Информатор

36
1 Лазар Котевски ја прослави третата победа како градоначалник на општина Новаци стр.3 Лазар Котевски во следните 4 години со 150 нови проекти за општина Новацистр.4 17 години општина Новацистр.6 Свечено пуштен во употреба првиот пензионерски клуб во Новаци стр.8 Започна да се гради патниот правец Рибарци-Гнеотиностр.9 Заврши изградбата на новото монтажно училиште во Далбеговци стр.10

Upload: igorce-risteski

Post on 30-Mar-2016

231 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Информатор на општина Новаци

TRANSCRIPT

Page 1: Информатор

1

Лазар Котевски ја прослави третата победа како градоначалник на општина Новаци—стр.3

Лазар Котевски во следните 4 години со 150 нови проекти за општина

Новаци—стр.4

17 години општина Новаци– стр.6

Свечено пуштен во употреба првиот пензионерски клуб во Новаци—стр.8

Започна да се гради патниот правец Рибарци-Гнеотино—стр.9

Заврши изградбата на новото монтажно училиште во Далбеговци —стр.10

Page 2: Информатор

2

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО 12 :30 ЧАСОТ

ЦЕНА 400 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во

јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска,Мирјана Кузмановска, Елена

Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Информатор

3

Лазар Котевски ја прослави третата победа како градоначалник на

општина Новаци

Лазар Котевски е избран за градоначалник со поддршка од над 80 % од гласачкото

тело во општина Новаци.

Кандидатот за градоначалник во општина Новаци од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ,

Лазар Котевски по трет пат ја доби довербата од граѓаните, со поддршка од над

82,о8 проценти или 1837 гласа.

Неговите противници беа: Кирче Здравковски од СДУ со 37 гласа или 1,65 проценти,

Благојче Китановски од СДПМ со 15 гласа или 0,67 проценти, Мендо Талевски од „Сојуз

за иднината“ со 349 гласа или 15,59 проценти.

После прогласувањето на победата, Котевски заедно со своите подржувачи ја покажаа

радоста низ улиците во општина Новаци.

Page 4: Информатор

4

Лазар Котевски во следните 4 години со 150 нови проекти за општина Новаци

Во изминатиот период покажавме како се сака Новаци, нашата општина се сака со дела.Во изминатиот 8 годишен период откако сум на чело на општина Новаци наместо празни зборови, ветувања, лаги и манипулации реализирав околу 500 проекти рече Лазар Котeвски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со трет мандат за општина Новаци. Осврнувајќи се на сработеното во досегашниот мандат, Котевски нагласи дека е изградена нова и модерна општинска зграда, асфалтирани се преку 30 км патишта и 30 км улици, изградени се 5 ракометни игралишта, 8 детски забавни паркови со реквизити и многу други проекти Котевски го најави отпочнувањето со работа на Индустриската зона Новаци која е во завршна фаза и која наскоро се очекува да започне со продажба на парцели, каде ќе се отвори можност за нови вработувања. За наредните четири години најави

префрлање на хидросистемот Стрежево преку река Црна, спроведување паарно греење во општина Новаци со можност за развој на оранжериско земјоделско производство, изградба на спортска сала, повеќенаменско игралиште и отворен базен, канализациони системи во неколку села, редовно асфалтиурање на локалните патишта и улици и изградба на над 10 патни правци. - Ова се само дел од нашите дела кои ги ветуваме во наредниот период 2013-2017 година. Ова се само дел од 150-те проекти за општина Новаци и нејзините жители. Ова е начинот на кој ние повторно ја бараме вашата доверба, рече Лазар Котевски.

Page 5: Информатор

5

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци

Масовност, празнична атмосфера и

победничка еуфорија го карактеризираше

синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и

Коалицијата „ За Подобра Македонија“ во

Новаци.На собирот беше претставен

кандидатот за градоначалник Лазар

Котевски и советничката листа.Пред

присутните се обрати заменик министерот

за земјоделство, Зоран Коњановски.„Во

Новаци победникот за градоначалник ќе се

знае уште во 10 часот наутро “ рече Зоран

Коњановски, заменик министер за

земјоделство, шумарство и

водостопанство.Актуелниот градоначалник

и кандидат за градоначалник со трет

мандат се осврна на направеното во

изминатите 8 години на чело на општина Новаци.

„ Моите дела говорат за мене.Моите дела ја мерат мојата успешност , визија и искрена посветеност. Моите

дела стојат позади мене: сите 25 км асфалтирани улици,30 км асфалтирани патишта ,5 те изградени

модерни ракометни игралишта со осветлување,

8 те детски забавни паркови со реквизити,

партерните уредувања, реновираните

училишта, новото улично осветлување, ново

поставените тротоари, чистите канали,

изградените брани, мостови, оваа

репрезентативна и модерна нова општинска

зграда.“ рече Котевски.Од жителите на општина

Новаци повторно ја побара довербата за да го

заврши започнатото но и заедно да направат

многу повеќе од досега постигнатото.„Во

наредниот 4 годишен период имаме зацртано

многу развојни капитални проекти за

реализација. На страниците на мојата изборна

програма ви нудам над 150 проекти кои се

реални и остварливи,помали и поголеми , со кои ќе се подобри животниот стандард на населението.“ рече

Котевски.На митингот во Новаци беше претставена и советничката листа на Коалицијата „ За подобра

Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.„ Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во

општина Новаци сакам да ве потсетам дека во изминатите 4 години, јас како прв човек на Советот на

општина Новаци заедно со градоначалникот

Лазар Котевски реализиравме големи дела и

проекти од областа на инфраструктурата, одните

и канализационите системи, спортот,

образованието, културата, социјалната и

здравствената заштита за доброто на жителите

на општина Новаци.“ рече Пецо Мицевски“

носител на советничката листа.

На крајот на митингот кандидатот за

градоначалник побара од присутните на 24 март

да го заокружат редниот број 19 за кандидат за

градоначалник и редниот број 4 за советничката

листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Page 6: Информатор

6

17 години Општина Новаци

Општина Новаци слави 17 години од своето постоење. По скоро две децении развој и просперитет на најголемата по територија пелагониска општина, денес може да се констатира дека Новаци од анонимна се претвори во општина позната не само во македонски рамки, туку и пошироко.

Со последната територијална поделба, кон Новаци се припоија сега веќе пораншните општини Бач и Старавина, со што Општина Новаци стана една од најголемите по територија во Република Македонија, но за жал, и една од најмалку населените во земјата.

Задржување на постоечкото и привлекување назад на отселеното население од Новаци и населените места во општината, останува еден од приоритетите за градоначалникот Лазар Котевски.

„ Ја користам приликата да ги повикма сите домашни и странски инвеститори да дојдат и да инвестираат во општина Новаци."- вели новоизбраниот градоначалник Лазар Котевски. 60-70 години беа кобни за општината која им голема површина но е ретко населена заради миграцијата град село.Отогаш во континуитет се работи на подобрувањето на суловите за живот.

