eltam ЕЛТАМ

38
ELTAM ENGLISH LANGUAGE TEACHERS ASSOCIATION OF MACEDONIA 10 YEARS ЕЛТАМ АСОЦИЈАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО РМ 10 ГОДИНИ Скопје, 2010 година

Upload: dinhquynh

Post on 11-Jan-2017

247 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 1

ELTAM

ENGLISH LANGUAGE TEACHERS ASSOCIATION OF MACEDONIA

10 YEARS

ЕЛТАМ

АСОЦИЈАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО РМ

10 ГОДИНИ

Скопје, 2010 година

Page 2: ELTAM ЕЛТАМ

2 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Издавач: ЕЛТАМ

Автор и уредник: Елизабета Христовска

Редакциски одбор: Гордиана Ѓоргова, Мирослава Павлова Аневска,

Александра Поповски Голубович, Валентинa Кикеркова, Соња Димитрова, Ричард НиколовТехнички уредник и дизајн : Андријана Ивановска

Печати: График Мак принт, Скопје

Page 3: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 3

МОНОГРАФИЈА10 ГОДИНИ ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазикво Република Македонија

Кон Монографијата

Одбележувањето јубилеи и годишнини од активно работење и дејствување во разни сфери од оштествениот живот претставува сублимација и еден поглед во минатото со кое секоја институција која доаѓа до едно временско заокружување на своето пос-тоење, се гордее со досега сработеното, а тоа истото дава поттик и огромен енту-зијазам за продолжување на веќе постоечките и започнување на нови и атрактивни активности за некој нареден јубилеј.

Постоењето и активно делување од веќе 10 години на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик на Република Македонија – ЕЛТАМ (English Language Teachers’ Association of Macedonia) е своевиден доказ за безбројните активности на огромен број членови од оваа наша асоцијација во изминатиот период, кое исто така е и голем поттик за сите нас и за сите наши идни колеги и колешки, соработници и поддржувачи во нашите идни планови за размена на информации преку конференции, семинари, работилници, сора-ботка со владини и невладини институции кои се насочени во професионални актив-ности за изучување на англискиот јазик. Клучот за нашето 10-годишно постоење е во безрезервната и беспрекорна соработка на сите нас, наставниците по англиски јазик од нашата држава, поранешни, сегашни и идни членови на ЕЛТАМ, како и поддршката од сите оние поединци и институции надвор од асоцијацијата кои се наведени во оваа Монографија.

Чест е да се биде член на ЕЛТАМ, а стремеж и желба на сите нас е секогаш да имаме што повеќе свежи и нови идеи и многу млади членови кои ќе го имаат ова исто задовол-ство и гордост да пишуваат нови монографии за ЕЛТАМ.

Со почит, Претседател Елизабета Христовска

Page 4: ELTAM ЕЛТАМ

4 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Профил на елтам-асоцијација на наставниципо англиски јазик на република македонија

Општа цел на организацијата:

Асоцијацијата на наставници по англиски јазик на Република Македонија ЕЛТАМ е добро-волно, неполитичко, непартиско и невладино, непрофитабилно здружение на граѓани на Ре-публика Македонија кои се занимаваат со настава, студирање и истражување на англискиот јазик и книжевност во функција на општеството и неговите потреби.

Во својата организација и работење се придржува до демократските принципи, го почитува уставот и законите, политички, верски е неопределено и лојално на својата држава. Една од основните цели е поврзување и подржување на професионалниот развој на наставниците по англиски јазик и книжевност.Меѓу специфичните цели на ЕЛТАМ е подигнување на стандардите и квалитетот во наставата по англиски јазик како во државните така и во приватните училишта преку:

• Организирање и координирање на професионална обука и истражувачки активности на своите членови;

• Соработка со образовни и педагошки институции во земјата и во странство;

• Популаризација на достигнувањата во областа на наставата по англиски како странски јазик;

• Изведување на проекти;

Сектор на делување: Образование

Типови на активност:

• Професионално здружување;

• Информирање и издавачка активност;

• Професионална обука и совети;

• Поврзување во земјата, регионот и светот со други асоцијации;

Page 5: ELTAM ЕЛТАМ

English language teachers association of macedonia - 10 year anniversary 5

• Организирање натпревари по англиски јазик за ученици од основно и средно образование;

• Организирање локални и меѓународни конференции, симпозиуми, семинари, работилници;

• Учество во проекти;

Целни групи:

• Наставници по англиски јазик и книжевност во сите степени на образование - државен и приватен сектор;

• Ученици кои го изучуваат англискиот јазик;• Експерти од областа на англискиот јазик и книжевност;

Ниво на делување:

• Регионално: Скопје, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Неготино, Струга, Кичево, Те-тово, Битола;

• Национално: Република Македонија

Меѓународно: Асоцијативно членство во ИАТЕФЛ Меѓународна асоцијација на наставници по англиски јазик - Велика Британија, ТЕСОЛ-САД,

Публикации: Storybook, Информатор, Монографија

• ЕЛТАМ весник / информатор за членството

Број еден : Мај 2000 годинаБрој десет Јануари 2005Број на копии : 180Динамика на издавање: три пати годишноБрој на изданија: десет ( пауза во издавање 2001г)

Ресурси: образовни институции во државата и меѓународно, партнерски асоцијации во ре-гионот, издавачки куќи, приватни компании.

Page 6: ELTAM ЕЛТАМ

6 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Човечки ресурси: наставен кадар по англиски јазик на сите нивоа на образовниот процес во РМ.

Број на членови: 250

Материјални ресурси: oд 2005 година, ЕЛТАМ користи канцеларија во рамки на просто-риите на Работнички Универзитет Кочо Рацин, во Градска Библиотека Браќа Миладиновци во Скопје, како привремена канцеларија.

Одлучување

Собрание (број на членови): 250

• Собранието на ЕЛТАМ е составено од сите членови .Тоа се свикува редовно еднаш годиш-но или по потреба.На собранието се усвојува предлог за работа, се избираат органи и се верификуваат мандатите на работни групи за изведување одредени активности. На годиш-ното собрание се усвојува извештајот за работа и финансискиот извештај.

Претседател

• Претседателот на ЕЛТАМ кој го избира собранието на ЕЛТАМ има мандат од четири години, правно ја претставува асоцијацијата и ги потпишува сите договори и финансиски докумен-ти. Претседателот ја координира работата на извршниот орган на ЕЛТАМ и ја спроведува програмата за работа на Асоцијацијата. Претседателот поднесува годишен извештај за ре-ализирањето на програмата за работа на асоцијацијата и подготвува финансиски извештај кој се доставува на увид на сите членови на ЕЛТАМ.

Извршен орган: број на членови 8.

• Извршниот одбор на ЕЛТАМ се среќава еднаш месечно или по потреба и почесто и ги ре-ализира активностите на ЕЛТАМ, ги подготвува состаноците на локалните координатори, подготвува материјали за годишното собрание, го организира членството, информира за активностите на ЕЛТАМ, подготвува проекти, и ја надгледува работата на претседателот и има увид во финансиското работење на асоцијацијата

Page 7: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 7

Буџет

• Асоцијацијата остварува приходи од членарини, спонзорства, донации и котизација за кон-ференции. Сметководствено - финансиската евиденција во организацијата ја врши надво-решен сметководител.

• Редовно се изготвува годишна финансиска пресметка и се известуваат членовите на годиш-но собрание

Членство и соработка

Членство во други организации

• Асоцијативно членство во ИАТЕФЛ Меѓународна асоцијација на наставници по англиски ја-зик - Велика Британија

• Асоцијативно членство во ТЕСОЛ-САД

• Членството на ЕЛТАМ членува во библиотеката на Британски Совет во Скопје и Американ-ско Катче, Скопје

Соработка со странски асоцијации на наставници по англиски јазик

• Договор за партнерство со:

IATEFL, UKTESOL, USAHUPE-Croatian Association of Teachers of EnglishBHETA-Bosnia and HerzegovinaINGHED TurkeyIATEFL SloveniaELTA AlbaniaIATEFL South UkraineRATE Federation of Romanian Associations of teachers of English

Page 8: ELTAM ЕЛТАМ

8 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

IATEFL HungaryTESOL -Macedonia Trace, GreeceTEUM Serres, Drama, GreeceELTA SerbiaBETA Bulgaria

Ограноци: Скопје, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Неготино, Струга, Кичево, Битола;

Реализирани активности :

• 22, 23, 24, април 1998 Конференција на наставници по англиски јазик во ОУ „Димитар Мила-динов“ во Скопје, (финансирана од УСИС и СЕТРЕК);

• 15 мај 1999 Национална конференција на наставници по англиски јазик “Наставни методи за 21 век“ во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, (финансирана од УСИС и СЕТРЕК);

• Собрание на наставниците по англиски јазик, донесена е одлука да се основа ЕЛТАМ како здружение на граѓани;

• јули 1999, Конституирање на ЕЛТАМ како здружение на граѓани (правното конституирање потпомогнато од Институтот Отворено Општество);

• јули 1999, Зачленување во ИАТЕФЛ Меѓународна Асоцијација на наставници по англиски јазик со седиште во Велика Британија;

• март 2000, претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на ИАТЕФЛ во Даблин, Ирска; • мај 2000, Издавање на првиот број на ЕЛТАМ Newsletter;• мај 2000, Прва меѓународна конференција на ЕЛТАМ –ИАТЕФЛ, Струга, Р. Македонија• март 2002, Годишно собрание на ЕЛТАМ, усвојување на извештај за работа и финансиски

извештај за 2000 и 2001г;• мај 2002, Одржување на натпревари по англиски јазик за основно и средно образование;• мај 2002, Издавање на втор број на ЕЛТАМ Newsletter;• септември 2002, Договор за партнерство со БЕТА (Bulgarian English Teachers Association)• 22, 23, септември 2002, Претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на БЕТА во

Софија, Бугарија.• 26, 27 октомври 2002, Втора Меѓународна конференција на ЕЛТАМ, Охрид, Р. Македонија;

Page 9: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 9

• октомври 2002, претставници на ЕЛТАМ учествуваат во подготовка на меѓународна конфе-ренција за млади професори по англиски јазик во Загреб, Р.Хрватска во организација на ИА-ТЕФЛ –ЕАСТ и Бритисх Цоунцил Цроатиа;

• деќември 2002, Состанок за воспоставување на мрежа на локални координатори на ЕЛТАМ;• 2003 год. издадени три броја на ЕЛТАМ newsletter;• април 2003, Претставник ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на ИАТЕФЛ во Брајтон, Ве-

лика Британија;• мај 2003 натпревари по англиски јазик за ученици од основно и средно образование;• мај 2003 Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на БЕТА во Благоевград, Р.

