carinska tarifa

21
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ Семинарска работа по предметот царинска политика Тема: „ЦАРИНСКА ТАРИФА ”

Upload: stefi-ganceva

Post on 22-Dec-2015

62 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Carinska tarifa

TRANSCRIPT

Page 1: Carinska Tarifa

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ШТИП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

Семинарска работа по предметот царинска политикаТема:

„ЦАРИНСКА ТАРИФА ”

Ментор: Изработиле:Проф. Јанка Димитрова Мирослав Јовчев 081071 Александар Иванов 081097

Штип, април 2012

Page 2: Carinska Tarifa

СОДРЖИНА

Краток извадок .....................................................................................................3

Клучни зборови...................................................................................................3

Вовед.........................................................................................................................4

1.Општо за царинска тарифа.................................................................................5

2. Видови на царински тарифи..............................................................................6

3.Елементи на царинската тарифа.......................................................................8

3.1.Номенклатурата како елемнт на царинските тарифи.........................9

3.2. Царински стапки...................................................................................10

4.Проверка на царинската делкарација............................................................11

5.Задолжителнатарифна информација...........................................................12

6. Заклучок...............................................................................................................14

7.Користена литература........................................................................................15

2

Page 3: Carinska Tarifa

Краток извадок

Царинската тарифа претставува систематизиран преглед на сите стоки

што се предмет на меѓународната размена и што подлежат на плаќање

царина,со назначување на царинските стапки. Тарифата се состои од две

елементи:царинска номенклатура на стоките и список на царинските стапки.

Под номенклатура се подразбира именување на стоките што се предмет на

меѓународна размена и што подлежат на плаќање на царина, систематизирани

според одредени објективизирани и критериуми од една страна и нивните

бројчани ознаки од друга страна. Со царинските стапки се изразува

интензитетот на заштита на домашното стопанство.

Клучни зборови

Светска трговска огранизација

Номеклатура

Царинска стапка

Стоки

Задолжителна тарифна информација

Тарифен број

Тарифен подброј

Тарифен став

3

Page 4: Carinska Tarifa

Вовед

Царината претставува јавна давачка што се наплатува при премин на

стоката од едно во друго царинско подрачје. Таа е една од најстарите форми

на ограничување на меѓународната трговија. Царината е инструмент за

заштита на домашното стопанство и таа непосредно влијае на цената на

производот кој се увезува. Колкаво ќе биде нејзиното влијание врз цената

зависи ценовната еластичност на понудата и побарувачката. Царинската

политика претставува свесна активност на националните власти која е

насочена кон остварување на царинска заштита на домашното стопанство.

Основни закони од областа на царините во Република Македонија се

Царинскиот закон, Законот за царинска тарифа и други. Царинскиот закон ја

опфаќа регулативата за спроведување на царинската постапка.

Со Законот за царинска тарифа чиј составен дел е Царинската тарифа

се пропишуваат:

1. правила за начинот на пресметка на царината

2. системот на имиња на стоката која се увезува , внесува или прима во

царинското подрачје на Р.М. односно извезува, изнесува или испраќа од

царинското подрачје на Р.М. распореден по оддели и глави на

Царинската тарифа.

3. системот на нумеричко означување на стоката во Царинската тарифа

4. правила за распоредување на стоката во тарифни броеви и тарифни

подброеви, како и тарифни ставови на Царинската тарифа

5. царинските давачки кои се применуваат

6. задолжителните единствени мерки за сите тарифни ознаки во зависност

од видот на стоката што се извезува т.е. увезува

4

Page 5: Carinska Tarifa

1.Општо за царинска тарифа

Царинската тарифа претставува систематизиран преглед на сите стоки

што се предмет на меѓународната размена и што подлежат на плаќање царина

, со назначување на царинските стапки. Поимот Царинска тарифа може да се

дефинира од два аспекти, и тоа како :

Научна диспциплина

Интегрален дел на царинскиот систем на една земја

Царинската тарифа како научна дисциплина се занимава со

истражување на објективните законитости, принципите, критериумите и

моделите за правилно распоредување на стоките што се предмет на

надворешно- трговска размена на одделни царински режими и утврдување на

научно фундирани ставови за селективно и правилно димензионирање на

интензитетот на царинската заштита во зависност од структурата на

националното стопанство и структурата на надворешно – трговската размена.

