Спецификација stanag 6001 (.pdf)

25

Upload: vuongquynh

Post on 31-Jan-2017

381 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)
Page 2: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

2

Page 3: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

3

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД 4

1.1. Вид на тест 4 1.2. Намена на тестот 4 1.3. Што оценува СТАНАГ 6001 тестот? 4 1.4. Јазични вештини 4 1.5. Национални сесии 4

2. СТАНАГ 6001 ТИМ 4 2.1. СТАНАГ 6001 тим 4 2.2. Кој се тестира? 4 2.3. Надлежности на СТАНАГ 6001 тим 4 2.4. Начин на работа 5

3. ЈАЗИЧНИ НИВОА 5

3.1. НАТО стандард СТАНАГ 6001 5 3.2. Јазични нивоа кои се тестираат во РМ 5 3.3. Називи на јазични нивоа 5 3.4. Стандарден јазичен профил 5 3.5. Плус јазични нивоа 6

4. ОПИС НА ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ ПО НИВОА 6

4.1. ВЕШТИНА: СЛУШАЊЕ 6 4.1.1. Ниво 0 6 4.1.2. Ниво 1 6 4.1.3. Ниво 2 6 4.1.4. Ниво 3 7

4.2. ВЕШТИНА: ЗБОРУВАЊЕ 7 4.2.1. Ниво 0 7 4.2.2. Ниво 1 7 4.2.3. Ниво 2 8 4.2.4. Ниво 3 8

4.3. ВЕШТИНА: ЧИТАЊЕ 9 4.3.1. Ниво 0 9 4.3.2. Ниво 1 9 4.3.3. Ниво 2 9 4.3.4. Ниво 3 10

4.4. ВЕШТИНА: ПИШУВАЊЕ 10 4.4.1. Ниво 0 10 4.4.2. Ниво 1 10 4.4.3. Ниво 2 11 4.4.4. Ниво 3 11

4.5. ОПИС НА ПЛУС НИВОАТА ПО ВЕШТИНИ 12 5. СТАНАГ 6001 ТЕСТ 16

5.1. Спроведување на тестот 16 5.2. Поделба на тестот 16 5.3. Теми 17 5.4. Пилотирање 17 5.5. Употреба на тестот 17

6. ПРИЈАВА ЗА ТЕСТИРАЊЕ 17

6.1. Термини за тестирање 17 6.2. Објавување на термините за тестирање 17 6.3. Доставување на потреби за тестирање 17

Page 4: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

4

6.4. Избор на кандидати со претходно тестирање 17 6.5. Број на кандидати во една сесија 17

7. ДЕЛОВИ НА ТЕСТОТ 17

7.1. Прв дел: Читање 17 7.1.1. Цел 18 7.1.2. Видови на задачи 18 7.1.3. Број на задачи 18 7.1.4. Текстови 18 7.1.5. Рубрики 18 7.1.6. Шема за оценување 18 7.1.7. Бодување 18 7.1.8. Критериум за постигнување на ниво 18

7.2. Втор дел: Слушање 18 7.2.1. Цел 19 7.2.2. Видови на задачи 19 7.2.3. Број на задачи 19 7.2.4. Текстови 19 7.2.5. Рубрики 19 7.2.6. Шема за оценување 19 7.2.7. Бодување 19 7.2.8. Критериум за постигнување на ниво 19

7.3. Трет дел: Пишување 20 7.3.1. Цел 20 7.3.2. Број на задачи 20 7.3.3. Теми 20 7.3.4. Задачи 20 7.3.5. Рубрики 20 7.3.6. Скала за оценување 20 7.3.7. Бодување 20

7.4. Четврти дел: Зборување 20 7.4.1. Цел 20 7.4.2. Задачи 21 7.4.3. Теми 21 7.4.4. Рубрики 21 7.4.5. Скала за оценување 21 7.4.6. Бодување 21

8. OЦЕНКА 21

8.1. Пример на оценка 21 8.2. Издавање на оценка 22 8.3. Уверение 22 8.4. Рок на важност на уверението 22 8.5. Доставување на уверение 22 8.6. Чување на уверението 22

9. ПРИГОВОР НА ОЦЕНКА 22

9.1. Право на приговор 22 9.2. Поднесување на приговор 22 9.3. Одговор на приговор 22

10. ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА СПЕЦИФИКАЦИЈАТА ЗА СТАНАГ 6001 22

10.1. Измена и дополна на Спецификација за СТАНАГ 6001 22

Page 5: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

5

1. ВОВЕД 1.1. СТАНАГ 6001 е тест кој ги оценува јазичните способности на кандидатите

за кои е наменет. 1.2. СТАНАГ 6001 тестот е наменет за лицата кои е потребно да заминат на

обука, школување, специјализација, работа или мисија во мултинационални средини каде е потребно користење на англискиот јазик за комуникација и контрола и извршување на работни задачи.

Соодветно развиени јазични вештини се основен предуслов за извршување на работни задачи и се од особена важност во професионалниот развој на вработените лица во државните институции.

1.3. СТАНАГ 6001 тестот не ја мери и оценува професионалната способност

на лицата. Овој тест ги оценува јазичните вештини на лицата за кои е наменет без оглед на каква било претходна подготовка и јазична обука која ја имале на работното место или надвор од него. Резултатите постигнати на СТАНАГ 6001 тестот се неспоредливи со резултати кои ги добиваат кандидатите на други тестови и се независни од нив.

1.4. Овој тест ги оценува четирите јазични вештини: слушање, читање,

пишување и зборување. Секој кандидат добива оценка за секоја вештина посебно. 1.5. Тестирањето според СТАНАГ 6001 се извршува во две годишни

национални сесии: април и ноември. 2. СТАНАГ 6001 ТИМ 2.1. СТАНАГ 6001 тестот го изготвува посебен тим на професори по англиски

јазик назначен со одлука на министерот за одбрана. СТАНАГ 6001 тимот во Министерството за одбрана е составен од најмалку тројца професори по англиски јазик, во рамки на Одделението за евалуација, анализа и унапредување на обуката во Секторот за човечки ресурси. Тимот не спроведува настава по англиски јазик во рамките на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

2.2. СТАНАГ 6001 тимот врши тестирање за потребите на Министерството за

одбрана и Армијата на Република Македонија. Во случај на побарување на СТАНАГ 6001 Уверенија за вработени во други државни институции, СТАНАГ 6001 тимот ги врши тестирањата и за персоналот пријавен од тие институции по претходно одобрување од страна на Министерството за одбрана на Република Македонија.

2.3. Надлежности на СТАНАГ 6001 тим:

Изработка на пилот тест

Тимска работа во извршување на задачите поврзани со создавање на тестот и спроведување на тестирањето

Стандардизација на критериумите за изработка на тестот

Page 6: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

6

Пилотирање на тестот со кандидати во странство

Статистичка обработка на тестот

Статистичка анализа на прашањата на тестот, модификација и надополнување на задачите на тестот по статистичката анализа

Изработка на финален тест

Тестирање на кандидати

Оценување според клуч и оценка на четирите јазични вештини: слушање, зборување, читање и пишување

Издавање на уверение за нивото на јазична способност

Обука на оценувачи 2.4. СТАНАГ 6001 тим е независен и самостоен во својата стручна работа.

