градење на рибници

15
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ - Прилеп Проектна задача за матурски испит Тема:Градба на ладноводни рибници Ментор: Ѓорѓија Гагалески Кандидат:Марина Паскоска

Upload: cornusmas

Post on 27-Jul-2015

245 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

семинарска за градење на рибници

TRANSCRIPT

Page 1: градење на рибници

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ

„ОРДЕ ЧОПЕЛА“-Прилеп

Проектна задача за матурски испит

Тема:Градба на ладноводни рибници

Ментор: Ѓорѓија Гагалески

Кандидат:Марина Паскоска

Март 2010

Page 2: градење на рибници

2

Содржина:

Вовед.................................................................................3

Главен дел........................................................................4

Завршен дел...................................................................11

Користена литература...............................................12

Page 3: градење на рибници

3

Вовед

Јас ова тема ја одбрав затоа што во мојата иднина планирам да отпочнам

бизнис со рибници, па сум заинтересирана да ги дознам условите и потребните

работи за отпочнување на овој бизнис.

Аквакултурa е одгледувањето на сите видови на водни организми (риба,

школки, жаби, ракoви, пијавици, вода, растенија и сл) под контролирани услови.

Важноста на аквакултурата е придонесот за храна на луѓето од целиот свет.

Меѓутоа, аквакултурата не е наменета само за производство на храна, тоа

има разновидна улога, на пример, производство за младеж за порибување на

водите за спортски риболов, одгледување и производство на декоративни риби,

бисерни школки, итн.

Терминот аквакултурата во денешно време најмногу е ограничен на

организми кои се наменети за исхрана на луѓето. Денес, рибите се одгледуваат во

свежа и во морска вода.

Одгледување на рибите спаѓа во рибарство и подразбира директно

влијание на човекот во растот и развојот на рибите.

Рибници се градат на земја, која не одговара на интензивно земјоделско

производство. Овие се терени со плитки подземни води, шуми со помала

вредност.

Во земјиште со таков квалитет треба да инвестира големи финансиски

средства, кои не би биле оправдани, бидејќи приносите нема да ги покријат

трошоците на инвестиците. Така, за одгледување на слатководните риби рибник

се прави до водотеци, на рамни и земјоделско неикористени места.

Предуслов за планирање на аквакултура во каква било форма, е концепт на

потребите и целите на развојот на оваа индустрија во одреден регион или земја.

Притоа во мал број на земји аквакултурата би можело да биде главен извор на

снабдување со риба, во повеќето земји денес е аквакултурата е само

вдополнителен извор на акватична храна.

Page 4: градење на рибници

4

Главен дел

Сите водени површини оградени со насип, во чии рамки може да се

регулира длабочината на водата со помош на технички помагала, ги викаме

рибници.

Во такви изградени рибници се врши планско одгледување на различни

видови на риби.

Под "ладноводни рибници"подразбираме дека температурата на водата е

до 15C. Во такви рибници се одгледуваат риби кои толерираат ниска

температура на водата и поголемо количество растворен кислород во водата.

Температура на водата во природата ја регулира климата. Во поново

време се испитуваат можностите за користење на соларната енергија за

затоплување на водата во некои технолошки процеси на одгледување на рибите.

Покрај ладноводните рибници постојат и топловодни рибници кои се градат

претежно во низински терени Ова ќе може да се примени во области кои имаа

многу сончеви денови.. Во нив се одгледуваат следниве видови на риби:

Крап (Cyprinus carpio L),

Бел амур(Ctenopharynдodon idella Val)

Бел Главаш (Hypophthalmichthys molitrix Val)

Сив Главаш(Hypophthalmichthys nobilis Rich),

Сом (Silurus дlanis L),

Штука (Esox lucius L),и др.

Додека во ладноводните рибници најчесто се одгледуваат следните видови

риби:

Изградба и одржување на рибникот:

Пред изградбата на рибникот треба да се направи истражување кое го опфаќа

утврдувањето на:

- Количината на вода

- Квалитетот на водата и

- Педолошко-физички состав на почвата.

