makedonski jazik i literatura za iv godina

78
1 . I V

Upload: -

Post on 15-Mar-2016

302 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Текстови од презентациите на содржините по Македонски јазик и литература за четврта година

TRANSCRIPT

Page 1: makedonski jazik i literatura za IV godina

1

Trajan Bo`inov

Текстови од пдф. презентациина содржините

по Македонски јазик и литература

IIIV годинасредно стручно

четиригодишно образование

Page 2: makedonski jazik i literatura za IV godina

2

Добродојдовте!........................................................................................................................ 3ФРАЗЕОЛОГИЈА.................................................................................................................... 4ПОДЕЛБА НА ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕ ................................................................................ 4СТИЛИСТИКА ....................................................................................................................... 7ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА .......................................................................................................... 11Изговорот на некои гласови................................................................................................. 13ЗАПАДНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ .............................................................................. 13Западно наречје - Централни говори .................................................................................. 14Западно наречје - Периферни говори ................................................................................. 15ЈУГОИСТОЧНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ .................................................................... 16Југоисточно наречје - Источни говори ............................................................................... 17Југоисточно наречје - Јужни говори ................................................................................... 18СЕВЕРНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ ............................................................................... 18Северно наречје - Источни говори ...................................................................................... 20Северно наречје - Западни говори....................................................................................... 20ОНОМАСТИКА .................................................................................................................... 21Светска литература ............................................................................................................... 23АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ (1860 - 1904)...................................................................... 24СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ (1906 - 1989) .......................................................................................... 26МИХАИЛ ШОЛОХОВ (1905 - 1984).................................................................................. 29АЛБЕР КАМИ (1913 -1960)................................................................................................. 32Современа македонска литература ..................................................................................... 35МАТЕЈА МАТЕВСКИ (1929).............................................................................................. 38ГАНЕ ТОДОРОВСКИ (1929 - 2010) ................................................................................... 43АНТЕ ПОПОВСКИ (1931 - 2003) ....................................................................................... 46ДИМИТАР СОЛЕВ (1930 - 2003) ....................................................................................... 49ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ (1934 - 2006) ............................................................................ 51ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ (1935) ....................................................................................... 55ЖИВКО ЧИНГО (1935-1987) .............................................................................................. 57КОЛЕ ЧАШУЛЕ (1921 - 2009) ............................................................................................ 60ТОМЕ АРСОВСКИ (1928 - 2007)........................................................................................ 63ГОРАН СТЕФАНОВСКИ (1952) ........................................................................................ 67БЛАЖЕ КОНЕСКИ (1921 - 1993) ....................................................................................... 70АЦО ШОПОВ (1923 - 1982) ................................................................................................ 74РАДОВАН ПАВЛОВСКИ (1937)........................................................................................ 77

Page 3: makedonski jazik i literatura za IV godina

3

ДОБРОДОЈДОВТЕ!Вие сте на почетокот на презентациите од содржините по

Македонски јазик и литератураМакедонски јазик и литератураМакедонски јазик и литература за четврта година на среднотостручно образование. Тие се правени според новата наставна

програма за четиригодишно образование, приготвена од БиротоБиротоБиротоза развој на образованиетоза развој на образованиетоза развој на образованието на Република Македонија.

Во првиот дел е предаден граматичкиот материјал, а вопродолжение се изложени содржините од подрачјето светска и

македонска литература. Во недостаток на учебници и другипомагала за делот од литература, се користени податоци од

разни извори, најчесто од интернет и особено се внимаваше дане бидат тоа страници со застарени (неажурирани) податоци, или

такви кои поради нечија неодговорност престанале да сеотвораат (на пример, страницата на Друштвото на писателите на

Македонија).Опитот стекнат со презентациите (и текстовите) за втора и третагодина се користеше да се внесат некои новини во изложувањето

на податоците.При обработката на слајдовите е користена програмата за пре-зентации на Softmaker office. За да може да се читаат комента

рите кон некои автори (или лекции) препорачуваме да се инста-лира adobe reader x или pdf-xchange-viewer. Материјалите можатслободно да се користат и печатат (но не за комерцијални цели).

Вашите коментари и забелешки за евентуални пропусти ќе мибидат драгоцени за нивно отстранување.

Мојата адреса: [email protected] и мојот блог:trajan-vapcar.blogspot.com

Трајан БожиновБожиновБожинов, професор

Успех на матурата!Успех на матурата!Успех на матурата!

14. 05. 2011, Струмица14. 05. 2011, Струмица14. 05. 2011, Струмица

Page 4: makedonski jazik i literatura za IV godina

4

ФРАЗЕОЛОГИЈАФразеологијата е дел од лексикологијата која ги проучува

зборовните состави како одделни лексички единици, нареченифразеологизмифразеологизмифразеологизми или фразеолошки изразифразеолошки изразифразеолошки изрази (грч. phrasis = израз;

logos = наука, учење).Во реченицата зборовите се поврзуваат меѓу себе во состави или

целости. Врската меѓу зборовите во тие состави може да бидеслободна, при што зборовите си ги задржуваат основните

значења: Мие раце пред секое јадење. Но во реченицата МиеМиеМиерацерацераце од таа работа; врската е неслободна и постојана, а

одбележаниот состав има значење: отфрла одговорност од себеза нешто.Тоа значење е ново и сосема различно од основното

значење на составот.Составите од овој тип имаат ново значење кое не е збир од

значењата на составните зборови. Спореди уште: прст и плевапрст и плевапрст и плева =многу (прст, арх.= ровка земја); од новина на гинежод новина на гинежод новина на гинеж = многу

ретко; скрши главаскрши главаскрши глава =отиде некаде.Фразеологизмите ги имаат следниве одлики: 1.1.1. Тие се со

скаменети, неизменливи форми: не може да се каже прстот иплевата, или дедови деветини, ами само прст и плева,прст и плева,прст и плева, и бабинибабинибабини

деветинидеветинидеветини. 2.2.2. Имаат ново и единствено значење, еднакво наодделни лексички единици (лексеми): му ја покажа врататаму ја покажа врататаму ја покажа вратата =го

истера; скрши главаскрши главаскрши глава =отиде; мед и млекомед и млекомед и млеко = сѐ; стара коскастара коскастара коска =издржлив; петта колонапетта колонапетта колона = предавници. 3.3.3. Имаат посебна стилска

вредност, се користи преносното (метафорично) значење назборовите: огин и пламеногин и пламеногин и пламен =многу е скапо; како од мајка роденкако од мајка роденкако од мајка роден =

сосема гол; од комарецот масло вадиод комарецот масло вадиод комарецот масло вади =голем скаперник е;мувата камила ја правимувата камила ја правимувата камила ја прави = ги преувеличува работите.

Фразеологизмите настанале во одреден момент, како резултатна одредено животно искуство, се поврзани за некој настан и сл.

Тие се специфични за секој јазик и многу е тешко да сепреведуваат буквално на друг јазик.

Цитат за овој час: Јазикот коски нема, коски крши. Народна поговорка

ПОДЕЛБА НА ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕФразеологизмите можеме да ги поделиме врз повеќе основи:

според степенот на слеаноста (неделивоста), споредграматичкиот состав, според потеклото, според значењето,

Page 5: makedonski jazik i literatura za IV godina

5

според функциите и сл.I.I.I. Според степенот на слеаноста фразеологизмите ги делиме на:

а.а.а. фразеолошки срастувањафразеолошки срастувањафразеолошки срастувања, б.б.б. фразеолошки единствафразеолошки единствафразеолошки единства и в.в.в.фразеолошки спојкифразеолошки спојкифразеолошки спојки.

а.а.а. Кај фразеолошките срастувањафразеолошките срастувањафразеолошките срастувања степенот на слеаноста енајголем и тоа се зборовни групи неделиви по своето значење.

Се викаат уште и идиомиидиомиидиоми. Врската меѓу зборовите енајнеслободна. Значењето што го имаат е сосема различно од

значењето на составните зборови: рака на срцерака на срцерака на срце = отворено; фрлафрлафрлапушкапушкапушка = пука (арх.). Поради големата сраснатост меѓу зборовите,

тие најчесто не ја менуваат ни граматичата структура: на лицена лицена лицеместоместоместо; се фатија за гушасе фатија за гушасе фатија за гуша; не може: се фатија за гушата.

б.б.б. Фразеолошките единстваФразеолошките единстваФразеолошките единства се изрази кои можат да имаат иосновно значење, но и преносно. Кај овие фразеологизми

врската меѓу значењата не е сосема прекината. Така во Го обрабостанот и го продаде; и Притиснат е до ѕидот и одвај дише;

значењето на составите е основно, директно. Но во примерите:Го обра бостанотГо обра бостанотГо обра бостанот дури сега и Притиснат еПритиснат еПритиснат е со докази и мораше да

признае, значењето на составите е преносно и сликовито.Тоа се фразеолошки единства кај кои врската меѓу зборовните

состави може да биде полабава, па меѓу нив може да севметнуваат и други зборови. Спореди уште: Има мува (пчела) наИма мува (пчела) наИма мува (пчела) на

капатакапатакапата; лови во матнолови во матнолови во матно; ја врти водата на својата (твојата)ја врти водата на својата (твојата)ја врти водата на својата (твојата)воденицаводеницаводеница. Тоа значи дека врската меѓу основното и преноснотозначење не е целосно прекината. в.в.в. Фразеолошките спојкиФразеолошките спојкиФразеолошките спојки се

зборовни состави кај кои само едниот од зборовите има преноснозначење, а другиот се јавува со своето основно значење.Кај овие изрази едниот член се јавува како постојан дел, адругиот е променлив и може да се замени.Спореди: златназлатназлатна(сребренасребренасребрена) свадба = 50. (25.) годишнина од брак; железнажелезнажелезна

(челичначеличначелична) дисциплина; леденледенледен (студен, мраченстуден, мраченстуден, мрачен) поглед. Овиеспојки не се целосно лексикализирани и дури некои од нив можат

да претрпат и морфолошки промени.г.г.г. Некои лингвисти (Ружа ПаноскаПаноскаПаноска) во посебна група ги

одделуваат т.н. фразеолошки изразифразеолошки изразифразеолошки изрази кои стојат близу дофразеолошките срастувања и фразеолошките единства. Тоа се

неделиви зборовни состави и со постојано значење. Некои од нивсе добиени по литературен пат (Ахилова петицаАхилова петицаАхилова петица, Авгиеви обориАвгиеви обориАвгиеви обори,

Page 6: makedonski jazik i literatura za IV godina

6

алфа и омегаалфа и омегаалфа и омега). Во оваа група се поместуваат пословиците,поговорките цитатите и сл: седи како на трњеседи како на трњеседи како на трње; ги продаде рибитеги продаде рибитеги продаде рибите- го напрчи кошот- го напрчи кошот- го напрчи кошот; го зеде на душаго зеде на душаго зеде на душа; сега му е мајкатасега му е мајкатасега му е мајката, коцката екоцката екоцката ефрленафрленафрлена; во четири очиво четири очиво четири очи; со половина устасо половина устасо половина уста; Тука спаѓаат пред сѐоние кои во себе содржат преносно (метафорично) значење.

II.II.II. Според граматичкиот состав фразеологизмите делиме во двеосновни групи: а.а.а. фразеологизми во форма на реченица и б.б.б.

фразеологизми во форма на зборовна група (синтагма).ааа. Фразеологизмите со структура на реченица можат да бидат вовид на проста реченица, (си легна на брашнотоси легна на брашнотоси легна на брашното; го зеде на окого зеде на окого зеде на око;

има вујко владикаима вујко владикаима вујко владика); како сложена реченица, (кај скокала козатакај скокала козатакај скокала козата,таму ќе скока и јаретотаму ќе скока и јаретотаму ќе скока и јарето; посакала шута роговипосакала шута роговипосакала шута рогови, останала и безостанала и безостанала и без

ушиушиуши) или, пак, како дел-реченица од сложената реченица (Ситезнаевме дека има зајачко срцедека има зајачко срцедека има зајачко срце; Слушнавме како само со еденкако само со еденкако само со еден

збор му ја затвори устатазбор му ја затвори устатазбор му ја затвори устата).б.б.б. Фразеологизмите во форма на синтагма можат да бидат

составени од различни зборовни групи: 1.1.1. од придавка и именка(железна завесажелезна завесажелезна завеса; цврста ракацврста ракацврста рака; здрав разумздрав разумздрав разум); 2.2.2. од именка и

именка (забот на времетозабот на времетозабот на времето; ветар и маглаветар и маглаветар и магла; од лулка до дупкаод лулка до дупкаод лулка до дупка).Спореди уште во народниот јазик:

како брашно на заембрашно на заембрашно на заем; повторија - потресијаповторија - потресијаповторија - потресија (повторниот бракможе да предизвика непријатности); вересија - потресијавересија - потресијавересија - потресија;

ортаклак - кипезлакортаклак - кипезлакортаклак - кипезлак (= срамотилак; ортачката работа може дадонесе срамота ако не се работи чесно) 3.3.3. од придавка и

придавка (носен недоносенносен недоносенносен недоносен; од мил помилод мил помилод мил помил стана); 4.4.4. од број иименка (два-тридва-тридва-три дена, пет-шестпет-шестпет-шест месеци); 5.5.5. од прилог и прилог(криво-левокриво-левокриво-лево; згора-згоразгора-згоразгора-згора; кривокривокриво ти правоправоправо ти, така си е; колку-колку-колку-

толкутолкутолку, доволно ни е).Надвор од именските групи (синтагмите), можат да се

разгледуваат фразеологизмите составени од глаголски форми соспротивставен (антонимен) однос (коли-бесиколи-бесиколи-беси; врти-сучиврти-сучиврти-сучи; одиодиоди ми

дојдидојдидојди ми прави); или пак од глаголски именки (кои пак се награницата меѓу глаголите и именките: земање-давањеземање-давањеземање-давање). Според

уште и: на ти, дај мина ти, дај мина ти, дај ми.Цитат за овој час: Живо живољанче, на жив скут седе, живо месо тегле.

(дијалектно, гат. бебе кое цица)

Page 7: makedonski jazik i literatura za IV godina

7

СТИЛИСТИКАСтилистиката е научна дисциплина чиј предмет на проучување е

стилотстилотстилот. Самиот поим стил е повеќезначен и се користи во јазикот,во литературата и другите гранки на уметноста, како и во речисисите сфери на животот (модата, спортот, политиката). Во краен

случај стилот е начин на однесување на секој човек какоиндивидуа (Стилот, тоа е самиот човекСтилот, тоа е самиот човекСтилот, тоа е самиот човек - Ж. БифонБифонБифон).

Што се однесува до тој поим во јазикот и литературата, стилотможеме да го определиме како начин на изразувањеначин на изразувањеначин на изразување, како начин

на пишување и зборување; уште како начин на употреба најазичните и литературните изразни средства и т.н . Науката којасе занимава со проучување на стилот во литературните дела се

нарекува литературна стилистикалитературна стилистикалитературна стилистика, додека лингвостилистикаталингвостилистикаталингвостилистиката гипроучува јазичните средства во литературните дела. Во нивните

рамки постојат повеќе подвидови и правци.Меѓу нив се задржуваме на функционалната стилистикафункционалната стилистикафункционалната стилистика, која се

занимава со проучување на функционалните стилови. Подфункционален стилфункционален стилфункционален стил се подразбира начин на користење на јазикотво определени услови. Тука мислиме пред сѐ на областа во којасе одвива општењето; дали тоа општење се јавува во писменаили говорена форма; дали карактерот на општењето е службен(официјален) или неслужбен и сл. Иако понекогаш е тешко да се

разграничи еден стил од друг, затоа што меѓу нив нема остраграница, сепак ги издвојуваме следниве функционални стилови:

научен, административен, публицистички, уметничколитературени разговорен.

1.1.1. Научниот стилНаучниот стилНаучниот стил се користи во науката, во образованието, како иза популаризација на научните достигнувања. Се дели на три

потстилови: строгонаучен, научно-популарен и научно-учебнички.а.а.а. Строго научниотСтрого научниотСтрого научниот потстилпотстилпотстил се употребува при пишување на дела

со научна содржина кои се наменети за специјалисти ододредени области.

При тој потстил се оперира со поими и факти кои не се секогаш,или малку се, разбирливи за пошироката читателска публика.Исто така многу често при формулацијата на некои докази итермини се цитираат (се пренесуваат) мислењата на други

научници. Писмени форми (родови) преку кои се застапува овојпотстил се: монографија, дисертација, реферат и сл.

Page 8: makedonski jazik i literatura za IV godina

8

б. Научно-популарниот потстилб. Научно-популарниот потстилб. Научно-популарниот потстил ги има меѓу другите функции, итаа да ги запознава читателите со научните сознанија, на

разбирлив начин, со едноставен јазик. Форми (родови) преку коисе пројавува се: книга, статија. Во последно време тој потстил е

доминантен во научно-популарните серии на телевизија и наинтернет.

в. Научно-учебнички потстилв. Научно-учебнички потстилв. Научно-учебнички потстил се користи при пишување научебници, прирачници и сл. Научните сознанија и факти сепредаваат за оние на кои им се наменети учебниците, на

разбирлив начин (или дури забавен - за најмалите!).Во врска со областите што се предмет на проучување науките ги

делиме на хуманитарнихуманитарнихуманитарни (науката за јазикот, науката залитературата, историјата, филозофијата и сл.);

природноматематичкиприродноматематичкиприродноматематички (математиката, физиката, хемијата и сл.) итехнички наукитехнички наукитехнички науки (електротехниката, машинството, градежништво).Што се однесува до лексиката која се користи во овој стил, таа вооснова е општонародна, со висок степен на интернационализми

(особено кај техничките науки), како и на зборови одапстрактната лексика. И во поглед на морфологија и синтаксата

овој стил има свои особености што го разликува од другитестилови (засилена употреба на именките наспроти глаголите;

зачестена употреба на безличните и пасивните реченици и сл.).222. АдминистративниотАдминистративниотАдминистративниот стилстилстил (канцелариски, официјално-деловен)зафаќа широко подрачје на употреба. Се користи во општењето

меѓу државите, во институциите на една држава, како и вообраќањето на граѓаните до институциите во државата. Овој стилги апсорбира исто така активностите и комуникацијата на разни

организации и политички партии.Особености на овој стил се одмереност, објективност и

информативност. Користи востановени форми на изразувањепреку употреба на однапред изготвени формулари.

Потстилови на административниот стил се: дипломатскиотдипломатскиотдипломатскиот,законодавно-правниот, деловниотзаконодавно-правниот, деловниотзаконодавно-правниот, деловниот , личниотличниотличниот (персоналниотперсоналниотперсоналниот) иопштествено-политичкиотопштествено-политичкиотопштествено-политичкиот потстилпотстилпотстил . Во зависност од тоа за којпотстил се работи, лексиката може повеќе или помалку да се

разликува. Така, за дипломатскиот потстил се вобичаени зборовии изрази како: акредитација, протестна нота, аташе. Дури и се

претпочитува оригиналната форма persona non grata (непожелна

Page 9: makedonski jazik i literatura za IV godina

9

личност). Фрази и термини од интернационалната лексика севообичаени и за законодавно-правниот потстил: предлог-

резолуција, амандман, параграф.Поука за овој час: Зборот дупка не дупнува, ама се паметува. Народна

За деловниот и личниот потстил се својствени термини какомолба, приговор, подносител (на барањето). Во поглед на

морфологијата кај овој стил, употребата на именките еповообичаена за сметка на глаголите; и уште: за лицата од

женски род кои вршат функции да се користи формата за машкирод: директор, претседател, судија (но во разговорниот јазик –

судијка).Во областа на синтаксата се користат веќе востановени обрасциод типот на Врз основа на член ...од Законот за...; На барање на... Заради потребата од точни и недвосмислени искази, во едентекст често има повторување на исти формулации. Тоа особено

се однесува за законодавно- правниот потстил.3.3.3. Публицистички стилПублицистички стилПублицистички стил . Овој стил ги зафаќа сите сфери на

општествениот и политичкиот живот: образованието, науката,политиката, економијата културата и сл. Се јавува во пишувана(почесто) и во говорена форма (поретко). Се реализира преку

следниве медиуми: весниците, радиото, телевизијата и вопоследните години преку интернетот, кој пак, ги обединувадругите медиуми. Од функциите што ги остварува овој стилнајважна е информативната. Со неа се има за цел да им се

пренесе информацијата на широкиот круг корисници, при штобрзината на преносот е исто толку важна колку и самата

информација. Многу често преку новостите што се објавуваат сеискажуваат и личните ставови на авторите, со кои се сака да се

влијае на создавање на јавното мислење.Кај овој стил може да разграничат два потстила: новинарскиновинарскиновинарски со

кој најмногу се информира (преку вести, соопштенија, интервјуа);се анализира (преку уводници, коментари, полемики, критики; се

забавува (преку додатоци за енигматика) и публицистичкипублицистичкипублицистички вопотесна смисла, во кој се доминантни монографијата и фељтоноти преку кои се осветлуваат настани и личности од минатото и сл.

Иако во основата на овој стил (и на другите стилови) треба дабиде литературниот (стандардниот) јазик, многу често се наидувана јазични пропусти и недоследности. Како олеснителна околност

Page 10: makedonski jazik i literatura za IV godina

10

не може да се земе оправдувањето дека поради брзината со којатреба да се соопшти веста, се заборава на јазикот, или пак, декаслободата на изразувањето вклучува и слобода на користење на

јазичните средства.4.4.4. Уметничколитературниот стилУметничколитературниот стилУметничколитературниот стил се негува во литературата која е

една од гранките на уметноста. За овој стил е значајно тоа штопровладува естетската функција, за разлика од другите стилови,

каде што е доминантна комуникативната функција.Уметничколитературниот стил се остварува низ трите родови(лирика, епика и драма), кои пак, во себе содржат по повеќе

видови. За доловување на естетската функција авторот користистилски фигури и тропи. Богатството на лексичкиот состав најазикот најцелосно се одразува токму преку овој стил. Иако во

основата на уметничколитературниот стил е стандардниот(литературниот) јазик, писателот по потреба посегнува по

дијалектизми, архаизми и други нестандардни елементи за данаслика поуверливо некој лик или некоја средина. Понекогаш

авторот прибегнува и кон создавање на нови зборови(неологизми), ако тие ги спазуваат нормите за зборообразување

на јазикот.5. Разговорниот стил5. Разговорниот стил5. Разговорниот стил има широка област на користење во

секојдневниот живот и главно служи за комуникација. Со малиисклучоци, се користи говорената форма преку раскажување,дијалог, полилог. Во зависност од тоа кој општествен слој го

користи, можеме да зборуваме за повеќе потстилови наразговорниот стил: разговорен потстил на ученици и студенти,

разговорен потстил на затвореници, разговорен потстил назанаетчии и трговци т.н.

Овој стил има повеќе особености како што се: економичност воизразувањето (како си?, каде?, пријатно!) при што се користат

гестови и сл. за дополнување на исказот; непосредност испонтаност кои се создаваат при самото општење како резултат

на меѓусебните реакции на соговорниците; слобода воизразување при што почесто се користат зборови за искажување

на емоционални состојби.Во поглед на јазичните особености многу често има отстапувањеод литературната норма, како на фонетски и морфолошки план,така и во областа на лексиката: елизија на гласовите: глеам, ќ

Page 11: makedonski jazik i literatura za IV godina

11

одиме и ќе ојме; користење на интонацијата за искажување назначење спротивно на она што би го очекувале: Многу му знаеустата!; употреба на наставки нетипични за нормата: пивараараара,лебараараара филмаџијаџијаџија, зачестена употреба на сврзници заради

поголема сликовитост и изразност; лексеми како мерак, шиткач,апаш, фразеологизми од типот на за сто мерака. За овој стил и

во областа на синтаксата се среќаваат типични конструкции:Слушај сега вака; Абе види тоа! Треба многу, што се вели, пот!Поука за овој час: Зборот дури не го продумаш и преживаш добро, не збори го

пред секого. Народна поговорка

ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈАДијалектологијата е дел од науката за јазикот која се занимава

со проучување на дијалектите (говорите) на еден јазик. Ворамките на еден општонароден јазик постои литературна(стандардна) норма која е задолжителна (официјална) заобразованието, културата, науката и другите области на

општествениот живот, и на целата територија на државата. Ноисто така постои и јазик кој е ограничен на поголема или помала

територија и кој служи за комуникација меѓу луѓето од таатериторија. За тој јазик велиме дека е дијалектен или дијалект

(од грч. dialektos = говор, зборување; и logos = наука).Во поново време на проучувањето на дијалектите им се

посветува особено внимание, бидејќи тие претставуваат системисо изградена внатрешна структура, а не обичен збир на јазични

особености. Во тесна врска со дијалектната диференцијација(поделба, разграничување) на јазикот, стои објаснувањето на

поимите: дијалектдијалектдијалект, говорговорговор и наречјенаречјенаречје.Под поимот дијалектдијалектдијалект подразбираме поголема јазична целинаограничена на одредена територија, или како територијална

варијанта на еден јазик, кој служи како средство за општење напоголема група луѓе.

Поимот говорговорговор го објаснуваме како помала јазична целина којa етериторијално и социјално е ограничена. Говорот служи за

изразување на помала група луѓе, понекогаш професионално исоцијално поврзани (говор на ѕидарите, = дулгерски говор, арх.,

говор на трговците, говор на затворениците и сл.).НаречјетоНаречјетоНаречјето е најголема јазична целина која обединува повеќе

Page 12: makedonski jazik i literatura za IV godina

12

блиски дијалекти или група дијалекти и говори, кои имаат повеќезаеднички јазични особености.

