Водич за доживотно учење 2010 Дел ii a : Под-програми и...

24
1 Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции

Upload: others

Post on 27-Sep-2019

7 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

1

Водич за доживотно учење 2010

Дел II a : Под-програми и акции

Page 2: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

2

ИНДЕКС НА ПРОГРАМИ И АКЦИИ

СЕКТОРСКИ ПРОГРАМИ Кои се целите?

КОМЕНИУС Кои се целите?

Кој може да учествува? Комениус ги поддржува следниве активности Кои се КОМЕНИУС акции? ЕРАЗМУС

Кои се целите? Кој може да учествува? Каков тип на активности?

Кои се ЕРАЗМУС акции? ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

Кои се целите? Кој може да учествува? Каков тип на активности? Кои се Леонардо да Винчи акции?

ГРУНДВИГ Кои се целите? Кој може да учествува?

Каков тип на активности? Кои се ГРУНДВИГ акции? ТРАНСВЕРЗАЛНИ ПРОГРАМИ Кои се целите?

СОРАБОТКА ЗА ПОЛИТИКИ И ИНОВАТИВНОСТ ВО ДОЖИВОТНОТО

УЧЕЊЕ (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 1)

Каков тип на активности?

Кои се акции за соработка во политиките и иноватиност во доживотното учење?

ЈАЗИЦИ (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 2) Каков тип на активности? Кои се акции за јазик? РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНА ИКТ-БАЗИРАНА СОДРЖИНА, УСЛУГИ,

ПЕДАГОГИИ И ПРАКСА ЗА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ (КЛУЧНА

АКТИВНОСТ 3)

Каков тип на активности? Кои се ИКТ акции? ДИСЕМИНАЦИЈА И ИСКОРИСТЕНОСТ НА РЕЗУЛТАТИ И РАЗМЕНА НА

ДОБРИ ПРАКТИКИ (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 4)

Кои се целите?

Каков тип на активности? Како активностите од КА4 се совпаѓаат со активностите за дисеминација и искористеност во другите делови од Програмата за доживотно учење?

Кои се акции за дисеминација и искористеност? JEAN MONNET ПРОГРАМА Кои се целите? Кој може да учествува?

Каков тип на активности? Кои се Jean Monnet акции?

Page 3: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

3

СЕКТОРСКИ ПРОГРАМИ

Кои се целите? (а) Програмата Комениус, се однесува на потребите за настава и учење на сите кои се вклучени во преучилишното и училишното образование до последното ниво на средно образование, и институциите и организациите кои го обезбедуваат тоа образование; (б) Програмата Еразмус се однесува на потребите за настава и учење на сите кои се вклучени во формалното високо образование и стручно образование и обука на терцијарно ниво, независно од времетраењето на курсот и квалификациите, вклучително и докторски студии, како и институции и организации кои обезбедуваат или го помагаат такво образование и обука; (в) Програмата Леонардо да Винчи, се однесува на потребите за настава и учење на сите кои се вклучени во стручното образование и обука, освен на терцијарно ниво, како и институции и организации кои обезбедуваат или го помагаат такво образование и обука; (г) Програмата Грундвиг се однесува на потребите за настава и учење на сите кои се вклучени во сите форми на нестручно учење на возрасни лица, независно дали e тоа формално, неформално (учење во семејството/заедницата) или неформално (во форма на доживотно учење), како и сите институции и организации кои ги обезбедуваат и ги помагаат таквите можности за учење. Акциите за четирите програми може да бидат подготвени по пат на Подготвителни посети.

Page 4: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

4

КОМЕНИУС Кои се целите? Конкретни цели

• Да се развие знаење и разбирање кај младите луѓе и образовниот кадар за разновидноста на европските култури и јазици, и вредноста која произлегува од нив

• Да им се помогне на младите луѓе да стекнат основни животни вештини и способности, кои се неопходни за нивниот личен развој, за нивното идно вработување и за активно европско граѓанство

Оперативни цели

• Да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на мобилноста, со што учениците и образовниот кадар ќе бидат вклучени во разни земји-членки

• Да се подобри квалитетот, и да се зголеми обемот на партнерства помеѓу училиштата во разни земји-членки, така што најмалку 3 милиони ученици ќе бидат вклучени во заеднички образовни активности во текот на периодот на траење на програмата

• Да се поттикне учењето на модерни странски јазици • Да се поддржи развојот на иновативна ИКТ-базирана содржина, услуги,

педагогии и практики во доживотното учење • Да се зголеми квалитетот и европската димензија на обученоста на

наставниците • Да се поддржат подобрувањата на педагошките пристапи и училишниот

менаџмент

Кој може да учествува? Во основа, сите кои се вклучени во училишното образование

• Учениците во училишното образование до последното ниво на средно образование

• Училиштата, како што е утврдено од земјите-членки, од предучилишно до последното ниво на средно образование

• Наставници и други категории на кадар во училиштата • Здруженија, непрофитни организации, НВОи и нивни претставници

вклучени во училишното образование • Лица и тела кои се одговорни за организација и спроведување на