Бугарија;• мај 2003 Претставник на ЕЛТАМ на конференција во Белград, Србија и Црна Гора;• јули/август 2003 доделени шест стипендии за членови на ЕЛТАМ за учество на Hornby

Summer Schools;• 25-27 септември 2003 Загреб, Р.Хрватска, 20 млади професори по англиски јазик земаа

учество на Меѓународна конференција во Загреб во организација на ELTECS и British Council со тема „Finding Yourself as a teacher“. Група на членови на ЕЛТАМ, земаа учество на конфе-ренцијата како презентери;

• октомври 2003, Претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција во Истанбул;• деќември 2003 одржана прва работилница за обука на млади професори во рамки на актив-

ностите за млади професори во Центар за странски јазици; Презентери членови на Елтам.• јануари 2004 средба на локални лоординатори за планирање на работа за 2004г.• јануари 2004 втора работилница за обука на млади професори по англиски јазик во Работ-

нички Универзитет, , Кочо Рацин, , • март 2004 годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2003г. Усвоена про-

грама за работа за 2004;• април 2004 Одржани регионални и државни натпревари по англиски јазик за основни и

средни училишта;• април 2004, Претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на ИАТЕФЛ во Ливерпул,

Велика Британија;• мај 2004 Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на ХУПЕ во Р.Хрватска;• мај 2004 Претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на ЕЛТА во Белград, Србија

и Црна Гора;• мај 2004 работилница за обука на членови на ЕЛТАМ одржана од Anne Wiseman, PEP officer,

British Council;

Page 10: ELTAM ЕЛТАМ

10 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

• Јуни 2004 работилница за Project Management Training за членовите на извршниот одбор на ЕЛТАМ, Скопје

• Јули/август 5 доделени стипендии за учество на Hornby Summer Schools;• 15, 16, 17 октомври 2004 Трета Меѓународна конференција на ЕЛТАМ-ИАТЕФЛ, Охрид,

Р. Македонија;• 4 деќември 2004 работилница за обука на наставници за употреба на автентични материја-

ли во наставата, Филолошки Факултет Блаже Конески, Скопје• 26 февруари, 2005, одржана работилница за обука на наставници за ЕСП англиски јазик за

стручни области во Работнички Универзитет Кочо Рацин, Скопје• март 2005, Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на IATEFL, Харогејт, Велика

Британија• март 2005, годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2004г. Усвоена

програма за работа за 2005;• април 2005 одржани регионални и државни натпревари по англиски јазик за основни и

средни училишта;• мај 2005 Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на ХУПЕ во Р.Хрватска;• мај 2005 Претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на ЕЛТА во Белград, Србија

и Црна Гора;• мај 2005 Претставник на ЕЛТАМ на Меѓународна конференција на БЕТА во Софија, Бугарија;• мај-август 2005, Учество во проектот за Модернизација на Образованието на РМ со МОН• септември 2005, Претствник во CARE проектот, и одржани семинари Скопје и регионот• октомври 2005, Саем на просветни работници на РМ, презентација на ЕЛТАМ• деќември 2005, ЕЛТАМ и мировен корпус во Македонија, работилница - Американски Бо-

жиќ, презентер Давид Фокс, Работнички Универзитет Кочо Рацин, Скопје• март 2006 годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2005 год. Усвоена

програма за работа за 2006;• април 2006, ЕЛТАМ Драма обуки (6 виќенд семинари), обучувач проф. Русомир Богдановски,

Факултет за драмски уметноџти Скопје, спозорирано од Британски Совет, Скопје• мај 2006 Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на ХУПЕ во Р.Хрватска;• мај 2006 Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на ХУПЕ во Р.Хрватска;• октомври 2006, 4 - та мегународна конференција, Хотел Дрим, Струга• март 2007 годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2006 год. Усвоена

програма за работа за 2007;

Page 11: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 11

• март 2007, циклус на 18 работилници и семинари низ републиката за обука на наставници за обучувачи во РМ. Центри беа: Тетово, Охрид, Св.Николе, Битола, велес, Куманово, Струми-ца, Кичево, и Скопје

• март, 2007, семинар за професионален развој на наставниците во Центар за јазици ЈИЕ Уни-верзитет, Тетово

• март2008-2009, Втор циклус ЕЛТАМ семинари за обучувачи на наставници воРМ • март 2008 годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2007г. Усвоена про-

грама за работа за 2008;• март 2008, Претставници на ЕЛТАМ на ТЕСОЛ- УСА, на годишна конференција• април 2008, ЕЛТАМ и Мировен Корпус во Македонија, натпревари во пишување состави за

основно и средно образование во РМ Мај 2006 Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна кон-ференција на ХУПЕ во Р.Хрватска;

• мај 2008, Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на ХУПЕ во Р.Хрватска;Бугарија и Србија

• октомври 2008, 5 - та Мегународна Конференција на ЕЛТАМ, Универзитет Американ Колеџ, Скопје

• ноември 2008, циклус работилници, во организација на Генаралниот секретаријат на Влада-та на РМ, Одделение за соработка со невладини организации

• јануари 2009, 3 - та обука на ЕЛТАМ за Ново квалификувани наставници до 5 години работно искуство.

• март 2009, годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2008г. Усвоена програма за работа за 2009;

• мај 2009, Претставник на ЕЛТАМ на меѓународна конференција на ХУПЕ во Р.Хрватска; Буга-рија и Србија

• октомври 2009, ЕЛТАМ - Microteaching, циклус на работилници• март 2010, годишно собрание, Усвоен годишен и финансиски извештај за 2009г. Усвоена

програма за работа за 2010;• април 2010, работилница за мрежно поврзување на асоцијациите -покровител и организа-

тор БС, Скопје, Хотел Арка, Скопје• септември 2010 - потпишан меморандум за соработка на ЕЛТАМ и УАКС, Скопје• октомври 2010, 6-та мегународна конференција на ЕЛТАМ, Прв Приватен Универзитет ФОН,

Скопје

Page 12: ELTAM ЕЛТАМ

12 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Реализирани проекти:

• септември 2002, Започнување на проектот Communication and Leadership; од страна на гру-па на членови на ЕЛТАМ;

• март 2003 Започнување на проект ELTAM development project во соработка со Британски Совет, Македонија;

• 2003 Започнување на Story Book project на група на членови на ЕЛТАМ;• ноември 2003, во Скопје Регионална средба на 13 национални асоцијации на наставници

по англиски јазик од регионот и пошироко и работилница за стратешко планирање на ра-ботата на асоцијациите; Раководството на ЕЛТАМ во улога на организатори и обучувачи на работилницита; Финансиска поддршка од Британски Совет Македонија и ЕЛТЕЦС;

• ноември 2003 Потпишување на договори за партнерство со асоцијации од регионот, • фебруари 2004-2005, Учeство на ЕЛТАМ во прв Пилот Проект за Модернизација на образо-

ванието во РМ со МОН• април 2006, Драма Проект со Британски Совет, Скопје• февруари 2006, проект за обучувачи на наставници со БС, Скопје• деќември 2006-мај 2007, проект за Ново квалификувани наставници по англиски јазик, про-

ект на Македонија, Азербеџан, Грузија и Романија за професионален развој на наставниците до 5 години работно искуство. Определени 3 центри во Македонија за семинари и тоа: Ве-лес, Охрид и Скопје.

• деќември 2006-2008, Проект на ЕЛТАМ и МОН за обука на наставници од основно и средно образование кои не предаваат англиски јазик

• март 2007, двегодишен проект од 18 работилници и семинари за обучувачи на наставници по англиски јазик во РМ.

• септември 2009, проект со Мировен Корпус, Скопје за натпревари во пишување состави по англиски јазик

• септември 2010, проект со Мировен Корпус, Скопје за натпревари во пишување состави по англиски јазик за основно и средно образование

Page 13: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 13

Општо и конкретно искуство на елтам во полето на задачата за обука на наставници по англиски јазик и нови

форми и методи во наставата

Во текот на своето десетгодишно делување ЕЛТАМ Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност повеќе пати се јавува во улога на организатор и изведувач на работилници за обука на наставници по англиски јазик од повеќе области.

Меѓународните конференции кои се организирани и изведени од страна на ЕЛТАМ има-ат формат на презентации, работилници за обука на наставници за нови форми и методи во наставата по англиски јазик за сите нивоа на образование: основно, средно, високо како и стручно образование.

Работилници и конференции кои досега се реализирани веќе се наведени погоре.

