КОРУПЦИЈАТА КАКО ФАКТОР НА ЕКОНОМСКИОТ КРИМИНАЛ

23
Универзитет „св.Климент Охридски“ – Битола Факултет за Безбедност – Скопје Методика на Економско-Финансиски криминал КОРУПЦИЈАТА КАКО ФАКТОР НА ЕКОНОМСКИОТ КРИМИНАЛ Изработила : Марковиќ Дијана Втор циклус студии – безбедност и финансиска контрола

Upload: dijana-markovic

Post on 28-Jul-2015

743 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Универзитет „св.Климент Охридски“ – Битола

Факултет за Безбедност – Скопје

Методика на Економско-Финансиски криминал

КОРУПЦИЈАТА КАКО ФАКТОР НА ЕКОНОМСКИОТ

КРИМИНАЛ

Изработила : Марковиќ Дијана

Втор циклус студии – безбедност и финансиска контрола

Февруари 2011

СОДРЖИНА

1. Вовед

2. Глобализација и економскиот ризикот од корупција

3. Поим за корупцијата

3.1 Кривични дела од областа на корупцијата

3.2 Појавни облици на корупцијата

3.3 Економски последици од корупција

4. Конвенција на Обединетите нации против корупцијата

5. Заклучок

ВОВЕД

Корупцијата е појава поврзана со развојот на општеството кој асе одржала во сите

општествени системи. Таа е појава која, според исказите на еминентни експерти, во

денешни услови, зазема големи димензии и се појавува во сите сфери на животот.

Многу автори докажуваат дека корупцијата станува значаен меѓународен проблем

како и тероризмот и организираниот криминал. Корупцијата како старо нов феномен

продуцира огромни негативни последици таа го прави поуспешен криминалот (го

зајакнува и забрзува), ги отежнува легалните вложувања, го забавува севкупниот

економски развој, немилосрдно ги црпе државните пари, и што е најлошо,

корупцијата е најголем непријател на демократијата и на вкупните демократски

процеси, посебно кај земјите во развој. Митото и корупцијата во големи размери

претставуваат смрт за новите демократии и најголема кочница за нивниот побрз

економски развој. Најголем број расправи за корупцијата се водат околу тоа колку е

таа сериозна, како да се открие и што да се прави со оние кои во неа учествуваат. За

таа цел, многу земји во последно време, на највисоко државно ниво, ја дефинираат

својата стратегија во борбата против корупцијата. Притоа, се поаѓа од фактот дека

малиот број откриени кривични дела не ја прикажува реалната состојба. Со право се

претпоставува дека тој број е незначителен поради тоа што со сегашните методи е

тешко да се открие и докаже корупциската активност, посебно онаму каде се

вмешани претставници на власта на одделни земји.

1. Глобализацијата и економскиот ризикот од корупцијата

Последната декада беше сведок на значителна промена во третирањето на феноменот

корупција како од академска, така и од политичка страна. Достапните докази

укажуваат дека корупцијата е долготрајна и релативно константна карактеристика на

светските политички системи. Поточно, корупцијата произлезе од контекстот на

меѓународната политика, дискутирана како сериозен социјален проблем кој бара

обединети антикорупциски заложби на глобално ниво. Оваа квалитативна промена е

забележана од Глин , кој истакнал дека: Кампањите против корупција не се ништо

ново. Но оваа декада е првата која може да сведочи за појавувањето на корупцијата

како навистина глобално политичко прашање кое бара глобален политички одговор“.

Кога корупцијата се поврзува со економската глобализација, веднаш станува јасно

дека неодамнешните трансформации во дефинирањето на проблемот на корупција се

поврзани со итрините на глобалната економија. Од оваа перспектива може да се каже

дека корупцијата претставува меѓународен безбедносен проблем бидејќи е извор на

економски ризик и несигурност за странски инвестиции и со тоа е во контрадикција

со барањата за стабилен пазар и предвидување.

