Годишен извештај за работењето на ЦРППР

34
1 ПРЕДЛАГА: Раководител на Центар за развој на Пелагониски плански регион РАЗГЛЕДУВА: Совет за развој на Пелагониски плански регион ДОНЕСУВА: Совет за развој на Пелагониски плански регион Врз основа на член 26, став 2 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службен весник на РМ” 63/2007), Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион до Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на седницата одржана на ден 21.12.2010 година поднесува декември, 2010 година Битола ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНА

Upload: center-for-development-of-pelagonija-region

Post on 15-Mar-2016

255 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Годишен извештај за работењето на ЦРППР

TRANSCRIPT

Page 1: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

1

ПРЕДЛАГА: Раководител на Центар за развој на Пелагониски плански регион

РАЗГЛЕДУВА: Совет за развој на Пелагониски плански регион ДОНЕСУВА: Совет за развој на Пелагониски плански регион

Врз основа на член 26, став 2 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службен весник на РМ” 63/2007), Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион до Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на седницата одржана на ден 21.12.2010 година поднесува

декември, 2010 година Битола

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА

ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ЗА 2010 ГОДИНА

Page 2: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

2

СОДРЖИНАСОДРЖИНАСОДРЖИНАСОДРЖИНА 1. ВОВЕД1. ВОВЕД1. ВОВЕД1. ВОВЕД ................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................ ..... ..... ..... ..... 3333 2. 2. 2. 2. СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТСТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТСТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТСТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТ ................................................................................................................................................................................................ 4444

2.1. Раководител...............................................................................................................4 2.2 Администрација..........................................................................................................4

3. 3. 3. 3. ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНАНА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНАНА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНАНА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНА ........................................................................................................................................................ 5555 4. 4. 4. 4. СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОНСЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОНСЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОНСЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ................................................................................................ 7777

4.1. Шеста седница.........................................................................................................7 4.2. Седма седница.........................................................................................................8 4.3. Осма седница...........................................................................................................8 4.4 Деветта седница........................................................................................................8 4.5 Десетта седница........................................................................................................8

5555. . . . ДРУГИ ПРОЕКТИ ЗА 2010ДРУГИ ПРОЕКТИ ЗА 2010ДРУГИ ПРОЕКТИ ЗА 2010ДРУГИ ПРОЕКТИ ЗА 2010 ............................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................................ 9999 6. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО 2010 ГОДИНА6. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО 2010 ГОДИНА6. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО 2010 ГОДИНА6. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО 2010 ГОДИНА ............................................................................................................................................................................ 11111111 7. ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА 2010 ГОДИНА7. ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА 2010 ГОДИНА7. ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА 2010 ГОДИНА7. ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА 2010 ГОДИНА ............................................................................................................................................................................................................................................................ 21212121 8. 8. 8. 8. ИЗРАБОТКА НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ИЗРАБОТКА НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ИЗРАБОТКА НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ИЗРАБОТКА НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОНПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОНПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОНПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ............................................................................................................................................................................................................................................................................................ 31313131

8.1. Лого...........................................................................................................................31 8.2. Веб страница..........................................................................................................31 8.3. Печатени материјали (папка,флаер,хартиена кеса,разгледници,маици)..32

9. 9. 9. 9. АКТИВНОСТИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈААКТИВНОСТИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈААКТИВНОСТИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈААКТИВНОСТИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈА .................................................................................... 32323232 9.1 AER – Assembly of European regions...................................................................32 9.2 Forum der Regionen................................................................................................33 9.3 ALDA – Association of Local Democracy Agencies.............................................33 9.4 Потпишани меморандуми за соработка:..........................................................34

Page 3: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

3

1. ВОВЕД

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) со својство на

правно лице е основан на 25.10.2008 година, од страна на единиците на локалната

самоуправа што влегуваат во состав на Пелагонискиот плански регион (Битола,

Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени).

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е единица на локалната

самоуправа со делокруг на работа утврден во Законот за рамномерен регионален

развој.

Центарот за развој на ПелЦентарот за развој на ПелЦентарот за развој на ПелЦентарот за развој на Пелагонискиот плански регион официјалноагонискиот плански регион официјалноагонискиот плански регион официјалноагонискиот плански регион официјално отпочна со работа отпочна со работа отпочна со работа отпочна со работа

на 04.03.2010 година по назначувањето на Раководител и отна 04.03.2010 година по назначувањето на Раководител и отна 04.03.2010 година по назначувањето на Раководител и отна 04.03.2010 година по назначувањето на Раководител и отворањето на ворањето на ворањето на ворањето на

канцеларијата.канцеларијата.канцеларијата.канцеларијата.

Седиштето на Центарот за развој на Пелагонискиот планскиот регион е во Битола на

улица „Борис Кидриќ“ бр. 24, 7000 Битола

Телефон: +389 47 232 800

Фах: +389 47 203 818

Page 4: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

4

2. СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТ

Земајќи во предвид дека Центарот се конституира во март 2010 година, дел од

активностите за оваа година се и организирањето на работата и формирањето на

тимот.

2.1. Раководител Раководител за периодот 2010 – 2014 година е Емилиа Ѓероска.

2.2 Администрација Администрацијата е поделена на три одделенија кои извршуваат специфични

задачи за успешна работа на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во

функција на регионалниот развој:

1. Одделение за општи и административни работи, финансии и јавни набавки; 2. Одделение за меѓуопштинска соработка и регионален развој; 3. Одделение за имплементација на проекти и меѓународна соработка. Моментално, во Центарот се вработени 6 лица од кои: Раководител, тројца

координаттори (во секое одделение по еден) , 1 волонтер за ИТ поддршка и 1

хигиеничар. Освен Раководителот, останатите лица се вработени преку Агенција за

привремени вработувања и согласно Законот за волонтери.

Канцеларијата за работа е обезбедена од Општина Битола и располага со

целокупен инвентар и ИТ опрема на ниво согласно современите барања за успешно

функционирање.

Свеченото отворање на Центарот беше организирано на 14.05.2010 година. На

овој настан присуствуваа преку 140 гости – заменик министерот за локална

самоуправа г-дин Фарук Фератовски, заменик министерот за животна средина и

просторно планирање г-ѓа Соња Лепиткова, државниот секретар во Секретарјатот за

евроски прашања, г-дин Јован Андоновски, Конзули на странски конзулати во Р.

Македонија, Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион и

Градоначалник на Општина Битола, г-дин Владимир Талески и градоначалниците на

другите општини од регионот, директори на јавни претпријатија, претставници на

Page 5: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

5

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, сопственици и менаџери на

приватни компании, претставници на НВО секторот преставници на здруженијата на

граѓани, бројни гости и пријатели на Пелагонискиот плански регион.

Оваа церемонија беше поделена на свечен и работен дел. Во свечениот дел

свое обраќање имаа заменик министерот за локална самоуправа г-дин Фарук

Фератовски, државниот секретар во Секретарјатот за евроски прашања, г-дин Јован

Андоновски, Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион и

Градоначалник на Општина Битола, г-дин Владимир Талески и раководителот на

Центарот за развој на Пелагонискиот регион, г-ѓа Емилиа Ѓероска.

Во работниот дел, односно инфо сесијата, г-ѓа Офелија Каљошевска –

Раководител на секторот за координација на странска помош во Секретаријатот за

европски прашања, ја презентираше странската финансиска поддршка во Република

Македонија објаснувајќи го значењето на аплицирањето со проекти, кои се нивните

позитвни и негативни страни и исто така како да се внимава кон пристапот за

аплицирање за да не бидат одбиени истите.

Втората и третата презентација на Програмата за прекугранична соработка

меѓу Република Македонија и Република Грција и Програмата за прекугранична

соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија ги оддржа г-ѓа Мартина

Антиќ, Раководител на одделение за ИПА при Министерство за локална самоуправа.

3. ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2010 ГОДИНА

Реализираните активности во 2010 година од страна на Центарот за развој на

Пелагонискиот плански регион се во согласност со Програмата за развој на

Пелагонискиот плански регион 2010-2015 година донесена од страна на Советот за

развој на Пелагонискиот плански регион и Листата на приоритетни проекти за 2010

година.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (понатаму во текстот

ЦРППР) во кооординација со деветте единици на локалната самоуправа кои

припаѓаат на регионот согласно Проргамата за развој ја подготви листата со

приоритетни проекти од регионално значење за 2010 година и истата беше усвоена

Page 6: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

6

на шестата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион одржана

на 05.03.2010 година.

