Општина Македонски Брод -...

85

Upload: hanhu

Post on 26-Aug-2018

241 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Општина Македонски Брод

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

ЗАСНОВАНА ВРЗ МИЛЕНИУМСКИТЕ РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ(2008-2013)

Октомври 2008

2

ПодготвилЛокална лидерска група од општина Македонски Брод

Подготовката и печатењето на стратегијата се дел од проектот „Јакнење на капацитетите на локално и национално ниво за планирање засновано на

Милениумските развојни цели“, финансиран од СНВ, а имплементиран од УНДП

Тим за поддршка од УНДПЛилјана Алчева, Менаџер на проектот

Анета Дамјановска, Асистент на проектотУл. Никола Вапцаров II/4-4, 1000 Скопје

Тел: (389 2) 3244 107

т

ЛектураДаниел Медароски

Дизајн и печатењеДигипринт

Connecting People’s Capacities

3

СОДРЖИНА

Обраќање на граданачалникот на општината Македонски Брод ................................................5

Обраќање на координаторот на ЛЛГ на општината Македонски Брод .......................................6

Вовед ...........................................................................................................................................7

I. ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА МАКЕДОНСКИ БРОД ............................................................9

II. СОЦИО – ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ВО ОПШТИНАТА МАКЕДОНСКИ БРОД ........13

1. Население и миграција ................................................................................................13

2. Сиромаштија, приходи и социјална исклученост ......................................................15

3. Пазар на трудот, вработеност и невработеност ........................................................18

4. Можности за економски развој ...................................................................................21

5. Преглед на состојбите во образованието ..................................................................23

6. Родова рамноправност ................................................................................................23

7. Преглед на состојбата со здравствените услуги .......................................................24

8. Одржлива животна средина ........................................................................................25

9. Преглед на состојбата на ранливите групи ...............................................................27

10. Структура на општина Македонски Брод .................................................................29

11. Граѓански организации ..............................................................................................30

4

III. СТРАТЕШКИ ПЛАН НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД ЗА ПЕРИОДОТ 2008-2013 .....................................................................................................33

1. ПРОЦЕС НА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ ..................................................................33

1.1. Пристап во процесот на подготовка и спроведување на стратешкиот план ........33

1.2 Принципи за изработка и спроведување на стратешкиот план .............................36

1.3. Методологија на изработка на стратешкиот план ..................................................37

1.4. Структура на стратешкиот план ..............................................................................39

2. СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД ...............41

2.1. Визија на општина Македонски Брод ......................................................................412.2. Приоритетни области за стратешки развој на

Општината за период од 2008-2013 година ...........................................................423 СПРОВЕДУВАЊЕ, МОНИТОРИНГ, ЕВАЛУАЦИЈА И РЕВИЗИЈА НА СТРАТЕШКИОТ ПЛАН .................................................................................................53

Анекс 1 – Логичка рамка ...............................................................................................................56

Анекс 2 – СВОТ (SWOT) анализа за општината Македонски Брод ...........................................61

Анекс 3 – Анализа и согледување на постојните документи .....................................................63

Анекс 4 – Листа на вклучени чинители во подготовката на стратешкиот план ........................65

Анекс 5 – Проектот на БИМ – ФВ (BIM - FV) во Македонија ......................................................67Анекс 6 – Одлука на Советот на општина Македонски Брод за усвојување на стратегијата за развој заснована на Милениумските развојни цели .........................72

5

Почитувани граѓани, пријатели и соработници!

Големо е задоволството да Ви го претставам Стратешкиот план за развој на општината Маке-донски Брод. Овој стратешки документ ги содржи стратешките приоритети на дејствување за успешен развој на општината во следниот петгодишен период (2008-2013 година).

Во документот идентификувана е сегашната состојба од политичко-економски и социо-културен аспект како резултат на досегашниот економски и социјален развој, дефинирани се приоритетните области на дејствување, поставени се стратешките цели и активности. При подготовката на стратешкиот план беа вклучени сите засегнати чинители активни на локално ниво, чии приоритети, интереси и потреби беа битни да се вклопат со цел да се обезбеди одржлив развој на општината.

Мојата определба и залагање за спроведување на стратешките определби во овој документ се јасни, во насока на развој на општината, намалување на сиромаштијата преку спроведување на принципот базиран на човековите права и обезбедување еднакви можности за сите.

Верувам дека граѓаните на општината ќе ги следат стратешките цели и ќе ги поддржат активностите преку активно учество во наредниот период. Подготвеноста за постигнување на стратешките определби и спроведување на акциите ќе претставуваат најдобра промоција на нашата општина со голем природен потенцијал.

Убеден сум дека подготовката и донесувањето стратешки план за развој претставува прв чекор кој ќе води до успешен развој на општината и ќе обезбеди баланс помеѓу брзиот економски и социјален развој, унапредување на животната средина, соодветен животен стандард за граѓаните и идните генерации.

Ви благодарам на вниманието. Милосим Војнески, градоначалник на општината Македонски Брод

6

Обраќање на локалниот координатор на општина Македонски Брод

Стратешкиот план на Оп-штина Македонски Брод е изработен во 2008 година ка-ко резултат на заедничката работа на организацијата UNDP, како финансиер на про ек тот и локалната лидерска група.При изработката на истиот се водеше сметка да бидат акцептирани сите ка ра ктеристични услови за на ша та општина, како што се: природните, географските, еко-номските, социјалните и сл.

Членовите на локалната лидерска група кои низ еден партиципативен начин беа водени од тимот на фасилитатори на UNDP, вложија максимални напори за да со овој документ бидат доловени вистинските и реални можности и предизвици за развој на нашата општина.Сметам дека успеавме во тоа и се надевам дека овој документ ќе биде од голема корист на локалната самоуправа и градоначалникот како основа во изнаоѓање на патишта за што побрзо решавање на приоритетните проблеми за развој на општина М.Брод и благосостојба на сите нејзини граѓани.

На крај би сакал да изразам голема благодарност до тимот на УНДП што несебично ни помагаше, на членовите на локалната лидерска група и нивниот ангажман како и на Градоначалникот на општина Македонски Брод за целосната поддршка и разбирање за реализација на проектот.

Локален координатор Зоран Новески

Локална лидерска група за Општина Македонски Брод

7

ВОВЕД

Подготовката на Стратешкиот план за развој на општината Македонски Брод е значаен аспект за поттикнување на социо-економскиот развој за локалното самоуправување. Процесот на децентрализација ја наметнува потребата за секоја општина самата да го насочува и раководи локалниот економски развој, како и важноста за регионална соработка и развој.

Општи тековни и сериозни проблеми со кои се соочени единиците на локалната самоуправа во Македонија се невработеност, заштита на животната средина и потребата за јакнење на човечките ресурси преку подобрување на пристапот до образование и социјална вклученост на ранливите групи.

Процесот на стратешко планирање е процес кој се одвива во две фази. Првата фаза се однесува на тоа што сакаме да постигнеме, а втората фаза се однесува на тоа како да го постигнеме планираното.

Процесот вклучува донесување јасни одлуки во однос на стратешките насоки кои сакаме и треба да ги следиме со цел да се спроведат донесените одлуки.

Стратешкиот план е документ кој го насочува развојот на општината за период од пет години (2008-2013 година).

Целта на Стратешкиот план за развој е потребата да се обезбедат среднорочни насоки за спроведување на визијата на општината.

Потребата за подготовка на овој документ произлегува од важноста преку вклучување на сите чинители во процесот во општината да се идентификуваат проблемите во општината, да се постават приоритетни области на дејствување, да се определат стратешки цели, акции и активности.

9

I. ПРОФИЛ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

Географска положбаМакедонски Брод е ридско-планинска општина лоцирана во централниот дел од Македонија

со површина од 888,7 км2 (3,63 % од територијата на Македонија) и спаѓа во редот на средно-големи територијално-административни целини (општини). Општината го зафаќа средното течение на реката Треска, западно од планинскиот масив Јакупица, целосно ја опфаќа областа Поречје и се протега на југ до Бушева Планина, на запад до Коњарник и Добра Вода, на север до Сува Гора и на исток до Караџица, Јакупица и Даутица.

10

Релјеф, ХидрографијаНа територијата на општината има неколку маркантни планини: Јакупица, Караџица, Сува

Планина, Сува Гора, Добра Вода и Бушева Планина со Баба Сач. Релјефот на општината е сочинет од голем број речни текови, од кои најзначајна е долината на реката Треска. Оваа река во своето течение помеѓу селото Ореовец и Брод во долина од 4 км има кањонски изглед, а исто така типичен е кањонот кој се протега од селото Здуње низводно до Скопско Поле, во должина од 25 км. Една од најатрактивните речни долини е долината на реката Белешница, која се простира од селото Белица до вливот на Треска во должина од 5 км. Просторот на општината има ридско-планински карактеристики.

Климатски карактеристикиТериторијата на општината Ма-

ке донски Брод е под влијание на умереноконтинентална клима која се одликува со ладни и врнежливи зими и суви и топли лета. На ви-соките планини (Караџица, Ја-ку пица и Даутица) изразена е планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими.

ИсторијатОпштината Македонски Брод

постои од 1945 година до 1995 година во рамките на административниот дел на Охридската околија, како самостојна општина со површина од 924 км2. Со територијалната поделба на единиците на локалната самоуправа во 1995 година, од оваа административна единица се одделуваат општините Самоков и Пласница. Според Законот за територијална организација на Република Македонија од 2004 година, општината Самоков се укинува и повторно се соединува со општината Македонски Брод.

Акумулација Козјак

11

Општината има 51 населено место со општински центар Македонски Брод (едно урбано место и 50 рурални населени места). Соседни општини се: општина Пласница, општина Крушево, општина Долнени, општина Чашка, општина Студеничани, општина Сопиште, општина Желино, општина Брвеница, општина Гостивар, општина Осломеј и општина Вранешница.

Македонски Брод – административниот центар на општината е еден од помалите градови во Македонија. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска, од каде произлегува и неговото име Брод, според старата легенда за мостот кој ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево.

Во околината на општината во близина на селото Девич видливи се остатоци од градби од средниот век, каде што се издигаат Девините Кули изградени во близина на пештерата Пешна, кои според преданието ги изградила младата девојка Пешна, една од сестрите на јунакот Крале Марко. Општината изобилува со археолошки локации на населби од доцната антика и раносредновековниот период, како и цркви и некрополи од средниот век. Неколкуте археолошки локации во селата Здуње, Растеш, Бенче, Томино, Самоков, Девич и Пласница сведочат за богатото културно-историско минато на генерациите кои живееле на оваа територија. Низ вековите на територијата на општината биле изградени голем број цркви, меѓу кои и градската црква Св. Богородица, Св. Димитрија во село Требино, Св. Никола во село Пласница и др.

Основни карактеристики на општинатаВо општината Македонски Брод, според податоците од последниот попис на населението,

домаќинствата и становите, спороведен во 2002 година, живеат вкупно 7.141 жител на површина од 888,7 км2, што претставува густина на населеност од 8,28 жители/км2. Вкупното население во општината од 7.141 жител живее во 2.392 домаќинства, односно во 4.721 живеалишта. Вкупната станбена површина на територијата на општината изнесува 256.810 м2.

Во општината Македонски Брод живеат 1.618 невработени мажи и 799 невработени жени, а вработените работат главно во следните дејности: образование, здравство, полиција и кон-фекција. Економската моќ на локалното население е обезбедена главно од оние кои се врабо-тени како „буџетари” со просечна плата од 14.242,00 МКД (просечна плата на ниво на Македо-нија) и 200 вработените во конфекциската дејност, главно жени, со просечна плата од 6.000,00 до 8.000,00 МКД.

12

Стапката на невработеност во општината изнесува 34,8 % од активната работна сила на возраст од 15 до 64 години и е приближно еднаква на националната стапка на невработеност. Структурата на невработени лица главно ја сочинуваат нискоквалификувани, квалификувани лица и лица со средно стручно образовние, и тоа лица кои се во возрасните групи од 25 до 45 години.

Главни стопански гранки во општината Македонски Брод се: производство на дрво и про-изводи од дрво; производство на метални производи и електрогалантерија; производство на доломит и производи на база на доломит. Деловни субјекти во општината има вкупно 145.

Основен носител на вработувањето во општината е индустријата, шумарството, сообраќајот, врските и трговијата. Најмал број вработувања има во земјоделскиот сектор, поради фактот што има напуштање на селата и миграцијата во градовите. Мерки кои треба да се преземат за да се намали невработеноста е инвестирање и развивање на дејностите во кои невработени-те лица ќе имаат индиректен придонес во покренување на локалниот економски развој.

Во однос на образовните институции, општината Македонски Брод има само една јавна градинка, 8 основни училишта и едно јавно средно училиште. Во урбаниот дел на општината (градот) постои едно основно училиште, со два рурални ограноци, лоцирани во Самоков и во Манастирец. Во општината постои едно јавно средно училиште (гимназијата „Св. Наум Охрид-ски“) сместено во Македонски Брод.

Во поглед на примарната здравствена заштита, има само еден здравствен центар со една амбуланта во Пласница и две амбуланти во Самоков. Здравствениот дом има повеќе пункто-ви, и тоа во селата Растеш, Белица, Манастирец и по потреба низ останатите рурални насел-би. Во самата општина нема специјализирани болници. Примарната здравствена заштита е приватизирана и сите се посебни правни субјекти (вкупно 8), од кои 5 (пет) во Здравствениот дом во Македонски Брод, една во Здравствениот дом во село Преглово и една во село Само-ков.

Најважните природни предуслови на општината Македонски брод се: ридско-планинското земјиште со нископроизводни вредности и климатските карактеристики се погодни за равој на шумарството и сточарството; релативно богатата општина со шуми и шумско земјиште во сопственост на државата (доминантно учество од 94,5 %) и со мало учество на техничко-ин-дустриско дрво (доминира огревното); и, утврдени значителни резерви на неметални сурови-ни (доломит, кварцни суровини, мермер, графити и солени води), кои во голем дел ефикасно се експлоатираат.

