autofocus #29

19
Број 29 јануари 2010 СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ ПРЕКУ 160 МОДЕЛИ M ini C rossman ТЕРЕНЦИ ЗА ЗАБАВА ЗА 15.000 ЕВРА Toyota Urban Cruiser Skoda Yeti Suzuki SX4 MERCEDES КЛАСА Е ОВОЈ АВТОМОБИЛ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ DACIA SANDERO STEPWAY ТЕСТ ТЕСТ ПРВ Ја разгорува конкуренцијата со цената од 7000 евра Chevrolet Spark ВО 2010 КАЛЕНДАР НА НОВИТЕТИ С ите нови модели ВО 2010 A ston Martin Rapide Bentley Supersports VW Amarok Cadilac CTS Coupe Ferrari 458 Land Rover LRX Техничарите одлучија PORSCHE има најдобар квалитет Alfa Romeo MiTo QV Peugeot RCZ јануари 2010 90 ДЕнари 9 771857 569002 29

Upload: autofocusmagazine

Post on 09-Feb-2016

232 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Autofocus magazine #29

TRANSCRIPT

Page 1: AutoFocus #29

Број

29 •

јан

уари

201

0

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИИ

ПРЕКУ 160

МОДЕЛИ

Mini Crossman

ТЕРЕНЦИ ЗА ЗАБАВА ЗА 15.000 ЕВРАToyota Urban CruiserSkoda YetiSuzuki SX4

MERCEDES КЛАСА ЕОВОЈ АВТОМОБИЛ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ

DACIA SANDERO STEPWAY

ТЕСТ

ТЕСТПРВ

Ја разгорува конкуренцијата со цената од 7000 евра

ChevroletSpark

ВО 2010КАЛЕНДАР НА НОВИТЕТИ

Сите нови моделиВО 2010

Aston Martin RapideBentley Supersports

VW Amarok

Cadilac CTS Coupe

Ferrari 458

Land Rover LRX

Техничарите одлучијаPORSCHE има најдобар квалитет

Alfa Romeo MiTo QV

Peugeot RCZ

јануари

2010

90 ДЕнари

9 7

71

85

7 5

69

00

229

Page 2: AutoFocus #29
Page 3: AutoFocus #29

301/2010

..

`

Page 4: AutoFocus #29

6 01/2010

Сите нови модели во 2010 година

што ни ПодготвувААт ПРоиЗводителите во 2010ТЕМА

во овАА годинА преку 150 нови модели ќе го здогледААт Светлото нА денот. новитети имА во Сите клАСи, но нАјмногу ќе Се изрАдувААт купувАчите што бАрААт штедлив мАлечок Автомобил

На секои два дена по еден нов модел. Тоа е темпото на работа што произво-дителите на автомоби-

ли си го поставија за 2010 година. Меѓу најавените премиери на нови модели ќе има за секого по нешто. Ентузијастите ќе го прославуваат појавувањето на новата серија 5

почнат да се среќаваат почесто и автомобили со погон на струја: Триото Citroën C-Zero, Peugeot iOn и Mitsubishi i-MiEV ја почнува ми-сијата на приближување на елек-тричниот погон до народот.

Некои работи не се менуваат. Ковачниците на суперспортски автомобили од Маранело и Сан-

на BMW и ќе го имаат во предвид новиот Audi A8 како претендент за титулата на најдобра лимузина од високата класа. Во сегментите на автомобилите што се редовна појава во уличната слика се оче-куваат премиерите на Chevrolet Spark, Citroën C4 и Peugeot 408. Но, од оваа година, по улиците ќе

та Агата свиркаат незаинтере-сирано на сите трендови за на-малување на потрошувачката и подготвуваат да пуштат во погон по една нова централа на моќ во оваа година. Никој и не бара дру-го од нив. На следните 9 страни-ци е прегледот на новитетите по класи.

Page 5: AutoFocus #29

701/2010

audi a1 не сака да биде голем со димензиите, туку со внатрешните вредности.

