autofocus #22

19
СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ УБАВИЦАТА ВО КЛАСАТА НА GOLF Поголема, Покомфорна, Поубава САЛОН БАРСЕлоНА 3.836 km со лИТАР ГоРИВо НАТПРЕВАР ВО ШТЕДЕЊЕ ТЕСТоВИ: KIA SPORTAGE 2.0 EX AWD ACTIVE, HYUNDAI i 30 CW 1.6, SKODA OCTAVIA 1.4 TSI BMW 2002 и BMW 320 d TECT HAMACHI TECT CHEVROLET CRUZE OPEL ASTRA ВозЕВмЕ PEUGEOT 308CC 9 771857 569002 22 ЈУНИ 2009 90 ДЕНАРИ Број 22 ЈУНИ 2009

Upload: autofocusmagazine

Post on 19-Mar-2016

252 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Aufocus Magazine #22 (June)

TRANSCRIPT

Page 1: AutoFocus #22

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ

УБАВИЦАТА ВО КЛАСАТА НА GOLF

Поголема, Покомфорна,Поубава

САЛОНБАРСЕлоНА

3.836 km со лИТАР ГоРИВо

НАТПРЕВАР ВО ШТЕДЕЊЕ

ТЕСТоВИ: Kia Sportage 2.0 eX aWD active, HyunDai i30 cW 1.6, SKoDa octavia 1.4 tSi

BMW 2002 и BMW 320d

TECT HaMacHiTECT cHevroLet cruZe

opeL aStra

ВозЕВмЕ

peugeot 308cc

9 7

71

85

7 5

69

00

2 2

2

ЈУНИ

2009

90 ДЕНАРИ

Број

22 •

ЈУН

И 2

009

Page 2: AutoFocus #22
Page 3: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 306/2009

СОДРЖИНАBMW 320d xDrive, BMW 2002BMW 5 Gran TurisMoChevroleT Cruze 1.6CiTroen Ds3hyunDai i30 1.6 CWKia sorenToKia sporTaGe 2.0 CvvT 4WDоpel asTrapeuGeoT 308 CCpeuGeoT 5008sKoDa oCTavia 1.4 Tsi

46

182819341752

6 241640

OPEL аstraУспехот на insignia беше само почеток. Сега доаѓа astra, со закана да го симне Golf од престолот

PEugEOt 5008Уште еден специјалист со две нули. овој е добар за семеен транспорт

Kia sOrEntOПо стилскaтa преродба на Cee'd и soul, во силно светло се појавува и големиот теренец sportage

bmw 5 gran turismOВаков BMW не сме свикнале да гледаме. Комби-лимузината е измислена за патување

citrOEn ds3Mini го предизвика бранот скапоцени малечки автомобили. ова е одговорот од Citroen

возевме PEugEOt 308 ccЛетото е време да се пушти свеж воздух во автомобилот: peugeot го прави тоа совршено

tEct chEvrOLEt cruzE 1.6 Ls PLusКрстосувачот на Chevrolet ќе предизвика голема мешаница: Понудата почнува од 12.600 евра

tEct hyundai i30 1.6 cwова комби не изгледа лошо: Продолжен е опашот, но и меѓу тркалата има повеќе место

ТеСТ sKOda Octavia 1.4 tsiСо моторот од 1,4 литар, skoda ја избегнува поскапата акциза без да го намали уживањето во возењето

ТеСТ Kia sPOrtagE 2.0 4wdКомпактниот теренец е подолго на пазарот од повеќето конкуренти. Во форма е да остане уште долго

СаЛоН БаРcеЛоНаСалонот во Барселона е најголемиот изложбен салон за seat. Тука, марката игра на домашен терен

СРеДБа На ГеНеРаЦИИBMW 320d xDrive и BMW 2002 ги разделуваат преку 35 години, но и многу нешта ги спојуваат

веШТо возеЊе Со miniМалечката марка дише со полни гради: Преку 100 љубители на марката се натпреваруваа

еКо-маРаТоН На shELLТука не победуваат најбрзите, туку најштедливите. Бројки надвор од умот: 3.836 km со литар гориво

tEct KymcO Xciting 300riВозбудата што ја ветува во името, овој скутер ја исполнува во целост

tEct hamachi 1E40QmaКога прават копии, Кинезите сметаат дека му оддаваат чест на оригиналот. Тука не утнале многу

tEct baOtian bt151t-2Место со мускули, овој Рамбо се расфрлува со елеганција

фоРмуЛа 1Портрет на Џенсон Батон: За пет месеци од плејбој на Williams, до иден шампион во Brawn Gp

