obligaciono pravo

15
Универзитет ,,Св. Климент Охридски” Битола Правен факултет Кичево – дисперзирани студии Битола Ментор: Изработил: Доц. Др. Ристо Речковски Никола Љ. Илиевски Битола, 2010 Семинарска работа по предметот облигационо право на тема: Поим и извори на облигационото право

Upload: amel90

Post on 25-Oct-2015

139 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Obligaciono Pravo

TRANSCRIPT

Page 1: Obligaciono Pravo

Универзитет ,,Св. Климент Охридски” Битола Правен факултет Кичево – дисперзирани студии Битола

Ментор: Изработил: Доц. Др. Ристо Речковски Никола Љ. Илиевски

Битола, 2010

Поим и извори на облигационото право

Page 2: Obligaciono Pravo

Содржина

ВОВЕД

ПОИМ И ИЗВОРИ НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО

◦ Поим на облигационото право

Поим и значење на терминот облигационо право

Предмет и метод на облигационото право

Местото на облигационото право во правниот систем

◦ Извори на облигационото право

Устав

Закон

Настанок и развиток на Законот за облигационите односи

Карактер на нормите на Законот за облигационите односи

Карактеристики на Законот за облигационите односи

Начелата на Законот за облигационите односи

Правни стандарди

Општи услови

Обичај

Морал

Меѓународни извори

ЗАКЛУЧОК

2

Page 3: Obligaciono Pravo

1.Вовед

Облигационото право представува гранка во општиот систем на позитивното право, и е составено од голем број на правни норми, со кои се регулираат облигацио-ните односи. Тоа представува еден дел од граѓанското право кој е посветен на правното регулирање на прометот со вредности, за разлика од други делови од граѓанското право, кои се занимаваат со правно регулирање на стекнатите вредности. Најголемиот дел норми од облигационото право се посветени на регулирањето на еквиваленти размени, но тие регулираат и пренесување на вредносати без никаква надокнада (подарок и сл.).

Облигационото право од стварното право се разликува по голема низа на правни карактеристики:-по субјектите, кои секогаш се одредени лица-по својот релативен карактер-по својот предмет (кај стварното право предметот е ствар, а кај облигационото – давање, чинење, трпење)

Облигационото право од наследното право (исто така е дел од граѓанското право) се разликува по тоа што наследното право правно ги регулира имотно-оравните односи во случај на смрт на едно лице (mortis causa), додека облигационото право регулира односи помеѓу живи лица (inter vivos).

Oблигационото право со својата карактеристика да го регулира прометот на предмети и услуги не се раздвојува од трговското право. Но поради специфичностите на работите кои воглавно произлегуваат од посебниот статус на нивните субјекти, постои низа правила кои важат само за трговското право, а не и за облигационото право. Таа разлика не влијае на потполно радвојување на материјата во смисла на посебни законици, и покрај тоа што во некои правни системи и тоа е случај.

3

Page 4: Obligaciono Pravo

2.Поим на облигационото право

Дефинирањата на поимот зависат од значењата: Облигационо право како објективно право Облигационо право како субјективно право Облигационо право како наука

Објективно облигационо право е збир на правни норми, кои со примена на методот на координација, ги регулираат облигационите односи (односи кои настануваат во врска со промет на стоки и услуги, причинување штета, работводство без налог, стекнување без основ, јавно ветување награда).

Карактеристики на методот на координација Еднаквост и рамноправност на страните Автономија на волјите Прометливост на правата Имотна санкција

Субјективното право претставува она право што за страните произлегува од определен облигационен однос.

Облигационото право како наука претставува наука која ги проучува нормите со кои се уредуваат облигационите односи, облигационите односи и облигационото право како практика.

Изразот облигационен однос или облигација потекнува од латинискиот израз obligare што значи врзува, заврзува.