13

II. СОЦИО - ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

1. Население и миграцијаВо општината Македонски Брод, според податоците од последниот попис на населението,

домаќинствата и становите, спороведен во 2002 година, живеат вкупно 7.141 жител на повр-шина од 888,7 км2, што претставува густина на населеност од 8,28 жители/км2.1 Во однос на републичкиот просек од 78,7 жители/км2, тоа претставува мала густина за населено место и има директно влијание врз економскиот развој на општината. Учеството на населението на општината во вкупното население во Македонија изнесува 0,35% пресметано според подато-ците од пописот од 2002 година и се вбројува во редот на ретко населени општини.

Населението во општината Македонски Брод е од мешан национален состав, со домина-ција на македонското население прикажано во табелата бр. 1.

Табела бр. 1 – Структура на населението според националната припадност2

Општина Македонски

Брод

Национална припадност

Вку

пно

Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други

Население 6.927 0 181 3 0 22 1 7 7.141

% од вкупното

население97,00 0 2,54 0,04 0 0,31 0,01 0,10

100

1 Извор на податоци: Попис на населението, домаќинствата и становите во РМ, Државен завод за статистика , книга Х, 20042 Извор на податоци: Попис на населението, домаќинствата и становите во РМ, Државен завод за статистика , книга ХIII, 2004

14

Ниското учество е резултат на природните и механичките движења на населението, продлабочување на општинските разлики и нерамномерниот развој на општините во Македонија. Административниот центар на општината – Македонски Брод е единствено урбано и најголемо по број населено место. Карактеристично за оваа општина е што всушност само десетина од 51 населено место имаат над 100 жители.

Домувањето е важна компонента во обезбедувањето основни животни услови и работа на граѓаните. Според пописот на населението, домаќинствата и становите од 2002 година, вкупното население во општината од 7.141 жител живее во 2.392 домаќинства, односно во 4.721 живеалишта. Вкупната станбена површина на територијата на општината изнесува 256.810 м2. Просечниот број на членови по домаќинство во општината изнесува 2,99 лица што претставува бројка под националниот просек кој изнесува 3,58.

Во табелата бр. 2 прикажан е вкупниот и просечниот број на индивидуални домаќинства, со вкупниот и просечниот број на членови кои живеат во нив.

Табела бр. 2 – Индивидуални домаќинства со просечен број на жители

Вкупен број на индивидуални домаќинства

Вкупен број на членови на домаќинствата

Просечен број на членови на домаќинствата

2.392 7.141 2,99

Ваквата демографска слика за бројот на жители, индивидуални домаќинства и просечниот број на членови на домаќинства се должи на процесот на депопулација на повеќето населени места во општината, намалување на стапката на наталитетот/природниот прираст на населението и напуштање на станбениот фонд.

78 % од станбените објекти се користат исклучиво за живеење и доминираат објекти изградени во седумдесеттите години од минатиот век. Во однос на опременоста на станбените објекти со водовод, канализација и електрична енергија, може да се констатира квалитетен стандард само во неколку населени места во општината (Македонски Брод, Самоков и Требиште).

Ретроспективната анализа на демографските движења во општината од педесеттите години на минатиот век до 2002 година укажува на долгорочен тренд на континуирано намалување на бројот на жителите, кој во периодот од 1948 до 2002 година изнесува 46 %. Табелата бр. 3 го дава приказот на бројот на население во текот на годините на попис од 1948 до 2002 година.

15

Табела бр. 3 - Вкупен број на населението по годините на попис

Општина Години на попис1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002

Македонски Брод 15244 16244 15711 13190 9093 8012 7574 7141

Графикон бр. 1 – Пад на бројот на населенито според годините на попис

0

5000

10000

15000

20000

1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002

Број на жители

Намалувањето на бројот на населението е резултат на високата стапка на емиграција и намалување на природниот прираст во општината во текот на годините. Просечната стапка на природниот прираст во последните години изнесува 5,8 %, што е значително под републичкиот просек од 8,4 %. Забележителен демографски белег на општината е присутниот процес на внатрешна миграција од руралните населби кон урбаното место Македонски Брод и миграција кон соседните поголеми урбани општини (Кичево, Прилеп, Гостивар и Скопје).

2. Сиромаштија, приходи и социјална исклученостСиромаштијата подразбира неспособност или неможност да се достигне прифатлив

животен стандард, мерена врз основа на можностите за задоволување на основните животни потреби. Имајќи ја предвид сиромаштијата како комплексен социјален феномен, УНДП ја има развиено мерката индикатор за човековата сиромаштија, која ги вклучува економските, социјалните и политичките причини за сиромаштијата и последиците кои доведуваат до состојбата „сиромашен“.

16

Според сеопфатната анализа на економскиот и социјалниот развој на општината од 1998 година, чии согледувања во голема мера се валидни за денешната реалната состојба, економските експерти ги имаат посочено следните заклучоци3:

1. Ниско ниво на општествен производ на општината и негово учество од само 0,3 % во општествениот производ на Македонија, како и намалување на општествениот производ по жител од 65,9 % (1990 година) на 45,7 % (1995 година). Трендот на ниско ниво на општествениот производ продолжува и во последните 12 години како резултат на непостоење соодветна производствена база;

2. Ниско ниво на инвестиции во општината и нивното учество во преземените вкупни инвестиции во Македонија во текот на подолг временски период.

Затворањето на претпријатијата, географската местоположба на општината и класичната миграција село-град се главните причини за тонење на населението под прагот на сиромаштијата. Слабата економска моќ на населението се должи главно на затворањето на многу претпријатија, особено на „Сувенир“ од Самоков, каде што поголем дел од жителите работеле во оваа фабрика, а со што е зголемен и бројот на стечајните работници.

Во повеќето села живеат лица на возраст од 30 до 45 години кои немаат можност да склучат брак, главно поради невработеноста и лошиот економски статус. Оваа појава на долг рок има ефект на намалување на активната работна сила и стареење на општината. Од ова може да се констатира дека економската моќ на локалното население е обезбедена главно од оние кои се вработени како буџетари со просечна плата од 14.242,00 МКД (просечна плата на ниво на Македонија) и 200 вработените во конфекциската дејност, главно жени, со просечна плата од 6.000,00 до 8.000,00 МКД.

Бројни се аспектите на сиромаштијата и ранливоста во општината Македонски Брод.

Кога станува збор за социјалната заштита, во Македонски Брод постои Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, кој ги нуди сите услуги согласно Законот за социјална заштита на Република Македонија. Во овој меѓуопштински центар се дава социјална помош и детски додаток на социјалнозагрозените семејства. Социјалните работници одат во посети на терен и даваат советодавни услуги. Освен тоа, во рамките на Центарот функционира и дневен центар за деца без родители. Овие услуги се финансирани од Министерството за труд и социјална политика. 3 „Студија за регионална стрктура на стопанството и можноста за развој на мали бизниси и отворањето нови работни места во Македонски Брод“, Економски институт – Скопје, 1998.

17

Кога станува збор за утврдување социјално најзагрозените жители, односно оние со најго-лем ризик за осиромашување, беа издвоени следните групи: примателите на социјална помош, старите и зависниците од алкохол. Лицата кои живеат во подалечните села во планинските региони се поранливи, пред сè поради слабата пристапност кон здравствените, образовните и сите други витални институции во текот на целата година, а особено во текот на зимскиот период, кога овие села се скоро отсечени. Исто така, овие лица се поранливи поради пого-лемата стапка на невработеност по глава на жител, која пак е последица на ликвидацијата и банкротирањето на големите претпријатија.

Ранливите групи не се вклучени во партиципативното планирање на локалниот развој, од-носно во пристапот заснован на човековите права за намалување на сиромаштијата. Помеѓу самите жители во општината сè уште постои старата навика проблемите да се решаваат „од горе“, што по завршувањето на процесот на децентрализацијата ќе биде невозможно.

Населението е главно составено од постари лица, кои во голем дел не можат да се грижат за самите себе и имаат сосема недоволни или никакви приходи (пензија, социјална помош и/ или туѓа нега). Од ова може да се заклучи дека во овие села постои висок степен на сиро-маштија и зголемен степен на неспособност за грижа за себеси, предизвикана од старост и немоќ.

Во дел од руралните средини живеат одреден број хендикепирани лица кои немаат пот-ребна помош и здравствена заштита, ниту пак видот на хендикеп го дозволува тоа да можат да посетуваат настава во соодветни институции. Тоа се лица со тежок ментален и физички хендикеп кои се сместени во 30 згрижувачки семејства. Не постои никаков центар за хендике-пирани лица во кој тие би можеле да извршуваат одредени активности во доменот на нивните способности.

Дел од жителите живеат исклучиво од социјална помош, која е сосема недоволна за покри-вање на основните трошоци за живеење. Главно, во оваа општина постои многу слаба перс-пектива за младите луѓе од најразлични профили (меѓу кои има и со високо образование), така што се случува забрзана миграција на релација Македонски Брод – други поразвиени општини во Македонија, главно Скопје, или релација Македонски Брод – странство. Оваа миграција ќе продолжи и понатаму, доколку не се преземат брзи мерки за развој на локалната економија, со што младите луѓе би биле мотивирани да останат во општината.

18

3. Пазар на трудот, вработеност и невработеностВо општината Македонски Брод живеат 1.618 невработени мажи и 799 невработени жени,

а вработените работат главно во следните дејности: образование, здравство, полиција и кон-фекција. Изземајќи ја конфекцијата, за сите останати набројани дејности се издвојуваат средс-тва од буџетот на Република Македонија, односно вработените работат главно за буџетски или ниски месечни примања.

Стапката на невработеност во општината изнесува 34,8 % од активната работна сила на возраст од 15 до 64 години и е приближно еднаква на националната стапка на невработеност. Дури и без прецизни податоци за стапката на вработеност по семејство, очигледно е дека примањата на вработените се сосема недоволни за основна егзистенција на семејството, без примањата на пензионерите.

Многу важна компонента во дефинирањето на економските карактеристики на општината е и бројот на вработените и старосната структура на вработените, како и оние кои бараат вра-ботување и нивната стручна спремност.

Во табелата бр. 4 даден е преглед на невработените лица во општината Македонски Брод според степенот на образованието.

Табела бр. 4 – Преглед на невработени лица според степенот на образованието4

Степен на образование Вкупно Жени Мажи

НКВ 919 470 449

ПКВ и НСО 6 1 5

КВ 303 109 194

ВКВ 0 0 0

ССО 646 308 338

ВИШЕ 35 6 29

ВИСОКО 70 32 38

МАГИСТРИ 1 0 1

Вкупно 1.980 926 1.054

4 Извор на податоци: База на податоци за општините од Министерство за локална самоуправа на Република Македонија

19

Графикон бр. 2 – Приказ на невработени лица според степенот на образованието

0

200

400

600

800

1000

1200

1400

1600

1800

2000

В куп н о Ж ен и М ажи

Н К В П К В и Н С О К В В К В С С О В и ше В и со ко М аги стр и В куп н о

Прегледот на невработени лица во општината според старосната структура даден е во табелата бр. 5.

Табела бр. 5 – Преглед на невработени лица според старосната структура5

Старост Вкупно Жени Мажи

Од 15 до 19 години 59 31 28Од 20 до 24 години 246 133 113Од 25 до 29 години 196 101 95Од 30 до 34 години 211 90 121Од 35 до 39 години 270 142 128Од 40 до 44 години 321 148 173Од 45 до 49 години 280 116 164Од 50 до 54 години 214 103 111Од 55 до 59 години 136 48 88

Од 60 и повеќе години 47 14 33Вкупно 1.980 926 1.054

5 Извор на податоци: База на податоци за општините од Министерство за локална самоуправа на Република Македонија

НКВ ПКВ и НСО КВ ВКВ ССО Више Високо Магистри Вкупно

ВКУПНО МАЖИЖЕНИ

20

Графикон бр. 3 – Приказ на невработени лица според старосната структура

Од двете погореприкажани табели може да се забележи дека структурата на невработени лица главно ја сочинуваат нискоквалификувани, квалификувани лица и лица со средно стручно образовние, и тоа лица кои се во возрасните групи од 25 до 45 години.

Од друга страна, основен носител на вработувањето во општината е индистријата, шумарството, сообраќајот, врските и трговијата. Најмал број вработувања има во земјоделскиот сектор, поради фактот на напуштање на селата и миграцијата во градовите.

Мерки кои треба да се преземат за да се намали невработеноста е инвестирање и развивање дејности во кои невработените лица ќе имаат индиректен придонес во покренување на локалниот економски развој.

21

4. Можности за економски развој

Главни стопански гранки во општината Македонски Брод се: производство на дрво и производи од дрво; производство на метални производи и електрогалантерија; производство на доломит и производи на база на доломит. Деловни субјекти во општината има вкупно 145.

Општината има тешко обработливо земјиште, кое не е погодно за одгледување различни видови земјоделски култури. Додека, пак, во селата живеат главно стари лица, чија работос-пособност е намалена.

Економската анализа спроведена во 1998 година покажува учество на две најзначајни де-јности во создавањето на општествениот производ: индустријата (27,3 %) и земјоделството и шумарството (23,4 %) од каде се гледа дека индустријата го нема вистинското развојно зна-чење. Истата работела со загуби, додека земјоделството и рибарството се носечки дејности во структурата на националниот приход на ниво на општината. Оттука, се гледа дека носител на развојните текови станува нископродуктивното, натурално и земјоделско стопанство. Други значајни дејности се: шумарството, градежништвото и трговијата, додека другите дејности, како угостителството и туризмот, занаетчиството, сообраќајот и врските имаат многу ниско учество во структурата на општествениот производ и националниот доход.

Покрај овие економски индикатори, потребно е да се обрне посебно внимание и на природ-ните услови и неповолната сообраќајна поврзаност со другите општини како основа за забр-зување на локалниот економски развој, но во секој случај, треба да се внимава на влијанијата што тие дејности ги имаат врз животната средина.

Во однос на можностите за економски развој, битно е да се истакне дека е потребно презе-мање мерки за намалување на невработеноста, и тоа преку:

• Мерки за развивање ловен туризам, главно за странски туристи; • Еколошки чистата средина со извонредни можности за развој на производството на

здрава храна;• Испитување на можноста за реактивирање на некои од веќе постоечките капацитети,

на пример „Сувенир“ – Самоков и негова приватизација; • Испитување на можноста за економската исплатливост на потенцијалните странски

инвеститори да вложат во ископување и пласман на доломитите и кварцитите; • Потребно е да се искористат природните ресурси на шуми и пасишта, кои нудат развој

на дрвната индустрија и развој на сточарството, со кое може да се произведуваат млечни и месни производи.

