Училишен весник

24

Upload: vese-vesela

Post on 06-Mar-2016

277 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Училишен весник

TRANSCRIPT

Page 1: Училишен весник
Page 2: Училишен весник

Живот

Коста Солев е роден во Велес на 22 декември 1908 година во

семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од

сиромаштијата и од потребата од работна рака во

грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е

принуден да го напушти редовното школување за да стане

грнчар. Сепак, неговата желба за учење била голема и тој

продолжил да се самообразува.

Активист во комунистичкото движење

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како

еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката

партија на Југославија во Македонија. Во 1926 Рацин станува

член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември

1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во

Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По

враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради

недостиг на докази е пуштен на слобода. Но набрзо, од април

1929 заминува на отслужување на воениот рок во

Пожаревац. KOЧO RACIN

По воведувањето на диктатура во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија беше целосно

разбиена. Дури во 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а

во летото 1933 дојде и до формирање на Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегоа: Никола Оровчанец,

Живоин Ќурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК почна да го издава месечниот весник „Искра”, чиј уредник

беше Рацин, но кој излезе само во два броја. На почетокот на јануари 1934 настана провала и 15 водечки македонски

комунисти, вклучително и Рацин, беа уапсени. Рацин е осуден на 4 години робија во Сремска Митровица, но во декември

1935, по донесувањето на закон за амнестија, бидува ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност

претставува период на универзитетско и национално образование. Меѓу другото, од дружењето со затворениците Моша

Пијаде, Родољуб Чолаковиќ и Огњен Прица сфатил дека е важно да пишува на мајчин македонски јазик. Учествува и во

преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.

Презимето Рацин доага од неговата сакана Раца.

Подем и пад: „Бели мугри“ и исклучување од Партијата

По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога Рацин ја

објавува својата стихозбирка „Бели мугри“, но и пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната

критика, философијата и историјата што од него ќе најправат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител

на просторите на бивша Југославија. Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940

година кога настана нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на

Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен бан на Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка

на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана

на 8 септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло беше избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин

едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае некаде до

почетокот на 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат. По

капитулацијата на Југославија еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик Коле

Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје беше набрзо уапсен од страна на бугарската полиција и

интерниран во селото Корница, Неврокопско.

Page 3: Училишен весник

Вклучување во НОБ и загинување

Во 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во пролетта заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува

уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Една вечер, додека се враќал во партизанската печатница на планината

Лопушник, Кичевско, смртоносно беше застрелан од стражарот што го чуваше пристапот кон печатницата. Во оптек се

две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул

повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората

верзија тој е намерно убиен. Според наводи на современици, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин, и го

организирал неговото убиство.

Творештво

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи и литературна

критика. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со стихозбирката „Бели мугри“, но и во

останатите области дава важни придонеси, кои главно се во сенка на неговото поетско творештво.

Поезија

Рацин започнува да пишува во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова и' ги посветува

своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во

ракопис. Песните главно се напишани на српско-хрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски

("Разнеженост", "Рухнаха се надеждите мои", "Плач в безмощие", "Все пак... ", "Мечти в полунощ", "И пак тъга раздира

ми гърдите"). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата

прва песна, „Синови глади”, напишана на српско-хрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското

списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932

година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован

Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни

песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на

македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1938 година ја објавува песната

„Смрт астуриског рудара“ по повод загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанска војна, а

својот најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во

4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во

овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во

партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.

Родната куќа на Коста Солев Рацин

Page 4: Училишен весник

Проза

Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември 1928 на

загрепското списание „Критика“. Во 1932 година учествува на конкурсот на загрепската „Литература” и е награден за

својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во 1933 истото списание објавува фрагменти од

неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу 1931

година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937),

„Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени

постхумно.

Историја

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за богомилското движење и напиша три трудови посветени на него:

„Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на

Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот

„Богомилите“ е напишан на македонски јазик.

Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што

самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни.

Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата

народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал

богомилското движење.

Философски прилоси

Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за Хегеловата

философија. Настрана од фактот дека философијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и

податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички философ во времето кога овој Марксов учител во

услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на Сталин не беше на голема цена.

Како резултат на Рациновиот интерес за Хегел се неговите статии: „Хегел“, објавена во загрепската „Литература“ во 1931

година, и „Значењето на Хегеловата философија“, објавена во белградската „Нова култура“ во 1939 година. Посебен

куриозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите философски статии на некој македонски теоретичар.

Литературна критика

Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова

наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно),

„Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно). И онда то.

Во чест на Рацин

Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се

одржува поетската манифестација „Рацинови средби“,

која од 1992 стана поетска манифестација на балканско

ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес е претворена во спомен -

музеј.