Облгационото право претставува: Дел од приватното право Дел од граѓанското право

◦ Општ дел на граѓанско право ◦ Стварно право ◦ Наследно право ◦ Право на интелектулана сопствеснот ◦ Граѓанско процесно право

3.Извори на облигационото право

4

Page 5: Obligaciono Pravo

Постојат два вида извори на облигационото право: материјални извори формални извори

3.1.Материјални извори на облигационото право се општествено – економските односи, односно стоковно – паричните односи израснати во рамките на стоковно – паричното стопаство и тоа оној дел од овие односи кој појавува како промет на стоки и стоковни услуги

3.2.Формалните извори се нормите и правилата со кои се регулираат облигационите односи. Нив ги сочинуваат повеќе видови домашни правни акти, донесени од надлежни државни органи или од други домашни правни субјекти, одредени видови правила од неорганизирани или од организирани помали или поголеми општествени заедници, до ниво на целото општеството како посебна заедница, стандардите како посебен вид на правила на општествената заедница како држава, како и одредени акти од меѓународен карактер.

Видови формални извори: Пишани извори

o Акти на домашните надлежни државни органи

Устав Закони Подзаконски акти

o Стандарди како бланкетни правни норми

o Општи услови како автономни правила на поведение

Непишани извори o Обичај

o Морал

Уставот како извор на облигационото право на начелно ниво уредува одредени прашања кои директно или индиректно се однесуваат и на облигационото право, членот 8 - темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, членовите 30 до 54 - што се однесуваат на економските, социјалните и културните права на човекот и граѓанинот, членовите 55 - 59, со кои се уредени основите на економските односи.

Законите како извор на облигационото право: Законот за облигационите односи од 2001 година Други закони:

◦ Закон за сопствеснот и други стварни права ◦ Закон за градежно земјиште ◦ Закон за земјоделско земјиште ◦ Закон за домување◦ Закон за индустриска сопствеснот ◦ Закон за авторско право и сродни права ◦ Закон за трговски друштва

5

Page 6: Obligaciono Pravo

◦ Закон за банките ◦ Закон за концесии ◦ ......

Белези на законот за облигациони односи-Тој претставува основен или системски закон (член 16, ЗОО „ Врз

облигационите односи што се уредуваат со други закони се применуваат одредбите од овој закон во прашањата што не се уредени со тие закони“).

-Овој закон се карактеризира со единство во уредувањето на сите видови прометни односи (член 17, ст.1 , ЗОО „.... што се однесуваат на договорите се применуваат врз сите видови договори, освен ако за трговските договори не е изречно определено поинаку “).

-Одредбите на ЗОО имаат диспозитивен карактер. Тие стануваат извор, само ако страните не предвиделе ништо друго (Член 14, ЗОО: „Учесниците можат својот облигационен однос да го уредат поинаку отколку што е определено со овој закон, ако од одделна одредба на овој закон или друг закон или од нејзината смисла не произлегува нешто друго“).

-Нормите креирани од учесниците, во однос на дополнителните правни норми предвидени во Законот за облигационите односи се појавуваат како прави gиспозитивни норми.

-Диспозитивноста е „ограничена“ со императивните норми: (Член 3, ЗОО („Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Устваот, законите и добрите обичаи“). Член 354, ЗОО („ (1) Со правна работа не може да се определи подолго или пократко време на застареноста од она време што е определено со закон. (2) Со правна работа не може да се определи дека застареноста нема да тече некое време“ )).

Содржина на законот за облигациони односиЗаконот за облигациони односи претставува најобемен закон во РМ со 1141 член.

Тој е поделен во три дела:-ЗОО, Дел 1. Основи на облигационите односи (општ дел)

Глава I. Основни одредби - се уредени основните начела на Законот. Глава II. Настанување на обврските - се однесува на изворите на облигациите или поинаку речено на облигационо – правните факти кои доведуваат до настанување, промена или престанок на облигационите односи. Глава III. Дејства на обврските - е посветена на доверителовите права и должниковите обврски и на доверителовите права во некои посебни случаи. Глава IV. Прсетанување на обврските - ги уредува одделните начини на престанок на обврските и тоа: исполувањето, пребивањето, отпуштањето на долгот новацијата, невозможноста за исполнување на обврските, истекот на време и отказот, смрта и застареностаГлава V. Разни видови на овврски - во себе ги вклучува: паричните обврски, обврските со повеќе предмети и обврските со повеќе должници или доверители.

6

Page 7: Obligaciono Pravo

Глава VI. Промена на доверителот или должникот - уредени се промените во страната на облигационите односи и тоа: цесијата, преземањето на долгот, пристапувањето кон туѓ долг и преземањето на исполнување на туѓ долг, земени заедно или одделно како промени во страните на облигационите односи.