Првата верзија на оваа програма беше составена пред да биде донесен

Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален

развој и важеше за периодот 2007 – 2013. По донесувањето на Правилникот од

страна на Министерот за локална самоуправа, ПРЕДА, како изготвувач на

Програмата имаше задача истата да ја ревидира и да ја усогласни со методологијата

во Правилникот до 15 март, 2010 година, согласно барањата на Бирото за

регионален развој. Меѓутоа, тој рок не беше запазен, со што се создаде проблем при

поднесувањето, особено, при изборот на проектите од страна на Бирото за

регионален развој, коешто одби неколку проекти заради фактот не беа дел од

приоритетите од старата програма, а новата се уште не беше донесена. Од тие

причини тимот на ЦРППР, со исклучителна заложба на раководителот, г-ѓа Емилиа

Ѓероска, ја користеше секоја можна прилика за интензивно лобирање до

Министерството за локална самоуправа и до Бирото за регионален развој проектите

повторно да бидат разгледани во согласност со приоритетите и мерките во новата

Програма за развој на Пелагонија 2010 – 2015. Сето тоа даде мошне поволен

резултат – сите проекти аплицирани до Бирото за регионален развој во 2010 година

беа одобрени за финансирање.

Во суштина, согласно целите и приоритетите на Програмата за развој на

Пелагонискиот плански регион 2010 – 2015, тимот на ЦРППР согласно барањата во

Повикот објавен за 2010 година од Бирото за регионален развој, во март оваа

година аплицираше 15 проекти од коишто сите се одобрени за реализација, меѓутоа

поради намалениот износ на финансиски средства што се очекуваа да бидат добиени

од Бирото за спроведување на овие проекти, а согласно одлука на Советот за развој

на Пелагонискиот плански регион, следната година ќе бидат имплементирани 12

проекти (без оние со реден број 1, 14 и 15) – прилог даден во Табела 1.

Табела 1: Листа на приоритетни проекти за 2010 година аплицирани до БРР: Р.бр.Р.бр.Р.бр.Р.бр. Назив на пНазив на пНазив на пНазив на проектроектроектроект СтатусСтатусСтатусСтатус

1. Изработка на техничка документација за ревитализација на дел од патот с.Кривогаштани, општина Кривогаштани – Св. Митрани, општина Крушево

Одобрен

2. Изработка на техничка документација за изградба на пат од населено место Заполжани, општина Долнени до населено место Славеј, општина Крушево

Одобрен

3. Изградба на дел од пат Р-516 Демир Хисар – Кривогаштани – Крушево во должина од 1,5 km

Одобрен

Page 7: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

7

4. Изработка на техничка документација за ревитализација на регионалниот пат Р – 512 Ропотово (врска со Р – 513) – Кривогаштани – Демир Хисар (врска Р – 416) (од с. Граиште до Кривогаштани)

Одобрен

5. Изработка на техничка документација за ревитализација на регионалниот пат Р – 119 Вашарејца, општина Могила – Бучин, општина Крушево

Одобрен

6. Изработка на техничка документација за ревитализација на патот Р – 120 од врска Р – 509 Новаци, општина Новаци до врска М – 5 Тополчани, општина Прилеп

Одобрен

7. Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на ЗОО –Битола

Одобрен

8. Изработка на техничка документација за изградба на паркинг за сточен пазар во Кривогаштани

Одобрен

9. Адаптација – рехабилитација на магистрална улица „Новачки пат“ како дел од Р – 509 делница Битола – Новаци km 0 + 000 до km 1 + 640

Одобрен

10. Подобрување на условите и безбедноста на сообраќајот на регионалниот пат М – 5 на делницата од Битола до Ресен преку изработка на техничка документација за осветлување на сообраќајната клучка „Макази“ и сообраќајната клучка за влез во Ресен од страната на Битола

Одобрен

11. Изработка на студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (општина Битола и општина Ресен)

Одобрен

12. Набавка на опрема за ТППЕ Прилеп (го покрива регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени) и опрема за волонтерските единици

Одобрен

13. Втора фаза за изградба на хлорна станица во с. Дебреште за потребите на општините Долнени, Крушево и Кривогаштани

Одобрен

14. Креирање електронска база на податоци – Водич за инвеститори во Пелагонискиот плански регион за општините Новаци и Прилеп

Одобрен

15. Создавање предуслови за економски разој преку промоција на Пелагонискиот плански регион

Одобрен

4. СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во периодот март – декември

2010 година ги подготви и организира шестата, седмата, осмата, деветтата и

десеттата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

4.1. Шеста седница Шестата седница се одржа на 05.03.2010 година и на истата Советот за

развој на Пелагонискиот плански регион донесе:

1. Одлука за усвојување на предлог листата со проекти за апликација до Бирото за

регионален развој.

Page 8: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

8

4.2. Седма седница

Седмата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион се

одржа на 22.04.2010 година и на истата се донесени следните одлуки:

1. Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на

администрацијата во ЦРППР; 2. Одлука за утврдување на висината на платата на вработените во ЦРППР; 3. Одлука за усвојување на Предлог финансиски план за 2010 година на ЦРППР; 4. Одлука за измени и дополнувања на Програмата за развој на Пелагонискиот

регион (2008 – 2013); 5. Одлука за усвојување на финална листа на проекти поднесени до Бирото за

регионален развој согласно јавниот повик од 2010 година;

4.3. Осма седница На осмата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

одржана на 10.06.2010 година се разгледуваше и донесена е Одлука за усвојување

на:

1. Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2010 – 2015.

4.4 Деветта седница На деветтата седница Советот за развој на Пелагонискиот плански регион одржана

на 29.10.2010 година разгледуваше и донесе:

1. Одлука за начинот на распределба на финансиските средства за

Пелагонискиот плански регион од Предлог листата за финансирање на проекти

за развој на планските региони за 2010 година;

2. Ја прифати информација за работата на Центарот за развој на Пелагонискиот

плански регион и реализација на планираните проекти;

4.5 Десетта седница

Десеттата седница се одржува на 21.12.2010 година и е со следниот дневен ред: 1. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за спроведување на

Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2010 – 2015 од

страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2010

година;

Page 9: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

9

2. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на Центарот

за развој на Пелагонискиот плански регион за 2010 година;

3. Разгледување и усвојување на предлог Акционен план на Центарот за развој

на Пелагонискиот плански регион за 2011 година;

4. Разгледување и усвојување на Листата на предлог проекти за развој на

Пелагонискиот плански регион за 2011 година;

5. Разгледување и усвојување на предлог Финансискиот план на Центарот за

развој на Пелагонискиот плански регион за 2011 година;

6. Разгледување и усвојување на предлог туристичката мапа изготвена од страна

на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион;

7. Информација по однос на истапувањето на општините од Пелагонискиот

плански регион од ПРЕДА;

5. ДРУГИ ПРОЕКТИ ЗА 2010 Согласно програмските определби и приоритетите дефинирани во Програмата

за разој на Пелагониакиот плански регион 2010-2015 , Центарот за развој на

Пелагонискиот плански регион изработи предлог проекти и аплицираше за

финансиска поддршка на следните проекти:

Табела 2

ИИИИме на проектотме на проектотме на проектотме на проектот ССССтатустатустатустатус ИИИИзвори на звори на звори на звори на финансирањефинансирањефинансирањефинансирање

1. Подобрување на квалитетот на животната средина во Пелагонискиот регион преку промоција на Законот за Управување со пакување и отпад од пакување

Одобрен, се спроведува

финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Норвешка во Р. Македонија

2. Идентификација и промоција на природната и биолошка разновидност во Пелагонискиот плански регионб

Не е добиена финансиска поддршка

Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија

3. „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион“ проектиран и програмиран во 2009 година преку Бирото за регионален развој на Република Македонија.