Во 2007 година, на денот на загинувањето на Рацин е

промовиран филмот „Елегии за тебе“, авторски проект на

Васил Зафирчев и Данчо Стефков.

Внатречноста на родната куќа на Коста Солев Рацин

Page 5: Училишен весник

Ленка

„Билјана платно

белеше...“

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на наломи отиде

тутун да реди в монопол –

лицето и` се измени

веѓите паднаја надолу

и усти свија кораво.

Не беше Ленка родена

за тија пусти тутуни!

Тутуни – жолти отрови

за гради – китки розови.

Прва година помина

грутка в срцето и` легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.

И ноќе кога месечко

гроб и` со свила виеше,

ветерчок тихо над неа

жална и` тага рееше:

„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше даровна...“

Денови

Како на вратот ѓердани

ниски камења студени,

така на плешки денови

легнале та натежнале.

Денови ли се – денови

аргатски маки големи!

Стани си утре порано

дојди си вечер подоцна,

наутро радост понеси

навечер тага донеси –

ај, пуст да е, пуст да би

останал живот кучешки!

Роди се човек – роб

биди

роди се човек – скот

умри,

скотски цел живот

работи

за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови

копај си црни гробови!

За себе само 'ргај си

за себе маки тргај си –

нижи си ѓердан денови

нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен

околу вратот навезен!

Тутуноберачите

На кантар студен со туч го мерат

а можат ли да го измерат,

нашиов тутун – нашава мака

нашава солена пот!

Од темни зори на утрини летни

до никоја доба на вечери зимни

тој гладно пие тагата наша

и потта и крвта и снагата ни.

Жолт – жолти прави лицата

бледни

и жолта гостинка у градите

носи.

По утрини росни, по мугрите

пресни,

наведени ничкум по полињата

родни

зачмаени ние го береме.

Лист по лист кини

лист по лист нижи

лист по лист превртуј,

притискај,

лист по лист милно, таговно

реди

и на долга низа од капки пот

и надеж со клетва и зелена јад,

со корав поглед на очите матни

по кревките лисја жолтозлатни

прикаска горка на живот клет

нанижи безгласна а така јасна.

Та не знаеш ли?

Денот ли дојде тој да се мери –

мерка му нема, а в градите

длаби

без да се запре, без дно да најде

не тага а клетва, и в очите

матни

и не сакајќи сама се дига

фуријата.

Кантарот носи лисјето златно

а в гради луто далгите беснат

на жолтата мака – на жолтиот

тутун

на жолтата пот на раците ни!

Page 6: Училишен весник

ОУ ,,Кочо Рацин,, од Ивањевци постои повеќе од половина

век, а во моментот во рамките на Училиштето работат 6

подрачни училишта со 201 ученик распределени во 19

паралелки.Наставата се одржува на македонски наставен

јазик.

Училиштето во последните години има со што да се пофали и

во разговорот со директорката Слободанка Тасевска ги

добивме следните податоци:

Училиштето е целосно реконструирано во 2007 година од

страна на Министерството за образование и наука, така што од

крајно руинирано премина во современо училиште.

Во 2005 година е целосно реконструирано ПУ во с. Д.Српци од

страна на јапонска донација. ПУ во с. Беранци е

реконструирано дел од страна на АМПЕП, дел од

самофинансирање на жителите од с. Беранци.

Во 2003 година е реконструирано ПУ во с. Лознани.

Во наредната година планирани се целосни реконструкции на

ПУ во с. Трновци, Вашарејца и Св.Тодори.

Со грантот кој го добивме од проектот за Модернизација на

образованието се опремија сите училишта со инвентар, а исто

така завршени се и две обуки на наставниците:Наставникот како менаџер во наставата и обука за

изучување на англиски јазик.

Училиштето е вклучено и во мрежата на ,,еко училишта,, каде преку невладината

организација ОХО аплициравмесо проект кој е во фаза на реализирање и наскоро се очекува

училиштето да се здобие со зелено знаме-симбол на еко средината.

На 22 декември го прославуваме Патрониот празник, а годинава прославата е

организирана работно како отворен ден на училиштето каде учениците заедно со своите

наставници ќе ги прикажат своите дострели во разни области при што во сите одделенија од прво

до осмо одделение ќе бидат презентирани проекти од сите области.

Исто така секоја година на Денот на училиштето присуствува и Градоначалникот на

Општина Могила господинот Славко Велевски кој со свооето присуство, ангажираноста и

помошта која ни ја нуди ја зголемува нашата свеченост.

Бидејќи нашиот патронен празник е непосредно пред Нова година на сите ученици од прво

до осмо одделение Градоначалникот им доделува новогодишни пакетчиња.

