kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ...

25
Kia

Upload: others

Post on 23-Mar-2021

33 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Kia

Page 2: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ.

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA.

Животот е прекрасен. Живописен, непредвидлив и возбудлив во сите свои

сегменти. Што и да се случи, каде и да одите и што и да откриете, Kia е со вас.

Ние во Kia ги посветивме нашите животи за да создадеме подобра иднина.

Затоа развиваме и создаваме автомобили што ви помагаат да откривате и

да уживате во нови хоризонти. Автомобили со впечатлив дизајн, напредни

технологии и паметни решенија. Автомобили со нашата гаранција од

неверојатни 7 години како доказ за нашиот извонреден квалитет. Што и

да правиме, нас нѐ води една мисија: секогаш да ги надминуваме вашите

очекувања. Тоа го нарекуваме „The Power to Surprise“.

Сега, ве покануваме да се задлабочите и да ни дозволите да ве изненадиме

Page 3: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Создаден за возачи кои уживаат во секој момент, ја

поместуваат секоја граница и храбро тргнуваат во нови

авантури, Kia Stonic носи свежа возбуда и слободен

дух во кросовер изведба. Со складната, мускулеста

каросерија, спортскиот компактен стил, одличното

управување и перформанси – Kia Stonic е за оние кои

секогаш бараат повеќе од животот..

Уживајтево секојмиг

Page 4: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Уште при првата средба, Kia Stonic постави свои правила,

со изглед што го предизвикува конвенционалното.

Динамичниот спортски изглед на предниот дел е

благодарение на тридимензионалната форма на

решетката, вертикалните куќишта на магленките и

вградените предни светла со двојна функција со јасни

LED-светла за дневно возење. Ако го додадете изборот

од 20 комбинации на бои за каросеријата во две бои и 9

бои во една нијанса, добивате стил што едноставно вели

„мој живот... мој начин“.

Побегнете од секојдневието

Page 5: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Одзади, агилниот Kia Stonic остава силен и долготраен

впечаток. Драматично накосениот заден прозорец со

спојлер со задно осветлување и моќни сводови му

даваат мускулест изглед, додека тридимензионалната

графика во комбинацијата на задни LED-светла

оставаат навистина силен впечаток. Складно

извајаната задна врата и сребрената заштитна плоча

што го регулира протокот на воздух му дава силно,

но тивко урбано чувство што гарантира дека ќе ги

привлече сите погледи.

Предизвикајте го конвенционалното

Page 6: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Живеење во моментот значи живот без граници и

токму тоа може да го очекувате од внатрешноста

на Kia Stonic. Извајаните контури веднаш им годат

на погледот и на чувствата, а го прават возењето

свежо и забавно. Формата на управувачот во D-стил

не дозволува да дојде во допир со нозете, додека

другите контроли се дизајнирани и поставени да

овозможат совршена комуникација со нив.

Останете доследни на вашиот идентитет

Page 7: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

7 Години ажурирање на мапите

Кога контролата е во ваши раце, информациите се неопходни и Kia Stonic ги прикажува таму каде што ви се

потреби, без воопшто да ви го одвлекува вниманието. Технологијата Bluetooth нуди пристап без користење

на рацете до телефонот со користење препознавање глас, додека најмодерниот систем за информации со

лебдечкиот екран на допир во боја ви овозможува да ги имате информациите и забавата на дофат на прстите.

Уживајте во секој миг

Помеѓу брзиномерот и мерачот на вртежи, екранот прикажува информации за

возењето и аудиото. TFT-LCD екранот што е достапен како стандардна опрема и

нуди повеќе јазици и popup-пораки.

4.2-инчи Ѕupervision дисплеј

USB-приклучокот ви овозможува да ги полните

мобилните телефони и други уреди.

USB-приклучокот во задниот дел од централната

конзола овозможува и патниците на задните седишта

да ги полнат своите уреди.

USB полнач напред USB полнач позади

Системот за навигација е достапен на повеќе јазици

и има TFT-LCD екран од 8” и приказ на задна камера.

Систем за навигација со екран во боја од 8"

Page 8: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

1

2

3

5

4

6

*Паметните телефони со претплата за податоци треба да ги активираат услугите.**Може да важат законски ограничувања за овие услуги во зависност од земјата на користење.