Развојот на општината е забележан во делот на спортот, културата, социјалната заштита и здравството како и во инфраструктурните и основи потреби на жителите како патишта, водоводи и канализациони мрежи. 17 – тиот роденден, Општина Новаци го одбелжа со голем број активности, меѓу кои полагање на свежо цвеќе на спомениците на Славко Лумбарковски и Пеце Матичевски и свечена седница на Советот на општината.

Page 7: Информатор

7

Свечена Седница и Свечен прием по повод 17 години постоење

По повод Денот на општина Новаци и

прославувањето 17 години постоење се

одржа свечена седница на Советот на

кој присуствуваа старите и новите

советници, општинската

администрација, гости и медиуми.

Потоа градоначалникот на општина

Новаци Лазар Котевски за своите гости

подготви свечен прием во новите и

модерни простории на

општината.

Page 8: Информатор

8

Свечено пуштен во употреба првиот пензионерски клуб во Новаци

Пензионеритe од oпштина

Новаци добија ново катче

за дружење, вчера

свечено беше

пуштен Пензионерскиот

клуб, прв од ваков тип од

постоењето на

општината.

Во него можат да

организираат седенки,

заеднички да гледаат

телевизија, да читаат

весници, да играат шах,

карти и домино.

„За прв пат по толку многу

години конечно пензионерите добија едно катче каде ќе се дружат и достојно ќе го минуваат

слободното време читајќи весници, играјќи шах и домино. Оваа убава и модерно уредена

просторија се надевам дека ќе им биде нивниот втор дом каде ќе можат да водат долги разговори,

да гледаат телевизија или да слушаат радио. Општина Новаци во континуитет се грижи за

највозрасната категорија граѓани обезбедувајќи им бесплатен автобуски превоз за туристичките

прошетки кои ги организираат. Со таа редовна практика ќе продолжиме и понатаму и во наредните

4 години како градоначалник на општина Новаци нема да престане мојата грижа и мојот ангажман

за доброто на пензионерите од општина Новаци“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина

Новаци.

Здружението на пензионери

додели околу 20 тина

благодарници на заслужни лица

за постоењето и деливањето на

пензионерското здружение.

„Многу му сме благодарни на

градоначалникот Котевки и на

локалната самоуправа како и на

Хана од Мировниот корпус кои

ни овозможија да го добиеме

овој пензионерски дом.

Здружени со добра соработка

резултат и тие нема да

изостават, а резултатите

зборуваат за она што сме го изодиле досега во однос на активностите на културно забавен,

спортски и рекреативен план“ рече претседателот на здружението на пензионери од Новаци Владо

Аврамовски.

За Пензионерскиот клуб потрошени се околу 500 000 денари од кои 230 000 денари се средства

обезбедени од општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски, 88 000 денари од Здружението

на пензионери на општина Новаци а остатокот од 183 000 денари од Американскиот Мировен

Page 9: Информатор

9

Започна да се гради патниот правец Рибарци-Гнеотино

Започна да се гради патниот

правец кој ги поврзува

населените места Рибарци-

Гнеотино во должина од 5

км.Градоначалникот на општина

Новаци, државната

администрација и локалното

население присуствуваа на

осветувањето и отпочнувањето

со градба.

„Денеска започнуваме со

изградба на патниот правец

Рибарци-Гнеотино во должина од

5 км .Ова е еден од нашите

приоритети кој благодарение на

проектот на Владата на РМ и

одобрените средства од кредит од

ЕБОР започнуваме да го

реализираме, а во наредниот период

ќе реализираме уште 4 патни

правци“ рече градоначалникот на

општина Новаци, Лазар Котевски.

„Многу му благодариме на

градоначалникот Котевски кој

започна да ни го гради патот.Во

изминатиот период во село Гнеотино

се вратија да живеат 4 семејства а сега се надевам дека нивниот број ќе се зголеми,

благодарение на залагањето на градоначалникот и подобрувањето на условите за живот“

рече Тони Стојчевски, жител на

село Гнеотино.

Со средства од ЕБОР општина

Новаци во догледно време ќе

започне да се градат патните

правци: Мегленци-

Арматуш,Р1311-Мегленци,Р511-

Зовиќ и Брод-Р510.

Page 10: Информатор

10

Заврши изградбата на новото монтажно училиште во Далбеговци

Во присуство на државниот секретар

за образование Елизабета

Тодоровска,градоначалникот на

општина Новаци Лазар Котевски,

советничките за образование во

Новаци и Битола Мирјана

Кузмановска и Снежана Петровска,

директорката на ЦОУ „Славко

Лумбарковски“ Ана Котевска

Велјановска и многу гости, жители и

дечиња беше означен крајот на

градежните работи на новото

монтажно училиште во село

Далбеговци.„Еве денеска сме тука

во посета на новото монтажно

училиште во с.Далбеговци кое е донација на Министерството за образование во вредност од 3,5

мил.денари а и општината од својот буџет има одвоено околу 1,5 милиони денари за уредување

на паркот, оградата, бетонското платоо на кое е поставено училиштето. Многу ме радува фактот

што село далбеговци за прв пат добива училиште и 15-тината деца кои од следната учебна година

ќе посетуваат редовна настава тука нема да одат на училиште во другата општина и нема да се

малтретираат секојдневно да патуваат во разни временски прилики “ рече Лазар Котевски

градоначалник на општина Новаци. Монтажното училиште во Далбеговци е 17-тото по ред од

вкупно 25 колку што ги гради Министерството за образование на РМ.„ Овој објект во кој од

следната учебна година ќе учат толку многу деца е изграден благодарение на залагањата на

градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.Ние како министерството ќе продолжиме и

понатаму да вложуваме и да го развиваме образовниот процес насекаде низ државата“ рече

Елизабета Тодоровска, државен секретар за образование на РМ:Новото училиште во Далбеговци

е осмото по ред подрачно училиште кое ќе функционира во склоп на ЦОУ„Славко Лумбарковски“

Новаци.„Благодарение на успешната

соработка помеѓу Општина Новаци и

Министерството за образование

успеавме да издејствуваме изградба на

ова прво училиште во село Далбеговци.“

рече советничката за образование во

општина Новаци,Мирјана

Кузмановска.„Многу сум среќна денес

затоа што денес присуствуваме на

означувањето на крајот на градежните

работи на новото монтажно училиште во

Далбеговци.Ова е наше 8 по ред

училиште кое ќе функционира во склоп

на централното училиште „Славко

Лумбарковски“ во Новаци.“ рече Ана Котевска Велјановска ,директорна ЦОУ„Славко

Лумбарковски“ Новаци„ Училиштето се простира на околу 140 метри квадратни површина, има две

училници, санитарни јазли, кујна, сопствена котлара, ограден двор со забавни рекквизити и

играчки а позади чилиштето се наоѓа ново современо ракометно игралиште со осветлување кое го

има изградено општина Новаци“ рече инвеститорот Макстрој.Новото монтажно училиште е

одговор на барањето на родителите да се изгради училиште за да се спречи секојдневното

патување на децата по 3 км со секакви временски непогоди .