ИзЛоГ ваШИ пИСма ИмпРеСумЦеНовНИКпРоТИв ДоСаДа

6

58

6060

6682

16

17

18

ТеСТ И ТеХНИКа

НовИТеТИ

На Две ТРКаЛа

моТоСпоРТ

оСТаНаТоТема

19

24

28

34

40

62

78

76

10

52

64

65

74

46

Број 22 • jуни 2009 www.autofocus.com.mk Во оВој Број:

seat ibiza bocanegra не заврши како студија. Шпанците решија да ја понудат во продажба10

Џенсон требаше уште одамна да биде ѕвезда на Ф1, но најчесто седеше во погрешниот болид

вановите не го убија об-ичното комби. Hyundai i30 cw најавува препород

Порано, привлекуваше со цената. Сега, Kia Sorento привлекува и со изгледот

Peugeot во творечкизанос: 5008 доаѓа како продолжен 3008

Место во мускулите, ки-нескиов Рамбо е силен во стилот

74

17

34

65

16

Page 4: AutoFocus #22

4 06/2009 www.autofocus.com.mk

Page 5: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 506/2009

Некогаш најголемиот автопроизводител General Motors го искористи стечајот како последна шанса за спас. На 1 јуни, во-дечкиот производител од САД поднесе барање за стечај во су-дот во Њујорк. Сега, најголемиот дел од поранешната мајка на марката Opel ќе биде ставен во државни раце. Ова е најголемата постапка на ставање на доверителите под заштита во историјата на САД.

По сто години од основањето, водечкиот производител во САД се најде на крстопат меѓу нов почеток и пропаѓање. Но, кризата не ги штеи ниту најголемите. За само еден месец, два од трите најголеми американски производи-тели се најдоа на работ. Chrysler попушти уште пред General Motors и наскоро ќе прејде во соп-ственост на групацијата Fiat. Последен во битка-та за преживување остана Ford. Но, и покрај за-губата од неколку милијарди, шансите вториот по големина производител од САД да издржи без државна помош се големи.

Со необично кусиот рок за завршување на сте-чајната постапка од 60 до 90 дена, владата на САД покажува дека сака што побрзо да го врати GM на нозе, и потоа уште побрзо да го симне од грб. Државата ќе презеде 72 процента од новиот концерн и целосно ќе го финансира санирањето. За тоа се потребни 50 милијарди долари од дано-чните обврзници, не вклучувајќи ги претходни-те финансиски инјекции од близу 20 милијарди долари.

Надежите за преживување на GM се вратија во речиси последната минута откако главнината на доверителите се сложи со постапката. Како воз-врат за простувањето на долгот од 27 милијарди долари, кредитодавачите ќе добијат десет про-центи во новиот концерн, кои подоцна ќе може да пораснат до 25 проценти. Автомобилската унија ќе добие 17,5 проценти во GM, додека досе-гашните акционери ќе останат речиси со празни џебови.

Концернот ќе доживее радикално прекроју-вање: владата ќе затвори 11 фабрики, а три ќе бидат ставени во мирување. Се очекува повтор-но отпуштање на десетици илјади вработени, со што бројката ќе се искачи на преку 100.000, само во САД.

На пазарот во САД, General Motors ќе остане со само четири марки: GMC, Chevrolet, Cadillac и Buick. За шведската марка Saab сé уште постојат неколку заинтересирани купувачи. Марката те-ренски возила Hummer и марката Saturn исто така се понудија на продажба. За Hummer веќе се најде и купувач, во Кина. Pontiac згасна засекогаш.

Од почетокот на 2005 до денес GM забележа загуба од 88 ми-лијарди долари. Само во првите три месеци од годинава се от-вори нова дупка длабока шест милијарди долари – во минатите

осум квартали, гигантот ниту еднаш не успеа да постигне пози-тивен финансиски резултат.

Вториот по големина американски производител Ford ќе се оби-де да профитира од силните турбуленции кај ривалите General Motors и Chrysler, и на нивна сметка ќе освојува нови проценти во учеството на пазарот. Веќе функционира: Во третиот квартал од 2008, Ford ја зголемил продукцијата за десет проценти.

Полека се враќаат надежите дека General Motors ќе закрепне. И за сите е подобро ако гигантот успее да се врати. Стариот ривал

Toyotа не ја прими рамнодушно веста за стечајот на GM. Јапонскиот производител е во голема предност пред конкурентите со напредниот сте-пен на развој на хибридната технологија и нема да има проблеми и во иднина да продолжи да заграбува голем дел од продажниот колач. Но, Јапонците се загрижени од последниците на сте-чајот во GM поради сопствените добавувачи.

Бидејќи голем дел од добавувачите на автомо-билски компоненти и од набавувачите на General Motors се поврзани со многубројни јапонски пре-тпријатија, падот на гигантот од Детроит ќе по-влече и пад на цела низа јапонски добавувачи на автоиндустријата.