Улогата на ЕЛТАМ во професионално поврзување нанаставниците по англиски јазик од Република Македонија

со колегите во регионот и пошироко

Уште при самото основање на ЕЛТАМ, една од стратешките цели беше овозможување на по-врзување на наставниците по англиски јазик на регионално, национално и меѓународно ниво.

За да се постигне тоа беа користени повеќе модалитети како на пример: воспоставување на ELTAM newsletter кој трипати во годината ги информира членовите на ЕЛТАМ и останатите заинтересирани наставници и институции за најновите случувања во областа на наставата по англиски како странски јазик, можностите за учество во проекти и регионални и меѓународни конференции, семинари и работилници. ЕЛТАМ Newsletter на почетокот го уредуваше Марија Кусевска, потоа неколку години го подготвуваше Лилјана Митковска додека електронското из-дание последните три години го уредува генералниот секретар на ЕЛТАМ Александра Попов-ски- Голубовиќ.

Page 14: ELTAM ЕЛТАМ

14 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Членството на ЕЛТАМ во Меѓународните асоцијации на наставници по англиски јазик започна уште од самото формирање во 1999, кога ЕЛТАМ станува придружна членка на IATEFL(Association of Teachers of English as a Foreign Language) со седиште во Велика Британија. Преку можноста за Wider Membership Scheme членовите на ЕЛТАМ кои се заинтересирани да членуваат во ИАТЕФЛ плаќаат повластена сума за членарина .

Во Деќември 2002 година, ЕЛТАМ ја воспостави својата национална мрежа на локални коор-динатори во десет региони во следните градови: Скопје, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Стру-мица, Неготино, Струга, Кичево, Тетово; Подоцна се приклучија и претставници во градовите Прилеп и Битола, со што ЕЛТАМ стана поб-лизок до своите членови на локално ниво. Локалните координатори имаат клучна улога во реализација на регионалните натпревари по англиски јазик за ученици од основни училишта, а исто така и во нат-преварот во пишување на состави во со-работка со Peace Corps и American Corner Skopje. Исто така во текот на годината ло-каните координатори организираат семи-нари, презентации и средби во координа-ција со извршниот одбор на ЕЛТАМ.

Партерството со други асоцијации на наставници по англиски јазик започна уште во 2000 година кога претставник на ХУПЕ од Хрватска присуствуваше на прва-та Меѓународна конференција на ЕЛТАМ во Струга. Во 2002 г. е потпишан договор за партнер-ство со БЕТА од Бугарија, а потоа следат и договори за партнерство со другите асоцијации од регионот.

Особен придонес за регионалното поврзување на ЕЛТАМ со асоцијациите на наставниците по англиски јазик во регионот имаше организирањето на Првата регионална средба на 13 асо-цијации од регионот и пошироко во ноември 2003 год во Скопје, на која домаќин беше ЕЛТАМ под покровителство на Британскиот Совет во Македонија.

На таа средба ЕЛТАМ потпиша договори за партнерство со следните наставнички здруже-нија: BHETA - Босна и Херцеговина, INGHED - Турција, IATEFL - Словенија, ЕLTA - Албанија, IATEFL - Јужна Украина, RATE -Федерација на романски асоцијации на наставници по англиски јазик, TEUM од Драма и Серес, TESOL - Тракија од Грција, IATEFL- Унгарија и ELTA-Србија.

Потпишувањето на договорите за партнерство овозможи размена на идеи и професионал-

Page 15: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 15

но искуство, учество во заеднички проекти, како и можност за присуство на претставници на ЕЛТАМ на националните конфереции на партнерските асоцијации како гости на асоцијацијата домаќин. Искуството од партнерските врски е од огромно значење за професионалното над-градување на наставниците од Република Македонија и следењето на современите трендови во наставата по англиски како странски јазик .

Од 2008 година ЕЛТАМ станува придружна членка на TESOL - светската асоцијација на наста-вници по англиски како странски јазик со седиште во САД. Исто така и преку оваа асоцијација заинтересираните членови на ЕЛТАМ добива-ат повластена стапка за годишна членарина со можност да добиваат електронски списанија, да учествуваат на форуми, он-лине настани и рабо-тилници, со еден збор да бидат поблиску до нај-современите наставни методи и технологиии во наставата по англиски како странски јазик.

Придобивките од регионалното и меѓуна-родно поврзување на ЕЛТАМ со партнерските асоцијации се можностите членовите на ЕЛТАМ да учествуваат како претставници на ЕЛТАМ на Меѓународни конференции за потоа да ги пре-несат сознанијата на останатите членови преку организирање на последователни работилиници и презентации.

Скоро секоја година во изминатите 10 години, ЕЛТАМ прави напори да овозможи учество на свои претставници на меѓународните конференции на ИАТЕФЛ како и конференциите на ЕЛТА Србија, БЕТА Бугарија, ХУПЕ од Хрватска и ЕАЛТА Албанија.

Придружното членство во ТЕСОЛ и ИАТЕФЛ е од големо значење за можноста на членовите да ги користат поволностите на on- line дискусиите, форумите и работилиниците за обука, како би биле во чекор со најновите методи и технологии кои се користат во наставата по англиски како странски јазик.

Како единствена национална асоцијација на наставниците по англиски јазик од Република Македонија од сите степени на образование може да се каже дека ЕЛТАМ навистина има клучна улога во овозможувањето пристап и поврзување на наставниците од регионот и пошироко на професионално ниво. Во оваа мисија на ЕЛТАМ голем придонес и поддршка беше пружена од Британскиот Совет во Македонија и Public Affairs Office на амбасадата на САД во Македонија.

Page 16: ELTAM ЕЛТАМ

16 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Меѓународни конференции воорганизација на ЕЛТАМ

ЕЛТАМ започнува со организирање на својата Прва конференција на 22, 23, 24, април 1998 го-дина и тоа во Скопје во ОУ.Димитар Миладинов. Со финансиска помош од УСИС и СЕТРЕК. Тоа беше предизвик за сите нас, почетници во свои-те убедувања за професионална асоцијација. Тоа не охрабри да продолжиме да работиме на под-готовка на следната наша конференција. И затоа во мај, 1999г.повторно во истото училиште организиравме Национална конференција на наставници по англиски јазик. Овие две конфе-ренции можеби беа од пресудно значење за ЕЛТАМ, бидејќи набрзо ЕЛТАМ стана асоцијативна членка на ИАТЕФЛ (меѓународна асоцијација на наставници по англиски јазик како странски јазик) со седиште во Велика Британија. Веќе конституирани како правен субјект со организа-циски одбор и свои тела на делување, решивме да подготвиме Прва Меѓународна конферен-ција. Самото лого ЕЛТАМ - ИАТЕФЛ, донесе и одговорност и многу работа. Конференцијата се одржа во преубавата Струга, Хотел Макпетрол, со бројни гости, наставници - учесници и презенте-ри. Тогаш за прв пат наставниците од Македонија, можеа да видат пленарна седница, да слушнат предавачи од странство и да поминат квалитетен виќенд за своја професионална надградба. На наше големо задоволство, тогаш започна и соработката со издавачките куќи во РМ, претставници

на Англиски центар и Лонгман кои со литература по англиски јазик го збогатија настанот.

На овој начин наставниците од основните, сред-ните училишта и приватниот сектор имаа можност да добијат сознанија што се работи во регионот и пошироко. ЕЛТАМ прв пат се претстави на меѓуна-родно ниво и стекнавме многу пријатели, но и ин-формации и како да работиме понатаму, се со цел за квалитетна настава по англиски јазик. Со оглед на фактот дека целата организација е на бордот, но и од финансиски аспект, имајќи во предвид дека сме непрофитабилно здружение, решивме дека на-редните конференции ќе ги ораганизираме на се-

Page 17: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 17

кој две години, така што следната конференција се организираше во октомври 2002 год. и тоа, овој пат во Охрид, Хотел Метропол. ЕЛТАМ веќе ги постави своите насоки и цели за ораганизирање на мегуна-родни конференции.

Значајно е да се напомене дека уште на првите конференции имавме зацртани цели, визија и стра-тегија. Меѓу нив секако се: информирање на наста-вниците од сите нивоа на образование, придоби-вање на членство во ЕЛТАМ, квалитетни презентации и презентери во едно, и соработка со партнерските асоцијации од регионот. Исто така, пристапот до ак-туелните информации и знаења, заедно со мотивираноста на наставниот кадар и умешноста за со-фистицирано користење на нови ресурси и методи во наставата, беа предизвик за организирање на конференција на ЕЛТАМ. За сето тоа голема улога одиграа локалните координатори, нашиот информатор и секако работилниците одржани претходно за подобра реклама и информација за настанот.

Како втор момент на кој размислуваме уште тогаш е дека наставниците сакаат да посетат пре-зентација од свое поле на интерес, и оние поискусните но и новите наставници. Затоа имавме пре-зентации во два дена со различи содржини и за сите нивоа.

Како и на сите други конференции во светот, така и ние воспоставивме систем на евалуација од учесниците, со кои добивме повратна информација за тоа како се задоволни од конференцијата, за позитивните и негативните согледувања од нивна страна. Тие податоци и тој ситем го користиме

и денес за да можеме да се подобриме и од година во година да добиваме во квалитет и квантитет секако.

Нашата наредна 3 - та меѓународна конференција во 2004 година, повторно се одржа во Хотел Метро-пол, Охрид. Бројот на учесници од странство и од Македонија беше навистина огромен на наше големо задоволство. Организацискиот одбор, максимално се трудеше да покаже капацитет за потребите, интере-сите и желбите на наствниците, за кои знаевме дека е добро кога постојано растат и се зголемуваат.