најавата за малечкиот audi е гласна: Првиот чекор во маркетиншката кампања е овој уличен графит

и сила и штедливост: 170 КС, но само 6,0 l/100 km. тоа е мајсторијата на 1.4 Multiair

мАлеЧКи, СлАтКи, неодоливи

Господарите на прстените сé уште владеат со магијата. Исто како што им успеа со првата ге-нерација на Audi A3, кога го из-мислија премиум-сегментот кај компактните каросерии, така Баварците се подготвуваат да го повторат успехот и во класата на

малечките автомобили. Моде-лот А1 ќе се појави за прв пат на салонот во Женева, а продажбата ќе стартува

уште пред летните месеци. Во ка-рактерот, A1 нема да се разликува од поголемите браќа и ќе нуди впечатлив квалитет, богата сери-ска опрема и неколку технолош-ки досетки со кои што ќе ги лови младите купувачи. Изборот на најмалечкиот Audi како средство за транспорт сигурно нема да се прави под финансиска присила, туку од желба да се вози малечко и скапо автомобилче што оддава стил и престиж.

Под хаубата нема да се случува-ат чуда. Најголемиот интерес ќе

701/2010

AUDI A1

ALFA ROMEO

GIULIETTA

ALFA ROMEO

MITO QV

Подарок за 100-от роденден: Guilietta како замена за 147

701/2010

Page 6: AutoFocus #29

20 01/2010

СтАтиСтикА нА дефекти нА tuV..

темА

Секој ДеСетти автомобиЛ Со СтароСт До пет гоДини вози Со Дефект. тоа го покажува најновата СтатиСтика на техничката организација TÜV

Експертите на TÜV пов-торно завршија џинов-ска работа: Врз основа на анализата на извештаите

од техничкиот преглед на преку 7,5 милиони возила, извршен во периодот меѓу јули 2008 и јуни 2009 година, тие го составија за-вршниот извештај за квалитетот на возилата за претстојната го-дина.

Техничарите на германската асоцијација чија што експертиза насекаде се цени еднакво, утвр-

дија значителни дефекти кај 5,1 проценти од возилата со старост до три години, што за прв пат се појавуваат на техничкиот пре-глед. Меѓу петгодишните возила значителни недостатоци се утвр-дени кај 9,9 проценти од вози-лата, меѓу седумгодишните 14,7 проценти, додека кај возилата со старост до девет години се реги-стрирани посериозни дефекти кај 19,2 проценти од возилата.

Според анализата на експертите на TUV, дефекти најчесто се јаву-

Porsche се трка и со квалитетот

ЗастаПеност на дефекти сПоред старост на воЗило

Старост на возило

Без дефекти Со мали дефекти

Со значител-ни дефекти

небезбедно за сообраќај

Податоци во проценти

1 до 3 години 80,5 14,4 5,1 0,0

4 до 5 години 67,2 22,9 9,9 0,0

6 до 7 години 55,4 29,9 14,7 0,0

8 до 9 години 46,1 34,7 19,2 0,0

10 до 11 години 37,3 38,5 24,1 0,1

Просечна вредност 51,9 30,4 17,6 0,1

Page 7: AutoFocus #29
Page 8: AutoFocus #29

30 01/2010

CHeVRolet SPaRKвозевме

Пали и возипроДажниот рекорДер на CHevroleT не го промени еДинСтвено името. Spark ја разгорува конкуренцијата: изгЛеДа Добро наДвор и внатре, вози комфорно, негува СтиЛ. тој Сака Да биДе новиот цар на граДот

проДажниот рекорДер на CHevroleT не го промени еДинСтвено името. Spark ја разгорува конкуренцијата: изгЛеДа Добро наДвор и внатре, вози комфорно, негува СтиЛ. тој Сака Да биДе новиот цар на граДот

Глетката напред и сликата во ретровизорите пре-дизвикуваат чувство на клаустрофобија додека

чекаме колоната возила на вле-зот во Атина да се помести за барем неколку метри понапред. Кој ли тоа го планирал итинере-рот за тест-возењето на новиот Spark? Зарем луѓево од Chevrolet не знаат дека грчката метропола живее во целодневен сообраќа-

ен метеж? Секој сантиметар од патот е зафатен, меѓу колоните автомобили фрчат мотоцикли, а планот да се пристигне во Глифа-да за час и половина тешко дека ќе се исполни.