Page 5: градење на рибници

5

Тестирање на количество на протокот на вода

Тестирањето се врши месечно, најмалку десет години. Врз основа на

добиени резултати, може да се определи оптималната големина на идниот

рибник.

Да се пресмета протокот на вода во водотекот се користи формулата (1):

Q = q * V

Q = количеството на протокот на водата l/s, q = површина на попречен пресек на

водотекот во м2,

V = проток во m / s.

Површината на идниот рибник може да се пресметува врз основа на

добиените резултати. Додека мора да го имаме во предвид длабочината на

рибникот, пропустливост на почвата, климатските услови и технолошки процес.

Квалитет на водата

Квалитетот на водата се тестира во три правци, кои ни ја покажуваат

физичката, хемиската и биолошката состојба на реките. Ако добиените

индикатори се во рамките на нормалата водата може да се користи во

технологијата на одгледување на риби.

Физички својства на водата има директно влијание врз темпото и

интензитетот на растот на рибите од кои ќе зависи од производството на органска

материја во езерцето. Основна мерења, се поврзани со температурата на водата,

нејзината длабочина и прозирност.

Во хемискиот состав на водата е важна количината на растворен кислород

и рН реакција. Во водотекот, може да има и токсични материи, како хлор, фенол,

амонијак, итн, кои негативно влијаат на живиот свет во рибникот. Тие можат да

дојдат по природен пат како нус-производ на растителни и животински свет, како и

индустрискиот отпад.

Биолошкиte студии покажуваат помала застапеност на пониски растителни

и животински организми. Овие организми се специфични па со нивната определба

можеме да заклучиме за каков квалитетот на водата се работа.

Page 6: градење на рибници

6

Рибниците може да се градат на различни видови на почви. Се градат и на

песоклива почва, но се смета дека таква градба не е оправдана.

Кај нас се уште има многу неискористено непропусно земјиште, на кој може

да се изгради рибник, а трошоците за изградба да бидат ефтини.

Непропустливоста на земјиштето се утврува со сондажа на теренот,

земајќи од различни локации на примероци од почвата во длабочина од 2 метри.

Анализираејќи ги примероците земја добиени од тестирањето на почвените

слоеви, се утврдува нивниот квалитет и отпорноста на пропустливост.

Во почетокот на развојот на рибничарство за градаба на рибници било

искористувано неискористеното земјоделско земјиште, потоа разни барски или

шумски кисели почви, или ниски почви по должина на реките, како и на почви со

подземни води во близина на површината.

Подоцна рибниците почнале да се градат и на земја со добар квалитет. На

добри земјишта се постигнуваат и повисоки приноси со помалку инвестиции и

поголем профит.

Кога ќе се разгледаат сите индикатори, трба да се одлучи што најдобро

одговара - целосен или делумен систем на одгледување. Од тоа ќе зависи

изградбата на едногодишен или двегодишен погон, со рибници кои се

специјализирани за одгледување на риби во одредени фази на производство.

По сите извршени анализи и комплетно добиени снимки на теренот, се

пристапува до изградба на рибници .

Градење насип

За насипите да бидат поцврсти и помалку транспарентни, тие треба да

бидат изградени претежно на непропустлива почва со што помалку органска

материја.

Познато е дека таа скапува и остава празнина така да насипот може да се

дестабилизира. За време на подготвката на теренот и изградбата на насипите

треба да се отстрани и слојот на хумус на целата површина на идниот насип како

би се направила што поцврста врската помеѓу ивицата и посипаниот материјал.

Page 7: градење на рибници

7

За да се добие што посилна врски меѓу супстратот и самиот насип, се

препорачува ископ во облик на канал по целата должина на насипот, кој би течел

покрај средината на

идниот насип.

На тој канал, кој се

полни со материјал како и

самиот насип, се

воспоставува посилна врска и се прекинува капиларноста, а со тоа намалува

процедувањето на водата низ спојката на подлогата и насипот.

