voved i trosoci

Post on 29-Nov-2014

1.042 Views

Category:

Documents

2 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

-Вовед во логистиката

-Логистички трошоци

КОМЕРЦИЈАЛНА ЛОГИСТИКА

Што е логистика?

• Логистиката е дејност која се бави со совладување на просторот и времето со најмали трошоци. Во современи услови најчесто се користи за означување на деловни функции и научнa дисциплинa која се занимава со координирање на сите движења на материјалите, производите во физички, организационен и информациски поглед. Тоа е кружен процес од набавка преку производство и продажба до потрошувачот.

• Логистиката како наука претставува збир на мултидисциплинарни и интердисциплинарни знаење кои ги изучуваат и применуваат законитостите на планирање, организација, управување и контролирање на текот на материјали, луѓе, енергија и информации во системот. Таа настојува да најде методи на оптимизација на тие текови со цел остварување на економски ефект (профит).

• Логистиката претставува процес на планирање, спроведување и контрола на: набавката, одржувањето, складирањето, транспортот, информацијата и продажбата со единствена цел - нивно подобрување.

Кои се основните термини кои што се користат во логистиката?

• Логистика – ги опишува процесите на движење на материјалите и производите кон, во и од фирмата.

• Влезна логистика или логистика на набавка – станува збор за движење на суровините и материјалите кои се движат од снабдувачите до фирмата.

• Управување со материјали или производна (индустриска) логистика – движење на материјалите и компонентите во фирмата.

• Излезна логистика или дистрибутивна логистика – движење на производите надвор од фирмата.

• Управување со синџири на снабдување – управува и со протокот на материјали и со соодносот меѓу посредниците во синџирот од местото на производство на суровините до крајниот потрошувач.

• Логистика на отпад и повратни материјални ресурси

Кои се клучните логистички активности?

• Услуги на потрошувачите – нејзина основна цел е купувачите да го добијат вистинскиот производ во право време, количина, место и цена. Услугата на потрошувачите вклучува успешна имплементација на логистиката со цел да се обезбеди потребното ниво на задоволување на потрошувачите со најниски можни вкупни трошоци.

• Управувањето со залихи – вклучува рамнотежа на нивото на залихи, чувани да обезбедат највисоко ниво на услуги на потрошувачите, со трошоците на чување на залихите вклучувајќи го и капиталот ангажиран во залихите, трошоците на складирање и застареност. Во пракса овие трошоци може да надминат 50% од вредноста на производите на залиха на годишно ниво.

• Комуникации во логистиката – претставуваат витална врска во самите логистички процеси и со потрошувачите на фирмите. Точни и навремени комуникации се носители на успешното управување со логистичките активности.

• Обработка на порачките – брзината и точноста на обработката на порачките има значајно влијание врз нивото на услугите што фирмата ги обезбедува за потрошувачите. За таа цел автоматизацијата и електронското водење на овие активности имаат широка примена со што се редуцира времетраењето на порачката и испораката.

• Сообраќај и транспорт – најзначајна компонента на логистиката е транспортот на стоките. Најчесто при транспортот се прават највисоките трошоци во процесот на логистиката.

Кои се активностите за поддршка на логистичкиот тек?

• Ракување со материјалите – настанува при секое движење или тек на материјалите, суровините и готовите производи. Целта на ракувањето со материјалите е истото да се елиминира секогаш кога тоа е можно, да се минимизира растојанието за превоз, да се минимизираат загубите од кршење, расипување и сл.

• Предвидувањето на побарувачката – вклучува определување на износот на производи и придружни услуги што потрошувачите би ги барале во определено време во иднина.

• Пакување – има две основни функции: промотивна и логистичка. Во рамките на логистичката функција пакувањетo има улога на заштита на производот при транспортот, складирањето и активностите на ракување, како и улога на олеснување на процесот на транспорт и складирање кое се рефлектира на редукцијата на трошоците на ракување.