Врз основа на фонетските, морфолошките и синтаксичкитеразновидности, македонската јазична територија се дели на тринаречја: западно наречјезападно наречјезападно наречје, југоисточно наречјејугоисточно наречјејугоисточно наречје и северно наречјесеверно наречјесеверно наречје

(според проф. Божидар ВидоескиВидоескиВидоески).

Покрај ова, позната е поделбата на македонските говори на двеосновни групи: на западназападназападна и источнаисточнаисточна групагрупагрупа, меѓу кои се преодните

говори тиквешко-мариовскитетиквешко-мариовскитетиквешко-мариовските и костурско-леринскитекостурско-леринскитекостурско-леринските (споредпроф. Блаже КонескиКонескиКонески).

Секое од овие наречја покрај општонародната лексика која езаедничка за сите дијалекти и говори, има и зборовен (лексички)фонд карактеристичен само за тоа наречје. Дел од особеноститена македонските говори се јавиле како резултат на внатрешниотразвој на македонскиот јазик и се прошириле на поголемиот делод македонската јазична територија (замената на еровите ъъъ и ььь,

Page 13: makedonski jazik i literatura za IV godina

13

со ооо, односно еее; наставката -мемеме за прво лице множина, појаватана членот, удвојувањето на предметот и сл.). Но има и

особености кои настанале под влијание на соседните словенски инесловенски јазици (губењето на падежите, губењето на

инфинитивот, постпозицијата на членот). Дел од јазичните црти,пак, се карактеристика само на одделни говори.

ИЗГОВОРОТ НА НЕКОИ ГЛАСОВИӑӑӑ Се изговара како старословенските ъъъ, ььь: вӑк, пӑноạạạ Гласот ааа кој клони кон изговорот на ӑӑӑ: нạ-тạв'аноọọọ Гласот ооо кој клони кон изговорот на ууу: пọчн'ала

ẹẹẹ Гласот еее кој клони кон изговорот на иии: сẹг'аӑӑӑааа Гласот ӑӑӑ кој клони кон изговорот на ааа: сӑас, огӑања:а:а:, о:о:о:, и:и:и:, е:е:е:, у:у:у:, Долго ааа, ооо, иии, еее, ууу во некои говори: в'а:,

(лит. оваа) д'а:м (лит. дадам), ут-к'о: (лит. од кога), ти: (лит. тие)гггккк Звучно ггг на крајот на зборот: п'ологк,

ўўў , ллл кое поминува во неслоговно ууу: ж'оўтице, т'оўкуИлустративниот материјал кон одделните говори е позајмен од

книгата на Божидар ВидоескиВидоескиВидоески: Текстови од дијалектите наТекстови од дијалектите наТекстови од дијалектите намакедонскиот јазикмакедонскиот јазикмакедонскиот јазик, Скопје 2000. За некои прашања е

консултиран и учебникот на авторите Венко АндоновскиАндоновскиАндоновски и МарјанМатковиќМатковиќМатковиќ: Македонски јазик и литература за IV годинаМакедонски јазик и литература за IV годинаМакедонски јазик и литература за IV година, Култура.

ЗАПАДНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕОва наречје го зафаќа западниот дел на македонската јазична

територија. Се простира од западните делови на Шар Планина насевер, сѐ до јужниот дел на Преспанското Езеро. Јужната границае нешто малку посеверно од градот Лерин и на исток оди нешто

позападно од течението на Црна Река, излегува малку по наисток од Велес. Североисточната граница продолжува кон Скопје

и излегува нешто посеверно од Скопје. Со правецот Скопје-Тетово-Шар Планина се затвора северната граница.

Западното наречје се дели на две основни групи говори:Централни говориЦентрални говориЦентрални говори и периферни говорипериферни говорипериферни говори. 1. Централната група1. Централната група1. Централната групаговориговориговори ја сочинуваат говорите: скопско-велешки, прилепско-битолски, кичевски-поречки. 2.2.2. Во периферната група говорипериферната група говорипериферната група говоривлегуваат говорите: горнополошки, дебарски, малорекански

дебарски, рекански торбешки, дримколско-голобрдски, струшки,охридски, преспански и вевчанско-радошки.

Говорите од западното наречје имаат повеќе заеднички

Page 14: makedonski jazik i literatura za IV godina

14

особености кои ги поврзуваат меѓу себе, а со кои се одделуваатод југоисточното наречје. На фонетско-фонолошки план се:

третосложниот акцент (него́вата, водени ́цата, учите́лите, не ͜ ми ͜се́ ͜ јаде); нормален изговор на неакцентираните самогласки;

губење на интервокалното ввв (глаа, крастаица, суроица >суројца);замената на ѣѣѣ (јат) во еее зад ццц (цеди, цени, цедило); појава напротетичко (вметнато) јјј (јаже, јадица, јаглен); губењето на ххх инегова замена со в/фв/фв/ф (страв/страф, стравот, бев/беф, мевот).

Од морфолошките и синтаксичките особености ги истакнуваме:множинската форма -овиовиови (столови, снопови); постоење на

тројниот член (човекот - човеков - човекон); личната заменка за3.л. (тој, таа, тоа, тие); употреба на дативните форми кај личните

и роднинските имиња (му рече Стојану, Петреве/ Петрету);доследна употреба на двојниот предмет (Го видов човекот, ѝ

реков на жената); зачестена употреба на конструкциите од типотима/немаима/немаима/нема и глаголска придавка (имам носено, имав носено, ималносено); испуштање на помошниот глагол во 3. л. во перфект (тој

гледал, тие гледале); употреба на конструкции од помошниотглагол сум и глаголска придавка (е дојден, бил дојден); употребана кратките заменски форми пред глаголот (го најде, му рече,).

Сепак говорите од западното наречје имаат и повеќе особеностисо кои тие меѓу себе се разликуваат и се одделуваат. Така,

различна е замената на старословенското ѫѫѫ (он) во перифернитеговори (рӑка, рока, рӓка); замената на вокално ррр и ллл (пӑрсти,

сӑрце, вӑлк, слӑнце, сӑлза); користење на фонемите штштшт и жджджд ,односно шч, жџ (свешта, викаешти, межда), потоа чување на

старото ѕѕѕ (ноѕе/ноѕе, бубреѕи). Разликувачки особености има икај некои наставки во глаголските времиња и сл.

Поука за овој час: Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето. Народнапоговорка

ЗАПАДНО НАРЕЧЈЕ - ЦЕНТРАЛНИ ГОВОРИ

Господ и Нојо (Прилеп)

Му-к'ажал Г'оспо на-Н'оја, ќе-б'иди п'отоп. Н'ојо р'екол: Кога-ќ'е-бидип'отопо да-зн'ам. Кога-ќ'е-биди, коа-ќ'е-ј'адиш на-ж'елезна с'инија,т'огаш да-се-с'етиш, да-се-с'етиш оти-ќе-б'иди. Ама-да-си-н'апрајшк'орап п'оголем, да-з'емиш от-с'екоа л'ишка по-дв'е да-не-се-з'агубис'емето. Б'ило л'ете, жн'ијале. 'Озгора в'рни, 'оздола в'ода 'извирај.

Page 15: makedonski jazik i literatura za IV godina

15

И-кл'але с'рпојте в'ака, и-ск'рстиле, и-кл'але л'еб да-ј'адат, и-т'огаш се-с'етиле оти-ќе-б'иди п'отоп, како-шо-р'екол Г'оспо. Се-нас'обрале от-

с'ите л'ишки по-дв'е, по-дв'е, вл'егле во к'орабо и-на-некој-р'ид н'ајголемшо-б'ил на-св'етот, н'ајвисок, т'аму ќе-го терал Н'ојо. Се-ск'инал п'усти

к'орап н'егде, вл'егло в'ода, зм'ијата со-оп'ашката го-з'атнала. И-коа-'излегле т'аму в'еќе на-суво, р'екла зм'ијата: от-која крф је-н'ајблага 'од-

неа да-п'ијат. Па-чоечкат'а-крф б'ила н'ајблага. Г'арванот з'инал да-к'ажи, дури-р'екол г'а, ласт'ујцата му-го-ск'инала ј'азико со-кл'унот,

'останал г'аврано б'ез-јазик в'ек и-с'ут. А-пак-ласт'ојцата з'ела ч'ес, с'еаз'атоа во-к'уќа пр'ај с'едела. Дунавка Конеска (Блаже Конески)

ЗАПАДНО НАРЕЧЈЕ - ПЕРИФЕРНИ ГОВОРИ

Имало и побудали (Вевчани)

Б'иле мајка-'и-ќерка. Ќ'еркава б'ила тр'удна. 'Имале ск'епар на-п'олицакл'ајно и-пл'ачеле с'екој-ден, си-м'ислеле: ќа-се-р'одит д'ете, ќа-п'аднитск'епарот и-ќа-го-'оперит д'етето. Д'ошол з'етоф и-н'ашол кaј-пл'ачет. И-'опитвит: "Што-пл'ачете? И-т'ије му-к'ажвет оту-ск'епарот ќа-п'аднит и-ќа-г-'оперит д'етето. Т'ој се-з'ачудил, н'емал што-да-'им-прајт, се-ч'удилд'ал' д-и-б'ијет али-н'е. "С'ефте – р'екол – ќ-'ода да-б'ара поб'удали 'од-

ними и-ако-н'ајда не-'и-бија".

'Одел, 'одел, и-н'ашол тр'ојца бр'аќа напр'ајле к'уќа бес-п'енџере, вн'aтрет'емница. Т'ије з'еле к'ошници д-ј-'испaдет темн'ицава. Т'ој им-в'елит:

"Што-пр'ајте, бре-др'угари, т'ака?" И-т'ије му-р'екле "Да-ј-ист'ајметемн'ицава". Т'ога т'ој им-р'екол: "Ј'а-ќа-ви-је-'иста: темн'ицава, што-ќа-ми-д'ајете?" Т'ије му-р'екле "Колк'у-пари с'акаш, ќа-ти-д'ајме, с'амо да-ј-'истајш темн'ицава". И-т'ака т'ој се-з'апрегнал, д'упи в'амо, д'упи т'аму

и н'апрајл п'енџери и-им-д'ошло в'идело.

"Ќ-'ода – р'екол – ќа-б'ара 'уште да-в'ида". 'Одел п'отака, н'ашол дв'ајцабр'аќа кaј-в'озет гр'еда; фпр'егнале п'етел и-м'ачорок, ама-н'икако н'е-

может т'ије да-п'омaрднет. Т'ој им-р'екол: "Што-пр'ајте в'ака, бре-др'угари?" – "Је-в'озиме гр'едава" – му-р'екле т'ије. – Д'обро – р'екол –м'ожет 'овје в'ака да-ј-'истaргет?" "'Ату што-да пр'ајме – р'екле т'ије –

како-да-ј-одн'есиме?" – "Ј'а ќа-ви-је-'однеса, колк'у-пари ќа-ми-д'ајте?"И-се-спог'одиле. Т'уркај, т'aргај, т'уркај, т'aргај, им-ј-'однесол гр'едата,

п'арите им- з'ел и-з'аминал. Се-вр'атил д'ома и-ж'ените не-'и-гибал.

Поука за овој час: Ако ( и да) врнит, (ама) пăтот врвит. Народна пословица -(Охрид. Запишал Кузман Шапкарев)

Page 16: makedonski jazik i literatura za IV godina

16

Да не се плашиме од пречките што ни се испречуваат при нивното надвивање, ида не се запираме на нив.

ЈУГОИСТОЧНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕЈугоисточното наречје го зафаќа најголемиот дел од

македонската јазична територија. Се простира источно и јужно одзападното наречје. Од северното наречје за гранична се смета

линијата Скопје - Свети Николе - Злетово, со тоа што говорите наСвети Николе и Злетово припаѓаат на северното наречје. Најугоисточното наречје му припаѓаат и говорите од Егејска иПиринска Македонија кои поради историските околности се

наоѓаат на териториите на Грција и Бугарија.Поради големата разновидност на јазичните црти ова наречје нее единствено и можеме да го поделиме на две поголеми целини:

источно наречјеисточно наречјеисточно наречје и јужно наречјејужно наречјејужно наречје.1.1.1. Источното наречјеИсточното наречјеИсточното наречје се дели на повеќе помали дијалектни групи:штипско-струмички, тиквешко-мариовски и малешевско-пиринскиговори. 2.2.2. Јужното наречјеЈужното наречјеЈужното наречје се дели на: солунско-воденски говори

(долновардарски), серско-лагадински, костурско-корчанскиговори.

Широката разгранетост на југоисточното наречје овозможило тоада не биде единствена целина. Во него се изгубиле некои стари

јазични црти, а се појавиле нови како резултат на меѓудијалектните контакти. Сепак, меѓу заедничките црти би ги

издвоиле: слободен акцентен систем, во многу говори утврден напарадигмата (ле́же, легна́, не́гов, не́говата, вудени ́цата,

учи́телите, не ́ ͜ ми ͜ се ͜ ја́де); послабо изговарање (редукција) нанеакцентраните самогласки кое е најсилно застапено во

долновардарските говори (уфча ́р, биља́, сӑма́р), самогласката ӑӑӑ(темниот вокал) има регуларна употреба во сите говори и ситепозиции (ӑцка, лит. олцка, кӑце лит. чука, нӑ ͜ мене!) чување на

меѓувокалното ввв, но губење на меѓувокалните жжж, ддд, ггг и сл. вобрзоговорот (леен ‹ леѓен, глеам, ќи си до́ом ‹ дојдам дома, ќека́аш ле ‹кажеш, но кажа́ ле ); замената на ѣѣѣ со ааа зад ццц (цане,

цадник, цаде); чување на ххх на крајот на зборот (бех, страх, смех,),но губење на почетокот на зборот и во други позиции (не се ранекут шо треба; бехме ›бееме› бēме); протетичко (вметнато) ввв напочетокот (важе, вадица, ваглен). Вокалните ррр и ллл дале повеќе

Page 17: makedonski jazik i literatura za IV godina

17

разновидности (прсто, прӑсте, пӑрст, вӑк, вӑлк, длӑк, дӑлга, тӑрӑнлит. трн).

На морфолошко-синтаксички план ова наречје има редицајазични црти со кои се разграничува од западното: наставката-овеовеове во множина кај едносложните зборови (столове, снопове,

царове); постоење на само еден член -ооо, (-от-от-от, -ут-ут-ут; чуве́ко, чуве́кут- долновардарските говори), -татата, -тотото, -тетете; изедначување на

номинативната со дативната и акузативната форма кај именките(Стојан, на Стојан, видех го на Стојан); личната заменка за 3.

гласи он, она, оно, они; предлогот в/фв/фв/ф гласи у/уфу/уфу/уф; во трето лицена перфектот се употребува формата на помошниот глагол (он еее

гледал, они сасаса гледале); кратките заменски многу често стојатзад глаголот (виде́ ме и мạ виде ́); конструкциите од типотима/немаима/немаима/нема и глаголска придавка не се обични за повеќе од

говорите; предлогот со се јавува во повеќе разновидности (сӑс,сас, сус,ус); само две презентски основи (-а и -е група).Цитат за овој час: Инате се куту магаре на мост . Народна поговорка

ЈУГОИСТОЧНО НАРЕЧЈЕ - ИСТОЧНИ ГОВОРИ

Лошата снаа (Струмица)

'Едạн чув'ек им'ал н'ого л'оша ж'ена. Ут-к'о: дујд'ела д'ома, м'ајка-мупọчн'ала н'ого дạ-слạб'ее. Д'ен из-д'ен стạнув'ала сѐ п'осл'аба. С'ин-ѝ

с'екуј д'ен јạ-питув'ал: "М'амо, к'ак та-гл'еда сн'аата?" М'ајка-му вик'ала:"'Арно мạ-гл'еда, с'инко!" 'Арно-ама с'ино усет'ил 'оти м'ајкạ-му кр'и:

н'ешто ọд-н'его.

И едн'ӑч куг'а п'а кути-с'екọга јạ-пит'ал: "К'ак тạ-гл'еда сн'аата?", м'ајкạ-му реч'ела: "Ак-с'акạш дạ-зн'ааш к'ак-мạ-гл'еде, 'остạни д'ома скр'ишно,ќе-в'идạш". И с'ино 'едạн д'ен ут-кạ-сạ-јạв'ил нạ-ж'енạ-му 'оти ќ-'оде нạ-рạб'ота м'есто дạ-'оде пọврн'ал-се и сạ-скриј'ал нạ-тạв'ано. Пọмин'ало

м'алко вр'еме, нạ-м'ајкạ-му ѝ-се-прӑјạд'ело и пọтер'ала ọт-сн'аата л'еп. А-сн'аата кạж'ала:

"П'укни, тр'есни, дọд'ека не-испр'едạш тр'и врт'ена, н'ема дạ-ти-д'а:м дạ-ј'адạш". И ќ'а-ги-испред'ела тр'ите врт'ена, п'а пọтер'ала дạ-ј'аде. А сн'аата

кạж'ала: "А-сẹг'а м'алку пуигр'ај 'оро и исп'еј еднạ-п'есна, п'осле ќе-ти-д'а:м дạ ј'адạш". М'ајкạта пọчн'ала дạ-ѝ-сạ-м'оле нạ-сн'аата: "Ам'ан, мури-сн'ао, к'ак дạ-игра'ам кạ-сạм-стạра, н'оизте н'е-ми-д'ржạт г'аре!" А сн'аатакạж'ала: "Аку-с'акạш дạ-ј'адạш, ќе-игр'ааш!" И м'ајкạта пọчн'ала дạ-игр'аа

и дạ-п'ее: "Тạк'а, бре-с'инко, тạк'а, тạк'а, игр'аам с'екуј д'ен!"

Page 18: makedonski jazik i literatura za IV godina

18

А сн'аата кạ-чуј'ала ọти-тạк'а п'ее, зẹм'ала сук'алто и пọчн'ала дạ-ạ-т'епаọти-тạк'а пẹј'ала. И м'ажо нẹ-муж'ел г'аре дạ-т'рпа и слẹгн'ал и пọчн'алдạ-ạ-т'епа сӑс-сук'алто нạ-ж'енạ-му сѐ дọд'ека нẹ-тạкс'ала ọти-н'ема дạ-

пр'аа г'аре тạк'а.

Цитат за овој час: Ако му дадеш поклупката, ќе ти сака и грнето.Народна пословица - Штип

ЈУГОИСТОЧНО НАРЕЧЈЕ - ЈУЖНИ ГОВОРИ

Тӑрговӑцо и нӑречниците (Дојран)

Им'ало 'едно вр'еме н'екуј тӑрг'овạц к'ој шạт'ал уд-гр'ат нạ-гр'ат.Шạт'ајќи дујд'ел нạ-н'еко: прист'анишче, испạдн'ал уф-н'еко: с'ело. Б'ило

д'оцкạна и т'о: тӑрг'овạцо вид'ел д'ека свạт'е уф-н'еко: к'ӑшча свит'ило(туг'ај нạм'ало л'амби, сạд'еле нạ-кạнд'ила, нạ-св'ешчички) фл'ạз'ел уф-дв'оро и чукн'ал нạ-вр'а:тта. Т'и: испạдн'але г'аздите и-ọ- прạим'але нạ-г'осте. Т'а: в'ечạр 'они-пạ ки-прạв'иле пạрж'ешка, им'але р'одạно д'ете,

ж'енцко. Прạв'иле шо-прạв'иле т'амка, в'ечạрта, ạд'етто ѝ- нạправ'иле и-си-л'ạгн'але. 'Оти с'елцка к'ӑшча, сирум'ашка, уф-'една удạј'а с'ите

спиј'але, и т'о: л'ạгн'ал прạ-н'их. 'Ама н'е-о-фạт'ило с'он, рạч'ел: "Ст'ој дạ-в'идум в'а: в'ечạр шо-ки-д'ојдạт, нạ-'та: м'ома шо-ки- к'ажạт!" Тạм'ам сạ-чин'ило пул'унуш дујд'еле нạр'ечниците и-пучн'але дạ-кạж'увạт. П'ӑрвạта

рạч'ела: "Е, д'е-ј-ж'ива и здр'ава, дạ пур'асне гул'ема, 'убуф кӑсм'ет д-'има." Др'угạта: "К'а ки пур'асне, т'о: шо-ј-д'ојдạн нạ-г'осте м'ӑш дạ-ј-

б'иде". Тр'етта пạ-рạч'ела: "Уф-гул'ем гр'ат д-'оде". Ут-т'ам стạн'але т'и:,си-удд'еле... (Мара Кречова, Запишал Коста Пеев)

Цитат за овој час: Го велјат на сфакрвата, за да разбере снаата.(Долновардарско - запишал Стефан Верковиќ)

СЕВЕРНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕСеверното наречје ги опфаќа говорите кои на север допираат до

јужните српски говори. На југ се простираат приближно долинијата Тетово - Скопје - Свети Николе - Пробиштип. Се дели надве групи: источнаисточнаисточна и западна група говоризападна група говоризападна група говори. 1. Источната група1. Источната група1. Источната група јасочинуваат говорите: кумановски, кратовски, кривопаланечки. 2.

Во западната групазападната групазападната група влегуваат говорите: скопскоцрногорски,вратнички полошки и горански ( во областа Гора на Косово).Ваквата поделба е условена од особеностите на одделните

говори. Говорите од источната група со некои јазични црти сеприближуваат до говорите од источната група на југоисточното

наречје, додека, пак, оние од западната група споделуваат некои

Page 19: makedonski jazik i literatura za IV godina

19

црти со западното македонско наречје.Сепак, во ова наречје се среќаваат и повеќе заеднички јазични

особености на целата негова територија, со кои тоа се разликуваод другите две наречја.

Меѓу поопштите црти на овие говори би ги спомнале: замената настарословенското ѫѫѫ (он) со ууу безмалку во сите позиции (зуби,(зуби,(зуби,

пут, рука, иду)пут, рука, иду)пут, рука, иду); наставката ууу (‹ ѫѫѫ) дури се наложила во општатаформа кај именките од ж. р. (жену, њиву); замената на ъъъ и ььь со ӑӑӑ

(дӑш, дӑн); вокалното л ги дало замените ууу/лулулу/лӑлӑлӑ (вук, јабука,слуза, слӑза); вторичното ъъъ (ъъъ222) дало ӑӑӑ (ветӑр, мӑгла, лӑга); се

чува старото палатално л (недеља, поље); предлогот ввв/вововопоминува во ууу (у градт, улезе, унутра).

На морфолошко-синтаксички план од специфичностите гиодбележуваме: наставката -момомо за прво лице множина (гледамо,одимо, носимо); настаката -икиикиики кај именките од ср. род (телики,пилики); наставката -еее во множина кај именките од ж. р. (жене,

њиве); наставката -шешеше во 3. л. мн. (они гледаше, имаше).Својствени на овие говори се именските наставки: -ачаачаача, -оќаоќаоќа,

-ушаушауша, -оњаоњаоња и сл. (капуљача староќа , чистоќа, деверуша,главоња).

Речениците може да почнуваат со кратките заменски форми (заж. р. = гугугу; за м. р. =гагага; Гу виду женуту; га фана њега).

Сепак и во ова наречје може да се набројат повеќе црти со коиговорите меѓу себе се разграничуваат. Така за источните говори

е карактеристичен слободниот акцент, (својствен најугоисточното наречје), додека во западните говори е фиксиранна третиот слог; употреба на една членска форма (-ӑтӑтӑт човекӑт),

наспрема тројниот член во западните говори.Во западните говори е вобичаено губењето на меѓувокалното ввв; сеиспушта помошниот глагол во 3 л. во перфектот (во источните се

чува). Во источните говори на северното наречје е нормалнаупотребата на кратките заменски форми зад глаголот (требе ͜ ми,

поведе ͜ ме); удвојувањето на предлогот сососо (сассассас/сӑссӑссӑс; сӑс њега) какои употреба на повеќе други предлози: уз, из, више, проз (през)уз, из, више, проз (през)уз, из, више, проз (през).

СЕВЕРНО НАРЕЧЈЕ - ИСТОЧНИ ГОВОРИ

Овчар и змија (Куманово)

Јед'ӑн ноќ тро'ица овч'ари п'асле-си 'овце на-пл'анину. И-едн'о вр'еме

Page 20: makedonski jazik i literatura za IV godina

20

сак'але-си да-зап'алив тут'ун, треб'ало-ги 'огӑањ, а-нем'але куд'е-њин'ишто. Кӑт-гл'едав, углед'але т'амо на-р'идТ г'оре ед'ӑн 'огӑањ. И-

рекн'аја ед'ӑн: "Ќе-'иду да-зап'алу". От'ишја 'он т'амо, приближ'ил-се,кӑт-гл'еда 'около 'огӑањ тр'и дев'ојке с'едив и-пр'авив-си муаб'ет.

