Упатство за семинарската работа за Информатика за...

3

Click here to load reader

Upload: zzdravev

Post on 27-Jul-2015

1.365 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Упатство за изработка на семинарска работа по предметот „Информатика за неинформатичари“

TRANSCRIPT

Page 1: Упатство за семинарската работа за Информатика за неинформатичари

Семинарската работа мора да се изработи согласно правилата објавени во: „ПРАВИЛА ЗА ИЗРАБОТКА НА ТРУДОВИ (СЕМИНАРСКИ, ДИПЛОМСКИ, СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ, МАГИСТАРСКИ И ДОКТОРСКИ) ОД СТУДЕНТИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП (кликни за да го видите документот) Откако ќе ја изработите семинарската ќе ја качите на е-Учење. Нема потреба да ја печатите и да се изложувате на непотребни трошоци.

Наслов на семинарската: „Анализа на Информационен систем и предлог за негово подобро и порационално користење во фирмата .....................“

Фирмата во која ќе истражувате ја избирате вие и на местото со точки (во насловот) го впишувате името на фирмата. Доколку имате потреба може да ви издадеме потврда дека истражувањето се врши заради изработка на семинарска работа.

Вашата задача: При изработката на семинарската работа вие се наоѓате во улога на млад дипломиран

кадар, кој е на примен на времена работа во некоја фирма (фирмата по ваш избор за која ќе работите истражување). Од страна на раководителот ви е доверена задача да истражите какви информатички технологии се користат во фирмата во која сте „вработени“ . При тоа треба да се истражат и да се направи споредба со најновите технологии кои се користат во светот и со технологиите кои се користат во конкурентските фирми кои делуваат на истиот пазар. За да го реализирате ова имате на располагање буџет кој е три пати поголем од досегашните вложувања во ИТ во фирмата.

Од квалитетот на предлогот кој ќе го дадете на крајот на семинарската работа зависи дали ќе ве задржат во редовен работен однос.

Содржина на семинарската работа

Целта на оваа семинарска е да истражите како се применуваат информатичките технологии во реални фирми, кои работат на пазарот во РМ. Потребно е да посетите некоја фирма и да направите интервју со лицето кои е задолжено за информатичките технологии и да видите како сето тоа се одвива во пракса. При тоа треба да се одговори на следните прашања:

1. Основни податоци

Во овој дел треба да се дадат податоци за фирмата во која е извршена анализата: Место (град, општина), дејност, лице за контакт, телефон, емајл, веб страница и други корисни податоци поврзани со фирмата.

Потоа накратко треба да се опише дејноста на фирмата т.е. со што се бави, што произведува, од што заработува итн.

Page 2: Упатство за семинарската работа за Информатика за неинформатичари

2. Технички податоци

Како технички податоци треба да се опише постојната информациона инфраструктура: број на компјутери, кој оперативен систем го користат (пример Windows XP или Windows 7 ), дали користат само еден оперативен систем, или користат повеќе. Понатаму кои технички перформанси (генерација, брзина, диск, меморија) ги поседуваат компјутерите, какви монитори користат (тип, марка, големина).

Посебно внимание треба да се обрне на серверите: дали се користи сервер и кој тип на сервер, со перформанси на серверот (генерација, брзина, диск, меморија), кој оперативен систем за сервери е инсталиран итн. НАПОМЕНА: да не се меша компјутер со сервер – серверот е посебен тип на компјутер кој вообичаено не може да се користи за ништо друго освен да биде сервер.

Какви типови на принтери (модели) користат и што се печати на нив? Дали има други периферии (скенери, специјални додатоци итн.)?