• Постпродажни услуги – одговорноста на логистиката не завршува со моментот на испораката на стоката. Поправките, сервисирањето, замената на делови и сл. се дел од постлогистичките услуги кои им се нудат на потрошувачите.

• Набавување (доставување) – го опфаќа процесот на селекција и избор на добавувачи, формата во која материјалите ќе бидат доставени, времето на набавка, определување на цената и квалитативна контрола на испораката.

• Реверзна (повратна) логистика – ги опфаќа активностите што се спроведуваат за сите производи што купувачите би ги вратиле од најразлични причини и заради определени неисполнувања на договорот.

• Складирање и сместување – неопходна компонента на логистиката е и чувањето и одржувањето на залихите во сопствено или закупено складиште.

Логистичка стратегија

• Стратегија е избран тек на акции односно избран план за реализација на целите со помош на кој претпријатието сака да стекне предност над конкурентите.

• Разработката на стратегијата е креативен мултидисциплинарен процес и им припаѓа на логистичарите, технолозите, економистите и другите менаџери.

• Стратегијата се обидува да утврди, генерира и интегрира знаења од претпријатието и околината, обликува сложени движења во окружувањето, го предвидува текот на акциите кои се превземени и кои треба да се превземат и поставува приоритетни задачи и време на реализација.

• Начинот на реализација на дело на одредена стратегија се нарекува тактика.

• Во теоријата постојат извесни правила на кои треба да се придржуваме при донесувањето на стратегијата, како што се:

• формирање на јасна стратегија,

• вклучување на сите извршители во формирањето на стратегијата,

• формирање на управувачки тим,

• сите функции на работење да се посматраат заедно,

• спремност за промена на стариот начин на работење,

• намалување на трошоците на работење,

• брзо да се реагира на промените,

• високиот квалитет да се посматра како императив итн.

Мисија на логистиката

“Да обезбеди достапност на прав производ, во права количина, во права состојба, на право место, во право време, за правиот купувач и по права цена.”

Визија на логистиката

“Да развие логистика на одржлив развој како збир на логистички активности кои обезбедуваат истовремено синергијско остварување на стопанските и еколошки цели во склад со сите строги еколошки закони и со законите за заштита на потрошувачите.”

Креирање на логистичките вредности

• Создавањето на формата на производот, односно неговата употребна вредност се одигрува во рамките на производството. Тоа значи дека вредноста на финалниот производ е поголема од збирот на вредноста на материјалите од кои тој производ е направен. За потрошувачите покрај формата на производот битно е тој да биде достапен на места достапни за нив, во бараното време, односно да биде на располагање за продажба.

Профит 5%

Логистички трошоци 20%

Просторна и временска вредност

Маркетиншки трошоци 25%

Вредност на поседување

Производни трошоци 50%

Производна вредност (вредност на формата на

производот)

Пример на структурирање на продажната цена и вредноста на производот

Логистички трошоци Според зависноста од логистичките трошоци стопански гранки може да се распоредат во три релативно хомогени групи:

• Стопански гранки кои се најмалку зависни од големината на логистичките трошоци (нивното учество е од 8-13%)

• Стопански сектори кои се средно зависни од масата на логистичките трошоци (учество од 14-23%)

• Стопански сегменти кои се значително зависни од масата на логистичките трошоци при создавањето на новата вредност (учество од 24-43%)

Логистичките трошоци како процент на додадената вредност

Индустриска гранка Логистичките трошоци како процент на

додадената вредност, %

Тутунска индустрија 8

Индустрија за мебел 8

Текстилна индустрија 10

Електро опрема 10

Производство на гуми 11

Машинска индустрија 13

Фармацевтска индустрија 16

Апарати за домаќинство 17

Металопреработувачка индустрија 18

Инд. за градежни материјали 20

Инд. за производство на хартија 30

Малопродажба 36

Производство на храна 36

Хемиска индустрија 39

Нафтна индустрија 43

Индустриски просек 23

Логистички трошоци на макро ниво

• Влијанието на сите стопански гранки во формирањето на приходот на земјата се согледува преку Бруто националниот производ, т.е. показател кој на единствен начин се пресметува насекаде во светот. Бидејќи овој показател ги сублимира вкупните стопански приходи, кои ги содржат вкупните трошоци на работење плус остварените профити, тешко дека преку овој показател на вистински начин ќе се согледа влијанието на логистичките трошоци врз работењето на претпријатието и функционирањето на стопанството во целина.