Тековно се имплементира, се планира да заврши кон крајот на првата половина од 2011 година

Биро за регионален развој Средства од повикот за финансиска поддршка на проекти од 2009 година

4. Јакнење на капацитетите за спроведување на Рамсарската конвенција во Република Македонија преку информирање и размена на искуства во пограничниот регион на Преспанското Езеро

Помината првата фаза на оценување. се чека финален одговор

Мали грантови во рамките на Рамсарската конвенеција

Page 10: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

10

5. Програма за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија – Проект за културна политика и размена

Потпишан меморандум за соработка со имплементирачката организација ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Регион на Долна Нормандија – Република Франција

6. Јакнење на претприемничките способности за регионална конкурентност во туристичкиот сектор на пограничниот регион

Аплициран, се очекуваат резултати

Инструмент за претпристапна помош 2 компонента, прекугранична соработка Македонија - Албанија

7. Развивање заеднички прекуграничен план за заштита од пожари

Аплициран, се очекуваат резултати

Инструмент за претпристапна помош 2 компонента, прекугранична соработка Македонија - Грција

8. Надминување на границите преку заедничко промовирање на нашето заедничко природно и културно наследство

Аплициран, се очекуваат резултати

Инструмент за претпристапна помош 2 компонента, прекугранична соработка Македонија - Грција

9. Поддршка на човечките ресурси за развој на способности за зелени вработувања

Аплициран, се очекуваат резултати

Инструмент за претпристапна помош 2 компонента, прекугранична соработка Македонија - Грција

10. Мудро територијално планирање на туризмот и развој на заеднички регионален идентитет

Аплициран, се очекуваат резултати

Инструмент за претпристапна помош 2 компонента, прекугранична соработка Македонија - Грција

11. Изработка на промотивна мапа со најзначајните туристички места и локалитети во Пелагонискиот плански регион

Дизајнирана; во фаза на одобрување од Советот

Сопствени ресурси

12. Изградба на хидрантска мрежа во Пелагонискиот плански регион

Аплициран; се очекуваат резултати

Јапонска амбасада во Р. Македонија

13. „Јакнење на капацитетите за спроведување на Рамсарската конвенција во Република Македонија преку информирање и размена на искуства во пограничниот регион на Преспанското Езеро“

Аплициран, одбиен Седиште на Рамсарска конвенција

Page 11: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

11

6. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО 2010 ГОДИНА

Во месец септември тимот на ЦРППР започна со реализација на проектот

„Подобрување на квалитетот на животната средина преку промоција на Законот за

управување со пакување и отпад од пакување“ со слоган „Пакување без

загадување“. Овој проект беше аплициран до Амбасадата на Кралството Норвешка

во Република Македонија којашто обезбеди делумно финансирање за негова

имплементација во износ од 300.000 денари. За потребите на реализацијата на овој

проект набавени се 150 пенкала, 160 папка колор, 165 книжни кеси, 1 банер и 200

тефтери со спирала.

На 03.09.2010 година во Крушево се одржа промотивниот настан и првата

разботилница во рамките на овој проект наменета за градоначалниците од

Пелагонискиот плански регион, директорите на комналните претпријатија и

претставници на општините. Меѓу другите, поздравно обраќање имаше Аташето на

Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија. На семинарот беа

присутни 37 учесници.

Законот за управување со пакување и отпад од пакување го промовираше г-ѓа

Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерството за

животна средина и просторно планирање и воедно автор на истиот. Таа потенцира

дека со Законот се поставени национални цели за преработка и рециклирање на

отпадот од пакување кои се во согласност со европските, и дека, за нивно

достигнување македонските компании и општини мора да пристапат кон

организирано менаџирање на овој процес. Со имплементацијата на проектот, ЦРППР

ја отвори дебатата за спроведување на одредбите од Законот. Целата беше сите три

заинтересирани страни (општините, претпријатијата и граѓанскиот сектор) да седнат

на заедничка маса и да се договорат како да се намали количината на отпад од

пакување во регионот односно како да се обезбеди здрава и квалитетна животна

средина.

На 1 ноември, 2010 година се одржа вториот семинар во Битола наменет за

НВО секторот. Беа присутни 29 учесници – репрезенти на 20-тина граѓански

организации од Пелагонискиот регион. Пред нив беше промовиран Законот за

управување со пакување и отпад од пакување од страна на г-ѓа Јадранка Иванова –

раководител на сектор за Европска Унија во Министерството за животна средина и

просторно планирање и воедно автор на истиот. Целта на семинарот беше да се

подигни свеста кај граѓанските организации за промовирање на обврските што

Page 12: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

12

произлегуваат од овој закон до сите субјекти коишто се обврзани да го почитуваат во

нивното тековно работење, а со тоа и промовирање на заштитата на животната

средина. Исто така, на овој семинар свое предавање имаше и г-дин Никола

Дојчинов, експерт од Република Бугарија од областа на животната средина кој ги

пренесе искуствата од Бугарија при срповедувањето на Директивата 94/62/ЕЗ за

пакување и отад од пакување дополнета со Директивата 2004/12/ЕС и Директивата

2005/20/ЕС. Во попладневните часови беше организирана работа во групи така што

сите учесници беа поделени во две групи коишто работеа на два одделни сегменти –

преземање на технички мерки и преземање на правни мерки за спроведување на

законските обврски од оваа проблематика. После презентацијата на резултатите беа

донесени соодветни заклучоци за мерките што треба да бидат преземени, а на крајот

од страна на експертите беа донесени заклучоци по однос на одржувањето на

семинарот.

Третиот семинар е предвиден за бизнис секторот и ќе биде одржан согласно

проектниот распоред на активностите, односно во втората половина на месец

јануари 2011 година.

По завршувањето на проектот предвидено е да биде дисеминиран флаер со

основните обврски кои произлегуваат од Законот, а се наменети за општините,

компаниите и граѓанскиот сектор.

Проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис

активностите во Пелагонискиот плански регион“ под слоганот „Градиме партнерства“

е вториот што тимот на ЦРППР започна да го имплементира оваа година. Овој проект

има за цел воспоставување на организиран и структуиран тим, опремен со

неопходни вештини во секоја од Пелагониските општини и во канцеларијата на

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР), кој ќе биде способен

да ги координира и поддржи бизнис активностите во регионот. Овој проект е

аплициран во 2009 година до Бирото за регионален развој на Р. Македонија

согласно Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој за 2009 година и

Програмата за атрактивни плански региони за 2009 година, а договорот за негово

финансирање е потпишан оваа година кога и практично започна да се реализира.

Со овој проект, којшто ќе се имплементира до крајот на првата половина од

следната година, предвидено е да се постигнат следниве посебни цели:

Page 13: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

13

1. Зголемување на знаењето и развивање на вештини за елаборирање на

проекти/програми;

2. Опремување на одделенијата за ЛЕР со соодветни вештини и софтвер за

организирање; следење и одржување на бази на податоци за перформансите на

бизнис секторот во регионот

3. Воспоставување и одржување на комуникација и партнерство помеѓу

јавниот и приватниот сектор и

4. Развивање на бизнис вештини за поддршка на постоечките и

потенцијалните домашни и странски инвеститори во регионот.

Имплементацијата на овој проект се одвива преку 3 модули:

Модул 1: Организирање обуки за развивање на проекти, за донаторски

процедури и за изнаоѓање фондови.

Модул 2: Обука за правни и организациони аспекти на јавно-приватните

партнерства (ЈПП), фацилитирање на процесот на идентификација на ЈПП во

општинските планови за ЛЕР, развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП,

организирање на редовни настани каде што бизнис секторот и општините ќе

комуницираат ефективно и ќе идентификуваат потенцијални ЈПП

Модул 3: Oрганизирање на обуки за бизнис вештини, развивање на мрежа за

размена на податоци (софтвер и процедури), припрема на адекватни промотивни

материјали и веб страна, како алатка за поддршка и привлекување на нови домашни

и странски инвестиции, припрема на редовни локални и регионални презентации за

бизнис можностите во Пелагонија, за привлекување на домашни и странски

инвеститори.

Најпрво започнаа подготовките за промотивната конференција за овој проект

организирана од страна на тимот на ЦРППР којашто се одржа на 28.09.2010 година

во просториите на Центарот за култура во Битола. На оваа промотивна конференција

присуствуваа преку 130 претставници од јавниот, приватниот и НВО секторот

(Директорот на Бирото за регионален развој, г-дин Џемаил Елмази,

Градоначалниците од 9 – те општини во Пелагонискиот плански регион, директори на

јавни претпријатија, сопственици и менаџери на приватни компании, и претставници

на граѓански здруженија).