образование на локално, регионално и национално ниво • Истражувачки центри и тела кои се бават со прашања поврзани со

доживотното учење • Високообразовни институции • Тела кои обезбедуваат водство, советување и услуги за информирање

Page 5: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

5

Конкретни правила за стекнување право на учество: Училиштата кои учествуваат во програмата Комениус мора да се наоѓаат во земја која учествува во Програмата за доживотно учење, и да припаѓаат на некој од типовите на институции кои се утврдени од страна на релевантните национални власти во нивните листи за типови на училишта кои имаат право на учество (http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/Комениус/school_en.html) Имајте ги во предвид и специфичните случаи кои се наведени подолу: 1) Училишта кои се под надзор на националните власти на друга земја (на пр:

lycée francais, Германско училиште, улилиштата „Forces” во Обединетото Кралство) Националните власти кои се одговорни за вршење надзор над административното и финансиско работење, како и наставните планови на дадените училишта, ќе одлучат кои од нив ќе имаат право на учество. Овој принцип ги вклучува следниве оперативни модалитети:

• Учеството на „национални училишта„ кои се наоѓаат во друга земја, ќе биде поддржано од буџетот за Комениус на земјата која врши надзор (= „земја на потекло„).

• Овие национални училишта може да учествуваат во било кој тип на Комениус активност, и за нив ќе се применуваат истите правила како и за било кое друго училиште кое стекнало право на учество во земјата која врши надзор.

2) Специјализирани училишта

Одлуката за учество на други национални училишта во Комениус, како што се училишта за малцинства, приватни училишта за иселеници итн. ја носат националните власти во земјата во која институцијата се наоѓа.

3) Европски училишта Европските училишта се официјални образовни установи, кои се под заедничка контрола на владите на земјите-членки на Европската Унија. Европските училишта се институции кои имаат право на учество во Комениус. Тие треба да аплицираат во Националните агенции во земјата во која се наоѓаат, и ќе подлежат на истата постапка за селекција како и локалните училишта. Во случајот на Белгија, трите Национални агенции ќе се договорат за соодветните аранжмани. Европските училишта подлежат на истите правила за Комениус како и сите други подобни училишта (кои имаат право на учество) во земјата во која се наоѓаат. Меѓутоа, учеството на Европските училишта- или како координатори или како партнери – ќе биде ограничено само на едно европско училиште за секое партнерство. Вработените во европските училишта имаат право на учество во Комениус обуката на работното место, под истите услови како и вработените од било кои други подобни училишта.

Page 6: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

6

Комениус ги поддржува следниве активности Следниве активности се поддржуваат со програмата Комениус:

• Мобилност на поединци во друга европска земја, што може да вклучува: • Размена на ученици и кадар во контекст на проект или

партнерство, • Индивидуални ученички мобилности во контекст на постоечко или

претходно Училишно Партнерство, • Учество во активности за обука за наставници и друг образовен

кадар, • Подготвителни посети за училишни партнерства, мрежи и

мултилатерални проекти и • Позиција на асистент за идните наставници

• Училишни партнерства помеѓу училишта од разни европски земји, во

поглед на развивање на заеднички проекти за учење за учениците и нивните наставници.

• Комениус Regio партнерства помеѓу локални и регионални власти

кои имаат своја улога во училишното образование. Нивната цел е да се збогати образовната понуда за младите луѓе на училишна возраст, преку поддршка за соработката помеѓу надлежните власти за училишно образование, училиштата и други тела кои обезбедуваат образование во разни европски региони.

• eTвининг иницијативата ги користи предностите на можностите кои се

нудат преку интернет и дигиталните медиуми, за да се промовира европската училишна соработка, учењето преку соработка и педагогија која се базира на проекти.

• Мултилатералните проекти имаат за цел да се развиваат,

промовираат и дисеминираат нови наставни планови, нови курсеви за обука на наставници или материјали и нови наставни методологии, и да се обезбеди рамка за организирање на активности за мобилност за наставниците.

• Мултилатералните мрежи имаат за цел да ја промовираат

Европската соработка и иновативност во конкретни тематски области од особено значење за училишното образование во европски контекст.

• Придружните мерки имаат за цел да се поддржат различни

активности, со кои ќе се даде придонес во постигнувањето на целите на програмата Комениус.

Кои се КОМЕНИУС акции?

• КОМЕНИУС Подготвителни посети • КОМЕНИУС Позиција на асистент (АСИСТЕНТИ) • КОМЕНИУС Позиција на асистент (УЧИЛИШТА ДОМАЌИНИ) • КОМЕНИУС Индивидуални ученички мобилности

Page 7: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

7

• КОМЕНИУС Обука на работно место за наставници и друг образовен кадар

• КОМЕНИУС Мултилатерални училишни партнерства • КОМЕНИУС Билатерални училишни партнерства • КОМЕНИУС Regio партнерства • КОМЕНИУС Мултилатерални проекти • КОМЕНИУС Придружни мерки • еТвининг

ЕРАЗМУС

Основана во 1987, Еразмус е најважната програма за образование и обука, која овозможува мобилност и соработка во високото образование ширум Европа. Нејзините различни активности, не само што им овозможуваат на студентите кои сакаат да студираат и учат во странство, туку и на професорите и на другиот кадар дури и од претпријатијата кои имаат намера да предаваат во странство, а исто така и на високообразовниот кадар кои бараат обука во странство. Покрај тоа, со програмата се поддржуваат високообразовните институции да работат заедно преку интензивни програми, академски и структурни мрежи и мултилатерални проекти, како и да го пренесат тоа во светот на бизнисот.