Кај повеќето од нив драстично опадна про-метот во минатата деловна година. Дури 133 јапонски фирми се во деловни односи со група-цијата GM. Toyota поседува околу 500 добавува-чи на делови и материјал во Северна Америка, од кои околу 60 проценти ја снабдуваат „големата тројка“ од Детроит, односно GM, Ford и Chrysler. Заради обезбедување на иднината, овие добаву-вачи сега вложуваат максимални напори да до-бијат што повеќе налози од фирми со кои досега не соработувале.

Од друга страна, мошне е веројатно дека GM за кусо време ќе застане на нозе. И јапонските ав-топроизводители, на пример Toyota или Suzuki, чекаат да видат во колкава мера ќе влијаат мери-те за преструктурирање на GM врз нив.

Стечајот на General Motors во секој случај ќе ос-тави длабоки и трајни траги врз американското стопанство. Довербата на потрошувачите паѓа, рецесијата се продлабочува, и тоа е само уште

еден силен удар за повеќето јапонски автоконцерни, кои почув-ствуваа силни последици од глобалната криза.

Со финансиската помош за General Motors е несомнено дека уште повеќе ќе се зголеми државниот дефицит на САД, што на-таму ќе предизвика пад на курсот на доларот и на вредноста на акциите. Но, тоа ќе удри и врз курсот на јенот: растот на оваа валута ќе им ја намали конкурентноста на јапонските извозни претпријатија, ќе повлече раст на каматите и пад на берзата. Ја-понската економија ќе претрпи голем удар од растресениот аме-рикански пазар. Клопчето е заплеткано. �

КоМентАР Број 22 • јУни 2009

Дарко ЈаконовГлавен уредник

[email protected]

СТАВАЊЕТо ПоД ДрЖАВнА КАПА БЕШЕ ПоСЛЕД-нА ШАнСА ЗА

GENERAL MOTORS. СПАСуВАЊЕТо Ги рАДуВА и КонКу-

рЕнТиТЕ

ГенеРаЛоТ оБјаВи КаПиТУЛација

Page 6: AutoFocus #22

6 06/2009 www.autofocus.com.mk

OPEL astraноВиТеТи

golf во фокусотБиТКАТА мЕѓу ГЕрмАнСКиТЕ КомПАКТи ШТоТуКу ПочнА ДА СЕ рАЗГоруВА. Во чЕТВр-ТоТо ПроДоЛЖЕниЕ, оСиЛЕнАТА и ПорАСнАТА ASTRA нАПАѓА ЗА ДА ЗАГрАБи ШТо Е моЖно ПоКруПно ПАрчЕ оД ПроДАЖБАТА нА VW GOLf

Единствената отстапка е напра-вена во изгледот на предниот дел, каде што Astra повеќе личи на Zafira отколку на Insignia. Се-пак, мора нешто да остане и за знаменосецот на марката.

Блискоста со претставителната лимузина на Opel се воспоставува повторно во внатрешноста. Исто како кај Insignia, и тука има арма-турна табла што се раширува во вратите, инструменти што светат како зажарен јаглен и цела арма-да нови прекинувачи во украсе-ната средишна конзола.

Опремата што ја добива Astra заслужува да ѝ се оддаде почит. Покрај системот Opel Eye, за сле-дење на лентата и за читање на сообраќајните знаци, тука се и умните светла што го фрлаат сно-пот врз патот зависно од усло-вите на возење. Новитет се елек-тричната паркирна сопирачка и советникот за паркирање, кој му помага на возачот да ја смести Astra на паркинг.

Уште повеќе ќе одушевува но-вото просторно чувство. Со до-полнителните 17 сантиметри во должината и со растот од седум сантиметри во меѓуоскиното рас-тојание возилото ги напушта гра-ниците на компакт-класата. Ова е белегот од новата платформа Delta II што германскиот компакт ја дели со Chevrolet Cruze. Но, на сметка на тоа, патниците на зад-ната клупа ќе добијат господски простор за нозете, додека напред

Кога новата Opel Astra ќе се најде под рефлек-торите на салонот во Франкфурт во септем-

ври, тоа ќе биде четвртиот модел на Opel од компактната класа што го носи името Astra. Но, овој е најважниот досега, од успехот што тој ќе го постигне на пазарот зависи колку добро ќе продолжи да живее марката од Риселсхајм и колку новиот сопственик Magna ќе биде среќен од инвестицијата. Компактот вредно ја полни каса-та. Од сегашната генерација, во просек се продаваа по половина милион примероци годишно, што е една третина од вкупната про-дажба на Opel.

Со исклучок на името, големата надеж на марката од Риселсхајм нема ништо заедничко со сегаш-ниот модел. Со должината од 4,42 метри, Astra игра во повисока лига, а и со облеката по крој на го-лемиот брат Insignia, компактот посега во повисоките сфери. Из-гледот на Insignia се покажа како силно оружје за освојување купу-вачи, и со верното повторување на препознатливите потези, и Astra го добива овој силен поттик на продажбата.