Ама-т'ија не-б'иле дев'ојке, б'иле зм'ије, па-се-претвор'иле у-дев'ојке. И-збор'иле-си м'еѓу њи. Едн'ата вик'ала: "Тр'и г'одине в'оду н'е-сам п'ила,

н'е-сам-се нап'ила". Др'угата вик'ала: "И ј'а 'еве тр'и г'одине н'е-сам п'илав'оду..." А тр'еќата в'ика: "М'оре, в'и п'а-сте натоп'иле 'уста, ама-ј'а тр'и

г'одине в'оду н'е-сам п'ила. Ј'утре, зн'ам, п'оп ќ-'иде у-т'уј њ'иву да-жњ'еје т'амо, па-кӑт-ќе-б'иде пл'адне, по-јед'ење п'осле ќе-ст'ане

поп'ова ќ'ерка да-зб'ира п'олози, ј'а ќе-се-скр'ију пот-п'рв п'ологк, кӑт-ќе-д'ојде 'она да-га-д'игне, ј'а ќе-гу-у'апу и-тӑгк ќ-'иду да-се-нап'ију в'оду"...

...Он'ӑј овч'ар слуш'ал па-неќе'ал да-'иде да-п'али циг'аре, врн'аја-сен'аѕат. К'ӑт ј'утрето д'ӑн, 'истина, п'оп от'ишја да-жњ'еје. Жњеј'еле а-он'ӑј

овч'ар 'овце си-ги-в'рти 'около арг'ати. 'Они закач'али-га.

'Он беќ'ар 'около дев'ојке се-в'рти. 'Оне га-закач'але, 'он си-св'е тер'алпо-њег'ово. Кӑт-ств'арно седн'але да-р'учав, руч'але, ќ'ерка рипн'ала да-

га-в'ати он'ӑј п'ологк куд'е што зм'ија б'ила. "Ст'ој, куд'е ќ-'идеш?" –рекн'ал он'ӑј овч'ар. Пр'ишӑал п'а сӑас-он'ај њег'ову чам'угу тргн'ал-га

п'олог, кӑт-т'амо ед'ӑн котељ'ак зм'ија тол'ика. Ов'ија св'и се-исплаш'иле,фат'ило-ги стр'а. Шт'о-ли-је ов'ој. А-'он зем'ал он'ӑј ст'ап па врз-њ'ума и-в'ика: Б'ивај как'о што-си-б'ила с'иноќ 'или с'ӑк ќе-те-см'ачкам, питив'ан

ќе-те-напр'аву.

Б'ивај как'о што-си-б'ила с'иноќ. А-он'ај зм'ија коп'ешка-се по-м'алко,не-м'рда. По-др'уги п'ут, по-тр'еќи. И 'а да-изм'ане да-гу-'удри, и 'она

бидн'ала дев'ојка, т'ај зм'ијата. Тима Ничова 80 г. (Божидар Видоески)

Поука за овој час: Од искра пламен, од пламен пепел. Народна пословица.(Светиниколско - запишал Душко Брдарски)СЕВЕРНО НАРЕЧЈЕ - ЗАПАДНИ ГОВОРИ

Дванаесе месеца и бабата (Тетово)

'Имало една-ст'ара, га-н'еќеле д'ома, сн'ӑата га-н'ејќела. Б'ила з'има, сн'егмн'огу, и сн'ӑата ѝ-р'екла: "Н'а-ти кошн'ицава д'а-'идеш

у-пл'анина да-ми-д'онесеш ј'агоде". Б'абата р'екла:"Кӑј-ќ'е-најдем с'егај'агоде, 'има мн'огу сн'ек?" "Ќе-н'ајдеш, кӑј-ќе-н'ајдеш, з'еми кошн'ицаваи ќе-'идеш". И б'абата т'аќе, га-з'ела кошн'ицата и т'ргнала у-пл'анина.

'Ишла, 'ишла, 'ишла и уд'убила у-пл'анина.

Page 21: makedonski jazik i literatura za IV godina

21

И в'идела т'аму н'егдека некој-'оѓин да-г'ори, св'етело нешто ка:-'оѓин, ип'а 'ишла, 'ишла, 'отишла кӑј-'огнот. Т'уе 'имало к'олиба, у-кол'ибата'имало, б'иле мес'еците, дван'аесе м'есеца у-кол'ибата. И 'она, б'абата

р'екла: "Добр'о-вечер!" "Д'обро-ти б'ок, б'аб'о:, шт'о-мука 'имаш што-с'и-дошла?" "Е бре-с'инко, шт'о-мука, 'имам една-сн'ӑа мн'огу л'оша, ме-'испрати у-пл'анина по-ј'агоде, а кӑј-ќ'е најдем ј'агоде с'еа, 'еве н'е-е-

вр'еме да-б'ерем ј'агоде, с'еа 'има сн'ек". И ст'анаў д'ецембар, па-ј'ануар,ѝ-р'екоў:"А мори-б'або, што-зб'ори н'ародот, т'оўку сн'ек штон'ападнаў?""А бре-с'инко, мн'огу 'убо:, д'еца се-л'изгаа, со-т'опке се-г'аѓаа, за-д'ецатар'адос". Т'аќе б'абата н'ишто л'ошо н'е-рекла. И ст'анаў ј'уни, пр'ед-негом'ај: "'Ела, б'або:, м'ие ќе-ти-д'адемо ј'агоде". З'еле ѝ-д'але ј'агоде н'ејзе,

ѝ-нап'оўниле кошн'ичето со-ј'агоде и је-р'екле: "Ај-б'або:, со-зр'авје 'оди-си, од-'устата да-ти-изл'агаа св'е зл'атници, сребр'еници, т'и д'обра д'уша

си-'имала, 'ај 'оди с'еа.

Д'ошла д'ома ж'ената, кој-в'идела сн'ӑата ј'агоде н'оси п'оўна к'ошница,кој-зб'ори п'аре 'од-'уста ѝ-п'аѓаа, ж'оўтице, ѝ-р'екла: "Ј'а и-м'ајка-ми ќе-

га-пр'атим". И з'ела м'ајка-е, га-пр'атила, 'ишла и ги-н'ашла н'ив,мес'еците. 'Ама кој-п'очнале да-га-пр'ашуа н'ега за-з'имата, 'она св'ел'ошо зб'орела, в'икала: "г'рга н'ародот, од-з'имата им-ст'уди", и-'ова,'она, св'е н'ајлошо. И т'ога мес'еците р'екле: "Е 'ајде – од-'устата св'езм'ие и см'око:ị да-ти-изл'агаа". Ни-ј'агоде ѝ-д'але, ни-н'ишто. И кој-д'ошла д'ома, см'око:ị, зм'ие, ж'абе ѝ-изл'агаа од-'устата. И т'аќе, к'ој

пр'аị л'ошо, ќе-н'ајде н'еарно. (Душица Нушеска)

ОНОМАСТИКАОномастиката е дел од науката за јазикот (или пак, посебна

наука) која се занимава со проучување на сопствените имиња ипрезимиња, како и со проучување на имињата на местата или

другите географските имиња. Стои во тесна врска соетимологијата, дијалектологија, митологијата и сл. Порано се

сметала за помошна наука на географијата, етнографијата и нанекои други научни дисциплини. Доаѓа од грчкото onoma = име;onomastikon = именослов, речник на имиња. Ономастиката се

дели на две основни области: топономастикатопономастикатопономастика и антропономастикаантропономастикаантропономастика.Предмет на проучување на топономастикататопономастикататопономастиката се топонимите,

односно имињата на местата, односно географските имиња. Седели на хидрономастикахидрономастикахидрономастика (ги проучува хидронимите = имињатаповрзани со водите: реки, езера, мориња); орономастикаорономастикаорономастика (се

занимава со оронимите = имињата на планини, ридови,

Page 22: makedonski jazik i literatura za IV godina

22

долини...); ојкономастикаојкономастикаојкономастика (ги проучува ојконимите = имиња наградови, села, населби...)

АнтропономастикатаАнтропономастикатаАнтропономастиката се занимава со проучување наантропонимите = имињата на луѓето. Тука спаѓаат личнителичнителичните

имињаимињаимиња, презимињатапрезимињатапрезимињата и прекаритепрекаритепрекарите. Личните имињаЛичните имињаЛичните имиња се најстариотслој од антропонимите и се појавиле пред прекарите и

презимињата. Според составот може да бидат прости (Петре,Александар, Елена, Марија) и сложени (Божидар, Светомир).

Според потеклото може да ги разграничиме на словенски имиња(Весна, Драган, Вера), на христијански (Иван, Марија), на слој оддруги религии и култури (Давид, Наталија,), на помодни (Елвис,

Касандра) и сл.ПрекаритеПрекаритеПрекарите се појавиле пред презимињата и со нив се

разграничувале луѓето со исти имиња. Со нив се означува(ла)некоја психичка или физичка особина, занимање, или пак, тие се

поврзани со местото на живеење и сл. (Зелен Јован, АндонТуфекчијата, Ванчо Лисицата, Триводалијата = од с. Три Води).

Со текот на времето некои прекари поминале во презимиња.ПрезимињатаПрезимињатаПрезимињата се појавиле најдоцна во нашиот јазик. Се

образуваат најчесто со наставките -ововов / -о(в)скио(в)скио(в)ски и -евевев / -е(в)ские(в)ские(в)скикои се додаваат на машките имиња (Стојанов/ски, Стојаноски,

Ристов/ски, Ристески и сл.). Некои презимиња настанале одпрекари (Ковачевски, Дујнимаглоски) или според населени места

(Новоселски, Дојранлиев). Многу презимиња се создале подразлични околности и во различни периоди, така што понекогаш

е тешко да се објаснат нивните значења.Покрај двете основни области, топономастиката и

антропономастиката, ономастиката се занимава и со други сферина имињата: космонимика (имиња на соѕвездија, на галаксии),

астронимика (имиња на планети и други небесни тела),зоонимика (имиња на животни) ергонимика (имиња на фирми, на

продавници и сл.) и т.н.Поука за овој час: Поарно ет да имаш име чесно, ошто многу стребро.

Народна поговорка

СВЕТСКА ЛИТЕРАТУРАРеализмот кој како литературен правец беше доминантен во 19.век, на извесен начин продолжуваше да биде актуелен и на мода

Page 23: makedonski jazik i literatura za IV godina

23

и во првите децении на следниот век. Некои од најголемитепретставници на светската литература дел од своето творештво

го создадоа токму на преминот меѓу двете столетија (Л. Н.ТолстојТолстојТолстој, А. П. ЧеховЧеховЧехов, Х. ИбзенИбзенИбзен, А. ФрансФрансФранс, М. ПрустПрустПруст, А. ЖидЖидЖид, ).

Нешто подоцна реализмот ќе се возобнови во Советскиот Сојуз,а по Втората светска војна и во другите социјалистички земји.Всушност, политичките прилики во 20 век во многу нешто ги

диктирале условите во кои се создавала уметноста, а во нејзиирамки, и литературните дела. Тоа е век на две светски војни, на

многу регионални војни, на блоковска поделба на светот, извесенпериод време на т.н. студена војна. Епоха во која беше срушенколонијализмот во Африка, Азија и Латинска Америка... Век назабрзан технолошки развој но и на светска економска криза (во

триесеттите години). Сето тоа се рефлектираше и наоѓаше одразво литературните дела..

Модернизмот кој како правец беше актуелен во првите децениина минатиот век, ќе биде заменет со егзистенцијализмот, кој во

основа беше филозофско учење. Во рамките на модернизмот ќесе разграничат повеќе струења (футуризам, експресионизам,

дадаизам и сл.). Се појавува нов тип на театар - театар наапсурдот, чиј производ е антидрамата. Во исто време се јавува и

т.н. нов роман, во кој изразните средства и ефектите се вопреден план за сметка на содржината, која, на пример, вонатурализмот се предавала со фактографска прецизност.

Во последните децении на 20. век широко се распространуваеден нов поим постмодерна (постмодернизам), својствен на

повеќе сфери на човековото живеење (архитектурата, филмот,сликарството, музиката). Бидејќи зафаќа повеќе области од

животот, тешко може да му се определи точна дефиниција. Штосе однесува до постмодерната во литературата, со неа серелативизира она што е значајно за другите правци: нема

оригиналност во уметничкото дело, тие се парафразираат, сеземаат цитати од повеќе дела за да се направи ново, но се

внимава тоа да не биде плагијат. Постои мешање на жанровите,во едно дело има и фантастика и реализам, има и вметната

критика и романтична љубов. Се зголемува улогата на читателот,се оставаат празни места во делото тој по своја желба да ги

пополни или осмисли.

Page 24: makedonski jazik i literatura za IV godina

24

Интересно е тоа што македонската литература, на која содецении природното право да се развива, ѝ беше оспорувано, за

многу кратко време успеа во меѓународната распределба накултурни вредности да понуди свои постмодернисти (ГоранСтефановски, Венко Андоновски, Гоце Смилевски, Ермис

Лафазановски, Игор Исаковски, Никола Маџиров...).Цитат за овој час: Пред си, постмодернизмот се стреми кон проширување награниците на книжевноста преку промена на нејзиниот жанровски статус вооднос на вообичаениот жанровски систем. Неретко, настанува мешање на

жанровите или затскривање на еден жанр зад карактеристиките на друг, или акосакате, наречете ја жанровска мимикрија или жанровска изместеност, која се

коси со старите родово-жанровски конвенции. Јасмина М. -Гушева

АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ (1860 - 1904)Антон Павлович Чехов е автор кој на руската и на светската

литература ѝ подарува ремек-дела во форма на куси раскази икој преку лирската драма се вбројува меѓу творците на

модерното во овој литературен род.Чехов е роден во Таганрог, Ростовска област, во повеќедетно

семејство. Татко му Павел Јегорович, се занимавал со трговијаво која и немал некој особен успех. Мајка му Евгенија

Јаковлевна, била посветена на воспитување на децата и билаличност која ја сакала уметноста, а особено театарот. Своитедеца ги учела да имаат одговорност кон работата, сочувство и

милосрдност кон послабите и угнетените.По неуспехот во трговијата, татко му со другите членови се

преселил во Москва, а Антон останал во Таганрог и издржувајќисе самиот, со подучување на своите соученици, ја завршил

гимназијата.По доаѓањето во Москва, Антон Павлович Чехов и покрај

материјалните тешкотии успеал да го заврши медицинскиотфакултет. Со солидно образование се стекнале и другите неговибраќа и сестра му. Во 1880 година ги пишува своите први раскази

под псевдонимот Антоша ЧехонтеАнтоша ЧехонтеАнтоша Чехонте и дури по шест години подвистинското име ќе ја објави својата прва збирка ОдбраниОдбраниОдбрани

расказирасказираскази за која критиката ќе се изрази најпофално. Следнатагодина ја објавува збирката Невини зборовиНевини зборовиНевини зборови со која ја потврдил

својата раскажувачка дарба.

Page 25: makedonski jazik i literatura za IV godina

25

Истата година Чехов дебитирал со драмата ИвановИвановИванов за која игледачите и критиката биле поделени во мислењата. Но значајно

е да се каже дека е ова првенец во драмската област на којписателот ќе ѝ остане верен до крајот на својот живот.

Врз расположбата на авторот влијание имала тешката положбана угнетените селани, како и смртта на еден од неговите браќа.Честите патувања низ Русија (низ Сибир и на крајниот исток - наостровот Сахалин), како и престојот во Одеса и на Јалта, уштеповеќе ја подзасилиле депресијата која се вгнездила кај него.

Особено е значајна посетата на затворениците на Сахалин, чиипотресни слики ќе ги опише во повеќе раскази и есеи.

Напоредно со писателската дејност Чехов се пројавил и какоголем хуманист и како лекар, и како организатор на добротворни

акции за изградба на училишта и библиотеки на кои имподарувал дел од своите творби. Домот во Мелихово, каде штоедновреме живеел, било посетуван како од уметници, така и одобични селани.Тука меѓу другите доаѓал П. И ЧајковскиЧајковскиЧајковски, еден однајголемите руски композитори на 19. век, автор на повеќе опери

и балети.Поради туберкулозата, која сериозно му го нарушила здравјето,по наговор на лекарите се преселил на југот, на Јалта. И покрај

болеста не престанал да пишува.Во 1901 година се оженил со Олга Л. Книпер, артистка која гииграла главните улоги во некои од неговите драми.Таа ќе го

придружува писателот на неговото последно патување вогерманското бањско лекувалиште Баденвајлер.

Чехов е автор и на збирките раскази: Во самракот, Тмурни луѓеВо самракот, Тмурни луѓеВо самракот, Тмурни луѓе,повестите СтепаСтепаСтепа и Три годиниТри годиниТри години, и стотина други раскази; збирките

есеи: По СибирПо СибирПо Сибир и Островот СахалинОстровот СахалинОстровот Сахалин. Драмскиот опус госоставуваат Вујко Вања, Галеб, Три сестриВујко Вања, Галеб, Три сестриВујко Вања, Галеб, Три сестри и Вишновата градинаВишновата градинаВишновата градина.Чехов во своите раскази ја слика руската стварност од крајот на19. век. Повеќе од расказите се куси по форма во кои на преден

план избива хуморот. Хуморот е овде за да ја ублажипротивречноста меѓу желбите на ликовите и мрачната стварносткоја ја живеат. Во тој поглед со раскажувачката постапка Чехов е

многу близок до приврзаниците на натурализмот.Мајсторството да навлезе во скришните места на душата можеме

Page 26: makedonski jazik i literatura za IV godina

26

да го видиме преку расказот ШегаШегаШега, во кој главниот лик Надја вомиговите на возбуда и страв неколку пати ќе ги слушне зборовите

Јас ве сакам, Надењка! За авторот тогаш и по многу години,тоабило само една шега, За Надја, најнежен спомен во животот.

Творештвото на Чехов се одликува со разнообразност во темите.Ги слика сите слоеви на руското општество. Неговите симпатиисе секогаш на страната на ситните чиновници, на обесправенитеи на селаните (СеланиСеланиСелани). На потсмев ги подложува понизноста и

камелеонството (Смртта на чиновникотСмртта на чиновникотСмртта на чиновникот).Поради тоа што не ја идеализира стварноста, туку ја прикажува

нечистотијата и примитивизмот на руското општество, надвојниот морал, на негрижата за болните и немоќните, Чехов

своевремено доживувал критики.Во поглед на драмското творештво, Чехов ја негува т.н. лирска

драма, во која ликовите живеат меѓу минатото и иднината.Стварноста што ги опкужува е груба и неподнослива (Три сестриТри сестриТри сестри),или дека надежта за поубаво иднина ќе трае многу кратко (ВујкоВујкоВујкоВањаВањаВања). Дијалогот на ликовите прозвучува како монолог. Тие како

да зборуваат сами за себе.Чехов со начинот на раскажувачката постапка (да се биде кус во

излагањето, со дозата на хумор, со пресврти во дејството и сокритиката на руското општество) е актуелен и популарен и по

повеќе од едно столетие. Доказ за тоа е екранизацијата на многуод неговите дела.

Цитат за овој час: Здравиот човек има илјади желби,болниот само една. Антон Павлович Чехов

СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ (1906 - 1989)Средината на 20. век во литературата ја одбележа, меѓу другото,објавата на Чекајќи го ГодоЧекајќи го ГодоЧекајќи го Годо, (анти)драма од Семјуел БекетБекетБекет, делокое ќе предизвика спротивставени мислења кај критиката и коеќе му ја донесе Нобеловата награда за литература (1969). И поповеќе од половина век од нејзиното прво прикажување (1953),

драмата како образец на т.н. театар на апсурдоттеатар на апсурдоттеатар на апсурдот е сѐ уште еактуелна и се игра на сцените ширум светот.

Семјуел Бекет е роден во близината на Даблин, каде што сешколувал и каде што завршил студии по француски јазик и

литература. Од 1938 година со мали прекини живее во Париз,

Page 27: makedonski jazik i literatura za IV godina

27

работејќи едно време како личен секретар на Џемс ЏојсЏојсЏојс, познатирски писател (Одисеј, ДаблинциОдисеј, ДаблинциОдисеј, Даблинци). Повеќе од своите дела (аособено по Војната) ги пишува на француски јазик, а потоа ги

преведува на англиски.За време на Втората светска војна се приклучил на Движењетона отпорот, поради што живее во илегала. До 1950 година е сѐуште во Париз каде што ги создава своите најзначајни дела. По

добивањето на Нобеловата награда живее повлечено, одбивајќида дава коментари за своите дела. Умира во Париз, на 83.

годишна возраст, само неколку месеци по смртта на својатасопруга Сузан.

Во одлуката на Нобеловиот комитет пишува: На Семјуел Бекетму се доделува наградата за пионерската работа во драмата и

прозата во која трагедијата на современиот човек станува неговтриумф.

Бекет е автор на триесетина драми, дваесетина прозни дела(главно романи, меѓу кои и трилогијата романи: Молоу, МалонеМолоу, МалонеМолоу, Малоне

умираумираумира и НеименливотоНеименливотоНеименливото) како и на шест збирки поезија. Автор е ина повеќе есеистички трудови за Данте АлигиериАлигиериАлигиери, за Марсел

ПрустПрустПруст, за Џемс ЏојсЏојсЏојс и сл. под чие влијание ќе ги создава своитедела.

На почетокот на својата писателска дејност Бекет е преокупирансо човековата егзистенција и оттуѓеноста на модерниот живот.Под силно влијание е на егзистенцијализмот на Ж. П. СартрСартрСартр, којму е современик, и во чија основа е песимистичката визија на

човекот. Поради идеите изнесени во некои свои дела, Бекет несекогаш наоѓал издавач за нивно објавување (Романот МарфиМарфиМарфидури 42 пати бил одбиван за печатење пред да биде објавен).

За да ја прикаже бесмислата на човековото опстојување, Бекетнаместо вообичаените романескни постапки и драмски заплети,ги преповторува настаните и сцените со мали измени, а луѓето вонив се беспомошни да направат нешто и да се придвижат напред.

Тие обично се слепи, неми, глуви и сл. Ги поднесуваатстрадањата во очекување дека нешто ќе се случи, дека ќе

излезат од кругот на беспомошноста.Дијалогот на ликовите повеќе прилега на монолог, на

повторување на исти фрази во кои отсуствува дури и правилнатаграматичка структура. За да ја истакне бесмислата на сѐ, Бекет

Page 28: makedonski jazik i literatura za IV godina

28

го разбива единството на времето, просторот и дејството (кајдрамата). И покрај длабокиот песимизам, делата на Бекет сеисполнети со благ хумор и со уште подлабоко сочувство конмалите луѓе, кое дури и нема граници. Во неговото драмско

творештво покрај Чекајќи го ГодоЧекајќи го ГодоЧекајќи го Годо, овде ги одбележуваме уште ипиесите: Крај на игра, Среќни денови, Чин без зборови, I, IIКрај на игра, Среќни денови, Чин без зборови, I, IIКрај на игра, Среќни денови, Чин без зборови, I, II,

(дејството на сцената се одвива без зборови), Што, кадеШто, кадеШто, каде(неговата последна драма).

Дејството на драмата Чекајќи го ГодоЧекајќи го ГодоЧекајќи го Годо се случува во два чина, сосодржина која нема некаква логика, или барем каква би

очекувале. Или, како што вели еден критичар тоа е драма во којадвапати ништо не се случува. Двајцата главни ликови ВладимирВладимирВладимир

и ЕстрагонЕстрагонЕстрагон водат бесмислени дијалози во очекување да се појавиГодоГодоГодо. Ним им се приклучуваат уште ПоцоПоцоПоцо и ЛакиЛакиЛаки, како иМомчетоМомчетоМомчето, на ист начин во двата чина, за да ја разбијат

монотонијата на чекање.Ниту просторот на драмата не е определен како што би

очекувале. Просторот е лишен од секакви елементи. Тоа е селскипат, во близина на едно дрво. Поправо: главните јунаци се

расправаат дали е тоа дрво или можеби е грмушка. Тие не сесигурни ниту дали се на вистинското место каде што треба да се

појави Годо.Главните јунаци се дезориентирани и во поглед на времето.

Ноќта по која се разделуваат Владимир и Естрагон со Поцо иЛаки е само да го најави крајот на првиот чин. На почетокот на

вториот чин Естрагон не се сеќава на ништо од вчерашниот ден.Дури не се сеќава на ништо од заедничкото дружење со

Владимир. Тие се подготвени на бесконечно чекање на Годо. Ќедојдат и следниот ден и на истото место. Но следниот пат нема

да заборават да понесат со себе јаже. За секој случај!По низа тажни и смешни ситуации, на крајот главните јунаци сесогласуваат да појдат некаде, но не се помрднуваат од местото.Владимир и Естрагон се ликови кои се беспомошни било што да

направат, не можат да се разделат, дури не можат ни да сеобесат. Тие си требаат еден на друг, ако не за друго, да ги водат

навидум бесмислените дијалози. Владимир е, се чини, попаметенод Естрагон, повисок е, и се јавува како негов заштитник.

Кај другата (споредна) двојка Поцо и Лаки, се јавува односот на

Page 29: makedonski jazik i literatura za IV godina

29

господар и слуга, но во вториот чин Поцо ослепува и се потпирана својот остарен слуга Лаки, на времето надарен за многу

работи, но сега веќе немоќен и глувонем. Момчето се појавува водвата чина за да соопшти дека тој и неговиот брат работат кај

Годо, дека Годо го тепа неговиот брат и дека Годо нема да дојдеденес, но дека сигурно ќе дојде следниот ден.