Page 14: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

14

Исто така, присутни беа и пртставници од Македонскиот центар за

меѓународна соработка (МЦМС) – организација којашто врши континуирана

испорака на интелектуални услуги за потребите на овој проект согласно склучениот

договор после распишаниот оглас за јавни набавки. На секој од присутните гости им

беше понудено да пополнат пријава за учество на бесплатните обуки предвидени со

овој проект.

За време на промотивната конференција, во фоајето од Центарот за култура

од страна на тимот на ЦРППР организиран беше и бесплатен мини-саем, на којшто

учествуваа 8 поголеми компании од Пелагонискиот плански регион (ЕЛЕМ

Македонија – РЕК-Битола, „Римоди“ – Битола, „ДЕ-НИ“ Мебел – Прилеп, „Дониа“ –

Прилеп, „Изо сатакло“ – Прилеп, „Свислион – Агроплод“ – Ресен, „Инен декор“ –

Крушево, „Ксенос“ – Демир Хисар) коишто имаа можност да го презентираат

сопствениот асортиман на производи преку промотивни материјали на сопствени

штандови пред сите присутни гости на настанот, а со тоа и да го зголемат бројот на

нивните контакти и иницираат заедничка меѓусебна соработка.

За потребите на промотивната конференција, но и комплтната

имплементација севкупниот проект обезбедени се следниве материјали – 450

покани, 450 лифлети, 600 книжни папки, 600 книжни кеси, 400 А4 тефтери со

спирала и 300 А5 тефтери, 1000 пенкала колор печат, 300 беџови, 10 поло маици,

400 USB, 600 врвки за околу врат, 1 говорница, 1 голем банер (5х2.5м) и 2 мали

банери (1.60х0.60м).

Во рамките на овој проект предвидено е да бидат одржани/испорачани

следните обуки/интелектуални услуги:

Табела 3 – Распоред на обуки

Р.бр.Р.бр.Р.бр.Р.бр. Назив на настан / обукаНазив на настан / обукаНазив на настан / обукаНазив на настан / обука Дата и местДата и местДата и местДата и местоооо Опис / Целна групаОпис / Целна групаОпис / Целна групаОпис / Целна група ЗабелешкаЗабелешкаЗабелешкаЗабелешка 1. Промотивна конференција 29.09.2010,

Битола Министерство за локална самоуправа Биро за регионален развој Градоначалници Вработени во ЛС Јавни претпријатија Бизнис сектор НВО сектор

120 присутни гости

2. Обука за развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни фондови на ЕУ

7-10. 10. 2010, Битола

Тродневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР

20 учесници

Page 15: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

15

3. Обука за правни и организациски аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП)

18.11.2010, Битола

Еднодневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

58 учесници

4. Обука за донаторски процедури Дводневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

5. Обука за изнаоѓање на фондови Дводневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

6. Работилница за групна работа на практично подготвување на предлог проекти проекти/ апликации

Четиридневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

7. Работилница за процесот за идентификација на ЈПП во општинските планови за ЛЕР

Дводневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

8. Работилница за развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП

Тродневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

9. Работилници каде што бизнис секторот и општините ќе комуницираат ефективно и ќе идентификуваат потенцијални ЈПП

4 еднодневни работилници наменети за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

10. Обуки за бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси

15-16. 12. 2010

Дводневна обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

27 учесници

11. Презентации за бизнис можностите во Пелагонија, за привлекување на домашни и странски инвеститори

Истражување, подготовка на материјали на македонски и англиски за презентација на можностите за инвестирање во

Page 16: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

16

Пелагонискиот регион за настап на 5 еднодневни локални и 3 еднодневни регионални манифестации.

12. Консултанстски услуги во врска со тековното работење на Одделенијата за ЛЕР во однос на испорачаните обуки во рок од една година по завршувањето на имплементацијата на проектот

Ad hoc појаснувања во врска со испорачаните обуки наменети за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР кои се даваат по меил, факс или телефон.

13. Подготовка и изработка на водич за инвестирање во пелагонискиот регион на македонски, англиски, грчки и албански јазик

Истражување и подготовка на содржината на печатен водич за инвестирање во Пелагонискиот плански регион, проверка на законска регулатива, проверка на релевантна литература за регионот и неговите потенцијали, консултирање на одговорните инсититуции, разработување на постапката – чекор по чекор); Содржината треба да се достави на македонски, англиски, грчки и албански јазик, со лектура.Водичот е од 70 до 100 страни, А5 формат) (без дизајн)

14. Обука за користење софтвер Обука наменета за општинската администрација од одделенијата за ЛЕР, ЦРППР и бизнис секторот од регионот

15. Завршен промотивен настан

Во периодот од 7 – 10 октомври, 2010 година од страна на ЦРППР

организирана беше првата обука на тема Развивање на предлог проекти за

финансирање од претпристапни фондови на ЕУ наменета за јавниот сектор во

Пелагонискиот регион. На обуката учествуваа 17 учесници. За времетраењето на

обуката имаше активна и партиципативна работна атмосфера, беа поставувани

многу прашања, имаше многу продуктивни дискусии, солидни презентации на

работите во групи и целосно сериозен однос кон обуката.

Page 17: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

17

За време на обуката имаше адекватен распоред меѓу предавањата,

презентациите и практичните вежби. Програмата за обуката беше направена според

утврден дневен временски план кој МЦМС го користи на сите обуки.

Секој учесник имаше можност активно да учествува во пленарните сесии и во

работата по групи и да презентира пред останатите учесници со што се јакнат и

неговите индивидуални капацитети за дебатирање, за дискусија и за презентирање.

Особено внимание беше посветено на континуитетот на предавањата и на вежбите и

на изборот на темите за работа по работни групи.

Согласно евалуацијата на учесниците и обучувачите, повеќето од учесниците

сметаа дека времетраењето на обуката е доволно и дека одговара на предвидените

содржини. Спред мнозинството на учесници, поделбата на времето помеѓу

различните начини на работа беше задоволителна. Содржината на обуката и

поврзаноста помеѓу темите е оценета како доволна јасна. За мнозинството на

учесници сите теми биле мошне добро дизајнирани, а како најупотребливи ги

истакнуваат логичката рамка, фазите во проектниот циклус, буџетирањето и

алокацијата на ресурси. Обучувачите се оценети како одлични, стручни, јасни,

прецизни, со добро воспоставена интерактивност и комуникација со учесниците и

особен успех да го одржат интересот и вниманието на учесниците на високо ниво.

Според оценките, може да се заклучи дека обучувачите беа на ниво на квалитет за

кое беа ангажирани.

Учесниците имаат позитивни коментари за организацијата на обуката.

Учесниците оценуваат дека просторните услови за работа и сместување на

учесниците се добри.

На 18 ноември, 2010 година беше одржана втората обука во рамките на овој

проект на тема Правни и организациски аспекти на јавно-приватно партнерство.

Обучувачи беа г-дин Јане Вртески и г-дин Мирослав Трајаноски обезбедени од страна

на МЦМС. Оваа обука беше наменета за јавниот и приватниот сектор од

Пелагонискиот регион и беа присутни 58 учесници од Пелагониските општини, јавни

претпријатија и приватни компании. За времетраењето на обуката имаше активна и

партиципативна работна атмосфера, беа поставувани многу прашања, имаше многу

продуктивни дискусии, солидни презентации на работите во групи и целосно

сериозен однос кон обуката.

Page 18: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

18

За време на обуката имаше правилен распоред меѓу предавањата,

презентациите и практичните вежби. Програмата за обуката беше направена според

утврден дневен временски план кој МЦМС го користи на сите обуки.