Page 11: Информатор

11

Бизнис делегација од Измир предводена од амбасадорот Тасковски во Новаци

Амбасадорот на Р.Македонија во

Р.Турција Горан Тасковски со турски

бизнисмени од Измир во посета на

градоначалникот Лазар Котевски и

општина Новаци.Ваквите посети не се

реткост и се случувале во повеќе

наврати, затоа што општина Новаци

извесно време е во преговори за

збратимување со сродна општина од

оваа земја.

„Денеска сме дојдени во посета на

мојот драг пријател Лазар Котевски со

кој имаме одлична соработка.Веќе

одреден временски период работиме

на изнаоѓање на општина која е

сродна со Новаци и со задоволство

можам да кажам дека наскоро ќе

издејствуваме збратимување помеѓу

Новаци и Бергамо,општина која се

наоѓа во околината на Измир. Исто

така ја донесов оваа турска

делегација бизнисмени од Измир со

цел да се запознаат со можностите за

инвестирање и со индустриската зона

која наскоро ќе започне да работи “

рече амбасадорот на Р.Македонија во

Р.Турција ,Горан Тасковски.

Турските бизнисмени покажаа голем интерес за инвестирање во земјоделството,

туризмот, културата и спортот како и за купување парцели во индустриската зона Новаци.

Амбасадорот Тасковски со

турските бизнисмени му ја

дадоа својата поддршка на

кандидатот за градоначалник

Лазар Котевски и ја поддржаа

политиката на ВМРО-

ДПМНЕ.Изразија подготвеност

во периодот кој следува

повторно да ја посетат

општина Новаци и да остварат

соработка со староновиот

градоначалник и локалната

самоуправа.

Page 12: Информатор

12

Со приредба прославен патронатот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Бач и

Новаци

Во весела атмосфера и со

пригодна свечена приредба

подготвена од наставниците и

учениците од подрачното и

централното училиште „Славко

Лумбарковски“ во село Бач и

Новаци беше прославен патрониот

празник.

Патронатот на ЦОУ„Славко

Лумбарковски“ се слави заедно со

празникот на општина Новаци.За

таа цел денеска во општинската

сала со почеток во 16 часот ќе има

главна приредба на централното училиште од Новаци.

Утре од 08 до 12 часот

ЦОУ„Славко Лумбарковски“

Новаци има отворен ден, во 10

часот и 30 минути ќе се положи

свежо цвеќе на споменикот на

херојот чие име го носи ова

основно училиште како и на

загинатиот припадник на

резервниот состав во конфликтот

во 2001 година со потекло од

Новаци Пеце Матичевски.На

пладне поточно во 12:30 ч.

закажана е свечена седница на

Советот на општина Новаци а во

13 часот свечен прием во новите

простории на општина Новаци.

Денот на општина Новаци ќе

биде одбележан и со спортски

активности. На фудбалскиот

стадион во Новаци за утре е

закажан пријателски меѓународен

натпревар помеѓу пионерите и

кадетите на ФШ Талент 2010 од

Битола и Динамо од Тирана,

Р.Албанија .

Page 13: Информатор

13

Почит за Пеце Матичевски по повод денот на општина Новаци

По повод денот на општината ,

30 март, делегација од

општина Новаци положи

свежо цвеќе на гробот на Пеце

Матичевски, припадник на

резервниот состав по потекло

од Новаци, кој загина во

конфликтот во 2001 година.

На денот кога се навршуваат

12 години од загинувањето на

Пеце Матичевски 5 јуни,

претставниците на

општинската организација на

резервни офицери на

Република Македонија во

негова чест на гробиштата во

Новаци ќе постават спомен

обележје и јарбол со

државното знаме кое ќе биде

подигнато со сите

почести.

Page 14: Информатор

14

Oпштина Новаци

домаќин на

меѓународен

фудбалски натпревар

По повод Празникот на општина Новаци на фудбалскиот терен во село Новаци се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу ФК Талент 2010 од Битола и Динамо од Тирана, Р.Албанија. Фудбалски натпревари се одиграа во категоријата пионери и кадети со почеток во 12

и 14 часот, и во двата натпревари подобри беа фудбалерите на Талент. „По повод денот на општината организираме бројни активности како што се прослава на патронатот на училиштето во Новаци и Бач, отворен ден на ЦОУ „Славко Лумбарковски“,свечена седница на Советот на општината, свечен прием како и овој меѓународен фудбалски натпревар.Ние сме големи поддржувачи на спортот и спортските натпревари а со ваквите активности ќе продолжиме и понатаму.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Пионерската екипа на ФК Талент вчера го одигра првиот полуфинален меч за Купот на пионери на РМ со Милано од Куманово и триумфираше со резултат 1-0.Гостите од Тирана денеска пријателски натпревар одиграа и со ФК Пелистер. Градоначалникот котевски, гостите фудбалери од ФШ Талент 2010 од Битола и Академија Динамо од Тирана Ги прими во новите и модерни простории на општина Новаци.

Page 15: Информатор

15

Проектот ТЕЛЕТЕРМ финишираше во Новаци

Општина Новаци беше домачин на завршната конференција со која финишираше проектот за паарно греење ТЕЛЕТЕРМ на општините Новаци и Битола Денес во Општината Новаци се одржа завршната конференција на проектот „Пренос на знаење за централно греење во Битола и Новаци" со кој преку топлинската енергија од РЕК Битола ќе се топлифицира општина Новаци, општина Битола и ќе има крак за Могила. Проектот ТЕЛЕТЕРМ е со

поддршка од европските фондови, а вредноста е околу 160 000 евра за двете општини. Општина Битола има 100 000, а општина Новаци 60 000 евра. - „ Како што кажавме ние гарантираме континуитет и веќе продолжуваме со еден од најважните проекти што ги најавивме, тоа е топлификација на Битола, односно топлификација на регионот. Топлинската енергија која што треба да излези од РЕК Битола, преку општина Новаци, до општина Битола со еден крак за Могила подразбира многу подготовка. Ова е еден многу интересен европски проект – „ТЕЛЕТЕРМ“, каде што искуствата кои што ги имаат нашите соседи во Грција, со голема поддршка на фондовите од Европска унија, како и нашето досегашно искуство се сумира во еден убав проект наречен „ТЕЛЕТЕРМ“ кој што значеше истражување, физибилити студија, значењето, спецификите, како да се поврзат општинските згради, останатите објекти итн. Денеска е завршната конференција, а вредноста е околу 160.000 евра за двете општини. Општина Битола има 100.000, а општина Новаци 60.000 евра, а другиот дел е во соседството во Лерин и останатите општини. Проектот е многу значаен затоа што тука ги имаме сите податоци, сите искуства, за да влезиме во подготовка на нашиот проект, кој што со одлука е поддржан од Владата на Република Македонија, а ЕЛЕМ е задолжен да направи свое акционерско друштво, нешто што веќе е завршено и веќе ја имаме изготвената физибилити студија, а продолжуваме со изготвување на проект кој што ќе значи изготвување на главен проект за топлификација на регионот. Искуството со „ТЕЛЕТЕРМ“ ни помага за побрза и дефинитивна реализација на топлификација, проект кој треба да биде завршен во следните 4 години “, изјави Владимир Талески, градоначалник на општина Битола. Целта на проектот ТЕЛЕТЕРМ беше да се пренесе знаење и искуство за централно греење од Аминдео на Битола и Новаци.