Годо е името околу кое се врти целото дејство на драмата. Тој етаинствениот лик за кого речиси ништо не знаеме, освен дека

треба да дојде, дека има бела брада и слично. Авторот дури необјаснува зошто Годо треба да дојде и како може да им помогне

на двајцата скитници.Со преповторување на слични сцени и на слични дијалози, Бекет

како да ја нагласува ирационалноста на чекањето, за да сесфати смислата на вистинскиот живот кој никако да дојде и да се

случи. Како алтернатива се нуди бесмислена стварностисполнета со вегетирање и надеж дека утре тоа ќе се смени.

Семјуел Бекет негувајќи го театарот на апсурдоттеатарот на апсурдоттеатарот на апсурдот, го развива волитературна форма егзистенцијализмот кое како учење

најцелосно го разработил филозофот и писател Ж. П. Сартр. Одсвоја страна Бекет изврши силно влијание врз повеќе современи

автори. Тука би ги спомнале: Харолд ПинтерПинтерПинтер, Вацлав ХавелХавелХавел,Ежен Јонескоонескоонеско, Том СтопардСтопардСтопард и др.

Цитат за ово час: Со човечките солзи секогаш е исто. Штом еден ќе почне даплаче, некаде некој друг ќе престане. Слично е и со насмевката.

МИХАИЛ ШОЛОХОВ (1905 - 1984)Михаил Александрович Шолохов е руски писател од советскиотпериод и добитник на Нобеловата награда за литература (1965),за уметничката сила и целовитоста на епосот за донските козациво пресвртните за Русија времиња. Во своите дела ја продолжува

традицијата на големите имиња на руската литература, да сепишува за настани кои се од судбоносно значење за рускиот

народ. Иако живее и создава во време кога на мода есоцијалистичкиот реализам, Шолохов се издигнува над

догматските норми што ги застапува тој правец, ставајќи ги вопреден план човечките судбини.

Со мали исклучоци Шолохов го поминува својот животен иработен век таму каде што се родил - меѓу донските козаци и ја

Page 30: makedonski jazik i literatura za IV godina

30

дели со нив судбината и гордоста. Козаците се општествен слојкон кој историјата не секогаш била праведна и кои низ

премрежјата полека го губеле својот идентитет.Шолохов се родил во населбата Кружилино, во близина на

Вјошенскa, во Ростовската област. Основното образование гостекнал во црковно училиште, а гимназија посетувал во повеќе

градови, поради службените преместувања на татко му.Школувањето го прекинал во 1918 година во екот на Граѓанскатавојна. По војната едно време живеел во Москва, обидувајќи се даго продолжи образованието и поради немање средства работелтешки физички занаети (носач, ѕидар). Истовремено учествувалво литературната група Млада гвардија, но брзо ја напуштил и се

вратил во родниот крај за да земе учество во неговата обнова.Меѓу другото работел на описменување на возрасните.

Своите први литературни обиди ги објавува во 1923 година. Созбирките новели: Донски расказиДонски расказиДонски раскази и Азурна степаАзурна степаАзурна степа ја навестува

својата раскажувачка дарба како и предметот на неговотоинтересирање - животот на козаците во пресвртните години напочетокот на минатото столетие. Романот-епопеја Тивкиот ДонТивкиот ДонТивкиот Дон

(1928-1940) му донела целосна афирмација. Во исто времеШолохов објавувал делови од другото поголемо дело РазоранаРазоранаРазоранаЦелинаЦелинаЦелина (1932) кое целосно ќе го издаде многу подоцна (1959).За време на Втората светска војна Михаил Шолохов бил воен

дописник од фронот за повеќе весници, во кои објавувал и краткираскази и есеи за хероизмот и страдањата на рускиот човек во

Татковинската војна. Тогаш настанала новелата Наука заНаука заНаука заомразатаомразатаомразата (1942). Војната ќе биде предмет на недовршениот

роман Тие се бореа за татковинатаТие се бореа за татковинатаТие се бореа за татковината и на новелата Судбината наСудбината наСудбината начовекотчовекотчовекот (1956).

До крајот на својот живот Шолохов ќе биде општественоангажиран, учествувајќи со свои прилози за литературата и

уметноста во разни списанија. Во исто време ќе биде удостоен сосите поголеми државни награди и со многу меѓународни

признанија. Последните години, тешко болен ги поминал тамукаде што се родил во Вјошенска.

Романот Тивкиот ДонТивкиот ДонТивкиот Дон е најзначајното дело, во кое се раскажуваза трагиката на козаците, како општествена група, во времето од

1912 -1922 година преку личните заблуди на одделни нивни

Page 31: makedonski jazik i literatura za IV godina

31

водачи. Заради објективниот пристап кон настаните, Шолохов билкритикуван од приврзаниците на т.н. соц-реализам, но затоароманот со симпатии бил пречекан и преведуван на Запад

Во новелата Судбината на човекотСудбината на човекотСудбината на човекот се раскажува за моралнатаголемина на обичниот руски човек предадена преку трагедијата

што ја доживеал Андреј Соколов. Тој откако останал сам, накрајот смогнал сили да му се врати на животот и да му се радува,

откога едно осамено и напуштено момченце во него ќе гопрепознае својот татко!

Во делото се говори за страдањата на кои бил изложен главниотјунак, кој како воен заробеник, речиси целата војна ја поминуваво германските логори и покрај повеќето обиди да побегне од

нив. Откако најпосле побегнал и им се приклучил на единицитена Црвената Армија, дознал дека сите членови на неговото

семејство: сопругата Ирина, двете ќерки и синот настрадале вовојната. Останат сам, со омраза во душата, но и со длабока тага,патувајќи низ непрегледните предели на земјата, Андреј Соколовќе го сретне детето Вања кое ја има истата судбина - во војната

останало само без своите родители. Двајцата ќе станатприврзани еден на друг, меѓу нив ќе се развие љубов. Главниот

јунак ја прифаќа измамата за да ублажи сопствената болка, да јазамени осаменоста со љубов и грижа за напуштеното дете.

Новелата носи силна антивоена порака, за апсурдноста на ситестравотии што ги носи војната, а особено за физичкото

уништување. Но уште посилно во делото доаѓаат до изразљубовта, добрината и сочувството како хумани особини кои

треба да ги негува човекот. Михаил Шолохов на умешен начин гослави величието на обичниот човек.

...Татенце, каде ти е тебе кожното палто? Во животот никогаш несум имал кожно палто! Морав да излажам. Во Воронеж остана,

му реков. Ама ти тато, зошто толку долго ме бараше? Муодговорив - Јас тебе синче и во Германија те барав, и во Полска,и сета Белорусија ја изодив и ја пропатував, а ти во Урјупинск си

било. Ама тато, Урјупинск близу до Германија е? А до Полска, тоадалеку ли е од нашата куќа? И така брборевме со него дури не

заспавме....А, мислиш ли братче дека само онака ме праша за кожнотопалто? Не, сето тоа не е туку-така. Татко му, оној вистинскиот,

Page 32: makedonski jazik i literatura za IV godina

32

некојпат носел такво палто, па ете му останало во умот. Зошто,детскиот ум ти е како летната молња, ќе молсне, за миг сѐ ќеосветли и ќе згасне. Така и умот му работи, само ќе молсне!..

Извадок од Судбината на човекотСудбината на човекотСудбината на човекот (преземено од сакамкниги.мк.)Цитат за овој час: Мојата мајка уште во детството ме учеше на љубов кон

украинскиот народ, украинската уметност и кон украинските песни, едни однајмилозвучните во светот. Михаил Шолохов

АЛБЕР КАМИ (1913 -1960)Албер Ками е едно од најголемите имиња на француската

литература од средината на 20. век и добитник на Нобеловатанаграда за литература (1957). Во своите дела настојуваше дададе одговор на проблемите со кои се соочуваше човештвото

пред, за време на, и непосредно по Втората светска војна. Тоа евреме кога моралната криза на човекот ја загрозуваше неговата

егзистенција, кога се бараше решение за надминување натаквата состојба.

Иако не можеше во целост да ги афирмира своите филозофски илитературни погледи (поради прераната смрт во сообраќајнанесреќа), Албер Ками уште додека беше жив се сметаше за

класик во француската литература. Тој е актуелен и во денешновреме, затоа што проблемите со човековата егзистенција не се

надминати. Оттуѓеноста на човекот, баналноста на секојдневиетошто ги потиснуваат човековите стремежи за посреќен живот сѐ

уште се присутни.Ками е роден во сиромашно семејство во Мондови, во северниот

дел на Алжир. На само една година останал без татко (којзагинал како војник во Првата светска војна). Мајка му со тешкафизичка работа го издржувала семејството. Во тешки животниуслови Ками ги завршил гимназијата и студиите по филозофија

на универзитетот во Алжир (1936). Сиромаштијата ќе бидепричина Ками да се разболи од туберкулоза од која ќе се лекувамногу години подоцна и поради која се откажал од спортот, кој

заедно со театарот и литературата му биле омилени активности.За театарската група Екипа, која ја раководел, ги пишува своитепрви пиеси (некои од нив преработки од други автори). Откако ги

завршил студиите се занимавал со новинарство најпрвин воАлжир, а потоа и во Франција, каде што се преселил да живее.

Page 33: makedonski jazik i literatura za IV godina

33

На почетокот на Втората светска војна се пријавил какодоброволец, но поради нарушеното здравје бил одбиен. По

краткиот престој во Алжир, се вратил во Франција и се приклучилна Движењето на отпорот против фашизмот.

Во тој период го напишал својот прв роман СтранецотСтранецотСтранецот (1942) иесејот Митот за СизифМитот за СизифМитот за Сизиф како објаснување на содржината на

романот. Тогаш, а и подоцна, низ бројни есеи и предавања Камиќе ги изложува своите политички и филозофски идеи. Неговите

политички погледи се движеле од комунизам и пацифизам, па сѐдо анархизам! Но тој силно ќе му се спротивстави на

тоталитаризмот воспоставен во источноевропските земји поВтората светска војна. Од тие причини ќе дојде до прекинувањена пријателството меѓу него и Ж. П. СартрСартрСартр, за кого комунизмотпретставувал совршенство на човечко општество, без разлика

како ќе се спроведува.Идејата на Ками за мир и справедливост и отпор против

насилството во времето на блоковска поделба на светот, некоинегови пријатели на поинаков начин ја прифатиле и кај него

создале разочараност и депресија Тој јавно протестирал противрежимот во Шпанија (1952) и во други земји.

Во поглед на филозофските идеи, Ками бил против тоа да сеповрзува за некаква идеологија. Тој дури се противел

егзистенцијализмот да се поврзува за неговото име. За неголуѓето биле помили од која било идеја. Сепак, не може да се

одбегнат неговите размисли околу теоријата на апсурдот споредкоја стремежот на луѓето кон јаснотија и смисла не може да сеисполни во целост. Во своите дела го прифаќа позитивното од

егзистенцијализмот и надреализмот, а го отфрла песимизмот закој се залагале Жан Пол СартрСартрСартр и Андре БретонБретонБретон.

Литературното творештво на Ками е обемно и разновидно. ПокрајСтранецотСтранецотСтранецот го сочинуваат и романите: ЧумаЧумаЧума (1947), ПадотПадотПадот (1956),Среќна смртСреќна смртСреќна смрт и Првиот човекПрвиот човекПрвиот човек (издадени постхумно од неговите

ќерки); повеќе есеи (Опачина и лицеОпачина и лицеОпачина и лице, ПирПирПир...); драмите КалигулаКалигулаКалигула,НедоразбирањеНедоразбирањеНедоразбирање, Опсадна состојбаОпсадна состојбаОпсадна состојба, ПраведнициПраведнициПраведници... и повеќе

преводи и адаптации на дела од В. ФокнерФокнерФокнер, Ф. М. ДостоевскиДостоевскиДостоевски... А.Ками е автор и на повеќе книги со чисто филозофски идеи.

Романот Странецот е најпопуларното Камиево дело. По обем емало, содржи 11 поглавја поделени во два дела. Во првите шест

Page 34: makedonski jazik i literatura za IV godina

34

поглавја се раскажува за настаните кои му претходат наубиството што го извршил главниот лик Мерсо. Во вториот дел се

прикажува престојот во затворот и текот на судењето.Однесувањето на Мерсо на веста за смртта на мајка му која се

наоѓала во дом за старци, отсуството на желба да се отвориковчегот со посмртните останки на мајка му, неговата

рамнодушност на денот на погребот, одењето на плажа содевојката Марија попладнето и т.н., се настани од првиот дел, кои

при распитот на сведоците, ќе се преповторат во текот насудењето, и врз кои обвинителот ќе ги засновува своите докази

при одмерувањето на казната за извршеното убиство над Арапот.За сето време во затворот Мерсо е рамнодушен и незаинересиран

за исходот од процесот. Се чувствува како туѓинец меѓу туѓинци.Откако ја дознава казната Мерсо почнува да се бунтува заштосудот е неправеден, а преку него и општеството кое донесувазакони преку кои обвинителот врз лични убедувања може да

предлага казни, а судот да ги прифаќа. Во основа, Странецот екритика на правосудството, затоа што казната е неправедна -убиството не е извршено со предумисла. Вината на Мерсо се

состои во тоа што не сака да ги прифати општествените иморалните норми на средината. Тоа што Мерсо е рамнодушен

кон сѐ, не значи дека ја заслужува смртната пресуда.Неколку месеци подоцна Ками го објавува есејот Митот на Сизиф

како дополнување на романот Странецот, во кој во неколкупоглавја го дообјаснува апсурдот во кој запаѓа современиот човек

и можниот излез од таа состојба.Вредноста на романот го надополнува и совршениот стил прекукој со класична одмереност се прикажани настаните во првиот

дел и текот на судењето кое следува во вториот дел.Цитат за овој час: Ако ништо не би имало смисла, би биле во право. Но, постои

нешто што си уште има смисла. Албер Ками

СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРАВо средината на педесеттите години на минатото столетие во

македонската литература полека се напушта концептот споредкој творештвото треба да биде во функција на општествените

интереси и почнуваат да се пронаоѓаат нови тематски подрачја,освен оние за војната и повоената изградба. Новите сфаќања,

Page 35: makedonski jazik i literatura za IV godina

35

меѓу другото, се јавуваат како резултат на промените вополитичкиот и општествениот систем на тогашната држава

Југославија, во чии рамки нашата татковина беше составен дел.Меѓу литературните жанрови во кои слободата на изразот и

слободата во изборот на темите најпрвин се почувствувала билалирската поезија. Таа полека ја напуштала социјалната тематиказа да се префрли во сферата на интимните човекови простори.

На тој чин му претходеле полемики објавувани на страниците налитературните списанија (особено на страниците на Современост

и Разгледи).Во литературната критика тогаш, а и многу години подоцна, често

се користеле синтагмите прва, втора, трета... генерацијамакедонски поети (или прозаисти). Можеби пологично би било да

се проследуваат фазите (периодите) на одделните жанрови вонашата литература. Зашто има поети од првата генерација (АцоШоповШоповШопов, Блаже КонескиКонескиКонески, Славко ЈаневскиЈаневскиЈаневски, Гого ИвановскиИвановскиИвановски) чие

творештво минува низ повеќе фази.Па така, за првата (повоена) фаза е карактеристично свртеностана авторите кон темите и мотивите од војната (Славко ЈаневскиЈаневскиЈаневски,Венко МарковскиМарковскиМарковски, Ацо ШоповШоповШопов, Блаже КонескиКонескиКонески, Лазо КаровскиКаровскиКаровски).

Во втората фаза (во педесеттите) на веќе посочените (АцоШоповШоповШопов, Блаже КонескиКонескиКонески) им се придружуваат Гане ТодоровскиТодоровскиТодоровски,Матеја МатевскиМатевскиМатевски, Србо ИвановскиИвановскиИвановски, Томе АрсовскиАрсовскиАрсовски. Предмет на

нивниот интерес е поетовата интима со навлегување во сфератана рефлексивното. Дури и родољубивата лирика прозвучува

помодерно (Анте ПоповскиПоповскиПоповски).Следува еден период (во шеесеттите години) кој критичарите гонарекуваат модерната во македонската литература, кога нашаталирика силно ги раскрилува своите потенцијали и освојува своеместо под сонцето на (тогашната) југословенска литература. Вотаа поголема група би ги спомнале Петре М. АндреевскиАндреевскиАндреевски, Петар

Т. БошковскиБошковскиБошковски, Радован ПавловскиПавловскиПавловски, Богомил ЃузелЃузелЃузел, ВладаУрошевиќУрошевиќУрошевиќ, Јован КотескиКотескиКотески.

Во почетокот на седумдесеттите години на 20. век се јавува еднанова фаза (ако сакате и генерација!) во која симболите се

доминантни во поетиката (на Чедо ЈакимовскиЈакимовскиЈакимовски, Михаил РенџовРенџовРенџов,Тодор ЧаловскиЧаловскиЧаловски, Гордана Михаилова-БошнаковскаМихаилова-БошнаковскаМихаилова-Бошнаковска, Светлана

Page 36: makedonski jazik i literatura za IV godina

36

Христова-ЈоциќХристова-ЈоциќХристова-Јоциќ, Атанас ВангеловВангеловВангелов, Иван ЧаповскиЧаповскиЧаповски, КатицаЌулафковаЌулафковаЌулафкова, Вера ЧејковскаЧејковскаЧејковска...).

Современите тенденции во нашата поезија ги застапуваат повеќеавтори, секој со свои индивидуални пристапи кон творечкиот

порив и чии творби се преведени на други јазици БранкоЦветковскиЦветковскиЦветковски, Лидија ДимковскаДимковскаДимковска, Никола МаџировМаџировМаџиров...

Иако на појавата на првиот роман на македонски јазик се чекашеповеќе години (ако не ги сметаме романите во стихови на ВенкоМарковскиМарковскиМарковски!), за релативно кусо време македонската литература

беше збогатена со повеќе дела од овој вид. Нивни автори беаСлавко ЈаневскиЈаневскиЈаневски, Стале ПоповПоповПопов, Јордан ЛеовЛеовЛеов, Ѓорги АбаџиевАбаџиевАбаџиев, а

периодот (фазата) некои историчари на литературата го (ја)насловуваат како почетоци на современиот македонски роман.

Веќе кон крајот на педесеттите години на 20. век имаме трагањена помодерен израз, иако тематски писателите сѐ уште биле

свртени кон војната и кон обновата на земјата иколективизацијата (Владо Малески,Малески,Малески, Димитар СолевСолевСолев). Тоа ќе

продолжи со уште некои автори (Сотир ГулескиГулескиГулески, Симон ДракулДракулДракул,Методија ФотевФотевФотев, Коле ЧашулеЧашулеЧашуле).

За третата фаза која настапува во средината на шеесеттитегодини можеме да кажеме дека се карактеризира со

модернизирање на творечкиот приод и со мноштво теми.Некои тој период го нарекуваат ран развој на психолошкиот

реализам (Венко Андоновски), кој целосно ќе се разгрне и созрееза десетина години. Тогаш ќе се создадат некои од најубавите

романи во нашата литература, а нивни автори се Ѓорги АбаџиевАбаџиевАбаџиев(Пустина), Славко ЈаневскиЈаневскиЈаневски (И бол и бес, Две Марии), ДимитарСолевСолевСолев (Кратката пролет на Моно Самоников), Владо МалескиМалескиМалески

(Разбој). Не помало внимание заслужуваат и прознитеостварувања од тоа време на Мето ЈовановскиЈовановскиЈовановски, Јован БошковскиБошковскиБошковски,

Цветко МартиновскиМартиновскиМартиновски, Влада УрошевиќУрошевиќУрошевиќ...Следната фаза во развојот на нашиот роман некои ја нарекуваат

модернизам (Венко Андоновски) или пак спој натрадиционалното и модерното (Наташа Аврамовска) и во неа

имаме силен наплив на романескни и воопшто на прозниостварувања, чии автори се Славко ЈаневскиЈаневскиЈаневски, Живко ЧингоЧингоЧинго,Божин ПавловскиПавловскиПавловски, Владимир КостовКостовКостов, Петре М. АндреевскиАндреевскиАндреевски,Методија ФотевФотевФотев, Коле ЧашулеЧашулеЧашуле, Ташко ГеоргиевскиГеоргиевскиГеоргиевски, Петар

Page 37: makedonski jazik i literatura za IV godina

37

ШириловШириловШирилов, Васе МанчевМанчевМанчев, Јадранка ВладоваВладоваВладова.Најпосле, следува фазата наречена постмодернизам во којаоткако сѐ е напишано и сите теми се исцрпени, писателите се

навраќаат на веќе познати личности и дела, за да ни гипрераскажат на свој начин: Данило КоцевскиКоцевскиКоцевски (Одисеј), СлободанМицковиќМицковиќМицковиќ (Смртта на Александар), Славко ЈаневскиЈаневскиЈаневски (Миракули

на грозомората, Чудотворци...), Митко МаџунковМитко МаџунковМитко Маџунков (Кула на ридот),Крсте ЧачанскиКрсте ЧачанскиКрсте Чачански, Димитрија ДурацовскиДурацовскиДурацовски, Венко АндоновскиАндоновскиАндоновски

(Папокот на светот), Александар Прокопиев, Гоце Смилевски(Разговор со Спиноза, Сестрата на Зигмунд Фројд), Оливера

ЌорвезировскаЌорвезировскаЌорвезировска, Ермис ЛафазановскиЛафазановскиЛафазановски...Што се однесува до развојот на македонската драма, тој се

надоврзува на она што е создадено меѓу двете светски војни.Иако драмската уметност била застапена уште за време наВојната преку едночинки и на начин како што дозволувале

условите, првите драмски дела се појавиле по неколку години, анивни автори се Васил ИљоскиИљоскиИљоски, Коле ЧашулеЧашулеЧашуле, Венко МарковскиМарковскиМарковски,

Томе АрсовскиАрсовскиАрсовски и нешто подоцна Симон ДракулДракулДракул.Во шеесеттите години на 20. век се јавува нова генерација драм-

ски писатели (Бранко СтавревСтавревСтаврев, Богомил ЃузелЃузелЃузел, Бранко ПендовскиПендовскиПендовски)која ги проширува тематските хоризонти со внесување на мито-

лошкото и фолклорното во драмите. Тоа особено ќе биде воочли-во неколку години подоцна кога ќе се појават драмските текстовина Митко МаџунковМаџунковМаџунков, Живко ЧингоЧингоЧинго и Петре М. АндреевскиАндреевскиАндреевски, и особе-но на Горан СтефановскиСтефановскиСтефановски. Тогаш ќе бидат прикажани и драмски

дела со различни жанрови (комедии од Васил ИљоскиИљоскиИљоски, КолеЧашулеЧашулеЧашуле, Миле ПоповскиПоповскиПоповски, Томе АрсовскиАрсовскиАрсовски; трагедии од Коле

ЧашулеЧашулеЧашуле, Горан СтефановскиСтефановскиСтефановски; стихувани драми од Георги СталевСталевСталев,Миле НеделковскиНеделковскиНеделковски, Благоја РистескиРистескиРистески - ПлатнарПлатнарПлатнар).

Во поново време во таканаречениот постмодерен период, сејавува политички ангажираниот театар (според Наташа

Аврамовска) во кој значајно место им припаѓа на Коле ЧашулеЧашулеЧашуле,Јордан ПлевнешПлевнешПлевнеш и Дејан ДуковскиДуковскиДуковски. Покрај нив има уште неколку

афирмирани драмски автори (Жанина МирчевскаМирчевскаМирчевска, ВенкоАндоновскиАндоновскиАндоновски, Горан СтефановскиСтефановскиСтефановски, Сашко НасевСашко НасевСашко Насев) кои на еден или

на друг начин (преку компилација на веќе познати дела или нивнапреработка), успешно го потврдуваат високото реноме што

нашата драмска литература го има стекнато од порано.

Page 38: makedonski jazik i literatura za IV godina

38

Цитат за овој час: Драмата на самиот театар во нашата земја влегува во својатазрела фаза. Во неа не се остварува само локалната, туку и, слободно може да серече, европската репутација на македонскиот театарски миг, која не само штослободно може да се споредува со најзначајните токови на модерниот сценски

израз, туку придонесува за оживотворување на една далекусежна мисија намакедонското присуство во светот...

Ѕвездениот миг на македонскиот театар започна точно во времето когасамостојно, без посредници, влезе во отворените уметнички битки... Со

преведување на македонските драмски автори на туѓи јазици, со издавање нанивното творештво на повеќе европски меридијани, и со изведувањето нанивните дела на сцените на сите континенти, всушност, беше продлабоченаафирмацијата и продолжен започнатиот подем. Во оваа смисла, не помалку

значајно е присуството на македонските режисери на многу сцени надвор одРепубликата... Ристе Стефановски: Од македонската порака за светскиот ден на

театарот, 2005

МАТЕЈА МАТЕВСКИ (1929)Матеја Матевски е исклучителна појава во современата маке-донска литература. Припаѓа на втората генерација повоени

македонски поети, кои се појавија кон средината на 20. век. Нотој не помалку е значаен како есеист, како литературен и театар-

ски критичар, и како преведувач. Не случајно 50. јубилејнанаграда на Струшките вечери на поезијата - Златниот венец,

годинава (2011) ќе ја понесе токму Матеја Матевски.Роден е во Истанбул (Цариград) во печалбарско семејство. Ос-

новното образование го завршил во Гостивар, гимназија воТетово и Скопје. Студиите ги почнал во Белград, ги завршил воСкопје (на Филолошкиот факултет). Извесно време престојувал

во Париз, изучувајќи го францускиот театар и драма. Работел ка-ко новинар, уредник и најпосле бил генерален директор на

Македонската радиотелевизија. Десетина години билпретседател на Републичката комисија за културни врски состранство, а неколку години и член на Претседателството на

Социјалистичка Република Македонија.Во прилог на неговата биографија се и следниве факти: бил

професор во средно училиште, уредник во книгоиздателствотоКочо Рацин, уредник на списанијата Млада литература и

Разгледи, професор на Факултетот за драмски уметности. Член ена Друштвото на писателите на Македонија (бил и негов

Page 39: makedonski jazik i literatura za IV godina

39

претседател) и на Македонскиот ПЕН центар (бил и неговпретседател, сега е почесен претседател). За член на МАНУ е

избран 1979 (како дописен, и од 1983 како редовен), нејзинпретседател (2001- 2003).