Целокупната документација (тестови, материјали за тест, листови за одговори, скали за оценување, итн.) има доверлив карактер и е достапна само за членовите на СТАНАГ 6001 тимот.

3. ЈАЗИЧНИ НИВОА

3.1. Описите на јазичните способности по нивоа се дадени во Едициите на

НАТО СТАНАГ 6001 и важат за сите земји кои го усвојуваат и имплементираат стандардот СТАНАГ 6001.

Способностите се поделени во шест нивоа од 0 до 5. 3.2. Во Република Македонија се спроведува тестирање на јазични вештини

за нивоата 1, 2 и 3, а не се врши тестирање за нивоата 4 и 5. Нивоата се определени според побарувањата во пакетот на Партнерски Цели на Република Македонија.

3.3. Називи на нивоа на јазични способности1

Ниво 0 Нема јазични способности Ниво 1 Основно Ниво 2 Функционално Ниво 3 Професионално Ниво 4 Експерт Ниво 5 Високо-образован изворен говорник

3.4. Јазичните способности се означуваат со формат на оценка со 4 бројки

кои ги покажуваат вештините во следниов распоред: Вештина С (US:L)2 Слушање Вештина З (US: S) Зборување Вештина Ч (US: R) Читање Вештина П (US: W) Пишување

1 Називите и описите на нивоата на јазични способности се според Едиција 3 на СТАНАГ 6001

стандардот. 2 Кодот (US …) е за употреба од страна на САД.

Page 7: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

7

На овој формат на оценка му претходи кодот СЈП што означува дека прикажаниот профил е стандарден (С) јазичен (Ј) профил (П).

Пример:

СЈП 3321 значи ниво 3 за слушање, ниво 3 за зборување, ниво 2 за читање и ниво 1 за

пишување.

3.5. Во одделни случаи може да се користи и ознаката плус (+). Плусот како опис може да се додаде на основното ниво при оценување за да се покаже ниво на способност кое е повисоко од нивоата дефинирани во скалата од 0 до 4, но не ги исполнува сите критериуми за следната повисока оценка.

4. ОПИС НА ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ ПО НИВОА

4.1. ВЕШТИНА: СЛУШАЊЕ

Ниво 0 – Нема јазични способности

4.1.1. Лицето не го разбира јазикот кој се говори. Повремено разбира изолирани зборови. Нема способност да ја разбере комуникацијата.

Ниво 1 – Основно

4.1.2. Може да разбере познати фрази и кратки реченици за секојдневните потреби како поздравување, патување и побарувања на работно место, кога ситуацијата на комуникација е јасна и е поддржана од контекст. Може да разбере конкретни искази, едноставни прашања и одговори, и многу едноставни разговори. Темите вклучуваат основни потреби како оброци, сместување, транспорт, време, едноставни насоки и инструкции. Дури и изворните говорници кои се навикнати на комуникација со странци мора да зборуваат бавно и често да повторуваат или да направат преформулација. Има многу недоразбирања и кај главната идеја и кај придружните факти. Јазикот кој се говори во медиумите или помеѓу изворни говорници може да го разбере само ако содржината е целосно недвосмислена и предвидлива.

Ниво 2 – Функционално

4.1.3. Доволна способност да се разберат разговори за секојдневни теми од општеството и теми кои се поврзани со работата. Може доволно да разбере директна комуникација, со говор со нормална брзина на стандарден дијалект, со одредени повторувања и реформулации, од изворен говорник кој не е навикнат да зборува со странци. Може да разбере широк спектар на конкретни теми, како што се вести за семејството и вести за себе, прашања од личен и општ интерес, како и рутински прашања поврзани со работата кои се презентираат преку описи на лица, места и нешта; да раскаже за сегашни, минати и идни настани. Покажува способност да ги следи клучните точки на дадена дискусија или точки на говор на

Page 8: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

8

теми од неговото/нејзиното професионално поле. Може да не препознае различни стилски нивоа, но препознава зборови за поврзување, како и организирање на пораки за посложен говор. Може да следи дискурс на ниво на параграф дури и кога има значителен број на факти и детали. Само повремено разбира зборови и фрази и изјави кои се дадени во неповолни услови (на пример преку мегафон, звучници на отворен простор или во многу емотивна ситуација). Обично може да го разбере само главното значење на говорот кој се зборува во медиумите или од изворни говорници во ситуации каде е потребно познавање на специјалистички или софистициран јазик. Разбира факти од содржината. Може да разбере факти, но не и нијанси на јазикот поврзани со фактите.

Ниво 3 – Професионално

4.1.4. Може да го разбере поголемиот дел од формалниот и неформалниот говор за практични, општествени и професионални теми, вклучително и посебни интереси и посебни полиња на компетенции. Преку вербалната комуникација покажува способност за ефикасно разбирање на говор во директна комуникација, говор кој е со нормална брзина и јасност на стандарден дијалект. Покажува способност јасно да го разбере јазикот кој се користи на интерактивни состаноци, брифинзи и други форми на проширен дискурс, вклучително и непознати теми и ситуации. Може точно да ги следи клучните точки во разговорите помеѓу образовани изворни говорници, излагачи, предавачи на општи теми и посебни полиња на компетенции, прилично јасни телефонски повици, и преноси од медиумите. Може лесно да разбере јазик кој вклучува функции како поставување хипотези, аргументирано мислење, изразување и бранење на политика, аргументи, приговори и различни форми на елаборирање. Покажува разбирање на апстрактни концепти во дискусии на комплексни теми (кои можат да вклучат економија, култура, наука, технологија) како и од неговото/нејзиното професионално поле. Разбира експлицитни и имплицитни информации во говор. Генерално може да разликува помеѓу различни стилиски нивоа и често препознава хумор, емотивни тонови, и нијанси на говор. Ретко има потреба да побара да му повторат, парафразираат, или објаснат. Како и да е, може да не ги разбере изворните говорници доколку зборуваат брзо или користат сленг, регионализми или дијалект.

4.2. ВЕШТИНА: ЗБОРУВАЊЕ

Ниво 0 – Нема јазични способности

4.2.1. Не може да го користи говорниот јазик. Усното искажување е ограничено на повремени изолирани зборови како поздрави или основни форми на поздравување. Нема способности за комуникација.

Ниво 1 – Основно

4.2.2. Може да одржи директна комуникација во обични секојдневни ситуации. Преку комбинирање на јазикот може да изрази научени елементи на говор. Може да отвори и затвори кратки разговори преку прашување и одговарање на кратки едноставни прашања. Може обично да задоволи основни, предвидливи, лични потреби и потреби за сместување; основни поздрави, вовед и да идентификува

Page 9: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

9

потреби; да размени поздрави; да изнесе и даде предвидливи, основни биографски податоци; да извести за едноставни рутински задачи на работното место; да побара стоки, услуги и помош; да побара информации и објаснување; да изрази задоволство, незадоволство и потврда. Темите вклучуваат основни потреби како што се нарачки на оброци, сместување и транспорт, купување. Изворните говорници кои се навикнати да зборуваат со странци, може често да не разберат, да побараат повторување и да користат општо познавање за да го разберат овој говорник. Ретко зборува течно, и не може да создаде постојан дискурс освен со извежбан материјал. Сепак, може да зборува на ниво на реченица, и може да создаде низа од две или повеќе кратки реченици со прости сврзници. Има чести грешки при изговорот, вокабуларот, и граматиката кои водат до погрешно значење. Концептите за време не се јасни. Често може да користи само едно време или избегнува одредени структури. Во говорот често има двоумење, погрешен ред на зборови, чести паузи, застранување и потрага по зборови (освен за рутински изрази), неефективна реформулација и сопствена корекција.

