Зелен пакет - јуниор

140

Upload: nella-s-nikovska

Post on 30-Mar-2016

242 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

теми од областа на екологијата за учениците од прво до петто одд.

TRANSCRIPT

Page 1: Зелен пакет - јуниор

GPJrMK • 2012

Page 2: Зелен пакет - јуниор

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ)

� Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е независна меѓународнаорганизација чија мисија е помагање во решавање на проблемите со животната средина. РЕЦ ја исполнувасвојата мисија преку промовирање на соработката помеѓу владите, невладините организации,бизнис секторот и други заинтересирани страни, како и преку поддршка на слободна разменана информации и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за животната средина.

РЕЦ е основан во 1990 година од страна на Соединетите Американски Држави, Европската комисијаи Унгарија. Денес, РЕЦ е правно заснован на Статутот потпишан од владите на повеќе од 30 земји.Има канцеларии во 17 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија,Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гораи Република Чешка. Седиштето на РЕЦ се наоѓа во Сентендре, Унгарија.

РЕЦ активно учествува во сите клучни глобални, регионални и локални процеси и придонесуваво изнаоѓање на решенија од областа на животната средина и одржливиот развој во рамкитена мрежата на канцелариите на РЕЦ во наведените земји, но и надвор од неа, преку пренесувањена знаење и искуство на земјите и регионите.

Донатори на РЕЦ се Европската Комисија, како и владите на Австрија, Албанија, Белгија, Боснаи Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Македонија, Малта, Норвешка, ОбединетотоКралство, Полска, Република Чешка, Словачка, САД, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Франција,Холандија, Шведска, Шпанија, Швајцарија, и како и други меѓувладини и приватни институции.

РЕЦ е присутен во Република Македонија со свој координатор од јули 1993 година. Канцеларијатана РЕЦ во Македонија официјално ја започна својата работа во јануари 1995 година.

Австриската соработка за развој (АДЦ), преку нејзината оперативна единица Австриската агенцијаза развој (АДА) во Македонија, финансиски го поддржа РЕЦ, донирајќи средства за изработка на„Зелениот пакет јуниор“ на македонски и на албански јазик.

Изработката на овој пакет, кој се дистрибуира бесплатно до сите основни училишта во РепубликаМакедонија, е дел од активноста на програмата за образование за животна средина на РЕЦ.Преку оваа програма, РЕЦ се обидува да ги зголеми индивидуалните капацитети на сегашнитеи идните обучувачи и наставници и да го поддржи развојот на институциите и програмите посветенина подобрувањето на образованието во областа на животната средина во Централна и Источна Европа.

Австриска соработка за развој (АДЦ)

� Австриска соработка за развој е дел од австриската надворешна политика и од развојната политикана Европската унија, која има за цел да го промовира светскиот мир во соработка со другииндустријализирани земји и земји во развој. АДА е задолжена за реализација на сите билатералнипрограми и проекти во земјите-партнери на АДЦ и за администрирање на соодветните буџети.

Австриската развојна политика е водена од следниве цели:

1. Борба против сиромаштијата во земјите во развој преку унапредување на економскиот и социјалниотразвој низ процес на одржлива економска активност и економски раст комбиниран со структурни,институционални и социјални промени.

2. Обезбедување мир и безбедност за луѓето, особено преку унапредување на демократијата,владеењето на правото, човековите права и доброто управување.

3. Заштита на животната средина и на природните ресурси како основа за одржлив развој.

Австриската развојна политика се заснова на следниве начела:

1. Целите на владите и на населението во земјите во развој, во поглед на брзината и видотна развојниот процес и нивното право да го изберат сопствениот пат на развојот.

2. Интеграцијата на мерките во конкретното општествено опкружување, со посебно вниманиена културолошките аспекти и на употребата на соодветна технологија;

3. Еднаквост помеѓу мажите и жените.

4. Потребите на децата и на хендикепираните.

Австриска соработка за развој работи во одбрани партнерски земји во Африка, Азија, Латинска Америкаи во Југоисточна Европа. Програмите на Австриска соработка за развој ги спроведува Австрискатаагенција за развој во тесна соработка со развојни организации и претпријатија. Во име на Австрискасоработка за развој, Австриската агенција за развој, исто така, работи со влади на партнерски земјии со други донаторски земји.

Повеќе информации може да се најдат на www.ada.gv.at.

Page 3: Зелен пакет - јуниор

Прирачникза наставници

Page 4: Зелен пакет - јуниор

Прирачникот за наставници е подготвен од Регионалниот центар за животнасредина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во соработка со македонски,бугарски и унгарски едукатори, наставници и советници за образование.Тој е дел од едукативниот пакет од областа на животната средина„Зелен пакет јуниор“, изработен со финансиска поддршка одАвстриската соработка за развој (АДЦ) и придонес на Министерствотоза животна средина и просторно планирање и на Министерствотоза образование и наука на Република Македонија. Мултимедијалниот пакет„Зелен пакет јуниор“ е бесплатен за сите основни училиштаво Република Македонија.

Автори на основната верзија на лекциите: Климент Минџов� Татјана Митева

Автори на Прирачникот за наставници на македонски и на албански јазик:Анета Тренкоска � Валентина Неделкова � Весна Вељановска-Миладинова� Весна Николовска � Ирена Пантова � Катарина Георгиевска � КорнелијаРадовановиќ � Наталија Ацеска � Олгица Наумоска � Роза Василевска� Руска Мицева � Светлана Брашнарска � Сашо Секуловски

Уредување: Светлана Брашнарска � Катарина Георгиевска� Олгица Наумоска � Корнелија Радовановиќ � Сашо Секуловски

Лектура на македонски јазик: Оливера Јовеска

Превод на албански јазик: Билкизе Исмаиљи � Зекије Рамадани

Лектура на албански јазик: Шпреса Рамадани

Дизајн: Силвија Маџар

Илустрации: Ласло Фалви � Стојан Николов

Раководител на проектот: Корнелија Радовановиќ

Печатење: Типонова Кфт

Посебна благодарност на одделенските наставници: Јасмина Митева од ОУ„Кирил и Методиј“ и Виолета Гоцева од ОУ „Гоце Делчев“ од Босилово;Вангелица Дрнкова од ОУ „Кирил и Методиј“ и Славица Петрова од ОУ„Блаже Конески“ од Велес; Сание Абдулаи и Јехона Села од ОУ „СаидНајдени“ од Дебар; Лујза Спасова од ОУ „Крсте Петков Мисирков“, ЈанкаСтојчева од ОУ „Коста Рацин“ и Фатиме Лимани од ОУ „Никола Карев“ одРадовиш; Наташа Богатиновска и Сузана Поповска од ОУ „Мирче Ацев“ одСкопје; Василка Тодоровска и Лидија Божиноска од ОУ „Рајко Жинзифов“од Скопје и Татјана Чуприна и Ванѓа Јанкуловска од ОУ „Шемшево“ одЈегуновце, Благој Костадинов и Војо Стојановски од ОУ „Синиша Стоилов“од Зрновци, Ленче Петкоска од ОУ „Страшо Пинџур“ и Весна Паноска одОУ „Коста Рацин“ од Прилеп, Катарина Матевска од ОУ „Кирил и Методиј“и Марија Петрова од ОУ „Гоце Делчев“ од Битола, Марија Узунова иНаталија Дикова од ОУ „Сандо Масев“ од Струмица, за нивните забелешки,сугестии и пофалби поврзани со изработените материјали и нивнатапосветеност при користењето на „Зелен пакет јуниор“ во пилот-проектитешто се спроведуваа во рамките на грант-програмата „Зелен пакет јуниор“,како и на учениците Ангела Стојковска, Теодора Стојковска и МилаНиколовска за нивните идеи и приказни.

©2012 The Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe

ISBN 978-963-9638-62-4

За изработка на „Зелен пакет јуниор“ се користени два вида рециклиранахартија 100g Mohawk Via Felt Flax и 115g и 170g Dalum Cyclus Offset.

Page 5: Зелен пакет - јуниор

Предговор 2

Користење на „Зелен пакет јуниор“ 5

� Поврзаност 7Сî околу нас е поврзано 9

� Воздух 17Без воздух не можеме 18

� Вода 25Неопходност од вода 27

Водата и луѓето 28

� Почва 41Што знаеме за почвата? 42

Почвата и луѓето 45

� Енергија 51За сî е потребно сонце 52

Како да се зачува енергијата 54

� Биолошка разновидност 63Растенијата и животните околу нас 64

За луѓето и за природата 66

� Природни богатства 89Природни богатства 90

� Население 95Што значи пораст на населението? 96

� Потрошувачка и отпад 101Создавање отпад 103

Фестивал на отпадот 104

� Општествен развој и животна средина 111Општествен развој 112

� Здрав начин на живеење 123(НЕ)здравите навики на семејството 125

Моето седумдневно мени 126

� Климатски промени 133Стаклена градина или оранжерија 134

Диплома 138

1

Содржина

Page 6: Зелен пакет - јуниор

2

� Регионалниот центар за животна средина го изработи првиот „Зелен пакет“ во 2002година за потребите на основните училишта во Полска. Оттогаш РЕЦ успешно ја шириприказната за „Зелен пакет“ преку цела Централна и Источна Европа. Благодарениена заедничките напори на РЕЦ и на нашите посветени партнери и соработници,едукативните материјали и наставните помагала од „Зелен пакет“ досега се адаптираниза користење на 16 јазици во 18 земји. Образованието за животната средина досегаго приближивме до 3,5 милиони ученици и 35.000 наставници.

Овој нов образовен материјал отвора ново поглавје во нашите напори да се проширицелната група и да им се претстави „Зелен пакет“ на најмладите преку развивање на„Зелен пакет јуниор“. Верувам дека пакетот „Јуниор“ специфичен во многу нешта и развиенза потребите на основното образование во Македонија ќе се применува и во други земји.Македонската верзија на „Зелен пакет јуниор“, единствена досега, содржи дополнителниедукативни алатки и помагала, развиени како резултат на заедничката соработка меѓу тимотна РЕЦ и групи компетентни наставници и едукатори од основните училишта и институцииво Македонија. Овој производ е уште една успешна приказна поврзана со напоритена РЕЦ за подигнување на капацитетите на сегашните и идните наставници и обучувачии за поддршка во развојот на институциите и програмите што го подигнуваат квалитетотна образованието за животна средина и одржлив развој во Централна и Источна Европа.

„Зелен пакет јуниор“ помага во развивање нови вредности кај учениците и нов моделна однесување во училиштето, во домот и воопшто во општеството. Со овој производдецата ќе станат амбасадори на одржливоста на едно општество и ќе им ги пренесатсвоето знаење и своите нови навики на пријателите и во кругот на семејствата.

Како што изјавивме за време на „Рио+20“ – Конференцијата на Обединетите нации,ние сме посветени на образованието за одржлив развој и го продолжуваме нашетопартнерство со децата, со политичарите, со претставниците на бизнис-секторот,и со целото општество, и во нашиот регион и надвор од него. Овој пакет е опипливрезултат на нашите напори да изградиме силни заедници за сегашноста и за иднината.

Сакам да го изразам моето признание и благодарност до авторите и останатитеучесници во изработката на овој нов и иновативен образовен материјал, како и доАвстриската соработка за развој (АДЦ), Министерството за животна срединаи просторно планирање и до Министерството за образование и наука на РепубликаМакедонија за нивната безрезервна поддршка, која претставуваше наш основендвигател при изработката на „Зелените пакети“ во Македонија уште од 2006 година.

Марта Сигети БонифертИзвршен директор

Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ)Главна Канцеларија

� Денес е очигледно дека широко распространетиот модел на општествен развоје неодржлив. Сите ние како граѓани се соочуваме со итна потреба од промена на начинотна живеење, со цел да се спречи неодржливата употреба на природните богатстваи деградација на околината и да се обезбеди живот во согласност со можноститена нашата планета. Образованието има многу важна улога во подигнувањето на свестана едно општество, а исто така има клучна улога при разбирањето како принципитена одржливиот развој да се применат на конкретен начин. Образованието за одржливразвој овозможува да се развијат потребните капацитети за критично и систематскоразмислување во иднина, па затоа напорите на Министерството за животна срединаи просторно планирање се насочени кон најмладата популација.

Развивањето на одржливо општество треба да се гледа како континуиран процесна учење и промени, во кој се вклучени низа актери кои што обезбедуваат насокиза размислување и делување како во формалното, така и во неформалното образование.Ова бара постојан ангажман од компетентни едукатори, наставници и просветниработници, но секако не смее да се запостави и потребата од учебници и наставни

Предговор

Page 7: Зелен пакет - јуниор

помагала. Токму поради тоа, Министерството за животна средина и просторнопланирање континуирано инвестира, и финансиски и човечки ресурси, во изработкана мултимедијалните пакети за образование за одржлив развој. Изработката на„Зелен пакет јуниор“ е од исклучително значење, затоа што заедно со веќеизработениот „Зелен пакет“ се заокружува образованието за одржлив развојво основните училишта од прво до деветто одделение. Верувам дека „Зелениот пакетјуниор“ ќе биде уште поголем предизвик и за наставниците и за учениците,но и за нивните родители и ќе придонесе кон тоа сите активно да се вклучимекон градење на едно одржливо општество, чија цел е да се зачува природнотонаследство и тоа не само заради нас самите, туку и заради идните генерации.

Abdilaqim AdemiМинистер за животна средина и просторно планирање

� Националниот приоритет на Република Македонија во областа на образованиетои воспитувањето на младите од предучилишното, основното и средното образованиесе фокусира на создавање услови за остварување на правото на квалитетно образованиена сите млади, со оглед на тоа што образованието на младите претставува неисцрпенресурс за одржлив развој на нашата земја.

Соочувајќи се со новите предизвици на глобалната криза и со истражувањата на новипристапи за одржлив развој, образованието е основен предуслов за зајакнувањена нашето општеството во таа насока. Самото образование не може да ги решипроблемите, но сепак е еден од основните двигатели на промените кои водат контранзиција во одржлива иднина.

Во тој контекст Министерството за образование и наука спроведува и поддржува повеќепроекти од областа на образованието за одржлив развој. Мултимедијалниот пакет„Зелен пакет јуниор“ е уште еден доказ за ваквата заложба на Министерството,а особено со веќе изработениот „Зелен пакет“ сите ученици од прво до деветтоодделение имаат можност да се запознаат со принципите на одржливиот развој,на мошне интересен и креативен начин.

Во училиштата работи соодветно образован наставен кадар, постои соодветен простори прифатлива опрема што овозможува комплетно искористување на содржинитена „Зелен пакет јуниор“. Верувам дека иновативноста на наставникот ќе предизвикамногу позитивни реакции кај учениците, кои преку игра и забава ќе научат да бидатодговорни граѓани на Република Македонија.

Панче КралевМинистер за образование и наука

� Центрот за едукација и одржлив развој од општина Босилово е едно од десеттездруженија на граѓани во Македонија што се здобија со можност да ги реализирааттемите од „Зелен пакет јуниор“ во четиринаесет основни училишта од општината.Преку проектните активности не порасна само нашата свест, пораснавме и ние какотим, затоа што работевме со најблагородната целна група, а тоа се најмалите. Бешепрекрасно да се видат тие мали лица кои со вечна насмевка и љубопитност во очите гиочекуваа новите задолженија и наградите за успешно реализираните активности.

Кога ќе ја погледнеме сликовницата за билошката разновидност во МоноспитовскоБлато, и сликовницата за водните ресурси во општината, изработени од вреднитераце на учениците ќе сфатиме колку е богати нивната фантазија и креативност.

Но, „Јуниор“ не беше само предизвик за членовите на Здружението туку и занаставниците кои беа вклучени во активностите на проектот. Една од наставничкитесе изјасни дека преку „Зелен пакет јуниор“ добила многу поголема инспирацијаза текот на својот наставен час.

3

Page 8: Зелен пакет - јуниор

4

Таа рече: „Морам да признаам дека пред да се запознаам со темите од пакетот,понекогаш се случуваше да ми недостига имагинација за да го задржам вниманието намоите ученици со необични и интересни теми од областа на екологијата. Штом го добивматеријалот и внимателно го разгледав, знаев дека добивам драгоцена алатка за моитепредавања. Навистина е прекрасно кога децата на крајот од активностите се среќнии задоволни и кога ќе констатираме дека часот поминал со брзина на светлината“.

Но, сметам дека најголем показател дека пакетот влијаеше и на главните актери –учениците е доказот што тие веќе почнаа да сé препознаваат и идентификуваатсо „Зелен пакет јуниор“, па на секоја наша средба се трудеа да ни покажат колкубиле вредни и исполнителни во зададените задачи.

Лично сметам дека училиштата од општина Босилово ја имаа таа привилегија да гопочувствуваат „Зелен пакет јуниор“ на вистински начин, дека тој иницира позитивнипромени во секој од нас и дека образовниот систем е збогатен за една прекраснаи уникатна алатка која значително ќе го олесни и разубави наставниот процес.

Љиљана ШоповаГраѓанско здружение „Центр за едукација и одржлив развој“, Босилово

� Почитувани наставници, ученици, родители,Почитувани корисници на овој пакет,

Пред вас е мултимедијалниот пакет „Зелен пакет јуниор“ наменет за ученицитеод одделенска настава. „Jуниор“ е изработен како продолжување на идејатаза воведување образование за одржлив развој во основните училишта во Македонија,која започна да се реализира со изработката на „Зелен пакет“, мултимедијален пакетза учениците од предметна настава, кој веќе го имате во вашите училишта.На тој начин воведот во образованието за одржлив развој што ќе го добијат ученицитепреку користење на материјалите во „Зелен пакет јуниор“ се основа за понатамошнанадградба на знаењето во оваа област преку користење на „Зелен пакет“,сé до завршувањето на основното образование на ученикот.

И додека „Зелен пакет“досега е изработен во 18 земји од Централна и Источна Европа,„Зелен пакет јуниор“ е нашиот првенец, за прв пат развиен во Македонија, и вие,драги наставници и ученици, ја имате привилегијата први да го користите. Тој потоаќе биде основа што ќе ја преземат и други земји чија определба е да инвестираатво образованието на најмладите и во одржливоста на живеењето на планетата Земја.

Се обидовме да направиме интересно учебно помагало со многу игри, раскази, квизови иексперименти што ќе го задржат вашето внимание и ќе им бидат интересни на учениците.Искрено се надеваме дека успеавме во нашите намери и заложби. Ќе ви бидеме многублагодарни доколку ги поделите со нас вашите мислења и сугестии во врска со пакетот.

Упатуваме искрена благодарност до нашите донатори од Австриската соработказа развој (АДЦ) преку нивната оперативна единица Австриската агенција за развој (АДА).Нивното разбирање и довербата во она што го работиме нé придружуваа и нé охрабрувааво текот на месеците напорна работа вложена и во „Зелен пакет“ и во „Зелен пакетјуниор“. Без нивната финансиска поддршка „зелената приказна“ не ќе беше возможна.

Исто така, посебна благодарност им упатуваме на Министерството за животна срединаи просторно планирање и на Министерството за образование и наука на РепубликаМакедонија за нивната безрезервна поддршка и за кофинансирањето на проектот,како и на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, кое вложинезаменливи човечки ресурси во изработката на двата мултимедијални пакети„Зелен пакет“ и „Зелен пакет јуниор“.

Проектниот тим на „Зелен пакет јуниор“

Page 9: Зелен пакет - јуниор

5

Современиот развој на модерното општество покажа дека целото наше знаењего насочуваме на прекумерното искористување на природата а не и на мудростаза одржувањето на природната рамнотежа. Како последица на тоа, ние ги уништуваменашите шуми, ги здробуваме планините, ги преместуваме реките од нивниот тек,ги поплочуваме рамниците, ја менуваме нашата клима, го загадуваме нашиот воздухи ја труеме нашата крв. Со еден збор, ние создаваме свет кој никој од нас не го сака.Затоа расте и потребата јавноста да ги разбере поврзаноста и грижата за животнатасредина, социјалните и економските услови, безбедноста и сигурноста. Образованиетоза одржлив развој е една од основните алатки во менувањето на моделите насоцијалното и економското однесување и нивното влијание врз животната средина.

Традиционално, образованието во училиштата е ограничено на одредени предмети инаставата се предава преку пристап кој главно е фокусиран да им овозможи на ученицитеда ги положат тестовите и испитувањата и да развиваат конкретни знаења за одреденатехнологија. Сепак, денешниот предизвик е да ги обучиме учениците, да ја подигнеменивната свест и да развијат нови вештини, ставови и вредности за одржлив развој.Образовниот процес треба да се фокусира на оспособување на граѓаните за да можатда имаат активна улога во формирањето на политиките и во нивното спроведување.

„Зелен пакет јуниор“, кој го држите в раце, развиен е на начин што ќе им овозможина наставниците и на нивните ученици, преку оригинален, лесно достапен и атрактивенматеријал, да почнат да предаваат и да учат за прашањата поврзани со одржливиотразвој, почнувајќи од прво одделение во основните училишта. Неговиот мултимедијаленкарактер е претставен преку четири главни едукативни материјали: прирачникза наставници, интерактивно ДВД-издание, книга со поучни раскази и игра со карти,сите меѓусебно поврзани и наменети за паралелно користење, како на самите часовитака и за воннаставни активности.

Прирачникот за наставници е поделен на 12 теми кои ја обработуваат заемнатаповрзаност помеѓу животната средина, општеството и развојот на економијата.Застапени се следниве теми:

� поврзаност � природни богатства

� воздух � население

� вода � потрошувачка и отпад

� почва � општествен развој и животна средина

� енергија � здрав начин на живеење

� биолошка разновидност � климатски промени

Овие теми се одбрани за да се покаже дека човештвото е тесно поврзано и има влијаниеврз непосредната околина во која живееме и што е особено важно - што може тоа да значиза самото општество. Секоја од темите се состои од структурен план со содржинии придружни материјали што се потребни за самиот план и за предавањето за темата.Содржините се темелат на интерактивен начин на учење преку употреба на дискусии,размена на идеи, играње на улоги, решавање проблеми и тестови и надворешниактивности. Секоја од дневните подготовки за содржините му овозможува на наставникотдополнителни информации за темата, целите на предавањето, користената методологија,кои материјали се потребни, дава предлог за времето потребно за реализација и заможната локација. Предложеното време во секоја дневна подготовка може да се менуваво зависност од потребите на наставата. На крајот од секоја содржина, наставницитеќе можат да најдат дополнителни материјали со податоци и шеми, тестови, дилема-игрии приказни. Тие можат да се фотокопираат и да им се поделат на учениците како составендел од самата содржина.

Користење на„Зелен пакет јуниор“

Page 10: Зелен пакет - јуниор

6

Интерактивното ДВД-издание им дава можност на учениците да направат виртуелнапосета на природната животна средина, што вклучува неколку локации:

• домот во кој живее семејството;

• училиштето во кое учениците секојдневно минуваат дел од времето;

• супермаркетот каде што семејството купува продукти;

• паркот/градината каде што децата одат да играат;

• местата за одмор каде што децата одат заедно со родителите,

• како и други интересни содржини.

Книгата со поучни раскази ги претставува двата лика Јана и Бојан, кои минуваат низбројни авантури. Секој од расказите содржи соодветна порака поврзана со одржливиотразвој. Тие се напишани на начин што овозможува користење на текст-метода,довршување на текст, размена на сопствени искази и идеи и поддржување на тематскизададена дискусија.

Играта „Размисли и кажи“ може да се игра со мала или со голема група ученици кои ќеучествуваат во вежбата на одговарање прашања, со која се собираат поени. Играта можеда се организира на различен начин, во зависност од возраста и бројноста на учениците.

Користејќи го овој иновативен едукативен материјал, наставниците треба да запомнатдека може да го употребуваат при интегративното планирање на наставниот процес,при што тој е добра алатка за осмислување на содржините од различни наставнипредмети кои наставникот ги реализира во текот на еден работен ден, недела или еднанаставна тема. Притоа, наставникот треба да внимава на возраста на учениците,дозирајќи ги содржините и материјалите согласно со нивните психофизички можности.На сличен начин наставникот треба да ги избира количината информации, активноститеи видот на материјалите. Тоа значи дека е многу важно наставникот да ги користи самооние содржини и материјали кои неговите ученици можат да ги разберат и да гиупотребуваат. Од изобилството понудени материјали и содржини треба да ги избираоние што се соодветни за возраста на учениците и наставната програма што требада се реализира, како и во согласност со карактеристиките на местото на живеење.

Преку наставниците и учениците, главните пораки на „Зелен пакет јуниор“, исто така,можат да им се пренесат на другите членови на семејството и на општеството.Тоа ќе им овозможи да размислуваат критички во врска со проблемите поврзанисо заштитата на животната средина и одржливиот развој на општеството и да бидатактивно вклучени граѓани преку практична примена на своето знаење.

Page 11: Зелен пакет - јуниор

Во минатото луѓето успеале прв пат да ја видат планетата Земја од вселената. Она штого виделе тие било една огромна топка, покриена со вода од морињата и океаните,со копно и планини, рамнини и пустини, а целата била во воздушна обвивка. Околу Земјатасе наоѓаат: Месечината, Сонцето, останатиот дел од Сончевиот систем и бескраен простор.

Тешко е да се одговори на прашањето дали сме сами во тој простор. Зошто Земјатаeтаа на која започнал животот пред многу, многу години и се развил така како штое денес. Одговорот лежи во основните услови за живеење на Земјата: сонцето, почвата,водата и воздухот.

Воздух — Воздухот е комбинација од повеќе гасови, водна пареа и друго. Опстанокот нарастенијата и на животните зависи од рамнотежата на овие гасови. Кога оваа рамнотежае нарушена, се чувствуваат негативни ефекти врз животните заедници на планетата Земја.Понекогаш нарушувањето е предизвикано од природни појави, како што се вулканскитеерупции, силните ветрови и земјотреси, но најчесто човекот со своите активностиго загадува воздухот.

Вода — Водата е насекаде околу нас. Таа покрива две третини од површината на Земјата.Водата претставува две третини од тежината на човекот. Кај другите организми водата

е различно застапена. Во секој случај, водата е важназа секој организам, исто како што е одговорна и за времетои за климата на планетата Земја.

Почва — Почвата претставува најгорен слој од површинатана Земјата. Иако тој слој е тенок како лист хартија во споредбасо остатокот на Земјината кора, почвата е основа за целиотживот на Земјата. Растенијата се прикрепени на едно местосо корењата, впивајќи ја водата со минералните материиод почвата. Почвата е богата со разновидни организми.Таа е нивна животна средина.

Сончева топлина и светлина — Сончевата енергија доаѓа до Земјата во вид на зрацишто навлегуваат во воздушната обвивка и ја затоплуваат нашата планета. Светлината одСонцето е основен услов во процесот на создавањето храна, заедно со водата.

7

Поврзаност

Page 12: Зелен пакет - јуниор

8

Поврзаност

Биосфера — Биосферата е целокупниот просторна Земјата кој го населуваат живи организми и во којсе одржува животот. Покрај живиот свет на Земјата,биосферата ги опфаќа и воздухот, водата, горните слоевина почвата. Различните растенија и животни во биосфератаја претставуваат биолошката разновидност. Лесно можеда се види дека многубројни и разновидни растенијаи животни се приспособени на различните условина Земјата (воздухот, водата, почвата и климата).

Животна заедница — Животната заедница претставувагрупа организми што влијаат едни на други, влијаат

на животната средина како и таа на нив. Животните заедници се променливи и хранатаи енергијата во нив постојано се движат помеѓу живите организми и неживата природа.Градските области, исто така, содржат животни заедници со организми штосе приспособиле на таа специфична животна средина.Тие, исто така, влијаат врз природните услови во својатаблиска околина. Активностите што ги извршува човекотво населените места имаат големо влијание врз животнатасредина и често доведуваат до нарушување на постојнитеживотни заедници.

Природни богатства и енергија — Природнитебогатства и енергијата се потребни за општествен развој.Под природни богатства се подразбира она што можеда се добие од животната средина. Природните богатствасе поделени на обновливи — нивното исцрпувањедо крајна мера е невозможно (сончева енергија, енергијана ветер, енергија на вода, животни и растенија) и необновливи — нивната достапносте ограничена и само прашање на време е кога тие ќе се потрошат во целост(нафта, јаглен, руди, вода за пиење).

Постапно и незабележително, потрошувачката станува значаен дел од живототна луѓето, заземајќи голем дел од нивното време и од финансиските средства.

Тоа води кон сî поголемо искористување на природнитебогатства и на сите видови енергија, како и кон сî поголемозагадување на животната средина.

Денешните општества обезбедуваат производи, просторза живеење, работни места и забава. За да ги задоволатбарањата на луѓето, модерните општества вршат огромноискористување на природните богатства и на животнитезаедници на планетата Земја, чии капацитети и резервисе ограничени.

Денес, како никогаш порано, човештвото на планетатасе соочува со предизвик за подобрување на животот

на луѓето, а истовремено и за зачувување на природните богатства. Двете цели мора дасе исполнат во услови на зголемен пораст на населениетои зголемени потреби за храна, вода, засолниште,канализација, енергија, здравство и економска сигурност.

Образованието е едно од најмоќните орудија штопомагаат нашето општество да постигне одржлив развој.Наставниците имаат важна улога во подучувањетона децата за поврзаноста помеѓу животната срединаи општеството. Семето на разбирање што е посеано сегаќе создаде одговорни и свесни граѓани кои ќе дејствуваатво вистинско време.

Page 13: Зелен пакет - јуниор

Дневна подготовка: Сî околу нас е поврзано

Дел I: Животот зависи од ... (бура на идеи)

1 Прашајте ги учениците што мислат за тоа кои се најважните услови за постоењена животот на планетата Земја. Напишете ги нивните одговори на табла или(и) претставете ги со соодветни илустрации.

2 Поделете го работниот лист „Животот зависи од ...“. Во празните прозорчињана врвот на работниот лист учениците нека ги напишат имињата на најважнитеуслови за животот. Наведувајте ги на заклучок дека нема живот без сонце, воздух,вода, почва, храна и место за живеење. Дискутирајте зошто и другите условисе важни во животот, но не се најважни.

Дел II: Тајните на мојот училиштен ранец

1 Побарајте еден ученик да биде доброволец,да ги извади и да ги истражи предметите од својотранец, заедно со другите ученици. Потпомогнетево истражувањето преку прашања што наведуваатна заклучок.

На пример: Има книга, молив и храна во ранецот.Поделете му на секој ученик работен лист од„Тајните на мојот ранец“ за индивидуална работаи нацртајте ја шемата од листот на табла.

2 Разгледајте ги предметите од ранецот и од работниот лист. Дискутирајтеза прашањата дадени подолу, а учениците нека повлечат линии на работниот лист,поврзувајќи ги шесте предмети во прозорците со потеклото на материјалите(сликите во средина).• Од што е направен училишниот ранец? (на пример, пластична материја —

поврзете ја со училишниот ранец на листот со стрелка);• Што друго е потребно за да се произведе еден училиштен ранец?

(на пример, енергија, вода — нацртајте стрелка од училишниот ранецдо водата и фабриката што снабдува со енергија);

• Од што е направена книгата? (хартија, која е произведена од дрвна каша— нацртајте стрелка кон растението, фабриката и водата);

• Од што е направен моливот? (дрво — нацртајте стрелка кон фабрикатаи графитот — црнка со која се пишува, кој се добива од почвата);

• Што има во ужинката? (леб, месо, зеленчук, вода и енергија за производство);• Што им е потребно на животните и на растенијата за да можат да живеат

и да опстанат? (воздух, вода, почва, сонце);• Можете да ја продлабочите дискусијата со дополнителни прашања за

ослободување од отпадот во текот на производството на овие предмети и кадеоди тој отпад.

9

Поврзаност

Времетраење 1-2 училишни часа

Годишно време Сите 4 годишни времиња

Место Училница или надвор — на отворено

Материјали Училишната чанта и предметите во неа

Цели • Учениците да ја сознаат поврзаноста на сî околу нас

Методи Дискусија, игра, решавање дилеми

Page 14: Зелен пакет - јуниор

10

Поврзаност

3 Учениците треба да сфатат дека дури и едноставнитенешта околу нас се поврзани помеѓу себе, а основаза сето тоа е потребата од воздух, вода, почва, растенија,животни и енергија.

4 Можете да ја направите дискусијата поедноставна прекунамалување на бројот на предметите од ранецот или,пак, доколку изберете поинакви примери, како што се:блуза со кратки ракави, работна маса, гума за џвакањеитн. Друга варијанта на оваа активност е да поделитепосебни копии на листот за секој ученик и даорганизирате отворена дискусија во одделението (да се внимава на тоа секој ученикда отвора и да пребарува сам во својот ранец за да се испочитува приватноста).

Дел III: Сî околу нас е поврзано

1 Поделете им ги на учениците работните листови „Дрвјата од шумата“ и опишете имја следнава ситуација: за да се изгради нов пат, мора да се исече една стара шума.

2 Дискутирајте:

• Како ќе се смени животната средина акосе исечат дрвјата?

• Како ќе влијае сечењето на дрвјата врз природата (врз животните, растенијата,водата, температурата, светлината, итн.)? Одговорите се дадени во табелатаподолу.

Учениците треба да се обидат да ги дадат одговорите и да ја пополнат табелатаво работниот лист.

3 Наведете ги учениците на заклучок дека промените во шумата доведуваат до другипромени во природата.

