Информатор

24
1 Лазар Котевски и официјално старо-нов градоначалник на Општина Новаци стр.3 Министерот Димовски во посета на поплавените подрачја во општина Новаци стр.4 Со свеченост започнаа градежните работи за асфалтирање на патот Мегленци-Арматуш стр.7 Новаци и Стрежево го завршуваат проектот за наводнување на полето-стр.9 РЕК Битола ќе го асфалтира патот Новаци-Коп во должина од 11 кмстр.9 Велигденски панаѓур во Пензионерскиот клуб во Новацистр.10

Upload: igorce-risteski

Post on 07-Feb-2016

235 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Информатор на о.Новаци бр.12

TRANSCRIPT

Page 1: Информатор

1

Лазар Котевски и официјално старо-нов градоначалник на Општина Новаци

—стр.3

Министерот Димовски во посета на поплавените подрачја во општина

Новаци —стр.4

Со свеченост започнаа градежните работи за асфалтирање на патот

Мегленци-Арматуш – стр.7

Новаци и Стрежево го завршуваат проектот за наводнување на полето-стр.9

РЕК Битола ќе го асфалтира патот Новаци-Коп во должина од 11 км—стр.9

Велигденски панаѓур во Пензионерскиот клуб во Новаци—стр.10

Page 2: Информатор

2

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО 12 :30 ЧАСОТ

ЦЕНА 400 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во

јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска,Мирјана Кузмановска, Елена

Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Информатор

3

Лазар Котевски и официјално старо-нов градоначалник на Општина Новаци

Претседателот на

Општинската изборна

комисија Стевче Ангелевски

им ги врачи Уверенијата на

градоначалникот Лазар

Котевски и советниците од

новиот состав на Советот на

општина Новаци.Свечениот

чин се одржа во салата на

Советот на општината .

Староновиот градоначалник

Котевски им се обрати на

советниците и од нив побара

максимална поддршка при

реализацијата на

планираните проекти и активности со цел подобрување на животот на локалното

население.

„Најпрво сакам да ви честитам и да ви кажам дека овие мандати истовремено значат чест

но и голема обврска. Добивме огромна поддршка од жителите на општина Новаци и во

наредните 4 години истата ќе треба да ја оправдаме на тој начин што ќе се залагаме за

подобрување на нивните услови и квалитетот на живот.“ рече Лазар Котевски,

градоначалник на

општина Новаци.

Лазар Котевски е

избран за

градоначалник на

општина Новаци

со 1837 гласови

односно со

79,42% од

вкупниот број на

избирачи кои

гласале.

Новиот состав на

Советот на

општина Новаци

е составен од 7

советници од

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и два членови од Коалицијата на СДСМ.

Следната недела ќе се одржи свечената седница на Советот на општина Новаци а потоа

ќе се започне со редовна работа.

Page 4: Информатор

4

Министерот Димовски во посета на поплавените подрачја во општина Новаци

Министерот за земјоделство

Димовски заедно со

градоначалникот Котевски ги

посетија поплавените

подрачја во општина Новаци

која беше најпогодена од

минатонеделните обилни

врнежи.Најавија доставување

предлог до Владата за

одредување модел за

обештетување на

земјоделците.

Во Пелагонија под вода се

наоѓаат 2900 хектари обработлива површина која на некои места изнесува дури до метар

и половина.Поволната временска прогноза во следните денови ќе допринесе за

повлекување на водата со што ќе се создадат услови Комисијата за утврдување на штети

да излези на терен за да ја согледа фактичката состојба и да изврши процена на штетите .

„Ова е вонредна состојба, паднаа 60 литри на метар квадратен дожд.Ваква ситуација

немало од далечната 1950 година. Според податоците на УХМР протокот на вода во

критичниот ден 7 април изнесувала 79,5 м/с додека наредниот 170 м/с.Толкаво количество

вода река Црна во никој случај неможела да прими па дури и целосно да беше исчистена“

рече Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ.

Министерот Димовски најави комплетно чистење на коритото на река Црна и на

примарната каналска мрежа во текот на летниот период, зафат во кој заеднички ќе се

вклучат министерството, јавните претпријатија и двете општини Новаци и Битола.

„ Цела среќа што оваа вода не навлезе во населените подрачја. Главната причина за

поплавите е пробивањето на десеттиот канал и река Црна. Се договоривме да преземеме

соодветни мерки за да го санираме тој канал а општината ќе си преземи обврски да ги

чисти како што и досега ги чистеше каналите од секундарната мрежа.“ реча Лазар

Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Најголеми штети од поплавите има Земјоделскиот Комбинат Пелагонија.

„Поплавени се околу 2000 чехтари од кои 1100 ха се под есенски култури додека 900 ха

беа припремени за пролетната седиба.Работиме на терен, веќе се излезени екипи за да ги

проценат поплавените површини а штетите допрва ќе се утврдуваат. “ рече Тоде

Лазаревски, раководител на производна линија Новаци.

Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров рече дека осигурувањето на

земјоделските посеви од поплави не е можно затоа што осигурителните компании нудат

пакети само за осигурување од град.

Во општина Новаци најпогодени се селата Рибарци, Новаци, Гнеотино и Гермијан со околу

500 хектари обработлива површина која 90 % е засеана со житни култури.

Page 5: Информатор

5

Нови поплави на територијата на општина Новаци

По село Гнеотино каде состојбата со

поплавите денеска е влошена , под вода се

најдоа и обаботиливите површини во атарот

на село Рибарци и Агларци , како и

фабриката за производство на природен гас

„Вазар“.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар

Котевски со кризниот штаб на ЦУК и

Дирекцијата за заштита и спасување

повторно излегоа на терен со цел директен

увид во новонастаната состојба.

„Зголемено е нивото на вода во село

Гнеотино за разлика од вчера, каде водата од река Црна чие ниво денеска изнесува рекордни 4,10

метри се враќа назад во 10-тиот канал,кој поради тоа што н може да прими толкаво количество

вода се скина и водата започна да тече и да го поплавува атарот на с.Гнеотино. Опасност од

поплавување на куќите нема, врнежите престанаа па започна да се намалува и нивото на Црна

кое вчера изнесуваше 4,20 метри.Засега тука неможе ништо да се интервенира додека не се

повлечи водата.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Котевски ја посети и приватната фабрика за производство на ЦО2 „Вазар“ каде што е поплавен

дворот а водата започна да навлегува и во халата за производство.

Под вода се наоѓаат посевите во околината на село Рибарци, а појава на поплави има и во атарот

на село Агларци каде водата се враќа назад

преку 9 тиот канал и ги поплавува тамошните

обработливи површини.

Повторно поплави во Гнеотино

На село Гнеотино повторно му се заканува опасност од поплавување.Градоначалникот Лазар Котевски од рано изутрина со стручна екипа составена од претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излегоа на терен и будно ја следат состојбата. „Заради преполнување на 10-тиот канал и кинење на насипот започна прелевање на водата во земјоделските површини кои се наоѓаат во непосредна близина на село Гнеотино. Од утринава постојано сме во контакт и еве излеговме на терен со цел да видиме каква е ситуацијата. За да се спречи поплавување на селото во соработка со ЗК Пелагонија се пушти затворачницата од 10-тиот канал кој е во надлежност на РМ – Битолско поле и водата свесно се пренасочи кон поплавување на околу 200 хектари земјоделски површини на комбинатот.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Ваква слична акција беше презема и пред еден месец кога село Гнеотино се најде во слична ваква ситуација.На територијата на општина Новаци поплави има и во село Гермијан. Последиците и штетите кои настанаа од обилните врнежи од дожд дополнително ќе се утвруваат.За да се спречат поплавите во Пелагонија потребно е итно чистење на дното на река Црна која не е чистена од 1983 година а е главен реципиент на водите од сите реки и канали во околината. Според последните истражувања на дното има талог од 110 метри разни наноси и вегетација кои треба да се отстранат. Владата на РМ оваа година одобри средства за чистење на река Црна односно одобри

соодветна количина нафта од стоковите резерви за таа намена.Чистењето ќе се спроведува

од село Брод до вливот на река Драгор.

Page 6: Информатор

6

Се излеа река Елешка во атарот на Гермијан

Градоначалникот на општина Новаци

Лазар Котевски со стручни екипи од

Центарот за управување со кризи и

Дирекцијата за заштита и спасување

извршија увид во атарот на село

Гермијан каде се излеа река Елешка и го поткопа

мостот.Првично беа поплавени околу 400 а сеуште под вода се 200 хектари обработлива

површина.

„Еве со претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и

спасување излеговме на терен со цел да ја видиме фактичката состојба.Имавме голем

прилив на вода во ноќните часови заради обилните врнежи, поплавени се околу 400

хектари, сега водата полека се повлекува и под вода се околу 200 хектари.Има големи

оштетувања на мостот баш каде што се наоѓаме сега,овде треба под гитно да се направи

санација бидејќи постои опасност, потпорниот ѕид е срушен и може да се сруши и овој

мост.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Жителите на село Гермијан чии ниви се поплавени можат да поднесат баарње за

надомест на штети во подрачната единица на Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство Битола.