Ниво 2 – Функционално

4.2.3. Може да комуницира во секојдневни општествени и рутински работни ситуации. Во овие ситуации говорникот може да опише луѓе, места и предмети; да раскаже за сегашни, минати и идни активности во целосни, но едноставни параграфи; да изнесе факти; да изнесе сличности и разлики; да даде едноставни наредби и инструкции; да праша и да одговори на предвидливи прашања. Може добро да се снајде во повеќето нормални, неформални разговори на конкретни теми како процедури за работа, семејство, лична позадина и интереси, патувања, сегашни настани. Често може да комуницира во обични секојдневни ситуации, како комуникација за лични работи и сместување; на пример, може да даде комплексни и детални, содржински насоки и да направи нерутински измени во патувањето и другите аранжмани. Може да комуницира со изворни говорници, кои не се научени да комуницираат со странци, иако изворните говорници ќе треба да се навикнат на некои ограничувања. Може да комбинира и поврзува реченици во дускурс со должина од еден параграф. Обично се контролираат едноставните структури и основните граматички поврзувања, додека покомплексните структури се користат неточно или се избегнуваат. Вокабуларот кој се користи е соодветен за искази кои често се користат, но се необични или неточни во одредени прилики. Грешките во изговорот, вокабуларот и граматиката може понекогаш да доведат до погрешно значење. Како и да е, лицето генерално зборува на начин кој е соодветен за ситуацијата, иако владеењето на говорниот јазик не е секогаш стабилна.

Ниво 3 – Професионално

4.2.4. Може ефикасно да комуницира во повеќето формални и неформални разговори, за практични, општествени и професионални теми. Може да дискутира за одредени интереси и посебни области на компетенции со значителна леснотија. Може да го користи јазикот за општи професионални задачи како што се одговори на приговори, разјаснување на точки, оправдување на одлуки, одговори на предизвици, аргументирање на мислење, давање на изјави и бранење на политика. Може да ги покаже јазичните способности кога одржува состаноци, кога дава брифинзи или други содржински и пошироки монолози, поставување на хипотези, и справување со непознати теми и ситуации. Може цврсто да изнесе

Page 10: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

10

информации и информативно мислење од изворни говорници. Може да пренесе апстрактни концепти во дискусии на теми како што се економија, култура, наука, технологија, филозофија како и теми од неговото/нејзиното професионално поле. Создава широк дискурс и го пренесува значењето точно и ефективно. Флексибилно и образовано употребува структурни алатки. Зборува подготвено и на начин кој е соодветен за ситуацијата. Без да бара зборови или фрази, може да го користи јазикот јасно и релативно природно за да зборува слободно за дадени концепти и да ги направи идеите разбирливи за изворните говорници. Може целосно да не разбере некои културолошки упатувања, како и упатување за нијанси и идиоми, но лесно може да го поправи разговорот. Изговорот може да е препознатливо странски. Грешки можат да се појават во структури кои ретко се користат или во многу комплексни структури кои се карактеристични за формален тип на говор. Како и да е, повремените грешки во изговорот, граматиката, или вокабуларот не се доволно сериозни за да го изменат значењето и ретко го попречуваат разбирањето од страна на изворниот говорник.

4.3. ВЕШТИНА: ЧИТАЊЕ

Ниво 0 – Нема јазична способност

4.3.1. Нема јазични способности за да чита. Постојано не разбира или не може воопшто да го разбере пишуваниот јазик.

Ниво 1 – Основно

4.3.2. Може да чита едноставно поврзан пишан материјал како недвосмислени текстови кои се директно поврзани со секојдневните ситуации на преживување или работни ситуации. Текстовите може да вклучуваат кратки белешки, најави, многу предвидливи описи на луѓе, места или предмети, кратки објаснувања на географија, влада, и валутни системи кои се поедноставени за странци; кратки состави на инструкции и насоки (формулари, мапи, менија, регистри, брошури, и кратки распореди). Ги разбира основните значења на едноставните текстови кои содржат структури кои често се користат, и вокабулар, вклучително и заеднички меѓународни термини и сродни термини (кога се употребуваат). Може да утврди одредени детали преку внимателно или селективно читање. Може често да го погоди значењето на непознати зборови од едноставен контекст. Може да идентификува главни теми во некои текстови на повисоки нивоа. Како и да е, може да не разбере и некои други едноставни текстови.

Ниво 2 – Функционално

4.3.3. Има доволно способности за да чита автентични материјали или познати теми. Може да чита едноставни, конкретни текстови со факти, кои можат да вклучат описи на лица, места и предмети; како и раскажување за сегашни, минати и идни настани. Контекстот вклучува вести, кои опишуваат настани кои често се повторуваат, едноставни биографски информации, општи белешки, рутински деловни писма, како и едноставен технички материјал кој е наменет за општиот читател. Може да чита едноставен но автентичен текст на познати теми кои обично се претставуваат во предвидилив редослед кој му помага на читателот да

Page 11: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

11

разбере. Може да ги пронајде и разбере главните идеи и детали во материјал напишан за општиот читател и може да одговори на прашања за факти за одредени текстови. Не може да извлече заклучоци директно од текстот или да ги разбере нијансите на јазикот кои имаат материјал со факти. Може да разбере текст кој е претежно создаден со реченични структури кои често се користат. Иако не поседува широк активен вокабулар, читателот може да користи смерници од контекстот и вистинскиот свет за да разбере текстови. Може да биде бавен во извршувањето на задачата и може погрешно да разбере некои информации. Може да резимира, да подредува и да наоѓа специфични информации во текстови на повисоки нивоа од доменот на неговото/нејзиното професионално поле, но не веродостојно и постојано.

Ниво 3 – Професионално

4.3.4. Може да чита со скоро целосна разбирливост спектар на автентично напишан материјал на општи или професионални теми, вклучително и непознати теми. Покажува способност да учи низ читање. Разбирањето не зависи од темата на која се зборува. Контекстот вклучува вести, информациски материјал, коментари на уредници во периодични списанија кои се наменети за образувани изворни говорници, лична и професионална кореспонденција, извештаи и материјал во специјалистички полиња на работа. Може солидно да разбере јазични функции како поставување на хипотези, поддршка на мислење, аргументација, појаснување, и различни форми на елаборирање. Покажува разбирање на апстрактни концепти во текстови на сложени теми (кои може да вклучуваат економија, култура, наука, технологија) како и теми од неговото/нејзиното професионално поле. Скоро секогаш е во можност точно да го интерпретира материјалот, и да „прочита меѓу редови“, или да разбере имплицитни информации. Генерално може да разликува помеѓу различни стилски нивоа и често препознава хумор, емотивни тонови, и нијанси на пишаниот јазик. Ретко се случува погрешно читање. Може да ги извлече клучните идеи на повисоко ниво, софистицирани текстови, но не може да ги препознае сите нијанси. Не може секогаш целосно да ги сфати текстовите кои имаат необично сложена структура, со идиоми кои ретко се користат, или со високо ниво на културно знаење вградено во јазикот. Брзината на читање може да е побавна од таа на изворен читач.