Царинската тарифа како интегрален дел на царинскиот систем на една

земја е олицетворена во законската регулатива за определување на

царинските стапки по одделните производи. Покрај царинскиот закон , Законот

за царинска тарифа претставува втор суштествен елемент на царинскиот

систем.

Царинската тарифа претставува интегрален дел на секоја земја.

Нејзината употреба е клучен инструмент со кој царинската служба постигнува

правилно распоредување на стоката при увоз или извоз. Со тарифната ознака

на Царинската тарифа се поврзани многу законски и подзаконски прописи.

Поради овие причини, од правилното распоредување на стоката зависи:

Наплатата на царинските давачки;

Наплата на даноците ;

Примената на нетарифните мерки;

Мерките на трговската политика

Статистичките податоци и друго

Царинската тарифа на Република Македонија е составен дел на Закон за

Царинската тарифа1.Царинската тарифа секоја година се усогласува со

превземаните обврски кои произлегуваат со пристапување на Република

1 Службен весник на Република Македонија број 23/03 и неговите дополнителни измени

5

Page 6: Carinska Tarifa

Македонија кон Светската Трговска Организација2 и се менува согласно

измените на Комбинираната номенклатура на стоки на Европските заедници 3.

2. Видови на царински тарифи

Во теоријата и праксата постојат различни видови царински тарифи

диференцирани врз основа на различни критериуми4.

Според насоката на движење на стоките, царинските тарифи може да

бидат:

1. Увозни царински тарифи -тоа се оние царински тарифи кои се врши

пресметувањето и наплатата на царината за стоки кои се увезуваат на

едно царинско подрачје. Увозните царински тарифи може да бидат:

a. Општи увозни царински тарифи-оние тарифи кои се применуваат при

пресметување и наплатата на царината при увоз на сите видови на

стоки, независно кој ги увезува, т.е. се применува за сите увозници.

b. Посебни увозни царински тарифи –оние царински тарифи по кои се

пресметува и плаќа царината за сите стоки кои во едно царинско

подрачје ги увезуваат одредена група на увозници.

c. Парцијални увозни царински тарифи-оние царински тарифи по кои се

врши пресметувањето и наплатата на царината само за одредени

видови на стоки кои ги увезуваат сите увозници.

2. Извозни царински тарифи- оние царински тарифи по кои се врши

пресметување и наплата на царината на стоки кои се извезуваат од едно

царинско подрачје . И овие царински тарифи може да бидат: општи,

посебни и парцијални.

3. Транзитни царински тарифи – оние царински тарифи кои се применуваат

при пресметувањето и наплатата на царина на стоки кои се провозуваат

низ едно царинско подрачје.

Во современиот царински промет транзитните царински тарифи воопшто

не се ни применуваат, додека пак извозните царински тарифи многу ретко се 2 Обврска која произлегува од “Протоколот за пристапување на Република Македонија кон СТО потпишан на 15 Октомври 2002 во Женева (Службен весник на Република Македонија 7/03”3 Обврска кој произлегува од одредбите на член 15 став 2 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија4Мр.Момир Ивановиќ. Миленко Кузмановиќ,Царионска тарифа,Царински преглед, Савезна управ царина, Београд, 1988 год., стр.15-22 Проф. Д-р.Душан Вељковиќ. Царински систем,Охрид,1996 год., стр.77

6

Page 7: Carinska Tarifa

применуваат .Увозните за разлика од претходните два вида на царински

тарифи , и тоа општите увозни царински тарифи, се најраспространети бидејќи

современите царински системи применуваат единствено увозни царини.

Според начинот на пресметување на царината, царинските тарифи се

делат на :

1. Царински тарифи по вредност- оние царински тарифи кај кои основицата

за пресметување на износот царината претставува царинската

вредност на стоката.

2. Специфични царински тарифи- оние царински тарифи кај кои основица за

пресметување на износот на царината претставува единицата мерка на

соодветната стока.

3. Комбинирани царински тарифи- оние царински тарифи кај кои царината

се пресметува и по вредност и по единица мерка на стоката.

Постојат три начини на комбинирање на овие два методи, и тоа:

1) За некои видови стоки во царинската тарифа да е предвидено

пресметување на царината по вредност, а за други видови на стоки по

единица мерка

2) За одредени видови на стоки, во царинската тарифа да е предвидено

наплатување на царината и по вредност, и по единица мерка

3) За одредени стоки, во царинската тарифа да е предвидено плаќање

царина по вредност, но под услов износот на така утврдената царина да

не е помал од одреден износ предвиден во царинската тарифа. Доколку

износот на царината по вредност е помал од износот предвиден во

царинската тарифа, тогаш за разликата меѓу нив се наплаќа специфична

царина.

