Download - Opst plan na gradba na digestiven sistem
ОПШТ ПЛАН ЗА ГРАДБА НА
СИСТЕМОТ ЗА ДИГЕСТИЈА
1. ФУНКЦИЈА на системот за дигестија:
а) обработка на храната (механичка и хемиска)
б) ресорпција на хранливите материи од храната и
в) отсртанување на несварените состојки од храната надвор од организмот.
2. Според функцијата ОРГАНИТЕ ВО СИСТЕМОТ ЗА ДИГЕСТИЈА се поделени на:
а) систем за дигестија (дигестивен тракт)
б) додатни органи – жлезди (дигестивни жлезди)
3. СИСТЕМОТ ЗА ДИГЕСТИЈА СЕ СОСТОИ ОД:
а) усна празнина
б) голтка (голтник)
в) хранопровод
г) желудник
д) тенко и дебело црево
ѓ) анален отвор
• Сите овие органи заедно го сочинуваат гастроинтестиналниот тракт, кој преку спојка за поврзување (mesenterium) се поврзува за ѕидот на стомачната празнина.
• Сите органи од дигестивниот тракт се обвиткани со стомачна кошулка (pitoneum).
4. ДИГЕСТИВНИ ЖЛЕЗДИ СЕ:
а) плунковни жледи
б) црн дроб
в) поджелудечна жлезда
• Ѕидот на дигестивната цевка е изградена од два до три слоја на мазни мускули, меѓу кои има сврзно ткиво, а внатрешноста на каналот е обложена со слузокожа.
• Контакцијата на мускулните слоеви овозможува:
- мешање на храната и
- движење на храната.
• КРУЖНИ МУСКУЛИ (сфинктери)
- Се наоѓаат во ѕидовите на цревото и го помагаат еднонасочното движење на храната, а се наоѓаат при преминување од:
желудникот тенкото црево
дебело црево ректум
Работата на дигестивниот систем е регулиран од:
• Нервниот систем и
• Ендокриониот систем
ДИГЕСТИЈА НА ХРАНАТА ВО ОДДЕЛНИ ДЕЛОВИ ОД СИСТЕМОТ
1. УСНА ПРАЗНИНА•почетен дел од системот за дигестија;•органи во усната празнина се: јазикот, забите и плунковните жлезди;
Јазикот е: • мускулен орган кој ја прима и учествува во
мешањето на храната; • тој е и сетило за вкус и учествува во
артикулација на говорот;• на него разликуваме: врз, тело и корен преку
кој е прицврстен за дното на усната празнина.
забите• се цврсти органи, сместени во забни јамички
(alveoli) на горната и долната вилица;• учествуваат во механичката обработка на храната,
ситнење на храната и мешање со плунката;• млечни се 20 на број и се јавуваат меѓу 6 и 12 месец
од животот;• постојаните заби се 32 на број и ги заменуваат
млечните меѓу 6 и 8 година;• на секоја вилица има по 16 заби (по 8 на секоја
половина);• се разликуваат по формата, бројот и функцијата (4 –
секачи, 2 – песјаци, 4 – преткатници и 6 – катници); • на секој заб се разликува: слободен дел (коронка),
корен на забот (кој лежи во алвеолата) и врат (кој ја поврзува коронката со коренот на забот).
плунковните жлезди се: • доушни, подвилични, подјазични и мали
букални плунковни жлезди;• лачат плунка (saliva);• дневно се лачи од 1-1,5 л плунка (во зависност од конзистенцијата на храната)• плунката содржи: - серозен дел – кој содржи 99% вода и
ензими (пријалин, малтаза и лизозим) и соли на Na, K, Cl, бикарбонати и др. и
- мукозен дел – се состои од густ и лигав секрет муцин.
плунковни жлезди
ДИГЕСТИЈА ВО УСНАТА ПРАЗНИНА
1. МЕХАНИЧКА ОБРАБОТКА НА ХРАНАТА – - Учествуваат
јазикот, забите и плунката
(која ја навлажнува храната со што се олеснува џвакањето, формирањето на залакот и голтањето на храната);
2. ХЕМИСКА ОБРАБОТКА НА ХРАНАТА
• Во усната празнина делуваат ензимите од плунката врз скробот од храната
А) ПТИЈАЛИН – го хидролизира скробот (полисахарид) и го разложува до малтоза (дисахарид);
- Ако храната подолго време се задржи во устата, ензимот малтаза ќе ја разложи малтозата до глукоза.
• ПЛУНКАТА СОДРЖИ:- голем процент на вода- минерални соли- ензими (птијалин, малтаза, лизозим)- муцин (лигав секрет)
Б) МУЦИН – го обвиткува залакот и формира меки и влажни топки за полесно голтање;
В) ЛИЗОЗИМ – ензим со бактерицидно дејство кој ги уништува микроорганизмите внесени со храната;
Г) БИКАРБОНАТИ – ја одржуваат неутралната рН во устата во границата меѓу 6,5 и 7,5 рН (дури и кога со храната се внесуваат некои продукти со кисел вкус).
• ГОЛТНИКОТ е заеднички орган на системот за дигестија и респирација;
- Овде оформениот залак со помош на јазикот рефлексно се бутка наназад и се голта, преминувајќи во хранопроводот.
- Потоа отворот од гркланот се затвора со капачето и на тој начин се спречува навлегувањето на храната во дишните патишта.
• Во системот за дигестија, голтникот продолжува во хранопроводот, а во системот за респирација на неа се надоврзува гркланот.
- ХРАНОПРОВОДОТ е мускулест орган долг околу 25 см, кој ги поврзува голтникот со желудникот.
- Хранопроводот на патот од градната во стомачната празнина, зедно со крвните садови и n.vagus , преку посебен отвор поминува низ дијафрагмата.