autofocus #20

23
SUZUKI SPLASH ПРОТИВ SUZUKI SWIFT Нисколетачка ракета со 571 КС 3,57 литри на 100 километри СУДИР НА СТАВОВИ VW GOLF GTI PEUGEOT 207 1.4 HDI MERCEDES SLS AMG КРСТОСУВАЧ ЗА 12.000 ЕВРА CHEVROLET CRUZE април 2009 90 ДЕНари 9 771857 569002 20 Број 20 април 2009

Upload: autofocusmagazine

Post on 17-Mar-2016

245 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Autofocus Magazine #20

TRANSCRIPT

Page 1: Autofocus #20

SUZUKI SPLASH ПРОТИВ SUZUKI SWIFT

Нисколетачка ракета

со 571 КС

3,57 литри на 100 километри

СУДИР НА СТАВОВИ

VW GOLF GTI

PEUGEOT 207 1.4 HDI

MERCEDES SLS AMG

КРСТОСУВАЧ ЗА

12.000 ЕВРА

CHEVROLET CRUZE

април

2009

90 ДЕНари

9 77

18

57

56

90

02

20

Број

20 •

ап

рил

200

9

Page 2: Autofocus #20
Page 3: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 304/2009

СОДРЖИНА Број 20 • април 2009

А в т О м О б И л И в О О в О ј б Р О ј

BMW xDrive

chevrolet cruze

citroen c-crosser 2.2 hDi

fiat fiorino 1.3 M-jet

gtbycitroen

hyunDai i20 1.2i active

MerceDes sls aMg

peugeot 207 1.4 hDi

suzuki splash

suzuki sWift

toyota verso

vW golf gti

52 632507826

184438381014

chevrolet cruzeЛимузината ќе го освојува светот. Почетокот ветува: Основниот модел чини 12.500 евра

toyota versoVerso значи многу простор, силни дизели и огромна приспособливост, на само 4,5 метри

vw golf gtiКога се појавува нов GTI, почитувачите на култот се собираат да прослават: Имаат причина

mercedes sls amgДоаѓа доцна, но гласно. Ова е вистинскиот наследник на 300 SL, на славниот Gull Wing

tect hyundai i20 1.2i activeПретходникот Getz му остави големо наследство. Hyundai i20 го заслужува целосно

tect citroen c-crosser 2.2 hdiСпортските теренци ретко се спортски. Овој е таков, див и моќен, подвижен и издржлив

СПОРЕДБА suzuki splash ПРОтив suzuki swiftОсновата е иста, градбата е различна. Кој е подобар, двокатниот Splash или тркачкиот Swift?

eko - tect peugeot 207 1.4 hdiСпоред фабриката, малечкото минува 1.300 километри со еден резервоар. Проверивме!

КРАтОК тЕСт fiat fiorino 1.3 m-JetИталијанците се специјалисти за малечки автомобили. Тоа важи и за доставните возила

тЕхниКА bmw xdriveБрзата марка од Минхен го усоврши возењето на две тркала. Сега се занимава со 4х4

интЕРвјуСветлана Пљакоска, главен директор на Олимпија Моторс, дилер на Opel и Chevrolet

имПРЕСијАПочна како игра, заврши како готов автомобил. Citroen не му одолеа на предизвикот

tect tvs apache 150, qingqi qm 200 gy

излОгЧасовник Time Force 900cc, паркинг-сензори in.pro Park Boy V, сабфувер Rodek RN110A

СОвЕти - АмОРтизЕРиДефектните амортизери ја влошуваат безбедноста. Неколку совети од специјалистите

фОРмулА 1Седумкратниот шампион Михаел Шумахер е немоќен од другата страна на боксовите

wtccЧетири трки, четири победи за Seat. Но, возбудата во шампионатот е голема

ПиСмА нА читАтЕлиимПРЕСумцЕнОвниКПРОтив ДОСАДА

нОвитЕти

6

59596682

10

14

18

26

тЕСт и тЕхниКА

тЕмА

32

38

64

мОтОСПОРт

СЕРвиС

56

78

44

50

52

60

62

74

76

нА ДвЕ тРКАлА

ОСтАнАтО

малечкиот фургон покажа дека е доволно големо да ја понесе титулата доставно возило на годината. fiat fiorino е мало просторно чудо

идејата потекна од еден дизајнер на автомобили и од еден креатор на игри за playstation. citroen немаше да си прости доколку не ја преточеше идејата во реалност78

Погонот на сите тркала xdrive е побрз и од моторот. Додека моторот реагира на педалот за гас, потребни се 0,2 секунди - bmw xdrive реагира за само 0,1 секунда

52

50

Page 4: Autofocus #20

4 04/2009 www.autofocus.com.mk

Page 5: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 504/2009

На традиционалната средба на претставниците од автомобил-ската бранша во Токио, во оваа година ќе учествуваат само по-ловина од бројот на излaгачите на последното издание пред две години. Виновник за падот е автомобилската криза. Јапонската асоцијација на автомобилски производители ЈАМА, објави дека се пријавиле само 122 претпријатија. Пред две години, ги имаше 241.