22

Статистичките податоци од 2005 година како преглед на видовите деловни субјекти и сек-торите на дејност во општината Македонски Брод (вклучувајќи го и Самоков), се дадени во табелата бр. 6. 6

Табела бр. 6 – Преглед на видовите деловни субјекти и секторите на дејност во општината Македонски Брод

Општина Македонски Брод

Видови деловни субјекти

Вкупно деловни субјекти 444

Претпријатија 203

Трговски друштва 109

Други (установи, организации, здруженија) 132

Сектори на дејност

Земјоделство, лов и шумарство 11

Рибарство 2

Вадење руди и камен 2

Преработувачка индустрија 35

Снабдување со електрична енергија, гас и вода 3

Градежништво 17Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, моторцикли и предмети за лична

употреба и домаќинствата166

Хотели и ресторани 32

Бизнис-секторот во Македонски брод не е вклучен во преземање иницијативи за финан-сирање одредени општествени активности кои се од интерес на сите граѓани во општината, односно сè уште не е развиено чувството на филантропија.

6 Ивор на податоци од Статистичкиот годишник на Република Македонија, 2005.

23

5. Преглед на состојбите во образованието Во однос на образовните институции, општината Македонски Брод има само една јавна

градинка, 8 основни училишта и едно јавно средно училиште.

Јавната градинка е лоцирана во урбаниот дел на општината и таа ја задоволува побарувач-ката за места, која не е бесплатна, но постои одредена политика на олеснување на трошоците за сиромашните семејства, самохраните родители, невработените родители и семејствата со повеќе деца. Во руралниот дел на општината нема градинки.

Во урбаниот дел на општината (градот) постои едно основно училиште, со два рурални ограноци, лоцирани во Самоков и во Манастирец.

Во општината постои едно јавно средно училиште (гимназијата „Св. Наум Охридски“) смес-тено во Македонски Брод. Наставата се одвива на македонски јазик. Самата настава е бес-платна, но учебниците и материјалите за настава паѓаат на товар на родителите. Во самата општина не постојат специјални училишта и децата со специјални потреби/ хендикепираните се интегрирани во веќе постоечките училишта.

Набројаните образовни институции не нудат можности за преквалификација или образова-ние за возрасни. Исто така, постои план за отворање високообразовна институција од прива-тен тип, „Еко колеџ“ во село Локвица.

6. Родова рамноправностКонцептот на родова еднаквост е слабо познат во оваа општина. За да се измени оваа

состојба, потребно е институционално јакнење на постојните организации на жени и јакнење на свеста за женските права како човекови права, како и за родот и развојот. Исто така, сите членови на Советот на општината се мажи, како и сите претседатели на месните заедници. Во оваа општина дефинитивно преовладува традицоналниот концепт, со кој мажот се сфаќа како хранител на семејството – од 19-темина вработени во администрацијата на општината, 60 % се мажи, а 40 % се жени, и тоа главно во пониско рангираните служби.

Во јавните претпријатија, вкупно се вработени 30 лица, од кои 18 мажи, а 12 жени, со што родовиот сооднос изнесува 70 % спрема 30 % во корист на мажите, иако родовата застапе-ност во вкупната популација е горе-долу еднаква.

Во руралните средини постои голем број мажи на возраст од 30 до 45 години, кои се невра-

24

ботени и на работ на егзистенцијата, а кои немаат можност да склучат брак и да формираат семејство главно поради сопственото нерешено егзистенцијално прашање, но и поради недо-стигот на жени во селата. Сепак, кај дел од овие мажи е регулирана здравствената заштита, преку Заводот за вработување.

Во руралните средини традиционалните концепти на родовите улоги се изразито посилни и се истакнува сосема несвесната родова дискриминација врз жените во поглед на правото на вработување. Жените се главно спомнувани како вдовици и самохрани мајки.

Во конфекциската дејност работат главно жени, во нехумани услови, кои го нарушуваат човековото достоинство, за дневница од 300.00 денари и без додаток за прекувремена ра-бота (12 часа дневно, дури и ноќна смена). Освен ова, работничките не смеат да побараат боледување, иако е тоа нивно законско право, или да одбијат прекувремена работа, бидејќи поради високиот степен на невработеност, работодавците многу лесно можат да најдат нивна замена.

7. Преглед на состојбата со здравствените услуги Во поглед на примарната здравствена заштита, има само еден здравствен центар со една

амбуланта во Пласница и две амбуланти во Самоков. Здравствениот дом има повеќе пункто-ви, и тоа во селата Растеш, Белица, Манастирец и по потреба низ другите рурални населби. Во самата општина нема специјализирани болници. Примарната здравствена заштита е при-ватизирана и сите се посебни правни субјекти (вкупно 8), од кои 5 (пет) во Здравствениот дом во Македонски Брод, една во Здравствениот дом во село Преглово и една во село Самоков. Во Македонски Брод нема доволно медицински специјалисти, при што се чувствува најголем недостиг на ортопед, педијатар и невропсихијатар. Бројот на вработени лекари во примарната здравствена заштита не ги задоволува потребите на граѓаните.

Бремените жени во Македонски Брод се водат во Здравствениот Дом, оддел гинекологија, додека поризичните бремени се проследуваат во болниците во Прилеп, во Кичево и во Скопје. Жените имаат лесен пристап до акушерките и лекарите, додека пак групите жени кои би се пораѓале без медицинска помош не се специфицирани. Заболените од ХИВ, доколку ги има во општината, не се идентификувани. Здравствениот дом има недостаток од капацитети (фи-нансиски, кадровски и просторни) и недостиг на опрема, која е главно застарена.

Според податоците на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување, во оп-штината Македонски Брод има вкупно 7.500 осигурани лица по секој основ.

25

Во одреден број села нема соодветна здравствена заштита, бидејќи медицинските лица доаѓаат по повик, или еднаш на две недели. Во руралните неселени места има потреба од аптека, продавници, спортски сали, квалификуван образовен кадар и подобри патишта. Она население кое живее во ридско-планинските села, оддалечени над 50 км од Македонски Брод, се во потешка положба од другите, особено за време на зимата, бидејќи патиштата се блоки-рани, што ја оневозможува доставата на храна, лекови и други неопходности.

8. Одржлива животна срединаНајважните природни предуслови на општината Макеоднски брод се:

• Ридско-планинското земјиште со нископроизводни вредности и климатските карактеристики се погодни за равој на шумарството и сточарството;

• Релативно богатата општина со шуми и шумско земјиште во сопственост на државата (доминантно учество од 94,5 %) и со мало учество на техничко-индустриско дрво (доминира огревното);

• Утврдените значителни резерви на неметални суровини (доломит, кварцни суровини, мермери, графити и солени води), кои во голем дел ефикасно се експлоатираат.

Имајќи го предвид бројот, типот и капацитетот на застапената индустрија и другите деловни субјекти во општината, како и бројот на возилата (800 патнички автомобили, 10 автобуси, 130 товарни автомобили, 20 моторцикли и 80 трактори и работни машини) и интензитетот на сооб-раќајот, генерално може да се каже дека не постои загадување на воздухот и пречекорување на максимално дозволените концентрации на загадувачки супстанции во воздухот.

Селата во општината Македонски Брод се соочуваат со два главни еколошки проблема: првиот е непостоењето мрежи на фекална канализација, а вториот е користењето диви депо-нии, дури и кога во селото постои официјална депонија за истовар на сметот.

Ако се разгледуваат комуналните услуги, се спроведува собирање на сметот, снабдување со вода и струја и одржување на патиштата (но само локално). Снабдувањето со енергија и одржувањето на патиштата ги обезбедува државата. Снабденоста на домаќинствата со енер-гија и вода изнесува 100 %, додека собирањето на сметот и одржувањето на патиштата во Македонски Брод и Самоков се во домен на општината, додека во другите населени места жителите сами се организираат, а повеќето локални патишта се неасфалтирани.

26

Иако во општината официјално постои само една депонија, сепак постојат проблеми со истоварот на сметот на повеќе диви депонии. Во повеќето села обично постои проблем со фрлањето отпадот, бидејќи нема официјални депонии. Се претпоставува дека причината за ваквото однесување е ниската еколошка свест на населението, кое го фрла својот отпад дури и по самото течение на реката Треска, на местото каде што е изградена прочистителната ста-ница, со што директно го доведува во опасност сопственото здравје.

Населението во општината се снабдува со вода за пиење преку постојниот регионален водоснабдителен систем „Студенчица“, чија вода за пиење ја користат општините Македон-ски Брод, Кичево, Прилеп, Крушево и неколку рурални населби во општината. Во другите населени места постојат селски водоводи. Општината располага со 1.200 приклучоци на во-доводната мрежа со 2 резервоара, што претставува 75 % покриеност на водоводната мрежа. Новиот резервоар има повисока кота од стариот и овозможува водоснабдување на населбите од повисокиот реон.

Водоводната мрежа во овие села е во лоша состојба. Во дел од селата се пие бактерио-лошки неисправна вода, а во други села недостасува контрола на квалитетот на водата за пиење и хлорирање, дури во неколку села нема водоводна мрежа и жителите користат вода од бунари со неиспитан квалитет. Водата за пиење е засега со добар квалитет, со тоа што сис-темот за хлорирање е застарен и речиси неупотреблив. Бидејќи водата е неопходност, самиот овој факт е директна закана за здравјето на нивните жители.

Процентот на застапеност со шума на ниво на општината изнесува 55,9 % од вкупната пов-ршина, која површина под шума и шумско земјиште изнесува 61.993 ha, од кои обраснати (под шума) се 50.828 ha, а необраснати (под шумско земјиште) се 11.155 ha. Застапени се дабот, буката, црниот бор, белиот бор и елата. Квалитетните шуми за експлоатација се концентрира-ни во неколку шумски стопански единици со кои стопанисува Јавното претпријатие „Македон-ски шуми“: „Песјак“, „Добра вода“, „Видуш Крапа“, „Пеклиште“ и „Арилец-Даутица“. Бројот на населението кое се занимава со шумарство изнесува 162.

Општината е богата со неминерални суровини, од кои најзастапени се: доломит (примена во огнеотпорната индустрија и градежништвото), графит, кварц, кварцити и мермер. Во екс-плоатација се рудникот на доломити Брест и Лутовец, за кварц наоѓалиштето во селата Топол-ница, Слатина и Крапа, за мермер наоѓалиштето Црешнево, Локвица, Коста Чука и Рамниште. Според хемискиот состав на неминералните суровини и досегашните испитувања на теренот, воочена е добрата можност за експлоатација. Но, за утврдување на количините, ефикасното копање и експлоатација на суровините, потребни се детални геолошки истражувања и ми-

27

неролошко-пертолошко-технички испитувања, како и испитувања во поглед на оценката на влијанијата на експлоатацијата на суровините врз животната средина и природните убавини на овој регион.

Општината географски се простира на левата и десната страна на реката Треска и нејзини-те притоки. Поставена е станица за хидролошко следење на водотекот во реката. Најголеми притоки на реката Треска на просторот на општината се Мала Река (Црвеница), Оча и реката Белица (најубава и најчиста река во Македонија). Во општината постои само еден природен раритет - реката Белесница, која е ставена под заштита на законот и во која е забрането из-левање индустриски отпад.

Значајна хидроелектрана која ги користи водите на реката Треска на подрачјето на општи-ната е ХЕЦ Козјак (слики бр. 2 и 3) со акумулациски простор од 550 x 106 m3 и со инсталирана моќност од 80 MW. Водите од акумулацијата се користат за производство на електрична енер-гија, водоснабдување, индустрија и наводнување.

9. Преглед на состојбата со ранливите групиОпштината Македонски Брод ја карактеризираат бројни аспекти на сиромаштија и ранли-

вост.

Стапката на невработеност е исклучително висока, што воглавно се должи на затворањето на постоечките стопански капацитети и претпријатија, на специфичната местоположба на оваа општина и на класичната миграција село-град. Овој негативен тренд на „одлив на мозоци“ во голема мера го загрозува севкупниот развој на локалната заедница, која на овој начин останува без основниот предуслов за одржлив развој. Миграцијата ќе продолжи сè додека не се преземат брзи и ефикасни мерки за економски развој, коишто ќе ги мотивираат младите да останат да живеат во својот роден град. Што се однесува до образовната инфраструктура, препораките изнедрени од соодветни политики треба да посочат на кој начин централната власт да ја зголеми способноста на локалната власт за спроведување на тековните правни и образовни реформи. Поконкретно, политиките за финансирање и активностите на давање неповратна помош треба да се насочат кон компензирање на недостатоците и слабостите на образовниот систем преку поддршка за подобрување на лошата инфраструктура и услови во општината.

28

Природните ресурси се недоволно искористени главно поради слабиот економски раст (мал и недоволен буџет што ù се доделува на оваа општина и слаба економска моќ на граѓаните на индивидуално ниво), што се едни од главните причини за тонењето во сиромаштија на жителите на оваа општина. Овој факт предизвикува сериозна загриженост од аспект на човековите права, а во врска со неуспехот и на локалната и на централната власт да преземат проактивни мерки за надминување на новите осцилации на пазарот на трудот и за ефективна борба против невработеноста.

Старите лица главно живеат во изолирани планински села (на растојание од 50 и повеќе километри од градот Македонски Брод), и истите се поранливи за време на зимата кога селата се изолирани со недели. Но дури и летно време патната инфраструктура општо земено е многу лоша и го усложнува патувањето и во двете насоки. За дел од овие лица главен извор на егзистенција е социјалната помош (која не е доволна ниту за покривање на основните трошоци на животот), што ги позиционира на границата на сиромаштијата со тенденција за натамошно опаѓање на животниот стандард. Еден од главните и системски проблеми кај оваа категорија граѓани е немањето пристап до соодветни и квалитетни здравствени услуги, или пак ако имаат пристап до здравствени услуги истите се со послаб квалитет. Една таква ситуација ја зголемува веќе постоечката нееднаквост, предизвикана од физичката одделеност на тие заедници од матицата на општествените и економските случувања. Како приоритетно прашање, посебно треба да се внимава на лицата кои живеат во изолирани населени места да им се обезбеди пристап до соодветна здравствена заштита, којашто ќе опфаќа покрај редовните здравствени услуги и услуги во делот на итната медицинска помош. Мора да се преземат мерки за да се обезбеди непречен пристап до здравствени услуги, при што треба да се обезбеди еднаков третман за сите пациенти во локалната заедница и можности да го уживаат правото на највисок остварлив стандард на здравје.