Како што полека тонеме сé под-лабоко во зовриениот лонец на четиримилионската метропола, така сфаќаме дека изборот на Атина како локација за презен-тацијата на Spark не е направен

рАЦиоНАлНА иСКориСтеНоСт НА КАБиНАтА

одлиЧНА ПротиввредНоСт

виСоКо БезБедНоСНо Ниво

ни се доПаЃа не ни ПречидизАјНот е јАСНо ориеНтирАН КоН млАдите: АвтомоБил што е НАПрА-веН дА им Се доПАдНе НА Сите, НА Крајот Не Му Се ДоПаѓа НиКоМу

не ни се доПаЃамАл БАГАжНиК

оСНовНиот модел НемА виСиНСКо меСтење НА волАНот

СиСтем СтАрт-СтоП Не е доСтАПеН, иСто КАКо и АвтомАтСКи меНувАЧ

30 01/2010

auto Focus на презентацијата на Chevrolet Spark во Атина, Грција

Page 9: AutoFocus #29

3101/2010 3101/2010

Page 10: AutoFocus #29

36 01/2010

ТесТ Renault Megane gRandtouR 1.4 tCe dynaMique

со изгледоТ се издвојува во класаТа

комфорно подвозје, одлична просТорна понуда

наТпросечно богаТо ниво на опрема

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИслабаТа повраТна информација во управувањеТо: во споредба со преТходникоТ, Megane III е свеТ-лосни години понапред

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАсоборувањеТо на заднаТа клупа не завршува во еден поТег

основноТо ниво на опрема не е досТапно со 1.4 Тсе

ограничена прегледносТ во задниоТ дел

Амбалажата го продава производот

Комби изведбите обично се Купуваат заради праКтичност. изгледот останува во втор план. Кај Megane работите се менуваат. тој е првиот Комби во Класата Кој зрачи со стил. подеднаКво мами и моторот

36 01/2010

Page 11: AutoFocus #29

3701/2010

Превземањето на тест на автомобили од типот на овие дебелоопашести транспортери што на километри околу себе шират мирис на свежо

пилена иверка обично е проследено со пора-зувачка рамнодушност. Целиот свој талент, комбинираните лимузини го црпат од про-должениот и надграден опаш, кој е спасоно-сен за сите што сакаат за евтини пари да дој-дат до повеќе простор, но е убиствен за сите други што бараат нивното возило да задржи барем грам автомобилско достоинство по надградбата.

Мисијата на тестот во тој случај се сведува единствено на проверка дали продолжената

класа, кога производителите научија дека ку-пувачите повеќе не сакаат само обична кути-еста надградба на лимузинската основа, туку бараат и во задниот дел од возилото да видат потези повлечени од дизајнер. Токму затоа, Grand Tour за повеќето е поубавата форма на Laguna, а затоа и Megane во опашот ги следи линиите на поголемата сестра.

Веднаш е јасно дека овој Megane ќе се купува и вози како израз на животниот стил, место како товарно магаре. Но, Megane Grand Tour крие доволно адути и под задниот капак. Со вредноста од 524 литри, комбито на Renault е пред Golf и Astra, исто како и со 1.600-те литри кога е соборена задната клупа. При товарање-то тешки куфери особено ќе се цени тоа што подот на багажникот е на 56 сантиметри од подлогата. Не постои друг компактен комби што има толку низок под.

Згодна досетка е можноста багажникот да се преполови со исправување на предната поло-

товарна платформа одзади изведува подмол-ни трикови при малку посложени маневри во возењето. Евентуално може да се пушти ме-тар, само заради проверка дали некои од ме-рите се можеби поголеми отколку кај другите комби-каросерии. И тоа е сé. Нема ништо да го натера срцето да чука побрзо и посилно.