Ќе недостигаат и европските автопроизводители Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz, како и нивните американски ривали што се борат за преживување, Chrysler, Ford и General Motors. Многу марки во оваа година нема да от-патуваат за Токио. Големиот салон на автомоби-ли во Јапонија ќе се одржува од 23 октомври до 4 ноември, и со тоа ќе трае четири дена покусо отколку во 2007 година. Но, и ова треба да се земе дека е повеќе од добро. Во јануари сѐ уште се шпекулираше дека традиционалниот салон на автомобили во Токио може да се откаже поради кризата во браншата.

„Мошне нé загрижува што опаѓа бројот на изло-жувачи“, изјави претседателот на ЈАМА, Сатоши Аоки. Автомобилската бранша е во тешка криза, и претпријатијата ја користат секоја можност да заштедат пари, па меѓу другото и во гламурозни-те настапи на салоните на автомобили.

Осумте големи автомобилски производители од Јапонија, меѓу кои и Toyota и Nissan, во секој случај ќе учествуваат на салонот. Но, четири големи производители на товарни возила од Јапонија го откажаа присуството. Меѓу стран-ските марки што ќе присуствуваат на салонот се Porsche, Ferrari и корејскиот концерн Hyundai. Првите две сметаат дека кризата не може да им наштети на продажбата, затоа што луксузот не знае за криза, а Hyundai очигледно ги искористу-ва неговите пет минути.

Продукцијата на автомобили во Јапонија бе-лежи драматично опаѓање. Дури и големата Toyota е погодена и произведе за 49,6 проценти помалку автомобили. Mazda, Nissan, Mitsubishi и Honda исто така бележат опаѓање во продажба-та од околу 50 проценти. Светската продукција на Toyota се собра на 434.179 нови автомобили. Само за јапонскиот пазар се произведоа за 56 проценти помалку нови автомобили. За февру-ари, Honda пријави глобален минус од 42,7 про-цента, со 190.680 автомобили. Во Јапонија, минусот изнесува 48,4 проценти.

Продукцијата на Nissan се смали за 51,3 проценти, на 156.864 нови автомобили, а на јапонскиот пазар, овој производител што е во сојуз со францускиот Renault, забележа минус во про-дукцијата од дури 69 проценти. Малечката Mazda падна за 54,6 проценти, на 57.642 автомобили. Најмалку продавал Mitsubishi.

Марката продала за две третини помалку возила, односно 45.048 автомобили.

Здружението на јапонските производители на автомобили, не-зависно од овие бројки, соопшти дека бројот на продадени авто-мобили во тековната фискална година до март 2010 ќе падне за осум проценти, на 4,297 милиони нови возила, што е најниско во последните 32 години.

Наспроти тоа, Здружението на германските автопроизводите-ли VDA очекува дека светскиот автомобилски пазар ќе се реха-

билитира по три години. Доколку светската про-дажба во 2009 падне од 57 милиони патнички автомобили на 48 милиони, сите производители и добавувачи ќе мораат да ја намалат својата се-гашна продукција. Но, во 2012 година, светскиот пазар повторно ќе порасне на 60 милиони патни-чки возила.

Целта на германските производители и доба-вувачи е по кризата да бидат посилни од кон-куренцијата. И веќе се работи на тоа. Државата дава субвенции за откуп на старите и безвредни автомобили, во висина од 2.500 евра. Така им се обезбедува непречена работа на производите-лите на автомобили, и покрај кризата што гризе околу.

Најмногу искористија VW и Opel. Дури 27 про-центи од продадените возила се од марките VW, Audi, Skoda и Seat, додека Opel забележа пораст од 60 проценти во првиот квартал. Но, и други-те марки искористуваат. Трета е групацијата Renault, која ги има уште Dacia и Nissan. Следува-ат Hyundai со 7,79 проценти од продажбата, пред Ford со 7,75 проценти.

Бонусот во висина од 1.500 евра за старите ав-томобили го заживеа и пазарот на автомобили во Италија. Во март се продадоа 214.218 возила. Тоа е за 0,24 проценти повеќе отколку во март 2008, и иако е минимално, сепак е првото зголемување на продажбата по 14 месеци. Најмногу искористи Fiat Panda, која се продаде во 14.863 примероци. Потоа следуваат Ford Fiesta и Fiat Grande Punto.

Премијата не им менува многу на луксузните марки BMW и Mercedes. И веројатно, шансите за преживување на големите концерни од друга-та страна на големата бара се веќе минимални. Американскиот претседател Обама им даде по-следна шанса на General Motors и на Chrysler. До

крајот на април, двата концерна мора да смислат подобар план за преструктуирање, и ако тој биде оценет позитивно, Обама ќе им даде нови пари за трошење.