1. Информации за сообраќајот во живо**Системот за навигација обезбедува точни информации за сообраќајот во живо што се ажурираат на секои две минути, така што вие ќе знаете каде точно сообраќајот се одвива без застои или кои области треба да се избегнуваат. Кога некаде има метеж, системот ќе ве извести и ќе ви предложи алтернативни маршрути.

2. Камери за мерење брзина**Ќе добиете известувања и за многу камери за мерење брзина, и фиксни и мобилни, како и области со ограничен пристап. Системот може да ги земе предвид дури и областите каде што многу често се случуваат незгоди и да ве предупреди за овие црни точки.

3. Локално пребарувањеАко барате ресторан, супермаркет или некое конкретно место за средба, едноставно изберете Local Search (Локално пребарување). Базата на податоци содржи 500 категории за пребарување, 25.000 клучни зборови и 250.000 локации за да го најдете тоа што ви треба. 4. Временска прогнозаДали викендот ќе биде сончев или дождлив? Подобро проверете ја временската прогноза. Само внесете ја дестинацијата за да прегледате резиме за следните четири денови, заедно со минималните и максималните температури, брзината на ветрот и шансите за сонце или дожд.

5. Информации за паркирањеЗа да ви помогне полесно да се паркирате, системот ќе ги означи местата за паркирање пред да пристигнете на дестинацијата. Ќе прикаже потенцијални места за паркирање на улицата врз основа на историските податоци и места за паркирање надвор од улицата чија достапност е прикажана со бои.

6. Информации за горивоКога горивото во резервоарот ќе биде при крај, системот ќе ви ги прикаже најблиските бензински станици и цените преку интернет-базата на податоци на TomTom за да можете соодветно да планирате каде да застанете за да дополните гориво.

Android AutoTM е дизајниран за да ви помогне да бидете совршено поврзани со телефонот, а истовремено да го сведе вознемирувањето на минимум за да бидете безбедни на патот. Едноставниот, интуитивен интерфејс ви овозможува да пристапите до карактеристики како што се Google Maps, апликации, музика и говорна контрола и автоматски ги организира информациите во едноставни картички што се појавуваат токму кога ви се потребни.

Apple CarPlayTM е паметен, безбеден начин да користите iPhone додека возите. Ги собира сите работи што можеби сакате да ги направите и ги става во екранот на Stonic за да може да добивате насоки, да повикувате и да слушате музика, а погледот постојано да ви биде насочен кон патот.

Нашиот нов систем за навигација со Услуги за поврзување од Kia што се обезбедуваат преку

TomTom Live Services обезбедува доверливо наведување по маршрута до следното ниво

на точност и совршеност. Ви овозможува да бидете во допир со надворешниот свет и нуди

најпрактични информации. Во срцето се наоѓа уред со Wi-Fi што овозможува системот за

навигација на Stonic да се поврзе на интернет преку паметниот телефон.*

Каде? Кога? Како?Одговорот е овде.

Page 9: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Специјалните мигови во животот се позабавни кога

ги споделувате со пријателите и семејството. Затоа

во пространата внатрешност на новиот Kia Ston-

ic може да се сместат до пет патници со доволно

простор за удобно и опуштено седење. А кога

патувате или едноставно уживате, најновите понуди

за забава, автоматската климатизација и греењето на

предните седишта придонесуваат за уште попријатно

доживување.

Споделете го искуството

Page 10: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Кога рутината е последното нешто на коешто помислувате, Kia Stonic е дизајниран

за да ги исполни вашите планови и соништа. Со седиштата што се преклопуваат и се

делат, во комбинација со просторната внатрешност и флексибилен капацитет од 352

литри до огромни 1.155 литри, сега е уште полесно да тргнете и да истражувате или да

одговорите на секојдневните предизвици.

Поставете го подот во багажниот простор повисоко за да биде на исто ниво со преклопените

потпирачи на задните седишта (лево) или пониско за да пренесувате високи предмети

(десно).

Задните седишта се преклопуваат целосно за да овозможат

сместување на долги и масивни предмети во проширениот

простор за товар

Задните седишта се преклопуваат посебно 60:40 и се

преклопуваат целосно за да обезбедат целосна

флексибилност за луѓе и за товар.

