Тема бр 4-iii odd

39
План за час по англиски јазик Одделение трето одделение Модул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5) Наставна единица 1. Модел на културно однесување- искажување возраст Датум III a -02.02.2012/ III б -01.02.2012 Цели на часот Ученикот да може: да го усвои моделот на културно однесување, т.е. да праша за нечија возраст и да одговори на истото прашање да ги усвои и увежба присвојните придавки за прво и второ лице (my, your, our) Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот. Наставникот ги дели учениците во две групи и секој ученик во групата кажува еден број последователно. На пример, првиот ученик го кажува бројот еден, вториот ученик- бројот два, итн., се до 20. Потоа, учениците ги кажуваат броевите од 20 па наназад до 1. Првата група која ќе заврши со броењето е победник. Главен дел (20 мин) Наставникот црта торта со свеќички на таблата и прашува што е тоа. Потоа, црта подарок и поканува еден ученик кој ќе глуми дека му е роденден. Наставникот го поучува прашањето “How old are you?” и одговорот на истото прашање “I’m…” презентирајќи го дијалогот со ученикот. Потоа, учениците го слушаат дијалогот и го повторуваат слушнатото. Во парови, учениците го увежбуваат дијалогот. Наставникот ги поучува присвојните придавки my, your, our притоа покажувајќи кон предмети кои им припаѓаат на учениците. Завршен дел (10мин) Во парови, учениците прашуваат и ја искажуваат нивната возраст. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Учениците ги запишуваат нивните родендени во месеците кога се родени. Наставни Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Upload: biljana-vlahova-karadachki

Post on 21-Apr-2015

239 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: Тема бр 4-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 1. Модел на културно однесување- искажување возрастДатум IIIa-02.02.2012/ IIIб-01.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои моделот на културно однесување, т.е. да праша за нечија возраст и да одговори на истото прашање

да ги усвои и увежба присвојните придавки за прво и второ лице (my, your, our)

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот ги дели учениците во две групи и секој ученик во групата кажува еден број последователно. На пример, првиот ученик го кажува бројот еден, вториот ученик- бројот два, итн., се до 20. Потоа, учениците ги кажуваат броевите од 20 па наназад до 1. Првата група која ќе заврши со броењето е победник.

Главен дел (20 мин) Наставникот црта торта со свеќички на таблата и прашува што е тоа. Потоа, црта подарок и поканува еден ученик кој ќе глуми дека му е роденден. Наставникот го поучува прашањето “How old are you?” и одговорот на истото прашање “I’m…” презентирајќи го дијалогот со ученикот.Потоа, учениците го слушаат дијалогот и го повторуваат слушнатото. Во парови, учениците го увежбуваат дијалогот.Наставникот ги поучува присвојните придавки my, your, our притоа покажувајќи кон предмети кои им припаѓаат на учениците.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците прашуваат и ја искажуваат нивната возраст. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Учениците ги запишуваат нивните родендени во месеците кога се родени.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер,хартија, боички, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците цртаат три лица. Потоа, со едноставни реченици ги претставуваат лицата и ја искажуваат нивната возраст. На пр. This is Bojan. He’s thirteen.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози, усвоеност на вокабуларот), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 2: Тема бр 4-III odd

Очекуван исход Учениците прашуваат некого за неговата возраст и ја искажуваат нивната возраст.

Рефлексија на часот Учениците го усвоија моделот на културно однесување, тие прашуваа и

искажуваа возраст увежбувајќи го дијалогот во парови. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности иако на мал дел од нив им беше потребна помош. Најинтересна активност на учениците им беше увежбувањето на дијалогот во парови. Кога би го повторила овој час би применила некоја игра или некое наставно ливче поврзано со броевите до 20.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!)/ (unit 5)Наставна единица 2. Слушање и пеење песничка (The happy birthday song)Датум IIIa-02.02.2012/ IIIб-01.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба моделот на културно однесување, т.е. да праша за

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 3: Тема бр 4-III odd

нечија возраст и да одговори на истото прашање да го увежба моделот на културно однесување преку песничка

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на кој честитаме

роденден некому и на прашањето за нечија возраст (How old are you?). Наставникот го пушта дијалогот бр.2 за учениците да се потсетат на истиот. Потоа, во парови, учениците го увежбуваат дијалогот.

