autofocus #27

19
Subaru Hybrid Tourer Honda Skydeck Nissan Land Glider 200 КС ИМ СЕ МАЛКУ! ВО ФАБРИКАТА НА ROLLS-ROYCE: 7 МЕСЕЦИ ЗА ЕДЕН PHANTOM! ТЕСТ УЛИЧЕН ТРКАЧ СО гОСпОДСКИ СО SEAT LEON CUPRA R OPEL INSIGNIA 2.8 V6 265 КС 260 КС SKODA YETI LEXUS LFA 10 ЦИЛИНДРИ, 550 КС, 400.000 ЕВРА Сите новитети ТОКИО ШЕгА ИЛИ СТВАРНОСТ!? ВАКА ИЗгЛЕДА НОВАТА BMW СЕРИЈА 5 ПО СТАПКИТЕ НА ГОЛЕМИОТ БРАТ пРВИ СЛИКИ! ТЕСТ НА ЗИМСКИ гУМИ TOYOTA FT-86 Ноември 2009 90 ДеНАри 9 771857 569002 27

Upload: autofocusmagazine

Post on 09-Mar-2016

248 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Autofocus #27

TRANSCRIPT

Page 1: Autofocus #27

SubaruHybrid Tourer

Honda Skydeck

Nissan Land Glider

200 КС ИМ СЕ МАЛКУ!

ВО ФАБРИКАТА НА ROLLS-ROYCE:7 МЕСЕЦИ ЗА ЕДЕН PHANTOM!

ТЕСТ

УЛИЧЕН ТРКАЧ СОгОСпОДСКИ СО

SEAT LEON CUPRA R

OPEL INSIGNIA 2.8 V6

265 КС 260

КС

SKODA YETI

LEXUS LFA10 ЦИЛИНДРИ, 550 КС, 400.000 ЕВРА

Сите новитети

ТОКИОШЕгА ИЛИ СТВАРНОСТ!?

ВАКА ИЗгЛЕДА НОВАТА

BMW СЕРИЈА 5 ПО СТАПКИТЕ НА ГОЛЕМИОТ БРАТ

пРВИ СЛИКИ! ТЕСТ НА ЗИМСКИ гУМИ

TOYOTA FT-86

Ноември200990 ДеНАри

9 7 7 1 8 5 7 5 6 9 0 0 2 27

Page 2: Autofocus #27
Page 3: Autofocus #27

311/2009

СЕРВИС

А в т о м о б и л и в о о в о ј б р о ј

BMW Серија 5

Honda Skydeck

Mazda Kiyora

Mitsubishi PX-MiEV

Nissan Land Glider

Opel Insignia 2.0T /

2.8 V6 Adaptive 4x4

Rolls-Royce

Seat Leon Cupra R

Skoda Yeti 2.0 TDI Experience

Subaru Hybrid Tourer

Suzuki Swift Plug-in Hybrid

Toyota FT-86

321831302240

78 652242628

HONDA SKYDECKСледниот хибрид на Honda веќе се наѕира: Концептот Skydeck го најавува идниот ван

NISSAN LAND GLIDERСпој на најдоброто од двата света: Land Glider е мотоцикл исто колку што е автомобил

SUBARU HYBRID TOURERСпецијалистите за погон на сите тркала експериментираат со електромотори

SUZUKI SWIFT PLUG-IN HYBRIDГолемината не е важна: Малечкиот Swift наскоро ќе се појави како хибрид

TOYOTA FT-86Со изгледот надоместува за долгото отсуство на спортските купеа во понудата на Toyota

MITSUBISHI PX-MiEVЈапонците ветуваат дека овој хибриден теренец ќе троши два литри на сто километри

MAZDA KIYORAПо повлекувањето на Ford, марката се учи на самостојност: Засега, само нови мотори

BMW СЕРИЈА 5Средната класа од Минхен го презема дизајнот и техниката од знаменосецот на BMW

ВОЗЕВМЕ SEAT LEON CUPRA RАх-ух и ваууу: Тоа е најверниот начин за искажување на емоциите во овој уличен тркач

ВОЗЕВМЕ OPEL INSIGNIA СО ПОГОН ADAPTIVE 4X4Задната оска е впрегната само заради поголема забава: Тест на Хунгароринг

ТЕСТ НА ЗИМСКИ ГУМИ ВО ДИМЕНЗИИ 185/60 R14 T И 205/55 R16 HСите се црни, но сите се различни. Убавата вест: Добрите гуми не мора да се скапи

ТЕСТ SKODA YETI 2.0 TDI EXPERIENCEТеренецот на Skoda може се: Практичен е, просторен, добро се вози и уште е евтин

САЛОН НА АВТОМОБИЛИ ТОКИО 2009Возвратен удар за отсуството во Франкфурт: Странските марки не дојдоа во Токио

