multimedia center avizo - company profile

24

Upload: goran-dimitrovski

Post on 14-May-2015

1.076 views

Category:

Business


12 download

DESCRIPTION

Fully focused on clients needs, getting best results and quality in a short-term period. Be a part of our business society.

TRANSCRIPT

Page 1: Multimedia Center Avizo - Company Profile
Page 2: Multimedia Center Avizo - Company Profile
Page 3: Multimedia Center Avizo - Company Profile

„Авизо МЦ“ е мултимедијален центар кој реализира проекти во следните области:

• Продукција (електронска, аудио, мултимедија, видео, е-инженеринг);

• Маркетинг (Маркетинг агенција „Авизо“, Центар за истражување на македонскиот пазар „Веда“)

• Едукација (Центар за едукација „Фонет“)

Овие области се имплементирани во стратешкиот бизнис план на компанијата, креиран врз база на неколку клучни елементи за современ развој на македонскиот бизнис: е-бизнис, интернет, маркетинг, односни со јавноста, новинарство.

„Авизо МЦ“ постои од 1997 година и до денес успешно реализира повеќе проекти од овие области. Деловното работење се темели на проектен менаџмент.

Тимот на „Авизо МЦ“ е тим на професионалци кои имаат големо искуство во работењето со современите мултимедиски и медиумски системи. Современиот начин на деловно работење налага користење на современ начин за презентација, промоција и рекламирање.

„Авизо МЦ“ вложува максимум напор во усовршувањето на пристапот кон своите клиенти. Со помош на интернетот а преку своите производи, се обидува и успева да воспостави квалитетен и пред се професионален начин на информирање и едукација.

Авизо МЦ Визија

Достапна информација за секого, насекаде во светот, во секое време - навреме.

Авизо МЦ Мисија

Со реализација на нашите проекти отвораме нов пристап (медиум) во информирањето за актуелните случувања и придонес кон оформувањето на сопствениот став за она што не опкружува.

Авизо МЦ Целна група

Главната целна група на „Авизо МЦ“ се деловните луѓе во Република Македонија, што вклучува менаџери, млади и стари претприемачи, генерални или извршни директори, оперативни менаџери, но и студенти, луѓе кои почнуваат со свој бизнис, или обични граѓани кои сакаат да бидат редовно информирани за случувањата во Македонија – бизнис, политика, култура, спорт, забава и сл. Се работи за граѓани на возраст од 18 до 65 години.

Ави

зо М

Ц

Page 4: Multimedia Center Avizo - Company Profile

„Авизо МЦ секогаш ќе истражува нови

видови на комуникација и пристап кон своите клиенти.

Во овој миг, најмногу време му посветуваме на електронското издаваштво и како такво се обидуваме да го имплементираме во нашето секојдневје.

Наша цел е она што се нарекува електронска комуникација и информирање да го донесеме во вашето секојдневје и направиме тоа да стане неизоставен дел на вашиот ден.“

Влатко Митов, Проект директор

Тимот на стручни лица кои активно работат на реализација на проектите и производите на мултимедијалниот центар „Авизо МЦ“, активно соработуваа со повеќе реномирани претпријатија и институции од Р. Македонија. Ја истакнуваме соработката со:

- Министерството за животна средина и просторно планирање;

- Канцеларија за заштита на озонската обвивка;

- Министерство за економија на Република Македонија;

- „Handicap International“ - меѓународна хуманитарна организација;

- „Капитал“ - неделен весник;

- „Diaconie“ - меѓународна хуманитарна организација;

- Дирекција за цивилна воздушна пловидба на Република Македонија;

- Македонска банка за поддршка на развојот;

- ЧИК Куманово;

Page 5: Multimedia Center Avizo - Company Profile

- МЗТ Леарница;

- „Sharri.net“, Електронска Мрежа на еколошки НВО-и од Србија и Црна Гора;

- Еколошки Прес Центар – асоцијација на еко-новинари од Р.Македонија;

- Регионалниот Еколошки Прес Центар - меѓународна новинарска асоцијација;

- Биро за заштита на индустриската сопственост - Република Македонија.

- Македонско радио

- Совет за радиодифузија на Република Македонија

- Агенција за информации

- Стопанска комора на Македонија

- Сојуз на стопански комори на Македонија

- R3 infomedia

- Машински факултет Скопје

- Леснина инженеринг

Ави

зо М

Ц

Page 6: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Горан Димитровски, маркетинг менаџер

Горан Димитровски е еден од основачите на Мултимедијалниот Центар Авизо МЦ. Во периодот на постоење на оваа компанија активно учествува во работењето на скопското радио Гром радио, како новинар-презентер, организатор и продуцент. Во периодот 2002-2005 година работи во Леснина инженеринг на повеќе работни места: одговорен за систем за квалитет, проект менаџер за тендери, маркетинг менаџер, персонален асистент на генералниот менаџер, соработник при изработка на физибилити студии за производни капацитети. Под негово менторство – координација – контрола (функција координатор за системот за квалитет – според специјализација „сертифициран интерен аудитор“), во оваа компанија успешно е воведен стандардот за менаџмент со квалитетот ISO 9001:2000. Активно учествува во проектот за воведување на проектно работење во Леснина инженеринг, преку имплементација на софтверскиот пакет Pri-mavera Project Planner 3Е (како администратор и корисник).