Завршено е асфалтирањето на

патниот правец Рибарци-Гнеотино

Заврши асфалтирањето и градежните

работи на патниот правец Рибарци-

Гнеотино.Станува збор за делница во

должина од 4100 метри за што се

потрошија околу 19 милиони

денари.„Градежните работи започнаа на

средината на месец март и еве по месец

и половина асфалтирањето на локалниот

патен правец во должина од 4 км, кој ги

поврзува селата Рибарци и Гнеотино е

завршен.Средствата се обезбедени од кредит на ЕБОР во соработка со Владата на РМ.“

рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Изведувач е градежното претпријатие „ Илинден“ од Струга.Во следниот период ќе се

асфалтираат патните правци Мегленци-Арматуш,Р1311-Зовиќ,с.Брод- Р 51о и со средства

на РЕК Битола патниот правец Новаци-Коп.

Page 7: Информатор

7

Со свеченост започнаа градежните работи за асфалтирање на патот Мегленци-Арматуш Со баклава и локум во единственото муслиманско село Арматуш под јурисдикција на општина Новаци,се означи почетокот на градежните работи за асфалтирање на локалниот патен правец во должина од 2490 метри. Проектот чини 12 милиони денари,средства обезбедени од општината во соработка со Владата на Република Македонија. Покрај месното население на свеченоста присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,муфтијата Плуми Велиу и државната администрација , а

настанот беше медиумски покриен.„Овој проблем околу изградбата на патот го имавме години наназад.Со помош на ЕБОР, СБ и Владата сега ќе го асфалтираме но не само овој пат кој е во должина од 2,5 км туку и други како што се Р-509 Мегленции - 2 км,потоа во програмата го имаме планирано патот Старавина-Зовиќ - 4,5км и патниот правец Брод- Р 120 во должина од 2 км. Сите овие ќе бидат готови за 2-3 месец.Пред извесно време беше завршена изградбата на патниот правец Рибарци -Гнеотино во должина од 5 км.Овој пат е достав важен затоа што им беше навистина потребен на овие жители ние во неколку наврати го саниравме и одржуваме но сега со асфалтот ќе видат голем благодет жителите на Арматуш кои се занимаваат со земјделство и сточарство и своите производи полесно ќе можат да ги пласираат на пазар. “ вели Лазар Котевски-градоначалник на општина Новаци.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Жителите презадоволни од асфалтирањето на патниот правец Мегленци-Арматуш. „ Од кога дојде градоначалникот Котевски ни ги спаси децата затоа што патуваа по 12 км дневно,од Арматуш до Дедебалци и во време и невреме, што немаат доживеано, се имаат качвано по далноводите за да се спасат од сурија волци кои ги напаѓааМногу им сме благодарни на градоначалникот Котевски што ни ги спаси децата. “ вели жител на с. Арматуш. „Од патот очекуваме да ни се олесни работата и нас но и надецата кои одат на училиште.Прво немавме никаков пат, потоа добивме тампониран пат а еве сега благодарение на градоначалникот Котевски ќе доќекаме и асфалт“ вели друг жител на с. Арматуш. „ Господинот Лазар Котевски како градоначалник на општина Новаци под чии ингеренции потпаѓа и селото Арматуш каде жителите се од етничка албанска припадност и верска припадност им е исламот без да се раководи од национална или веркса припадност ја заврши својата обврска како градоначалник и на ова село и овие граѓани им овозможи поквалитеттн живот.“ вели муфтијата Плуми Велиу. Инвестицијата чини 200 илјади евра или 12 мил.денари. Изведувач на градежните зафати и реконструкцијата на овој локален патен правец е градежното претпријатие „Алпине“ од Гостивар.

Page 8: Информатор

8

Владините пари за рурален развој добредојдени за општина Новаци

Со цел што повеќе

од селата во

земјава да се

развиваат, а дел од

нив и да се обноват,

Владата ќе го

помага развојот на

инфраструктурата

во руралните

средини, а на тој

начин ќе се

зачуваат и

традиционалните

македонски

вредности.

Два и пол пати

повеќе средства од минатата година, или околу 4,5 милиони евра, ќе бидат одвоени за

проекти за

подобрување на

животот на

граѓаните од

руралните средини.

За Општина

Новаци, која во

најголем дел е

рурална, ваквата

владина мерка е од

огромно значење за

натамошниот

развој, истакна

градоначалникот

Лазар Котевски.

Општините по овие

проекти ќе можат да

аплицираат од наредниот месец, а средствата за кои една општина може да аплицира, не

смеат да бидат повисоки од 200 милиони денари.

„ Со обмислени проекти за развој на руралните средини, општините од земјава ќе можат

од мај да аплицираат за пари кои за инфраструктурни проекти од буџетот ќе ги одвои

Владата која најави дека ќе покрие 100 проценти од вкупната вредност на проектот. На

овој начин, се поттикнува обновувањето на домовите на иселеницитеa кои ги има во

голем број во мариовскиот крај, а исто така, со подобрата инфраструктура, расте и

интересот за инвестирање. “ рече Лазар Котевски.

