ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
civic education
mace
donian
cente
r
MCGO
AKEDONSKIENTAR ZARA\ANSKOBRAZOVANIE
СОДРЖИНА
Вовед ................................ 2
Компетенции и стандардиза стручните соработнициЗошто? Како? Што е направено? ........... 4
Предлог процес за реализација на професионалниот развој на ниво на училиште ..................... 6
Професионален развој нанаставниците и стручнитесоработници ................... 8
Изготвени финансискисценарија за системот за професионален и кариерен развој на наставниците ............ 10
БИЛТЕН број 2февруари 2015
Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставницитее финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, којае вклучена во активностите поврзани со изготвување на стандарди и компетенции за наставници.
Целта на проектот е да се надгради и подобри системот за професионалени кариерен развој на наставниците и на тој начин да придонесе за поквалитетна воспитнообразовна работа на наставниците и повисоки постигања научениците во Република Македонија.
Проектот започна да се спроведува во декември 2012 година и ќе трае дојуни 2015 година.
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците се спроведува со поддршка на Бирото за развој на образованието.
2ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
ВОВЕД
Почитувани читатели,
Во првото издание на Билтенот имавте можност да прочитате за анализата на политиките ипраксата на професионалниот ина кариерниот развој на наставниците во Република Македонија, во која се идентификуваапотребите и се дадоа препоракиза подобрување на професионалниот развој и воспоставување на функционален систем занапредување во звања на воспитнообразовниот кадар.
Во изминатиот период работевме на реализирање на дел одпрепораките произлезени од ана лизата. Работните групи, составени од претставници од клучните образовни институции, прет ставници од факултетите кои образуваат наставници и стручнисоработници и практичари одучилиштата, со поддршка на Македонскиот центар за граѓанскообразование и во соработка соФондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, ги изработија следните документи за професионалниотразвој на воспитнообразовниоткадар во училиштата:
l Нацрт на основни професионални компетенцииза наставници;
l Нацртстандарди за наставникментор;
l Нацртстандарди за наставниксоветник;
l Нацрт на основни професионални компетенцииза стручни соработници;
l Нацртстандарди за струченсоработникментор;
l Нацртстандарди за струченсоработниксоветник;
Компетенциите и стандардите, кои претставуваат основа запонатамошно градење на капацитетите на воспитнообразовниот кадар и придонесуваат заунапредување на севкупниот образовен систем на националнониво, беа одобрени од страна начленовите на Советодавното тело на проектот1 и понатаму беавградени во соодветната законската регулатива. Нацртдокументите може да ги најдете наадресата: http://mk.mcgo.org. mk/usaidteacherprofessionalandcareerdevelopmentproject/ вопапката Стандарди.
Исто така изготвивме Упатство за следење на работата ипланирање на професионалниотразвој на наставниците и стручните соработници во основните
1 Советодавното тело на Проектот за ПКРН е составен од претставник од МОН директорите на сите образовни институции во државата и претседателот на СОНК.
3ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
и во средните училишта, што сепилотира во нацртверзија во 14основни и средни училишта одстрана на околу 150 наставниции стручни соработници за да седобијат мислења и сугестии занегово квалитативно подобрување. Упатството содржи опис напроцедурите и улогите на различните органи и тела во училиштето што се вклучени во реализација на професионалниотразвој, како и инструменти и техники за следење на работата навоспитнообразовниот кадар. Вонего се промовира нов приод вопрофесионалниот развој споредкој секој поединец презема одговорност за понатамошно градење на личните компетенции, апоголема улога им се дава и настручните активи како најдобраформа на колегијално учење наедни од други.
Наша главна цел е промовирање и наградување на најдобрите практичари. Работната група за изготвување на процедурии инструменти за напредувањево звања на воспитнообразовниот кадар работи на поставување на систем, процеси и процедури прифатливи за сите засегнати страни во системот. Нашата визија за системот за кариерно напредување на воспитнообразовниот кадар и изготвените документи е дека ќе ги идентификува најдобрите практичари во училиштата. За да бидефункционален, овој систем тре
ба да биде дополнет со прецизни предвидувања на целокупното буџетско оптоварување од неговото реализирање. Затоа проектот, во соработка со Минис терството за образование и наука, изготвува финансиски симулации на системот за професионален и кариерен развој, со целда обезбедиме транспарентен,праведен и одржлив систем занапредување во звања на настав ниците и на стручните соработници. За воспоставување на функ ционален и одржлив систем запрофесионален и кариерен развој, кој ќе придонесе за повисоки постигнувања на учениците, еодговорен целокупниот кадарво училиштата, при што особеное значајна улогата на директорите. За таа цел, во соработка соДржавниот испитен центар, проектот го поддржа изработувањето на Основните професионалникомпетенции за директори наосновните и на средните училиш та, кои ќе послужат за професионален развој на раководниоткадар во училиштата.
