ТРОШОЦИ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНО ВОЗИЛО

5
До граница половните возила двојно поскапуваат Граѓаните што ќе увезат половно возило за давачки кон државата ќе треба да платат речиси исто толку колку што го купиле автомобилот. На пример, за возило набавено од Германија за 2.000 евра, дополнителните давачки се околу 1.600 евра, при што не е вклучен редовниот сервис, кој чини околу 200 евра, покажа истражувањето што го направи „Дневник“. Според интернет-огласите во Германија и во Холандија, „пежо 206“ произведено во 2001 година, со целосна опрема, чини околу 2.000 евра. За возилото да стигне до земјава се потребни од 400 до 600 евра, во зависност од тоа дали се транспортира со камион или се плаќа возач. На македонската граница најпрвин се плаќа гранична царина, која чини педесетина евра, по што возилото се носи на терминал додека не заврши постапката за царинење, каде што останува најмалку еден ден. Цената за стоење на терминалот до еден месец е околу 3.000 денари. За тоа време, се плаќа царина од еден отсто на каталошката вредност на возилото, која се одредува според таканаречениот каталог „Шваке“. - Без разлика дали конкретното „пежо“ е купено за 200 или за 2.000 евра, царината се плаќа на вредноста што ја покажува „Шваке“, кој е ист за цела Европа. Најголемиот дел од реално платената цена за возилото се совпаѓа со каталошката вредност, но во одредени случаи може да има и поголема разлика. Праксата покажува дека варијациите во цените во најголем број случаи одат до 10 отсто - велат шпедитерите. Откако ќе се плати царината, пробните таблички се враќаат во земјата од каде што е купено возилото, а сопственикот може да го однесе автомобилот дома. Но, не смее да го вози се' додека не ги плати и другите давачки и не го регистрира. Потоа се плаќа еколошка такса, која е фиксна и изнесува 50 евра, ДДВ од 18 отсто на каталошката вредност на возилото, сертификат со кој се докажува дека автомобилот ги исполнува еколошките стандарди, таканаречен ТУВ, како и трошоци за магацин и шпедиција, кои не се пониски од 6.000 денари. И покрај тоа

Upload: frimen19

Post on 08-Aug-2015

1.577 views

Category:

Documents


16 download

TRANSCRIPT

Page 1: ТРОШОЦИ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНО ВОЗИЛО

До граница половните возила двојно поскапуваат

Граѓаните што ќе увезат половно возило за давачки кон државата ќе треба да платат речиси исто толку колку што го купиле автомобилот. На пример, за возило набавено од Германија за 2.000 евра, дополнителните давачки се околу 1.600 евра, при што не е вклучен редовниот сервис, кој

чини околу 200 евра, покажа истражувањето што го направи „Дневник“.

Според интернет-огласите во Германија и во Холандија, „пежо 206“ произведено во 2001 година, со целосна опрема, чини околу 2.000 евра. За возилото да стигне до земјава се потребни од 400 до 600 евра, во зависност од тоа дали се транспортира со камион или се плаќа возач. На македонската граница најпрвин се плаќа гранична царина, која чини педесетина евра, по што возилото се носи

на терминал додека не заврши постапката за царинење, каде што останува најмалку еден ден. Цената за стоење на терминалот до еден месец е околу 3.000 денари. За тоа време, се плаќа царина

од еден отсто на каталошката вредност на возилото, која се одредува според таканаречениот каталог „Шваке“.

- Без разлика дали конкретното „пежо“ е купено за 200 или за 2.000 евра, царината се плаќа на вредноста што ја покажува „Шваке“, кој е ист за цела Европа. Најголемиот дел од реално

платената цена за возилото се совпаѓа со каталошката вредност, но во одредени случаи може да има и поголема разлика. Праксата покажува дека варијациите во цените во најголем број случаи

одат до 10 отсто - велат шпедитерите.

Откако ќе се плати царината, пробните таблички се враќаат во земјата од каде што е купено возилото, а сопственикот може да го однесе автомобилот дома. Но, не смее да го вози се' додека не

ги плати и другите давачки и не го регистрира. Потоа се плаќа еколошка такса, која е фиксна и изнесува 50 евра, ДДВ од 18 отсто на каталошката вредност на возилото, сертификат со кој се

докажува дека автомобилот ги исполнува еколошките стандарди, таканаречен ТУВ, како и трошоци за магацин и шпедиција, кои не се пониски од 6.000 денари. И покрај тоа што возилото има ТУВ сертификат, државата од увозникот бара повторно да го однесе на хомологација за што

дополнително се плаќаат околу 4.000 денари.

- Сметам дека оваа давачка е непотребна, бидејќи сертификатот ТУВ е доволен доказ од производителот дека тоа возило ги задоволува бараните стандарди. А хомологацијата само го

потврдува истото, а се зголемуваат давачките - вели еден увозник на половни возила.

По плаќањето на овие давачки, следува промена на сопственоста на возилото, која мора да се завери кај нотар, што чини околу 3.000 денари. Тогаш возилото е подготвено за регистрација, која

новиот сопственик ќе го олесни за најмалку 200 евра.