Посебно внимание треба да им се посвети на старателите од Дневниот центар за деца со психијатриски нарушувања во селото Манастирец, како и да се покренат иницијативи за подобрување на пристапот до здравствена заштита и психо-социјални услуги за овие деца.

За надминување на идентификуваните проблеми и потреби на ранливите општествени групи, потребно е високо ниво на мобилизација на сите релевантни субјекти и заинтересирани страни. Потребно е да се изврши притисок, да се смени односот кон ова прашање и да се преземат пошироки иницијативи. Завршувањето на процесот на децентрализација и јасната поделба на надлежностите и обврските помеѓу централната и локалната власт би довело до донесување на голем број прагматични одлуки. Процесот на децентрализација или измените

29

во принципите на функционирање на локалната самоуправа е една од клучните определби на македонската влада, која е насочена кон обезбедување на учество на локалните заедници и кон промоција на нивниот идентитет. Клучната цел на реформата треба да остане ефикасноста на локалната самоуправа, високото учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и одржливоста на месните заедници.

10. Структура на општина Македонски БродСо Законот за територијалната организација на

локалната самоуправа во Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр. 55/2004), формирана е денешната административно-територијална граница на општината Македоснки Брод со 51 населено место. Од нив, една е урбана – градот Македонски Брод (каде што се наоѓа и седиштето на општината) и 50 рурални населени места. Македонски Брод е средно-голема територијално-административна целина - општина која има 53 месни заедници.

Во Советот на општината се застапени 5 по-литички партии, и тоа: ВМРО-НП со 2 советници, СДСМ/ЛДП (како коалициски партнери) со 4 совет-ници, ВМРО-ДПМНЕ со 2 советници, Граѓанска по-пулистичка партија со 1 советник и Лигата за демок-ратија со 1 советник. Во Советот има и 1 независен советник.

Организациската структура на општината Маке-донски Брод ја сочинуваат: градоначалник, секре-тар, Сектор за општо-правни и финансиски работи (Одделение за администрирање даноци, Одделение за општи и правни работи и Одделение за финан-сирање и буџет); Сектор за урбанизам, комунални дејности, ЛЕР и заштита на животната средина (Од- Катастарски граници на општината

Македонски Брод

30

деление за урбанизам и заштита на животната средина, Одделение за комунални дејности и ЛЕР и Одделение за инспекциски надзор); и, Одделение за внатрешна ревизија. Локалната јавна администрација ја сочинуваат 19 вработени, од кои 60 % мажи и 40 % жени, од кои сите се етнички Македонци, а ниту еден вработен не е лице со хендикеп. Во моментот, во Македон-ски Брод не се преземени мерки за да се осигура справедливата застапеност на различните групи граѓани при вработувањето во јавните претпријатија или општинската администрација.

Во самата општина на Македонски Брод има вкупно 11 вработени советници, од кои сите се мажи. Во самата општина има 6 специфични комисии, и тоа: комисија за родови прашања; комисија за урбанизам; комунални прашања и заштита на животната средина; комисија за номинации и следење на изборите; комисија за финансии и буџет; комисија за услуги од јавен карактер; и, комисија за статутарни и правни прашања.

Македонски Брод има 53 месни заедници, но само во 30 од нив имаат избрано свој претс-тавник, односно претседател на месната заедница, а остатокот од нив нема да изберат свои претседатели на следните локални избори.

11. Граѓански организацииПо децентрализацијата, општината, бизнис-секторот и граѓанските организации ќе мораат

да преземат многу работи во свои раце, за што засега не постои навика. Иако граѓаните на Македонски Брод не се по дефиниција сите и ранливи лица, постои потреба за итна препорака овој став да се менува преку општински иницијативи, трибини и работилници, како и поголе-ма вклученост во граѓанските организации, затоа што ваквата пасивност може да доведе до драстично влошување на веќе лошата состојба.

Општ впечаток е дека локалната заедница има мошне нејасна и недоволна претстава за партиципативното планирање и разбирање на човековите права. Локалната заедница има делумно разбирање за партиципативното планирање и човековите права и има потреба од дообука. Освен недоволната запознаеност со теоријата, општината има сосема недоволни материјални ресурси за вакви и слични обуки.

На територијата на општината Македонски Брод активни се 5 граѓански организации: Ло-вечко друштво „Песјак“, Организација на жените „Луна“, Еколошко здружение „Треска“, Ор-ганизација на жените фармери и Организација на жените од село Требино. Овие независни граѓански организации се правно дефинирани и со регулиран статус, регистрирани со сите

31

правни документи (статут и програма за работа). Во однос на начинот на управување кај сите здруженија, структурата на организацијата е следна: собрание, управен одбор, претседател-ство и надзорен одбор. Сите граѓански организации имаат добра соработка со локалната са-моуправа, односно со општината и со институциите на општината, но и меѓусебна соработка во реализирањето одредени активности или проекти.

Изворите на финансирање на граѓанските организации во Македонски Брод се исклучи-телно преку проекти финансирани од различни донатори, само Ловечкото друштво „Песјак“ и Еколошкото друштво „Треска“ имаат и дополнителни финансии преку членарина од членовите на здружението. Потребно е да се истакне дека само Ловечкото друштво „Песјак“ има двајца вработени (ловочувари), а сите други членови на овие граѓански организации се волонтери.

Во општината Македонски Брод нема медиуми во приватна сопственост, од електронски или печатен вид, ниту пак постојат индикации дека ќе ги има во догледно време. Населението ги следи стандардните канали кои емитуваат програма на територијата на Македонија и ка-белска телевизија.

Црквата „Света Богородица“ од Македонски Брод подолго време има потреба од отворање хуманитарна народна кујна која би ги задоволила потребите на најсиромашните жители на општината. Засега, црквата не располага со доволен број парични средства за нејзина изград-ба. Земајќи предвид дека црквите ги градат своите капацититети од даровите на верниците, и овој податок посочува на порастот на сиромаштијата и лошата економска состојба во оваа македонска општина.

33

II. СТРАТЕШКИ ПЛАН НА ОПШТИНАТА МАКЕДОНСКИ БРОД ЗА ПЕРИОДОТ 2008-2013

1. ПРОЦЕС НА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

1.1. Пристап во процесот на подготовка и спроведување на стратешкиот планСтратешкиот план за развој на општината Македонски Брод е подготвен во со-

гласност со законските надлежности на единиците на локалната самоуправа, кои треба да се носители на локалниот економски развој. Тоа подразбира поставување приоритети за поттикнување на локалниот развој, водење успешна економска по-литика на ниво на општината, поддршка на развојот на мали и средни претприја-тија и учество во воспоставување и развој на локална институционална мрежа за промовирање партнерства.

Старетешкиот план за развој на општината Македонски Брод се заснова на следните постулати:

- Пристап врз основа на почитување на човековите права – вклучувајќи ги правата на достоен животен стандард, пристап до здравствени услуги, недискриминација, образование, работа, социјална заштита и сигурност, детски права и здрава животна средина;

- Милениумски развојни цели – во согласност со агендата за глобален одржлив развој, со насока кон намалување на сиромаштијата, надминување на проблемот со неписменоста, заштита на новороденчињата и родилките, превеција од ХИВ/СИДА и други епидемии и обезбедување услови за здрава животна околина;

34

- Интегриран процес на планирање на развојот – процес на партиципативно планирање, обединувајќи ги стратешките цели за развој на релевантните чинители на локално ниво, во насока за обезбедување оптимална дистрибуција на расположливите ресурси помеѓу нив со цел одржливост и зајакнување на сиромашните и ранливите групи;

- Сеопфатно планирање на развојот – вклучувајјќи ги сите надлежности на општината: урбано планирање, заштита на животната средина, активности во рамките на истата, култура и спорт, социјална заштита, образование, здравство и заштита од елементарни непогоди;

- Човеков развој – опфаќајќи го промовирањето на пристапот за човеков развој насочен кон обезбедување услови за истакнување на целосниот потенцијал на секое лице, како и грижа за соодветен пристап до здравствените и образовните услуги, пред сè, достоен животен стандард за сите;

- Одржлив развој – пристап насочен кон подеднакво задоволување на социјалните и економските потреби на различните генерации;

- Практика на добро владеење – преку промовирање на вредностите: транспарентност, вклученост, одговорност, ефикасност, ефективност, кохерентност и реализација (сите вредности во корелација со интересите на граѓаните);

- Локална самоуправа – практикувањето на локалната власт е основа за развивање демократско општество блиско за граѓаните преку кое самите имаат еднакви можности да ги реализираат своите права.

При подготовката на Стратешкиот план е користена методологијата за партиципативно пла-нирање. Процесот на партиципативно планирање се дефинира како процес во кој се вклучени сите засегнати чинители: индивидуалци, групи, организации и институции, како и нивната вк-лученост при донесувањето одлуки за прашања поврзани со развојот, во овој случај на опш-тината Македонски Брод.

Условите кои треба да се задоволат за да се примени пристапот за партиципативно плани-рање и кои беа исполнети во рамките на општината, се:

- подготвеност од страна на градоначалникот, советот на општината, локалната администрација, граѓанските организации и бизнис-секторот за да се спроведе пристапот на партиципативно планирање;

35

- транспарентност при спроведување на активностите на општината за време на планирањето;

- непристрасни односи помеѓу градоначалникот, администрацијата и другите чинители во однос на развојот на општината;

- навремено спроведување на активностите поврзани со партиципативното планирање.

Активности кои беа спроведени при процесот на партиципативно планирање во општината се:

- идектификување на релевантните чинители за развојот на општината преку директни контакти со локалната власт;

- спроведување на истражување и подготовка на студија за статусот на ранливите групи во општината;

- формални и неформални состаноци со релевантните лица и со претставници на различните групи и организации;

- користење подготвени документи и студии за состојбата во општината, како и усогласеност на дефинираните приоритетни области и стратешки цели на локално ниво со слични на национално ниво поврзани со развојот на регионот7;

- навремена и континуирана вклученост на сите засегнати чинители преку формирањето на Локалната лидерска група8 составена од претставниците од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор во општината (Локалната лидерска група помина низ циклус на обуки за планирање, спроведување и следење на партиципативните планови за развој);

- активна вклученост на сите засегнати чинители во сите фази на стратешкото планирање преку одредување на приоритетите за развој9 на општината со Локалната лидерска група, интервјуа со претставниците на релевантните институции и организации во општината, фокус-групи со сиромашните и ранливите групи на граѓани10;

- вклученост на граѓаните во процесот на партиципативно планирање преку организирање јавни дебати и дискусии, дисеминација на информации преку јавните медиуми и други форми за постигнување поголема граѓанска вклученост.

7 Анекс 4 – Листа на учесници во Локалната лидерска група на општина Македонски Брод8 Анекс 3 – Логичка рамка9 Анекс 1 – СВОТ (SWOT) анализа за општина Македонски Брод10 Анекс 1 – СВОТ (SWOT) анализа за општина Македонски Брод

36

1.2. Принципи за изработка и спроведување на стратешкиот план Локалната лидерска група ги потврди следните значајни принципи за подготовка и

спроведување на стратешкиот документ:

- законитост и прифатливост, со цел да се обезбеди спроведување на донесениот стратешки документ во согласност со македонското законодавство и општо јавно прифаќање од страна на локалното граѓанство;

- отвореност и недискриминација, со цел да се обезбеди извршување на обврските во корист на благосостојбата на граѓаните, без оглед на нивната национална, религиозна, родова или социјална припадност, како и на ранливите групи;

- инкорпорирање на пристапот базиран на човековите права и одржливост, со цел да се обезбеди квалитетен животен стандард на локалното граѓанство, како и за идните генерации;

- квалитет, со цел да се обезбедат вредни и долгорочно видливи резултати преку континуиран процес на градење на капацитетите;

- ефикасност и ефективност, со цел да се обезбеди најоптимално искористување на достапните ресурси;

- иновативност, креативност и динамичност, со цел да се обезбеди процес на учење и примена на случаите на добри практики, како и примена на аналитички методи во прибирање и обработка на релевантни информации;

- флексибилност и одговорност, со цел да се обезбеди подготвеност за благовремено пресретнување на потребите во одредени услови;

- професионализам и тимска работа, со цел да се обезбеди соодветно ниво на висококвалитетни стандарди за работење;

- почитување, разбирање и поддршка, со цел да се обезбедат професионални односи базирани на доверба и соработка помеѓу засегнатите чинители;

- слобода во изборот, со цел да се обезбеди сеопфатна вклученост во активностите на клучните чинители во постигнување на стратешките цели;

- партнерство и комуникација, со цел да се обезбеди ефикасна вклученост на сите партнери, чинители и граѓани;

37

- транспарентност и точност, со цел да се обезбеди отвореност при процесот на донесување одлуки и алокација на финансиските средства;

- контрола и следење, со цел да се обезбеди следење на спроведувањето на стратешкиот документ преку континуирана афирмација на неговата релевантност за локалниот развој;

- финансиска поддршка, со цел да се обезбеди соодветно финансирање на активностите од општинскиот буџет и другите достапни фондови;

- следење на спроведувањето на надворешните процеси, со цел да се обезбеди согледување на влијанието врз развојот во општината, како и тоа што може да ја загрози хармонизацијата на стратешкиот документ и надворешното опкружување.

Наведените принципи и вредности ќе бидат валидни во текот на спроведувањето на стра-тешкиот план, како и при следењето и оценката во постигнувањето на развојните цели за општината Македонски Брод.

Резултатите од процесот на партиципативно планирање се содржани во стратешкиот до-кумент насловен како „Стратешки план за развој на општината Македонски Брод“, кој ги дава насоките за одржлив развој на општината Македонски Брод во периодот од 2008 до 2013 го-дина.