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот бр.4 за учениците да ја слушнат песничката и да ги идентификуваат зборовите кои им се веќе познати од дијалогот од предходниот час. Наставникот ги поучува зборовите “today, year, now” и ги потсетува учениците на присвојните придавки “my, your, our”. Наставникот ја поучува песничката стих по стих. Потоа, ја пушта повеќе пати за учениците да се обидат да ја пеат.

Завршен дел (10мин) Наставникот ја пее песничката покажувајќи кон соодветниот стих, а учениците го следат неговиот пример.Учениците ја изведуваат песничката поделени во групи. Потоа, тие ја оценуваат изведбата на другите две групи. Групата со најмногу поени е победник во изведбата на песничката.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, аудио-лингвален метод, метод на песна, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Учениците се потсетуваат на песничките кои беа поучувани во склоп на претходните теми.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози, изведба на песничка), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, сооценување на учениците во групи и сл.

Очекуван исход Учениците ја пеат песничката и учествуваат во кратки дијалози искажувајќи ја својата возраст.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го увежбаа моделот на

искажување возраст преку учество во кратки дијалози, а потоа и преку изведбата на песничката. Во текот на овој час не беа забележани потешкотии и сите ученици зедоа учество во предвидените активности.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 4: Тема бр 4-III odd

Најинтересна активност им беше сооценувањето на нивната изведба на песничката. Кога би го повторила овој час би применила наставно ливче со вежба за искажување на возраста на ликовите дадени на сликите.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 3. Искажување активности и способност за реализација на активност со

“can”Датум IIIa-06.02.2012/ IIIб-06.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 5: Тема бр 4-III odd

да ги усвои и увежба глаголските фрази да искаже способност за вршење на некоја активност со употреба

на модалниот глагол “can”

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот ги дели учениците во две групи . Потоа, ја пушта песничката од предходниот час за учениците да ја слушнат повторно. Учениците ја изведуваат песничката при што едната група го пее првиот дел, а другата група го пее вториот дел.

Главен дел (20 мин) Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува глаголските фрази од вежба С, а учениците ја повторуваат секоја од фразите повеќе пати. Потоа, го пушта аудиозаписот, а учениците ги слушаат фразите и покажуваат кон соодветната слика во учебникот. Наставникот повторно го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат и да ги повторат фразите.Наставникот го поучува прашањето “What can you do?” и можните одговори на истото (I can fly a kite/ jump rope/…). Во парови, учениците прашуваат и искажуваат што можат да направат користејќи ги глаголските фрази кои беа поучувани во текот на овој час. (на пр. What can you do? I can fly a kite.).Тие употребуваат флеш карти.

Завршен дел (10мин) Учениците се наредени во круг. Во еден глас извикуваат “Happy birthday!” и еден ученик ја подава топката на друг ученик прашувајќи “How old are you?” , а вториот ученик одговара. Потоа пак сите извикуваат “Happy birthday!” и вториот ученик ја подава топката на друг, итн.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, демонстративен метод, метод на комуникација, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците илустрираат една активност што можат да ја вршат.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат способност за вршење на некоја активност со употреба на модалниот глагол “can”.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 6: Тема бр 4-III odd

Рефлексија на часот Мал дел од учениците веднаш ги усвоија глаголските фрази, но на

останатите ученици им беше потребно повеќе увежбување на истите. Сепак учениците го усвоија начинот на искажување на способност за вршење на некоја активност со употреба на модалниот глагол “can”. Во парови тие го увежбаа комуникативниот модел (на пр.What can you do? I can fly a kite.) иако на дел од учениците им беше потребна мала помош. Најинтересна активност им беше завршната активност со топката, но и пеењето на песничката во групи. Кога би го повторила овој час, би можела да ги употребам и другите глаголи кои се веќе познати (I can run/walk/ jump/ skip…) при искажувањето на способност за вршење на некоја активност.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 4. Усвојување на нов вокабуларДатум IIIa-13.02.2012/ IIIб-13.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 7: Тема бр 4-III odd

да усвои и да увежба нови зборови со кои се именуваат видови спорт

да се потсети на зборовите со кои се именуваат играчки

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Учениците ја играат играта наречена “супа од азбуката”. Наставникот става пластични букви во еден сад. Учениците, поделени во две групи, треба да се потсетат на колку што е можно повеќе зборови кои започнуваат на буквата која ја извлекол претставникот од групата.

