maj

16
трет број - електронски магазин

Upload: blagoja-nenovski

Post on 22-Mar-2016

219 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Saba Teen MAJ

TRANSCRIPT

тр

ет б

рој -

еле

ктро

нски

маг

азин

ПАТУ

ВАЊ

Е

2

НА ЕКСКУРЗИЈА ВО СОЛУН

Убавото време им овозможи на учениците од САБА - Битола да ја организираат и реализираат нивната прва самостојна екскурзија. Дводневната екскурзија одржана на 19-ти и 20-ти мај, започна со посетата на античкиот локалитет Пела во Грција и разгледување на антиквитетите таму, продолжи со

факултативно разгледување на Солун, црквата Св. Димитрија и најпосле-шопинг во Космос-еден од најпознатите шопинг

центри на овие простори. Потоа учениците се упатија кон Паралиа каде ги поминаа попладнето и вечерта, а наредниот ден, сите заедно му се

радуваа на топлото време, уживајќи на прекрасните песочни плажи. По заминувањето од Паралиа, тимот од САБА го

продолжи својот пат до Вергина од каде ,пак, замина за Воден и по разгледувањето на Воден, водопадите и се останато, се упати

назад кон Македонија. Иако кратка, за екскурзијата може да се каже дека беше

исклучително забавна и интересна и дека истата засекогаш ќе остане во сеќавањата на сите оние кои беа дел од неа.

Шалевска ЕленаПАТУВАЊ

Е

3

БИЗН

ИС

4

МЕДИТЕРАН КОСМОС ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Космос Медитеран, кој се наоѓа во Општина Pylea, област југоисточно од Солун, е првиот и најголем трговски центар и центар за одмор и рекреација од ваков вид во Северна Грција, кој им нуди на локалните жители, на меѓународните бизнис

посетители и туристи една огромна мешавина на малопродажба, рекреација и културни активности.

Медитеран Космос ги отвори своите врати за јавноста на 25 октомври 2005 година. Се наоѓа на површина од околу

250.000 м2, со лесен пристап од центарот на градот и околните места, а е само на пет минути од меѓународниот аеродром

“Македонија”, главните автопати и раскрсници и хотели со пет ѕвезди. Се протега на два главни нивоа, со 220 продавници

со вкупна површина од приближно 46.350 м2, разгранета со затворени патишта и околу 3.000 надземни паркинг места, добро

Ѓеорѓиевски ПецеБИЗНИС

5

пристапни помеѓу петте главни влезови.

Центарот е сосема нов и особено значаен деловен производ за грчкиот пазар, заснован на слични модели што се испробани и

тестирани со успех во целиот свет. Дизајниран за да ги привлече луѓето од сите возрасти, нуди уникатна комбинација на трговски

области и висок квалитет на услуги.

Медитеран Космос вклучува широк спектар на малопродажни објекти, како што се: супермаркети, познати трговски синџири,

цела палета на помали бизниси, центри за рекреација, мултиплекс кино и забавни објекти за целото семејство.

Иновативните архитектонски и градежни подробности дозволуваат Медитеран Космос природно да се интегрира во

неговата околина. Внатре во центарот, мноштвото на патишта и плоштади се креирани за да го одразуваат карактерот на

традиционалните градови на Северна Грција, но во комбинација со предностите на модерен градски центар.

Со буџет од повеќе од 100 милиони евра, Медитеран Космос претставува огромна можност за бизнис. Центарот беше

развиен во соработка со меѓународниот лидер во вакви слични вложувања, Sonae Sierra. Во Грција, Сиера Sierra-Charagionis СА учествува со 39,9% во акциите. Заедно со неа учество во

влогот од 25% има LAMDA Development која е одговорна и за управување со имотот од трговскиот центар.

Познатите светски трендови „ZARA„ „Bershka“ „Мarks&Spencer„ „Оxette„ ни овозможија да имаме динамичен, забавен и исполнет

шопинг ден, а вкусот на преубавото гиро, ќе не натера набргу, повторно да бидеме гости на овој шопинг центар.

ТЕХН

ОЛОГ

ИЈА

6

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ WINDOWS 8

Иако интерфејсот е само технички „скин“ за класичниот оперативен систем, сепак донесува многу новости најмногу инспирирани од идеите и решенијата кои се наоѓаат во Win-dows Phone 7. Стартниот екран и не е премногу различен од претходните верзии, но затоа пак, новиот“Start“ екран e оној истиот од Windows Phone 7, со познатите „плочки“ (tiles) кои

всушност се shortcut-ите од апликациите и истовремено активно ги прикажуваат податоците од дадената апликација. Така, на

пример апликацијата за временската прогноза ќе ја прикажува прогнозата за наредните 3 дена, без да биде отворена самата

апликација.Комплетно, новиот интерфејс е дизајниран внимателно, со голема посветеност посебно за екраните на допир. Може да се користат до две апликации истовремено, каде 3/4 екранот

ќе зазема главната апликација. Виртуелната тастатура кај другите таблети е понекогаш преголема за екраните, и

нефункционална во повеќе наврати, а тука таа е поделена на два дела, позиционирани на двата агли од екранот. Иако новиот

интерфејс е забавен, убав и функционален без проблем може да го користите и стандардниот тип на работење во десктоп

околина.