1.3. Методологија на изработка на стратешкиот планВо изработката на стратешкиот план активно учествуваше Локалната лидерска група на

Општина Македонски Брод (Составот на групата е даден во Анекс 4). Оваа група беше соста-вена од припадници на трите сектори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис секторот, со што беше обезбедено учеството и придонесот на сите клучни фактори во изра-ботката на истиот.

Веднаш по формирањето на Локалната лидерска група во јуни 2007 година, нејзините чле-нови поминаа циклус од обуки за планирање засновано на Милениумските развојни цели. Членовите на локалната лидерска група од Македонски Брод учествуваа на три тридневни обуки на теми :

- Учество на граѓаните во процесите на планирање на локалниот развој,

38

- Спроведување и мониторинг на развојни планови и- Застапување и кампањи,

со што се зајакнаа нивните капацитети за иницирање, планирање и спроведување на раз-војни планови во заедницата.

Во подготовката на стратешкиот план за општина Македонски Брод учество имаше и Инс-титутот за човекови права Лудвиг Болцман, од Виена, Австрија (повеќе информации во прилог 5). Во рамките на нивниот проект во Р. Македонија Човековите права и намалување на сиро-маштијата, беа одржани три работилници со Локалната лидерска група на тема:

- Основни човекови права и меѓународна и национална правна рамка за човековите права,

- Концепт на родова еднаквост

- Принципите на локалниот развој, достапен за сите, .

Во изминатиов период се одвиваа интензивни консултации и комуникација со релевантни-те фактори од општина Македонски Брод со цел подобро идентификување на потребите на населението, можностите на општината и нивно спојување во планови за локален развој. Во рамките на процесот на планирање беше одржана една работилница, една тридневна рабо-тилница фацилитирана од страна на консултантот ангажиран од УНДП и локален фацилита-тор.

За време на работилницата се користеа методи на работа во групи, јавни дискусии, ме-тодот Метаплан. Беше изработена анализа на заинтересираните страни, како и анализа на ризици, со цел да се земат предвид сите надворешни и внатрешни фактори кои влијаат врз процесот на стратешкото планирање и имплементација на стратегијата, со цел приоритиза-ција на стратешките цели и дефинирање на стратешките акции за решавање на најгорливите проблеми со кои се соочува општината.

Овој пристап беше зајакнат со анлитичко размислување, како и визионерско гледање на општината во периодот од наредните пет години.

Локалната лидерска група, преку работилниците направи соодветна врска на областите на локално ниво, каде што е потребно интервенирање и кои треба да бидат посочени во стра-тешкиот план.

39

Милениумската декларација на Обединетите нации потпишана од Владата на Р. Македо-нија и Милениумските развојни цели, како и стратешките приоритети утврдени од страна на Владата на Р. Македонија преставуваа појдивна основа при дефинирањето на приоритетните области. Приоритетните области за развој на општината Демир капија беа утврдени врз осно-ва на дефинираните најгорливи проблеми на граѓаните, земајќи ги предвид и можностите за нивно решавање и секако пред се финансиските можности како резултат на тоа, Локалната лидерска група ги утврди следниве приоритетни области за локален развој на општина Маке-донски Брод.

1. Развој на инфраструктурата

2. Развој на локаната економија

3. Заштита на животната средина

4. Образование и здравство.

1.4. Структура на стратешкиот планСтратешкиот план за развој на општината Македонски Брод ги опфаќа анализата на состој-

бата во општината, приоритетните области и стратешки цели, како и акциите и активностите за постигнување на стратешките цели. За секоја стратешка цел дефинирани се показатели и средства за потврдување со цел да се обезбеди соодветно мерење на нивото на успешност при постигнување на самата цел. Исто така, дефинирани се релевантните чинители кои треба да се вклучат при спроведување на одредените активности. Детектирани се надворешните ризици кои можат да имаат одредено влијание при постигнување на стратешките цели и даде-ни се насоки за спроведување дополнителни активности кои би го отстраниле или ублажиле влијанието на надворешните ризици.

Структурата на стратешкиот документ за општината е врз основа на три новоа:

Ниво 1 – Идентификување приоритетни области за дејствување во општината врз основа на широк опфат, претставувајќи ги сеопфатните цели;

Ниво 2 – Идентификување неколку стратешки цели за секоја приоритетна област, претставувајќи ги специфичните цели;

40

Ниво 3 – Идентификување клучни акции планирани да се преземат со цел да се постигнат дефинираните стратешки цели;

Ниво 4 – Идентификување клучни активности планирани да се преземат со цел да се спроведат дефинираните акции.

41

2. СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

Стратешките приоритети и целите за развој на општина Македонски Брод беа утврдени од страна на Локалната лидерска група на стратешката работилница одржана во Струга на 10-12 април, 2008г.

Во текот на процесот, Локалната лидерска група ја утврди визијата на Општина Македонски Брод, приоритетните области за развој, стратешките цели, акциите и активностите кои треба да се преземат за постигнување на целите. При одредување на стратешките приоритети, цели, акции и активности се водеше сметка тие да бидат одговор на најгорливите проблеми на населението од општината Македонски Брод, да се во согласност со потребите и правата на ранливите групи граѓани и да се во согласнот со реалните можности ( материјални, човечки, финансиски) за нивно остварување.

2.1. Визија на Општина Македонски Брод Утврдувањето на визијата беше засновано на претходно изработената SWOT анализа на

Општината, а до утврдувањето на визијата беше дојдено преку употреба на методот на „бура на идеи“ со заедничко утврдување на клучните зборови кои треба да ги содржи визијата. Визијата, подоцна беше усогласена врз основа на извршената анализа на проблемите и утврдените приоритетни области за интервенција во Стратешкиот план.

Заеднички утврдената визија на Општината Македонски Брод во 2013 година гласи:

Општината Македонски Брод е „социјално-економски и културно развиена општина, отворена кон градот Скопје, со модерна регионална и локална инфраструктура, бре-ндирани еколошки здрави производи и враќање кон традиционалните вредности“.

42

Во нашата визија се поставени аспирациите за иднината и за тоа каква општина треба да биде Македонски Брод за да заземе важна улога во системот на децентрализација на Репуб-лика Македонија. Ние ги поставивме нашите високи стратешки цели, кон чие остварување и постигање на визијата на општината ќе работиме.

2. 2. Приоритетни области за стратешки развој на Општината за период од 2008-2013 годинаОпштината Македонски Брод спаѓа во редот на недоволно развиени општини чија популација

е претежно од повозрасната страросна група и голем степен на невработена активна работна сила. Општината изобилува со природни ресурси и реткости кои во основа не се алоцирани за поттикнување на локалниот економски развој. Релевантните чинители на локално ниво претставувани преку Локалната лидерска група, општината во која живеат ја гледаат како социјално-економски и културно развиена општина, отворена кон градот Скопје, со модерна регионална и локална инфраструктура, брендирани еколошки здрави производи и враќање кон традиционалните вредности. Во текот на работилницата за стратешко планирање одржана во Струга, од 10 до 12 април 2008 година, Локалната лидерска група ги дефинира следните главни приоритетни области за интервенција:

- развој на инфраструктурата;- развој на локалната економија;- заштита на животната средина; и,

- здравство и образование.

Дефинираните приоритетни области за интервенција произлегоа од претходно подготвената СВОТ (SWOT) анализа и тековните проблеми во општината, кои се подробно изнесени во поглавјето 1 – Анализа на тековната состојба во општината.

За подобрување на тековната состојба во оваа недоволно развиена општина, потребно е да се подобри регионалната патна поврзаност и локалната инфраструктура, да се подобрат условите за вработување и самовработување, да се јакнат капацитетите за промовирање и заштита на природните реткости и на животната средина и да се подобри пристапот до здравствени и образовни услуги во општината.

За успешно постигнување на поставените стратешки цели, потребно е да се обезбеди активно учество на сите чинители во спроведувањето на определените акции и активности.

43

2.2.1. ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 1 – Развој на инфраструктуратаВо текот на стратешката работилница, членовите на Локалната лидерска група како прва

приоритетна област го издвоија развојот на инфраструктурата. Беше истакнато дека за одржлив развој во општината потребно е да се спроведе целосно изградбата на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје, како и да се инвестира во изградба на локалната патна инфраструктура.

Притоа, беа истакнати следните проблеми поврзани со инфраструктурата: неизградениот регионален пат Скопје – Македонски Брод; недоизградената локална патна и комунална инфраструктура и слабата финансиска моќ за нејзина изградба; неуреденото централно градско подрачје; нерегулираното речно корито на реката Треска; слабата наплата на даноците на локално ниво; и, негрижата околу традиционалната инфраструктура.

Стратешки цели, акции и индикатори

Дефинирани стратешки цели кои ќе придонесат кон развој на инфраструктурата во општината Македонски Брод се:

1. Подобрување на патната инфраструктура во општината;2. Зголемување на приходите на општината преку зголемена посетеност, воспоставување секундарни услуги и урбанизација.

За да се постигне стратешката цел насочена кон подоборување на патната инфраструктура во општината, потребно е да се преземат следните акции за воспоставување придружна инфраструктура и изградба на потребната локална инфраструктура.

Акцијата воспоставување придружна туристичка инфраструктура потребно е да се спроведе преку следните активности: подготовка и реализација на проекти за придружна туристичка инфраструктура, обезбедување финансиски средства преку јавно-приватни партнерства и изведбени активности на објектите.

Акцијата изградба на потребната локална инфраструктура (патна и комунална) потребно е да се спроведе преку следните активности: иницијатива за изработка на проектна документација, финансирање преку јавно-приватни партнерства и изградба на локална инфраструктура во руралните средини (поставување електрична мрежа, фиксна телефонија, локални патишта и водоводна мрежа).

За да се постигне стратешката цел насочена кон зголемување на приходите на општината

44

преку зголемена посетеност, воспоставување секундарни услуги и урбанизација во општината, потребно е да се преземат следните акции за подобрување на условите за локален транспорт на патници и стоки и урбанизација на просторот во насока за зголемување на општинските приходи.

Акцијата подобрување на условите за локален транспорт на патници и стоки потребно е да се спроведе преку следните активности: организирање линиски превоз на патници Македонски Брод - Скопје; изградба на патни станици; снабдување со енергенси преку отворање дистрибутивен центар за локално снабдување; и, организирање транспорт по вода за стопански и туристички намени по реката Треска.

Акцијата урбанизација на просторот потребно е да се спреведе преку следните активности: ревизија на постојниот генерален урбанистички план и на деталните урбанистички планови, како и изработка на нови урбанистички планови; изработка на програми и планови за нивно финансирање; определување и воведување стимулативни даноци; промотивни активности за привлекување домашни и странски инвеститори (подготовка и дистрибуција на информации преку брошури, флаери, веб-страница и спот).

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставените стратешки цели се: изграден регионален пат Скопје и Македонски Брод, ревидиран основен проект, изградени придружни туристички објекти (10 угостителски и трговски објекти, 5 сместувачки капацитети, 4 туристички населби, 1 бензиска пумпа), број на подготвени проекти за поставување електрична мрежа, фиксна телефонија и водоводни мрежи; и, извештаи од реализирани буџети, намалување на патните трошоци за патници и транспорт на стоки за 30 %, изградени 700 викенд-локации и зголемување на приходите во општинскиот буџет за 20 %.

Вклучени чинители

Вклучени чинители во активностите насочени кон развој на инфраструктурата се: Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, градоначалникот и Советот на општината, Јавното комунално претпријатие, месните заедници и граѓанските организации.

Надворешни ризици

Надворешни ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: политички влијанија при реализација на активностите околу изградба на регионалниот пат Скопје – Македонски Брод, како и политички влијанија при донесување одлуки за релевантни

45

прашања во рамките на Советот на општината; недоволно обезбедени финансиски средства и недостапност до фондовите наменети за подобрување на локалната инфраструктура, поминување на трасата на регионалниот пат Скопје – Македонски Брод низ природниот резерват „Јасен“; неспроведување на Законот за просторно планирање; и, нетранспарентност при доделувањето локации и издавањето одобренија за градба.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се дејствува преку дополнителни активности насочени кон застапување за реализација на неколкудеценискиот проект за изградба на регионалниот пат Скопје – Македонски Брод, јакнење на капацитетите на локалната администрација за прибирање средства и нивно насочување за изградба на локалната патна и комунална инфраструктура, како и воспоставување механизам за контрола при доделување локации и издавање одобренија за градба.

2.2.2. ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 2 – Развој на локалната економијаВо текот на стратешката работилница, членовите на Локалната лидерска група како втора

приоритетна област го издвоија развојот на локалната економија. Беше истакнато дека за одржлив развој во општината е потребно да се подобрат условите и да се привлечат инвестиции за отпочнување мали и средни бизниси во насока на намалување на невработеноста.

Притоа, беа истакнати следните проблеми поврзани со нефункционирање на локалната економија: неразвиената индустрија; неискористеноста на локалните потенцијали; големиот процент на невработено население (34,8 % од активната работна сила на возраст од 15 до 64 години); нетранспарентното огласување слободни работни места и дискриминација при вработувањето; вработувањето на несоодветен кадар; незаинтересираниот бизнис-сектор; неприсуството на филијали на банки и немањето пристап до финансиски услуги; и, непосто-ењето на ветеринарна станица.

Стратешки цели, акции и индикатори

Дефинираните стратешки цели кои ќе придонесат кон развој на локалната економија во општината Македонски Брод се:

1. Подобрување на условите за воспоставување мали и средни претпријатија;

2. Подобрување на условите за вработување на ниво на општината.

За да се постигне стратешката цел насочена кон подобрување на условите за воспос-

46

тавување мали и средни претпријатија во општината, потребно е да се преземат следните акции за поддршка на младите фармери преку искористување на даночните олеснувања во првите две години и брендирање и промовирање карактеристични конкурентни производи на општината, како и нивни пласман.

Акцијата поддршка на младите фармери преку искористување на даночните олеснувања во првите две години потребно е да се спроведе преку следните активности: формирање и воспоставување локален регистaр на фармерите во општината; формирање одбор на коопе-ранти и здруженија; и, иницијатива за даночни олеснувања (поддршка во извршување адми-нистративни работи).