Се надеваме дека Отворениот ден на Училиштето ќе биде вистински

празник за сите како за наставниците и учениците од ОУ ,,Кочо Рацин,,-

Ивањевци така и за сите присутни гости, родители и жители на Ивањевци и

сите подрачни села.

Page 7: Училишен весник

Nekoi od vrabotenite vo OU “ Koчo Racin”

Page 8: Училишен весник

Во декември се родил

Декември-снегот тивко роси,

во грнчарското семејство

се роди Кочо Рацин

кој непријател ќе коси.

За животот тежок

и за селската мака

протестирал често

со перо в рака.

За мир да има

тој заминал в бој,

но загина на Лопушник

за народот свој.

За Рацин

Пролетта и песната на птиците

се слеваат заедно.

Шумите ги разгрнале пазувите

и чекаат нови борци.

Доаѓа човек,поет,борец,

со перо в рака

со пушка на рамо,застана в строј.

И даде клетва ќе се бори за слобода

на народот свој.

Падна Кочо Рацин

прокоба на Лопушник се сви

зошто загина поет

за посветли дни.

\ Шамбевска Стефани VII oдд

Песна за Рацин

Созла штом пролеав

срце ми затрепери,

живот ми се натажи

душата ми ја расплака.

Трепери срцето мое

за Рацин и песните

кои тој ни ги подари

и за нас ги оставил.

Тоа што Рацин го оставил

генерации ќе воспита

за кои надеж останува

земја на прав пат да изведат.

Илија Ангелкоски VIII odd

Page 9: Училишен весник

A code What was Spy 009 really doing last night? The answer is in this code. Can you complete

He was ___________________________

SV DZH SV DZH

GZPRMT GZPRMT

KSLGLTIZKSH KSLGLTIZKSH

LU Z MVD LU Z MVD

Riddles and Puzzles 1. When I eat, I live; but when I drink, I die. What am I?

2. What is the best place to put the cake in?

3. Why do we all go to bed?

4. What goes up when the rain come down?

Key: 1. fire, 2. in the mouth, 3. be-cause

Jokes Mother: Doctor, my son has swallowed my pen. What shall I do? Doctor: You’ll have to use a pencil. Patient: Doctor, doctor, I’ve lost my memory. Doctor: When did this happen? Patient: When did what happen?

Anagrams What are these animals? oymekn _________________ hawel ___________________ sonbi ___________________ tanlepeh _________________ griet ____________________ ilorlag ___________________ roshe ___________________ thrcsoi __________________ breza ___________________ nepugni _________________

Page 10: Училишен весник
Page 11: Училишен весник
Page 12: Училишен весник

ФФРЅИЊСТЅИ

ДГХЈСДХТФФФ

ФФЛУИПОРДЅ6

С,ЅСДАФСФГХ

ДТЅ§ХХЈКЦН,.

ЦХЈКСГХК,ЦМ.

/ХЧК

ИФГХАЗРТИЧВ

ГН,ЦГ

За учењето и

учителот

Учењето без размислување е празно, а

размислувањето

без учење е опасно.

Ученикот човек без доблести личи на магарето

кое

го изело коранот, мислејќи дека ке се исполни со

духот на мухамед.

Секое учење однадвор е залудно, се додека не се

разбуди внатрешниот учител.

Вивекананада.

Учи ги добрите работи;лошите се учат сами од

себе.

Кога се шетам во друштво во кое сме тројца,

секогаш еден може да ми биде учител.

Учење во староста, тоа е пишување по песокот,

учење во малдоста-тоа е делкање во камен.

Стар е само оној кој нема желба да научи нешто.

Една од големите несрејќи на цивилизацијата

еобразованието будала.

Учејќи добро една работа, можеш да научиш

десет.

Ние своите деца ги учиме за дијаметрите на план

-

етите, а потоа се чудиме зошто тие не се

одушевуваат

од нашето присуство.

Земете ја природата за учител, чуствата за водач

и големите учители за советници.

Ако си учител на деца, или можеби татко,

биди им учител со своето живеење

и однесување.

За слободата

Које е слободен? Само

мудрецот кој знае да владее

со себе си, кој не се плаши од

сиромаштијата, оковите и

смот, кој знае да се противи

на страстите ја презира

славата и почестите.

..........................

..................

Слободата е како парите,

на едни им помага, а другите

ги расипува.

..........................

....................

Слобода значи да се биде

ослободен од сите илизии.

..........................

......................

Нај убавите соништа за

слободата се сонуваат во затворите.

..........................

..........................

....

Често е побезбедно да се

биде во пранги, отколку на

слобода .

..........................

........................

Само глупавите луѓе самоволието

го нарекуваат слобода.

..........................

..........................

.

Слободните духови не

сакаат да побегнат од светот,

тие се обидуваатда го променат.