Page 16: Информатор

16

-Овој долгогодишен сон за парно греење на овој регион се остварува, а бенефитот го гледам во одгледување на оранжерии и пластеници бидејќи имаме многу плодно земјиште во општина Новаци, заинтересираноста е многу голема, а нашето население ќе се ангажира околу спроведувањето на овие работи, изјави Лазар Котевски, кандидат за

градоначалник на Новаци.

Со реализацијата на овој проект преку направените истражувања и изработените технички студии уште еднаш се потврди потребата, но и оправданоста како економска, така и од аспект на животната средина за што побрза изградба на систем за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК „Битола“.

Со реализацијата на овој проект преку направените истражувања и изработените технички студии уште еднаш се потврди потребата, но и оправданоста како економска, така и од аспект на животната средина за што побрза изградба на систем за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК „Битола“. На денешната завршна конференција присуствуваа и претставници од Европската унија, кои рекоа дека овој проект е важен затоа што поврзува две многу важни цели, прекуграничната соработка и енергетска ефикасност на Република Македонија. -ЕУ ценеше дека прекуграничната соработката со Република Грција и Република Македонија е од големо значење за Македонија и Грција еднострано. ЕУ вложи 27 милиони евра во овие проекти за прекугранична соработка и се надева дека тие средства ќе бидат разумно искористени од двете страни. Со тоа што уште 2 000 000 евра се одобрени од властите во Македонија за овој проект. ЕУ цени дека вложувањето во енергетската ефикасност е многу важно и сакам да потенцирам дека РМ треба да вложи околу 2,3 милијарди евра со цел да ги исполни нормите и стандардите кои што ги налага ЕУ, изјави Ингрид Сагер, Делегација на ЕУ во Македонија Согласно проектот, градежните работи треба да почнат во 2014 година, а 2017 година да биде ставено во употреба.

Page 17: Информатор

17

ЕЛЕМ ќе гради концентрирачка соларна централа меѓу Новаци и Добромири

Во просториите на

општина Новаци денеска

се направи Презентација

на Студијата за оцена на

влијанието врз животната

средина и социјални

аспекти при изведбата на

Концентрирачката соларна

централа на инвеститотот

АД ЕЛЕМ.Изготвувач на

студијата е Емпириа ЕМС

Скопје. За најповолна

локација е избрано

земјиште во битолското

поле помеѓу населените

места Новаци и Добромири

кое се простира на 39

хектари површина.

„АД ЕЛЕМ планира да

гради концентрирачка

соларна централа за

изкористување на

сончевата енергија како

обновлив извор на

енергија за

производство на

електрична

енергија.Централата ќе

се гради на територија

на општина Новаци а

ние ја изготвувавме

студијата за оцена на

влијанието врз животната средина.“ рече м-р Константин Сидеровски, сениот експерт за

ОВЖС во Емпириа ЕМС Скопје.

Студијата опфати резиме на влијанијата и

мерки за нивно намалување, а истата

може да се погледне на веб страната на

Министерството за животна средина и

просторно планирање на РМ или во

просториите на општина Новаци.

Од ЕЛЕМ велат дека при реализацијата на

проектот ќе се вклучат меѓународни

финансиски институции како Светска

Банка и ЕБОР.

Page 18: Информатор

18

Земјоделците од Новаци потпишаа Меморандум за соработка со УСАИД

ЕУ ЛЕАДЕР проектот продолжува со

својата реализација во општина

Новаци која е избрана како пилот

општина претставувана преку шест

земјоделци производители на

пченка и индустриски домат.

Денеска е потпишан меморандум за

соработка помеѓу избраните

земјоделци и претставниците на

УСАИД за пилот проектот

„Експанзија на мали бизниси“

финансирана од КАРАНА

Корпорацијата а подржана од

УСАИД.

„Во месец април ќе биде организирана

обука за земјоделците кај кои ќе се

спроведе системот за наводнување „

капка по капка“ со цел да се

информираат како тој функционира и

слично. Со спроведувањето на овој

систем очекуваме приносите по хектар

да се зголемат значително“ рече Карл

Ларкинс менаџер на проектот.

Градоначалникот на општина Новаци

Лазар Котевски ја искажа својата

благодарност за изборот на општина

Новаци, за пилот општина каде ќе се спроведува овој проект за развој на малите и средни

претпријатија.

„Општина Новаци е рурална општина

каде поголем број од локалното

население се занимаваат со обработка

на земјиштето и земјоделство. Ова ќе

значи развој и зголемување на нивното

производство а особено мер адува тоа

што ќе имаат сигурен пласман за својот

производ“ рече Лазар Котевски,

градоначалник на општина Новаци.

Покрај бесплатното инсталирање на

системот за наводнување „ капка по

капка“ избраните змејоделци ќе мора да

следат одредени однапред прошишани протоколи со цел зголемување на сопствените

земјоделски приноси како и успешно спроведување на проектот.

Page 19: Информатор

19

Инсталирана постројка за спроведување паарно греење во Новаци и Битола

Преку проектот ТЕЛЕТЕРМ од ИПА Програмата

за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и

Грција на третиот блок од РЕК се инсталира

постројка за одземање на топлата пареа и

затоплување која ќе овозможи спроведување на

паарно греење во општините Новаци и Битола.

Градоначалниците на двете општини, Лазар

Котевски и

Владимир

Талески

заедно со

вицепремиерот за економски прашања

Владимир Пешевски го посетија најголемиот

производител на електрична енергија во

Република Македонија, РЕК Битола.„Станува

збор за проект вреден меѓу 70 – 80 милиони

евра за кој физибилити студијата е

изработена, во тек е тендерската постапка за

проектирање и очекуваме од средината или

крајот на следната година да се влезе во

конкретна реализација на она што ќе биде

видливо за граѓаните, а тоа е изградба на топловод од РЕК Битола, преку општина Новаци до

Битола “ рече вицепремиерот Пешевски. Инсталирањето на постројката е дел од примарната

мрежа а по нејзиното завршување ќе следи изградба на секундарната мрежа.

„Со проектот ТЕЛЕТЕРМ, пелагониските општини ќе добијат топлификација односно ќе им се

спроведе паарно греење, како и можност за развивање на оранжериското производство, тоа е за

нас како рурална општина многу важно.“ рече Лазар Котевски ачалник на општина Новаци.Според

градоначалникот Талески топлификацијата пак ќе биде ставена во функција на сите граѓани но и

на општинските институции во Битола.

Page 20: Информатор

20

Општина Новаци на обука за ЛАГ-ови и партнерство

Центарот за развој на

пелагонискиот плански регион

продолжува со реализација на ЕУ

ЛЕАДЕР Пристапот во

пелагонискиот регион.Во рамките

на проектот за експанзија на мали

бизнис спроведе обука за

воспоставување на партнерство и

формирање на локална акциона

група ЛАГ-ови.Целта на

работилницата беше

претставниците од јавниот и

граѓанскиот сектор да добијат

информации за доброто

владеење, начинот на

мобилизирање на локалните

заедници, потребните референтни

национални документи и

документитете од ЕК кои ќе бидат потребни за формирање на ЛАГ-овите и самиот начин и

постапка на нивно формирање.