Главен дел (20 мин) Со употреба на видео (http://www.youtube.com/watch?v=jrqJnhZjLwc ) или (http://www.youtube.com/watch?v=Pbyw8iPOMZo) , наставникот ги поучува зборовите со кои се именува некој вид спорт. Учениците ги повторуваат зборовите повеќе пати за да го увежбаат нивниот изговор. Наставникот го пушта видеозаписот без звук за учениците сами да ги изговорат видовите спорт кои ги гледаат.Наставникот ги потсетува учениците и на зборовите со кои се именуваат играчки, а кои им се веќе познати на учениците. Учениците го слушаат аудиозаписот и покажуваат кон сликите во учебникот. Потоа, наставникот покажува флеш карти, а учениците ги именуваат играчките кои ги гледаат на сликите.Наставникот ги запознава учениците со прославувањето на Св. Валентин во земјите во светот потсетувајќи ги на симболите на овој празник и на празнувањето на Св. Трифун кај нас.

Завршен дел (10мин) Учениците илустрираат еден вид спорт кој им е омилен, а потоа ги претставуваат нивните цртежи и го именуваат спортот кој им е омилен.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, компјутер, проектор, екран, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на игра, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со физичко образование (спорт)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците изработуваат картички за Св. Валентин кои ќе им ги подарат на нивните најблиски.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во игра, меморирање на зборови), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците усвоија нови зборови со кои се именуваат некои видови спорт и се потсетија на зборовите со кои се именуваат играчки, а кои им се веќе

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 8: Тема бр 4-III odd

познати.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборови со кои се именуваат видови

спорт и се потсетија на зборовите со кои се именуваат играчки, а кои им се веќе познати од порано. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии и сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најинтересна активност им беше играта која го поттикна натпреварува-чкиот дух кај учениците. Кога би го одржала истиот час уште еднаш не би променила ништо, бидејќи часот беше исполнет и интересен за учениците.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 5. Поставување на прашањe и одговарање на истото (What is it?)Датум IIIa-16.02.2012/ IIIб-15.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 9: Тема бр 4-III odd

да го увежба прашањето “What is it?” и соодветниот одговор на истото “It’s…”

да се потсети на зборовите со кои се именуваат играчки и некој вид спорт

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе

познатите видови играчки и на зборовите со кои се именуваа некои видови спорт. Потоа, наставникот бара од учениците да ги идентификуваат предметите кои се претставени на сликата од вежба С на страница број 41.Учениците ги именуваат предметите кои ги гледаат на сликата.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот го поучува прашањето What is it?, а потоа го поучува и соодветниот одговор на истото прашање (It’s…). Наставникот ја поучува и фразата “I don’t know.” (Не знам) која се употребува кога некој не го знае одговорот.Наставникот го пушта аудиозаписот бр.11 за учениците да ги слушнат исказите и да покажат кон соодветната слика во учебникот. Учениците ги повторуваат прашањата и одговорите. Тие ја повторуваат активноста и со аудиозаписот бр.12.Наставникот запишува неколку кратки реченици на таблата, а учениците ги копираат во нивните тетратки и се обидуваат да ги прочитаат.

Завршен дел (10мин) Учениците ги разгледуваат сликите од вежба D и се обидуваат да погодат што е тоа. Потоа, во парови прашуваат и одговараат за сликите од оваа вежба.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците ја играат играта “hot /cold” со криење на познат предмет.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози, именување на познати поими), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците го увежбаа прашањето “What is it?” и соодветниот одговор на истото “It’s…” и именуваат познати поими.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 10: Тема бр 4-III odd

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го увежбаа прашањето“What is

it?” и соодветниот одговор на истото “It’s…” преку учество во кратки дијалози. Тие искажуваа познати поими - спортови и играчки и не беа забележани некои потешкотии во текот на овој час. Сите активности им беа подеднакво интересни на учениците, а кога би го повторила истиот час би можела да применам некоја игра.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 6. Усвојување на нов вокабулар- описни придавкиДатум IIIa-16.02.2012/ IIIб-15.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 11: Тема бр 4-III odd

да ги усвои и увежба придавките со кои се опишува форма и големина

да се потсети на зборовите со кои се именуваат форми и видови спорт

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги реди картичките бр.150-159 свртени наопаку. Еден по