Кои се целите?

Конкретни цели

• Да се поддржи достигнувањето на Европската високообразовна област

• Да се зајакне придонесот на високото образование и напредното стручно образование, во процесот на иновативност

Оперативни цели

• Да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на мобилност на

студентите и наставниот кадар ширум Европа, за да се придонесе кон достигнувањето за најмалку 3 милиони поединечни учесници во студентската мобилност до 2012 година во рамките на Еразмус и програмите кои и претходеле.

• Да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на мултилатералната соработка помеѓу високообразовните институции во Европа

• Да се зголеми степенот на транспарентност и компатибилност помеѓу квалификациите стекнати од високото образование и напредното стручно образование во Европа

• Да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на соработка помеѓу високообразовните институции и претпријатијата

• Да се овозможи развој на иновативни практики за образованието и обуката на терцијарно ниво, и трансфер од една земја учесничка во друга

• Да се поддржи развојот на иновативна ИКТ-базирана содржина, услуги, педагогии и пракса за доживотно учење

Page 8: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

8

Кој може да учествува?

• Студенти и практиканти кои учат во сите форми на образование и обука на терцијарно ниво

• Високообразовни институции, како што е утврдено од земјите-членки на ЕУ и други земји учеснички

• Наставници, практиканти и друг кадар во тие институции • Вработени во претпријатија кои се вклучени во наставните

активности • Здруженија и нивни претставници кои се вклучени во високото

образование, вклучително и релевантни здруженија/асоцијации на студенти, универзитети и наставници/практиканти

• Претпријатија, социјални партнери и други претставници на работниот живот

• Јавни и приватни организации, вклучувајќи непрофитни организации и НВОи, одговорни за организирање и спроведување на образование и обука на локално, регионално и национално ниво

• Истражувачки центри и тела кои се занимаваат со прашања кои се однесуваат на доживотното учење

• Тела кои обезбедуваат водство, советување и услуги за информирање

Конкретни правила за стекнување право на учество:

• За да се стекне право за учество во програмата, високообразовните

институции мора да имаат Еразмус универзитетска повелба (EUC). Меѓутоа, Еразмус програмата е отворена за широк спектар на чинители (претпријатија, социјални партнери, истражувачки центри, итн), како што е дефинирано во член 20 од Одлуката на Европскиот парламент и на Советот за основање на Програмата за доживотно учење. Се разбира дека од овие чинители не се бара да аплицираат за Еразмус универзитетска повелба за да се организираат студентски работни ангажмани, или за да се учествува во мултилатерални проекти, мрежи или придружни мерки.

• Во однос на Еразмус студентските работни ангажмани, високообразовните институции мора да поседуваат Проширена Еразмус студентска повелба (за повеќе детали упатете се на конкретните информации за EUC), а конзорциумите за мобилности за стажирање мора да поседуваат Еразмус сетификат за конзорциумот за работни ангажмани.

• Во текот на студирањето, едно лице може да добие најмногу три Еразмус грантови: еден грант за периодот на студирање, еден грант за работен ангажман.

• За мобилноста, една од земјите што испраќаат или прифаќаат треба да биде земја-членка на ЕУ.

• Најмалку една од организациите што учествуваат во конзорциумот, мора да биде земја-членка на ЕУ.

Page 9: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

9

Кои типови на активности?

• Мобилност на поединци1 што може да вклучува: - Мобилност на студенти за целите на студирањето на

високообразовна институција во друга земја учесничка (Еразмус Студенти)2

- Мобилност на студентите за целите на работниот ангажман во претпријатија, центри за обука, истражувачки центри или други организации во други земји учеснички (Еразмус Студенти)

- Мобилност на наставен кадар од високообразовни институции или поканет кадар од претпријатија за предлогот за држење настава на високообразовна институција во друга земја учесничка

- Мобилност на наставен или друг кадар во високообразовни институции за целите на обука во друга земја учесничка

- Еразмус интензивни јазични курсеви, организирани за студентите кои доаѓаат во земји учеснички каде што се зборуваат помалку употребувани и помалку изучувани јазици

- Еразмус интензивни програми организирани на мултилатерална основа.

• Мултилатерални проекти кои меѓу другото се фокусирааат на иновативност, експерименталност и размена на добри практики во областите кои се наведени во рамките на конкретните и оперативните цели. Проектите треба да имаат за цел да развиваат и спроведуваат студиски програми; развивање на стратегии за модернизирање на конкретни аспекти од високото образование, промовирање на соработка помеѓу високото образование и претпријатијата, или работа на клучните прашања за виртуелните кампуси.