Приспособлив под за товар Задни седишта со целосно преклопување

Задни седишта со посебно преклопување од 60:40

Отворен за сите можности

Page 11: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Кога го живеете секој миг, моќноста и прецизноста мора да работат заедно и токму

тоа може да го очекувате зад управувачот на Stonic. На располагање ви стојат четири

мотори – три бензински и еден дизел, за да одговорат на сите ваши потреби. Во

комбинација со мануелниот менувач со брзо менување на степените на пренос, секој

мотор комбинира голема моќност и привлечна ефикасност.

Динамичен во секој поглед

Автоматски менувач Уживајте во елегантно

забрзување, агилно менување степени на пренос и

помала потрошувачка на гориво: изберете помеѓу

6-степениот автоматски менувач или новиот

7-степен DCT менувач со двојна спојка.

Mануелен менувач Мануелниот менувач со 5 или 6

степени на пренос обезбедува брзо и елегантно

менување степени на пренос што одговараат на

вртежниот момент на моторот и обезбедуваат

моќност и ефикасност.

5 M/TA/T & 7-DCT 6 M/T

Page 12: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Проток на енергија

Ситуација

при возење

Новиот Stonic е опремен со EcoDynamics + Mild Hybrid Powertrain System, кој

нуди секојдневно возење со ниски емисии. Со паметно спарување на најновиот

бензински мотор 1.0 T-GDi со литиум-јонска батерија од 48 волти, може да ја

намали потрошувачката на гориво и нивото на емисија на возилата. Уште повеќе,

интегрираниот е-систем ја обновува кинетичката енергија за време на фазите на

забавување за да обезбеди помош при вртежниот момент при забрзување.

Поставете новиграници

Старт

Моторот го стартува системот за да обезбеди брз и непречен старт.

Помош за вртежен момент

За време на забрзување или возење по нагорнина, системот обезбедува помош при вртежен момент со земање енергија од батеријата .

Константно движење

Кога возите со постојана брзина, конвенционалниот моторот делумно ја полни батеријата доколку нејзиното ниво е ниско.

Слободно движење

Mild Hybrid, дополнително ја карактеризира функцијата пловење.

Регенерација на енергијата

При забавување или сопирање, енергијата генерирана од движењето на возилото се претвора во електрична енергија за полнење на батеријата.

Stop & Start во движење

Кога ја намалувате брзината до застанување, конвенционалниот моторот автоматски да заштеди гориво.

Опција за слободно движење

Кога возачот ќе ја подигне ногата од гаста и ќе му дозволи на автомобилот да се движи

без забрзување или сопирање, во зависност од нивото на 48-волтната батерија,

моторот непречено ќе се исклучи. Ова резултира со поефикасно возење. Веднаш штом

ќе се притисне гаста или педалата за сопирачките, моторот веднаш се стартува.

Функцијата слободно движење и растојанието опфатено со исклучен мотор зависат од

условите за возење и брзината на возилото.

Поедноставена визуелна презентација на операцијата за слободно движење кај благиот хибриден погон.

Page 13: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Откривањето нови места и доживувањето нови

авантури е многу полесно кога знаете дека ја имате

поддршката од најновата технологија на Kia Ston-

ic. Не само што ќе ве инспирира и ќе ви помогне

да го откриете тоа што го барате, туку ќе додаде и

возбудлива динамика во секој елемент од вашето

патување.

Проширете ги хоризонтите

Page 14: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Каде и да сте, што и да правите, може да бидете сигурни дека Kia Stonic ве штити

вас и луѓето околу вас. Тој е направен да им помогне на возачите да не влегуваат

во неволји и да управува со силата на ударот на начини што ја минимизираат

штетата.

Заштитете ги саканите

Дизајнирана за да ви помогне да останете на својата патека на движење кога

вртите, CBC применува асиметрична сила на сопирање на индивидуалните тркала

кога сопирате додека вртите во свиоци за да го анулира потенцијалното губење

на контактот со подлогата и така да овозможи поголема безбедност.

Кога сте на стрмна угорнина, тргнувањето може да

биде незгодно, но не грижете се, HAC е направен да

спречи враќање на автомобилот наназад.

Заедно со серво-управувањето со електромотор,

VSM на Kia помага новиот Stonic да остане стабилен

кога истовремено сопира и врти во свиок.