еден, учениците одбираат по една картичка која ја свртуваат и ги прашуваат истанатите од одделението What is it?, а тие одговараат. Активноста завршува кога сите картички ќе бидат свртени. Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на зборовите со кои се именува некој вид спорт. Учениците ги именуваат видовите спорт кои ги гледаат на сликите.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува описните придавки една по една притоа правејќи споредба меѓу предметите во училницата. Учениците го повторуваат секој збор повеќе пати.Наставникот ги пушта аудиозаписот бр.14 и 15 за учениците да ги слушнат, да покажат кон соодветната слика и да го повторат слушнатото.Наставникот ги покажува картичките една по една, а учениците ги кажуваат придавките. Наставникот ги запишува зборчињата на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта “Pass the card”(подај ја картичката) при што се поделени во две групи и си ги подаваат картичките од еден на друг. Кога наставникот ќе каже “Stop!” учениците во чии раце се затекнала картичката треба да го употребат зборот во реченица (на пр. It’s big. It’s old. и сл.)Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, наставно ливче со Венов дијаграм и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, демонстративен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со физичко образование (видови спорт)

Додатна активност Наставникот дистрибуира наставно ливче со Венов дијаграм каде учениците треба да ги нацртаат дадените форми во соодветното множество според дадениот опис.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во игра, именување на познати поими), усни одговори на прашања од наставникот, усна

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 12: Тема бр 4-III odd

оценување и вреднување на работата на учениците

повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците ги применуваат описните придавки со кои се опишува форма и големина и именуваат видови спорт.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија описните придавки со кои се опишува форма и големина преку нивна практична примена во едноставни искази. Тие се потсетија на зборовите со кои се именуваат некои видови спорт, а кои им се веќе познати. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а на неколку ученици им беше потребна помош при составување на едноставни искази со кои се опишува форма или големина на предмети. Најинтересна активност им беше играта, а кога би го повторила истиот час би можела да прикажам краток видеозапис во кој се среќаваат овие описни придавки. (http://www.youtube.com/watch?v=rnUDrpIZXAo )

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 7. Увежбување на описните придавки во едноставни исказиДатум IIIa-20.02.2012/ IIIб-20.02.2012

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 13: Тема бр 4-III odd

Цели на часот Ученикот да може: да ги увежба придавките со кои се опишува форма и големина да се потсети на зборовите со кои се именуваат форми и видови

спорт

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот запишува две придавки на таблата и бара од учениците да му кажат веќе познати зборови кои ги асоцираат на таа придавка. На пр.

car gorilla yo-yo ball BIG ROUNDgiraffe car igloo circus

Главен дел (20 мин) Наставникот ги дели учениците во две групи. Тие се наредени во два реда и наставникот им шепнува по еден познат збор на првите ученици во редот. Тие го дошепнуваат зборот на следниот воо редот итн. се додека не стигне до последниот ученик. Последниот во редот излегува на таблата и го црта предметот или животното кое го слушнал. Другата група треба да го погоди зборот и да ја опише неговата големина или форма. (на пр. It’s a ball. It’s round.).Наставникот дистрибуира наставно ливче со предмети со различна форма и големина. Учениците треба да ги поврзат дадените описи со соодветните слики.

Завршен дел (10мин) Учениците цртаат три предмети и под сликите со една или две реченици ги опишуваат при што ги употребуваат веќе познатите придавки.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на игра, метод на практична работа, техника на учење “грозд”, метод на комуникација, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Наставникот пушта краток видеозапис каде се среќаваат веќе познатите описни придавки ( http://www.youtube.com/watch?v=rnUDrpIZXAo )

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во игра, примена на описни придавки во едноставни искази), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците ги применуваат описните придавки со кои се опишува форма и Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 14: Тема бр 4-III odd

големина во едноставни искази.