..........................

..........................

.....

Нема ништо полесно од

тоа, во името на надворешната

слобода, да се уништи

внатрешната слобода на човекот.

МУДРОСТИ Пријател Кој нема ниту еден пријател, оди како странец по

својата земја. %%%%%%%%%%%%%%%%% Треба да се има пријател дури и во пеколот. Понекогаш здобиваме пријатели благодареќи на околноста што не сме им дале прилика да ни завидуваат. ++++++++++++++++++++++++

Колку повеќе ги сакаме пријателите, толку помалку им ласкаме. (((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((

Повеќето луѓе уживаат во инфериорнста на своите најдобри пријатели. @@@@@@@@@@@@@ Дури кога ќе почне да пука мразот, ќе знаеше кој ти

е пријател. Пријателите ни зборуваат што треба да работиме, непријателите не учат што мораме да работиме. ^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^ Бившиот пријател полош е од непријателот. ))))))))))))))))))))))))))))))))))))) Некои луѓе подобро е да ги имаме меѓу непријателите, отколку меѓу присутност. !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Пријателот на сите не е ничиј пријатели. ######################### Не е секогаш достоен да ни биде пријател оној кој ни ја наметнува свијата присутност. /////////////////////////////////////////

Ако си роб, не можеш да бидеш пријател, ако си тиранин, не можеш да имаш пријатели. **********************

Биди кроток и скромен ако сакаш да те возвишат,фали ја туѓата доблест ако сакаш да стекнеш пријатели.

Page 13: Училишен весник

ФФРЅИЊСТЅИ

ДГХЈСДХТФФФ

ФФЛУИПОРДЅ6

С,ЅСДАФСФГХ

ДТЅ§ХХЈКЦН,.

ЦХЈКСГХК,ЦМ.

/ХЧК

ИФГХАЗРТИЧВ

ГН,ЦГ

За лубовта

Те сакам и те лубам, а ако е тоа грев, ќе го молам Алах тие гревови никогаш да не ми ги прости. Да се сведе целата вселена смо во една личност тоа е лубов. (((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((( Да сакаш, а да не бидеш сакан, исто е како да се одзвиеш,

а никој да не ти вика . ^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^ Блазеси им на саканите, и на оние кои сакаат,

и на оние кои можат да се воздржат од лубовта. (((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((( Во лубовта секогаш еден луби, а другиот го подметнува образот. ’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’

Не е денес што било и вчерa

………………………………………

некој или нешто умира конечно дури

кога ќе се загуби живиот спомен за него

//////////////////////////

//////////////////////////

нема бегање од бегството

***************************

незнаењето не е порок

//////////////////////////

///////////////////////

ништо еден народ не добива без да

истрада.

!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Се што останало да умре со нас е само

една бледа сенка.

******************************

Со топлиот поглед одат секако и то-

при зборови.

$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$

Никој не избира кога и каде ќе се роди

----------------------

---------------------

во поезијата, како и во љубовта, се е

речено, а сепак треба се допрва да се

рече.

))))))))))))))))))))))

))))))))))))))))))))))

Секој се наоѓа во некои посебни околности

и секој има право на свој избор.

_______________________________

За учењето и

учителот

Учењето без размислување е празно, а

размислувањето

без учење е опасно.

Ученикот човек без доблести личи на магарето

кое

го изело коранот, мислејќи дека ке се исполни со

духот на мухамед.

Секое учење однадвор е залудно, се додека не се

разбуди внатрешниот учител.

Вивекананада.

Учи ги добрите работи;лошите се учат сами од

себе.

Кога се шетам во друштво во кое сме тројца,

секогаш еден може да ми биде учител.

Учење во староста, тоа е пишување по песокот,

учење во малдоста-тоа е делкање во камен.

Стар е само оној кој нема желба да научи нешто.

Една од големите несрејќи на цивилизацијата

еобразованието будала.

Учејќи добро една работа, можеш да научиш

десет.

Ние своите деца ги учиме за дијаметрите на план

-

етите, а потоа се чудиме зошто тие не се

одушевуваат

од нашето присуство.

Земете ја природата за учител, чуствата за водач

и големите учители за советници.

Ако си учител на деца, или можеби татко,

биди им учител со своето живеење

и однесување.