Според начинот на донесување, царинските тарифи може да бидат:

1. Автономни царински тарифи- оние кои земјите ги донесуваат,

изменуваат, дополнуваат или ги укинуваат самостојно врз основа на

својот царински суверенитет.

Доколку се донесени со некој подзаконски акт, и се во важност пократок

период на време, се нарекуваат повремени царински тарифи.Овој вид на

царински тарифи најчесто се во важност до донесувањето на трајните

7

Page 8: Carinska Tarifa

царински тарифи кои се донесуваат врз основа на закон и имаат траен

карактер.

2. Конвенционални царински тарифи- оние тарифи кои се донесуваат врз

основа на одредбите на меѓународните договори и спогодби кои ги

потпишала и ги ратификувала една земја.

3. Комбинирани царински тарифи- најчесто комбинирани се современите

царински тарифии тоа независно дали одредбите од меѓународните

договори се инкорпорирани во националната царинска тарифа или

непосредно се применуваат, или пак делумно се инкорпорирани, а

делумно посредно се применуваат.

Според бројот на колони на царинските стапки, царинските тарифи може

да бидат:

1. Едноколони царински тарифи- оние во кои е пропишана само по една

царинска стапка за секој вид на стока. Тие можат да бидат униформни

ако за сите видови стоки се применува само една царинска стапка, или

специјализирани доколку има по една различна царинска стапка за

различните видови стоки.

2. Двоколони царински тарифи- оние во кои се презентирани по две

царински стапки за секој вид на стока.Првата царинска стапка е повисока

и се нарекува максимална, а се применува при пресметување и наплата

на царини на стоки кои потекнуваат од земји со кои не е потпишан

трговски договор. Втората царинска стапка е помала и се нарекува

минимална, а се применува за пресметување и наплата на царина при

увоз на стоки од земји со кои е потпишан трговски договор.

3. Повеќеколони царински тарифи- овие царински тарифи можат да бидат

троколни, четвороколони,петколони итн .Тие претставуваат комбинација

на автономни и конвенционални царински стапки.

3.Елементи на царинската тарифа

Царинската тарифа се состои од два релативно самостојни елементи, и тоа:

1. Царинска номенклатура на стоките

2. Список на царинските стапки

8

Page 9: Carinska Tarifa

Покрај овие два дела, царинската тарифа може да содржи и нормативен дел,

во кој со законски одредби се утврдуваат одредени инструменти, критериуми и

постапки, како што се утврдување на царинска вредност на стоките, царински

режими, царински ослободувања и сл.

3.1Номенклатурата како елемнт на царинските тарифи

Номенклатурата на царинската тарифа претставува именување на

стоките што се предмет на меѓународната размена, систематизирани според

одредени објективни принципи и критериуми, од една страна, како и нивните

бројчени ознаки(тарифни броеви, тарифни подброеви,шифри на тарифните

ставови) од друга страна.

Именувањето на стоките во царинските тарифи може да биде

посебно, доколку истото одговара на вообичаениот трговски назив на стоката,

или општо доколку именувањето на стоката не е соодветно на нејзиниот

трговски назив.

Стоките во царинската тарифа покрај со своето именување, се одредени

и со тарифни ознаки.Тоа се тарифни броеви и тарифни подброеви, што можат

да бидат обележани со различен број на цифри во зависност од степенот на

расчленување на соодветните видови на стоки , како и поединечните шифри на

тарифните ставови.

Тарифен број претставува именување на стоката што опфаќа еден или

повеќе производи, и што е означен со четвороцифрена ознака.

Тарифен подброј е именување на стоката, што опфаќа еден или повеќе

производи, и е означен со шестоцифрена ознака.

Тарифен став претставува именување , тарифна ознака, и пропишана

царинска стапка за стоката, сврзани во тарифен подброј.

Основниот проблем при изработката на номенклатурата е утврдувањето

на принципи и системи кои ќе се применат при групирањето на стоките, бидејќи

прецизното групирање на стоките во голема мера ја детерминира правилната

примена на царинската тарифа во царинската постапка.

Групирањето на стоките при изработката на номенклатурите се врши со

комбинирање на повеќе принципи и тоа :

Потекло на стоките;

9

Page 10: Carinska Tarifa

Степен на обработка;

Стопанска дејност;

Намена на производот и сл.