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО ТРКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА CO2Коњските сили повеќе не се важни: Марките се тркаат да бидат што почисти

АНКЕТА ВОЗАЧИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ВО SUBARUКлубот ADAC праша 40.000 возачи. Резултатот: Возачите најзадоволни кај Јапонците

ПОСЕТА НА ФАБРИКАТА НА ROLLS-ROYCEРаботниот такт во Вокинг не се мери во секунди, туку во денови: Се цени квалитетот

СОВЕТИ 25 ПРАШАЊА ЗА СТУДОТОвие совети ќе ви помогнат да ја извозите зимата полесно, побезбедно и потопло

ПОДГОТОВКА НА МОТОЦИКЛИТЕ ЗА ЗИМАТАКако вашиот миленик на две тркала да го подготвите најдобро за зимата

WTCC OKAjAMAПо двојната победа на BMW во Јапонија се најавува возбудлива завршница во Макао

ВАШИ ПИСМА ЦЕНОВНИКИЗЛОГ ПРОТИВ ДОСАДА

НОВИТЕТИ

18

6667

6882

22

24

26

ТЕСТ И ТЕХНИКА

ТЕМА

28

40

МОТОСПОРТ

6

30

31

32

46

52

12

34

58

78

60

64

76

НА ДВЕ ТРКАЛА

ОСТАНАТО

ЕУ ги обврза производителите да ја намалат емисијата на СО2: Chevrolet отиде најдалеку во намалувањето34

`

`

Традицијата не смее да се напушти: Народот ги сака спортските купеа на Toyota. FT-86 наскоро во серија

Сериската изведба на Honda Skydeck ќе изгледа поумерено од студијата, но хибридниот погон останува

28

18

СоДрЖиНА Број 27 • нОеМВРи 2009

Page 4: Autofocus #27

4 11/2009

Page 5: Autofocus #27

511/2009

Автомобилската индустрија полека закрепнува од силниот удар што ѝ го зададе светската криза, а веќе мора да се под-готвува за следниот. Аналитичарите на американската фирма J.D.Power, позната по анкетите за задоволството на купувачите кои ги врши во многу земји, ја стави под лупа т.н. генерација Y. Предмет на анализата: Каков е интересот за автомобили на генерацијата што е родена по 1980 година, на онаа генерација што е примарен корисник на социјалните мрежи како Facebook и го одржува контактот со светот преку лаптоп и мобилен те-лефон.

J.D.Power прегледа илјадници профили на Facebook и на конкурентските мрежи, ги пре-листуваше и личните блогови. Цел на испиту-вањето беше да се утврди кои автомобилски марки ги преферира генерацијата Y, поделена на група на тинејџери меѓу 12 и 18 години и на група на рани кариеристи меѓу 22 и 29 години. Анализата покажа застрашувачки сознанија. Наспроти генерациите што со децении сонуваа и живееја за својот автомобил и се ориентираа според идолите како Џејмс Дин, па до последни-от, Вин Дизел, младите повеќе не се интереси-раат за автомобилите.

Кои се причините? Можеби на младите им не-достигаат пари. Светот, сепак, се наоѓа во криза. Но, аналитичарите го гледаат проблемот на дру-го место, во социјалните мрежи. Со растечкото влијание на социјалните медиуми и на другите електронски форми на комуникација, тинејџе-рите повеќе не гледаат потреба да се среќаваат на нормален начин со пријателите, и поради тоа немаат потреба од автомобил или какво било друго средство за индивидуален транспорт.

Појавата не е толку безопасна, сметаат во J.D.Power. Негативниот став на генерацијата Y за купување сопствен автомобил ќе се рефлек-тира врз продажните бројки. Парите се помал проблем. Генерацијата Y има поголеми при-мања од која било генерација пред неа. Затоа, за производителите на автомобили е особено важно да ја стекнат довербата и лојалноста на потрошувачите од генерацијата Y, кои гледаат критички на марките и производите.

Маркетиншките одделенија на автомобилски-те концерни не се изненадени од сознанието. Кога пред шест години, Honda почна да го продава коцкестиот Element, развиен специјално за американските возачи помлади од 20 години, се покажа дека целната група е утната тотално. Автомобилот со подни облоги што се перат и со огромен сабву-фер одзади не го купуваа тинејџерите, туку нивните родители. Предностите на практичниот и евтин автомобил беа повеќе видливи за постарата генерација.

Колегите од Toyota го доживеаја истото искуство откако ја

формираа посебната марка Scion, со цел да ги привлечат мла-дите. И покрај тоа што фирмата инвестираше во реклами на интернет во сите можни форми, повторно реагираа сениорите. Уделот на купувачи на возраст над 40 години кај Honda Element и Scion xB е двојно поголем отколку уделот на купувачи што се помлади од 25 години. Овие автомобили имаат прегледна и практична каросерија, и во нив се седи повисоко.