Transformacijata na op{testveno-ekonomskite odnosi dovede do socijalno

rаslojuvawe , so zgolemena nevrabotenost, vlo{eni i nesigurni uslovi na `ivot i

intencija na opredeleni socijalni i politi~ki grupi i sloevi za zafa}awe na

dominantna ekonomska i politi~ka pozicija vo novonastanatite op{testveni

okolnosti. Seto toa nu`no se po~uvstvuva vo zabavenoto funkcionirawe na

dr`avnite organi i institucii, vo nepo~ituvawe na zakonitosta, vo gubewe na me|

usebna tolerancija i manifestirawe na takvi aktivnosti vo koi silen zamav

ostvaruvaat potkupot, zakanite i onie modeli {to vo profitot i zbogatuvaweto

gledaat dominatna aktuelizacija na modernite vrednosti.

^esto se sre}avame so ocenkite deka prisustvoto na natrupanite ekonomski

problemi, nevrabotenosta, padot na standardot na `itelite i izrazeniot deficit

na podra~jeto na obezbeduvaweto na soodvetni buxetski sredstva vo tie

slu`bi (koi izvr{uvaat mnogu ~uvstvitelni op{testveni funkcii {to baraat

visoko nivo na li~na ~esnost i op{testvena doverba), doveduva do opa|awe

na moralot kaj dr`avnite i ostanatite javni slu`benici. Imeno, tie vo

sekojdnevnata praksa se

sretnuvaat so neopravdano i nezakonsko bogatewe, se enormna i

neopravdana materijalna, a vo vrska so toa i so op{ta socijalna

diferencijacija. Vo svoite nastojuvawa {to poefikasno da se borat protiv

vakvite nezakoniti pojavi, se soo~uvaat so razli~ni prepre~uvawa koi ne se

samo od pravna priroda, (mo`at da se prepi{at na nedostatok na soodvetno

zakonodavstvo), tuku ponekoga{ se soo~uvaat so smislena i organizirana

sprega so nositelite na vakvite malverzacii i vi{ite birokratski strukturi vo

najrazli~nite strukturni organi na vlasta {to uka`uva na {iroko rasprostraneti

simptomi na steknuvawe na nezakonska li~na korist, odnosno korupcijata vo

op{testvoto.

Zainteresiraosta na zemjite vo tranzicija, za efikasno spre~uvawe, otkrivawe i

suzbivawe na korupcijata ne e izolirana pojava koja e karakteristi~na za ova

regionalno i sekako, vo sega{niot moment mnogu specifi~no op{testveno-

politi~ko i ekonomsko podra~je. Na{ata i me|unarodnata javnost, so golemo

interesirawe gi slede{e alarmantnite slu~ai na me|unarodni korupciski aferi

vo koi bea zame{ani politi~kite vrvovi i nositeli na administrativnite i

zvr{ni funkcii od najvisok rang na nekoi poedini zemji, kako i menaxeri na

nacionalni i me|unarodni korporacii. Duri be{e javna tajna deka se tolerira

praksata na korupcija vo slu~ai na nadvore{no trgovski i finansiski transakcii,

osobeno koga se raboti za kapitalni investicii, nabavka na visoka tehnologija,

vooru`uvawe; prisvojuvawe na koncesii za eksploatacija na prirodnoto

bogatstvo, itn. ^esto se dogovarani raboti na {teta na nacionalnoto

stopanstvo na nerazvienite zemji, a so davawe provizija, odnosno mito, na

najvisokite dr`avni

funkcioneri na tie zemji.

