Информатор бр.6

10
1 Општините Новаци и Дуги Рат ќе соработуваат на европски проекти—стр.3 Студиска посета на грчките партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ—стр.4 Општина Новаци домаќин на 53 тиот регионален тракторски натпревар-стр.5 Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР пристапот во пелагонискиот регион во општина Новаци — стр.6 Општина Новаци се вклучи во акцијата Македонија без отпад“—стр. 9

Upload: igorce-risteski

Post on 19-Mar-2016

253 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Информатор на општина Новаци

TRANSCRIPT

Page 1: Информатор бр.6

1

Општините Новаци и Дуги Рат ќе соработуваат на европски проекти—стр.3

Студиска посета на грчките партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ—стр.4

Општина Новаци домаќин на 53 тиот регионален тракторски натпревар-стр.5

Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР пристапот во пелагонискиот

регион во општина Новаци — стр.6

Општина Новаци се вклучи во акцијата „ Македонија без отпад“—стр. 9

Page 2: Информатор бр.6

2

КРАТКА СОДРЖИНА

Општините Новаци и Дуги Рат ќе соработуваат на европски проекти—стр.3

Студиска посета на грчките партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ —стр.4

Општина Новаци домаќин на 53 тиот регионален тракторски натпревар—стр. 5

Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР пристапот во пелагонискиот регион во општина

Новаци - стр.6

Едукативно предавање за глаукомот по повод светскиот ден на видот—стр. 7

Одбележан Денот на востанието 11 – ти Октомври во ОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци—стр.7

Вонредно прскање од комарци и во општина Новаци- стр.8

Се одржа 54-тата седница на Советот на општина Новаци—стр. 8

Започна волонтерската работа за шестмина во општина Новаци—стр. 8

Новачанки ја сфатија важноста од раниот едукативен развој на децата- стр.9

Општина Новаци се вклучи во акцијата „ Македонија без отпад“—стр.9

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“

с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО

12 :30 ЧАСОТ

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска,Мирјана Кузмановска, Елена Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Информатор бр.6

3

Општините Новаци и Дуги Рат ќе соработуваат на европски проекти

Заедничка соработка на

проекти со кои ќе се аплицира

за искористување на

европските фондови и можност

за збратимување во иднина се

темите на кои се разговараше

на средбата помеѓу

градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски и

градоначалникот на хрватската

приморска општина Дуги Рат,

Јерко Роглиќ.

„Ние имаме културна соработка

со КУД Илинден, па на некој

начин се споивме со

градоначалникот на општина Новаци, за да пробаме да ја прошириме нашата соработка и на други

полиња. На пример во европските фондови да пробаме заеднички да аплицираме за средства.Па

нашите први контакти се такви најпрво да ја направиме оваа соработка а потоа можеме и да

размислуваме за збратимување. Најпрво да извлечиме пари од овие фондови и да воспоставиме

поблиска соработка, да дојде градоначалникот на

посета кај нас, а после ќе следи и збратимување,

но најпрво да ги подготвиме жителите на двете

општини за тоа“ рече градоначалникот на

хрватската општина Дуги Рат, Јерко Роглиќ.

Градоначалникот Котевски го запозна хрватскиот

колега со можностите кои ги нуди општина Новаци,

со капацитетитесо кои располага и условите за

соработка.

„ Добро е што имаме гости од странство , поточно

од општината Дуги Рат од Хрватска и на

денешната средба разговаравме за воспоставување на соработка во делот на културата , спортот

но и аплицирањето со проекти во ЕУ фондовите.Начелно се договоривме во кои делови да

соработуваме , ваквата иницијатива општината ќе ја продолжи и посебно не радува оваа

соработка бидејќи досега немаме ваква општина со

која сме соработувале.Соработката се воспостави

благодарение на хрватскиот конзул во РМ, Бранко

Маретиќ.Во меѓусебните разговори се запознавме

со капацитетите на двете општини и ги одредивме

полињата за соработка“ рече градоначалникот на

општина Новаци, Лазар Котевски.

Двата градоначалници си разменија подароци и

промотивни материјали од двете општини.

Page 4: Информатор бр.6

4

Студиска посета на грчките партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ

Се реализираше студиската посета од

проектот за спроведување на паарно греење

во Новаци и Битола.На 15 и 16 октомври дел

од администрацијата на овие две општини,

стручни лица од Техничкиот факултет Битола

и проект менаџерите остварија посета на

грчката топлификација ДЕТЕПА и

термоцентралата во Аминтео, Р.Грција.Во

рамките на посетата се разменуваа искуства,

се црпеа знаења и мислења.