Nissan сметаше дека го има решението на проблемот, кога пред две години го претстави автомобилот што изгледа како

подвижна играчка конзола.. Концептниот авто-мобил Mixim понуди куса и тесна каросерија, со шест екрани во кокпитот на кои меѓу другото се пренесуваат и сликите од камерите пред и зад возилото.

Том Матано предава индустриски дизајн на Универзитетот Сан Франциско и смета дека браншата мора да ги промени размислувањата. Професорот не го гледа решението во препол-нувањето на автомобилите со компјутери, туку им препорачува на производителите да нудат базни модели што можат да се индивидуализи-раат преку опции, бои, налепници и прибор. Тоа успеа кај Mini и кај Fiat 500.

Но, Матано ги гледа корените на проблемот многу подлабоко: „Зошто младите воопшто да купуваат автомобил?“, прашува професорот и укажува дека опаѓачкиот тренд во Јапонија по-чна да се развива уште пред десетина години. На младите им е поевтино да си купат мобилен телефон и компјутер. Покрај тоа, младите во целиот свет трошат многу повеќе пари за про-грами, игри и за телефонски сметки, отколку порано. Тој што има дебела сметка на iPhone, има и помалку пари за трошење на друго место, а најмалку за полнење гориво во резервоарот на автомобилот. Делот од примањата што генера-цијата Y е подготвена да го даде за својот авто-мобил е сé помала, смета Матано.

Од друга страна, карактерот на информација-та за автомобилите што младите ја добиваат на интернет е недоволен да ја пренесе магијата. Критиката најчесто се сведува на дизајнот на автомобилот, со што тој полека се претвора во недвижнина.

Приказната за возните својства, за звукот на моторот, за возбудата, најчесто отсуствува целосно. Оттаму е сосема разбирливо што младите ја пропуштаат почитта кон ав-томобилот. Не се работи само за дизајн, туку за врвна творба на човекот: Автомобилот е ултимативен инженеринг, компјутер, архитектура, историја, традиција, стил, психологија, хемија. Секоја професија и сечија специјалност е присутна тука. Малку реторика: Штом младите не го почитуваат автомобилот, зарем ќе ја почитуваат и својата професија? �

Дарко ЈаконовГлавен уредник

[email protected]

Загрижува соЗнанието: на-спроти генера-

циите што со де-цении сонуваа и живееја За авто-мобилoт, мла-дите се интере-сираат помалку За автомобили

инТеРнеТОТ ГО УБиВА АВТОМОБилОТ

Број 27 • нОеМВРи 2009

Page 6: Autofocus #27

6 11/2009

Ух-ах, вруммм и ваууу

во оригиналната постава

SEAT LEON CUPRA RВОЗеВМе

Auto Focus на презентацијата на Seat Leon CUPRA R, во Барселона, Шпанија

ОД ТРКАЧКА ПАТЕКА НА ЛЕНТА ЗА ПРЕСТИГНУВАЊЕ

По повлекувањето од релито, одделението Seat Sport се посвети во изработка на силни изведби од сериските модели. Cupra стана позна-то име, речиси е бренд во бренд

Првата Cupra беше претставена на салонот во Париз како спортска изведба на Ibiza. Моторот е 2.0 16V MPI со 150 КС. Перформансите: 215 km/h и забрзу-вање до темпо 100 за 8,3 секунди инспирацијата за моделот ја даде Ibiza Kit-Car која победуваше во шампиона-тот во рели од 1996 до 1998 година

Премиера на Seat Ibiza Cupraво Барцелона, која со моторот

1.8 20VT со 156 КС е најбрзавтомобил во својата класа. Моделот остави силен печат

врз имиџот на Seat

По повлеку-вањето од рели спортот, Seat Sport S.A го претставува првиот моделразвиен самостојно од нив, Ibiza Cupra R, во серија ограничена на 200 приме-роци. Со 1.8 Т 156 КС.Мотор

1.8 20VT со 180 КС

на салонот во Париз се појави Leon Cupra 4, најсилен

и најбрз Seat во историјата, со мотор V6 со 204 КС и со погонна сите тркала. Бројките: 7,1секунди и 235 km/hПретставена е втората серија на Ibiza Cupra

1996

1999

2000

2001

1997

Page 7: Autofocus #27

711/2009

шпанците ги нудат своите воЗила За побудување на емоциите во некол-ку градации. последната градација е Cupra r. тука повеќе не важат оцените „лежи одлично“ или „моќно како мечка“. тука Зборовите стануваат иЗ-вици на Задоволство

Емоции. Тоа Seat го прода-ва во своите автомобили. Многу емоции. Како што стојат работите во момен-

тов, излегува дека најсилните емоции умеат да ни ги предизви-каат токму автомобилите од сор-тата на Leon Cupra. Од каде сега тоа? Точно е, постојат автомоби-ли што се многу поскапи и неспо-редливо посилни и поспортски. Но, оние што се само поскапи, лимузинските крстосувачи, на-преднаа до толку со комфорот и со возните својства, што од во-зењето не се чувствува ништо. Емоциите, нула.