Контрола за помош при поаѓање на нагорнина (HAC)Контрола за сопирање при вртење во свиоци (CBC)

Управување со стабилноста на возилото (VSM) Систем за векторски вртежен момент (TVBB)

AHSS ЧЕЛИК ЗА ПОГОЛЕМА ЦВРСТИНА И ПОДОБРЕНА ЗАШТИТА НА КАБИНАТА

Новиот Stonic користи напреден челик со голема цврстина (AHSS) за да обезбеди феноменална цврстина на каросеријата, поголема заштита во кабината и динамични перформанси.

8 НАНЕСУВАЊА СО ПРЕСА

6 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

98 МЕТРИ НА СТРУКТУРНО ЛЕПИЛО ЗА ПОМАЛА БУЧАВА И ЕКСТРА ЦВРСТИНА

Кај Stonic, компонентите се нанесени со користење преса во 8 основни зони на стрес, а тоа придонесува за голема цврстина, што значи дека зајакнатата структура на каросеријата обезбедува поголема заштита при судар.

Поголемото користење на структурно лепило значи дека новиот Kia Stonic е истовремено цврст и лесен, а нуди одлично намалување на бучавата и вибрациите.

Заштитата вклучува предни воздушни перничиња за возачот и совозачот, две воздушни перничиња од страните и две воздушни завеси што се поставени по целата должина на кабината.

Како дополнителна функција на вградениот систем за електронска контрола на

стабилноста, нашата нова технологија TVBB значи дека Kia Stonic одржува

поголем степен на стабилност и безбедност на управувањето при вртење во

свиоци, а истовремено го побрува управувањето при остри вртења.

Page 15: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

БЕЗБЕДНОСТ ПРАКТИЧНОСТ ЕФИКАСНОСТ

Очекувајте го неочекуваното

Со технологијата за Паметно возење на Stonic, ќе бидете позадоволни зад управувачот.

Без разлика дали се паркирате, маневрирате низ градските улици, во брза сообраќајна

лента или на отворен пат, карактеристиките на Паметно возење ќе внимаваат на

потенцијални неволји, ќе ве известат, па дури и ќе ви помогнат за да ги избегнете.

Помошта за долго светло автоматски реагира на

светлата од возилата и на условите на падот и

привремено го исклучува долгото светло за да го

намали отсјајот што може да влијае врз другите

возачи.

За да помогне да не се вози кога возачот е изморен или

невнимателен, DAW го следи возачот и наредбите што

ги дава. Ако забележи намалено внимание, активира

звук и прикажува предупредување во групата

инструменти за проверка.

Автоматска контрола на долго светло (HBA)

Предупредување за внимание на возачот (DAW)

Кога излегувате наназад од место за паркирање,

RCCW ве предупредува ако открие закана во

сообраќајната лента во којашто влегува возилото, а

RCCA системот автоматски ги активира сопирачките

со цел за спречи судар

Предупредување за сообраќајна незгода од заден

вкрстен сообраќај (RCCW) & Автоматско активирање

на сопирачките(RCCA)

Со комбинација од податоците од радарот и камерата, FCA ги активира сопирачките кога ќе открие дека возилото напред нагло сопира и може да целосно да запре при брзини до 60 km/h. Ако FCA открие пешак пред вас, ќе ве предупреди. Ако не реагирате, ќе сопре наместо вас за да го избегне или да го олесни ударот.

Систем за автономно сопирање (FCA)

DRIVE WiSE ги користи најновите технологии на Напредниот систем за помош за возачот (ADAS) за да овозможи безбедност на патниците и пешаците во секое време, без да се намали уживањето во возењето.

Идеален за самостојно паркирање, PDW користи

ултразвучни сензори монтирани на браниците за да

предупреди на какви било препреки Звучните

сигнали може да се вклучат или исклучат.

Предни и задни паркинг сензори (PDW) со копче за

исклучување

Page 16: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Користејќи вграден радар, адаптивниот темпомат

може да ја регулира брзината на Stonic и растојанието

до автомобилот пред него. Системот го одржува

растојанието до возилото напред со автоматско

прилагодување на брзината на вашиот автомобил.

Ако возилото однапред успори и не може да се одржи

предодреденото безбедно растојание, системот ќе ја

намали брзината. Ако возилото напред го забрза

темпото, Stonic забрзува до поставената брзина.

Адаптивен темпомат (SCC)

Системот користи за камера и радар за одржување на

безбедно растојание од автомобилот напред и ги следи

обележувањата на патот за да го задржите вашиот

автомобил во центарот на вашата лента.