Акцијата брендирање и промовирање карактеристични конкурентни производи на општи-ната, како и нивни пласман, потребно е да се спроведе преку следните активности: подго-товка и поднесување документи за добивање бренд за карактеристични производи (костенов мед; поречко козјо сирење; и костени); публикување и дистрибуција на брендот и на пропаган-ден материјал (флаер и брошури); изработка на веб-страница; и, иницијатива за пласман на производите во и надвор од Република Македонија.

За да се постигне стратешката цел насочена кон подобрување на условите за врабо-тување на ниво на општината, потребно е да се преземе следната акција фокусирана кон придонес за зголемување на вработеноста на локално ниво.

За да се постигне акцијата придонес за зголемување на вработеноста на локално ниво, потребно е да се спроведат следните активности: преквалификација и доквалификација на активната невработена работна сила, стипендирање ученици и студенти и спроведување активни мерки за вработување и самовработување (искористување на можностите преку про-грамите на Агенцијата за вработување).

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставените стратешки цели се: реализирани 100-150 вработувања со што стапката на невработеноста да се намали за 8 до 10% на возраст од 25 до 40 години и почи-тување на родовата еднаквост и националната припадност; оформен локален регистар на фармери; извештаи од состаноците на одборот на кооперативи; број на членови на одборот на кооперативи; број на регистрирани кооперативи; подготвена документација за добивање бренд; број на публикувани копии бренд (10.000 примероци); број на копии на подготвен про-паганден материјал (10.000 копии на македонски јазик и 5.000 копии на англиски јазик); ажури-рана веб-страница на интернет; и, извештаи од реализирани буџети.

47

Вклучени чинители

Вклучени чинители во активностите насочени кон развој на локалната економија се: ло-калната самоуправа, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, Федерацијата на фармерите на Република Македонија и локалните граѓански организации.

Надворешни ризици

Надворешни ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: политички влијанија при донесување одлуки за релевантни прашања во рамките на Со-ветот на општината; незаинтересираност на локалното население за покренување и воспос-тавување мали и средни претпријатија, немање финансиски средства за набавка на скапата технолошка опрема и механизација; и, недоволно информации за промени во релевантната законска регулатива.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се де-јствува преку дополнителни активности насочени кон јакнење на капацитетите на локалното граѓанство за воспоставување мали бизниси, следење на информациите и искористување на можностите за добивање субвенции за набавка на потребната технолошка опрема и ме-ханизација, како и следење на промените во законската регулатива поврзани за локалниот економски развој и земјоделството.

2.2.3. ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 3 – Заштита на животната срединаВо текот на стратешката работилница, членовите на Локалната лидерска група како тре-

та приоритетна област ја издвоија заштитата на животната средина. Беше истакнато дека и покрај подготвениот Локален акциски план за животната средина за општината Македонски Брод, од посебна важност е неговото спроведување коешто може да придонесе индиректно кон одржлив развој.

Притоа, беа истакнати следните проблеми поврзани со животната средина: ниската еко-лошка свест помеѓу локалното население и појава на мали депонии.

Стратешки цели, акции и индикатори

Дефинираните стратешки цели кои ќе придонесат кон заштита на животната средина во општината Македонски Брод се:

48

1. Намалување на загаденоста од цврст отпад;

2. Јакнење на капацитетите за заштита на природните реткости.

За да се постигне стратешката цел насочена кон намалување на загаденоста од цврсти-от отпад, во општината потребно е да се преземат следните акции за намалување на дивите депонии.

Акцијата намалување на дивите депонии потребно е да се спроведе преку следните ак-тивности: изработка на проектна документација за одредување локација за централна де-понија и започнување активности за нејзино функционирање; селектирање и рециклирање на отпадот; и, јакнење на свеста на локалното население преку трибини и јавни дебати, како и дисеминација на пропаганден материјал.

За да се постигне стратешката цел насочена кон јакнење на капацитетите за заштита на природните реткости во општината, потребно е да се преземат следните акции за намалу-вање на уништувањето на шумскиот фонд и јакнење на еколошката свест на граѓаните.

Акцијата намалување на уништувањето на шумскиот фонд потребно е да се спроведе преку следните активности: акции за спречување диви сечи и непланско сечење; акции за пошумување; и, јакнење на свеста на луѓето за значењето на шумите - природен филтер на воздухот и уништување од пожари.

Акцијата јакнење на еколошката свест на граѓаните потребно е да се спроведе преку след-ните активности: публикување и дистрибуција на печатен материјал; формирање еколошки секции; одржување јавни дебати и еколошки часови; и, организирање екоакции.

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставените стратешки цели се: проект за централна депонија; собрано и транспортирано количество отпад; број на намалени диви депонии; број на засаден шумски фонд; број на регистрирани случаи на нелегална сеча на шуми и нивно санкционирање; нама-лен број на пожари; број на одржани предавања во врска со подигање на еколошката свест кај граѓаните; број на нови членови во еколошкото друштво и еколошките секции; и, процент на граѓани задоволни од чистотата на општината.

Вклучени чинители

Вклучени чинители во активностите насочени кон заштита на животната средина се: Јав-ното комунално претпријатие, Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Еколошкото друштво

49

„Треска“, Шумската полиција, Министерството за внатрешни работи, Министерството за жи-вотна средина и просторно планирање, Советот на општината, училиштата и медиумите.

Надворешни ризици

Надворешните ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: ризикот при избор на локација за централна депонија; неприфаќањето од страна на граѓа-ните селекцијата на отпадот; недоволниот број на транспортни возила за собирање и транс-порт на отпадот; ризикот од пожари и временски сушни периоди; невниманието и незаинте-ресираноста на граѓаните; немобилноста на чуварската служба; и, големата територијална површина на општината.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се дејс-твува преку дополнителни активности насочени кон јакнење на свеста на граѓаните за користа од заштита на животната средина, влијание врз донесувањето одлука за лоцирање регионал-на депонија и локална депонија и искористување можности за влез на инвестиции од областа за рециклирање на отпадот и пласман на производите од рециклираниот отпад.

2.2.3. ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ 4 - Здравство и образованиеВо текот на стратешката работилница, членовите на Локалната лидерска група како чет-

врта приоритетна област ги издвоија здравството и образованието. Беше истакнато дека за одржлив развој во општината е потребно да се преземат мерки за подобрување на состојбата во здравството, образованието, културата и спортот.

Притоа, беа истакнати следните проблеми поврзани со здравството и социо-културната сфера: намалениот наталитет на населението што води до стареење на локалното населе-ние; немањето можности на соодветен пристап до здравствените услуги; недоволната едуци-раност на локалното население за информатичката технологија; непостоењето грижа за кул-турното наследство и природните реткости; незаинтересираноста на населението да членува во граѓански организации; и, непостоењето локален медиум.

Стратешки цели, акции и индикатори

Дефинираните стратешки цели кои ќе придонесат кон подобрување на здравствената и социо-културната состојба во општината Македонски Брод се:

1. Подобрување на пристапот до примарна здравствена заштита;2. Подобрување на условите во образованието и културата во општината.

50

За да се постигне стратешката цел насочена кон подобрување на пристапот до примарна здравствена заштита во општината, потребно е да се преземе следната акција фокусирана кон функционирање мобилни здравствени тимови.

Акцијата функционирање мобилни здравствени тимови потребно е да се спроведе преку следните активности: формирање мобилни лекарски екипи; поставување служба за прва помош; набавка на медицински возила и опрема; и, спроведување континуирани посети на селата.

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставената стратешка цел се: две мобилни амбулантни возила; три ле-карски тима; број на регистрирани лекарски прегледи (интервенции); и, зголемен степен на задоволни пациенти и граѓани.

Вклучени чинители во активностите насочени кон подобрување на условите за пристап до здравствените услуги се: Министерството за здравство, Здравствениот дом, локалната само-управа, граѓанските организации и донатори.

Надворешните ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: новонастаната состојба во здравствениот систем поврзана со приватизацијата, сиромаш-ното рурално и старо население, неповолната конфигурација на земјиштето за регуларни по-сети и посебната одредба дека за мал број на население и голема територија на општината не е потребно воведување прва медицинска помош.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се де-јствува преку дополнителни активности насочени кон искористување на можностите за вове-дување субвенции за општите лекари кои отвораат ординации од примарната здравствена заштита во руралните средини, како и подготовка и поднесување апликации за поддршка на примарната здравствена заштита до присутните донатори во земјата.

За да се постигне стратешката цел насочена кон подобрување на условите во образова-нието и културата во општината, потребно е да се преземат следните акции за обезбедување можности за пристап до информатичката технологија, формирање спортски клубови за мали спортови и промовирање и заштита на културното богатство во сите негови сегменти.

Акцијата обезбедување можности за пристап до информатичката технологија во руралните средини потребно е да се спроведе преку следните активности: опремување 3 компјутерски училници во 3 основни училиштата во 3 села; и, едукација за основни компјутерски вештини.

51

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставената стратешка цел се: опремени 3 училници со по 15 комјутери (45 компјутери) во 3 основни училишта во 3 села; број на спроведени едукативни часови за ком-пјутерски вештини; и, број на учесници на курсевите за основни информатички/ компјутерски вештини.

Вклучени чинители во активностите насочени кон подобрување на условите за пристап до информатичката технологија се: Министерството за образование и наука, локалната само-управа, училиштата, граѓанските организации и донатори.

Надворешните ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: незаинтересираноста на локалното население за посета на едукативните курсеви и брзите промени во компјутерската технологија.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се де-јствува преку дополнителни активности насочени кон јакнење на свеста на локалното насе-ление за користа од познавањето на основните компјутерски вештини, како и подготовка и поднесување апликации за поддршка во опремувањето на компјутерските училници до при-сутните донатори во земјата.

Акцијата формирање спортски клубови за мали спортови потребно е да се спроведе преку следните активности: изградба на спортска сала за мали спортови; формирање спортски клубови; и, одржување натревари за мали спортови на локално и на регионално ниво.

Вклучени чинители во активностите насочени кон подобрување на условите во спортот се: Агенцијата за спорт и млади, училиштата, приватните претпријатија, граѓанските организа-ции и локалното население.

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставената стратешка цел се: број на одржани спортски настани; број на посетители; и, приходи остварени од спортски настани.

Надворешните ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: незаинтересираноста на локалното население за спорт и рекреација и посетата на спорт-ските натпревари.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се де-јствува преку дополнителни активности насочени јакнење на свеста на граѓаните за личните придобивки од спортување и искористување на можностите за планинарење и велосипеди-зам, како и водните спортови.

52

Акцијата промовирање и заштита на културното богатство во сите негови сегменти пот-ребно е да се спроведе преку следните активности: промовирање на традиционалното кул-турно наследство (кули и народни носии) и архитектура; отворање културен музеј „Порече“ и етнолошки музеј „Сарај за заштита на културното богатство“; и, заштита на поречките специја-литети (притурано, ошмари и пастрмка).

Вклучени чинители во активностите насочени кон културата и традицијата се: Минис-терство за култура, локалната самоуправа и граѓанските организации.

Индикатори кои треба да го потврдат успешното спроведување на активностите, како и постигнување на поставената стратешка цел се: број на групни или индивидуални посети во музеите; број на продадени влезници и експонати; и, остварен приход од двата музеја.

Надворешните ризици кои треба да се имаат предвид при спроведување на активностите се: спротиставените мислења на надлежните во Министерството за култура и незаинтереси-раноста на туристичките агенции за вклопување на Македонски Брод во нивните туристички тури.

Влијанието на надворешните ризици треба навреме да се согледа и соодветно да се дејс-твува преку дополнителни активности насочени лобирање на релевантните чинители во Ми-нистерството за култура и искористување на можностите за развивање планински, селски и спелеолошки туризам.

53

3. СПРОВЕДУВАЊЕ, МОНИТОРИНГ, ЕВАЛУАЦИЈА И РЕВИЗИЈА НА СТРАТЕШКИОТ ПЛАН

Стратешкото планирање е динамичен процес, кој бара константно ревидирање и адап-тација. Со процесот на децентрализација на општината ваквата потреба станува поакутна. Консеквентно, мониторингот и евалуацијата на имплементацијата на стратегијата ќе се спро-ведува врз редовна основа, преку соодветни механизми развиени од страна на општината. Во зависност од резултатите на постојаниот мониторинг и евалуација може да се појави потреба од транформација, со цел постигање на овдепоставената визија на општината.

54

Спроведувањето на стратешкиот план на Оп-штина Македонски Брод е обврска на сите реле-вантни фактори во опш-тината. Сепак, најголема одговорност за неговото спроведување имаат Ло-калната лидерска група и ЕЛС. Одговорноста за неговото спроведу-вање кај ЕЛС, поточно општинската админист-рација лежи поради фи-нансиските средства и другите инструменти со кои располага таа. Име-но, во процесот на спроведување на стратешкиот план, ќе се јави потреба од усогласувањето на хиерархиски пониско поставените планови, програми и проекти на општинската админист-

рација, бизнис и граѓански-от сектор со стратешкиот план, кои треба да бидат направени, во мера во која е тоа можно, од страна на Локалната лидерска група.

Мониторингот на спро-ведувањето на стратешки-от план ќе биде задача на Локалната лидерска група која ќе се состанува на го-дишна основа заради ана-лиза на индикаторите од спроведувањето на стра-тешкиот план. Неговото

55

спроведување ќе биде мерено на сите нивоа на спроведување за кои се утврдени индика-торите, поточно на нивоата на стратешките цели и акциите. Обврската за надгледување на Локалната лидерска група произлегува од следниве факти:

� Локалната лидерска група, составена од клучните фактори во Општина Македонски Брод, беше клучното тело ангажирано во процесот изработка на стратешкиот план на Општината;

� Локалните власти и општинската администрација, кои се вклучени во Локалната лидерска група, се тие кои имаат најмногу влијание на спроведувањето на стратешкиот план.

Врз основа на индикаторите, годишно ќе бидат направени соодветните прилагодувања, доколку Локалната лидерска група одлучи дека таквите прилагодувања се нужни. Овој про-цес ќе биде повторуван секоја година. На истекот на четвртата година, по редовната годишна анализа и евентуалното прилагодување на стратешкиот план, Локалната лидерска група ќе го отпочне процесот на стратешко планирање за следниот пет годишен период.

