интегриран активен ден капката воденка

Post on 11-Apr-2017

2.531 Views

Category:

Education

15 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

Интегриран активен денЕко стандард „Заштеда на водата“

„КАПКАТА ВОДЕНКА“

Наставни предмети:Македонски јазик-Обработка на текстот „Капката Воденка„Математика-Утврдување на знаењата за собирање и одземање до 100 со премин - играта „Бинго“Запознавање на околината -Кружење на водата во природатаФизичко образование-Скокање со една ногаМузичко образование-Слушање на звуци – природна појава „Дожд“

Очекувани исходи:-Ги утврдува знаењата за собирање и одземање до 100 со премин преку игровна активност-Одговара на поставени прашања за содржината на текстот-Го прераскажува текстот со помош на слики-Ја открива темата и порката на текстот-Изработува тркало со сечење и боење за кружење на водата во природата, плакат и цртеж-Го опишува кружењето на водата -Изведува обид со однапред дадени напатствија-Одржува рамнотежа во движење во саканиот правец на една и две нозе-Слуша музика и се движи по однапред дадени упатства 

Активност бр.1

Игра - „Прескокни ја реката„

Потребни реквизити: обрачи, креди во боја.Се црта река на која од двете страни се поставени обрачи, учениците треба да ја прескокнуваат реката од обрач во обрач но притоа да внимаваат да не скокнат во реката, ако им се случи тоа ја излегуваат од игра.

Активност бр.2Техника„Бура на идеи“Учениците ги искажуваат своите идеи со еден збор за поимот „дожд“ кој е запишан на табла, а наставникот ги запишува нивните мислења, потоа поведува разговор за поимот.

Активност бр.3

Обработка на текстот „Капката Воденка“

Активност бр. 3Одговарање на прашања за содржината на текстот1.Дали ви се допадна текстот? 2.Што најмногу ви се допадна и зошто?3.Што правела капката во океанот?4.Што и се случило на капката кога огреало жешкото Сонце? 5.Зошто тоа и се случило? 6.Со кого се запознала капката Воденка? 7.Што мислите зошто капката Соленко се вика така?8.Зошто капката го напуштила облакот?9.Каде сакала Воденка да слета додека се спуштала кон Земјата?

Активност бр. 3 Објаснување за водениот циклус преку слика Следење на видео за водениот циклус

Активност бр.4Изведување на обид за кружење на водата во природата

Активност бр. 5Повторување за собирање и одземање до 100 со премин преку игровна активност„ВОДЕНО БИНГО“

Активност бр.6Украсување на чадор со колаж

Активност бр. 7Слушање на звукот на дождот со движење со однапред дадени напатствија

top related