Омилената играчка на дизајне-рите на Opel, бумерангот, оста-вил трага во страниците на Astra, исто како и во предните и задни-те светла. Куполестиот покрив го потврдува овој автомобил како творба на марката од Риселсхајм.

6 06/2009 www.autofocus.com.mk

Kadett 1 - 1936 Kadett 1 - 1938 Kadett A- 1962 Kadett B - 1965

Page 7: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 706/2009

... и го има уште на страниците на Astra I. За разлика од Insignia, тука бумерангот е свртен наназад

Бумерангот е заштитен белег на говорот на формата на Opel: Се повторува повеќе пати во задните светла...

www.autofocus.com.mk 706/2009

Kadett C - 1973 Kadett D - 1979 Kadett E - 1984 astra F - 1991

Семејната лоза на Opel Astra

Page 8: AutoFocus #22

10 06/2009 www.autofocus.com.mk

БаРСеЛоНа моТоР Шоу 2009СаЛон

Барселона проголтана од Црната устаВо СрЕДинАТА нА мАј, САЕмСКиТЕ хАЛи нА муЊЖуиК СЕ ПрЕТВорААТ Во нАјГоЛЕмиоТ иЗЛоЖБЕн САЛон нА SEAT. ШПАнциТЕ нА ДомАШЕн ТЕрЕн јА ПрЕТСТАВијА АТрАКТиВнАТА BOcANEGRA

Максимално искорис-тување на предноста што ја нуди домашни-от терен. Токму тоа го

направи Ѕeat на салонот во Барсе-лона. Иако Opel Insignia OPC, којa беше премиерно прикажанa на овој салон заслужува внимание како новитет, со прославувањето на 25. роденден на Ibiza и појаву-вањето на Ibiza Bocanegra, целото внимание го освои домашниот производител.

не УСПеaја да одоЛеаТ

Една година по претставување-то на студијата Bocanegra во Же-нева, Шпанците беа натерани студијата да ја претворат во ре-алност. Едноставно, не можеа да одолеат на големата „црна уста“. Името на новата Ibiza Bocanegra се повикува на култниот модел 1200 Sport, кој Ѕeat го произве-дуваше врз платформата на Fiat 127, пред околу 30 години. И кај тој модел, како и кај новиот, до-минира големата црна маска, која се протега речиси преку целиот преден дел. Новата Bocanegra ед-ноставно зрачи со динамика и ка-рактер, и претставува вистинско парче во мозаикот на вистински-от колекционер.

Ексклузивната Ibiza изгледа пе-колно добро. Спортскиот дизајн на верзијата со три врати под-

легнал на третман на стероиди, бидејќи сега изгледа уште помоќ-но. Изнервираниот и спортски карактер се засилува со големи-те бандажи, сончевиот покрив и ретровизорите, кои се спакувани во црни куќишта. Во задниот дел главната улога ја игра браникот со интегрираниот дифузер за воз-дух, кој се разбира дека има црна

10 06/2009 www.autofocus.com.mk

Page 9: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 1106/2009

Барселона проголтана од Црната уста та од црн интериер, изработен од неколку видови на материјали, симболот „В“ за „Bocanegra“, и од-личните седишта со ромбоидни форми на тапацирот, опшиен со црвен конец, просто остава без здив.

Бензинецот со зафатнина од 1,4 литри, кој дополнително диши преку два турбополнача, ветува дека Ibiza Bocanegra ќе вози исто толку добро колку што изгледа. Моторот развива моќност од 150 или 180 коњски сили, но троши многу помалку гориво од други мотори со слична силина. Меѓу електронските помагала, новитет е системот XDS. Тој ја контролира работата на ESP и ТСЅ, и дејствува како електронски диференцијал, кој ја распределува силината меѓу погонските тркала. Убави-ната на XDS се состои во тоа што, тој има функција иста како меха-нички диференцијал, но користи електроника.

Новата Ibiza Bocanegra носи уникатен дизајн и карактер, кои ги комбинира со одличен погон и уште подобро подвозје, во вистин-ски автомобил за уживање.