56

Анекс 1 – Логичка рамкаПриоритетна област 1 – Развој на инфраструктурата

Стратешка цел Акција Активности Индикатори Извори за потврдување

1. Подобрување на инфраструктурата во општината

1.1. Воспоставување придружна туристичка инфраструктура

1.1.1. Подготовка и реализација на проекти за придружна туристичка инфраструктура

1.1.2. Изведбени активности на објектите 1.1.3. Обезбедување финансиски средства преку јавно-приватни партнерства

Број на изградени придружни туристички објекти

Број на иницијативиСобрани финансиски средства

Ревидиран основен проект и проектна документација во локалната самоуправаИзвештаи во локалната самоуправа

1.2. Изградба на потребната локална инфраструктура

1.2.1. Иницијатива за изработка на проектна документација, финансирање преку јавно-приватни партнерства и изградба на локална инфраструктура во руралните средини (поставување електрична мрежа, фиксна телефонија, локални патишта и водоводна мрежа)

Број на преземени јавно-приватни иницијативи за финансирањеБрој на реализирани проекти за поставување електрична мрежа, фиксна телефонија и водоводна мрежаБрој на километри на асфалтирана локална патна мрежа

Ревидиран основен проект, проектна документација и извештаи во локалната самоуправа

57

Стратешка цел Акција Активности Индикатори Извори за потврдување

2. Зголемување на приходите на општината преку зголемена посетеност, воспоставување секундарни услуги и урбанизација

2.1. Подобрување на условите за локален транспорт на патници и стоки

2.1.1. Организирање линиски превоз на патници Македонски Брод - Скопје

2.1.2. Изградба на патни станици; снабдување со енергенси преку отворање дистрибутивен центар за локално снабдување2.1.3. Организирање транспорт по вода за стопански и туристички намени по реката Треска

Намалување на патните трошоци за патници и транспорт на стоки за 30 %Број на патни станициКоличество на енергенси

Број на патници по родБрој на посети

Патна листа и извештаи во Јавното сообраќајно претпријатиеПроектна документација во локалната самоуправаИзвештаи во локалната самоуправа

2.2. Урбанизација на просторот во насока за зголемување на општинските приходи

2.2.1. Ревизија на постојниот Генерален урбанистички план и на деталните урбанистички планови, како и изработка на нови урбанистички планови2.2.2. Изработка на програми и планови за нивно финансирање; определување и воведување стимулативни даноци2.2.3. Промотивни активности за привлекување домашни и странски инвеститори (подготовка и дистрибуција на информации преку брошури, флаери, веб-страница и спот)

Број на изградени викенд-локации

Број на иницијативи за воведување стимулативни даноциЗголемување на приходите во општинскиот буџет за 20%Број на копии на промотивни материјалиБрој на посети на веб-страницата

Ревидиран основен проект и проектна документација во локалната самоуправаИзвештаи во локалната самоуправа

Пропаганден материјал, наративни и финансиски извештаи во локалната самоуправа

58

Приоритетна област 2 – Развој на локалната економија

Стратешка цел Акција Активности Индикатори Извори за потврдување

1. Подобрување на условите за воспоставување мали и средни претпријатија

1.1. Поддршка на младите фармери за воспоставување кооперативи преку искористување на даночните олеснувања во првите две години

1.1.1. Формирање и воспоставување локален регистер на фармери/претприемачи во општината

1.1.2. Формирање одбор на кооперанти и здруженија

1.1.3. Иницијатива за даночни олеснувања (поддршка во извршување административни работи)

Број на регистрирани фармери/ претприемачи распределени по род и возрастБрој на одржани средбиБрој на членови на одборот на кооперативи распределени по род и возрастБрој на регистрирани кооперативиБрој на поднесени пријави за даночни олеснувања

Оформен локален регистар на фармери

Извештаи од состаноците на одборот на кооперативи

Извештаи во локалната самоуправа, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Федерацијата на фармерите на Република Македонија

1.2. Брендирање и промовирање карактеристични конкурентни производи на општината и нивни пласман

1.1.1. Подготовка и поднесување документи за добивање бренд за карактеристични производи (костенов мед; поречко козјо сирење; и, костени)1.1.2. Публикување и дистрибуција на брендот публикување и дистрибуција на пропаганден материјал (флаер и брошури)

1.1.3. Изработка на веб-страница

1.1.4. Иницијатива за пласман на производите во и надвор од Република Македонија

Број и карактеристики на конкурентните производи

Број на публикувани копии-брендБрој и структура на целната група на дисеминирани материјалиБрој на посети на веб-страницатаКоличество за пласман на конкуретните производи

Подготвена документација за добивање бренд

Пропаганден материјал и извештаи во локалната самоуправа и граѓанските организации

Ажурирана веб-страница од локалната самоуправаИзвештаи во оформениот локален регистар

2. Подобрување на условите за вработување на ниво на општината

2.1. Иницијативи за зголемување на вработеноста на локално ниво

2.1.1. Преквалификација и доквалификација на активната невработена работна сила2.1.2. Спроведување активни мерки за вработување и самовработување (искористување на можностите преку програмите на Агенцијата за вработување)

2.1.3. Стипендирање на ученици и студенти

Реализирани вработувања со што стапката на невработеност да се намали од 8 до 10 % на возраст од 25 до 40 години и почитување на еднаквите можности за жените и мажите при вработувањеБрој на стипендирани ученици и студенти по род

Квартални извештаи во Агенција за вработување

Ивештаи во локалната самоуправа, претријатијата и приватните лица

59

Приоритетна област 3 – Заштита на животната средина

Стратешка цел Акција Активности Индикатори Извори за

потврдување1. Намалување на загаденоста од цврст отпад

1.1. Намалување на дивите депонии

1.1.1. Изработка на проектна документација за одредување локација за централна депонија и започнување активности за нејзино функционирање1.1.2. Селектирање и рециклирање на отпадот

1.1.3. Јакнење на свеста на локалното население преку трибини и јавни дебати, како и дисеминација на пропаганден материјал

Површина на централната депонијаБрој на намалени диви депонииСобрано и транспортирано количество отпадБрој на одржани едукативни настаниБрој на копии на пропаганден материјал

Проект за централна депонија во локалната самоуправаИзвештаи во Еколошкото друштво „Треска“, локалната самоуправа и Јавното комунално претпријатие

2. Јакнење на капацитетите за заштита на природните реткости

2.1. Зголемување на шумскиот фонд

2.1.1. Акции за спречување диви сечи и непланско сечење

2.1.2. Акции за пошумување

2.1.3. Јакнење на свеста на луѓето за значењето на шумите - природен филтер на воздухот и уништување од пожари

Број на регистрирани случаи на нелегална сеча на шуми и нивно санкционирање

Број на засаден шумски фонд и негова структура

Број на одржани едукативни настаниБрој на учесници распределени по родНамален број на пожари на годишно ниво

Извештаи во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Еколошко друштво „Треска“ и шумска полиција

2.2. Јакнење на еколошката свест помеѓу локалното граѓанство

2.2.1. Публикување и дистрибуција на печатен материјал2.2.2. Формирање еколошки секции

2.2.3. Одржување јавни дебати и еколошки часови

2.2.4. Организирање екоакции

Број на копии на пропаганден материјалБрој на нови членови во еколошкото друштво и еколошките секции распределени по род и возрастБрој на одржани предавања во врска со подигање на еколошката свест кај граѓаните со опфатеност по род и возрастБрој на одржани екоакцииПроцент на граѓани задоволни од чистотата на општината

Извештаи во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Еколошко друштво „Треска“

60

Приоритетна област 4 – Здравство и образование

Стратешка цел Акција Активности Индикатори Извори за

потврдување1. Подобрување на пристапот до примарна здравствена заштита

1.1. Воспоставување мобилни здравствени тимови

1.1.1. Набавка на медицински возила и опрема 1.1.2. Формирање мобилни лекарски екипи 1.1.3. Поставување служба за прва помош1.1.4. Спроведување континуирани посети на селата1.1.5. Спроведување на анкета за испитување на степенот на задоволство

2 мобилни амбулантни возила3 лекарски тимаБрој на регистрирани лекарски прегледи (интервенции) распределени по род и возрастСтепен на задоволни граѓани со распределност по одредени населени места

Извештаи во здравствениот дом и граѓанските организации

2. Подобрување на образованието и културата во општината

2.1. Обезбедување можности за пристап до информатичката технологија во руралните средини

2.1.1. Опремување на 3 компјутерски училници во 3 основни училиштата во 3 села2.1.2. Едукација за основни компјутерски вештини

Опремени 3 училници со по 15 комјутери (45 компјутери) во 3 основни училишта во 3 селаБрој на спроведени едукативни часови за компјутерски вештиниБрој на учесници на курсевите за основни компјутерски вештини по род

Извештаи во основните училишта и граѓанските организации

2.2. Формирање спортски клубови за мали спортови (нова сала)

2.2.1. Изградба на спортска сала за мали спортови2.2.2. Формирање спортски клубови2.2.3. Одржување натпревари за мали спортови на локално и на регионално ниво

Сума на финансиски средства за изградба на спортска салаБрој на членови во спортските клубовиБрој на одржани спортски настаниБрој на посетители по родПриходи остварени од спортски настани

Урбанистичка документација во локалната самоуправаИзвештаи во Агенцијата за спорт и млади, училиштата и граѓанските организации

2.3. Промовирање и заштита на културното богатство во сите негови сегменти

2.3.1. Промовирање на традиционалното културно наследство (кули, народни носии и архитектура)2.3.2. Отворање културен музеј „Порече“ и етнолошки музеј „Сарај за заштита на културното богатство“2.3.3. Активности за заштита на поречките специјалитети (притурано, ошмари и пастрмка)

Број на копии на пропаганден материјалБрој на групни или индивидуални посети во музеите и општинатаБрој на продадени влезници и експонатиОстварен приход од двата музејаБрој на иницијативи за промовирање на поречките специјалитети

Пропаганден материјал и извештаи во Министерство за култура, локалната самоуправа и граѓанските организации

61

Анекс 2 – СВОТ (SWOT) анализа за општината Македонски Брод

Силни страни (Strengths) Слаби страни (Weaknesses)

• Расположливост со водни ресурси;• Чиста и незагадена животна средина;• Расположливост и изобилство со квалитетни природни

ресурси, убавини и потенцијали;• Одлична релјефна конфигурација и богатство со шуми;• Расположлива високостручна невработена активна

работна сила.

• Немање капацитети и едуцираност во општината кои би се занимавале со одржување и промоција на природните реткости, традиционалните вредности и чистата незагадена околина;

• Недоволна вклученост и иницијативи на населението во тековите на локално ниво, од социјален и културен аспект;

• Недоволна информираност на локалното население за концептот за почитување на човековите права и намалување на сиромаштијата;

• Недоволна покриеност со урбанистички планови и појава на дивоградби;

• Непостоење локална патна и комунална инфраструктура;• Нерамномерен развој во рамките на општината.

Можности (Opportunities) Закани (Threats)

• Капацитети за развивање екотуризам и спортско-спелеолошки туризам;

• Капацитети за развивање производство на здрава храна и изградба на фарми;

• Достапен хидропотенцијал за полнење вода за пиење и нејзин пласман, наводнување, рибници и мали хидроцентрали;

• Граѓанска мотивираност за унапредување на состојбата со човековите права во општината;

• Соработка со надворешни консултантски фирми за прилив на инвестиции и фондови во општината;

• Иницијатива за прогласување споменици на природата и традиционалните културни вредности, како и стопанисување со нив.

• Нерегулираност на регионалната патна инфраструктура со Скопје;

• Миграција на локалното население, особено на младата работна сила во другите поразвиени општини и градот Скопје, што индиректно продуцира со стареење и осиромашување на локалното население;

• Недостаток на финансиски средства за изградба на патна и комунална инфраструктура;

• Постоење диви депонии и неконтролирано сечење на шумите;

• Загадување на реката Треска од општините во нејзиното сливно подрачје;

• Непланско искористување на земјиштето.

СВОТ (SWOT) анализата е користена за да се утврди односот меѓу влијанијата од опкружувањето и основните надлежности, а оттука и утврдувањето на приоритетните области на дејствување и стратешките цели. Таа во основа е анализа на внатрешните предности и слабости на општината, како и можностите и заканите кои доаѓаат однадвор. При процесот на подготовка на стратешкиот документ, силните страни и можностите се гледани како предности на општината за да се отстранат или ублажат негативните влијанија на слабите страни и заканите.

62

Анекс 3 - Анализа и согледувања на постојните документи

Во текот на процесот на подготовка на Стратешкиот план за одржлив развој на општината Македонски Брод, беше направена анализа од страна консултантот на постојната стратешка документација од посебна важност за развојот на општината и согледувањата во истата се делумно инкорпорирани во овој план.

Предмет на анализа беа следните документи:

� Подготвениот Локален еколошки план (ЛЕАП) во текот на втората половина на 2007 година е во насока на донесување стратешки и плански документ кој ќе придонесе за воспоставување основа за унапредување на состојбите со животната средина во општината и нејзина заштита. Овој стратешки документ содржи план на активности и мерки со фокус на временскиот период 2008-2014 година, со главна цел за идентификување на состојбата со животната средина во сите тематски области (урбан развој, воздух, вода, отпад, бучава, почва, земјиште и природа) и иницирање процес за учество на јавноста во неговата подготовка и понатамошно спроведување. ЛЕАП е подготвен од страна на Консултантскиот тим на Технолаб ДОО Скопје во соработка со локалната самоуправа, а активностите за негова подготовка се финансиски поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање.

� Локалната самоуправа има подготвено „Програма за урбанистичко планирање на територијата на општината Македонски Брод“ во која е дадена динамиката на ревидирање на постоечките урбанистички планови и листа на површини и населени места за кои треба да се подготваат нови планови. Од просторно-планската и урбанистичка документација за подрачјето на општината изготвен е Просторен план во 1986 година во кој се влезени општините Самоков и Пласница, Генерален урбанистички план во 1998 година, детални урбанистички планови за поголемите локации, урбанистичка документација за одредени населби и општи акти за Македонски Брод во 1997 година и за Самоков во 1998 година. Донесената урбанистичка документација се применува многу долго поради скапата и сложена процедура за измени и дополнувања.