Кај Megane Grand Tour, работите се мену-ваат. Драстично. Одненадеж големината на багажникот и леснотијата на пристапот до него повеќе не се толку важни. Тука фаќа еу-форија од заведувачките линии во делот од возилото каде што никој не ги очекувал, но многумина ги посакувале. Комбито од Megane е единствено од неговата сорта што внимава на изгледот и со тоа воведува револуција во компакт класата.

Иста таква револуција се случи во средната

3701/2010

Page 12: AutoFocus #29

44 01/2010

Не е теренец се што личи на SuV`малечоК теренец што одвај е способен за терен, место проверена Комбили-музина од КомпаКтен формат? овие автомобили се отКажуваат од традици-оналните вредности за да го понудат подобриот вид на теренец

споредба

44 01/2010

SKoda yetI 1.2 tSI, SuZuKI SX4 1.6 и toyota uRBan CRuISeR 1.33i^

Page 13: AutoFocus #29

4501/2010

Вака изгледаат победниците. Не пос-тои пречка што е несовладлива за нив. Без разлика дали се работи за нагорнините и надолнините на ур-

баната џунгла или за предизвиците на семеј-ното секојдневие, овие компактни теренци здружени во тројка се впуштаат самоуверено во сите задачи што им се доверуваат. Дури се толку убедени во своите способности што сметаат дека им е непотребно да ја добиваат силата од моторот и на задните тркала.

Преку тоа може некако и да се помине, но како да се прифати тоа што сите палат бен-зински мотори под хаубата? Зарем спојот на теренско возило и бензинец не беше погубна комбинација? Не повеќе. Ова се теренци од суперлесна категорија, кои трошат помалку енергија и ангажираат помалку мускули за да се преместат од една точка во друга, па отта-

му им е сосема природно да возат со штедли-ви и малечки бензинци.

Но, кога ќе се открие податокот дека најмла-диот меѓу нив, Škoda Yeti, тежи 1.345 килогра-ми само со возач, па уште и вози со најмалеч-киот мотор со зафатнина од 1,2 литар, добрата намера на производителите да му понудат на народот евтин и штедлив автомобил со црти на теренец почнува да изгледа претерано оп-тимистички.

моТороТ од 1,2-ЛиТри Во YETi E СТрашиЛо За ТрадиционаЛиСТиТе

„И колку е тешка? – Приближно колку Octavia. – И, велиш, само 1,2 литар? – Да, со турбонатполнење и директно вшприцување. Нов е, четирицилиндарец. – Малку е тоа, пре-малку за толку голема каросерија, па нема да

ме качи ниту до Средно Водно.“ Тоа е рамката во која што се води секој разговор околу ма-лечкиот мотор во Yeti.

Податокот дека силината на моторот из-несува 105 КС ретко кој го дослушува. Дури и познавачите од кои се очекува поголемо разбирање реагираат со вообичаената скепса. Интересот за возилото постепено се враќа во нормала откако на ценетиот соговорник ќе му се сервира информацијата дека истиот тој мотор од пред некој месец почна да се вгра-дува и во Volkswagen Golf. „Аааа, во Gooolf! Па што не кажеш така!“

Вредноста од 1,33 литри за работната зафа-тнина е полесно да се прифати покрај каро-серијата на најмалечкиот теренец на Toyota. Со 101 коњска сила, Urban Cruiser е најслаб во ова трио, но неговите коњски сили имаат далеку најмал напор да го помрднат возилото ►

4501/2010

што е подобро за 15.000 евра, здодевен компакт или возбудлив мини-теренец?

Toyota urban cruiser, Skoda Yeti и Suzuki SX4 го даваат одговорот. Тие нудат бегство

од унифицираноста во компакт класата, но поаѓаат во сосема различни правци

Page 14: AutoFocus #29

58 01/2010

Македонија на две тркала во 2009Нашите мотоцик-листи беа уште по-активНи во миНатата годиНа. Речиси секој викеНд се одРжуваше по Некој НастаН. сите маНифестации учест-вуваат во избоРот На www.motori.com.mk за НастаН На годиНата

Изминатата сезона изо-билуваше со настани. Се отворија нови клубови, се направија нови со-

бири, бевме сведоци на најбога-тата мото-сезона во историјата на македонскиот мотоциклизам. Покрај на собирите, љубителите на железните коњи уживаа и во трките. Како што ни доликува на менталитетот, имаше и забелеш-ки, некои заслужени, некои не. Но, со ред.