Рефлексија на часот Учениците ги имаат усвоено описните придавки и ги именуваат истите. Тие ги препознаваат описите на дадени предмети, но потешко им е самите да состават едноставни искази и да опишат предмет со познати описни придавки. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а најинтересна активност им беше играта во две групи. Кога повторно би го одржала истиот час повеќе внимание би посветила на составувањето едноставни искази со веќе познатите описни придавки.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 8. Увежбување на “gа/не” прашања

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 15: Тема бр 4-III odd

Датум IIIa-23.02.2012/ IIIб-22.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба придавките со кои се опишува форма и големина да ги увежба “gа/не” прашањата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите зборови со кои се именуваат познати видови спорт. Наставникот го поставува прашањето “What are you doing?” и покажува една картичка со некој спорт, а учениците составуваат едноставна реченица “I’m playing (tennis/football/volleyball,..)”.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на начинот на кој се одговараа “gа/не” прашањата. Тој зема картички на кои се претставени една придавка и еден предмет. Покажувајќи ги картичките поставува “gа/не” прашања (на пр.“Is it a long pencil?”) и им помага на учениците да одговорат на истите. Наставникот ги поставува прашањата со различни придавки и предмети, а учениците одговараат на истите. Потоа, учениците одбираат картички и ги поставуваат прашањата, а останатите од одделението одговараат.Наставникот го пушта аудиозаписот за сликата на стр.43 за учениците да го слушнат и да покажат на сликата, а потоа и за да го повторат слушнатото.

Завршен дел (10мин) Наставникот ја пушта песничката “No, it isn’t. Yes, it is.” За учениците да ја слушнат повеќе пати, а потоа и да се обидат да ја пеат.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на песна, метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со музичко образование (песничка)

Додатна активност Во парови, со употреба на флеш карти учениците ги увежбуваат “gа/не” прашањата.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (примена на описни придавки во едноставни искази, именување познати поими, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 16: Тема бр 4-III odd

Очекуван исход Учениците ги применуваат описните придавки со кои се опишува форма и големина во едноставни искази и поставуваат и одговараат на“gа/не” прашања.

Рефлексија на часот Учениците се трудеа да составуваат едноставни искази со употреба на описни придавки, но на дел од нив им беше потребна помош иако ги именуваат познатите поими. Одговарањето на “gа/не” прашањата им беше доста лесно, но поставувањето на прашањата на некои ученици им беше потешко и им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше песничката. Кога повторно би го одржала истиот час би применила некоја игра за увежбување на“gа/не” прашањата.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 9. Искажување на активности во сегашно време

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 17: Тема бр 4-III odd

Датум IIIa-23.02.2012/ IIIб-22.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да искаже активности во сегашно време употребувајќи глагол во Present Continuous Tense

да се потсети на зборовите со кои се именува некој вид спорт

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот со мимики и гестикулации се обидува да објасни познат збор

со кој се именува некој вид спорт, а учениците треба да го погодат зборот. Оној кој прв ќе го погоди зборот е следниот кој објаснува некој друг вид спорт. На овој начин учениците се потсетуваат на зборовите со кои се именуваат некои видови спорт, а кои им се веќе познати.

Главен дел (20 мин) Наставникот поучува неколку зборови (глаголи) со кои се именува некоја активност (на пр.sing, draw, swim, play). Потоа, го поучува прашањето “What are you doing?” и соодветниот одговор на истото (“I’m singing/ drawing/ playing football,…). Учениците еден по еден одбираат некаква активност и излегуваат на таблата искажувајќи едноставни реченици и правејќи соодветно движење (на пр. I’m singing.- ученикот пее).Наставникот ги потсетува учениците на прашањето “What can you do?” и на соодветните одговори на ова прашање (“I can swim/ draw/ play football/ run,…”). Тој поставува прашања, а учениците одговараат на истите.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со прашања и повеќечлен избор. Учениците ја погледнуваат сликата и одговараат на поставеното прашање со заокружување на точниот одговор..Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на практична работа, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со физичко образование (спортови)

Додатна активност Учениците се цртаат самите себе и некое нивно другарче како вршат некоја активност или дејство. Потоа, ги претставуваат нивните изработки и искажуваат едноставни реченици (на пр. I’m playing football. You are swimming.).