Матеја Матевски е иницијатор за основање на повеќе културниманифестации во земјава и потоа нивни претседател (Струшкитевечери на поезијата, Рацинови средби, Охридско лето и сл.). По

негова иницијатива се основани друштва на пријателство наМакедонија со Франција, со Норвешка, со Турција. Матеја

Матевски својата писателска дејност ја започнал со објавувањена творби во литературната периодика (1952). Во неговата

творечка актива доминантна е поезијата, иако има објавено иповеќе книги со есеи и критика. Ова се збирките поезија:

ДождовиДождовиДождови (1956), РамноденицаРамноденицаРамноденица (1963), ПеруникаПеруникаПеруника (1976), КругКругКруг(1976), ЛипаЛипаЛипа (1980), Раѓање на трагедијатаРаѓање на трагедијатаРаѓање на трагедијата (1985), ОддалечувањеОддалечувањеОддалечување

(1990), Црна кулаЦрна кулаЦрна кула (1992), ЗавевањеЗавевањеЗавевање (1996), МртвицаМртвицаМртвица (1999),Внатрешен пределВнатрешен пределВнатрешен предел (2000), Отаде заборавотОтаде заборавотОтаде заборавот (2003), Копнеж поКопнеж поКопнеж по

целинацелинацелина (2005), Предели покриени со водаПредели покриени со водаПредели покриени со вода (2006), Ветрот и градотВетрот и градотВетрот и градот(2007). Книги со есеи и кртитики: Од традицијата кон иднинатаОд традицијата кон иднинатаОд традицијата кон иднината

(1987), Драма и театарДрама и театарДрама и театар (1987), Светлината на зборотСветлината на зборотСветлината на зборот (1998),Искушенијата на идентитетотИскушенијата на идентитетотИскушенијата на идентитетот (2003). Поезијата на Матеја

Матевски е приопштена на многу светски јазици. Застапен еречиси во сите избори и антологии на македонската поезија, ноисто така и во многу антологии на југословенската, европската и

светската литература.Восхитувачка е преведувачката актива на Матеја Матевски. Неа јасочинуваат педесетина книги поезија, прозни и драмски дела оддесетина светски и странски јазици (шпански, руски, француски,италијански, како и српски, словенечки, албански), што ги превелсам или заедно со неговата сопруга Загорка. Особено се значајнипрепевите и преводите од шпанската литература (од Ф.Г.Лорка,

П. Неруда, Рафаел Алберти, Х. Х. Падрон...).Удостоен е со повеќе домашни и меѓународни награди. Од

домашните би ги спомнале: Награда на Друштвото на писателитена Македонија (1956), Браќа Миладиновци (1963 и 1980), 11

Октомври (1963), Кочо Рацин (1980), Книга на годината (1992),Книжевно жезло (1997), Македонско слово за книжевен опус

(2000), Велја кутија на Македонски духовни конаци.

Page 40: makedonski jazik i literatura za IV godina

40

Како преведувач е лауреат на наградите: Григор Прличев, КирилПејчиновиќ и Златно перо. Подолг е списокот со награди и

признанија, како и со други почести што Матеја Матевски гидобил надвор од земјава. Некои од нив: Специјална награда залитература на Премио медитеранео (Палермо, Италија, 1983),награда Блез Сандрар (Ивердон, Швајцарија, 1986), ФернандоРиело за мистична поезија, за збирката Црна кула (Мадрид,

Шпанија, 1990), Жупанчичева листина (Словенија), Горанов венец(Луковдол, Хрватска, 1987), Балканска награда за поетски опусЕргуван (Чаталџа, Турција, 1966), Атлантида на Меѓународниот

поетски фестивал (Лас Палмас, Шпанија, 1998), наградатаТриесте поезиа (Трст, Италија, 2001), награда на Меѓународнатаакадемија во Куртеа де Арџес (Романија, 2003), награда Златен

клуч (Смедерево, Србија, 2003), награда на Поетската академија(Калкута, Индија, 2004) награда на Академиа Медитеранеа

(Неапол, Италија) и најновата: Наградата за животно дело ЈанСмрек на фестивалот во Словачка (2010). Матеја Матевски ечлен на Европската академија за наука и уметност (Салцбург,Австрија), член на Европското друштво за култура (Венеција),

дописен член на Северноамериканската академија на шпанскијазик (Њујорк), почесен член на Друштвото за наука и уметност

(Битола). И уште: носител е на повеќе одликувања, меѓу кои и наЛегија на честа (Франција). Во нашата литература Матеја

Матевски се јавува во време кога започнува еден процес наосовременување и збогатување на поезијата (и прозата) со новитематски и изразни можности. Тоа е време на конфронтација на

авторите на реалисти и модернисти, која се водела на страницитена литературните списанија.

Уште со својата прва збирка Дождови, Матевски го прифаќановиот поглед и поетски концепт, напуштајќи ја пренагласенатапоетичност и свртувајќи се кон сопствениот внатрешен свет, конинтимните доживувања. Неговата поезија позитивно ја оценувааи противниците на модернизмот, зашто таа, всушност, беше спојна традиционалното и модерното. И пред сѐ, тоа беше во основа

оргинална поезија во која се разоткриваше испреплетенаемотивна и мисловна содржина.

Во втората стихозбирка Рамноденица Матевски го продолжуванагорниот пат кон поетското созревање. Своето неспокојство сеобидува да го смири свртувајќи се кон природата, за да побара

Page 41: makedonski jazik i literatura za IV godina

41

одговор на прашањата: која е смислата на човековото постоење,треба ли да се има верба и надеж:

Те барам долго езеро но каде си ми тиво окото на бранот во грлото на каменот

притаена роса врз дланката на планинитеглас одамна изговорен во пепелта на водите. (Езеро)

Во збирката Перуника, Матевски оди понатаму во рафинирањена изразот: преку економичност на зборовите прави успешен спој

на народниот и модерниот поетски јазик:Ја градев јас долго под вишната карпапод вишната карпа под ширното небо

тебе ти ја градев за тебе ја правевкаменот го збирав од мојата солзаденови го збирав векови го редев

од мојата солза од твојата смеа. (Мајстори)Во средиштето на поетовиот интерес е секогаш човекот, неговиот

внатрешен свет и неговиот однос кон природата. Понекогашправи обид со звучна сензитивност да го разоткрие и надополни

поетовиот простор.Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.

Звуците се бранови на ветеротниз тревите подгонети....

...Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.Си боли, небо. По тревата

на звуците познати легни ме. (Ѕвона)Во тој простор многу често се пренагласува чувството на

загрозеност на човекот. Сѐ помалку има убавина, сѐ повеќе сегуби човечноста, сѐ повеќе надвладува мракот:Темни помории идат од длабините на човекот

црни семиња од кои црната кула се раѓа... (Црната кула)Цитат за овој час: Среќен сум што заедно со толку големи учители, современици ипријатели што сиве години со своите стихови ја почестуваа и ги честеше Струга, го

сонував и остварував, и можам да речам со радост дека го иссонував тој убавсон. Матеја Матевски, венценосец, Струга, 2011

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ (1929 - 2010)Гане Тодоровски е, по многу нешта, исклучителна личност во ма-

кедонската литературна и културна историја. По она што гоостави зад себе, неговиот придонес далеку ги надминува рамките

Page 42: makedonski jazik i literatura za IV godina

42

на родната земја, заземајќи доминантни позиции на балканскитепростори, ако не и пошироко.

Гане Тодоровски е роден во Скопје. Дипломирал и докторирал наФилозофскиот факултет во Скопје, каде што долги години

работел како професор. Бил на чело на повеќе асоцијации, меѓудругото, претседател на Советот на Струшките вечери на

поезијата, и на двапати претседател на Друштвото на писателитена Македонија. Со настапувањето на политичкиот плурализам во

Македонија, со поетот Анте Поповски ја основаа прватаполитичка организација - Движењето за семакедонска акција-

МААК, и беше прв нејзин претседател. Подоцна ќе замине какоамбасадор на земјава во Руската федерација (1997).

Својот работен век го започнал како новинар во повеќе редакции,за подоцна целосно да се посвети на литературната и научнатадејност, создавајќи импозантен опус на оригинални творби (12стихозбирки) и преведени дела (во три тома), како и на големброј литературни записи, есеи, критики и сл. (во пет тома од

Избраните дела). Истовремено, Гане Тодоровски активноучествувал во уредувањето повеќе литературни списанија

(Современост, Разгледи, Културен живот и др.).Не е без значење ангажманот на Гане (така го викаа сите!) во

составувањето на повеќе антологии (на словенечката,хрватската, австриската поезија, на албанските поети од

некогашната Југославија...) сам или во коавторство со други.За својата неуморна работа академик Гане Тодоровски беше

удостоен со повеќе литературни и државни награди и признанија(Браќа Миладиновци, Климент Охридски, 11 Октомври, 23

Октомври...) и награди за преведувачка дејност (Григор Прличев,Кирил Пејчиновиќ, Златно перо).

Гане Тодоровски го почнува литературниот потход со збиркатапесни Во утринитеВо утринитеВо утрините (1951), која, иако не донесува нешто ново

(тематски е посветена на обновата и изградбата на татковината),сепак го најавува авторот како поет со лирска сензибилност. Веќесо следните збирки: Тревожни звуциТревожни звуциТревожни звуци (1953) Спокоен чекорСпокоен чекорСпокоен чекор (1956)

и БожилакБожилакБожилак (1960), Гане разоткрива нови тематски простори блискидо секојдневниот живот. Создава специфичен јазик со многу

неологизми, трага по нови форми за да ја прикаже социјалнатасудбина на човекот и да ги одгатне неговите морални дилеми.

Page 43: makedonski jazik i literatura za IV godina

43

Во следните петнаесетина години, за кои критичарите велат декае втората фаза во творештвото, Гане ги објавува збирките

Апотеза на делникотАпотеза на делникотАпотеза на делникот (1964), Горчливи капки непремолкГорчливи капки непремолкГорчливи капки непремолк (1970),Снеубавен денСнеубавен денСнеубавен ден (1974), и СкопјаниСкопјаниСкопјани (1981). Ја опишува урбаната

средина, со иронија зборува за пустошењата на селата (Фуснотабез повод), се навраќа на личности и настани од нашето минато

(Крсте Мисирков по 1903-та година, 4 мај 1903).Речиси шестдецениското присуство во нашата литература Гане гозаокружува со уште неколку збирки поезија: Неволици, неверици,Неволици, неверици,Неволици, неверици,несоницинесоницинесоници (1987), НедостижнаНедостижнаНедостижна (1995), Осамен патникОсамен патникОсамен патник (поезија наанглиски, 1996) Горди акордиГорди акордиГорди акорди (2009) која е компилација од ситенегови збирки, но содржи и повеќе песни кои се настанати 2006-2009 год. и кои за првпат се објавени. Збирката содржи 80 песни.Со неа се одбележа 80-годишниот животен јубилеј. Последната

негова објава е книгата Токму такаТокму такаТокму така (2010).Гане Тодоровски е исто толку значаен и како литературенисторичар, есеист и критичар. Автор е на десетина книги

литературни записи (од Претходниците на МисирковПретходниците на МисирковПретходниците на Мисирков - 1968, доКнига наша сиреч славјанскаКнига наша сиреч славјанскаКнига наша сиреч славјанска - 1989). Тие осветлуваат значајнипоглавја и личности од нашата културна историја. Без неговиот

придонес што го сочинуваат над 230 одделни публикации (до овојмомент!) сигурно е дека нашата историја и нашата литература би

биле многу посиромашни.Гане Тодоровски остави зад себе повеќе песни кои се

неодминливи во секоја антологија на современата македонскапоезија. Една од тие творби е песната Седум навраќања наСедум навраќања наСедум навраќања намотивот трепетликамотивот трепетликамотивот трепетлика, застапена во збирката Спокоен чекор.

Постојаното треперење на трепетликата (јасиката, лат. populustremula) ќе го инспирира поетот да пее за неспокојот и немирот на

кои е осудена, осамена среде плодното поле. Низ седумтестрофи е предадена нејзината судбина сама да вишнее, да имзаблазнува за рожбите на птиците, кои гнезда во неа свиле, а

самата таа е неротка.Им се заблазува на птиците

гнезда што свиле во неа,на сонот, рожбите, починката им заблазува.

Несонка. Неротка. Зелена неспокојничка.Особено се впечатливи зборовите со кои поетот ја именува

Page 44: makedonski jazik i literatura za IV godina

44

трепетликата: лична сретполка, несонка, немирлика, плашливка,неродна полска висотија...Не помалку се интересни метафорите

и епитетите:Ставата и е зеленило пеперуги

пленети вечно во вишна вертикалаили:

Таа е лична средполка,сред поле сон прегладнета.

Гане Тодоровски зад себе остави и песни со родољубив набој(Нерези, Нашинска) во кои трагичните настани од минатото сепредадени за да не се отргнат од заборавот. Токму манастирот

(Нерези), нем сведок на такви настани е симбол на победата надпремрежјата и заборавот.

Безмалку и да нема област од животот во која не навлеголнемирниот поетски дух на Гане. Неговата поезија води постојан

дијалог со секојдневните работи и најчесто е со непомирливоднос кон сите деградирања и неправди на кои е изложен

обичниот човек.Некои од песните напишани во доцните шеесетти години сосвојата содржина се актуелни и денес (Фуснота без повод,

Делнично будење на градот). Во некои има мешање на љубовтаи омразата, на меланхоличното и гневното, многу често

испомешано со ироничното. Има песни во кои на специфиченначин ја опишува убавината на жената, притоа користејќи гиизразните можности и лексичкото богатство на нашиот јазик

(Песни за жената). А што е уште поважно создава и пресоздаванови зборовни форми и значења кои се веќе одомаќени во

нашиот јазик. Негова е крилатицатаКолку сме толку сме токму сме!Колку сме толку сме токму сме!Колку сме толку сме токму сме!

Цитат за овој час: Слушате ли политичари? Слушате ли, обични луѓе? Слушате ли,наставници што ќе го предавате и натаму Ганета по гимназиумите и

реформираните средни школи? Погледнете на небото: едно соѕвездие нема. Нанего уште долго ќе го гледаме отсуството на ѕвездите што го сочинуваа. Во тоа е

утехата, ако утеха не е само обичен збор, како и животот. 26. 05. 2010Венко Андоновски

Page 45: makedonski jazik i literatura za IV godina

45

АНТЕ ПОПОВСКИ (1931 - 2003)Анте Поповски е, без сомнение, поет кој во нашата литература гинапиша стиховите со најубава родољубива содржина. Истотака,

тој е автор кој со есејот отвори ширум порти за влез вонеразораната целина на нашата духовна и историска самооценка

(Гане Тодоровски). Неговото присуство и реч на значајникултурни настани беа неодминливи. Речиси и да немаше

претставување на повредна книга или публикација, а на која какопромотор да не беше Анте, или за која тој да немаше напишано

свој осврт, рецензија или слично.Анте Поповски е роден во Лазарополе. Образованието го

продолжил во Битола. Завршил медицина во Скопје, но каколекар работел сосема кусо време, за да ѝ се посвети целосно на

литературата.Како плод на неговата посветеност на пишаниот збор, се

десетината збирки песни, поголем број есеистички ипублицистички прилози објавени во неколку книги, како и

препеви на песни од повеќе јазици.Анте Поповски исто така е преведуван на повеќе светски јазици.Ја составил Антологијата на јидиш поезијата (Светата земја наСветата земја наСветата земја на

зборотзборотзборот), како и на Орфеј и Исус - библиски мотиви воОрфеј и Исус - библиски мотиви воОрфеј и Исус - библиски мотиви восовремената македонска поезијасовремената македонска поезијасовремената македонска поезија. Добитник е на повеќе

литературни награди и признанија (Браќа Миладиновци (1964,1995), 11 Октомври, Кочо Рацин, Гоцева повелба, Ацо Шопов),

како и на меѓународна награда за најдобра песна Premio Europa.Покрај литературната дејност академик Анте Поповски вршел и

повеќе општествени и раководни функции (директор на НИП НоваМакедонија, на Вардар филм, член на Извршниот совет (Владата)на СРМ, на два пати претседател на Друштвото на писателите на

Македонија, на Советот на Струшките вечери на поезијата,претседател на Движењето за семакедонска акција - МААК...).

Првата поетска објава на Анте Поповски е збирката песниОдблесоциОдблесоциОдблесоци (1953). По застој од неколку години (по период напреиспитување и созревање), ги објавува следниве збирки:

ВардарВардарВардар (1958), СамуилСамуилСамуил (1963), НепокорНепокорНепокор (1963), КаменаКаменаКамена (1972),ТајнописТајнописТајнопис (1975), ЉубописЉубописЉубопис (1980), РодописРодописРодопис (1981), Сина птицаСина птицаСина птица(1984), НенасловенаНенасловенаНенасловена (1988), ПровиденијаПровиденијаПровиденија (1995), Света песнаСвета песнаСвета песна(2001, тестаментална поема во 22 пеења и над 9000 стихови).

Page 46: makedonski jazik i literatura za IV godina

46

Постхумно се издадена збирките Две тишиниДве тишиниДве тишини (2004), КоскаКоскаКоскаПаленицаПаленицаПаленица и Пророчки трубиПророчки трубиПророчки труби.

Не може да се одмине придонесот на Анте како есеист,публицист, дури и како мислител. Автор е на повеќе есеи,

литературни огледи и критики објавени одделно или како посебникниги: Глас од дамнинаГлас од дамнинаГлас од дамнина (1986), Оковано времеОковано времеОковано време (1991), МеѓуМеѓуМеѓу

животот и знацитеживотот и знацитеживотот и знаците (1991), Окото, светлинитеОкото, светлинитеОкото, светлините (1996), постхумноРазвеано евангелиеРазвеано евангелиеРазвеано евангелие (дополнето издание на Глас од дамнина, со

нови прилози, 2009). Според Гане Тодоровски во рамките наМАНУ останува да се подготви репрезентативен избор од есеите

на Анте Поповски.Љубовта на поетот кон својот народ и земја е бескрајна инеразделна. На едно место ќе каже Се прегрнавме и нема

разделување. Таа љубов извира од непокорот која како етичкавредност ја негувал нашиот народ, без оглед на сите трагедии

што ги поднесувал. Во поемата Вардар ќе рече:Дојдете вие плеќести црни мажи

деца и неба и времиња-по коритото на оваа река

да потече и вашата судбинана местото на овој мост

извишен над вашето небидиеда си прочитате:

векувајте со мене!Поезијата на Анте Поповски е модерна, родољубието е со

универзални пораки до човештвото. Историските настани иликови од нашето минато се само симболи за да се истакне

непокорот на човекот кон неправдите.Времиња

никојпат не ве напуштил,никојпат не ќе пресуши

нашиов вруток-Непокор.Поетскиот јазик на Анте Поповски е оригинален, преку употреба

на згуснати, понекогаш елептични зборови:Воѓе, бели воѓекај црна црните

кого барате?Мошне илустративна за поетовото толкување на смислата на

Page 47: makedonski jazik i literatura za IV godina

47

животот се и песните од збирката Сина птицаСина птицаСина птица. Во нив прекуупотреба на сугестивни јазични средства ги објаснува

современите пулсирања на животот и светот.Знаците истетовирани врз карпите,

стопени со времето,втиснати во сеќавањето на народот– сега се свети знаци низ кои струи

и крвта и тајната на македонскиот збор:изгорени гласови, неоли,крвави засеци на ножот

осенчени со крик на големи погибии...Целата татковина – свето и непрочитано писмо.

Во една од неговите последни песни (од Две тишиниДве тишиниДве тишини) ќепрочитаме:

Ене го долу, меѓу два брегаво тишината меѓу два збора,топло семе на својот јазик,

потпрен на својата сенкачека ништо и – никого.

Поетското наследство на Анте Поповски и неговиот однос конјазикот, уште долго ќе зрачат со љубовта кон родната земја и ќебидат предмет на нашето преиспитување за неговата големина.Цитат за овој час: Ние мислевме дека ни врви времето, но тоа ни врвел животот.

Анте Поповски

ДИМИТАР СОЛЕВ (1930 - 2003)Димитар Солев е писател кој речиси целосно беше посветен на

прозното творештво. Автор е на десетина збирки раскази, на шестромани и на една книга со критичко-есеистички прилози. Тој истотака е автор на повеќе драмски радио и телевизиски текстови, се

занимавал со преведување, пишувал и сценарија за филм.Припаѓа на т.н. втора генерација македонски прозаисти кои се

залагале за нови и современи теми, и за модерни форми наизразување. Значајно за Димитар Солев е односот што го

негувал кон помладите писатели како уредник на списаниетоРазгледи, давајќи им поголема можност за афирмација.

Димитар Солев е роден во Скопје каде што завршил Филозофскифакултет. Меѓу другото бил повеќе години уредник на списанието

Page 48: makedonski jazik i literatura za IV godina

48

Млада литература, потоа директор на Македонската телевизија,директор на Народната и универзитетска библиотека Св.

Климент Охридски.Бил член на Друштвото на писателите на Македонија (од 1956) и

извесен период негов претседател, бил член на МакедонскиотПЕН центар и на Независните писатели на Македонија. Удостоене со повеќе признанија и литературни награди (11 Октомври, 1964и 1968; 13 Ноември за романот Зора зад аголот, 1984; Рациново

признание, 1980; Книга на годината за 1990, за расказите одОдумирање на државата).

Димитар Солев зад себе остави завиден број на литературнидела. На тоа би ги придодале бројните преводи од други јазици.Дел од неговото творештво, пак, е приопштено на други јазици.Ова се насловите на неговите романи: Под усвитеностПод усвитеностПод усвитеност (1957),

Кратката пролет на Моно СамониковКратката пролет на Моно СамониковКратката пролет на Моно Самоников (1964), ДренДренДрен (1980), ЗораЗораЗоразад аголотзад аголотзад аголот (1984), ДублерДублерДублер (1988), Мртва тркаМртва тркаМртва трка (1998).

Своите први раскази Димитар Солев ги објавува списниетоИднина (Уличен фрагмент, Прост случај, Отсега сѐ така, 1950).По неколку години излегува и првата збирка раскази. Ова се

насловите на неговите книги со раскази:Окопнети снеговиОкопнети снеговиОкопнети снегови, (1956), По реката и спроти неаПо реката и спроти неаПо реката и спроти неа (1960), ОградаОградаОграда

(1963), Зима на слободатаЗима на слободатаЗима на слободата (1968), СловоСловоСлово за Игораза Игораза Игора (1969),ПолжавиПолжавиПолжави (1975), Црно огледалоЦрно огледалоЦрно огледало (1985), Одумирање на државатаОдумирање на државатаОдумирање на државата

(1990), Промена на системотПромена на системотПромена на системот (1993), Ќелав штурецЌелав штурецЌелав штурец (2001),РасказиРасказиРаскази (постхумно, 2006), Синовски татковциСиновски татковциСиновски татковци (постхумно, 2006).Драмски (радио и тв) текстови: Пушка в езероПушка в езероПушка в езеро (1996), Бамја илиБамја илиБамја или

Хибискус есцулентусХибискус есцулентусХибискус есцулентус (1967), Патот на сенкатаПатот на сенкатаПатот на сенката (1968),ДевственициДевственициДевственици (1969), Мртва стражаМртва стражаМртва стража (1969). Покрај тоа е автор на

сценарија за повеќе документарни и за играните филмови Деновина искушение (косценарист, според Црнила на Коле Чашуле) иИстрел (според романот Под усвитеност). Негово е делото со

критичко - есеистички прилози Кво вадис скрипторКво вадис скрипторКво вадис скриптор (1970).Како и повеќе автори во годините по ослободувањето, и Димитар

Солев во првите збирки раскази како и во романот Подусвитеност ја опишува војната и окупацијата. Разликата во однос

на некои други прозаисти е тоа што кај Солев проекцијата навојната се дава преку раскажување на млади луѓе чие детство

Page 49: makedonski jazik i literatura za IV godina

49

неповратно им е одземено. Подоцна тој ќе се сврти кон другитеми, најчесто од секојдневниот живот и со право некои

проследувачи на неговото дело го нарекуваат писател насекојдневието (Л. Г. - Јаковлева). Знаел од малите животни

нешта на човекот да направи интересни приказни, внимавајќипред сѐ на композицијата на делото.