Секој учесник имаше можност активно да учествува во пленарните сесии и во

работата по групи и да презентира пред останатите Особено внимание беше

посветено на континуитетот на предавањата и на вежбите и на изборот на темите за

работа по работни групи. Најмногу фокусот беше ставен врз правната рамка на

јавно-приватно партнерство (ЈПП), европското и македонското законодавство од

оваа област, видовите на ЈПП, субјектите коишто можат да се јават како јавни

партнери, документацијата за реализација на ЈПП, тендерската постапка за

склучување договор за ЈПП како и моделите и областите во коишто можат да се

реализираат ЈПП проекти. Најголем број на ушесници сметаа дека времетраењето на

обуката е доволно и дека одговара на предвидените содржини. Спред мнозинството

на учесници, поделбата на времето помеѓу различните начини на работа беше

задоволителна, додека содржината на обуката и поврзаноста помеѓу темите според

учесниците беше сосема јасна и темелна.

Во периодот од 15 – 16 декември, 2010 година се одржа третата обука на

тема Бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси наменета за бизнис

секторот и одделенијата за ЛЕР во Пелагониските општини. На оваа обука

присуствуваа 27 учесници кон кои знаења и искуства трансферираа експертите г-дин

Лазар Недановски и г-дин Зоран Витанов. Учесниците преку интерактивна работа врз

основа на предавања, разработка на концепти и поголем број вежби имаа можност

да изучуваат претприемнички вештини, комуникациската спрега помеѓу

претприемачот и пазарот, да го проучат влијанието на околината врз уделот на

пазарот, да ги зајакнат способностите за подготовка и ефектино користење на SWOT

анализата како и да ги усвојат најновите знаења и искуства што ги применува

маркетинг микс концептот. Истовремено, учесниците низ дискусија и вежби

анализираа биланси, финансиски текови и капитални структури на компаниите.

Опсежна презентација беше дадена за можностите за финансирање на бизнисите и

богата дискусија беше развиена на оваа тема меѓу сите учесници.

Во рамките на овој проект, во фаза на подготовка е и web апликација

(софтвер) којашто ќе можат да ја полнат вработените од одделенијата за ЛЕР од

Пелагониските општини со податоци од фирмите со локација во нивната општина. На

Page 19: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

19

ваков начин се дава допринос кон зголемувањето на пазарниот удел на фирмите со

релативно пониски трошоци преку е-маркетинг на нивниот асортиман на производи,

ќе се намали времето на испорака, ќе се генерира поголема бизнис комуникација

меѓу фирмите и останатите заинтересирани страни без да се загадува животната

средина итн.

Согласно Табела 3, предвидено е и изработка на бизнис водич во

Пелагонискиот плански регион за потенцијалните инвеститори, регионални

презентации, обуки за користењње на софтверот, како и завршна конференција.

Исто така ќе бидат набавени 7 персонални компјутери, 2 портабл компјутери и

7 печатачи коишто ќе бидат доделени на секоја од Пелагониските општини согласно

анкетата реализирана од тим на НТБ и ЦРППР. За таа цел беа подготвени и

дистрибуирани прашалници во поглед на податоците што на општините им се

потребни за подобро отсликување на бизнисот во нивни рамки, во однос на

прегледот што web апликацијата ќе го овозможи за нив (број на компании, сектор,

големина, број на вработени, пазар – домашен странски) како и анализа на

потребите за хардвер во општината. Овие прашалници најчесто ги одговараа

вработените од одделенијата за локален економски развој од општините, врз основа

на коишто беше извршена анализа на потребите за компјутерска опрема за

поддршка на реализацијата на активностите поврзани со web апликацијата

(софтверот).

За потребите на овој проект, во месец јули беа распишани огласи за јавни

набавки за негово спроведување, а после успешно спроведената тендерска постапка

во месец август избрани се соодветни компании (и потпишани се договори) што ќе ги

реализираат поединечните активности од овој проект во координација на ЦРППР.

На 21.06.2010 година тимот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански

регион организираше еднодневна обука наменета за претставници на 9-те општини

во рамките на Пелагонискиот плански регион со цел да се обноват знаењата од

областа на проектниот менаџмент, а посебен акцент беше ставен на подготовката на

логичка рамка и проектен концепт. Целта на обуката беше јакнење на капацитетите

на единиците на локалната самоуправа во Пелагонискиот плански регион за

пишување предлог проекти во рамките на повикот за прекугранична соработка

помеѓу Мaкедонија и Албанија преку Инструментот за претпристапна помош.

Истовремено беше одржана и координативна средба на којашто се дискутираше за

Page 20: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

20

проектните идеи и концепти коишто општините и Центарот имаат намера да ги

аплицираат на вториот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и

Албанија.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство со АЛКА

– Здружение за Одржлив Развој, на ден 01. 09. 2010 година во селото Крклино

организираше промотивен настан во рамките на проектот „Градење на партнерства

за Рурален Развој - реформа на заедничка земјоделска политика после 2013 година“

во имплементација на ПРЕПАРЕ – Партнерство за рурална Европа.

ПРЕПАРЕ Собирот се состои од серија поврзани настани кои што оваа година

се организираат во Македонија, со цел да ги поврзи претставниците на граѓанските

организации, институциите и приватниот сектор посветени на развојот на руралните

средини, првенствено од Централна и Југоисточна Европа но и од земјите членки на

Европската Унија. На настанот беа присутни гости од Југоисточна и Центарлна Европа

каде преку проектот „Градење на партнерства за Руален Развој“ Центарот за развој

на Пелагонискиот плански регион ги запозна со потенцијалите на селото Крклино за

рурален развој низ две конкретни иницијативи: хиподромот „ХРИБО“ и авто - етно

музејот односно Збирката на реткости „ФИЛИП“.

Тимот на ЦРППР со сопствени ресурси го реализираше проектот Подготовка

на туристичка мапа на Пелагонискиот плански регион врз база на комуникација со

општините во поглед на одредување на најатрактивните места за туристичка

промоција. Секоја општина предложи поголем број на локации што треба да бидат

поставени на мапата, а потоа истите беа консултирани со експерти од областа на

туризмот, археологијата, историјата и културата. На едната страна од мапата

претставена е картата Р. Македонија и со зелена боја означен е Пелагонискиот

регио, потоа мапата на Пелагонискиот плански регион (со компас за ориентација) на

којашто означени се 77-те локации на туристичките дестинации и внесена е по една

фотографија што претставува атрактивност за секоја општина од регионот. За секоја

локација на мапата има одредено по еден број а користени се 9 различни бои, за

секоја општина по една. На задната страна од мапата даден е краток осврт на

значењето на локацијата во секоја општина од нашиот регион. Мапата е комплетно

дизајнирана од страна на тимот на ЦРППР најмногу по залагање на неговиот

раководител, и ќе биде испечатена во 1000 примероци на македонски и англиски

Page 21: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

21

јазик, и истата ќе се дистрибуира до сите потенцијални туристи од земјава и странство

преку посета на домашни и меѓународни манифестации и настани (семинари,

конференции, саеми, обуки, работилници и сл.) од страна на членовите на тимот на

ЦРППР во рамките на нивните редовни активности.

7. ДРУГИ АКТИВНОСТИ ЗА 2010 ГОДИНА

Промотивни активности

Со цел промоција на новоформираниот Центар за развој на Пелагонискиот плански

регион и Програмата за развој реализирани се средби со претставници на

меѓународни организации во земјата како и со релевантите институции надлежни за

имплементација на политиката за рамномерен регионален развој. Конкретно,

средби се остварени со: Анета Дамјановска – коориднатор за регионален развој на

Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Лилијан Кандикјан од

Швајцарската развојна Агенција, претставници на Министерството за локална

самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој на Република Македонија.

Остварени се средби и со претстваници на другите региони во Република Македонија

– Југозападниот, Југоистониот, Источниот и Полошкиот регион.

На 08.06.2010 година претствници на Центарот за развој на Пелагонискиот

плански регион учествуваа на промцоијата на мрежата за Рурален развој на

Македонија на којашто се воспостави иницијатива за потпишување меморандум за

соработка и партнерско дејствување во областа на руралниот развој на Македонија.

Оваа мрежа претставува сојуз на граѓански здруженија, основана во март 2010

година и го следи моделот на 23-те слични иницијативи за национални рурални

мрежи во Европа. Креирањето на оваа мрежа има за цел да ги вклучи локалните

актери во промоција и јакнење на свеста на населението во руралните заедници во

процесот на ефикасно користење на мерките и фондовите од ИПАРД и Националната

програма за рурален развој. Преку својата работа Мрежата треба да придонесе за

зајакнување на локалните партнерства и полесен пристап на информации до

локалното население, како и да пренесува предлози од локалното население до

релевантните институци во процесот на креирање и имплементирање на политиките

Page 22: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

22

за одржлив развој на руралните средини. Воспоставена е иницијатива за склучување

партнерски договор меѓу ЦРППР и оваа Мрежа.

