Шарски Планински Предел

12
Шарски планински предел

Upload: jovanjovanovski332

Post on 08-Jul-2015

984 views

Category:

Education


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: Шарски Планински Предел

Шарски планински предел

Page 2: Шарски Планински Предел

• Зимскиот центар Попова Шапка, на Шар Планина

Page 3: Шарски Планински Предел

• Шар Планина или скратено Шара е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на републиката, на границите со Косово и Албанија.

Page 4: Шарски Планински Предел

Географски факти• Самата планина зафаќа повшрина од 1600 km. 56,25% од самиот масив припаѓа на ѝ

Република Македонија, 43,12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од 0,63% на Албанија. Нејзината должина изнесува 80 km, а широчината од 10 до 25 km. Пространото планинско било го сочинуваат две големи и пространи висорамнини - Враца и Рудока.

• Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток - запад – југозапад во должина од 76 km. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад - надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Опоље во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа. Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 km, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1600 km2. Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато. Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина. Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2125 m. Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2748 m. Таа припаѓа на областа која е наречена токму по неа – Шарската област, и тоа во внатрешната зона (во која уште влегуваат планините: Бистра, Стогово, Караорман и Галичица). 56,25% од самиот масив и припаѓа на Република Македонија, 43.12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од само 0,63% на Албанија.

Page 5: Шарски Планински Предел

Флора и фауна

• Шарпланинскиот масив е окарактеризиран со богата флора и фауна. Од шумските богатства, на Шара се застапени неколку видови шуми. Регионот на листопадна вегетација се простира во пониските делови и зафаќа околу 60% од падината. Овој регион е сочинет најмногу од дабова, букова и костенова шума. Буковите шуми зафаќаат површина од околу 3000 ha. Костеновата шума ја има до 1200 m надморска висина. Дабовата шума е поретка од другите и за неа нема бројчани податоци. Земено во целина, листопадната вегетација, освен преку високи дрвја, е претставена и со грмушки и жбунови. Над листопадниот појас е распространета релативно тесна зона на четинари. Во оваа зона најмногу се застапени високата ела и смреката. Денес, за разлика од некогаш, елата е многу потисната од смреката. Високопланинските пасишта зафаќаат површина од околу 45000 ha.

Page 6: Шарски Планински Предел
Page 7: Шарски Планински Предел

• Разбирливо, тие се распространети над зоната на четинари. Шар Планина е наша најбогата планина со трева, којашто расте дури и до највисоките делови на планината. Застапеноста на густата, разновидна и сочна трева е предуслов за развој на сточарството, особено на овчарството. Од цветната флора, на Шар Планина најмногу е застапен енцијанерот. Застапеноста на фауната е исто така голема со над 44 видови на дивеч, за што најзаслужни се природните фактори, како и слабата населеност. Од животинскиот свет, издвоени се следните видови: Рисот, кој денес е природно редок на Шара. Живее само во високите шумски делови и спаѓа во штетен дивеч, бидејќи го уништуваат корисниот дивеч, особено зајакот. Волците, на поголема висина, во лето и есен, се редовни „придружници“ на стадата овци. Во зима слегуваат во пониските делови и околу селата во потрага по храна. Мечките на Шар Планина живеат далеку од населбите во густи шуми, а повремено ги напаѓаат домашните животни. Нивни постојани живеалишта се шупливите дрвја, јамите и пештерите обраснати со трева. Дивите свињи се ретки на Шара, а исто како и волците, и тие во зима се спуштаат во пониските предели, барајќи суви лисја и желади. Срните, во лето се движат во повисоката планинска зона бидејќи се хранат со трева. Во зима бараат засолниште под разгранетите дрва и вдлабнатините под карпите. Дивокозите можат да се видат во високите и тешко достапни предели на Шара. Неретко, тие образуваат и групи од по 15-тина грла. Во зима се кријат во буковата шума, и во недостаток на трева, се хранат брстејќи од младите дрва и гранки.

Page 8: Шарски Планински Предел

• Вреди да се спомене и дека постои карпа во подножјето на Љуботен, која го добила името по дивите кози кои често шетаат во пределот околу карпата. Оваа карпа е наречена Козја Карпа или народски, Козја Стена. Од поситна дивеч на Шара се среќаваат лисици, куни, верверички, зајаци, диви мачки и јазовци. Од птиците, за споменување е присуството на орлите, соколите и јастребите. Во шумите живеат и славејот, ластовицата, гавранот, свраката и др. Зборувајќи за шарпланинскита фауна, неизбежно е да не се потенцира и шарпланинецот, кој е ендемски вид и гордост на Шар Планина и Македонија. Ваквите одлики на растителниот и животинскиот свет се важен фактор за привлекување на туристи. Живописните шумски пејсажи и присуството на богатите видови дивеч го привлекуваат секој љубител на природата и спортот да ги посети шарските предели.