1 Поддршка може да се даде на домашната високообразовна институција или високообразовната институција домаќин или на претпријатијата за акција, за да се осигура квалитет во сите фази од аранжманите за мобилност, вклучувајчи и подготвителни јазични курсеви и курсеви за усовршување на јазик 2 1)Студентите од високообразовните институции кои, се имаат барем запишано во втора година, и поминуваат период на студирање во друга земја-учесничка во рамките на акцијата за мобилност на програмата Erasmus, без разлика дали им е доделена финансиска поддршка со програмата. Таквите периоди мора да бидат целосно признаени со меѓу-институционалните договори помеѓу институцијата што испраќа и институцијата домаќин; 2) студенти кои се запишани на Joint Masters програми и вклучени во мобилност; 3) студенти од високообразовни институции кои учествуваат во работни ангажмани.

Page 10: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

10

• Мрежите (“Еразмус мрежи”) се составени од високообразовни институции и други организации, и претставуваат или една дисциплина или интердисциплинарни области, со цел да се развиваат нови концепти за учење и способности (“Академски мрежи„), и работа на структурни и менаџмент аспекти од високото образование во поглед на промовирање на иновативни решенија и пристапи („Структурни мрежи„).

• Иницијативи, кои иако не ги исполнуваат условите за учество во другите акции на програмата Еразмус, јасно ќе придонесат кон остварување на целите на програмата Еразмус (придружни мерки).

• Подготвителни посети, кои помагаат да се воспостават контакти со потенцијални партнери во поглед на остварување на потесна соработка.

Кои се ЕРАЗМУС акции?

Предуслови

• ЕРАЗМУС универзитетска повелба • ЕРАЗМУС сертификат за конзорциумот за работни ангажмани

Акции

• ЕРАЗМУС Подготвителни посети • ЕРАЗМУС Организација на мобилност • ЕРАЗМУС Студентска мобилност за студирање • ЕРАЗМУС Студентска мобилност за работен ангажман • ЕРАЗМУС Мобилност на кадарот – Држење настава од страна на

високообразовниот кадар и од поканет кадар од претпријатијата • ЕРАЗМУС Мобилност на кадарот – обука за високообразовен кадар во

претпријатијата и во високообразовните институции • ЕРАЗМУС Интензивни јазични курсеви • ЕРАЗМУС Интензивни програми • ЕРАЗМУС Академски мрежи • ЕРАЗМУС Структурни мрежи • ЕРАЗМУС Проекти за развивање на наставни планови • ЕРАЗМУС Модернизација на високото образование • ЕРАЗМУС Соработка помеѓу високообразовните институции и

претпријатија • ЕРАЗМУС Виртуелни кампуси • ЕРАЗМУС Придружни мерки

Page 11: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

11

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

Кои се целите?

Конкретни цели • Да се поддржат учесниците во обуката и во понатамошните

активности за обука, во однос на нивното стекнување и примена на знаење, вештини и квалификации за да се олесни нивниот личен развој

• Да се поддржат подобрувањата на квалитетот и иновативноста во стручното образование и системи за обука, институции и практики

• Да се зголеми атрактивноста на стручното образование и обученост, и мобилноста за работодавачите и поединците, како и да се овозможи мобилност за практикантите

Оперативни цели

• Да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на мобилност

ширум Европа на луѓето кои се вклучени во примарното стручно образование и обука и кои се вклучени во континуирана обука, за да се зголеми бројот на работни ангажмани во претпријатијата до најмалку 80.000 во една година до завршувањето на Програмата за доживотно учење

• За да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на соработка помеѓу институциите или организациите кои обезбедуваат можности за учење, претпријатијата, социјалните партнери, и други релевантни тела ширум Европа

• Да се овозможи развој на иновативни практики на полето на стручното образование и обученост, освен на терцијарно ниво, и нивни трансфер од една земја учесничка во друга

• Да се подобри транспарентноста и признавањето на квалификациите и способностите, вклучувајќи ги оние кои се стекнати преку неформалното учење (во семејството/заедницата) или неформалното учење (во рамки на доживотното учење)

• Да се поттикне учење на модерни странски јазици • Да се поддржи развојот на иновативна ИКТ-базирана содржина,

услуги, педагогии и практики за доживотно учење.

Кој може да учествува?

• Луѓе кои учат во сите форми на стручно образование и обука, освен на терцијарно ниво

• Луѓето на пазарот на трудот

Page 12: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

12

• Институции и орагнизации кои обезбедуваат можности за учење во областите кои се опфатени со програмата Леонардо да Винчи

• Наставници, практиканти и друг кадар во тие институции или организации

• Здруженија/асоцијации и нивни претставници вклучени во стручното образование и обука, вклучително и асоцијации на практиканти, родители и наставници

• Претпријатија, социјални партнери и други претставници од работната сфера, вклучувајќи стопански комори и други трговски организации

• Тела кои обезбедуваат водство, совети и услуги за информирање за некои од апспектите на доживотното учење

• Лица или тела кои се одговорни за системи и политики во врска со апспекти од стручното образование и обука, на локално, регионално и национално ниво

• Истражувачки центри и тела кои се занимаваат со прашања поврзани со доживотното учење

• Високообразовни институции • Непрофитни организации, волонтерски тела и НВОи

Кои типови на активности?