Дел IV: Живи слики (Игра на отворено)

На отворен простор, во училишниот двор или во паркот, замолете ги учениците да застанатна одредено растојание и со затворени очи да се завртат неколку пати околу себе.Пред да ги отворат очите, учениците ги ставаат рацете пред лицето како замислена камера.Кога ќе ги отворат очите, една минута го „фотографираат“ она што го гледаат, обидувајќисе да запомнат колку што можат повеќе елементи, кажувајќи како овие елементисе поврзани меѓу себе (пчелите, пеперутките и цвеќињата, птиците и дрвјата, зградите,автомобилите итн.). Организирајте групни презентации на „фотографиите“ (на виденото).

Фактори Неисечена шума Исечена шума

Светлина Слаба Силна

Температура Пониска Повисока

Влажност Повисока Пониска

Подземни води Течат поблискудо површината Течат подлабоко

Сила на ветерот Ограничена Неограничена

Животни(птици, инсекти, итн.)

Разни животништо живеат само

во шумите

Шумските животнисе преселуваат

Растенија(грмушки и трева) Разни шумски видови Растителниот

свет се менува

Page 15: Зелен пакет - јуниор

Дел V: Игра — Колкав простор ни е доволен?

1 Преку оваа игра учениците ќе научат дека просторот на планетата Земјае ограничен, а во него сите живи организми треба да живеат во рамнотежаи да имаат еднаков пристап до природните богатства. Потребни ви се: 3 хамери,фломастери, дрвени боици, хартиени сликички, макети, исечоци од списанија

2 Учениците се делат во три групи и на секоја група и се даваат по еден хамер,маркери, фломастери, дрвени боици и хартиени или картонски макети (илиисечоци од списанија) на згради, училишта, паркови, фабрики и др.

Хамерот претставува еден град и неговата околина.На сите три хамери со маркер е обележана границатана градот и таа е различна за секоја група. За прватае најголема, речиси до рабовите на хамерот, на вториотпомала, а на третиот хамер прстенот е мал, така штоостанува голем празен простор околу.

Учениците треба сами да го осмислат просторот,да ги постават хартиените макети во просторот,да ги поврзат со улици, да доцртаат предметисо боиците за да ја збогатат сликата.

Кога ќе завршат, по еден претставник од групата ја објаснува сликата и зоштоги избрале тие предмети.

3 Да се развие дискусија со сите ученици за различните творби, но и дасе размисли:• Дали просторот на хамерот бил доволен за да ги сместат сите сликички

и макети?• Дали со поставените објекти се овозможува нормално живеење на човекот,

растенијата и на животните?• Кои сликички им останале бидејќи немало доволно простор на хамерот?• Што доцртале и зошто?• Кои објекти не се прикажани и дали се неопходни?

Целта на играта е да увидат дека сите живи организми треба да опстојуваат воограничен простор и да имаат еднаков пристап до неопходните природни богатства.

Други активности

• Замолете ги учениците да нацртаат слики од своите „фотографии“(од тоа што го виделе) снимени на отворено и да се обидат да најдат поврзаностпомеѓу елементите на нив.

• Замолете неколку доброволци да дојдат пред останатите ученици, да формираатмала група и да дискутираат за дилемата „Ајде да изградиме фабрика“.

• Направете копии од тестот „Предметите наоколу“ и дајте им ги или какоиндивидуална работа на учениците или организирајте отворена ученичкаактивност со однапред договорени знаци — невербални одговори за точнои неточно (на пример, клекнување, ракоплескање).

• Направете копии од работниот лист „Сé околу нас е поврзано“ и објаснетеим на учениците дека секој поим, што всушност претставува и тема во „Јуниорот“,треба да го поврзат со соодветното место на сликата.

11

Поврзаност

Page 16: Зелен пакет - јуниор

12

Поврзаност

ДИЛЕМААјде да изградиме фабрика

Вие сте работодавец. Мора да донесетеодлука дали да изградите нова фабрика.Важно е да размислите за следново:

• Колку пари ќе чинат земјата на којаќе ја градите фабриката и машинитешто ќе ги купите;

• Дали имате на располагање доволнопотребни материјали -природни богатстваи електрична енергија за фабриката;

• Какво ќе биде влијанието на фабриката врзвоздухот, почвата и водата;

• Какво влијание ќе има изградбата нафабриката врз живиот свет во непосредната околина;

• Влијанието и улогата на фабриката врз животот, работата и здравјето на луѓетово блиските градови и села;

• Други фактори.

ТЕСТПредметите наоколу

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Животот на Земјата зависи од положбата на планетатаЗемја спрема Сонцето.

2 Воздухот не влијае врз водата или почвата.

3 Без вода, целиот живот на Земјата би згаснал.

4 Сончевата енергија е важна само за растенијата.

5 Почвата постојано се создава и се уништува.

6 Биосферата е раширена низ целата планета.

7 Деловите на природата меѓусебно се поврзании зависат едни од други.

8 Луѓето, исто така, се дел од големата меѓусебна поврзаностна живата и неживата природа на планетата Земја.

Клуч:1.Точно2.Неточно3.Точно4.Неточно5.Точно6.Точно7.Точно8.Точно

Page 17: Зелен пакет - јуниор

13

Поврзаност

Пари

Отпад

Воздух

Место заживеење

Книги

Облека

Вода

Мобилнителефони

Сонце

Ел.енергија

Храна

РАБОТЕН ЛИСТЖивотот зависи од ...

Авто-мобили

Page 18: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТТајните на мојот ранец

14

Поврзаност

Page 19: Зелен пакет - јуниор

15

Поврзаност

РАБОТЕН ЛИСТДрвјата од шумата

Фактори Шума Прочистување

Светлина

Температура

Влажност

Подземни води

Сила на ветерот

Животни (птици,инсекти и др.)

Растенија(грмушки и трева)

Page 20: Зелен пакет - јуниор

16

РАБОТЕН ЛИСТСé околу нас е поврзано

Поврзаност

Воздух Вода Почва

Енергија Биолошкаразновидност

Природни богатства

Општествен развој

Население

Потрошувачка и отпад Здрав начинна живеење

Page 21: Зелен пакет - јуниор

Воздухот ја обвива Земјата. Воздухот нема боја, ниту мирис, и тоа е причината што честозабораваме дека е тука. Дури и велиме: чашата е празна или нема ништо во ходникот.

Што е воздух? Тоа е комбинација од бројни гасови и малку водна пареа.Од нив најважен е кислородот, кој го дишат сите организми. Постојат некои природнинечистотии во воздухот, како што се прав и вулканска пепел, но и загадувањеод човековите активности. Воздухот служи за дишење, но и за да:

• ја задржува температурата на површината на Земјата, што им овозможува животна живите организми;

• ја одржува климата на Земјата;

• не ги пропушта оние зраци од Сонцето што се штетниза луѓето, растенијата и за животните;

• ги разнесува чадот и штетните гасови ослободеникако последица на природните процеси и човековитеактивности;

• служи како резервоар за различни гасови што се важниза животот;

• игра важна улога во кружењето на водата;

• ги пренесува звуците и

• претставува средина во која се шират различни мирисии вкусови.

Луѓето го користат воздухот во секојдневниот живот. На пример, воздухот се пумпаво гумите, за да бидат надуени, а и разни машини работат на воздух (на пример,машина за кршење бетон). Планинарите и нуркачите користат боци со кислородкога се качуваат на високи планини или нуркаат длабоко под вода.

17

Воздух

Page 22: Зелен пакет - јуниор

18

Воздух

Растенијата и животните зависат од гасовите во воздухот.

• Со помош на гасовите од воздухот, растенијата создаваат храна (шеќери) со којасе хранат сите живи организми.

• При создавањето храна, растенијата испуштаат кислород кој потоа сите живиорганизми го користат за дишење.

Во денешно време, согорувањето на горивото,обработката на отпадот, интензивното земјоделство,сообраќајот и другите човекови активности го загадуваатвоздухот. Загадениот воздух е штетен за човековотоздравје, растенијата, животните и за природнитеживеалишта и, исто така, може да придонесе за промениво климата. Издувните гасови од сообраќајот, на пример,содржат повеќе од 200 видa состојки, повеќето од нивштетни за човековото здравје и за животната средина.

Во зависност од условите, главните загадувачи можеда останат долго време во близина на местото каде

што биле ослободени. Повеќето од поголемите честички се таложат во непосреднаблизина на изворот на загадување. Некои загадувачи може да влијаат не самона непосредната околина туку и подалеку.

Штетните материи во воздухот се загадувачи и, ако ги има многу, може сериознода им наштетат на човековото здравје и на животната средина.

Една од најопасните појави е смогот, кој е составен од водна пареа и штетни гасови,а се создава во градовите со голем сообраќај. Повеќето загадувачи на воздухот се штетниза здравјето на луѓето бидејќи предизвикуваат:

• воспаление на очите и на дишните органи;

• труење;

• алергии и други болести.

Дневна подготовка: Без воздух не можеме

Дел I: Воздухот може да биде… (игра на асоцијации)

На таблата нацртајте неколку балони и започнете ја реченицата: воздухот може да биде...Замолете ги учениците да смислат зборови и да ја надополнат реченицата. Запишетеги одговорите во балоните. Тие можат да вклучат: чист, проѕирен, топол, загаден, итн.

Времетраење 2-3 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Хартија, ножици и пенкала во четири бои(варијанти: табла и креди во четири бои или детски мозаикшто се состои од копчиња или парчиња во разни бои)

Цели Учениците да:

• запаметат кои се основните состојки на воздухот

• ја согледаат важноста на воздухот за Земјата

• разберат дека воздухот треба да биде чист

Методи Игра на асоцијации, демонстрација, дискусија,решавање дилема

Page 23: Зелен пакет - јуниор

Дел II: Што има во воздухот? (демонстрација и дискусија)

1 Започнете го часот прашувајќи ги учениците колку долго може еден човек да живеебез воздух. Неколку доброволци нека вдишат длабоко и нека го задржат воздухот,но не подолго од половина минута. Нека им објаснат на другите ученици какосе чувствувале во текот на обидот.

2 Раскажете им на учениците за улогата и за составот на воздухот, користејќиги информациите од почетокот на ова поглавје.

• Кои загадувачи на воздухот можат да ги наведат учениците? (на пример, чадотод оџаците на фабриките, гасовите од ауспухот на автомобилите, чадот од оган).

• Како би се чувствувале луѓето и другите организми ако воздухот е загаден?Кога учениците се нашле во слична ситуација? Охрабрете ги да ги раскажатсвоите приказни пред другите ученици. Еден пример би можела да биде собаполна со чад од цигари.

• Споредете ги овие приказни со доживувањата и чувствата во односна воздухот во текот на една прошетка во шума, планина или на плажа.Охрабрете ги учениците да ја разработат темата.

3 Наведете ги учениците да сфатат дека целиот жив свет — луѓето, животнитеи растенијата — имаат потреба од чист воздух за добро здравје и квалитетен живот.

Дел III: Важноста на воздухот за Земјата (дискусија)

1 Поставете прашање: зошто воздухот е важен за Земјатаи за живите организми? Напишете ги одговоритена табла. Комплетирајте ги одговорите на учениците,користејќи ги текстовите од воведниот дел.

2 Опишете каква би била Земјата без воздух. Помогнетеим на учениците да сфатат дека без воздух Земјатаби била променета и животот би бил невозможен(би било многу постудено, не би имало воздухза дишење, растенијата не би можеле да создаваатхрана, процесите на согорување би биле невозможни,би имало големи климатски промени, не би имало звуци или мириси итн.).

3 Разделете го работниот лист „Зошто на Земјата í треба воздух“. Учениците некаги напишат одговорите на празните места.

Дел IV: Квалитет на воздухот во затворен простор (дискусија)

Објаснете им на учениците дека многу често вниманието на јавноста е насоченокон чистотата на воздухот на отворено, додека квалитетот на воздухот во затворенпростор се потценува или се занемарува. Научниците тврдат дека понекогаш воздухотво затворен простор може да биде многу позагаден отколку воздухот надвор,дури и во индустриските градови. На пример, и во училницата и во домот има правод мебелот и подните облоги, испарување од средствата за чистење, испарувањеод грејните тела, испуштен јаглероден диоксид од дишењето на луѓето, животнитеи растенијата, испарување од најразлични парфеми и хигиенски средства и друго.

Дел V: Зајакот-фалбаџија

Прочитајте го расказот „Зајакот-фалбаџија“. Поведете дискусија.

• Замолете ги учениците да ги споделат своите впечатоци.

• Наведете ги учениците на заклучок дека со своето негативно однесувањеги уништуваат прекрасните работи што ги опкружуваат и дека не се свесниза штетите што ги нанесуваат.

19

Воздух

Page 24: Зелен пакет - јуниор

20

Воздух

Дел VI: Игра — Воздушно танцување

1 Поделете ги учениците во две групи. Едната група ги претставува растенијата,а другата животните. Секој од учениците нека одбере кое растение или животносака да биде и нека им го каже тоа на другите.

2 Објаснете дека животните и растенијата дишатна различен начин, но сите вдишуваат кислороди издишуваат јаглероден диоксид.

Кажете им на учениците кои избрале животнода се движат меѓу растенијата и да дишат, а тие штоизбрале растение да стојат во место, да дишати од свиена положба полека да се исправаати да демонстрираат растење.

3 Целта е учениците да разберат дека и растенијатадишат, иако тоа не се забележува. Прашајтеги учениците што им е потребно на растенијатаи на животните за да пораснат и за да се движат (воздух, вода, сонце, храна).

Други активности

• Разделете им на учениците копии од тестот „Дали го познаваме воздухот?“ и некаго изработат самостојно.

• Разделете им на учениците копии од работниот лист „Одржување здрав воздухво вашиот дом“ на страница 23. Нека поразговараат со родителите и на следниотчас продискутирајте за нивните согледувања.

• Побарајте неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираатза дилемата „Престапник“ пред другите.

• Замолете ги учениците да ја претстават преку цртежи важноста на воздухоти каква би била Земјата без воздух. Поставете изложба.

• Со учениците одиграјте ја играта „Воздушно танцување“. По играта,поведете дискусија за поврзаноста на живите организми (растенија и животни)во животната средина.

Page 25: Зелен пакет - јуниор

Поголемиот дел од површината на Земјата е покриен со вода, поради што е нареченаСина планета. За жал, поголем дел (97%) од водата на Земјата е солена и не можеда се користи директно од страна на луѓето. Останатите 3% е слатка вода (несолена)и се наоѓа во реките и во езерата, под површината на земјата, во живите организми,во ледниците, на половите и високо во планините. Според истражувањата, од странана луѓето се користи само 1% од целото количество вода на нашата планета.

Карактеристики на водата• Водата е единствената материја што е присутна во

природата во три состојби: цврста, течна и гасовита.

• Чистата вода врие на 100оС и замрзнува на 0оС.

• На поголеми височини, каде што воздушниот притисоке понизок, температурата на вриење на водатае пониска.

• Растворањето на некоја материја во водаја намалува температурата на замрзнување на водата.Ова им е добро познато на луѓето кои, за да го спречатзамрзнувањето во зима, фрлаат сол или додаваат разниматерии во водата за да ги измијат стаклата на автомобилите и прозорците.

• Водата се нарекува општ растворувач. Таа може да раствори повеќе супстанцииотколку кој било растворувач.

• Водата се искачува низ растенијата до нивните врвови.

Значењето на водата за животот• Скоро сите материи стануваат потешки и погусти кога преминуваат од течна состојба

во цврста. Меѓутоа, водата ја зголемува својата зафатнина и станува полесна когасе претвора во мраз. Ова својство е од големо значење за одржување на живототво реките во текот на зимата.

25

Вода

Page 26: Зелен пакет - јуниор

26

Вода

• Дождовните капки при паѓањето низ воздухот гираствораат воздушните гасови. Кога ќе падне наЗемјата, дождот влијае врз квалитетот на почвата,езерата и реките.

• Водата може да складира огромни количестваенергија, која може да ги претвори океаните,морињата и езерата во џиновски резервоарина топлина. Ова особено својство влијае на климатаво областите што се наоѓаат во близина на воднитебасени. Исто така, поради нејзиното својствоза задржување на енергијата, водата насекадесе користи за разладување, но и за пренесување на топлината.

• Луѓето треба да пијат околу два литра вода дневно за да ги одржат функциитена телото.

Водни богатства• Местата каде што се зачувува водата на земјата се нарекуваат водни басени

(резервоари). Слатка (несолена) вода може да се најде во:– реките, езерата, барите (површинска вода);– растенијата, животните и човекот;– под површината на земјата (подземни води).

Влијание на човекот• Водата се користи за наводнување во земјоделството,

како материја за загревање или за ладење воиндустријата, исто како и за секојдневни намени:пиење, лична хигиена, чистење, одмор, добивањеелектрична енергија, итн.

• Постојат различни начини на кои луѓето гиоштетуваат водните резервоари или ја загадуваат водата:– Фрлањето отпадоци во водата го намалува нејзиниот

квалитет.– Земјоделските активности, како што се растурањето отрови, ѓубрива и други

средства, предизвикуваат големо загадување на воздухот и на водата.– Градењето еден мост или менувањето на едно речно корито може да предизвика

промени во текот на реката или на нивото на подземните води.– Вадењето песок и камења од реките ги уништува речните брегови.– Индустриските води што се испуштаат во реките без пречистување на отпадните

води е штетно за растенијата и за животните во водата и влијае врз човековотоздравје.

– Фармите за свињи и живина создаваат многуотпадоци. Испуштањето на овие отпадоци во рекитебез пречистување може да предизвика смрткај растенијата и животните во водата и, секако,влијае врз човековото здравје.

– Истекувањето на нафтени производи ги уништуваживите и неживите елементи во водата.

– Реките често се загадени од канализациските водии од водите што не може да ги впие земјата.

– Многу градови немаат станица за пречистувањена отпадните води. Директното испуштањена отпадните води во реките ги загадува водите.

Page 27: Зелен пакет - јуниор

Дневна подготовка: Неопходност од вода

Дел I: Кружење на водата

1 Донесете чаша вода за пиење. Замолете некого од учениците да се напие и да кажешто мисли, од кога постои водата, колку е стара. Објаснете им на учениците декаводата е стара приближно 4,5 милијарди години (исто колку нашата планета) и е вопостојано кружење помеѓу Земјата и воздухот. Сонцето и ветерот предизвикуваатиспарување на водата од почвата, од лисјата на растенијата, од телата на животнитеи од површината на реките, езерата и океаните. На тој начин водата се претвораво пареа. Под одредени услови, пареата преминува во водни капки и повторно паѓана земјата во форма на дожд или снег, често собирајќи други материи во текотна паѓањето. Дождот и снегот повторно ги полнат реките и езерата. Реките течатво океаните. Дел од дождот протекува низ почвата и станува подземна вода.

2 Разделете го работниот лист „Кружење на водата“ и заедно со ученицитеименувајте ги различните фази на кружење на водата.

Дел II: Водата: единствена компонента на нашата планета

1 Кажете им на учениците за некои уникатни својствана водата и за нејзиното значење за живите организмипреку разговор околу следниве прашања (користетеги информациите од почетокот на ова поглавје):

• Во колку различни состојби може да се најде водата?Дајте примери.

• Зошто се создава мраз на површината на водитево реките и во езерата? Кое е значењето на овасвојство за одржувањето на животот во зима?

• Водата може да раствори многу материи. Дајтепримери.

• Разни материи растворени во вода ја снижуваат температурата на нејзинотозамрзнување. Зошто водата во морињата и во океаните не замрзнува во зимана средна географска широчина? Што е растворено во неа? Дајте другипримери од секојдневниот живот за спречување на замрзнувањето.

• Водата може да складира огромна количина енергија (топлина). Зошто зимитесе поблаги, а летата посвежи во близина на езерото или морето во споредбасо внатрешното копно? Дајте примери од нашата земја.

• Зошто на површината на водата се создаваат бранови?

27

Вода

Времетраење 1-2 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Работниот лист за ученици „Кружење на водата“, табла,чаша вода за пиење, едно тенко стакло, лонче наполнетосо вода, сунѓер, бел цвет, мастило

Цели Учениците да:

• ги прошират знаењата за кружењето на водата во природата

• станат свесни за својствата на водата и за нејзинотозначење за живите организми

Методи Демонстрација, предавање, дискусија, самостојна работа,решавање дилема

Page 28: Зелен пакет - јуниор

28

Вода

• Демонстрирајте го впивањето на водата со соодветно тенко стакло, собирајќија водата со сунѓер или ставајќи корен од растение кое има бело цветче во водаво која има мастило (за втората демонстрација треба повеќе време). Објаснетего значењето на водата за растенијата. Што друго оди нагоре заедно со водата?

2 Објаснете им на учениците дека е водата секаде околу нас. Направете копииод работниот лист „Колку вода има во...“. Замолете ги учениците да ги следатлиниите за да научат колку вода содржи секој од наведените примери.

Дневна подготовка: Водата и луѓето

Дел I: Трагачи по вода

1 Дискутирајте со учениците:Зошто водата е неопходна во секојдневниот живот на луѓето (за лични потреби:пиење, готвење, лична хигиена, чистење, перење, одмор и рекреација на вода итн.;за економски цели: наводнување на посевите,производство на разни стоки и нудење услуги,за сообраќај)? Напишете ги одговорите на табла.Учениците нека ги именуваат разните примериза употреба на водата.

2 Објаснете ја количината вода што му е потребна насекого од нас. За да се направи тоа, прво покажетеим на учениците едно пластично или стакленошише од 2 литри. Тоа ќе им олесни да ја замислатдневната потреба од различни количини вода.Разделете копии од работниот лист „Колку водаима во...“. Откако ќе го завршат, продискутирајтесо учениците за различната количина вода во храната и во живите организми.

Времетраење 3-4 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Шише од 1 литар, тестот „Колку ја познавате водата“,работниот лист „Употреба на водата I“, 2 пластични чаши,долга игла, клинец, целофанска лента, штоперица,работен лист „Извори на загадување на водата“,лист за цртање А4-формат, боички, фломастери

Цели Учениците да:

• сфатат дека во своето секојдневие можат да заштедатмногу вода

• станат свесни дека со мали промени во своите хигиенскинавики можат да заштедат многу вода

• се запознаат со разни извори на загадување на реките

Методи Предавање, дискусија, комплетирање на тестот,индивидуална работа, спонтана дискусија

Page 29: Зелен пакет - јуниор

3 Објаснете дека разумното користење на водата е важно,бидејќи светот се соочува со светска криза во односна водата. Зборувајте во кои случаи водата би можелода се користи поекономично. Замолете ги ученицитеда изразат свои идеи за заштеда на водата во следнивеслучаи:

• миење на храната;

• миење на садовите;

• машинско перење на облеката;

• наводнување на градината;

• миење на автомобилот.

4 Дајте неколку примери, употребувајќи ги информациите од работниот лист„Употреба на водата“. Разделете копии од работниот лист и замолете ги ученицитеда поразговараат со родителите за можните начини како да се заштеди водаво домот.

Дел II: Водата и личната хигиена

1 Објаснете им на учениците дека со некои мали промени во однесувањето илисо разни технички апарати секој може да заштеди вода во своите секојдневнинавики за одржување хигиена. Кажете им на учениците дека вие ќе им го докажететоа со помош на еден пример и еден математички проблем.

2 Демонстрирајте го следниов експеримент:

• Земете две исти хартиени чаши и направете ист број дупки на нивното дно(пет или шест). Употребете голема игла за едната чаша и голем клинец за другата.

• Залепете малку целофанска лента од надворешната страна на дното на чашата.

• Замолете двајца доброволци да ги наполнат чашите со еднаква количина вода.Потоа истовремено извадете ја лентата од нивните дна. Учениците мерат колкувреме е потребно за да истече водата. Повторете го експериментот доколкуима потреба.

• Кажете им на учениците дека тоа претставува едноставен начин да се заштедивода при туширање. Во денешно време маркетите нудат многу различни чешмии тушеви, со различни функции, а некои од нив штедат вода токму на ваковначин. Кажете им на учениците да им дадат „стручен совет“ на своите родителикога ќе одлучат да купат нов туш за бањата.

3 Илустрирајте го следниов математички проблем:

• Прашајте ги учениците колку пати дневно ги мијат забите. Замолете едендоброволец да оди до лавабото и да покаже како го прави тоа (забелешка:во случај да нема вода во училницата, ученикот може да ја објасни постапката).

• Поведете дискусија за можноста да се најде друг,штедлив начин на миење заби. Оној што ги миезабите ја пушта чешмата само кога треба да јаисплакне четката или забите, а ја затвора додекаги четка забите.

• Кажете им на учениците дека прв впечаток е декаовој штедлив начин нема значаен ефектво заштедата на вода. Меѓутоа, во реалноста,ако секој ја применува оваа мала променаво однесувањето, може да има огромен ефект.За да ги убедите оние што се сомневаат, замолетеги учениците да го решат следниов проблем:

29

Вода

Page 30: Зелен пакет - јуниор

30

Вода

Замислете дека секој во вашето семејство ги мие забите додека водата тече целовреме. Откако сте им кажале дека сите можат да заштедат вода, тие се согласуваатда ги сменат своите навики и да ја пуштаат водата да тече само кога ги плакнатчетките и забите. Експериментот ги опфаќа следниве податоци:

• Вашето семејство се состои од 5 члена.

• Секој член на семејството ги мие забите двапати дневно.

• Миењето заби обично трае околу 3 минути, а просечниот проток на водае 2 литра во минута.

• Со методот за заштеда на вода се заштедува 1 литар по лице.

Замолете ги учениците заедно со своите родители да пресметаат:

а) Количината вода што ја користи семејството кога ја пушта водата да течепостојано.

б) Количината вода што ја користи семејството кога го применува методотза заштеда.

в) Количината вода што може да се заштеди за еден ден од страна на семејството.

г) Што би се случило ако сто семејства од вашиот град би го следеле овојпример?

Одговор:

a) 3 x 2 x 2 x 5 = 60 литри дневноОбјаснете им на учениците дека ако се прави тоа една година, резултатотќе биде: 60 х 365 = 21.900 литри

b) 1 x 2 x 5 = 10 литри дневноОбјаснете им на учениците дека ако се прави тоа една година, резултатотќе биде: 10 х 365 = 3.650 литри

c) 60 литри – 50 литри = 10 литри дневноЗаедно пресметајте ја заштедената вода по семејство за една година(18.250 литри). За олеснување, заокружете на цифра од 20.000 литриили 20 кубни метри по семејство.

d) 50 литри х 100 = 5.000 литри дневноЗаедно пресметајте ја заштедената вода од 100 семејства за една година– 1.825.000 литри (1.825 кубни метри) или ако избравте да заокружите– околу 2.000 кубни метри.

Објаснете дека со 2.000 кубни метри вода би можеле да наполните базен големколку олимписки базен (50 м х 20 м х 2 м).

Дел III: Нашата река

Оваа активност може да се изведе со целото одделениеили во групи, ако одделението е големо.

1 Направете доволно копии од работниот лист„Извори на загадување на водата“ така што по сечењетона одделните слики да има по една слика за секојученик. Дајте му слика на секој ученик и замолетего да нацрта цртеж на А4-формат поврзан со изворотна загадување на сликата. Нацртајте река на таблата.

2 Кога сите ќе завршат, кажете им да ги залепат своите цртежи на најсоодветнотоместо на реката нацртана на таблата. Секоја активност различно влијае врз водатаво реката. Дискутирајте со учениците за различните видови и извори на загадувањена водите. Замолете го секој ученик да каже пред одделението на кој начиннеговиот загадувач го намалува квалитетот на водата. Обидете се учениците дасфатат дека сите активности на човекот по должината на реката имаат негативновлијание врз квалитетот на водата.

Page 31: Зелен пакет - јуниор

3 Објаснете дека веќе милиони години живиот светво реките, растенијата и животните се приспособуваатна природните услови за живеење. Кога активноститена човекот ја менуваат животната средина, живиотсвет нема доволно време да се приспособи и набрзоизумира. Потсетете ги учениците дека, заедносо останатите живи организми, луѓето исто така зависатод чистотата на речните води, кои ги користат за пиење,во домаќинствата, во индустријата, на фармите и за спорти рекреација на вода.

4 Замолете ги учениците да дадат предлози за разни активности наменети за заштитана реките. Направете листа на најсоодветни идеи. Посветете внимание на ониешто се тесно поврзани со дневните навики (фрлање отпад или испуштањеканализациска вода во реките, итн.)

Дел IV: Поточето и рипката

Прочитајте ја приказната „Поточето и рипката“на страница 40.

1 Замолете ги учениците да ги споделат своитевпечатоци.

2 Наведете ги учениците на заклучок дека со своетонегативно влијание ги уништуваат прекрасните работишто ги опкружуваат и дека притоа не се свесниза штетите што ги нанесуваат.

Дел V: Игра — Движење на водата

1 Учениците нека ги направат следниве активности за да научат како се движи водатаниз каменчиња, песок и глина.

Во еден сад со отвори на дното ставете ситни камења, во друг песок и во трет глина.За да демонстрирате како се движи водата низ каменчињата и другите видовипочва, налевајте вода во секој од садовите. Набљудувајте и дискутирајтеза резултатите. Кој сад најбрзо ја пропушта водата? Кој најбавно?Како се движи водата низ различните видови почва.

2 Направете ги следниве обиди за да покажете како различни видови почваја пропуштаат водата. Одберете неколку ученици да „станат“ вода.Другите ученици ќе бидат: каменчиња, песок и глина.

• Движење на водата низ каменчињаУчениците „стануваат“ ситни каменчиња допирајќи се меѓусебно со испруженираце. Целта на учениците кои ги претставуваат капките вода е да поминат(протечат) низ учениците кои ги претставуваат ситните камења.

• Движење на водата низ песокУчениците „стануваат“ песок ширејќи ги рацете, свиткувајќи ги лактитеи допирајќи се меѓусебно со лактите. Учениците-капки вода ќе имаат тешкотиипри поминувањето, но сé уште ќе можат да поминат (протечат) низ учениците.

• Движење на водата низ глинаУчениците „стануваат“ глина држејќи ги рацете спуштени до телото и припиениеден до друг. Тие треба да бидат многу блиску еден до друг, правејќи препреказа капките вода. Без да бидат груби, учениците-капки вода треба бавнода го пробијат својот пат низ глината. Можеби нема да можат сите да поминатниз глината.

31

Вода

Page 32: Зелен пакет - јуниор

32

Вода

Други активности

• Разделете им на учениците копии од тестот „Дали ја познавате водата?“ и некаго изработат самостојно.

• Замолете неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираатза дилемата „Капка по капка“ пред другите.

• Дознајте за водните богатства во вашиот град или село и во нашата држава.

• Одбележете го денот за заштита на водата и презентирајте го вашето истражување.Соодветен ден е 22 Март, бидејќи тоа е Светски ден на водата.

• Најдете приказни, песни и гатанки за водата.

• Замолете некој од учениците (3-5 одделение) да го прочита текстот„Поточето и рипката“. За учениците од прво до трето одделение наставникотја чита приказната. Потоа разговарајте за загадувањето на водата и за последицитеод загадувањето врз живите организми.

Page 33: Зелен пакет - јуниор

33

Вода

ДИЛЕМАКапка по капка

Вие сте во посета на другарче и во дворотго гледате неговиот татко со црево во рацетекако се подготвува да го мие семејниотавтомобил. Одлучувате:

• да се понудите да му помогнете;

• да предложите дека со употреба на кофавода и четка за миење на автомобилотби се заштедило многу вода;

• да предложите автомобилот да се однесево салон за миење автомобили;

• да не кажувате ништо, бидејќи стесрамежлив, а мислите и дека тоане е ваша работа;

• да направите нешто друго.

ТЕСТДали ја познаваме водата?

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Помалку од една половина од површината на Земјатае покриена со вода.

2 Водата ја има во две состојби на Земјата.

3 Водата може да зачува огромно количество енергија.

4 Кога различни материи се растворени во вода,температурата на замрзнување на водата се зголемува.

5 Само 3% од водата што ја користат луѓето е за пиење.

6 Разумно е да се користи една иста вода за пиење,за наводнување на градините и за миење на тротоарот.

7 Разумно е да се користи студена вода што течеза да се изладат пијалаците или храната.

8 Главни загадувачи на водата се индустријатаи водниот сообраќај.

9 Без вода, Земјата би била пуста планета.

Клуч:1.Неточно2.Неточно3.Точно4.Неточно5.Точно6.Неточно7.Неточно8.Точно9.Точно

Page 34: Зелен пакет - јуниор

34

Вода

Ниво на подземна вода — Нивото на подземни води е нивотодо кое водата се подигнува во отворен бунар. 8

Подземни води — Подземната вода се задржува во пукнатинитеи во празнините. Таа може да биде искористена преку бунари. 7

Природно пречистување на водата — Врнежите и снеговитешто се топат се движат низ почвата, се пречистуваат од покрупнитечестици и навлегуваат низ пукнатините и порите во почвата.

6

Вода која земјата не може да ја впие — Водата која земјата неможе да ја впие е видливиот водотек во потоците, реките и езерата. 5

Врнежи — Врнежите во форма на дожд, снег и град доаѓаатод облаците. 4

РАБОТЕН ЛИСТКружење на водата

Испарување — Бидејќи сонцето ја загрева водата, таа испаруваи се подигнува во воздухот како невидлива пареа. 1

Транспирација — Водната пареа се испушта и од лисјатана растенијата преку процес наречен транспирација/испарување. 2

Кондензација — Водната пареа се подигнува, се лади и преминуваво капки вода — течност. Кога температурите се пониски, директносе претвора во цврста состојба (мраз, град или снег).