Својата наобразба ја дополнува со посета на специјализирани семинари за интерни аудитори за систем за квалитет според ISO 9001:2000 стандардот, практична обука за имплементација, администрација и користење на софтверскиот пакет Prima-vera Project Planner 3E, како и со магистерските студии на Машинскиот факултет со работна тема „Истражување на клучните фактори кои влијаат на ризикот при реализација на проекти“.

Денеска тој е член на издавачките совети на електронските весници Дневен е-Еснаф, Клик и Хрономер, како и на мултимедијалниот CD магазин Еснаф. Работи во Мултимедијалниот центар Авизо МЦ, на позиција маркетинг менаџер.

Page 7: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Влатко Митов, технички менаџер

Влатко е еден од основачите на првата македонска екстранет мрежа - “PlugIn” (1997), член на здружението “Здружение за развој на информатичката култура”, пишува текстови за неколку компјутерски и еколошки списанија, во неделникот “Капитал” излегуваат негови написи на темата “Интернет и како да се заработи на него”, веб мастер е на повеќе веб страници и беше во тимот кој го започна издавањето на компјутерското списание “PlugIn”. Како член на Еколошкиот Прес Центар, асоцијација на еколошки новинари, во изминативе две години работеше на создавање на Регионална новинарска мрежа на Интернет и на повеќе други проекти.

Активно учествува во осмислувањето и реализацијата на идејниот концепт за списанието “An outlook of New Zealand and Australia”, успешно реализира неколку рекламно-продажни стратегии и имплементира повеќе нови маркетиншки техники.

Денес тој работи како компјутерски консултант и проект менаџер во „Авизо МЦ“. Тој е специјалист за Интернет Мрежи, Веб Дизајн, Компјутерски Мрежни Системи и Електронска Трговија (E-Commerce). Покрај ова преку практичната обука за имплементација и користење на софтверскиот пакет Primavera Project Planner 3E, тој е сертифициран за администратор на овој програмски пакет.

Page 8: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Клик радиоo Во подготовка е и нашиот најнов проект „Клик Радио“o Прво и единствено, вистинско Интернет-радио во

Македонија.o Радио што ќе зрачи и ќе се емитува исклучително само

на Интернетo На Клик радио ќе слушнете:

- забава- информација- интерактивна комуникација

Радио ГромПриватна радио - станица со 24-часовна информативно – едукативно - забавна програма реализирана 9 години според нормите и спецификите на реализација на „one man radio” – „еден човек радио”. Програма втемелена на врвно пофесионално повеќедецениско новинарско радио-искуство (врвно водителство и творечко-новинарски ангажман), со секојдневно деноноќно „дежурство” пред микрофон (немерливо и во светски рамки). Практична реализација на стручно познавање на радиото на современата модерност.

Радио ХерцНајкомплетен и најкомплексен програско - уредувачки авторски проект: програмско-уредувачка политика и концепција, програмска шема на 7-дневна 24-часовна програмска шема на Вториот канал на Македонското радио, комплетен радио дизајн и „нестандарден” новоинарски стил. Конкретна програмска потврда на раководната функција Главен и Одговорен уредник на радио канал.

Ради

о

Page 9: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Електронските весници се доставуваат на ваша e-mail адреса, откако ќе извршите пополнување на пријава за добивање на весникот поставена во самиот весник или на www.avizo-mc.com. Добивањето на весникот го откажувате на истиот начин, но со пополнување на образец за одјава.

„Дневен е-Еснаф“ единствен електронски дневен весник во Македонија;

Eлектронски весник кој се дистрибуира преку Интернет. Претставува избор на вести за настани во земјата и странство од областа на бизнисот и културата. Доколку сакате во континуитет и навреме да бидете информирани за сите поважни настани и случувања во земјава и странство во овие области, станете редовен читател на „Дневен е-Еснаф“.

„Клик“ забавен неделен е-магазин;

Забавен е-магазин кој се дистрибуира преку Интернет. „Клик“ им е наменет на сите клик-манијаци.

Каков неделен забавен е-магазин е „Клик?

