Хранете се добро според препораките на Специјална...

8
Тел: +389 2 3091- 484 www.filipvtori.com Хранете се ЗДраВО спОреД препОраките на спеЦиЈаЛна БОЛниЦа „ФиЛип ВтОри“ СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОРИ РМ 12.3.55

Upload: filip-vtori

Post on 01-Apr-2016

243 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Специјална болница по хируршки болести “ ФИЛИП ВТОРИ“ Бул. Илинден 113, 1000 Скопје Македонија Тел: 02/ 3091- 500 Факс: 02/ 3091- 499 www.filipvtori.com; [email protected]

TRANSCRIPT

Page 1: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори

Тел: +389 2 3091- 484 www.filipvtori.com

Хранете се ЗДраВО спОреД препОраките на спеЦиЈаЛна БОЛниЦа „ФиЛип ВтОри“

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОРИ

РМ 12.3.55

Page 2: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори
Page 3: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори

СезонСки и Свежо, добРо подгоТвено:

Секогаш купувајте свежи производи што ви ги нуди регионот. избегнувајте ги производите што индустриски дополнително се обработуваат, како на пример, топено сирење, паштети и слатки производи. производите не ги варете долго и на висока температура. варете ги со малку вода и малку маснотија – на овој начин храната го задржува свежиот вкус, ги чува витамините и другите хранливи материи. помфрит, пирошки, стекови и сл., подготвени со пржење во голема количина врел зејтин, можат да бидат исклучок, само за исклучителни пригоди. Употребувајте малку сол и користете многу свежи зачини.

ТечноСТи:

организмот ги пренесува пораките помеѓу органите преку крвта и другите течности. на еден здрав организам му е потребно многу вода: најмалку 1,5 л. вода на ден! пијте вода или чаеви со малку шеќер или без шеќер. избегнувајте да пиете сè што е обоено, а особено овошните сокови и газираните напитоци ( кока-кола, фанта и сл. ), бидејќи содржат многу шеќер и ништо друго и затоа повеќе се пијат поради вкусот, а не поради жед!

пРоизводи кои СодРжаТ кофеин:

Црниот или зелениот чај не се вбројуваат во течности, но го штитат срцето. дневно се дозволени три филџани со напитоци кои содржат кофеин - пред сè зелениот, но и црниот чај се подобри отколку кафето.

Page 4: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори

оСнова:

како што ни покажува пазарот: зеленчук и овошје од нашата земја, во сите бои, во сите форми, чека да се претвори во вкусна салата, динстани или варени јадења. Шопска салата, супи, турли-тава или грозје за десерт. нашиот организам најдобро функционира само со помош на сите витамини, минерали, диететски влакна и специјалните заштитни материи од растението.

дневно јадете пет порции овошје и зеленчук. една порција значи една полна шака, т.е. едно јаболко, еден домат, 10 цм краставица, мала чинија салата или една црпалка турли-тава. Тие го јакнат организмот, имунолошкиот систем и ги штитат клетките. но, исто така, ја штитат нашата кожа од стареење. Употребувајте многу кромид, лук, свежи салати и миризливи зачини.

Лебот и јадењата од брашно, компирите, но, исто така, и грашокот, гравот, боранијата, леќата, нè прават сити и среќни. дневно би требало да се внесуваат 3 до 5 порции. за оние кои се движат многу, како на пример, спортистите, потребни се 5 порции, а за луѓе кои се движат просечно, потребни се 3 порции. една порција значи една полна шака, на пример, едно парче леб и еден компир, една полна шака ориз или тестенини (макарони и сл.). интегралните производи се подобри, имаат поинаков вкус, и полека навикнувајте се на нив. гравот, боранијата, грашокот, леќата или бамјите може да го заменат интегралниот леб, а нивните диететски влакна го штитат срцето: јадете тавче-гравче, турли-тава, грав, боранија или јадења од леќа најмалку 3 пати неделно.