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (составување едноставни искази, именување познати спортови, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, наставно ливче и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 18: Тема бр 4-III odd

Очекуван исход Учениците искажуваат активности во сегашно време употребувајќи глагол во Present Continuous Tense.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на зборовите со кои се именува некој вид спорт и искажуваа активности во сегашно време со примена на Present Continuous Tense во едноставни искази. На дел од учениците им беше потребна мала помош при составување на едноставни искази во сегашно трајно време. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше играта на погодување на зборовите. Кога би го одржала истиот час повторно би применила неколку TPR активности.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 10. Идентификување на букви од азбуката (j, k, l, m) и усвојување на

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 19: Тема бр 4-III odd

зборови кои започнуваат на истите буквиДатум IIIa-27.02.2012/ IIIб-27.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на веќе познатите букви од азбуката и на зборовите кои започнуваат на истите букви

да усвои нови букви ( j, k, l, m) и зборови кои започнуваат на овие букви

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Со употреба на постер, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите букви (а-i) и бара од учениците да му кажат зборови кои започнуваат на овие букви, а кои им се веќе познати.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува буквите (j, k, l, m) и зборовите кои започнуваат на овие букви, а со кои се именуваат предмети и животни. Учениците ги повторуваат буквите и зборовите повеќе пати.Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и буквите и да го увежбаат нивниот изговор.Наставникот бара од учениците да се потсетат и на други зборови кои им се веќе познати, а кои започнуваат на овие букви (marker, line, kite, jump).

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира работни листови со буквите j, k, l, m и учениците го увежбуваат нивното пишување и ги пронаоѓаат помеѓу останатите букви кои се дадени. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, постер со азбуката, CD, CD плеер, работни листови и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Во парови, со употреба на флеш карти учениците ги увежбуваат “gа/не” прашањата.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (составување едноставни искази, именување познати поими), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците ги препознаваат буквите и зборовите кои започнуваат на истите букви.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на веќе познатите букви и ги препознаваат и именуваат буквите j, k, l, m. Тие ги усвоија новите зборови кои започнуваат на овие букви без некои потешкотии. Поголемиот дел од

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 20: Тема бр 4-III odd

учениците именуваат зборови кои започнуваат на познати букви од азбуката. Најинтересна активност на учениците им беше пополнувањето на работните листови. Кога би го повторила истиот час би применила некоја игра за увежбување на буквите од азбуката.

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 21: Тема бр 4-III odd

Наставна единица 11. Увежбување на прашања и одговарање на истите со именки во еднина

Датум IIIa-01.03.2012/ IIIб-29.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети и да именува веќе познати поими да го увежба прашањето “What is it?” и “gа/не“ прашања со

именки во еднина

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите поими. Учениците ги именуваат поимите кои ги гледаат на сликите. Учениците играат игра поделени во групи при што еден претставник од групата со мимики објаснува познат поим, а учениците од другите групи треба да го погодат. За секој точен одговор групата добива поени.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на фразата “I don’t know!” (Не знам!) која се употребува во случај да не го знаеме одговорот на прашањето. Потоа, со употреба на флеш карти наставникот ги поставува прашањата “What is it?” и “gа/не“ прашањата (“Is it…?”) со именки во еднина. Учениците одговараат на прашањата, а потоа ги слушаат и ги повторуваат дијалозите од аудиозаписот.Во парови, учениците ги увежбуваат прашањата и соодветните одговори.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта наречена “Бинго”. Наставникот дава инструкции за начинот на кој се игра играта, а потоа поделува картички. Учениците ја играат играта, а победник е оној кој прв ќе добие бинго.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, картички за играта“Бинго” и сл.

Наставни методи и форми на работа

аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на комуникација, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Учениците одбираат еден предмет и едно животно и ги цртаат. Потоа, со две реченици ги опишуваат истите. Нивните изработки ги презентираат пред останатите во одделението.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (именување познати поими, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 22: Тема бр 4-III odd

работата на ученицитеОчекуван исход Учениците поставуваат прашања и даваат соодветни одговори на истите

(“What is it? Is it…?” ).Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа прашањата кои се однесуваат на именки во еднина.

Тие учествуваа во кратки дијалошки ситуации увежбувајќи ги прашањата и соодветните одговори, а на мал дел од учениците им беше потребна мала помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше играта “Бинго”. Кога повторно би го одржала овој час, не би менувала ништо бидејќи целите на часот беа постигнати, а учениците ги увежбаа предвидените содржини на еден интересен начин.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 23: Тема бр 4-III odd

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 12. Увежбување на прашања и одговарање на истите со именки во

множинаДатум IIIa-01.03.2012/ IIIб-29.02.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба прашањето “What are these?” и “gа/не“ прашањата со именки во множина (Are they…?)