Систем за следење на лентата (LFA)

Безбедност на врвот на вашите прсти

Секое возење и секоја авантура има свои задоволства и свои предизвици, и затоа,

без оглед со каков вид на возење се занимавате, Kia Stonic испорачува иновативни

карактеристики и врвна технологија за да ве одржат вас и вашите патници што е

можно посигурни. Значи, без разлика дали тргнувате на следното возбудливо

патување или се упатувате кон градот, секогаш ќе знаете дека вие и безбедноста на

вашите патници се на највисоко ниво.

Интелигентното предупредување за ограничување

на брзината ви ги дава сите потребни информации

што ќе ви помогнат да останете во границите на

брзината. Користејќи ја камерата системот ги чита

ограничувањата и ги прикажува на екранот за

навигација и инструмент таблата, за да можете да

преземете какво било дејство.

Кога сакате да ја смените лентата, системот BCW открива дали има возило/а во

мртвиот агол и ве предупредува со симбол во ретровизорот и на вашиот централен

дисплеј заедно со звучно предупредување. Ако започнете да менувате лента

додека имате автомобил во мртов агол, покрај предупредувањето, системот на

Stonic BCA автоматски ќе активира сопирачките за да избегне судир.

Систем за читање на сообраќајни знаци (ISLW)Детекција на мртов агол (BCW) & (BCA)

Кога ќе започнете да ја напуштате вашата лента,

LKA ве предупредува и го коригира управувачот

за да ве задржи во лентата.

Систем за одржување на возилото во лента (LKA)

Page 17: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Сега, кога видовте какви прекрасни работи може

да направи новиот Kia Stonic, време е да донесете

возбудливи одлуки. А добрата вест е што има над

100 различни опции за приспособување од кои

може да изберете. Тоа значи дека може да бидете

што е можно поиндивидуални. Изберете ги бојата,

материјалите и додатоците и кажете му на светот

„Овој Stonic е ист како мене“.

Направете вреденизбор

Page 18: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

B4S UUR

AUR

RUD

BUD

R4S

APXA4S

BPR

M4S

RPR

MPR

AUD

MUD

BBE

BEU USP

BSP

BMYUBE

Signal Red _ BEG Smoke Blue _ EU3 Sporty Blue _ SBP Most Yellow _ MYW

Aurora Black Pearl _ ABP

2-TONE BODY COLOUR

UD 4SS PRG URG BEG EU3 SPB MYW ABP

Clear White (UD) - - - - - - Aurora Black (ABP) - - Tan Orange (ARG) - - - - - Signal Red (BEG) - - - - - - Most Yellow (MYW) - - - - - -

RO

OF

COLO

UR

Оставете ги нека се прашуваат

Бидејќи вие сте несекојдневни, и Stonic е несекојдневен. Ќе најдете храбри и живи бои што го нагласуваат

најдоброто од контурите на возилото и го изразуваат слободниот дух во вас. Дури може и да го приспособите

Stonic со каросерија во две бои така што ќе изберете една од специјалните опции за боја на покривот.

Clear White _ UD Silky Silver _ 4SS Perennial Gray _ PRG Urban Green _ URG

Page 19: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Внесете боја во вашиот живот

Боите кажуваат многу за вашиот став кон животот и како го предизвикувате. Затоа овој

Stonic е достапен во возбудливи комбинации на бои за да оставите свој печат. Пакетите

со живи бои на внатрешноста помагаат да се заокружи изгледот, со складно шиење

на седиштата, извезените шари на потпирачите за грб како и украсните елементи на

контролната табла и конзолата – и секоја комбинација вклучува и стилски управувач

во D-стил со шиење во боја.

Жолт пакет

Сива внатрешност во две нијанси

Портокалов пакет

Седиштата со сив текстил во две бои и украси од

вештачка кожа, со гравирања во боја и портокалово

шиење што одговара на нијансата на впечатливата

портокалова контролна табла и украсот на централната

конзола. Потпирачите за раце во вратите се во посветла

сива боја.

Седиштата со сив текстил во две бои и украси од

вештачка кожа, со гравирања во боја и жолто шиење

што одговара на нијансата на жолтата контролна табла

и украсот на централната конзола. Потпирачите за раце

во вратите се во посветла сива боја.