Но, тоа ќе значи дека парите повторно ќе бидат на погрешната страна. Купувачите се тие што ги имаат парите. Или ги немаат. Во Германија и Италије е очигледно дека парите од субвенциите се на вистинската страна, кај купувачите. �

КОмЕНтАР Број 20 • април 2009

Дарко јаконовГлавен уредник

[email protected]

ДоДека јапон-скиот пазар се преполовува,

Германците по-ставуваат рекор-Ди. очиГлеДно

е, кризата се пре-твора во војна

на произвоДите-лите

ПОБеДНИцИ И ГуБИТНИцИ ПО СеКОја вОјНа

Page 6: Autofocus #20

6 04/2009 www.autofocus.com.mk

chevrolet cruzeНОвИТеТИ

коГа Daewoo стана Chevrolet, малечките корејски автомобили не се вклопуваа во траДиционалната претстава за американската марка. сеГа Доаѓа Cruze, лимузина, ДолГа, баш Chevrolet

Направен да го погоди пребирливиот европ-ски вкус, новиот Cruze настапува моќно и само-

уверено во безмилосната битка со ривалите. За разлика од пре-тходникот Lacetti, Cruze се фали со впечатлив изглед, кој носи американска нишка и ја поставу-ва новата дизајнерска насока на Chevrolet. Кај новата лимузина што ќе застане покрај Mitsubishi Lancer и Skoda Octavia, е вложено многу во подобрување на заврш-ната обработка и квалитетот на материјалите, кои се на повисоко ниво од тоа што сме навикнати да го видиме кај Chevrolet. Ком-плетно е обновена и понудата на мотори. Инженерите тврдат дека каросеријата на Cruze се одли-кува со солидна цврстина, па ќе

очекуваме и добри резултати на краш-тестот.

Уште при првиот поглед се за-бележува дека новиот Chevrolet созреал. Големата маска со лого-то на средина, луто закосените предни светла и острите рабови го дефинираат Cruze како семеен спортист. Отстрана се забележу-ва дека линијата на покривот се спушта наназад како кај спорт-ските купеа. Големата должина побудува и големи очекувања за просторната понуда во внатреш-носта. Задниот дел е значително посмирен во однос на предниот, но не е досаден. Се забележува дека Корејците неуморно го сту-дирале дизајнот на европските возила, и радува тоа што знаење-то успешно го сплотиле во нови-от Cruze.

Навистина гОлЕм плус

може комотно да се користи при промоцијата на најновите модни трендови

Page 7: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 704/2009

Дизајнерите имаат намера, при отворањето на вратите да опие неодоливиот шарм и впечатокот за класа и квалитет, каков што е карактеристичен за многу поска-пите автомобили. Арматурната табла го следи примерот од Opel Insignia, и тоа може да биде само добро. Добар дел од компонен-тите се преземени од Opel, но тоа може да се земе само како пози-тивна работа, бидејќи се намалу-ва цената на производство, а се зголемува квалитетот. Воланот, инструментите, копчињата, сето тоа го знаеме од Insignia. Тоа што не сме го виделе претходно е сре-дишната конзола, која изгледа фантастично. Интересната игра на бои и правилниот распоред на контролите го прават кокпитот на Cruze убаво место за живеење. Уште сега ќе му дадеме забелешка за несреќното позиционирање на

копчето за исклучување на кон-тролата на тракцијата, десно од менувачот. Седиштата се прера-ботени целосно за да овозможат поголем комфор и со тоа само ќе го подобрат целокупниот впеча-ток. Мултимедиумскиот систем кој се нуди во Cruze, нема нешто позначајно, бидејќи изменувач на дискови и читање на mp3-фајло-ви веќе станаа вообичаена појава. Новитет е системот за навига-ција, со колорен екран од седум инчи, кој првпат се нуди како до-полнителна опрема кај возило на Chevrolet од оваа класа.

За да биде сфатен сериозно, Cruze покрај со одличниот из-глед, мора да се покаже и како безбеден автомобил. Затоа, 65% од каросеријата отпаѓаат на че-лик со висока цврстина, што е за половина повеќе отколку кај претходниот модел. Торзиската

убавата „купе“ линија на кровот ги потенцира динамичните својства

намрштен поглед - овој пат не смее да се потцени корејскиот chevrolet

Се пронаоѓа себеси во било каква ситуација, без разлика дали оди на скара или на гламурозна вечера

Page 8: Autofocus #20

14 04/2009 www.autofocus.com.mk

Кога првиот Golf GTI се појави во 1976 година, никој не очекуваше дека малечкиот семеен ав-

томобил ќе издејствува толкаво влијание врз автоиндустријата. Golf GTI го измени мислењето на јавноста за тоа како треба да из-гледа мал, брз, семеен автомобил. Возачката возбуда што овој Golf му ја овозможуваше на возачот, се споредуваше со суперспорт-скиот и драстично поскап Porsche 911. За возвишувањето на Golf GTI во ѕвезда на асфалтот се по-грижи малиот 1,6-литарски мо-тор со 110 КС, кој обожаваше да работи на високи вртежи. За жал,