Со тоа растеше и интересот за организирање на вакви конференции во РМ. Според повратната ин-

Page 18: ELTAM ЕЛТАМ

18 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

формација од учесниците, кои секогасш да-ваат сугестии за местото на одржување на наредна конференција на ЕЛТАМ, во 2006 година, 4 - та магународна конференција се одржа во Хотел Дрим, Струга. Исто, и преу-бавата Струга за голем дел од нас органи-заторите и учесниците ќе остане во убаво сеќавање. Посебно делот од конференциите на ЕЛТАМ за кој мислам дека можеме сло-бодно да се пофалиме, а тоа е секако вечер за дружење. Тимот од организацискиот од-бор, секогаш настојува учесниците да се рас-положени и со убави спомени да си заминат дома. Со оваа конференција како да заврши еден циклус за ЕЛТАМ. Решивме следната конференција да ја одржиме во Скопје за прв пат.

Самиот процес на образование донесе брзи, комплексни и непредвидливи промени кои се позначајно влијаеа на професионалниот развој на наставниците во РМ. Влеговме во ера-та на компјутеризација, технолошка култура, работа со компјутери и социјализирачки вешти-ни. Затоа одбравме еден модерен, приватен универзитет во склад со светските трендови во образованието. Во октомври 2008 г, 5 - та мегународна конференција на ЕЛТАМ се одржа на Универзитетот Американ Колеџ, Скопје. Голема благодарност до раководството на Универзи-тетот за дадената поддршка, за организација на целиот настан а посебна благодарност до г-дин Емил Гјоргов за одлична организација и координација во подготовките и реализацијата на конференцијата. Универзитетот беше домаќин и спонзор на настанот и овозможи се она што е потребно да има една виситинска мегународна конференција. По многу нешта оваа конферен-ција се разликуваше од досегашните. Имено, за прв пат интересот на издавачите беше толку голем како на оваа конференција. Дури 9 издавачки куќи со свои штандови беа присутни и за учесниците и за сите нас од организацијата, беше празник за очи да се види еден мал саем на конференција на ЕЛТАМ. Издавачи од Македонија и од странство се претставија и донесоа од-лични презентери од Велика Британија, Ирска, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Турција, Романија и други. Конференцијата имаше и свое интернет бифе, за дружење и комуникација.Исто така, направивме и свечено отварање како посебен дел во Хотел Стоун Бриџ, Скопје со пригоден коктел за гостите и симболични подароци. За сето тоа благодарни сме за разбирање-то и интересот на спонзорите за таа наша престижна реклама во јавноста. Тука беа издавачките куќи Англиски Центар, Лонгман, Просветно Дело и Детска Радост, библиотеки - Американското катче, Скопје и Британски Совет Скопје, приватни компании- Магнус Инженеринг, Скопје, Ин-

Page 19: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 19

вето, Скопје и Сковин. Секако мора да кажеме дека за сите конференции до сега, главен спон-зор е Амбасадата на САД во Скопје.

Но, сето ова, а можби и повеќе, многу други aсоцијации можат да го имаат, но ЕЛТАМ има посветени луѓе и одбор, кој несебично за сите овие години го вложуваат своето слободно вре-ме, своето знаење, труд, а сите тие се воедно и професори на своите работни места, со сите работни задачи и волонтери во ЕЛТАМ. Посебно сме благодарни и би сакале да ги спомнеме луѓето заслужни за успешните конференции на ЕЛТАМ. Тоа се првиот претседател на ЕЛТАМ-Гордијана Ѓоргова, Првиот секретар Мирослава Павлова Аневска, конференциски секретар сите години Јагода Трајчова, марќетинг - Менка Нелковска Ќезуновска, Фани Смичковска, Ли-лјана Митковска, Елизабета Христовска, Генерален секретар - Александра Поповски Голубо-виќ, Валентина Кикеркова, Анета Наумоска, Соња Димитрова и Ричард Николов.

И сега оваа 2010 година, за нас јубилејна и роденденска година, повторно сме на прагот на нов предизвик. Нова 6 - та Мегународна Конференција повторно во Скопје нашиот главен град, а домаќин и спонзор е Првиот Приватен Универзитет ФОН, Скопје. Генерален спозор на конференцијата кој за 10 годишнината на ЕЛТАМ доби признание на Златен спонзор е Аме-риканската амбасада во Скопје. Се надеваме дека оваа конференција ќе донесе успех, и нов период за ЕЛТАМ, кон нови предизвици и нови достигнувања во сверата на образованието и изучувањето на странските јазици. Стасусот асоцијативна членка на ИАТЕФЛ-европската асо-цијација и ТЕСОЛ-светска асоцијација, го носи ЕЛТАМ се понапред и пошироко на меѓународно ниво.

Затоа можеме да кажеме дека Мегународните конференции се од голема важност за ЕЛТАМ, како и мегународната соработка која ја поттикнува, ја информира и ја поддржува заедницата на наставниците по англиски јазик во напорите за градење компатибилност со европскиот модел на асоцијации. Ваква мегународна соработка што ја промовира ЕЛТАМ, обезбедува про-активно следење на мегународни образовни проекти и овозможува релевантни информации за можностите за финансирање и за потенцијални партнери. Сметаме дека со организирање мегународни конференции и учество на исто такви, ќе добиеме динамична улога во обезбеду-вање институционална поддршка во рамките на мегународната мобилност. Само преку интен-зивна интеракција помеѓу ЕЛТАМ, факултетите, училиштата, институциите и наставниот кадар, преку континуирана креативна комуникација можеме да влеземе во процесот на интернаци-онализација и мегународен нетворк на активности.Затоа ЕЛТАМ е во постојана потрага за кре-ирање нови партнерства и можности за соработка.

Page 20: ELTAM ЕЛТАМ

20 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Натпревари по англиски јазик за основни и средни училишта

Една од активностите кои Асоцијата на наставници по англиски јазик и литература на РМ ги спроведува со најголем ангажман, внимание и редовност се натпреварите по англиски јазик за основни средни училишта. Од самиот почеток на своето постоење, ЕЛТАМ ревносно ја про-должи традицијата на одржување на натпреварите по англиски јазик со цел да ги мотивира учениците и понатаму да го усовршуваат англискиот јазик, а истовремено да им помогне на наставниците да си направат самооценување на својата работа и да се развиваат на профе-сионален план. Единствено во 2001 година не се одржаа натпреварите поради конфликтот и безбедносната состојна во земјата.

Првите два натпревари по англиски јазик за основни и средни училишта кои се одржаа во Мај 2000 и 2002 година беа републички натпревари во кои најуспешните добија дипломи за прво, второ и трето место на републичкиот натпревар. Истите беа одлично искуство за пона-тамошно развивање на оваа активност и за утврдување на сегментите кои технички може да се евалуираат. Оттука произлезе и форматот на тестовите со кои се тестираат учесниците на натпреварите во кој се тестираат вештините за читање и граматика.

Со воспоставувањето на националната мрежа на локални координатори во декември 2002 година, за прв пат се создадоа услови ЕЛТАМ да ги организира натпреварите на регионал-но ниво и за таа цел беа организирани 10 региони: Скопје, Велес, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Струга, Тетово, Неготино, Кичево. Подоцна, во 2006 година, се приклучија уште два големи региони, Прилеп и Битола и со тоа се опфати најголемиот дел од нашата држава. Со несебичните напори и ангажман на локалните координатори, вака организираните натпрева-ри овозможија илјадници ученици да добијат можност да учествуваат на натпреварите како и пореално да се отсликаат нивните како и постигнувањата на нивните ментори.

Натпреварите од година во година добиваат во квалитет и во бројност на учесници. Нас-тавниците се задоволни од транспарентниот систем на евалуација, од можноста да добијат сертификат за учество и освоено место, од можноста да се сретнат со колегите од разни опш-тини и градови во републиката а учениците се задоволни од наградите и дипломите. За оваа активност на ЕЛТАМ, важно е да се напомене дека со текот на годините, за натпреварите секо-гаш организацијата на ЕЛТАМ успева да најде свои спонзори, кои ги обезбедуваат наградите за учениците, освежување, и награди за наставниците. Нашите спонзори 10 години ги помагаат овие натпревари и затоа голема благодарност до истите: Британски Совет, Скопје, Лонгман, Англиски Центар, Пивара Скопје, Магнус Инженеринг Скопје, Снупи-Велес, Брилијант-Штип, Мултикрем Штип, Макпромет Штип, McDonald`s, Нелт. А за местото на одржување на натпре-

Page 21: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 21

варите, секогаш во пресрет излегувале самите училишта и затоа голема благодарност до сите директори кои несебично помагаа во организацијата на овие натпревари .