Пријател Кој нема ниту еден пријател, оди како странец по

својата земја. %%%%%%%%%%%%%%%%% Треба да се има пријател дури и во пеколот. Понекогаш здобиваме пријатели благодареќи на околноста што не сме им дале прилика да ни завидуваат. ++++++++++++++++++++++++

Колку повеќе ги сакаме пријателите, толку помалку им ласкаме. (((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((

Повеќето луѓе уживаат во инфериорнста на своите најдобри пријатели. @@@@@@@@@@@@@ Дури кога ќе почне да пука мразот, ќе знаеше кој ти

е пријател. Пријателите ни зборуваат што треба да работиме, непријателите не учат што мораме да работиме. ^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^ Бившиот пријател полош е од непријателот. ))))))))))))))))))))))))))))))))))))) Некои луѓе подобро е да ги имаме меѓу непријателите, отколку меѓу присутност. !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Пријателот на сите не е ничиј пријатели. ######################### Не е секогаш достоен да ни биде пријател оној кој ни ја наметнува свијата присутност. /////////////////////////////////////////

Ако си роб, не можеш да бидеш пријател, ако си тиранин, не можеш да имаш пријатели. **********************

Биди кроток и скромен ако сакаш да те возвишат,фали ја туѓата доблест ако сакаш да стекнеш пријатели.

Page 14: Училишен весник

Зимска слика

Едно зимско утро станав малку порано од вообичаеното.Отидов во дневната соба.Го гледав огнот од печката

како гори.Ми се чинше како некоја самовила излегува од него и сака да ми каже да излезам надвор,во

дворот.Застанав на прозорецот и не видов ништо.За да се стоплам ја зедов шољата и си направив чај.Од шољата

почна да излегува пареа.Заедно со пареата како повторно да ја видов истата самовила.

Повторно ми велеше да излезам во дворот.Застанав на прозорецот и мозокот почна да ми работи.Со едно

трепкање на очите видов друг свет.Како за една секунда се околу мене да се измени.првата слика која ја видов

беше кога со носот го доприв стаклото од прозорецот видов стаклени гранчиња од бор врежани во стаклото.Си

замислив како трчам низ боровите и тие ме скокоткаат по лицето.Од дишењето таа слика се претвоти само во

невини капки роса.Стаклото се расчисти.капките толку добро го исчистиле што преку него гледав како да сум

во бајките.Надвор беше вистинска убавина.До мене стоеше

Зимската снегулка.Таа ми го приредила тоа изненадување.Ми рече дека тоа не е само една слика туку ги има и

милијарди.Тогаш се возбудив и почувствував како да ми растат бели крилја.Косата ми порасте до петите и ми

личеше како коњска опашка.Ме облече во стаклен фустан составен од снегулки и мразулци.

Во косата ми ставе превез и круна од замрнат млечен сладолед.Ми даде име. Јас се викав Сликарката зима.Со

сто на час двете заедно излеговме од собата.Пред мене имаше замрзнат тунел од зимски малини и јагоди.Пробав

од шлагот од малини.Толку беше добар што ми даде чудесна моќ.Во рацете ми се најде волшебно стапче од кое

на врвот прскаа бели јагоди.Во тунелот стетнав две верверички,кои се обидуваа да земат по една малина и

јагода.Кога ме видоа се исплашија и почнаа да бегаат.Ги маѓепсав со моето стапче и отидов до нив.Му подарив

по една малина и јагода за нивната храброст.Продолжив да одам во тунелот.Дуваше силен ветер.Ми ја однесе

круната далеку од мене.Не знаев што да правам.Се свртив назад затоа што блескаше светлина напред.Од

темнината ми се приближуваа две жарчиња.Тоа беа две снегулки кои ги пратила мојата сестра да ми ја донесат

круната.Всушност тие беа двете најмали парчиња од мојот фустан што ми загинале по патот.Пред мене беше

излезот од тунелот.Блескаше голема светлина,што ги привлече сите снегулки од мојот фустан.Јас ос-танав без

мојот волшебен фустан.Почнав да плачам.По лицето ми се истркалаа крупни солзи.Паднаа на земјата.од нив

излегоа магичните збороби кои ми направија волшебниот фустан.Изгледаше уште поубаво што немаше шанси

да ми загине некој дел.Светлината ми сметаше ,но некако излегов од овошниот ту-нел.Ми се гледаше патеката

по која сум одела.На крајот од тунелот се гледаше голема рамнина прекриена со снег.Изгледаше како торта

премачкана со шлаг.

Ми се пријаде кога го видов.Зедов и пробав.Тоа ни најмалку не личеше на шлаг.

Наместо благ тоа имаше блуткав вкус.Дувна ветер над снегот.Беше како чаршав од свила да падна врз мене.