моделите што следуваа, стануваа сè потешки и побавни, сè до пе-ттата генерација, која се појави во 2004 година и го врати Golf GTI на врвот на победничкиот поди-ум. Со речиси два милиона при-мероци произведени досега, GTI прерасна во култен автомобил, и тоа му врши голем притисок на новиот модел. Новиот GTI го менува значењето на поимот „же-жок“ автомобил, со дволитарски-от бензинец со турбонатполнење и 210 КС, и со електронскиот диференцијал XDS, одговорен за однесувањето на автомобилот во свијоците. Се водело сметка и за љубопитните погледи на мину-

volkswagen golF gtiновитети

„Деца, врзете ги појасите, полетуваме!“ – рече таткото кога сеДна во новиот Golf GTI

Семејната ракета – подобра од кога било

Page 9: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 1504/2009

вачите: Назад се перчи издувен систем со две цевки.

Моторот во GTI не е усовршу-вање на веќе постојниот од пет-тата генерација, туку е создаден посебно за новиот модел. Во еко-номичноста е постигнат најголе-миот напредок, но и силината и вртежниот момент штo ги испо-рачува турбополначот не се за потценување. Дволитарецот е од новата генерација мотори TSI на Volkswagen, кои успеаја да напра-ват вистински чуда, со спортски-те својства, но истовремено и со штедливоста.

Во моторот на новиот GTI се променети клиповите, пумпите за масло и за гориво, а секако, и електрониката е чепната. Цел-та беше да се добие агилност во целото работно подрачје, а исто-времено да се исполни нормата Euro 5. Максималниот вртежен момент од 280 Nm се постигну-ва при 1.700 вртежи, меѓутоа, за разлика од другите турбомотори, овој го држи вртежниот момент дури до 5.600 вртежи, и испора-чува импресивна моќ, во било каква ситуација. За уживањето да биде уште поголемо, Volkswagen го нуди GTI во комбинација со ме-нувачот со двојна спојка DSG, кој досега се докажа како извонред-но брз и прецизен.

Новиот GTI не се фали само со техничкиот бисер под хаубата. За да биде вистински GTI, тој тре-ба да има и врвна управливост и да не потклекнува во свијоците. Каросеријата е дотерана до тој степен што овозможува комфор за долго патување, но се претво-ра во ѕвер кога тоа ќе го посака возачот. Суспензијата е комплет-но преправена: Предниот дел е спуштен за 22 mm, задниот за 15 mm, амортизерите се разликува-ат од цивилната верзија на Golf, а мулти-линк задната оска е доте-рана до тој степен, што системот за стабилност ретко ќе има пот-реба да се вмеша.

За стабилноста на новиот GTI дополнително се грижи елек-тронски контролираниот дифе-ренцијал XDS, кој тука се вградува првпат. Диференцијалот се пока-жува на дело при брзо возење во свијоци. Преку интелигентно дозирање на силата на моторот и активирање на сопирачките, XDS го држи GTI залепен за асфалтот и го намалува подуправувањето, кое е карактеристична појава кај предниот погон. Затоа, XDS е ком-биниран со ESP, за задоволството да биде големо, но и безбедноста. Како шлаг на безбедносната оп-

Во темница изгледа уште подобро отколку на дневна светлина. Црвената боја е измислена за овој автомобил

Доколку го сретнете на улица, нема рамнодушно да го одминете, туку ќе направите пауза и ќе ги нагостите очите

Свиокот ќе пристигне многу побрзо, но тоа не е проблем, бидејќи GTI има одлично држење на патот

Дедото и гордиот правнук; спортските гени и носечките обележја се лесно воочливи, покрај големата старосна разлика

Page 10: Autofocus #20

18 04/2009 www.autofocus.com.mk

MerceDes sls aMgновитети

Врзете се сите, Mercedes сега полетува

кога се бара вистински спортски автомобил, Mercedes не може Да понуДи многу. sl е претежок, slr е прескап. уште малку, па тркачите ќе можат Да зДив-нат. AMG го прави наслеДникот на 300 sl

04/2009 www.autofocus.com.mk

Се уште недосреден, со маскирни налепници, SLS AMG ги привршува тестирањата и почнува да ги врти првите кругови во медиумите, за нафатираните клиенти да се загреат за новакот меѓу нисколетачките болиди

Page 11: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 1904/2009

Ги познаваме како ѕвезди од патеките за тестирање, од Арјеплог и Нирбур-гринг, до Долината на смр-

тта. Веќе две години, неколкуте нисколетачки објекти во маски-рен костум им го одземаат зди-вот на индустриските шпиони. Не сме виделе други протитипи да изгледаат толку загадочно и да побудуваат толкави очекувања како овие фантоми облечени во црно, што под полна гас го возат светот.

