прашања за завршен испит за iii година по македонски...

6
1. Што е романтизмот, кои се неговите основни обележја и главни претставници? Романтизмот е сложено уметничко книжевно – историско и интелектуално движење во европската литература кое се јавува на преминот меѓу 18тиот и 19тиот век. Неговите основни обележја се: спротивставувањето на дотогашните строги форми на творење, истакнување на фантазијата и емоциите наспрема разумот, идеализирање на минатото и целосна слбода на изразот. Главни претставници се: Виктор Иго (Франција), браќата Шлегел (Германија), Оноре де Балзак (Франција), Гете (Германија) и Едгар Алан По (САД). 2. Кој е Виктор Иго и кои дела ги напишал? Виктор Иго е францусуски поет, прозаист, критичар и филозоф, челник на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголемата фигура во француската книжевност во 20иот век. Негови дела се драмите: „Кромвел“, „Ернани“, „Кралот се заљубува“, „Лукреција Борџија“, „Руј Блаз“, „Германски грофови“, романите: „Богородичната црква во Париз“, „Клетници“, „Човекот што се смее“, стихозбирките: „Оди“, „Нови оди“, „Балади“, „Ориенталки“, „Самрачни песни“, „Есенско лисје“ и „Внатрешни гласови“. 3. Кои се главните личности во „Клетници“, темата, идејата, значењето и хронотопосот? Главни личности се: Жан Валжан (поранешен затвореник), Козета, Мариус, Фантина (мајката на Козета), семејството Тенардијеви, полицискиот инспектор Жавер и Гаврош (мангуп од француските улици). Тема: Животот на Жан Валжан, приликите односно неприликите и социјалната неправдата на француското општество во 19тиот век. Идеја: Преголемата желба на авторот да се приближи кон еден похуман, посреќен живот и неговиот стремеж, човекот од зол да стане добар и хуман. Хронотопос: 1815 – 1832 Значење: Романот претставува слика на францускотот општество, неговата беда и причините за неговиот морален пад. 4. Кој е Гете и што напишал? Јохан Волфганг фон Гете е германски сликар, новелист, драматург, поет, хуманист, научник, филозоф, претставник на германскиот романтизам. Ги напишал романите: „Страданијата на младиот Вертер“, „Годините на учењето на Вилхем Мајстер“, „Патувањата на Вилхем Мајстер“, драмите: „Гец од Берлихинген“, „Ифигенија во Таурис“, „Егмонт“, „Торквато Тасо“ и „Фауст“, стихозбирките: „Римски елегии“,

Upload: cornusmas

Post on 28-Jul-2015

2.487 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: прашања за завршен испит за III година по македонски јазик

1. Што е романтизмот, кои се неговите основни обележја и главни претставници?Романтизмот е сложено уметничко книжевно – историско и интелектуално движење во европската литература кое се јавува на преминот меѓу 18тиот и 19тиот век. Неговите основни обележја се: спротивставувањето на дотогашните строги форми на творење, истакнување на фантазијата и емоциите наспрема разумот, идеализирање на минатото и целосна слбода на изразот. Главни претставници се: Виктор Иго (Франција), браќата Шлегел (Германија), Оноре де Балзак (Франција), Гете (Германија) и Едгар Алан По (САД).

2. Кој е Виктор Иго и кои дела ги напишал?Виктор Иго е францусуски поет, прозаист, критичар и филозоф, челник на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголемата фигура во француската книжевност во 20иот век. Негови дела се драмите: „Кромвел“, „Ернани“, „Кралот се заљубува“, „Лукреција Борџија“, „Руј Блаз“, „Германски грофови“, романите: „Богородичната црква во Париз“, „Клетници“, „Човекот што се смее“, стихозбирките: „Оди“, „Нови оди“, „Балади“, „Ориенталки“, „Самрачни песни“, „Есенско лисје“ и „Внатрешни гласови“.