Означувањето на групите и поединечните видови стоки се врши со

примена на соодветни системи, и тоа :

Деесетен систем

Стотен систем

Нумерички систем

Комбиниран систем.

Како резултат на постоењето на различни номенклатури во различни

земји се јавила потреба на меѓународен план да се отвори процес на

меѓународно усогласување на номенклатурите во националните царински

тарифи, односно да се изврши унифицирање и стандардизирање, како на

називите така и на шифрарските ознаки на стоките кои се предмет на

меѓународната размена.

Како резултат на сето тоа во 1931 год. во Женева е донесена првата

меѓународна царинска номенклатура наречена “Женевска номенклатура”, а во

во 1983 год. е донесена “Меѓународната конвенција за хармонизираниот

систем на називите и шифрарските ознаки на стоките”, таканаречена

“Хармонизирана номенклатура”.

3.2. Царински стапки

Царинските стапки содржани во царинската тарифа го изразуваат

степенот на царинска заштита на националното стопанство од странската

конкуренција. Царинските стапки на поооделните видови стоки треба да се

одредат на ниво со кое се обезбедува одредена долгорочна царинска заштита,

која ќе има позитивно влијание врз развојот на домашното стопанство.

Интензитетот на царинска заштита т.е. на конкретните царински стапки

на поеднечните видови стоки, треба да произлезат од една сеопфатна

анализа на состојбите во националната економија, пред се имајќи ги во

предвид нивото на економската развиеност , стопанската и производствената

10

Page 11: Carinska Tarifa

структура, посебно развојот на младите индустриски гранки , конкурентната

способност на домашното стопанство на странските пазари.

Нивото на царинските стапки треба да овозможи ефикасна заштита на

домашното стопанство, од една и , воедно, да претставува стимулативен

фактор за постигнување на повисока економичност и продуктивност, од друга

страна.

4.Проверка на царинската делкарација

При проверка на царинската декларација, односно за да може да се

изврши контролата на распоредувањето на стоката, според Царинската

тарифа, потребно е во царинската декларација или во приложените документи

кон царинската декларација да бидат наведени сите потребни податоци за да

може стоката да се распореди во соодветна тарифна ознака на Царинската

тарифа.

Доколку од податоците наведени во приложените документи кон

царинската декларација недостасуваат податоци од кои зависи

распоредувањето на стоката според Царинската тарифа, задолжително треба

да се бараат дополнителни документи од декларантот/застапникот ( на пример

каталог, производна спецификација)

Доколку при проверка на царинската декларација е утврдено дека

стоката не се распоредува во тарифна ознака која што е наведена во

царинската декларација се изготвува “Застапник за распоредување на стоката

според Царинската тарифа ”, во два примерока . Еден примерок од застапникот

е наменет за декларантот, а другиот примерок за царинската испостава која го

изготвила записникот.

При пополнување на Записникот за распоредување на стоката според

Царинската тарифа, задолжително мора да се наведе законската основа, врз

основа на која е извршено распоредување на стоката. Како законската треба

да биде наведено:

1. Повикување на основните правила применети за распоредување на

стоката (овој податок е задолжителен за пополнување). Секогаш кога стоката

11

Page 12: Carinska Tarifa

се распоредува на десетоцифрена тарифна ознака се применува и основното

правило 6.

2.Повикување на одредени забелешки кон Одделите или Главите на

Царинската тарифа, повикувања на одредени исклушувања, како и повикување

на Коментарот на Хармонизираниот Систем на Светската Царинска

Организација.

5.Задолжителна тарифна информација

Задолжителната тарифна информација (ЗТИ) е клучен инструмент за

правилна примена на Законот за царинска тарифа. Таа е наменета за да им се

олесни на фирмите правилно распоредување на стоката според Царинската

тарифа. На овој начин тие однапред ќе го знаат тарифното распоредување на

стоката што имаат намера да ја увезуваат или извезуваат.

Главните цели на задолжителната тарифна информација се:

Да обезбеди соодветна правна гаранција на фирмите

Да обезбеди униформно толкување и примена на номенклатурата на

Цариснката тарифа во целата државата

Да обезбеди правилно утврдување на увозните давачки, даноците

како и примена на други правни мерки кои се поврзани од

распоредувањето на стоката.

Задолжителната тарифна информација може да ја користи само

имателот на информацијата. Задолжителната тарифна информација може да

се користи само во момент на царинарење при увоз или извоз на стоката ,

односно пред да биде завршена постапката на царинарење. Задолжителната

тарифна информација не може да се употреби ретроактивно.