Според владините најави, општините на чија територија има рурални населени места,

можат да аплицираат за поврзување меѓу две или повеќе села во должина од 5

Page 9: Информатор

9

Новаци и Стрежево го завршуваат проектот за наводнување на полето

Проектот за префрлање на водоснабдителниот систем на Стрежево преку реката Црна, со

цел наводнување на новачкото поле ќе биде готов до крајот на работната недела.

Стручните служби на Јавното претпријатие Стрежево во соработка со Општина Новаци

очекуваат проектот деновиве да го помине последниот филтер пред да се најде пред

надлежните во Министерството за земјоделство.

„Проектот е веќе готов, до петок ќе биди готов ревизија е извршена сега чекаме само

одобрение за да го прифатат од Министерство за земјоделие , потоа да се одобрат

средствата и да започниме со работа.Ова е еден од најважните проекти и тоа не само за

нашата општина , кој проект ќе опфати доста обработливи површини оддвете страни и од

општина Новаци и општина Могила.Бенефитот за земјоделците ќе биде многу голем. “

рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Еден од најважните проекти за пелагониските замјоделци изминативе децении е еден и од

најскапите досега изведувани во Новаци. Пред да протече вода низ системот, според

Котевски, ќе биде потребна финансиска поддршка за проектот од повеќе извори.

„Проектот е многу голем околу 6 милиони евра, средства кои неможат наеднаш да се

обезбедат, затоа ќе се оди во фазна изработка :првата фаза е 1,5 милиони евра а

средствата ќе ги бараме од МЗШВ, Владата, општината ид руги донатори и фондации.“

рече Котевски.

Со проектот за префрлање на хидросистемот Стрежево преку реката Црна, предвидено е

да бидат покриени околу 500 хектари обработлива површина во новачкото поле.

РЕК Битола ќе го асфалтира патот Новаци-Коп во должина од 11 км

На средбата помеѓу

градоначалникот на општина

Новаци Лазар Котевски и

раководството на РЕК Битола и ЈП

Македонија Пат, се разговараше

за асфалтирањето на патниот

правец од Новаци до

Копот.Целокупната финансиска

конструкција за овој градежен

зафат ќе ја обезбеди најголемиот

производител на електрична

енергија на територијата на РМ,

РЕК.

„РЕК Битола со свои средства ќе го асфалтира патниот правец Новаци-Коп во должина од

11 километри а ние тоа ќе го искористиме и ќе го поврзиме патниот правец кој води до

село Брод.ова ќе биде голема придобивка за жителите кои гравитираат во ова подрачје. “

рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци на чело со градоначалникот Лазар Котевски кој го обработува својот трет

мандат наскоро ќе започне со работа на изградба на патниот правец Р1311 до село Зовиќ,

мариовско.

Page 10: Информатор

10

Прва седница на новиот состав на Советот на општина Новаци

Новиот состав на советот на

Општина Новаци денеска ја

одржа првата конститутивна

седница на која имаше

неколку точки на дневен ред.

Советниците најпрво избраа

верификациона комисија,

потоа следеше верификација

на мандатот на членовите на

Советот, потпишување и

полагање на свечена изјава,

избор на членови на

кандидациона комисија за

предлагање на кандидат за

претседател на Советот на општина Новаци, избор на претседател, избор на членови на

комисија за мандатни прашања, избори и именувања, комисија за урбанизам, комунални

дејности и заштита на животната средина, комисија за финансирање, буџет и локален

економски развој, комисија за статут и прописи и комисија за општествени дејности.

Претседател на новиот состав е Пецо Мицевски а на конститутивната седница

присуствуваше и градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Советот на општина Новаци брои 9 члена од кои 7 се од Коалицијата „За подобра

Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ а двајца членови се од СДСМ.

Втора седница на Советот на општина Новаци

Денеска во просториите на општинската зграда во Новаци се одржа втората седница на

новиот состав на Советот на општина Новаци.Советниците расправаа за 29 точки на

дневен ред и околу 12 останати барања и дополнувања.

На Седницата на Советот на општина Новаци присуствуваше и градоначалникот Лазар

Котевски.

„На денешната седница пред советниците беше претставен и усвоен тримесечниот

извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци, беа донесени неколку одлуки и

тоа за одобрување приоритет на проектот за добетонирање на коритото на 10-тиот

канал,за прочистување на одводни и доводни канали во новачкото поле, чистење на

каналот во местото Чаир,уредување-реконструкција на полски патишта за неколку

села,одлука за реконструкција на водоводот 5 чешми,изградба на мост во с.Градешница,

изградба на фекална канализација во селата:Добромири,Бач,Гермијан и Рибарци и многу

други проекти. “ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

На дневниот ред на денешната седница се најдоа и неколку барања за печатење на

книга, туристички водич за општина Новаци, барање од Културно уметничкото друштво

Новаци за патување во Хрватска,за реконструкција на училиштето во с.Зовиќ и негова

пренамена во планинарски дом, барање за изградба на капела при храмот Свети

Атанасиј во Новаци и слично.