4.4. ВЕШТИНА: ПИШУВАЊЕ

Ниво 0 – Нема јазична способност

4.4.1. Нема функционални вештини за пишување.

Ниво 1 – Основно

4.4.2. Може да пишува за да ги задоволи непосредните лични потреби. Примерите вклучуваат листи, кратки белешки, разгледници, кратки лични писма, телефонски пораки и покани, како и пополнување на формулари и барања. Пишувањето е со слабо поврзани реченици (или фрагменти) на одредена тема, со малку докази за свесна организација. Може да ги пренесе основните намери преку пишување на кратки, едноставни реченици, често поврзани со прости сврзници. Како и да е, грешките во правописот, вокабуларот, граматиката и интерпункцијата се чести. Може да го разбере изворен читач кој е навикнат на обидите на странци за пишување.

Page 12: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

12

Ниво 2 – Функционално

4.4.3. Може да пишува кратка лична и рутинска кореспонденција на работа и документи поврзани со неа, како меморандуми, кратки извештаи, и приватни писма на секојдневни теми. Може да изнесе факти, инструкции, да опише луѓе и предмети, да раскаже сегашни, минати и идни активности во цели, но во едноставни параграфи. Може да комбинира и поврзува реченици во врзан текст, да создава параграфи со спротивности и да ги поврзе со други параграфи во извештаи и кореспонденција. Идеите може да се грубо организирани според главните точки или во форма на јасно подредување на настани. Како и да е, поврзувањето на идеи може да не е секогаш јасно, и премините може да се чудни. Текстот може да го резбере изворен читач кој не е е навикнат да чита материјал напишан од странци. Обично има контрола врз кратките граматички структури и таквите кои често се користат, додека покомплексните структури се користат или неточно или се избегнуваат. Употребата на вокабуларот е соодветна за теми кои често се дискутираат, со заобиколување при искажување на значењето. Грешките во граматиката, вокабуларот, правописот и интерпункцијата може понекогаш да го извртуваат значењето. Како и да е, лицето пишува на начин кој е генерално соодветен за приликата, иако командата на пишаниот јазик не е секогаш цврста.

Ниво 3 – Професионално

4.4.4. Може да пишува солидно формална и неформална кореспонденција и документи на практични, општествени и професионални теми. Може да пишува за посебни полиња на специјалности со значителна леснотија. Може да го користи пишаниот јазик за аргументација во должина на еден есеј, анализа, хипотеза, и пошироко објаснување, раскажување и описи. Може да пренесува апстрактни концепти кога пишува за комплексни теми (кои може да вклучат економија, култура, наука и технологија) како и теми од неговото/нејзиното професионално поле. Иако техниките кои се користат за организација на текстовите може да им изгледаат невообичаени на изворните читачи, значењето се пренесува точно. Поврзаноста и развојот на идеите се јасни, и главните точки кохерентно се подредени за да одговараат на целта на текстот. Премините се обично успешни. Контролата на структурата, вокабуларот, правописот и интерпункцијата се соодветни за да точно да се пренесе пораката. Грешките се повремени, не влијаат на разбирливоста, и ретко му попречуваат на изворниот читач. Иако можеби стилот на пишување не е странски, е соодветен за приликата. Кога е потребно еден документ да исполни очекувања на изворен читач, потребно е одредено уредување.

Page 13: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

13

ОПИС НА ПЛУС НИВОАТА ЗА ЈАЗИЧНА СПОСОБНОСТ

ВЕШТИНА СЛУШАЊЕ

НИВО 0+ (МИНИМАЛНИ ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ) Разбира изолирани зборови и некои често користени фрази и кратки реченици во областа на основните потреби за преживување. Обично се потребни паузи меѓу познати фрази и мора често да бара повторување. Може да ги разбере само со тешкотија дури и луѓето кои се навикнати да го приспособуваат говорот кога зборуваат со странци. Може најдобро да ги разбере оние искази каде контекстот тесно го надополнува значењето. НИВО 1+ (ОСНОВНО+) Доволно разбирање на едноставни, многу предвидливи разговори лице в лице на стандарден дијалект на теми поврзани со секојдневието и работната рутина. Не само што разбира кратки разговори за едноставни прашања и одговори, туку има и ограничена и повремена способност да разбере малку подолги разговори за конкретни теми. Покажува ограничена и повремена способност да разбере описи на луѓе, места и предмети, раскажување на настани, факти, директни инструкции и насоки. Обично не може да разбере текстови во должина на параграфи. Темите кои најлесно се разбираат вклучуваат основни потреби како што се храна, сместување, транспорт, купување, како и семејство, лично минато и интереси, и планови за патување. Сепак, покажува некоја способност да разбере неколку поврзани реченици во врска со комуникација на работното место, актуелни настани, одговор на барања за информации и разјаснување. Може да ја разбере главната идеја на ваков вид на изговорен текст, но може погрешно да разбере некои придружни факти. На сличен начин разбира едноставни структури во кратки изговорени текстови, но може погрешно да разбере покомплексни структури. Покажува многу ограничена способност да го разбере општото значење на говорниот јазик од медиумите. Изворните говорници навикнати да зборуваат со странци треба да повторуваат или парафразираат за да бидат разбрани. НИВО 2+ (ФУНКЦИОНАЛНО +)

Може да разбере многу официјални и неофицијални разговори на практични, општествени и секојдневни професионални теми. Може добро да разбере говор лице в лице на стандарден дијалект, пренесено со нормална брзина со минимално повторување и преформулирање од страна на изворен говорник кој не е навикнат да зборува со странци. Покрај разбирањето на сите дискусии за конкретни теми во описите и раскажувањата за актуелни, минати и идни настани, може исто така да

Забелешка: Способноста „Плус ниво“ опишана во овој документ подразбира јазична способност која е малку повеќе од половината меѓу двете основни нивоа. Способноста „Плус ниво“ суштински го надминува основното ниво на вештина, но не ги задоволува целосно или постојано сите критериуми за следното повисоко основно ниво.