3

Page 35: Зелен пакет - јуниор

35

Вода

РАБОТЕН ЛИСТКолку вода има во?

Page 36: Зелен пакет - јуниор

36

Вода

РАБОТЕН ЛИСТУпотреба на водата

Лична хигиена

• Не оставајтеја водата да течедодека ги миетезабите или додекаги миете рацетеи лицето.

• Размислете што би сакале повеќеда направите: да се искапете(100-200 литри) или да сеистуширате (околу 80 литри).

• Не фрлајте отпадоци во тоалетот.

Чистење

• Пред миењетосадови, исчистетеги остатоцитеод чиниите.

• Не натопувајтеги нечистите чинии под вода штотече — наместо тоа, наполнетего лавабото со вода. Ова заштедува50% од водата што ви е потребна.

• Вклучувајте наполнета машиназа перење облека.

• Претходно потопете ја облеката штое извалкана од земја во посебенлеген со вода и прашок за перење.

• Користете кофа вода во којаима прашок за да го исчиститеавтомобилот, а црево употребетесамо на крајот.

• Мијте ги балконите додека врне.

• Користете метла, наместо црево,за да ги отстраните паднатите лисја.

Наводнување

• Не употребувајтевода за пиењеза наводнувањена градината —користете водаод извор или дождовница собранапретходно.

• Избегнувајте наводнување когае ветровито или топло, тогаш водатанајбрзо испарува.

• Користете прскалка, со чиенаводнување се заштедува големдел од водата.

• Покријте ги наводнетите областисо слама или лисја за да гоограничите испарувањето.

Готвење/пиење

• Ставете затворачна лавабото когаги миете овошјетои зеленчукот.

• Не ладете ја хранатаили пијалаците со вода за пиење.

• Ако сакате постудена водаод чешмата, не чекајте долго времеводата да тече за да се излади,туку подобро чувајте шишесо вода за пиење во фрижидерот.

Page 37: Зелен пакет - јуниор

37

Вода

РАБОТЕН ЛИСТИзвори на загадување на водата

Бродови, моторни чамци и скутери на водаВодните спортови ја загадуваат водата со маслои со нафта.

Ѓубрива и земјоделски заштитни средстваЃубривата и земјоделските заштитни средстваги загадуваат езерата и реките кога водата ја мие земјатаод обработливите ниви.

Животни и фармиОтпадните материи од животните што се чуваатна фарма често завршуваат во водните корита безда бидат пречистени, убивајќи ги растенијатаи животните и штетејќи му на човековото здравје.

Отпадни водиСекоја фабрика, фарма и населено место требада има пречистителна станица за отпадна вода.Само пречистената отпадна вода може да се испуштиво реките, езерата и морињата.

Page 38: Зелен пакет - јуниор

38

Вода

РАБОТЕН ЛИСТИзвори на загадување на водата(продолжува)

Отпад на плажитеКога одите на плажа, задолжително соберетеги отпадоците и фрлете ги во корпа.

Промени на бреговите на рекитеГрадењето мостови и менувањето на бреговитена реките може да ги сменат текот на реките и нивотона подземните води.

Вадење песок и каменВадењето песок и камен од реките ги уништува бреговитена реките и го зголемува загадувањето.

АвтомобилиЛуѓето понекогаш ги мијат своите автомобили веднашдо водното корито.

Page 39: Зелен пакет - јуниор

39

Вода

РАБОТЕН ЛИСТИзвори на загадување на водата(продолжува)

Фрлање отпадоциФрлањето отпадоци во водното корито го намалуваквалитетот на водата и ги уништува водните средини.

ГрадилиштаУпотребата на бои, масла и други материина градилиштата во непосредна близина на водаможе да ги загади водните корита.

РибокрадциНедозволените техники за риболов може да го оштетатквалитетот на водата и да ги уништат водните животнизаедници.

Поројни дождовиРеките често се загадени и од водите кои земјатане може да ги впие, предизвикано од поројни дождови,поплави и други природни катастрофи.

Page 40: Зелен пакет - јуниор

40

Вода

РАБОТЕН ЛИСТПоточето и рипката

Тој ден поточето ја виде рипката како си оди од неговите води, па зачудено ја запраша:

– Рипке, каде си тргнала?

– Одам колку што може подалеку од оваа матна и смрдлива вода.

– А зошто? — се зачуди поточето.

– Па не можам повеќе да најдам мирен дом кај тебе. Нема тревки кадеда се сокријам, ги нема повеќе ниту црвчињата, бубачињата и ракчињатасо кои се хранам... сî повеќе сум гладна. Морам да барам спас, затоа штои воздух ми недостасува во водава.

Поточето се навреди од ваквите зборови на рипката, па со насмевка ја праша:

– А каде ќе одиш?

– Ќе барам друго почисто поточе, таму горе во планината, каде што нема луѓеда ја заматуваат бистрата изворска вода – одговори рипката.

– Но, рипке... — се пожали поточето, станувајќи љубоморно на бистрата изворскавода... — почекај, не напуштај ме, те молам, ќе се обидам да ги исчистам моите води.

– Но, како?

– Една стара добра бабичка ми кажа дека ако поминам преку 40 каменчиња,ќе станам бистро како нејзината солза.

– Ха, но луѓето повторно ќе те загадат — му врати рипката не верувајќи.

– Е па тогаш, ми нема спас. И кога сите извори ќе станат како мене, луѓето ќе морада пијат загадена вода, па сите ќе бидеме во опасност...

Page 41: Зелен пакет - јуниор

Почва е горниот слој на површината на земјата. Таа е населена со разновидни живиорганизми и е во постојан процес на создавање и уништување. Почвата има единственосвојство — плодност.

Создавањето на почвата е долготраен и сложен процес, кој е резултат на постојанотокружење на материите и енергијата помеѓу живите организми (растенија, животнии микроорганизми) и неживата природа (карпи и минерали). Бидејќи овој процесе многу долг, почвата може да се смета за природно богатство што не се обновува.Околу 65% од вкупната површина на копното на Земјата е покриена со почва.Од таа почва, помалку од една третина може директно да се употреби за земјоделскиактивности: пасишта, ливади и обработливи површини.

Следниве фактори влијаат на создавањето на почвата:живите организми (растенијата, животните, активностана луѓето, микроорганизмите), климата, местоположбатаи времето.

Почвата се состои од четири дела:

• Цврст дел — минерали и органски материи;

• Течен дел — вода;

• Гасовит дел — воздух и

• Дел со живи организми — микроорганизми и почвениживотни.

Во горниот слој на почвата има организми, како што се бактерии, печурки,црви и ларви. Организмите — полжави, глувци и црви, претставуваат од 50 до 75%од сите живи организми во обработливата земја. Корењата на растенијата и животнитево почвата ги претвораат органските материи во плодна почва — хумус, кој потоа се мешасо минералните материи. Покрај тоа, црвите ја прават почвата ровка, што е важноза корењата на растенијата.

41

Почва

Page 42: Зелен пакет - јуниор

42

Почва

Почвата извршува повеќе различни функции:

• Таа е основа за производство на храна за растенијата,животните и за луѓето. Исто така, разложувањето намртвите растенија и животни се случува во почвата.

• Ги пречистува подземните води и има улога на природенпречистувач (филтер).

• Служи како живеалиште на растенија и животни.

• Служи за добивање материјали за изградба.

• Служи како обновлив извор на природно гориво (например, слама, тресет, дрвни отпадоци).

• Таа е историска средина што го зачувува вредното историско и културно наследство.

Слојот на почвата е истенчен и на многу места нејзиниот квалитет е влошен.Треба да го спречиме процесот на уништување на почвата, со цел да може да гиизвршува сите свои функции. Најсериозни проблеми и закани за почвата се нејзиноторазнесување со вода, загадувањето, закиселувањето и засолувањето од индустријата.

На околу 75% од сите почви на планетата им е намаленаплодноста поради недоволна влажност и топлина.Еден од највознемирувачките факти е дека, поради лошотоуправување, голем дел од плодното земјиште се губисекоја година, што доведува до претворање на природнитепочви (ливади, шуми и пасишта) во градежно земјиште.Повеќе отколку порано, општеството треба да ги насочисвоите напори кон заштита на почвата и зачувувањена нејзината плодност. Тоа мора да ги намали негативнитеефекти на активностите на човекот врз квалитетотна почвата колку што е можно повеќе.

Заштитата на почвата е многу важна. Таа лесно впива разни штетни материи испуштениод различни извори на загадување во животната средина. Периодот на разложувањена штетните материи во почвата е подолг во споредба со оној во воздухот или во водата.

За разлика од воздухот и од водата, почвата може да биде приватна сопственост,што ја отежнува нејзината заштита, бидејќи тоа зависи од волјата на сопствениците.

Дневна подготовка: Што знаеме за почвата?

Времетраење 2-3 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница, отворен простор

Материјали Табла, фломастери, креда, работни листови за боење,голема стаклена или пластична тегла, крупен песок, песок,лисја, вештачки црви и инсекти (може да се направатод хартија), вода, голема лажица, лупа, почва собранаод различни места, 3-4 лабораториски стакла, нож,хартија што впива или филтер-хартија

Цели Учениците да:

• се запознаат со почвата и со нејзините основни функциии карактеристики

• разберат дека создавањето на почвата трае долго време

Методи Дискусија, експеримент, самостојна работа

Page 43: Зелен пакет - јуниор

Дел I: Што е почва (дискусија)

1 На таблата напишете различни зборови и исказиповрзани со почвата, како што се:

• Горен слој, дел од кората на Земјата;

• Ја покрива целата планета;

• Течна, цврста, жива, плодна;

• Сложена комбинација од жива и нежива природа.

Потоа замолете ги учениците да ги дополнатречениците:

• Почвата настанува...

• Плодноста на почвата...

• Почвата ќе се заштити со...

2 Прашајте ги учениците зошто почвата е толку важна за Земјата и кои се нејзинитеглавни функции за живите организми и за луѓето. Напишете ги одговорите на табла.Помогнете им преку давање дополнителни информации од воведот.

Дел II: Ајде да создадеме почва (експеримент)

1 Објаснете им на учениците дека многу луѓе мислат за почвата какоза нечистотија што треба да се отстрани од чевлите и да се измие од рацете.Прашајте ги учениците што има во почвата. Додајте повеќе информации,користејќи ги податоците од воведот. Објаснете дека не можат да се видатсите составни делови на почвата на прв поглед. Неживите материи, како штосе крупен песок, песок и глина, се измешани со материи од живи организми.Исто така, во неа се измешани вода и воздух. Обрнете внимание на трите фактори(климата, местоположбата и времето) што го одредуваат создавањето на почвата.

Климата игра важна улога во брзината со која се случуваат процесите во почвата.Топлите подрачја се погодни за создавање почва. Местоположбата се однесувана тоа дали почвата е во планина или рамнина и дали областа е стрмна или рамна.Многу е потешко да се спречи спуштање на почвата таму каде што областае стрмна. Затоа луѓето сметаат дека заштитатана почвата во планините е најважна. Истакнете имна учениците дека почвата не може да се создаде самосо просто мешање на нејзините составни делови тукуе потребно и време.

2 За да го докажете последното тврдење, направете јаследнава демонстрација со помош на неколку ученици:

• Ставете малку крупен песок, песок и глина во еднапразна тегла. Измешајте ги добро. Додајте неколкулисја и вештачки црви и инсекти. Протресетеповторно. Додајте малку вода, но не полнете ја теглата до врвот. Објаснете декаво оваа смеса, исто така, има и воздух, кој е неопходен за животните и за корењатана растенијата. Прашајте ги учениците дали мислат дека тоа е вистинска почва.

• Поделете го одделението во групи и замолете ја секоја група да ископаи да донесе две-три раце вистинска почва (оваа задача може да им се зададена неколку доброволци претходниот ден). Замолете ги учениците да ја споредатпочвата што е донесена со онаа од експериментот. Направете го тоа со лупаи без лупа. Дискутирајте за разликите што можат да се видат.

3 Истакнете дека создавањето на почвата е долг процес што трае многу годинии зависи од почетните материјали, живите организми (растенијата, животните,активностите на човекот и микроорганизмите), климата, положбата и одвременските услови. Објаснете дека сите тие услови не можат да се создадатво училница. Наведете ги на заклучок дека почвата треба да се цени и да се штити.

43

Почва

Page 44: Зелен пакет - јуниор

44

Почва

Дел III: Ајде да ја проучиме почвата (експеримент)

Објаснете им на учениците дека почвата има многу својства, но денес вие ќе истражитетри од нив: боја, влажност и густина. За оваа намена ќе треба да се изведе следнаваистражувачка задача:

1 Ставете во исти кутии свежи примероци на почва земена од различни места.Означете ги кутиите и нацртајте табела, како што е покажано подолу:

2 Бојата на почвата зависи од присуството на разни материи и вода.Во поглед на составот, постојат три основни бои:

• Црна — поради присуството на хумус (остатоци од живи организми);

• Кафеава (црвеникава, боја на ’рѓа) — поради присуството на железни состојки и

• Сива (белузлава) — поради присуството на минерални материи.

Односот на различните состојки ја дава нијансата на основната боја.Повлажните почви секогаш изгледаат потемно. Запишете ги резултатитеод истражувањето во првата колона.

3 Влажноста на почвата зависи од присуството на вода во моментот наистражувањето. Таа може да се одреди грубо со помош на хартија што впива.Разгледајте ги следниве степени на влажност:

• Сува почва — кога ја допирате, се рони во прав и не ја навлажнува хартијата;

• Свежа почва — кога ја допирате, таа е студена, но не ја навлажнува хартијата;

• Влажна почва — кога ја држите в рака, се прави грутка и ја навлажнува хартијата;

• Водена почва — кога ја држите в рака, од неа капе вода и е леплива.

Идентификувајте ја влажноста на почвите и пополнете ја втората колонасо резултатите.

4 Густината на почвата може да се одреди со употреба на тап нож.Разгледајте ги следниве степени на густина:

• Многу густа — ножот не може да навлезе во почвата;

• Густа — ножот тешко навлегува во почвата;

• Прилично густа — ножот доста лесно навлегува во почвата;

• Растресита — почвата лесно се рони.

Напишете ги резултатите во третата колона.

Објаснете дека има стотици видови почва во светот и дека нивните имиња честосе поврзани со нивната боја, на пример, црница, црвеница, итн.

Други активности

• Разделете копии од тестот „Што знаеме за почвата?“. Замолете ги ученицитеда го решат како индивидуална задача.

Почва Боја Влажност Густина

Бр. 1 Од училишниот двор

Бр. 2 Од шумата

Бр. 3 Од фарма

Бр. 4 ….

Page 45: Зелен пакет - јуниор

Дневна подготовка: Почвата и луѓето

Дел I: Колку почва има на Земјата? (демонстрација)

1 Започнете ја активноста со потсетување на улогата што ја има почвата во исхранатана растенијата, животните и луѓето и за важноста на нејзината плодност.

2 Прашајте ги учениците дали постои многу плодна почваво светот. Откако ќе ги слушнете нивните мислења,покажете им едно јаболко. Кажете им да замислат декатоа е мал модел на Земјата. Објаснете им дека соследната демонстрација ќе им докажете дека во светотима многу помалку плодна почва отколку што изгледа:

• Пресечете го јаболкото на четири еднакви дела и триод нив тргнете настрана. Објаснете дека тричетвртини од површината на Земјата заземаатморињата и океаните,

• Пресечете го четвртиот дел на две половини и тргнете ја настрана еднатаполовина. Објаснете дека тој дел на Земјата го заземаат пустините,каде што не може да се одгледуваат посеви.

• Пресечете ја преостанатата осмина од јаболкото на четири дела и тргнетенастрана три од нив. Објаснете дека деловите што ги тргнавте настранапретставуваат дел од површината на Земјата што го заземаат карпитеи камењата — овој дел не е плоден.

• Кажете им на учениците дека останатиот дел претставува 1/32 од површинатана Земјата — дел што се смета за плоден. Излупете ја кората од тој дел,објаснувајќи дека тоа е всушност горниот слој — почвата, што ги храни растенијатаи произведува храна за сите животни и луѓе. Истакнете дека градењето патишта,куќи и фабрики на плодна почва ја намалува површината на почвата способнада ги одржи посевите понатаму.

45

Почва

Времетраење 3-4 училишни часа

За експериментот: 10 минути дневно 2-3 седмици,следено со дискусија од 1 час

Годишно време Кое било годишно време

За експериментот: по можност, во текот на потоплиотдел од годината

Место Училница, лабораторија

Материјали Едно јаболко, џебно ноже

За експериментот: пластична кеса, лупа, термометар,лепенки, мали парчиња отпадоци (метал, обвивка од гумаза џвакање, пластична чаша, празна конзерва од пијалак,парче памучна облека, парче стакло, парче хартија, кораод банана), малку почва од градина

Работни листови за боење

Цели Учениците да:

• разберат дека количината почва во светот е ограничена

• разберат што може да се разложи во почвата поприроден пат

Методи Демонстрација, експеримент, дискусија

Page 46: Зелен пакет - јуниор

46

Почва

Дел II: Што ја загадува почвата?

1 Подготовка: организирајте го и изведете го следновоистражување со учениците во текот на две или три недели:

• Наполнете две третини од пластична кеса со почваод градината. Додајте мали парчиња отпадоци(метал, обвивка од гума за џвакање, пластична чаша,празна конзерва од пијалак, парче памучна облека,парче стакло, парче хартија и кора од банана.Измешајте ги добро и ставете вода во смесата. Доброзатворете ја кесата и ставете лепенка на неа со натписза она што сте го додале и датум.

• Ставете ја кесата близу прозорецот, на сонце (ако го изведувате истражувањетово текот на топло годишно време) или близу греење (но, не на него) ако е зима.

• Секој ден во следните две или три недели испитувајте и запишувајтеги вашите набљудувања за температурата, мирисот, надворешниот изгледи видливите промени. Ако почвата во кесата е сува, додајте вода.

2 Дискусија: по две или три недели, замолетеги учениците да ги анализираат променитеи да подготват краток извештај во кој ќе одговоратна следниве прашања:

• Можете ли да видите какви било организмиво смесата?

• Кои промени на температурата ги забележавтево текот на истражувањето?

• Кои отпадоци се промениле, а кои изгледаатисто како порано?

3 Размислете кои отпадоци се разложиле во почвата, а кои останале непроменети.Кои други видови отпадоци, според мислењето на учениците, не би се разложилево почвата?

4 Упатете ги учениците меѓу себе да ги разменат своето искуство и впечатоцитеод загадувањето на почвата со отпадоци, ѓубре и употребата на ѓубрива и хемикалииво земјоделството. Наведете ги да разберат дека зачувувањето на чистотата на почватае од големо значење за нејзините својства и за надворешниот изглед на животнатасредина.

Дел III: Што ја загрозува почвата?(дискусија, бура на идеи)

1 Замолете ги учениците, по наставата, да гинабљудуваат загадувачите на почвата во училишниотдвор и во паркот кога одите на екскурзија. Врз основана претходниот експеримент, нека анализираат колкуе можно отпадот што го гледаат брзо да се изедначисо животната средина. Направете краток извештајза нивните набљудувања и прочитајте некоиод нив пред учениците.

2 Разделете копии од работниот лист „Што ја загрозува почвата?“. Заедно дискутирајтеза главните закани врз почвата (загадувањето, и тоа најмногу од загадена вода,набиеноста под патиштата и зградите, издувните гасови и разнесувањето на почвата)и нивното влијание врз почвата. Забележете дека состојбата на почвата е директноповрзана со другите составни делови на природата — воздух, вода, живи организми.

3 Преку бура на идеи наведете ги учениците да размислат како да се заштити почватаво училишниот двор, во паркот, на фармата и на други познати надворешни области.

Page 47: Зелен пакет - јуниор

Дел IV: Игра — Звукот на семките

1 Замолете ги учениците да донесат семки со различна големина, форма,тежина или цврстина, лименки и пластична кеса. Разговарајте со ученицитеза важноста на почвата во процесот на никнувањето на семето, потребатаод хранливи материи и вода.

За оваа игра изберете семки со различна големина, форма и тежина или цврстина.За помладите ученици користете семки со големи и лесно уочливи разлики,а за постарите користете семки со потешко уочливи разлики. Семките затворетеги во празни лименки од кафе.

Семки за користење (може да се користат во секоја комбинација).

2 Подајте им ги лименките на неколку ученици во групата. Осигурајте се декатие не можат да видат што има во лименката. Објаснете дека секоја лименкае наполнета со различен вид семки. Истовремено, секое дете нека ја протреселименката на различни начини (горе-долу, од една страна на друга, со тркалањеитн.). Кажете им на децата внимателно да го слушаат звукот што го прават семките.

Поделете го одделенитето во мали групи, секоја да има своја лименка со семки.Учениците нека ги погодуваат карактеристиките на семките. Дали се големи?Дали се мали? Тврди? Меки? Тркалезни? Со рабови? Мазни? Дали има многусемки во лименката или само неколку?

3 Покажете им ја на учениците комбинацијата од семки во чистите пластични кеси.Објаснете дека кесите ги содржат истите видови семки како и лименките. Групитеученици нека ги поврзат семките во кесите со звукот што го слушнале од лименката.

4 Учениците нека дискутираат за заклучоците во своите групи. Кога секоја групаќе донесе заклучок, замолете ги групите, една по една, да ја протресат лименкатаи да го кажат својот избор. Останатиот дел од одделението нека покаже далисе согласува со изборот на групата со палците кренати нагоре или спуштенинадолу. Во исто време отворете ги лименките за да ги проверите заклучоците.

5 За крај, разговарајте со учениците за важноста на почвата во процесот на создавањена семките, нивното никнување, потребата од хранливи материи и вода во почватаза да можат семињата да никнат.

Други активности

• Замолете неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираатза дилемата „Градината во есен“.

• Замолете некој од учениците (3-5 одделение) да ја прочита приказната„Приказна за почвата“. За учениците од прво до трето одделение приказнатаја чита учителот. Потоа разговарајте за заемното помагање и дружење.

• Проучувајте различни почви во вашиот град или село.

47

Почва

Големи Средни Мали

Орев со лушпа Пченка Семе од трева

Бадем со лушпа Грашок Мелено кафе

Лешник со лушпа Цели семки од кафе Овесни снегулки

Page 48: Зелен пакет - јуниор

48

Почва

ДИЛЕМАГрадината во есен

Еден ден доаѓате дома и го наоѓате целотосемејство во дворот како собира и фрла лисјашто паднале од дрвјата. Вие одлучувате:

• да помогнете при фрлањето на лисјата;

• да предложите да се ископа дупкаи да се закопаат лисјата, при што тиеќе скапат и на тој начин ќе ја направатвашата градина поплодна;

• да потврдите дека палењето на лисјатае добра идеја;

• да не правите ништо и да одите да гледатетелевизија;

• нешто друго.

ТЕСТШто знаеме за почвата?

Во речениците подолу има парови изрази што се затемнети. Прецртајте го онојза кој мислите дека е погрешен за да направите точна реченица.

1 Почвата ја покрива/не ја покрива целата површина на Земјата.

2 Најважно својство на почвата е нејзината густина/плодност.

3 Живите организми не учествуваат/учествуваат активно во создавањетона почвата.

4 Поради својот состав, почвата задржува/не задржува многу загадувачи.

5 Активностите на човекот имаат поволно/неповолно влијание врз состојбатана почвата во денешно време.

6 Палењето на стрништата по жнеење е добро/не е добро за почвата.

7 Употребата на хемикалии против штетниците ја загадува/не ја загадува почвата.

8 Состојбата на почвата зависи/не зависи од состојбата на другите елементиво природата — воздух, вода и живи организми.

Одговори:1.нејапокрива2.плодност3.учествува4.задржува5.неповолно6.неедобро7.јазагадува8.зависи

Page 49: Зелен пакет - јуниор

49

Почва

РАБОТЕН ЛИСТШто ја загрозува почвата?

Разнесување на почвата — Горниот плоден слој на почвата е добар заземјоделството, обезбедува пасишта за животните и задржува хранливи материи зарастенијата. Кога дрвјата, грмушките и тревата ќе се отстранат, почвата е незаштитенаи започнува разнесување на почвата. Тоа е процес што го предизвикуваат водатаи ветерот. Разнесувањето на почвата може да е последица на различни активности начовекот со кои почвата се изложува на вода и ветер. Земјоделските активности, какошто се орање стрмнини, отстранување на плодниот слој на почвата, зголемување набројот на животни што пасат, придонесуваат за сî поголемо разнесување на почвата.

Закиселување — Во зависност каде се наоѓа, почвата може да содржи различниколичини киселина. Растенијата што растат таму се приспособени на тие количини,па промената на закиселувањето на почвата може да им наштети. Активностите начовекот често ја зголемуваат киселоста на почвата.

Загадување — Во повеќето случаи почвата е загадена со метали и со други отровниматерии, нафта и катран, експлозиви и отровни гасови, гориво и други штетниматерии. Овие материи најчесто доаѓаат од индустрискиот и комуналниот отпад.

Набиеност (компактност) — Почвата е набиена како последица на постојаниотпритисок од тешките машини или од тешки предмети и материјали на влажнитепочви.

Соленост — Почвата станува презаситена со соли поради преголемата употребана минерални ѓубрива. Овој процес е неповолен за живите организми во почватаи за квалитетот на земјоделското производство.

Page 50: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТПриказна за почвата

Беше топол августовски сончев ден. Мравката Мими и штурчето Ставре црцореа подсенката на големиот даб. Тие зборуваа дека наближува зимата, па треба да обезбедатхрана за своите деца.

Наредниот ден дојде едно семејство на излет под дебелата сенка на дабот.Мими и Ставре веднаш помислија дека може да искористат нешто од нивнатахрана. Кога семејството си отиде, на местото каде што седеше имаше трошки.Мравката и штурчето ги зедоа трошките и ги однесоа во своите домови.Но, кога ја внесоа храната, преостана многу мал простор во домот. Тогаш Мимисе досети дека може да го викнат кртот Ровко за да им помогне да ископаатпоголем дом. Ровко со задоволство се согласи, бидејќи многу сакашеда им помага на своите пријатели. Тој е многу добар копач. Работата брзосе заврши и тие сега имаа повеќе место во домот. Следниот ден заврна дожд.Од дождот навлезе малку вода во домот, па сега имаа и што да пијат.

Есента полека доаѓаше. Знаејќи дека доаѓа зима, ластовичките тргнаа кон југ.Тие понесоа разни семиња со себе, мислејќи дека се добра храна за по пат.Прелетувајќи над домовите на Мими и Ставре, од небото паднаа неколку семиња.

Од лисјата што ги внесоа штурчето и мравката во своите домови почвата станапоплодна, а пак од семињата што ги донесоа ластовичките следната пролет никнааразнобојни цвеќиња. Ова лето, Мими и Ставре уште повеќе уживаа под сенкатана стариот даб, овој пат вдишувајќи го опојниот мирис на новите цвеќенца.

50

Почва

Page 51: Зелен пакет - јуниор

Енергијата е неопходна за сите активности на човекот. Со неа се загреваат домовите,се движат автомобилите, се обработува земјата и машините работат. Забрзанотоискористување на светските енергетски извори во текот на последните неколку векапредизвикува невиден пораст на животниот стандард. Во денешно време луѓето се толкузависни од употребата на енергија што тешко би можеле да го замислат животот без неа.

Сончевата енергија е извор на сите видови енергија во светот и таа го овозможуваживотот. Дел од сончевата енергија се враќа во вселената. Преостанатиот делод светлината останува во Земјината атмосфера, што се должи на гасовитево воздухот. Овие гасови се како ќебе што ја покрива Земјата и играат природна улогаво одржувањето на топлината на Земјата.

Сончевата светлина е важна во процесот на создавање храна кај растенијата.Таа е многу важна за опстанокот на растенијата и на животните. Областите со поволнасветлина и топлина обично се истакнуваат со голема разновидност на растенијаи на животни, а животот на човекот е многу полесен.Денес луѓето користат разни видови извори на енергија:

• необновливи извори (јаглен, нафта, природен гас);

• обновливи извори (сонце, вода, ветер, природно топлавода, итн.)

Користењето енергија од необновливи изворипредизвикува сериозни, негативни влијанија врз животнатасредина. Горењето на цврстото и на течното горивое придружено со ослободување отровни гасови, прав,чад и други загадувачи. Копањето руда во отворени јамидоведува до промени и уништување на природнатаоколина. Големите еколошки проблеми, како што се отровните дождови и климатскитепромени, се проучуваат со децении и стануваат подобро разбрани од страна на луѓето.Овие негативни појави во голема мера се предизвикани од процесот на користењеенергија од необновливи извори.

51

Енергија

Page 52: Зелен пакет - јуниор

52

Енергија

Енергија може да се произведе со „почисти“ техники, со употреба на обновливитеизвори на енергија — сонцето, водата, ветерот.

Енергијата треба да се користи колку што може поефикасно во секојдневниот живот,во индустриското производство и во изведувањето разни активности.

Дневна подготовка: За сî е потребно сонце

Дел I: За сî е потребно сонце

1 Прашајте ги учениците што мислат — каква е улогатана сонцето во опстанокот на растенијата, животнитеи на луѓето. Најдете примери од секојдневниот животшто ги покажуваат потребата и желбата на живитеорганизми за сончева светлина (на пример,сончогледот се врти кон сонцето; мачките сакаат да сегреат на сонце; луѓето се сончаат кога времето е убаво).

2 Сонцето е ѕвезда. Земјата прима топлина и светлинаод него. При стигнувањето на Земјата, сончеватасветлина се претвора во различни видови енергија, која потоа се употребувана многу различни начини. Објаснете ги вашите примери, користејќиги информациите од воведниот дел.

3 Поделете го одделението во групи по шест или седум ученици. Замолете ја секојагрупа да избере различен предмет од училницата (на пример, предмети направениод дрво, стакло, метал, хартија, пластика, кожа или керамика). Објаснете деказа да се произведе секој од тие предмети, потребна е енергија. Секој организамрасте и се движи. Извор на сите форми на енергија е сонцето. Замолете ги ситегрупи 10-15 минути да дискутираат за идеи околу улогата што ја има сончеватаенергија во процесот на производство на разните предмети.

Пример: Една дрвена маса е направена од дрво и метал. На крајот е обоена

• Дрво: Прво, дрвото треба да порасне, што е можно само со сончева светлина.За сечењето, превозот и обработката на дрвото е потребна енергија. Овааенергија обично се добива од природните горива.

• Метали: Ископувањето, превозот, производството иобработката на метали се можни само со употребана различни машини што работат на енергија.

• Боите обично се добиваат од нафтените продуктии нивното производство бара електрична енергија.

• Горивата (јаглен, нафта и природен гас) се добиваатод внатрешноста на земјата. Тие се создале предмилиони години од закопаните прастари растенијаи животни.

Времетраење 1-2 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Различни предмети во училницата, работни листови

Цели • Учениците да разберат дека сонцето е главен изворна енергија на Земјата

Методи Дискусија, групна работа, дискусија

Page 53: Зелен пакет - јуниор

• Електричната енергија најчесто се добива преку согорување гориво или прекуупотреба на енергијата на водата во хидроцентралите.

• Други извори на енергија се: ветерниците, кои ја користат енергијата на ветерот,или сончевите плочи (панели), кои ја користат енергијата од сонцето.

• Испораката на дрвената маса до училиштето е со превозно средство што користигориво.

• Луѓето кои учествуваат во сите фази на производството и превозот на масатадо училиштето добиваат енергија од храната.

• Основата на сите синџири на исхрана се растенијата, кои ја примаат енергијатаод сонцето за да создадат храна.

4 Замолете еден од учениците од секоја група да ги презентира резултатитеод дискусијата пред одделението.

Дел II: Форми на енергија

1 Разделете копии од работниот лист „Форми на енергија“. Прво погледнетеја првата половина на работниот лист, на која е прикажан обичен сендвич.

2 Дискутирајте за состојките на сендвичот. Обидете се да го следите процесот напроизводство на секоја состојка и енергијата употребена во тие процеси. Помогнетеим на учениците, ако е потребно, со следниве дополнителни информации:

• Состојките на сендвичот се леб, сирење и домат.

• Житарките растат во полиња каде што работатасе врши со машини што трошат енергија.

• Правењето на лебот од житарките опфаќанеколку постапки и секоја од нив бара енергија,особено загревање.

• Сирењето се прави од млеко од домашнитеживотни (крави, овци, кози) со помош на машиништо работат на енергија.

• Доматите растат и созреваат благодарениена сонцето. Но, нивното собирање и превозотсе вршат со помош на машини што согоруваат горива.

• Луѓето прават сендвичи со енергијата што ги движи нивните мускули,а тие нивните раце.

3 Обрнете внимание на втората половина од работниот лист „Форми на енергија“.Погледнете ги различните лица и прашајте ги учениците да објаснат што прават тие.