• На макро ниво, односно на ниво на стопанството како целина, не се прави разлика помеѓу трошоците на логистиката и трошоците на физичката дистрибуција.

• Апсолутниот износ на логистичките трошоци кои ги прави една земја се исклучително високи и за секоја сериозна држава се поставува како императив тие трошоци постојано да се држат во центарот на анализата. На пример логистичките трошоци во американската економија се 10 пати повисоки од трошоците за пропаганди, 2 пати повисоки од трошоците врзани за националната одбрана и еднакви со трошоците кои се издвојуваат за медицинска заштита.

Апсолутно ниво и учество на логистичките трошоци на БНП во САД

Година Апсолутен износ

(милијарди $) Релативно учество (%)

1971 230 26

1978 400 20

1990 600 11

1994 660 9,8

1999 920 9,9

2004 1024 8,8

2005 1180 9,5

Висина и учество на логистичките трошоци во БНП во В. Британија

1976

(Мил. фунти или %)

1986

(Мил. фунти или %)

Трошоци за залихи 9.955 21.896

Трошоци за складирање и

манипулирање

11.448 25.179

Транспортни трошоци 9.940 25.478

Вкупни логистички

трошоци

31.343 72.553

Бруто национален

производ

113.790 319.089

% учество на трошоци за

залихи во БНП

% учество на трошоци за

складирање во БНП

% учество на трошоци за

транспорт во БНП

% учество на

логистичките трошоци

во БНП

8,7

10,1

8,7

27,5

6,7

7,9

8,1

22,7

Структура на логистичките трошоци на макро ниво за САД

Година

Групи на трошоци

Трошоци на

складирање и

држење на

залихите

Транспортни

трошоци

Информационо

административни

трошоци

1974 48,8 47,5 3,7

1978 45,2 51,0 3,8

1985 45,7 50,5 3,8

1990 43,9 51,9 4,2

1994 37,9 58,2 3,9

1999 36,09 59,57 4,35

Трошоци на логистиката на микро ниво

• Висината на трошоците на физичката дистрибуција на микро ниво, т.е. на ниво на поединечни фирми зависи од голем број фактори како што се:

• дејност на фирмата,

• типот и големината на фирмата,

• видот на производот (кој се произведува, или дистрибуира),

• степенот на вклученост на фирмата во логистичкиот менаџмент,

• степенот на опфаќање на логистичките трошоци,

• методи за пресметка на логистичките трошоци,

• рационалност и ефикасност на системот на логистика

• желбата на менаџментот на фирмата да се “позанимава” со логистичкиот сегмент на управување и сл.

Илустрација на деталната структура и висината на учеството на логистичките трошоци во голема компанија за производство на храна Видови на трошоци %

Транспорт во довозот на суровини и материјали 1,00

Транспорт во одведување, вкупно

- Палетизација

- Од фабрика до складиште

- Од складиште до потрошувач

3,82

0,02

1,71

2,09

Складишта и магацини

- Плати за службеници

- Складишни работници

- Останати трошоци

2,64

0,16

1,29

1,19

Обработка на нарачки

- Рентирање на терминали

- Оперативни трошоци на терминали

- Трошоци на компјутери

- Пресметка на продажба

0,89

0,11

0,07

0,03

0,68

Пакување 2,00

Управување

- Трошоци за управување

- Следење на залихи

- Планирање на залихи

- Обука на кадри

0,21

0,17

0,02

0,01

0,01

Загуби на залихи 0,26

Камата на капитал

- Камата на капитал во залихи

- Камата на капитал во возила и згради

0,70

0,24

0,46

Вкупни трошоци 11,52

Логистичките трошоци може да се групираат во четири релевантно хомогени групи

1 – Транспортни трошоци,

2 – Трошоци на складирање,

3 – Трошоци на залихи и

4 – Информационо-административни трошоци.