Следниве активности се поддржуваат со програмата Леонардо да Винчи:

• Мобилност на поединци3 кое може да вклучува: - Транснационални работни ангажмани во претпријатија или

институции за обука - Работни ангажмани и размени чија цел е понатамошен

професионален развој на обучувачите и советниците за водство, и во установи кои се одговорни за обука и за планирање на обуки и водство за развој на кариерата во претпријатијата

• Партнерства кои се фокусирани на теми од взаемен интерес за организациите учеснички

• Мултилатерални проекти, особено оние кои се наменети за подобрување на системите за обука преку фокусирање на трансфер на иновативност, вклучително и јазична, културолошка и правна прилагоденост на национаните потреби за иновативни продукти и процеси кои се развиени во различен контекст

• Мултилатерални проекти кои имаат за цел да ги подобруваат системите за обука, преку фокусирање на развојот на иновативност и добра практика

• Тематски мрежи на експерти и организации кои работат на конкретни прашања поврзани со стручното образование и обученост

• Студиски и подготвителни посети за мобилност, партнерства, проекти или мрежни активности

3 При подготовките или поддржувањето на организирањето на мобилност, потребните подготвителни мерки, вклучително и јазична подготвеност, мора да бидат усвоени и притоа да се води грижа за да се осигура дека адекватниот надзор и поддршка ќе бидат на располагање за луѓето кои учествуваат во мобилноста.

Page 13: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

13

• Други иницијативи кои имаат за цел да промовираат цели на програмата Леонардо да Винчи („Придружни мерки„)

Кои се акции на Леонардо да Винчи? Предуслови

• Леонардо да Винчи Сертификат за мобилност

Акции

• Леонардо да Винчи Подготвителни посети • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Примарна стручна обука • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Луѓе на пазарот на труд • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Професионалци за стручно образование и

обука • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Партнерства • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Трансфер на иновативност • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Развој на иновативност • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Мултилатерални мрежи • ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Придружни мерки

Page 14: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

14

ГРУНДВИГ

Кои се целите?

Конкретни цели • Да се одговори на образовните предизвици на популацијата што

старее во Европа • Да им се помогне на возрасните да го најдат патот кон

подобрување на нивното знаење и способности

Оперативни цели • Да се подобри квалитетот и пристапноста до мобилноста ширум

Европа, за луѓето кои се вклучени во образованието за возрасни и да се зголеми обемот на мобилноста, за да се поддржи мобилноста на најмалку 7.000 поединци за една година до 2013 година

• Да се подобри квалитетот и да се зголеми обемот на соработка помеѓу организациите што се вклучени во образованието за возрасни лица ширум Европа

• Да им се помогне на луѓето од ранливите социјални групии во магинализиран социјален контекст, а особено на постарите луѓе и оние кои го имаат напуштено образованието без стекнати основни квалификации, за да им се дадат алтернативни можности за пристап до образованието за возрасни

• Да се овозможи развој на иновативни практики во образованието за возрасни и нивни трансфер, од една земја учесничка на друга

• Да се поддржи развојот на иновативна ИКТ-базирана содржина, услуги, педагогии и пракса за доживотно учење

• Да се подобрат педагошките пристапи и менаџментот на организациите за образование на возрасни лица

Кој може да учествува?

• Возрасни ученици • Институции и организации кои им обезбедуваат можности за учење

на возрасни лица, независно дали формални и неформални (во семејството/заедницата) или неформални (во рамките на доживотното учење)

• Наставници и друг кадар во тие институции и организации • Установи вклучени во примарната и понатамошната обука на

образовен кадар за возрасни лица

Page 15: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

15

• Асоцијации и нивни претставници кои се вклучени во образованието за возрасни, вклучително и асоцијации на ученици и наставници

• Тела кои обезбедуваат водство, советување и услуги за информирање, а кои се однесуваат на аспекти од образованието за возрасни лица

• Лица и тела одговорни за системи и политики кои се однесуваат на некој аспект од образованието за возрасни, на локално, регионално и национално ниво

• Истражувачки центри и тела кои се занимаваат со прашања поврзани со образованието за возрасни

• Претпријатија • Непрофитни организации, волонтерски тела, невладини

организации (НВОи) • Вискообразовни институции кои се занимаваат со образование на

возрасни лица

Кои типови на активности?