4 Дискутирајте заедно за следниве прашања:

• Што се случува со енергијата содржана во дрвото за огрев?(енергијата што ја има во дрвото, кога гори, се видоизменува во топлина)

• Каков вид енергија користат гитаристот и тапанарот и во што се менува таа?(механичката енергија ги придвижува рацете и се менува во звук)

• Како фенерот дава светлина? (преку претворање на енергијата содржанаво течното гориво во светлина)

• Како се готви храната? (преку претворање на енергијата од гасот во топлина)

• Како детето го наоѓа патот во темнина? (со светилка - енергијата од батериитесе претвора во светлина)

• Како мотоциклистот го пали својот мотоцикл? (преку согорување на нафтатаво движење на моторот)

5 Обидете се да се сетите на некој предмет на кој не му треба енергија.

53

Енергија

Page 54: Зелен пакет - јуниор

54

Енергија

Дневна подготовка: Како да се зачува енергијата

Дел I: Лесно е да се зачува енергија

1 Започнете го часот со исклучување и вклучувањена светлото неколку пати. Прашајте ги ученицитедали мислат дека оваа активност на некој начинвлијае на животната средина.

2 Објаснете дека производството и потрошувачкатана електрична енергија доведува до поголемозагадување. Согорувањето на цврстите и на течнитегорива е придружено со ослободување штетни гасови,прав, чад и други загадувачи. Моторите што согоруваатнафта или бензин ослободуваат издувни гасови. Замолете ги учениците да дадатпримери на загадување што го виделе, а било предизвикано од производствоили употреба на енергија (чадот од оџаците на електричните централи,гасот од ауспусите на автомобилите, чадот од каминот или печката дома).

3 Вратете се на примерот со вклучувањето и исклучувањето на светлото во училницатаи објаснете дека од 15 до 20 проценти од произведената енергија во државата секористи за осветлување. Ако секое семејство исклучи една светилка дома во траењеод еден час, тоа би довело до значителна заштеда на енергија. За возврат, тоа бизначело помала загаденост на животната средина и повеќе пари во семејниот буџет.

4 Разделете копии од тестот „Што знаеме за енергијата“. Откако ученицитеќе го изработат, дајте им ги одговорите и дискутирајте за нив. Истакнете декапроизводството и употребата на енергија имаат сериозно влијание врз животнатасредина. Секој може да помогне со поекономично користење на енергијата.

5 Поделете го одделението во четири работни групии на секоја група дајте í различна верзија на работниотлист „Како да заштедиме енергија“. Дајте им доволновреме на учениците да продискутираат за посебнитеинформации од работните листови за тоа какоби можела да се намали потрошувачката на струјата.Потоа еден претставник на секоја група им кажувана останатите ученици во одделението кои едноставнипромени во дневните навики ги предлагаат тиеза да се заштеди енергија. Изберете интересен начинна презентација на информациите, како штосе раскажување приказни, демонстрирање, пантомима, интервју, рекламирање, итн.

Времетраење 2 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Работните листови „Зачувување на енергијата“,тестот „Што знаеме за енергијата“

Цели • Учениците да ги именуваат разните форми на енергија

Методи Споделување искуства, дискусија

Page 55: Зелен пакет - јуниор

Дел II: Игра — Запознајте го Сонцето

Потребен материјал — домат, гранка од дрво, диносаурус-играчка и автомобил-играчка.Направете маска на сонце, така што во средината ќе има отвор за лицето. Оваа маскатреба да стои околу лицето без да се држи.

• Сонцето: Здраво, момчиња и девојчиња! Јас сум Сонце.Не сакам да се фалам, но јас сум најважниот изворна енергија. Ве топлам и ви давам светлина. Јас можамда бидам искористено за да ви ја затоплам куќатаи да ви ја загреам водата. Мора да се согласите декасум навистина корисно!

• Доматот: Растенијата не јадат како луѓето. Наместо тоа,тие користат сончева светлина за да имаат енергија зарастење и да останат живи. Ако нема растенија, што ќејадат животните и луѓето? Јас сум ви многу потребен!

• Гранката: Како што растам, во себе ја складирам сончеватаенергија. Кога ќе ме запалат, ја ослободувам сончевата енергија во вид на топлинаи светлина.

• Автомобилот: Кога ние, автомобилите, го согоруваме бензинот, всушност, користимемногу стара сончева енергија за да можеме да се движиме.

Други активности

• Замолете неколку доброволци да формираат мала група и да дискутираат преддругите за дилемата „Потопол дом“.

• Замолете ги учениците да смислат план за штедење на енергијата дома, за што требада разговараат со своите родители. Побарајте повратна информација од разговорот.

• Направете план за заштеда на енергијата во училницата и сторете сî за да го следите.

• Замолете некого од учениците (3-5 одделение) да ја прочита приказната„За електричната енергија“. За учениците од прво до трето одделение наставникотја чита приказната. Потоа разговарајте за разумното користење на електричнатаенергија. Секое од децата да каже како се однесува во домот кога ја употребуваелектричната енергија.

55

Енергија

Page 56: Зелен пакет - јуниор

56

Енергија

ДИЛЕМАПотопол дом

Вашето семејство се сели во нов дом што сîуште не е завршен и треба да се опреми. Еднаод вашите први задачи е да се погрижитеза затоплувањето и за удобноста. Кое одследниве решенија би било најважно за вас:

• Затоплување со употреба на електричниапарати;

• Затоплување со јаглен и дрво;

• Изнаоѓање начини да го употребитеприродниот гас;

• Подобрување на изолацијата нанадворешните ѕидови и прозорци;

• Поставување сончеви плочи на покривот;

• Обезбедување апарати со минимум потрошувачка на електрична енергија;

• Друго.

ТЕСТШто знаеме за енергијата

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Сончевата енергија е извор на сите други извори на енергија.

2 Најголем загадувач на животната средина е цврстото гориво.

3 Никогаш нема да ни снема јаглен.

4Согорувањето на јагленот ја загадува животната срединаповеќе од природниот гас.

5 Употребата на обновливи извори на енергија ги забрзуванегативните промени на климата.

6 Домаќинствата и семејствата можат да заштедат енергијана едноставни и лесни начини.

7 Подобрувањето на изолацијата во домот штеди енергија.

8 Сончевите батерии и сончевите плочи би биле кориснисамо во далечна иднина.

9 Не треба да ставаме топла храна во ладилникот.

Одговори:1.Точно2.Точно3.Неточно4.Точно5.Неточно6.Точно7.Точно8.Неточно9.Точно

Page 57: Зелен пакет - јуниор

57

Енергија

РАБОТЕН ЛИСТФорми на енергија

Page 58: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТКако да заштедиме енергија дома

58

Енергија

Пополнете ги празнините на прозорските рамки.

Подобрете ја топлинската изолација на подот.

Новите згради во областите со студена клима треба да имаатголеми прозорци што гледаат на југ за да добијат многу светлинаи топлина од сонцето во текот на зимата.

Поставете топлинска изолација на надворешната странана ѕидовите на вашата куќа/стан.

РАБОТЕН ЛИСТКако да заштедиме енергијадодека загреваме

Користете автоматски терморегулатори што се постојано зацврстенина апаратите, тие одржуваат постојана температура.

Заменете ги старите грејни тела (не мора да ги замените ситеодеднаш) со понови и поекономични модели.

Поставете ги грејните тела (радијатори, печки) под прозорците,така што ќе можат да го загреваат воздухот додека влегува внатре.

Page 59: Зелен пакет - јуниор

59

Енергија

РАБОТЕН ЛИСТКако да заштедиме енергијадодека готвиме и ладиме

Кога се готви во рерна, целата нејзина зафатнина требада се користи, а кога е можно, гответе неколку јадењаедноподруго за да го избегнете повторното загревање.

Користете експрес-лонци, кои штедат енергија и време.

Користете садови чиј дијаметар на дното е еднаков или поголемод дијаметарот на ринглата.

Садовите во кои готвите треба да имаат рамни и дебели дна.

Одмрзнувајте го ладилникот редовно.

Добро затворената врата на рерната додека готвите заштедуваенергија.

Не ставајте топла храна или садови во ладилникот.

Page 60: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТКако да заштедиме енергијадодека пегламе, чистиме и переме

60

Енергија

Дополнете ја машината за перење пред да ја вклучите.Секогаш избирајте најсоодветна програма.

Редовно празнете ја кесата за прав од правосмукалката.

Заменете ги скинатите црева на правосмукалката.

Користете пегли на пареа.

Page 61: Зелен пакет - јуниор

61

Енергија

РАБОТЕН ЛИСТКако да заштедиме енергијапри осветлување на домот

Садете дрвја најмалку 5 метри подалеку од ѕидовите на домот.

Секогаш одржувајте ги прозорците чисти.

Исклучете ги светилките кога не ви се потребни. Ставете тајмериили сензори за движење за да ги контролирате надворешнитесветилки, така што тие ќе се исклучат кога не ви се потребни.

Заменете ги старите светилки со штедливи светилки.Тие се многу издржливи (траат до седум години). Замената на обична75-ватна светилка со 20-ватна штедлива светилка за 10 часа работадневно ќе ги надомести вложените пари за помалку од една година.

Не оставајте ги електричните апарати во состојба на готовност.Апаратите во ваква состојба користат електрична енергија целовреме, дури и кога се исклучени.

Обојте ги ѕидовите во светли бои.

Page 62: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТЗа електричната енергија

Тоа беше многу студена зима. Браќата Игор и Кире останаа сами дома, а нивнитеродители отидоа на викенд.

Игор го вклучи компјутерот, а Кире отиде кај телевизорот и го вклучи ДВД-плееротза да гледа филм. Игор изигра неколку пати и кога му здодеа, му се придружина својот брат, но не го исклучи компјутерот. Се стемни и децата ги вклучијасветилките во дневната соба, во кујната, па во детската соба..., но ништоне исклучија. Им пристуде, па Кире ја вклучи и греалката на струја.Доцна во ноќта децата си легнаа да спијат.

Целата куќа светеше. Светилките светеа во сите соби и во ходникот, а и телевизорот,компјутерот и греалката беа вклучени. Тоа се повторуваше и следните три дена.

Но, Кире и Игор не беа единствени, сите во населбата се однесуваа на истиотначин. Одеднаш нешто пукна и снема струја. Ништо во куќата не работеше.Децата се исплашија и отидоа кај соседите. Но, и кај нив беше исто.Им кажаа дека се случил голем дефект и дека целата населба нема струја.Чекаа неколку часа за да се поправи дефектот.

Родителите на Игор и Кире се вратија следниот ден и дознаа што се случило.По неколку дена пристигна и месечната сметка за струја.

Родителите беа непријатно изненадени. Сметката за струја беше превисока.

62

Енергија

Page 63: Зелен пакет - јуниор

Живите организми на Земјата се групираат во видови. Видот го сочинуваат групаорганизми што се слични по изгледот, начинот на живеење и однесувањето.До крајот на 20 век, научниците откриле само мал дел од сите видови организми —околу 1,5 милион видови. Според пресметките на некои научници, постојат од четиридо пет милиони други видови кои сî уште се неоткриени и неопишани.

Луѓето ја споделуваат планетата со неколку милиони видови растенија, животни имикроорганизми, кои заедно се нарекуваат биолошка разновидност или биодиверзитет.

Биолошката разновидност е најважно природно богатство и се состои од три компоненти:

• Генетичка разновидност. Сите видови на Земјата наследуваат генетички пораки,според кои се приспособуваат на условите во животната средина. Во иднина,луѓето можеби ќе имаат можност да обноват некои изумрени видови ако располагаатсо нивни генетички материјал.

• Разновидност на видовите. Различните услови во животната средина ја условуваатголемата разновидност на формите. Новите видови се создавале во тек на милионигодини, а оние што не успеале да се приспособат на условите што се менувале,изумреле. Секој растителен и животински вид има сопствена животна срединаод која ги добива сите неопходни услови за живеење: воздух, храна, вода,животен простор и засолниште. Кога живеалиштето на еден организам ќе се смени,тој се приспособува, се сели или изумира.

• Разновидност на екосистемите. Екосистемот претставува спој меѓу сите биозаедниции нивниот животен простор. Екосистеми се шумите, пустините, полињата, реките,морињата и океаните. Жителите на еден екосистем си влијаат меѓусебно, но сивлијаат и со неживата животна средина. Екосистемите опстануваат поради големиотброј видови. Секој вид добива материи, енергија и информации од живеалиштето.

Поимот биолошка разновидност обично се однесува на разновидноста на видовите,но не треба да бидат заборавени и другите две негови компоненти — генетичкатаразновидност и разновидноста на екосистемите. Најбогати држави со видови се Бразил(амазонскиот слив), Индонезија, САД, Русија (Сибир), Индија и Кина.

63

Биолошка разновидност

Page 64: Зелен пакет - јуниор

64

Биолошка разновидност

Заштитата на биолошката разновидност е многуважен услов за стабилноста на природните системи,бидејќи само тогаш тие ќе можат да се обноват и да серазвијат. Заштитата на биолошката разновидност е важна за:

• Природните системи (видовите), кои имаат способностсами да се одржуваат, да се заштитуваат и да се развиваат.Секој организам во текот на својот живот се исхрануваи создава органски материи (расте). Тие учествуваатво сите процеси во природата. Водните организмија чистат водата, грабливците обезбедуваат природнаконтрола на штетниците, а инсектите се главни опрашувачи на растителниот свет.

• Луѓето од природата користат различни материи: храна, дрво, ткаенини, различнисуровини, хемикалии и лекови, за да го одржуваат здравјето и да ги задоволуваатсвоите потреби.

Во природата, исчезнувањето на видовите е природен процес. Испитувањатана фосилите покажуваат дека во тек на милиони години изумирале веројатно од едендо три вида годишно. Современите процени покажуваат дека денес неколку илјадивидови животни и растенија изумираат секоја година, што е причина за сериозназагриженост. Три четвртини од сите познати видови птици и една четвртина од ситепознати видови цицачи денес се смета дека се во опасност од исчезнување.

Најсериозни причини за забрзаното исчезнување на видовите се: загадувањетокако последица на економскиот развој, зголемената употреба на плодна почва,развојот на транспортот и ширењето на градовите. Невнимателното однесувањена човекот веднаш и директно влијае на намалувањето на биолошката разновидностпреку уништување на самите видови животни и растенија или индиректно — прекууништување на нивните живеалишта.

Дневна подготовка: Растенијата и животните околу нас

Дел I: Биолошка разновидност

1 Претходно на хамер или на табла нацртајте: шума со неколку дрвја,ливада со трева и грмушки, воден слив со реки или езеро и куќа со двор.

2 Разделете го работниот лист „Кога би бил....“ и замолете ги ученицитеда го пополнат следново:

Кога би бил растение, би бил ...................................., затоа што ....................................

Кога би бил животно, би бил ...................................., затоа што ....................................

Секој ученик би требало да избере едно водно или копнено животно и растение.Потоа нека го пополнат работниот лист „Мојот избор“ и нека ја објаснат важностана избраното животно или растение.

Времетраење 3-4 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница, отворен простор

Материјали Табла, цртеж на кој се означени неколку живеалишта,креди во боја или боички, работни листови

Цели Учениците да:

• ги разберат значењето и важноста на биолошкатаразновидност и нејзината улога за луѓето и за природата

• ги разберат поимите животна заедница и синџирна исхрана

Методи Асоцијација, дискусија, игра на отворено

Page 65: Зелен пакет - јуниор

3 Покажете ги цртежите објаснувајќи дека тоа се различни живеалишта. Секој учениккажува кое растение или животно го избрал. Секој ученик нека го стави својот работенлист на цртежот на соодветното живеалиште. Прашајте ги учениците дали знаат другирастенија или животни што живеат во овие живеалишта и додајте ги на цртежите.

4 За учениците од повисоките одделенија: замолете четворица доброволци да гипрезентираат информациите од работниот лист „Значењето на живите организми“.Дискутирајте со учениците дали може да се најдат растенија, животни, бактериии печурки во четирите споменати живеалишта. Додајте ги имињата на четиритегрупи организми, ако тие не се веќе опфатени.

5 Дискутирајте со учениците што им е потребно на овие растенија и животниза да опстанат (воздух, вода, светлина, храна, топлина, простор, засолниште).Напишете ги предлозите на табла или на хартија. Изведете заклучок декаживеалиштата се променливи.

6 На учениците дајте им повеќе информации за биолошката разновидности за важноста на нејзината заштита. Информациите во воведот можатда се искористат за оваа намена.

Дел II: Зошто растенијата и животните се важни?

1 Замолете ги учениците да размислат за растенијата и за животните што ги избрааво претходната активност и да го пополнат работниот лист „Мојот избор“.

2 Потоа учениците нека разгледаат наоколу и нека препознаат предмети штопотекнуваат од растенија или од животни (моливи, хартија, мебел, облека)и замолете ги да размислат што појадувале или ручале. Прашајте ги кои растенијаили животни ги чуваат дома, зошто и каде одат нивните семејства на одморили за викенд. Сумирајте ги резултатите.

3 Дискутирајте околу прашањето: дали постојат штетни растенија и животниво природата? Заклучокот е дека секој организам е важен во природата и декатие не се групираат како корисни и штетни.

Дел III: Моето растение е...

1 Изнесете ги учениците надвор, во училишниот дворили во паркот, и замолете ги да појдат во потрагапо растенија — секое дете треба да го побара растениетошто го сака најмногу. Без да го скине, ученикот треба даго разгледа внимателно, да го допре и да го помирисаи потоа да каже пред групата за него преку опишувањена следниве работи, без да го каже неговото име:

• Моето растение живее во ...............................................................

• Моето растение е ...............................................................(некоја особена карактеристика — висина, цвет, плод, мирис, кора итн.)Ученикот треба да наброи колку што може повеќе особини.

• Моето растение е важно, бидејќи ...............................................................(прави сенка, убаво е, може да се јаде итн.)

2 Останатите ученици погодуваат кое е тоа растение според описот. Ако им е тешкотоа, можат да поставуваат да/не прашања.

Дел IV: Синџири на исхрана

1 Животна заедница е заедница на организми што си влијаат меѓусебно,но и со животната средина. Животните заедници се променливи и во нив хранатаи енергијата се во постојано кружење меѓу живите организми и неживата природа.Примери за вообичаени животни заедници се шумите, реките, езерата, морињата,ливадите, фармите и градовите.

65

Биолошка разновидност

Page 66: Зелен пакет - јуниор

66

Биолошка разновидност

2 Растенијата се нарекуваат произведувачи (трева, грмушка, дрво, плод),бидејќи произведуваат (создаваат) храна од минералните материи и сончеватаенергија во лисјата. Хранливите материи остануваат во растенијата сî додекане ги изедат животните или додека тие не умрат и не се разградат.

3 Животинските организми што се хранат со растенија и со други животни сенарекуваат потрошувачи (зајак, верверичка, инсекти, срна, крава, овца, коза, коњ).Исто така, животните што се хранат со растенија помагаат во кружното движењена енергијата и на хранливите материи. Бактериите и печурките, кои имаат улогана разградувачи, ги разградуваат мртвите организми и со тоа ги враќаат материитево почвата, од каде што кружното движење може повторно да започне.

4 Синџирот на исхрана покажува голема поврзаност меѓу растителните иживотинските организми во животните заедници. Секој синџир на исхрана започнувасо зелено растение — произведувач на храна, со кое се храни некое тревојадноживотно — потрошувач. Синџирот на исхрана завршува со некое грабливо животно(орел, змија, лисица, волк, мечка, рис), кое се исхранува со животно штосе исхранува со растенија или со животни.

Дел V: Кој кого јаде

1 Ископирајте го работниот лист „Синџир на исхрана“и поделете им го на учениците. Учениците нека исечатсликички од различни растенија и животни и некаги стават во прозорците на синџирите на исхрана.Нека ги поврзат со стрелки, при што ќе покажувааткои животни со што се хранат.

2 Учениците нека дискутираат што се случува ако делод животните заедници исчезнат.

Дневна подготовка: За луѓето и за природата

Дел I: Шумата и дрвосечачите (игра на улоги во училишниот двор)

1 Појдете со вашите ученици во училишниот двор или во паркот. Со помош на јажето(или, едноставно, нацртајте на земјата) нека направат седум или осум области (од околуеден квадратен метар во облик на круг или квадрат). Објаснете им на учениците декаовие области претставуваат стара шума населена со различни растенија и животни.

2 Изберете 12-15 доброволци. Замолете двајца од нив да играат улога на дрвосечачи.На останатите дајте им картички со имиња на разни животни и растенија.

Времетраење 3-4 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница, отворен простор

Материјали 7-8 јажиња, секое со должина од 3-4 метри

Цели Учениците да:

• разберат дека кога се случуваат промени во животнатасредина, некои организми се приспособуваат,други се селат, а некои сепак умираат

• се запознаат со тешкотиите со кои се среќаваат птицитево текот на преселба

Методи Игра на улоги, игри на отворено, дискусија

Page 67: Зелен пакет - јуниор

3 Играта започнува со распоредување на животните во шумата: ставете едно или двеживотни во рамките на секоја област. Кога доаѓаат во шумата, дрвосечачите велатдека ќе исечат дел од неа. Избираат област каде што „сечат“ дрвја со земањена јажето или со бришење на областа од земјата. Шумските животни ги напуштаатсвоите живеалишта и се селат во друга област или остануваат, како што ќе решат.Замолете ги учениците со движења да ги одглумат начинот и брзината на нивнатапреселба — летајќи, скокајќи, лазејќи итн. Кога дрвосечачите ќе дојдат повторно,тие „сечат“ друг дел од шумата, животните ги напуштаат своите живеалиштаи ова продолжува сî додека не останат две области. На крајот, многу животнисе натрупани во последните два дела.

4 По играта, дискутирајте со учениците за тоа како се чувствувале додека играле.Што морале да направат животните додека нивната шума се сечела? Обидетесе да погодите што се случило со другите шумски организми, како штосе растенијата и печурките. Објаснете дека во вистинска средина, некои организмиможат да бидат уништени веднаш, некои се принудени сами да се приспособатна промените во животната средина, некои успеваат да се преселат во поинаквиживеалишта, а некои се осудени да умрат. Заклучете дека активноста на човекот,во овој случај, предизвикала намалување на биолошката разновидност, главно,преку уништување на живеалиштето на шумските животни и растенија.

Дел II: Преселбата не е лесна

1 Изберете убав сончев ден за да ги однесете учениците наливада или во парк. Замолете ги да дадат разни примериза преселбата на животните. Употребете ги информациитедадени во работниот лист „Податоци за преселба“.

2 Кажете им на учениците дека ќе играте игра наречена„Преселбата не е лесна“.

• Учениците ќе бидат јато бели штркови, кои секоја есен се селат на југ за тамуда ја поминат зимата, а во пролет се враќаат назад на север во местата кадешто се родиле.

• Обележете две области оддалечени 20-30 метри: едната ќе претставува место запрезимување, а другата место за гнездење. Обезбедете четири-пет места помеѓудвете области како безбедни зони, каде што штрковите би можеле да се одморатво текот на преселбата. Безбедни зони можат да бидат дрвја, големи карпи,мочуришта или некои други природни места на кои птиците можат да слетаат.

• Замолете ги учениците да изберат улоги или нека извлечат ливчињасо напишани улоги по случаен избор. Двајца ученици ќе имаат улога на ловци(човек и грабливец — лисица), со потсетување дека другите ученици играат улогана штркови. Птиците се движат брзо, трчаат од една до друга област,при што имаат право да застанат само во безбедните зони за време на своетопоминување. Ловците се обидуваат да ги уловат птиците додека тие се селат,но не можат да влезат во безбедните зони, во местата за презимувањеи за гнездење. Секоја уловена птица излегува од игра. Почетокот на секојапреселба го означува наставникот.

• Во текот на првата преселба, сите зони се активни. Но, пред да почне втората,кажете им на учениците дека една од зоните е исушена бара и не можеповеќе да се користи. Пред да почне третата преселба, објаснете декана другата безбедна зона се изградени ветерници, па така и таа не можеда се користи. Продолжете со играта сî додека не исчезнат сите безбедни зони.Измислете разни причини за уништување на безбедните зони — изградба нафабрика или автопат, претворање на областа со вода во рекреативен центар итн.

• Запишете го бројот на штрковите што опстанале по секоја преселба.Очигледно е дека тие ќе бидат полесни за ловење од страна на ловците,бидејќи остануваат сî помалку безбедни зони. Ако штрковите се жалат декатоа не е фер, кажете им дека ловците настојуваат да ги најдат местата каде штосе одмораат птиците во текот на својот лет и, исто така, дека кога безбеднитезони се уништени, многу е тешко птиците да преживеат во текот на преселбата.

67

Биолошка разновидност

Page 68: Зелен пакет - јуниор

68

Биолошка разновидност

3 Дискутирајте со учениците за тоа како се чувствуваледодека ги играле улогите и што им било најтешко.Посветете поголемо внимание на фактот дека во текотна вистинските преселби, исто како и во играта,местата за одмор се преполни со грабливци и ловцикои им се прикрадуваат на птиците во преселба,со што ги загрозуваат нивните животи. Додајтеинформации за други закани што ги загрозуваат,на пример: електричните кабли, недостигот од храна,отровите што се користат во земјоделството илидамките нафта во водните корита.

4 Објаснете им го на учениците верувањето дека преселбата на животните е лесени безбеден начин тие да се справат со зимата, но во реалноста не е така.Преселбите се опасни и многу често ризични за птиците. Во текот на преселбата,на животните им се потребни многу енергија, храна и места за одмор.Тие мора да ги избегнуваат грабливците и да бидат способни да најдат соодветни живеалишта кога ќе пристигнат.

Дел III: Игра — Синџир на животот

1 Играта започнете ја со поделба на улоги помеѓу учениците. Едно дете е Сонце,неколкумина се разградувачи, а остатокот од одделението растенија или животни.Разговарајте за важноста на Сонцето за животот на Земјата. Земете јаже(или неколку јажиња) што ќе ги држи Сонцето. Сонцето директно ќе се поврзесо растението, затоа што само растенијата можат да ја користат сончевата енергијаи потоа да ја претворат во храна која другите организми преку исхраната ја користаткако енергија. Откако ќе се поврзат растенијата, и животните се фаќаат за долготојаже, па така тие ќе завршат поврзани на истиот начин како што би биле поврзанисо синџирот на исхрана.

2 Откако ќе го формирате синџирот, кажете им научениците дека доаѓа студена зима и дека некоиод растенијата ќе изумрат, па тие ученици седнуваат.По зимата, глувците и гасениците (или другитеживотни) немаат доволна храна и умираат,па и тие ученици седнуваат итн. Набрзо ситеќе седнат, освен Сонцето и разградувачите.Разградувачите можат да скокаат горе-долуза да покажат колку се среќни што имаат многуза јадење. Зборувајте за тоа како тие ќе ги разградаттелата во основни материи кои ќе ја збогатат почвата,со тоа што растенијата повторно ќе пораснат,

а гасениците ќе имаат што да јадат, па така секое од децата станува како што секојод неговиот вид се враќа по промената.

3 Разговарајте со учениците за тоа дека секој живорганизам е еднакво важен во синџирот на исхрана.Потенцирајте го фактот дека изумирањето, односноисчезнувањето на некој вид, негативно се одразуваврз опстанокот на другите видови што се директноили индиректно поврзани со него. Потсетете ги декачовекот со своето однесување треба да придонесуваза зачувување на најразличните видови жив свет.

Page 69: Зелен пакет - јуниор

Други активности

• Замолете ги учениците да најдат повеќе информации за разни видови животништо се селат. Ова нека биде дискусија за еден од следните часови.

• Учениците нека го земат тестот „Животни и растенија“. Организирајте групнадискусија за секое прашање. Заклучете дека многу е важно луѓето секогашда размислат пред да направат нешто и за тоа какво влијание ќе има врз животнатасредина.

• Прочитајте ја дилемата „Еден пар штркови“. Дискутирајте со своите ученициза нејзината содржина и за понудените решенија на проблемот. Дозволете имна учениците да искажат разни идеи за тоа што мислат тие дека е правилнода се направи.

• Поканете стручно лице да ви презентира информации за специфичните видовиво вашиот регион и да дискутира за проблемите поврзани со нивната заштита.

• Направете истражување за локалното растително и животинско богатствои за заштитените области во вашето место.

• Прочитајте го текстот „Прошетка на плажата“. Дискутирајте со учениците за неговатасодржина и зошто е значаен животот на секој жив организам.

• Напишете писмо како да зборува некое растение или животно на кое му се закануваисчезнување и објавете го. Може да почнува вака: „Драги луѓе, јас сум белиот штрки ви пишувам, бидејќи...“. Истакнете го писмото на видно место, по можност надвород училиштето.

• Организирајте активности, како што се: градење хранилишта за птици, садење дрвјаи слично.

• Славете го 22 Мај, Меѓународниот ден за заштита на биолошката разновидностпреку организирање натпревари и квизови.

• За да ги запознаете учениците со еден од ретките видови животни во Р. Македонија,прочитајте ја приказната „Како научив да пливам“ што се наоѓа во работните листови.Откако ќе ја прочитате, разговарајте со вашите ученици за нејзината содржина,но посебно ставете акцент на биволот како животно кое во минатото во нашатаземја се одгледувало во многу поголем број, а сега е многу редок вид.

69

Биолошка разновидност

Page 70: Зелен пакет - јуниор

70

Биолошка разновидност

ДИЛЕМАЕден пар штркови

Пар штркови направил гнездо на електриченстолб недалеку од вашиот дом. Електричнатаструја е опасна за штрковите. Што правите?

• Ги бркате штрковите, бидејќи сте загрижениза нивната безбедност.

• Градите друго гнездо на безбедно местово непосредна близина.

• Повикувате електричар.

• Повикувате друштво за заштита на животни.

• Ништо.

• Нешто друго.

ТЕСТЖивотни и растенија

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Кога се собираат печурки, добро е да се сечат со нож.

2 Кога се собираат тревки, добро е да се извлечат со коренот.

3 Кога се собираат корења од некое лековито растение, доброе да се искорнат и другите растенија што се наоѓаат наоколу.

4 Добро е да се собираат само големи полжави,оставајќи ги помалите во нивното живеалиште.

5 Нема проблем да се остави отров во градината за дасе заштити од полските глувци и од градинарските штетници.

6 Гнездата на птиците што одлетале во пролет требада се уништат.

7 Ако едно диво животно е болно, треба да се изнесеод неговото гнездо/дувло.

8 Добро е да бидете тивки и да не влегувате во областишто се користат за гнездење и размножување.

9 Не треба да ловите риба во сезона на мрестење.

Одговори:1.Точно2.Неточно3.Неточно4.Точно5.Неточно6.Неточно7.Неточно8.Точно9.Точно

Page 71: Зелен пакет - јуниор

71

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТКога би бил...

Кога би бил растение, би бил

бидејќи

Кога би бил животно, би бил

бидејќи

РАБОТЕН ЛИСТМојот избор

МОЕТО (име на избраното растение или животно)

Означете ги квадратчињата, при што во оние кои содржат точни изјави во односна вашето избрано растение или животно ќе го ставите знакот √,а во останатите знакот X.

Еве зошто моето растение/животно е значајно за луѓето и за другите живи организми.

� се користи за јадење

� се користи за производствона лекови и хемикалии

� содржи корисни материи

� се користи за затоплување

� се користи за правење облека

� се користи за научни/истражувачкицели

� се користи за градење

� се користи за сточна храна

� предизвикува пријатни чувства

� ги одржува составот и плодностана почвата

� често е прикажано во уметноста

� помага во опрашувањето

� помага во кружењето на материите

� добар пријател е на луѓето

� друго (пополни)

Page 72: Зелен пакет - јуниор

72

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТЗначењето на живите организми

Растенијата се организми што не се движат и имаат хлорофил,кој е важен за процесот на создавање хранливи материи— фотосинтеза. Сите растенија дишат, самостојно се хранат,можат да се размножуваат и не го менуваат местото на живеење.Повеќето растенија имаат корења, стебло и лисја. Постојат многувидови растенија на Земјата. Тие имаат главна улога за животот

на Земјата, бидејќи ослободуваат кислород и произведуваат храна за животнитеи за луѓето. Користејќи ја енергијата на сонцето, растенијата создаваат хранливиматерии, поради што имаат улога на производители во живеалиштата.Растенијата затрупани во земјата пред милиони години станале природно гориво,кое го користиме како извор на енергија.

Животните се организми што имаат повеќе различни сетила,способни се за самостојно движење и можат да се размножуваат.Животните, за разлика од растенијата, се изградени од органии органски системи (нервен систем, крвен систем итн.).Сите животни зависат од хранливите материи создадениод растенијата, а оваа енергија животните ја примаат преку

исхраната. Исхраната на животните зависи од растенијата поради тоа штотие се потрошувачи во рамките на животните заедници. Тие дишат земајќиго кислородот од животната средина и притоа ослободуваат јаглероден диоксид.

Печурките се разградувачи на телата на изумрените растенијаи животни. Некои печурки се развиваат по должината на корењатана дрвјата, а со тоа му помагаат на дрвото да ги зема водатаи минералните соли од почвата. Постојат многу видови печурки.

Бактериите се мали организми невидливи со голо око.Тие се разградувачи. Нив ги има насекаде, во воздухот, водата,почвата, растенијата, животните, луѓето, производите за исхранаи во предметите. Тие учествуваат во создавањето и уништувањетона минералите и на рудите, како и во составот и плодностана почвата. Постојат бактерии што се користат за производство

на храна (јогурт, кисело млеко, сирење). Некои бактерии предизвикуваат болестикај растенијата, животните и луѓето (на пример, туберкулоза, бруцелоза).Се верува дека бактериите биле првите организми што се појавиле на Земјата.