-ЗОО, Дел 2. Договори◦ Договорот за продажба, ◦ Договорот за размена, ◦ Договорот за заем, ◦ Договорот за дар, ◦ Договорот за закуп, ◦ Договрот за послуга, ◦ Договорот за дело, ◦ Договорот за градење,◦ Договорот за ортаклак (договор за зедница), ◦ Договор за превоз, ◦ Договорот за лиценца, ◦ Договорот за депозит, ◦ Договорот за складирање, ◦ Договорот за налог, ◦ Договорот за комисион, ◦ Договорот за трговско застапување, ◦ Договорот за посредување, ◦ Договорот за експедирање ( шпедција), ◦ Договорот за контрола на стоќи услуги, ◦ Договорот за организирање на патување, ◦ Посреднички договор за патување, ◦ Договор за ангажирање на уостителски капацитети (Договор за алотман), ◦ Договор за осигорување, ◦ Договор за отстапување на имотот за време на жиотот, ◦ Договор за доживотна издршка, ◦ Договор за гаранција, ◦ Упатување ( Асигнација), Банкарски парични депозити,

◦ Депонирање харии од вредност, ◦ Банкарска тековна сметка, ◦ Договор за сеф, ◦ Договор за кредит, ◦ Договор за кредит врз основа на залог на хартии од вредост, ◦ Акридитиви, ◦ Банкарска гаранција, ◦ Примена на одредбите за банкарското работење и ◦ Порамнувањето

-ЗОО, Дел 3. Преодни и завршни одредбиОвој дел ги уредува следниве прашања:

7

Page 8: Obligaciono Pravo

на кои облигациони односи ќе се применуваат одредбите од овој Закон во кои случаи и под кои услови, при уредувањето на облигационите

односи, ќе се применуваат општите и посебните узанси, како и другите трговски и деловни обичаи,

кои прописи престануват да важат со денот на неговото влегување во сила

од кој ден по објавувањето во Службен весник на Република Македонија влегува во сила овој Закон.

Историски развој на ЗООДо 1966, под раководство на проф. д-р Михајло Константиновиќ, изработени се

три поврзани текста: ◦ Преднацрт на Законот за облигации◦ Образложение на преднацртот на Законот за облигации ◦ Содржина на посебниот дел на Законот за облигации

До 1969 се диференцираат два текста: o Преднацрт на Законот за облигациите и договорите – книга прва,

Облигацииo Преднацрт на Законот за облигациите – книга втора, Договори

Облигации и договори (Скица за Законот за облигациите и договорите)“; проф. М. Константиновиќ, издание на Правниот факулет во Белград

Зошто е значајна „Скицата“ ? o Во неа е вградена потврдената и прифатената во реалниот живот судска

практика, o Ги одразува современите правни теории од облигационото право, како и

правните решенија од најзначајните современи граѓански кодификации на одделни земји и посебно од познатите две Хашки конвенции: Конвенцијата за еднообразниот закон за склучување на договорот за продажба на подвижни телесни ствари и Конвенцијата за еднообразниот закон за продажба на подвижни ствари, двете од јуни 1964 година

o Послужила како основа за понатамошна работа врз текстот на Законот за

облигационитеРаботата врз ЗОО, понатаму, се одвивала во повеќе работни тела на Сојузното

собрание и тоа: o До 1971 год. во Комисијата за цивилен кодекс на Сојузното собрание

o Од 1971 год. во Заедничката комисија за здружен труд, сопственичките и

облигационите односи. Притоа, во рамките на двете комисии работела посебна Подкомисија за законот за облигациите и договорите. Последнава во текот на својата работа подготвила два нацрти на Законот:

работен материјал, кој бил ставен на јавна стручна дискусија (1974),

службен материјал (1976)

8

Page 9: Obligaciono Pravo

Во 1977, врз основа на службената верзија на Нацртот, Поткомисијата подготвила предлог на Законот, кој со неколку амандмани од помало значење, конечно, бил усвоен од Сојузното собрание март, 1978 година.