01. ЈануариСезоната традиционално се отвори

на Градскиот плоштад во Скопје, каде што мото-клубот „Ноќни Волци“ со под-

дршка од повеќето клубови организира топла ракија и дружење. Времето ни послужи па можевме со мотор да дојде-ме до плоштадот каде што 50-на мотор-циклисти си ја честитаа Новата Година и новата сезона.

15. МартНа патеката Милци во Гевгелија се во-

зеше трка од источноеропскиот шампи-онат во мотокрос. Нашите претставници возеа во рамките на можностите, а нај-забележителен беше младиот Христијан

Илиоски, кој подоцна стана и европски шампион во својата класа! Бројната публика презадоволна од виденото за-мина со надеж за повеќе вакви настани. Незадоволни останаа нашите учесници, со забелешки за неизложувањето на

ПреГлед На СезоНатаМотоцИклИ

Page 15: AutoFocus #29

5901/2010

македонското знаме на отворањето на трката (во последен момент се донесе искинато знаме) како и обраќањето на претседателот на МФМ во кое заради гостите од Грција, ја ословуваше Маке-донија како „оваа земја”.

28. МартМК „Ноќни Волци“ го организираа тре-

тиот Интернационален тату експо. На

настанот во Мкц во Скопје присуствуваа студија за тетовирање од повеќе земји, а заинтересираните можеа да направат

тетоважа по пониска цена. Беа прогла-сени најдобрите тетоважи и истите беа наградени.

01. АприлМото-маскенбал во организација на

членовите на мото-порталот motori.com.mk. Мотоциклистите се собраа пред фонтаната во Градскиот парк и со укра-сени мотоцикли возеа низ центарот на градот, а по кратка пауза на Градскиот плоштад се упатија кон „Кастом Паб“ каде што беше избран најдобро украсе-ниот мотор.

04. АприлНа картодромот во Волково се одржа

првата трка со скутери, за шампионатот на Македонија. Трката во организација на Мк цобо Спорт имаше одлична посе-теност. Се возеа две категории скутери

до 80 cm3 и 150 cm3 (4т). И покрај стра-вувањата за безбедноста на возeњето скутери на патека за картинг, каде што асфалтот е мазен и лизгав, трката по-мина во најдобар ред.

12. Април„Here is Hristijan Ilioski from Macedonia“

беа зборовите на коментаторот на

MotorsTV кога во кадарот се појави на-шиот најталентиран и најперспективен мотокрос возач. Гордоста на македон-скиот мотоциклизам, со своите 17 го-дини успешно ги заврши двете трки од третата рунда во Светкиот Мотокрос и стана првиот Македонец на мото-трка за Светското првенство.

25. АприлМото-клубот „Мечки“ од Куманово

го прослави првиот роденден во пабот „Лоу Рајдер“. Присуствуваа речиси сите клубови од земјава. Посетеноста беше и поголема од очекуваната, па настанаа

и мали пропусти, но добрата атмосфера создадена од весели луѓе, рок-свирка и евтино пиво придонесе никој да не се пожали. Организаторите си ги увидоа грешките и најавија подобра забава во 2010. забавата беше зачинета и со сра-межлива танчерка, но кој не би бил пред толку луѓе.

25. АприлМК „Мото Охрид“ го организираше

третиот меморијален мото круг во чест на загинатиот Илче Бимбо. Возењето за-

почна од Градскиот плоштад во охрид, за потоа преку Скопје, Велес, Неготино и Валандово да се стаса во Струмица каде што учесниците преноќија. Следниот ден возењето продолжи преку Валандо-во, кавадарци, Прилеп, Битола и ресен, а заврши во охрид, со што достојно му се оддаде почит на Илче Бимбо. Поради поклопувањето на датумите, мотоцик-листите мораа да бираат на кој настан да присуствуваат. да се надеваме дека следната година ќе се избегнат вакви пропусти.