Ова е само краток опис намногуте интересни и важни активности што се случуваат вопро ектот, а што се дел од овојБилтен, па затоа ве поканувамеда ги прочитате.
Со почит,
Вера Кондиќ Митковска, Раководител на проектот
Додека траеше јавната расправа за компетенциите за наставници, до нас почнаа да стигнуваатпредлози дека и за стручните соработници (педагози, психолози, социолози, дефектолози и социјални работници) е неопходно да се изготватопи си на потребните компетенции. Предлозитедоаѓаа и од наставниците и од стручните соработници. Образложенијата упатуваа на потребата зајасно дефинирање на обврските на стручните соработници. „Ако има компетенции и за нас, ситеќе можат да видат што треба да работиме, а не данè гледаат како административци“ (изјава на стручен соработник).
4
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
КОМПЕТЕНЦИИ И СТАНДАРДИ ЗА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИЗОШТО? КАКО? ШТО Е НАПРАВЕНО?
Предизвици во процесот на изготвувањето.При изготвувањето на компетенциите и стандардите за стручните соработници се договоривмедека документите треба да имаат слична структура како оние за наставниците: професионални ставови и вредности од кои ќе се раководат, опис накомпетенциите според подрачјата на работа и примери на активности. Јавните дискусии што ги водевме со стручните соработници и со матичнитефакултети беа насочени кон следниве прашања:
(1) дали за секој профил на стручен соработник треба да се изготват посебни описи на компетенциите и
(2) во која мера компетенциите треба да ги надминуваат компетенциите стекнати во текот на студиите, со оглед на тоа што повеќето профили не се оспособуваат специфично за работаво училишта.
Професионалната заедница ги прифати компетенциите и стандардите. Во документите што беа најавна расправа и за коишто се одржаа консултации со факултетите и со регионалните здруженија настручни соработници беше истакнато дека стручните соработници во работата треба да се раководатод следниве вредности: најважен им е ученикот; имаат професионален интегритет; доверливи се; водатгрижа да обезбедат еднаквост, инклузија и социјална правда; покажуваат иницијатива и работат на континуиран развој на училиштето. Компетенциите за сите стручни соработници се однесуваат на: работасо ученици, наставници и со родители, соработка со заедницата, професионален развој и професионална соработка, аналитичкоистражувачка работа и подобрување на училишната структура, органи
ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
5
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
зација и клима. Повеќето компетенциисе заеднички за сите профили, но вклучивме и опис на карактеристиките во работата на секој профил, како и некоимногу специфични компетенции за секојод стручните работници. Како што речево дискусијата еден стручен соработник: „Ние работиме тимски и добро ешто компетенциите ќе придонесат да сеформира профил на стручен соработникшто во работата ги има во прв план потребите на субјектите со кои работиме,но не се зафаќа со работи за кои не екомпетентен“.
Компетенциите и Стандардите за стру чен соработникментор и стручен соработниксоветник, покрај тоа што ќе секористат при унапредувањето во звања,ќе се користат и за планирање и следење на нивниот професионален развој.
Нацрткомпетенциите и нацртстандардите за стручни соработници по вгра дувањето на сугестиите од јавната расправа ги разгледа и ги прифати Советодавното тело на проектот. Со цел да сеобезбеди законска основа за нивна примена, Бирото за развој на образованието ќе му предложи на министерот за образование и наука да ги донесе нацрткомпетенциите и нацртстандардите застручни соработници.
Нацрт на основните професионалникомпетенции и нацртстандардите застручен соработникментор и нацртстандардите за стручен соработниксоветник може да ги најдете на адресата:http://mk.mcgo.org.mk/usaidteacherprofessionalandcareerdevelopmentproject/ во папката Стандарди.
ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
6 7ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
ПРЕДЛОГ ПРОЦЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА НИВО НА УЧИЛИШТЕ
Забелешка:* Наставникот во јуни прави евалуација врз основа на основните професионални компетенции од каде избира ограничен број компетенции за кои стручно ќе се усовршува во текот на годината. При самоевалуацијата наставникот ги зема предвид
белешките и извештаите од интерното и екстерното следење со кои тој располага.** Подразбира самостојно учење преку акциски истражувања, учество на вебинари, online обуки, користење на стручна литература.*** Поддржуван професионален развој ќе му се додели на наставник кој не го реализирал личниот план за професионален развој. На предлог на стручниот актив, оваа одлука ќе ја донесе директорот во консултација со струната служба.