� Истражувачката асоцијација Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман (BIM-FV) го има подготвено Нацрт-извештајот за сиромаштијата и состојбата со ранливите групи преку теренското истражување реализирано на територијата на Македонски Брод

63

64

во септември 2008 година. Истражувањето беше насочено кон препознање на состојбата на ранливите групи во поглед на пристапот до локалните услуги и причините за нивната ранливост во општината, како и давање насоки за подобрување на нивната состојба преку преземање конкретни мерки за намалување на нивната ранливост. Резимираните информации во нацрт-извештајот се квалитативен приказ за состојбата со човековите права во општината и се основа за поддршка на планирањето и спроведувањето на локални развојни програми во општината.

65

Анекс 4 – Листа на вклучени чинители во подготовката на стратешкиот план

Листа на членовите на Локалната лидерска група во општината Македонски Брод:• Координатор на Локалната лидерска група:

- Зоран Новески – Локална самуправа;• Претставници од локалната самоуправа и релевантните јавни институции: - Славе Ѓурчиноски – Локална самоуправа - Павлина Здравеска – Локална самоуправа - Јованка Стојаноска – Локална самоуправа - Зоре Ѓорески – Локална самоуправа - Добре Смилески – Подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Левко Смилески – Агенција за поттикнување и развој на земјоделството - Мирјана Меноска – Агенција за вработување - Гоце Милески – СОУ „Св. Наум Охридски“ - Милисав Димоски – ОУ „Климент Охридски“ -Елена Новеска – ОУ „Климент Охридски“ - Гордана Милошеска – Детска градинка „7. септември“

• Претставници од локалната бизнис-заедница: - Максим Грозданоски – Хотел „Поречки бисер“ – Самоков - Драган Ѓурчиноски – Приватно претпријатие „Рудпроинг - Мустакас“ - Рацко Златески – Приватно претпријатие „Омега ТП“ - Стојанче Петрески – Приватно претпријатие „Техноопрема - СД“

• Претставници од локалните граѓански организации: - Милена Стојческа – НВО „Фармер“ - Дејан Петкоски – Општински синдикат

66

- Рате Савев – Еколошко друштво „Треска“ - Ленче Радеска – Здружение на жените „Луна“ - Снежана Стојкоска – Здружение на жените „Луна“

• Претставници од локалното невработено население: - Билјана Лолеска – менаџер по туризам - Милка Стаменкоска – невработено лице - Жарко Блажески – невработено лице - Миљан Маркоски – дипломиран новинар - Марјан Дамјаноски – дипломиран економист

• Други лица вклучени во процесот на стратешко планиарање (коориднација, обуки и консултации): - Гордана Тренкоска – консултант од УНДП - Сенад Бекир – кофасилитатор - Тања Ѓуровска - обучувач - Татјана Андреевска – обучувач - Катица Апостоловска – обучувач - Радица Митревска – обучувач - Ленче Христова – обучувач - Славе Георгиев - обучувач - Лилјана Алчева – менаџер на проекти во УНДП - Анета Дамјановска – асистент на проекти во УНДП- Виолета Маџова, Виш советник, СНВ- Нехат Рамадани, Виш советник, СНВ- Филипо Унтерхофер, Менаџер на проект, БИМ- Нинослав Младеновиќ, Експерт за човекови права, БИМ- Исмаиљ Љума - ЗЕЛС- Виолета Маџова - СНВ- Нехат Рамадани - СНВ

67

Анекс 5 – Проектот на БИМ - ФВ (BIM – FV) во Македонија

I. Преглед на проектот на БИМ - ФВ (BIM - FV)за човекови права и намалување на сиромаштијата во Македонија Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман БИМ - ФВ (BIM - FV) е основан во 1992

година како асоцијација која работи на промовирање истражувања од страна на Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман (BIM - FV), кој е независен истражувачки, обучувачки и советодавен институт под мрежата на Заедницата Лудвиг Болтцман.

Примарен фокус на БИМ е истражување за човековите права, на национално, на европско и на меѓународно ниво. БИМ е исто така вклучен во учењето и обуката за човековите права и членовите на неговиот персонал често дејствуваат како консултанти и обучувачи за австриските и за други власти на полето на човековите права, владеењето на правото и демократијата. Дополнително, БИМ често е запрашан за коментар и давање совет во донесувањето одредена законска рамка, оттаму е и обезбедувањето и релацијата на соработка помеѓу академската заедница и практичарите. Поради тоа, значаен дел од работата е посветен на фундаментално емпириско истражување во текот на спроведувањето на проектот. Преку соработка со меѓународните и националните институции и невладини организации (НВО), БИМ настојува да обезбеди релевантни студии, анализи и податоци за прашањата поврзани со човековите права во обалстите, како што се: меѓународното право, политиката, образованието и медиумите.

Помеѓу неколкуте други проекти, БИМ - ФВ (BIM - FV) го води Центарот за политика со фокус на човековите права и граѓанското образование во училиштата и служи како Национално лице за контакт во рамките на Мрежата за борба против расизмот и ксенофобијата РАКСЕН (RAXEN), известувајќи на Европскиот центар за недгледување расизам и ксенофобија ЕУМЦ (EUMC).

Главен фокус на активностите на БИМ во Македонија е спроведување на проектот „Човекови права и намалување на сиромаштијата во Македонија“, финансиран од страна на Австриската развојна соработка преку воведување на Принципите и водичите за пристап заснован врз човековите права во стратегиите за намалување на сиромаштијата11 на УН ОХЦХР (UN OHCHR). Генерална проектна цел е спроведување пристап базиран на човековите

11 ООН, канцеларија на Високиот комесаријат за човекови права, Принципи и водичи за пристап врз основа на човековите права во однос на стратегиите за намалување на сиромаштијата [HR/PUB/06/12], Женева, Швајцарија: Организација на Обединети нации, канцеларија на Високиот комесаријат за човекови права, 2006, в. страна 49.

68

права ХРБА (HRBA) при намалување на сиромаштијата и поддршка во создавање стратегии врз основа на МРЦ за социјален и економски развој на национално и на локално ниво.

Во 2005 година Македонија официјално се здоби со статус на земја кандидат за пристапување кон ЕУ. Оттогаш, комплексниот процес на подготовки за пристапување кон ЕУ доби поголема политичка нитка и прозорец на можности за спроведување на ХРБА. Преку истиот проект, БИМ учествува во елаборирање на т.н. Заеднички меморандум за вклученост ЈИМ (JIM) – стратешки документ кој се однесува на главните предизвици и политички мерки поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост, којшто македонската влада (преку Министерството за труд и социјална политика) е обврзана да го прифати. Улогата на БИМ е да го зајакне учеството на граѓанското општество со обезбедување соодветна експертиза за специфичните дискусии на фокус-групите кои се распространети на национално ниво, поддршка на процесот на прибирање податоци на локално и на национално ниво, како и предлагање препораки, механизми и индикатори за мерење на намалувањето на сиромаштијата и поголема социјална вклученост преку нивно дефинирање заедно со релевантните чинители и користење примери од страна на другите земји членки на ЕУ.

На локално ниво, БИМ спроведува развојни активности на ХРБ во 7 одбрани општини (Струмица, Неготино, Гостивар, Брвеница, Македонски Брод, Демир Капија и Росоман) насочени кон јакнење на капацитетите на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и другите релевантни чинители со цел вклучување на ранливите сиромашните луѓе во елаборирањето на стратегиите за локален развој, примарно преку:

• Елаборирање основна студија за сиромаштија во избраните општини;

• Елаборирање комплет на алатки во корист на УНДП;

• Организирање обуки и работилници за елаборираните алатки;

• Организирање групи за дискусии со млади ПДГ (PDG) со претставниците на најмаргинализираните социјални групи; и,

• Финансирање микропроекти со цел обезбедување на спроведување на ХРБА во елаборирањето на локалните развојни планови.

Беше спроведен комплет на сесии за обука за членовите на Локалните лидерски групи (ЛЛГ) за седумте избрани општини. Целната група беше составена од претставници од локалната власт, граѓанското општество и бизнис-секторот. Важноста на сесиите за обука

69

беше за запознавање на учесниците со меѓународната и националната законска рамка за човековите права во Република Македонија, можностите за идентификување на ранливите и сиромашните социјални групи, принципите на еднаквост и недискриминација, како и потребата за почитување на прогресивната реализација на човековите права, вклученост на граѓанското општество и јакнење на одговорностите на сите нивоа на владеење.

Со цел да се истакнат најзначајните проблеми со кои се судираат ранливите и сиромашните граѓани, да се спроведе оценка на нивните потреби и права и предлагање соодветни решенија да бидат вклучени во локалните развојни планови, групите за дискусии со млади во секоја од погореспоменатите општини, беа исто така организирани.

Со цел да се измери влијанието на спроведувањето на ХРБА и во рамките на компонентата за грантовите за релевантните микропроекти за човекови права (Incentive Seed Funds), БИМ додели 7 микропроекти во секоја од општините по одредени области. Грантовите се наменети за поддршка на спроведувањето на приоритетите вклучени во спратегиите за локален економски развој усвоени од страна на односните општини, насочени кон намалување на сиромаштијата и поголема социјална вклученост на ранливите и сиромашните граѓани.

Планирање според принципот на почитување на човековите праваОд перспектива на правата, сиромаштијата е многу повеќе немоќ отколку едноставно

недостиг на удобности и услуги. Покрај тоа, пристапот базиран на права на развојот гледа како на процес на остварување на основните човекови права и слободи, на тој начин ставајќи ги ранливите и сиромашните во средиштето на процесите на развој на јавната политика, чија цел е нивно оснажување и во процесите и резултатите од стратегиите за Локален економски развој. Поточно, тоа бара активно и информирано учество на сиромашните во формулацијата, имплементацијата и набљудувањето на стратегиите за Локален економски развој, што претставува клучно и комплексно човеково право, кое е неразделно поврзано со основните демократски начела.

Пристапот базиран на права предлага употреба на стандарди на човековит права во анализите на развојните проблеми. Човековите права се, всушност, законски права, и, освен со меѓународните спогодби за човекови права, почитувањето на законите може целосно и ефективно да се обебеди единствено во националните системи. Покрај тоа, човековите права и начела се неопходен услов, кој ќе овозможи реално уживање на права во текот на развојниот процес, а државата има обврска да ги почитува, заштитува и остварува

70

правата на своите граѓани до максимумот кој и го дозволуваат нејзините расположиви ресурси и со сите соодветни сретства.

Имено, меѓународната нормативна рамка за човекови права особено е фокусирана на поединци и групи кои се ранливи, маргинални, социјално исклучени или во неповолна состојба, па така интеграцијата на човековите права во стратегиите за Развој на локалната економија обезбедува примена на соодветни мерки во тие сектори (пр. здравство) и/или подсектори (пр.основна здравствена заштита), кои се особено значајни за политиките насочени кон сиромашните, вклучително особената состојба на ранливите, маргиналните и социјално исклучените поединци и групи, како и оние во неповолна состојба.

Пристапот базиран на права, исто така, ја изострува моралната основа на дејностите што ги вршат различните општествени фактори, вклучително, но не и ограничувајќи се на креаторите на политиката на сите нивоа, граѓанските социјални групи, тимовите на ОН во поедничените земји во рамките на Рамките за развојни договори на ОН, го насочува нивното внимание кон најсиромашните и најисклучените, и покажува како политичкиот глас на сите луѓе и пристапот до информации се составен дел од развојот. Затоа, перспективите на човековите права треба да бидат одразени во сите стратегии за Развој на локалната економија, без рангирање на ранливоста и запоставување на потребите на група луѓе кои страдаат од одредена ранливост која е ниско рангирана. Иако сите оценети општини се соочуваат со разновидни проблеми од различна природа, социјалната вклученост на ранливите групи може со сигурност да значи постигнување на барем формална еднаквост помеѓу локалните заедници.

Потребен е висок степен на мобилизација на сите релеватни субјекти и фактори за да се надминат идентификуваните проблеми и потреби на ранливите социјални групи. Потребно е да изврши притисок, да се сменат ставови и да се преземат поопфатни иницијативи. Заокру-жувањето на процесот на децентрализација и јасното разграничување на овластувањата и одговорностите помеѓу централните и локалните власти ќе резултира со многу практични ре-шенија. Процесот на децентрализација, или промените во начелата на локалната самоуправа е еден од клучните ангажмани на Владата на Р. Македонија, која работи на вклучување на локалните заедници и промоција на идентитетот на истите. Клучната цел на реформата треба и натаму да биде ефикасност на локалната самоуправа, висок степен на учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и одржливост на локалните соседски единици.

Табелата подолу дава преглед на релевантните национални и меѓународни норми и прав-ни стандарди во однос на спорните права на идентификуваните ранливи групи во општината Македонски Брод.

71

Идентификувана ранлива група

Релевантен национален стандард за човекови права

Релевантни меѓународни стандарди за човекови права

Невработени Право на вработувањеЗабрана на дискриминацијаПраво на договор за работа Право на платаНадомест за работни трошоци Право на скратено работно времеПраво на слободни денови и одморПраво на формирање синдикатиПраво на одржување штрајкПрава на пензија и инвалидско осигурување Право на социјална заштита и помош Право на образованиеНачело на учество на јавноста во пристапот до информации

Право на соодветен животен стандардПраво на појавување во јавност без срамПраво на пристојна работаПраво на социјална заштита и социјална помошПраво на образованиеПартнерство за развој

Постари лица Право на здравствена заштита за ситеПраво на здравствено осигурување Право на старосна пензија Право на инвалидска пензијаПраво на инвалидско осигурувањеПраво на семејна пензијаПраво на социјална заштита и помошНачело на учество на јавноста во пристапот до информации

Право на здравствоЗабрана на дискриминацијаПраво на социјална заштита и социјална помошПраво на домувањеПраво на храна и право на водаПраво на соодветен животен стандардПраво на појавување во јавност без срам

72

Анекс 6. Одлука на Советот на општина Македонски Брод за усвојување на стратегијата за развој заснована на Милениумските развојни цели

73

74

75

76

77

78

79

80

81

82

83

84