Обрнете внимание дали сите овие уреди се правилно поставени на маса или се чуваат под масите, дали се запрашени, дали се пристапни за интервенција, за вентилација итн. 3. Инсталирани програми

Овде треба да се опишат програмите кои се користат: Дали се користат апликативни програми за канцелариско работење (word, excel …)? Ако се користат, на колку компјутери се користат и кои се тие програми и за што најмногу се користат? (опишете ја секоја примена, плус дадете пример). Понатаму, дали има инсталирано други кориснички апликативни програми (пример програм за цртање)? Ако има инсталирано, за која намена и на колку компјутери се користат? Опишете ја нивната примена, плус дадете пример.

Дали има инсталирано наменски апликативни програми (се мисли на програми наменети за нивна дејност, книговодство, евиденции, други бази на податоци ...)? За што се користат наменските програми? (опишете)

Дали имаат инсталирано документ менаџмент систем? (Обидете се да им го објасните концептот на документ менаџмент систем и како тоа би можело да го користат – опишете ги впечатоците.

Дали се користат бази на податоци? За која намена, опишете. 4. Мрежа

Обидете се да ја опишете мрежата (доколку е инсталирана) во фирмата. Дали сите компјутери се поврзани, какви уреди се користат, какви кабли. Обрнете внимание на тоа дали каблите се уредно поставени или се влечат по подот, дали се поставени со утичници на ѕидот или директно се поврзани на компјутерите. Дали мрежните уреди се уредно поставени во специјален орман или се поставени на несоодветно место. 5. Интернет

• Дали има интернет пристап, за што го користат интернетот. Колку се користи емаил и за што се користи. Дали се користат јавни емаил адреси (gmail, yahoo, hotmail) или се фирмата поседува сопствен домен ( со com.mk ). Дали корисниците (одговорните, сопствениците) ја знаат предноста на имањето сопствен домен или не, објаснете.

• Дали се користат разни комуникатори (Skype, MSN) во бизнисот или не. Дали ја знаат предноста на ваквите програми.

Page 3: Упатство за семинарската работа за Информатика за неинформатичари

• Дали компанијата има сопствена веб страна. Ако има опишете ја на кратко и обрнете внимание дали се ажурира редовно, дали има свежи информации, дали се тие информации доволни за таа фирма. Ако нема дали фирмата има намера да постави своја веб страна, зошто до сега не поставиле, што е причината – финансии или недоволна информираност?

6. Безбедност

Од аспект на безбедноста опишете: • Дали имаат инсталирано антивирус програми, дали редовно се ажурираат, дали се

лиценцирани или бесплатни програми. Дали оперативниот систем се ажурира редовно (update) или не. Дали оперативниот систем е лиценциран или не.

• Дали имаат процедури за бекап на податоците, каде ги чуваат заштитните копии, дали имаа запис на податоците на паралелни хард дискови. Опишете дали имаат инсталирано уреди за заштита од струјни удари, дали имаат уреди за непрекинато напојување? Дали компјутерите се прикачени директно на струја или преку разводни кабли.

• Дали имаат процедури со дефинирани нивоа на пристап на податоците (на серверот, во програмите кои ги користат) т.е. дали секој може да дојде до податоците кои се сопственост на фирмата.

7. Мислење за постојната состојба на информациониот систем,

Овде во неколку реченици треба да го дадете вашиот впечаток за состојбата на анализираниот информационен систем со посебен акцент на: Дали постојниот систем ги задоволува потребите, дали има недостатоци, кои се предностите итн.

Понатаму, односот на луѓето кон компјутерите и нивната употреба, состојбата на опремата, дали е соодветна инвестицијата во системот во однос на големината на бизнисот.

Дали одговорните се спремни за подобрување на ситуацијата или компјутерите ги сметаат како излишна работа? 8. Предлог за унапредување на информациониот систем

Опишете, доколку вие би биле одговорни за тоа, што би направиле за подобрување на системот, (со конкретни мерки, а не со декларативни изјави) Пример: треба да се набават нови компјутери од таков и таков вид, треба да се инсталираат програми за бекап треба да се вградат уреди за непрекинато напојување, потребна е инсталација на база на податоци за тоа и тоа ..... и така натаму.