Korupcijata e fenomen {to dobiva planetarni dimenzii, za{to nema dr`ava i

ekonomija, {to e imuna na razli~nite oblici na potkupuvawe, "trguvawe so

vlijanie" i drugi oblici na zloupotreba na posebnata polo`ba {to ja imaat

poedinci, politi~ki partii i javni i privatni korporacii. Korupciskite aferi ne se

simnuvaat od listata na najaktuelnite nastani {to gi potresuvaat dr`avite

osobeno od po~etokot na devedesetite godini. Svrtuvaweto na interesot nа

javnosta kon fenomenologijata i etiologijata na korupcijata otkri vsu{nost

postoewe na pove}e determinanti, koi zadiraat vo samoto op{testveno,

ekonomko, politi~ko, socijalnpo i kulturno tkivo. Se poka`a deka korupcijata e

simptom na edna te{ka bolest na op{testvoto, ~ija {to vistinska dijagnoza

upatuva na maligni procesi {to brzo se razvivaat vo pravec na: koncentracija

na funkciite, bogatstvoto i presti`ot, potisnuvawe na demokratijata i jaknewe

na nedemokratskite i avtokratskite re`imi, totalna erozija na na~eloto na

zakonitost i drugite onovni postulati na pravnata dr`ava. Toa pretpostavuva i

ekspanzija na birokratizmot, izrazen preku se pogolemata administrativna

kontrola i komercijalnite restrikcii, monopolite, nepotizmot itn., a zad seto toa

primordijalna uloga igra materijalisti~kata koncepcija za steknuvawe na {to

pogolema mo} i bogatstvo.

2. Поим за корупцијата

Таа го добила своето име од латинскиот израз corruptio, чие основно значење е

расипаност, распаѓање, нагризување, што доволно ја одразува нејзината штетност како

појава. Самиот термин има многукратно значење и под него, во поширока смисла се

подразбираат и недостаток на чесност и поткупливост. Иако нема забележано

историски податоци од кога таа се појавила, со сигурност може да се претпостави дека

тоа се случило кога првиот човек сватил дека може да има корист од својата позицијата

во општеството. Таа е глобален феномен, кој се појавува во помал или поголем обим

во секоја земја од светот, не познава граници, боја на кожа, раса или верско убедување.

Постои и ќе постои се додека има поединци и групи подготвени да ја искористат

својата положба во општеството за остварување на корист и додека постои положба

која може да биде злоупотребувана за таква цел. Таа се појавува буквално во сите

сектори на општеството и државата – во економијата, политиката, администрацијата,

јавниот, културниот, граѓанскиот и медиумски живот, во религиозните заедници, на

централно и на локално ниво. Тешко е да се каже дали корупцијата некогаш ќе биде

искоренета, но сите напредни земји во светот тежнеат кон тоа да ја намалат колку е

можно повеќе и да ја доведат во граници во кои нема во голема мерка да им штети

на развојот на економијата, демократијата и општествените односи. Постојат различни

дефиниции за корупција кои зависат од нивните автори и времето кога се настанати и

тие еволуираат како што се развива корупцијата, но и научната мисла која ја

дефинирала. Без оглед колку дефиниции има, тие не се разликуваат многу и, во основа

сите се сведуваат натоа дека корупцијата е искористување на положбата за добивање

на корист. Заеднички елементи на сите дефиниции на корупцијата, по што таа може да

се препознае во секој свој облик, било каде во светот, се:

1. Лица кои ја злоупотребуваат својата положба

Лица кои ја злоупотребуваат својата положба и се однесуваат коруптивно постојат на

сите нивоа на општеството и државата. Доволно е само да имаат положба која сметаат

дека можат незабележано и неказнето да ја злоупотребат за да остварат корист за себе

или за друг. Од разбирливи причини, заради важноста на политиката и

администрацијата во секојдневниот живот и можностите за злоупотреба кои постојат

во овие области, особено внимание се посветува на службените лица – носители на

политички и јавни функции, вработените во администрацијата, на централно и локално

ниво, како и во јавните служби.

2. Дејствија со кои се злоупотребува положбата

Дејствијата со кои се злоупотребува положбата се различни, но можат да се сведат на

две основни категории: првата, да се стори нешто што, согласно законските прописи и

правилата за вршење на работата не смее да се стори, односно коруптивно однесување

со активно дејствие, како на пример да се додели тендер на фирма која дала

понеповолна понуда и втората, да не се стори нешто што, согласно законските прописи

и правилата за вршење на работата, морало да биде сторено, односно коруптивно

однесување со пропуштање на дејствие, како на пример инспектор од даночна служба

кој не поднесува пријава за прикривање на данок а е обврзан да го стори тоа

според законските прописи.