Печурките и бактериите имаат дополнително значење за живиот свет.Тие се нарекуваат разградувачи бидејќи ги разложуваат хранливите материи прекугниење и ги претвораат во неоргански материи. На овој начин, синџирите на исхранасе затвораат и зелените растенија можат да ги примаат неорганските материиза повторно да создадат хранливи материи. Разградувачите придонесуваатза подобрување на плодноста на почвата.

Page 73: Зелен пакет - јуниор

73

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТПриказна: Како научив да пливам

Детството го поминав во едно мало прилепско село сместено во последнитесвиоци на Пелагониската Котлина. Пред повеќе од четириесет години, во моетоместо имаше околу 500 биволи. Тоа беа прекрасни питоми црни животни штобеа нераскинлив дел од моето растење. Се уште го чувствувам вкусот на здравотобиволско млеко со кое пораснав, како и лековите од биволска маст со кои мелекуваше мајка ми од силните кашлици и настинки. Навистина беа чудотворни,денес болен, а утре здрав како дрен! Наутро, нивните стопани ги потеруваана пасење во големи стада кои бавно се слеваа кон пасиштата. На еден делод патот имаше езеро, кое биволите мораа да го препливаат за да стасаатдо широките зелени пасишта и дебелите пладневни сенки на врбите. Биволитебеа нераскинливо поврзани со реката и со малото езеро. Често одев да ги чувам.Сî уште многу добро се сеќавам на една случка со нив, која секогаш ме разнежува.

Бев десетгодишно момче. Стоев до брегот на езерото, а толку сакав да гопрепливам. Но, не знаев да пливам. Во еден момент, кога во моја близина поминаеден голем бивол што се подготвуваше да влезе во водата, храброста надвладеа.Се затрчав и успеав да се качам на неговиот грб. Цврсто ги зграпчив неговитерогови. Тој почна да плива, а јас уживав во свежината на водата и чувствотона победа. Беше прекрасно сî до моментот кога тој се нурна под водата.Се исплашив, мислев дека ќе се удавам. Почнав да мавтам со нозете и со рацете.Наеднаш сфатив дека пливам, дури успеав да испливам на брегот сосема сам.Благодарение на мојот нов црн пријател, од тој ден почнав да пливам.

Нема да заборавам дека приквечер, кога се враќаа дома, нивните стопаниги пречекуваа со лепче во рацете. Задоволни од глетката на полните вимиња,сопствениците ги погалуваа по чистите тела и ги поведуваа кон нивнитеживеалишта.

Денес тажно и болно исчезнуваат биволите од моето село. Го снема езерото,ги снема зелените пасишта, се намали бројот на црните биволи од моето детство.Природата се измени, а со тоа и можноста за опстанок на моите црни питомипријатели. Се надевам дека луѓето ќе ја сфатат убавината на овие животни и декаќе се преземат мерки пред да биде премногу доцна.

Page 74: Зелен пакет - јуниор

74

РАБОТЕН ЛИСТСинџир на исхрана

Биолошка разновидност

Page 75: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТШумски животни заедници 1

Темножолт був (Strix aluco)Овој був со средна градба има големи и црни очи, како и пердувиво повеќе нијанси, почнувајќи од сивкава, па до црвено-кафеава боја.Се размножува главно во дупките на дрвјата во шумите, парковитеи фармите со дрвја. Може да се најде во близина на градините и

градовите во цела Европа, со исклучок на Ирска и далечниот север. Живее на истоместо цела година и е активен ноќе. Неговиот глас „хоу, хо, хо, хоу“ се слуша во ранапролет и есен. Јаде глувци и инсекти, но исто така и птици, вклучувајќи и бувчиња.

Еж (Erinaceus europaeus)Главата и телото на ежот се долги 25 см, а опашката е долга 3 см.Тежи до 1 кг и живее околу 9 години. Неговото тело е покриеносо околу 6.000 боцки долги 2-3 см, кои се темнокафени со беливрвови. Има жолти влакна на главата и на грлото. Муцката му е

испакната, а очите мали. Ежовите живеат во паркови, градини, шуми и полиња. Сенаоѓаат насекаде низ Европа. Тие јадат црви, полжави, пајаци, стоногалки, инсекти,жаби, гуштери и плодови. Малечките се раѓаат слепи, голи и без боцки. Ежовитеизлегуваат ноќе. Кога се појавува опасност, тие се завиткуваат како топка и не седвижат. Преспиваат во текот на зимата, скриени во лисјата или во некоја дупка.

75

Биолошка разновидност

Темножолт був(Strix aluco)

Еж(Erinaceus europaeus)

Градинарски глушец(Eliomys quercinus)

Паун-пеперутка(Inachis io)

Бука(Fagus sylvatica)

Планинскабреза

(Ulmus glabra)

Шумска јагода(Fragaria vesca)

Page 76: Зелен пакет - јуниор

76

РАБОТЕН ЛИСТШумски 1 (продолжува)

Градинарски глушец (Eliomys quercinus)Главата и телото на градинарскиот глушец заедно се долги околу 15 см,а само неговата опашка е долга 10 см. Има сиво, кафено и црвено крзнона горниот дел од телото, а бело на долниот дел. Има црна маска налицето. Живее во парковите, овоштарниците, шумите, лозјата, карпестите

области, како и во градби слични на амбари. Може да се најде во Европа, Азија и воМала Азија. Јаде инсекти, пајаци, стоногалки, полжави, гуштери, јајца, овошја и кораод дрвјата. Тој е ноќно животно, се качува на ѕидовите и дрвјата и е добар скокач.Преспива од октомври до април во дупките на дрвјата или во некој затворен објект.

Паун-пеперутка (Inachis io)Распонот на крилјата на паун-пеперутката е 6 см. Има црвено-кафеавабоја на горниот дел од крилјата, а секое од нив на краевите е украсеносо големи точки во вид на око. Внатрешната страна е скоро црна,а тоа е одлично за прикривање кога инсектот преспива. Во почетокот

од својот развој пеперутката прво е гасеница. Гасеницата е долга до 45 мм. Таа е црнасо мали бели точки и жолти нозе и има 11 пара густи боцки. Оваа пеперутка живее наотворено, во градини, паркови и на други места со цвеќе. Се наоѓа низ цела Европа,освен во далечниот север. Ги положува јајцата на лисјата, кои младите гасеници потоаги јадат. Точките во форма на око на нејзините крилја ги плашат повеќето грабливци.

Бука (Fagus sylvatica)Буката расте 30-40 метри високо и има огромна раширена крошна.Кората е мазна, тенка и сива. Лисјата се со овален облик, светкави,темнозелени по боја која станува кафеава во есен. Машките семињависат на стеблото, додека, пак, женските се создаваат во исправените

гроздови со кратка дршка. Цветовите се појавуваат веднаш по лисјата во пролет.Плодовите се триаголни, светлокафеави и можат да се јадат. Се наоѓаат во дрвеналушпа што се дели на четири дела. Во Централна Европа буката расте во планините,создавајќи шуми заедно со даб или оморика. Нејзиното стебло се користи за мебел.

Планинска бреза (Ulmus glabra)Ова дрво е високо 10-40 метри и развива широка, раширена крошна.Во почетокот кората е мазна, но подоцна станува густа, ребрестаи сива. Лисјата имаат кратки дршки и се во форма на јајце со остроистакнати врвови и основа во форма на срце. Горната површина

е темнозелена, влакнеста и многу груба на допир. Кон крајот на февруарисе појавуваат црвени цветови, а плодот во форма на крилја е видлив предда се рашират лисјата. Планинската бреза се наоѓа насекаде низ Европа,обично во шумите во ридести области и во подножјата на планините.

Шумска јагода (Fragaria vesca)Лисјата од шумската јагода се со остри врвови и ги има по три на едналисна дршка. Цветовите имаат бели ливчиња и излегуваат од априлдо јули. Се опрашува со помош на пчелите, мувите, молцитеи пеперутките. Плодот изгледа како мала јаготка, со пречник од околу

1 см и зрее од мај до септември. Инаку, шумската јагода расте во шуми, тревниции грмушки, а најмногу ја има во регионите со умерена клима во Евроазија.

Биолошка разновидност

Page 77: Зелен пакет - јуниор

77

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТШумски животни заедници 2

Европска дива мачка (Felis sylvestris)Телото на европската дива мачка е долго 60-70 см, а опашката е околу30 см. Нејзиното крзно е сиво до жолто-кафеаво со потемни линии.Мажјакот, во споредба со женката, е поголем и потемен. Изгледа какодомашната шарена мачка со побушава и округла опашка. Очите се

жолто-зелени со вертикални зеници. Малите мачиња имаат тенко, жолтеникавокрзно со темни дамки. Овие мачки живеат на многу места, но главно во шумскитепредели и грмушките низ Европа. Мачките го шират својот мирис за да ја обележатсвојата територија. Подмладокот од две до шест мачиња, обично родени во мај,го започнува својот живот во дувлата сместени најчесто во дупките на дрвјата,но понекогаш и во напуштените дупки на лисиците или јазовците. Јадат глувции стаорци, но исто така и птици и мали цицачи.

Јазовец (Meles meles)Долг до 90 см, вклучувајќи ја и опашката, јазовецот тежи 10-20 кг. Можеда живее до 20 години. Јазовецот има кратки нозе, долга и тапа муцка,куси уши и мали очи. Горниот дел од телото е сив, а страничнитеделови се кафеави. На главата има црни и бели линии, црни

екстремитети и долги остри нокти. Јазовецот се населува во листопадни и мешовитишуми, како и на тревните површини во планините. Се наоѓа низ цела Европа.Јазовците јадат црви и полжави, како и глодачи и младенчиња. Тие преспиваатво дувла од октомври да февруари. Живеат во парови или во проширени семејнигрупи, понекогаш во големи широки тунели што сами ги копаат и ги населуваатсо децении, а се состојат од ходници долги до 40 метри и со различни „соби“.

Европска дива мачка(Felis sylvestris)

Јазовец(Meles meles)

Црвена верверица(Sciurus vulgaris)

Шумски глушец(Apodemus sylvaticus)

Англиски даб(Quercus robur)

Глог(Crataegusmonogyna)

Шумска јагода(Fragaria vesca)

Page 78: Зелен пакет - јуниор

78

РАБОТЕН ЛИСТШумски 2 (продолжува)

Црвена верверица (Sciurus vulgaris)Главата и телото на црвената верверица заедно се долги 21-25 см,а нејзината бушава опашка е долга 15-20 см. Живее 10-12 години.Нејзиното крзно најчесто е кафеаво или црвено, но, исто така, можеда биде црно-кафеаво. Долниот дел од телото е бел, а на краевите

од ушите има перчиња од долги влакна. Црвената верверица живее во шумитеи во парковите, а може да се најде во Европа, Сибир, Јапонија и Кореја. Таа се хранисо растенија и пупки од лисја, семе од дрвја, печурки, инсекти, како и со јајца имладенчиња на одредени птици. Активна е цела година, гради гнездо од лисја, мови мали гранки високо на дрвјата. Претежно се движи на дрвјата, скокајќи од гранкана гранка и од дрво на дрво во текот на денот, а ретко оди на земја заради храна.

Шумски глушец (Apodemus sylvaticus)Неговото тело е долго 7,5-11 см, покриено е со жолто-кафеаво крзнои има бледосив стомак. Неговите очи и уши се големи, додека неговатаопашка има приближно иста должина како и неговото тело.Има белузлав долен дел покриен со слаби влакна. Шумскиот глушец

живее во полињата, шумите, оградите и многу други места што не се премногувлажни. Понекогаш, особено во текот на зимата, се сели во градби направениод луѓето. Се наоѓа насекаде низ Европа. Во земјата копа дупка каде што живее, којаима долги тунели со посебни делови за гнездење и за јадење. Брзо трчаат и доброскокаат и се качуваат. Шумскиот глушец јаде зрна, семиња, ластари, печурки и сл.

Англиски даб (Quercus robur)Ова големо дрво расте до 35 метри висина. Кората во почетокотму е мазна и црвеникаво-кафеава, а подоцна станува темносиваи убаво распукана и цврста. Плодот е познатиот желад, плиткозатворен во чашка со лушпи во мал грозд на дршка долга 5-12 см.

Англискиот даб е вообичаен за цела Европа, освен на далечниот север.Некои животни, како што се сојките и вервериците, закопуваат желади какозалиха за зима, па затоа понекогаш можат да се видат групи мали дрва.

Глог (Crataegus monogyna)Глогот расте како густа бодликава грмушка, но може да стане и малодрво високо и до 12 метри. Кората му е светлокафеава и белузлава.Лисјата се различни, но обично имаат три или четири пара реси.Белите цветови се појавуваат кон крајот на мај и во почетокот на јуни

и стануваат розови како што зреат. Плодот е мал, во форма на јаболко, темноцрвени зрее во септември. Глогот може да се најде во низините на Европа.

Шумска јагода (Fragaria vesca)Лисјата од шумската јагода се со остри врвови и ги има по три на едналисна дршка. Цветовите имаат бели ливчиња и излегуваат од априлдо јули. Се опрашува со помош на пчелите, мувите, молцитеи пеперутките. Плодот изгледа како мала јаготка, со пречник

од околу 1 см и зрее од мај до септември. Инаку, шумската јагода расте во шуми,тревници и грмушки, а најмногу ја има во регионите со умерена клима во Евроазија.

Биолошка разновидност

Page 79: Зелен пакет - јуниор

79

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТЛивадски животни заедници 1

Крастава жаба (Bufo bufo)Долга до 15 см, со тоа што женката-жаба е многу поголемаод мажјакот. Кожата е брадавичеста, сивкаво кафеава, жолта илицигла боја со мали или скоро без шари. Жлездите во форма на гравзад ушите се видливи и ја штитат жабата со тоа што испуштаат

непријатна течност на нејзината кожа. Обичната жаба се наоѓа во сите видовикопнени живеалишта. Таа ја населува цела Европа, освен Ирска и далечниот север.Обичната жаба поминува поголем дел од времето на копно. Овој ноќенводоземец јаде многу мали животни.

Кукавица (Cuculus canorus)Куквицата е птица со средна градба, со долга и округла опашкаи истакнати крилја. Мажјакот на горниот дел и на градите е сив,со хоризонтални бели линии во долниот дел од телото.

Женката во горниот дел може да биде сива или кафеава, со две вертикалнилинии на стомакот, градите и на грлото. Личи на ветрушка. Кукавицата лесносе приспособува во различни живеалишта, вклучувајќи ги сите видови шумскии земјоделски предели, планини и брегови. Може да се најде низ Европа.Најчесто јаде гасеници. Позната е по тоа што женката го положува своето јајцево гнездото на друга птица. Потоа птицата-домаќин лежи на јајцето и кога младотона кукавицата ќе се изведе, тоа ги исфрла другите јајца и младенчиња од гнездото.

Крастава жаба(Bufo bufo)

Кукавица(Cuculus canorus)

Полски штурец(Gryllus campestris)

Жолтоопашестаземјена пчела(Bombus terrestris)

Црвенадетелина

(Trifolium prаtense)

Чадорче(Convolvulus

arvensis)

Глог(Crataegusmonogyna)

Page 80: Зелен пакет - јуниор

80

РАБОТЕН ЛИСТЛивадски 1 (продолжува)

Полски штурец (Gryllus campestris)Долг до 3 см, полскиот штурец е целосно црн, освен на преднитекрилја, кои се кафеави со жолта основа. На својата голема глава имаубави и кратки антени. Се наоѓа во Европа, Мала Азија и во СевернаАмерика и ги населува сувите и сончеви региони, како што се

тревниците, градините и оградите во близина на селските патишта. Неспособенда лета, мажјакот ја штити својата територија со црцорење од мај до септември,триејќи ги задните нозе. Се крие во дупки што ги копа во земјата. Најчесто јадерастенија што содржат многу вода.

Жолтоопашеста земјена пчела (Bombus terrestris)Матицата е долга над 2 см и има распон на крилјата до 43 мм.Работничките и трутовите се долги 14-17 мм и имаат распон накрилјата 30-35 мм. Во посебно приспособените задни нозе имакошничка за полен, каде што пчелата создава густа маса на полен,

малку навлажнета со нектар. Потоа се пренесува во гнездото. Таа е една однајчестите видови пчели во Европа, а живее скоро во секакво живеалиште соголема вегетација низ цела Европа. Се гнезди на земјата, понекогаш во глувчешкадупка или во дувло на крт. Кога е сосема развиена, секоја заедница од пчели имаедна единствена женка-матица, која положува јајца, и бројни стерилни женки,наречени работнички. Генерално, во едно пчелно семејство има минимумсто пчели, но поголеми заедници можат да содржат и повеќе од 600 пчели.

Црвена детелина (Trifolium prаtense)Лисјата на црвената детелина се длабоко поделени на три посебниреси со блед знак во облик на „V“ во центарот на секоја реса.Нејзините стебла се разгрануваат и се долги до 50 см. Розовитецветови се групирани во исправени цветни глави. Црвената детелина

расте на отворени места, особено во влажни ливади и пасишта. Се наоѓа низ целаЕвропа.

Чадорче (Convolvulus arvensis)Чадорчето ползи, односно се качува, а неговите стебла растатдо 200 см во должина, виткајќи се во спротивна насока од стрелкитена часовникот околу секакво соодветно лежиште. Лисјата имаатформа на врв на стрела, а неговите цветови се во форма на инка

со бели и розови бои. Чадорчето расте во пусти места, тревници и обработливиобласти. Често се искачува на стеблата од житата што растат во полето.

Глог (Crataegus monogyna)Глогот расте како густа бодликава грмушка, но може да стане и малодрво високо и до 12 метри. Кората му е светлокафеава и белузлава.Лисјата се различни, но обично имаат три или четири пара реси.Белите цветови се појавуваат кон крајот на мај и во почетокот на јуни

и стануваат розови како што зреат. Плодот е мал, во форма на јаболко,темноцрвен и зрее во септември. Глогот може да се најде во низините на Европа.

Биолошка разновидност

Page 81: Зелен пакет - јуниор

81

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТЛивадски животни заедници 2

Јастреб-глувчар (Buteo buteo)Расте до 50 см должина, со распон на крилјата до 125 см. Имашироки крилја, краток врат и опашка со средна големина во лет.Бојата варира, и тоа од темнокафеава, преку црвеникаво кафеава,па до бела со темни дамки. Често има блед знак на градите.

Се размножува во разни видови шуми или на рабовите на шумите со пристапдо отворено, а се гнезди во дрвјата. Често може да се види како демне плензастанат на столбовите од оградите или на телефонските столбови.Тој е многу гласен, особено во пролет. Се храни со глувци, но, исто така,и со птици, змии, гуштери, жаби, а понекогаш со инсекти и дождовни црви.

Невестулка (Mustela nivalis)Со 11-26 см должина на телото и 4-9 см долга опашка, невестулкатае најмалиот месојад во Европа. Има долго тенко тело, кратки нозеи кратка опашка. По боја е кафеава до боја на ѓумбир, а стомакот ебел. Во Северна Европа, невестулката станува бела во текот на зимата.

Расте во бројни живеалишта низ Европа, Азија и Северна Америка, како штосе шуми, полиња, градини, паркови и места во непосредна близина на луѓето.Ова подвижно животно е активно цело време. Најчесто јаде мали глодачи,како што се глувците, но, исто така, демне и птици и инсекти.

Јастреб-глувчар(Buteo buteo)

Невестулка(Mustela nivalis)

Полски глушец(Clethrionomys glareolus)

Лозов полжав(Helix pomatia)

Ливадскатрева

(Poa annua)

Глуварче(Taraxacumofficinalis)

Тегавец(Plantago major)

Page 82: Зелен пакет - јуниор

82

РАБОТЕН ЛИСТЛивадски 2 (продолжува)

Полски глушец (Clethrionomys glareolus)Главата и телото на овој вид глушец се долги до 12 см, со опашкадо 7 см. Од горната страна е кафеаво-црвен, а од долната — сив.Младите имаат побледа кафеаво-црвена боја. Живее во шуми, оградии грмушки, како и во селски градини. Го има скоро насекаде низ

Европа. Активен е и дење и ноќе, јаде плодови, семки, лисја, мов, печурки и другимали животни. Се качува многу добро и често ги јаде плодовите на дрвјатаи грмушките. Обично има три-седум младенчиња одеднаш.

Лозов полжав (Helix pomatia)Куќичката на лозовиот полжав има пречник 6-7 см, округлае со светлокафеава, сива или жолта боја, а исто така, има и линиишто се распоредени по должината. Има четири (два пара) пипала,со очи на долниот пар. Се населува во различни живеалишта,

како што се живи огради, градини, паркови, тревници и шуми. Се наоѓа низ целаЕвропа. Младите полжави растат скоро три години. Кога презимуваат, полжавитеги запечатуваат отворите на своите оклопи. Истото тоа го прават и за времена долгите сушни периоди за да заштедат вода. Поактивни се во влажни услови,особено наутро поради росата. Јадат тревни растенија.

Ливадска трева (Poa annua)Оваа трева расте до 30 см во висина и има лисја што се светлозелении излегуваат од рамни фиданки. Цветните гроздови имаат неколкугранки. Цветовите се опрашуваат преку ветерот или сесамоопрашуваат дури и без да се отвори цветот. Годишната ливадска

трева има доста слаб и плиток систем на корења. Добро вирее во влажни областисо многу сонце. Меѓутоа, исто така, може добро да расте во услови на полусенка.Во крајбрежните региони или во области со умерена температура каде штотревниците редовно се наводнуваат, годишната ливадска трева може да опстоицела година. Во потоплите области во лето обично умира. Се наоѓа на обработливоземјиште, тревници и во градини.

Глуварче (Taraxacum officinalis)Глуварчето има основни лисја што се поделени на неколку триаголниреси. Стеблото на кое се наоѓа цветот е шупливо и долго 50 см.Има жолти цветови, а неговото семе има структура во вид на чадоршто служи како падобран кога дува ветер. Кога лисјата или стеблото

ќе се скршат, излегува течност како млеко. Расте на разни видови пусти места,особено на ливади, по должината на патиштата и во градините низ цела Европа.

Тегавец (Plantago major)Трајна тревка со широки лисја. Тенките цветови се групираат во долгигусти главички со темен цвет. Стеблото на кое се наоѓа цветот е високодо 50 см. Најнискиот цвет се отвора прв и кругови на виолетовипрашници постепено се движат кон врвот на цветот. Расте на отворено

и е отпорна на газење. Често се гледа на патеките и тротоарите. Вообичаена е зацела Европа.

Биолошка разновидност

Page 83: Зелен пакет - јуниор

83

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТРечни животни заедници

Европска видра (Lutra lutra)Телото на европската видра е долго 70-80 см, а опашката 40 см.Мажјакот е малку поголем во однос на женката. Главата на видратае рамна, а нејзините уши се мали и округли. Крзното е сјајно и кафеаво.На стапалата има кожички за пливање и канџи. Европската видра живее

во сите видови области со истечна вода, а понекогаш ги населува и крајбрежнитеобласти. Живее низ цела Европа, Северна Америка и Евроазија. Видрите се активни возори и во текот на ноќта. Тие добро пливаат и нуркаат, затворајќи ги ушите и ноздритекога нуркаат. Нивното крзно е водоотпорно, а густиот поткожен дел задржува слојвоздух што ги топли. Дувлата се наоѓаат во тунели под земја, корења на дрвјата,карпести столбови, грмушки и брегови, а обично влегува под водната површина.Видрите најчесто јадат риби, но, исто така, и водни птици, жаби, ракови и полжави.

Зелена жаба (Rana ridibunda)Зелената жаба е најголемата жаба во Европа и расте до 15 см.Нејзиното тело може да биде во многу бои. Генерално, нејзиниот грбе црн, понекогаш со темни дамки. Мажјакот има големи звучни меурина страните од устата кои, кога ќе се надујат, добиваат сива боја.

Зелената жаба живее во разни видови мочуришта во Централна Европа, Мала Азијаи во некои делови на Северна Африка. Кога ловат, тие поминуваат многу времеблизу бреговите на реките или барите. Периодот на парење им е во текот на априли мај, кога мажјаците повикуваат во текот на целата ноќ. Женките положуваат меѓу700 и 13.000 јајца што се закачуваат на растенијата во водата. Тие најчесто јадатинсекти, но, исто така, и други жаби или риби, а понекогаш и мали глодачи,фаќајќи го пленот со еластичниот јазик. Тие преспиваат под вода.

Европска видра(Lutra lutra)

Зелена жаба(Rana ridibunda)

Караш(Carassius carassius)

Смрдливка(Palomena prasina)

Трска(Phragmites

australis)

Водна леќа(Lemna minor)

Воден морач(Utricularia vulgaris)

Page 84: Зелен пакет - јуниор

84

РАБОТЕН ЛИСТРечни (продолжува)

Караш (Carassius carassius)Карашот може да порасне до 51 см во должина. Грбната перкае долга со силна, малку запчеста трета боцка. Боите на грбот се движатод маслинесто зелена до црвеникаво кафеава, додека во близинана опашката таа добива медова боја со округли темни дамки.

Другите перки се со боја на светлоцрвена бронза. Карашот се наоѓа низ цела Европаво мирни води, како и во реките што течат бавно во низините. Живее во мочуришта соповремен доток на свежа вода и во мали бари. Јаде мали ’рбетници и водни растенија.

Смрдливка (Palomena prasina)Смрдливката е бубачка со зелен оклоп, има рамно тело во формана штит, долго околу 10-15 мм. Во пролет и во лето таа е светлозелена,но во есен, пред презимување, станува темнобронзено-зелена. Живеево шумите, грмушките и близу коритата на водите во поголемиот дел

на Европа. Овој вид минува низ пет фази на чаура и притоа ги губи своите штитови.Секоја фаза има различна боја, а кратките крилја се појавуваат во последната фаза.Оваа бубачка има специјализирани делови во устата за цицање што ги користиза да го цица растителниот сок од широка низа дрвја, грмушки и високи растенија.Во Европа таа претставува мал штетник кој најмногу му предизвикува штета на гравот.

Трска (Phragmites australis)Водната трева трска расте до 6 метри висина. Силните и жилавихоризонтални фиданки што растат на земјината површина или под неаовозможуваат растење на корењата и на цврстото вертикално стебло.Овие стебла ги држат широките лисја кои се долги 20-40 см. Има голема

виолетова цветна главичка што станува сива кон крајот на летото. Трската расте во густиколонии по должината на влажни копнени живеалишта, како што се речни брегови,мочуришта, бари и езерски брегови. Често се наоѓа во загадени почви по должинатана патишта, ендеци и ископани области.

Водна леќа (Lemna minor)Водната леќа спаѓа меѓу најмалите цветни растенија во светот.Посебните растенија на водната леќа се тенки, округли, светлозелениплочки, секоја со еден корен. Тие се наоѓаат расфрлани меѓу другитеникнати растенија или се собира заедно во купче што плови

на површината на водата. Немаат вистински лисја. Телото во вид на лист се нарекуваталус. Има кружна, скоро овална форма, 2-5 мм во пречник. Цветовите се тенкии слабо се гледаат. Плови слободно во барите со свежа вода, мочуриштата, езерата имирните потоци, се шири брзо низ водните корита кои се богати со хранливи материи.

Воден морач (Utricularia vulgaris)Морачот е месојадно подводно растение, кое слободно пловиво водата. Неговите лисја се нежни и убаво поделени под вода,а неговите цветови се светложолти. Користи мали стапици за да ги уловималите животни, па дури и малите риби што се доближуваат до вратата

на стапицата. Користи сокови за да го свари пленот и си создава хранливи материи.Морачот живее онаму каде што има многу микроскопски живот, што значи таму кадешто има здрава водна животна средина.

Биолошка разновидност

Page 85: Зелен пакет - јуниор

Селењето на животните може да трае кратко, но некои траати со години. На пример, европската јагула оди во СаргаскотоМоре да се размножува, патувајќи околу 10.000 км.За повеќе информации погледнете го филмот „Патот најагулите“ од ДВД-колекцијата филмови од „Зелениот пакет“.

Селењето на животните може да се случи и на малирастојанија. Полското врапче се сели во есен од полињатаво градовите; некои птици, кога времето станува студено,слегуваат од повисоките во пониските области на планините.

Само неколку видови птици можат да летаат преку големиводни површини без одмор.

Многу птици, како што се ластовиците, штрковите, славејот,златката, водомарот и чапјата, доаѓаат во пролет и ги градатсвоите гнезда во Европа, а некои видови, како што се чавките,галебите, пајките и дивите гуски, доаѓаат од север за да јапоминат зимата во потоплите краишта што се наоѓаат на југ.

85

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТПодатоци за преселба

Животните се селат периодично заради размножување,наоѓање храна, смена на годишното време, променана должината на денот и ноќта, како и од други причини.

Page 86: Зелен пакет - јуниор

86

РАБОТЕН ЛИСТШто знаеме за...

Црвен елен (Cervus elaphus)Опис: Должината на неговото тело е околу 2 метри. Мажјакоте поголем од женката. Во текот на летото, бојата на телото ецрвено-кафеава, а во зима е сивкаво-кафеава. Младенчињатасе со дамки. Мажјаците имаат впечатлив пар рогови кои можатда тежат до 15 кг. Тие се отфрлаат секоја година и повторнорастат поголеми од претходните. Формата и големинатана роговите зависат од возраста и здравјето на мажјакот и во

голема мера го одредува неговиот статус и ранг меѓу членовите на неговиот вид.

Живеалиште и простор: Црвениот елен живее во листопадни, мешовити и иглолиснишуми, како и во паркови, нископланински тресетишта и речни долини низ цела Европа.

Навики и исхрана: Многу добро трча и скока. Женките живеат во групи со своитемладенчиња. Мажјаците се натпреваруваат со своите противници во текот на сезонатаза парење. Тој е преживар, јаде лисја, гранки, кори од дрвја и плодови.

Ова импресивно животно често е жртва на сообраќајни несреќи и нелегално ловење.

Мал був (Athene noctua)Опис: Овој прилично мал був е долг 25 см, има голема,широка и округла глава, долги нозе и кратка опашка. Кафеавнад белите дамки, тој е белузлав под густо ишараните кафеавипердуви, со жолти очи.

Живеалиште и простор: Малиот був повеќе сака отворенпростор: полиња, шумички, гребени, градини, паркови,дрвја за ограда, карпи и полупустини. Се наоѓа низ Европа,

освен во Ирска и далечниот север.

Навики и исхрана: Малиот був делумно е дневно животно кое често може да се видина гранките. Се храни со глувци, црви, инсекти, птици, мали водоземци и влекачи. Сегнезди во дупки на дрвја, градби или карпи. Најпознат е по својот остар глас „кии -ив“.

Оваа фасцинантна птица често се спомнува во митовите, фантастичнитеприказни и народните верувања.

Пупунец (Upupa epops)Опис: Долг околу 27 см, пупунецот е една однајкарактеристичните и најизразити птици во Европа,со забележителна розова глава, врат и граден кош и бело-црникрилја, грб и опашка со линии. Неговиот долг и тесен клунсе криви малку надолу. Има исправена перјаница на врвотна главата, поради што изгледа како индијански поглавар.

Живеалиште и простор: Преселна птица што живеена отворени пасишта со огради и грмушки. Се наоѓа низ Европа, освен воОбединетото Кралство, Ирска и Северна Европа.

Навики и исхрана: Песната на пупунецот е засипнато „оопп-ооп-ооп“кое се повторува неколку пати. Се гнезди во дупки на дрвјата или ѕидовите.Ако младенчињата се вознемирени, тие испуштаат течност со непријатна миризба.Се храни главно со инсекти.

Оваа птица лесно се препознава по својот надворешен изглед и песна.

Биолошка разновидност

Page 87: Зелен пакет - јуниор

87

Биолошка разновидност

РАБОТЕН ЛИСТШто знаеме за... (продолжува)

Барска желка (Emys orbicularis)Опис: Долга до 36 см, барската желка има животен век од 70години. Нејзиниот грбен оклоп е прилично рамен, кафеаво-црндо зелен и сивкав со светли линии или точки. Нејзините нозе,врат, глава и опашка се сивкаво-црни со жолти дамки.

Живеалиште и простор: Ги населува сите видови слаткии полусолени водни мочуришта, па дури и мали барии се наоѓа во Европа и во Источна Азија.

Навики и исхрана: Се храни со жаби, риби, водни животни и мрши (умрени животни).

Барската желка многу зависи од достапноста до мочуришни области.Исушувањето на мочуриштата, всушност, е смртна пресуда за неа.

Европска дрвна жаба (Hyla arborea)Опис: Долга до 5 см со чашки на врвовите на прстите,европската дрвна жаба има различна боја во зависностод животната средина, температурата и влажноста.Може да биде сивкаво-кафеава или светлозелена.

Живеалиште и простор: Населува листопадни дрвјаи грмушки и може да се најде во Централна и Јужна Европа.

Навики и исхрана: Оваа жаба се качува на дрвјата многу добро. Зимата ја поминувапод камења, дрвја и зеленило. Во текот на сезоната на парење, мажјакот повикувасо звуци што ги испушта од грлото и може да се слушне на далечина од 1 км.Активна е главно ноќе, но, исто така, и во текот на денот. Се храни со мали животни.

Ова атрактивно животно е лесно препознатливо. Размножувањето зависиод опстанокот на водните сливови.