ДЕТЕПА е општинска компанија за централно

греење на поширокиот регион на

Аминтео.Оваа компанија започна со работа и

искористување на топлинската енергија за

централно греење во Аминтео, Филотас и

Левија во 2004 готина.Спроведениот систем

обезбедува и дистрибуира топлинска енергија

од локалната термоцентрала до станбените,

комерцијалните и индустриските

потрошувачи .

ТЕЛЕТЕРМ е комплексен проект кој

комбинира различни активности за пренос на знаење за централно греење на општините

Битола и Новаци. Со реализацијата на овој

проект ќе се помогне при размената на знаење

за спроведување на централно греење во

Битола и Новаци.

ТЕЛЕТЕРМ е проект од големо значење за

рационална употреба и заштеда на

енергија.Истиот ќе придонесе за редуцирање

на штетните гасови во регионот и ќе има

позитивен ефект врз локалната

економија.Проектот за топлифицирање на

регионот со топлинска енергија од

термоцентралата РЕК Битола датира уште од

нејзината изградба. Се очекува со

реализацијата на проектот ТЕЛЕТЕРМ да се

создадат услови за побрза изградба на

системот за искористување на топлинската

енергија од РЕК.Како дополнителен бенефит и

добивка се очекува да биде можноста за

изградба на оранжерии, бидејќи се очекува

трасата на топловодот да врви низ плодното

пелагониско земјиште.

Page 5: Информатор бр.6

5

Општина Новаци домаќин на 53 тиот регионален

тракторски натпревар

Општина Новаци беше домаќин на 53 тиот регионален тракторски

натпревар. Учество зедоа 12 екипи од вкупно 6 општини во

регионот:Новаци, Битола, Могила, Демир Хисар, Ресен и Крушево, а

натпреварувањето се одвиваше во две категории.

„Бидејќи нашето население претежно се занимава со земјоделство и

сточарство , нашата општина ги поттикнува и максимално ги

поддржува ваквите натпревари и нашите земјоделци за да

продолжат и понатаму да се занимаваат со земјоделие, бидејќи

земјоделството е еден од главните адути на населението“ рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Народна техника е успешен организатор на тракторскиот натпревар веќе пет децении.

„ На оваа традиционална манифестација во изминатите педесеттина години учествуваа над 3100

учесници од кои 2700 мажи и 400 до 450 младинци.победниците на овој натпревар ќе учествуваат

на државниот натпревар кој ќе се одржи во Пробиштип“ рече извршниот директор на Народна

техника, Стојан Стојановски.

Ваквите настани се од големо значење за земјоделците, па токму затоа редовно се поддржани и

од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

„ Знаеме дека земјоделството има една голема улога во нашата

земја така што и ние на ваков начин помагаме , оти

земјоделството е значајно и мислам дека тоа го остваруваме“

рече Јордан Кузмановски, раководител на АПРЗ.

Покрај натпреварувачкиот дел , манифестацијата беше збогатена

и со изложба на земјоделска механизација на фирмата Евро

стил.

„ Ние сме едни од организаторите на 53 тиот по ред тракторски

натпревар кој се одржува во општина Новаци.Претставени сме со

најквалитетните и најреномираните трактори Ландини, потоа

најпопуларниот трактор тафе и тракторите Чанква апол.Исто така

имаме изложено само еден мал дел од напиот асортиман на

производи кој што е многу поголем и поразновиден и може секој

земјоделец да го пронајде она што му е потребно.Исто така им

стоиме на располагање и сос тручни совети и информации “ рече

Сашка Велковска од Евро стил.

На 53 тиот регионален тракторски натпревар како најдобри и

највешти трактористи се покажа Новачани.Во екипен пласман, во

категоријата тешки трактори првото место го освои екипата од

Новаци, второто место Евростил а трети беа Могила.Во категоријата

лесни трактори први беа

трактористите од Новаци, зад нив

Логоварди па учениците од ДСЗУ „ Кузман Шапкарев“. Во

поединечен пласман во категоријата тешки трактори најдобар беше

Николовски Зоран од Новаци, зад него Јовановски Благој а трето

место освои Јончиќ Васко сите од Новаци. Во категоријата лесни

трактори, првото место го освои Никола Талевски, второто

Александар Мицевски , двата од Новаци додека трет беше

Христијан Даскаловски од ДСЗУ „ Кузман Шапкарев“. Сите

победници ќе го претставуваат регионот на државниот тракторски

натпревар во Пробиштип.

Page 6: Информатор бр.6

6

Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР пристапот во пелагонискиот регион во

општина Новаци

Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР

пристапот во пелагонискиот регион се одржа

денеска во општина Новаци.Крајна цел на овој

проект е придонес во развојот на руралните

средини во Пелагонискиот регион и

намалување на диспаритетите внатре во

регионот.Станува збор за четиригодишен

проект на УСАИД за ескпанзија на мали

бизниси , кој е имплементиран од КАРАНА

Корпорацијата а има за цел да го поттикне

регионалениот и локалниот економски развој

во рамките на претходно селектираните

региони во Македонија.Фокусот ќе биде ставен првенствено на пелагонискиот и полошкиот

регион.

„ Проектот работи со микро , мали и средни претпријатија од различни сектори,

идентификувани според пазарните можности.Ги поврзува бизнисите , локалната

самоуправа и консултантите со можности за финансирање со цел да се постигнат

заеднички решенија. Општата цел на проектот е преку иницијативи, акции и модели за

соработка со приватниот сектор и локалната самоуправа , да помогне во создавање на

нови работни места и економски раст на регионално ниво .“ вели Владимир Величковски

координатор на проектот од ЦРППР.

Со проектот ќе се настојува да се надмине недостатокот на свесност и капацитети кај

руралното население за користа и спроведувањето на пристапот ЛЕАДЕР, да се

воспостави соработка помеѓу заинтересираните страни на локално и регионално ниво и да

се надмине недостатокот на вештини за подготовка и спроведување на стратегии за

рурален развој.

„Ние како општина ги поддржуваме ваквите проекти бидејќи тие значат едуцирање на

земјоделците за нивно вклучување во барањето и аплицирањето со проекти за добивање

на средства од ЕУ фондовите. Сеуште оди

потешко анимирањето и привлекувањето на

земјоделците но мислам дека ќе успееме во

тоа. “ рече градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.

ЕУ ЛИДЕР пристапот се состои од 3

компоненти :Свесност и знаење за ЕУ

ЛЕАДЕР пристапот, спроведување на

пристапот и поддршка на соработката

помеѓу ЛАГ-овите на регионално,

национално и мешународно ниво, велат од

АПРЗ.Проектот ЕУ ЛИДЕР го спроведува

УСАИД, Центарот за развој на

пелагонискиот плански регион и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Page 7: Информатор бр.6

7

Едукативно предавање за глаукомот по повод светскиот ден на видот

Со едукативно предавање за очните болести,

Општина Новаци се приклучи кон одбележувањето на

Светскиот ден на видот кој секоја година се

одбележува во вториот четврток од месец октомври со

намера да се предупреди на проблемите кои ги имаат

слепите и лицата со оштетен вид, со цел да се

допринесе за решавање на глобалниот и здравствен

проблем.Во просториите на општината доктори и

офталмолог ги едуцираа административците за очните

болести, нивното препознавање, превентива и лечење.

„ Со ова едукативно предавање кое денеска во нашите простории го реализираат

докторите од Клиничката болница од Битола и членовите на Лајонс клубот сакаме да

повлијаеме на подигнување на свеста за очните болести, нивно превенирање и евентуално

лечење.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Според Светската здравствена организација , 80% од болестите на очите можат да се

спречат.Вкупно 4% од светската популација е слепа или има оштетен вид, а водечки

предизвикувач на слепилото е глаукомот.Тој претставува хронична болест на очниот нерв

кој доколку не се лечи може да доведе до потполно губење на видот.Оваа е особено

опасна болест бидејќи на почетокот се развива бавно и незабележливо, па затоа е

препорачливо после четириесеттата година од животот, да се прави редовна контрола на

очите. Според податоците со кои располага СЗО преку 300 милиони луѓе во светот патат

од слабовидност или слепило.Од нив 145 милиони луѓе боледуваат од далекувидност,

кратковидност или астигматизам а во повеќето случаеви видот може да се подобри со

носење на очила.

Одбележан Денот на востанието 11 – ти Октомври во ОУ „Славко Лумбарковски“

Новаци

Учениците од прво до четврто одделение со пригодна

приредба и положување на свежо цвеќе пред

споменикот на Славко Лумбарковски во с.Новаци го

одбележаа Денот на востанието 11 октомври.Ова е

само еден од начините преку одбележување на

значајните датуми да научат нешто повеќе за

македонската историја.

11 октомври е ден на македонската историја кој не

само што е симбол на македонската борба за слобода,

туку е и ден кога е поставен еден од темелите на

македонската државност.На овој ден им оддаваме

почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание.Наша

должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот.Нашата историја не мотивира

да чекориме напред, да верува во себе.

Празникот се прославува не само во Република Македонија туку и во целиот свет каде што живеат

Македонци.По тој повод на овој голем празник традиционално се доделуваат наградите 11–ти

октомври за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности.

Page 8: Информатор бр.6

8

Вонредно прскање од комарци и во општина Новаци Комисијата за заштита на населението од заразни болести при Министерството за здравство,заради топлото време погодно за размножување на комарците кои се преносители на повеќе заразни болести меѓу кои и западнонилската треска, донесе одлука да се преземат вонредни превентивни мерки, односно да се спроведе повторена дезинсекција. Согласно донесениот план и програма ќе се врши прскање против комарци во целата држава а министерството за здравство ќе врши и ларвицидна и теристичка дезинсекција кај застоените езера, мочуришта, застоени канали и слично. Една од општините каде повторно ќе се прска против комарци е и пелагониската општина Новаци. „ Во нашата општина има многу застоени канали и води па

токму затоа Центарот за јавно здравје од Битола ќе направи повторна дезинсекција, како превентивна мерка против западно нилската треска.Средтвото кое се користи при прскањето не е опасно за луѓето единствено може да им наштети на пчелите, затоа се молат сопствениците да не ги пуштаат пчелите во и по периодот кога се спроведува прскањето.“ вели градоначалникот на општина Новаци , Лазар Котевски. Во Македонија досега се регистирани пет заболени од Западен Нил и два смртни случаи.Од Институтот за јавно здравје велат дека место за паника нема бидејќи располагаат со доволен број тестови за дијагностика, а на Клиниката за инфективни болести ги има сите лекови потребни за третман на заболените од енцефеалит и менингоенцефалит.

Се одржа 54-тата седница на Советот на општина

Новаци

На денешната 54-та седница на Советот на општина Новаци ,

советниците ги усвоија сите 19 точки кои беа ставени на дневниот

ред.Најпрво состанокот започна со усвојување на записникот од

претходната седница а потоа се пристапи кон гласање според

планираниот распоред.

Советниците го одобрија планираниот ребаланс на буџетот на

општина Новаци, донесоа одлука за пристапување кон изработка

на Локална урбанистичко планска документација за изградба на

фотоволтаични централи во с. Брод и изградба на базна станица

во с. Живојно.

Се одобри и одлуката за утврдување на приоритет за реализација

на Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012

година.

Исто така беа разгледани и усвоени барања од граѓани , месни заедници, општински сојузи, здружение на

пензионери, црковни собори, подрачни училишта спортско - рекреативни клубови и слично.

55 тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи следниот месец.

Започна волонтерската работа за шестмина во општина Новаци

Согласно програмата за волонтерство за 2012 година на општина Новаци, шестмината најпогодни кои беа

избрани од вкупно девет кои беа пријавени на јавниот повик, започнаа да се стекнуваат со своето прво

работно искуство како државни службеници .

„ Согласно препораките на Владата на РМ, објавивме јавен повик за ангажирање на волонтери на кој се

пријавија 9 лица од кои комисијата ги избра најдобрите 6 при што беше составена ранг листата . Услов

беше тие да имаат завршено средно или високо образование од областа на техничките, природните или

општествените науки, да приложат доказ за завршено образование , кратка биографија и мотивационо

писмо.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.Волонтерскиот ангажман на шестмината

ќе им трае 3 месеци.

Page 9: Информатор бр.6

9

Новачанки ја сфатија важноста од раниот едукативен развој на децата

Преполната просторија каде се одржа работилницата за

важноста од раниот едукативен развој на децата е доказ за

успешноста на оваа активност на единствената игротека во

општина Новаци.Сите деца се успешни во училиште ако во

детството почнат да учат на разни начини низ игра и забава.

Тоа всушност е и мисијата на центарот Бамби , да им

овозможи на сите деца да се здобијат со знаење во амбиент

кој нуди многу забава препознавајќи ја важноста на

родителите како нивни први и најважни учители.Воодушевен

сум од присутноста и од покажаната масовност и интерес за

оваа едукативна работилница, што покажува дека

родителите од Новаци иако живеат во рурална средина не

заостануваат зад родителите од урбаните средини. Бидејќи

посетеноста во игротеката секојдневно се зголемува, ние планираме овој центар наскоро да прерасне во

детска градинка. Летово ја реновиравме , ја исчистивме влагата и ги варосавме просториите, го уредивме

дворот и набавивме нови играчки за потребите на децата, благодарение на средствата од добиениот проект

од Мировниот корпус. “ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.Предавањето беше во

склоп на проектот „ Здрава средина , здраво детство“ финансиран од Мировниот корпус.Целта и темата на

работилницата беше важноста од едукативниот развој на децата со основна цел да се запознаат

родителите со целокупниот развој на децата од сите аспекти: социоемоционалниот, моториката,

когнитивниот развој, пристапот кон учење, јазикот и комуникација. „Познато е дека во првите години од

детскиот развој се многу важни за понатамошниот развој на личноста на детето. Сите ние како родители

посакуваме нашите деца да израснат во деца со високи морални вредности и квалитети.Токму поради тоа

важно е родителите да бидат запознаени со целокупниот развој во раната детска возраст за да знаат како

правилно да ги поттикнат, да ги насочат и да ги стимулираат , односно да ја постават основата врз која

понатаму во текот на годините ќе се изгради личноста како што ја посакуваат “ вели едукаторот Николина

Лозановска.Предавањето го реализираа дипломирани психолози Жанета Митрушевска и Радмила

Цветковска кои најголемиот дел од својот работен век го поминаа во следење на детскиот развој , работа со

деца и родители.На присутните родители им беше овозможено да се консултираат со експертите за сите

проблеми и прашања со кои се соочуваат во рамките на секојдневниот живот со децата.Игротеката Бамби

постои од 2004 година, најпрво основана од УНИЦЕФ а сега со помош на општина Новаци успешно работи и

е еден од најдобрите центри можеби и единствен кој остана да постои по завршувањето на проектот во

2010 година.

Општина Новаци се вклучи во акцијата „ Македонија без отпад“ Со чистење на централното подрачје и улиците во с.Новаци како и дворовите на

централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ и двете подрачни училишта во

Бач и Добромири , општина Новаци се вклучи во реализирањето на проектот

„Македонија без отпад 2012“.Акцијата е целосно поддржана од Владата на РМ, МОН,

повеќе владини и невладини организации.Проектот за прв пат започна да се

спроведува оваа пролет и наиде на голема поддршка, на која присуствуваше Европска

делегацијазаедно со Евроамбасадорот и неговите колеги од Словенија, Холандија и

Шведска.Aцијата наиде на масовност во која се вклучија еколошките секции на

училиштата, бројни жители на општината и ЗЈКП „Пела – Хигиена“ кое веднаш го

собираше и го транспортираше собраниот комунален отпад.Спроведените актинвости

во рамките на еколошкиот проект„Македонија без отпад 2012“ можат да се следат на

веб страната www.ajdemakedonija.mk. Освен Република Македонија акцијата се

спроведува и во 85 држави во светот и истата официјално е поддржана од Европскиот

Парламент. Со реализацијата на проектот „Македонија без отпад 2012“, нашата држава влегува во глобалната

статистичка дата база за придобивките на мобилизирањето на јавноста за отстранување на отпадот во еден ден .Со

излезеноста на граѓаните од нашата земја од само 5% ќе се создадат услови за подобро управување со отпадот,

достапност и лесно преземање на добри практики од соседните земји од светот, како и зголемена свесност за

вистинските вредности на отпадот како збир на ресурси и нивно понатамошно процесуирање односно повторна

upотреба, рециклажа, намалување на отпадот и слично.На овој начин во Македонија би се создала клима за преод кон

т.н Нулта отпад стратегија, која подразбира скоро целосно искористување на она што се отфрла и негово враќање во

системот на употреба.

Page 10: Информатор бр.6

10

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 282-114

Амбуланта с.Новаци:282-870

Полициска станица с.Новаци:282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел:282-446, факс:203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------