Следниве типови на активности се поддржани со Грундвиг програмата

• Мобилност на поединци4, што се состои од обука на работното место, посети, асистентски места и размени за образовен кадар за возрасни лица, како и разни можности за возрасни ученици вклучително и присуство на Грундвиг работилници, и учество во партнерства за учење и волонтерски проекти за пензионери во рамките на Грундвиг иницијативата за волонтерство на пензионери во Европа (“GIVE”)

• Партнерства кои се фокусирани на теми од взаемен интерес за организациите учеснички („Партнерства за учење„)

• Мултилатерални проекти со цел да се подобрат образовните системи за возрасни лица, преку развој и трансфер на иновативност и добри практики

• Тематски мрежи на експерти и организации („Грундвиг мрежи„) кои работат особено на:

- Развивање на образованието за возрасни за аспекти кои се однесуваат на дисциплината, предметната област или менаџментот

- Идентификување, подобрување и дисеминација на релевантни добри практики и иновативност

- Обезбедување на содржинска поддршка за проекти, и партнерства кои се основани од други, и олеснување на интеракцијата помеѓу таквите проекти и партнерства

- Промовирање на развој на анализа на потреби, и гарантирање на квалитетот во образованието за возрасни лица

4 При подготовките или поддржувањето на организирањето на мобилност, потребните подготвителни мерки, мора да бидат усвоени и притоа да се води грижа за да се осигура дека адекватниот надзор и поддршка ќе бидат на располагање за луѓето кои учествуваат во мобилноста.

Page 16: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

16

• Подготвителни посети: грант за мобилност за да му се овозможи на претставник од институцијата или да присуствува на семинар за контакти или на состанок со потенцијални партнери

• Други иницијативи наменети за промовирање на целите на Грундвиг програмата(„Придружни мерки„).

Кои се ГРУНДВИГ акции?

• ГРУНДВИГ Подготвителни посети • ГРУНДВИГ Посети и размени за образовен кадар за возрасни • ГРУНДВИГ Позиции за асистент • ГРУНДВИГ Обука на работното место за образовен кадар за

возрасни • ГРУНДВИГ Работилници • ГРУНДВИГ Партнерства за учење • ГРУНДВИГ Проекти за волонтерство на пензионери • ГРУНДВИГ Мултилатерални проекти • ГРУНДВИГ Мултилатерални мрежи • ГРУНДВИГ Придружни мерки

Page 17: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

17

ТРАНСВЕРЗАЛНА ПРОГРАМА

Кои се целите?

Конкретни цели • Да се промовира европската соработка во областите кои опфаќаат

една или повеќе под-програми • Да се промовира квалитетот и транспарентноста на системите за

образование и обука на земјите-членки

Оперативни цели • Да се поддржи развојот на политиките и соработката на европско

ниво за доживотното учење, особено во контекст на Лисабонскиот процес „Образование и учење 2010„5, како и процесите од Болоња и Копенхаген и нивните наследници

• Да се осигура адекватно обезбедување на споредливи податоци, статистики и анализи, за да се поддржи развојот на политики за доживотно учење, како и да се врши мониторинг на напредокот кон целите и таргетите на доживотното учење, и да се идентификуваат области на кои треба да се посвети особено внимание

• Да се промовира учење на јазици и поддршка за јазичната различност во земјите-членки

• Да се поддржи развојот на иновативна ИКТ-базирана содржина, услуги, педагогии и практики за доживотно учење

• Да се даде сигурност дека резултатите од Програмата за доживотно учење се соодветно прифатени, прикажани и спореведени во поголем размер

Забелешка:

Еден од критериумите за стекнување на право за учество во Трансверзалната програма е дека било кој предлог треба да опфаќа два или повеќе образовни сектори.

Ако со предлогот се опфаќа само еден сектор, тој треба да се поднесе до сродната секторска под-програма. Доколку, на пример, предлогот има за цел да се развиваат материјали за учење на јазик кои ќе се употребуваат од

5 Повеќе детали за овој документ може да се најдат на следнава интернет адреса: http://ec.europa.eu/education/policies/2010/et_2010_en.html

Page 18: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

18

страна на ученици во училишното образование (целна група), тогаш тој предлог треба да се поднесе за Комениус.

Но, сепак доколку предлогот опфаќа два или повеќе образовни сектори, се стекнува право тој да биде поднесен до една од клучните активности на Трансверзалната програма. Во случаи кога предлогот зафаќа со одреден дел повеќе од еден образовен сектор и кога целните групи припаѓаат на повеќе од еден образовен сектор, тогаш предлогот треба да биде поднесен за една од клучните активности на трансверзалната програма. Само проекти кои се однесуваат на повеќе од еден образовен сектор стекнуваат право за учество во Трансверзалната програма. СОРАБОТКА ЗА ПОЛИТИКИ И ИНОВАТИВНОСТ ВО ДОЖИВОТНОТО УЧЕЊЕ (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 1)

Кој тип на активност?