Врз тексот на Законот работеле скоро сите познати и признати цивилисти од сите поранешни југословенски републики, меѓу кои се и д-р Димитар Поп Георгиев и д-р Асен Групче од Правниот факулет во Скопје.

Работата на македонскиот ЗОО1996 година во Министерство за правда се формира посебна Комисија Во рамки на УСАИД – Проект за трговско право се анализира законот Во 1998 година се поднесува извештај за потребите за изменување и

дополновување, односно донесување „нов“ македонски Закон Во 1999, по низа јавни расправи, Комисјата изготвува предлог измените и

дополнувањата да се инкорпорираат во постојниот ЗОО и да се донесе нов ЗаконВо 2000 год. Комисијата го финализра тектот и Министерство за правда го

предлага до Владата, односно до Собранието На 20 февруари 2001 година, по експозе на Министерот, и без расправа Законот е

усвоен

Други закони што се извор на облигационото право:-Законот за сопственост и други стварни права

стекнување на правото на сопственост врз основа на правно дело, Законското право на првенствено купување договорот за управување со сосопственчките односно заедничките

делови од станбената зграда, деловите и случаиите кои се однесуваат на причинување на штета и

одговорноста односно надоместувањето на штетата, каков што е случајот со имисиите на штетните материи и сл.);

-Законот за домување-Законот за земјоделско земјиште и Законот за градежно земјиште

закупните односи;-Законот за концесија и сите други посебни закони, кои го уредуваат

прашањето на концесијата договорниот дел на концесијата

-Законот за индустриска сопственост и Законот за авторско право и сродни права

договорната лиценца односно авторските договори-Законот за заштита на потрошувачите, во најголмиот негов дел; -Законот за задолжително осигурување во сообраќајот

различните видови договорно осигурување; -Законите од доменот на друмскиот, водениот и воздушниот сообраќај

Делови кои се однесуваат на договорните односи-Законите за договорен залог, во најголем дел од нивните одредби; -Законот за работните односи,

9

Page 10: Obligaciono Pravo

одговорноста за причинета штета од правното лице на работникот и обратно од работникот на правното лице;

-Законот за трговските друштва, застапувањето на трговските дрштва и одговорноста за причинета штета;

-Законот за заштита на конкуренција и и Законот против нелојалната конкуренција,

во повеќе нивни делови кои се однесуваат на монополското работење и нелојалната конкуренција;

-Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и Законот за јавните претпријатија,

во деловите кои се однесуваат на продажбата на претпријатијата или нвни делови и сл.

-Законот за девизно работење, -Законот за банките; -Законот за хартии од вредност; -Закон за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите, -Законот за надворешно трговско работење; -Законот за извршување; -Законот за нотаријатот

Подзаконски акти што се извори на облигационото право-Уредби-Правилници -Упатства

4.ЗаклучокОблигационото право спаѓа во редот на најстарите правни дисциплини. Низ

превземените принципи од римското право се создава широка основа на која во почетокот на 19 век и покасно ќе бидат поставени темелите на тн. модерна

10

Page 11: Obligaciono Pravo

кодификација на граѓанското право. Ова право со своите институти и правила истовремено е стабилно и променливо. Стабилноста се гледа во временската постојаност на целата низа правила која доаѓа уште од римското право (начин на настанокот и престанокот на облигацијата, извршениот договор, надомест на штета), додека променливоста се гледа во фактите на многу принципи и правила кои на старото право не му беа познати или биле во почетен облик (принцип на консензуализам, автономија на вољата, колективни договори, осигурување). Тоа доведе до тоа денес да се постигни висок степен во опстојувањето на облигационите односи. На промените во облигационото право влијаат различни фактори: економски, степенот на морална и техничка цивилизација, филозофско и политичко определување на една средина (пр. индивидуалистичка филозофија и либерализмот влијаееле на создавањето на тн. теорија за автономија на волјата).

Влијанието на овие филозофски и општествени погледи посебно е видлив кај јавните институции – овие институции немаат однапред дадена содржина, туку се менува во зависнот од одредени бонправни факти.

Користена литература:Групче А. – Граѓанско право, општ дел, ,,Култура”, СкопјеЗаконот за облигационите односи од 2001 година www.wikipedia.org

11

Page 12: Obligaciono Pravo

12