За нивното потекло се шпекули-раше уште откако се појавија за прв пат, но сега е веќе потврдено официјално: Овие темни облаци беа првите примероци од новиот суперспринтер со кој што одделе-нието AMG конечно ќе се ослобо-ди од улогата на куќен тјунер на Mercedes и ќе побара прием во ес-нафот на ковачници за спортски автомобили.

Покрај тоа, со овој модел Шва-бите се повикуваат и на минато-то. Иако крајниот изглед сé уште не се наѕира, неколку податоци се веќе познати. Двоседот долг 4,80 метри и израснат само до 1,26 ме-три од земја, ќе доживее светска премиера на салонот во Франк-фурт наесен како Mercedes-Benz SLS AMG. И ќе има крилести вра-ти, оние што се отвораат нагоре. Тоа е традициското наследство од славниот SL од 1954 година, кој го сметаме за спортски автомобил на векот, што остави мошне дла-бок печат во името Mercedes.

Тоа што AMG повеќе нема да се задоволува само со извлеку-вање дополнителни коњски сили или со лепење на убаво скроени спојлери и закачување спортски украси во кабината е сосема ло-гичен чекор напред. Фирмата од Афалтербах почна со класично тјунирање пред 40 години, по-доцна стана дел од Mercedes, но ►

Шефот, лично: Оваа фотографија со Фолкер Морнхинвег докажува дека моделот има крилести врати

Тестирање до исцрпување: Прототипите ги измерија сите патишта на светов, заради дотерување на моторот и подвозјето. SLS AMG тука е на стартот на славната патека Пајкс Пик во САД

Ѕвездата од патеките за тестирање: Темните облаци врз патот постојано будеа шпекулации

Брза двојка: SLS AMG се мери со Porsche, Ferrari и Aston Martin. Крајното темпо е 315 km/h

Page 12: Autofocus #20

32 04/2009 www.autofocus.com.mk

не е кроток како јагне

Моќта на Моторот

одлично дотераното подВозје

маркантната предница на не-ПоГреШЛИвИот CItROEN

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИсличноста Во надВореШниот изглед со другите Возила со кои ја дели платформата

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАкомплетно бескорисен трет ред на седиШта

ПоДуПравувањето ПрИ ИзЛез оД сВиоци

изгледот на инструментите требало да биде поиндиВидуален

CItROEN C-CROSSER 2.2 HDi PaCKтест

пОвеќе теренци си гО прикачуваат епитетОт спОртски. нО, самО малку гО заслужуваат. ФранцузинОв е еден Од тие

32 04/2009

Page 13: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 3304/2009

Првиот обид на Citroen да се замеша во острата битка на компактни-те SUV-возила доаѓа во

веќе познат облик, но со друго име. C-Crosser ја дели основата со повеќе автомобили, а најблис-ки му се Mitsubishi Outlander и Peugeot 4007. Французите ја пре-земаа комплетната техника од Јапонците, и ги сменија моторот, менувачот и логоата. Секој од нив носи карактеристична маска, но отстрана и одзади се речиси иден-тични. Тоа што го прави Citroen поинаков е однесувањето на па-тот. Со преселувањето на продук-цијата од Јапонија во Холандија, се променија и добавувачите, и се извршија неколку промени. Никој не го потврдува тоа офи-цијално, но факт е дека C-Crosser се однесува сосема поинаку од сѐ што претходно сме возеле со оваа платформа.

Лицето на C-Crosser се одликува со убави и моќни линии, огромни светла и гордо поставено лого на средината на маската. Фино из-гледа долниот отвор за воздух, кој се протега низ целата широ-чина. На краевите се поставени светлата за магла, со убави украс-ни хромирани прстени. Гледано во целост, предницата несомнено припаѓа на Citroen. Благодаре-ние на елегантните и правилно смислени пропорции, C-Crosser изгледа динамично и робусно. Спуштачката линија која го следи покривот, го лаже окото дека се работи за пониско и покомпакт-но возило, а не за SUV со седум се-дишта. Бандажите од 18 инчи кои се достапни со доплата, во голема мера го разубавуваат профилот на возилото, а истовремено при-донесуваат кон возните својства. Во задниот дел се истакнуваат убавите светла, изработени со ЛЕД-технологија, и големиот браник кој дополнително ја по-тенцира робусноста на C-Crosser. Паркинг сензорите, кои се исто така достапни како дополнител-на опрема, се распоредени долж задниот браник. Севкупно гледа-но, C-Crosser остава впечаток на силно, робусно, но истовремено елегантно и префинето SUV-во-зило.