Page 9: Шарски Планински Предел

Бидејќи од српска страна е прогласена за нацонален парк, во тој дел најзаштитени се:

• Мешовитите листопадни шуми и камењари во клисурата Русеница - кој е дом на балканскиот рис

• Попово прасе - чисти или мешани шуми на црн бор;

• Ошљак - шуми на црн бор, жбунести заедници на бор, чисти смрекови шуми;

• Голем бор - зачувани стари шуми.

Page 10: Шарски Планински Предел

Рудно богатство• На Шара се среќаваат неколку рудни богатства:

минерални суровини, манган, железо, молибден, бакар, хром, мермери, талк, каолинска глина, хидротермален кварц итн. Наоѓалиште за манган има кај превојот Царево Гумно, западно од врвот Кобилица. Тука манганот се јавува како посебно рудно тело, најчесто помеѓу филити и кварцити. Рудни појави на манган има и кај Ново Село, а минералошки појави на манган има и кај Јелошник и Џепчиште. Најзначајна рудна појава на железо се наоѓа северозападно од селото Пожаране, а освен на оваа локација, железо има и кај Церово, Врапчиште, Железна Река и Балин Дол. Молибденот најмногу го северозападно од селото Првце, на околу 2 km од месноста Коњак. Бакарот е најзастапен кај Вешала, Бродец, Речица и Вејце. Хромната руда беше од посебен интересен за металуршкиот и хемискиот комбинат „Југохром“ во Јегуновце. Денес, хромната руда е речиси целосно исцрпена. Талкот најмногу го има кај Бозовце, а мермерите се застапени на неколку локации, од која вреди да се спомене локацијата кај изворишниот дел на Ракита.

Page 11: Шарски Планински Предел

Туризам• Шар Планина има огромен потенцијал за развивање на

неколку вида на туризам, како и за развивање на планинските спортови: скијањето, планинарството, алпинизмот, планинскиот велосипедизам, параглајдерството, спортскиот лов и риболов и друго. Кога ќе се спомене туризмот на Шара, на сите прво на памет ни паѓа името на туристичкиот центар Попова Шапка. Попова Шапка е сместена во самото срце на шарпланинскиот масив. Се наоѓа на просечна надморска височина од 1700 m. Оддалечена е од Тетово 18 km преку магистралниот пат. Освен преку патот, Шапка е поврзана до Тетово и преку жичарницата Тетово – Попова Шапка во должина од 8 km, која за жал веќе 10-тина години не е во функција. Просечниот број на денови под снег на Шапка изнесува 135 дена; во текот на скијачката сезона, височината на снежната покривка е околу 100 cm, а понекогаш таа бројка оди и до 150 cm. Попова Шапка располага со две жичарници и со девет ски-лифтови, чија вкупна должина изнесува 10972 m, со капацитет од 8000 скијачи на час. На Попова Шапка се изградени неколку хотели и одморалишта, како и неколку стотини приватни викендички, а има и планинарски дом, како и 10-тина други објекти. Речиси секоја година на патеките Езерино и Орлова патека, кои се во состав на Церипашина, се одржува традиционалниот Шарпланински куп во велеслалом и слалом. На Попова Шапка има можности за изградба на патеки за спуст и трчање со скии.

Page 12: Шарски Планински Предел

• Попова Шапка нуди многу повеќе можности од веќе постоечките, меѓутоа поради недостаток на финансии, таа с уште не е доизградена. Лешница ѐе суштинска спротивност на Шапка, поради тоа што е потполно неизграден зимско-спортско туристички центар. Изобилува со шума, вода, трева... Една од најубавите места за посета на Шара. С#уште се чека на инвеститор, кој оваа област ќе ја изгради во нов туристички центар. Освен финансиите, проблем за Лешница е и неповолната сообраќајно – географска положба. Лешница има големи скијачки потенцијали, и одлични предуслови да прерасне во голем туристички, пред се зимски центар. Освен Лешница, слични можности има и месноста Јелак. Љуботен има потенцијали за развој на туризмот, меѓутоа сеуште, за жал не е доволно развиен од туристички аспект. Освен изградбата на планинарскиот дом и повремените планинарски тури, за развојот на туризмот на Љуботен, не е ништо друго направено. Можности за развој на туризмот има и на некои од ледничките езера на Шара, пред с# на Боговинското езеро. Како што може да се забележи, освен Шапка, како ски-локалитети можат да се развиваат и други предели од овој масив, освен веќе спомнатите љуботенско – ливадичкиот и лешничко – јелачкиот предел, тука се и пределот на Пирибег, кобиличкиот, вакуфскиот и пределот на Брустовец. Исто така, овие предели можат да се користат и како центри за развој на планинарските и останатите гореспоменати спортови.