Сепак, за новиот сопственик да биде сигурен дека автомобилот нема да му се расипе на првиот свиок, автомеханичарите препорачуваат да се направи редовен сервис уште пред регистрацијата.

Page 2: ТРОШОЦИ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНО ВОЗИЛО

- Тоа значи дека треба да се сменат сите ремени и затегнувачи на моторот, да се промени маслото и сите филтри и задолжително да се стави антифриз. Сето тоа чини од 100 до 200 евра, во

зависност од моделот и амортизираноста на автомобилот. Исто така, по потреба да се заменат сите гуми - вели Трајче Манчевски, сопственик на автомеханичарска работилница.

Кога ќе се соберат сите придружни, неопходни давачки, излегува дека цената на половниот автомобил речиси двојно се зголемила од набавната и изнесува околу 3.700 евра. Според огласите за продажба на половни возила во земјава, истото „пежо 206“ чини околу 4.000 до 4.200 евра, без

редовниот сервис. Валентина Ангеловска

Даница Тунтевска

На влез чекаат 1.000 коли Во царинските магацини има околу 1.000 возила кои чекаат да стапат во сила измените во Законот

за акцизите, велат во Царинската управа. Најмногу има возила произведени од 1998 до 2002 година, од средна класа како „ибица“, „корса“, „пежо 107“, со или без стандард Евро 1.

Но, има и поскапи возила, за кои акцизата е драстично намалена, што ја спушта и нивната крајна цена за повеќе од 2.000 евра. Со цените калкулираат и увозниците на нови возила. Тие побрзаа да

ги увезат автомобилите за кои акцизата драстично ќе се зголеми, а го одложија внесувањето на поевтините возила. Словенија поатрактивна за увоз

Покрај Германија и Холандија, од каде што изминатите години најмногу се увезуваа добро зачувани половни автомобили, за увозниците се поинтересна станува Словенија. Таму не само што цените на половните автомобили се поевтини од другите европски земји, туку и патните трошоци

се за 200 евра помали. На пример, патните трошоци за носење автомобил од Германија до Македонија изнесуваат од 400 до 600 евра, а од Словенија тоа би чинело околу 300 евра.

Page 3: ТРОШОЦИ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНО ВОЗИЛО

СЕГА ДРУГ ДАВА ОДГОВОР:

Значи вака:1.купуваш кола од странство2.таму вадиш цол таблици и тиф3.на граница ко ке напушташ државата вадиш еуро документ4.во мк на граница ја пријавуваш за царинење5.од шпедиција на граница во мк вадиш т1 документ6.после од граница си одиш дома со колата оти е укината лежарината во царина кое се плакаше 900 денари од ден7.кога ке сакаш одиш во царина и си ја цариниш колата и таму плачаш царина, акциза и еколошка такса8. одиш на технички преглед со колата (наместо а-тест)9 си ја регистрираш

E, сега таа споредбата со пежо 206. кој има царинето кола до сега знае како идат работите и колку изнесуваат давачките. ако ја купеш 2000 евра колата во германија таму имаш +150 евра цол таблици и тиф + 300 евра пат + на граница во терминал се плака мислам 50 евра за да ја пријават за царинење + 1% царина + 0 денари акциза + 50 евра еколошка такса + 100 евра технички преглед + 200 евра регистрација. ајде пресметајте колку изнесува се комплет.

„Е,ОВА СЕА Е ОД ПОСЕБНА ВАЖНОСТ ЗА ДОБРО ДА РАЗМИСЛИШ ПРИ КУПУВАЊЕ НА СТРАНСКИ АВТОМОБИЛ“

Luge osvestete se deka nagore na zapad( Germanija; Italija; Svedska; Svajcarija; dnd) nema sansi da najdete vozilo koe e 2000 godina i da ima pominato okulu 100

000km pa duri i pomalku kako sto prikazuvaat trgovcite so avtomobili. Vo nikoj slucaj nemojte da kupuvate avtomobili bez da gi vidite i bez da bidat provereni od

strucen serviser ili vas prijatel so se razbira. Isto taka vnimavajte na servisnite kniski dali se sogalsuvaat so servisot i so kilometrazata na voziloto. Znaci vozilo bez

servisna kniska ne kupuvajte vo nikoj slucaj. Isto taka najdobro e dokolku imate sansa vie da oditedete vo germanija ili vo bugarija i sami da si odberete avtomobil

sto vi odgovara otkolku nekoj drug da vi go donese. Najdobro e da si kupite vozilo od tuka od maticnata zemja i pred da go kupite proverete vo MVR dali ima izdadeno poternica za toa vozilo i vo centralen zalozen registar

dali e zalozeno voziloto negdeka idali ima vrz nego nekoja hipoteka. Dobro otvorete gi ocite i ne se zaletuvajte premnogu. Ovoj oglas ne za da im

nastetam na trgovcite so avtomobili tuku za da go osvestam makedonskiot narod koj veke ima dovolno propateno.

Posebno vnimavajte na modelite Hyundai Accent i Daewoo lanos i Golf 4

Page 4: ТРОШОЦИ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНО ВОЗИЛО