Сив пакет

Сива внатрешност во две нијанси

Седиштата со сив текстил во две бои и украси од

вештачка кожа, со гравирања во боја и сиво шиење што

одговара на посветлосивата нијанса на контролна табла

и украсот на централната конзола. Потпирачите за раце

во вратите се во посветла сива боја.

Сива внатрешност во две нијанси

Седиштата со црна вештачка кожа имаат сино шиење

што одговара на металната сина боја на украсот на

централната конзола, подлогата и потпирачите за раце

во вратите.

Син пакет

Сива внатрешност во две нијанси

Page 20: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Уживајте во секој детаљ

Без разлика дали вашиот стил е урбан или опуштен, вашиот карактер нека дојде до

израз преку внатрешноста на новиот Kia Stonic и оставете свој личен печат. Може да

изберете од големиот избор на складни и трајни бои и текстил што го отсликуваат

вашиот карактер.

Еднобојна црна внатрешност

Сива внатрешност во две нијанси

EX украс од сива вештачка кожа во две нијанси

Украсот од сива вештачка кожа е изгравиран со

суптилна карирана шара од микроперфорации за

дишење. Соодветниот тапацир на вратите и контролната

табла ѝ дава привлечен изглед на внатрешноста.

Украсот од црна вештачка кожа е изгравиран со

суптилна карирана шара од микроперфорации за

дишење. Луксузниот црн тапацир на вратите и

контролната табла ѝ дава елегантен изглед на

внатрешноста.

EX украс од црна вештачка кожа

EX стандарден текстил

LX стандарден текстил

Пријатна комбинација на меко трико и исткаен текстил со

блага шара обезбедува удобност и поддршка. Тапацирот

на вратите и контролната табла и метал во бои што ги

дополнуваат сенките на текстилниот тапацир.

Внатрешноста е обложена со комбинација на меко трико

и исткаен текстил со неупадлива темносива шара.

Усогласениот тапацир на вратите и контролната табла

обезбедува свежа и опуштена околина.

Еднобојна црна внатрешност

Еднобојна црна внатрешност

Page 21: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Вистинскиот стил е да знаете што сакате и да ја изразите својата индивидуалност. Затоа

Kia Stonic доаѓа со широка палета на додатоци од впечатливите украси за страните и

задните врати до забележливите капаци за ретровизори и уште многу други. Еве само

мал дел од широката палета што ви стои на располагање за да го направите вашиот

Stonic уникатен.

Без оглед на каква авантура сте биле, не грижете се за

влажните или калливи чевли кога ќе се вратите во

автомобилот. Овие издржливи и лесни за чистење

патосници го штитат целиот под на вашата кабина.

Достапно и во црвен акцент.

Патосник за сите сезони

Колку и да се влажни и калливи работитите, оваа постава направена по нарачка ќе

го заштити вашиот багажен простор. Тој е издржлив, не се лизга и е водоотпорен со

подигнати рабови. Брендиран со логото Stonic.

Подлога за багажен простор

Направени по мерки, направени да восхитат: додајте полиран детаљ на задната врата

со оваа украсна лента на задната врата од полиран не’рѓосувачки челик.

Првиот впечаток секогаш е важен и затоа овие плочки на

праговите од не’рѓосувачки челик даваат премиум чувство

и навестување за доживувањето што ќе се следува.

Со текот на времето, стапалата на возачот и совозачот

можат да предизвикаат абење на праговите на вратите.

Заштитете ги со нов површински слој и додадете ги овие

издржливи фолии. Достапни во црна и транспарентна

боја.

Овие странични украси од полиран не’рѓосувачки челик се уникатно елегантни и му

даваат на страничните контури на Stonic возбудлива нишка.

Очекувајте повеќе

Странична украсна лента, полирана

Украсна лента на задната врата, полирана Плочки на праговите

Фолии за заштита на праговите

Page 22: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Кратки излети? Долги патувања? Патувања за викенд? Авантури во непознато? Што

и да ви треба, само вие може да одлучите што претставува возилото за вас и што

припаѓа во него. Затоа Stonic нуди широка палета на опрема за да ви помогне да

се чувствувате како да е направен специјално за вас уште при првото влегување.

Опремете се за секоја пригода

Со трите поставки за топлина, греењето на предните

седишта и потпирачите за грб брзо се загреваат и ја

одржуваат постигнатата температура за да се обезбеди

целосна удобност и безбедност.

