елеборат за хидраулични системи

14
Хидраулични системи и машини Хидрауликата се вбројува меѓу најстарите научни области.Денес хидрауликата се применува во машинската индустрија,авиоиндустријата,градежништвото,руда рството,земјоделието,индустријата за моторни возила и други области. Системот за пренос на енергија може да биде: механички, електричен, хидрауличен, пневматски или комбиниран.За тоа каков систем ќе се избере се одлучува во фазата на проктирањето според : условите за работа,технолошкиот процес и можностите на корисникот. Хидрауличниот пренос на енергија може да биде изведен како: 1. Хидростатички (волуменски) пренос на енергија,каде енергијата се пренесува само со притисокот на работна течност. 2. Хидродинамички пренос на енергија,каде носител е и брзината на струењето на работната течност.

Upload: vele-trajkovski

Post on 29-Jul-2015

193 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: елеборат за хидраулични системи

Хидраулични системи и машини

Хидрауликата се вбројува меѓу најстарите научни области.Денес хидрауликата се применува во машинската индустрија,авиоиндустријата,градежништвото,рударството,земјоделието,индустријата за моторни возила и други области.

Системот за пренос на енергија може да биде: механички, електричен, хидрауличен, пневматски или комбиниран.За тоа каков систем ќе се избере се одлучува во фазата на проктирањето според : условите за работа,технолошкиот процес и можностите на корисникот.

Хидрауличниот пренос на енергија може да биде изведен како:

1. Хидростатички (волуменски) пренос на енергија,каде енергијата се пренесува само со притисокот на работна течност.

2. Хидродинамички пренос на енергија,каде носител е и брзината на струењето на работната течност.

Хидрауличниот систем за пренос на енергија е составен од повеќе елементи меѓусебно поврзани во една целина и тоа : резервоар со работната течност, пумпа, елементи за управување (вентили и разводници), извршни елементи (хидрау-лични мотори), елементи за поврзување (цевки и приклучоци), елементи за пречистување, хидрауличен акумулатор и потребни мерни и контролни инструменти.

Задачата на хидрауличниот систем е да ја трансформира механичката енергија од погонскиот мотор (електромотор или мотор со внатрешно согорување) во хидраулична енергија на

Page 2: елеборат за хидраулични системи

работната течност (енергија на притисок и енергија на струење), со која извршува одредена работа.При преносот на енергија,трансформирањето се врши двапати:пумпата ја претвора механичката енергија на погонскиот мотор во хидраулична енергија на работната течност,а извршниот орган (хидрауличниот мотор) ја претвора хидрауличната енергија на работната течност во механичка енергија со која се извршува работа.

Деловите од хидрауличниот систем меѓусебно поврзани,претставуваат функционална целина за извршување на определени задачи,битни за системот и неговата работа.Според задачите што ги извршуваат,деловите се делат на:

1. Резервоар-дел за складирање на течноста и таложење на нечистотии

2. Пумпи-делови кои механичката енергија на погонскиот мотор ја претвараат во струјна енергија на течност

3. Вентили и распоредници-делови со кои се регулира големината на протокот и притисокот на работната течност во системот

4. Извршни делови кои хидрауличната енергија на флуидот ја претвараат во механичка работа

5. Цевки,заптивни материјали и приклучоци-делови за кои ја пренесуваат течноста од резервоарот до сите составни елементи на хидрауличниот систем

6. Филтри-делови кои имаат задача да ја пречистуваат течноста од механички нечистотии

Page 3: елеборат за хидраулични системи

7. Хидрауличен акумулатор-дел за акумулирање на енергија.

Хидрауличните системи имаат широка примена поради ефикасната и сигурна работа.Овие системи наоѓаат примена во различни машини.

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ НА БУЛДОЖЕР Т-120 C

Булдожерот Т-120 C има машина на трактор и е опремен со лопата за товарање.