Конференции / Семинари / Работилници / Манифестации

На 07.04.2010 година претставник на ЦРППР присуствуваше на

работилницата „ЕУ интеграција во поглавје 3.27 – животна средина“ организирана

од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и

здружението на граѓани „4Х4Х4 Балкански мостови“ во Скопје. Модератор на оваа

работилница беше г-ѓа Јадранка Иванова, Раководител на сектор за ЕУ во

Министерството за животна средина и просторно планирање.

Втората половина на месец април 2010 година е искористена за подготовки

за манифестацијата „Сакај ја Македонија уживај во својата татковина“ во

организација на Заедницата на локални самоуправи на Република Македонија(ЗЕЛС).

На 8 мај 2010 година ЗЕЛС ја организираше манифестацијата „Сакај ја

Македонија уживај во својата татковина“ по иницијатива на Претседателот на ЗЕЛС и

градоначалник на град Скопје, г-дин Коце Трајаноски. Преку промотивните

активности на осумте плански региони целта беше да се зголеми информираноста на

посетителите за специфичните карактеристики и убавините на Република

Македонија.

На плоштадот Пела во Скопје прв од осумте региони се претстави

Пелагонискиот плански регион со пригодна програма во траење од 5 часа каде што

беа презентирани традицијата и културата на деветте општини преку настап на

повеќе културно – уметнички друштва, како и музичките групи „Паркети“ од Битола и

Крос Роад Блуз Бенд од Прилеп. На настанот присуствуваа видни личности од

општетсвената и политичка сфера на Република Македонија а истиот беше одлично

координиран и реализиран од страна на тимот на ЦРППР и искористен за промоција

на потенцијалот на Пелагонискиот плански регион.

Претставници на ЦРППР учествуваа на меѓународната конференција „Првиот

собир на регионални лидери од Западен Балкан“ одржана во Брисел, Белгија 01.06 –

04.06.2010 година. Учеството на конференцијата беше можност да се креираат нови

Page 23: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

23

контакти и партнерства и да се посети меѓународната манифестација „Green Week”

во чест на 5 јуни Светскиот ден на заштитата на животната средина.

На 02.06.2010 година се одржа тематска работилница за заштита на

животната средина преку меѓуопштинска соработка во Скопје. Претставник од

ЦРППР присуствуваше на оваа работилница. Во суштина, тематската работилница

беше спроведена од страна на UNDP како активен чинител во меѓуопштинската

соработка и да стане корисен инструмент и во областа на животната средина. Со цел

да се овозможи поттикнување и поддршка на проекти за МОС во областа на

животната средина. Целта на тематската работилница беше заеднички ипреку

дискусии да се идентификуваат приоритетите за животната средина како и да се дојде

до нивни решенија за задоволување на потребите преку МОС.

Во рамките на проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот

Долна Нормандија и Република Македонија”, Локомотива - Центар за нови

иницијативи во уметноста и културата во соработка со Регионалниот совет на Долна

Нормандија (носители на проектната целина за “Културна политика и културна

размена”) на 15 септември 2010 гдина се оствари официјална посета на Долна

Нормандија (градовите Каен и Шербур) и конференција на тема: Културни политики:

Проблеми во децентрализација-та и територијални предизвици.

Основната цел на проектната целина за “Културна политика и културна

размена” во новиот циклус е апликација на тригодишна проектна програма која ќе

резултира со креирање на стратешки документ за регионален културен развој на

Пелагонискиот регион, како и развој на професионалните капацитети на локалните

културни актери кои ќе придонесат во понатамошен одржлив културен развој и

континуирана соработка помеѓу локалните општини и регион од Македонија и

регионот Долна Нормандија. Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна

Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на

агенции за локална демократија,

Конференцијата е организирана во две тематски сесии.

Првата сесија под наслов: Територијални културни политики: Можности и

потреби за регионален развој на културата имаше за цел да ги претстави и дискутира

постоечките модели на културни политики присутни на двете територии и преку една

компаративна анализа (земајќи го во предвид различниот социо - културен контекст)

Page 24: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

24

да се согледаат предизвиците и можните модели за развој на културата на

регионално ниво. Втората сесија имаше за цел преку студија на случаи, конкретни

проекти, акциони планови итн. да презентира и отвори дискусија за постоечките и

можни начини на имплементација на културните политики на одредена територија.

Со оваа конференција се заокружува првиот тригодишен циклус на проектната

целина за “Културна политика и културна размена” од проектот за “Децентрализирана

соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”. Вториот

тригодишен циклус од проектот (2010-2013) стартува во октомври. Гости и учесници

на конференцијата од Македонија се: Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за

развој на Пелагонискиот плански регион, Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за

култура во Општина Битола, Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за

нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за

култура, Горан Петров, Градоначалник на Велес, Марјан Ристески, Градоначалник на

Прилеп, Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола, Тони Чатлески,

Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп, Ирена Андреевска,

Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ –

ГУМНО, Зоран Илиевски, Директор на СЕГА - Коалиција на младински организации,

како и Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова) програмски уредници на

конференцијата) и Радмила Станојевска од Локомотива. Настанот медиумски го

покрива Телма ТВ (Нина Стефанова и Јане Марковски).

На 17.08.2010 година беше одржана работилница за изработка на

комуникациска стратегија за регионален развој и ИПА прекугранична соработка

организирана од страна на Министерство за локална самоуправа (МЛС). Претставник

од ЦРППР присуствуваше на оваа работилница во Скопје на којашто меѓу другото

беше претставен прогресот во изработката на оваа стратегија, бе претставени

швајцарски искуства во подготовка и имплементација на ваков вид стратегија а

беше организирана и работна сесија посветена на дефинирање на стратешките цели

за комуникациска стратегија на МЛС како и на заедничка платформа за дејствување

со чинителите на национално, регионално и локално ниво.

Од 6 до 7 октомври, 2010 година, претставници на ЦРППР присуствуваа на

конференцијата „Размена на искуства во областа на регионалниот развој и

кохезиската политика на ЕУ“ што беше организирана од страна на Министерството за

Page 25: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

25

локална самоуправа на Република Македонија, Владината Канцеларија на Република

Словенија за локална самоуправа и регионална политика и Заедницата на локални

самоуправи на Република Македонија (ЗЕЛС) во Скопје. На оваа конференција беа

присутни претставници од министерствата за локална самоуправа и финансии на

општини, центри и агенции за регионален развој, претприемачи, невладини

организации, интернационални донаторски институции и др. Беше искористена

можноста за промоција на активностите на ЦРППР пред сите заинтересирани страни.

На 7 декември, 2010 година Одделението за ЛЕР од општина Битола во

соработка со Македонско – Германско стопанско сздружение во Македонија и

стопанска комора на Македонија организираа средба за презентирање на формите

и можностите за соработка во бизнис секторот меѓу Р. Македонија и СР Германија.

Претставник од ЦРППР присусутвуваше на оваа средба на којашто беше

презентирано Македонско – Германското стопанско здружение, начините за

промоција и учество на саеми во Германија, проектот ЦЕФТА – ДИХТ, можните

германски проекти за бизнис секторот во Пелагонискиот регион, како и презентација

на инструментот SES (Senior Expert Services) – Здружение на германски сениор

експерти кои ја завршиле својата работна кариера.

Јакнење на капацитетите

Во функција на јакнење на капацитетите на Центрите за рамномерен

регионален развој во организација на ГТЗ РЕД од 09.05.2010 година до 15.05.2010

година се реализира студиско патување во Словенија и Хрватска на кое учество зеде

претставник на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Студиското

патување беше искористено и за креирање на листа на контакти на можни партнери

од двете земји во функција на партнерства за можни заеднички проекти.

Искористена е можноста да се разговара за европскиот контекст на регионалниот

развој и перспекивите на Република Македонија.