7

ТЕХНОЛОГИЈАШалевска Елена

8

СПОР

Т

ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Олимписките игри се меѓународен повеќеспортски настан кој се одржува на секои 4 години.Олимписките игри се одржувале уште во античко време во Стара Грција во чест на богот Зевс. Првите антички олимписки игри се одржале во 776 п.н.е., а се

одржувале константно на секои 4 години во древната Олимпија. Последните антички олимписки игри се одржале во 392, а веќе

наредната година римскиот цар Теодосиј Велики игрите ги укинал. Денешните современи Олимписки игри се одржуваат

како летни и зимски игри.

ЛЕТНИТЕ ИГРИСовремените Олимписки игри започнале во 1894 година

благодарение на Пјер де Кубертен од Франција. Тој сметал дека спортските активности се неопходни во образовниот

систем и дека тие се корисни за секој млад човек. Организирал неколку светски спортисти и се заложил за ревитализација

на Олимписките Игри со формирање на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК). Две години подоцна, во 1896

година, биле одржани првите модерни Олимписки игри во Атина, Грција.

Традицијата на поново одржување на Олимписките игри била според античката, на секои 4 години. По одржувањето на

првите модерни Олимписки игри во Атина во 1896 година, во 1900 година биле одржани вторите Олимписки игри во Париз,

родниот град на баронот. Во првата деценија на XX век, Пјер де Кубертен продолжил со афирмацијата на олимпискиот интерес, а со секои наредни Олимписки игри растел бројот на спортисти и на нови земји- учеснички. За Олимписките игри во Стокхолм

во 1912 година де Кубертен ја претставил и дисциплината модерен петобој како комбинација на олимписките спортови:

атлетика, пливање, коњички спортови, мечување и стрелаштво.

9

Темелковски БлагојаСПОРТ

Во 1913 година де Кубертен ја дал и идејата за создавање на Олимпиското знаме со 5 кругови на него коишто ги

симболизираат петте котиненти.

ЗИМСКИТЕ ИГРИПрвиот зимски спорт (уметничко лизгање) бил вклучен во

Олимписките Игри во 1908 година во Лондон. Во 1920 година, во Антверпен, бил додаден и хокејот на мраз. Првите зимски

олимписки игри биле одржани во францускиот скијачки центар Шамони во 1924 година. Тие, всушност, биле предвидени како

“Меѓународна спортска недела” која, во пресрет на осмите летни олимписки игри во Париз, требала да ги афирмира и зимските

спортови. Но, начинот на организирање и учеството на 16 земји со 294 спортисти во 6 спортови, биле повод повеќе, ИОК, една година подоцна на заседанието во Прага, да им даде олимписка

верификација на овие игри. Сè до Албервил 1992 зимската олимпијада се одржувала во иста година со летната, па потоа, од Лилехамер 1994, си го зазела местото во средината од секој

олимписки циклус.

НОСИТЕЛИ НА МЕДАЛИ НА СИТЕ ВРЕМИЊАПрашањето за тоа кој атлет е најуспешен на сите времиња е

тешко да се одговори. Диверзитетот на спортови и еволуцијата на Олимписките игри од 1896 година го усложнуваат одговорот.

Можеби не е најдобар начин да се мери успехот, но листата на носителите на наслови од современите Олимписки игри по

индивидуалци е еден од начините да се определува најголемиот атлет на сите времиња

ЗДРА

ВЈЕ

10

СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНО СЕДЕЊЕ И РАБОТЕЊЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР

Живееме во дигитална ера и поминуваме сè повеќе и повеќе време во седечка положба пред компјутер. Голем дел од луѓето поминуваат околу 8 часа дневно пред компјутер, но малкумина

од нив внимаваат во каква положба им е телото.Лесно е да заборавите на правилното седење додека изнервирани

пребарувате низ документите на работа, четувате со вашите пријатели на Facebook, гледате интересни видеа на YouTube

или играте некоја од „заразните“ интернет игри. Но, во секој момент од денот треба да имате на ум дека правилното седење и работење на компјутер се исклучително важни за здравјето.Еве

на што треба да внимавате додека седите пред компјутер:Заземање на правилна седечка положба. Во почетокот нема да ви биде лесно да ја одржувате правилната положба, но со тек

на времето тоа ќе ви стане навика. Правилната положба додека седите ќе ви помогне да изгледате подобро, да си ја подобрите

продуктивноста и што е најважно, да го зачувате здравјето.Седнете колку што е можно поназад на столот. Задникот треба да ви биде на крајот на седиштето и залепен за потпирачот на

столот. Луѓето се навикнати да седат на средината на областа за седење, но тоа е сосема погрешно.