25 Години seat iBiza

На салонот за автомобили во Париз, во 1984 година, почна приказната за малата Ibiza. Таа e првиот автомобил што Seat го произведе како независна компанија. Првата генерација задоволи преку еден милион ку-пувачи. Втората генерација, раз-виена под закрила на групацијата Volkswagen значително го подо-бри квалитетот на изработката, и го носеше најмоќниот дизел мотор во својот сегмент. Seat го прослави својот 50. роденден со првата Ibiza Cupra, која разви-ваше 156 КС од 1,8-литарскиот бензинец. Оваа Ibiza беше првиот автомобил во класата за кого се нудеше ЕЅР. Втората генерација се продаде во преку 1,5 милион примероци. Третата генерација се претстави со уште поразвиени спортски гени. Големиот избор на мотори, квалитетот во изработ-ката и спортските перформанси ја направија оваа Ibiza еден од најпосакуваните автомобили во својата класа. Во оваа генерација првпат беше претставена еко-лошката серија Ecomotive, која собра едно чудо награди. Послед-ната генерација на Ibiza се фали со одличната комбинација од уба-вина и технологија. Се разбира дека квалитетот е подобрен уште повеќе, но сепак главниот акцент

боја. На средината гордо се истак-нува големата издувна цевка, со трапезоидна форма, која убаво го разбива црниот дифузер.

Но, симболиката на името не се должи само на промените во надворешниот дизајн. Во вна-трешноста се откриваат траги, кои укажуваат дека се работи за специјална серија. Комбинација-

www.autofocus.com.mk 1106/2009

Page 10: AutoFocus #22

24 06/2009 www.autofocus.com.mk

PEUGEOT 308 CCвозевме

Широко отворена прегратка

ЗАБележИТелеН НАСТАп

БеНЗИНСКИоТ МоТор

управувањето и подвозЈето се на врвно ниво

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИдеБелКИоТ ЗАдНИК; СеПАК ИЗгледА ПоуБАво оТКолКу КАј претХодниКот

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАКомандите за аудио системот се зад воланот

просторот за патниците на задната Клупа

Желбите за спортско купе, згора на тоа и кабриолет, Peugeot ги исполнува веќе во две моделски генерации. овој пат и пропорциите се убаво погодени

Кој прв успеа да направи ка-бриолет со тврд преклоп-лив покрив? Германците? Американците? Не, туку

токму Французите. Peugeot ја ко-ристеше оваа технологија првпат уште во 1934 година, кај моделите 401 и 601 Еclipse. Заслугите за ова генијално решение ги носи пари-жанецот Жорж Полан. Французите го оживеаја овој концепт, раскло-пувајќи го покривот на мегахитот 206. Малиот 206 СС моментно ста-

на хит, веднаш по појавувањето во 2001 година. По него, следеа 307 СС и 207 СС. Сега на 308 му дојде редот за трансформирање.

Се разбира, дека најважниот еле-мент кај еден кабриолет, е негова-та појава и стил. Просто, овие авто-мобили претставуваат движечки модни додатоци. Поради тоа често се етикетираат како „женски“ ав-томобили. За да се избори против предрасудите, Peugeot го изнер-вира 308 СС. Тоа резултираше со

Задебелена, но добро дефинирана задница. одлично изгледаат новите светла и интегрираниот спојлер

Page 11: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 2506/2009

Auto Focus на презентацијата на Peugeot 308CC во дубровник, Хрватска

Тука секој може да ѕирне, затоа Peugeot убаво го уреди интериерот на 308 СС

Профилот несомнено изгледа спортски и пропорционално. Спуштањето на задниот столб ја навестува судбината на патниците на задната клупа впечатлива, мускулеста појава, со

складни пропорции. Поширока-та трага и помалата височина од генетскиот близнак 308, прават 308 СС да зрачи со спортски и ди-намичен шарм. Напред доминира-ат големата лавовска уста и раз-влечените светла, прекинувајќи го секој сомнеж дека се работи за нешто друго освен за Peugeot. Силните спортски линии се про-тегаат преку хаубата кон покрив-ните столбови, додека отстрана ја

дефинираат набилданоста на кри-лата. Благодарение на големиот ветробран, кој e мошне налегнат, се потенцира аеродинамичноста на 308 СС, и неговата способност да „лизга“ низ воздухот, со иск-лучително мал отпор. Наспроти претходникот 307 СС, новиот ку-пе-кабриолет има далеку понизок и поелегантен опаш. Капакот на багажникот завршува со убаво ин-тегриран спојлер. Задните светла личат на оние кај Mercedes SLK, но тоа нема да го земеме како за-белешка, туку како комплимент. Користењето ЛЕД-технологија од една страна ветува подобра вид-ливост и трајност, но трепкачот е поставен меѓу стоп-светлата, што не е најсреќно решение за-тоа што се забележува потешко додека работат стоп-светлата. Дијагонално поставените светлос-ни ленти, кои ги следат линиите на задните крила како кај 307 СС, му даваат специфичен карактер и препознатливост. Друг елемент што остава силен впечаток е дво-делниот дифузер за воздух, кој се наоѓа долу, на браникот. Peugeot 308 CC успешно го исполнува пр-виот услов за добар кабриолет – има стил.

