Хемиски симболи и формули
DESCRIPTION
Хемиски симболи и формули. 1. Хемиски знаци (симболи). Def: Хемиските знаци се куси, меѓународно договорени ознаки за хемиските елементи или за атомите на елементите. Пишување на симболи. Читање на хемиските симболи. Квалитативно и квантитативно значење на симболите на елементите - PowerPoint PPT PresentationTRANSCRIPT
ХЕМИСКИ СИМБОЛИ И ФОРМУЛИ
1. Хемиски знаци (симболи)Def:
Хемиските знаци се куси, меѓународно договорени ознаки за хемиските елементи или за атомите на елементите.
Пишување на симболи Име на елементот (на
македонски јазик)
Латинско име на елементот
Хемиски симбол на елементот
Водород Hydrogenium H
Хелиум Helium He
Жива Hydrargyrum Hg
Јаглерод Carboneum C
Хлор Chlorum Cl
Бакар Cuprum Cu
Читање на хемиските симболи
Знак - симбол Се изговара
O о
Hg ха – ге
H ха
Mn ем – ен
Sr ес – ер
Квалитативно и квантитативно значење на симболите на елементите
5Ca – означува 5 атоми на калциум
5 – коефициент,го дава квантита- тивното значење
Ca – симбол за елементот калциум, го дава квалитативното значење
2. Хемиски формулиDef:
Групацијата симболи што го покажува името и составот на супстанцата се вика хемиска формула. Таа е меѓународно договорена ознака.
3H2O – квалитативен и квантитативен состав на „молекулата“ на
водата
3 – коефициент,го означува бројот на молекули
2 – индекс, го означува бројот на атоми на водород во
молекулата на вода(1 како индекс не се пишува но
се чита еден атом на кислород во молекулата на вода)
Формулата се чита: ТРИ–ХА-ДВА-О
Формулна единка Претставува групација од атоми или јониМоже да се совпаѓа со единката наречена
МОЛЕКУЛА, но не секогаш означува молекулаПример:
SO2, MgCl2, CaCO3, NaCl и многу други
Формули се употребуваат и при означување на групации од еднакви атоми Гасовите – водород, кислород, азот, хлор,... се образувани од двоатомски молекули, па нивните формули се H2, O2, N2, Cl2,…
Сулфурот во цврста агрегатна состојба има осуматомска молекула - S8
Емпириска и вистинска или молекулска формула
a) емпириска формула Def:
Ако формулата го искажува односот меѓу бројот на атомите на различни хемиски елементи што влегуваат во состав на молекулата во најмали бројни односи, тогаш таквата формула се вика емпириска формула
Пр: CH – бензен или етен
б) Молекулска или вистинска формула
Def: Ако со формулата на соединението
се искажува вистинскиот број на атоми од секој елемент во молекулата, тогаш таа се нарекува вистинска или молекулска формула.
Пр: C6H6 – бензен
C2H2 – етин
формулаОзначува единка
Означува супстанца
1. Хемиските симболи означуваат атоми
2. Индексите (целобројни) го означуваат бројот на атоми од даден вид во единката
3. Индексот 1 НЕ СЕ ПИШУВА 4. Кога во составот на
единката влегуваат групи атоми кои се повторуваат , тие се запишуваат во загради, а со индексот после заградата се означува бројот на ваквите групи (бројот се однесува на сета содржина во заградите). При одредување на бројот на атомите од даден вид, индексот надвор од заградите се множи со индексите кои стојат покрај симболите на елементите
1. Хемиските симболи означуваат елементи
2. Индексите (не мора да се целобројни) ги даваат односите на количествата супстанца од елементите или групите од кои е образувана супстанцата
3. Се одбира најмалиот можен однос на индексите (ако нема поинакви причини)
4. Индексот 1 НЕ СЕ ПИШУВА 5. Кога во состав на единките од кои
е образувана с-цата има атоми или атомски групи кои се повторуваат, истите се запишуваат во загради, а со индекс зад заградата се означува бројот на групи (индексот се однесува на се она што е во заградата). За наоѓање однос на количествата од елементите, со индексот надвор од заградата се множи секој од индексите на елементите во заградата.
ВАЛЕНТНОСТ ИСТРУКТУРНИ ФОРМУЛИ
1. Валентност
Поимот е воведен во XIX векDef:
Способноста на атомот на некој елемент да се сврзува со точно определен број атоми од друг елемент се вика негова валентност.
а) Во однос на водородотDef:
Валентноста на атомот на некој хемиски елемент е број кој покажува со колку атоми на водород се сврзува еден атом на тој елемент или колку атоми на водород може да замени еден атом од тој елемент.