Процесот е исцртан согласно работата на групата за следење и професионален развој во рамките на Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците.
Следење на планирањето и реализацијата
на наставни и воннаставни
активности
Рефлексија на работата
и анализана портфолиото
Самоевалуација* и изготува личен
план за проф. (ПР) развој
Директор
Временска рамка:
Наставник
Стручен соработник
Стручен актив
Тим за професионален развој
Биро за развој на образованието
Центар за стручно образование и обука
Државен просветенинспекторат
Државен испитен центар
Акредитирани понудувачина обука
Го разгледува и со наставникот
го финализираличниот план за ПР
Изготвуваплан за проф.
развој за целотоучилиште
Го одобрува училишниот план
за проф. развој
Акредитира програми за обука
Следење на планирањето и реализацијата
на наставни и воннаставни
активности
Нагледничасови
ИНТЕРНО СЛЕДЕЊЕ
ЕКСТЕРНО СЛЕДЕЊЕ
Извештаи од советодавнастручна посета
на часови
Извештаи од советодавнаконсултативна
работа
Индивидуално оценување
на наставникот
Индивидуалноучење**
Доказиза исполнетост
на компетенциите
Извештај за реализација
на личниот план за проф. развој
Нов циклус на професионален
развој
Извештај за реализираниот план за проф.
развој
Годишен извештајза резултатите од
реализираниот план за ПР
Повратна инфор.за реализација
на личнот план запроф. развој
Поддржанпрофесионален
развој***Организира
интерни обуки /дисеминација /
Менторска /колегијалнаподдршка
Организираат обуки за воспитно
образовниот кадар
Резултати од екстерни тестирања
јуни август мај јуни
8ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Сите истражувања го потврдуваат влијанието на квалитетот на наставниците врз постигањата на учениците. Сè поевидентна е констатацијатадека училиштата се толку добри колку и воспитнообразовниот кадаршто работи во нив. Затоа од наставниците и од стручните соработницисе очекува постојано да ги надградуваат своите професионални компетенции преку континуирано стручно усовршување и посветеност кон доживотно учење. Во тој контекст потребно е училиштата систематски даја следат работата на наставниците и на стручните соработници и да имобезбедат поддршка за нивен континуиран професионален развој.
Карактеристики на добар училиштен систем за професионален развој
Добриот училиштен систем за професионален развој им овозможувана сите вработени да добијат поддршка соодветна на нивните индивидуални потреби за да одговорат на потребите на учениците. Меѓутоа,одговорноста за професионалниот развој и за ефектите од него е личнаодговорност на секој поединец.
Планирањето на професионалниот развој првенствено се базира насамоевалуација преку која секој поединец ги идентификува своите јакии слаби страни, како и подрачјата за подобрување. Оттука, училиштататреба да поттикнуваат практика на објективна и искрена самоевалуација на наставниците и на стручните соработници.
Ретко кога сериозен напредок во работата се случува случајно. Затоанеизбежно е професионалниот развој да се планира, а основна цел напланирањето да биде изнаоѓање на ефективни начини за надминувањена јазот меѓу посакуваното и постојното ниво на квалитет на воспитнообразовниот кадар.
Професионалниот развој е континуиран процес на подобрување наквалитетот на работата на вработените. Во овој процес улогата на директорот е клучна и тоа првенствено преку соодветно вреднување наработата и правично распределување на средствата и можностите застручно усовршување.
Насоки за планирање на професионалниот развој на воспитнообразовниот кадар
За да им помогнеме на училиштата да го подобрат професионалниотразвој, проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој изра
ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ И НА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
9ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
боти Упатство за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и на стручните соработници.
Упатството го изработи експертска група составена од наставници,стручни соработници и директори, советници од Бирото за развој на образованието, советници од Центарот за стручно образование и обука иинспектори од Државниот просветен инспекторат.
Во него се содржани насоки за:
l следење на работата на воспитнообразовниот кадар;
l идентификување на индивидуалните потреби за стручно усовршување и планирање на професионалниот развој;
l планирање на професионалниот развој на ниво на училиште;
l следење на ефектите од професионалниот развој.
При изработка на Упатството внимававме да ги задржиме добритеучилишни практики и се трудевме да внесеме нови современи практикиза професионален развој што постојат во високо развиените образовнисистеми. Имајќи ги предвид карактеристиките на добриот училиштенсис тем, наведени погоре, новина во процесот претставува самоевалуацијата на професионалните компетенции како основа за планирање напрофесионалниот развој. Врз основа на резултатите од самоевалуацијата, наставникот/стручниот соработник изготвува личен план за професионален развој, што е основа за изработка на планот на ниво на училиште. Друга новина е определување на поддржан професионален развој за наставниците и за стручните соработници кои нема да го реализираат личниот план за професионален развој. Тоа подразбира доделување на ментор, кој во наредната година ќе му помогне на наставникот/стручниот соработник при планирањето и реализацијата на планот. ВоУпатството, исто така, се дадени многу примери на обрасци што можеда ги користат училиштата.