За рабирање на раскажувачкиот свет на авторот мошне сеинтересни расказите содржани во збирката Зима на слободатаЗима на слободатаЗима на слободата

(Слово за Игора, Првата зима на слободата, Руска плажа,Јаглика во паркот), во кои се раскажува за група млади луѓе на

кои детство неосетно ќе помине и ќе биде заменето со слободатакоја ќе донесе нови општествени односи. Новото време ќе донесебурни социјални промени, ќе биде тоа време на работни акции и

митинзи, време во кое ќе се родат нови лубовни идили или пак ќесе случат разделби.

Во поглед на раскажувачката постапка Димитар Солев во своитекритичко - есеистички прилози се залагал за напуштање на соц-

реалистичкиот пристап и за внесување на урбанатапроблематика на еден помодерен начин. Тоа го правел од свој

субјективен агол, поради што некои критичари му ставалезабелешки, како што имало и други кои ги прифаќале неговитепогледи. Раскажувачкиот свет на Солев е исполнет со благаиронија кон општествените аномалии и со многу топлина кон

обичните луѓе.Цитат за овој час: Димитар Солев, е една од најмаркантните личности и автори одвтората повоена книжевна генерација, не само со својата проза и есеистика, туку

и со својата критичка и полемична дејност, низ која се изразуваа ставовите ипогледите на неговата генерација. Со право е наречен еден од обновувачите на

македонската прозна реч, која се стремеше кон нов исказ и нови тематскиподрачја како и кон истражување на прозните жанрови. Остави прозни и

критичарски дела што и денес веруваме ги возбудуваат читателите и кои може даслужат како маркери за проучување на македонската повоена книжевност.

Благој Иванов

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ (1934 - 2006)Петре М. Андреевски е еден од најистакнатите и најпопуларнитемакедонски раскажувачи и поети. Автор е на неколку романи, наповеќе збирки раскази и поезија, на песни за деца како и на дведрами. Она што на прв поглед се забележува во неговите дела е

Page 50: makedonski jazik i literatura za IV godina

50

јазичната оригиналност изградена врз основите на раскошнотонародно творештво.

Петре М. Андреевски е роден во с. Слоештица, Демир Хисар,каде што завршил основно образование. Гимназија завршил воБитола, а Филозофски факултет во Скопје. Во текот на студиитеги објавува првите литературни обиди во весниците Млад Борец

и Нова Македонија, како и во списанијата Разгледи и Младалитература. Потоа работи како новинар и уредник во Радио

Телевизија Скопје. Бил член на редакциите на повеќе списанија(Разгледи, Стремеж), член на Друштвото на писателите на

Македонија (и негов претседател во 1983 година) и наМакедонскиот ПЕН центар.

Пред пошироката читателска публика Петре М. Андреевскидебитирал со збирките песни ЈазлиЈазлиЈазли (1960) и И на небо и на земјаИ на небо и на земјаИ на небо и на земја

(1962). Појавата на следната негова збирка поезија ДеницијаДеницијаДениција(1968) била означена како културен настан и на нејзиниот автор

му била доделена наградата Браќа Миладиновци како инационалната награда 11 Октомври. Три години подоцна ќе го

повтори успехот со збирката песни Дални наковалниДални наковалниДални наковални (наградатаБраќа Миладиновци).

Не помалку се значајни и неговите збирки Пофалби и поплакиПофалби и поплакиПофалби и поплаки(1975), Вечна куќаВечна куќаВечна куќа (1987) и ЛакримаријЛакримаријЛакримариј (1999). Петре М.

Андреевски е автор на неколку збирки раскази, некои од нивтематски поврзани со светот од неговиот роден крај. За збирките

раскази Неверни годиниНеверни годиниНеверни години и Сите лица на смрттаСите лица на смрттаСите лица на смртта го добиваРациновото признание (1974 и 1994). Седмиот денСедмиот денСедмиот ден е неговата

прва збирка (1964), а БоемиБоемиБоеми е последна и постхумно е издадена.Дел од своите творечки можности Петре М. Андреевски ги има

реализирано на полето на театарската уметност (драмитеБогунемилиБогунемилиБогунемили - 1971 и Време за пеењеВреме за пеењеВреме за пеење - 1975). Во фондот на

македонската литература за деца влегуваат и неговите збиркипоезија: Шарам барамШарам барамШарам барам и Касни порасниКасни порасниКасни порасни.

Својата многустрана литературна дарба, на изнесување нанастани и портретирање на личности со јазик кој навлегува во

меморијата на македонскиот човек, Петре М. Андреевскицелосно ја надополнува со своите романи. Уште со првиот роман

ПирејПирејПиреј (1980) доби неподелено мислење од критиката ичитателите, дека делото е едно од најзначајните во македонската

Page 51: makedonski jazik i literatura za IV godina

51

литература. Наградата Стале Попов која се доделува за најдобарроман беше потврда за уметничките вредности на Пиреј. Пороманот СкакулциСкакулциСкакулци (1983), Петре М. Андреевски, во 1989 год.

повторно е лауреат на наградата Стале Попов за романотНебеска ТимјановаНебеска ТимјановаНебеска Тимјанова (1988). Веќе следниот негов роман

Последните селаниПоследните селаниПоследните селани (1997) влегува во најтесниот избор занаградата Балканика (1998). Петре М. Андреевски е автор уштена и романите ТунелТунелТунел (2003) и на БежанциБежанциБежанци (издаден постхумно).

Доказ за величието на творештвото што зад себе го оставиакадемик Петре М. Андреевски, нека послужи и податокот декамногу негови песни и прозни дела се преведени на дваесетина

странски јазици; дека е застапуван во многу наши и светскиантологии. За неговите исклучително големи дострели волитературата - поезијата, прозата и драмата, постхумно е

одликуван со Орден заслуги за МакедонијаОрден заслуги за МакедонијаОрден заслуги за Македонија од страна наПретседателот на Републиката (2007).

Кога правиме осврт врз поезијата на Петре М. Андреевскисекогаш на прво место ги ставаме песните од стихозбирката

Дениција. Тоа е љубовна поема од 23 песни. Целата збирка еедна љубовна приказна во која се преплетува еротското и

националното, која восхитува со чудесните описи на љубовта, вокоја реалното е помешано со нереалното. Дениција е возвишено

славење на љубовта кое пленува.Поетите пишуваа дека нејзината убавина постои

во сиот народен фолклорво секој пламен, на секое знаме.

Кога ја љубев Дениција,како да учествував во создавањето

на првата Македонска Држава.Романот Пиреј не само што е најпопуларно дело на Петре М.

Андреевски, туку е еден од најзначајните романи вомакедонската литература. По својата тематика тој е историскироман. Опишува настани од Првата светска војна сврзани сосудбината на семејството на Велика и Јон Мегленоски. Но во

Пиреј се зборува и за општата судбина на нашиот народ во еднавојна, во која се бори брат против брат и во која само се страда и

умира. Идејната порака на авторот ја препознаваме прекузборовите на селскиот мудрец Лазор Нечоски: Пирејот е... како

племето наше, и не го ништи ни една војска, ни една болест.

Page 52: makedonski jazik i literatura za IV godina

52

Дејството на романот се случува во повеќе места во сите деловина Македонија, иако најчесто преку раскажувањето на главните

ликови тоа се лоцира во демирхисарските села. Во раскажувачкатапостапка авторот применува модерен начин на изнесување на

дејството: низ 28. поглавја преку најизменично и паралелнораскажување на Велика и Јон, онака како тие ги доживеале

настаните, односно страдањата и искушенијата. Нивните исповеди,пак, од почетокот на романот, на Роден Мегленоски (синот на

Велика и Јон), му ги прераскажува Дуко Вендија.Ќе ти кажам, рече Дуко Вендија, ама ќе ти кажам како што микажуваше мајка ти, Велика, и како што ми кажуваше татко ти,

Јон, и како ми се кажуваше мене.Романот започнува во годините на Втората светска војна. Родендоаѓа на погребот на својата мајка, по дваесетина години откако

заминал од дома. По погребот бара од Дуко Вендија да мураскажува за татко му, оти не го памети, кого мајка, му додека

бил мал, не сакала да го спомнува. Приказната на Дуко Вендијае, всушност, ретроспекција на преживелиците на Велика и Јон.

Јон и Велика низ своето раскажување зборуваат за првитесредби, за заедничкиот живот, за раѓањето на петте деца, започетокот на Војната, во која Јон е мобилизиран во српската

војска и како целиот товар за семејството паѓа врз Велика. Таа ипокрај сите страдања не успева да ги сочува децата, a тие

(Ангеле, Капинка, Роса, Здравко и Ѕвездан) едно по друго ѝумираат, првото од куршум, во детска игра, другите од болести и

глад. Јон по враќањето од војната, кога ја дознава трагичнатасудбина, сосема се променува во однесувањето. Негово основнозанимање станува пијанството, станува за потсмев и сожалување

на селаните.Велика како маченица ги поднесува страдањата од војната и

понижувањата од мажа си, за да не се предаде, и на свет да јадонесе својата шеста рожба - синот Роден,.кој се раѓа во

моментот кога неговиот татко Јон умира.Во романот се предадени и многу други личности и се

прераскажани настани за нив: братот на Јон, Мирче, неговатажена Уља, Маса Ќулмоска, војникот Витомир, војводата...Она што посебно восхитува во романот е јазичниот израз.

Авторот го користи својот роден говор, демирхисарскиот, со

Page 53: makedonski jazik i literatura za IV godina

53

мноштво народни мудрости, изговорени од Лазор Ночески идругите. Тој е едноставен, стилски обоен според ликовите. Во

говорот на мажите среќаваме груби зборови, понекогаш состилизирани пцости, кои ги прифаќаме како нешто сосемаобично. Во прикажувањето на Велика, пак, ја откриваме

нејзината искрена, чиста душа. Нејзините зборови се милозвучникога ги опишува првите средби со Јон. Тие се длабоко трогателникога се разделува од своите рожби. Стилот на П. М. Андреевски

по многу нешта е оригинален, како што е неговата појава вонашата литература.

Цитат за овој час: Јас претпочитам повеќе да орам на сопствената нива, отколкуна туѓите. Петре М. Андреевски

ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ (1935)Ташко Георгиевски е еден од најистакнатите современи македон-

ски писатели. Автор е на десетина романи и повеќе збиркираскази, на неколку филмски сценарија, на радио и тв драми.

Речиси целото негово творештво е посветено на трагиката од ег-зодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, кое

како дете и самиот го преживеал, и воопшто, на обезличувањетои тортурата врз нашиот човек за време на Граѓанската војна во

Грција и потоа.Ташко Георгиевски е роден во с. Кронцелево, Воденско.

Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел воредакциите на Млад борец и Современост; бил уредник воМакедонската телевизија, како и издавачките куќи Мисла и

Македонска книга. Член на МАНУ е од 1983 година.Ташко Георгиевски во литературата дебитира со збирката

раскази Ние зад насипотНие зад насипотНие зад насипот (1956). Од првата збирка, па сѐ допоследното дело, романот Црна билкаЦрна билкаЦрна билка, се провлекува трагизмот

на македонскиот човек од Егејот кој морал да ги напушти роднитеогништа и да талка по сите светски меридијани и крстопати.

Ташко Георгиевски предводи една поголема група наши писателикои постојано се навраќаат на теророт што бил извршен над

Македонците во Грција и чии судбини на откорнатици раселенипо светот се тема на нивните дела. Овде спомнуваме само некоиод нив: Петар ШириловШириловШирилов, Иван ЧаповскиЧаповскиЧаповски, Паскал ГилевскиГилевскиГилевски, Ката

МисирковаМисирковаМисиркова-РуменоваРуменоваРуменова, Ташко ШириловШириловШирилов, Ристо ЈачевЈачевЈачев, КицаБарџиева КолбеБарџиева КолбеБарџиева Колбе...

Page 54: makedonski jazik i literatura za IV godina

54

Ташко Георгиевски е автор на романите: Луѓе и волциЛуѓе и волциЛуѓе и волци (1960),ЅидовиЅидовиЅидови (1962), Црно семеЦрно семеЦрно семе (1966), Змиски ветарЗмиски ветарЗмиски ветар (1969), ЦрвениотЦрвениотЦрвениот

коњкоњкоњ (1975), Време на молчењеВреме на молчењеВреме на молчење (1978), Рамна земјаРамна земјаРамна земја (1981),КајмакчаланКајмакчаланКајмакчалан (1992), ИсчезнувањеИсчезнувањеИсчезнување (1998), Црна билкаЦрна билкаЦрна билка (2006).Автор е и на збирките раскази: Суви ветровиСуви ветровиСуви ветрови (1964), Куќа подКуќа подКуќа под

калетокалетокалето (1978), како и на Плочата на живототПлочата на живототПлочата на животот (дневник,автобиографски записи, 1987). Негови се и радио и

телевизиските драми: Пепелта на моето огништеПепелта на моето огништеПепелта на моето огниште, ОганОганОган, КовчегКовчегКовчегсо срцето на таткосо срцето на таткосо срцето на татко и НеделаНеделаНедела. Ташко Георгиевски се јавува како

сценарист или косценарист на повеќе филмови (Црно семе,Црвениот коњ, Жолтиот трендафил, Мементо, Преку езерото).

Неговите романи се преведени на десетина јазици.За придонесот во афирмацијата на македонската литература

добил повеќе општествени признанија (наградите 11 Октомври,23 Октомври...) и литературни награди (Стале Попов, Рациново

признание...).Романот Црно семе е првиот од низата романи од циклусот зацрното семе (Змиски ветар, Време на молчење, Изчезнување,

Рамна земја и Црна билка) кои се поврзани со слични настани иличности со сродни судбини, почнувајќи од Граѓанската војна во

Грција, преку егзодусот, преселени во Македонија и низ другикраишта по светот.

Во Црно семе се прикажани настани во кои монархистичкатавласт во Грција во пресметката со комунисти и Македонци, еднапоголема група носи на еден пуст остров, за да го скрши кај нив

отпорот и националното чувство. Со садистички и перверзниметоди кралските офицери и војници се обидуваат да извлечат

признание и потпис за лојалност кон кралот. Бруталните постапкисе редат една по друга, но ниту една не може да го скрши

човеково достоинство кај Адонис Совичанис (Доне Совичанов),Христос (Христо) и некои други, навидум прости, а бескрајно

храбри Македонци.За нив чинот на предавството повеќе боли одсекое измачување на кое се подложуваат.

Идејната порака на авторот ја откриваме преку однесувањето наовие два лика: човековото достоинство е посилно од најужаснитеоблици на измачување. Тоа извира од длабокото уверување на

нашиот човек да се спротивстави на секои зло насочено конморалноста и човечноста.

Page 55: makedonski jazik i literatura za IV godina

55

Всушност, низ целиот роман провејуваат две состојби:измачување и тортура кои се граничат со анималност и

непоколеблива желба да се истрае, да не се потклекне, да не серасипе душата. На обидите за човечката деградација, авторот на

романот го спротивставува човековото достоинство кое естамено и нескршливо од ниедна форма на насилство. Затоа

постапката на Марко, еден од другарите на Доне и Христос, дапотклекне и потпише, го сметаат за предавство и срозување на

човековата душа.Во романот покрај споменатите ликови: Доне, Христо, Марко; гисреќаваме уште и студентот Парис, Гркот Нико; потоа капетанот

Скалумбакис и поручникот Маки. Доне и Христо не се самоликови врз кои последниве двајца (Скалумбакис и Маки) го

применуваат својот садизам, тие се симбол на човечката гордосткога е во прашање вистината. Доне во миговите по ужасните

маки, во сонот ја гледа, или на јаве ја сонува својата женаАнгелина која останала кај мајка ѝ. Но тој копнее за слобода и

правдина. Помислата на Ангелина му дава уште посилна надежда истрае и да побегне од логорот. На извесен начин Доне ги

овоплотува заедничките особини на многу откорнатици од тој делна Македонија. Таа среќа ја нема Христо кој, по ужасното

измачување, откако ќе полуде, ќе биде обесен. Последнитезборови што ги изговара се: Мојата земја... каде е мојата земја.

Романот Црно семе на Ташко Георгиевски содржи и некоиуниверзални хуманистички пораки: борбата против злото и ситеформи на понижување и обезличување на човекот; истакнување

на храброста и херојството и неговата вистинска големина.Поради тие вредности, романот зазема место во ризницата на

највредните дела во нашата литература, а е приопштен и намногу светски јазици.

Цитат за овој час: Овде, колку и да ми е криво што сум еден од протераните,сепак, сполај им на прогонителите - ме прогонија во слободна Македонија, во

мајчиниот јазик. Ташко Георгиевски.

ЖИВКО ЧИНГО (1935-1987)Живко Чинго ѝ припаѓа на помладата генерација македонскиписатели, кој зад себе остави повеќе романи, збирка раскази,драмски дела, филмски сценарија и сл. Живееше релативно

малку за да може докрај да ги развие своите творечки можности.

Page 56: makedonski jazik i literatura za IV godina

56

Но и со она што го напиша, тој си обезбеди едно од челнитеместа во нашата литература.

Роден е во с. Велгошти, Охридско. Образованието го започнуваво родното место, го продолжува во Охрид (гимназија), го

завршува во Скопје (Филозофски факултет). Најпрвин работикако професор во гимназијата во Охрид, а по доаѓањето во

Скопје, како новинар во повеќе редакции, потоа во Републичкиоткомитет (министерство) за култура. Бил директор на

Македонскиот народен театар; член на Друштвото на писателитена Македонија (1963). Добитник е на повеќе награди и признанија(11 Октомври, Рациново признание, наградата 1 Мај, награда на

Стеријното позорје, некогаш престижната награда најугословенските простори, Младост, за млад автор).

Живко Чинго првите литературни обиди ги прави на страницитена литературните списанија уште во 1956 година. Веќе со прватазбирка раскази ПасквелијаПасквелијаПасквелија (1961) ја најави својата неповторлива

дарба на оригинален раскажувач, а со секое следно дело гипотврдуваше високите оценки од критичарите, и што е поважно,

стануваше омилен писател на читателите.Успехот од првата збирка го повтори и со Нова ПасквелијаНова ПасквелијаНова Пасквелија (1965).

Во истата година ги објави расказите Семејството ОгулиновциСемејството ОгулиновциСемејството Огулиновци, а воследната година романот за деца Сребрени снеговиСребрени снеговиСребрени снегови. Следуваат:

ПожарПожарПожар (раскази, 1970) Големата водаГолемата водаГолемата вода (роман, 1971), ЖедЖедЖед(сценарио за филм, 1971), ПолеПолеПоле (сценарио, 1971), ОбразовОбразовОбразов (драма,

1973), Ѕидот, водатаЅидот, водатаЅидот, водата (драматизација на Големата вода, 1976),Вљубениот духВљубениот духВљубениот дух (раскази, 1976),Кенгурски скокКенгурски скокКенгурски скок (драма, 1979),Макавејските празнициМакавејските празнициМакавејските празници (драма, 1982), НакусоНакусоНакусо (раскази, 1984),ПчеларникПчеларникПчеларник (сценарио, 1988), Гроб за душатаГроб за душатаГроб за душата (раскази, 1989),

БабаџанБабаџанБабаџан (роман, 1989), БунилоБунилоБунило (раскази, 1989) АлАлАл (роман, 1989).Не е претерано ако се каже дека, без малку и да нема дело од

Живко Чинго, кое не е драматизирано и прикажано како театарскапретстава (Ѕидот, водата, Сурати, Макавејски празници,

Пасквелија, Писание, Лазарево писмо, најчесто во режија наБранко Ставрев и Љубиша Георгиевски). Тука би ги и спомнале

тв-филмот Заминување од Пасквелија и особено филмотГолемата Вода. Тоа оди во прилог на констатацијата дека

текстовите на Живко Чинго содржат во себе драмски судири и сеособено податливи за драматуршка обработка и сценска изведба.

Page 57: makedonski jazik i literatura za IV godina

57

Уште со расказите од Пасквелија и Нова Пасквелија, ЖивкоЧинго ги определи временската и просторната рамка од кои ќе го

започне своето творештво. Тоа е периодот на Втората светскавојна и непосредно по неа, и пределот на селото Пасквел,

сместено некаде покрај езерото. Подоцна Чинго ќе го проширихоризонтот на интересирањето, со теми за напуштањето населата, нивното пустошење и за миграцијата во Австралија.

Она што на прв поглед се забележува во прозата на Живко Чингое едноставноста во раскажувањето, која се доближува до

поетичност, како и драматиката во прикажувањето на настанитепредизвикани од судирите што ги носи со себе револуцијата. Таа

драматична тематика најчесто се огледува преку судирот настариот патријархален свет во кој доминира суеверието,

верувањето во духови, и доаѓањето на новото времепотпомогнато од револуцијата, кое радикално се пресметува со

старото и примитивното. Тоа, се разбира, предизвикувастрадања, потреси и трауми кај многу личности. Но Чинго

раскажува и за бирократските изопачености кои ги деградираатреволуционерните идеали и нејзината хуманистичка смисла.

Големата вода е најдобар пример за она што се случувало во тоапреломно време, прераскажано преку еден од главните ликови,

Лем. Романот е, всушност, хроника од низа настани кои сеслучуваат во еден дом за сирачиња, (Светлина му е името)

лоциран некаде до езерото, до Големата вода, но опколен совисок ѕид. Ѕидот, Големата вода, ридот (Сентерлевиот) се

зборови што се провлекуваат низ сите раскази (случки) на оваадело. Тие имаат и симболично значење. Ѕидот ја ограничува

слободата на невините детски души со кои манипулираатвоспитувачите (Оливера Срезовска, Аритон Јаковлески, Трифун

Трифуноски). Големата вода е таа слобода за која мечтаат Лем иИсак, Кејтеновиот син. Ридот е местото од каде може да доживеево полната ширина и убавина Големата вода. На стегите што ги

носи затворот (ѕидот) и преку постапките на возрасните, авторотги спротивставува праведноста, добрината и детската невиност.

Тоа е главната порака што ни ја определува авторот.Романот е прераскажана историја од времето на сталинизмот, вокое човекот е само објект со кој се манипулираше, со користење

пароли дека е на патот на посветла иднина.

Page 58: makedonski jazik i literatura za IV godina

58

Живко Чинго како раскажувач и романсиер обилно го користешебогатството на народниот јазик. Се служеше со оние едноставни

јазични форми исполнети со лиричност и поетичност. Затоанеговите дела се омилени лектири кои се препрочитуваат и

прераскажуваат.Цитат за овој час: Чинго се даде себеси без остаток и без поштеда: беше комета.

Поминувајќи, на почетокот од шеесеттите години крај тогашните важнимакедонски литературни појави (нека ни се живи и здрави довека), тој согоре

осветлувајќи ни еден нов свет: неговата Пасквелија, земја измислена, а стварна,земја крај Големата охридска вода, земја подеднакво важна колку и

измисленото, а стварно Макондо на Маркес или Кукулино на Јаневски, утопијакоја постои, која ја препознаваме како наша, земја над која бдее и ја осветлува

кометата Чинго. Венко Андоновски

КОЛЕ ЧАШУЛЕ (1921 - 2009)Коле Чашуле е еден од најистакнатите писатели во современата

македонска литература. Со над 9500 објавени и печатенистраници од текстови (со раскази, драми, романи, есеистика...),

секако е еден од најплодните наши автори. Тој е еден одиницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на

Македонија и еден од неговите претседатели. Подоцна станувачлен на Македонскиот ПЕН центар, како и на Независните

писатели на Македонија.Коле Чашуле во родниот град Прилеп го започнал своетообразование, а гимназија завршил во Битола. Во Белград

започнал да студира медицина, но со почетокот на Вторатасветска војна се вратил во родниот крај. По краткиот престој во

Софија за да продолжи со студиите, се вратил во Прилеп. Тој биледен од учесниците во партизанската група која го започнала

востанието во Македонија. Во 1942 г. учествувал во атентатот врзбугарски полициски функционер.

По апсењето и судењето, смртната казна му била заменета содоживотен затвор во Идризово. Во 1944 година заедно со

поголема група осуденици успеал да побегне од затворот и да имсе приклучи на партизанските единици.