Внатрешноста на кабриолетот мора да биде речиси совршена. Зо-што? Поради тоа што секој може да ѕирне внатре. 308 СС и овој тест го поминува со одлична оцена. Прекрасниот кожен интериер во црна, бела или црвена варијан-та е вистински мевлем за очи. Се разбира дека за уживањето во ко-жата мора да се доплати. Кога на тоа ќе се додадат алуминиумските педали, металните декоративни елементи, инструментите со бела заднина и лакираната пласти-ка на централната конзола, 308 СС претставува навистина убаво место за живеење. Во основниот модел Sport Pack се добиваат алу-миниумските декорации и опши-вањето на воланот со кожа. Нивото погоре, односно изведбата Feline, на постојниот пакет ги додава: системот за навигација, воздуш-►

2506/2009

Page 12: AutoFocus #22

28 06/2009 www.autofocus.com.mk

tect

ЗРЕЛА ПОГОНСКА МЕХАНИКА

ВПЕЧАТОК ЗА КВАЛИТЕТ

КОМФОРНО ПОДВОЗЈЕ

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИАВТОМАТСКИ КЛИМА-УРЕД И ДРУГИ КОМФОРНИ СТАВКИ НЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА cRUZe 1.6: ТОА СЕ ДОБИВА СО МОТОРОТ 1.8, КОЈ Е ПОСКАП САМО 700 ЕВРА

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАМОТОРОТ Е ПРЕСИЛНО ОРИЕНТИРАН НА ШТЕДЛИВО ВОЗЕЊЕ

ВО ДЕЛ, ПРОПУСТИ ВО ЗАВРШНАТА ОБРАБОТКА: ГРУБА КАСЕТА ПРЕД СОВОЗАЧ, НЕМА РАЧКА НА ЗАДНИОТ КАПАК

Тука даваат на јголемо парчеChevrolet Cruze 1.6 lS Plus

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/chevrolet-cruze/

00:00

Page 13: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 2906/2009

Тука даваат на јголемо парчеУбавите вести брзо се шират. Chevrolet објави дека го дава најголемото парче автомобил за 12.600 евра и пре-дизвика општа навалица на интерес. но, каде е кратено?

Кој уште не го знае Chevrolet. Дури и де-цата ќе знаат дека тоа се оние малечки

и евтини возила, што веќе со години ја покриваат основната потреба за мобилност на наро-дот и се гледаат на секое ќоше. Момент, малечки возила? За-рем, Chevrolet не беше марката со долги и тешки лимузини?

Всушност, марката никогаш и не ги напушти лимузините. Но, Nubira, Lacetti и Epica се изгубија во имиџот што мар-ката Daewoo го донесе како наследство откако се интер-национализираше под марка-та Chevrolet во концернот GM. Класата во која играат овие лимузини е почувствителна и тука купувачите повеќе сакаат да ги вложат парите во мар-ка што додава во својот имиџ уште неколку работи, покрај

ниската цена.Големите лимузини на

Chevrolet отсега ќе ги гледаме многу почесто. Тоа е несом-нено. Cruze ги додава работи-те што досега недостигаа во приказната за лимузините на Chevrolet. Изгледа како ѕвезда на асфалтот, има нови мотори, подвозјето го дели со новата Opel Astra, и уште чини 12.600 евра во основната изведба. Да не веруваш!

Секако, изгледот е тој што ја прави понудата уште попри-влечна. Chevrolet сака да го продава Cruze како купе со 4 врати. Покривот има форма на купола, предното стакло е налегнато и опашот е кус: Да, може да помине и како купе со четири врати. Тоа е формата што од Maserati Quattroporte ја ископира прво Mercedes за својот CLS, а потоа Volkswagen

Еден од заштитните белези на Cruze: Покривот што се спушта како кај купе. Секако, тоа го намалува просторот за глава назад

Page 14: AutoFocus #22

40 06/2009 www.autofocus.com.mk

tect SkodA octAviA 1.4 tSi elegANce

големата Skoda досега ја покажУваше предноста главно во најевтината изведба со 80 кс. со новиот мотор 1.4 tSi таа сега цели многУ повисоко, но предноста во цената останУва

^

Ниту грдо ниту убаво. Просечно. Ниту скапо ниту евтино. Просеч-но. Ниту компакт ниту

средна класа. Повторно, некаде помеѓу. Кај Škoda Octavia нема потреба да се троши време на оценување на понудата и јасно се знае што и колку се добива. По фејслифтот што го погоди чеш-киот бестселер, се добива повеќе единствено во моторите.

Поточно, во еден мотор, во 1.4 TSI. Отсега, овој мотор што се прослави во другите три марки од концернот VW, се добива и во Octavia. Со зафатнината од 1,4 ли-три сé уште спаѓа во класата со пониска акциза, но со силината од 122 КС е способен да се спра-вува со поголемите мотори од 1,6 литар, за кои државата бара по-високи давачки.

