МИСИЈА И ВИЗИЈА

10
МИСИЈА И ВИЗИЈА ИЗРАБОТИЛ: МЕНТОР: Скопје, 2012

Upload: cornusmas

Post on 05-Sep-2014

197 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: МИСИЈА И ВИЗИЈА

МИСИЈА И ВИЗИЈА

ИЗРАБОТИЛ: МЕНТОР:

Скопје, 2012

Page 2: МИСИЈА И ВИЗИЈА

2

С О Д Р Ж И Н А

Вовед...............................................................................................................................................3

Визијата и мисијата како дел од водството имплементирани во тимското работење..4

Мисија на училиштето..................................................................................................................5

Визија на училиштето....................................................................................................................6

Заклучок..........................................................................................................................................9

Користена литература..................................................................................................................10

Page 3: МИСИЈА И ВИЗИЈА

3

Вовед

Секоја човечка активност започнува со идеја и надеж дека ќе се постигне

саканата визија. Без јасна визија човекот бесцелно лута во животот, во нашиов случај без

разлика дали е тоа родител, вработен или директор на училиште.

Конкретно кога станува збор за визијата, таа може да се дефинира како

ментална слика на една можна и посакувана состојба во една организација.

Мисија, односно стратегиска мисија се дефинира како широк функционален исказ на

организацијата по кој таа се разликува од другите видови дејности во своето

опкружување. Со неа подробно се објаснува каква намера има организацијата во периодот

кој следува со цел да ги оствари зададените цели. Стратегиската мисија мора да ги

исполни следните цели: да биде афтентична, да биде создадена од тим менаџери а не од

еден човек, да се однесува најмалку на период од 3 години, да ги дефинира јасно сите

задачи со кои организацијата се занимава и со кои ќе се занимава, да ги уважува сите

заинтересирани страни од внатрешното и надворешното опкружување, таа мора да биде

предизвикувачка, да нуди нови перспективи и да биде реална и остварлива.

Кога се изработува долгорочно планирање истото треба да се заснова на

познавање на тенденцијата за развој на науката, техниката, технологијата, долгорочните

прогнози за развој на околината, економските и еколошките прилики, демографските и

други фактори.

Визионирањето е основа на долгорочното планирање и истото претставува

гледање во иднината. Може да се каже дека во почетокот е замаглено, односно се гледаат

некои контури на нејасна слика, која со текот на времето се разјаснува. Вака разбран

терминот визионирање асоцира на некого што има натприродни способности да ја

прогнозира иднината. Меѓутоа, критичната компонента на визионирањето не е

измислување на одговори за идните потреби на организацијата. Кажано со други зборови,

тоа е процес на креирање на иднината со преземање на соодветни активности во

сегашноста.

Page 4: МИСИЈА И ВИЗИЈА

4

Визијата и мисијата како дел од водството имплементирани во

тимското работење

Водена од својот директор секоја организација, во нашиов случај училиште,

сака да биде успешно во своето работење, од таа причина се изготвува визија и мисија

според која ќе се делува понатаму. Овие две компоненти се многу важни за да се разбере,

кој сме, што сакаме да постигнеме и како тоа ќе го постигнеме за да бидеме конкурентни

во обласата на нашето делување како на локален така и на глобален план. Дефинирајќи ја

својата визија и мисија и она што сака да се постигне преку нив во суштина го трасираме

патот и целта кон успехот.

Кога станува збор за визијата таа треба да биде едноставно дефинирана, со

цел да може да биде прикажана во неколку реченици, да биде потикнувачка, но и

разбирлива со цел однесувањето да може да се усклади со целта. Визијата во себе содржи

одредени барања, но и реална зацртана цел која треба да се оствари во одреден период кој

претходно сме го поставиле. Таа може да се спореди со желбите и соништата кои сме ги

имале кога не сме биле оптеретени со нејзиното (не)остварување.

Визијата ја создаваме самите, односно ја градиме според сопствените желби,

способности и можности. Визијата може да биде прикажана преку следниов пример „Ние

сме успешно училиште со целосно високо образован кадар во кое сакаат да се запишат

како ученици сите деца од градот. Остваруваме врвни резултати на општинските,

републичките и мѓудржавните натпревари. Во нашето училиште сака да работи секој

наставник во нашиот град“. Значи визијата претставува нешто што сакаме, нешто кон кое

тежнееме, нешто што би не исполнило целосно и истовремено би не мотивирало, нешто

што сакаме да постигнеме. Во ваква ситуација кога станува збор за визијата се поставува

логично прашање како да се оствари истата? Визијата се остварува со помош на мисијата

и пресудните фактори за постигнување успех. Таа се однесува на начинот на кој ја

остваруваме визијата, преку делување. Мисијата треба да биде искажана преку

активностите со кои се остварува целта. Преку примерот истакнат претходно кој се

однесуваше на визијата за содавање успешно училиште мисијата може да се претстави

како: „Преку тимски начин на делување, перманентна едукација на наставниот кадрар,

следење на свтските иновации и трендови во образованието нашето училиште ќе има

Page 5: МИСИЈА И ВИЗИЈА

5

светла иднина, односно ќе го постигне планираниот успех.“. Мисијата не служи само како

карта според која ние би се движеле, таа ни служи и како споредба од време на време да се

спореди реалноста со достигнувањето на посакуваните желби, односно ни служи за

проверка уште колку ни треба да ја оствариме зацртаната визија.