Пчела (Apis melifera)Опис: Пчелата е совршено приспособена на својот начинна живеење. Работничките и трутовите растат до 15 ммво должина, а матицата достигнува до 20 мм. Стомакот е главнокафеав со темни и светли линии. Целото тело е покриеносо нежни влакна, а на задниот пар нозе има посебна шмукалкакаде што собира полен.

Живеалиште и простор: Дивата популација пчели живеево карпести и шумски региони, но луѓето често чуваат пчели за да произведуваатмед. Тие се наоѓаат во Европа, Африка и во Азија.

Навики и исхрана: Колониите пчели имаат многу работнички, неколку трутовии една матица. Тие имаат високо развиено општество и систем за комуникација.Пчелите-медарки собираат полен и произведуваат мед кој служи како хранаво текот на зимата. Медот и ларвите се чуваат во саќе направено од восок.Пчелите користат сложен систем на сигнали за да разменат информации во врскасо цветните полиња. Кога презимуваат, тие мавтаат со крилјата за да ја одржатпосебната температура во кошницата. Во ситуација кога треба да се одбранат,боцкаат, т.е. каснуваат еднаш и потоа умираат.

Некој научници мислат дека мобилните телефони ги збунуваат пчелитеи ја намалуваат нивната популација.

Page 88: Зелен пакет - јуниор

88

РАБОТЕН ЛИСТПрошетка на плажата

Некаде по должината на плажата на океанот,на зајдисонце, имало еден старец кој се шетал.Големата бура само што се смирила и човекот уживалво вдишувањето на морскиот воздух. Бил замислен когаодеднаш забележал едно дете. Детето собирало нештоод песокот и го фрлало во водата. Старецот станалљубопитен, па затоа отишол поблиску и видел дека детето собирало морски ѕвездиод песокот и ги враќало назад во океанот. Дури тогаш старецот забележал декаплажата била распослана со стотици, можеби илјадници морски ѕвезди.

— Што правиш!? — извикал старецот. — Ти си едно мало момче, а овде има илјаднициморски ѕвезди наоколу. Дали навистина мислиш дека можеш да смениш нешто?

Момчето го погледнало, зело една морска ѕвезда од песокот, ја фрлило во океаноти рекло: — Па, за оваа морска ѕвезда јас штотуку сменив сî!

Задача за размислување — дома:Што можеме јас и моето семејство да направиме за да помогнеме за заштитана растенијата и на животните околу нашиот дом, во нашиот регион, во нашатадржава (предложете идеи и, ако е можно, разговарајте за нив со вашето семејство):

1 Во близина на мојот дом има:

Ние би можеле:

2 Во нашиот регион можеме да најдеме:

Ние би можеле:

3 Нашата држава е горда што е дом на следниве растенија и животни:

За да ги заштитиме тие растенија и животни, ние треба да:

Биолошка разновидност

Page 89: Зелен пакет - јуниор

Кога зборуваме за природни богатства, зборуваме за работи што можемеда ги земеме од животната средина и да ги употребиме за да го подобриме нашиотживот. Некои од овие природни богатства, како што се сончевата енергија, воздухот,водата од реките и езерата, растенијата и животните, веднаш ни се достапниза користење. Други природни богатства ни се достапни само по нивното ископувањеи преработка. Тоа се подземните води, природните горива, нафтата, јагленот и рудите,како што е железната руда (ја користиме за да направиме челик).

Природните богатства можат да бидат обновливи илинеобновливи. Обновливите природни богатствасе надоместуваат сами со текот на времето.Ние можеме да ја искористиме силата на ветерот за дасоздадеме енергија, затоа што ветерот постојано го има.

Необновливите природни богатства, од друга страна,ќе ги снема штом еднаш сме ги искористиле.Во земјата има големи резерви нафта, но тие се трошат.Луѓето постојано трагаат по нови резерви на природнибогатства, но и тие еден ден секако ќе бидат потрошени.

Ако воздухот, водата, почвата и разновидноста на живиот свет се користат неразумно,овие обновливи природни богатства не би можеле повторно да се обновуваат.Затоа модерното општество воведува план за одржлива употреба на природнитебогатства. Одржлива употреба претставува најголемата количина на едно природнобогатство што може да биде употребено за нашите цели и притоа не ја загрозуванеговата природна обнова. Користење поголем дел од природните богатства доведувадо постепено пропаѓање на животната средина.

89

Природни богатства

Page 90: Зелен пакет - јуниор

90

Природни богатства

Дневна подготовка: Природни богатства

Дел I: Природни богатства (дискусија)

1 Замолете ги учениците да именуваат некои работи кои луѓето ги земаатод природата за да ги задоволат своите потреби (на пример, растителна илиживотинска храна, вода, воздух, енергија). Напишете ги нивните одговори на табла.

2 Објаснете им на учениците дека природните богатства се обновливиили необновливи.

3 На посебни картички напишете ги имињата на следнивеприродни богатства на енергија и материјали:

• Нафта, природен гас, сончева енергија, енергијана ветерот

• Растенија, животни, слатки води (реки, езера, извори),почва, воздух, руда (железо, други метали), материјализа градење (глина, камен, песок) итн.

Нацртајте ја следнава шема:

Започнете ја дискусијата и категоризирајте ги природните богатства од картичкитеи соодветно распоредете ги во две колони. Дискутирајте со учениците запозитивните и за негативните страни на различните видови природни богатства.Наведете примери. Објаснете дека луѓето денес користат многу повеќе природнибогатства отколку во кое било време во историјата на човекот. Заедно со учениците,одлучете кои од споменатите природни богатства се најдостапни во нашата земја.

4 Посочете примери за разумно користење на природните богатства:

• Не лови риба повеќе од потребното.

• Не троши вода повеќе отколку што ти треба.

• Не уништувај ги растенијата, тие ти даваат живот.

5 Разделете копии од играта за поврзување „Одржливо — неодржливо“.

Времетраење 1-2 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Табла (графикон)

Цели Учениците да:

• се запознаат со видовите природни богатства

• научат како правилно се користат природните богатства

Методи Дискусија, игра, анализа на учење преку примери

Природни богатства

Обновливи Необновливи

Page 91: Зелен пакет - јуниор

Дел II: За кокошката и златното јајце

1 Објаснете им на учениците дека луѓето постојано треба да се трудат за да имаатподобар живот. Многумина од нив повеќе сакаат активности и услуги со брзазаработувачка, за која мислат дека ќе им донесе брз напредок, без да размислатза последиците на тие активности. Ефектите често водат до проблем или негативновлијание врз животната средина и општеството.

2 Прочитајте им го на учениците како пример текстот „Градот Прекрасен“.

3 Прашајте ги учениците какви мисли и чувства им предизвикала оваа приказна.

• Дали луѓето од Прекрасниот град направиле некакви грешки?

• Што може да се случи погрешно кога луѓето дејствуваат без размислувањеили кога бараат брза заработувачка?

Дискутирајте и заклучете дека потребите на луѓето се во рамнотежа со ониеод природата. Обидете се да покажете дека решението е во внимателно користењена природните богатства.

Дел III: Игра — Грижа за идните генерации

1 Одржлив развој е максимално користење на обновливите природни богатства коисî уште ќе можат да се обновуваат. На пример, сечењето на дрвјата треба да бидеплански за да можат да се обноват. Одржливиот развој зависи од место до место,од регион до регион и може да се менува во зависност од условите. Пример заполесно да се објаснат обновливите и необновливите природни богатства се следнивеигри. Со нив учениците ќе научат како треба правилно да се користат богатстватаза да се обезбедат доволни количини и за идните генерации.

2 Потребни се повеќе пакувања со грицки, кои се истураат во еден поголем сад.На ливчиња се испишуваат зборовите: генерација 1, генерација 2, генерација 3,но така што, на пример, за 14 учесници би имало две ливчиња со генерација 1,четири ливчиња со генерација 2 и осум ливчиња со генерација 3. Значи,крајниот број на испишани ливчиња да биде вкупно 14. Доколку имаме 28 ученици,бројот се дуплира и така натаму.

3 Играта започнува со тоа што им се делат ливчињата на децата по случаен избор.Секој треба да види што му пишува на ливчето. Им се објаснува на децата декагрицките во садот, всушност, ги претставуваат необновливите природни богатствана Земјата. Сите оние што имаат ливче на кое пишува генерација 1 да излезатнапред и да дојдат пред садот. Децата си земат од грицките онолку колку што сакаат.Потоа се повикуваат учениците од генерација 2. Истото важи и за нив.Откако и тие ќе си земат, веќе се уочува дека грицките во садот се намалуваати остануваат се помалку за следните. Може да се случи дури и да снема за третатагенерација. Значи, на крај се повикуваат и оние од генерација 3, за кои важат иститеправила. Грицки има сî помалку и помалку, а може и да снема. Разговарајте соучениците што би се случило ако навистина тоа беа необновливи природнибогатства, дали во тој случај разбираат што сториле.

Други активности

• Замолете ги учениците да дискутираат со своите семејства за приказната„Градот Прекрасен“ и за кокошката што несела златни јајца.

• Разделете копии од тестот „Што знаеме за природните богатства?“ и замолетеги учениците да го изработат како индивидуална задача.

• Замолете неколку доброволци да направат мала група и да дискутираат предостанатите за дилемата „Да ловиме риба или не“.

• Со учениците изиграјте ја играта за природните богатства (во текстот за игратасе дадени правилата). По играта, дискутирајте со учениците за неразумнотокористење на природните богатства и за последиците.

91

Природни богатства

Page 92: Зелен пакет - јуниор

92

Природни богатства

ДИЛЕМАДа ловиме риба или не

Вие и вашите родители одите на тридневнопатување до едно убаво езеро каде што можетеда одите на риболов. Правилата за риболоввелат дека твоето семејство може да уловидо десет риби во текот на вашиот престој.Првиот ден риболовот оди бавно и вие успеватеда уловите само три малечки риби. Меѓутоа,вториот ден сте посреќни и само за неколкучаса успевате да уловите седум големи риби.Се потсетувате дека постојат правила за тоа колкуриби можете да уловите. Што треба да сторите?

• Продолжувате со риболовот без оглед на сî.

• Ги фрлате малите риби во езеротои продолжувате со риболовот, надевајќисе дека следните три риби ќе бидат поголеми.

• Ќе престанете со риболовот и ќе ги зготвите рибите што сте ги уловиле.

• Ќе престанете со риболовот и одлучувате да се одморите и да уживате во глетката.

• Нешто друго.

ТЕСТШто знаеме за природнитебогатства?

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Природните богатства се работи што ги земаме од природатаза да ги задоволиме нашите потреби и желби.

2 Можеме да ловиме колку што сакаме риби и секогашќе ги има повеќе.

3 Сончевата енергија е обновлив и неисцрпен изворна енергија.

4 На луѓето им се потребни само чист воздух, слатка вода,вкусна храна и засолниште-живеалиште.

5 Ние ги исцрпуваме природните извори на нафта.

6 Со повторно користење на предметите и материјалитеги штедиме природните богатства и енергијата.

7 Кога се сечат дрвја, треба да се посадат нови.

Одговори:1.Точно2.Неточно3.Точно4.Неточно5.Точно6.Точно7.Точно

Page 93: Зелен пакет - јуниор

93

Природни богатства

РАБОТЕН ЛИСТОдржливо — неодржливо

Упатство: Ископирајте го работното ливче и поделето им го на учениците.Исечете ги сликичките и поставете ги на соодветните места според дадените упатства.

Прочитајте ги речениците под секој пар. Изберете две слики што одат со секојареченица. Ставете ги сликите со природните богатства во левиот прозорец,а сликата како го користиме во десниот прозорец.

Кога ќе уловиме мала риба,треба да ја вратиме во водата.

Кога се сечат дрвја,треба да се посадат нови.

Водата не треба да се троши побрзоотколку што се обновува.

Со ловот не треба да се намалувабројот на животните.

Page 94: Зелен пакет - јуниор

94

РАБОТЕН ЛИСТГрадот Прекрасен

Еднаш одамна, имало еден мал град до морето.Бил многу убав, со чисто сино море, песок мек какосвила и прекрасни шуми по должината на брегот.Луѓето го нарекле Прекрасен и тие живееле во него мирнои среќно. Ловелериби, примале туристи во своите домовии им нуделе прошетки во блиската шума или патувањесо брод. Им нуделе храна приготвена од растенијаи животни што живееле во блиската околина.

Еден ден жителите на Прекрасен се собрале и решиле да го променат својот гради да го претворат во голем и атрактивен туристички центар кој би им дал можностповеќе да заработат. Ја исекле шумата и започнале да градат нови хотели. Исто така,изградиле широки патишта по должината на брегот, што ги уништило песочнитебрегови и растенијата. Многу туристи доаѓале со своите автомобили во Прекрасен,со што градот станал многу бучен. Секој ден камиони носеле храна и производиод далечни места за да ги задоволат потребите на туристите. Отпадот почнал да сезголемува. Прекрасен постојано растел. Скоро ништо не останало од малиот град — тојсе променил и не можел да се препознае. Луѓето престанале да мислат за Прекрасенкако за убаво место за одмор и многумина престанале да доаѓаат. На луѓето коиживееле во Прекрасен почнал да им недостасува градот каков што бил порано.

Еден ден, еден непознат човек се појавил на централниот плоштад, каде штонавечер се собирале многу луѓе. Тој останал таму долго време, слушајќи ги луѓетокако разговараат и на крајот им ја кажал следнава приказна:

Еднаш одамна, имало една посебна кокошка. Секој ден таа несела едно златно јајце,кое светело како мало сонце во кокошарникот. Сопственикот на кокошкатаја проверувал тежината на јајцата секој ден. Постојано се жалел дека тие не сепоголеми и велел: „Можеби треба едноставно да ја убијам таа кокошка. Мора да имабогатство во нејзиното тело. Ако го извадам, ќе бидам најбогатиот човек на светот“.

Извесно време тој се колебал, но на крајот се одлучил: ја убил кокошкатаи можете да го замислите неговиот шок кога открил дека внатрешностана кокошката била иста како и кај секоја друга! Почнал да ја кубе својата косаво очај и да плаче, но се било залудно. Лакомиот ги загубил и јајцата и кокошката.Непознатиот погледнал во натажените луѓе од градот и рекол: „Оние кои брзаатда се збогатат често ќе завршат со ништо“.

Природни богатства

Page 95: Зелен пакет - јуниор

Земјата постепено станува пренаселена. Во овој период, повеќе од 7 милијарди луѓеја населуваат планетата Земја. Ако порастот на населението остане ист, до срединатана овој век (2050 година) ќе има повеќе од 10 милијарди луѓе на Земјата. Главна причиназа овој раст е фактот што се раѓаат повеќе луѓе отколку што умираат. Во денешно време,луѓето живеат поквалитетно и подолго поради промените во начинот на живеење.

Со порастот на населението се зголемува потребата од поголемо користењена природните богатства на Земјата. Поголем број луѓе значипоголема побарувачка на храна и на вода за пиење, а со тоаи зголемена потреба од поголема обработлива површина.

Проблемот на пренаселеност е многу сериозен, но можеда се дејствува во правец на негово решавање. Согледувајќија моменталната состојба со бројот на луѓето и способностана животната околина да ги обезбеди неопходнитеприродни богатства и соодветните животни услови, многуземји преземаат мерки да ја контролираат оваа состојба.Понекогаш природата успева да го контролира бројотна луѓето на едноставен и суров начин, преку природникатастрофи и непогоди (земјотреси, поплави, болести и епидемии). Во европските земјиима мал пораст на населението.

Во одделни делови на светот е заблежано опаѓање на наталитетот на населението,а во одделни региони пренаселеност. Во Македонија, во различни региони на земјата,има нееднаква распределба на населението. Особено разликата се забележува приспоредбата меѓу селска и градска средина.

95

Население

Page 96: Зелен пакет - јуниор

96

Население

Дневна подготовка: Што значи пораст на населението?

Дел I: Што е двојно зголемување на бројот на населението?

1 Објаснете им на учениците дека двојно зголемување значи зголемување прекуудвојување на броевите: 1, 2, 4, 8, 16, 32, 64...

2 Дајте го следниов пример за двојно зголемување на бројот на населението:

• Садиме во саксија гранка од некое растение.

• По извесен период гранчето го делиме на два дела, кои повторно ги садимево саксијата. Кога и тие ќе потпораснат и ќе пуштат ливче, секое од гранчињатаповторно го делиме на две. Добиваме вкупно четири гранчиња. Овој процессе повторува со удвојување на бројот на гранчиња и на тој начин се добивасî поголем број нови растенија.

• За колкав временски период саксијата ќе се наполни ако продолжимеда ја повторуваме постапката?

3 Нацртајте со креда на земјата круг со пречник од околу 2 метра. Замолете еденученик да застане во центарот и прашајте го дали има доволно простор во кругот.Друг доброволец нека му се придружи на првиоти поставете им го истото прашање. Уште двајцаученици нека влезат во кругот. Се повторуваистото прашање. Уште четворица ученици некасе приклучат, потоа осум, секогаш поставувајте гоистото прашање. На крајот, прашајте ги учениците:Може ли овој процес на зголемување да трае вечно?

4 Презентирајте повеќе информации за растотна населението и за неговата поврзаност созголеменото исцрпување на природните богатства,користејќи го воведниот текст на ова поглавје.

Дел II: Колку ученици може да собере кругот направен од јаже?

1 Однесете ги учениците во училишниот двор.

2 Објаснете дека со порастот на населението се јавува зголемена потрошувачкана природни богатства и енергија. Употребете дополнителни информацииод воведниот дел на поглавјата „Природни богатства“ и „Население“.

Времетраење 2-3 училишни часа

Годишно време Во текот на целата година

Место Училница, на отворено

Материјали Креда, клупа во градината, работен лист за ученици

Цели Учениците да:

• разберат дека бројот на населението двојно се зголемува

• разберат дека природните богатства на Земјатасе ограничени

Методи Игра, дискусија, решавање дилема

Page 97: Зелен пакет - јуниор

3 Замолете ги учениците да замислат дека кругот направен од јаже ја претставувапланетата Земја и нејзините природни богатства: минерали, енергија, вода итн. Игратаќе ви послужи за претставување на проблемот со количините на природните богатстваи бројот на луѓето. Замолете еден ученик да влезе во кругот направен од јаже.Прашајте го дали му е удобно и дали просторот — „природното богатство“ е доволен.Друг ученик нека влезе во кругот покрај првиот.Повторете го прашањето за двајцата. Поканувајте сîповеќе ученици да им се придружат на првите двајца,секогаш повторувајќи го истото прашање. Продолжетесî додека има простор во кругот. Прашајте гиучениците на кој начин тие би можеле да ја споредатможноста да влезат во кругот направен од јажесо способноста на Земјата да ги снабдува луѓетосо природни богатства. Прашајте ги дали постоиможност да се скине јажето ако учениците продолжатда влегуваат во него и што би било со просторотна планетата Земја ако се случи тоа.

4 Замолете ги учениците да размислат и да опишат слични примериза да го претстават проблемот на растот на населението и ограниченитеприродни богатства. На пример: донесете една чаша со вода во одделението.Прашајте ги децата дали оваа чаша со вода е доволна за сите ученициво училницата кои се жедни? Развијте дискусија со децата околу ова.

Дел III: Игра — Каде, во град или во село?

1 Наставникот ја дели училницата со креда на два дела и ги означува со натписите:град и село. Потоа поведува разговор со учениците и ги поттикнува наразмислување каде би сакале да живеат и зошто?

2 Секој ученик кажува која е неговата одлука и застанува на соодветниот дел.Откако ќе се поделат сите ученици, наставникот ги пребројува двете групи.

3 Резултатот од пребројувањето треба да иницира понатамошна дискусијамеѓу наставникот и учениците за рамномерната, односно нерамномернатапрераспределба на населението меѓу градот и селото.

Целта е учениците да разберат дека најдобро за нашата татковина и за развојотна општеството е да постои рамномерна распределба на населението во градовитеи селата.

Други активности

• Разделете го тестот „Пораст на населението“. Дискутирајте за одговорите во група.

• Изработете ја дилемата „Колку деца на игралиштето?“. Замолете ги ученицитеда дускутираат за тоа во групи. Дајте им слобода да поддржат различни доказиво корист на она што мислат дека треба да се направи.

• Прочитајте го текстот во работниот лист „Јаболкници“ и дајте им на ученицитеда напишат како ќе ги распределат јаболката. Помалите деца можат да бојатјаболка и да ги распределуваат. Повозрасните ученици треба да бидат активнипреку прашања, дискусии и разговор за решавање на ситуацијата.

• Разделете им го на учениците работниот лист „Предности на живеењето во гради на село“. Секој ученик нека напише зошто сака да живее во град или на село.Целта е секој ученик да ги истакне вредностите на градот или на селото.Забележете колку ученици сакаат да живеат во град, а колку на село.Дискутирајте со учениците за нивниот избор.

97

Население

Page 98: Зелен пакет - јуниор

98

Население

ДИЛЕМАКолку деца на игралиштето?

Размисли како ќе го решиш овој проблем.Во една нова населба се вселиле многусемејства што имаат повеќе од едно дете.Единствено место за играње за сите тие децабило блиското игралиште. Но, на самиотпочеток се јавил проблем: многу децана игралиштето, а мал простор за играње.Како ти би го решил овој проблем?

• Секое попладне ќе сакаш да бидеш првна игралиштето и нема да дозволиш никојдруг да го користи.

• Ќе се задоволиш со играње во турканица,ништо нема да ти пречи само да играш.

• Ќе побараш помош од родителите — да се обратат до градоначалникотза евентуална помош да се изгради ново игралиште.

• Нешто друго.

Развијте дискусија со учениците за понудените предлози и поттикнете предлагањенови идеи околу користењето на игралиштето.

ТЕСТПораст на населението

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 На нашата планета има места што се густо населени.

2 Во следните десет години, бројот на луѓето во светотнема да се зголеми.

3 Луѓето, за разлика од животните, многу повеќе се обидуваатда ја приспособат животната средина на своите потреби.

4 Во иднина, природните богатства на Земјата (обработливаземја, храна, вода, енергија) ќе бидат доволни за населението.

5 Порастот на населението е дополнителен притисокшто треба да го поднесе целата животна средина.

Одговори:1.Точно2.Неточно3.Точно4.Неточно5.Точно

Page 99: Зелен пакет - јуниор

99

Население

РАБОТЕН ЛИСТЈаболкници

Во градината на баба Мара и на баба Јована има по една јаболкница-петровка. Секоелето кај нив доаѓаат нивните внучиња за време на распустот. Така се случило и овалето. Но, заборавивме да ви кажеме дека двете баби имале различен број внучиња.Баба Мара имала две внучиња, а баба Јована шест. Деца како деца, кога дошле,веднаш тргнале кон јаболкниците, и тоа секое кај јаболкницата на својата баба.

За големо чудо, на двете јаболкници имало по еднаков број зрели јаболчиња,и тоа по 12.

Секој ученик да напише како ќе им ги распредели јаболката на децатаи да го образложи одговорот.

а) По колку од зрелите јаболка ќе земе секое внуче од јаболкницатана својата баба?

б) Кое од нив доволно ќе се најаде јаболка?

ц) Зошто е тоа така?

д) Секој ученик да го запише и да го образложи својот заклучок.

Page 100: Зелен пакет - јуниор

100

РАБОТЕН ЛИСТПредности на живењетово град или на село

Население

Сакам да живеам во град,затоа што:

Сакам да живеам во село,затоа што:

Page 101: Зелен пакет - јуниор

Потребите на современиот потрошувач постојано се зголемуваат, а луѓето, свесно илине, постојано го зголемуваат видот на производи и услуги што ги користат. Во денешниуслови, постојат неограничени можности за транспорт на производите, што овозможуванајразлични производи да доаѓаат од далечни места и да станат дел од секојдневниотживот. Потрошувачкиот пазар е презаситен со реклами за нови производи и услуги.Постепено и одвај забележливо, потрошувачката станува многу важен дел одживотот на луѓето, заземајќи голем дел од нивното време и од финансиските средства.

Производството на разни производи и услуги во минатото траело долго и бараломногу труд. Луѓето биле свесни за тешкотиите и трошоците што ги придружувалепроизводството, преносот и разнесувањето на призводите. Во минатото, начинот наживеење наложувал чување и грижа за производите, со цел да можат да се употребуваатподолго, за разлика од денес.

Во денешно време, најчесто се користат производи за една употреба, што преминуваво негативна навика. Затоа денешното општество се нарекува потрошувачко.

Кои се последиците од порастот на потрошувачката?

• Зголемена потрошувачака на природните богатства и енергија. На пример,количеството руди и минерали што се користат низ светот се удвојува секои15 години.

• Зголемено ослободување на повеќе материи што ги загадуваат воздухот,водата и почвата во животната средина. Отпадот од домаќинстватаи од индустријата се собира во отпадни депонии; отпадните води од домаќинстватаи од индустријата се испуштаат во реките, езерата и во морињата; а автомобилскитеиздувни гасови и индустриските гасови се испуштаат во воздухот.

Основна причина за тоа е зголемувањето на бројот на населението. Моментно сепроценува дека населението на Земјата е 7 милијарди луѓе. Во почетокот на 20 век тоабило околу 2 милијарди, а во средината на 21 век се очекува население од 10 милијарди.

101

Потрошувачка и отпад

Page 102: Зелен пакет - јуниор

102

Потрошувачка и отпад

Сите овие состојби претставуват сериозни предизвици за одржливиот развојна современото општество. Крајно време е луѓето да почнат разумно и свеснода ги употребуваат производите и да ги извршуваат услугите.

Луѓето треба да стекнат навика:

• Да употребуваат производи што се со повисок квалитет и траење.

• Да настојуваат да купуваат производи што се изработени од обновливи материјалии енергија, како и добиени со преработка на веќе искористени предмети.

• Активно да ја поддржуваат повторната преработка на предмети и материјали.

• Да употребуваат производи што може да се користат повеќе пати.

• Да користат обновливи природни богатства и извори на енергијаво производствените процеси.

• Да изнаоѓаат најдобри начини што не се штетни за природата во однос на превозоти испораката на производите на различни далечини.

Суровините стануваат отпад како последица на процесотна производство и потрошувачка. Непотребнитемеѓупроизводи од производствените процеси се испуштаатдиректно во воздухот и во водата и тој процес се нарекуваемисија. Непотребните производи кои понатаму сеобработуваат пред да бидат испуштени се нарекуваат отпад.

Кога еднаш е создаден, отпадот може да се користиповторно, да се преработи, може да се запали во посебнифабрики (за да се намали неговата зафатнина) или дасе закопа во депонии.

Цврст комунален отпад се нарекува домашниот, јавниот и комуналниот смет, значи сетоона што е исфрлено по употреба или повеќе не се користи.

Во денешното општество, при масовно производство, потрошувачка и пренаселеност,се зголемува количината отпад што секојдневно се создава и природата повеќе не можеда го разложи.

Затоа основна цел е да се создава колку што може помалку отпад, како и од отпадотда се искористи и употреби колку што може поголем дел.

Со повторно враќање на отпадоците во процесот на преработка, постигнуваме заштедана суровини и енергија и заштита на животната средина.

Најчесто во отпадот се среќаваат следниве материјали: хартија, стакло, пластика, метал,растителни остатоци од дворови и паркови, храна, текстил, гума и кожа и други остатоци.Овие материјали, оставени како отпад во депониите, се распаѓаат во различенвременски период — од неколку дена (за растителниот отпад) до неколку стотицигодини (за пластичниот отпад).

Управувањето со отпадот опфаќа три основни чекори што треба да се поминат пред некојпредмет да се исфрли како отпад. Тие се: намалување, повторна употреба и преработкана отпадот. Овие основни чекори се применуваат за да се намали количината отпадшто секојдневно се исфрла во депониите и за заштита на животната средина.

Намалување Сите треба да ја намалиме употребата на производи, а со тоа ќе гинамалиме отпадните продукти во корпата за отпад. Затоа е подобро да се купува вопоголеми пакувања. Потоа, треба да се пазари во платнена торба, а не во пластичникеси. Исто така, треба да внимаваме на количината што ја набавуваме, да оцениме колкуе доволно за денот или за неделата според потребите, за да не фрламе неискористенипродукти или расипана храна.

Повторна употреба Некои производи можат повторно да се употребат за одреденанамена и да не се фрлаат веднаш во корпата. Затоа треба да се размисли пред да сеисфрли нешто: дали можам повторно да го искористам ова? Треба да бидеме креативнии да смислиме многу нови начини на повторна употреба на искористени предмети,на пример, кутии од чевли за кутии за накит, лименки за кутии за моливи и пенкала.

Преработка Преработката е процес при кој искористените предмети (стакленишишиња, весници и друга хартија, лименки, пластични шишиња) се носат во фабрики,се преработуваат, со цел повторно да се добијат нови производи што можатда се употребуваат. Со ова се овозможува заштеда на природните богатстваи намалување на отпадоците во депониите.

Page 103: Зелен пакет - јуниор

Дневна подготовка: Создавање отпад

Дел I: Што има во отпадот?

1 Објаснете им на учениците дека денес се троши голема количина енергијаи природни богатства создава и толку многу отпад што ги загадува воздухот, водатаи почвата. Луѓето создаваат многу отпад, па постои опасност да се затрупаат во него.

2 За да докажете и понатаму да ја истражите оваа изјава, организирајте еднаод активностите опишани подолу:

Пример 1: Кој го загадува училиштето? Излезете во училишниот двори набљудувајте го отпадот. Кој го создава?

Пример 2: Што може да се најде во корпата за отпадоци?Истражете ја корпата за отпадоци во вашата училница.

3 Поделете го отпадот според основниот материјал (на пример, метал, хартија, остатоциод храна, пластика, стакло). Поделете го одделението во пет групи и на секоја групадајте ñ копија од работните листови „Нашиот отпад“. Групите нека го пополнат листот.

4 Покажете им на учениците стаклено шише, пластично шише, алуминиумскаконзерва, весник, парче стара облека, лушпа од банана и железен отпадок.Прашајте ги учениците дали сличен отпад се создава во нивните домови, какои за други видови отпад на кој можат да се сетат, а го создаваат нивните семејства.

5 Обрнете внимание на податокот дека некои отпадоци, штом еднаш се наталожениво депонија, никогаш нема да се разградат. Поставете прашања:

• Кои материјали нема да се разградат?

• Кои материјали ќе се разградат први?

• За кои од нив процесот на разградување ќе трае подолго време?

• Кои од нив можат повторно да се користат или да се преработат?

Организирајте дискусија за активности што би можеле да се преземат за:

• стаклени шишиња (собрани, измиени, вратени повторно во употреба);

• пластични шишиња (собрани, сортирани, згмечени, спакувани), алуминиумскиконзерви (собрани, згмечени за да се намали волуменот, спакувани);

• весници, парчиња облека, железо (собрани, спакувани).

Помогнете им да увидат дека собирањето и обработката на отпадот бара учествона целото општество, почнувајќи од семејствата, кои можат да го одделат домашниототпад и да го однесат на специјализирани места за негова преработка.

103

Потрошувачка и отпад

Времетраење 2-3 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Пластични кеси, заштитни ракавици, стаклено шише,пластично шише, алуминиумска конзерва, весник,парче облека, банана, железо

Цели Учениците да:

• развијат вештини за набљудување и препознавањена отпадот

• разберат како се намалува отпадот

Методи Дискусија, демонстрација, групна работа, излет

Page 104: Зелен пакет - јуниор

104

Потрошувачка и отпад

Дел II: Семафор за отпадот

1 Со цел да се поттикнат учениците да размислуваат пред да исфрлат нештово корпата за отпадоци, применете ја следнава активност. Нацртајте семафорна лист хартија или картон и означете ги трите светла: црвено, жолто и зелено,а во полињата внесете текст.

• Црвено светло: Не фрлај, може да се употреби повторно или да се предадена пункт за откуп и да се однесе на преработка. Зошто фрлаш?

• Жолто светло: Размисли дали е отпад или предметот може повторнода се искористи.

• Зелено светло: Фрли го отпадот. Не може повторно да се употреби.

Поставете го семафорот до корпата за отпадоци и упатете ги ученицитеда погледнат во семафорот пред да фрлат нешто.

Развијте дискусија меѓу учениците: дали навистина предметот треба да завршиво корпата за отпадоци, да се разгледаат можностите и дури на крај, доколку немадруг начин, да се фрли во корпата.

2 Разделете им го на учениците работниот лист „Отпадот дома“ и замолете ги да гоистражат отпадот создаден од нивните семејства за една недела. По една недела,побарајте од неколку ученици да ги презентираат пред одделението добиенитерезултати и да објаснат кои материјали би можеле повторно да се употребат илида се преработат. Дискутирајте колку семејства редовно го сортираат својот отпад.

Дневна подготовка: Фестивал на отпадот

Дел I: Фестивал на отпадот

1 Учениците нека соберат различни отпадни материјалии предмети — картонски кутии, пластични шишињаи чаши, алуминиумски конзерви, стари весниции списанија и други предмети што би можеледа се употребат за Фестивалот на отпадот.

2 Испланирајте кои активности би можеле да се изведатна таков фестивал (на пример, изложба на скулптуринаправени од алуминиумски и картонски кутии,изложба на украси и предмети направени од хартиениленти, парчиња облека или различна пластика; моднаревија со костими направени од отпадни материјали или костими што презентираатразни видови отпад; концерт со учениците, кои ќе создадат оригинални стиховиповрзани со отпадот за познати мелодии, поеми и други литературни творби).