Отворањето на вратите е про-следено од бран на убаво кон-ципирана и квалитетна, но веќе видена внатрешност. Седиштата се изработени од комбинација од платно, алкантара и кожа, и овоз-можуваат високо ниво на комфор. Арматурната табла, инструмен-тите и средишната конзола прак-

Каква глетка! Со големите фарови, масивната маска и профилира-ната хауба, C-Crosser влева страв во конкурентите

Огромните светла гледаат низ бистро стакло. Дури и локацијата на трепкачот е игра на дизајнерите

Модерно, убаво, но и функционално. Светлата за магла се фино претопени во маската

Вложен е напор за да се одвои од колегите со иста платформа

Иако е голем и робусен, одлич-ните возни својства доминираат

и при возење на тесни патишта

Page 14: Autofocus #20

38 04/2009 www.autofocus.com.mk

SUzUKI SPlaSH ПротИв SUzUKI SwIftспоредба

38 04/2009 www.autofocus.com.mk

Судир на ставовималечкиве имаат блиска Физичка ОснОва, нО духОвнО се на сОсема различни патишта. и пОкрај тОа, вО еднО се исти: забавниОт еФект им е ОгрОмен

мотор DOHC 16V

зафатнина 1328 cm3

[kw(KC)/min] 68(92)/5800

[Nm/min] 116/4200

пречник и од 78,0 х 69,5

багажник [l] 201/870

0-100 km/h [s] 11,0

брзина [km/h] 175

[l/100 km] 5,8

цена 12.990 €

sUzUki swifT 1.3

suzuki swift настапува како трендовски автомобил со спортски карактер

Page 15: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 3904/2009 www.autofocus.com.mk 3904/2009

Бурек или бургер, пиво или вино, бринета или блондинка. Животот не е лесен, постојано нѐ ста-

ва на искушението на изборот. И изборот на автомобил е далеку од едноставен. На малечките ав-томобили повеќе не им е доволно да бидат само малечки. Некои са-каат да покажат карактер.

Suzuki ги испрати своите две малечки во различни школи.

Swift е учен за спортист, Splash e извежбан практичар. Во појавата, двајцава тешко ќе најдат заед-нички именител. Едноставно, не можеле да бидат поразлични. А маскирните бои со кои влегуваат во оваа битка на концепти им се точно погодени за мисијата.

Ништо не се препушта на слу-чајот. За бојата на Swift ќе рече-ме дека е црвена металик. Но, грешка. Таа се вика Supreme Red

ширени колку што можело. За-едно со кусата и заоблена хауба, широките раменици и столбови-те што се бојадисани во црно и се втопуваат во темните прозорци, Swift изгледа како да побегнал од тркачка патека.

За разлика од овој освојувач од прва, Splash мора да ги отвори вратите за да ги направи своите квалитети поочигледни. Дале-ку од тоа дека не е привлечен.

Pearl Metallic. Па, ова е веќе цела приказна. Значи, бојава е најцрве-на што може, и под зајдисонцето прилега како да има структура на бисер. Во секој случај, вкусно.

Splash не одолева на брегот и се пушта да биде заплискан од брановите во лагуната: Кодот на неговата боја е Lagoon Turquoise. Но, и без бојата, разликата е очиг-ледна. Каросеријата на Swift едвај ги покрива тркалата, кои се ра-

мотор DOHC 16V

зафатнина 1242 cm3

[kw(KC)/min] 63(86)/5500

[Nm/min] 114/4400

пречник и од 73,0 х 74,2

багажник [l] 178/1050

0-100 km/h [s] 12,3

брзина [km/h] 175

[l/100 km] 5,5

цена 11.990 €

sUzUki sPlAsH 1.2

Двокатниот Splash јасно го следи концептот за максимално искористување на просторот

Page 16: Autofocus #20

44 04/2009 www.autofocus.com.mk

еКо-теСт PEUgEOt 207 1.4 HDI

Ветувањата се големи. Производителите веќе одамна почнаа да се фа-лат дека со едно полнење

на резервоарот нивните автомо-били поминуваат по 1.000 кило-метри. Главно, големите лимузи-ни се тие што покажуваат ваква истрајност. Peugeot ветува уште повеќе. Во тековната реклама за моделот 207 1.4 HDI, Французите тврдат дека во еден потег може да се поминат 1.300 километри. Па, тоа е совршено да се провери на нашиот екотест!

Во претходните тестирања во штедливи услови на возење, ус-пеавме да постигнеме мошне ох-

рабрувачки вредности за потро-шувачката на гориво. Honda Jazz 1.4 со 100 КС, ни потроши 4,14 литри бензин на сто километри, а големата Honda Accord нé занеме со просекот од 5,07 литри. Овој пат имаме дизел од 1,4 литар, со 70 КС, и вредност за просечната потрошувачка на отворен пат од само 3,8 литри, што ќе треба да ја постигнеме за тврдењето за 1.300-те километри на Peugeot да се потврди.

Нé очекува долго возење, 1.300 километри се три крстосувања по државава надолж и попреку. Тол-ку ги испланиравме и етапите на возењето: Првата од Скопје до Ох-

тест

ОвОј генетски мОдиФициран лав има жед пОмала и Од чОвечката. сО прОсекОт Од 3,57 литри се пОтврдува дека приказните за штедливОста не се измислени

Peugeot тврди:1300 километри со едно полнење.