По војната Коле Чашуле зазема повеќе одговорни и раководнифункции: уредник на списанијата Нов ден и Современост, главени одговорен уредник на Разгледи, директор на Радио Скопје и надрамата при Македонскиот народен театар. Подоцна заминува во

Page 59: makedonski jazik i literatura za IV godina

59

дипломатска служба (како генерален конзул на СФРЈ во Канадаи потоа како амбасадор во Боливија, Перу и Бразил). Едно време

бил и министер за култура на НР Македонија (1956).Како резултат на творечкиот ангажман на полето на литературата,

Чашуле е удостоен со многубројни награди и признанија (МаринДржиќ, 11 Октомври, Стале Попов, Мисла, Рациново признание, 4

Јули, АВНОЈ; награди од театарски фестивали и другиманифестации: Стеријно позорје, Војдан Чернодрински; Веља

кутија од Македонски духовни конаци). Тој беше избран за почесенчлен на Македонската академија на науките и уметностите.Сепак, во долгата и опширна биографија на Коле Чашуле

неодминливо е да не се спомне дека во раната младост (1946)бил член на Судскиот совет во процесот против Методија

Андонов - Ченто, првиот Претседател на Македонија.Првите литературни обиди ги направил со објавување на песни и

записи во партизанските весници (1944), а следната година восписанието Нов ден го отпечатил првиот расказ ДенотДенотДенот. Тригодини подоцна со објавување на првите драми и збиркитераскази започнува една литературната дејност која ќе биде

интензивна и долготрајна, жанровски разновидна и богата. Овасе насловите на делата на Коле Чашуле со забелешка дека

нешто можно е и да е испуштено и дека во неговатазаоставштина сигурно ќе се најдат и други интересни материјали

кои ќе бидат објавувани:Драми: Една вечерЕдна вечерЕдна вечер (1948), Последните гавраниПоследните гавраниПоследните гаврани (1950), ЗадругаЗадругаЗадруга

(1950), Вејка на ветротВејка на ветротВејка на ветрот (1957), БраздаБраздаБразда (1958), ЦрнилаЦрнилаЦрнила (1960), ИграИграИграили социјалистичка Еваили социјалистичка Еваили социјалистичка Ева (1961), Градскиот саатГрадскиот саатГрадскиот саат (1965), ВителВителВител

(1966), Партитура за еден МиронПартитура за еден МиронПартитура за еден Мирон (1967), ЗемјациЗемјациЗемјаци (1967), Тројца иТројца иТројца ивистинатавистинатавистината (1967), Како што милувате: Оставка на еден карипскиКако што милувате: Оставка на еден карипскиКако што милувате: Оставка на еден карипски

министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв одминистер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв одминистер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв однајвисоката властнајвисоката властнајвисоката власт (1975), СудСудСуд (1978), ЖитолубЖитолубЖитолуб (1981),

Дивертисман за еден СтрезДивертисман за еден СтрезДивертисман за еден Стрез (1967-1990), РоднокрајциРоднокрајциРоднокрајци (1987),Тибурсио и СинфоросаТибурсио и СинфоросаТибурсио и Синфороса, (1988), Вејка, дваВејка, дваВејка, два (1989), Сон првСон првСон прв (1991),

Сон втор и по него другСон втор и по него другСон втор и по него друг (1992), Модус мориендиМодус мориендиМодус мориенди (1992),ЛакримулаЛакримулаЛакримула (1993), Маркучот во четири гласаМаркучот во четири гласаМаркучот во четири гласа (1995).

Романи: ПростумПростумПростум (1970), Премреже 1-2Премреже 1-2Премреже 1-2 (1977), ВомјазиВомјазиВомјази (1981),ИмелаИмелаИмела (1982), ГорчилаГорчилаГорчила (1983), Канадски фрагментиКанадски фрагментиКанадски фрагменти (1985),

Конзулски писмаКонзулски писмаКонзулски писма (1987), Така е, ако ви се чиниТака е, ако ви се чиниТака е, ако ви се чини (1994), ЛимбЛимбЛимб

Page 60: makedonski jazik i literatura za IV godina

60

(2002), Тој што нема имеТој што нема имеТој што нема име (2004), Патот од себе сиПатот од себе сиПатот од себе си (2007).Збирки раскази: Првите дниПрвите дниПрвите дни (1950), РасказиРасказиРаскази (1953), ПрозаПрозаПроза 1945-1945-1945-

196719671967 (1968), Само сказниСамо сказниСамо сказни (2000), Чунким велењаЧунким велењаЧунким велења, (2009).Книги со есеи: Записи за нацијата и литературатаЗаписи за нацијата и литературатаЗаписи за нацијата и литературата (1985), НовиНовиНови

записизаписизаписи (1989), Македонски дилемиМакедонски дилемиМакедонски дилеми (1992), Резиме за мојатаРезиме за мојатаРезиме за мојатагенерацијагенерацијагенерација (1998), Болно племеБолно племеБолно племе (2000), А, бре, МакедончеА, бре, МакедончеА, бре, Македонче

(политички записи, 2003).Монографија: Народен херој Страшо ПинџурНароден херој Страшо ПинџурНароден херој Страшо Пинџур (1950);

АнтимемоариАнтимемоариАнтимемоари (постхумно, 2009).Коле Чашуле е исто така автор кој е преведуван на многу јазици,

а неговите драми се изведувани на сцените на театри одпросторите на некогашна Југославија и пошироко.

Во поглед на темите во драмскиот опус (впрочем, како и вороманите), Коле Чашуле е разнообразен. Првите негови драми го

имаат белегот на изградбата и колективизацијата на земјата(Задруга), за подоцна да се сврти на еден помодерен начин кон

традицијата на печалбарството (Вејка на ветрот), одбегнувајќи гифолклорните елементи за сметка на

психолошкото нијансирање на ликовите. Подоцна Чашуле ќе сезафати со настани од историското минато (Црнила), за потоа дапроговори и за современи збиднувања во кои се преплетуваат

политички и етички дилеми (Партитура за еден Мирон, Како штомилувате: Оставката на...).

Сепак, темата што обединува добар дел од творештвото наЧашуле се црнилата во нашата историја, кои се составен дел намакедонското ослободително движење во првите децении на 20.

век. Тоа е време на меѓусебни пресметки во името наОрганизацијата, на нарачани убиства насекаде по европските

метрополи.Во истоимената драма Црнила, Чашуле како тема го обработува

убиството на Ѓорче Петров кое се случило во Софија (1921).Дејството на драмата се одигрува во четири чина во станот насемејството Христови. Во првиот чин авторот нѐ запознава со

подготовките за атентатот и со повеќе од личностите, а особеносо Луков најбезмилосниот терорист, од кого сите други

стравуваат. Во вториот чин продолжува мрачната атмосфера воисчекување на младичот Орце, кој треба да биде главниот

Page 61: makedonski jazik i literatura za IV godina

61

извршител. Во третиот чин се зголемува напнатоста пред чинотна егзекуцијата, особено откако Луков, Иван и Фезлиев

дознаваат дека Ѓорче Петров на Младичот му е идеал и декаМладичот би сакал да се види со него! Се разбира, тој не знаекоја е жртвата на неговиот атентат. Другите се вџашени, но седеструктивни до тој степен, што слепо одат на реализација на

задачата што им ја поставил Иванов, кој стои над нив.Во четвртиот чин атентатот е извршен. Откако се вратил во

станот Младичот дознал кого убил. Бега во градскиот парк и сипресудува себеси со бесење. Тоа врвната точка на драмскотодејство. Расплетот следува со репликата на Фезлиев белки неумрел Македонецот во мене, пукајќи во Луков и веројатно воИванов. Така драмата завршува. Но црнилата со меѓусебнипресметки и убиства ќе продолжат уште најмалку десетина

години.Во драма се среќаваме со повеќе ликови: Луков, Фезлиев, Иван.На извесен начин сите се поразени и изместени од тежиштето на

животот. Луков е типичен злосторник, Фезлиев е хрониченалкохоличар, Иван е блудник кој го користи отсуството на

Христов, за да биде покрај неговата жена Неда. Младичот наивноверува во целите на Организацијата, и ќе го плати тоа со

самоубиство на крајот. Би можеле да кажеме дека Младичот еолицетворение на многу млади Македонци, од тоа време кои

биле задоени со револуционерен дух.Драмата Црнила е успешен драматуршки приказ на кризата низ

кое минувало македонското национално движење.Цитат за овој час: Сегашните и новите творци треба да се занимаваат со сѐ што е

творечки предизвик. Наша мугра, наш ден и несоница, треба да ни етворештвото. И простумот. И инаетот, окопитен спроти црнилава што нѐ

опкружуваат...Сепак, да се пишува на македонски, значи да се војува. Да се бидеписател и творец во нашиов идентитетен контекст, тоа неминовно значи да се

биде и остане востаник. Можеби и затоа не го признавам заморот. Коле Чашуле

ТОМЕ АРСОВСКИ (1928 - 2007)Во современата македонска драмска литература на Томе

Арсовски му припаѓа едно од челните места. До неговото иместојат десетина сценски дела, уште повеќе радио драми, потоаромани за деца и возрасни, збирки раскази и поезија и сл. Не ебез значење и неговиот придонес како уредник на програми на

Page 62: makedonski jazik i literatura za IV godina

62

радиото и телевизијата, кај што ги поттикнуваше и насочувашемладите автори кон творечка креативност.

Роден е во Косовска Митровица, основно училиште завршил воПеќ на Косово. Поголемиот дел од младите години ги поминал во

родниот град на неговите родители - Кавадарци, каде штозавршил гимназија. Студирал и завршил славистика на

Филозофскиот факултет во Скопје. Извесно време работел какохорист во Операта при МНТ, потоа како новинар во Нова

Македонија. Најдолго време бил уредник на Драмската редакцијана Радио Скопје.

Како и многу други наши автори, и Томе Арсовски дебитира созбирка песни (Грст смеаГрст смеаГрст смеа, 1958), само неколку месеци потоа еприкажана и објавена неговата прва драма АлександраАлександраАлександра. Таа,

како и повеќе негови драми, ќе бидат поставени на многу сцениширум тогашна Југославија. Со оваа драма, заедно со Вејка наветрот на Коле Чашуле, започнува една нова (современа) фаза

во развојот на македонската драмска литература.Успехот со Александра ќе го поттикне авторот да се сврти кон овојлитературен род, иако тој е многу плоден и како романсиер, како

поет, како сценарист и сл. Не треба да се изуми ниту неговиотпридонес како преведувач, приопштувајќи на македонски јазик

дела од руската, словенечката, српската, персиската литератураи сл. (заедно со неговата сопруга Тамара).

Исклучително плодната актива што зад себе ја остави ТомеАрсовски, нужно бара понатамошно разграничување. Неа ја

сочинуваат повеќе од 15 театарски пиеси, 20-ина радиодрами,10-ина детски радиодрами, исто толку телевизиски драми, повеќе

ТВ-серии, романи, сценарија и сл.Ова се некои од драмите наменети за сценска изведба:

АлександраАлександраАлександра (1958), Градина на малите боговиГрадина на малите боговиГрадина на малите богови (1959), ПарадоксотПарадоксотПарадоксотна Диогенна Диогенна Диоген (1961), Матурска вечерМатурска вечерМатурска вечер (1963), ОбрачиОбрачиОбрачи (1965),

БумерангБумерангБумеранг (1969), Чекор до есентаЧекор до есентаЧекор до есента (1969), Убавината чекори самаУбавината чекори самаУбавината чекори сама(1974), Скок преку кожаСкок преку кожаСкок преку кожа (1976), Благиот допир на љубовтаБлагиот допир на љубовтаБлагиот допир на љубовта (1984).

Ова се само дел од радио и тв драмите: Празник на птицитеПразник на птицитеПразник на птиците(1959), Грст среќаГрст среќаГрст среќа (на македонски јазик: Мали луѓеМали луѓеМали луѓе, тв драма,1962, повеќекратно наградувана и прикажувана и на сцена),

Последен ден на војнатаПоследен ден на војнатаПоследен ден на војната (1963), Стотиот чекорСтотиот чекорСтотиот чекор (1964), ВеликиотВеликиотВеликиотФерудинФерудинФерудин (1966), Грдиот нарцисГрдиот нарцисГрдиот нарцис (тв драма, 1968), Коктел заКоктел заКоктел за

Page 63: makedonski jazik i literatura za IV godina

63

четворицачетворицачетворица (1970), Исповед на таксистотИсповед на таксистотИсповед на таксистот (тв драма, 1979), БаладаБаладаБаладаза Вера Јоциќза Вера Јоциќза Вера Јоциќ (1981), Досие бр.Т-198Досие бр.Т-198Досие бр.Т-198 (1985).

Автор е на повеќе тв серии: Залез над езерската земјаЗалез над езерската земјаЗалез над езерската земја (1973),Климент ОхридскиКлимент ОхридскиКлимент Охридски (1986), Сонце на дланкаСонце на дланкаСонце на дланка (1986), Во светот наВо светот наВо светот на

бајкитебајкитебајките (1995).Ова се романите на Томе Арсовски: Патување во ТаџетакомоПатување во ТаџетакомоПатување во Таџетакомо

(роман за деца, 1980), Зена, ќерка на ѕвездитеЗена, ќерка на ѕвездитеЗена, ќерка на ѕвездите (роман за деца,1988), Арис или прва љубовАрис или прва љубовАрис или прва љубов (роман за деца, 1989), КлиментКлиментКлимент

ОхридскиОхридскиОхридски (историски роман, 1989), Кристална планетаКристална планетаКристална планета (роман задеца, 1990), Куќа на четири ветраКуќа на четири ветраКуќа на четири ветра (роман, 1991), Подводен градПодводен градПодводен град(роман за деца и млади, 1993), Телефонот е во прекинТелефонот е во прекинТелефонот е во прекин (роман за

млади, 1993), Супер девојчеСупер девојчеСупер девојче (роман за млади, 1994), НештоНештоНештоубаво ми се случуваубаво ми се случуваубаво ми се случува (роман, 1996), Пролет зад мојот прозорецПролет зад мојот прозорецПролет зад мојот прозорец(роман за деца и млади, 2001, награда Ванчо Николески), СемеСемеСеме

на срамотна срамотна срамот (роман, постхумно, 2008)Томе Арсовски е автор на збирките раскази: Парадоксални расказиПарадоксални расказиПарадоксални раскази(1972), Петиот ветарПетиот ветарПетиот ветар (1992), Жената со птичја главаЖената со птичја главаЖената со птичја глава (2000), како и

на две поеми: НепреболНепреболНепребол (1961) и Пурпурно полеПурпурно полеПурпурно поле (1996).Многу од делата на Томе Арсовски се преведени на други јазици,

а уште повеќе негови радио и тв драми се прикажувани загледачите во други земји.

Покрај многуте награди и признанија што ги добил кај нас(наградите 11 Октомври, 13 Ноември - за животно дело, Златноперо, Кочо Рацин, Климент Охридски), Томе Арсовски е лауреат

на разни фестивали и конкурси (на Стеријното позорје, на конкурсна РТВ Белград, на Деновите на југословенското радио и сл.).

Драмата Парадоксот на Диоген е една од театарските претставикои биле играни на разни сцени на поширокиот југословенски

простор и пошироко (Скопје, Сплит, Приштина, Прилеп,Братислава - Словачка), дело кое го поистоветуваме со самиот

автор, иако Томе Арсовски и квантитативно е раскошен итематски е мошне разнообразен.

Таа му донесе целосна афирмација, но истовремено поттикна идруги драмски писатели да се свртат кон ангажираната

реалистичка драма во која на повидок се изнесуваат одредениетички проблеми кои се појавиле во тоа време. Самиот автор воедно предавање ќе рече дека гледачот од него (театарот) мора

Page 64: makedonski jazik i literatura za IV godina

64

да излезе вознемирен од поставените прашања, загрижен надживотните вистини.

Тоа е судска драма во два дела во која се прави обид да серазрешат некои морални дилеми кои се испречуваат пред

човекот како единка, наспроти општеството. На едно место занеа ќе се рече дека е драма за свеста и одговорноста на

работникот и неговиот колектив, на поединецот и заедницата.Идејната порака што можеме да ја извлечеме е, дека прекусовеста и одговорноста на ликовите, треба да се раздвижи

совеста и одговорноста на гледачите (читателите). Или како штозабележува авторот, општествената порака во Парадоксот на

Диоген е судење на човечката совест.Предмет на делото (тема) е судскиот процес против младиот

инженер Драшко Каровски, обвинет за уривањето на еден хотел,при што загинале и двајца работници. Со префлање на винатаврз главниот инженер, од одговорност, според авторот, не се

изземаат ниту универзитетскиот професор Алексеј Кондарко (којпоради презафатеност не му обрнува поголемо внимание), ниту

директорот на Заводот, Владимир Крстин - Борски (кој немаразбирање за семејните проблеми на Драшко), дури ни

родителите на Драшко, не можат да се помират со фактот деканивниот син се оженил со Даница, девојка со сомнително минато.Драшко Каровски е млад човек со амбиции да ги исполни своитезамисли, но со тек на времето станува суетен и бескруполозен.

Доаѓа во судир со своите најблиски. Откако ќе се сруши објектот,убежиште наоѓа кај инженер Борика Корда, неговата љубов од

студенските денови, која трпеливо ги поднесува неговитекаприци и која по карактер е многу постабилна од него.

Интересно е што нивните односи авторот ќе продолжи да гиследи и во драмата Чекор до есента, чие дејство се одигрува

неколку години подоцна, по враќањето на Драшко Каровски одзатвор. Тој станува уште понетолерантен, сега и љубоморен,

откако меѓу нив ќе се најде Рошко Подгорски, лик кој се среќаваи во драмата Обрачи. Така, на извесен начин, тие три драми

поврзувајќи исти ликови, составуваат трилогија.Со исклучок на историските драми и романи, Томе Арсовски во

своите дела е целосно посветен на состојбите на едно време и наопштествениот систем во кои човекот како единка често пати ги

Page 65: makedonski jazik i literatura za IV godina

65

поднесуваше непријатните последици.Цитат за овој час: Во годините кога во земјава немало ниту работилници за

креативно пишување, ниту прирачници и учебници што би насочувале кон тајнитеили барем кон триковите на драмскиот занает, ниту можности за некое

поинтензивно комуницирање со светските трендови, работливиот и трпеливиотТоме Арсовски на многумина драмски писатели што допрва требало тоа да

станат, успешно и од сѐ срце им ги надоместувал сите тие опции, продолжувајќисекојдневно да го турка тешкиот камен на пишувањето драми сè погоре, сè

потаму, сè понапред. Јелена Лужина

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ (1952)Горан Стефановски, без сомнение, е еден од најзначајните

драмски писатели во поновата македонска литература, автор нанеколку култни драми, почесен амбасадор на нашата култура во

Англија. И повеќе од тоа: вистински репрезент на нашаталитература во Европа и пошироко. Неговите драми подеднакво

се играни кај нас, но и во Германија, Шведска, Англија,Франција... Член е на Европскиот совет за меѓународни односи ипратеник на Европскиот културен парламент. При доделувањето

на наградата Виленица, за него е речено дека е најдоброто восовремената македонска драма и е еден од најмоќните драмски

гласови во Европа.Роден е во Битола, во семејство посветено на драмската

уметност. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје(англиски јазик и литература) како најдобар студент на

генерацијата. Студирал драматургија на Филолошкиот факултетво Белград, каде што и магистрирал за творештвото на С. Бекет.Извесно време работел во драмската редакција на Телевизија

Скопје; како асистент на Филолошкиот факултет, а потоа и какопрофесор по драматургија на Факултетот за драмска уметност.

Моментно живее и работи во Кентербери, Англија. Предавадраматургија на Универзитетот во Кент и на Институтот за драма

во Стокхолм, Шведска. Пишува уште и на англиски јазик.Горан Стефановски е член на Друштвото на писателите на

Македонија (1979) и на Македонскиот ПЕН центар (1986). Член ена Македонската академија на науките и уметностите (2003!).Носител е на повеќе признанија и литературни награди (Стале

Попов, 11 Октомври, Стеријни награди - за најдобар текст на двапати и Златна награда за животно дело (2009); шест пати

Page 66: makedonski jazik i literatura za IV godina

66

награден за најдобар текст на Војдан Чернодрински, ).Литературното творештво на Горан Стефановски е исклучително

обемно и разновидно. Покрај драмски текстови, пишувасценарија за тв драми и филмови, но исто така и есеи (Кавга соКавга соКавга соКафкаКафкаКафка), цртички, па дури и вдахновени практикуми за пишувањедрами (Мала книга на стапициМала книга на стапициМала книга на стапици, преведена на десетина светски

јазици, засега!).Ова се неговите дела за сценска изведба: Јане ЗадрогазЈане ЗадрогазЈане Задрогаз (1974),

Диво месоДиво месоДиво месо (1979), Лет во местоЛет во местоЛет во место (1981), Хај-фајХај-фајХај-фај (1983), ДуплоДуплоДуплодноднодно (1984), Тетовирани душиТетовирани душиТетовирани души (1985), Црна дупкаЦрна дупкаЦрна дупка (1987), Лонг плејЛонг плејЛонг плеј

(1988), Кула вавилонскаКула вавилонскаКула вавилонска (1989), Чернодрински се враќа домаЧернодрински се враќа домаЧернодрински се враќа дома(1991), СараевоСараевоСараево (изведба на промоцијата на Антверпен какоевропска културна престолнина, 1993), БаханалииБаханалииБаханалии, (споредЕврипид, 1996), КазабалканКазабалканКазабалкан (1998), ЕуралиенЕуралиенЕуралиен, (сценарио затеатарски проект во изведба на 50 актери и 13 режисери,

порачано од Интеркулт, Стокхолм и изведено во рамките наЕвропската културна престолнина - Стокхолм, 1998), На пат заНа пат заНа пат за

БагдадБагдадБагдад, (според новела на Ѓунели ЃунЃунели ЃунЃунели Ѓун, изведен од денс-театаротGreencandle, Saddler`s Wells, Лондон, 1999), Хотел ЕвропаХотел ЕвропаХотел Европа

(концепт, сценарио и драматургија за театарски проект во режијана девет режисери од Источна Европа, копродукција на

Интеркулт, Стокхолм и на повеќе фестивали, 2000),EverymanEverymanEveryman, (изведен во Ателје 212, Белград, 2003), Демонот одДемонот одДемонот одДебар МаалоДебар МаалоДебар Маало (2006), Жив човекЖив човекЖив човек, Духот на слободатаДухот на слободатаДухот на слободата (според

Чернодрински, 2003), Остави го тоаОстави го тоаОстави го тоа, Зошто Балканот не е сексиЗошто Балканот не е сексиЗошто Балканот не е секси(2008) EurepicaEurepicaEurepica, (2009, Белорусија), како и на

едночинките:ГоцеГоцеГоце (1991), Старецот со камен околуСтарецот со камен околуСтарецот со камен околувратотвратотвратот (кореодрама, Лондон, 1994), Сега му е мајкатаСега му е мајкатаСега му е мајката (1995), EX-EX-EX-

YUYUYU (1996), Само човекСамо човекСамо човек (1998). И уште либрета: ТравијатаТравијатаТравијата (рок-опера,1989), ЗодијакЗодијакЗодијак (рок-балет, 1990) I LoveI LoveI Love

ChernodrinskiChernodrinskiChernodrinski (мултимедијален перформанс, 1991, Битола).Горан Стефановски е автор на сценарија за тв драмите: КлинчКлинчКлинч,(1974, авторов првенец), Томе од бензинската пумпаТоме од бензинската пумпаТоме од бензинската пумпа, (1978),

Тумба, тумба, дивинаТумба, тумба, дивинаТумба, тумба, дивина (1980), Оазата на МираОазата на МираОазата на Мира (1994) исериите: Наши годиниНаши годиниНаши години (1979),Бушава азбукаБушава азбукаБушава азбука (1985) АирлијаАирлијаАирлија

транзицијатранзицијатранзиција (1996), на драматуршкиот формат за ТВ-серијата задеца НашеНашеНаше мааломааломаало (1999-2001),како и на сценарија за филмовите

Хај-фајХај-фајХај-фај и Приказни од Дивиот истокПриказни од Дивиот истокПриказни од Дивиот исток, и на други пократки

Page 67: makedonski jazik i literatura za IV godina

67

филмови. Повеќе за Горан Стефановски.Диво месо е драма со која Горан Стефановски го продолжисвојот нагорен од кон целосно созревање и афирмација какодрамски автор. Дејството се одигрува спроти Втората светскавојна и во Скопје (Дебар Маало). Во 17 сцени се раскажува зараспаѓањето на едно македонско семејство, на Димитрија и

Марија Андреевиќ, чии синови Симон, Стево и Андреја, секој насвој начин доживуваат пораз.

Димитрија, порано ѕидар, сега инвалид и врзан за количка, никојне му обрнува внимание. Ниту судбината на најстариот син

Симон не е подобра - хроничен алкохоличар, страда и од желбанеговата сопруга Вера да му роди син. Најмалиот брат Андреја,

продавач во бакалница, учесник во штрајкови против власта,постојано е под присмотра на полицијата.

Единствено пред средниот син Стефан е некаква светлаперспектива. Работејќи како референт за продажба на

автомобили, отпрвин го бие занес дека ќе постигне успех вокариерата. Снисходливо се однесува пред Херман Клаус, кога

кога овој доаѓа на нивната домашна слава. Заслепен одветувањата што му се нудат за напредување во кариерата, не

може правилно да го протолкува пријателството од Клаус.Но за неговата мајка Марија, натрапникот Клаус е диво месо, коепо некое време целосно ќе ѝ го уништи семејството. Куќата ќе имја срушат за проширување на преставништвото на Германецот,

Андреја ќе биде затворен поради штрајкот во кој учествувал.Симон умира во јавна куќа.

Не ќе помине подобро ниту Директорот на претставништвотоХерцог, преку чија ќерка Сара, отпрвин Стево мислеше дека ќе јагради својата кариера. Тој ќе биде сменет затоа што бил Евреин.

Откако ќе ги осознае своите заблуди, на Стево како излезнорешение му останува да посегне по скриениот пиштол на братот

Андреја и да се пресмета со Херман Клаус.Диво месо не е само драма за несреќните судбини на едносемејство. Таа отвора простор да се размислува уште и за

војната која надоаѓа и која донесува само несреќи, за односот нанекои таму кон менталитетот на Словените и Балканците, занашиот национален идентитет. Некои од тие теми ќе бидат

Page 68: makedonski jazik i literatura za IV godina

68

предмет на други негови драми и есеи.Творештвото (а посебно драмското) на Горан Стефановски е помногу нешта модерно. Тој користи и други форми на изразување(рок опера, балет, музика - често во соработка со неговиот брат

Влатко Стефановски). Прави успешен спој на традиционалното ифолклорното (Јане Задрогаз, Тумба тумба дивина, повеќе

навраќања кон Чернодрински). И над сѐ: во неговите дела сепресликани многу современи настани од нашето опкружување ипоширокиот балкански простор, многу често болни и трагични.