Следниве активности се поддржани со клучните активности за соработка за политики и иновативност во доживотното учење:

• Индивидуална мобилност, вклучително и студиски посети за

експерти и службени лица кои се назначени од страна на локални, регионални и национални власти, за директори на установи за образование и обука, и на установи за водство и искуство во услуги за акредитирање, и за социјални партнери

• Мултилатерални проекти кои имаат за цел да се подготвуваат и тестираат предлози за политики, кои се подготвени на ниво на Заедницата, и иновативност во доживотното учење

• Мултилатерална соработка на мрежи од експерти и/или институции, кои работат заеднички на прашања поврзани со политиките. Таквите мрежи може да вклучуваат:

- Тематски мрежи кои работат на прашања поврзани со содржината на доживотното учење, и со методологиите и политиките за доживотно учење. Таквите мрежи може да набљудуваат, разменуваат, идентификуваат и анализираат добри практики и иновативност, и да даваат предлози за подобра и поголема примена на таквите практики во земјите членки.

- Форуми за стратешки прашања во доживотното учење

• Набљудување и анализа на политиките и системите во областа на доживотното учење, кои може да вклучуваат:

- Студии и компаративни истражувања - Развој на показатели и статистички прегледи, вклучително и поддршка за работата која е преземена во областа на доживотното учење во соработка со Eurostat - Поддршка за работењето на Eurydice мрежата и финансирање на Eurydice европската единица, која е основана од страна на Комисијата

• Акција за поддршка на транспарентноста и признавање на

квалификациите и способностите, вклучително и оние кои се

Page 19: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

19

стекнати преку формалното и неформалното учење, информации и водство за мобилноста за целите на учењето, и соработка за гарантирање на квалитетот, што може да вклучува:

- Мрежи на организации кои овозможуваат мобилност и признавање, како што се мрежата Euroguidance и Национални информативни центри за академско признавање (NARIC)

- Поддршка за транснационални веб базирани услуги, како што е Ploteus

- Активности во рамките на Europass иницијативата, согласно на Одлуката 2241/2004 на Европскиот парламент и на Советот за усвојување на единствена рамка за транспарентност на квалификациите и способностите

• Други активности („Придружни мерки„) вклучуваат активности на учење од врсници или лица со ист статус, кои имаат за цел да ги промовираат целите на секоја клучна активност

Неколку од овие акции од клучната активност „Соработка за политиките и иновативност во доживотното учење„ се однесуваат на конкретни тела, институции или организации, и тие не се опфатени со општиот Повик за предлози. Тие се предмет на посебни повици за предлози или други аранжмани кои се однесуваат на дадените целни групи.

Што се акции за соработка за политиките и иновативност во доживотното учење?

• КА1 Студиски посети за специјалисти по образование и стручна

обука • КА2 Студии и компаративни истражувања

ЈАЗИЦИ (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 2)

Кои типови на активности?

Следниве акции, кои се однесуваат на потребите за настава и учење во повеќе од една област на под-програмата, може да бидат поддржани со клучната активност за учење јазик:

• Мултилатерални проекти, кои меѓу другото, имаат за цел:

- Промовирање на свесноста за јазиците и пристап до ресурси за учење на јазик

- Развивање на нови материјали за учење на јазик, вклучително и онлајн курсеви и инструменти за тестирање на познавање на јазик

• Мрежи во областа на изучување на јазици и јазична различност • Други иницијативи во согласност со целите на клучната активност,

вклучително и конференции и настани за дисеминација и искористеност, на кои заедно се собираат проекти и потенцијални учесници („Придружни мерки„)

Page 20: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

20

Кои се акции за јазик?

• КА2 Нови материјали/онлајн курсеви/подигнување на свеста • КА2 Мултилатерални мерки • КА2 Придружни мерки

РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНА ИКТ-БАЗИРАНА СОДРЖИНА, УСЛУГИ, ПЕДАГОГИИ И ПРАКСА ЗА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 3)

Кои типови на активности?

Следниве активности, кои се однесуваат на потребите за настава и учење во поевеќе од една област на под-програмата, се поддржани во рамките на клучната активност за ИКТ:

• Мултилатерални проекти кои имаат за цел да се промовира учење

со помош на ИКТ, што е вкчучено во долгорочните стратегии за образование, и развивање и дистрибуција на иновативни методи, содржини, услуги и средини

• Мрежи кои имаат за цел да се споделува и разменува знаење, искуства и добри практики

Кои се ИКТ акции?

• КА3 Мултилатерални проекти • КА3 Мултилатерални мрежи

ДИСЕМИНАЦИЈА И ИСКОРИСТЕНОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ И РАЗМЕНА НА ДОБРА ПРАКСА (КЛУЧНА АКТИВНОСТ 4)

Кои се целите?

Примарната цел на активностите во рамките на Клучната активност 4 „Дисеминација и икористеност на резултатите„ е да помогне да се формира рамка на ефективна искористеност на резултатите од Програмата за доживотно учење, и претходните сродни програми на секторско, регионално, национално и европско ниво.

Кои типови на активности?