Проверено!

Знаците за пумпа за точење гориво долго време нема да му бидат интересни на 207 HDi. Три пати од север до југ и назад

Page 17: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 4504/2009

рид и назад до Скопје, а втората и третата од Скопје до Дојран и на-зад. За последниве две оставивме можност да ги возиме со различ-на динамика, доколку процениме дека останува доволно гориво за тоа, за да се увериме колку разли-ката во темпото од 10 километри на час ќе влијае врз потрошувач-ката на гориво.

Дополнителен предизвик во во-зењето беше тоа што се работеше за нов и неразработен автомобил, со одвај 15 поминати километри. Вообичаено е моторите да тро-шат за десетина проценти гориво повеќе додека се разработи ме-ханиката. Но, и тоа ќе се случи на возењето од 1.300 километри. На половина од предвидената рела-ција веќе можеме да очекуваме да почнат да се покажуваат вистин-ските вредности на потрошувач-ката.

За запознавање со возилото, со начинот на ослободување на си-лината на моторот и со преносни-те односи во менувачот, по стар-тот од салонот на „Еуроимпекс“, го поставивме како цел автопа-тот до Петровец. Првите вреднос-ти ниту оддалеку не ја навестуваа штедливоста на 207 1.4 HDi. По 29 поминати километри, патниот компјутер ни пријави просечна потрошувачка од 10,4 литри и ни пресмета дека со горивото во ре-зервоарот ќе поминеме само 580 километри.

Дека нема простор за паника, Peugeot нé увери дури во Охрид, по 227 километри, кога првпат пријави просечна потрошувачка со четворка пред запирката. Дури пред крајот на тестот, на второто возење до Дојран, дознавме дека проблемот бил тоа што Peugeot едноставно не сака да си признае дека е толку штедлив. Според патниот компјутер, просечната вредност на потрошувачката уп-орно покажуваше 4,0 литри, иако според претходното однесување и според гола пресметка, таа веќе беше далеку и под фабрички де-кларираните 3,8 литри.

Овој генетски модифициран лав има жед помала и од човечката. И тоа е очигледно. Ако земеме дека малечкиот дизел ќе минува по 15.000 километри во годината, за просечната километража што ќе ја минува во еден ден излегува вредност од 41,1 километар. Со фабричката вредност за потро-шувачката од 3,8 литри, тоа зна-чи дека секој ден Peugeot 207 1.4 HDi ќе бара по 1,56 литар дизел за да ја задоволи својата жед. Тоа е помалку од вообичаената днев-

1300 километри со едно полнење.

Официјална потврда за постигнатата потрошувачка на тестот, во сервисот на Peugeot: По 1300 km, уште 3,9 литри во резервоарот

Тоа што се потврди преку компјутерска дијагностика, веќе се гледаше на мерачот на гориво. Просекот: 3,57 l/100 km

Возењето под умерен режим не претставуваше пекол за големиот штедливец. Тунелите кај Демир Капија ги поминавме четири пати ►

Page 18: Autofocus #20

62 04/2009 www.autofocus.com.mk

СОВети амОрТИзерИ

Не лулај ме нежномекото клатење на возилото е знак дека нешто не е во ред со амортизерите. специјалистите од „авто-моБил“ укажуваат на важноста на доБрите амортизери

Неисправните аморти-зери не прават само возењето да биде како на брод, туку многу по-

веќе ја зголемуваат опасноста од незгода. Овие придушувачи на осцилации имаат задача што побрзо да го запрат клатењето на каросеријата и на тој начин да обезбедат добар контакт на трка-лата со патот. Само така се можни оптимални сили при запирање, забрзување и возење во свијоци.

Доколку амортизерите се де-фектни, патот на запирање се продолжува за два метра при градска брзина на возење, опа-шот може да излизга во свијок веќе при 57 километри на час, и аквапланингот, односно натпли-вувањето на тркалата на дожд се јавува порано. Покрај тоа, зна-чително се нарушува и работата на АВЅ, затоа што електронскиот помагач е дотеран за оптимални вредности на подножјето.

При техничкиот преглед на во-

зилата се врши само визуелна проверка на амортизерите. Така може да се откријат механички оштетувања, протекување или лабава врска, но минувањето на технички преглед воопшто не е гаранција дека амортизерите се во ред. Затоа, при сомневање, по-добро е да се посети специјализи-ран сервис.

Амортизерите многу ретко от-кажуваат одеднаш. Попуштаат со текот на времето и возачот поле-ка се свикнува на возилото. Дека нешто не е во ред со нив, ќе се покаже во најопасните ситуации, при избегнување ненадејна преч-ка или при силно запирање, а тогаш е најпотребен добар амор-тизер.