3. Остварување на корист од злоупотребата на положбата

Користа од коруптивното однесување не е ограничена само на директна корист за

корумпираните лица, бидејќи многу почести се појавите кога таа се остварува на

сметка на нивни блиски лица, како што се нивни роднини, пријатели, групи на луѓе со

кои се поврзани - фирми или пак политички партии. Иако најчесто користа е

материјална, изразена во пари, скапоцени предмети, недвижнини, автомобили, таа

може да биде и нематеријална – стекнување на одредено право, хартии од вредност,

услуга, унапредување и слично. Законодавството на Република Македонија дава

слична, доволно широка и применлива, општа дефиниција на корупцијата во Законот

за спречување на корупцијата, каде под корупција се подразбира се подразбира

искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба

за остварување на каква и да било корист за себе или за друг.

3.1 Кривични дела од областа на корупцијата

Поконретно и подетално, коруптивните однесувања се опфатени и дефинирани во

Кривичниот Законик, каде во групата на кривични дела против службената должност,

како коруптивни се санкционираат следните поведенија:

1. Злоуотреба на службената положба и овластување (Член 353)

Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување,

со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување

на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на

друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

2. Примање поткуп (Член 357)

Службено лице кое ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими

ветување за подарок или друга корист, за да изврши во рамките на своето службено

овластување службено дејство што не би смеело да го изврши или да не изврши

службено дејство што би морало да го изврши ќе се казни со затвор од една до десет

години.

3. Давање поткуп (Член 358)

Тој којшто на службено лице ќе му даде или ќе му вети подарок или друга корист за да

изврши во рамките на своето службено овластување службено дејство што не би

смеело да го изврши или да не изврши службено дејство што би морало да го изврши

или тој којшто посредува при ова, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Корупцијата има две страни – онаа што ја бара, остварува, односно прима користа и

онаа која таа корист ја ветува, нуди, дава, односно овозможува, бидејќи за да може

некој да оствари одредена корист, мора да постои и некој кој треба да ја даде:

едната, која се стекнува o со корист (корумпираното службено лице, негови роднини,

пријатели, блиска фирма, група или партија) втората, која ја дава користа (најчесто

фирма, но и поединци, групи поврзани со заеднички интерес и слично). Заради тоа што

штетата која се предизвикува со коруптивното однесување не зависи само од едната од

овие страни, одговорноста за таквото дејствие ја сносат и двете страни, без оглед што

казната за давање на поткуп е помала од онаа за примањето на поткуп.

Класичниот поткуп постои кога одреден јавен службеник или функционер, директно

или индиректно, од страна на приватно или правно лице ќе прими награда, финансиско

плаќање, заем, донација, спонзорство или друга корист за тој да направи или да не

направи нешто што е во негови службени надлежности. Користа постепено еволуира

од опипливи кон помалку опипливи или нематеријални видови корист.

Нематеријалните користи можат да бидат: гласањето, согласност, лобирање,

вработување, потпишување договори и сл. Во нашето кривично законодавство

пасивниот поткуп е правно дефиниран како кривично дело „Примање поткуп“ по член

357 од КЗ на РМ, а активниот поткуп е правно дефиниран како кривично дело „Давање

поткуп“ во член 358 од КЗ на РМ.

Суштината на кривичното дело „примање поткуп“ е одредено службено лице да побара

или да прими подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено

овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши

службенодејствие што би морало да го изврши. Сторителот на кривично дело

„примање поткуп“ може да биде само службено или одговорно лице.

