биологија анастасија-боневска-vii1-1осетливост и...

7
ОСЕТЛИВОСТ И РЕАГИРАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА НА ЗАГАДУВАЊЕ НА СРЕДИНАТА Содржина: Сечење на шумите Пожари Течен индустриски отпад Индустриски гасови Прскање посеви со хемикалии

Upload: biljana-ilieva

Post on 03-Aug-2015

75 views

Category:

Education


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

ОСЕТЛИВОСТ И РЕАГИРАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА НА

ЗАГАДУВАЊЕ НА СРЕДИНАТА

Содржина:Сечење на шумитеПожариТечен индустриски отпадИндустриски гасовиПрскање посеви со хемикалии

Page 2: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

• Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на средината

Човекот со векови има многу важни економски причини за сечење на шумите кое непрекинато го врши.Сечењето на шумите и обработувањето на дивите ливади и тревници се директно загрозување на растителниот свет. Уништувајќи ги шумите и ливадите, човекот ги уништува и засолништата на дивите животни, нивните извори и резерви на храна и вода .

Page 3: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

Најчест предизвикувач на пожарите на планетата е човекот. Пожарите ги уништуваат шумите и другите растителни заедници на подолг период затоа што така се уништуваат и семињата од кои можат да се обноват барем некои растенија. Опожарените шуми набрзо стануваат голи карпести предели во кои веќе нема ниту животни. За да се обнови растителниот свет на еден опожарен предел потребни се десетици години,кога однекаде ќе дојде нов живот-случајно донесена семка од некое растение.

• Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на средината

Page 4: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

Секоја индустриска активност создава течен отпад,но најголем загадувач е прехранбената индустрија. Течниот отпад опасно и долготрајно ги загадува почвата,водата и воздухот. Течниот отпад најчесто содржи отровни органски и неоргански материи кои се натрупуваат во живеалиштето во водата, почвата и воздухот, а нивното отровно дејство трае повеќе децении.

• Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на средината

Page 5: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

Сите индустриски процеси произведуваат и испуштаат отровни гасови, а меѓу најопасните се топилници на метали, цементарници, рафинерии за нафта, хемиска индрустрија и др. Отровните индустриски гасови во атмосферата на еден крај предизвикуваат создавање на отровни облаци од кои врнат опасните кисели дождови.

• Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на средината

Page 6: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

Човекот применува најразлични видови хемиски отрови против штетниците со кои ги прска посевите. Овие хемикалии се најчесто во течна или цврста состојба, а ги уништуваат инсектите и габите кои ги загрозуваат приносите во овоштарниците, зеленчуковите градини, полињата и нивите со култивирани растенија. Отровните хемикалии постапно се собираат во почвата, а со подземните води се пренесуваат до изворите, потоците и реките кои така стануваат отровни.

• Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на средината

Page 7: биологија анастасија-боневска-Vii1-1осетливост и реагирање на растенијата на унистување на природата

Изработила:Анастасија Боневска VII 1

Ментор: Биљана Илиева16.03.2015