Одговорот е: секаков! А тоа значи, не “од се по нешто”, туку “од се сешто”. Конкретно: во “Клик” кликаме за се што ќе чуеме и разбереме, дознаеме и научиме, прочитаме и препрочитаме заедно. Се според онаа “ненародната”: “Ние за вас-вие за вас”. Или конкретно: занимливости, од светот на шоу-бизнисот и џет-сетот (македонскиот и светскиот), од естрадата (особено на теми од “страдањето”), се што е трендо(вско), одлево-надесно-преку центарот итн. итн.Од она “вие за вас”: се што треба да имаме и ние чуено и разбрано, дознаено и научено, прочитано и препрочитано; и се што ви паѓа или ќе ви падне на памет, а треба и нам да ни е паднато. Вашиот напор, освен за “читање” и “паѓање”, (ќе) се состои само во следново: да кликнете со вашето глувче (маусче) на нашата е-mail адреса (откако ќе ја “поставите” на компјутерското екранче, да напишете што ќе напишете, да се “приклучите” на Интернет, и да ни го испратите напишаното (со уште едно кликнување). Ќе развиеме и друг вид на контакт-соработка.

„Хрономер“ единствен електронски месечен магазин во Македонија;

Двонеделен електронски весник кој се дистрибуира преку Интернет. Станува збор за избор на вести и информации за настани во Македонија и во светот кои се случиле во текот на изминатиот период но презентирани на поинаков, оригинален начин: со куси коментари, ставови и аргументи кои можеби ќе предизвикаат и ваша реакција, па како еден вид додаток да ги презентираме и нив во следното издание.

Елек

тро

нски

вес

ници

Page 10: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Мултимедијален магазин

Еснаф – мултимедијален магазин за современиот човек

Мултимедијалниот магазин „Еснаф“ се потпира на следните главни области од економската политика и стратегија: современ менаџмент, претприемништво, бизнис амбиент, правна регулатива.

Во моментов овој проект е во пробна фаза. Доколку сте заинтересирани да го добиете промотивниот број, испратете e-mail порака на [email protected].

Мултимедијални CD-a Кога станува збор за мултимедијален дизајн, Авизо МЦ е твој вистинки партнер. Наша специјалност се проектирање и дизајнирање на мултимедијални CD-а и уште многу други сервиси кои се поврзани со целта - промоција и презентација на Вашата фирма пред јавноста и Вашите деловни партнери. Во нашето работење користиме моќна, современа технологија во комбинација со нашата огромна вештина да создаваме најквалитетни мултимедијални CD презентации и мултимедијални проекти.

Во продолжение ви претставуваме мал дел од мултимедијалните проекти изработени од нашиот тим.

Македонска банка за поддршка на развојот

Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје е основана во ноември 1998 година, како банка што треба да даде свој придонес во остварувањето на развојната политика на Република Македонија, преку финансирање на инвестиции во мали и средни претпријатија и поддршка на производството наменето за извоз.Банката работи во согласност со регулативата за банкарско работење, под супервизорски надзор на Народна банка на Република Македонија. За своите обврски банката одговара со сиот свој имот.

Мул

тим

едиј

а

Page 11: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Дирекција за Цивилна воздушна пловидба на Република Македонија

Дирекцијата има задача, пред се, да овозможи безбедно одвивање на воздушната пловидба. Тука спаѓаат контролата на летање, метеоролошкото обезбедување на податоци, испитување на безбедноста на воздухопловите, трагање и спасување, вршење инспекциски надзор, одобрувањето на сите видови летови и прелети преку територијата на нашата држава, кооординација при употребата на водушниот простор, изградба, одржување и регистрација на воздухоплови, аеродроми и леталишта, остварување и унапредување на меѓународната соработка и унапредување, истражување и проектирање во областа на цивилната воздушна пловидба.

Министерство за екологија, Канцерија за озонот

Канцеларијата за заштита на озонската обвивка е формирана на 1 Февруари 1997 година. Таа работи во рамките на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање а е финансирана од страна на Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот Протокол, преку UNIDO, Виена како агенција за имплементација. Активностите на оваа Канцеларија се насочени кон контрола на потрошувачката, увозот и извозот на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.

Слободна економоска зона во Македонија - Бунарџик

Владата на Република Македонија ја изгради првата Слободна Економска Зона во Бунарџик, Скопје. Овој CD ром е изготвен во промотивни цели, за презентација на слободната економска зона пред потенцијалните партнери и клиенти. На него е претставена Слободната Економска Зона - Бунарџик со предностите кои ги пружа како и инфраструктурата со која располага. Во него се користени аудио и видео записи кои се исто така подготвени од наша страна. Нашиот тим на професионалци работеше на комплетната изработка на овој CD-Rom. Наша беше комплетната реализација, како графичкиот дизајн така и програмерскиот.