Page 11: Информатор

11

АПРЗ и УСАИД потпишаа соработка за експанзија на мали бизниси

Советниците од Агенцијата за поттикнување

на развојот на земјоделството заедно со

стручни лица од Израел ќе им помагаат на

заинтересирани земјоделци од

пелагонискиот и полошкиот регион како со

помош на систем капка по капка и добри

земјоделски практики да ги зголемат

приносите при производство на

пченка.Општина Новаци е избрана за пилот

општина од овој регион.Градоначалникот

Котевски ја поздравува оваа идеја и

целосно го поддржува спроведувањето на

пилот проектот за „Експанзија на мали

бизниси“ во општина Новаци

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството заедно со Корпорацијата Карана

преку четиригодишен проект на УСАИД ќе ги

зјакнуват капацитетите на приватниот сектор

во земјоделството. Денеска беше потпишано

писмо за соработка по што ќе следуваат

активности во правец на поттикнување на

регионалниот економски развој.Станува збор

за проект за подржување на мали бизниси во

производството на пченка , преку воведување

на нова технологија на систем капка по

капка. Во целиот овој проект Агенцијата за

поттикнување на развојот на земјоделството ќе

биде вклучена преку своите советници со

промовирање на добри земјоделски пракси кои

заедно со системот капка по капка ќе им

овозможи на производителите на пченка да

добијат поголеми приноси.„Значи има за цел да го поттикне зголемувањето на приносот на пченка

нели имаше моменти кога цената не одговараше па немаше пласман сега значи со овој проект

имаме за цел да го зголемиме приносот ако до сега од хектар се даваа од 5-7 тони по хектар со овој

нов принцип има за цел да се зголеми

приносот од 16-20 тони по хектар.Значи

планираме во првата година

воведување на систем капка по капака и

имаме од Израел лице кои ќе ги обучува

избраните земјоделци."- вели Мирјана

Македонска директор на проектот

Во пелагонискиот и полошкиот регион

во овој пилот проект ќе бидат вклучени

44 одгледувачи на пченка кои

учествуваат во оваа пилот иницијатива

со земјиште од еден хектар за

демонстрација.

Page 12: Информатор

12

Општина Новаци дел од обуката „Вмрежување на локалните заинтересирани страни“

Центарот за развој на

пелагонискиот плански регион

продолжува со обуките во

рамките на проектот

„Воведување и спроведување

на Лидер пристапот во

пелагонискиот регион.

„Вмрежување на локалните

заинтересирани страни “ е

насловот на втората од вкупно

четирите кои треба да се

одржат во трите

микрорегиони:битолскиот,

прилепскиот и ресенскиот.

„На денешната обука ќе се

зборува за вмрежувањето на

локалните заинтересирани страни.Целта е да дознаат повеќе за мрежата која е неопходна

и мора да постои за успешно функционирање на ЛАГ-от, зошто мрежата е потребна,

презентација на различните

видови на мрежи, да дознаат

нешто повеќе за улогата на

менаџментот за успешно

управување и слично.Потоа ќе

имаме и две интерактивни

работи во групи.“ изјави

владимир Величковски

координатор на проектот во

ЦРППР.

Од Центарот го поздравуваат

Министерството за

земјоделство и донесувањето

на двата

документи:правилникот за

содржината и методологијата

за подготовка за пишување

стратегии и правилник за евидентирање на локалните акциони групи.

„Овие правилници се од голема корист за овој проект.Во втората фаза од овој проект ќе

пристапиме кон пишување на стратегијата за развој која е многу важна како документ.“

рече Величковски.

На обуката присуствуваа претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот

сектор.Проектот ПеЛАГонија ЛиДЕР е финансиран од УСАИД и ќе трае 4 години.

Page 13: Информатор

13

Обука за користење на ИПАРД средствата

Агенцијата за поттикнување

на развојот на

земјоделството заедно со

Бизнис Старт Ап Центарот

од Битола одржаа обука за

земјоделците од општина

Новаци за користењето на

средствата од ИПАРД

програмата.

Обуката беше дел од

проектот „Преку синергија и

трансфер на знаење, обуки

и поддршка до сопствен

бизнис“ на Министерството

за економија на РМ а

имплементиран од Бизнис

стартап центарот од Битола.

Учесниците се здобија со информации за иницијативата и реализацијата на ИПАРД

проектите како и појаснување за многубројните аспекти на оваа програма.

Обуката ја држеа искусни советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на

земјоделството на

интересни теми за кои е

потребено понатамошно

надоградување особено во

делот на подготовка на

проекти и придружни

документи.