Оние што се и поспортски, се подзаборавија со перформансите дотаму, што возачот е постојано под фрустрации поради тоа што освен на тркачка патека, ретко на кое друго место смее да ги ис-користи крајните можности на својот миленик. Затоа ги имаме и ги сакаме нашите тркачи за се-кој ден, достапни и практични, не премногу впечатливи, но сосема доволно спортски.

За спортување остануваат само незначителни можности доде-ка со најсилниот сериски Seat на сите времиња го бараме излезот од Барцелона, каде што Шпанци-те ја одржуваат презентацијата на својот најнов модел. Комби-лимузинава што е лакирана во

Ух-ах, вруммм и ваууу

во оригиналната постава

боја на киви, иста како на прва-та претставничка на овој род, на Ibiza Cupra од 1996 година, во себе носи 265 коњски сили, и поројниот дожд сигурно не е вре-мето што коњите го обожуваат за растрчување во полн галоп.

Покрај тоа, постојат и огромни предрасуди дека погонот што е само на предните тркала е спо-собен да ја издржи живоста на коњите со педигре на Cupra. Како што се ослободува метежот на автопатот, растат и шансите за посериозно притискање со дес-ното стопало и за проверка дали предрасудите се на место. Се чини дека не се. Контролата на тракцијата си ја врши работата незабележливо. Единственото што заплашува се грмотевиците кои се слушаат сé позачестено.

Но, и тој страв е надминат от-како ќе се открие дека грмоте-виците се создаваат под хаубата. Нема двоумење, звукот учествува во голема мера во забавата што возачот ја добива зад воланот на Leon Cupra R. Оваа буква што пра-ви мала измена во ознаката на моделот, но голема во однос на способноста на возилото да го зо-врие адреналинот на возачот, нé влече кон кривулестите патишта што ја искачуваат планината Монтсерат.

Тука, врнежливото време нуди

иСКОРиСТлиВОСТ ЗА СеКОЈДнеВиеТО

ВРВнО ДОТеРАнО ПОДВОЗЈе

Ни СЕ ДоПАЃА

НЕ Ни ПрЕЧиСТеГнАТОТО ПОДВОЗЈе: иМА ПРиЧи-нА ДА БиДе ТАКВО

НЕ Ни СЕ ДоПАЃАЧУВСТВиТелнОСТ нА ОПАШОТ ПРи ПРОМенА нА ОПТОВАРУВАЊе

ПАДОТ ПРи ПРеМин ОД III ВО IV СТеПен е ГОлеМ

Seat се врати во мотоспортот со Seat Leon Supercopa. Трките се возат со мо-дифициран Leon Cupra R, со најсилниот сериски автомобил на марката

Во Барцелона доживеа премиера концептот Seat Cupra GT со 500 КС. Перформан-сите: 295 km/h и забрзување до темпо 100 за 4,2 секунди

Границите се поместува-ат повторно: Leon Cupra R 1.8 T е најсилен и најбрз модел на Seat, со 225 КС и крајно темпо од

240 km/hСо Toledo Cupra, Seat влегува во новиот шампионат со туристички возила. на крајот на сезоната Seat завршува на третото место. Возат Жорди Хене, Рикард Ридел и Петер Тертинг

на салонот во лондон, Seat ја покажа го нови-от Leon Cupra со 240 КС. Целта на инженерите беше да направат улична верзија на Leon WTCC

Новата генерација на Ibiza Cupra вози со 1,4-ли-

тарски TFSI со 180 КС. Подоцна во понудата влегува и изведбата Bocanegra, во стил на коцептниот автомобил од салонот во Женева

Ibiza е првиот модел што во изведбата Cupra се нуди и со бензински и со дизелски мотор. Првиот има 180 КС, другиот 160 КС.

Премиера на Seat Leon Cupra R 1.8 T во Барцелона, со мотор 1.8 20VT со 210 КС. Продажбата ги

надминува очекувањата за 60 проценти

2002

2003

2005

2006

2008

2004

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/seat-leon-cupra-r/

Page 8: Autofocus #27

12 11/200912 11/2009

Токио МоТор Шоу 2009Салони

Мало е добро: Јапонците уште рано ги учат основите на нивната автомобилска култура

оригинална идеја? Спој на тревокосачка и багер

Зарем не се слатки: Примероци на Toyota iQ наредени како во продавница за бомбони

Половина автомобил:

Другата половина на

Nissan Land Glider е мотоцикл

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/tokyo-motor-show/

Page 9: Autofocus #27

1311/2009

Само неколку откачени Студии и убавите хоСтеСи ја СпаСија чеСта на азиСкиот празник на автомоби-лите. европјаните вратија за азиСкото отСуСтво во ФранкФурт: Само три марки Се Спакуваа за токио