За навреме да се открие не-исправност на амортизерите, притискањето врз носот или врз задниот дел од возилото не може да покаже многу. Нееднакво ис-трошениот профил на гумите многу повеќе укажува на тоа дека

Page 19: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 6304/2009

СОВетиаМОРтиЗеРи

тркалата имаат слаб контакт со патот и ско-каат по него.

Кај увозникот за амортизерите NBNF, „Ав-то-Мобил“, препорачуваат амортизерите да се проверуваат на секои 20.000 километри. Кај нов автомобил, трајноста им изнесува од 80 до 120 илјади километри, но постојат случаи кога се јавува неисправност уште при 50.000 километри. Проверката е бесплатна и се врши за само неколку минути, а обично половина од возилата остануваат на замена.

Не се секогаш виновни амортизерите. Со богато искуство, експертите на увозникот Авто-Мобил укажуваат на случаи кога тро-пањето се јавува поради неисправност на држачот на амортизерот. Оштетувањето најчесто се случува кога врз амортизерот одеднаш дејствува силен притисок, како при симнување од тротоар. Во тој случај може да дојде до истекување на маслото.

Според експертот Круме Стефановски од „Авто-Мобил“, вградувањето резервоар за автогас влијае врз трајноста на амортизе-рите, затоа што врз нив дејствува постојан товар, кој уште е неправилно поставен, па автомобилите што возат на автогас се по-чувствителни на дефекти на амортизерите.

При замената, консултацијата со експер-тите е добредојдена. Притоа ќе се избере дали според стилот на возење се подобри маслени амортизери, кои се покомфорни и поиздржливи или, пак, гасни амортизери, за спортско возење.

Возењето со лоши амортизери може да чини скапо, ако замената не се изврши на-време. Цената на безбедноста е 30 до 40 евра. Толку чинат амортизерите за возила-та што најчесто се возат кај нас. �

Page 20: Autofocus #20

78 04/2009 www.autofocus.com.mk

Големиот тркач, според Citroenмаркава реткО ја Остава иднината да дОјде сама. пОвеќе сака да ја прави. и GTbyCiTroen беШе замислен какО вОзилО Од иднината, нО гО дОнесОа вО сегаШнОста

GTbyCiTroenимпресија

Овие навистина знаат да ги направат автомоби-лите поинакви. Citroen им дозволи на милиони

луѓе по светот да го возат суперс-портскиот автомобил уште пред да биде изработен првиот и един-ствен примерок од него. Е, тоа не е можно? Е, можно е! GTbyCitroen се појави прво во виртуелниот свет, во светот на компјутерските игри, како еден од тркачите во иг-рата Gran Turismo 5, за конзолата Playstation. Но, автомобилчето составено од точки на мониторот толку убаво си легна во приказна-та на стратезите на марката, што тие не можеа да наредат ништо

Page 21: Autofocus #20

www.autofocus.com.mk 7904/2009

друго освен - Претворете го во метал, и тоа итно!

Супер, бесниот двосед со кри-лести врати сега го имаме и во реалноста. Во еден примерок. Нема да има втор затоа што дури и за палавата марка од Париз, GTbyCitroen е премногу невооби-чаен. И ќе се случи вистински хо-рор доколку автомобил со олку лут поглед во очите се пушти по патиштата. Кога ќе се подзамиже, во фацата на купето се препозна-ва богомолка што задоволно се подготвува да го издроби пле-нот во клештите. Во тенките очи со светкави диоди се чита „ти си ми пленот “, а муцката е веќе по-дотворена и готова за завршниот чин.

Шокантниот GT од Citroen е до-бро распослан врз патот. Долг е речиси пет метри и широк преку два метри, но затоа не досега ниту до папок. Така изгледа уште поза-страшувачки. Кога би се пуштил на трка, соперниците би се повле-кле настрана само да си ја тргнат оваа глетка од пред очи. Ваквата појава ја смислија дизајнерот на Citroen Такуми Јамамото и него-виот пријател и студиски колега Казунори Јамаучи. Вториов е вра-ботен во Polyphony, во куќата што ја направи играта Gran Turismo.

Двајцата во сојуз успеаја да ги убедат своите шефови дека појавувањето на француски су-перспортист ќе донесе големо освежување во играта. Кутрите дизајнери, сигурно не можеа ниту на сон да се понадеваат дека не-мирниот Citroen ќе го претвори автомобилот во челик и во кар-бонски влакна. И дека со тоа ќе го направи најдобриот прототип во историјата на марката. Тој не само што можеше да се види и да се до-пре на премиерата на салонот во Париз, туку може и да се вози.

Надворешноста е само вовед во

Од првиот цртеж до изработката поминаа осум месеци

Наспроти силната електроника, прекинувачите меѓу седиштата се механички

Површините премачкани со бакарна боја прават контраст со кожата и со пулсирачките светилки

Citroen на повеќе пати ја има покажано смислата за екстравагантен дизајн

Page 22: Autofocus #20
Page 23: Autofocus #20