„Ова е првата од низата тренинзи кои ќе ги организираме на оваа тема во соработка со УСАИД –

проект за експанзија на мали бизниси, а имплементиран од Карана Корпорацијата.Се работи за

првата фаза од реализација на проектот „Воведување и спроведување на ЛЕАДЕР“ пристапот во

пелагонискиот регион“ рече Владимир Величковски, проект координатор од ЦРППР.

Во наредниот период ќе се организираат 4 обуки, по една секој нареден месец.

Општина Новаци е пилот општина каде ќе се спроведуваат два проекти на УСАИД за експанзија

на мали бизниси во производството на индустриски доамт и пченка.

Посета на училиштето во село Гермијан

Советникот за образование во општина Новаци Мирјана Кузмановска и педагогот м-р Пецо

Ројковски во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ го посетија подрачното училиште во село Гермијан.

Остварија средба со родителите и ги посетија децата кои тука редовно ја посетуваат

одделенската настава.Родителите побараа реконструкција на училиштето, промена на старата

дограма со нова PVC и оградување на

училишниот двор.Градоначалникот на

општина Новаци Лазар Котевски ветува

дека нивните барања ќе бидат

исполнети до почетокот на новата

учебна година.

При посетата на село Гермијан беа

доделени и неколку социјални пакети.

Утре во 13 часот во новачкото село

Далбеговци во присуство на

градоначалникот на општина Новаци

Лазар Котевски и државниот секретар за

образование Елизабета Тодоровска

Page 21: Информатор

21

Градоначалникот Котевски потпиша кодекс за фер и демократски локални избори

2013

Во рамките на кампањата „Каков белег ќе оставиме?-Фер избори 2013“, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски вчера во Кавадарци го потпиша Кодексот за однесување за слободни и фер избори .На документот свој потпис ставија сите кандидати за градоначалници. Покрај Котевски свој потпис на кодексот депонираа и кандидатите за градоначалници на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско и останатите општини во изборната единица број 4. „Си подадоа рака и рекоа дека во интерес на сите е локалните избори да поминат во фер и демократска атмосфера, а граѓаните да одлучат кој ќе ја добие нивната поддршка“ рече Лазар Котевски, кандидат за градоначалник за општина Новаци на ВМРО-ДПМНЕ со трет

мандат.

Директорот на Национален демократски институт во Македонија, Крис Хеншоу, изрази надеж дека кодексот на однесување ќе придонесе за создавање демократска клима за време на кампања.

“Слободните и фер избори се клучни за секоја демократија. Ние веруваме дека кодексот на

однесување ќе допринесе кон создавање на демократска клима за време на кампања, како

и на денот на изборите, прмовирајќи почит кон гласачите, како и кон политичките опоненти“

рече директорот на НДИ во Македонија, Крис Хеншоу. Кодексот е потпишан на иницијатива на Институтот за парламентарна демократија во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни односи.

“Основното демократско право на секој граѓанин е тој да може, без притисоци, во еден фер

и демократски процес да го даде својот глас и да ги избере своите политички претставници.

Ги поттикнуваме актерите на изборниот процес да го почитуваат потпишаниот кодекс за

фер и демократски избори“ рекоа од Институтот за парламентарна демократија (ИПД),

нагласувајќи дека белегот оставен на овие избори е белег врз животот на секој граѓанин на

Република Македонија.Кампањата за фер и демократски избори стартуваше во 2002

година за парламентарните избори со акцент на Кодексот на однесување за слободни и

фер избори.

Page 22: Информатор

22

www.lazarkotevski.mk е новиот веб портал на градоначалникот Лазар Котевски

Oпштината Новаци информира дека изминативе денови се активираше новиот веб

портал на актуелниот градоначалник на Општина Новаци,Лазар Котевски, кој е и кандидат

за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со трет мандат за претстојните локални избори.

На новиот портал www.lazarkotevski.mk се пласираат активностите на

градоначалникот Котевски како кандидат во предизборната кампања,но и активностите на

општината на чие чело се наоѓа.Страницата ќе служи и за презентација на идните проекти

и планови што се предвидени во неговиот нареден градоначалнички мандат.Пласирани се

Отчетите за досега сработеното, Изборната програма 2013-2017 година, мноштво видеа и

фотографии од неговата работа и активности.

Информациите од веб страната на градоначалникот Котевски се генерираат и

автоматски се објавуваат на сајтот www.gradonacalnici.mk, каде се опфатени сите

кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Од Центарот за комуникации на

владејачката партија велат дека преку него на едно место можат да се најдат сите

активности на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ како и најави за

настаните кои тие ги организираат и следат.На овој начин преку глобално користената

интернет комуникација граѓаните навремено ќе можат да контактираат со секој од

кандидатите, да даваат свои предлози и критики.

Сајтот www.gradonacalnici.mk е проект на Центарот за комуникации на ВМРО-

ДПМНЕ кој е новина на македонската политичка сцена и досега ниту една партија не се

сетила на ваков начин да ги промовира своите кадри во изборната трка.За краткото време

од десеттина дена колку што функционира сајтот го посетиле над 25 000 посетители.

Page 23: Информатор

23

Превентивни здравствени прегледи во Гермијан и Брод

Комисијата за труд и

социјална политика на ВМРО-

ДПМНЕ, Унијата на млади

сили и дел од кандидатите за

советници во општина

Новаци денеска во Гермијан

и Брод вршеа превентивни

здравствени прегледи

односно мерење на крвен

притисок и ниво на шеќер во

крвта на локалното

население.

„Акцијата наиде на одличен

одѕив,акцијата беше

позитивно оценета на која

присуствуваа голем дел од

населението на Гермијан и Брод. Одредувавме ниво на шеќер во крвта и меревме крвен

притисок.Востановивме дека жителите имаат добра здравствена состојба.Жителите од

нас побараа во иднина да спроведиме акција за вакцинирање од сезонски грип.“ рече

Маријана Филиповска, кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци.

Утре ваква акција ќе биде спроведена во мариовските села Маково и Рапеш.

Превентивни здравствени прегледи во мариовското село Рапеш

Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили и дел

од кандидатите за советници во општина Новаци денеска во мариовското село Рапеш

вршеа превентивни здравствени прегледи односно мерење на крвен притисок и ниво на

шеќер во крвта на локалното

население.

„Акцијата наиде на одличен

одѕив,акцијата беше позитивно

оценета на која присуствуваа голем

дел од населението на Рапеш.

Одредувавме ниво на шеќер во крвта и

меревме крвен притисок.Востановивме

дека жителите имаат добра

здравствена состојба.Жителите од нас

побараа во иднина да спроведиме

акција за вакцинирање од сезонски

грип.“ рече Маријана Филиповска,

кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ

за општина Новаци.

Утре ваква акција ќе биде спроведена во други села во општина Новаци.