она ШТо нè пРави СиТи:

Page 5: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори

здравото масло мора да биде ладно цедено и свежо. Ладно цеденото масло се произведува на тој начин што семињата (на пример, сончоглед или ленено семе) не се загреваат туку се пресуваат, се филтрираат и добиеното масло се полни во шишиња. на овој начин, во маслото се задржуваат здравите масни киселини, витаминот е кој ги штити клетките и, пред сè, биоактивните растителни материи. овие масла се препознаваат според ознаката „ладно цедено“ и според вкусот со силна арома. Ладно цедените масла се користат ладни во салати или може кратко да се загреат или со нив да се готват различни јадења.

Многу од маслата во Македонија се рафинирани: пред да се пресуваат, семињата се ситнат и се загреваат на висока температура, па на овој начин од семињата се добива поголема количина на масло и маслото е поевтино. Со употреба на хемиски материи, маслото се избелува, потоа следи процес на сушење и потоа се подложува на дополнителни процедури кои го продолжуваат рокот на траење на маслото и се збогатува со вештачки бои, ароми и витамини. Рафинираното масло технички лесно се обработува при производството на кондиторски производи кои содржат масти, како на пример, кекси, слатки, како и колбаси или бурек.

во рафинираните масла се уништени аромата и бојата, витамините и заштитните материи, а се создадени материи кои се опасни за крвните садови.

дневно внесувајте 2-3 супени лажици ладно цедено масло и една полна шака ореви, бадеми, ленено семе, маслинки и други слични производи! овие производи, како и рибата, содржат многу здрави маснотии кои безусловно му се потребни на организмот, а воедно и го заштитуваат срцето. Многу малку треба да се консумираат маснотии од месо, колбаси, сирење и млечни производи. Штетни се заситените и скриени маснотии во кексите, тортите, слатките, разните намази, брзата храна ( Fast-Food ), готовите супи или сосови, колбасите и паштетите. опасни материи се создаваат особено при пржење во голема количина на врел зејтин - избегнувајте ги таквите производи!

пРоМена на МаСЛоТо добРи и ЛоШи МаСЛа:

Page 6: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори

една чаша млеко или една чаша јогурт и едно парче кашкавал, т.е. 60 г сирење, се доволни за задоволување на потребата од калциум. Млечните производи даваат многу енергија. доколку сакате да ја задржите својата тежината, не треба да јадете поголеми количини од нив.

МЛеко и МЛечни пРоизводи:

на организмот не му се потребни чоколади, слатки, кекси, сладоледи и други слатки производи, бурек и други печива кои содржат многу маснотии, ѓеврек и други печива од бело брашно, јадења подготвени со пржење во голема количина на врел зејтин и, исто така, алкохол. Јадете ги овие работи само во одредени ситуации, кога сакате да уживате или кога славите нешто. една чаша црвено вино е добра за срцето, но за време на јадење. колку помалку консумирате дополнителни работи, толку е подобро.

на телото му се потребни многу малку месо или колбаси, и не секојдневно. за тоа се доволни 300-600 г месо или колбаси неделно. Тоа значи 40-80 г дневно или парче големо колку половина дланка. наместо дневно да се јаде мала порција, 3 пати неделно може да се јаде просечна порција. Месото и колбасите се многу вкусни, но содржат и многу калории. подобро е пилешко, телешко или јагнешко месо како динстани јадења, отколку месо на скара или свинско мелено месо. во колбасите и паштетите често се додаваат штетни материи, засилувачи на вкус, вештачки ароми и други дополнителни материи. подобро изберете шунка, отколку мортадела или паштети.

МеСо и коЛбаСи:

допоЛниТеЛни пРоизводи:

Page 7: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори

ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛООД СОНЧОГЛЕДОВО СЕМЕ

ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА

АГРОФИЛА

ПРЕПОРАЧАНО ОД СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦАФИЛИП ВТОРИ

Производител: АГРОФИЛА доо, 2000 ШтипП.Фах 148, Тел. 032/ 393-680; Факс: 032/ 393-681

Tел. 02/ 2618-200; [email protected]

Page 8: Хранете се добро според препораките на Специјална Болница Филип Втори