Потпрете се така што ‘рбетот да ја зачува својата природна искривеност. Тоа значи дека горниот и долниот дел од грбот

треба да ви бидат залепени за потпирачот на столот. Доколку не користите ергономски стол, можете да употребите мало перниче или крпа свиткана во ролна и да ја поставите на половината за

да овозможите максимална потпора за ‘рбетот.Главата треба да ви биде во иста линија со горниот дел на телото.

Не треба ниту да ја наведнувате нанапред, ниту да ја држите назад.

Рамената треба да ви бидат опуштени, а горниот дел на рацете (од рамената до лактите) покрај телото. Не треба да ги испружувате рацете нанапред или пак лактите да ги носите

наназад.

ЗДРАВЈЕ

11

Колената треба да ви бидат на иста висина со колковите. Не користете премногу висок или низок стол. По правило, горниот

дел од нозете треба да биде паралелен на подот, а колената да зафаќаат агол од 90-100 степени. Можете да ставите потпора под

нозете за да си ја подобрите положбата.Стапалата на нозете треба да ви бидат рамни на подот. Не треба да ги држите нозете прекрстени или пак да се потпирате само на

прстите или петиците.Тежината на телото треба да биде еднакво распределена на

колковите. Не седете настрана оптоварувајќи го само левиот или десниот колк.

Поставеност на мониторот. Откако ќе седнете правилно на столот, испружете ја раката нанапред. Мониторот треба да биде поставен приближно на исто толкаво растојание и да се наоѓа

точно наспроти вас. Ако е поставен полево или подесно, ќе започнете да го виткате вратот и тоа може да предизвика болка.

Горниот дел на мониторот треба да ви биде на исто ниво со

ЗДРА

ВЈЕ

12

очите. Кога го користите мониторот, погледот треба да ви биде насочен благо надолу, под агол од околу 15-20 степени.

Поставеност на тастатурата и глувчето, пишување. Тастатурата и глувчето треба да бидат поставени отприлика на висина

на вашиот папок (на висина на лактите). Никогаш не ги поставувајте тастатурата и глувчето на различна висина. Најдобро е тастатурата да се наоѓа непосредно пред вас, а глувчето од десната страна. Кога пишувате на тастатурата,

дланките и зглобовите на рацете треба да оформуваат права линија. Никогаш не ги потпирајте зглобовите на бирото додека

пишувате. Рацете треба да ви се исправени и да „лебдат“ во воздухот додека ја користите тастатурата. Потпирајте ги за одмор само кога правите пауза. Се препорачува глувчето да

биде блиску до вас за да не мора да ја протегате раката нанапред. Користете подлога за глувче со гел наменет за потпирање на

зглобот на раката.Минимизирање на напрегањето на очите. За да го минимизирате

напрегањето на очите, освен правилното позиционирање на мониторот во однос на вашето тело, треба да внимавате и на тоа дали екранот има отсјај. Поставете го компјутерот подалеку од

силна светлина која би ви создавала проблеми при користењето. Исто толку важно е да ја прилагодите светлината и контрастот на екранот, како и големината на буквите. Од време на време

затварајте ги очите за 10-15 секунди и покријте ги со дланките без да употребувате притисок.

ЗДРАВЈЕ

13

Маџоска Дариа

КУЛТ

УРА

14

САЕМ НА КНИГАТА ВО БИТОЛА

Во организација на НУБ “Св. Клиимент Охридски”- Битола од 24 – 29 мај 2011г во Битола се одржа осми по ред саем на книга. На саемот зедоа учество повеќе издавачки куќи како : “Ѓурѓа”.

“Просветно дело”, “Нам прес”. “Матица македонска” и ред други.Учениците на САБА – Битола беа гости на штандот на издавачката куќа “Нам прес” и имаа можност повеќе

да другаруваат со книгата. Посетеноста на саемот беше задоволителна што упатува на фактот дека битолчани се добра

читателска публика, со изграден вкус.

КУЛТУРА

15

Цветкоски Марко

ПРЕДЛОГ КНИГА

за читателите од учениците на САБА за овој месец :

Отворени карти

Брилијантен роман во кој на мошне интересен начин се истражува секој потег на луѓето кои се вклучени во

мистеријата. Детективот Поаро навлегува во психологијата на ликовите осомничени за мистериозното убиство на Шаитана. Целиот настан се случува во неговата куќа, каде по вечерата

четворицата гости играат бриџ. Но кој од четворицата присутни таму би можел да биде убиецот?