Имателот на информацијата при споредувањето на царинските

формалности е должен да го информира царинскиот орган дека поседува

задолжителна информација во поглед на стоката која се царини.

Имателот на информацијата, задолжителната тарифна информација

може да ја користи во поглед на конкретната стока само ако царинскиот орган

утврди дека пресметаната стока одговара во секој поглед со онаа опишаната

во приложената информација.

12

Page 13: Carinska Tarifa

Доколку имателот на информацијата не се согласува со законските

основи за распоредувањето на стоката во издадената ЗТИ, има право на

жалба.

За издавање на задолжителната тарифна информација, се наплаќа

надомасток за направени услуги во износ од 40 евра, во денарска

противвредност. Ако за издавањето е потребна анализа или експертиза за

стоката, тогаш се наплаќаат и реалните трошоци за извршената анализа или

експертиза. Барањата за издавање на задолжителната тарифна информација

се поднесуваат во писмена форма до Царинската управа. Барањето се

одесува само за еден тип на стока. Ако по прием на барањето Службата смета

дека барањето не ги содржи сите потребни податоци за идавање на ЗТИ, ќе

побара од подносителот на барањето да ги достави сите потребни податоци.

Рокот од 3 месеци почнува да тече од моментот кога царинскиот орган ги има

сите информации потребни за донесување на одлука. Царинскиот орган го

известува подносителот дека барањето е прифатено и дека од тој момет

наведениот рок почнува утре.

Задолжителната тарифна информација се издава на пропишан образец.

Ако не постои можност да се изготви задолжителна тарифна информација во

рок од 3 месеци од денот на прифаќањето на барањето, Службата за

царинската тарифа ќе го информира подносителот на барањето за причините

за доцнењето и рокот до кој очекува да ја издаде информацијата.

Задолжителната тарифна информација нормално има важност 3 години

од датумот на нејзиното издавање. За престанок на важноста на

задолжителната тарифна информација, Службата за царинска тарифа го

известува имателот на информацијата. Под определени услови неведени во

Царинскиот закон, имателот на информацијата може и понатаму да ја

користи задолжителната тарифна информација во рок од 6 месеци од денот

на службеното објавување или известување. Задолжителната тарифна

информација се поништува по службена должност , ако била издадена врз

основа на непотполни или неточни информации од барателот. За

поништувањето на информацијата ,Службата за царинска тарифа го известува

имателот на информацијата.

13

Page 14: Carinska Tarifa

6. Заклучок

Царината се дефинира како јавна давачка што државата ја наплаќа при

надворешно трговски промет, главно при увоз на стоки со цел преку заштита на

домашното стопанство да се оствари економски раст и развој на националната

економија. Најголемиот дел од стоките што се увезуваат подлежат на плаќање

на царина.Употребата на царинската тарифа е клучен инструмент со кој

царинската служба постигнува правилно распоредување на стоката при увоз

или извоз.

Постојат неколку видови на царински тарифи коишто се класифицирани

врз основа на различни критериуми. Според насоката на движење на стоките

тарифите можат да бидат:увозни, изозни и провозни т.е. транзитни. Увозните и

извозните царински тарифи можат да бидат посебни, општи и парцијални.

Според начинот на пресметување на царината царинските тарифи се делат

на:царински тарифи по вредност, специфични царински тарифи и комбинирани

царински тарифи. Според на начинот на донесување тарифите можат да

бидат: автомонмни, конвенционални и комбинирани, а според бројот на колони

на царинските стапки тарифите можат да бидат: едноколони, двоколони и

повеќеколони царински тарифи.

Кога станува збор за составот на царинските тарифи важно е дека тие

се состојат од два елементи и тоа : номенклатура на царинските тарифи и

царински стапки.

14

Page 15: Carinska Tarifa

7.Користена литература:

Др.Јованка Биљаноска, Царински систем и царинско работење, 2002

стр 266-272

Проф. Д-р Миладин Кртаноски, Асс. М-р Данијела Смилевска,

Царинсо работење,Охрид 2008

Закон за Царинска тарифа

http://www.customs.gov.mk/Uploads/Zakon_za_carinska_tarifa_2005.pdf

Царинска тарифа и распоредување на стоката според царинската

тарифа

http://www.customs.gov.mk/Uploads/A1_Carinska%20Tarifa_final.pdf

15