3. Кои се главните личности во „Клетници“, темата, идејата, значењето и хронотопосот?Главни личности се: Жан Валжан (поранешен затвореник), Козета, Мариус, Фантина (мајката на Козета), семејството Тенардијеви, полицискиот инспектор Жавер и Гаврош (мангуп од француските улици). Тема: Животот на Жан Валжан, приликите односно неприликите и социјалната неправдата на француското општество во 19тиот век. Идеја: Преголемата желба на авторот да се приближи кон еден похуман, посреќен живот и неговиот стремеж, човекот од зол да стане добар и хуман. Хронотопос: 1815 – 1832 Значење: Романот претставува слика на францускотот општество, неговата беда и причините за неговиот морален пад.

4. Кој е Гете и што напишал? Јохан Волфганг фон Гете е германски сликар, новелист, драматург, поет, хуманист, научник, филозоф, претставник на германскиот романтизам. Ги напишал романите: „Страданијата на младиот Вертер“, „Годините на учењето на Вилхем Мајстер“, „Патувањата на Вилхем Мајстер“, драмите: „Гец од Берлихинген“, „Ифигенија во Таурис“, „Егмонт“, „Торквато Тасо“ и „Фауст“, стихозбирките: „Римски елегии“, „Венецијански епиграми“ и „Западно-источен диван“, трагедијата „Ифигенија на Гаврида“, автобиографските дела „Поезијата и вистината“ и „Од мојот живот“ и патописот „Италијанско патување“.

5. Кој е насловот на делото што Гете го напишал како роман во писма?Тоа е делото „Страдањата на младиот Вертер“

6. Кои се главните ликови и сижејни линии во „Страдањата на младиот Вертер“? Главни ликови се: Вертер, Лота и Алберт. Сижејни линии се: Забранетата љубов (меѓу Вертер и Лота) и Аристократската хипокризија (причина за страдањата на Вертер)

7. Што е бајронизам и каде се појавува?Бајронизмот е посебно движење кое влијаело врз англиската и европската книжевна јавност. Поимот ги содржи: култот кон слободата, желба за слобода на угнетените, љубов кон светот и природата, авантура и силна желба за патување и нагласување на своето его. Се појавува во Англија

8. Кој е Бајрон и што напишал?Бајрон е писател, поет, главен претставник на англискиот романтизам, бунтовник пред конформизмот на сопствената средина, прогнаник, романтичен поет задоен со чувството на

Page 2: прашања за завршен испит за III година по македонски јазик

светската тага, пламен поборник против ропството и тиранијата. Дела: поемите „Странствувањата на Чајлд Харолд“, „Ѓаур“, „Абидонската свршеница“, „Гусар и Лара“; драмите: „Манфред“, „Каин“, „Визија на небесното судење“; сатирите „Дон Жуан“ и „Небо и земја“.

9. Кој е насловот на автобиографската поема на Бајрон?Тоа е поемата „Странствувањата на Чајлд Харолд

10. Кој е човекот – скитник во поемата „Странствувањата на Чајлд Харолд“Тоа е Чајлд Харолд, млад англиски благородник, кој презаситен, разочаран и задушен од конвенциите на високото општество на кое му припаѓа и односите во него, решението го бара во бегството, во осамувањето, во потонувањето во сопственото јас, а воедно и откривањето на нови пространства и слобода, во откривањето на други, поинакви светови. Зад овој лик се крие ликот на авторот како своевиден автопортрет.

11. Наброј ги делата на Едгар Алан По и како гласи насловот на неговото капитално поетско дело?Поетските книги: „Тамерлан и други песни“, „Аларааф Тамерлан и помали песни“, „Песни“, „Гарванот и други песни“; куса проза: „Раскази, гротески и арабески“ и „Раскази“; песните „Ѕвона“, „Анабел Ли“, „Гарванот“, „Јулалума“, „Заспана“, „На мајка ми“; новелата „Авантурите на Артур Гордон Пим“. Насловот на неговото капитално поетско дело е „Гарванот“.

12. Која е симболиката на гарванот, а која е Ленора?Гарванот ја симболизира смртта; со гарванот поетот ја означува својата тагата и несреќата, а воедно и своето второ јас. Ленора е љубената на поетот. Всушност, зад ликот на Ленора се наоѓа саканата Вирџинија, чија смрт предизвикува огромна болка и тага.