Греење на предните седишта Очите напред! Kia Stonic доаѓа со потполно нов и навистина стилски дизајн на светла со

4 LED ленти што се вклопуваат со елегантната решетка. Со користење на напредна

технологија, новите целосни LED светла произведуваат посилно осветлување за

попрецизност и јасност, што ви овозможува подобро откривање на пречките и

навигација по патот напред.

Целосни LED светла со нов дизајн

Удобниот потпирач за рака на лизгање се совпаѓа со

внатрешниот тапацир и е вграден во конзолата што

вклучува два држачи за чаши и преграда за складирање.

Потпирач за рака во централната конзола

Оставата за очила ви помага да бидете организирани и ги

чувате очилата за сонце токму таму каде што можете да

ги најдете, а притоа да ги задржите очите напред.

Остава за вашите очила

Во студените утра, со задоволство ќе ги ставите рацете

на загреаниот управувач.

Греење на управувачот

Задната камера проектира динамични линии на сликата

во екранот од 8 инчи за да ви препорача патека на

движење.

Задна паркинг камера

Кога ќе открие дождовни капки на ветробранот,

сензорот за дожд ги активира бришачите.

Сензор за дожд

Кога го носите паметниот клуч, може да влезете во

автомобилот и да го вклучите палењето само со

притискање на копче.

Паметен клуч и стартување со копче

Page 23: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Мотори 1.0 T-GDI 1.2 DPI

Пренос 6-степен MT 6-степен iMT MHEV 7-степен DCT 6-степен iMT MHEV 7-степен DCT MHEV 5-степен MT

Погон 2WD 2WD

Тип гориво Бензин со филтер за бензински честички (GPF)Бензин со филтер за

бензински честички (GPF)

Тип мотор 12 (четири по цилиндар) 12 (четири по цилиндар)

Зафатнина на моторот (cc) 998 998 998 998 998 1,197

Максимална моќност (КС/вртежи во мин.) 100 100 100 120 120 84

Максимален вртежен момент (Nm/rpm) 172/1,500 ~ 4,000 172/1,500 ~ 4,000 172/1,500 ~ 4,000 172/1,500 ~ 4,000 200/2,000 ~ 3,500 117.7/4,200

Максимална брзина (kph) 183 183 180 185 185 165

CO2 Комбинирано (во град) (g/km) X X X X X X

CO2 Комбинирано (отворен пат) (g/km) X X X X X X

CO2 Комбинирано (комбинирано) (g/km) 133-22 129-19 135 128-16 129 139-125

Потрошувачка на гориво (во град) (литри/100 km) X X X X X X

Потрошувачка на гориво (отворен пат) (литри/100 km) X X X X X X

Потрошувачка на гориво (комбинирано) (литри/100 km) X X X X X X

Тежина на возилото (kg) (max) 1,223 1,253 1,258 1,253 1,288 1,183

Бруто тежина на возилото (kg) 1,650 1,680 1,680 1,680 1,710 1,600

Максимална тежина за влечење (kg) – со сопирачки 900 900 900 900 900 910

Максимална тежина за влечење (kg) – без сопирачки 450 450 450 450 450 450

Со впечатливата силуета и мускулестите контури, овој Stonic секогаш ќе привлекува копнежливи погледи. Но,

секогаш може да додадете свој печат така што ќе изберете да додадете подобри тркала. На крајот на краиштата,

само вие знаете што сакате да покажете..

Истакнете се во толпата

Тркала

Прв ред Втор ред

Растојание до покривот (mm) 996 975

Простор за нозете (mm) 1.070 850

Простор за рамена (mm) 1.375 1.355

Вкупна должина (mm) 4.140 Вкупна ширина (mm) 1.760

Вкупна висина (mm) 1.485 (15") 1.505 (17")

Меѓуоскино растојание (mm)

2.580

Преден препуст (mm) 830 Заден препуст (mm) 730

Резервоар за гориво 45

Багаж (VDA) 3321,5311,760

1,539830 7302,5804,140

1,520*

Димензии (mm)