Предвидувања на граница меѓу виц и реалност

Едниот автомобил личи како едреник, а тој до него како да излегол од про-давница за играчки, горе во зградите шетаат електрични моноцикли од

една до друга канцеларија, а долу повторно пречекуваат созданија на тркала што пли-ваат низ сообраќајот како риби во јато. Така јапонските производители го цртаат светот на иднината на салонот во Токио, секако, не пропуштајќи да го бојадисаат во многу дреч-ливи тонови. Во саемските хали на Макухари целосно владее светот на автомобилските соништа. Од реалноста не останува многу.

Стишување се чувствува и во џагорот и во шаренилото кои што азискиот празник

на автомобилите сé уште умееше да ги по-каже во последното издание пред две годи-ни. Зашеметен од падот во продажбата, која дури во последното тромесечје успеа малку да се подоправи, и дополнително потресен од откажувањето на настапот на речиси сите странски марки, салонот во Токио се претво-ри во регионален собир на автомобилистите, на кого што му треба дополнителен сјај за да може да се мери дури и со помалите светски салони.

И организаторите покажаа фантазија: Ха-лите што останаа празни по повлекувањето на Mercedes, Volkswagen, BMW или General Motors, место со автомобили се наполнија

со ѕидови облепени со плакати од детски натпревари во цртање, со патеки за тркање со моделчиња и со десетина специјални изложби. Ослободениот простор го иско-ристија и мотоциклистите, кои ги изложија своите двотркалци во поблескаво светло од кога било порано. Само музиката остана гласна и динамична како секогаш.

Дури и бројот на студиите е помал во спо-

1311/2009

Phiaro сака да спои авто-мобил со мобилен телефон

Добредојдовте во дневната соба на тркала на Daihatsu Deca Deca

Suzusho Supasse: Се раѓа нова спортска марка

Ѕвездата во Токио: Со моноциклот на Honda, Јапонците ќе престанат да одат пеш

Mazda Kiyora

и трошоците се мали: 7$ месечно за струја

Електричен автомобил на Toyota, втора епизо-да: 100 km/h и 90 km со полни батерии

Page 10: Autofocus #27

18 11/2009

Само НЕбоТо е лимит

HoNDA SKyDECKновитети

На Honda не ѝ се допаѓа тоа што денес авто-мобилите се купуваат како облека. Луѓето

излегуваат од салоните со автомо-били што ги избрале да им одгова-раат на возраста или на начинот на живеење. Автомобилот е, сепак, нешто повеќе од парче полиестер. Со концептот Skydeck, Јапонците најдоа решение што им се допаѓа и им од-говара на сите. За времето одговара и погонот: Хибри-ден, со батерии вгра-дени во долгата сре-дишна конзола, за подот и тежиштето да бидат пониско, а со тоа и возењето на автомобилот да биде подинамично.

и најголемиот штанд на Салонот беше теСен да ги Собере

Сите новитети на Honda. главниот меѓу нив е ванот на кого хибридниот погон

му обезбеди СоСема нови квалитети

Ванот со хибриден погон се покажува во полна убавина дури откако ќе ги отвори вратите

Page 11: Autofocus #27

1911/2009

По случајност, концептот на Honda има исто име со компанијата што ни ја носи струјата до дома, но симбо-ликата е погодена во секој случај: EV-N вози на струја. Јапонската марка тврди дека автомобилов се вози исто толку едноставно како што се зборува на мобилен теле-фон или се пушта музика на плеерот. Со малите димен-зии, EV-N брзо ги пренесува патниците каде што треба и предизвикува насмевки околу себе со едноставниот и искрен изглед. Предноста на овој EV-N е што сорабо-тува одлично со својот мепсо: има соларни колектори на покривот, кои произведуваат струја за климата и за другите потрошувачки во кабината. меѓу другите тален-ти, EV-N го има и овој: Светлата во предната маска, во ретровизорите и во опашот работат различно кога Honda стартува, запира или врши некоја друга акција, и на тој начин комуницира со луѓето и автомобилите околу.

Со батериите сместени во долгата средишна конзола, кабината нуди исклучително просторно чувство; и тенките седишта помагаат да се добие максимален простор во кабината; За лесен пристап до последниот ред седишта, електромоторите ги легнуваат средните седишта под предните; Технологијата му е подредена на дизајнот на кокпитот

3

1

2

4

Секако дека ваквата положба на батериите не е единствената ино-вација во Skydeck. Со исклучително тенките седишта, кои се практич-но мрежа затегната околу дрвена рамка, автомобилот е во состојба да ја исполни совршено задачата за која што е наменет: Превоз на шестмина патници во просторна и светла кабина, како и можност за лесно разместување на мебелот во внатрешноста, за во неа да остане повеќе слободен простор за транс-порт на предмети.