• Структура на основните логистички трошоци на ниво на фирма

Базични

сегменти/трошоци на

маркетинг логистиката

Англија, 1986 САД, 1984

Транспорт 48 46

Чување на залихи 20 22

Складирање 25 22

Информациони системи,

администрација и друго 7 10

• Во современите стопанства и посебно во големите компании стратегиското управување со логистиката зазема значајно учество во вкупното корпоративно управување, посебно во областа на управувањето со средствата и финансиските текови на фирмата.

• Со други зборови значи дека со логистичките уштеди ќе биде овозможено давање пониски цени, подолг рок на плаќање, со еден збор кажано повисоко ниво на услугата на потрошувачите.

ТЕСТ 1

Прашање 1 Процес на планирање, спроведување и контрола на: набавката, одржувањето, складирањето, транспортот, информацијата и продажбата со единствена цел - нивно подобрување е:

а) Управување со материјали

б) Дефиниција за логистиката

в) Влезна логистика

Прашање 2 Движењето на производите надвор од фирмата претставува:

а) Логистика на набавка

б) Дистрибутивна логистика

в) Влезна логистика

г) Излезна логистика

Прашање 3 Управувањето со протокот на материјали и со соодносот меѓу посредниците во синџирот од местото на производство на суровините до крајниот потрошувач е:

а) Логистика на набавка

б) Излезна логистика

в) Управување со синџири на снабдување

Прашање 4 Повратните текови ги опфаќаат тековите на секундарни суровини и отпад кои се предмет на понатамошна преработка или уништување и тековите на оштетена или погрешно испорачана стока како и таканаречени повратни (изменливи) теретни единици како што се користени контејнери, палети и други облици на теретни единици кои се користени за пакување или формирање на логистички единици. Овој дел од логистичкиот систем се дефинира како:

а) Логистика на отпад и повратни материјални ресурси

б) Излезна логистика

в) Управување со синџири на снабдување

Прашање 5 Избран тек на акции односно избран план за реализација на целите со помош на кој претпријатието сака да стекне предност над конкурентите е:

а) Тактика

б) Стратегија

в) Логистика

Прашање 6 Напиши барем две од правилата на кои треба да се придржуваме при донесувањето на стратегијата:

1. ___________________________________________________

2. ___________________________________________________

Прашање 7 Пример на структурирање на продажната цена и вредноста на производот:

1. Профит _______%

2. Логистички трошоци _______%

3. Маркетиншки трошоци _______%

4. Производни трошоци _______%

Прашање 8 Логистичките трошоци може да се групираат во четири релевантно хомогени групи. Кои се тие и колкав процент од вкупните логистички трошоци припаѓа на секоја од групите?

1. _________________________ - ______%

2. _________________________ - ______%

3. _________________________ - ______%

4. _________________________ - ______%

Одговори Прашање 1 б) Дефиниција за логистиката

Прашање 2 б) Дистрибутивна логистика

г) Излезна логистика

Прашање 3 в) Управување со синџири на снабдување

Прашање 4 а) Логистика на отпад и повратни материјални ресурси

Прашање 5 б) Стратегија

Прашање 6 одговорот е на слајд 13

Прашање 7 5%, 20%, 25% и 50%

Прашање 8 1 – Транспортни трошоци 50%

2 – Трошоци на складирање 25%

3 – Трошоци на залихи 20%

4 – Информационо-административни трошоци 10%

top related