Со фејслифтот, Octavia се оправ-дува за натамошното останување во борбата. Основните линии останаа непроменети и изгледа како само предните светла да се заменети со поголеми, но окото на сопственикот на претходната генерација од 2005 година ќе пре-познае дека и неколку парчиња од ламарината се поинакви. Ха-убата сега има надолжен гребен, што почнува од логото и се шири наназад како да сака да укаже на гордоста што Octavia ѝ ја носи на чешката марка.

И предните крила се вовлечени повнатре, за да им препуштат на новите и поголеми светла да вне-сат динамика во појавата на ли-музината. Во примерно средената внатрешност се забележуваат не-колку нови бои, инструменти што се попрегледни, свежи облоги на седиштата и нов аудиосистем.

Од простиот шарм на источно-европско возило, Skoda е ослобо-

МОТОРОТ Е ТЕХНИЧКИ БИСЕР

ЕВТИНА И БОГАТА ПОНУДА ОД ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

ПОДОБРЕН ВПЕЧАТОК ЗА КВАЛИТЕТ

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИЛОГОТО! НАДВОР ПИШУВА SkodA, НО ВНАТРЕ Е ПОЛНОКРВЕН vw

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАМАЧНО СОБОРУВАЊЕ НА ЗАДНАТА КЛУПА

40 06/2009 www.autofocus.com.mk

Точно во сре дината

По стапките на големиот брат Superb: името на моделот е гордо испишано во светлата

Page 15: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 4106/2009

изгледа далеку повпечатливо од претходникот, со развлечени свет-ла и хромирана маска. Зошто да не, octavia сега изгледа привлечно

дена веќе подолго време. Пред сé во високото ниво на опрема Elegance, внатрешноста изгледа средено и квалитетно. Каде и да се пушти раката се наидува на материјали што се пријатни на допир, обработени грижливо, со измазнети рабови и тесни спое-ви. Единствено тепихот со кој се обложени целите страници на средишната конзола отпрвин из-гледа како мера за штедење.

Но, дури и ако е тоа целта, вак-вото решение може да се доживее само како досетливо, затоа што воопшто не пречи при стекну-вањето на впечатокот за квалите-тот на изработката на кабината. Наспроти тоа, гумениот израсток во капакот на багажникот буди сомнеж дека техничарите забора-виле да изведат нормална рачка за повлекување на капакот. Сека-ко, не заборавиле, туку само има-ле намера да најдат попрактично решение. Не го нашле.

Кај просторната понуда на Octavia не се промени ништо. Немаше ниту потреба. Иако ос-новата доаѓа од VW Golf и рас-тојанието меѓу тркалата е истото, Skoda нуди попросторно чувство од германскиот компакт. Дури и кога зад воланот ќе се најде возач што сака добро да си залегне и додека вози, на задната клупа сé уште останува доволно простор за колена.

Повеќе од доволно се добива под задниот капак. И без да се знае вредноста од 560 литри, очигледно е дека во опашот на Octavia собира многу багаж. Раз-очарувањето следува при собору-вањето на клупата. Наместо прис-пособувањето за голем транспорт да се изврши во еден потег, што е веќе редовна практика кај но-вите моделски генерации, тука

www.autofocus.com.mk 4106/2009

Точно во сре дината

Елегантно, невпечатливо, но делотворно: работ во задниот капак во функција на аеродинамиката

Page 16: AutoFocus #22

46 06/2009 www.autofocus.com.mk

ИМПРЕСИЈА

Патници низВрЕмЕТО

во овој сојУз нема место за обичните. едниот ги претста-вУва последните можности на автопроизводството, дрУгиот е временска машина што враќа во 1974 година

Ова може да се случува само кај автомобилите, никаде на друго место. Кој уште со задоволство

би седнал да работи пред ком-пјутер што е склопен пред двае-сет години или би се закачил да го гледа „Матрикс“ на црно-бел ТВ? Наспроти тоа, неспоредливо е уживањето кога пред носот ќе замириса автомобил произведен пред речиси четири децении.

Отпрвин, беспрекорно мазниот лак и светнатиот хром може да залажат дека се работи за авто-мобил од поскоро време. Но, по притискањето на копчето во вра-тата веќе почнува да врти вре-менската машина што е вградена во овој BMW и постепено заживу-ваат сликите од тоа време.

Тогаш, во 1966 година, марката од Минхен го спакува овој авто-мобил за да си го подари за педе-

сеттиот роденден. Во обвивката се најде техниката од големите лимузини од серијата 1600/1800, но собрана во помало пакување. Така се роди серијата 02, со фа-брички код Е10.