Целта на проектот

проектот „Преку синергија

и трансфер на знаење,

обуки и поддршка до

сопствен бизнис“ е

поддршка на постоечките

микро и мали претпријатија

во

општините:Могила,Новаци

и Демир Хисар со цел

одржлив развој и зголемување на нивната конкурентност на национално ниво .

Улогата на БСЦ од Битола во реализацијата на овој проект е овозможување на услови во

овие три општини за мобилизирање на постоечките капацитети кои би можеле да имаат

големо влијание за подобрување на економската ситуација во Пелагонискиот регион.

Page 14: Информатор

14

Пошумување во манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци

Градоначалникот на општина

Новаци Лазар Котевски

заедно со Управниот одбор

на Манастирот Рожденство

на Пресвета Богородица во

Новаци и ЗЈКП „ Пела

Хигиена“ спроведоа акција на

пошумување на дворот.

„Денеска посадивме околу 20

-тина зимзелени туји кои кога

ќе пораснат ќе формираат

преубава жива ограда која ќе

допринесе за дополнително

уредување на

преубавиот двор на

единствениот манастир

во Пелагонија

Рожденство на Пресвета

Богородица во Новаци“

рече Лазар Котевски,

градоначалник на

општина Новаци.

Градоначалникот

Котевски во соработка

со управниот одбор на

манастирот наскоро ќе

започнат со изградба на

салата за свадби,

венчавки и крштевки во

склоп на манастирот кој

треба да добие и нови

конаци.

Page 15: Информатор

15

Прв семинар на тема „Силата на бабата“ во новоотворениот пензионерски клуб во

општина Новаци

18 жени пензионерки од општина Новаци

присуствуваа на првиот едукативен

семинар на тема „ Силата на бабата“ како

глобален феномен кој се одржа во

неодамна отворениот пензионерски клуб.

На семинарот се дискутираа начините на

кои жените пензионерки од целиот свет се

вклучуваат и допринесуваат за подобра

општествена заедница.

Присутните разговараа за можните идеи и

активности на пензионерскиот клуб во

иднина.

Семинарот беше дел од проектот

„За здрав и долг живот“ чија

основна цел е подобрување на

квалитетот на живот на

повозрасната категорија граѓани

во руралните средини преку

мобилизирање на пензионери и

нивно запознавање со

лидерството.

Во догледно време во

пензионерксиот клуб ќе се одржи

и едукативен семинар од областа

на здравјето .

Пензионерскиот клуб во Новаци е прв од ваков вид и е отворен со средства на општина

Новаци, Мировниот корпус и Здружението на пензионери од Новаци.

Page 16: Информатор

16

Велигденски панаѓур во Пензионерскиот клуб во Новаци

По повод големиот христијански

празник Велигден жените членки

на Пензионерскиот клуб од

Новаци организираа

продажен„Велигденски панаѓур

на пекарски

производи“.Средствата кои ќе

бидат собрани ќе бидат

искористени за купување на

работи потребни во клубот.

На панаѓурот присуствуваше и

ги поздрави присутните

градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.

„ Многу мие мило што гледам дека

го користите пензионерскиот клуб

кој неодамна го изградивме и

отворивме. Ви посакувам многу

вакви дружби во иднина и воедно

сакам да ја искористам оваа

прилика за да ви ги честитам

првомајските и велигденските

празници“ рече Котевски.

Како дополнителна активност

беше организирана и едукативна

работилница од областа на

здравјето насловена како „ Јас

работам со срце“ од д-р Жаклина Сирвини интернист-кардиолог .

Page 17: Информатор

17

Здружението пензионери од Скопје во посета на општина Новаци

Градоначалникот

на општина

Новаци и неговата

сопруга беа

домаќини на

дваесеттина

членови на

Здружението на

пензионери од

Скопје кои дојдоа

во посета на

општина

Новаци.Го посетија преубавиот манастир Рожденство на Пресвета Богородица и

неодамна отворениот

пензионерски

клуб.„Најпрво сакам да

ви се заблагодарам на

вашата посета.Вие сте

секогаш добредојдени и

се надевам дека

соработката ќе ја

продолжиме и

понатаму.При следната

ваша посета ќе

организираме

разгледување на

манастирот во

Паралово.Ваквите

посети се промоција на

нашата општина а и вие имате можност да видите нешто ново, нешто што досега го

немате видено. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.„мајка

Македонија такви градоначалници да

раѓа.Само со такви луѓе Македонија

ќе има успех.Му благодариме на

градоначалникот Котевски за топлото

добредојде и гостопримливоста“

рекоа од Здружението на пензионери

од Скопје.Градоначалникот Котевски

на пензионерите од Скопје им вети

при следната посета организирано

разгледување на манастирот во

Паралово и спиење во манастирските

конаци.