Времетраење 2-3 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Картонски кутии, пластични шишиња и чаши, алуминиумскиконзерви, стари весници и списанија

Цели • Да се поттикне интерес кај учениците за правилноуправување со отпадот и повторна употреба наискористени предмети

Методи Игра на асоцијации, групна работа, демонстрација,дискусија, презентација, претстава, изложба

Page 105: Зелен пакет - јуниор

3 Подгответе кратка претстава што го прикажува невнимателниот однос на човекоткон проблемот на отпадот. Не заборавајте да додадете елемент на натпреварувањево настанот.

4 Внимателно одберете го терминот за организација. Поканете ученици од другиучилишта, родители и претставници на Општината. Исто така, обидете се дапоканите и локални бизнисмени, кои можат да обезбедат симболични наградиза победниците. Поканете и новинари, но претходно разговарајте со нивза најдобриот начин на промовирање на Фестивалот на отпадот.

5 Внимателно изберете го местото на настанот. Дозволете секој да може да го видивашиот фестивал и бидете уверени дека по настанот многу луѓе ќе почнат да мислатпосериозно за пораките пренесени со фестивалот и со вашите напори.

Дел II: Каков потрошувач сум јас

1 Прочитајте го текстот „Каков потрошувач сум јас?“ во приложениот работен лист.Организирајте ја активноста во паралелката и следете го трошењето на хартијатаза одредено време.

2 Дискутирајте со учениците за потрошената хартија во првиот обид при слободнотрошење на хартијата и во вториот кога сте ги насочиле разумно да ја искористуваатхартијата.

3 Вежбата може да се изведе и како натпревар меѓу паралелки со наслов„Какви потрошувачи сме ние учениците?“ (за хартија, тетратки, фломастери,блокови за цртање).

Дел III: Акција за собирање стара хартија

Предложете учениците да размислат за организирање акција за собирање стара хартијаи пластика. Пример за план на акцијата е даден подолу:

• Воспоставете соработка со Општината за обезбедување награди.

• Објавете го датумот на организираната акција. Повикајте ги луѓето да учествуваатпреку: летоци, локални весници, локално радио или ТВ-станици.

• Обезбедете картонски кутии што ќе ги користите за собирање пластика и хартија.

• На денот на настанот, сфатете го процесот на собирање отпад сериозно.Ако е можно, обезбедете вага и мерете ја масата на она што е донесенои запишете од кого е донесено. Поделете награди.

• Објавете ги конечните резултати и одлучете дали да дадете „награда“ за најголемзагадувач или за најдобар собирач на отпад.

• Не заборавајте — убаво е вашиот настан да биде прикажан во печатот!

Други активности

• За изведба на драмата „Необични гласови“ во приложениот работен лист потребниви се неколку листови хартија, 2 пластични шишиња, стаклено шише или чаша,канта за отпадоци, кружно исечен картон со слика на планетата Земја, кај ќе служикако маска за улогата. Дискутирајте за впечатоците од текстот и количината и видотна отпадот што се создава во училиштето.

105

Потрошувачка и отпад

Page 106: Зелен пакет - јуниор

106

Потрошувачка и отпад

ДИЛЕМАОтпад во кампот

Во текот на кампувањето забележувате дека едносемејство си заминува дома без да го собереотпадот околу својот шатор. Што ќе направите?

• Веднаш одите кај нив и им објаснуватедека мора да го соберат својот отпадпред да заминат.

• Чекате да заминат и потоа вие го чиститенивниот отпад.

• Го запишувате регистарскиот бројна нивното возило и ја информиратеполицијата.

• Го информирате комуналниот инспекторво општината.

• Ништо, тоа не е ваш проблем.

• Нешто друго.

ТЕСТОдговорна потрошувачка

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Во денешното општество се троши без мера и грижаза природните богатства.

2 При зголемено трошење производи, користиме помалкуприродни богатства и енергија.

3 Во денешно време повеќето материјали можатда се преработат.

4 Со повторна употреба на производите се намалува отпадот.

5 Преработката го намалува изворот на природните богатства.

6 Предметите треба да се користат повеќе пати,а не само еднаш.

7 Хартијата и пластиката не можат да се преработуваат.

8 Ако ги фрлиме пластичните шишиња без да ги згмечиме,тие заземаат многу место.

9 Употребата на платнена торба е подобро за животнатасредина отколку на пластични кеси.

Клуч:1.Точно2.Неточно3.Точно4.Точно5.Неточно6.Точно7.Неточно8.Точно9.Точно

Page 107: Зелен пакет - јуниор

107

Потрошувачка и отпад

РАБОТЕН ЛИСТНаш отпад

1 Истражете ги основните материјали од кои е создаден отпадот што се наоѓаво корпата за отпадоци во вашата училница.

2 Колкава е масата на отпадот што го создаваат учениците од едно одделениеза еден ден?

3 Ако секое одделение во училиштето создава толку многу отпад, колку отпадсе прави од сите одделенија во еден ден?

Основни материјали Број на предмети најдени во корпата за отпадоци

Метал

Хартија

Органски материи

Пластика

Стакло

Page 108: Зелен пакет - јуниор

108

РАБОТЕН ЛИСТОтпадот дома

Истражете го отпадот во вашиот дом, ставајќи големи картонски кутии веднашдо корпата за отпадоци. Означете ги кутиите со следниве наслови: За пластика,метал, хартија, цели стаклени шишиња, картон и други видови пакувања.Замолете ги членовите на семејството да ги собираат овие предмети во кутиите,додека останатиот отпад (отпадоци од храна, скршено стакло итн.) требада се фрла во корпата за отпадоци како и обично. Продолжете да го одделуватеотпадот една недела. Внесете ги податоците во табелата подолу.

Потрошувачка и отпад

Собрани материјали Број на парчиња

Стаклени шишиња

Пластика

Метал

Хартија

Картон

Други пакувања

Други материјали

Име на истражувачот:

Испитувањето започна на: Заврши на:

Број на членови во семејството:

Page 109: Зелен пакет - јуниор

109

Потрошувачка и отпад

РАБОТЕН ЛИСТКаков потрошувач сум јас

Земете одредено количество хартија (топ хартија А4) и кажете им на ученицитедека таа ќе служи за цртање, сечење и за општо користење во паралелката.Не спомнувајте им ништо дека хартијата треба да трае подолго и дека ученицитеќе треба да ја штедат и да ја користат рационално. Оставете таа да се користиспонтано (на кој како што му треба). Вие како наставник забележете го датумоткога сте ја дале хартијата и следете до кога ќе се користи, односно до кога ќе трае.Можете нацртаната и искористена хартија да ја собирате во една картонска кутија.

Откако таа ќе се потроши, кажете им на учениците дека хартија повеќе нема,но вие повторно им давате топ хартија за трошење. Овој пат напоменете имго следново: искористувајте ја хартијата од двете страни, доколку имате потребаза помал лист, преполовете ја хартијата, при сечење и лепење да се искористувасекој дел од листот. Едноставно, кажете им на учениците овој пат да бидатповнимателни при трошењето на хартијата. Забележете го датумот когасте ја дале хартијата на трошење и до кога таа ќе им служи на учениците.Чувајте ги сите изработки на учениците.

• Споредете го времето на користење на хартијата (првиот и вториот пат).

• Избројте колку изработки има во едната кутија и во другата.

• Разговарајте кога пакетот хартија ви трае подолго.

• Наведете ги учениците да размислуваат и за останатите постапки кога се во улогана потрошувачи.

Page 110: Зелен пакет - јуниор

РАБОТЕН ЛИСТНеобични гласови

Лица: Зоки, Маја, хартијата, пластиката, стаклото и планетата Земја

Зоки: Здраво, Маја! Гледам дека и ти си дошла порано.

Маја: Здраво, Зоки! Мило ми е што те гледам.

Зоки: Што има ново? Како си?

Маја: Сî е по старо... (престанува) Молам?

Зоки: Што? Што рече?

Маја: Јас ништо, но слушнав некои гласови!

Зоки: (зачудено) И јас го чув истото. Шшшшшт! Слушај, отпадоците зборуваат!Забележуваш?

Маја: Да... Но, како е можно ова!? (зачудено) Ајде да слушнеме што зборуваат!

Планетата Земја: Престанете веќе еднаш! Зошто мислите само на себеси?Јас постојано сум загадена. Го носам товарот на целиот овој отпад,фрлан со векови наназад, ама станува неиздржливо. Не можам веќе да гоподнесам. Ве молам да престанете да се жалите, бидејќи ако се распаднамјас, и вие ќе пропаднете заедно со мене. Ги трошам последните сили...

Стаклото: Е доста веќе се жалите! Не можам да ве слушам! Барем вас еденден ќе ве снема! (налутено) А што да кажам јас!? Јас постојано ќе живеам,никогаш нема да се распаднам. Ех, да бев во некоја канта само за стакло,досега сто пати ќе ме преработеа! Воопшто не се чувствувам добро!

Пластиката: Не би требало да се жалиш, една година е ништо! Јас овдестојам вака валкана, изложена на дожд, ветер и снег! Тешко мене. За да сераспаднам, треба да чекам пет века! Ееееј, слушаш, петстотини години!Би сакала да се најдам во кантата за отпадоци, па да ме однесат во блискатафабрика за преработување, да ме исчистат и повторно да ме употребат,пак да станам шарена и корисна!

110

Потрошувачка и отпад

Хартијата: Леле, леле! Ми се смачи постојано да бидам на истото место,неподвижна и валкана. Веќе една недела лежам на ова место. На никогоне му текнува да ме крене и да ме стави во кантата за отпадоци, а потоада ме преработи. Тогаш би била чиста и корисна. Уф, тешко мене...Кој ли ќе чека една година да се распаднам и да се спасам од овие маки!

Маја и Зоки: (се гледаат запрепастено, зачудено, со многу идеи во главата)

Маја: Зоки, ајде да направиме еколошка секција. Ајде да ги собереме ситенаши другарчиња, да им кажеме што слушнавме и да се фатиме за работа.Да ги собереме овие отпадоци и да ја спасиме нашата драгоцена планета!

Page 111: Зелен пакет - јуниор

Сите луѓе се дел од едно општество. Животот на луѓето во едно општествое овозможен со низа услови, како што се: храна, дом, работа, забава и многу другинешта. Многу од луѓето се задоволни со начинот на живеење и со тоа што го имаат,но некои не. За да си овозможат подобри услови за живеење, луѓето ги користатприродните богатства. Сите активности на човекот, како што се: производствои потрошувачка, користење руди, шуми и води, градење нови згради на слободнизелени површини и друго, имаат сериозно влијание врз животната средина.

Да се живее во одржливо општество значи да се бара рамнотежа меѓу луѓетои природата. Ние денес само ги трошиме природните богатства. Користиме водаза пиење, воздух, јаглен и дрва за огрев, земјени површини за патишта и слично,а не сме придонеле за обнова на дрвјата, чиста вода или за чист воздух. Луѓето требада си постават обврска да се грижат за одржливоста на развојот на самата природа,затоа што таа не може повеќе да дава суровини, а луѓето да не размислуваатза последиците од таквиот начин на искористување.

Градењето одржливо општество е долг процес во кој секој поединец требада придонесува со своето однесување и со постапките во насока на зачувување —одржливост на сите добра на Земјата и живиот свет. Со тоа ќе се овозможи и ниеи следните генерации да имаме услови за добар живот и притоа да се зачува природата.

Досегашното живеење често предизвикува катастрофи, токму затоа што потребите на луѓетосе премногу големи, а природата е исцрпена и уништена. Не смееме да ги трошимеприродните богатства без мерка. Треба да размислуваме и за следните генерации да имаатнеопходни услови за живеење. Исто така, треба да знаеме дека средината во која живеемеима свои граници, кои треба да ги почитуваме. Целиот живот на планетата Земја се одвиваво тие граници. Сите организми живеат во рамнотежа. Секое нарушување на рамнотежатадоведува до низа катастрофи со големо влијание врз животот на сите организми.

Заштитувањето на природата е неопходна за развојот, затоа што тоа обезбедуваприродни богатства, чиста вода, енергија, воздух и почва. Одржлив развој е развојна општеството што овозможува економски напредок и благосостојба на луѓето,а истовремено заштита на природата и живиот свет.

111

Општествен развоји животна средина

Page 112: Зелен пакет - јуниор

112

Општествен развој и животна средина

Дневна подготовка: Општествен развој

Дел I: Капацитет на носивост(врска меѓу големината на живеалиштето и бројот на единки во него)

1 Објаснете им на учениците дека капацитетот на носивост во природата го означувабројот на организми што можат да живеат во едно место. Најважни фактори штого дефинираат капацитетот на носивост се: достапноста до вода, храна, живеалиштеи простор. Капацитетот на носивост важи за сите живи организми, иако луѓето можатда се приспособат полесно на ненадејните промени во условите на животнатасредина. За животните и за растенијата, приспособувањето е потешко.Приспособувањето на организмите во една животна средина се менува во зависностод промените на годишните времиња. Природните несреќи (на пример, поплави,невреме, мраз, вулкани) може многу да влијаат врз активностите на човекот.

2 Еве неколку примери/прашања за врската меѓуголемината на живеалиштето и бројот на единки во него:

• Прашајте ги учениците дали некој од нив дома имааквариум и дали можат бескрајно да додаваат новирипки во него.

• Колку членови има секое семејство одделно?Има ли случаи во кои бројот на луѓето кои живеатзаедно може значително да се зголеми?(големи згради, кампови) Како се чувствуваатлуѓето кога живеат во тесен простор?

• Што се случува со жителите на влажните области (на пример, мочуришта, бари)откако тие се исушени? Кои од нив тргнуваат во потрага по ново живеалиште,а кои од нив умираат?

• Ако луѓето кои живеат во регион со река/езерце одлучат да ја употребат целатавода за сопствени цели (на пример, за пиење, наводнување, индустрија),што ќе се случи со растенијата, животните и луѓето кои живеат покрај реката?Може ли ваквата ситуација да предизвика проблем?

3 Објаснете им на учениците дека животните се селат или умираат. Растенијатаобично не можат да се приспособат доволно брзо и умираат. Оваа ситуацијае поинаква кај луѓето, бидејќи тие можат да се приспособат многу полеснона новите услови и да се справат со разни тешкотии. И покрај оваа приспособливост,надминувањето на капацитетот на носивост многу често придонесува за проблеми,војна и масовно страдање.

Времетраење 4-5 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали 2 чаши за пиење со различна големина, хартија во боја

Цели Учениците да:

• разберат дека во природата постои рамнотежа штоне смее да се наруши

• ги воочат и да ги анализираат негативните причиниво непосредната околина што доведуваат до создавањеодреден проблем

• осознаат дека тешкотиите можат да се надминатпреку соработка

• разберат дека секој би можел да придонесе за одржливразвој на општеството

Методи Демонстрација, дискусија

Page 113: Зелен пакет - јуниор

Дел II: Реката тече низводно

1 Објаснете им на учениците дека добро место за живеење е она во кое има доволнохрана, вода, чист воздух и засолниште. На овој начин нашите предци размислувалекога одлучувале каде да се населат. На крајот, групните домови — заедници станалесела, а селата прераснале во градови. Создадените нови заедници развивалесложени односи и со соседните заедници.

Денес, и покрај развојот на модерната цивилизација и највисоките достигнувањана технологијата, добросостојбата и безбедноста на луѓето сî уште зависатод зачувувањето на животната средина и од одржливата употреба на природнитебогатства. Многу често притисокот и проблемите во различни региони започнуваатод еколошките проблеми.

2 Прочитајте ја приказната „Низводно“ од приложениотработен лист.

3 Дискутирајте околу следниве прашања со учениците:

• Што е водата во реката?(Природно богатство што им служи и на животнатасредина и на луѓето што живеат во двете села.)

• Зошто реката е среќна кога ќе дојде до морето?(Реката била среќна затоа што успевала да им дадееднакво количества вода на сите села низводноза на крајот да се влее во морето.)

• Од која причина старешината од погорното село предложил изградба набрана? (Поради желбата за подобар и побогат живот. Нема ништо лошо во таажелба, бидејќи природна желба на сите луѓе е да се развиваат и живеат добро.)

• Какви грешки направиле луѓето од погорното село? (Тие одлучиле да гоискористат скоро целото водно богатство без да водат сметка за потребитена луѓето во долното село, што довело до сериозни последици.)

• Кои се последиците? (Исчезнување на животни и растенија, намалување наприносите, сечење на шумата, осиромашување и селење на луѓето од подолнотосело, проблем меѓу двете села, загуба на пријателските односи и традиции.)

Организирајте ги одговорите од учениците следејќи го примерот:

• Состојба — вода (природно богатство); нејзината употреба била урамнотежена,еднакво користена од сите

• Промена — старешината решава да изгради брана

• Причини — желба за развој и подобар живот на горното село

• Грешки — не се водело сметка за потребата на животната средина и за луѓетово подолното село

• Последици — загуба на растенија и животни, осиромашување на луѓето,преселба и караници.

4 Заклучете дека кога се донесуваат важни одлуки, можно е да се повредат различни,и прилично често, спротивни интереси. Последиците не можат секогаш леснода се предвидат и многу често доведуваат до сериозни проблеми. За да се избегнаткомпликации и критични ситуации, сите причини и последици треба да серазгледаат однапред. Тоа не е лесно и често се потребни време, трпениеи заедничка почит.

5 Кажете им на учениците да разговараат со своите родители за приказната„Низводно“. На следниот час, замолете ги учениците да ги донесат своитепредлози за решавање на проблемите.

6 Однапред разделете копии од приказната „Кој е посилен?“ во приложениотработен лист. Замолете ги учениците да најдат решенија за судири што можатда се засноваат на главната идеја во приказната.

113

Општествен развој и животна средина

Page 114: Зелен пакет - јуниор

114

Општествен развој и животна средина

Дел III: Рамнотежа

1 Објаснете дека луѓето се дел од природата и дека развојот на општествотоотсекогаш зависел од животната средина.

2 Објаснете дека ќе се потрудите да го следите начинот на кој се променил односотмеѓу природата и човекот со сликовит приказ на „вага“ во природата. Нацртајте натаблата вага, како што е покажано на текстот подолу. Најпрво напишете ги врскитемеѓу луѓето и природата во почетокот на историјата на човековото општество:

• Луѓето собирале овошје и зеленчук, одгледувале растенија, ловеле иприпитомувале животни, собирале дрво за огрев и живееле во домови кои билеедноставно изградени. Напишете ја оваа информација во десната колона.

• Разговарајте за населението во блиското минато (откако има технолошки развој)и за тоа каква технологија имале луѓето тогаш.

• Дискутирајте дали општествата во минатото ја нарушувале рамнотежата меѓулуѓето и природата.

Заклучете дека во минатото активностите на луѓето не можеле да ја нарушатрамнотежата на природните системи.

3 На сличен начин анализирајте ги природнитебогатства и активности на човекот во современотоопштество. Учениците ќе знаат од претходнителекции дека воздухот, водата, почвата, растенијатаи животните не се промениле многу. Луѓето, донекаде, ја развиле својата способност да користатнови суровини и материјали. Од друга страна,активностите на човекот (на пример, ископувањето,развојот на индустријата и транспортот,производството на енергија за добивањеелектрична струја и затоплување, сечењето нашумите, сушењето на мочуриштата, копањетоканали, риболовот и ловот на големо) стануваат бескрајни. Напишете ги овиеинформации на во десната колона. Дискутирајте за начинот на кој населението сепроменило во последниот век, додавајќи повеќе информации за новите технологиишто се воведуваат во модерното општество и просечниот стандард на живеење.Одлучете дали сî уште може да се надеваме дека постои можност вагата да сеодржува во рамнотежа.

Дел IV: Како да одговорите на предизвикот

1 Кажете им на учениците дека брзиот развој на современото општествопредизвикува појава на многу сериозни проблеми, како што се климатскитепромени, загадувањето на живатната средина и изумирањето на бројни видови.Решавањето на овие проблеми е важно, но тоа не може да го постигне само еднадржава, институција или една личност.

2 Кажете им на учениците дека ќе играте игра што ќе им покаже како да пристапатдо проблемите за да ги решат. Замолете доброволец да ја прочита приказната„Предизвик“ во приложениот работен лист. Можете како алтернативада организирате претстава со улоги, избирајќи доброволци кои ќе ги играатулогите на лицата од приказната.

Рамнотежа

Природата обезбедува:• Воздух, вода, почва• Растенија, животни• Природни богатства, енергија

Активности на човекот:• ....................................................• ....................................................• ....................................................

Page 115: Зелен пакет - јуниор

3 Прашајте ги учениците како се чувствувале додека глумеле. Што им оставилонајголем впечаток.

4 Направете споредба меѓу приказната и можностите на современото општествода ги реши сериозните проблеми.

5 Распределувајќи ги новите улоги на ваков начин, повторно одиграјте ја претставатаво која предизвик претставува еден посебен глобален проблем (на пример,климатска промена, загадување на водата, почвата).

Донесете заклучоци за важноста на секој учесник и за потребата да се обединатнапорите во решавање на проблемите. Забележете дека една заедничка причинаги обединува сите што се засегнати, а тоа е заштитата на животната средина.

Дел V: Денес ние ја позајмуваме природата од нашите деца

1 Кажете ја древната поговорка — Ние ја позајмуваме природата од нашите деца.Дискутирајте за нејзиното значење.

2 Во контекст на поговорката, дискутирајте за одговорноста на секоја генерацијакон следната. Обидете се да го илустрирате тоа преку давање примери поврзанисо вашиот град или село и со животната средина (промена на околината, состојбатана водата во блиската река или езеро, заканите за посебните видови животнии растенија итн.).

3 Замолете ги учениците да нацртаат слика на тема „Земјата за сто години“ и да гипретстават своите очекувања и идеи за животот во иднина. Организирајте изложбаи дискусија за сликите.

Дел VI: Како можам јас да помогнам?

1 Потсетете ги учениците дека секој е одговоренза решавање на проблемите со кои се соочувасовременото живеење. Кажете им дека од најголемаважност е секој од нив да одговори на прашањето:што би можел да направам јас за да помогнамза одржливиот развој на општеството? За таа цел,нацртајте на табла стебло на листопадно дрвово зима, без лисја, и разделете неколку листа хартијаво боја кои претходно се исечени во форма на лисја.Замолете ги малку да размислат во групи и данапишат на секој лист нешто што тие би можеле да го направат за да го подобратживотот во заедницата. Притоа, треба да внимаваат да не предизвикаат штетаза човековото здравје или за животната средина. Потсетете ги учениците наактивностите поврзани со нивната работа од претходните часови (на пример,садење дрво, грижа за цвеќињата и животните, штедење енергија и вода, прошетка,велосипед, чист училиштен двор, сортирање и рециклирање на отпадот).

2 Сите групи наизменично ги презентираат своите идеи и ги закачуваат своите „лисја“на гранките од дрвото. На крајот од оваа активност, резултатот ќе биде прекрасношарено дрво создадено преку здружените напори на одделението.

Дел VII: Игра — Авиони за одржлив развој

1 Учениците се делат на две групи и седнуваат на столчиња едни спроти другиво две паралелни редици, оддалечени неколку метри. Секој ученик прави авиончеод хартија и на него со фломастер испишува порака што содржи: што им посакувамили порачувам на другите деца на Земјата за природата, водата, почвата, воздухот,семејството, дружењето, храната и др. Наставникот треба да ги поттикне ученицитеда размислуваат со прашање: што е неопходно и важно за сите нас, за живототна Земјата и што ќе им порачате на децата од другите делови на светот?

115

Општествен развој и животна средина

Page 116: Зелен пакет - јуниор

116

Општествен развој и животна средина

2 Секој ученик пишува сам. Пример: Водата е неопходна и треба да ја чуваме!Го фрла авионот кон другата група, а ученик отспротива го фаќа и чита на глас.Го коментира или додава уште нешто на листот и потоа го фрла кон групата,но го фрла и својот авион. Останува без авион, чекајќи да слета следен.Двајца ученици од другата група ја продолжуваат постапката, со фрлање дваавиона. Истата постапка се повторува. Во еден момент наставникот го означувакрајот на играта и пребројува колку авиони има секоја група. Доброволци ги читаатпораките на глас и можат да ги запишат запишат на табла.

3 Целта на играта е на креативен начин да се поттикнат учениците да даваат идеи,да дополнуваат идеи за природата, живиот свет, начинот на живеење и дасе дружат. Авионите остануваат за спомен кај секој ученик или можат да бидатзакачени сите на една табла, видливи и за други ученици.

Други активности

• Направете календар за животната средина, при што во секој месец ќе ги забележитеденовите кога се одбележуваат празници за животната средина, ваши еколошкиучилишни активности, излети во природа. Можете да ставите и слики од вашитеактивности или од растителни и животински видови. Календарот можетеда го направите на хартија и хамери, при што ќе ги исцртате сите месеци со табелана деновите во месецот и ќе внесувате во празните полиња. Исто така, можетеда го направите тоа и електронски и на компјутер.

Page 117: Зелен пакет - јуниор

117

Општествен развој и животна средина

ДИЛЕМАШумска кражба

Се шетате низ шума и здогледувате некојпознајник како незаконски сече дрва за огрев.Еден час подоцна, кога ја напуштате шумата,го среќавате шумарот, кој ве прашува дали стевиделе некој како сече дрва. Што ќе направите?

• Ќе кажете дека не знаете ништо и не стевиделе никого.

• Ќе признаете дека знаете кој го сторил тоа.

• Ќе му кажете на шумарот дека сте слушналенекого во спротивната насока.

• Нема да му кажете ништо, но подоцнаќе му се јавите со информации,без да го кажете своето име.

• Нема да му кажете на шумарот ништо, но ќе му кажете на познајникот декасте му лути.

• Нешто друго.

ТЕСТОдржлив развој

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Најважни фактори што ја создаваат врската меѓу големинатана живеалиштето и бројот на единки во него се вода, храна,засолниште и доволно простор.

2 Врската меѓу големината на живеалиштето и бројот на единкиво него важи за сите живи суштества, освен за човекот.

3 На животните и на растенијата им е потешко да се приспособатна големи промени во животната средина отколку на луѓето.

4 Активностите на човекот не влијаат врз врската меѓуголемината на живеалиштето и бројот на единки во негово природната средина.

5 Денес многу често притисоците и судирите доаѓаат заедносо проблемите во животната средина.

6 Сите се одговорни за одржувањето чиста животна средина.

7 Кога луѓето велат: ние ја позајмуваме природата од нашитедеца, мислат дека децата треба повеќе да работат во градината.

8 Децата не треба да се грижат за животната средина.Возрасните се грижат за сî.

Одговори:1.Точно2.Неточно3.Точно4.Неточно5.Точно6.Точно7.Неточно8.Неточно

Page 118: Зелен пакет - јуниор

118

Општествен развој и животна средина

РАБОТЕН ЛИСТНизводно

Порано имаше една длабока немирна рекашто извираше во планината како мал поток.Потокот течеше низ планинските пасишта,уживајќи во погледот на огромните стада овци,кози и крави. Потоа потокот поминувашениз една голема шума, давајќи им патемдел од својата вода на дрвјата, растенијатаи на животните. Други потоци и поточињаму се придружуваа и на крајот тој излегувашеод шумата како голема и длабока река којамирно стигнуваше до долината. Минувашениз полињата и ливадите и нејзините водибеа дом на многу риби и на други речнисуштества. Откако ќе направеше многу добридела на своето долго патување, на крајотреката се среќаваше со морето и се влевашесреќно во него.

Имаше едно село на горниот тек на реката,чии жители го пасеа својот добиток,ловеа или собираа секакви плодови. Имашеуште едно село во долината, чии жители гисееја и жнееја своите полиња, одгледуваадобиток и ловеа риби во реката. Понекогашодеа на лов во шумата. Селаните беа среќни.Понекогаш тргуваа меѓу себе. Се посетуваа,се гоштаваа и ги венчаваа своите синовии ќерки со оние од другото село.

На тој начин, двете села живееја во мири среќа сî до денот кога градоначалникотод погорното село не предложи поставувањебрана на реката. „Ако зачуваме повеќе водаод реката — им рече тој на луѓето — ќе можеме

да одгледуваме повеќе стока. Ќе изградиме мала електрична постројка штоќе ги движи нашите пилани. Ќе живееме подобро и ќе напредуваме“. Селаните сесогласија и поставија брана на реката, оставајќи само мал дел од нејзината водада тече низводно. Тие го зголемија бројот на своите стада и наскоро повеќе дрвабеа потребни за обработка во пиланите.

Промените брзо беа забележани во подолното село. Водата што стигнувашево нивните полиња и пасишта не беше доволна. Посевите на нивите исчезнааи риба имаше сî помалку и помалку. Помалку животни и плодови можеада се најдат во шумата. Луѓето од подолното село стануваа сî посиромашни.

Дружбата меѓу луѓето од двете села престана и заедничките гозби повеќе не сеорганизираа. Некои млади луѓе од подолното село заминаа, селејќи се насекаде,барајќи подобар живот. Меѓу оние што останаа, некои се скараа со луѓето одпогорното село. На тој начин, среќата и мирот беа протерани од двете села.

Page 119: Зелен пакет - јуниор

119

Општествен развој и животна средина

РАБОТЕН ЛИСТКој е посилен?

Многу одамна Сонцето и Ветерот биле најдобри пријатели. Тие среќно си играле,но, исто така, биле и многу горди. Еднаш се скарале за тоа кој е посилен.„Кога јас ќе почнам да дувам во шумата — рекол Ветерот — ги виткам дрвјатаи ги тресам нивните лисја. Јас сум посилен“.

„Кога јас ја загревам земјата – рекло Сонцето – го топам снегот и ја претворамводата од езерата и од реките во пареа“.

Така тие долго се карале, но никој не сакал да признае дека другиот е посилен.Одеднаш забележале човек во полето, кој брзал по патот. Човекот носел дебелокожено палто.

„Ајде да ги измериме силите!“, предложил Ветерот. „Оној што ќе успее да го натерачовекот да го соблече своето палто, тој е посилен“.

„Ти си на ред!“, се согласило Сонцето.

Ветерот прв ја пробал својата сила. Се нафрлил врз човекот дувајќи бесно,обидувајќи се да влезе под палтото на човекот за да го оддува. Човекот го држелсвоето палто цврсто околу себе, ја наведнал главата и продолжил да оди низполето. Ветерот дувал и дувал, но не можел да го соблече палтото на човекот.Набрзо Ветерот се изморил и отстапил засрамено.

Потоа било ред на Сонцето. Тоа почнало да се смее и ги испратило своитетопли зраци над човекот. Човекот продолжил да оди сî додека не се испотил.Тогаш го избришал челото и полека го соблекол своето палто. Го префрлил прекурамото и продолжил да оди.

Така Сонцето и Ветерот ја завршиле својата расправија. Ветерот разбрал дека еднатопла насмевка е посилна од сето дување на светот.

Истото тоа може да се случи и во животот: една топла насмевка и љубезен зборможе да постигнат повеќе од силата.

Page 120: Зелен пакет - јуниор

120

Општествен развој и животна средина

РАБОТЕН ЛИСТПредизвик

Малиот Јане живееше во населба до блиската шума. Секојдневно си играше вопрекрасната шума и другаруваше со нејзините жители. Но, еден ден Јане слушначуден глас што го повикуваше. Помисли дека верверичката го повикува на игра.Но, овој пат на нејзиното лице тој забележа вознемиреност и тага. Верверичкатаму даде знак да ја следи и двајцата се упатија по тесната патека.

По кратко време пред нив се појави страшна глетка. Огромен куп смет, шут, отпад.Јане се вчудовиди. Знаеше дека мора брзо да реагира. Сакаше да го направи тоасам, но сфати дека не е возможно. Се стрча по своите родители. Понесоа количкаи лопати и дојдоа до купот. Но, кога видоа дека има многу отпад и не ќе можатсами да го исчистат, решија да ги повикаат соседите. Дојдоа и тие и со себепонесоа пластични вреќи. Работеа сложно, а на работата и немаше крај.Тоа не беше доволно. Затоа решија да повикаат еколошко здужение кое сигурноќе им помогне. Кога слушнаа за што станува збор, тие веднаш дојдоа и се вклучијаво акцијата. Чистеа сите заедно и работата навистина даде резултат. Но, на крајотсе појави проблем каде, како и со што да се префрли отпадот. Проблемот можешеда го реши само комуналната служба на нивната општина. На крајот, со специјалновозило дојдоа претставници од општината, го натоварија насобраниот отпади го однесоа на соодветното место. Тие поставија и табли како потсетувањеза забрането фрлање отпад во шумата.

Page 121: Зелен пакет - јуниор

121

Општествен развој и животна средина

22 Мај • Меѓународен ден на биолошката разновидностМеѓународниот ден на биолошката разновидност е прогласенод страна на Обединетите нации за да се зголемат разбирањетои свеста за темите од областа на биолошката разновидност.

14 и 15 Мај • Меѓународен ден на птиците-преселнициОвој ден ја поддржува заштитата на птиците и ја зголемува свестаза птиците преку набљудување на птици, давање информацииза птиците и нивното преселување, јавни настани и различнидруги образовни програми.

22 Април • Ден на планетата ЗемјаВо 1970 година, група луѓе во САД се собрале за да го привлечатвниманието на светот кон проблемите предизвиканиод модернизацијата. Оттогаш овој ден се прославува низ целиотсвет како Ден на планетата Земја.

