Римски цифриi - подготовка

19
Реализиран наставен час по математика – Римски цифри Наставен предмет/ Одделение Наставна тема Наставна содржина/ лекција Траење Наставник Математика V одд. (деветолетка - одд.настава) Броеви до милион Повторување за римски цифри 1 наставен час Сузана Трајковска- Оу„Крум Тошев“ – Трубарево, Скопје Очекувани резултати: Учениците: Да ги препознаваат, разликуваат и именуваат римските цифри; Да ги запишуваат арапските цифри до 20 со римски цифри; Да ги опишува разликите помеѓу арапските и римските цифри; Да комуницираат и учествуваат во групна работа; Да ги почитуваат правилата за работа во група; Да се развива критичкото мислење кај учениците; Да ги применуваат стекнатите знаења во нови ситуации; Да ги систематизира своите знаења за римски цифри и усно да ги искажат како одговор на поставено прашање. Потребни материјали и опрема за реализација: Фронтална работа: Презентација (Power Point) - „Римски цифри“ LCD – прожектор, лаптоп, платно Индивидуална работа: Наставен лист за математичкиот центар – со задачи според способности (Прилог 1) Наставен лист за научниот центар (Прилог 2) Групна работа: Хронолошка лента (Прилог 2а) Работа во парови: Наставни листови за уметничкиот центар (Прилог 3, 3а, 3б) Работа на наставникот: 1

Upload: ou-krum-tosev

Post on 30-Jul-2015

76 views

Category:

Education


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Римски цифриi - подготовка

Реализиран наставен час по математика – Римски цифри

Наставен предмет/ Одделение

Наставна тема Наставна содржина/ лекција

Траење Наставник

МатематикаV одд. (деветолетка-одд.настава)

Броеви до милион

Повторување за римски цифри

1 наставен час Сузана Трајковска-Оу„Крум Тошев“ – Трубарево, Скопје

Очекувани резултати:Учениците:

Да ги препознаваат, разликуваат и именуваат римските цифри; Да ги запишуваат арапските цифри до 20 со римски цифри; Да ги опишува разликите помеѓу арапските и римските цифри; Да комуницираат и учествуваат во групна работа; Да ги почитуваат правилата за работа во група; Да се развива критичкото мислење кај учениците; Да ги применуваат стекнатите знаења во нови ситуации; Да ги систематизира своите знаења за римски цифри и усно да ги искажат како одговор на поставено прашање.

Потребни материјали и опрема за реализација:Фронтална работа:

Презентација (Power Point) - „Римски цифри“ LCD – прожектор, лаптоп, платно

Индивидуална работа: Наставен лист за математичкиот центар – со задачи според способности (Прилог 1) Наставен лист за научниот центар (Прилог 2)

Групна работа: Хронолошка лента (Прилог 2а)

Работа во парови: Наставни листови за уметничкиот центар (Прилог 3, 3а, 3б)

Работа на наставникот: Формулар за дневно набљудување на групна работа на учениците Критериуми за индивидуален труд Формулар за дневно набљудување на индивидуална работа на учениците

Активности и насоки од претходниот час: На учениците им беше најавено дека на наредниот час ќе работат интегрирани

содржини од повеќе предмети (математика, општество и ликовно образование), а потоа секоја од групите ќе презентира и за таа цел треба да одбере еден ученик-презентер.

Учениците добија домашна задача, преку која требаше да се потсетат на римските цифри.

1

Page 2: Римски цифриi - подготовка

Активности на часот: Воведување на учениците: - На учениците им се пушта презентацијата - „Римски цифри“ и се потсетуваат на претходно усвоените знаења за римските цифри . - Учениците ја проследуваат презентацијата и дискутираат по виденото. (5мин.) Тек на часот:

- Учениците се поделени во три хомогени групи според центри (со по 7 ученика).А) Математички центар: - На секој ученик му се дава наставен лист според способностите (Прилог 1). - Наставникот им дава напатствија за работа и ги потсетува на правилата за работа

во група.Б) Научен центар:

- На секој ученик му се дава наставен лист (Прилог 2)- По завршената индивидуална работа, преоѓаат на групно пополнување на

хронолошката лента (Прилог 2а)- Наставникот им дава напатствија за работа и ги потсетува на правилата за работа во група.