Кај кривичното дело „Давање поткуп-член 358“ предвидена е одговорност на оној што

на службеното лице ќе му даде или ќе му вети подарок или друга корист за да изврши

во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го

изврши или да не изврши службено дејствие што мора да го изврши. Сторител на

кривично дело „давање поткуп“ може да биде секое лице кое ветува или дава подарок

или друга корист, како и лице кое посредува во поткупот. Сторителот на кривично

дело „давање поткуп“ може да се ослободи од казна, доколку дал поткуп по барање

на службено или одговорно лице, а делото го пријавил пред неговото откривање.

Примањето подарок може да се манифестира на различни начини, директно земање,

давање согласност подарокот да се остави на некое место или да се даде на одредено

лице. Под подарок се подразбира вредносни предмети, пари, хартии од вредност,

уметнички слики, автомобили, мебел и други предмети.

3.2 Појавни облици на корупција

Начините на кои се манифестира корупцијата се бројни и зависат од просторот кој им е

оставен на корумпираните за да остваруваат корист од злоупотребата на својата

положба а понекогаш и од нивната креативност. Во земјите со напредни системи за

спречување и сузбивање на корупцијата тие се пософистицирани и потешки за

откривање, додека во оние кои немаат таков систем тие се поочигледни. Не е лесно да

се класифицираат и раздвојат едни од други бидејќи се испреплетуваат злоупотребата

на службената положба, давањето и примањето на мито, непотизмот, кронизмот,

судирот на интереси, незаконитото финансирање на политичките партии и сите

останати форми на корумпирано однесување. Но, сите тие можат да се поделат во два

основни видови на корупцијата – т.н. голема корупција, или зафаќање од државата

(state capture) и т.н. мала или административна корупција.

Главна карактеристика на големата корупција не е износот на средствата кои се

предмет на злоупотребата, туку кому се нанесува штетата со неа. Кај т.н. голема

корупција предмет на злоупотреба се парите од буџетите на државните органи,

локалната самоуправа и јавните претпријатија а штета се нанесува на јавниот интерес,

односно на количината на испорачаните јавни добра на граѓаните. Тоа резултира со

намален стандард и квалитет на живеење на граѓаните, односно полошо здравство,

образование, безбедност, економија и инфраструктура.

Појавните облици на големата корупција се злоупотребите на буџетските средства при

јавните набавки, избегнување на плаќање даноци, царински и други давачки, давањето

на концесии, лиценци, трговски контингенти и слично. Не се ретки ни појавите на

ненаменското трошење на буџетските средствата и класични злоупотреби на

службената положба, изразени преку проневери, фалсификати и организиран

криминал. Носители на оваа форма на корупција се средните и високите слоеви на

администрацијата.

„Мала“ или административна корупција всушност самото име упатува дека се работи

за корупција каде предмет на злоупотреба се помали износи на средства, што во основа

е точно, кога се зборува за поединечните суми кои се плаќаат за одредена услуга. Но,

со оглед на раширеноста на овој вид на корупција, вкупниот износ на средства кои се

остваруваат како корист, може да ѝ конкурира на големата корупција. Разликата од неа

не е само во износот, туку и во изворот на средствата кои се предмет на злоупотребата,

кои кај малата корупција редовно потекнуваат од граѓаните и од малиот и среден

бизнис. Најчесто ова се класичните случаи на изнудување и давање на поткуп на

државната и јавна администрација заради остварување на правата на граѓаните пред

нив или пак олеснување на работата на малите и средни претпријатија. Области кај кои

вообичаено е овој вид корупција се царината, здравството, полицијата, образованието,

судството, локалната самоуправа и други институции со кои граѓаните и малите и

средни претпријатија најчесто општат. Во оваа форма на корупција директно се

вклучени ниските и средните слоеви на администрацијата, но полза од неа имаат и

повисоките инстанци на администрацијата кои добиваат одреден дел за да го

толерираат таквото однесување на своите подредени. Таквиот ланец предизвикува

висока цена на корупцијата и придонесува за исклучително отежнување на

остварувањето на правата на граѓаните во односите со администацијата.