Page 12: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Ауд

ио к

ниги

„Паноптикум” – аудио енциклопедијаЗошто „жива” аудио енциклопедија:а) „жива” - потврда на сознанието за предноста учењето со

„жив” збор – Viva vox docet;б) „енциклопедија” - основно, суштинско значење, содржина,

функција - општа наобразба, „заокружена“, „прегледна“ едукација;

в) „аудио енциклопедија” - „аудиска” прегледност, заокруженост, општост на знаења за науките и уметноста воопшто; општопотребни и корисни знаења и информации;

г) „паноптикум” - видно, што се однесува на видување: завод во кој се сместени разни уметнички збирки и научни апарати, особено фигури од восок, поради очигледно поучување на посетителите со збор и оглед; паноптичен- кој се гледа, кој секаде гледа; севидност;

Аудио енциклопедија „Паноптикум”Општост на знаења за науките и уметноста воопшто, заокружена, прегледна едукација; со жив збор, кој на непосреден или посреден начин ги „оживува” знаењата и информациите; „жив” – „отворен” збор - ги држи знаењата и информациите „отворени” за нови, за нивно возобновување, богатење, ги одржува; трајност на аудио записот и негова употреба без просторни и временски ограничувања.Забелешка: „Паноптикум” е култна радио емисија која во македонскиот радиодоифузен простор го промовира и афирмира енциклопедискиот принцип на наобразба односно едукација. Заедно со радио - проектот „Радио урнебес”, таа претставува меѓник помеѓу стереотипната радио наобразба и инвентивната, креативната аудио едукација.

Досие Х „Дедо Громче” – хумористично сатиричен дневник;Кој е Дедо Громче? Еден дедо кој не бил, не е и не ќе е никој и ништо, ами секогаш бил, е, и ќе биде ем нешто ем сешто од нас, пред нас и во нас. Еден дедо кој, за разлика од другите дедовци меѓу народецот наш насушен, за разлика од мајмунот кој само што не го направил последниот еволутивен чекор до човек исправен, горд, самостоен и граѓанско - индивидуално самосвесен, се слуша, се гледа, се чита, ама и за се премислува, промислува, домислува.Колку се слуша гласот на Дедо Громче? Според темелни, научно фундирани истражувања на јавното мислење од страна на најпознатите истражувачки агенции, институции и компании во светот, спроведени по нарачка на највисоките општествено - политички, културно - научни, јавни и тајни органи на Република Македонија (со мошне интересна „референца” во поблиското и подалечното минато, со нејасно и непознато потекло и значење - БЈРМ), Дедо Громче се слуша колку што се слуша гласот на народот. А бидејќи тој - гласот на народот во Република Македонија отсекогаш, а особено од периодот на транзицијата и капитализацата па наваму најмногу се слушал, се слуша и нема

Page 13: Multimedia Center Avizo - Company Profile

причина и во иднина да се слуша, тоа ќе рече дека Дедо Громче се слуша најмногу од сите познати и непознати дедовци, а за бабите ич да не правиме муабет.Па сепак, прибидејќи мнозинскиот македонски народ, како граѓанска заедница, и немнозинските немакедонски народи како национално- малцински колективитети, многу повеќе сакаат да читаат (во однос на гледањето поради пречестото паѓање мрак на очи е забележано мижење и замижување пред стварноста, вистината и полувистината), Г-нот Дедо Громче реши она што го кажува, но и она што го замолчува или премолчува, да го пише за пишано да му остане: секој ден да не остане кусур- без некое ретче, да си пишува ХРОНИЧЕН ДНЕВНИК, и тоа во теетратки со тесни и широки линии и со плајваз што го сочувал од детските ученички, средношколски и студентски денови.ХРОНИЧНИОВ ДНЕВНИК НА ДЕДО ГРОМЧЕ, што и се нуди на јавноста во тонска верзија, е резултат на технолошкиот развој на современата цивилизација и на граѓанското општество во Македонија: хроничен (не хронолошки), позиционерско- опозиционерски, што ќе рече ни по баби, ни по стриковци, ни по горни ни по долни, ни по други блиски и далечни роднини и нероднини, слободарско- самоцензурирачки дневник со трајни, безвремени и безгранични вредности.ХРОНИЧНИОВ ДНЕВНИК НА ДЕДО ГРОМЧЕ се слуша со и без концентрација, од имајкаде до немајкаде, ангажирано- активно и рамнодушно- пасивно, контекстуално и конотативно, во редови, меѓу редови и без редови. За она што е речено Дедо Громче инсистира дека не сноси никаква одговорност, особено ако спомне некого од познатите и заборавените случајно или намерно. Инсистира по никоја цена на неговото:’Јас што ќе речам, речено е’.Слушајте го за да не се најде некој да ве преслуша!