В) Уметнички центар:- На секој ученички пар му се дава наставен лист со насоки за работа (Прилог 3, 3а, 3б).- Наставникот им дава напатствија за работа и ги потсетува на правилата за работа во група.

Време за работа на групите (20мин.) Наставникот ја следи работата на групите, поттикнува, насочува, помага и

пофалува. Наставникот ја следи работата на поединците во групите и го пополнува -

Формуларот за дневно набљудување на индивидуалната работа на учениците.

- По завршување на работата, следи презентирање од страна на еден ученик – презентер од секоја група.- Останатите го следат презентирањето и учествуваат во дискусијата преку давање свои коментари за нивната работа.- Наставникот ја следи работата на групите и го пополнува - Формуларот за дневно набљудување на групната работа на учениците. (10мин.) Завршување на часот:- Кратка усна саморефлексија на учениците со одговарање на прашања од типот: „Што работевте денес ? Како го извршивте тоа ? На кои тешкотии наидовте ? Што знаете по овој час ? Како друг пат би го решиле проблемот поинаку ?“ и сл. (5мин.)

Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат:- За учениците кои побрзо напредуваат им се дава да изработат парови од карти со

арапски и римски цифри во Toolkid.- За домашна работа да изработат два пара карти (со арапски и римски цифри) од

картон и фломастери.

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:- Планираните очекувани резултати беа постигнати;- Учениците соработуваа во групите (секој според своите можности) и успешно и со

2

Page 3: Римски цифриi - подготовка

задоволство ги извршува активностите;- Она што беше планирано, беше реализирано.

Прилози:- Примерок од наставен лист (Прилог 1)- Примерок од наставен лист (Прилог 2)- Примероци од наставни листови (Прилог 3, 3а, 3б)- Инструменти за оценување - Формулари за дневно набљудување на групна и

индивидуална работа на учениците и листа со критериум за индивидуален труд- Презентација „Римски цифри“- Фотографии од часот

3

Прилог

1

Page 4: Римски цифриi - подготовка

НАСТАВЕН ЛИСТ ЗА МАТЕМАТИЧКИ ЦЕНТАР

1. Напиши десет арапски броеви:

Сега на нив соодветните римски броеви:

2. Запиши го со римски цифри бројот во реченицата:„Во Европа римските цифри се користеле до средината на шеснаесетиот век“ _________век

______________________________________________________________________________

3. Пополни го часовникот со римски цифри и направи да биде 9 часот:

4. Стави ги стрелките да биде XIX часот.

4

Page 5: Римски цифриi - подготовка

______________________________________________________________________________

5. Напиши го датумот на твоето раѓање и денешниот датум со арапски цифри, но само

месеците запиши ги со римски цифри (види пример):

Пр. 21. V. 2010 год.

а) датумот на твоето раѓање ______________________

б) денешниот датум _________________________

6. Напиши ги со римски цифри месеците: април, јули, септември, ноември, декември.

____________ _____________ _____________ ____________ ____________

Име и презиме__________________________________________

НАСТАВЕН ЛИСТ ЗА НАУЧЕН ЦЕНТАР

Име и презиме ________________________________________

5

Прилог

2

Page 6: Римски цифриi - подготовка

1. Прочитај го внимателно текстот и подвлечи ги вековите:

Кон крајот на VI век се доселиле Словените во Македонија. Во VIII век започнало обединувањето на македонските племиња во една држава, а на чело стоел кралот Пердика. Во средина на X век било создадено самоиловото царство. Во XIV век Македонија е освоена од Турците-Османлии. Најмногу востанија имало во XIX век и тоа Кресненско, Разловечко. На истекот на XX век, Македонија добива независност.

2. Препиши ги вековоте, а потоа запиши ги соодветните арапски броеви: ___________ ___________

___________ ___________

___________ ___________

___________ ___________

___________ ___________

___________ ___________

3. Пополни ја хронолошката лента според горните податоци (користи римски цифри):

НАСТАВЕН ЛИСТ УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР

Име и презиме:________________________________________ и ___________________________________

6

веквеквеквеквеквек

Прилог

3

Page 7: Римски цифриi - подготовка

1. Допиши до секоја арапска цифра, соодветна римска цифра:

2. Изработи ги римските цифри од 1 до 20 со кибритчиња. Користи лепак и лист од блок!