3.3 Економски последици од корупцијата

Корупцијата е исклучително штетна појава, бидејќи предизвикува негативни

последици буквално за секој сегмент од општеството и државата и затоа се вложуваат

огромни напори за нејзино спречување на национално и меѓународно ниво.

Корупцијата има негативни ефекти врз сите области на живеењето, таа е штетна за

економијата, за демократијата, за државата и административниот апарат, како и за

општеството и граѓаните.

Во економијата таа го поткопува слободниот пазар и конкуренцијата, како основа за

секој добар развој на стопанството, ги зголемува трошоците на бизнисот затоа што во

цената на производите и услугите, како трошок го вклучува митото. Таа го успорува

економскиот развој и е голем непријател на слободната пазарна економија бидејќи

создава слој на привилегирани фирми кои неоправдано имаат повластена позиција на

пазарот. Накратко кажано, корупцијата ја кочи и уништува економијата на една

држава. Таа е штетна и за демократијата бидејќи го нарушува основното право на

еднаквост на граѓаните пред институциите на системот, затоа што ги става во

повластена позиција оние граѓани и субјекти кои се подготвени и можат да си дозволат

да платат за да остварат некое свое право. Негативно се одразува и на државата и

административниот апарат затоа што го нарушува правилниот развој на институциите

на системот, нивното ефикасно и законско функционирање, ги намалува приходите во

буџетот, придонесува за негово нерационално и непродуктивно користење и

предизвикува повластен третман на одредени категории на граѓани и субјекти.

На крајот, цената на корупцијата најмногу ја плаќаат граѓаните коидобиваат помалку

т.н. јавни добра од страна на централната и локалната власт, затоа што колку е

поголема корупцијата, толку помалку се можноститеза подобрување на предусловите

за квалитетен живот.

4. Конвенција на обединетите нации за борба против

корупцијата

Конвенцијата со право може да се нарече Magna Carta за општествено-економскиот,

правно-политичкиот и морално-правичниот организиран начинна реакција и

однесување на државите, во насока на спречување, откривање и репресирање на

различните облици на корупција и коруптивни однесувања, како и при меѓусебната

соработка и координација на државите во истата насока.

Таа е најзначајниот меѓународен антикорупциски инструмент и прв правно

обврзувачки меѓународен документ од оваа област. Конвенцијата, која е потпишана од

140 држави членки на ООН од кои 70 ја ратификувале, е глобален одговор на

глобалниот проблем на корупцијата затоа што ја третира како прекугранично прашање

а не само во рамките на конкретна држава. Особено е значајна по тоа што обврзува на

меѓународна соработка и размена на информации во врска со корупцијата и вклучува

одредби за поврат на илегално стекнат имот.

Корупцијата е неизбежна и придружна појава на различните облици на организиран

криминал, и таа е присутна, некаде помалку, некаде повеќе, но без исклучок, речиси во

сите земји во светот. После распадот на комунистичко- социјалистичкиот систем на

уредување во Југо-источна Европа, во 90-те години од минатиот век, државите кои

произлегоа од таквиот систем, се соочија со енормна присутност на различни облици

на криминал на „белите крагни“, корупција и организиран криминал. Меѓу повеќето

причини за таквата состојба, во која овии земји сè уште се наоѓаат, е и неизграденоста

на ефикасни нормативни и институционални механизми за заштита на демократскиот

поредок и правната држава. Еднопартискиот режим на владеење беше заснован на

принципот на силна, тоталитаристичка и авторитарна држава, со апсолутизирање на

вредносниот систем на колективни права и сопственост при што, во целост беа

занемарени односно, потиснати индивидуалните права и слободи и облиците на

демократско влијание и контрола врз власта односно, државата. Уште повеќе,

постечките гарнитури на власт во еднопарискиот системна владеење речиси без

исклучок, или со мали трансформации, ја задржаа власта, формално воведувајќи

повеќепартискиот систем на демократско владеење. Во суштина, менталитетот и

правно-институционалната државна структура многу тешко и бавно се менуваше. Во

таква правно-политичка состојба се наоѓа и Македонија. Силните вербални заложби за