Како да ја видов Зимската снегулка.Пред мене се по- јави голема топка од снег.Тоа беше снежната кочија која ја

влечеа ирвази.Белко што ја управуваше кочијата ми рече да влезам.Влегов.Кочијата тргна.Возењето беше како

во топка што се тркала.Од малите кружни прозорци се гледаа безброј слики.На малите куќички од птиците

имаше големи шилци.Тоа беа мразулците кои светеа како огледала.Внатре во куќичката видов едно мало врабче

што едвај ги покрива своите малечки со своите мали ќебенца.Со едно мавнување на стапчето тоа беше

минато.Дрвјата тажни без птиците и радосни бидејќи се покриени со покривка за да не им студи.Пред нас се

наоѓаше пештера.Во неа не ја најдов мечката.Таму најдов само полно празни тегли од мед.Замавнав со стапчето

и тие добија боја на мед.Си зедов една тегла затоа што обожавам мед.

Излегов од пештерата и ја најдов мечката како сака да турне едно саќе од дрвото,

но не може.Кога ме виде дојде да ме поздрави.Натаму видов лизгалиште од мраз на кое се лизгаат

верверичките.Тоа беше прекрасна глетка.Ги гледав како паќаат и стануваат.Гледав безброј куќички низ кои од

оџаците излегува црн чад и бели костури,кои го загадуваат снегот.Со моето волшебно стапче им ставив

филтри.Децата убаво облечени со капи и шалчиња се лизгаа по ридовите со нивните вреќи.Девојчињата во

дворовите прават големи снешковци.Ги прават за да им бидат најдобри другари.Покрај нив се тепаат со грутки

од снег.

На крајот со нашата кочија отидовме во шума од борчиња.Им се восхитував бидејќи толку беа убави.Беа како

наружани со бел памук.Некаде се гледаа игличките полни со снег.Поминавме низ нив.На една чистинка видов

нешто неочекувано.

Сите што ги видов:Зимската снегулка,мечката,верверичките,врапчињата и деца-

та .Сите беа собрани на едно место.Имаа наружано една зимска убавица само за мене.Сакаа да ја прослават

НОВАТА 2009 со мене.Јас застанав до елката и се забавувавме се додека не дојде братот на снегот..Сакаше да

ја прослави новата година со нас.Почна силно да врни.Сите си разотидоја за една секунда.Снегот почна да се

топи …….Кога се се истопи и се претвори во кал јас…… сватив едно:Дека седам под крушата во мојот двор.

Почнав да плачам…….Со мене заедно плачеа прозорците и снегот кој го немаше.Тоа беше волшебна авантура за

еден час.Бев среќна и тажна….

Page 15: Училишен весник
Page 16: Училишен весник
Page 17: Училишен весник

Izrabotile: Ristevski Stef~e

Risteska Marija

Ха—Ха—Ха...

CRV RUSOKOSA

Crv~eto ja pra[uva - Zo[to rusokosa gi Majka si: ~uva parite na televizor? Mamo mamo kade - Za da i bide pobogata E tato programata. - Na p~iwa po riba.

ЖOLTKO - Znae[ li deka imam novo ku~e? - mu se pofalil Petre na drugarot Marko. Navistina a kako se vika?- Jas go

vikam @oltko. Ene go vo soba odi vidi go. Po nekolku minuti se vratil Marko celiot iskinat, izgreben i krvav. - Bo`e, Petar kakvo e toa ku~e? edvaj mu se otrgnav od kanxite.

- A [to znam kakvo e, onie od cirkusot go vikaa lav no mene poubavo ime mi e @oltko.

PETKA MORKOV Tatkoto go pra[uva sinot Razgovaraat dvajca drugari, Kako si pomina denes dali e vistina deka morkovot vo u~ili[te? pomaga da imame podobar vid. Za malku ]e dobiev petka. Da vistina e. Si videl li Kako toa za malku? Zajak da nosi o~ila? Pa petka dobi Marko [to Sedi do mene.

.Самоодбрана…

Мајката на Перица му пишува на директорот на училиштето:-Господине директор,никако не смеете

да го казнувате нашиот Перица.Тој е прекрасен,нежен и слабичок.Ние дома никогаш не го

тепаме,освен во самоодбрана...

2.Три таблети...

Отишол човек на лекар и се враќа дома сиот тажен.Жената го прашува што му се случоло.Тој и

вели :-Отидов на лекар,тој ме прегледа и ми даде таблети што морам да ги пијам до крајот на

животот.-Па што има страшно во тоа?-Ми даде само три таблети!

3.Крстозбор...

Џандар решава крстозбор:-производ од кокошка...Па тоа сите го знаат-СУПА!

4.Поштар...

Ѕвони поштар на врата и му отвора Перица со цигара во уста и шише во рака.Поштарот:-

Здраво,дома се твоите?-А ти што мислиш?

5.Никаде...

Полицаец застанува двајца бездомници во паркот:-Каде живееш?-Го прашал едниот.-Никаде!-А ти?-

Веднаш до него!

6.Нерешено...

Наставничката го прашува Марко: Колку се два поделено со два?-Па...нерешено-рекол Марко!

7.Брза храна...