НАСТАВЕН ЛИСТ УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР

Име и презиме:________________________________________ и ___________________________________

7

Прилог

1/ 2/ 3/ 4/ 5/

6/ 7/ 8/ 9/ 10/

11/ 12/ 13/ 14/ 15/

16/ 17/ 18/ 19/ 20/

Page 8: Римски цифриi - подготовка

1. Поврзи ги со стрелки арапските со римските цифри:

2. Изработи најмалку три римските цифри од 1 до 20 користејќи волница, лепак, ножици и лист од блок!

НАСТАВЕН ЛИСТ УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР

Име и презиме:________________________________________ и ___________________________________

8

Прилог

1

3

5

16

7

12

19 2

9

20 4

II

VI XX XII

IX IV

I

IV IXX III XIXV

VIIIXI XVI

Page 9: Римски цифриi - подготовка

1. Напиши ги римските цифри од 11 до 20

2. Изработи од хамер ѕиден часовник . Користи ножици и мрсни боички. Потоа со помош на жито изработи ги римските цифри!

Критериуми за индивидуален трудОчекувани исходи

Извонредно остварени очекувани резултати

Добра остварени очекувани резултати

Слаба остварени очекувани резултати

Недоволна остварени очекувани резултати

Индивидуален труд на учениците

Извонредно препознава, разликува, именува, запишува, опишува разлики меѓу арапски и римски

Солидно препознава, разликува, именува, запишува, опишува разлики меѓу арапски и римски цифри со минимални грешки,

Делумно препознава, разликува, именува запишува римски цифри, со помош опишува разлики

Многу тешко и со многу помош препознава, разликува, именува и запишува римски цифри.

12/11/

20/ 13/

14/

15/

16/17/

18/

19/

9

Page 10: Римски цифриi - подготовка

цифри, развива критичко мислење, применува знаења во нови ситуации, ги систематизира знаењата и усно ги искажува.

умерено развиено критичко мислење, делумно применува знаења во нови ситуации, ги систематизира знаењата и усно ги искажува со повремена помош.

меѓу нив, со могу помош применува знаења во нови ситуации.

Формулар за дневно набљудување на индивидуална работа на учениците

Р. бр

Име и презиме Извонредно остварени очекувани резултати

Добра остварени очекувани резултати

Слаба остварени очекувани резултати

Недоволна остварени очекувани резултати

1. Кристина Ангеловска

2. Стегана Ангеловска

3. Аџере Асановска

4. Филип Димевски

5. Бојан Димитриевски

6. Стефан Сиљаноски

7. Марко Николовски

8. Кристина Ѓошевска

9 Борјан Стојановски

10. Ивана Стојчевска

11. Теодора Илиевска

12. Христјан Велковски

13. Дарко Костески

14. Антониј Цветковски

15. Теодора Блажевска

16. Илија Јовков

17. Енис Јашаровски

18. Сања Лазаревиќ

10

Page 11: Римски цифриi - подготовка

19. Емир Садриевски

20. Рабие Џепа

21. Мирсада Ќеримовска

Бр. на група

Име и презиме Работа на групата

Математички

центар

Филип Димевски,Кристина Ѓошевска,Теодора Блажевска, Христијан Велковски, Ивана Стојчевска,Енис Јашаровски,Сања Лазаревиќ

Се вложи максимален труд на повеќето поединци за да се помогне на групата. Групата работеше тимски, задачите беа брзо и точно решени, прецизна презентација, се почитуваа правилата за групна работа.

Научен центар

Теодора Илиевска, Антониј Цветковски, Борјан Стојановски, Стефана Ангеловска, КристинаАнгеловска,Марко Николовски, Илија Јовков

Групата работеше тимски, но повеќе труд се вложи од некои поединци. Задачите беа точно решени, презентацијата беше солидна и се почитуваа правилата за групна работа.

Уметнички центар

Бојан Димитриевски,Дарко Костевски,Емир Садриевски,Стефан Сиљаноски,Аџере Асановска,Мирсада Ќеримовска, Рабие Џепа

Се вложи голем труд на поединците за да се помогне на групата, групата делумно работеше тимски. Задачите беа точно решени, а изработките беа креативни и впечатливи. Солидна презентација.

11

Page 12: Римски цифриi - подготовка

ХРОНОЛОШКА ЛЕНТА

веквеквек

12

Page 13: Римски цифриi - подготовка

веквеквек

13

Page 14: Римски цифриi - подготовка

14