На 19.05.2010 година преставник од ЦРППР присуствуваше на Отворен ден

организиран од Стопанската комора на Македонија на којшто беа презентирани

работењето и услугите на Стопанската комора, можностите и начинот на користење

на WEB порталот и презентација на Европската мрежа на бизнис можности. Овој

Page 26: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

26

настан беше искористен и за поголемо вмрежување на ЦРППР со бизнис

организациите од Пелагонискиот регион и беше дискутирано за поддршката што

ЦРППР може да ја овозможи за нивен одржлив развој, пред се, во поглед на

надградба на нивните капацитети за водење бизнис, изнаоѓање фондови за

финансирање на нивните бизниси, откривање нови потенцијални инвестициски

можности во регионот и сл.

Од 4–6.10.2010 година претставик од ЦРППР присуствуваше на Третиот

форум посветен на регионалната коопеерација и локалната администрација, со

учество на меѓународни експерти. Темата на форумот беше „Процесот на

децентрализација и зајакнување на регионалната кооперација. Овој форум беше

организиран од страна на Институтот за економска политика од Софија и

Асоцијацијата за европска интеграција и регионална соработка, а финансиран од

страна на фондацијата Ханс Заидел од Германија.

На Форумот се дискутираше за фазите во процесот на децентрализација во

Република Македонија, улогата на фондацијата Ханс Заидел од Германија во истиот

процес во Бугарија, а се споделуваа и искуства меѓу претставници од Македонија и

Бугарија. Главни теми во овој сегмент беа фискалната децентрализација, локалните

финансии и финансиската криза. Во рамките на Форумот беа преставени модели,

искуства и најдобри практики од страна на македонски и бугарски експерти за

засилување на регионалната соработка, за којашто меѓу другите, говореше и

Амбасадорот на OSCE во Македонија Н.Е. Хозе Луис Хереро.

Листа на обуки посетени од страна на членовите на тимот на ЦРППР: Табела 4

Обука Дата Организатор Учесник Јавни набавки и нивна практична примена

27 – 28.04.2010 Скопје

УНДП Наташа Христова

„Регионален развој и Поддршка на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите во единиците на локалната самоуправа - Еднаквите можности како предуслов за регионален и рурален развој“

20.04.2010 Скопје

УНДП Александар Ѓуроски

Архивското советување

03 - 04 јуни, 2010 Битола

УНДП Наташа Христова

Стратешко планирање 01-03.06.2010 ГТЗ РЕД Александар Ѓуроски

Page 27: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

27

Струга

„Стратегиска оценка на влијанието врз животната средина и оценка на влијанието врз животната средина

14 - 17.06.2010 Охрид

ГТЗ РЕД Нешад Аземовски

Обука за логичка рамка и пишување на концепт на проект

21.06.2010 Битола

Центар за развој на Пелагонискиот плански регион

Наташа Христова Нешад Аземовски Александар Ѓуроски

Подготовка и евалуација на апликации за погранична соработка

05.-09.07.2010 Охрид

ГТЗ РЕД Емилиа Ѓероска Наташа Христова

Оценка на проекти 26 – 28.10.2010, Берово

ГТЗ РЕД Александар Ѓуроски

Алатки за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП

17 – 19.11.2010 Маврово

ГТЗ РЕД Александар Ѓуроски

Евалуација и мониторинг на програми и проекти

30.11 – 02.12.2010 Струмица

ГТЗ РЕД Александар Ѓуроски

ПРЕДА – Привлекување на странски директни инвестиции во Македонија

18.10.2010 05.11.2010 Прилеп

ПРЕДА Александар Ѓуроски

Јавни набавки 18.11.2010 Скопје

Агенција за државни службеници

Наташа Христова

Меѓународна соработка

Во месец мај остварени се контакти со Technopolis, организација од

Република Грција, и иницирана е соработка за потенцијални проекти за првиот повик

што беше објавен во рамките на Инструментот за претпристапна помош -

прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција. Договорено беше да се

пристапи партнерски за развивање на заеднички проект во рамките на областа

животна средина што во текот на месец октомври и се оствари преку заедничка

подготвка на проектна апликација.

Во текот на месец јуни, остварени се контакти со организации од регионот на

Корча и Елбасан, Република Албанија за вмрежување и партнерства во врска со

повикот за погранична соработка во рамките на Инструментот за пред пристапна

помош помеѓу Македонија и Албанија. Договорено беше, а потоа и реализирано,

заеднички да се подготви проект за промоција на претприемништвото во областа на

туризмот.

Page 28: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

28

Фокусот на работа во месеците август и септември најмногу беше ставен на

изнаоѓање партнери од грчка страна за дизајнирање на проекти во рамките на ИПА

пограничната соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Успешно

беа пронајдени три други организации од Република Грција (покрај Technopolis) со

коишто заеднички беа подготвени и подесени проектни апликации во областите

економски развој, култура и човечки ресурси (претходно наведени). Резултатите од

селекцијата се очекуваат во првата половина на следната година.

Подготовка на проекти

Активностите во месец јули 2010 година беа посветени на подготовка на

апликации за повикот за прекугранична соработка помеѓу Рпеублика Македонија и

Република Албанија во рамките на втората компонента за зајакнување на

прекуграничната соработка од Програмата за претпристапна помош. ЦРППР во

соработка со партнерите од Албанија го изработи проектот „Инвестирање во

регионалната конкуретност“. Проектната апликација и севкупната останата

документација беше подготвена и навремено поднесена до Заедничкиот технички

секретаријат во Струга. Проектите се во фаза на евалуација од страна на Комисијата,

а резултатите се очекуваат на почетокот од следната година.

Во последната седмица од јули и првата половина од месец август тимот на

ЦРППР го подготвуваше проектот за воспоставување хидрантска мрежа во

Пелагонискиот плански регион. Најпрво се пристапи кон анализа на тековната

ситуација врз основа на целосна координација со општините, противпожарните

станици и прептријатијата за водовод и канализзација од регионот после што се

изготвуваше проектната апликација во којашто предвидена е набавка и инсталација

на 140 надземни хидранти за потребите на противпожарните возила при нивна

интервенција за гаснење пожари, како и обука на тимовите во противпожарните

станици за нивна употреба. Апликацијата е поднесена до Јапонската амбасада во

рамките на нивната програма за грантовска помош за проекти за заштита и

безбедност на луѓето. Селекцијата на проектите се очекува да биде извршена при

крајот на првата половина од следната година.

Page 29: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

29

Во текот на месец октомври и почетокот на ноември се работеше интензивно

на подготовката на четирите проектни апликации во рамките на програмата за

прекугранична соработка со Р, Грицја, пред се, креирање на проектните идеи и

пополнување на апликациите, интензивна комуникација и остварување средби со

партнерите на проектите и прибирање на потребната техничка документација, па се

до конечно поднесување на истата до Заедничкиот технички секретаријат во Солун.

Раководителот на ЦРППР даде посебно голем придонес во креирањето на проектните

апликации.

Во текот на месец декември, тимот на ЦРППР пристапи кон изработка на предлог

листа на проекти од регионален карактер за финансирање од Министерството за

локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој за 2011

година. Листата со предлог проекти е креирана во координација и комуникација со 9-

те Пелагониски општини. Истата ќе биде предмет на дискусија и усвојување на 10-та

седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Логистички активности

Во рамките на своето работење тимот на ЦРППР повеќепати имал и

координативна улога за потребите на националните институции, пред се за

Министерството за локалкна самоуправа, во поглед на прибирање податоци од

општините (број и големина на административни згради, вид на енергија што се

користи за затоплување и сл.) за спроведување на нивниот проект за енергетска

ефикасност во Македонија. Исто така ЦРППР имаше и координативна улога во

прибирањето стратешки податоци од Пелагониските општини за изготвување на

Стратегијата за стари лица 2010 – 2020 од страна на Министерството за локална

самоуправа.

На 10.06.2010 година во просториите во општина Битола ЦРППР ја

организираше средбата на претставници од Министерството за транспорт и врски,

секторот за станбено-комунални работи, со Градоначалниците, директорите на

јавните комунални претпријатија и претставници од 9-те општини од Пелагонискиот

плански регион, на којашто беа споделени информации за почетокот на

спроведувањето на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“

финансиран од Европската инвестициона банка (ЕИБ). Во текот на оваа средба, сите

заинтересирани страни беа запознати со текот на сите актвности поврзани со овој

Page 30: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

30

проект – со нацрт договорот за финансирање меѓу Македонија и ЕИБ, со урнекот и

прашалникот, како и со апликацијата што треба да се пополни при аплицирање за

користење средства од кредитот.