-Како човекојадците ги нарекуваат атлетичарите?-Фаст-Фуд (брза-храна).

8.Русокоса...

Зошто русокоса не го сака бројот 11?-Затоа што не знае која единица прва се пишува!

9.Оглас...

Некаде во паркот,една русокоса талка...-Го изгубила кучето-му се пожалила на еден минувач.-Зошто

не дадеш оглас во весник?-рекол минувачот.Нама да помогне,моето куче на знае да чита!-

одговорила русокосата.

Page 18: Училишен весник

Славниот грчки филозоф Платон (427-347 пр.н.е.) прв пишуваше за АТЛАНТИДА, остров

кој наводно потонал во морето.Од тие стари времиња па се до дешно време загатката на

исчезнатиот континент не е решена и покрај тоа што се понудени мноштво хипотези.

Некогаш одамна, зад Херкуловите столбови (денешен Гиблатар) -пишуваше Пларон, се наоѓаше

голем остров континент наречен АТЛАНТИДА. Беше прочуен по своите плодни полиња и богатата

фауна. Народот од тој остров градеше одбрамбени ѕидови како прстени и мостови облеани со

бронза,подигнуваше храмови и палати од злато и сребро,а на плоштадите поставуваше џиновски

статуи,во земјата која беше испресечена со многу канали. Првиот крал на таа моќна дрзава беше

Атлас, син на Посејдон и една смртна зена-Кито. Кралевите на АТЛАНТИДА владееја со Либија,

дури и во Египет и Европа се до Тиринеја(Италија).

Но алчни и стрвни одлучија со еден удар да ги поробат сите земји од другата страна на протокот

(Гибралтарскиот).Нив им се спротивстави Атина, која ги порази во војната. Меѓутоа подоцна

целата Атињанска армија во еден узасен ден исчезна како проголтана во земјата, а самата

АТЛАНТИДА исчезна во морскиот амбис.

После многу векови и милениуми, како неброено многу книги напишани за неа наметнуваат две

основни прашања? Дали АТЛАНТИДА воопшто постоеше, и како да, и каде да се трага по

неа.Инзенерот Ото Мун, автор на повеќе стотини пронајдоци,нагласува дека Платон ја зборуваше

вистината. Иако дневниот филозоф тврдеше дека АТЛАНТИДА се наоѓа на другата страна на

Херкуловите столбови, тогаш значи дека би можела да се наоѓа во близина на Азорските острови

кои лежат на околу 1200км од Европа, каде АТЛАНТИДА вероватно имала свои колонии и каде би

требало да постојат и сведоштва за таа високоразвиена цивилизација. Но каде?

Примитивните керамики и орудија на Неандерталците зборуваат дека Европа во тоа време сеуште

се наоѓа во камено време. Истразуваќи ги гробовите на Кромањонците, на кои им се препишуваат

прекрасните слики со луѓе со бронзено обоено коза во пештерите на Шпанија и Фанција и кои биле

на далеку повисоко културно ниво од Неандерталците, а зивееле од прилка во исто враме со

Атлантињаните. Мун изнесе претпоставка дека тие се можните жители на АТЛАНТИДА, кои од

запад допловиле до Шпанија и Франција.

Потпирајќи се на Платоновите зборови, Мун смета дека АТЛАНТИДА ја уништил астероид кој

дошол од правецот на астероидната група Адионис и при орбитирањето околу Сонцето по опасна

по опасна ексцентрична орбита, скршнувајќи од неа се спуштил на Земјата претходно распа-

Која е вистината за...

Page 19: Училишен весник

днувајќи се на помали од кои два, секој тежок од по неколку милиони тони, ја погодиле АТЛАНТИДА.

Но Платоновата трилогија изобилува со многу не-логичности и не постои јаснасогласност околу

можната локација на таинствениот остров. Платон на две меса вели дека АТЛАНТИДА попространа од

Либија, Мала Азија, со други зборови скоро колку денешна Австралија,и кога ќе се лоцира према

славниот филозоф зедно со Гиблартар, АТЛАНТИДА да зафаќа добар дел од подводниот

венец.Средишниот подводен венец е формиранод стени стари100 до150 милиони год.или под

површината нема гребен со континентална кора, а седиментите на дното се старистотини милиони

иљади години.тоа значи дека во Атлантикот не постоел никаков остров кој потонал пред 11500год.

И што е сега АТЛАНТИДА конечно?

Одговорот лежи во коментарот за нејзиниот творец-Платон, најзначајниот творец во античката епоха,

најтеминентниот претставник на грчко-ромскиот свет кои при крајот ма својот живот се занимавал со

државните про-блеми. Зборуваше за идеалнадрзава, илустративно нарикувајќи ја АТЛАНТИДА која

сакаше да го освои целиот свет и која ја казни Зевс само заради тоа што во срцата на нејзините луге се

населија разни ниски пророци.Аристотел, Плутоновиот најдраг ученик,во една прилика го исказува

своето мислиње за АТЛАНТИДА: "Оној кој што ја створи таа земја,направи таа да исчезне".