Димензиите на каналот се различни, во зависност од широчината и

височината на насипот.

Обично длабочината е од 40 до 50, а ширината од 60-70 см. Потребен

материјал за изградба на насип обично се зема од блискиот терен, со цел да се

поевтини превозот.

Како што се прави внатрешната

и надворешната канална мрежа, се

зема материјал од тој терен, но прво

мора да се отстрани површинскиот слој хумус.

По изградба на насипот и изработката на страничните косини, хумусниот

слој, може да се користи за облога на круната и косината на насипот, за побрзо

затревување, додека со остатокот на хумусот се гради банкина за да се заштити

рибникот од неповолни делувања на ветерот и водената маса во рибникот.

За време на изградбата на насипите треба да се води сметка за можноста

од истекување на водата, кое може негативно да влијае на соседната земја. Затоа

се градат странични канали, кои таквата вода ја собраат и ја носат низводно.

На овој начин се заштитуваат периферните области, што служат за други

цели. При пополнување на насипот со земја, истата треба да се набие што

повеќе. Порано материјалот се пренесувал рачно со помош на запрежна кола со

коњи кои воедно ја набивале земјата. Денес, со помош на механизација, багери,

Page 8: градење на рибници

8

булдожери се врши набивање на насипот. Висина и ширина на насипот се

утврдува според климатските услови, конфигурација на почвата и длабочина на

водата.

Преградени насипи може да

бидат помали. Ако служи за

транспорт, мора да биде поголем

и поширок.

Стандардите за изградба на

насипи се утврдени со процентот

на осигурување, што значи дека насипот треба да биде 50 цм повисок од

максималното ниво на водата, со додавање на и на 30 см, што се предвидува

поради стегањето на вгрдениот материјал.

Ширината на круната на насипот не смее да биде помала од 2 метри, ако не

се врши превоз. Ако се врши превоз, минималната широчина на круна треба да

биде 2,5-3 метри, па дури и пошироко, без оглед на височина на насипот.

Според стандардите кои се применуваат во изградба на насипи, односот на

нагибот на косината према ширината и висината мора да биде од надворешна

страна 1 : 1,5 - 1:4

Овој однос зависи од квалитетот на вградениот материјал, големина на

водената површина, на длабочина на водата, за силата и насоката на ветерот, и

др.

Кога насипот е завршен и е покриен со хумус, на површина се засејува со

различни детелински и билни мешавини, со цел да се добие што погуст склоп, кој

ќе го штити насипот од ерозивни атмосферски влијанија.

Обложување на внатрешниот дел на насипот се прави од фасин, кој го

штити насипот од ерозивните сили на вода од рибникот. Фасини се снопови од

прачки, обично на врба, евла и трска, со дијаметар од 40-60 см, со користење на

колец се прицврстува на внатрешната страна на насипот, на кој обично се

набива земја. Во последно време се става пластична фолија, а можат да се

користат и бетонски блокови, или големи камења. Тоа зависи од можноста за

Page 9: градење на рибници

9

набавка на одгледувачот, односно сопственикот на рибникот, цената на

градежните материјали, итн.

Еден од најраспространетите уреди кој се користи во рибниците е т.н двојна

брана. Ако е поставена на највисоката точка на рибникот, има функција на

доводница, а дококу е ставена на најниската страна има улога на одводница.

Конструкцијата и во двата случаи е иста, иако разбирливо е дека се јавуваат

разлики во зависност од предвидениот капацитет.со помош на двојни брани се

регулира и водостојот во рибниците. Значајни елементи на градба на рибник се

доводни и одводни канали. Во принцип доводниот канал се наоѓа помеѓу браната

со акумулација и рибникот, и функцијата му е да носи вода во рибникот. Одводен

канал, по истата логика ја носи вишокот вода водата од рибникот. Попречниот

пресек на овие канали обично е во облик на трапез, каде што потесната страна е

дното. Доводниот и одводниот канал се гради со одреден наклон заради

обезбедување на гравитацијата на текот на водата. Најчесто овие канали се

проектираат со наклон од 1 - 7 промили. Јасно е дека кај проектирањето

градењето на овие канали посебно мора да се води сметка за пропусноста која се

изразува како однос обемската вредност во единица време на пр. 600 l/sek.