Следниве активности, чија цел е да се формира рамка за ефективна искористеност на резултатите од Програмата за доживотно учење и претходни сродни програми на секторско, регионално, национално и европско ниво, се

Page 21: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

21

предлагаат во раките на клучната активност за дисеминација и искористеност на резултатите:

• Еднострани или национални проекти • Мултилатерални проекти, кои меѓу другото, имаат за цел:

o Развој на соодветна рамка (анализа, механизми, методологии и практични алатки) за да се олесни искористеноста на резултатите од проектот и програмата

o Вкрстени акции во програмата, со кои се промовира искористеност на резултатите на европско ниво (по сектор, тема, корисничка група, итн.); и

o Промовирање на активности за „искористеност„ преку регионални/европски/секторски мрежи, со цел да се промовира кругот кој се развива помеѓу развојот на политиките и практичните искуства.

• Создавање на референтни материјали, во кои може да се вклучат

збирки од релевантни статистички податоци и студии од областа на дисеминацијата, искористеноста на резултатите и размената на добрите практики.

Како активностите од КА4 се совпаѓаат со останатите активности за дисеминација и искористеност од Програмата за доживотно учење?

Акциите кои се финансирани во рамките на оваа Клучна активност, имаат за цел да ја дополнат и поддржат дисеминацијата и искористеноста на резултатите од конкретен проект, интегрирани во рамките на четирите секторски програми и други трансверзални клучни активности; и активностите финансирани во рамките на Придружните мерки во четирите секторски програми и Клучната активност 2 јазици. Оттаму, проектот кој е финансиран во рамките на оваа клучна активност треба да биде фокусиран на создавање на системи и механизми за поддршка на дисеминацијата и искористеноста на резултатите, како и на промовирање на искористеноста од вкрстените акции и акции на ниво на ЕУ за искористување на резултатите.

Кои се акции за дисеминација и искористеност?

• КА4 Мултилатерални проекти

JEAN MONNET ПРОГРАМА

Кои се целите?

Конкретни цели

• Да се стимулира наставата, истражувањето и активности за размислување на полето на европските интеграциски студии

• Да се поддржи постоењето на соодветна низа на институции и асоцијации, кои се фокусираат на прашања поврзани со

Page 22: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

22

европските интеграции, и за образование и обука во европските перспективи

Оперативни цели

• Да се стимулира извонредност во наставата, истражувањето и

размислувањето за европските интеграциски студии во високообразовните институции во и надвор од Заедницата

• Да се зголеми знаењето и свесноста кај академските специјалисти, и кај европските граѓани генерално за прашања кои се однесуваат на европските интеграции

• Да се поддржат клучните европски институции кои се занимаваат со прашања поврзани со европските интеграции

• Да се поддржи постоењето на висококвалитетни европски асоцијации и институции, кои се активни во областа на образованието и обуката

Кој може да учествува?

• Високообразовни институции во и надвор од Заедницата, кои што

се признаени во нивните земји • Асоцијации на професори и истражувачи кои се занимаваат со

проучување на европските интеграциски процеси во и надвор од Заедницата

• Европски асоцијации кои се активни на европско ниво во областа на образованието и обуката

Кои типови на активности?

Следниве акции се поддржани со „Програмата Jean Monnet”

Клучна активност 1:Поддршка за наставата, истражувањето и размислувањата за европските интеграции на ниво на високообразовни институции ширум светот (Jean Monnet акција):

• Еднострани проекти, кои може да вклучуваат:

- Jean Monnet Chairs, центри за извонредност и наставни модули - Асоцијации на професори, други наставници во високото

образование, и истражувачи кои се специјализирани за европски интеграции

- Поддршка за истражувачи за продлабочување на нивното истражување на универзитетот домаќин во друга земја (не е достапно во 2009)

- Активности за истражување и информирање во врска со Заедницата, со цел да се промовора дискусија, размислување и знаење за процесот на европски интеграции

• Мултилатерални проекти и мрежи, кои може да вклучуваат

поддршка за основање на мултилатерални истражувачки групи во областа на европските интеграции

Page 23: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

23

Клучна активност 2: Оперативни грантови за поддршка на одредени оперативни и административни трошоци на наведените институции кои имаат цел која е од европски интерес:

• Колеџ на Европа (кампуси во Бриж и Натолин) • Европски универзитетски институт • Европски институт за јавна администрација (Мастрихт) • Академија за европско право (Триер) • Европска агенција за развој на образование за специјални потреби

(Оденсе) • Меѓународен центар за европска обука (Ница)

Клучна активност 3: Оперативни грантови за поддршка на одредени оперативни и административни трошоци на европските асоцијации, кои се активни во областа на образованието и обуката. Овие корисници може да бидат избрани преку посебен повик за предлози

Кои се Jean Monnet акции?

• JEAN MONNET Chairs • JEAN MONNET Chairs ad Personam • JEAN MONNET Центри за извонредност • JEAN MONNET Наставни модули • JEAN MONNET Активности за информирање и истражување • JEAN MONNET Асоцијации на професори и истражувачи,

специјализирани за европски интеграции • JEAN MONNET Мултилатерални истражувачки групи • JEAN MONNET Европски асоцијации активни во областа на

образованието и обуката

Page 24: Водич за доживотно учење 2010 Дел II a : Под-програми и акции 2 MK Podprogrami.pdfинституции и организации кои обезбедуваат

24