Можеби и во тоа лежи и вистината.Створена со фантазијата на филозофот, АТЛАНТИДА,од

страна на истиот филозоф е турната во морскоит амбис,заради тоа што како Платон вели човекот треба

да живее во склад со законите и правдата.

АЛЕКСАНДРА МУРГОВСКА

VIII-ОДД.

Page 20: Училишен весник

Голем воз-мал нос

Вчера сонив чуден сон,

како летам со балон.

Летав над ширно поле,

и пливав во бескрајно море.

Се возев во голем воз,

долг колку еден нос.

Во него патници рој,

и деца без број.

И така заврши сонот,

се скина балонот.

Во бескрајот исчезна полето,

згасна изворот на морето.

Го нема веќе носот,

и згасна татнежот на возот.

НЕШКОВСКА ГАБРИЕЛА

Поетско катче Зима

Паѓајте,паѓајте

снегулки бели,

за децата да прават

снешковци бели.

Нова година и Божиќ,

во зима се слават,

па најубави веселби

тогаш се прават.

Патрониот празник

на училиштето наше,

му е во зима,

кога најповеќе снег има.

Паѓајте, паѓајте

снегулки бели,

покријте ги покривите цели,

бели се улиците и гранките,

децата излегуваат со санките.

Зима,зима, во неа

многу студ има!

Зима

Баба зима исплетила

убав ќилим бел,надвор

таа го изнела од

снегулки цел

Бели од снегот

натажнале гранките од стариот

бор,и големиот снешко

изникнал во нашиот двор.

Бела,бела,бела белина,

бела белина,снегулки се

ронат низ цела долина.

Зимата е убава,но

оди за час,дали мора

да одлета од

нас­­­.

Бели од снегот

натажнале гранките од стариот

бор,и големиот снешко

изникнал во нашиот двор.

Бела,бела,бела белина,

бела белина,снегулки се

ронат низ цела долина

Велјановска Билјана Vодд Новогодишна желба

На оваа ѕвездена планета

сакам само љубов да цвета,

мир и радост секаде да има

секој од секого насмевка да прима.

Да нема другарчиња тажни

сите да сме исто важни

да нема деца боси,голи

стомачиња празни и очиња

од солзи влажни.

Ирена Милевска 8-одд

Page 21: Училишен весник

Творец на среќата

Кога залезот тоне

Во скриеното гнездо

На планината,

Кога шумата ги повикува

Дивите ветрови

На немирот,

Кога на небесата

Sвездите светат,

Кога јанsите на мракот

Го бркаат стравот

На ноќта,

Настана љубовта...

Таа е извик на радост

Вознес на светлина,

Мост меѓу луѓето,

Господар што создава

И урива светови.

Наташа Миладиноска VI одд

Лубовни пораки

Морето е длабоко

И полно

со златни

школки

Во срцево носам

Од тебе болки

Сеуште те сакам

Можеби е грешка

Но додека сум тежна

На друг

Му се смешкам.

Она што го

Посадуваш незнаеш

Колку вреди

Додека

Не го изгубиш.

Арбелина Бајрамовска VI одд

УБАВИ ЗБОРОВИ

Песна со убави зборови

секој сака да чита,

со радост и без мака,

таква песна секој сака.

Убавите зборови можат

срцето да го стоплат

болката да ја смират

тагата да ја развеселат.

Ирена Милевска VIIIодд

Крај езерото

Езерото се бранува и

И спомените ги крие,

Езерото сино во срцево

Ко спомен ми спие.

Стојам јас крај брегот

А бранот ме плиска

Со љубовта далечна

А на срцево блиска.

Сум стоела крај езеро

И тогаш кога бев мала,

Да се качам на врвот

Посакував јас со скала

Сега веќе пораснав

И животот го љубам,

А не знам што добивам

И не знам што губам.

Наташа Миладиноска VI одд

Page 22: Училишен весник

Уметничко катче

Page 23: Училишен весник
Page 24: Училишен весник

Голема благодарност до печатница

“Киро Дандаро” АД—Битола

Весникот го уредуваа:

Учениците од УТТП—тимот од училиштето под

менторство на одговорните наставници: Весела

Богдановиќ и Николче Циуновски.

Наставници соработници: Елизабета Јовановска,

Анета Николовска, Татјана Божиновска.

На евентуалните пропусти и грешки се

надеваме дека нема да ни замерите :):):)

Се гледаме идната година :):):)