Самата организација на натпреварите како и секоја дуга активност, бара време и ангажман, а за таквата несебична посветеност ЕЛТАМ е благодарен на сите локални координатори:

Пандора Мисевска од приватното училиште MTQ за регионот на Куманово;

Јагода Трајчова и Христина Леова УСО „Јовче Тесличков „за регионот на Велес;

Kети Томовска за регионот на Тетово;

Наталија Илиева од ОУ Св. Кирил и Методиј за регионот на Кочани;

Марјан Трајковиќ од ОУ Наум Наумовси Борче за регионот на Штип и Пробиштип;

Ристо Костадинов, советник во Бирото за развој на образованието за регионот на Струмица

Александра Поповски-Голубовиќ и Елинда Агич од приватното училиште за странски јази-ци Елит, Кујтим Рамазани од Штуловиот Универзитет во Тетово за регионот на Струга и Охрид;

Наташа Аврамовиќ и Мирослава Коциќ од ОУ Владимир Полежаноски, Јована Стојковска и Оливера Ристовска од Центар Стојковски за регионот на Кичево;

Татјана Ѓорѓиевска од ОУ Гоце Делчев и Анка Веселинова за регионот на Неготино, Кавадар-ци и Демир Капија;

Милица Ѓоргиевска од ОУ Тодор Ангелевски за регионот на Битола;

Драгица Здравеска од ОУ за регионот на Прилеп;

Особена благодарност до координаторот за основните училишта на регионалните и држав-ните натпревари за сите овие години од постоењето на ЕЛТАМ и оваа активност, до Миросла-ва Павлова-Аневска од ОУ Лазо Ангеловски, Скопје, за упорноста и организација на истите.Во тимот за натпревари исто благодарност до остантите членови: Елизабета Христовска од ОУ Св. Кирил и Методиј, Валентина Кикеркова од ОУ Св. Климент Охридски, Соња Димитрова од ОУ Димитар Миладинов и Соња Димковска од ОУ Невена Георгиева Дуња за регионот на Скопје и Александра Поповски Голубович од приватно училиште за странски јазици Елит од Сруга. Натпреварите за средните училишта се одржуваат секоја година и со оглед на бројот на средни училишта во нашата држава истите се одржуваат на републичко ниво.

Со нив се опфаќаат учениците од втора година од гимназиското и стручното образование и досега се учествувале стотици ученици.

Page 22: ELTAM ЕЛТАМ

22 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Овие натпревари со големи напори ги реализираат одговорниoт координатор:

Гордиана Ѓоргова од СУГС „Јосип Броз – Тито„ Скопје и тимот: Јагода Трајчова од УСО Јовче Тесличков - Велес.Менка Нелковска - Кезуновска од Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ - СкопјеОливера Кезуновска од СкопјеАнета Муровска - Боневска од приватното училиште „Пикадили“ од Скопје

Се надеваме дека оваа активност и на наставниците и на професорите ќе им претставува еден стандард и критериум според кој тие ќе може да си ги подобруваат и усовршуваат веш-тините за подучување.

Информатор на ЕЛТАМ и Публикации

Како и сите асоцијации на светско ниво, така и Асоцијацијата на наставници по англиски јазик во Р. Македонија остварува прогрес преку издавање на публикација наречена ELTAM Newsletter, која излегува неколку пати годишно, а во која можат да се најдат разновидни ста-тии од секаков карактер поврзани со предавање на англискиот како странски јазик на прос-торот на Републиката. На почетокот, ова списание го добиваа единствено членовите на ЕЛТАМ и тоа во пишан формат, но заради потребата да се биде во постојан тек со светските движења

и трендови на ова поле, инфор-мациите стануваа достапни на електронски начин за секој кој е заинтересиран за оваа пробле-матика, и тоа со пристап до ин-тернет и влегување во веб сајтот на ЕЛТАМ, на кој има линк за ба-раната дестинација.

Примарната цел е информи-рање на пошироката група чи-татели за настани од значење на оваа професија. Уште од самиот

Page 23: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 23

почеток, тие страници беа резервирани не само за веќе докажани лица во својата професија туку и за нивните млади колеги. Секогаш бил отстапен простор за размис-лувањата на младите професори по англис-ки јазик кои допрва чекореле во водите на предавањето и за нивните сознанија во оваа професија, притоа претставувајќи мост по-меѓу генерациите и искуството. Секој број на ова списание содржи прилози напишани од членовите на ЕЛТАМ поврзани со нив-ното учество на конференции, семинари, научни собири или резимеа на проекти во рамките на соседството и секако на светско ниво, како и прилози од членови на партнер-организациите од регинот, но и не треба да се за-немарат прилозите за натпреварите организирани на територијата на Р. Македонија. Посебно катче има и за интервјуа со реномирани експерти во делот на предавањето на англискиот како странски јазик, преземени од други списанија, како и за ширење на материјали за наставата по англиски јазик. А секоја страница од списанието е вдахновена со живот како резултат на фото-графиите. ELTAM Newsletter, како точка во која се спојуваат сите професионалци во ова поле, непрестано го зголемува бројот на своите читатели затоа што ги исполнува своите цели преку релевантни содржини кои претставуваат извор на дискусии и дебати.

Storybooks, инаку одобрен и од Минис-терството за образование и наука, беше првото креативно издавачко искуство, во кое четири членки на ЕЛТАМ авторизираа 4 сликовници на англиски јазик и наставни прирачници, како дополнување на настава-та по англиски јазик во основното образо-вание. Со одобрение на Министерството за образование и наука на РМ, оваа серија си го најде својот пат во дваесетина основни училишта ширум Македонија.

Монографијата е најобемен и најсисте-матизиран труд на ЕЛТАМ и прва сериозна публикација што ќе остане како траен доказ и документ за нашата 10 годишна работа.

Page 24: ELTAM ЕЛТАМ

24 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Авторот ги поврзува настаните, до-кументите и личностите кои суштин-ски влијаеле врз развојот на ЕЛТАМ. Низ монографијата се проткајуваат три димензии: историска, докумен-тарна и лична, персонална димен-зија кои се одделелни но со една единствена цел : да се испочитуваат трудот и достигнувањата на нашите членови и раководството на ЕЛТАМ кои го оставаат овој труд.Моногра-фијата е спонзорирана од Британ-ски совет, Скопје.

Проекти и обуки

ДРАМСКА ЛЕТНА ШКОЛА ВО Охрид од 1ви – 6ти јули 2003

Школата се одржа во прекрасниот и инспиративен Охрид. Дваесет и двајца учесници, сите наставници од Македонија и членови на ЕЛТАМ, интензивно работеа на теми како што се театар на приказната, Форум театар, работа со стихотворби, развивање на дијалози и планирање на часови базирани на драма.

Главни состојки за успехот на оваа школа беа енергијата, ентузијазмот и желбата за учење на учесниците. Постоеше многу блиска и продуктивна поврзаност помеѓу учесни-ците кои го креираа неопходниот тимски дух.

Работата на лидерите на школата, Peter Harrop од Chester College, Велика Британија, и Даниела Бачова од Универзитетот Константин Филозоф од Нитра, Словачка беше оценета на највисоко ниво, а поддршката што ја обезбеди Tim Phillips од Британскиот Совет беше од непроценливо значење за реализацијата на оваа школа.

Работата поврзана со внесувањето на драмата во наставата по англиски јазик во Mа-кедонија спаѓа во рамките на Проектот за Драма и Креативни Уметности во Македонија

Page 25: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 25

(MAD CAP) раководен од страна на Британскиот Совет во Македонија, и го проширува широкиот спектар на работа во областа на драмата што Британскиот Совет веќе ја има поддржано во Чешка, Полска, Романија и Словачка.

Целта на оваа летна школа беше да се обучи енергичен тим на наставници, кои би раз-вивале материјали за употреба на драма во наставата по англиски јазик на локално ниво, и би ги отвориле видиците на луѓето во Македонија во однос на огромниот потенцијал за користење на драмски техники во наставата и изучувањето на странски јазици. Ова беше само почеток. Оваа летна школа понатаму треба да предизвика лавина на активности и настани поврзани со примена на драмата во наставата по англиски јазик (последователни летни школи, драма фестивали, итн.)

Ричард НиколовЧлен и поддржувач на ЕЛТАМ

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ДРАМАТА

Од 25-26 ноември 2006 година, во просториите на Бри-танскиот Совет во Скопје, се одржа семинар насловен „От-ворени денови на драмата“. Во текот на овие два дена, пет

наставници – ентузијасти - инфицирани од драма, го презентираа своето знаење, искуство и идеи од областа на драмата во наставата по англиски јазик на своите колеги, за да се раз-открие мистеријата на примената на драмата во училницата во која се предава англиски јазик, како и да ја рашират драмската инфек-ција насекаде низ заедницата составена од наставници по англиски јазик.

Британскиот совет успешно ја реализира координацијата на сите технички детали по-врзани со настанот, во однос на обезбеду-вање на неопходни технички услови и опре-ма за негово одржување.

ПРОЕКТОТ ЗА ПИШУВАЊЕ СОСТАВИ2007 - 2009

Page 26: ELTAM ЕЛТАМ

26 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

Неколку години по ред ЕЛТАМ, во соработка со волон-терите од Мировниот корпус на САД во Република Маке-донија организира Натпревар во пишување на состави на англиски јазик за ученици во основните и средните учи-лишта во Македонија. Во 2007, 2008 и 2009 (од септември до средината на деќември) јас бев координатор од ЕЛ-ТАМ на овие натпревари. Како драгоцен партнер во овој проект учествуваше и Американското катче од Скопје и неговите ограноци во Битола и Тетово, коишто ја обез-бедија неопходната логистичка поддршка. Интересот за

проектот растеше од година во година и бројот на наставници и ученици што актив-но се вклучуваа во него се зголемуваше: во 2007 добивме 180 состави, а во 2008 вкуп-ниот број беше 331; во 2009 бројот малку се намали, на 285, но квалитетот на составите беше поголем.