Пр: I II III IV
HCl, H2O, NH3, CH4
I Na HCl NaCl
II Ca HCl CaCl2
III Al HCl AlCl3
IV Sn HCl SnCl4
ПРОБЛЕМ:
* Сите елементи не се сврзуваат со водородот или не можат да го
заменат во неговите соединенија* Кислородот образува многу повеќе соединенија од водородот (пр.оксиди)
б) Во однос на кислородот
Поимот за валентност претрпува мали измени, па наместо спрема водородот, валентноста се определувала во однос на кислородот
Формула на оксидот
Валентност на елементот Е
Е2О 1
ЕО 2
Е2О3 3
ЕО2 4
Е2О5 5
ЕО3 6
Е2О7 7
ЕО4 8
Пример: II IV VI
CaO MnO2 SO3
Проблем: * Органските соединенија и четиривалентноста на С-атомот во нив
Пр: CH4 четиривалентен
C4H10 2.5 валентен
C2H2 едновалентен
Во однос на водородот ЈАГЛЕРОДОТ би бил
???
DEF:
ПОД ВАЛЕНТНОСТ СЕ ПОДРАЗБИРА БРОЈОТ НА ХЕМИСКИ ВРСКИ ШТО ГИ ОБРАЗУВА ЕДЕН АТОМ.
2.Валентност на атомски групации Поимот за валентност може да се
прошири и на атомските групацииПример:SO4 – групација (од сулфурната
киселина) е двовалентна – сврзана е со два водородни атоми
NO3 – едновалентна групација – сврзана со еден водороден атом
CH3 – едновалентен радикал – има еден H-атом помалку од CH4
3.Постојана и променлива валентноста) Постојана валентност
- една вредност на валентностаПример: II II II
CaO, MgO, Al2O3
б) Променлива валентност- Различни вредности на валентноста
Пример: IV VI I II III IV V
SO2, SO3, N2O, NO, N2O3, NO2, N2O5
4. Валентност и составување на формулиа) Определување на валентност од формула
Производот од валентноста и бројот на атомите на елементот чија вредност е позната, се дели со бројот на атомите на елементот чија валентност се бара. Количникот е валентност на бараниот атом.
валентност на хлорот валентност на кислородот
x y Cl2O7
број на атоми на хлорот број на атоми на кислородот
Познато: y – валентностa на
кислородот (II) x = ? 2 · x = 7 · y
сега: 2 · x = 7 · 2 2 · x = 14 x = 14 : 2 x = 7
Значи: Валентноста на хлорот во соединението Cl2O7 е VII
Cl2O7
б) Составување на формули Ако некое соединение еобразувано од два атоми (А и B) и ако нивните валентности се познати (valA и valB), определувањето на индексите x и y ке се врши на следниов начин:
- се бара НЗС за valA и valB
- се наоѓа колку пати valA се содржи во заедничкиот содржател- најдената вредност е вредноста на индексот x- се наоѓа колку пати valВ се содржи во заедничкиот содржател- најдената вредност е вредноста на индексот y- се врши проверка x· valA = y · valB
Пример: Да се одредат индексите x и y, ако станува збор за
AlxOy
Познато: - Валентноста на Al која е III, и на O која е II - НЗС за 2 и 3 е 6 - 3 во 6 се содржи 2 пати,значи x=2- 2 во 6 се содржи 3 пати,значи y=3
Проверка:3 · 2 = 2 · 3
Истите правила можат да се применат и на атомски групации
Пример: Ca3(SbO3)2
Познато: - Валентноста на Ca која е II, но онаа на SbO3 е valB
- x = 3 и y = 2Сега: 3 · valА = 2 · valB
3 · 2 = 2 · valB
valB = 6 : 2
valB = 3
Значи: Валентноста на групацијата SbO3 е III
Вежба:Да се одреди валентноста на сулфурот во H2SO4
Познато: x = 2 и z = 4valH = 1 и valO = 2
сега: valS = 4 · valO - 2 · valH
valS = 4 · 2 - 2 · 1
valS = 8 - 2
valS = 6
Значи : Валентноста на сулфурот во H2SO4 е VI
5. Структурни формули
Def:Структурните формули го даваат не само бројот на одделните атоми во дадената честичка (молекула, јон), туку и начинот на кој атомите се сврзани како и меѓусебниот распоред што го имаат.Кај нив со една цртичка помеѓу два атоми се означува една валенција, односно единечна врска, со две двојна врска, со три тројна врска
Молекулска формула Структурна формула
H2 H – H
O2 O = O
N2 N N
H2O
Ca(OH)2
K2CO3
NH3
HNO3
H2SO4
H
O
H 105o
Ñ OO
OK
K
N HH
H
N
O
O OH
S
O
O
O
O
H
H
Ca
O
O
H
H
за дома
да се научи новата наставна единица
да се определи валентноста на атомите на азот, сулфур, фосфор, и алуминиум во
NH3, H2SO3, P2O5, CaSO4, AlCl3 соодветно
определете ја формула на ClxOy
напишете ги структурните формули на Cl2, CCl4, CO3, H2S