Цврстината на бетонот е предност во градењето на дното на рибникот.

Бетонот е траен и погоген материјал за градење на сите величини на рибници,

посебно оние со коси ѕидови. На пример за риби со големи димезнии. Од друга

страна градењето бара знаење и вештина и навистина е голем потфат. За

изграсдба најчесто се користат бетонски блокови, а тие се поврзуваат со смеса од

цимент, оштар песок и влакнести материјали за уцврстување. Влакнестиот

материјал дна цеметната збука и дава флексибилност, сперчува правење на

пукнатини од померување на земјиштето и со тоа ја смалува можноста на

истекување на водата. Важно е да се напомене дека треба да бидат доволно

силни и издржливи за да го издржат притисокот на водата, оштетувањата и

мразевите. Во изградбата со бетон се користат разни емулзии кои се водоотпорни

па дури и железна арматура, цигли, камен, и секако се завршува со

премачкување на непропусни гумифицирани смеси

Page 10: градење на рибници

10

Риби кои најмногу се одгледуваат во рибници се:

Семејство Salamo

Рибите Пастрмки ги

карактеризирани

масна перка која се

наоѓа зад грбната

перка. Масната

перка е дупликатор

на кожата во кое се

наоѓа депото на масти. Тие имаат голем број на мали крлушки и коска на непцето

(Vomero) со типичен број на заби за одреден тип. Пастрмките живеат во брзи и

бистри потоци со многу кислород. Месојади се. Тело им е издолжено,

цилиндрично, и странично малку сплоштено.

рибите пастрмки се делат на 5 рода:

• Salamo

Пастрмка и Атлантски лосос

• Hucho

Млада главатица

• Salmothymus

• Salvelinus

• Oncorhynchus

Пастрмката се карактеризира со вретенесто тело, темно зелен грб,

посветли страни и посветол сребренест бел стомак. Таа има црно-зеленкасти

ленти, и на страните на главата до опашката се протега широк појас во боите на

виножитото. Таа расте до 1,2 m и 25,4 килограми. Максимална возраст е до 11

години. Речиси е единствен вид на риба кој во рибниците се одгледува до

конзумна големина. Таа се храни со водните безрбетници. Полово созрева на 2-3

години. Се мрести во зима одложувајќи бентосна икра. Пастрмката е

benthopelagic-на anadromous-на риба која може да живее на Оптимална

температура е 10-24 ° C.

Page 11: градење на рибници

11

Заклучок

.

Со примена на новите технолошки начини на одгедување на риби и

поголема искористеност на водените површини, езера и акумулации, би можел да

се произведе далеку поголем квалитет на рибно месо. Со користење на

геотермалната енергија и обновливи извори на енергија, воопшто таквото

производство и одгледување на рибите станува профитабилна дејност.

Компаративни студии на производство на риба и одгледување на пченица,

во некои земји покажуваа профит од една тежинска единица на производот може

да биде 3-4 пати повисока кај одгледувањето на риби. Слични споредби со цената

на производството и свинскои говедско месо покажаа дека цената на

произведената риба е помала за 49,30 (± 2,0)%.

Сегашниот порастот на цените на производството на храна, како резултат

на зголемувањето на цените на енергијата, може да ја постави аквакултурата

многу поповолна позиција. Се разбира, цената на производство варира од видови

на риба кои се одгледуваат и прифатениот систем на одгледување.

Page 12: градење на рибници

12

Користена литература:

www.mk.wikipedia.org

http://www.vattenkikaren.gu.se/fakta/systore.html

http://fish.krasu.ru/

http://www.glerl.noaa.gov

http://www.ojibleau.com/anatomy.html

http://www.nature-discovery.com/

http://www.fishbase.org/

http://www.ittiofauna.org/