Тоа го прави да биде како автор интересен и актуелен пошироково европски рамки, иако за таа Европа ние веќе стануваме

неинтересни.Цитат за овој час: Горд сум на нашите ритуали на живеење: фамилија, прочка,слава, амкање јајца, отворена емоционалност, телесност, тактилност, зурли и

тапани, сарма, бурек, пинџур, возбуда за мали нешта. Горд сум на светатастрогост и сведеност на нашите икони и фрески...

Нас ни треба востание на визија, волја и ум, на упорен труд, медиумска лукавости преговарачка вештина. Државите се прават со жртви и крв, но се чуваат со

работа и памет. Победата на Илинденците беше во нивниот пораз. Денес, нашатапобеда, мора да биде во нашата - победа!

Сега, бидувајќи ориентален приврзок и темно огледало на Европа, на кое таа гипроектира своите стравови, како да се мислиме себеси? Како одново да се

европеизираме кога Европа се пази да не се балканизира? Но, демократијата епостојано и стрпливо пазарење со оние што не мислат исто како тебе.

Демократијата е преговарање, приспособување, компромис. А, тоа е туѓо начаршискиот, инаетчиски, тврдоглав, фиксиран поглед на светот. Оној поглед што

мери ѓутуре, оперира како затворен вилает и презира секаква другост, којпоскоро ќе ги прифати историјата и политиката како судбина и елементарна

непогода, отколку како работна обврска и граѓанска должност. ГоранСтефановски : од пристапната беседа во МАНУ

БЛАЖЕ КОНЕСКИ (1921 - 1993)Блаже Конески е исклучителна појава во развојот на македонската

културна историја. Придонесот што го даде за современиотмакедонски јазик е мерлив само со оној на Крсте П. МисирковМисирковМисирков. Несе без значење неговите заслуги како професор на Филолошкиот

факултет во Скопје, кој денес го носи неговото име. Некои однеговите научни трудови, ниту се надминати, ниту се застарени.

Најголем афирматор на македонскиот јазик и македонската научна

Page 69: makedonski jazik i literatura za IV godina

69

мисла во светот. Многубројните почести од академии на науки ипознати светски универзитети сведочат за тоа.

Блаже Конески зад себе остави огромно литературно и научнотворештво кое е тешко да се набележи, без страв да не се изуми

нешто, што нужно треба да се истакне. Неговата биографија еисто така сложена, исполнета со многубројни активности,

предавања, со борба за место под сонцето на македонскиот јазикво светското семејство на јазиците.

Роден е во с. Небрегово, Прилепско. Основно училиште и нижагимназија учи во Прилеп, гимназија во Крагуевац. Студиите по

славистика ги почнува во Белград, а ги завршува во Софија(1944), како еден од најдобрите студенти.

По враќањето во татковината активно се вклучува вонормирањето (кодификацијата) на македонскиот литературен

јазик. Истовремено почнува да ги објавува првите своилитературни дела (поемата МостотМостотМостот, 1945). Тогаш исто такапочнува активно да се занимава со прведувачка дејност.

Блаже Конески е еден од основачите на Филозофскиот (од којподоцна ќе произлезе Филолошкиот) факултет, а во негови

рамки и на студиите по Македонски јазик и литература.Публикациите што се издавале на Факултетот ќе добијат и

меѓународна верификација со објавување на написи од странскилингвисти и други научници.

Тој е еден од иницијаторите за основање на Друштвото написателите на Македонија и негов прв претседател (1947), бил

ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, еден е одосновачите на Македонската академија на науките и уметностите

и нејзин прв претседател во два мандата (1967 - 1975). Билпочесен професор на многу странски универзитети (Загреб,Белград, Чикаго, Лоѓ,) дописен или почесен член на многу

академии на науки.За својата неуморна работа добил повеќе признанија и

литературни награди (11 Октомври, Браќа Миладиновци (1974),Ацо Шопов, Хердеровата (1971) и Његошевата награда (1975),

наградата АВНОЈ (1966), Златен венец на Струшките вечери напоезијата (1981), Награда на Сојузот на писателите на СССР

(1968), Рациново признание и др.).

Page 70: makedonski jazik i literatura za IV godina

70

Обемен е списокот на научни и стручни трудови на проф. БлажеКонески од областа на македонистиката. Ова се некои од нив:Граматика на македонскиот литературен јазикГраматика на македонскиот литературен јазикГраматика на македонскиот литературен јазик, (I. дел 1952, II.дел 1954), За македонскиот литературен јазикЗа македонскиот литературен јазикЗа македонскиот литературен јазик (1952), ИсторијаИсторијаИсторијана македонскиот јазикна македонскиот јазикна македонскиот јазик (1968), Речник на македонскиот јазикРечник на македонскиот јазикРечник на македонскиот јазик (

како редактор, во три тома, 1961 - 1966), Историска фонологијаИсториска фонологијаИсториска фонологијана македонскиот јазикна македонскиот јазикна македонскиот јазик (на англиски, 1983; на македонски 2001),Јазикот на македонската народна поезијаазикот на македонската народна поезијаазикот на македонската народна поезија (1971), МакедонскиотМакедонскиотМакедонскиот

19. век19. век19. век (1986), Македонски правопис со правописен речникМакедонски правопис со правописен речникМакедонски правопис со правописен речник(заедно со Крум Тошев, 1950)...

Не помал е списокот на автори и нивни дела кои Блаже Конескиги приуштил на македонски јазик (Горски венец на П. П. Његош,

Лирско интермецо на Х. Хајне; В. Мајаковски, Ј. Неруда, В.Шекспир, А. Блок, А. Мицкиевич...).

Иако Блаже Конески е пред сѐ поет, не може, а да не се спомнатне говите збирки раскази: ЛозјеЛозјеЛозје (1955), Дневник по многу годинДневник по многу годинДневник по многу години(1988), како и некои од збирките есеи и огледи: Беседи и огледиБеседи и огледиБеседи и огледи

(1972), За литературата и културатаЗа литературата и културатаЗа литературата и културата (1981), Ликови и темиЛикови и темиЛикови и теми (1987),Македонски места и темиМакедонски места и темиМакедонски места и теми (1991), Светот на песната и легендатаСветот на песната и легендатаСветот на песната и легендата

(1993).Блаже Конески зазема едно од почесните места во нашатасовремена поезија. Припаѓа на т.н. прва повоена генерација

македонски поети, иако тој беше творечки активен до крајот насвојот живот.

Ова се насловите на неговите збирки песни: Земјата и љубовтаЗемјата и љубовтаЗемјата и љубовта(1948), ПесниПесниПесни (1953), ВезилкаВезилкаВезилка (1955), ПесниПесниПесни (1963), СтернаСтернаСтерна (1966),

РакувањеРакувањеРакување (поема, 1969), Стари и нови песниСтари и нови песниСтари и нови песни (1979), Места иМеста иМеста имиговимиговимигови (1981), ЧешмитеЧешмитеЧешмите (1984), ПосланиеПосланиеПослание (1987), Средби во рајотСредби во рајотСредби во рајот

(1988), ЦркваЦркваЦрква (1988), ЗлатоврвЗлатоврвЗлатоврв (1989), СеизмографСеизмографСеизмограф (1989),Небесна рекаНебесна рекаНебесна река (песни и препеви, 1991), Црн ОвенЦрн ОвенЦрн Овен (1993).

Блаже Конески остави зад себе повеќе песни со антологискивредности меѓу кои би ги спомнале Тешкото, Везилка, Болен

Дојчин, Стерна, и др. Тоа се главно песни настанати во почетниотпериод на поетовото созревање, кога општата клима на живеењебараше свртување кон минатото и доминација на родољубивиотзанес. Подоцна Конески ќе напише творби со порафиниран стили со поголем творечки опит, преку мотиви од секојдневието, со

размисли за животот, со спомени и носталгичност (Убавина,

Page 71: makedonski jazik i literatura za IV godina

71

Гугучки, Опит, Спомен, Живот и смрт), со присеќавање надетството (поемата Црква).

Сепак, лирската поема Тешкото е импресивна творба во којапоетот преку симболиката на истоименото народно оро пее затрагедијата низ која минувал нашиот народ, за да на крајот со

возбуда ја воспее слободата....О тешкото! Синџир ти беше на робја,

дур не стана народ во листена гора,си дури со јадот од векови собранне поведе бујно, бунтовничко оро!се залула танец низ крвје и огон,и повик се зачу и грмеж во чад -

те разнесе сегде бунтовната ногапо родниот кат...

...Од вековно ропство, мој народе, идешно носиш ти в срце дар златен и пој.

Пченицата твоја триж плодна ќе биде,И животот твој!

Поемата содржи десет строфи со по осум стихови и со многуправилна метрика: сите стихови имаат по четири амфибраха,освен последните стихови од секоја строфа (еден амфибрах и

еден јамб):Пченииицата твоооја триж плооодна ќе биииде,

И жииивотот твооој!Тешкото е апотеоза на нескршливиот дух на нашиот народ низ

вековите.Блаже Конески многу често се навраќа на врутоците на

народните песни и легенди. Такви му се песните Болен Дојчин иСтерна. Во првата, со епска широчина пее за неправдата што

треба да ја исправи болниот јунак и да го уништи злото чијсимбол е Црната Арапина. Болен Дојчин силата ја црпи од

љубовта кон сестрата Ангелина....дојди, сестро златно,

збери ги моите мувлосани коски, не грози се,состави ме,

повиј ме со триста лакти платно,речи ми тих реч,

исправи ме,

Page 72: makedonski jazik i literatura za IV godina

72

научи ме пак да одам, мајко,дај ми в рака меч –

да убијам Црна Арапина.Да умрам.

Во Стерна Блаже Конески пее за стихијата што се надвиснуванад човекот, кој со последните сили успева да ја скроти. Но само

да земе здив и наслушнува. Злото преставено како стерна,клокоти.

Наслушувам:таа расте.

Таа го чека само својот час –да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,

ќе се оттиши,ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,

да се успокои во ширината.Во подоцнежниот период Блаже Конески создава и песни низ кои

провејува интимна исповед со истенчен лиризам.Една браздичка од небеската река

тече и низ мојата душа,нејзината свежест си уште ја чувствувам,

нејзиниот шум си послабо се слуша...Во основа неговата поезија е многузначна и исполнета со длабок

хуманизам. Понекогаш едноставна за читање, но која секогашвоодушевува и тера на размислување.

Цитат за овој час: Блаже Конески е најграндиозната фигура во втората половинана 20 век во Македонија, Тој е високо ценет не само во областите во кои твореше

туку и во научните и уметничките кругови во целиот свет. Нарекуван емакедонскиот Вук Караџиќ, патријарх на македонската ренесанса,

енциклопедија на Македонија, споменик што оди по улиците итн. За своето делоима добиено највисоки признанија и тоа: како научник е избран за член на ситеакадемии на науките и уметностите на некогашна Југославија, како и на некоиакадемии во светот. Исто така, избран е за почесен доктор на повеќе светски

универзитети. Трајко Стаматоски

АЦО ШОПОВ (1923 - 1982)Ацо Шопов е еден од основоположниците на повоената

македонска лирика и еден од најзаслужните за нејзиниот брзрастеж и афирмација надвор од национални рамки. За него е

речено дека е гласовит двигател на македонската култура и поет

Page 73: makedonski jazik i literatura za IV godina

73

овенчан со вечноста.Ацо Шопов е роден во Штип каде што ги завршил основното

образование и гимназијата. Учествувал во НОБ уште одпочетокот на војната. Тогаш ги напишал некои од своите

најпознати песни. Студиите по чиста филозофија ги завршил наФилозофскиот факултет во Скопје. Бил уредник на повеќе

списанија (Нов ден, Иднина,Современост, Хоризонт, Остен) ивршел други одговорни функции (директор на Македонска книга,

претседател на Комисијата за културни врски со странство наСРМ.). Бил амбасадор на Југославија во Сенегал. Член наДруштвото на писателите на Македонија бил од неговото

формирање (1947), член на Македонскиот ПЕН центар, академикод првиот состав на МАНУ (1967).

Добитик е на повеќе литературни награди и други признанија(Кочо Рацин, 11 Октомври, Кирил Пејчиновиќ, Браќа

Миладиновци, наградата АВНОЈ). За заслугите на Ацо Шопов занашата литература сведочи и наградата за најдобра збирка

поезија што секоја година ја доделува Друштвото на писателитена Македонија која го носи токму неговото име (лауреат за 2010.

Благој Самоников, Неизносена ведрина).Придонесот на Ацо Шопов за нашата литература е несомненозначаен. Припаѓа на првата повоена генерација поети, иако

првите свои песни ги напишал уште пред војната какогимназијалец (Ановите), а првата збирка ПесниПесниПесни (1944) е објавенадодека траела војната. Во неа се некои од неговите најпознати

песни (Љубов, Партизанска пролет, Очи).Ова се насловите на другите збирки поезија: Пруга на младостаПруга на младостаПруга на младоста(заедно со Славко Јаневски, 1946), На ГрамосНа ГрамосНа Грамос (1950), Со нашиСо нашиСо наши

рацерацераце (1950), Стихови за маката и радостаСтихови за маката и радостаСтихови за маката и радоста (1952), Слеј се соСлеј се соСлеј се сотишинататишинататишината (1955), Ветрот носиВетрот носиВетрот носи убаво времеубаво времеубаво време (1957), НебиднинаНебиднинаНебиднина

(1963), Раѓање на зборотРаѓање на зборотРаѓање на зборот (1966), Јус-универзумЈус-универзумЈус-универзум (1968), Гледач воГледач воГледач вопепелтапепелтапепелта (1970), Песна за црната женаПесна за црната женаПесна за црната жена (1976), Дрво на ридотДрво на ридотДрво на ридот

(1980).Литературното наследство на Ацо Шопов, делумно или целосно е

(пре)издавано по разни поводи и под различен наслов. Тоа госочинуваат не само посочените збирки, но и многуте преводи ипрепеви на дела од други автори и литератури (Отон Жупанчич,

Иван Крилов - Басни, Пјер Корнеј - Сид, Вилијам Шекспир -

Page 74: makedonski jazik i literatura za IV godina

74

Хамлет, М. Крлежа, Ростан - Сирано де Бержерак, ИзетСарајлиќ...). Не може, а да не се истакне дека тој е преведуван на

многу светски јазици, дека е застапуван речиси во секојаантологија на македонската поезија и во многу избори од

литературите на некогашните југословенски народи, како и воколекцијата на УНЕСКО.

Творечкото созревање на Ацо Шопов според критичарите (ГеоргиСтарделов) минува низ четири развојни фази. Во првата фаза

(која е заокружена со првите четири збирки) Шопов како и многудруги поети е свртен кон Револуцијата и

нејзините придобивки, како и кон обновата и изградбата наТатковината (песните се главно со борбен и родољубив набој).Веќе во втората фаза поезијата на Ацо Шопов добива модерна

експресивност со свртување кон својот интимен свет (прекузбирките Песни за маката и радоста, Слеј се со тишината и

Ветрот носи убаво време). Во тој поглед Ацо Шопов е меѓу првитепоети кои творечката енергија ја ослободија од стегите поезијата

да биде ангажирана и во функција на општеството.Третата фаза се најавува со збирката Небиднина, продолжува со

Раѓање на зборот и завршува со Гледач во пепелта. Вомеѓувреме ја објавува збирката со сатирични стихови Јус-универзум, критички настроена кон одредени општествени

аномалии од тоа време.Четвртата фаза во творештвото на Ацо Шопов ја заокружуваатстихозбирките Песна за црната жена и Дрво на ридот. Во нивдонесува нови т.н. африкански мотиви, во кои симболите се

основно средство со кои поетот оперира, наоѓајќи блиски судбинимеѓу луѓето од татковината и од Африка (Сенегал).

Песната Очи е една од најпопуларните творби на Ацо Шопов иедна од најубавите во нашата литература создадени во виорот навојната. Таа пленува со возвишената трагичност која се откриваво секој стих и станува сѐ поуверлива и потрогателна, а гневот

кон непријателот сѐ посилен и посилен....Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -

в смрзнатата вечер на пролетта рана,кај нашата младост и првата радостја косеше луто куршумната слана,а ти чело збрчка, ко тигрица рипна

Page 75: makedonski jazik i literatura za IV godina

75

и летна во ноќта крвава и црна, -со своите очи што ригаа пламен

ги растопи чашкум челичните зрна...Ацо Шопов за многу кусо време успеа да надмине и сруши некои

поетски навики востановени кај нас и да приграби новипомодерни средства и теми за изразување. Но тоа не одело така

лесно и без последици по авторот.Веќе во збирката Слеј се со тишината го најавува тоа:

Ако носиш нешто неизречено,нешто што те притиска и пече,закопај го во длабока тишина,

тишината сама ќе го рече.Во збирките од подоцнежниот период Ацо Шопов мисловно е

подлабок, со модерен сензибилитет и обид да се дојде до јаткатана зборот (Раѓање на зборот). Во Гледач на пепелта ги

среќаваме и овие стихови:Се искачив на врвот од болот

Човек сум. А што е човек?Пред мене празнина, зад мене празнина.

Празнина што сама се пали.Тоа го потврдува и во циклусот песни Црно сонце, каде што

симболиката е мошне сложена и тешка за одгатнување:Од какво измислено царство, од каква раскошна гробница

навечер што те прибира а наутро што те гони,доаѓаш црно сонце, и црни истураш дождови

како последна закана на светот што му ѕвони.Ацо Шопов не е само поет. Преку овој циклус и многу други песниго откриваме и како мислител, со ненаметлива рефлексивност.Во средиштето на неговите размисли секогаш е откривањето на

вистината за човекот и неговото оттуѓување. На тој начин тојправи обид да го спои лирското со мисловното.

Цитат за овој час: Беа напишани на македонски јазик! Знаеш, јас во тоа времеимав можност да го читам Кочо Рацин и безразлично што во моите тогашнипесни имаше силно влијание штипскиот дијалект, мислам дека песните во

„Анови“, главно, беа напишани на централниот македонски дијалект. Не требанекои посебни анализи, воопшто, да се заклучи дека за јазикот во моите песни одтоа време мои учители беа народната песна и Кочо Рацин. Од разговорот на Ацо

Шопов со Јован Павловски

Page 76: makedonski jazik i literatura za IV godina

76

РАДОВАН ПАВЛОВСКИ (1937)Радован Павловски е едно од најблескавите имиња во

современата македонска литература. На еден или на друг начинприпаѓа и на хрватската и на српска литература. И повеќе од тоа.

Неговото творештво, посебно поетското, се мери со вредносникритериуми еднакви на светските.

Радован Павловски е роден во Ниш, детството го поминува воЖелезна Река, Гостиварско, каде што завршил основно

училиште. Гимназија учел во Гостивар. Студирал право илитература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Подолг период живеел во Хрватска (1961 - 1981) и малку времево Србија (1982 - 1985). Потоа трајно се населува во Скопје. Член

е Друштвото на писателите на Македонија (1961) и написателските асоцијации на Хрватска и Србија; на Македонскиот

ПЕН центар и на Македонската академија на науките иуметностите (2006) . Бил член и на Сојузот на писателите на

некогашна Југославија.Радован Павловски својот поход кон литературните врвовитриумфално го најави со Поетскиот манифест Епското на

гласање (заедно со Богомил Ѓузел, 1960) и со збирката Суша,Суша,Суша,свадба и селидбисвадба и селидбисвадба и селидби (1961). Оттогаш секоја нова негова збирка се

дочекува како мал празник за нашата поезија.Ова се насловите на другите стихозбирки на Радован Пвловски:КорабијаКорабијаКорабија (1964), Високо пладнеВисоко пладнеВисоко пладне (1966), Боемија на ПриродатаБоемија на ПриродатаБоемија на Природата

(1969), Низ проѕирката на мечотНиз проѕирката на мечотНиз проѕирката на мечот (1971), Сонце за кое змијата неСонце за кое змијата неСонце за кое змијата незнаезнаезнае (1972), ПирПирПир (1973), Зрна (1975), МолњиЗрна (1975), МолњиЗрна (1975), Молњи (1978), СтражиСтражиСтражи

(1980), ЧумаЧумаЧума (1984), КлучевиКлучевиКлучеви (1986), МаренаМаренаМарена (1986), Избрани делаво три тома (1986), ТемелникТемелникТемелник (1988), Зрна, Молњи и Клучеви

(трилогија), Вселенски децаВселенски децаВселенски деца (поезија за деца, 1993), Бог на утротоБог на утротоБог на утрото(1991), Јавач на звукотЈавач на звукотЈавач на звукот (1995), Синот на СонцетоСинот на СонцетоСинот на Сонцето (1999), ШтитШтитШтит

(2001), На едно окоНа едно окоНа едно око (2002), Господар на перотоГосподар на перотоГосподар на перото (2006), Свртничарна светлината (избор песни, 2006), Океан во капкаОкеан во капкаОкеан во капка (2008),

ВоспевиВоспевиВоспеви (2009), Воспеви (трилогија од последните збирки, 2010).Покрај поезија Радован Павловски е автор на повеќе книги есеи,

патописи и сл.: Отклучување на патиштата (патопис, 1986),Манифест на Поетската република Железна Река (1990), Штоможе поезијата (есеи, 1993), Демократска џунгла (политички

есеи, 1994), Порака на поетот до сите поети на светот (Струшки

Page 77: makedonski jazik i literatura za IV godina

77

вечери на поезијата, 1995).Неговите песни се преведени на над 50 странски јазици во

одделни книги или како избор во разни антологии намакедонската, југословенската или светската поезија. Тој е

добитник на многу награди и признанија (Браќа Миладиновци, 11Октомври, Кочо Рацин, Повелба на печалбарите, Гоцева

повелба, Ацо Шопов; на странските награди: Младост, Златнаструна, 24. Дисова пролет, Ристо Ратковиќ, стихозбирката Зрна е

прогласена за најдобра книга од Југословенската радиотелевизија (ЈРТ, 1975), ракописот Пир е награден за неговите

високи уметнички вредности (Хрватска, 1972).Кон неговата биографија би го додале и следново:

Американскиот биографски институт го прогласи за Личност нагодината за 1997 година како еминентна личност наведена во

меѓународно и национално признати биографски дела.Радован Павловски е добитник на светското признание за

животно дело за 1998 година (ABI – САД). Во тринаесеттатаедиција – интернационалното издание Кој е кој меѓу

интелектуалците од Интернационалниот биографски центар соседиште во Кембриџ – Англија, во 1999 година е објавена деталнабиографија и библиографија на животниот и творечкиот опус на

Радован Павловски.Тој е добитник и на наградата за врвни достигнувања во 20 век од

Меѓународниот биографски центар од Кембриџ која енеповторлива во наредните стотина години, потоа е застапен во

биографиите на 2.000 исклучителни луѓе на 20 век. Неговататворечка биографија е меѓународно призната и е печатена во 26-

тото издание на Речникот на меѓународни биографии.Веќе со првата своја збирка, Суша, свадба и селидби, Радован

Павловски го разгрна својот раскошен талент, користејќи ја моќтана зборот за да ги искаже своите емотивни доживувања.

Престижната награда Младост (1961) беше потврда дека напошироките југословенски простори се јави автор кој како

волшебник си игра со магијата на метафорите и симболите.Неговата поезија не се прераскажува, дури и кога е епски

разбранета. Таа се чита и доживува:Наведнат до скршнување добитокот

силно рика за секој изгубен рог

Page 78: makedonski jazik i literatura za IV godina

78

Небото не слушаНанижани во круг птиците

имаат тврдо летање во воздухотНие имаме отворени дланки за молитва (Суша)

Во една од неговите песни (Младичот што спие на пладне) севраќа назад во детството, во родниот крај, да ја обнови

сопствената енергија на извориштата на сонот:Разбуди се о младичу

и раскажи ни ги соновитепа на убав коњ ќе одјавиме до Железна Река

да нѐ освежи ветрот од воденицитеМошне блиску до симболите на народниот јазик и неговиот гениј

се песните од збирката Чума.Со столетија те оплакувамеи никако да те исплачеме

Чумо чумосанаНа бубаче крилца си му откинала

На вир вода око заматила...Во неговата поезија во многу песни се опева молњата, како

симбол на светлина, како симбол на вечност. Во Потеклото намолњите ќе каже:

И од земјата и од човекотИ од небото и од птиците

И од ветровите и од животнитеИ од билјето меѓу ветровите

Избиваат молњиИ од камењата

И во смртта и во празницитеИма многу светлина на молњите.

Литературните критичари за него се искажале дека е свртничарна светлината, дека е принц на метафорите. Неговата поезија

постојано се надградува со нови симболи, се проширува со новисфери на човековото сознание, опева митови и митски

провиденија што не се само национални и регионални, но икосмополитски и универзални.

Цитат за овој час: Врз грамотата на македонските поетски текови, стиховите наПавловски ставаат јасен и секогаш препознатлив печат. Тој е поет, широко познат

во нашата јавност по високите дострели во својата поезија, а истовремено етворец кој се потврдил со своите вредности низ светот. Влада Урошевиќ.