Page 18: Информатор

18

„Вештини за изработка на анализа“-трета Обука во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот

Продолжуваат обуките во рамките на проектот „Воведување и спроведување на лидер пристапот во Пелагонискиот регион". На обуката претставниците на невладините организации, приватниот и државниот сектор учеа за вештини за спроведување на проценка и анализа на локални заинтересирани страни. „Целта на оваа обука е учесниците да се запознаат со терминот засегнати странки,зошто е потребна анализата на заинтересираните страни при изработување на стратегии или аплицирање на проекти.Преку денешните вежби ќе се обидеме на учесниците да

им ги претставиме алатките кои се користат при оваа анализа и како да ги вклучат односно да ги мобилизираат заинтересираните страни во овој процес.Ние и понатаму ќе продолжиме со зајакнување на капацитетите на заинтересираните страни кои учествуваат на нашите обуки со цел да стекнат знаење за имплементирање на проекти и изработка на стратегија како потенцијална локална група.“ изјави Владимир Величковски, Центар за развој на пелагонискиот плански регион. Овие обуки се дел од првата фаза, а денешната е трета од вкупно четирите. „Оваа фаза ќе резултира со

регистрирање на ЛАГ со што ќе се создадат услови за втората фаза од проектот каде што ќе се фокусираме на пишување на стратегијата. До крајот седува уште една обука во секој од микрорегионите , поселе тоа ќе има координативни состаноци на кои ќе се одредуваат членовите на локалната акциона група “ изјави Величковски. Заинтересираноста од сите сектори во битолскиот микрорегион е голема на секоја обука, велат од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.Општина Новаци е дел од секоја обука на оваа тема.

Page 19: Информатор

19

ФОД донираше играчка во Центарот за ран едукативен развој на децата „Бамби“ во

Новаци

Дваесеттината дечиња кои редовно го посетуваат Центарот за едукативен развој „Бамби“

во Новаци од денеска во топлите пролетни денови ќе имаат нова занимација-нова

метална играчка за качување донација од Фабриката за опрема и резерви делови ФОД од

Новаци.

„Подолго време ја очекувавме оваа играчка која игротеката Бамби ја доби благодарение

на добрата соработка која општина Новаци ја има со ФОД.Оваа играчка е доста добра за

развој на моторните функции на децата и се надевам дека ќе биде добро искористена “

рече Лазар Котевски,

градоначалник на

општина Новаци.

Центарот „Бамби“ е

во процедура на

легализација и за

скоро време ќе

започне да работи

под државна капа.

Page 20: Информатор

20

Македонско-шпанска свадба во мариовско Зовиќ, општина Новаци

Мариовскиот крај полека но

сигурно прераснува во

туристичка дестинација. На 11

мај оваа година во Зовиќ ќе се

прави македонско-шпанска

свадба.Младоженецот Валентин

Секуловски роден во Швајцарија

со потекло од мариовско и

невестата Џенифер Лонго

родена во Шпанија , минатата

година го посетиле ова

живописно село и воодушевени

од неговата убавина на барање

на невестата, решиле својата

свадба да ја направат токму на

ова место.

„Ме радува што по толку

години во овие запуштени

крашишта повторно ќе се

слушне свадбеното

ѕвоно.Младоженците

планираат во Зовиќ да ја

имаат и својата свадбена

церемонија но и

целодневната забава за

гостите.Подготовките се

започнати а поканите се

поделени.Ние како

општина ќе направиме се

што им е потребно на

младоженците за да

имаат незаборавен ден.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На денот на свадбата младоженците со хеликоптер ќе слетаат во Зовиќ каде ќе се одржи

свадбената церемонија и каде ќе ги пречекаат македонските и швајцарските сватови.

Селото Зовиќ е лоцирано во општина Новаци на околу 50 км оддалеченост од Битола. Во

близина на селото течи Градешка река на која се наоѓа едно од најубавите зданија во

Мариовскиот крај т.н филмскиот мост каде е сниман дел од филмот „Прашина“ на Милчо

Манчевски.

Page 21: Информатор

21

Се одржа 13 тиот традиционален планинарски марш во Мариово

По повод 7 април, денот на здравството, во организација на Планинарското друштво “Медикус“ од Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“, се одржа традиционалниот 13. планинарски марш низ Мариово. Бидејќи на 7 април беше вториот круг на гласањето на локалните избори, маршот се одржа на 14 април на релација Рапешки мост - село Зовиќ и назад. На него учествуваа околу 300 планинари и љубители на природата од Битола и од околните градови, како и од Грција.

Со неколку автобуси и комбиња учесниците на маршот беа превезени од Битола до мостот кај селото Рапеш, а оттаму мал дел по течението на Црна Река, која заради обилната вода го имаше преплавено трасираното патче. Планинарите се префрлија по околните ридови за околу 11 часот да пристигнат во селото Зовиќ.

Таму најпрво беше разгледан атрактивниот мост, а потоа за сите нив беше сервиран ручек, топло гравче. По кусиот одмор планинарите од различни релации одново се вратија до мостот кај селото Рапеш од каде со автобусите беа вратени во Битола.