13. Кој е Пушкин, а кој Евгениј Онегин?Пушкин е руски романтичарски автор кој се смета за најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература. Евгениј Онегин е централниот лик во истоимениот роман на Пушкин.

14. Наброј ги насловите на делата на Пушкин.Поемите: „Кон Чаадаев“, „Село“, „На Керн“, „Зимска вечер“, „Кавкаскиот заробеник“, „Бахчисарајска фонтана“, „Цигани“; песните: „Јас ги надживеав своите желби“, „Згасна дневниот светилник“, „Кинжал“, „Кон Морето“, „Демон“, „Село“, „На Керн“ и др; романите: „Капетановата ќерка“, „Евгениј Онегин“ и трагедијата „Борис Годунов“.

15. Зошто поезијата на Лермонтов е песимистичка?Затоа што неговата поезија претставува слика на тогашна Русијаи политичките прилики во кои таа се наоѓала. Во својата поезија се обидува да го спречи двобојот на Пушкин а воедно и зборува против кралот.

16. Наброј ги делата на Лермонтов.Поемата: „Демонот“; песните: „Татковина“, „Смртта на поетот“, „Бородино“, „Облаци“, „Пророк”, „Самјак клет излегувам на патот“; романот: „Вадим“; драмата: „Маскарада“

17. Песната „Смртта на поетот“ е посветена на Пушкин, напишана од Лермонтов, по повод веста за смртта на Пушкин.

18. Кои се главните особености на романтизмот кај јужнословенските народи и претставници, а кои се особините и претстваниците на македонскиот романтизам?

Page 3: прашања за завршен испит за III година по македонски јазик

Особините на романтизмот кај јужнословенските народи се: култот кон минатото, кон народноста, борбата за народен јазик, раѓањето на модерната национална свест, мешање на повеќе книжевни насоки, мешањето на уметничките стилови, трагањето по континуитетот меѓу античката и средновековната култура и книжевности и тековите на културната и литературна преродба, по долгиот прекин на државната и национална самостојност по вековното ропство под туѓите завојувачи. Претставници се Иван Мажураниќ ( Хрватска), Франце Прешерн (Словенија), Вук Караџиќ (Србија), Македонскиот романтизам се карактеризира со будење на националната свест, воведување на македонскиот (народен) јазик во училиштата; составување и печатење учебници; собирање народни умотворби.

19. Кој е првиот македонски учебникар?Партенија Зографски

20. Кои се најзначајните македонски преродбеници?Најзначајни се: Димитар и Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Марко Цепенков, Партенија Зографски, Васил Икономов, Кузман Шапкарев, Панајот Гинвоски, Антон Поп Стоилов, Евтим Спространов, Ефрем Каранов и др.

21. Кој е Димитар Миладинов – значење – дело?Д. Миладинов е предводник на македонската преродба и предвесник на македонскиот романтизам. Бил силен заложник за воведување на народниот јазик во училиштата и заедно со својот брат водел организиранав борба против денационализаторството при што активно ја популаризирал идејата за национално будење и културно-просветно развивање на македонскиот народ. Круна на неговите заложби е „Зборникот на македонски и бугарски наордни песни“, издаден во Загреб 1961. Зборникот го содржи Предговорот, напишан од Константин, 660 песни од кои 544 се македноски, а 76 бугарски, свадбени обичаи, гатанки, имиња, народни преданија, пословици, поговорки.

22. Кој е Констанин Миладинов – значење – дело?Константин Миладинов е поет на македонскиот романтизам, публицист, преведувач, толкувач на македонскиот правопис, основач на научното проследување на македонскиот фолклор. Пишувал на струшки народен говор. Напишал 15 песни. Најпознати се: „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“, „Сираче“, „Не-непијан“, „Желание“. Автор е на Предговорот на Зборникот на македонски и бугарски народни песни. Во Предговорот се задржал на соработничкиот тим, првописниот принцип на запишувањето, тематска и версификациска поделба на песните. Предговорот се смета за прв научен прилог во областа на македонската книжевна наука.