Целта на овие активности беше да се пот-тикнат учениците да размислуваат за некои основни проблеми што ги опкружуваат со тоа што ќе направат истражување за зада-дена тема и ќе ја разгледуваат од поширок, меѓународен и национален аспект, како и од потесна, локална и лична гледна точка. Покрај тоа, подготовката за пишување на составите требаше да ги мотивира учениците да ги усовршуваат своите способности за пи-шување на англиски јазик. За таа цел волонтерите од Мировниот корпус, во соработка со членовите на ЕЛТАМ, секоја година подготвуваа информативна брошура во која беа дадени упатства за подготовка и инструкции за наставниците и за учениците. Натпреварите во 2008 и 2009 беа дополнително потпомогнати од USAID со грант за поддршка на мали проекти (SPA), за кој аплицираа волонтерите од Мировниот корпус. Со средствата од грантот, покрај фотокопирање, печатење и поштарина, можеа да се покријат и трошоците за организирање на работилници за пишување во повеќе региони во земјата. Работилниците ги држеа ис-кусни практичари од универзитетите во земјава и гости од Америка и од Велика Британија. Тие имаа за цел да ги дискутираат со наставниците методите за подготовка на учениците за пишување есеи на англиски јазик. Оваа нова компонента во проектот беше со задоволство

Page 27: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 27

прифатена од наставниците и некои од нив изразија мислење дека такви работилници би требало да има почесто, што сведочи за потребата за поконсистентна професионална обука во оваа област.

Во натпреварите беа вклучени три категории на натпреварувачи: I категорија - ученици од 7. и 8. одделение, II категорија – ученици од 1. и 2. година и III категорија – ученици од 3. и 4. година. Тие се одржуваа на две нивоа, со цел да бидат вклучени сите ученици од Република Македонија: регионално и државно. Локалните координатори на ЕЛТАМ во регионите и волонтерите на Ми-ровниот корпус во тие региони работеа заедно на информирањето на наставниците за Натпрева-рите и воедно ги упатуваа, и наставниците и учениците, за тоа како најдобро да се подготват. Тие имаа важна улога и во организирањето на работилниците за пишување. Со тоа тие се во голема мера заслужни за успехот на овој проект. Составите се оценуваа на регионално ниво и оние со најмногу поени во секоја категорија влегуваа во финалниот натпревар. Сите состави ги прегледу-ваа по двајца оценувачи, еден маќедонски наставник по англиски јазик и еден роден говорител на англискиот јазик. Секоја година се организираше посебна свеченост за доделување на наградите за победниците на државно ниво во Американското катче во Скопје. На овие свечености беа по-канети видни гости од Американската амбасада во Скопје и од Мировниот корпус, како и од други институции. За добитниците имаше пригодни награди кои ги обезбедуваа, покрај Американската амбасада, претставниците на издавачките куќи во Скопје и асоцијацијата на хотeлиерите на Маке-донија ХОТАМ, на кои сме им особено благодарни.

Сите три натпревари беа обемни проекти во кои беа вклучени многу учесници на повеќе нивоа, почнувајќи од наставниците и волонтерите во училиштата, регионалните координатори од ЕЛТАМ и од Мировниот Корпус, инструкторите на работилниците за пишување и регионалните и држав-ните оценувачи. Поради тоа координирањето претставуваше комплексна задача, бидејќи многу работи требаше да се предвидат и да се спроведат во определено време. Сепак беше задоволство да се работи бидејќи сите што се вклучуваа работеа со ентузијазам и вложуваа максимални напори соработката да тече без поголеми пречки. Јас сум убедена дека со тоа беше поттикната соработ-ката меѓу наставниците во регионите и претставниците на Мировниот Корпус во корист на двете страни, а особено на учениците. Се надевам дека овие проекти ќе продолжат и во иднина.

ЕЛТАМ групата за истражување (ELTAM Research SIG) беше формирана во јануари 2007 го-дина со цел да го поттикнува интересот за достигнивањата и истражувањата на полето на изу-чувањето на странски јазик (SLA) во Македонија. Во последно време се забележува интерес на помладите наставници за професионално усовршување по завршувањето на додипломските студии и некои од нив не се задоволни само со практичната обука, туку бараат потеоретски ориентиран пристап. Оваа група има за цел да ги задоволи тие потреби. Во почетокот околу 15 активни членови се вклучија во работата на групата. Првата година се одржуваа средби

Page 28: ELTAM ЕЛТАМ

28 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

еднаш месечно, а потоа по двапати во семестарот. Членовите имаа можност да разговараат на теми поврзани со усвојувањето на странски јазик и да разменат лични искуства од наставата и истражувњето. Покрај тоа, домашни и странски истражувачи беа поканувани да зборуваат за својата работа и за методите на истражување. Во текот на пролетниот семестар во 2008 го-дина членовите организираа курс по методологија на истражување со фокус на статистичка анализа на податоците. На Петтата меѓународна конференција на ЕЛТАМ организиравме пред-конференцисни симпозиум на тема „Истражувањето во наставата по англиски како странски јазик: поврзување на теоријата и праксата“, на кој зедоа учество членовите на групата и гости од земјата и од странство. Тоа беше добра можност за запознавање со актуелните теми и раз-мена на искуства.

Целта на истражувањето во усвојувањето на странски јазик е да ја опише и да ја објасни јазичната компетенција на изучувачите на странски јазик. За таа цел истражувачот мора да го испита познавањето на изучувачите на јазичните правила од повеќе аспекти, како и нивната способност ефективно да ги користат во процесот на комуникација. Резултатите треба да упа-туваат на тоа како овие сознанија најдобро да се вклучат во наставната пракса за да се подо-бри методологијата на предавање. Наставниците може да спроведуваат практични истражу-вања во текот на својата работа. Со тоа тие подобро ќе ги разберат процесите на усвојување на јазикот и ќе можат покомпетентно да одлучуваат кога ќе треба да донесуваат решенија. На тој начин тие ќе бидат подобро подготвени за поактивна улога во процесот на донесување и спроведување на јазичната политика од повисоките институции.

За во иднина, ЕЛТАМ групата за истражување планира да ги прошири своите активности на практични истражувања во кои на различни начини ќе бидат вклучени повеќе наставници, а резултатите од нив ќе бидат наменети за сите што се вклучени во предавањето англиски јазик во Република Македонија.

проф. д-р Лилјана МитковскаВонреден професор по предмети од граматиката на англискиот јазик,

Факултет за применети странски јазици, Универзитет ФОН, Скопје

1. Член на Иницијалниот одбор во 1999 - 2000;2. Член на Извршниот одбор на ЕЛТАМ од 2002 до 2008;3. Учество во Проектот за развој на ЕЛТАМ (јануари 2003 – деќември 2004)4. Член на Организацискиот одбор за Втората и Петтата меѓународна конференција

на ЕЛТАМ; 5. Уредник на списанието ELTAM Newsletter 2003 – 2008, кое излегуваше трипати годишно;

Page 29: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 29

6. Координатор на Вториот/Третиот и Четвртиот натпревар во пишување состави - Essay Contest 2007, 2008, 2009 – организирани во соработка со Ми-ровниот корпус на САД во Македонија;

7. Иницијатор на ЕЛТАМ групата за истра-жување (ELTAM Research SIG) и нејзин ко-ординатор.

Соработка со партнерски институции и спонзори

Ако се сублимира еден период од 10 години работење и постоење на ЕЛТАМ како водечка асо-цијација од областа на англискиот јазик во РМ, неопходно за таквата класифокација е соработката со партнерски институции и спозори.На самиот почеток, значајна улога одигра Британски Совет кој преку бројни обуки за членството, ги инструира темелите на ЕЛТАМ со првиот веб сајт и ин-форматор. Сите работилници и семинари во републиката и надвор од неа, потпомогнати од БС, овозможи да се направат првите контакти со партнерски асоцијации во регионот, На овој начин, ние можевме да работиме во поширо-ки рамки во републиката и истовремено да ги контактираме првите партнерски институ-ции и спозори.

И кој друг ако не претставниците на из-давачките куќи во РМ за литература по ан-глиски јазик. Лонгман и Англиски Центар, како најинволвирани во процесот на учење странски јазици и најзасегнати за пристап до наставниците и интеракција со нив, се наши-те најголеми пријатели, подржувачи во ми-сијата на ЕЛТАМ и спозори секако. Ниедна конференција на ЕЛТАМ неможе да помине

Page 30: ELTAM ЕЛТАМ

30 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

без тие да имаат свој удел и да допринесат за убава атмосфера и професионалност на истите.Тука се и Албатрос и во последните години почнавме и соработка со Просветно Дело од Скопје.

Американското Катче во Скопје и соработката со нив е од голема важност за ЕЛТАМ. На-шите членови имаат можност да присуствуваат на бројни презентации во АК, да користат литература,да добиваат е- информатор, да бидат дел од активностите во организација на АК.

Исто така важен податок е и тоа дека наставниците учествуваат и се присутни со своите уче-ници на работилници кои ги организира катчето. Нашата соработка секако дека ќе продолжи и во годините што доаѓаат. Американската Амбасада во Скопје и одделението за образова-ние и култура се подржувачи, спонзори и почесни пријатели и затоа за нашиот јубилеј 10 годи-ни, ЕЛТАМ ги номинира за Златен спонзор. Имено, нашата соработка се одвива преку процес на обезбедување на квалитет во образованието, квалитет во наставата по англиски јазик и професионален развој на наставниците по англиски јазик. Амбасадата на САД во Скопје, нуди ресурси за наставата,програми за нашите ученици,наставници,и проекти. Но, сепак најважно за нас како асоцијација е дека тие имаат разбирање,имаат знаење за невладиниот сектор и колкава е улогата на наствничките здруженија во светот.