Пилотирање на процесот за професионален развој
За да се усогласат предложените процедури и обрасците во Упатството со потребите и можностите на воспитнообразовниот кадар и условите што постојат во училиштата, 14 училишта во Македонија ќе го пилотираат Упатството пред да биде применето на национално ниво.
Доколку и вие сакате да го пилотирате процесот на професионаленразвој и подетално да се запознаете со новините опишани во Упатствотоза следење на работата и планирање на професионалниот развој на нас тавниците и на стручните соработници во основните и во среднитеучилишта, ве молиме да ни пишете на нашата електронска адреса [email protected] и на [email protected], а ние ќе ви ги испратиме потребните материјали.
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
10ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
ИЗГОТВЕНИ ФИНАНСИСКИ СЦЕНАРИЈА ЗА СИСТЕМОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Една од компонентите на проектот на УСАИДза професионален и кариерен развој на наставниците е насочена кон изработка на сценарија запотребните финансиски средства што треба дасе обезбедат за непречен професионален и кари ерен развој на наставниците.
Член 211) Наставниците се обврзани на континуирано
стручно усовршување да посветат најмалку 60 часа во текот на три учебни години.
2) Во рамките на 60 часа стручно усовршувањеспаѓаат обуките што наставниците ги посетуваатво и надвор од училиштето, од кои нај малку 40 часа се од учество на акредитирани програмиза обука за што средства се обезбедуваат во буџетот на Бирото за развој на образованието.
3) Акредитацијата на програмите за обука од став 2) на овој член ја врши Бирото за развој на образованието, согласно со Законот за Бироза развој на образованието.
4) Секој наставник во рок од три години поминува10 часа обука за приоритетни програми определени од министерот за што средства се обезбедуваат во буџетот на Бирото за развојна образованието.
5) Секој наставник во рок од три години поминува10 часа обука за личен професионален развој.Трошоците за обуката за личен про фе сионаленразвој се на товар на наставникот.
Извор: Закон за наставници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15)
Во рамките на оваа компонента треба да се утврдат различни извори на финансирање на професионалниот развој на наставниците. Во испитувањето2 на финансирањето на професионалниот развој е утврдено дека во 2013 година, 19% од опфатените општини и 15% од училиштата во тие општиниобезбедиле средства за професионален развој нанаставниците. Тој износ бил речиси еднаков на износот што за истата година го обезбедила државата преку БРО за истата намена, но за сите училишта од цела држава. Ова е показател за постоење свест за потребата од континуирано стручноусовршување на наставниците со средства обезбедени од различни извори на финансирање.
За да ги предвидиме финансиските оптоварувања на буџетот на Република Македонија од предложените решенија за професионален развој насите наставници, ние изготвивме финансиски сценарија.
За да може навремено и реално да се планираат потребните средства во буџетот и решенијатада почнат да се применуваат и за да може да обезбедиме различни пристапи во финансирање настручното усовршување на наставниците, изработивме две финансиски сценарија:
1) Утврдени финансиски обврски на МОН/БРО ина општините за обезбедување по пет (5) часастручно усовршување за наставниците на ниво на
општини. Се претпоставува дека со овој модел ќесе следи и дисеминацијата на стекнатото знаењана ниво на училиште и општина, односно дека неколкукратно ќе се зголеми бројот на обучени наставници. На тој начин чинењето на обука по наставник значително ќе се намали, а со тоа и оптоварувањето на централниот и на локалниот буџет.
2) Утврдени финансиски обврски на МОН/БРОза обезбедување на шеесет (60) часа стручно усо вршување за сите наставници и стручни соработници во РМ за период од три (3) години. Овој модел е прифатен од страна на МОН/БРО и е внесенво законската регулатива.
2 Извештај од испитувањето на мислењата на општините за нивната улога во стручното усовршување на наставниците (МЦГО, 2014).
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
11ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
Двете сценарија беа дискутирани со претставници од МОН иод БРО пред да им бидат доставени на БРО и МОН за понатамошна употреба и планирање наидните активности поврзани сопрофесионалниот развој на наставниците и на стручните соработници.