„1001 приказна – Езоповите басни” – басни за деца, големи и мали;Басна - Усмена или писмена творба, со анимистички или анималистички поглед на светот во неа, со интересирање за персонифицирање на појавите во живата и неживата природа, поистоветување на човекот со животно. Таа е блиска на

Page 14: Multimedia Center Avizo - Company Profile

пословицата според исходот - соопштението кое доаѓа како резултат на конкретно изнесени ситуации во текстот. Таа обично е едноепизодна приказна, и се занова на една идеја.Езоповите басни - просто и наивно раскажување на ситуации од животинскиот свет, притоа имајќи ги на ум човечки состојби. Животните во нивм се претставници на различни категории и типови на човечкото општество: штркот ги претставува побожните луѓе, гарванот безбожниците, лисицата итрите, волкот неверниците, лавот тираните итн. Езоповата басна е ‘флилозофија во примери’.Басни во првото издание на „1001 приказна – Езоповите басни”: ‘Орелот и лисицата’, ‘Орелот, чавката и пастирот’, ‘Орелот и човекот’, ‘Славејот и јастребот’, ‘Мачорот и глувците’, ‘Козарот и козите’, Козата и магарето’, ‘Козата и пастирот’, Петлите’, ‘Рибарот- свирач на шупелка’, ‘Рибарот и рипчето’, ‘Лисицата што се прејала’ ,Лисицата и жераот’, ‘Лисицата и дрвосечачот’, ‘Лисицата и лавот’, ‘Лисицата и лавот’, ‘Лисицата и мајмунот’, ‘Лисицата и јарецот’, Јагленарот и сукнарот’, ‘Човекот што брои бранови’.

„Vox populi” – народно творештво, етнофилија;„Vox populi, vox Dei”Силата, моќта на гласот на народот. Говорот на мудроста и искуството, низ векови, време и невреме; низ зраци и самраци, низ светлина и темнина.Творечката моќ на народот, неговата креативност. Корен, традиција, идентитет. Минатото кон иднината сосе сегашнината.Пословици – поговорки - бисери на мудроста.Пословиците – „плодови на вековното народно искуство за одделни животни проблеми, појави и случки”. Според вредноста, занчењето и широката употреба, најкорисни, најдлабоки, најизворни.Поговорките - разликата од пословиците е повеќе формална- тие се пократки, како кратка изрека или израз.Другите индивидуални умотворби: клетви и благослови, гатанки, прашанки и брзопоговорки. Како народна мудрост, народна филозофија.Извор песна живородна - македонска народна лирика: имагинативна преобразба на реалноста, врвен резултат на народниот гениј. Пеењето како живот, како сушност на постоењето, единствен, најпрепознатлив облик на слободното постоење. Ука и поука - од народните приказни. Народните приказни за слушање во часови - мигови на спокојство и немир, на мака и надеж, на умора и сомнеж. Преданија и легенди - три битни елементи: мит, предание и легенда; митот во космогониски, во етиолошки, културно - историски, херојски преданија; легенди - хагиографски и херојски.Етнограф - етнографски материјали: записи и описи на појави, обичаи, соништа, верувања, баења, кобења, игри и др., етнографско - историски и филолошки материјали.Vox populi - гласот на народот. Да се слуша во сите и за сите времиња.

Page 15: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Радио урнебесСаботна 8 - часовна емисија - проект реализиран на Вториот канал на Македонското радио кој направи вистинска револуција во македонскиот радиодифузен простор во три пресвртни процеси: контактно-забавни програми, со посебен акцент на водителството, програмско дизајнирање - динамичен дизајн, и радио хуморот и сатирата. Проектот ја доби новинарската награда ,Крсте Мисирков, за радио програма на годината („Марсовец во Скопје”).

ПаноптикумЛегендарна комплетно авторска едукативно – забавно - контактна емисија, единствена во македонскиот радиодифузен простор, ненадмината до ден-денес. Во неа до полн израз дојде врвното радио - водителство и творечкото радио - новинарство. Авторот за „Паноптикум” ја доби наградата за најдобра радио емисија на годината, а за неа е врзан и еден се уште ненадминат рекорд: јубилејната 200-та емисија беше реализирана како радио - маратон во непрекинато траење од 25 часа (20.-21.04.1993).

МедијаторКултурно-забавно - рекреативна контактна авторска програма забележана како извонредно остварување, особено на планот на водителството и непосредниот контакт со слушателскиот аудиториум.

Спокоен чекор Неделна ноќна културно-забавна програма која со творечки авторски прилози која ги „мобилизираше” ноќните часови на слушателот. Спецификата на оваа програма е што му се

Ради

о ем

исии

Page 16: Multimedia Center Avizo - Company Profile

обраќаше на слушателот како единка („ти”), афирмирајќи го ставот од теоријата на модерното радио дека активистичкото слушање е всушност индивудално а не колективно односно масовно (,слушателска публика,).