Како и секој друг автомобил што флертува со иднината, така и Skydeck покажува светли бои и домашни материјали во патни-чкиот простор, и се грижи тех-нологијата да не го одредува дизајнот со огромни дисплеи и копчиња како во вселенски брод, туку ја сокрива што е можно повеќе под елегантните и чисти форми на кокпитот.

Сокривањето е игра што ја сакаат и седиштата. Со зуење на електромоторите, двете се-

К о н ц е п т н а г р а д с К о в о з и л о H o n d a E V -n

ЕВН ќЕ му СЕ иЗрадуВа НА оВоЈ АВТоМобил

Со трепкањето свет-лата му кажуваат на пешакот дека може да ја помине улицата безбедно

изгледот потсетува на N 600 од 1967 година (горе). Прос-тор има малку, но место има доволно: Електричниот погон штеди простор и во кабината има места за четворица патници (лево)

Page 12: Autofocus #27

40 11/2009

ВозеВме

За големината на багажникот и За бројот на копчињата внатре, малкумина прашуваат кај овој автомобил. InsIgnIa има поважни работи

ПоГоНоТ 4Х4 РАБоТИ Во ИНТеРеС НА УЖИВАЊеТо НА ВозАЧоТ

УПРАВЛИВоСТ КАКо НА КомПАКТеН АВТомоБИЛ

НАПРеДНИ ТеХНоЛоШКИ РеШеНИЈА

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИзАДоВоЛСТВоТо ЧИНИ мНоГУ БЕНЗИН: ДИЗЕЛОТ СО 190 КС ДОАЃА НАСКоРо

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАДВоЛИТАРеЦоТ Се УШТе РАБоТИ Без ДИРеКТНо ВШПРИЦУВАЊе

Не Се ЧУВСТВУВА ПоДоБРУВАЊе НА ВозНИТе СВоЈСТВА Во СПоРТСКИоТ моДУС

OPEL INSIGNIA 2.0 T / 2.8 V6 ADAPTIVE 4X4

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/opel-insignia/

За најголемиот Opel на сите времиња како да не постои задача што не може да ја исполни. Без разлика дали се бара евтин влез во средната класа

или се мерка другиот крај на автомобилска-та скала, каде што возачот добива одговор-ност над ергела од 325 коњски грла, Insignia ќе се појави секогаш. Забавата меѓу овие две крајности ја нудат моќни бензинци со турбо-натполнење, или ставки од дополнителната опрема, како Opel-Eye, кој ја учи Insignia да ги чита и почитува сообраќајните знаци.

Импресивен е настапот на моделот што го врати Opel во игра во класата на големи-те лимузини, а особено по претходничката Vectra, чиј блед имиџ се закануваше вечно да го избрише Риселсхајм од конкуренцијата со Ford Mondeo или VW Passat. Јасно е дека на

Opel за сe и за секаде`

40 11/2009

Мотор/Погон V6 турбо, 4 вентили по цилиндар, 2792 cm3, моќност 260 КС при 5500/min, вртежен момент 350 Nm при 1900 Nm, постојан погон на сите тркала, шестстепен мануелен менувач Ди-мензии/Тежини 4830х1858х1498 mm, меѓуоски-но растојание 2737 mm, празно возило 1503 kg, дозволена тежина 2020 kg, багажник 500/1010 L Перформанси и потрошувачка 0-100 km/h за 6,9 ѕ, крајна брзина 250 km/h , просечна потро-шувачка 10,9 L/100 km

Т Е х Н И Ч к И П О Д А Т О ц И

Opel Insignia 2.8 V6 Turbo Ad. 4x4

Page 13: Autofocus #27

4111/2009

Auto Focus на презентацијата на Opel Insignia 4x4, на Хунгароринг, Унгарија

создавачите на моделот им годи кога Insignia ќе ја оцениме како најголемиот Opel на сите времиња. Уште е појасно зошто напуштената мајка GM жали по Opel и сака да го врати по секоја цена.

Сите останати можат само да уживаат. Тоа значи, назад на Хунгароринг и на грубиот ас-фалт што гладно чека да си откине нов слој црно од гумите, но затоа ќе дозволи бесмис-лени брзински вредности во тесните свијо-ци. Овојпат, на предизвикувачката патека покрај Будимпешта не ѝ се спротивставува најсилната Insignia, онаа OPC од минатиот број на Auto Focus, што само електрониката може да ја спречи да не оди побрзо од 250 километри на час, туку има противник што е само едно скалило подолу.