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ КАЈ БУЛДОЖЕР

Page 4: елеборат за хидраулични системи

Запчестата пумпа 1 со капацитет од 180 литри во минута е приклучена за моторот на возилото,така што додека работи моторот цело време функционира и хидрауличниот систем.Пумпата 1 ја црпи работната течност од резервоарот 2 и преку разводниците 3 и 4 ја потиснува кон хидрауличните цилиндри 5,односно 6.Кога работната течност од разводникот 3 се потиснува кон хидрауличните цилиндри со двострано дејство 5,лопатата за товарење се подига или спушта.За празнење на лопатата,течноста се потиснува преку разводникот 4 кон хидрауличните цилиндри 6,со кои се превртува лопатата и потоа враќа во хоризонтална положба.Иако управувањето со разводницте 3 и 4 е разделено (со различни рачки),поради кинематските односи на механизмот од лопатата,при нејзино дигање или спуштање,доаѓа до принудно движење на клиповите во хидрауличните цилиндри 6.За да се овозможи пасивна работа на хидрауличните цилиндри 6,додека се подига или спушта товарната лопата,работната течност од цилиндрите 6 се враќа преку вентилите за ограничување на пртисокот 7 во резервоарот 2.Истовремено,преку неповратните вентили 8,се полни другата комора на хидрауличните цилиндри 6 со работна течност.Вентилите за регулирање на проток 9 служат за исклучување од хидрауличниот систем на цилиндри 5,кога не работи лопатата за товарење.При нејзиното работење вентилите за регулирање на протокот 9 мора да бидат отворени.Лачните линии 11 означуваат еластична врска,а тоа се високопритисни флексибилни црева.

Page 5: елеборат за хидраулични системи

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ НА ПОДИГАЧ НА ПЛАТФОРМА

ЗА КАМИОН ТАМ-4500

Кај сите камиони-кипери,се вградува хидрауличен систем за автоматско истоварање.Хидрауличниот систем е сместен под платформата на сандакот.Како погонски мотор на пумпата се користи моторот на возилото.Истоварувањето може да се врши бочно или на задната страна.

Кога хидрауличниот систем е во неутрална положба тогаш работната течност од резервоарот Т доаѓа до пупмата P под дејство на сопствената тежина,бидејќи пумпата е сместена под резервоарот.Оттука,течноста се потиснува преку хоризонталниот канал 1 кон отворениот проточен вентил 3 на вентилот за растоварување 2,а оттаму преку повратниот канал 4,се враќа во резервоарот.

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ КАЈ КАМИОН

а)кога е во неутрална положба б)кога е вклучен во работа

Page 6: елеборат за хидраулични системи

Кога комплетниот хидрауличен систем е вклучен во работа тогаш е затворен проточниот вентил 3,пумпата ја потиснува работната течност преку каналите 9 и 5 до телескопскиот цилиндар 6.Заради отворањето на телескопскиот цилиндар,притисокот на течноста во хидрауличниот систем се зголемува до потребната вредност,телескопскиот цилиндар се изложува и го подига сандакот на камионот.Кога телескопскиот цилиндар 6 ќе се закоси за агол од 27°,го притиска и отвара преливниот вентил 7.Низ него,дел од работната течност преку каналите 8 и 4 се враќа во резервоарот и со отворањето на преливниот вентил 7 телескопскиот цилиндар 6 ќе почне да се изложува,го подига сандакот а камионот,а со тоа почнува истоварувањето на товарот.По истоварувањето на товарот,возачот го отвара проточниот вентил 3 од вентилот за растоварување 2 и работната течност преку каналите 5,9,1 и 4 се враќа во резервоарот Т.Во делот од хидрауличниот систем,каде што се наоѓа телескопскиот цилиндар,повеќе не се доведува работна течност и притисокот се намалува на (2 до 3) бара.Сандакот на возилото се спушта под дејство на сопствената тежина и го собира телескопскиот цилиндар.Работната течност од телескопскиот цилиндар се враќа во резервоарот преку каналите 5,9,1,проточниот вентил 3 може да се регулира брзината на спуштање на сандакот во хоризонтална положба.