Радио Га-ГаКонтактно-забавна емисија која се емитуваше на Втората програма на Македонското радио. Една од најслушаните во викенд програмските шеми на ова радио.

Уметноста на зборотАвторска емисија која својот вонсериски квалитет го потврди и со добиената награда за радио емисија на годината „Крсте Мисирков”. Станува збор за специфична мисија која културните настани и македонското творештво ги презентираше и афирмираше со користење на „посредниот диојалог” помеѓу авторот - водителот и слушателот. Оваа емисија продолжи со „потесна содржина” - презентација на поезија на специфичен начин - дијалог со поезијата. Признанието уследи неколку години потоа, со реализација на два радио серијала како проекти од јавен интерес, под наслов „Лирско ехо” посветени на македонската и светската поезија.

БиблиофилијаМозаична емисија - своевиден радио- регистратор на книжевните текови во Република Македонија (литература и манифестации на македонски и на јазиците на националностите). Едновремено, за радио- слушателот е и поттикнувач и насочувач, и твореки афирматор и селектор на литературата што се создава кај нас или се приопштува од други јазици (преведувачката дејност). Во рамките на емисијата се реализираат две стожерни, носечки, постојани рубрики: “Книжевна радио- витрина” и “Акценти, поенти, сегменти”. Првата донесува вести, информации, прикази, критички фрагменти на новоизлезени дела, но и на дела објавени во претходен период (претходни години), кои не го губат својот актуалиет или се преиздаваат (на пример, капитални- класижни дела од светската литертура), а втората одделни извадоци од критичко- есеистички дела од најразлични области, стихови- песни од стихозбирки, фрагменти од раскази, романи и сл.

Други изработени радио емисии:- Биомедика- Духовен идентитет- Јазикот е мојата татковина- Лирско ехо- Авантура на опстојот - Музички експеримент- Отворени страници- Родопис – родослов- Техносвет е-систем- Професија менаџер- Ова не е топ листа

Page 17: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Единствен начин за да бидете постојано присутни и Вашите партнери и клиенти да можат во било кое време да Ве пронајдат, е сопствената Веб Страница. Без разлика дали сте тука или на другиот крај од светот, таа ќе работи за Вас.Вашите идеи и успешни бизнис приказни, вашите производи и продавници, ќе ги пренесеме до вистинските луѓе – брзо и ефтино – преку Интернет. Бидете со вашите клиенти и бизнис партнери 24 часа секој ден во годината.Веб страница - брза, информативна, лесна за користење ... - е клуч за успешен Интернет маркетинг. Имаме знаење и искуство за да изработиме ваква веб страница и за Вас. Таа ќе биде уникатна и ефектна. Ќе Ве одделува Вас од Вашите конкуренти. Ќе Ви донесе нови клиенти. А тие ќе уживаат во дизајнот и содржината – во Вашиот бизнис!.

www.dimitrovski.netГосподинот Љупчо Димитровски, професионален новинар, одлучи да креира свој сајт. Го одржува самостојно, со свои написи и други содржини. Сите корисници – посетители имаат можност да ги коментирате содржините, при што стануваат дел од интерактивното пријателство со Љупчо. Љупчо Димитровски е единствениот професионален новинар кој поседува ваков тип на сајт.

www.avizo-mc.comКорпоративен сајт на мултимедијалниот центар Авизо МЦ. Претставени се производите на оваа компанија и начините за нивно користење, како и новитетите од тековните проекти.

www.ippo.gov.mk Биро за заштита на индустриска сопственост Бирото за заштита на индустриска сопственост на Република Македонија е формирано на 1 Декември 1993 година како законски ентитет во тогашното Министерството за развој. Со Законот за организација и работа на органите на државната управа донесен на 21 јули 2000 год. Бирото за заштита на индустриска сопственост е определено како орган во состав на Министерството за економија со својство на правно лице.

www.repc.net Регионален Еколошки Прес Центар Регионалниот Еколошки Прес Центар е мрежа на новинарски канцеларии од регионот на Југоисточна Европа чија цел е унапредување на новинарското известување од областа на екологијата. Регионалниот Еколошки Прес Центар има за задача да им помага на новинарите од регионот во нивното поквалитетни известување. Прес центарот е финансиран од страна на Владата на Холандија. Проектот го раководат Регионалниот Еколошки Центар од Унгарија и Еколошкиот Прес Центар од Македонија.