Поточно, не е еден, туку се двајца: Insignia

Opel за сe и за секадеЕлектрониката помага распределбата

на сила да се менува и меѓу задните тркала, не само меѓу оските. Тоа дава

дополнителна управливост

Страничната стабилност што ја постиг-нува големата лимузина со погонот Adaptive 4x4 е збунувачка

Во интерес на уживањето во возењето: Погонот на сите тркала не е наменет за кал и снег, туку за

унапредување на возните својства на Insignia

4111/2009

Page 14: Autofocus #27

52 11/2009

ТеСТ SKODA YETI 2.0 TDI EXPERIENCE^

оРИГИНАЛеН ДИзАЈН

ИСКЛУЧИТеЛНА ПРИСПоСоБЛИВоСТ

ВозНИ СВоЈСТВА

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИVW ГО СКУСИ YETI ЗА ЕДНА ПЕДА ЗА TIGUAN ДА ДОБИЕ ПРЕДНОСТ, НО ТОА НЕ ГИ СКУСУВА КВАЛИТЕТИТЕ НА YETI

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАСо РезеРВНА ГУмА Во ПоЛНА ГоЛемИНА Не моЖе ДА Се ДоБИе ЦеЛоСНо РАмеН ПоД

Мистеријата е решена: Јети вози Skoda

^

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/skoda-yeti/

ова е автомобилот што им удира силна шлаканица на сите кои пропуштиле да го следат раЗвојот на чешката марка во минативе годиниова е автомобилот што им удира силна шлаканица на сите кои пропуштиле да го следат раЗвојот на чешката марка во минативе години

52 11/2009

Page 15: Autofocus #27

5311/2009

Стравот од појавување пред народот не било причината што Yeti толку вре-ме ја чуваше мистеријата околу себе. Очигледно, не. Кога конечно реши да се

појави, избра да го направи тоа во најголемата турканица што се случува во автомобилскиот свет. Во друштвото на компактните теренци.

Таму може да се најде сé и сешто. Од такви што изгледаат како теренци, но длабоко во душата се спортисти што нема да дозволат лесните обувки да им се извалкаат, како Ford Kuga, до некои други што со задоволство ги сокриваат своите гени за терен, како Nissan Qashqai.

Skoda Yeti е дојдена првенствено со една цел. Да му помага на народот, исто како нејзиниот идол од Хималаите, по кого го носи и името. Може да му се верува на Yeti дека навистина ќе

си ја исполнува задачата. Зарем во овие голе-ми и совршено тркалезни очи има нешто дру-го освен искреност?

Настапот на Yeti е убедлив и сосема се разли-кува од вообичаената практика на кроење на изгледот на новите теренци. Дополнителниот чифт светла ни ги враќа сеќавањата дека свет-лата можат да бидат нацртани и најобично, како правилен круг. Но, обичната форма е само привидна. Малку отстрана, овие светла изгле-даат како да се втиснати отпосле, заедно со цевката што продира длабоко во каросерија-та. Дизајнерите завршиле одлична работа.

Онаа мала сличност со Roomster може да се покаже како мечкина услуга. Наспроти ненад-минатиот и евтин практичар на Skoda, кој за подвозјето користи делови од Fabia и од Octavia Tour, теренецот се потпира на платформата на

Octavia и Golf. Затоа, на Yeti не може да се гледа како на Roomster што е спакуван во различна каросерија, туку на модел што е позициони-ран повисоко. Но, тука влегува во приказната уште еден модел, Tiguan, продажниот тркач на VW, вреден за концернот да го третира како заштитена сорта.

Јасно е дека Yeti не смее да му наштети на братучедот од Волфсбург. И не може. Покрај тоа што му е скусен опашот за дваесетина сан-тиметри, одземени му се и поатрактивните мо-тори. Во чешкиот теренец не може да се добие 1.4 TSI со 150 КС, а веројатно и новиот 1.6 TDI нема да му биде достапен во скоро време. Како надомест за неправдата, VW дозволи во Yeti да доживее премиера новиот 1.2 TSI, со 105 КС, но и со примерна потрошувачка на гориво.

За тестот, Skoda ни избра модел од самиот ►

5311/2009

Техниката му обезбедува возни својства на терен што се над просекот во класата

Максимален дизајн со минимални форми: Yeti има препознатлива појава

обичниот круг не е обичен: Светлата изгледаат како да се ставени во цевка што отпосле е втисната во каросеријата

Page 16: Autofocus #27

78 11/2009

дваЕсЕт дЕна за израБотка, изБор мЕѓу 40.000 Бои, цЕна од 250.000 Евра по пар-чЕ. новиот модЕл на Rolls-Royce тЕжнЕЕ кон супЕрлативи, иако Е најмалиот што БританцитЕ го имаат во понудата. само за кожЕнитЕ оБлоги во каБина-та, осум тЕлиња мора да дадат жртва. поглЕд зад кулиситЕ на мануФактурата

Дух за совршенство

Брза кучка слепи кучиња раѓа. Ако постои некое место каде што оваа по-говорка ја покажува во

целост својата мудрост, тоа може да биде само мануфактурата во британскиот Гудвуд. Брзината и итноста се феномени што им се апсолутно непознати на из-браниците во производствените хали на Rolls-Royce. За разлика од обичните фабрики за авто-мобили каде што машините го

одредуваат беспоштедниот ра-ботен такт и работата се мери во секунди, тука луѓето можат да си работат спокојно и да уживаат во работата.