На 25.06.2010 година во просториите на опшина Битола ЦРППР ја

организираше средбата помеѓу Министерството за информатичко општество,

претставници на УСАИД проектот за основно образование (ПЕП) со претставници на

општините и основните училишта од Пелагонискиот плански регион.

На оваа средба претставниците од УСАИД ги презентираа активностите што

треба да бидат преземени од страна на општините за да се овозможи максимална

искористеност на лап топ компјутерите набавени од страна на Министерството за

информатичко општество со Владиниата програма „Компјутер за секое дете“, преку

која што обезбедени се 53.000 Classmate PC, наменети за учениците од 1-3

одделение.

Други активности

Во втората половина од ноември и во месец декември активностите на тимот

на ЦРППР беа насочени кон подготовка на Финансискиот план за 2011 година,

Акцискиот план за 2011 година, Годишниот извештај за 2011 година, Извештајот за

спроведувањето на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион,

подготовка на Годишната листа на проекти за 2011 година, организирање на третата

обука од проектот „Градиме партнерства“, подготовка на десеттата седница на

СРППР, како и тековни административни активности.

Претставник на тимот на ЦРППР (м-р Александар Ѓуроски) е член на Владината

комисија за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка во Р.

Македонија. Во периодот април – декември 2010 година, одржани се втората и

третата седница на Комисијата. Втората беше одржана во форма на тридневна

работна средба во Струмица на којашто претставници од UNDP презентираа за

Програмата за меѓуопштинска соработка и за подобра испорака на услуги и пристап

кон ЕУ, за концептот за меѓуоптинска соработка, чекорите и финансиските

стимуланси за нејзино спроведување, а исто така беа пренесени и искуствата од

Page 31: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

31

меѓуопштинската соработка во Македонија и беше организирана студиска посета на

меѓуопштинската соработка во општините Босилово, Василево и Ново Село.

На втората седница се разгледуваше предлог одлуката за утврдување на

критериумите за финансиско поттикнување и поддржување на меѓуопштинската

соработка, каде што, претставникот на ЦРППР имаше свои предлози на надоградба

на член 3 од оваа одлука, токму во поглед на критериумите и бодовите што ќе се

доделуваат на општините за финансиско поттикнување и поддржување на

меѓуопштинската соработка.

8. ИЗРАБОТКА НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН Визуленот идентитет на Центарот за развој на ПЕлагонискиот плански регион е

изработен во функција на промоција и поголема препознатливост. Во себе ги содржи

следните елементи:

- Лого;

- Меморандум;

- Веб страница;

- Печатени материјали (папка, флаер, хартиена кеса, разгледници, маици).

8.1. Лого Логото ги претставува деветте општини преку стилизирани 9 линии со

различна боја. Линиите се претставени во динамичка форма на движење во нагорна

линија со симболика на регионален

развој.

Називот е составен дел на логото,

а зелената боја ги симболизира

приниципите на одржлив развој.

8.2. Веб страница

Веб страницата е изработена со дизајн за лесна навигација, топли бои, со

многу фотографии и видео материјали. Целта е повеќе наменска: Да нуди и прима

информации од различни заинтересирани субјекти, да служи како извор на

информации за регионот и негова промоција и да овозможи транспарентност на

Page 32: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

32

работата на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион и Центарот за развој

на Пелагонискиот плански регион. За потребите на web страната со цел промоција на

убавините на Пелагонија порачани се вкупно 600 фотографии со што креирана е

фото база и на тој начин е реализиран проектот бр 15 од аплициран до Бирото за

регионален развој за 2010 поради што истиот се отфрла о длистата за финансирање.

Содржините на веб страницата можат да се погледнат на следниот линк:

www.pelagonijaregion.mk

8.3. Печатени материјали (папка, флаер, хартиена кеса, разгледници, маици).

Печатените материјали се во функција на визуелниот идентитет на

Пелагонискиот плански регион и пораката за визијата на регионот „Европска визија

за Пeлагонија“ ја носат поединечно или комбинирани во промотивен пакет.

9. АКТИВНОСТИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈА

9.1 AER – Assembly of European regions На 17 септември, 2010 година поднесено е барање за членство во

Асамблејата на Европски региони. Официјално, одлуката ЦРРПР да биде челн на оваа

организација се донесе на седница на Генералното собрание на АЕР одржано на 11

и 12 ноември, 2010 година во Истамбул, Република Турција. Со тоа Пелагонискиот

плански регион стана дел од мрежата на повеќе од 270 региони од 33 земји во

Европа.

Контактите со претстваниците на АЕР беа искористени да се номинира г.

Владимир Талески, Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански

регион, за член на Бирото на АЕР кое претставува оперативно тело помеѓу две

Генерални собранија.

Со одлука на Генралното собрание на АЕР г. Владимир Талески е избран за

член на Бирото.

Асамблејата на Европските региони, формирана во 1985 година, е

најголемата независна мрежа на региони во Европа. Обединува преку 270 региони

од 33 земји со специфична мисија:

- да ги промовира принципите на еднаквост и регионална деморкатија;

Page 33: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

33

- да го зголеми политичкото влијание на регионите во рамки на институциите

на Европската Унија;

- да ги поддржи регионите во процесот на европска интеграција и

глобализација;

- да ја зајакне интеррегионалната соработка во Европа и пошироко.

Членството во оваа Асамблејата е особено важно во насока на меѓународна

промоција на Пелагонискиот плански регион, регионално поврзување со други

региони во Европа како и аплицирање со заеднички проекти до Европскиот фонд за

регионален разој (European Fund for Regional Development – ERDF) и други фондови

на Европската Унија.

9.2 Forum der Regionen

Со организацијата Forum der Regionen со седиште во Брисел, Белгија,

остварени се две средби во Софија, Република Бугарија и во Брисел, Белгија.

Договорени се основните начела за соработка на промоција и застапување на

Пелагонискиот плански регион пред институциите за регионален развој на

Европската Унија. Во Софија разговарано е можностите за заедничка соработка со д-

р Димка Иванова – директор на организацијата Forum der Regionen и Милен

Георгиев, заменик директор кои ја изразија својата заинтересираност за соработка

преку размена на информации, ставање на располагање на нивната канцеларија во

Брисел за потребите на Пелагонискиот регион како и помош при планирање на

можна посета на претставници на Пелагонискиот плански регион на одредени

институции во Брисел.

9.3 ALDA – Association of Local Democracy Agencies

На 28.05.2010 година остварен е контакт со Асоцијацијата на локални

демократии (АЛДА). Престваник на Центарот за развој на Пелагонискиот плански

регион учествуваше на генералното Собрание на АЛДА во Скопје. Остварен е контакт

со Претседателот на АЛДА г-ѓа Антонела Валморбида при што е договорен начинот на

членство на Центарот во оваа асоцијација. Остварена е и средба со г. Петер

Сондергаард, претставникот на канцеларијата на АЛДА во Брисел и договорена е

средба во Брисел. ЦРППР аплицираше да стани член на АЛДА; во комуникација со

нив потврдено е добивањето на апликацијата и се очекува официјализирање на

членството на следното Генерално Собрание што ќе се одржи од страна на АЛДА.

Page 34: Годишен извештај за работењето на ЦРППР

34

9.4 Потпишани меморандуми за соработка: Во текот на 2010 година, ЦРППР потпиша меморандуми за соработка со следните

институции / организации:

1. Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

2. АЛКА – Центар за одржлив развој - Скопје, Република Македонија

3. ЦЕПРОСАРД – Скопје, Република Македонија

4. Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

5. ЗГ „Сумнал“ – Скопје

6. ЗГ „Архивист“ – Битола (стекнат статус на придружно членство во здружението

на архивски работници „Архивист 2“)

Изработиле: Одобрил Нешад Аземовски Емилиа Ѓероска Координатор за меѓународна Раководител соработка и имплементација на проекти м-р Александар Ѓуроски Координатор за регионален развој и меѓуопштинска соработка