Веб

прод

укци

ја

Page 18: Multimedia Center Avizo - Company Profile

www.ozoneunit.gov.mk Министерство за екологија – Канцелрија за ОзонотКанцеларијата за заштита на озонската обвивка е формирана на 1 Февруари 1997 година. Таа работи во рамките на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање а е финансирана од страна на Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот Протокол, преку УНИДО, Виена како агенција за имплементација. Активностите на оваа Канцеларија се насочени кон контрола на потрошувачката, увозот и извозот на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.

www.cik.com.mk ЧИК Куманово, фабрика за чевли Чик Куманово е водечка чевларска фабрика во Македонија во која се применува искуството и се чува традицијата. Од фабрика која беше на згаснување во периодот на распаѓањето на поранешна Југославија и во периодот на менување на економскиот систем, ЧИК сега вработува околу илјада работници, односно, со рестартирањето, фабриката ангажира голем дел од отпуштената работна рака и со тоа го заживеа градот.

www.esnaf.bizПроизводен сајт наменет за Дневниот електронски весник „Дневен е-Еснаф” и Мултимедијалниот магазин „Еснаф”. Место за запознавање со содржините на весникот / магазинот, но и можност за форумски дискусии на различни актуелни теми од секојдневниот живот.

www.gragjanskapartija.orgМакедонска партија во формирање. Ентузијастите од оваа група милуваат да кажат: За нас времето минато е во времето идно сосе времето сегашно.

www.gromradio.comОфицијален сајт на скопското радио Гром радио. Сајтот изобилува со разновни содржини емитувани на програмата, форумски дискусии, галерии. Ова е првиот сајт од мноштвото креирани за радиостаници кој нуди интерактивната комуникација со своите слушатели за различни радио емисии.

Во подготовка се и:

www.magmasistemi.comwww.baltok.comwww.mitov.bizwww.ecopresscenter.orgwww.sharri.net

Page 19: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Една од стожерните дејности на нашата компанија – мултимедијален центар Авизо МЦ – е маркетингот, почитувајќи ги основните принципи на маркетинг миксот (4П принциот - производ, промоција, цена, дистрибуција).

Агенцијата за маркетинг „Авизо” ги покрива сите активности поврзани со производите на нашиот мултимедијален центар, како ексклузивен застапник за пазарот во Република Македонија. За потенцијалните клиенти, агенцијата за маркетинг „Авизо” нуди:

• Media buying – ексклузивнен застапаник за следните производи:o Дневен електронски весник Дневен е-Еснафo Неделен електронски весник Кликo Двонеденелен електронски весник Хрономерo Месечен електронски едукатор е-Едукаторo Аудио книга 1001 приказна (Езопови басни – басни за деца,

големи и мали) – библиотека Синергијаo Аудио книга Паноптикум (аудио енциклопедија) – библиотека

Синергијаo Аудио книга Vox populi – Гласот на народот (народно

творештво, етнофилија) – библиотека Синергијаo Аудио книга Досие Х – Дедо Громче (хумористично сатиричен

дневник) – библиотека Синергија

• Истражувачки активности – Центар за истражување на пазарот „Веда”o Истражување на пазар за конрекетен производ / услугаo Истражување на јавно мислење – сондажа на јавноста по

различни прашања поврзани од различен интерес

• PR активностиo подготовка и реализација на прес конференции за своите

членовиo подготовка на PR информации и нивно публикување во

јавноста

• Промоција и пропаганда за производ и/или услугаo дневни и периодичниo можност за застапеност во сите видови на медиуми во

Република Македонија- интернет сајтови- електронски весници- радија- телевизии- печатени весници (дневни и периодични)- билборди и сити лајтови

• Изработка на каталошки материјал (печатен и електронски)o флаериo визит карти (печатена и електронска)o каталозиo мултимедијални компакт дискови

Мар

кет

инг

Page 20: Multimedia Center Avizo - Company Profile

• Изработка на веб сајтo Корпоративенo Производен

Во секојдневната практика втемелен е селективниот маркетинг.

Што е тоа селетивен мултимедијален маркетинг?

Станува збор за маркетинг кој во современиот медиумски свет е мошне развиен, а „Авизо МЦ” е првата компанија во Македонија која го воведува и во континуитет ќе го практикува. Примената на таквиот маркетинг се темели на врвниот професионализам, потврдениот авторитет, големото влијание врз јавното мислење, обемот и квалитетот на формите и содржините-електронските (е-весници и е-списанија) и аудио изданијата (аудио издавачка дејност) што ги реализираме.

Што содржи селективниот мултимедијален маркетинг?

Селективниот мултимедијален маркетинг содржи четири одделни видови или типови на рекламирање кои можат да се користат поединечно (по избор) и во избран период (дневно, неделно, месечно, повеќемесечно, годишно), како и во рамките на годишното деловно - маркетиншко партнерство. Се нудат и во пакет, со соодветна застапеност и интерес на деловниот партнер: тековен, информативен, информативно-забавен и едукативен маркетинг.