Page 14: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

14

разбере значаен дел од јазикот што се користи на интерактивни состаноци, брифинзи и други форми на подолг монолог со дискусии на непознати теми и ситуации. Како и да е, покажува повремено неразбирање. Покажува способност за следење основни идеи при дискусија или говор на теми од неговото/нејзиното професионално поле. Исто така, покажува до некој степен способност да ги разбере основните идеи на разговорите меѓу образовани изворни говорници, предавања на општи теми, доста јасни телефонски разговори и медиумски преноси. Повремено погрешно интерпретира говор заснован на хипотези, поддржано мислење, аргументација и приговори. Може да следи дискусии за апстрактни концепти без целосно да ги разбере апстрактните лингвистички формулации. Не може секогаш да направи разлика помеѓу различните стилски нивоа на дискурс. Може да покаже до некој степен способност за препознавање на хумор и емоции. Не секогаш разбира имплицитни информации во изговорен текст. Повремено пропушта некои зборови и фрази од изјави направени во недоволно разбирливи услови (на пример, надвор преку звучници или во многу емотивна ситуација). Најверојатно ќе има одредени тешкотии да ги разбере изворните говорници доколку тие зборуваат многу брзо или користат сленг и невообичаени идиоми.

ЗБОРУВАЊЕ НИВО 0+ (МИНИМАЛНИ ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ)

Може да ги задоволи основните потреби со запаметени, извежбани искази. Може да поставува прашања и да составува искази со разумна точност единствено со запаметен материјал. Обидите за произведување на говор на реченично ниво обично се неуспешни. Вокабуларот е произволен и во главно ограничен на основни потреби за преживување, како што се: поздрави, кратки лични податоци, броеви, изрази за време, вообичаени нешта. Меѓутоа, повеќето искази се телеграфски; сврзниците и маркерите се испуштаат, грешат или изопачуваат. Дури и при повторување, комуникацијата е во голем степен ограничена, дури и со изворни говорници навикнати на комуникација со странци. Изговорот, акцентот и интонацијата обично се погрешни дури и при запаметен говор. НИВО 1+ (ОСНОВНО+) Може да започне и задржи предвидлива секојдневна директна конверзација. Со леснотија може да учествува во кратки разговори преку прашување и одговарање на едноставни прашања но, покажува оскудно познавање на разговорните правила на дадената култура. Покажува многу ограничена и непостојана способност да одржува подолги разговори на конкретни теми. Разговорот се состои од низи на поврзани, но не и цели параграфи. Може да задоволи некои општествени потреби и да овозможи нешто повеќе од основни информации при воведи и обезбедување на биографски податоци. Со леснотија може да побара помош; информација и објаснување; како и да изрази задоволство, незадоволство и потврда. Покажува ограничена и непостојана способност за опишување луѓе, места и нешта; да раскажува настани; да искажува факти; да дава инструкции и насоки; да комуницира на работното место; и да зборува за тековни настани. Меѓутоа, може да се двоуми и дури да промени тема поради недостаток од јазични изразни средства. Освен основните потреби, темите може да ги вклучуваат семејството,

Page 15: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

15

личното искуство и интересите, планови за патување и едноставни прашања поврзани со работа. Релативна контрола врз едноставните и основи граматички конструкции. Изразите за време може да се користат погрешно. Вокабуларот може да е непрецизен освен при најчесто користените искази. Честите грешки во изговорот, вокабуларот или граматиката може да влијаат на разбирањето. Говорникот тешко се изразува. Изворните говорници навикнати на комуникација со странци може повремено да бараат повторување или преформулирање и да користат знаење од општа култура за да го разберат соговорникот. НИВО 2+ (ФУНКЦИОНАЛНО +)

Може да учествува во многу официјални и неофицијални разговори на политички, општествени и секојдневни професионални теми. Може да дискутира за определени интереси и специјализирани области на способност на начин што често е, но не постојано, ефективен и прифатлив за изворните говорници. Може ефективно да го користи јазикот за раскажување, опишување, посочување на факти, споредување и наоѓање на разлики, давање на детални инструкции и насоки. Може да го користи јазикот со не толкава леснотија и ефективност при бранењето на ставови, објаснувањето на идеи и одговарањето на спротиставувања. Покажува јазични ограничувања при учество на состаноци, брифирање и соочување со непознати теми и ситуации. Главно може успешно да добие информација и мислење од изворен говорник. Може често да дискутира апстрактни идеи, но, ретко има успех во употребата на апстрактни јазични формулации. Може да комуницира релативно добро со изворен говорник не навикнат на комуникација со странци, иако, изворните говорници може да го сметаат за чудно неговото изразување. Меѓутоа, непрецизниот вокабулар и погрешната употреба на покомплексните структури и кохезивни средства понекогаш ги попречуваат напорите да се елаборира даден став или мислење. Грешките во изговорот може повремено да ја нарушат комуникацијата. И покрај тоа, говорот обично е соодветен за ситуацијата.

ВЕШТИНА ЧИТАЊЕ

НИВО 0+ (МИНИМАЛНИ ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ)

Може да ги препознае сите букви од азбуката и често употребуваните елементи на слоговен и знаковен систем. Може да ги чита сите или дел од броевите, изолирани зборови и фрази, лични и имиња на места, улични знаци, ознаки во канцеларии и продавници. Меѓутоа, може и погрешно да ги разбере овие текстови. Може да чита фрази кои се научени или тесно поврзани со контекст, но не може да чита на ниво на реченица. НИВО 1+ (ОСНОВНО +)

Доволно разбирање на едноставни, многу предвидливи автентични печатени текстови за секојдневни општествени информации и работна рутина. Најдобро разбира објави за јавни настани и кратки биографски факти. Исто така покажува до некој степен ограничена и непостојана способност да разбере малку подолги конкретни текстови како што се описи на лица, места и предмети, раскажување на

Page 16: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

16

настани, факти, и инструкции или насоки. Обично не може да разбере текстови во параграфи. Најдобро разбраните теми вклучуваат основни потреби како храна, сместување, транспорт, купување, како и семејство, лично минато и интереси, и планови за патување. Како и да е, покажува способност да разбере кратка писмена комуникација на работно место, едноставни предвидливи објаснувања за факти и одговори на барања за информации и разјаснување. Најверојатно ќе ја разбере главната идеја на ваков вид текстови, но може погрешно да разбере некои придружни факти. Слично на ова, разбира едноставни структури во кратки пишани текстови, но може погрешно да разбере покомплексни структури. Може понекогаш успешно да го погоди значењето на непознат вокабулар од самиот контекст. Може да има тешкотии во разбирањето на кохезивнисте својства на јазикот и во користењето на ова знаење за да се поддржи ефикасно погодување на значењето. НИВО 2+ (ФУНКЦИОНАЛНО +)

Може да чита со целосно разбирање конкретен, фактички, автентичен пишан материјал на познати теми. Исто може да разбере голем дел од покомплексен општ и професионален материјал, вклучувајќи непознати теми. До некаде покажува способност да учи преку читање. Контекстите вклучуваат не само фактички вести туку и информативни и уреднички текстови во големи весници наменети за образовани изворни читачи, лична и некоја професионална комуникација, како и некои извештаи и сличен материјал од специјални области. Може да ја оддели главната идеја од помалку важните детали и користи лингвистички контекст, општа култура и богат вокабулар за остроумно да погоди за непознатиот материјал. Можеби не секогаш точно ги интерпретира пишаните текстови засновани на хипотези, поддржано мислење, аргументација и различни форми на елаборација. Може делумно да ги разбере апстрактните концепти во текстовите на комплексни теми без целосно разбирање на апстрактните лингвистички формулации. Покажува непостојаност во способноста да „чита меѓу редови“ (или да разбере имплицитна информација), разликува меѓу стилистичките нивоа и препознава хумор или емотивни призвуци во текст.