*Со кровни носачи

InteriorДимензии и капацитети

Гаранција за возилото од најмногу 150.000 km. Важи во сите земји-членки на ЕУ (плус Норвешка, Швајцарија, Исланд и Гибралтар). Отстапувањата според важечките гарантни услови, на пример, за боја и опрема, се предмет на локалните правила и услови. Потрошувачка на гориво (l/100 km)/CO2 (g/km): во град од XX/XX до XX/XX, на отворен пат од XX/XX до XX/XX, комбинирано од XX/XX до XX/XX. Конкретната потрошувачка на гориво и вредностите за издувни гасови се определени според законски пропишаните процедури за мерење (ЕУ) 2017/1153. Горенаведените вредности се тестирани според новата WLTP, Светски усогласена постапка за тестирање на лесни возила, циклус на тестирање и претворање во NEDC (Нов европски циклус на возење), и дополнително измерени според начинот RDE (Реални издувни гасови при возење).

17-inch Alloy Wheel 17-inch Alloy Black Wheels

15-inch Alloy Wheel

16-inch Alloy Wheel

15-inch steel wheel

Page 24: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

Q U A L I T Y R E D E F I N E D

YEAR WARRANTY

Високонапонските единици на литиум-јонските батерии на Kia во електрични

тевозила, хибридните и plug-in возилата се изградени за да имаат долг век на

траење. Овие батерии се покриени со гаранцијата на Kia за период од 7 години

од првичната регистрација или 150.000 km, кое и да е прво. За батерии со низок

напон (48 V и 12 V) во благо-хибридните електрични возила, гаранцијата на Kia

опфаќа период од 2 години од првичната регистрација, без оглед на километражата. Само

за EV, Kia гарантира 65% од капацитетот на батеријата. Намалувањето на капацитетот на

батеријата во PHEV, HEV и MHEV не е опфатено со гаранцијата. За да го минимизирате

можното намалување на капацитетот, следете ги упатствата или консултирајте се со

Прирачникот за сопственик.

Иднината е пред вас

Секој нов автомобил Kia има гаранција од 7 години/150.000

km (до 3 години неограничена; од 4 години 150.000

km). Оваа гаранција од браник до браник е бесплатна и

пренослива на идните сопственици, под услов автомобилот

редовно да се одржува според распоредот за сервисирање.

.

Квалитетната боја на каросеријата обезбедува долготрајна

заштита и сјај на новиот автомобил Kia. Доаѓа и со

супериорна заштита од корозија и 10-годишна целосна

гаранција од корозија.

.

7-годишна гаранција

5-годишна гаранција на бојата и 12-годишна гаранција против

корозија

Посетете ја веб-локацијата www.kia.mk за најновите вести.

Дознајте повеќе за Kia и нашата палета на возбудливи нови

автомобили. Добивајте ги најновите вести за достигнувањата

во развојот на алтернативни горива, како што се течен гас,

хибридна технологија и технологија на горивни ќелии.

Локалниот претставник на Kia може да ви помогне со

финансиски план што најдобро ќе одговара на вашите

потреби. Побарајте го за да добиете понуда.

Бидете во контакт со Kia

Финансирање

7-годишна гаранција од Kia Motors Macedonia

Првите 5 години вашето возило се покриени сo фабричка гаранција од браник до браник

каде што овој гарантен пакет е опишан во главната гаранциска книшка и важноста е секаде

во Eвропа, додека давател на гаранцијата од дополнителни 2 години е Kia Motors Macedonia

Page 25: Kia...ЖИВОТОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ. ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА KIA. Животот е прекрасен. Живописен,

www.kia.mk7-годишна гаранција од Kia Motors MacedoniaПрвите 5 години вашето возило се покриени сo фабричка гаранција од браник до браник каде што овој гарантен пакет е опишан во главната гаранциска книшка и важноста е секаде во европа, додека давател на гаранцијата од дополнителни 2 години е Kia Motors Macedonia.

ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА

Сите информации, илустрации и спецификации се точни во времето на печатењето и се предмет на промена без претходно известување. Моделите и спецификациите што се прикажани во оваа брошура може да се разликуваат според моделите што се достапни за вашиот пазар. Поради ограничувањата од процесот на печатење, боите на каросериите на прикажаните автомобили може незначително да се разликуваат од вистинските бои. Посетете го локалниот претставник на Kia за да ги добиете најновите информации.

Kia Motors Macedoniaул.Перо Наков 251000 СкопјеМакедонијател.: 02 2580 300

kia.mkd

kiamotorsmacedonia