Селективниот мултимедијален маркетинг ги содржи следните елементи:

• економско-пропагандни-пораки (банери, лого, текст и сл.) - тековен маркетинг;

• односи со јавноста (ПР активности) - информативен маркетинг;• економско – пропагандни прилози и рубрики - информативно -

забавен маркетинг; и• промотивни содржини (промотивни активности) - едукативен

маркетинг.

Page 21: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Рекламните простори на производите на Авизо МЦ живеат и ќе живеат заедно со производите и успесите на нашите клиенти. Во Авизо рекламата станува „жива”, „интерактивна” и „заразна”. Рекламата на клиентите на Авизо е „врата” кон клиентот, производот на клиентот, фирмата на клиентот. Таа е многу повеќе од убава слика или само текст.

Зошто да го искористите просторот за реклама кој ви го нуди Авизо МЦ?

1. Користите директен маркетинг кој е еден од најпосакуваните начини на пласирање на пораката до своите клиенти.

2. Поседувате динамичен простор кој ви дава можност за секојдневно менување на вашата порака до клиентите; единствен лимит е моментот на испраќање на весникот до читателот.

3. Тимот на агенцијата за маркетинг „Авизо” секогаш ќе биде подготвен да одговори на вашите барања во согласност со договорениот аранжман.

4. Ќе избегнете огромни трошоци за реклама потребни за електронските и печатените медиуми (за споредба просечна цена за емитување на 1 секунда спот на телевизија е во просек 20 €, за радио спот во просек 0,5 €, додека, пак, просечна реклама за 1⁄4 во дневен весник е во просек 250 €).

5. Ќе добиете статистички показател за атрактивноста на вашата реклама – колку од читателите кликнале на вашата реклама, колку го прочитале вашиот ПР текст. Сето ова ви озможува динамично корегирање - менување на содржината на кампањата во текот на нејзината реализација.

6. Конкретно за електронски весници : на македонската бизнис генерација (граѓани од 25-55 години) ќе им бидете секогаш познати - ќе знаат за вас и вашата компанија, ќе слушнат за вашите производи и услуги, редовно ќе бидат информирани за вашите тековни акции и сл.

Page 22: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Центар за истражување на пазарот „Веда”

Истражувачкиот процес е еден од најважните сегменти на бизнисот. Нашиот Центар за истражување на пазарот – Веда ви нуди:

o истражување на пазар за конрекетен производ / услуга на вашата компанија

o истражување на јавно мислење – сондажа на јавноста по различни прашања поврзани од различен интерес

Во досегашното делување на оваа проектна целина, ги реализиравме следните производи:

1. Спроведено истражување за потребите на клиентот: Гром радио- тема: Анализа на брендот Гром радио и слушаноста на

радио емисиите

2. Спроведено истражување за потребите на клиентот: МИА- тема: Македонскиот медиумски пазар за електронски

весници и потребата од дневен е-весник

Центар за едукација „Фонет”

Центарот за едукација „Фонет” се занимава со:

- со примена на научни методи и користење на светските искуства за електронските медиуми (формирање на вокални радио - личности: радио водители, репортери, talk-showmen, остручување за медиумски маркетинг-аудио маркетери и слично).

- Практична школа за новинарство низ конкретна реализација на новинарски жанри и проекти.

Ави

зо М

Ц ц

ент

ри

Page 23: Multimedia Center Avizo - Company Profile

Мултимедијалниот центар Авизо МЦ формира ПР клуб. Авизо МЦ ПР клуб-от почна со работа од 19.09.2005.

Авизо МЦ PR клуб постои заради:

- соработка меѓу фирмите во Република Македонија- средби со корисниците на производите и услугите на Авизо МЦ- јавно информирање за производите и услугите на своите

членки- претставување на своите членки до крајните потрошувачи

за начинот на работење, тековните достигнувања, организациската култура, односот кон животната средина

- организација на манифестации за збогатување културниот - социјалниот живот на граѓаните во Република Македонија

Авизо МЦ PR клуб нема да:

-се занимава со политика- поттикнува нелојална конкуренција- дозволи манипулација со потрошувачите- сугерира квалитет на производи и услуги- доделува награди и признанија за „нај” производ или услуга

Авизо МЦ PR клуб ќе организира:

- периодични средби со своите членови и пријатели- настани од јавен интерес- прес конференции за одредени теми кои директно влијаат врз

бизнисот на членовите и пријателите- посети на саемски манифестации и други слични настани

Доминантни активности на Авизо МЦ PR клуб се:

- подготовка на PR информации за своите членови- подготовка и реализација на прес конференции за своите

членови- публикување на текстуални (обични) реклами, банери (слики)

и PR информации во електронските весници:• Дневен е-Еснаф• Клик• Хрономер

Ави

зо М

Ц P

R к

луб

Page 24: Multimedia Center Avizo - Company Profile

avizomc2005