01-02. МајГимкана во радовиш. По традиција,

Радовишани возат трки во повеќе дис-

циплини. МК „Џинка“ се потруди да направи собир за паметење. за жал времето не се погоди, но тоа не ги спречи присутните да уживаат во госто-

примството на радовишани. Прекрасна атмосфера, фер цени за пиење и настап на рок-бенд до 5 часот. Што би посакале повеќе? Во манастирот Св. Ѓорѓија ужи-ваа во прекрасната скара сите што не се исплашија од дождот, а преспивањето во конаците беше вистински одмор за душа. Гимканата изостана, но не по вина на радовишани, а тие уште еднаш пока-жаа како се организира мото настан. Секоја чест момци!

03. МајТрети мај како да беше магнет за

организаторите: Втора трка со скутери, трка од државниот шампионат во мото-крос и мото-рели Дојран 2009. Викенд

полн со настани, прекрасно време, од-лична дружба. На релито присуствуваа

голем дел од присутните на собирот во радовиш. одлична дружба, спретно и безбедно возење го одбележаа мото релито кое по куса пауза се враќа на календарот.

15-17. МајМото собир во Дојран во организација

на МК „Авантура Тим“ од Струмица.

Собирот се одржа во автокампот „ачи-кот“, надвор од населено место, па присутните можеа да уживаат во чисто моторџиски собир, без присуство на „ци-вили”. Присуствуваа голем број клубови, но помалку од минатогодишниот собир. Забелешка за организаторот е лошото планирање на активностите во текот на денот. Немаше игри или организирано возење, па повеќето присутни на своја рака влегуваа и излегуваа од кампот.

Page 16: AutoFocus #29

76 01/2010

Новите моделски геНерации Не ги НадополНуваат вредНостите На Mercedes, туку само ги толкуваат спо-ред актуелНите Норми вредНостите што се поставеНи длабоко во коре-Нот На марката

Собрани дела на Дајмлер-Бенц

Марката од Штутгарт е таа што не се менува. Другите марки можат да воведуваат рево-

луции во дизајнот кога ќе поса-каат и да експериментираат со техниката колку што сакаат, но Mercedes секогаш ѝ останува ве-

рен на својата традиција. Такво е генералното мислење за марката со сребрената ѕвезда.

Трикраката ѕвезда што светка напред и уште од 1909 година го симболизира владеењето на чо-векот со копното, водата и воз-духот е единствениот заеднички белег што го препознава окото во лимузиниве од последните две генерации на класата Е на Mercedes. Сé друго е различно.

Ниту воланот е ист, ниту пак е ист бројот на инструментите под стреата или распоредот на пре-кинувачите во средишната кон-зола. Генерацијата од 2009 годи-на и онаа од 2002 година, што во жаргонот на Mercedes се водат

како серија W212 и серија W211, се разликуваат како црно и бело, како ноќ и ден. И покрај тоа, при наизменичното преседнување од едната во другата лимузина за време на фотографирањето, го доживуваме големото изнена-дување.

По само пет минути, човек по-веќе не знае точно во која гене-рација седи. Позицијата на тело-то при седењето не се разликува, исто како и мирисот на материја-лите во кабината или звукот при затворањето на вратата. Што се случува? Како е можно покрај толкава разлика во изгледот да не се знае дали се седи во W211 или во W212, барем додека не се најде некој ориентир?