Покрај тоа работевме и на финансиски симулации на чинењето на различни решенија за да сеовозможи напредување во звања на наставниците. Врз основана досегашните истражувањашто ги спроведе проектот во соработка со БРО, се претпоставува дека 15–20% од наставницитеќе ги исполнат условите за звањето наставникментор, а 5–7 %од наставниците ќе ги исполнатусловите за наставниксоветниккога системот за напредувањево звања ќе биде во целост применет (минимум 5 години).
Проектот изготви неколку модели за напредување во звањетонаставникментор што ги имаатследниве предности и слабости:
1) Унапредување на наставнициментори според утврдениотброј наставници на училиш но ниво: Ова е модел што постои возаконската регулатива, а гоограничува бројот на наставницишто можат да напредуваат вокариерата на годишно ниво: подвајца наставници во малитеучилишта (до 50 наставници) ипо тројца наставници во големите училишта (над 50 наставници)и со дополнителната поделба научилишта (до 10, до 20,...., до 150наставници) е утврден бројот на
наставници што треба да се стекнат со звањето наставникментор и колкави ќе бидат финансиските оптоварувања по училиште. Според овој модел, вработените во малите училишта ќего достигнат максималниот бројна наставнициментори и наставницисоветници многу пораноотколку нивните колеги во големите училишта. Притоа се потребни 15 години за напредување во звање во сите училишта.Овој модел го отвори прашањето на правичност, мотивација иможностите што им се нудат нанаставниците кои ќе ги исполнатстандардите за напредување вокариерата. Поради тоа се пристапи кон развивање на моделотопишан подолу.
2) Унапредување на наставнициментори според број определен на општинско ниво: Утвр дене бројот на наставници што треба да се стекнат со звањето наставникментор на ниво на др жава и колкави ќе бидат финансиските оптоварувања по општини (без оглед на големината научилиштата) за период од пет (5)години, земајќи го предвид бро јот на наставници и просечниотброј на ученици по наставник. Сепак, поради нееднаквиот соод нос на бројот на ученици на еденнаставник на национално ниво,се предложи формула која ги зема предвид бројот на студенти,број на училишта и на бројот нанаставниците на ниво на општина, при што најголемо влијаниеда има бро јот на ученици какокрајни корисници на ефектот одработата на наставницитементори. Бројот на наставницименто
ри по општина секоја година даго определува МОН, земајќи гипредвид горенаведените параметри.
3) Унапредување на наставници и на стручни соработници возвањата ментори и советнициспоред број определен на др жав но ниво: Утврден е бројот нанаставници стручни соработници што треба да напредуваат возвања и колкави ќе бидат финансиските оптоварувања (без оглед на големината на училиштата) за период од пет (5) години.Овој модел беше најприфатливза МОН и е внесен во законскатарегулатива.
При изработката на финансиските сценарија користевме податоци од интернетстраницата наДржавниот завод за статистикаи податоци добиени од МОН. Истовремено ги обработивме собраните податоци по општини,земајќи предвид повеќе параметри, како на пр.: демографскиподатоци за наставниците, јавната потрошувачка за образованието, постигнувањата на учениците на меѓународните тестирања ТИМСС (2011, 2003 и 1999) иПИРЛС (2006 и 2001), а по региони е утврдена и просечната вред ност на бруто домашниот производ во однос на државни отпро сек за периодот 2000–2011година, со цел да се најде повр заност на квалитетот на образованието и економскиот развој.Оваа база може да претставуваодличен извор на податоци прикреирање на образовните и развојните политики на државно ина општинско ниво.
Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk
Овој документ е подготвен од страна на Проектот за професионален и кариерен развој нанаставниците со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата, изразени во овој документ, им припаѓаат на авторитеи не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владатана Соединетите Американски Држави.
ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ
civic education
mace
donian
cente
r
MCGO
AKEDONSKIENTAR ZARA\ANSKOBRAZOVANIE
Уредувачки одбор:Лорета Георгиева, Извршен директор на МЦГОВера Кондиќ Митковска, Раководител на проектотМитко Чешларов, Раководител на сектор, Биро за развој на образованиетоАлександар Стамболиев, Координатор за програмски активности и комуникацииГорица Мицковска, Специјалист за образованиеБеса Речи, Асистент на проектот
Издавач: Македонски центар за граѓанско образование
Дизајн: Билјана Михајловска
Вашите мислења и сугестии поврзани со прашања за унапредување на системот за професионален и кариерен развој може да ги испраќате на [email protected].
Сл
ед
ете н
ѐ н
а:
htt
p:/
/ww
w.m
cg
o.o
rg.m
k/u
said
-teach
er-
pro
fessio
nal-
an
d-c
are
er-
de
ve
lop
me
nt-
pro
jec
t