Што се однесува до визијата и мисијата поврзани со тимското работење во

една организација треба да се знае колку вработените како составен дел од организацијата

во случајов училиштето се запознаени со визијата и мисијата, односно дали како директор

(водач) на едно училиште сте им ја објасниле зацртаната визија и мисија на вработените.

Праксата покажува дека многу вработени незнаејќи за зацртаната организациската визија

и мисија често доаѓаат во конфликт во организациското работење водени од сопствената

зацртана визија и мисија, а тоа значи несовпаѓање на личната визија и мисија со онаа

визија и мисија на организацијата. Заради ваква состојба често може да се слушнат

коментари на незадоволство од страна на вработените дека се вработени во „лоша

организација“.

Често во пракса се случува одредена организација да нема изградено своја

визија и мисија според која ќе се води во своето вработење. Ваквата појава кај

вработените создава демотивација во начинот на работа, а со самото тоа оганизацијата

постигнува лоши резултати во своето работење.

Мисија на училиштето

Мисијата на секое училиште треба да бидета тоа да стане центар на

воспитно-образовниот, но и на културниот и духовниот развој на учениците и

наставниците, меѓуетничка интеграција преку современа, мултиетничка, воспитно-

образовна установа, која ќе обезбеди висококвалитетно образование преку редовни

наставни и воннаставни активности, целосно подготвувајќи ги учениците за комплетно

вклучување во современите општествени текови.

Основниот принцип е постигнување на личниот развој на секој ученик и

наставник. Развивањето на современи процеси на усвојување на знаења, поттикнувањето

на креативноста кај учениците и наставниците и создавањето на личности способни за

тимска работа со развиени социјални вештини и свест за правдата и одговорностите е

Page 6: МИСИЈА И ВИЗИЈА

6

нашата основна цел. Училиштето треба да стане место за перманентно усовршување на

сите субјекти во воспитно-образовниот процес, кои ќе го негуваат меѓусебното разбирање

и почитување, толеранцијата и правото на различност.

Мисјата на училиштето треба да биде промовирање на:

Соработка и дијалог, како алатка за разрешување на проблемите и зближување на

луѓето;

Взаемна почит помеѓу учениците и нивните семејства од различно етничко,

религиозно и културно потекло;

Еднакви можности и третман на сите ученици, преку негување на позитивни

односи и взаемна доверба;

Почитување на важните општестевени вредности, како што се: почитување на

разликите, отворена комуникација, дијалог, толеранција, конструктивност при

справувањето со конфликти и надминување на стереотипите и предрасудите.

Мисијата на училиштето треба да биде воспитно-образовните услуги

коишто овозможуваат индивидуален развој на учениците и наставниците, користејќи

современа образовна технологија и поттикнувајќи меѓусебна доверба и почитување, да се

развива свеста за правата, одговорностите и за потребата од доживотно учење, да се

оспособуваат младите за живот и работа, преку нивно активно вклучување во проектите за

подобрување на соработката на училиштето и локалната заедница.

Најважни се учениците, нивните резултати и постигнувања кои се

темелат на стекнатите знаења од училиштето. Во мисијата на било кое училиште треба да

биде грижата за учениците и развивање на сознанијата за правата на поединецот, но и за

одговорностите, демократските вредности и чувството за толеранција во едно

мултикултурно живеење, во мултинационална средина.

Теба да им се всадува мислата дека тие се идните градители и креатори, а

Његош рекол: За делата генерациите судат.

Визија на училиштето

Современа, модерна, ефикасна и квалитетна настава, приспособена според

потребите и интересите на учениците во една безбедна и позитивна училишна средина.

Page 7: МИСИЈА И ВИЗИЈА

7

Училиштето треба да биде поле на кое секој ќе расте и ќе се развива според

сопствените можности и потреби, користејќи ги знаењата, искуствата и насоките од оние

кои несебично и со љубов тоа им го даваат.

Училиштето треба да стане:

место во кое учениците ќе доаѓаат со желба бидејќи наставата е современа,

квалитетна и адаптирана на нивните потреби и интереси;

место во кое работат стручни и креативни наставници отворени за пермаментно

усовршување на тимска работа;

место во кое односите се културни, толерантни, соработнички а раководењето е

јавно, праведно и поттикнувачко;

Училиштето треба да биде синоним за ефикасно, ефективно и модерно

училиште во кое ученикот и неговите потреби се во центарот на вниманието, училиште

кое ќе нуди висококвалитетни образовни услуги што ќе ги задоволуваат високите

стандарди што ги поставува модерното општество, но и кретериумите за влез и успех на

повисоките степени на образование и пред се да промовира и реализира идејата за

доживотно учење.