Членови на ЕЛТАМ имаа можност да присиствуваат и учествуваат на ТЕСОЛ конференција во Бостон, што е голем исчекор за нашата асоцијација. Искрено се надеваме дека соработката со оваа угледна институција,ке донесе уште многу предизвици,и отворени видици за нас и нашата држава. Мировен Корпус во Македонија и ЕЛТАМ во зедничка соработка ги иденти-фикуваше приоритетите и областите каде доброволците на Мировниот Корпус би можеле да бидат од помош. Нашата соработка започна со еден проект во пишување состави, но со текот на времето се фокусиравме на помагање на наставниците и учениците во подобрување на пишувањето и воопшто комуникациските вештини на англиски јазик,преку креативни актив-ности. Нивните доброволци ,заедно со локалните координатори на ЕЛТАМ ,одржаа бројни се-минари во последните три години за наставниците во регионот. Наша цел е наредните години да се зголеми бројот на можни области за соработка и идни успеси.

Магнус Инженеринг од Скопје, е приватна фирма која иако далеку по своето делување од секторот образование,сепак најблизок соработник на ЕЛТАМ за овие 10 години постоење. Менаџерскиот тим на Магнус, несебично ги помагаа секоја година натпреварите по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ. Тие како прави менаџери од бизнис фелата ни сугерираат и помагат да ги мотивираме наставниците и учениците со пригодни награди за своите успеси. ЕЛТАМ многу научи од нив како приватен сектор за како да воспоставуваме контакти со други спозори и да отвараме нови можности за ЕЛТАМ. Како најголем успех за ЕЛТАМ е можноста што ја добивме од ТЕСОЛ, САД, да номинираме приватна фирма од Македонија која не е од об-ласта на образованито туку од бизнис секторот а го помага невладиниот сектор за образова-

Page 31: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 31

ние за номинација на Advocacy Leader of the region. Магнус ја доби номина-цијата и плакета за истито а, ЕЛТАМ се претстави пред ТЕСОЛ како еднаква со другите веке добро етаблирани асо-цијации во светот. Ова е производ на една плодна и успешна соработка,за што се надеваме дека во иднина ке донесе усте многу во сферата на сора-ботка помеѓу Америка и Македонија. Пивара Скопје и Сковин се исто така приватни компании кои на многупати помагаат во обезбедување спонзор-ство за настаните на ЕЛТАМ. Ние како и за сите други,градиме позитивна стратегија за своите пријатели и спон-

зори. Искрено се надеваме и работиме на тоа за во своите активности и делувања, секогаш да ги вклучуваме и приватните фирми во Македонија.

Соработниците за ЕЛТАМ

Центарот за странски јазици интензивно соработува со Асоцијацијата на наставници по англиски јазик за време на целиот период, од самиот почеток на постоењето на ЕЛТАМ па се до денес. Првите активности организирани во SETREC, чиешто седиште се наоѓаше во ЦСЈ, се всушност и почетоците на развојот на ЕЛТАМ, а во тој период е организирана и Првата кон-ференција на ЕЛТАМ. Неколку професори од ЦСЈ се меѓу првите активни членови кои оди-граа значајна улога во воспоставувањето на главните активности на ЕЛТАМ, како што се ин-форматорот на ЕЛТАМ, првата соработка со IATEFL и водење на евиденцијата на членовите. Од основањето, во период од повеќе години, ЦСЈ беше главното седиште на ЕЛТАМ и целата надворешна комуникација се одвиваше преку неговата адреса. ЦСЈ даде голема поддршка во организација на првите три конференции и за тоа се здоби со признание од ЕЛТАМ. Освен тоа, вратите на Центарот се секогаш отворени за организација на работилници и семинари – голем број работилници се одржани во ЦСЈ и во организација на негови професори. Во

Page 32: ELTAM ЕЛТАМ

32 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

рамките на неколку проекти на ЕЛТАМ се одржуваа активности во ЦСЈ, како што се Проектот за комуникација и лидерство, Проектот за обучувачи по англиски јазик, состаноци во рам-ките на проектот Storybook, проектот CARE и Драма и други. Многу е важно да се истакне дека значителен број професори и одговорни лица се редовни членови на ЕЛТАМ, а еден дел од нив биле и членови на Управниот одбор, додека другите учествувале во повеќе проекти каде што го дале својот придонес.

Центар за странски јазици Скопје

Мотото на Pearson Longman е: ГОЛЕМИТЕ НАСТАВНИЦИ ИНСПИРИРААТ, МОТИВИРААТ, ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ.

Наставниците се посебни личности во животот на нивните ученици кои ги инспирираат уче-ниците да го истражуваат светот, ги мотивираат учениците за да ги развијат нивните вештини и таленти, а помагајќи им на учениците да станат одговорни и успешни возрасни луѓе, го мену-ваат светот.

Сите автори и уредници во Pearson Longman се наставниси затоа што најдобрите идеи се раѓаат во училницата. Pearson Longman разменува идеи со илјадници наставници од цел свет.

Наставниците прават учењето да биде уникатно искуство за нивните ученици. Затоа Pearson Longman им помага на наставниците со наставни материјали (прирачници, аудио ленти, ви-део, ДВД и ЦД-РОМ) со цел да ја направи наставата поинтересна, мотивирачка и успешна.

Pearson Longman ја користи секоја можност да биде домаќин и организатор на сесии, рабо-тилници и семинари за обука на наставници низ цел свет.

Pearson Longman се гордее со својата поддршка на наставниците од цел свет, во која спаѓа и соработката со ЕЛТАМ од самиот почеток на создавање на асоцијацијата.

Британски совет во Скопје

Британскиот совет во своите 14 години работа во Македонија, со гордост ја споделува и се придружува на 10-годишницата од постоењето и делувањето на ЕЛТАМ.

Во овој 10-годишен период од нашата заедничка соработка, остваривме многу. Раѓањето и развојот на ЕЛТАМ беше реализирaн со заеднички напори и иницијатива, преку заеднички

Page 33: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 33

проекти од огромно значење како за ЕЛТАМ и за неговото членство, така и за официјалните образовни структури во РМ. Сето ова придонесе ЕЛТАМ да биде на чело на развојот и nа ква-литетот на наставата и изучувањето на англискиот јазик во Република Македонија.

Уште од самиот почеток на ЕЛТАМ, Британскиот совет ги поддржува конференциите на ЕЛ-ТАМ, со присуство на предавачи на годишната конференција од Велика Британија. Во исто вре-ме, овозможуваме членките на ЕЛТАМ да земат учество на регионалните конференции и кон-ференциите на IATEFL во Велика Британија, како и посета на неколку летни школи Hornby. Ова искуство овозможи понатамошен стручен развој за ЕЛТАМ и неговите членови, преку размена на искуствата со колегите од Британија и Европа, и со останатото членство на ЕЛТАМ.

За прват во Македонија, ЕЛТАМ во соработка со Британскиот совет и тогашниот советник за англиски јазик, Тим Филипс, започна проект во областа на драмата. Во неколкуте летни училишта на оваа тема, група наставници - заинтересирани членови на ЕЛТАМ, беа обуче-ни како драмата да ја вметнат на часовите по англиски јазик, а со тоа да ја збогатат својата инвентивност но и креативноста и мотивацијата на учениците. Логичен след на ова беа не-колкуте Драма фестивали на кои учениците ги покажуваа своите јазични способности на театарската сцена, но и изведувајќи сопствени драми, како на последниот одржан Драма фес-тивал ‘06, од кој произлегоа и ЦД и збирка на драмите претставени на фестивалот во изведба на учениите од неколку училишта ширум Македонија.

Проектот Storybooks, инаку одобрен и од Министерството за образование и наука, беше првото креативно издавачко искуство, во кое четири членки на ЕЛТАМ авторизираа 4 сликов-ници на англиски јазик и наставни прирачници, како дополнување на наставата по англиски јазик во основното образование. Со одобрение на Министерството за образование и наука на РМ, оваа серија си го најде својот пат во дваесетина основни училишта ширум Македонија.

Членството на ЕЛТАМ беше неуморно за нови предизвици. Следеше ново ниво на соработ-ката, во кое Британскиот совет го вклучи ЕЛТАМ во својот регионален проект (заедно со сес-тринските здруженија од Романија, Грузија и Азербејџан) наменет за наставниците-почетни-ци во наставата по англиски јазик. Производот на регионалниот тим во кој учествуваа членки на ЕЛТАМ и сестринските здруженија, под водство на Sue Leather, од Велика Британија, беше официјалниот прирачник за обука наречен „Чекори кон успехот“ финансиран од страна на Британски совет. На национлано ниво, создадовме тим од обучувачи, кои во 2006 година го ре-ализираа првиот циклус обуки низ Македонија, а потоа следуваа наредните циклуси, низ кои во текот на наредните две години беа обучени околу 60мина млади наставници од основните и средните училишта ширум Македонија. Овој проект е од особено значење за задоволување на потребите на наставниците - почетници во наставата по англиски јазик, што се манифес-тира во текот на регионалното истражување што Британскиот совет го спроведе со ЕЛТАМ и

Page 34: ELTAM ЕЛТАМ

34 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

неговите сестрински здруженија од регионот. Ова е уште еден пример за успешна сорабтока на ЕЛТАМ со официјалните структури, покрај проектот Storybooks, зашто тимот обучувачи на ЕЛТАМ сега ја спорведува истата обука во државните училишта, овојпат преку БРО.

Со цел да се зголеми стручниот и одржливиот капацитет на Асоцијацијата, Британскиот со-вет иницира обука за членството на ЕЛТАМ, од областа на менторството, од која произлегоа 18 обучувачи. Како резултат на оваа обука, ЕЛТАМ успешно организираше 18 работилници на различни теми за наставниците по англиски јазик во повеќе градови низ Македонија. Со истата цел, во 2010 за одборот на ЕЛТАМ, Британскиот совет организира предавање и работилница со Британски советник за управување со асоцијации.