ПИШУВАЊЕ

НИВО 0+ (МИНИМАЛНИ ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ) Може да произведува знаци од азбучниот или слоговниот пишан систем или неколку највообичаени изрази. Може да пишува бројки, датуми, сопственото име, националноста, адресата, итн., коишто се бараат на формулари. Инаку, може само да пишува запаметен материјал, мал број на изрази, список на општи предмети или неколку кратки запаметени реченици. Обидите за пишување на реченично ниво обично се неуспешни. Правописот, па дури и пишувањето на симболите (букви, слогови, знаци) често се погрешни. НИВО 1+ (ОСНОВНО +)

Со леснотија пишува кратки забелешки и лични писма, разгледници, телефонски пораки и покани, а пополнува и формулари и пријави. Може да пишува едноставни документи со лична содржина и содржина од работната рутина, но покажува слабо

Page 17: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

17

познавање на писмените правила на дадената култура. Покажува непостојана способност за пишување на инструкции; опис на луѓе, места и предмети; раскажување на активности; и кратки објаснувања на факти. Исто така покажува ограничена способност за поврзување на неколку реченици. Темите вклучуваат основни потреби како што се храна, сместување, превоз, купување, како и семсејство, лично искуство и интереси, планови за патување и едноставни прашања сврзани со работата. Изворните говорници навикнати на писмен материјал напишан од странци може да го разберат напишаното; додека другите може да имаат потреба од објаснување од страна на тој што го напишал материјалот. Едноставните структури и основните граматички врски често се неточни. Изразите за време може да се неточни. Вокабуларот може да е непрецизен, освен за најчесто користените зборови. Грешките во употребата и правописот често ја нарушуваат комуникацијата. НИВО 2+ (ФУНКЦИОНАЛНО +)

Може кохерентно да пишува лична и неофицијална кореспонденција и документи на практични, општествени и секојдневни професионални теми. Може да организира и елаборира идеи во специјализирани области на начин што е често, но, не постојано, ефективен и прифатлив за изворниот говорник. Може да пишува прифатливо и да обезбедува значителни детали при раскажување, опис, искажување на факти, споредување и давање на инструкции. Пишува помалку ефективно при бранењето на мислење, разјаснувањето на идеи и одговарањето на спротивставувања. Може да пишува за апстрактни идеи, но, употребата на апстрактни јазични формулации е непостојана. Покажува способност да подредува низи на параграфи во документи со должина на есеи. Меѓутоа, има ограничувања. На пример, организацијата и развојот на идеи не се постојано јасни, а поврзувањата понекогаш се чудни. Исто така, непрецизниот вокабулар, како и погрешната употреба на посложени структури, кохезивни средства или интерпункција понекогаш ги нарушуваат напорите за достигнување на искажување на став во должина на есеј. И покрај тоа, изворните говорници ненавикнати на читање материјал напишан од странци со леснотија можат да го разберат напишаното.

5. СТАНАГ 6001 ТЕСТ 5.1. Секој тест е двостепен (Ниво 1 – 2 и Ниво 2 – 3) во согласност со

дескрипторите на СТАНАГ 6001. Освен основните нивоа 1, 2 и 3, кандидатите што се тестираат со СТАНАГ 6001 тестот може да добијат оценка што содржи плус ниво (како што е дефинирано во забелешката на стр. 12 од спецификацијата). Кандидатите кои го полагаат тестот за Ниво 1 – 2 може да се стекнат со оценките 1, 1+ и 2 за секоја од вештините. Кандидатите кои го полагаат тестот за Ниво 2 – 3 може да се стекнат со оценките 1, 1+, 2, 2+ и 3 за вештините зборување и пишување и со оценките 2, 2+ и 3 за вештините читање и слушање.

5.2. СТАНАГ 6001 тестот се спроведува за секоја јазична вештина посебно:

читање, слушање, зборување и пишување. 5.3. СТАНАГ 6001 тестот е поделен во три дела. Првиот дел опфаќа

тестирање на вештините: читање и пишување. Вториот дел го опфаќа

Page 18: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

18

тестирањето на вештината слушање. За време на третиот дел од тестирањето се тестира вештината зборување.

5.4. При спроведувањето на тестирањето се користи широк спектар на теми

за испитување и проверка на знаењето. Се избегнуваат теми за кои е потребно високо стручно-специјалистичко знаење и теми кои може да ги дискриминираат кандидатите.

5.5. Пред да се користи за тестирање, секој СТАНАГ 6001 тест се пилотира во

странство за обезбедување на тајност на податоците и се стандардизира соодветно за националните потреби.

5.6. Еднаш употребен, истиот тест не може да се спроведува повторно. 6. ПРИЈАВА ЗА ТЕСТИРАЊЕ

6.1. СТАНАГ 6001 тестот се спроведува во две национални сесии – во април

и ноември. 6.2. СТАНАГ 6001 тимот ги објавува термините за тестирање во секоја сесија

два месеци пред спроведувањето на тестирањето – на почетокот на јануари и на почетокот на септември секоја година.

6.3. Сите организациски единици кои планираат персонал кој треба да биде

тестиран според СТАНАГ 6001, потребно е да ги достават своите потреби до СТАНАГ 6001 тимот. За потребите на АРМ ги доставува Г-1 во ГШ на АРМ, а за потребите на Министерството за одбрана, организациските единици ги доставуваат потребите до Секторот за човечки ресурси каде е сместен СТАНАГ 6001 тимот. Потребите се доставуваат не подоцна од 20 дена пред денот на тестирањето.

6.4. По искажаните потреби за тестирање од страна на МО и АРМ, СТАНАГ 6001 тимот прво спроведува тестирање со ALCPT тестот. Кандидатите кои ќе остварат од 50 до 74 поени од можни 100 ќе можат да го полагаат СТАНАГ 6001 тестот за ниво 1 – 2, а оние кандидати кои ќе остварат над 75 поени, ќе можат да го полагаат тестот за ниво 2 – 3. Вкупниот број на предложени кандидати не треба да биде поголем од 100.

За поголема динамика и квалитет на процесот, за време на првите 2 сесии за тестирање (2011 година), СТАНАГ 6001 тимот ги тестира приоритетните нивоа со тестот за ниво 2 – 3 во насока на исполнување на Партнерската цел G 0355 – Развивање на јазични вештини.