23. Кој е Рајко Жинзифов – значење – дело?Рајко Жинзифов е познат влашки македонски преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и собирач на народно творештво.Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава Кошула“, која е издадена во 1870 година, на македонски јазик. Го напишал и првиот расказ на македонски јазик „На прошедба“.

24. Кој е Марко Цепенков – значење – дело?Марко Цепенков е најсестран и најплоден собирач на мак. нар. умотворби. Совршено ги дополнува делата на браќата Миладиновци. Своите дела ги публикува во специјална бугарска ежпериодика. Тој е автор на „Зборникот на македноски народни умотворби“ издаден во Скопје под редакторство на Кирил Пенушлиски. Зборникот се состои од 10 тома. Собирал песни,

Page 4: прашања за завршен испит за III година по македонски јазик

поговорки, приказни, пословици итн. Наречен е ингениозен собирач. Автор е на „Автобиографија“

25. Кој е Кузман Шапкарев – значење – дело?Кузман Шапкарев е ученик на Димитар Миладинов. Собирал бугарски и макдонски народни умотворби. Собрал 1200 песни, 200 приказни, 400 гатанки, 1500 пословици, обичаи, имиња на тревки, географски имиња... Автор е на „Бугарски народни умотворби“ во 6 тома. Тој е прв собирач кој објавил записи на јазиците на другите народи кои живееле во Македонија: Турци, Албанци, Власи. Наспроти собирачката дејност тој е учебникар.

26. Кој е авторот на Предговорот на Зборникот на Миладиновци, зошто е значаен и кои извори на информации ги нуди?Константин Миладинов. Значаен бидејќи се смета за прв научен прилог во областа на македонската книжевна наука. Содржи податоци за соработничкиот тим, правописниот принцип на запишувањето, сушноста на моминското оро, придружувано со песна во празнични денови, тематска и вреификациска поделба на песните.

27. Каде и кога е објавен „Зборникот на Миладиновци“ со кој првичен наслов и што содржи?Објавен е во Загреб во 1861 година со првичен наслов „Бугарски народни песни“. Содржи 660 песни од кои 584 македонски и 76 бугарски песни.

28. Кој е Глигор Прличев – значење – дело?Значењето на Прличев се состои во реформите што ги направил на јазикот , обидот да напише граматика. Со неговата песна „Сердарот“ Европа разбрала за Македонија. Оставил веродостојни податоци во својата „Автобиографија“. Оставил во сввоите дела историски податоци за одреден временски период. Во 1860 година на атинскиот конкурс ја добил првата награда за поемата „Сердарот“ (О Араматолос). Автор е на поемата Скендербег. Ги превел Хомеровата Илијада и Одисеја.

29. Кое е ремек делото на Прличев и зошто е значајно?Поемата „Сердарот“(О Араматолос). Добил ловоров венец на атинскиот конкурс во 1860 година.

30. Кој е јазикот на првите македонски писатели?Јазикот на првите македонски писатели е македонскиот народен јазик.

31. Објасни ги погледите на Мисирков за македонскиот јазик. Во кое дело се содржи, кога и каде е објавено?Се залага за осн. на лит. јазик да се земат централните говори (на линијата Велес – Прилеп – Битола – Охрид), го поставува правописот врз фонетска основа, во лексиката предлага да се вклучат елементи од сите македонски говори. Се содржат во делото За македонцките работи (Софија, 1903)

32. Која е улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот литературен јазик?Има значајно место во процесите на функционирањето ан македонскиот јазик во практиката, и тоа со повеќе трудови за различни прашања од литературна јазична норма со своето поетско творештво и преведената литература. Автор е на обемната граматика на македонскиот литературен јазик I – II (1952 – 1954). Првиот дел го опфаќа Делот „За гласовите“ и делот за „За акцентот“. А вториот дел носи наслов „За формите и нивната употреба“. Граматиката претставува основа на современата македонска наука за јазик.