Можно е. Тоа се вредности-те што не се менуваат, што се пренесени како непроценливо наследство од сите претходни генерации на средната класа на Mercedes. На овој начин, прес-тижната марка од Унтертирк-

Средба на генерации • Mercedes-Benz W211 и W212ИмпресИја

Толку исти, а толку различни. Какви и да се светлата, Mercedes останува Mercedes

Традиционалистите реагираат на задните светла на новата класа Е. но, тоа е единствената форма што одговара со линијата на W212

Page 17: AutoFocus #29

7701/2010 7701/2010

Изразено клинеста форма и остри линии на новакот, наспроти меките и женствени линии на претходната класа Е

Безвремена елеганција: Годините не му пречат на Mercedes, секоја генерација остава особен впечаток

Page 18: AutoFocus #29

82 01/2010

државата На богатите го обожува чистиот погоН: За автомобил со погоН На струја, приНцот плаќа до едНа третиНа од цеНата

протИв ДосаДа

Не постои друго место во Европа каде што има по-веќе луксузни автомо-били отколку во Монако.

Сепак, откако почна владеењето на Алберт II, малечката држава на Медитеранот зеленее сé повеќе. Електричните и хибридните ав-томобили добиваат буквално кралски третман.

Монако живее од парите на бо-гатите. Колку се побројни луксуз-ните автомобили што дефилира-ат пред казиното Монте Карло, толку принцот Алберт II има по-веќе причини да се радува. Но, не е така. Од пред десет години, Мо-нако сака да живее еколошки.

Дури и принцот, како докажан љубител на коњските сили и па-сиониран колекционер на авто-мобили, службено и приватно вози исклучиво хибридни возила. Државата го поттикнува народот да го следи примерот. Автомо-билите со алтернативен погон добиваат големи субвенции од државата. Кај електричните ав-томобили, државата плаќа дури една третина од цената на вози-

ци од Smart со електричен погон, за тестирање во реални услови.

Условите за електричниот по-гон се совршени. При државна територија што покрива должина од три километри е сосема неваж-но дали автомобилот со погон на струја има голема автономија. Тоа го знае и единствениот произво-дител на автомобили во Монако, фирмата Venturi, која е специја-лизирана за погонот на струја.

И покрај огромното залагање од страна на државата за одомаќу-вање на еколошките автомобили, Ferrari, Lamborghini и Rolls-Royce и натаму се неразделен дел од имиџот на Монако. Истото важи и за трките во формула 1, за релито Монте Карло, како и за јахтите во пристаништето кои што се вред-ни по неколку милиони евра. Но, и богатите го менуваат начинот на размислување. Пред неколку недели производителот на елек-трични автомобили Tesla отвори претставништво во Монте Карло.

Со цената од 100.000 евра, елек-тричниот родстер од САД е на вистинското место во Монако. Сепак, за спортскиот автомобил со чист погон не следува субвен-ција во висина од една третина на неговата вредност. Во неговиот случај важи исклучокот: Држава-та плаќа до една третина од вред-носта на возилото со електричен погон, но не плаќа повеќе од 9.000 евра. �

државата На богатите го обожува чистиот погоН: За автомобил со погоН На струја, приНцот плаќа до едНа третиНа од цеНата

Кнежевство на електричните автомобили

лото. Покрај тоа, 300 од вкупно 18.000 места за паркирање во подземните гаражи се снабдени со приклучок за струја. Секако,

полнењето на акумулаторите е бесплатно. Се добива и попуст при регистрацијата на возилото.

По улиците на Монако во момен-тов возат преку 250 возила со ал-тернативен погон. Кога ќе се земе

во предвид целиот возен парк на Монако, застапеноста на овие возила е далеку поголема откол-ку во која било друга држава во

Европа. Но, се јавуваат проблеми околу обновувањето на возниот парк. Повеќето од постоечките електрични автомобили се про-изведени во мали работилници во Италија или Франција, кои по-веќе не постојат.

Поради тоа, Монако сака да со-работува со производителите на автомобили. Неодамна, на прин-цот му беа испорачани четири примероци од Mitsubishi i-MiEV кои ќе се користат како службени возила. Во текот на оваа година, Монако ќе добие и десет примеро-

слеДНИот Број На мага-зИНот Auto Focus Изле-гува На 15 февруарИ 2010

АлТЕРНАТИВНИОТ ПОГОН Е хИТ ВО МОНАКО

електричниот Mitsubishi i-MieV е добре-дојден во дворецот на принцот Алберт II

Page 19: AutoFocus #29