Page 24: Информатор

24

Котевски во посета на жителите на Бач, Гермијан и Живојно

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со жителите на населените

места Бач, Гермијан и Живојно.На средбата пред присутните беше презентиран отчетот за

сработеното во изминатите 8 години но

беа презентирани и поважните проекти

кои ќе се реализираат во наредните 4

години во сите овие места кои спаѓаат

на територија на општина Новаци.

„Жителите на село Бач побараа

поставување на 9 цевки на мостот на

река Елешка кој е изграден од

Водостопанство, санирање на

регионалниот патен правец Бач-

Битола, да се изгради брана на река

Елешка, поставување на тампон на две

улици, пуштање на техничка вода која

ќе се донесе преку системот за

водоснабдување,да се изгради канализација во селото, да се реновира базенот за напојување на

селото и да се изградат две водопоила, да се стави во функција здравствената амбуланта, да се

обнови ракометното игралиште, да се

загради и осветли,да се сменат

водомерите “ рече актуелниот

градоначалник и кандидат за

градоначалник со трет мандат за

општина Новаци, Лазар Котевски.

Да се прочисти каналот во местото

наречено Мало Пирочани, да се изгради

газилиште и каскади на река Елешка, да

се одржуваат редовно селските патчиња,

да се реконструира регионалниот патен

правец Битола-Гермијан, беа само дел од

барањата кои жителите на село Гермијан

ги упатија кон актуелниот градоначалник

на општина Новаци Лазар Коетвски, кое е и кандидат за градоначалник со трет мандат ов ВМРО-

ДПМНЕ.„Во мојата работна агенда во попладневните часови оваа и минатата недела се среќаваме

со жителите на општина Новаци а денеска сме во село Живојно.Жителите побараа да се изгради

водовод, да се провери чистотата на

водата за пиење која моментално се

испорачува во селото, да се санира

регионалниот пат Живојно-Битола, да се

направи брана односно каскада за

напојување на стоката, да се регулира

превозот, да се исчисти браната, да се

асфалтира патчето кое води до црквата

во селото и да се изгради сала и слично.“

рече Котевски.Посетата на населените

места и средбите со локалното населенеи

е редовна практика на градоначалникот

Котевски.

Page 25: Информатор

25

Градоначалникот Котевски во посета на мариовско Старавина При посетата на Мариово градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој е и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори со трет мандат го посети и село Старавина.Оствари средба со локалното население , им го претстави отчетот за сработеното и изборната програма 2013-2017 но и ги сослуша нивните барања и проблеми. „Од мене побараа реконструкција на трите војнички згради кои се празни и распаѓаат, ми ги посочија проблемите со водата и струјата со кои се соочуваат, секако побараа регулирање на редовноста со рпевозот, реконструкција на патот кој води до селото, побараа да се направи водопоило, да се изгради брана, да се реновира продавницата и да се донираат средства за манастирот.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Средба со жителите на

Горно Агларци

Градоначалникот на

општина Новаци Лазар

Котевски во рамките на

својата работна агенда

синоќа оствари средба

со жителите на село

Горно Агларци.Ги

запозна со своите

сегашни активности, со

проектите наведени во

изборната програма

2013-2017 кои планира

да ги реализира во

следниот мандат но и ги сослуша нивните барања и проблеми.

„Денеска остваривме средба со жителите на село Горно Агларци.Од населението

слушнавме неколку барања кои ќе настојуваме тековно да ги решаваме со средства од

нашиот Буџет, од кредити и заеми како и со донации“ рече градоначалникот на општина

Новаци,Лазар Котевски.

„Го информиравме градоначалникот за проблемите со кои се соочуваме во текот на

секојдневниот живот и од него го побаравме следното: да се направат два мостови во

долна маала и да се исчисти каналот,да се тампонира патот за РЕК и да се санира мост

на тој пат,да се тури тампон на краевите од асфалтот онаму каде што беше копано за

поставување водовод како и санирање на патот на места каде е ископан, да се осветли

црквата и да се постават две бандери, да се решат проблемите со уличното

осветлување,да се зарамни и исчисти теренот околу ракометното игралиште ,да се

постави чешма во училиштето,да се тури тампон на патот наречен Провод (селски пат), да

се постават цевки на почетокот на 10-тиот канал и да се реши проблемот со

телекомуникациите бидејќи сигналот за интернет во селото е многу слаб.“ велат жителите

на село Горно Агларци.Следната средба на градоначалникот Котевски е планирана со

жителите на село Добромири.

Page 26: Информатор

26

Градонаначалникот Котевски во посета на мариовското село Градешница

Да се асфалтира регионалниот пат за Мариово, да се реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија, да се реконструира водоводниот систем, да се регулира редовноста на превозот,да им се обезбеди хидрантска опрема за користење на хидрантите за вода во селото, да се изградат бетонски ѕидови на водоводот 5 чешми , да се реновираат и заштитат

црквите Св.Димитрија и Св.Атанас, да се пробијат патишта до нивите и ливадите и да се направат водопоила за напојување на стоката, се барањата кои жителите на село Градешница ги упатија до градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски при неговата посета на ова мариовско село.

Посета на село

Грумази

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој е и кандидат за градоначалник со трет мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го посети село Грумази.Оствари

средба со жителите на ова населено место и ги запозна со проектите кои ги има предвидено за реализација во наредните 4 години.„Денеска сме во село Грумази, каде остваривме средба со локалното анселение кое од мене како прв човек на општина Новаци побараа да им се направи патот, да се направат испусти и прелази, да се изгради бетонско поило, да се прочистат водособирниците, редовно да се одржува уличното осветлување, да се постави ограничување на тежината на камионите кои се движат по патниот правец Орехово-Грумази, да се пушти гасеничар за рамнење на патот кој води до црквата и да се реши проблемот со кучињата скитници околу депонијата Мегленци“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Средбите со жителите на населените места во општина Новаци е редовна рпактика на градоначалникот Котевски.

Котевски им вети решавање на проблемите тековно и континуирано.

Page 27: Информатор

27

Посета на село Будимирци

Како што се ближат локалните избори и крајот на изборната кампања, актуелниот градоначалник и кандидат

за градоначалник за општина Новаци Лазар Котевски редовно остварува средби со жителите на населените

места кои спаѓаат на територијата на неговата општина. Една таква посета е и средбата со жителите на

село Будимирци.„ Ова е моја редовна практика не само сега кога е предизборен период.Сакам да сум близок

со моите сожители и да ги слушнам нивните проеблеми и барања со кои се соочуваат секојдневно во

рамките на нивниот секојдневен живот. Оваа можност ја искористив за да им ја презентирам изборната

програма за Локалните избори 2013 кои ќе се одржат кон крајот на март“. Рече градоначалникот Лазар

Котевски.Жителите на село Будимирци пред градоначалникот ги презентираа своите проблеми кои се

слични како и во останатите села кои претходно беа посетени а тоа се од типот проблеми со водата,

стурјата, патиштата, превозот, уличното осветлување и слично.