брза транзиција и трансформација во современ демократски систем не доживеаа и

реална верификција. Меѓународната заедница се обидува да ги засили, канализира и

помогне процесите на општествената, демократска трансформација што се случуваат

во земјите со социјалистичко минато па така, и на Македонија, како земја претендент

за прием во евро-атлантските асоциијации, ѝ наметнува исполнување на одредени

стандарди и претпоставки, што претставуваат основна база за понатамошниот

демократски развиток заснован на повеќепартискиот плурализам. Во таа насока се и

заложбите за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за спречување

на корупцијата, која Македонија ја ратификуваше во 2007 година.

На централно ниво, беа создадени одредени претпоставки за институционално

профилирање на антикоруптивно делување на државата, со оформувањето на

Државната Комисија за спречување на корупцијата во Македонија (2002 година), а

подоцна и со донесувањето на одредени норамативни акти што се однесуваа на оваа

исклучително важна проблематика. Соодветни промени беа извршени и во кривично

материјалното и процесно право, со воведувањето на одредени законски одредби во

Кривичниот Законик на Република Македонија, со што се инкриминираа одредени

облици на корупција и коруптивно однесување, се воведе кривична одговоност за

правните лица, и мерката конфискацијата на нелегално стекнат имот, се заоштрија

казнените санкциии за кривичните дела од областа на корупцијата, се легализираа во

Законот за Кривична Постапка одредени облици на специјални истражни мерки како

адекватен законски инструментариум за детекција и спречување на организираните

облици на криминал и корупција. Во текот на 2007 год., заради недоволната

иплементираност во одделни сегменти од Државната програма за превенција и

репресија на корупцијата во Македонија,3 донесена во 2003 година, ДКСК пристапи

кон изготвување на нова Државна програма за превенција и репресија на корупцијата

со акционен план, како стратешки документ за спречување на корупцијата во

Република Македонија. Во текот на изготвувањето на новата програма, на виделина

излегоа многу состојби што аргументирано говореа дека степенот на коруптивност, во

сите пори на општественото живеење во Македонија е се уште на високо ниво.

Всушност, наместо трендот на коруптивноста во Македонија од 2002 година, да е во

опаѓање тој, до неодамна имаше нагорна линија, и се чини, дека таквите состојби не се

сменети до денес и покрај напредокот на Република Македонија на листата на

Индексот за перцепција на корупцијата на Transparency International.

Треба да се нагласи дека конвенцијата на обединетите нации против корупција

ексклузивно предвидува дека сите држави се обврзани да ја спречат корупцијата и дека

е потребна неопходност во меѓусебна соработка .

ЗАКЛУЧОК

Корупцијата е големо и тешко зло со кое државата мора енергично да се бори.

Проблемот на корупција најефикасно се решава со развивање на ефикасни методи на

откривање, разјаснување и докажување на овие кривични дела, односно создавање

фактички услови за примена на нормите на материјалното кривично право во

оваа област. Самото пропишување на цела низа посебни инкримации, т.е

предвидување на тешки казни за кривичните дела на корупција, не претставува

делотворно решение. Таквите видови на интервенции во кривичното законодавство

можат да постигнат само ограничен „маркетинг“ ефект во однос на пошироката

неинформирана јавност, со кој ништо битно не се постигнува на планот за ефикасно

сузбивање на кривичните дела во кои припаѓа корупцијата, освен залудно трошење

енергија. Последиците од корупцијата односно нејзините економски и социјални

ефекти , се сериозен тест за секое општество . Корупцијата произведува сиромаштија и

општ пад на економијата проследено со општествено незадоволство во однос на

реформите за демократски развој , доведува до намалување на ефективноста на

функционирање на државната власт и минимизирање на вербата на граѓаните во

органите на државните јавни служби . Проблемите околу борбата и откривањето на

корупцијата се многу сложени и предизвикани од од различни политички , правни ,

економски и општествени фактори во целина.