Ова се само дел од заедничките искуства во кои членството на ЕЛТАМ и персоналот на Бри-тански совет имаа можност да соработуваат заедно. Секогаш свесни за преданоста и со почит кон стручноста на членовите на ЕЛТАМ, успеавме заедно да го изодиме овој интересен пат.

Ви го честитаме 10 годишниот роденден, почитуван ЕЛТАМ, и Ви посакуваме уште поголеми успеси и предизвици во наредното  десетлетија.

Искрено Ваш,Британски совет во Македонија 

После скоро 10 години членување во ЕЛТАМ како локален координатор и генерален секре-тар можам да кажам дека навистина сум среќна кога ќе видам како од состаноците во СЕТРЕЦ во подрумот на ЦСЈ до 6-та меѓународна конференција сме станале сериозна асоцијација која може да понуди многу и на професионален и на личен план.

Ја помнам првата конференцијата на која присуствував надвор од Македонија, конферен-ција на БЕТА Бугарија во Пловдив, кога тргнваме со уште 40-тина колешки, смеата во автобусот, прошетките низ улиците на Пловдив и презентациите на нашите драги колешки од Бугарија. Соработката со нив трае и до денес и не поврзуваат работи кои се надвор од професорскиот свет. Тука се и прекрасни сеќавања од конференциите во Србија и САД, но најубавите се секако од конференциите на ЕЛТАМ. Секоја конференција е мешавина на страв, нервоза и многу ра-бота, но секогаш завршува на ист начин - задоволство што сме запознале уште еден колега или колешка, што сме овозможиле на наши колеги и колешки да се искажат и да научат нешто ново.Секако дека понекогаш се прават и грешки, но сепак тоа е дел од растењето и созревањето.

ЕЛТАМ 10 години подоцна е сериозна асоцијација која нуди многу работи за професионален развој на професорите по англиски јазик во Република Македонија. Откако стана асоцијативна членка на ИАТЕФЛ и ТЕСОЛ може да се каже дека ЕЛТАМ доби меѓународно признание како водечка сила во унапредувањето на образованието во Македонија.Сите членови се обидуваат да допринесат кон растот на ЕЛТАМ со нови идеи, активности и многу труд. Влеговме и во све-

Page 35: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 35

тот на информатичка технологија со издавање на електронско списание, информативна ѕахоо група и, секако, Facebook.

На овој начин се обидуваме нашите членови постојано да се информирани за сите настани организирани во Македонија и низ целиот свет, како и да им обезбедиме можност да ни се обратат со било какви прашања.

Да се биде дел од една ваква асоцијација е прекрасно искуство кое се надевам дека ќе го почуствуваат и многу други млади колеги и колешки и ќе допринесат кон нејзиниот развој.

Александра Поповски ГолубовиќГенерален секретар на ЕЛТАМ

Како новопечен професор по англиски јазик, јас за ЕЛТАМ дознав од мојата професорка проф д-р Ирина Петровска која ми рече дека првото нешто што би требало да го направам по-сле дипломирањето е да станам член на оваа угледна организација, дека токму овде ќе најдам се што ми треба за професионално усовршување. И можам да кажам дека токму тоа се случи. Редовно сум известувана за настани кои се поврзани со оваа благородна професија, и знам дека тимот кој работи во ЕЛТАМ го прави тоа професионално и не изостанувајќи никој од свои-те членови. Првото искуство што јас го имав беше поврзано со конференцјата која се одржа од 9 до 11 април на SEE Универзитетот во Тетово. Со помош на ЕЛТАМ јас учествував на таа конфе-ренција на која се сретав со моите факултетски професори, но и со многу други професори од кои научив многу. Задоволството од таа конференција е преголемо. Се надевам дека како член ќе се случат уште многу такви конфе-ренции и средби на кои ќе може да се научи доста. На секој професор по англиски јазик му препорачувам да стане дел од оваа организација, би-дејќи таа е токму она што му треба на секој англист.

Срдечно Бисера Костадиновска

лектор/ професор по англиски јазик и книжевност

Педагошки Факултет Битола

Во периодот од 2002 до 2008 годи-на бев член на Управниот одбор на ЕЛТАМ и ги извршував сите потребни

Page 36: ELTAM ЕЛТАМ

36 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

обврски, прво како секретар на асоцијацијата, а потоа и како лице за контакт со меѓународна-та асоцијација за професори по англиски - ИАТЕФЛ. Првиот предизвик беше учество во орга-низацијата на Втората меѓународна конференција на ЕЛТАМ во 2002 година во Охрид, а потоа и на следните две конференции во Охрид и Струга во 2004 и 2006 година. Меѓу многубројните активности во коишто го дадов својот придонес би ги издвоила креирањето на електронската група за потребите на ЕЛТАМ, како и водењето и ажурирањето на списокот со членовите и редовното обновување на договорите со ИАТЕФЛ. Покрај учество и организација на повеќе се-минари и работилници, заедно со членовите на Одборот и во соработка со Британскиот совет ги спроведовме и Проектот за обука за водење проекти во 2004 година и Проектот за обука на обучувачи по англиски јазик во 2006 година, при што се стекнавме со уверение за обучувачи на професори по англиски јазик. Бев дел и од организацијата на првиот драмски фестивал, проект во рамките на ЕЛТАМ. Како резултат на сите организирани семинари издадена е пуб-ликација на ЕЛТАМ, со мој придонес како уредник. Во пресрет на 10 години јубилеј на ЕЛТАМ, среќна сум и задоволна што дадов свој придонес а во годините што доаѓаат посакувам многу успех и мегународни достигнувања за ЕЛТАМ.

Фани Смичковска

Building Teaching Skills Through MentoringLanguage is power. The ability to communicate gives us the ability to share ideas and to engage

in dialogue. Language also gives us the ability to persuade others and to work together to find consensus. Language skills are therefore absolutely essential to building understanding within our communities and between people of different nations. 

Beyond the parent, there is no more essential player in the development of learner language skills than the teacher. The social trust placed in the teacher is profound – and the relationship between pupil and teacher is the basis for instilling the desire to learn over the course of a lifetime.

At the same time, the use of English as a language of business, international law, academia and tourism is unparalleled. So, in addition to training your pupils in communications skills, you are giving them a passport to explore the world.

At the State Department, we focus on bringing teaching resources to Macedonia and sending students to study in the United States. Through the Fulbright program, we send university students to study and work towards a degree. We also send high school age students through the YES (Youth Exchange and Study) program. Both programs require excellent English language skills.

We are in the second year of two new programs to support English language teaching in Macedonia. This is the second year for our English Language Fellow, a position designed to bring

Page 37: ELTAM ЕЛТАМ

Асоцијација на наставници по англиски јазик во РМ - 10 години 37

English language teaching to communities in need of greater teaching skills. Our current fellow has taken on the challenge to focus on mentoring young teachers in this country. We have also funded two English Teaching Assistants through the Fulbright program to bring English language teaching to university settings outside the capital. At the same time, they meet with students of all ages at our American Corners to share more about our culture and educational opportunities.

Just as the best students are always learning more, the best teachers are also always looking for ways to improve their teaching skills and find new resources. Through training programs for teachers, mentoring programs and Junior Faculty Development programs, we focus on giving young teachers the opportunity to build their curriculum and teaching skills.

The mission of ELTAM is to support teachers in their goal to improve the quality of English language teaching. There is no better way to become better at teaching than to rely upon the expert guidance and support of your fellow teachers. Reaching out to young teachers – giving them a patient mentor to walk them through the development of their skills – would be the most powerful use of your years of expertise and should be a focus of all of your programs. As we work to develop mentoring programs in the coming years, we look forward to working with ELTAM to give these young teachers the support they deserve and the resources they need.

John SurfaceCultural and educationalAttache

Office of Public AffairsU.S Embassy Skopje, Republic of Macedonia

Магнус Инженеринг со задоволство се придружува на 10 годишницата од постоењето на ЕЛТАМ и со искрени честитки за се што ЕЛТАМ постигна за овие години. Навистина сме среќни ако нашата добра соработка во изминатите години оставија белег за напредокот на ЕЛТАМ во Македонија и пошироко. Кога велиме ЕЛТАМ, мислиме на наствниците, на учениците на обра-зованието во целина.

За нас ова е асоцијација една по својот карактер во РМ и навистина сакаме со нашата соработка да допринесеме во поврзување на наставниците во светот, поврзување на асоцијациите ,заедни-ците и светот преку размена на информации, посети, конференции, семинар и др. Како ваши подржувачи и искрени пријатели ви пожелуваме уште многу години успешни проекти и мегу-народни признанија.

Генерален менаџерАлександар Илиевски

Извршен дирецторЖарко Христовски

Page 38: ELTAM ЕЛТАМ

38 English Language Teachers Association of RМ - 10 Years

БЛАГОДАРНОСТ

10 ГодиниЕЛТАМ им благодари на следните организации, компании, образовни институции за нивна-

та огромна поддршка, спонзорство и пријателство за овие 10 години од постоењето;Американска амбасада во Скопје, Британски совет, Англиски Центар, Лонгман, Албатрос,

Просветно Дело и Детска радост, Мировен Корпус, Центар за Странски Јазици, Американско Катче, Филолошки факултет Блаже Конески, Универзитет Американ Колеџ, Скопје, Магнус Ин-женеринг, Инвето, Пивара Скпоје, Сковин, Туристички Сојуз на град Скопје, Снупи Велес, СУГС Јосип Броз Тито, ОУ Св.Кирил и Методиј, ОУ Лазо Ангеловски, ОУ Н.Г. Дуња.