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Со употреба на флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на веќе

познатите зборови и на формата на именките во множина при што поставува прашања “What is it?” со именки во еднина и “What are these?” со именки во множина.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува“gа/не“ прашањата (“Are they…?”) со именки во множина и кратките одговори на овие прашања (Yes, they are./ No, they aren’t.) Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги увежбаат прашањата и да ја решат вежба D. Наставникот запишува неколку примери на таблата, а учениците во нивните тетратки.Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањата кои се однесуваат на предмети во множина. Тие користат флеш карти или предмети во училницата при оваа активност.

Завршен дел (10мин) Учениците цртаат предмети претставени во множина и под нив запишуваат реченица со која ги опишуваат предметите. (на пр.They are long bats.)Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, CD, CD плеер, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

аудио-визуелен метод, метод на илустрација, метод на комуникација, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите, множина кај именките)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Учениците ја играат играта Chinese whispers (расипан телефон) притоа шепнувајќи кратки реченици.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (разликување на множина кај именките, учество во кратки дијалошки ситуации), усни одговори на

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 24: Тема бр 4-III odd

оценување и вреднување на работата на учениците

прашања од наставникот, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците поставуваат прашања и даваат соодветни одговори на истите (“What are these? Are they…?” ), а кои се однесуваат на именки во множина.

Рефлексија на часот Преку кратки дијалошки ситуации учениците ги увежбаа прашањата (“What are these? Are they…?” ) и соодветните одговори кои се однесуваат на именки дадени во множина. На мал дел од учениците им беше потребна мала помош за да можат да поставуваат и да одговараат на овие прашања. Сепак, сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час. Најинтересна активност на учениците им беше играта Chinese whispers , а кога би го повторила истиот час би можела да применам некоја интерактивна игра од Интернет.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 25: Тема бр 4-III odd

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 13. Искажување насокиДатум IIIa-05.03.2012/ IIIб-05.03.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се искажуваат насоки да даде насоки како да се стигне до одредено место

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот бара од учениците да ја кренат левата рака, а потоа и десната рака. Потоа бара да застанат во еден ред и да се свртат лево, а потоа и десно. На овој начин наставникот ги воведува учениците во содржините предвидении за овој наставен час, а и го утврдува нивното познавање на лева и десна страна.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува зборовите ” left/right” (лево/десно), а учениците ги повторуваат повеќе пати. За да ги увежбаат истите наставникот покажува во една насока, а учениците треба да го изговорат соодветниот збор. Потоа, наставникот кажува ” left/right”, а учениците покажуваат во соодветната насока. Наставникот ги поучува фразите “Turn left!/ Go right!, Stop!,…”, а учениците ги повторуваат повеќе пати. Потоа, наставникот дава инструкции, а учениците се движат низ училницата следејќи ги неговите инструкции.

Завршен дел (10мин) Во парови учениците ги увежбуваат фразите за давање насоки. Тие даваат насоки и ги следат дадените инструкции како да се стигне до одредено место во училницата. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

аудио-визуелен метод, метод на комуникација, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)

Додатна активност Наставникот црта мапа на таблата и од учениците бара да му даваат инструкции користејќи ги познатите фрази за како да стигне до одредено место.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (разликување на лево/десно, давање насоки), сооценување во парови, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат насоки користејќи ги познатите фрази (Turn left!/ Go right!/ Stop!)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 26: Тема бр 4-III odd

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги разликуваат лева и десна страна и следејќи ги слушнатите инструкции можат да стигнат до одредено место. Тие ги увежбаа фразите за искажување насоки и сите учествуваа во активностите предвидени за овој час. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии, а најинтересна активност им беше активноста во парови кога се движеа низ училницата според дадените насоки. Кога би го повторила овој час би можела да применам наставно ливче.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 27: Тема бр 4-III odd

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 14. Увежбување на вокабуларот од оваа темаДатум IIIa-08.03.2012/ IIIб-07.03.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на клучните зборови од оваа тема- спортови, описни придавки

да се потсети на прашањето “What are you doing?”Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот.

Наставникот пушта картко видео со кое ги потсетува учениците на веќе познатите зборови со кои се именува некој вид спорт. Учениците ги именуваат познатите спортови кои ги гледаат во видеозаписот (http://www.youtube.com/watch?v=jrqJnhZjLwc ).