Дел од учесниците ги посетија и манастирот Чебрен, а повеќето од нив уживаа во природните убавини и знаменитости што ги има во околината на селото Зовиќ.

Маршот помина без никакви проблеми и потешкотии и долго време ќе им остане во сеќавање на сите учесници, а најповеќе на оние кои за првпат имаа прилика да престојуваат во овој дел на Мариово.

Интересно е што десетина ве-лосипедисти на маршот учествуваа од Битола до Зовиќ и назад во вкупна должина од 100 километри.

Page 22: Информатор

22

Промоција на Македонско-рускиот бизнис каталог во кој е претставена и општина

Новаци

Денеска напладне во Скопје во Винарскиот подрум

Сковин во присуство на неговата екселенција

амбасадорот на Руската Федерација во Република

Македонија господинот Олег Николаевич Шчербак и

мноштво гости беше промовиран новиот македонско-

руски бизнис каталог, под наслов „ПО ЕДЕН ПАТ СО

СВЕТОТ –РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА“ во кој е претставена

и општина Новаци.

Станува збор за каталог кој годинава излегува по трет

пат а во него се опфатени општи информации и

знаменитостите на Република Македонија и на 18

општини поединечно, содржани се податоци за

инвестициите во државата, електро

енергенсите,рудниците и рудното богатство, винарски

визби и разни други поголеми и помали претпријатија и

фирми.

Едицијата има за цел да ги прикаже и збогати бизнис

релациите помеѓу Руската федерација и Република

Македонија. Каталогот ќе создаде простор за нови пријателства, нови патувања, нови

бизнис релации и нови плодотворни активности во полето на индустријата, економијата,

сообраќајот, туризмот , културата и бизнис соработка.

„Станува збор за рекламен материјал односно руски бизнис каталог кој е испечатен во

колор издание на А4 формат, при што убавините и ресурсите со кои располага општина

Новаци се претставени со слики и текстуално презентирање на руски јазик.“ рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Издавач на каталогот е Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност Елита од Скопје, а

рекламниот материјал ќе биде дистрибуиран до деловните кругови во Руската

федерација.

Прво место за Анѓела Јончиќ од Новаци

Осмоодделенката Анѓела Јончик од ЦОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци освои прво

место на литературно-рецитаторскиот конкурс кој го организираше ОУ „Тодор Анѓелевски“

од Битола по повод патрониот празник.

На конкурсот со свои литературни творби учествуваа ученици од основните и средните

училишта од Битола и регионот а за најдобра беше прогласена онаа на Анѓела.

Анѓела Јончиќ е една од најталентираните и најактивните ученици.Ова не и е прва

награда и учество на вакви слични конкурси а е член и на Културно иновативниот клуб

„Новаци“ од Новаци каде учествуваше во двете аматерски театарски претстави.

Page 23: Информатор

23

Доделени сертификати за учесниците на натпреварот по спелување по англиски

јазик

Градоначалникот на општина Новаци Лазар

Котевски денеска им ги врачи сертификатите

на децата кои учествуваа на натпреварот по

спелување по англиски јазик кој го

организираше Хана Траскот од Мировниот

корпус и наставничката по англиски јазик во

ЦОУ„Славко Лумбарковски“.Градоначалникот

на општина Новаци Лазар Котевски ги

поддржува ваквите активности затоа што на

ваков начин децата од руралните средини

имаат можност за учење и усовршување на

англискиот јазик.„Сакам да ви честитам на

постигнатиот успех и да ве охрабрам за

поголеми успеси во иднина. “ рече Лазар

Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во натпреварот по спелување на англиски

јазик учество зедоа 25 ученици од училиштето

во

Новаци, 4 ученици од Бач и еден ученик од

подрачното училиште во Живојно.Најдобри

резултати покажа Мартина Китановска која освои

4 место на државното Spelling Bee

натрпреварување кое викендов се одржа во

Скопје.Целта на ваквите натпревари по

спелување е проширување на вокабуларот на

учениците, нивно охрабрување за правилно

изговарање и читање на зборовите како и подобрување на јазичните способности за

користење на англискиот јазик.

Прославен Денот на шегата во општина

Новаци

Дечињата од Центарот за ран едукативен развој "Бамби" од Новаци го изненадија градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски за 1 април - Денот на шегата. Во неговата канцеларија продефилираа спајдермени, принцези, кувари, вештерки, полицајци, кралеви и што уште не. Ова е редовна практика во игротеката за сите поголеми празници дечињата ја посетуваат општината или пак градоначалникот Котевски присуствува на активностите на најмалите жители на

Page 24: Информатор

24

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 282-114

Амбуланта с.Новаци:282-870

Полициска станица с.Новаци:282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел:282-446, факс:203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------