Темпото во Гудвуд го одредува-ат луѓето, тука се работи како на забавена снимка. Додека се завр-ши примерок од најпрестижниот модел на Rolls-Royce, од Phantom, по правило поминуваат пет до седум месеци. Дури и најновиот и најмал модел во понудата на

британската куќа не отстапува од вообичаениот начин на рабо-та во Гудвуд: За него се потреб-ни од осум до дванаесет недели. За споредба, најголемиот модел на мајката BMW, серијата 7, се произведува за 51 час, а за Mini се потребни меѓу 24 и 36 часови додека биде готов да ја напушти фабриката во Оксфорд.

Огромната разлика во чувство-то за време во Гудвуд произле-гува од рачното производство и

од внимателното дотерување на секој дел од автомобилот. Додека во другите фабрики најголемиот дел од работата ја вршат роботи, во работилницата во Гудвуд е бескорисно да се бара механич-ката работна сила. Тука важи девизата: Луѓето ги заменуваат машините.

Добар пример за пристапот што се негува во изработката на во-зилата во Rolls-Royce може да се најде во лакирницата. Тука, ка-►

Изработка на возИла во Rolls-RoyCeИМпресИја

Page 17: Autofocus #27

7911/2009 7911/2009

„нИе не гИ лакИраме нашИте возИла, нИе проИзведуваме ИсклучИтелно

длабок И едИнствен сјај“- лИза тејлор, главна технИчарка во лакИрнИцата -

Page 18: Autofocus #27

82 11/2009

протИВ ДосаДа

Техничарите можат да би-дат горди што направија возилата со најмал отпор да се пробиваат низ вет-

рот. Но, како овој напредок да се прикаже на најубавиот начин? Лесно! BMW се снабди со два ка-бриолета од различно годиште и ја зеде под рака моделката Силви ван дер Варт.

Во новиот воздушен канал на BMW, Силви се појави прво во кабриолет од серијата 3 од 1987 година, со пуштена коса што фри-зерот ѝ ја натокми до последното влакно. Мала нервоза пред тест-возењето: „Возбудена сум, не знам колку е силен ветрот тука. Но, од BMW ме убедија дека е без-бедно“. Потоа, огромниот ротор на воздушниот тунел почнува да се врти бавно, додека тимот гле-да отстрана како слабиот провев полека се претвора во ветар со брзина од 60 km/h.

Резултатот од тест-возењето е очигледен: Разбушавената коса на Силви ван дер Варт ќе одго-вараше совршено доколку тука се снимаше музичко видео во стилот на 1980-те години. Сепак, годината што ја живееме е 2009-та и Силви ги промени облеката

ви ван дер Варт излегува од во-зилото насмеана: „Неверојатна е разликата во споредба со стариот кабриолет! Ветрот не се чувстува, не знаев дали воопшто почнало да дува во тунелот.“

Центарот за тестирање на аеро-динамиката е корисна алатка за техничарите на BMW. По моторот и олеснетата каросерија, аеро-динамиката е третиот најважен фактор за штедливоста на во-зилата. Од сите производители, BMW постигна најголемо намалу-вање на емисијата на СО2 во ми-натите години. �

сИлВИ ВаН Дер Варт Во аеротуНелот На BMW

модЕлката силви ван дЕр варт го почувствува во сопствЕ-ната коса напрЕдокот во аЕродинамиката на возилата

Што не било, ќе биде:

BMW тестира фризура

и фризурата да одговараат на де-нешното време. Секако, ваквиот стил на моделката ќе биде ком-плетен само со најновиот кабри-олет од серијата 3 на BMW.

Убавицата открива дека со задо-волство вози кабриолет во нејзи-

ното актуелно престојувалиште, градот Мадрид. „Возењето со спуштен покрив е вистинската работа за мене!“, кажува 31-го-дишната Холанѓанка, која живее во шпанската престолнина заед-но со нејзиниот сопруг, фудбал-ската ѕвезда Рафаел ван дер Варт. Таа го чека со возбуда следното доживување во тунелот.

Огромните ротори почнуваат да вртат повторно и подобрената аеродинамика на новиот кабрио-лет е очигледна за сите на сетот. Измазнетата фризура не се по-местува ниту за милиметар. Сил-

слеДНИот број На МаГа-ЗИНот AuTo FoCus ИЗле-ГуВа На 15 ДеКеМВрИ 2009

Page 19: Autofocus #27