7 Април • Светски ден на здравјетоСветската здравствена организација (СЗО) е основана на овојден во 1948 година. Во животната средина, која се менува околу нас,здравјето станува значајна тема.

22 Март • Светски ден на водатаОдлуката да се прославува овој ден е донесена неодамна,бидејќи изворите на вода за пиење брзо се исцрпуваат. Светот морада стане свесен за овој проблем и да почне да ја штеди водата.

21-28 Март • Денови на пролетта денови на екологијатаСе одржуваат активности, како што се садење дрвја и истакнувањена потребата од зголемување на зелената покривка.

РАБОТЕН ЛИСТКалендар за животната средина

2 Февруари • Светски ден на мочуриштатаОвој ден се слави од локалните заедници низ светот,кои ја промовираат јавната свест за вредноста и функцијатана мочуриштата за животната средина и за луѓето.

Page 122: Зелен пакет - јуниор

122

Општествен развој и животна средина

РАБОТЕН ЛИСТКалендар (продолжува)

11 Декември • Меѓународен ден на планинитеПланините се важни за животот. На овој ден ги истакнувамеможноста и ограничувањата во планинскиот развој и градењетопартнерства што ќе донесат позитивна промена за светскитепланини и планински места.

4 Октомври • Светски ден на животнитеНа овој ден, групите за заштита на животните, резерватите и поединциниз целиот свет одржуваат посебни настани за да ја подигнат свестана јавноста за прашањата на животните и да ги охрабрат луѓетода размислат како ние како луѓе се однесуваме кон животните.

Првиот понеделник во октомври • Светски ден на живеалиштетоПрвиот понеделник во октомври е Светски ден на живеалиштетоза да се одрази состојбата на човековите населби и да се укажена основните права за еднакво засолниште за сите. Луѓето го делатсветот со сите живи суштества, па така нашиот свет е и нивни свет.

28 Септември • Ден на зелената потрошувачкаПроблемот на потрошувачката и нејзиното влијание врз животнатасредина е област што претставува главна грижа во денешниот свет.Треба сериозно да се сфати важноста на рециклирањето и повторнатаупотреба и да се изгради свест кај луѓето за тоа.

16 Септември • Светски ден за заштита на озонската обвивкаОбединетите нации го прогласија овој ден за Меѓународен денза зачувување на озонската обвивка. Тоа е денот кога е потпишанМонтреалскиот протокол.

17 Јуни • Светски ден за борба против опустинувањеОвој ден се слави секоја година и неговата цел е да се истакнеитната потреба да се забави процесот на опустинување (ширење напустината) и да се насочи вниманието кон сериозните прашања воврска со сувите земјишта на меѓународната агенда за животна средина.

5 Јуни • Светски ден на животната срединаНа овој ден во 1972 година, била одржана Стокхолмскатаконфереција за човековата околина во Шведска. Имало голем бројучесници од целиот свет и луѓето ја изразиле својата загриженостза зголемениот број проблеми во животната средина.

Page 123: Зелен пакет - јуниор

Kaj здравиот начин на живеење сите фактори треба да функционираат во рамнотежа.Многумина сметаат дека само исхраната е битен фактор за здрав начин на живеење.Но, не е така. Многу фактори се битни за одржување здрав избалансиран живот.Да споменеме некои и од другите услови:

• Здрава храна (наспроти брза храна)

• Спорт

• Одмор (здрав сон) и разонода

• Читање корисна литература

• Дружење — комуникација или друштвени игри на улица

• Семеен ручек и разговор

• Позитивен и одговорен однос кон домашните миленици

• Ментална хигиена (развивање позитивни мисли)

Храна е сето она што се консумира секојдневно — сето она што се јаде и се пие.Многу е важно каква храна се јаде. Пред сî, таа треба да биде разновидна, доброодбрана и притоа треба да се јаде храна и од животинско и од растително потекло.Многу е важно храната да биде свежа, да содржи разновидни хранливи состојки,да заситува и да биде распоредена во неколку дневни оброци.

Храната што ја консумираме не смее да содржи хемикалии, како што се конзервансии други додатоци. Здравата исхрана е навика што треба да ја градиме од најмала возраст.

Наспроти здравата храна, таканаречената брза храна (фаст фуд) дава спротивни ефектикои негативно се одразуваат на целокупниот организам и на неговиот развој.

Храната е повкусна кога ја споделуваме со блиски луѓе. Семејниот ручек е важенза хармоничен семеен живот.

123

Здрав начин на живеење

Page 124: Зелен пакет - јуниор

124

Здрав начин на живеење

Спорт За здрав начин на живеење придонесуваатфизичките активности и спортувањето. Добро е денотда се започне со утринска гимнастика, но важно е во текотна денот да се вршат и други физички активности.Се препорачуваат пешачење, движење и игра со врсницитена игралиште, минувајќи го слободното време во дружење,возење велосипед или ролерки, играње со топка, криенка,одбојка, кошарка, брканица и сл.

Наспроти ваквиот активен начин на живеење, децата сîповеќе седат пред компјутер или пред ТВ-екраните.Долготрајното неподвижно седење предизвикува разни

деформитети на телото, а потоа и ослабен вид, осаменост, отуѓеност.

Хигиена Здравиот начин на живеење подразбира и редовно одржување на хигиената.

Хигиената претставува одржување на чистотатана телото и на просторот во кој живееме, работиме,учиме, другаруваме.

Личната хигиена претставува одржување на чистотатана целото тело. Редовното бањање и туширање, какои миењето коса се дел од тоа. Составен дел на личнатахигиена е и носењето чиста и испрана облека и обувки.Да се потсетиме дека миењето раце пред секој оброке задолжително, како и миењето и четкањето забипо секој оброк.

Просторот во кој престојуваме треба да биде чист и редовно да се проветрува.Исто така, треба да ги одржуваме чисти и училишниот двор, игралиштето и целокупниотпростор во нашата поширока околина.

Покрај здравата исхрана, треба да се спомене и внатрешната (менталната) хигиена,која подразбира позитивни и здрави мисли.

Одмор По долга и напорна работа, на секој организамму е потребен одмор. Затоа е препорачливо по секоја работа(физичка или психичка), да следува одмор. Исто така, многуе важно во текот на неделата да се најде време за прошеткиво природа, другарување, возење велосипед, рекреација,дружење со пријатели и друго. Ова другарување е делод разонодата. Секој човек ја доживува разонодата на својначин, па така секој има свое хоби (да чита, да патува,да собира предмети и слично). Разонодата му помагана човекот да си го исполни животот со убавина, среќаи со пријатни мигови. Дел од одморот треба да се искористи

за читање книги. Изборот на книги и воопшто на литература зависи од интересот на секојчитател. За здраво живеење, исто така, на организмот му е потребен здрав и мирен сон.Препорачливо е сонот да трае околу осум часа.

Дружење Дружењето е составен дел од живеењетона секој човек. Човекот живее опкружен со своетосемејство, пријатели, соседи. И во текот на својатаработа соработува со другите и постигнува поголемиуспеси. Но, и во другите сегменти од животот човекотима потреба да биде со други луѓе.

Покрај дружењето и соживотот со други луѓе, човекотима потреба да одгледува домашни миленичиња.Кога едно дете чува домашно милениче, треба да знаедека е одговорно за него, за неговата исхрана, хигиена,здравје и друго. За возврат, миленичињата покажуваатголема приврзаност, љубов и верност кон тој што ги одгледува.

Page 125: Зелен пакет - јуниор

Дневна подготовка: (НЕ)здравите навики на семејството

Дел I: (НЕ)здравите навики на семејството Здравевски (дискусија)

Поделете им ја или прочитајте им ја на учениците приказната за семејството Здравевски.Разговарајте со нив за позитивните и за негативните навики што ги практикува овасемејство. Прашајте ги дали препознаваат некој близок пријател или сосед во овааприказна.

Дел II: Листа на совети (дискусија)

По читањето на приказната и дискусијата, на учениците поделете им го работниот лист„Листа на совети“. Упатете ги децата дека тие се сега во улога на лекар или советник,кој ќе треба да состави листа на совети и препораки што ќе доведат до променана вообичаените секојдневни навики и начинот на живеење на семејството Здравевски.

Дел III: Семејството Здравевски низ слики и цртежи (вежба)

Изработете стрип што ќе биде упатен до семејството Здравевски, а ќе се однесувана здравиот начин на живеење и на добрата комуникација меѓу неговите членови.Претставете неколку ситуации што ќе им помогнат на родителите да увидат како требаправилно да се грижат за своите деца за да им овозможат здрав начин на живеење.Притоа, користете го работниот лист „Семејството Здравевски низ слики и цртежи“,кој ќе ви помогне да ги претставите овие ситуации, но, се разбира, можете да додадетеи свои идеи.

Други активности

• Направете копии од работниот лист „Здрав живот“ и поделете му по една копијана секој ученик. Во полињата почитувам/не почитувам учениците ќе треба дапишуваат исклучиво за своите животни навики. Настојувајте учениците да бидатискрени, затоа што само така ќе добијат вистинска слика за својот начин на живеење.Доколку некои од правилата не ги почитуваат, разговарајте со нив за тоа какоќе ги поправат навиките. Новите одлуки нека ги запишат во последната колона.Замолете ги учениците да го однесат дома работниот лист пополнет на овој начини да разговараат со своите родители околу тоа. По извесен период, прашајтеги учениците дали ги применуваат своите одлуки.

• Развијте дискусија со учениците за понудената дилема. Претставените решенијаод учениците запишувајте ги на табла.

125

Здрав начин на живеење

Времетраење 1-2 училишни часа

Годишно време Сите годишни времиња

Место Училница

Материјали Приказна: „(Не)здравите навики на семејството Здравевски“,работни листови: „Листа на совети“, „СемејствотоЗдравевски низ слики и цртежи“

Цели Учениците да:

• се запознаат со здравиот начин на живеење

• ги препознаваат нездравите навики на исхрана и живеење

Методи Дискусија, игра, решавање дилеми

Page 126: Зелен пакет - јуниор

126

Здрав начин на живеење

Дневна подготовка: Моето седумдневно мени

Дел I: Неделно мени

1 Ископирајте го работниот лист „Моето седумдневно мени“ и поделете го научениците. кашете ин да запишуваат што јаделе во текот на една седмица. По еднаседмица, учениците ги носат работните листови. Наставникот бара доброволцикои ќе сакаат да прочитаат со што се хранеле во текот на изминатата седмица,а останатите ученици внимателно следат и слушаат за да можат да се вклучат водискусијата. Тие даваат свои коментари за тоа кој од соучениците се хранел здраво.

2 По читањето на работните листови, секој ученик самостојно треба да пристапикон анализирање на сопствениот начин на исхрана. Со зелен фломастер или боичкада го заокружи тоа што припаѓа во здрава храна, а со црвен фломастер или боичкада го пречкрта тоа што е нездрава храна. Потоа, секој треба да ги преброи зеленитеи црвените полиња и на тој начин самиот да процени како се храни. Ученикот кој ќе иманајмногу зелени полиња може да биде истакнат како пример пред останатите ученици.

3 На истиот час наставникот може да повика и стручнолице (педијатар, нутриционист и слично). Ова лицеможе да помогне за полесно препознавање на здраватаи нездравата исхрана, а притоа и да дава советии објаснувања за потребата и важноста од здраватаисхрана како еден од основните предуслови за здрави правилен развој и растење.

Дел II: Игра — Што треба да јадам?

1 Целта на оваа игра е учениците да научат и да јаразберат потребата од внесување разновидна храна во доволни количестваза здрав и правилен развој. Потребни се: два листа плакатна хартија, маркери,сликички – исечоци од списанија на различна храна, селотејп/лепило

2 Наставникот ги лепи трите листа хартија на табла и ги означува:

• здрава храна

• брза храна (нездрава)

3 Поведува разговор со учениците за храната и ги потсетува на нејзината поделба.Ги замолува учениците да ги донесат сликичките на катедрата, а потоа доброги меша. Секој ученик поединечно извлекува по една сликичка и сам определувана кој лист би требало да биде залепена. На крајот, листовите хартија можеда се истакнат во истражувачкото катче во училницата.

Времетраење Една седмица

Годишно време Сите годишни времиња

Место Дома и на училиште

Материјали Работен лист „Моето седумдневно мени“

Цели Учениците да:

• воочат каква храна консумираат во текот на една седмица

• направат разлика меѓу двата вида храна

• се запознаат со здрава храна и со правилна исхрана

Методи Дискусија, практична работа, метод на следење, работа соподатоци, презентација

Page 127: Зелен пакет - јуниор

127

Здрав начин на живеење

ДИЛЕМАПрошетка

Заедно со своето другарче тргнуваш на прошеткадо блиската река. Но, во тој миг небото сестемнува и започнува да врне силен дожд.Веднаш треба да решите што ќе преземете:

• Ќе се вратите дома и ќе ја одложитепрошетката за некој друг ден.

• Ќе го поканиш другарчето на гости за да игратена компјутер или да гледате ТВ.

• Ќе се скриете во блиското засолништеи ќе разговарате.

• Ќе земете чадори и, сепак, ќе ја направитепрошетката.

• Нешто друго.

ТЕСТКолку здраво живееш

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Здравиот начин на живеење не е важен за живототна човекот.

2 За да бидеш здрав, треба да јадеш разновидна храна.

3 Храната треба да се внесува преку неколку умерени оброци.

4 Прејадувањето е многу штетно за здравјето.

5 Наместо да спортуваш, подобро е да седиш два-тричаса пред компјутер.

6 Само редовното бањање спаѓа во лична хигиена.

7 Сонот е потребен за одмор на човекот.

8 Грижата за домашните миленичиња е обврскасамо на родителите.

9 Човекот може да живее сам, без другите.

Клуч:1.Неточно2.Точно3.Точно4.Точно5.Неточно6.Неточно7.Точно8.Неточно9.Неточно

Page 128: Зелен пакет - јуниор

128

РАБОТЕН ЛИСТ(НЕ)здравите навики на семејството

Мартин и Мартина се близначиња во семејството Здравевски. Нивните родителибеа многу загрижени за нив. Тие ги исполнуваа сите нивни желби и барања.Кога одеа во продавница, децата одлучуваа што ќе се купи. Така торбите беа полнисо најразновидни чипсови, чоколади, сокчиња, бонбони, лижалчиња, гуменибонбони и наполитанки и што ли уште не. Дома Мартин и Мартина седнуваа предкомпјутерот или телевизорот и со часови остануваа пред нив грицкајќи од купенитеработи. Ова беше секојдневието на двете деца. Кога нивните другари ќе ги повикаана игра и дружење, Мартин и Мартина никогаш не одеа. Често ги посетуваапријателите на своите родители, каде што пиеја газирани пијалаци. Таму сезадржуваа до доцна во ноќта, па легнуваа по полноќ. Наутро беа нервозни,недоспани и уморни, а за време на часовите беа заморени и немаа концентрација.За време на одморите тие често се караа со своите врсници. Наставничкатаго забележа ова однесување кај двете дечиња и веднаш ги повика нивнитеродители. По долгиот разговор, родителите сфатија дека нивните децане се развиваат правилно. Затоа отидоа на лекар и побараа помош. Лекарот гизамоли родителите да раскажат што јадат нивните деца, колку време поминуваатво учење, а колку во играње, забава, прошетки и разонода, колку пати неделноспортуваат и колку време во текот на денот поминуваат пред ТВ и компјутер.

По објаснувањето, лекарот им ги дал следниве совети:

Здрав начин на живеење

Мора да го смените начинот на исхрана кај вашите деца, а тоа е ...

Веднаш да ги запишете на c ...

Трето

Четврто

Петто

Page 129: Зелен пакет - јуниор

Собата на Мартини Мартина:Прошетка во парк:

Игра со другарчињата:Училишна ужинка:

129

Здрав начин на живеење

РАБОТЕН ЛИСТСемејството Здравевски низ сликии цртежи

Семеен ручек:Во продавница:

Page 130: Зелен пакет - јуниор

Навечер навремелегнувам да спијам:

Во слободно време честоиграм разни игри со моитедругари на отворено:

Пред компјутерпоминувам помалкуод еден час дневно:

Одам пеш до училиштеи назад:

Спортувам:

Често пешачам:

Одбегнувам да јадамгрицки, бонбони и слатки:

РАБОТЕН ЛИСТЗдрав живот

130

Здрав начин на живеење

За здраво живеење треба да гипочитувам следниве правила

Како ќе гипоправамнавиките

НепочитувамПочитувам

Често јадам зеленчуки овошје:

Page 131: Зелен пакет - јуниор

131

Здрав начин на живеење

По часовите, разговарамсо моите родители за тоакако ми поминал деноти имало ли некој проблем

Моите работи и собатаси ги средувам сам

За сите мои случувањаи проблеми се советувамсо моите родители

Барем еднаш неделнојас и моето семејство одимена прошетка во природа

На телевизија гледамсамо емисии соодветнина мојата возраст

Сакам да читам книги

Имам свое хоби

РАБОТЕН ЛИСТЗдрав живот (продолжува)

За здраво живеење треба да гипочитувам следниве правила

Како ќе гипоправамнавиките

НепочитувамПочитувам

Мојот сон трае осум часа

Page 132: Зелен пакет - јуниор

132

Здрав начин на живеење

РАБОТЕН ЛИСТМојата исхрана

Појадок Ужина Ручек Ужина Вечера

Понеделник

Вторник

Среда

Четврток

Петок

Сабота

Недела

Page 133: Зелен пакет - јуниор

Време Bременските прилики се моментални појави на сонце, облаци, дожд, снег, ветер.Може да има и различни временски прилики (промена на времето) во текот на еден истден или во една иста седмица.

Климата претставува комбинација на одредени временски услови во еден регионво текот на подолг временски период. Обично велиме дека еден одреден регионима сува или влажна клима, а тоа зависи од повеќе фактори, како што се релјефот(планините, долините, реките), надморската височина, близината на море итн.Овие фактори директно влијаат врз просечната температура и количеството врнежи.Климата во одреден регион условува кои животни и растенија ќе живеат таму. Од климата,исто така, зависи со што ќе се занимава населението, каква храна ќе јаде, какви ќе бидатдомовите и многу други работи. За разлика од времето, кое може да се промени и само занеколку часа во текот на денот, за промена на климата се потребни стотици години.

На планетата Земја климата постојано се менувала. Но, за разлика од минатото,кога таа промена била исклучиво природен процес, денес климатските променисе случуваат и како последица на активностите на човекот (напредокна технологијата, изградба на голем број фабрики, масовно производство, механизиранои интензивно замјоделство и слично). Она што ги загрижува сите е брзината со којасе менува климата, т.е. климатските промени, за кои во минатото биле потребни илјадницигодини, а денес се случуваат за помалку од сто години. Што е уште поважно — тиепромени се сî поголеми и сî повеќе се чувствуваат, а тоа се: многу пожешки летаи многу постудени зими, кратки пролет и есен, силни ветрови, урагани, поплави и суши(ширење на пустините) и друго, кои ги погодуваат сите делови на светот.

Глобално затоплување Сите мерења покажуваат дека температурата на површинатана Земјата постојано расте. Тој процес е наречен глобално затоплување кое, пак,предизвикува промена на климата во целиот свет. За да се разберат причините штого предизвикуваат глобалното затоплување, треба да се разбере ефектот на стакленаградина. Но, прво да се потсетиме дека планетата Земја е заштитена со воздушнаобвивка наречена атмосфера, која во текот на денот нî заштитува од јаките сончевизраци, а преку ноќта ја одржува темперетурата на ниво нормално за живот на Земјата.Всушност, составот на атмосферата го контролира степенот на загревање на планетата.

133

Климатски промени

Page 134: Зелен пакет - јуниор

134

Климатски промени

Таа во најголем дел е составена од кислород и азот (без овие два гаса не би постоелживот на Земјата). За покачената температура на Земјата се одговорни таканареченитестакленички гасови.

Тоа име го добиле бидејќи обвивката од овие гасови се однесува како стаклотово стаклените градини — оранжерии, а дејството на овие гасови е познато како ефектна стаклена градина.

Ефект на стаклена градина Зелените растенија создаваат храна така штого примаат гасот јаглерод диоксид од воздухот, како и некои други материи од почвата.При дишењето на сите живи организми (растенија, животни, човек), јаглерод диоксидотсе враќа во воздухот. Исто така, и при процесите на согорување во воздухот се испушта

јаглерод диоксид, како и други гасови и сите тие сенарекуваат стакленички гасови. Примањето и испуштањетона јаглерод диоксид во природата би требало да бидево рамнотежа.

Но, човекот ја нарушува оваа рамнотежа со согорувањена сî повеќе горива, поради што количината на јаглероддиоксидот и на другите гасови во воздухот постојано расте.

Јаглерод диоксид во воздухот — во атмосферата сега имаулога слична на стаклото во некоја стаклена градина.Тој ги пропушта сончевите зраци до површината на Земјата,но не дозволува топлината да ја напушти атмосферата.

Така, површината на Земјата не може да се олади и станува сî потопла. Тоа затоплувањена површината на Земјата е наречено ефект на стаклена градина.

Ефектот на стаклена градина е опасен, затоа што предизвикува постојано затоплувањена целокупната површина на Земјата, кое се нарекува глобално затоплување.Доколку продолжи, глобалното затоплување може да предизвика топење на ледницитена високите планини и на ледените поларни капи на Северниот и на Јужниот полна Земјата. Топењето на толку големи ледени маси би го покачило нивото на светскиотокеан и на сите мориња, а тоа би предизвикало големи поплави. Меѓу другото, многуод големите градови во светот би биле потопени.

За да се забави глобалното затоплување и за да се спречат катастрофални поплави,луѓето треба постојано да го намалуваат испуштањето на стакленичките гасовиво атмосферата и да користат извори на енергија за своите фабрики, фарми и домовишто не создаваат стакленички гасови.

Дневна подготовка: Стаклена градина или оранжерија

Времетраење 2-3 дена

Годишно време Пролет, есен

Место Училница — крај прозорец со доволна светлина

Материјали Саксии со цвеќе, стаклени садови, термометар, ноќна ламба;работен лист со приказна 1 и приказна 2

Цели Учениците да:

• разберат дека има појава на ефект на стаклена градина

• разберат дека ефектот на стаклена градинаго предизвикува глобалното затоплување

• осознаат дека штетните гасови се опасни за здравјетона сите живи суштетства на планетата Земја

Методи Дискусија, практична работа, експеримент,метод на следење, работа со податоци, презентација

Page 135: Зелен пакет - јуниор

Дел I: Стаклена градина (експеримент)

1 Потребно е да се донесат едно стаклено ѕвоно и две саксии во кои се засаденицвеќиња. Со стакленото ѕвоно ја покриваме едната саксија, а другата саксијаја оставаме непокриена. Двете ги ставаме надвор, на сонце, неколку дена.Во меѓувреме, треба да се мери температурата под стаклениот сад и да се бележи.Учениците со помош на наставникот ги бележат измерените температури во табела,со цел да се види дека температурата расте.

2 Објаснете им на учениците дека со овој експеримент докажуваме дека стаклениотсад игра улога на задржувач на топлината. Разговарајте со учениците дека овој истпроцес на глобално затоплување се случува и на планетата Земја како последицана ефектот на стаклена градина, каде што улогата на задржувач на топлината ја играатстакленичките гасови.

Дел II: Оранжерија (дискусија)

1 Оранжериите се посебни градби каде што се одгледуваат растенија. Тие честосе користат за одгледување цвеќиња, зеленчук или овошје. Оранжериите илистаклените градини се заградени со стакло или со пластика. Загреаниот воздухсе задржува во оранжериите со помош на стаклото или пластиката. Стаклото ипластиката што се користат за изградба на оранжериите имаат задача да ја зачувааттоплината во внатрешноста на оранжеријата, која ги загрева растенијата и земјатаи помага тие побрзо да растат и да се развиваат.

2 За да можат учениците да го почувствуваат ефектот на загревање постигнатво оранжериите, можете да организирате посета на оранжерија за одгледувањеран зеленчук во блиската околина.

3 Подгответе ги децата така што ќе им го објасните начинот на функционирањена оранжериите, а потоа прочитајте им ја приказната „Градината на Ана“.Поведете дискусија за постапките на Ана опишани во приказната:• Како постапила Ана?• Како би постапиле вие?• Каде е поубав животот за сите живи суштества - во градина под фолија или

на свеж воздух?• Која е пораката од оваа приказна, како може да се поврзе оваа ситуација

со вашиот секојдневен живот?

Дел III: Игра — Каде ќе одат белите мечиња?

1 Целта на играта е децата да разберат дека човековите активности доведуваатдо промена на климатските услови и дека со топење на мразот на половитесе намалува животниот простор на еден загрозен вид.Потребни ви се 8-12 парчињакартон (исечени во квадрати со димензии на страна околу половина метар)или бели листови во А4-формат.

2 Наредете ги картоните на подот од училницата така што ќе бидат групираниво средината на училницата и барем некои од страните или аглите ќе се допираатсо соседните картони. Објаснете им на учениците дека картоните ја претставуваатповршината на Северниот пол и дека секој картон претставува една санта мраз.На Северниот пол живеат белите мечки, кои претставуваат еден од загрозенитеживотински видови директно погодени од климатските промени.

3 На секое парче картон нека застане по еден ученик. Замолете ги ученицитеда замислат дека се мали бели мечиња. Потоа објаснете им дека како штосе затоплува климата така се топи мразот на Северниот пол и мечињатасе принудени да се селат и да живеат на тој мал простор што им преостанува.Притоа, извлекувајте едно по едно парче картон (од периферните кон внатрешнитепарчиња) и замолете ги учениците кои стоеле на тоа парче да се поместати да си најдат простор на некое друго парче картон (или на две соседни, со тоа штоедната нога ќе биде поставена на едно парче картон, а другата на соседното),кое е веќе заземено од друго дете. Прекинете со играта кога ќе процените декадецата навистина веќе немаат место и дека играта понатаму не е безбедна.

135

Климатски промени

Page 136: Зелен пакет - јуниор

136

Климатски промени

ДИЛЕМАКолку топлина ни е потребно

Знаеме дека во зимските денови секој домсе затоплува на најразличен начин. За да се загреатнашите домови и работните простории во коипрестојуваме, потребно е да се искористи поголемоколичество енергија. Во зимскиот период имаи потопли денови, но и понатаму е потребнода ги загреваме нашите домови. Што би направиле?

• Во секој случај, нема да го исклучиме греењето,ќе оставиме да работи како и секој ден, затоашто сакаме секогаш да ни биде топло дома.

• Тој ден воопшто нема да се грееме.

• Ќе вклучиме помалку грејни тела, печката ќе јаставиме на пониска температура или ќе ставиме помалку дрва во печката,знаејќи дека со тоа ќе заштедиме пари и енергија.

• Ќе ги оставиме грејните тела да работат и ќе го отвориме прозорецот.

• Нешто друго? На пример, што?

ТЕСТКолку знаеш за климата?

ТОЧНО НЕТОЧНО

1 Климата никогаш не се менува, постојано е иста.

2 На климатските промени влијае брзиот развојна индустријата.

3 Активностите на човекот не влијаат на климатските промени.

4 Штетните гасови на природната стаклена градинаја задржуваат топлината на планетата Земја.

5 Глобалното затоплување значи сî поголема топлинана планетата.

6 Одговорноста за здрава и чиста планетаја носат само возрасните.

7 Со разумно користење на енергија се намалуваглобалното затоплување.

8 Само со зголемена употреба на јагленот, нафтата и наприродниот гас ќе го спречиме глобалното затоплување.

9 Глобалното затоплување позитивно влијае врз здравјетона луѓето.

Клуч:1.Неточно2.Точно3.Неточно4.Точно5.Точно6.Неточно7.Точно8.Неточно9.Неточно

Page 137: Зелен пакет - јуниор

137

Климатски промени

РАБОТЕН ЛИСТГрадината на Ана

Ана заедно со својата мајка беше на гости кај баба ѝ. Додека Ана весело трчаше,баба ñ се грижеше за засадените растенија во градината. По неколку дена,бабата мораше да замине во посета на својата сестра, која живееше во друг град.Обврските околу куќата и градината требаше да ги преземат Ана и нејзината мајка.

Утредента, мајка ñ замина на работа. Ана погледна низ прозорецот и ги забележацвеќињата во градината. Тоа ја натера да отрча и да види што им е потребно.Кога влезе во градината покриена со пластична фолија, имаше што да види.Цвеќињата беа овенати бидејќи тој ден не биле полеани. Ана веднаш им тури вода,но и покрај тоа, нивната состојба не се подобри.

Остана затворена во градината под фолијата и размислување што е причинатаза ваквата состојба на цвеќињата. Наеднаш ñ се слоши и почувствува декаñ недостасува свеж воздух и дека е премногу топло и задушливо. Истрча надвор,вдиши неколку пати свеж воздух и веднаш се почувствува подобро. Во тој мигја разбра причината поради која растенијата овенале. И на растенијатаим е потребен свеж воздух. Таа веднаш ја отвори фолијата за да се проветри.

Page 138: Зелен пакет - јуниор

Реги

онал

ни

отц

ента

рза

жи

вотн

аср

еди

на

заЦ

ентр

алн

аи

Ист

очн

аЕв

роп

аК

анц

елар

ија

воМ

акед

они

јаво

сора

ботк

асо

учил

иште

то

потв

рдув

ад

ека

учен

икот

/уче

ничк

ата

успе

шно

јапо

мин

апр

огра

мат

а„З

елен

паке

тју

ниор

Нас

тавн

ик

Дат

ум,м

есто

Page 139: Зелен пакет - јуниор

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ)

� Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е независна меѓународнаорганизација чија мисија е помагање во решавање на проблемите со животната средина. РЕЦ ја исполнувасвојата мисија преку промовирање на соработката помеѓу владите, невладините организации,бизнис секторот и други заинтересирани страни, како и преку поддршка на слободна разменана информации и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за животната средина.

РЕЦ е основан во 1990 година од страна на Соединетите Американски Држави, Европската комисијаи Унгарија. Денес, РЕЦ е правно заснован на Статутот потпишан од владите на повеќе од 30 земји.Има канцеларии во 17 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија,Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гораи Република Чешка. Седиштето на РЕЦ се наоѓа во Сентендре, Унгарија.

РЕЦ активно учествува во сите клучни глобални, регионални и локални процеси и придонесуваво изнаоѓање на решенија од областа на животната средина и одржливиот развој во рамкитена мрежата на канцелариите на РЕЦ во наведените земји, но и надвор од неа, преку пренесувањена знаење и искуство на земјите и регионите.

Донатори на РЕЦ се Европската Комисија, како и владите на Австрија, Албанија, Белгија, Боснаи Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Македонија, Малта, Норвешка, ОбединетотоКралство, Полска, Република Чешка, Словачка, САД, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Франција,Холандија, Шведска, Шпанија, Швајцарија, и како и други меѓувладини и приватни институции.

РЕЦ е присутен во Република Македонија со свој координатор од јули 1993 година. Канцеларијатана РЕЦ во Македонија официјално ја започна својата работа во јануари 1995 година.

Австриската соработка за развој (АДЦ), преку нејзината оперативна единица Австриската агенцијаза развој (АДА) во Македонија, финансиски го поддржа РЕЦ, донирајќи средства за изработка на„Зелениот пакет јуниор“ на македонски и на албански јазик.

Изработката на овој пакет, кој се дистрибуира бесплатно до сите основни училишта во РепубликаМакедонија, е дел од активноста на програмата за образование за животна средина на РЕЦ.Преку оваа програма, РЕЦ се обидува да ги зголеми индивидуалните капацитети на сегашнитеи идните обучувачи и наставници и да го поддржи развојот на институциите и програмите посветенина подобрувањето на образованието во областа на животната средина во Централна и Источна Европа.

Австриска соработка за развој (АДЦ)

� Австриска соработка за развој е дел од австриската надворешна политика и од развојната политикана Европската унија, која има за цел да го промовира светскиот мир во соработка со другииндустријализирани земји и земји во развој. АДА е задолжена за реализација на сите билатералнипрограми и проекти во земјите-партнери на АДЦ и за администрирање на соодветните буџети.

Австриската развојна политика е водена од следниве цели:

1. Борба против сиромаштијата во земјите во развој преку унапредување на економскиот и социјалниотразвој низ процес на одржлива економска активност и економски раст комбиниран со структурни,институционални и социјални промени.

2. Обезбедување мир и безбедност за луѓето, особено преку унапредување на демократијата,владеењето на правото, човековите права и доброто управување.

3. Заштита на животната средина и на природните ресурси како основа за одржлив развој.

Австриската развојна политика се заснова на следниве начела:

1. Целите на владите и на населението во земјите во развој, во поглед на брзината и видотна развојниот процес и нивното право да го изберат сопствениот пат на развојот.

2. Интеграцијата на мерките во конкретното општествено опкружување, со посебно вниманиена културолошките аспекти и на употребата на соодветна технологија;

3. Еднаквост помеѓу мажите и жените.

4. Потребите на децата и на хендикепираните.

Австриска соработка за развој работи во одбрани партнерски земји во Африка, Азија, Латинска Америкаи во Југоисточна Европа. Програмите на Австриска соработка за развој ги спроведува Австрискатаагенција за развој во тесна соработка со развојни организации и претпријатија. Во име на Австрискасоработка за развој, Австриската агенција за развој, исто така, работи со влади на партнерски земјии со други донаторски земји.

Повеќе информации може да се најдат на www.ada.gv.at.

Page 140: Зелен пакет - јуниор

GPJrMK • 2012