Визијата треба да биде создадавање на висококвалитетен и претставителен

образовен модел, кој ќе претставува пример за еднакви можности и пристап до

образование на сите етнички заедници во мултиетнички средини. Современ интегриран

образовен модел, кој ги негува, поттикнува и интегрира мултиетничките вредности,

двојазичноста, а во исто време промовира и поддржува партнерски односи помеѓу

учениците, наставниците и родителите, го поттикнува вклучувањето на заедницата преку

воспоставување на хармонични односи, кои се темелат на почитување на разликите.

За да се постигне оваа цел покрај другите мерки треба да се превземат и

мерки за подобрување на дисциплината во училиштето, со секојдневното и целосното

спреведување на дежурствата.

Училштето треба да биде модерна и современо опремена образовна

институција, каде што учениците можат да се здобијат со квалитетни знаења и вештини

што се барани на пазарот на трудот.

Појдовна точка на сите активности е настојувањето да се одговорина

потребите и желбите на учениците, кои во училиштето ќе го препознаат својот втор дом, а

Page 8: МИСИЈА И ВИЗИЈА

8

во наставниците ќе гледаат луѓе кои се тука заради нив – за да им го пренесат своето

знаење и да им помогнат да го изберат вистинскиот пат.

Позитивна клима и атмосфера, која се темели на почитување на ставовите,

мислењата и интересите на учениците и отвореноста на наставниците кон сите промени и

предизвици што се карактеристика на времето во кое живееме. Воспитно-образовниот

процес е сложен и комплексен и бара многу знаење, време, трпение, разбирање и заемно

интеракциско дејствување. Училиштето треба да располага со сè што е потребно и, што е

најважно, да се има идеи, волја и желба да се подобри и модернизира воспитно-

образовниот процес.

Наставните планови и програми треба да се реализираат според однапред

предвидена динамика, планирана во годишната програма за работа на училиштето,

годишните глобални, тематски и дневни планирања на наставниците, како и неделниот

распоред на часови.

Директорот на училиштето, менаџерскиот тим и вработените треба да биде

тим што одлично функционира, а тоа најмногу придонесува во потполност да се

реализира глобалната мисија на образованието и мисијата и визијата на училиштето да се

преточат во стварност, т.е.

училиштето да биде ефикасно, ефективно и модерно;

ученикот и неговите потреби да бидат во центарот на вниманието, и

училиштето да понуди висококвалитетни образовни услуги, што ги задоволуваат

стандардите на современиот пазар на трудот.

Page 9: МИСИЈА И ВИЗИЈА

9

Заклучок

Мисијата на секое училштете треба да биде поттикнување и обезбедување

на индивидуален развој на учениците и наставниците и градење на меѓусебно разбирање и

почитување по високи етички стандарди. Училиштето во својата дејност посебна важност

да му придаде на принципот на демократичност и ефикасност и почитување на

индивидуалните разлики на учениците почитувајќи ги нивните развојни способности во

процесот на учењето. Добар менаџерски тим со споделена визија од вработените во

училиштето, и добро оспособен и компетентен наставен кадар кој постојано се усовршува,

ученикот како главен субјект и училиште кое претставува безбедна и дисциплинирана

средина за учење.

Осовременување на наставата со примена на современи наставни средства и

технологија, кабинетска настава, едуцирање на наставниот кадар се во интерес на подобар

квалитет и ефикасност на воспитно образовниот процес, отвореност на училиштето кон

промени и добра соработка со родителите и локалната средина.

Поттикнување и обезбедување индивидуален развој на учениците и

наставниците. Стремимење кон формирање глави, а не кон полнење глави.

Ученикот да биде помалку сведок, а повеќе учесник.

Секој човек знае нешто што ти незнаеш, затоа учи од секого

Секој наставник мора : ШТО...

Но може да избира : КАКО....

Училиште со современа образовна технологија-стручно оспособен кадар кој

ќе обезбеди поквалитетна настава компатибилна со европското образование Главни

правци на развојот на училиштето треба да бидат:

Следење на промените во образовниот систем;

Следење на промените и новите достигнувања во науката;

Залагање за остварување на мисијата и визијата на училиштето;

Page 10: МИСИЈА И ВИЗИЈА

10

Користена литература

1. К. Петковски, Менаџмент во училиште, Просветен работник, Скопје 1998 год.

2. К. Петковски и М. Алексова, Водење на динамично училиште, Биро за развој на

образованието, Скопје, 2004 год.

http://muratlabunishti.profimax.net/mk/?p=643

http://www.ibps.ndc.net.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=38&Itemid

=23&lang=mk

http://www.gjorchepetrov.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=44&

Itemid=110&lang=mk

http://www.josipbroztito.edu.mk/index.php?limitstart=30

http://vladotasevski.xtreemhost.com/index.php?option=com_content&view=category&lay

out=blog&id=39&Itemid=64

http://rajkozinzifovveles.blogspot.com/2011/03/blog-post_04.html

http://dagaberot.com/home/index.php?option=com_content&view=article&id=49&Itemid

=50