Во посета на Горно и Долно Агларци и Далбеговци

На неполна недела пред Локалните избори 2013 , градоначалникот на општина Новаци и кандидат за

градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за трет мандат Лазар Котевски оствари средба со жителите на трите

населени места Горно и Долно Агларци и Далбеговци.Ги сослуша нивните тековни проблеми, ги запозна со

планираните проекти за следниот четиригодишен мандат, даде отчет за своето осумгодишно работење.Ги

информираше присутните дека бројот 19 е бројот зад кое ќе стои неговото име за кандидат за

градоначалник додека бројот 4

е бројот за советничката листа

на Коалицијата за „Подобра

Македонија“ предводена од

ВМРО-ДПМНЕ.

Посета на селата Добромири

и Рибарци

Градоначалникот на општина

Новаци Лазар Котевски со

директорот на Платежната

агенција на РМ Тони Димовски

и претставник од Државниот

инспекторат за земјоделство

беа во посета на селата

Рибарци и Добромири каде

остварија средба со локалното

население.„Се сретнавме со

жителите на овие две

населени места кои претежно се занимаваат со земјоделство со цел да ги информираме за тековните

активности на Платежната агенција и државниот инспекторат, за исплатата на субвенциите, за

формирањето на земјоделските задруги при што оние кои во нив ќе членуваат ќе имаат многу поволности од

државата.Исто така ги информиравме за префрлањето на хидросистемот за наводнување на ЈП „Стрежево“

што ќе значи голема придобивка за земјоделците и за новиот пилот проект на УСАИД за експанзија на мали

бизниси во кој е вклучена општината заедно со 6 земјоделци од овие простори“ рече градоначалникот на

општина Новаци Лазар Котевски.Присутните ги информираа надлежните за проблемите со кои се соочуваат

но и ги слушнаа нивните одговори за бројните упатени прашања.„Ги ингормиравме земјоделците и воопшто

сите присутни на состаноците во двете населени места за исплатата на субвенциите, поточно дека во

целост се исплатени субвенциите за тутун а сега ќе се исплаќа за жито, пченица, ситен и крупен

добиток.Исто така ги запознававме со можноста за формирање на земјоделскиз адруги во кои би членувале

не помалку од 5 земјоделци кои ќе имаат бројни поволности од државата , како на пример при набавка на

земјоделска механизација помошта ќе изнесува 80:50 наспроти сегашната помош 50:50, потоа при

осигурувањето на посевите државата ќе има свој удел 80:20 наспроти сегашните 60:40“ велат од платежната

агенција и државниот инспекторат за земјоделство.

Денес градоначалникот Котевски ќе ги посети мариовските села Маково и Рапеш и ќе оствари средба со

тамошното население.

Page 28: Информатор

28

Градоначалникот Котевски во посета на Арматуш

Актуелниот градоначалник на општина

Новаци Лазар Котевски, кој е и

кандидат за градоначалник со трет

мандат на владејачката партија ВМРО-

ДПМНЕ го посети село Арматуш каде

оствари средба со локалното

население.

„Денеска сум во Арматуш каде сакам

од самите жители да слушнам што им

е потребно и кои им се најголемите

проблеми. Од мене побараа

првенствено да им се направи патото

кој води до селото, да се санира браната, да им се направи водопоило за напојување на

стоката, да се донираат средства за џамијата и секако вработување за жителите“ рече

Котевски.

Градоначалникот Котевски жителите на Арматуш ги информираше за Отчетот за

сработеното и им ја презентираше Изборната Програма 2013-2017 а им вети решавање на

проблемите континуирано и тековно.

Жителите на Долно Орехово на средба со градоначалникот Котевски

Да се санираат патиштата низ селото, да се постави чакал, да се реновира објектот каде е

сместена продавницата, да се направи базен (водособирник) за стоката на неколку места

во селото, да се затрупа каналот кој бил ископан од РЕК Битола, да се поправи уличното

осветлување, да се реши проблемот со водоснабдувањето, да се тампонира патот кој води

до Манастирчето во селото, да се направи резервоар, водопоила и брана, беа барањата

кои жителите на село Долно Орехово ги изнесоа пред градоначалникот на општина

Новаци Лазар Котевски.

„Многу сме задоволни од она што досега градоначалникот Котевски го има направено за

нашето село.Задоволни сме од неговите средби со нас на одреден временски период и не

се сомневаме дека и тоа што денеска пред него го кажавме како проблем ќе биде решено

во најскоро време“

велат жителите на

село Долно Орехово.

Котевски кој на

локалните избори на

24 март ќе се бори за

трет

градоначалнички

мандат пред

присутните ја

претстави Изборната

програма 2013-2017

и Отчетот за

сработеното.

Page 29: Информатор

29

Отворен месен

комитет во

Добромири

Актуелниот

градоначалник и

кандидат за

градоначалник за

општина Новаци

од владејачката

ВМРО-ДПМНЕ,

Лазар Котевски

денеска оствари

средба со

жителите на

населеното

место Добромири каде го

отвори месниот комитет.

„Месниот комитет е

отворен на барање на

жителите на село

Добромири , како место

каде би се собирале и

разговарале.Се надевам

дека со ова ги задоволив

бидејќи ова е нешто кое

подолго време го бараа“

рече градоначалникот на

општина Новаци , Лазар

Котевски.

На отворањето на месниот

комитет присуствуваа мноштво

жители а жените подготвија мала

закусна како изненадување за

кандидатот за градоначалник

Лазар Котевски.

Page 30: Информатор

30

Промовирана „Неука филозофија“ на Елизабета Јончиќ

Во општинската сала во Новаци

денеска беше промовирана втората

стихозбирка на поетесата

Елизабета Јончиќ „Неука

филозофија“ во издание на Матица

македонска.Покровител на книгата е

градоначалникот на општина Новаци

Лазар Котевски.

„Чест ми е што сум дел и покровител

на еден ваков убав настан, како што

е промоцијата на втората книга која

носи наслов „Неука филозофија“ на

нашата сожителка Елизабета

Јончиќ.Морам да признам дека сум

пријатно изненаден што во општина

Новаци имаме вакви таленти кои

своите мисли ги преточиле во убави

песни и ги крунисале со една ваква убава

книга .Општина Новаци во рамки на

своите можности им помага и ќе продолжи

да им помага на сите талентирани жители

кои ќе сакаат својот талент да го извадат

на виделина “ рече Лазар Котевски,

кандидат за градоначалник на општина

Новаци.„Неука филозофија“ претставува

едноставно и спонтано споредување и

опевање на моментите на восхитот во

моментот на осознавањето на суштината

на човечноста, вели авторката.

„Книгата содржи педесеттина песни кои

концептуално не се поврзани, но по

мотивите и стилот се надополнуваат.Во

оваа стихозбирка се обидов копнежот на

една душа да го преточам и обелоденам

во запишаните стихови во оваа збирка песни“ рече авторката Елизабета Јончиќ.Промоторот на книгата

Мирјана Стојановска Палигора вели дека поезијата на Јончиќ треба да се поздрави од две причини.