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ ЗА ВРТЕЊЕ НА КУПОЛА ОД ТЕНК

Електромоторот М ја активира пумпата со променлив проток 2,која работната течност,ја пренесува до хидромоторот 7.Хидромоторот 7 преку редукторот 8 ја врти куполата на тенкот

Page 7: елеборат за хидраулични системи

9.Насоката на струење од пумпата 2 се менува со рачен погон со серворазводник 11.Запчестата пумпа 3 го обезбедува со работна течност диференцијалниот цилиндар 10 преку серворазводникот 11,а преку смукачкиот канал и неповратните вентили 4,по потреба се дополнува работна течност во хидростатичкиот преносник.Со помош на преливниот вентил 5 (вентил за ограничување на притисок),се одржува константен работен притисок во потисниот канал на запчестата пумпа 3.Со вентилите за ограничување на притисок 6 се одржува номиналната вредност на работниот притисок во потисниот канал на хидростатичкиот преносник.

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ КАЈ ТЕНК

Page 8: елеборат за хидраулични системи

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ НА МАШИНА ЗА ВАЛАЊЕ НА ЛИМОВИ

Машината за валање лимови ги има следните составни делови: 1-хидромотор, 2-редуктор, 3-валци за валање на лимот, 4-вентил за ограничување на притисокот, 5-неповратен вентил,R 4/3-електромагнетен разводник, P-пумпа, М-погонски мотор на пумпа, Т-резервоар за работна течност, 6-вентил за ограничување на работниот притисок.Погонскиот мотор М ја активира клипната пумпа P,која црпи работна течност од резервоарот Т.Работната течност,преку електромагнетниот разводник R 4/3,се пренесува до хидромоторот 1.Хидромоторот 1 го движи редукторот 2,а преку него и валците за валање на лимот 3.Бидејќи работните валци треба да се вртат наизменично (напред-назад),менувањето на нивната насока на вртење го обезбедува електромагнетниот разводник R 4/3.Хидро моторот 1 е заштитен од преоптоварување со вентилот за ограничување на притисок 4.Вентилот за ограничување на притисок 6 го штити целиот хидрауличен систем од преоптоварување.Примената на хидрауличен погонски мотор кај овие машини придонесува да се зголеми брзината на движење, односно ефикасноста.Инаку,бројот на вртежите од хидромоторот 1 достигнува (10 до 1000) вртежи во минута,а работниот притисок до 200 бари.Капацитетот на клипната пумпа P може да биде од (2 до 200) литри во минута,во зависнот од големината на хидромоторот.

Page 9: елеборат за хидраулични системи

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ НА МАШИНА ЗА

ВАЛАЊЕ ЛИМОВИ

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА АВИОН

На шемата е прикажано дека пумпата 5 црпи работна течност под притисок од затворениот резервоар 9 и , преку неповратниот вентил 8, ја пренесува до серворазводникот 3.

Page 10: елеборат за хидраулични системи

ХИДРАУЛИЧЕН СИСТЕМ ЗА МЕНУВАЊЕ НА

ВИСИНАТА НА АВИОН

Кога притисокот во потисниот канал на пумпата 5 ќе ја достигне пропишаната вредност,вентилот за автоматско исклучување 6 ја исклучува пумпата 5 ( тогаш таа работи со празен од и не потиснува течност).За тоа време ,хидрауличниот акумулатор 7,го одржува притисокот во хидрауличниот систем на константно ниво.Со командната палка 1,пилотот дава механички влезен сигнал во хидрауличниот систем за управување.Со вртење на палката налево ,лостот 4 се завртува околу зглобот А и го активира серворазводникот 3,кој ја насочува работната телност во хидроцилиндарот 10.Клипот во хидроцилиндарот се движи налево и преку клипниот лост се активира елементот 2,кој служи

Page 11: елеборат за хидраулични системи

за одржување (менување) на висината на авионот.Бидејќи толчката А се поместува заедно со клипниот лост на хидроцилиндарот 10,одека точката Б е статична (пилотот ја држи цврсо командната палка 1), клипот во серворазводникот 3 се поместува кон десно се додека не пристигне во средна (неутрална) положба.Тогаш, кон хидроцилиндарот,се прекинува доводот на работна течност и клипот во него престанува да се движи кон лево, а со тоа престанува и поместувањето на елементот 2.