Главен дел (25 мин) Учениците извлекуваат флеш карти на кои се претставени некои видови спорт. Секој ученик го именува спортот кој е прикажан на неговата флеш карта, а потоа го применува зборчето во едноставен исказ искажувајќи дејство во сегашно трајно време. (на пр.I’m playing football. I’m swimming.).Во парови, учениците го увежбуваат прашањето “What are you doing?” и соодветните одговори на истото (I’m...). Со мимики учениците се обидуваат да објаснат познат спорт, а останатите од одделението треба да го погодат истиот.Наставникот ги потсетува учениците на описните придавки кои им се веќе познати на учениците. Тој покажува познати поими, а од учениците бара да му состават едноставен исказ употребувајќи позната описна придавка. На пр. It’s a round ball. It’s a long jump rope.Наставникот ги запишува речениците на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.

Завршен дел (5мин) Наставникот дистрибуира листа за самооценување на ученикот за содржините од темите бр.3 и 4. Наставникот им објаснува на учениците како да ја пополнат листата . Учениците ја пополнуваат истата оценувајќи го своето познавање на содржините од овие две теми.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, компјутер, Интернет, проектор, екран, листа за самооценување на ученикот и сл.

Наставни методи и форми на работа

аудио-визуелен метод, метод на практична работа, метод на комуникација, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа.

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со физичко образование (спортови)

Додатна активност Наставникот ги потсетува учениците на “gа/не “ прашањата со именки во еднина и во множина.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (именување на видови спорт, составување кратки искази), листа за самооценување на учениците

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 28: Тема бр 4-III odd

оценување и вреднување на работата на учениците

со техника- семафор, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат видови спорт и составуваат кратки искази во сегашно трајно време.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на зборовите со кои се именуваат некои видови спорт и истите ги применуваат во едноставни искази во сегашно трајно време. Учениците искажуваат големини и форми на познати предмети употребувајќи описни придавки во едноставни искази. Учениците го оценија своето познавање на содржините од темите бр. 3 и 4 и мислам дека беа објективни, со исклучок на неколку ученици. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а најинтересна активност им беше активноста во парови. Кога би го одржала овој час повторно би можела да применам некоја игра.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 29: Тема бр 4-III odd

План за час по англиски јазик

Одделение трето одделениеМодул/ тема бр.4- Sports! (Спортови!) / (unit 5)Наставна единица 15. Потсетување на содржините од тема бр.5Датум IIIa-08.03.2012/ IIIб-07.03.2012 Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на клучните зборови од оваа тема и на придавките со кои се опишува форма и големина

да ги увежба прашањата кои се однесуваат на именки во еднина и во множина

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Учениците играат игра на погодување на познати предмети. Тие се

поделени во две групи и секој ученик има партнер од спротивната група. Ученикот А одбира предмет и му го подава на ученикот Б кој со затворени очи и само со допир треба да го погоди предметот.

Главен дел (20 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на клучните зборови (спорт, играчки) притоа поставувајќи прашања “What is it?/ What are these?” на кои учениците одговараат.Наставникот ги потсетува учениците на придавките со кои се опишува форма или големина покажувајќи флеш карти со различни предмети. Тој ги прашува учениците ( на пр.“Is it round?” или “Are they round?”) а учениците му одговараат. Потоа, во парови учениците ги увежбуваат gа/не прашањата.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се дадени неколку прашања кои се однесуваат на дадени слики, а на кои учениците треба да одговорат.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, моливи, флеш карти, табла, креда, предмети во училницата, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на игра, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, метод на комуникација, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа.

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со физичко образование (спортови)

Додатна активност Учениците ја играат играта наречена меморија. Наставникот распоредува флеш карти со познати поими на таблата и една по една ги отстранува, а учениците треба да ја запомнат нивната местоположба.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (именување на видови спорт, составување кратки искази, усни одговори на прашања), наставно ливче, усна повратна информација од наставникот, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Page 30: Тема бр 4-III odd

Очекуван исход Учениците именуваат видови спорт, составуваат кратки искази и одговараат на прашања кои се однесуваат на именки во множина и во еднина.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги увежбаа содржините од оваа тема преку игра и вежби, а преку наставното ливче ги утврдија своите познавања на дел од содржините од оваа целина. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а на неколку ученици им беше потребна помош при учеството во кратките дијалошки ситуации. Најинтересна активност им беше играта, а кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам некоја интерактивна игра од Интернет.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово