација од 20 % и 40 % DGE;

- редуктор на притисокот на испитниот гас; - адаптер за мерна глава со соодветни цевки и - друга техничка опрема која е потребна за одржу-

вање и сервисирање на стабилни инсталации.

Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од

денот на објавувањето во "Службен весник на Репуб-лика Македонија".

Бр. 08-480/1 Дирекција за заштита и спасување 8 март 2006 година Директор,

Скопје Киро Атанасов, с.р. __________

КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Во врска со објавата во “Службен весник на РМ“ бр.

26/2006 од 6.03.2006 година на Решението бр. 07-187/04 од 06.02.2005 година за давање одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност - дванаесетта емисија на акции на Силекс банка АД Скопје, се врши исправка на грешката направена при објавувањето на Решението, така што во точка 2 од истото наместо “Одлука бр. 02-1057/1 од 29.06.2005 година“ потребно е да стои “Одлу-ка бр. 02-1057/16 од 29.06.2005 година“.

Комисија за хартии од вредност

__________

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА Врз основа на член 16-а од Законот за данок на до-

бивка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/93, 33/95, 43/95, 71/96, 5/97, 28/98, 11/01, 2/02, 44/02, 51/03 и 120/05) и член 30-з став 1 од Законот за персо-налниот данок на доход („Службен весник на Републи-ка Македонија“ бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02 и 96/04) Државниот завод за статистика ги утврдува и објавува

КОЕФИЦИЕНТИТЕ

ЗА ПОРАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ-ЛИТЕ НА ИНДУСТРИСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РЕ-ПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ

2006 ГОДИНА - претходни податоци-

1. Месечниот коефициент на порастот на цените на

производители на индустриски производи во февруари 2006 година во однос на јануари 2006 година е 0.007.

2. Коефициентот на порастот на цените на произво-дителите на индустриски производи од почетокот на годината до крајот на месецот е 0.023.

3. Коефициентот на порастот на цените на произво-дители на индустриски производи во февруари 2006 година во однос на истиот месец од претходната годи-на изнесува 0.061.

Директор,

Апостол Симовски, с.р.

Page 31: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

16 март 2006 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 31

Page 32: Број 32 Год. LXII Четврток, 16 март 2006 ...Број 32 Год.LXII Четврток, 16 март 2006 Ценанаовојброје 300 денари contact@slvesnik.com.mk

Стр. 32 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2006

1. База на прописи на целата важечка законска и подза-

конска регулатива од 1945 година до денес (околу 9000 пропи-си, распоредени во 22 области и преку 64 подобласти), како и тековното издавање на службениот весник во дигитална форма.

- За период од 12 месеци, за претплатниците на пе-чатеното издание „Службен весник на РМ“:

а) за над десет претплатнички акаунти……………………4.880,00 денари по акаунт; б) од шест до десет претплатнички акаунти......................6.588,00 денари по акаунт; в) од еден до пет претплатнички акаунти......................8.540,00 денари по акаунт. - За период од 12 месеци, за оние кои не се претплатни-

ци на печатеното издание „Службен весник на РМ“: а) за над десет претплатнички акаунти......................9.760,00 денари по акаунт; б) од шест до десет претплатнички акаунти....................10.980,00 денари по акаунт; в) од еден до пет претплатнички акаунти....................12.200,00 денари по акаунт. - За период од 1 месец - 1.400,00 денари по претплат-

нички акаунт. 2. CD-ROM изданија 1) Комплет CD-ROM изданија 2001, 2002, 2003, 2004

и 2005 година………....................….4000,00 денари 2) Поединечни CD-ROM изданија 2001, 2002, 2003,

2004 и 2005 година......................1000,00 денари 3. Регистарот на прописи на РМ е единствено комплет-

но издание во Републиката на сите прописи, со најбрзо-двоме-сечно тековно ажурирање и овозможува брзо и лесно пребару-вање по азбучен и предметен регистар на законската и подза-конската регулатива. При секое ажурирање претплатниците до-биваат гратис додаток на збирка актуелни прописи.

Секој нов претплатник со основната влошка добива и гра-тис класер-кутија.

Цена........................................................3.700,00 денари. Цените се со пресметан ДДВ.

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ ВИ НУДИ

П О Р А Ч К А Со ова неотповикливо ги порачуваме изданијата под реден број: 1. Во __________________________ акаунти; 2. Комплет во __________________ примероци (2001 _____; 2002 _____; 2003 _____; 2004 _____ и 2005 _____ примероци); 3. Во __________________________ примероци. Доказот за извршена уплата и порачката ги испраќаме по пошта. Порачател: ____________________________________________________________

Место: _________, ул. ___________________, бр. ______, тел./факс ____________

Моб. _________________

Потпис на порачателот Во _________, _______2006 година. (М.П.) ___________________

www.slvesnik.com.mk

[email protected]

Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Борис Тренески. Телефон: +389-2-3298-860. Телефакс: +389-2-3112-267. Претплатата за 2006 година изнесува 9.200,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ЦЕТИС ПРИНТ ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје.