Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри...

12
BASF The Chemical Company Безбедносен лист Страна: 1/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN) Датум на печатење: 04.02.2012 1. Идентификација на супстанцијата/смесата и податоци за правното лице кое ја става супстанцијата/смесата во промет Идентификација на производ BASAGRAN 480 Релевантни идентифицирани начини на користење на супстанцијата или смесата и начини на користење кои не се препорачуваат Релевантни идентифицирани начини на користење: производ за заштита на растенијата, хербицид Препорачана употреба: хербицид Податоци за доставувачот кој го издава безбедносниот лист Фирма: БАСФ СЕ 67056 Лудвигсхафен ГЕРМАНИЈА Оперативно одделение за зашита на растенија Телефон: +49 621 60-27777 Ел. пошта: [email protected] Телефонски број за итни случаи: Меѓународен број за итни случаи: Телефон: +49 180 2273-112 2. Идентификација на опасностите Елементи за обележување Глобален хармонизиран систем, ЕУ (ГХС) Пиктограм:

Upload: others

Post on 10-Mar-2020

20 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

BASF The Chemical Company

Безбедносен лист Страна: 1/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 1. Идентификација на супстанцијата/смесата и податоци за правното лице кое ја става супстанцијата/смесата во промет Идентификација на производ

BASAGRAN 480

Релевантни идентифицирани начини на користење на супстанцијата или смесата и начини на користење кои не се препорачуваат Релевантни идентифицирани начини на користење: производ за заштита на растенијата, хербицид Препорачана употреба: хербицид Податоци за доставувачот кој го издава безбедносниот лист Фирма: БАСФ СЕ 67056 Лудвигсхафен ГЕРМАНИЈА Оперативно одделение за зашита на растенија Телефон: +49 621 60-27777 Ел. пошта: [email protected] Телефонски број за итни случаи: Меѓународен број за итни случаи: Телефон: +49 180 2273-112 2. Идентификација на опасностите Елементи за обележување Глобален хармонизиран систем, ЕУ (ГХС) Пиктограм:

Page 2: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 2/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012

Предупредувачки збор: Внимание

Известувања за опасност: H302 Штетно ако се проголта. Н319 Доведува до јака иритација на окото. H317 Може да предизвика алергиски реакции на кожата. H412 Штетно за живиот свет во водата со долготрајни последици. EUH401 Придржувајте се кон упатството за употреба за да се избегнат ризиците по здравјето

и животната средина.

Известувања за мерките на претпазливост (превенција) P280f Да се носат заштитни нараквици и заштита за очи/лице. P261c Избегнувате вдишување на пареа. P264 Да се испере темелно со многу вода и сапун после ракување. P270 Да не се јаде, пие или пуши кога се ракува со производот. P272 Контаминираната работна облека не смее да се изнесе надвор од работната

средина.

Известувања за мерките на претпазливост (реакции) P302 + P352 ВО СЛУЧАЈ НА ДОПИР СО КОЖАТА: Да се измие со голема количина на сапун и

вода P305 + P351 + P338 ВО СЛУЧАЈ НА ДОПИР СО ОЧИТЕ: внимателн да се плакне неколку минути

Доколку контактните леќи ако ги носите и ако тие лесно се вадат, извадете ги. Продолжете со плакнењето.

P333 +P313 Во случај на надразнување или исфрлање на кожата: Да се побара совет/помош од доктор.

P363 Исперете ја загадената облека пред повторна употреба. P301+ P312 ВО СЛУЧАЈ НА ГОЛТАЊЕ: Во случај на здравствени проблеми да се

повика ЦЕНТАРОТ ЗА КОНТРОЛА НА ТРУЕЊЕ/доктор. P330 Да се измие устата.

Известувања за мерките на претпазливост (одложување) P501 Одложување на содржината/амбалажата на местото наменето за собирање на

ризичен или специјален отпад

Согласно Регулативата (ЕК) бр. 1272/2008 [CLP] │Состојка, која ја определува категоријата на опасност: БЕНТАЗОН-СОДИУМ

Согласно Директивата 67/548/ЕЕЗ или 1999/45/ЕК

Директиви на ЕЕЗ

Симбол(и) за опасност Xn Штетно

R – ознаки R22 Штетно ако се проголта. R43 Може да предизвика сензибилизација при допир со кожата. R52/53 Токсичен за водни суштества, може да предизвика долготрајни контра-ефекти за

водната животна средина

Page 3: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 3/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 S – ознаки S2 Да се чува вон дофат на деца. S13 Да се чува одделно од храна, пијалаци и храна за животни. S20/21 При ракување со него да не се јаде, пие или пуши. S24 Да се избегнува контакт со кожа. S37 Да се носат соодветни ракавици. S46 Во случај да се голтне, итно да се побара лекарска помош и да се покаже оваа

етикета или амбалажа. Состојка која ја определува категоријата на опасност: БЕНТАЗОН-СОДИУМ Класификација на субстанцијата или смесата Согласно Регулативата (ЕК) бр. 1272/2008 [CLP] │Акутна токсичност 4 (орално) │Оштетување/ Иритација на очи 2 Сенз. на кожа 1Б │Акутна опасност за водна средина 3 Согласно Директивата 67/548/ЕЕЗ или 1999/45/ЕК Можни опасности: Штетно ако се проголта. Може да предизвика сензибилизација при допир со кожата. Штетно за водни суштества, може да предизвика долготрајни контра-ефекти во водната животна средина. За класификациите кои не се во целост наведени во ова поглавје целиот текст може да се најде во поглавје 16. Останати опасности

Согласно Регулативата (ЕК) бр. 1272/2008 [CLP]

Види поглавје 12 – Резултати од испитувања PBT и vPvB. ______________________________________________________________________________________

3. Податоци за составот/Информации за состојките Смеси

Хемиска природа

производ за заштита на растенија, фунгицид, растворлив концентрат (SL)

содржи: бентазон како бентазон натриумова сол Опасни состојки (GHS) согласно Регулативата (ЕК) бр. 1272/2008

Page 4: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 4/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 │бентазон-натриум │Содржина (W/W): 44 % Акутно токсично 4 (орално) │CAS број: 50723-80-3 Сензација на кожа 1Б │ЕК-број: 256-735-4 Оштетување/иритација на очи 2 │ H302, H319, H31 │

Опасни состојки согласно Директивата 1999/45/ЕК │бентазон-натриум Содржина (W/W): 44 % │CAS број: 50723-80-3 │ЕК-број: 256-735-4 Симбол за опасност: Xn R – ознака: 22, 43

За класификациите кои не се во целост наведени во ова поглавје, вклучувајќи ги и индикациите за опасност, симболите за опасност, R – ознаките, како и изјавите за опасности, целиот текст може да се најде во поглавје 16. _____________________________________________________________________________________

4. Мерки за прва помош

Опис на мерките за прва помош │Отстранете ја контаминираната облека.

По вдишување: Пациентот треба да се изнесе на свеж воздух и да се остави да мирува, веднаш да се побара лекарска помош.

Допир со кожа: │Темелно да се измие кожата со сапун и вода.

Контакт со очи: │Да се плакнат очите најмалку 15 минути под вода со отворени капаци под │вода што тече, да се косултира офталмолог.

Голтање: │Веднаш да се измие устата, потоа да се испие 200-300 мил. вода, да се побара лекарска помош.

Најважни симптоми и ефекти, акутни и со одложено дејство Симптоми: Најважните познати симптоми и ефекти се опишани во „описот на производот“ (види поглавје 2) и/или во поглавјето 11. Други важни симптоми и ефекти досега не се познати.

Индикација за итна медицинска помош и потреба од посебен третман Третман: Да се третира согласно симптомите (деконтаминација, витални функции), не се познати специфични антидоти. _______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

5. Мерки за заштита од пожар Средства за гаснење пожар Соодветни средства за гаснење:

Page 5: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 5/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 воден спреј, пена, сув прашок, јаглерод диоксид

Посебни опасности кои може да настанат од супстанцијата или смесата │јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, оксиди на азот, оксиди на сулфур Наведените субстанции/групи на субстанции може да се ослободат во случај на пожар.

Совети за пожарникари Посебна заштитна опрема: Да се носи облека за хемиска заштита и независен заштитен апарат за дишење.

Останати информации: Контаминираната вода, употребена за гаснење, да се складира одвоено, да не се дозволи да стигне до канализација или до отпадни води. Остатоците од пожарот и контаминираната вода, собрана од гаснењето, да се отстранат согласно прописите. Во случај на пожар и/или експлозија да не се вдишува чад. Садовите да се разладуваат со вода, доколку се изложени на оган. ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

6. Мерки во случај на хемиска несреќа

Лична претпазливост, заштитна опрема и постапки во итни случаи Да не се вдишува пареа/спреј. Да се користи заштитна облека. Да се избегнува контакт со кожата, очите и облеката.

Мерки на претпазливост кои се однесуват на животната средина Да не се дозволи да стигне до канализација/површински или подземни води. Да не се дозволи да стигне до почвата.

Методи и материјали за спречување на ширењето и санирање За мали количества: Да се собере и отстрани со помош на материјал што апсорбира (на пример песок, пилевина, универзално средство за сврзување, дијатомејска земја) За големи количества: Да се направи насип. Да се испумпа производот. Да се отстрани собраниот материјал согласно прописите. Да се собере отпадокот во соодветни садови кои може да се затворат и обележат. Темелно да се исчистат со вода и детергенти контаминираниот под и предметите, следејќи ги прописите за заштита на животната средина.

Упатувања кон други поглавја Информации поврзани со контролата на изложеност/личната заштита и упатствата за отстранување може да се најдат во поглавјата 8 и 13. _________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

7. Ракување и складирање

Мерки на претпазливост за безбедно ракување Не се потребни посебни мерки доколку се складира и ракува правилно. Да се обезбеди добра проветреност и вентилација на просторот за складирање и работните простории. При ракувањето да не се јаде, пие или пуши. Рацете и/или лицето да се измијат пред паузите и на крајот на работното време.

Заштита против пожар и експлозија: Не се потребни посебни мерки за заштита. Супстанцијата/произвдот не е запалив. Производот не е експлозивен.

Услови за безбедно складирање, вклучувајќи и некомпатибилности Да се држи одвоено од прехранбени производи и храна за животни. Останати услови за складирање: Да се чува подалеку од извор на топлина. Да се заштити од директна сончева светлина.

Page 6: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 6/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 Стабилност на складирање: Времетраење на складирање: 60 месеци

Посебни начини на употреба За релевантно идентификувани начини на употреба излистани во поглавјето 1 треба да се земе во предвид упатството наведено во поглавјето 7. ____________________________________________________________________________________ 8. Контрола на изложеност и лична заштита

Контролни параметри

Состојки со контролни параметри за работни простории

│50723-80-3: 3-изопропил-1Н-2,1,3-бензотиадицин-4(3Н)-он, 2,2-диоксид, натриумова сол

Контрола на изложеност

Опрема за лична заштита Заштита на дишните патишта: Соодветна заштита на дишните патишта при повисоки концентрации или долготрајно дејство: комбиниран филтер за гасови/испарувања од органско, неорганско, киселински неоргански и алкални соединенија (на пр. EN 14387 тип ABEK)

Заштита за рацете: Соодветни заштитни ракавици отпорни на хемикалии (EN 374) и со продолжен, директен контакт (препорака: заштитен индекс 6, одговара на времето на пермеација > 480 минути согласно EN 374): на пр. нитрил каучук (0.4 mm), хлоропрен каучук (0.5 mm), бутил каучук (0.7 mm) и други

Заштита за очите: Заштитни очила со странични штитници (на рамката) (на пр. EN 166)

Заштита за телото: Заштитата на телото мора да се одбере во зависност од активноста и можната изложеност, на пр. заштита кецела, заштитни чизми, одело за заштита од хемикалии (согласно EN 14605 во случај на прскање или EN ISO 13982 во случај на прашина).

Општи заштитни и хигиенски мерки За ракување со средствата за заштита на растенијата во пакувања наменети за крајните корисници да се применуваат податоците за опрема за лична заштита од упатството за употреба. Се препорачува да се носи непропустливо работно одело. Работната облека да се чува одделно. Да се чува одделно од храна, пијалаци и храна за животни. ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

9. Физички и хемиски својства Информации за основните физички и хемиски својства

Форма: течна Боја: жолта до црвена Мирис: овошен, слаб мирис Праг на мирис: неодреден

Page 7: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 7/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 pH вредност: околу 6-7 (CIPAS-стандард за вода D, 1% (m), 20 °С) Температура на топење: околу 0 °С (1,103.3 hPa) Податоците се однесуваат на растворувачот. Температура на вриење: околу 100 °С (1,103.3 hPa) Податоците се однесуваат на растворувачот Точка на палење: (DIN EN 22719; ISO 2719) Нема точка на палење - Мерењето е направено до точка на вриење. Брзина на испарување: не е применливо Запаливост: не е само-запалив Долна граница на експлозивност: не е утврдена Горна граница на експлозивност: не е утврдена Температура на палење: 555 °С (Директива 92/69/ЕЕЗ, А.15) Притисок на пареа: производот не е тестиран. Густина: околу 1.19 g/cm3 (ОЕЦД Правилник 109) (20 °С) Релативна густина на пареа (воздух): не е утврдена Растворливост во вода: целосно се раствора Податоци за: бентазон │Коефициент на распределба н-октанол/вода (log Kow): 0.77 │ (22 °С,pH вредност: 5) ----------------------------------------------------------------- Термичко разложување: не е утврдено Динамична вискозност: околу 9 mPa.s (ОЕЦД Правилник 109) 20 °С Опасност од експлозија: не е експлозивен Својства кои поттикнуваат палење: не поттикнува согорување (Директива 2004/73/ЕЗ, А.21)

Останати податоци Останати податоци: Доколку е потребно, останатите физички и хемиски податоци се наведени во ова поглавје. _______________________________________________________________________________________________________________________________________

10. Стабилност и реактивност Реактивност Нема опасни реакции доколку се почитуваат прописите / упатствата за складирање и ракување.

Хемиска стабилност Овој производ е стабилен доколку се почитуваат прописите / упатствата за складирање и ракување.

Можност за појава на опасни реакции Нема опасни реакции доколку се почитуваат прописите / упатствата за складирање и ракување.

Page 8: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 8/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 Услови кои треба да се избегнуваат Види го поглавјето 7 од безбедносниот лист – Ракување и складирање

Некомпатибилни материјали

Супстанции кои треба да се избегнуваат: сини бази, силни киселини, силни оксидациски средства

Опасни производи од разградување

Опасни производи од разградување: Нема опасни производи од разградување дококу се почитуваат прописите / упатствата за складирање и ракување. ___________________________________________________________________________________________________________________________________

11. Токсиколошки информации

Информации за токсичните ефекти

Акутна токсичност

Проценка на акутната токсичност: Мала токсичност по еднократно голтање. Во случај на еднократен допир со кожата практично не е токсичен. Во случај на еднократно вдишување практично не е токсичен.

Експериментални/пресметани податоци: LD50 стаорец (орално): > 1,000 - < 2,000mg/kg (Регулатива ОЕЦД 401)

LD50 стаорец (при вдишување): > 4.8 mg/l 4 h (Регулатива ОЕЦД 403) Тестиран е аеросол.

LD50 стаорец (дермално): > 4,000mg/kg (Регулатива ОЕЦД 402)

Иритативност

Проценка на иритативни ефекти: Може да предизвика слаба иритација на очите. Не ја надразнува кожата. Експериментални/пресметани податоци: Нагризувачко/иритативно дејство врз зајак: ненадразнувачко

Значително оштетување/надразнување на очите кај зајак: слаба иритација

Сензибилизација на респираторните органи/кожата

Проценка на сензибилизација: Можна сензибилизација по контакт со кожа. Производот не е тестиран. Изјавата се базира на производи со слична структура или состав.

Податоци за: бентазон Експериментални/пресметани податоци: │модифициран Buehler тест морско прасе: сензибилизација на кожата. (Регулатива ОЕЦД 406) ----------------------------------------------- Мутагеност на герминативни клетки

Page 9: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 9/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 Проценка на мутагеност: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки.Тестовите за мутагеност покажаат негативни гнотоксични резултати.

Канцерогеност

Проценка на канцерогеност: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки.Резултатите од тестови со различни животни не покажаа знаци на канцерогено дејство.

Токсичност по репродукцијата

Проценка на токсичност по репродукцијата: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки. Резултатите од тестови со различни животни не покажаа знаци на дејство намалување на плодноста.

Токсично дејство на развој

Проценка на тератогеноста: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки. Од проучувањата врз животни не се добиени никакви индикации за развојни токсични ефекти од дози кои не биле токсични за родителските животни.

Токсичност во случај на повторено земање на дозата и специфична токсичност за целниот орган (повторена изложеност)

Проценка на токсичното дејство при повторено земање на доза: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки. При повторено давање на високи дози на животни не е забележано токсично дејство специфично за супстанцијата.

Останати упатства поврзани со токсичноста

Злоупотребата може да биде штетна по здравјето. _______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

12. Екотоксиколошки информации за хемикалијата

Токсичност

Проценка на токсичност за водните организми: Многу токсично за водните организми. Може да предизвика долготрајни штетни влијанија врз водената животна средина.

Токсичност за риби: LC50 (96 h) > 100 mg/l, Oncorhynchus mykiss (Регулатива ОЕЦД 203)

Водни безрбетници: LC50 (48 h) > 100 mg/l, Daphnia magna (Регулатива ОЕЦД 202, дел 1)

Водни растенија: EC50 (7d) 30.5 mg/l, Lemna gibba (Регулатива ОЕЦД 221)

Хронична токсичност за риби: Не е забележанo штетно дејство (28d) > 100 mg/l Хронична токсичност за водните безрбетници:

Page 10: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 10/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 Не е забележано штетно дејство > 250 mg/l

Персистентност и разградливост

Проценка на биолошката разградливост и елиминација (H2O): Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки.

Податоци за: бентазон Проценка на биолошката разгладливост и елиминација (H2O): │Биолошки не е лесно разградлив (според критериуми на ОЕЦД).----------------

Потенцијал на биоакумулација

Проценка на потенцијалот на биоакумулација: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки.

Податоци за: бентазон Проценка на потенцијалот на биоакумулација: │Не се очекува позначително депонирање во организмите како резултат на │коефициентот на распределба на n-octanol/вода (log Pow). ---------------------------------------

Подвижност во почвата (и останатите компартменти - доколку постојат) Проценка на транспортот во различни сегменти на животната средина: Производот не е тестиран. Изјавата се базира на својствата на поединечните состојки. Податоци за: бентазон Проценка на транспортот во различни сегменти на животната средина: │ Во случај на испуштање во земјиштето, полека истекува и може зависно од разложувањето да се пренесе во подлабоките слоеви на почвата со поголеми напливи на вода. -------------------------------------

Резултати од проценката PBT и vPvB Производот не содржи супстанции кои ги исполнуваат критериумите на PBT (перзистентно/биоакумулативно/токсично) или критериумите на vPvB (многу перзистентно/многу биоакумулативно). Останати штетни ефекти Овој производ не содржи супстанции, кои се наведени во Анекс I од Регулатива (ЕК) 2037/2000 за супстанции, кои ја оштетуваат озонската обвивка. Дополнителни информации

Останати екотоксиколошки упатства: Да не се дозволи производот неконтролирано да дојде во допир со животната средина. ___________________________________________________________________________________

13. Третирање и складирање на отпадот

Page 11: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 11/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 Методи за отстранување на отпадот Мора да се пренесе до соодветен погон за спалување на отпад, во согласност со локалните прописи. Контаминирано пакување: Контаминираното пакување мора да се испразни колку што е можно подалеку и да се отстрани на ист начин како и супстанцијата/производот. _____________________________________________________________________________________ 14. Податоци за транспортот Патен транспорт ADR не е класифицирано како опасна стока под прописите за транспорт RID не е класифицирано како опасна стока под прописите за транспорт Внатрешен бродски транспорт ADR не е класифицирано како опасна стока под прописите за транспорт Поморски транспорт IMDG не е класифицирано како опасна стока под прописите за транспорт Воздушен транспорт IATA/ICAO не е класифицирано како опасна стока под прописите за транспорт ____________________________________________________________________________________

15. Регулаторни информации

Безбедност, здравје и одредби кои се однесуваат на животната средина/легислатива специфична за супстанцијата или смесата

За употребата на ова средство за заштита на растенијата важи: „Да се почитуваат упатствата за употреба за да се избегнат ризиците по здравјето на луѓето и животната средина“. (Директива 1999/45/ЕК, член 10, бр. 1.2)

Пресметка на хемиската безбедност

Упатствата за ракувањето со производото може да се најдат во поглавјата 7 и 8 од овој безбедносен лист. _____________________________________________________________________________________

Page 12: Безбедносен лист - agro.basf.mk · Контролни параметри остојки со контролни прметри з ротни простории │50723-80-3:

Страна: 12/12 БАСФ Безбедносен лист согласно Регулативата (EK) бр. 1907/2006 Датум / ревидирано на: 03.02.2012 Верзија: 3.0 Производ: BASAGRAN 480 (Идент. бр. 30354883/SDS_CPA_EU/EN)

Датум на печатење: 04.02.2012 16. Други податоци

За правилна и безбедна употреба на овој производ, Ве молиме да се повикате на одобрените услови наведени на етикетата на производот.

Целосниот текст за класификацијата, вклучувајќи ги и индикациите за опасност, симболите за опасност, R-ознаките и изјавите за опасност, доколку се наведени во поглавјето 2 или 3: Xn Штетно 22 Штетен доколку се голтне. 43 Може да предизвика сензибилизација при допир со кожата. │акут. токс. Акутна токсичност │ошт./ирит. на очи Сериозно отетување/иритација на очите Сенз. на кожа Сензибилизација на кожата │Хрон. опас. вод. сред.Опасно по водената животна средина, хронична опасн. │H302 Штетно ако се проголта. │H319 Доведува до јака иритација на окото. │H317 Може да предизвика алергиски реакции на кожата. Податоците содржани во овој безбедносен лист се базираат на нашите досегашни сознанија и искуство и го опишуваат производот само во поглед на безбедноста. Податоците на претставуваат опис на својствата на производот (спецификација на производот). Од податоците од безбедносниот лист не може да се донесуваат заклучоци за составот или адекватноста во конкретни случаи на примена. Почитувањето на постоечките закони и прописи претставува одговорност на корисникот на нашите производи. Вертикалните линии на левата маргина упатуваат на измени на претходната верзија.