6.5. Бројот на кандидати кои може да се тестираат во една национална сесија

е не повеќе од 50 лица. 7. ДЕЛОВИ НА ТЕСТОТ 7.1. Прв дел: Читање

7.1.1. Цел: Целта на секцијата читање е да ја оцени јазичната способност на кандидатот преку вештината читање според критериумите и нивоата пропишани со

Page 19: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

19

СТАНАГ 6001 и дефинирани од Бирото за меѓународна јазична координација (BILC). 7.1.2. Видови на задачи: Секцијата читање содржи: прашања во врска со даден

текст, поврзување, подредување на параграфи, задачи со повеќекратен избор, трансфер на информација (пр. од текст во табела), точно/неточно или ненаведено, пополнување на празни места, наоѓање на тема и идеја, пополнување на табели/графикони. 7.1.3. Број на задачи: Не повеќе од 40 задачи, т.е. 20 задачи по ниво (1 – 2, или 2

– 3). Должината на текстовите е до 200 зборови по текст. Тестот трае до 90 минути. Одговорите се пишуваат на посебен лист за одговори. 7.1.4. Текстови: Текстовите се земени од автентични извори и доколку е потребно

истите се приспособени (скратени, поедноставени). Текстовите вклучуваат: огласи, знаци и известувања, распореди и табели, статии од весници, извештаи, писма, приказни, прирачници и брифинзи. Темите се земени од областите како: војска, политика, економија, култура, наука и технологија. Извори на текстовите се: Интернет, брошури и водичи, весници и списанија, прирачници, НАТО документи и слично. 7.1.5. Рубрики: Рубриките за задачите вклучуваат јасни и едноставни инструкции

за задачите. Напишани се на едноставен англиски јазик. 7.1.6. Шема за оценување: Шемата за оценување, која го придружува секој тест, се состои од клуч со точните одговори. Граматичките и правописните грешки кои не го менуваат значењето не влијаат на оценувањето. 7.1.7. Бодување: Секој точен одговор носи по еден поен. Не се одземаат поени за

неточни одговори. 7.1.8. Критериум за постигнување на ниво: Кандидатите ќе се оценуваат на следниот начин: За 1 – 2 тест: Ниво 1: Најмалку 70% точни одговори од ниво 1. Ниво 1+: Најмалку 70% точни одговори од ниво 1 и 50% точни одговори од ниво 2. Ниво 2: Најмалку 70% точни одговори од ниво 1 и 70% точни одговори од ниво 2. За 2 – 3 тест: Ниво 2: Најмалку 70% точни одговори од ниво 2. Ниво 2+: Најмалку 70% точни одговори од ниво 2 и 50% точни одговори од ниво 3. Ниво 3: Најмалку 70% точни одговори од ниво 2 и 70% точни одговори од ниво 3. 7.2. Втор дел: Слушање 7.2.1. Цел: Целта на секцијата слушање е да ја оцени јазичната способност на

кандидатот преку вештината слушање според критериумите и нивоата пропишани со СТАНАГ 6001 и дефинирани од Бирото за меѓународна јазична координација (BILC).

Page 20: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

20

7.2.2. Видови на задачи: Секцијата слушање содржи: прашања во врска со даден текст, поврзување, подредување на параграфи, задачи со повеќекратен избор, трансфер на информација (пр. од текст во табела), точно/неточно или ненаведено, пополнување на празни места, наоѓање на тема и идеја, пополнување на табели/графикони, отворени реченици. 7.2.3. Број на задачи: Не повеќе од 40 задачи, т.е. 20 задачи по ниво (1–2, или 2-

3). Должината на слушаните текстови е до 1 минута. Тестот трае до 60 минути. Одговорите се пишуваат на посебен лист за одговори. Снимката се слуша еднаш. Паузата помеѓу задачите трае 15 секунди. 7.2.4. Текстови: Текстовите се земени од автентични извори и доколку е потребно

истите се приспособени (скратени, поедноставени) и снимени за употреба на СТАНАГ 6001 тимот. Текстовите се монолози, дијалози или разговори и може да вклучуваат: телефонски разговори, давање насоки, најави, пораки, коментари, интервјуа, брифинзи, инструкции, лекции, драми, радио и ТВ вести, извештаи и говори. Текстовите ги читаат изворни говорници и говорници чиј мајчин јазик не е англискиот, текстовите може да се претходно снимени (пр. Интернет, радио или ТВ) или снимени од страна на составувачите на тестот. 7.2.5. Рубрики: Рубриките за задачите вклучуваат јасни и едноставни инструкции за задачите. Напишани се на едноставен англиски јазик и со зборови идентични со оние на снимката. По пуштање, снимката во никаков случај не се запира. 7.2.6. Шема за оценување: Шемата за оценување, која го придружува секој тест,

се состои од клуч со точните одговори. Граматичките и правописните грешки кои не го менуваат значењето не влијаат во оценувањето. 7.2.7. Бодување: Секој точен одговор носи по еден поен. Не се одземаат поени за

неточни одговори. 7.2.8. Критериум за постигнување на ниво: Кандидатите ќе се оценуваат на следниот начин: За 1 – 2 тест: Ниво 1: Најмалку 70% точни одговори од ниво 1. Ниво 1+: Најмалку 70% точни одговори од ниво 1 и 50% точни одговори од ниво 2. Ниво 2: Најмалку 70% точни одговори од ниво 1 и 70% точни одговори од ниво 2. За 2 – 3 тест: Ниво 2: Најмалку 70% точни одговори од ниво 2. Ниво 2+: Најмалку 70% точни одговори од ниво 2 и 50% точни одговори од ниво 3. Ниво 3: Најмалку 70% точни одговори од ниво 2 и 70% точни одговори од ниво 3.

Page 21: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

21

7.3. Трет дел: Пишување

7.3.1. Цел: Целта на секцијата пишување е да ја оцени јазичната способност на

кандидатот преку вештината пишување според критериумите и нивоата пропишани со СТАНАГ 6001 и дефинирани од Бирото за меѓународна јазична координација (BILC). 7.3.2. Број на задачи: Тестот за ниво 1-2 вклучува по една задача по ниво. Тестот

за ниво 2-3 содржи три задачи, по една задача по ниво 1, 2 и 3. 7.3.3. Теми: Од општи области: место на живеење, семејство, сообраќај и превоз,

слободно време и забава, спорт, животна средина, политика, економија, култура, наука и технологија. Од воени области: воена обука и кариера во војската, учество во НАТО и ПзМ операции, мисии и вежби, улогата на ОН во мирнодобски услови. 7.3.4. Задачи:

Задача за ниво 1: кандидатите имаат за задача да напишат: кратка забелешка или порака, да пополнат формулар или да напишат разгледница со најмногу 80 збора. Се препорачува задачата да се заврши за околу 5 минути.

Задача за ниво 2: кандидатите имаат за задача да напишат: неофицијално/официјално писмо, извештај/и, брифинг/зи или меморандум на дадена тема со околу 150 збора. Се препорачува задачата да се заврши за околу 20 минути.

Задача за ниво 3: кандидатите имаат за задача да напишат: коментар на дадена тема, искажување на став, согласување или несогласување со даден став, анализа, хипотеза, детално објаснување, есеј или состав со околу 250 зборови. Се препорачува задачата да се заврши за околу 50 минути. Кандидатите кои немаат за цел да достигнат ниво 2+ или ниво 3 на вештината пишување, не е задолжително да одговорат на задачата за ниво 3.

7.3.5. Рубрики: Рубриките за задачите содржат инструкции и препорака за

времето за завршување на задачата. Рубриките се напишани на едноставен англиски јазик. 7.3.6. Скала за оценување: Тестовите се оценуваат од страна на најмалку двајца квалификувани испитувачи кои ја оценуваат извршената задача според дескрипторите на СТАНАГ 6001. Следните елементи ќе се земат предвид при оценувањето: содржина, извршување на задачата, организација, вокабулар и употреба на јазикот и механика (правопис и формат).