„Да се пишува поезија во време-невреме

кога човек се бори со многу

егзистенцијални прашања,изразувањето

во стихови или т.н пеење, римување

животни вистини е чин што го разбираат

само одбраните.Втората причина е

самиот обид на поетесата да ја побара

во себе таа моќ да може да помага, а пак

немоќта да одговори на тој алтруистички

повик е самиот повод на книгата. “ вели

промоторот на книгата Мирјана

Стојановска Палигора

Елизабета Јончик од неодамна е член на

Друштвото на писатели на Република

Македонија а е и претседател на

Културно иновативниот клуб Новаци.

Page 31: Информатор

31

„Погледни се во огледало“ нова претстава на КИК Новаци

Во преполната сала во општина Новаци се одржа аматерската претстава „Погледни се во огледалото“ на Културно иновативниот клуб Новаци од Новаци. „Погледни се во огледалото“ е втора претстава на Културно иновативиот клуб „Новаци“ од Новаци за само три месеци постоење.Првата нивна претстава беше новогодишната музичка претстава„Дин Дин Дон“

која одлично беше примена од страна на публиката. Текстот и режијата за „Погледни се во огледалото“ се на Елизабета Јончиќ, костимограф е Наташа Димовска а покровител на претставата е градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Претставата ќе гостува на ДКЦ „Бири Бам“ во НУ Центар за култура Битола во сабота 16.03.2013 година со почеток во 18:30 часот. Градоначалникот на општина Новаци презадоволен од претставата и од актерските способности на учесниците кои потекнуваат од Новаци. Вети понатамошна поддршка на сите активности на Културно иновативниот

клуб Новаци. Градоначалникот Котевски доби Благодарница ос КИК Новаци за досегашната поддршка и помош.

Page 32: Информатор

32

8 март- Денот на жената одбележан

во општина Новаци

Дечињата од Центарот за ран едукативен

развој „Бамби“ од Новаци му го честитаа 8

март -Денот на жената на сите

припаднички на понежниот пол вработени

во општина Новаци.Воедно се сретнаа и со

градонаачлникот на општина Новаци,

Лазар Котевски.

650 жени од општина Новаци го прославија 8 март

Салата „Вавилон“ беше претесна за да ги прими 650 те жени од општина Новаци кои секоја година заедно со градоначалникот Лазар Котевски го прославуваат 8 Март – Меѓународниот ден на жената. На забавата градоналникот Лазар Котевски им подготви специјално изненадување на жените, донесувајќи им го нивниот омилен пејач Јордан Митев. „Жената е двигател на семејството, таа е мајка, сопруга, бизнисмен.Но жената не треба да има само еден ден во годината посветен за неа, таа треба да се вреднува секој ден од годината “ рече градоначалникот Котевски, во поздравниот говор. Осмомартовската забава е традиционална за општина Новаци и се одржа по 8 пат, од кога Лазар Котевски стана градоначалникот Котевски .

Page 33: Информатор

33

Етно-ликовна изложба од продажен

карактер во ЦОУ„Славко

Лумбарковски“ Новаци

На Етно-ликовната изложба од продажен

карактер во ЦОУ„Славко Лумбарковски“

Новаци се продадоа скоро сите дела на

младите уметници:ликовни творби во

разни техники, скулптури и разни други

изработки.

Градоначалникот Котевски, бизнисмените

од Стентон градба, претставниците од

РЕК, ФОД , рудници и Синдикатот на РЕК

се покажаа доста великодушни и купија

голем дел од изработките на децата.

„Ова е доста креативен начин

да се дојде до средства за

купување на работи кои им се

потребни во образовниот

процес на децата.Многу ме

радува што децата се толку

креативни и јас постојано ќе ги

поддржувам во нивните

активности.Денеска купив три

слики кои ќе бидат поставени во

мојата нова канцеларија во

новите простории на

општинската зграда“ рече Лазар

Коетвски, градоначалник на

општина Новаци.

Средствата кои беа собрани

училиштето ќе ги искористи за

купување на спортски реквизити и

надгледни средства, рече

директорката на ЦОУ „Славко

Лумбарковски“ Ана Котевска

Велјановска.

На оваа манифестација со своите

ликовни творби се претстави

исклучително надарениот млад

уметник Кристијан Ристовски,а

неговите дела не беа ставени на

продажба затоа што истите наскоро ќе

бидат изложени во неговата прва

Page 34: Информатор

34

Мартина Китановска од Новаци најдобра во спелување

Во ЦОУ„Славко Лумбарковски“ во

Новаци се одржа натпревар по

спелување во организација на Хана

Траскот волонтер од Американскиот

мировен корпус.Девет ученици од петто

до осмо одделение се натпреваруваа во

спелување на 12 англиски зборови.

Најдобра беше осмоодделенката

Мартина Китановска од Добромири која

ќе учествува на државниот натпревар во

Скопје кој ќе се одржи во месец Април

годинава.Следната недела во Новаци ќе

се организираат уште два вакви локални

натпревари по спелување.Градоначалникот

на општина Новаци Лазар Котевски ги

подржува ваквите активности затоа што на

ваков начин децата од руралните средини

имаат можност за учење и усовршување на

англискиот јазик.Целта на ваквите

натпревари по спелување е проширување на

вокабуларот на учениците,нивно

охрабрување за правилно изговарање и

читање на зборовите како и подобрување на

јазичните способности за користење на

англискиот јазик.

Натпревар по англиски јазик во

училиштето во Бач

Во основното училиште во село Бач во организација на Хана Траскот, волонтер од Мировниот корпус се одржа училиштен натпревар по англиски јазик “спелинг би“ (“Spelling Bee“). На натпреварот учествуваа 4 ученици од

предметна настава, поточно од петто до осмо одделение. Оние ученици кои ќе покажат најдобри резултати ќе се квалификуваат за учество на државниот “Spelling Bee“ натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 13 април 2013 година во Американ колеџ во Скопје.

Page 35: Информатор

35

Трибина „Спортот како превенција од современите пороци“

Во ЦОУ „Славко Лумбарковски“

во Новаци се одржа трибина на

тема „Спортот како превенција од

современите пороци“ на која

присуствуваше градоначалникот

на општина Новаци Лазар

Котевски, директорката на

училиштето Ана Котевска

Велјановска,советничката за

образование Мирјана

Кузмановска, наставници,

родители и ученици.

„Ваквите трибини каде децата се

советуваат да го изберат спортот

наместо пороците како што се :пушењето, алкохолот и дрогата се многу корисни и ние како

општина ги поддржуваме и ги

поттикнуваме.Општина Новаци

во овие 8 години има направено

многу за развој на спортот,

имаме изградено над 5

ракометни игралиште, започната

е изградбата на спортската сала

во Новаци, тениско игралиште

во Добромири, а во следниот

период ќе изградиме и

повеќенаменско игралиште во

Новаци и отворен базен “ рече

градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.

Целта на трибината е едукација преку подготвени презентации и корисни примери

насочување на децата на

правиот пат.

Page 36: Информатор

36

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 282-114

Амбуланта с.Новаци:282-870

Полициска станица с.Новаци:282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел:282-446, факс:203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------