Намерата беше да се направи поевтин автомобил, но и да се задржи уживањето зад воланот. Затоа, техниката мораше да ос-тане непроменета. Првиот BMW од оваа серија ја има ознаката

46 06/2009 www.autofocus.com.mk

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ: BMw 2002 И BMw 320d XdRive

Page 17: AutoFocus #22

www.autofocus.com.mk 4706/2009

1600-2. Двојката на крајот ука-жува дека се работи за изведба со две врати на моделот 1600. И навистина, автомобилот изгледа како лимузината 1600 да е испра-на на програма за вриење, и при собирањето отпаднале двете зад-ни врати.

Примероков во нашата средба на генерации потекнува од по-следните години на производ-ството на серијата, и не само по-

ради тоа е непроценливо вреден како јангтајмер. Како прво, се ра-боти за моделската изведба 2002, што значи дека е на само праг од врвниот модел во гамата на се-ријата 02, од моделот 2002tii со турбонатполнење и 170 коњски сили, а како второ, произведен во 1974 година, тој е меѓу најмлади-те и најзачувани примероци што можат да се најдат од таа серија.

И секако, го нуди максимумот

што BMW умеел да го извлече од техниката од шеесеттите и се-думсесеттите години. На времето, моделите издржуваа во битка по цели децении, до препуштањето на мечот на помладите. Од првиот модел што се појави со ознаката 2002 во јануари 1968 година, овој има преживеано милион закрпу-вања на раните.

Меѓу позначајните: Хомокинет-ски погонски оски (септември

www.autofocus.com.mk 4706/2009

на многу места се препознава заедничкиот генетски код: Бубрезите и сино-белиот пропелер остануваат

BMW 320d xdrive вози напред, но 2002 му е веднаш зад петиците. Со задоволството во возењето се на исто рамниште

Page 18: AutoFocus #22

76 06/2009 www.autofocus.com.mk

настани натПревар во вешто возење со Mini Cooper

ради пристојното однесување на натпреварувачите кон автомо-билите: „Да беше ова во Белград, немаше автомобил да остане во едно парче“, коментираше еден од гостите.

По музиката што Mini ја отсви-ри со својот оркестар составен од четири гуми и четири цилиндри следуваше славеничка музика и прогласување на победниците. Наградата: Вредносен бон од 200 евра, за стекнување сопственост над стилски дизајнираните пар-чиња облека и прибор со знакот на Mini. Несомнено, ова е мошне дарежлива понуда од застапни-кот Маккар, затоа што со вред-носта на наградата се покрива набавување на повеќе ставки од понудата на моден прибор и об-лека на Mini.

Уште подарежлива е летната понуда на Маккар: Со купувањето Mini во текот на летово се добива бесплатна опрема во вредност од 2.000 евра, по избор на идниот сопственик. �

Мини-марка, големо раздвижувањепреку 100 љубители на култната марка mini се пријавија За натпреварот во вешто воЗење

на педесетте сопственици на Mini, од обновувањето на застапништво-то за британската марка во јануари 2008, летово ќе им се придружи нова група љубители на Mini. точно во екот на сезоната на кабриолети пристигна најновата моделска из-ведба Mini Cabrio. на 17 јуни во салонот на Mini се појави кабри-олетот, отворен за македонското сонце и достапен во верзиите Mini

Cooper Cabrio и Mini Cooper S Cabrio.Нема сомневање дека и третава ка-росериска изведба на Mini ќе ги најде своите симпатизери. од пред неколку месеци по нашите улици се возат и неколку примероци на Mini Clubman, стилската комби-изведба на Mini, која е исто така скроена по пример на ле-гендарниот претходник од крајот на педесеттите години.

Mini на печење под македонско сонце

Марката со малечките автомобили предиз-вика големо раздви-жување на автомобил-

ската улица во Скопје, во двата викенда во мај додека се одржу-ваше натпреварот во вешто во-зење со Mini Cooper. Дури и без наградите што ги чекаа најдо-брите возачи, одѕивот меѓу љу-бителите на автомобилизмот ќе беше подеднакво голем. Сепак е чест да се биде во мисија на до-кажување на возачката вештина во автомобилот што во својата историја има запишано победа на релито Монте Карло и има др-жено стотици милиони луѓе пред екранот, додека ги изведува вра-толомиите низ Торино во филмот „Италијанска работа“.

Се чини дека чкрипките и брзо-то протнување низ пречките му се вродени на Mini, и каде и да се појават овие автомобили се соз-дава истата атмосфера како на култниот филм. На патеката по-ставена околу центарот на мар-ката Mini и на нејзината мајка BMW се возеше беспоштедно. За-дачата за преку стоте возачи што се пријавија за натпреварот беше да се извози патеката со што по-малку негативни поени и за што покусо време.

Додека црвените мини-болиди вешто управувани се протнуваа во слалом меѓу поставените пи-лони и запираа на контролните точки, гостите од застапништво-то на Mini од Србија останаа вчу-доневидени - не толку поради врвните тркачки способности на македонските возачи, колку по-

Page 19: AutoFocus #22