7.4. Четврти дел: Зборување

7.4.1. Цел: Целта на секцијата зборување е да ја оцени комуникациската

способност на кандидатот преку вештината зборување. 7.4.2. Задачи: Тестот по зборување го спроведуваат двајца испитувачи: еден е

испрашувач, а двајцата заедно ја даваат крајната оценка за кандидатот. Тестот по зборување се снима со видео камера.

Page 22: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

22

Загревање (2-3 минути)

Оваа фаза е во форма на едноставни директни прашања за животот на кандидатот, што му дава можност да се навикне на гласот, акцентот и брзината на говорот на испитувачот.

Фотографии (5-6 минути)

Оваа фаза вклучува: - Опишување (на луѓе, места, предмети, настани, дејства) - Споредување - Претпоставување

Минато време (1-2 минути)

Оваа фаза вклучува - Раскажување во минато време

Мини презентација (4-5 минути)

Оваа фаза вклучува: - Поддржување/искажување на мислење - Дискутирање на апстрактни теми - Хипотетички ситуации

Идно време (1-2 минути)

Оваа фаза вклучува - Зборување за иднината

Завршен дел (1 минута)

Опуштање на кандидатот и крај на интервјуто. 7.4.3. Теми: Од општи области: место на живеење, семејство, сообраќај и превоз,

слободно време и забава, спорт, животна средина, политика, економија, култура, наука и технологија. Од воени области: воена обука и кариера во војската, учество во НАТО и ПзМ операции, мисии и вежби, улогата на ОН во мирнодобски услови. 7.4.4. Рубрики: Испрашувачот дава усни насоки на јасен и разбирлив англиски

јазик. 7.4.5. Скала за оценување: Двајца квалификувани испитувачи користат образец за оценување на кандидатите, кој се состои од следниве компоненти: точност (граматичка точност вклучувајќи грешки, време и владеење), комплексност на јазикот (вокабулар и граматика), течен говор (спонтаност, двоумење, израз, самопоправање), изговор, интонација, акцент, интеракција (соодветност и организација). 7.4.6. Бодување: Сите критериуми од скалата за оценување еднакво се

вреднуваат.

8. OЦЕНКА 8.1. Секој кандидат по завршувањето на тестот добива оценка за секоја

вештина одделно. Пример на оценка:

СЈП 3 3 2 2 Оваа оценка означува дека кандидатот има стандарден јазичен профил (СЈП)

со ниво 3 за слушање, ниво 3 за зборување, ниво 2 за читање и ниво 2 за пишување.

Page 23: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

23

8.2. Оценките на кандидатите се издаваат 10 (десет) работни денови од

денот на завршувањето на тестирањето. 8.3. Оценката се издава со посебно уверение од страна на СТАНАГ 6001

тимот. Уверението го потпишува Раководителот на Секторот за човечки ресурси, а го издава Министерството за одбрана на Република Македонија.

Уверението се издава на македонски јазик, со придружен превод на англиски јазик.

8.4. Уверението за нивото на јазични вештини е со важност од 2 (две) години

од денот на издавањето. 8.5. Уверенијата на кандидатите се доставуваат до организациските единици

кои ги предложиле кандидатите за тестирање. 8.6. Копии од уверенијата се чуваат во организациските единици во кои се

наоѓаат досиејата на вработените во МО и АРМ, организациските единици надлежни за менаџмент на човечки ресурси.

Копија од уверението и тестот што го полагал кандидатот чува и СТАНАГ 6001 тимот за свои потреби.

9. ПРИГОВОР НА ОЦЕНКА

9.1. Секој кандидат има право на приговор по однос на оценката која ја

добива од извештајот со резултатите. 9.2. Приговорот се поднесува до СТАНАГ 6001 тимот во рок од 48 часа по

добивањето на резултатите. 9.3. СТАНАГ 6001 тимот го разгледува приговорот и е должен да достави

одговор со образложение до подносителот на приговорот за прифаќањето или неприфаќањето на приговорот во рок од 5 (пет) работни денови од денот на приемот на приговорот.

10. ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА СПЕЦИФИКАЦИЈАТА ЗА СТАНАГ 6001

10.1. Оваа Спецификација се изменува и надополнува во согласност со измените и дополнувањата на стандардот СТАНАГ 6001 од страна на НАТО Агенцијата за стандардизација и со издавањето на нови едиции на овој стандард за кои Република Македонија има преземено обврска за нивно усвојување и имплементација.

Page 24: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

24

Прилог бр. 1

СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Уверение бр. ___________

________________ година

СТАНАГ 6001 ТИМ

У В Е Р Е Н И Е

Кандидатот: ___________________________________________________________________________

(презиме, име на еден родител, име, ЕМБГ )

распореден на должност ________________________________________________________________ во____________________________________________________________________________________ е тестиран со СТАНАГ 6001 тест од страна на СТАНАГ 6001 тимот во Министерството за одбрана на Република Македонија и го постигна следниов резултат на владеење на англискиот јазик:

СЈП Х Х Х Х За резултатот постигнат на тестот оценката ја дава СТАНАГ 6001 тимот во Министерството за одбрана на Република Македонија во состав: Елена Трајановска, проф. Маја Ѓуровиќ, проф. Билјана Радева, проф. Уверението се издава на ден____________ и е со важност од 2 (две) години, до ____________________ година.

Скопје, ______________ година

Уверението го издал

Сектор за човечки ресурси Рaководител на сектор

_______________________

Page 25: Спецификација STANAG 6001 (.pdf)

25

Прилог бр. 2

СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕДИЦИЈА 3 ПО СТАНАГ 6001 СТАНДАРД

Бр. АКТИВНОСТ РОК НОСИТЕЛ СОРАБОТУВА

Пилотирање Јануари- Февруари

СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Странски партнер

1 Објава на датуми за тестирање на кандидати – прва сесија

Февруари 2011 СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Сектори во МО ГШ на АРМ

2 Пријава на кандидати за тестирање

Февруари – Март

Сектори во МО ГШ на АРМ

СТАНАГ 6001 Тим/ Сектор за човечки ресурси

3 Национална сесија за тестирање

Април СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Сектори во МО ГШ на АРМ

4 Издавање на оценки 10 дена од завршување на тестирањето

СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Сектори во МО ГШ на АРМ

7 Изработка на тест Септември СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

СТАНАГ 6001 тимови на други земји

8 Пилотирање на тест Септември СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

СТАНАГ 6001 тимови на други земји

9 Објава на датуми за тестирање на кандидати – втора сесија

Септември СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Сектори во МО ГШ на АРМ

10 Пријава на кандидати за тестирање – втора сесија

Октомври Сектори во МО ГШ на АРМ

СТАНАГ 6001 Тим/ Сектор за човечки ресурси

11 Национална сесија за тестирање

Ноември СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Сектори во МО ГШ на АРМ

12 Издавање на оценки Декември 2011 СТАНАГ 6001 тим/ Сектор за човечки ресурси

Сектори во МО ГШ на АРМ