Магистерски труд – Органи на банки и управување на...

77
УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ‘‘ – БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ - БИТОЛА Кандидат: Христијан Гајтановски 63/II Б ОРГАНИ НА БАНКИ И УПРАВУВАЊЕ НА БАНКИ -МАГИСТЕРСКИ ТРУД- Битола, 2016

Upload: others

Post on 01-Nov-2019

22 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ‘‘ – БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ - БИТОЛА

Кандидат: Христијан Гајтановски 63/II Б

ОРГАНИ НА БАНКИ И УПРАВУВАЊЕ НА БАНКИ

-МАГИСТЕРСКИ ТРУД-

Битола, 2016

Page 2: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 2

Комисија за одбрана на магистерскиот труд:

МЕНТОР:

Доц. д-р Саша Дукоски

_______________________________________________

Редовен професор на Правен факултет - Битола

Универзитет ,,Св. Климент Охридски„„ – Битола

ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА:

Проф. д-р Благој Ѓорѓиевски

_______________________________________________

Вонреден професор на Правен факултет - Битола

Универзитет ,,Св. Климент Охридски„„ – Битола

Доц. д-р Елизабета Тошева

_______________________________________________

Редовен професор на Правен факултет - Битола

Универзитет ,,Св. Климент Охридски„„ – Битола

ДАТУМ НА ОДБРАНА:

ДАТУМ НА ПРОМОЦИЈА:

СТРУЧЕН НАЗИВ СО КОЈ СЕ СТЕКНУВА КАНДИДАТОТ:

Page 3: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 3

ИЗЈАВА

Од кандидатот

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував позитивните

законски прописи на Република Македонија од областа на заштитата на интелектуалната

сопственост и не користев реченици или делови од трудови на други автори без да ги

почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил на цитирање. Изјавата ја давам

под полна морална, материјална и кривична одговорност.

Изјавил

Христијан Гајтановски

__________________________

Page 4: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 4

Благодарност

Изразувам голема благодарност до Проф. д-р Саша Дукоски за укажаната

помош при изработката на магистерскиот труд како и за потенцијалната морална

поддршка во текот на изработката на магистерскиот труд.

Исто така изразувам голема благодарност до моите најблиски за поддршката

во текот на моето целокупно студирање и магистрирање.

Со почит

Христијан Гајтановски

Page 5: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 5

АПСТРАКТ

Целта на овој труд е да даде пошироко и стручно знаење за суштината и

значењето на банките, нивните органи , управувањето, како и нивното ефикасно и

ефективно непрестанато менување и функционирање согласно со новите технологии

и постигнување на поголема ефикасност во управувањето со банките како и

подобрување на балансот на органите на банките и нивно перфектно

функционирање.

Исто така ги претставува и заемните односи меѓу акционерите на банката,

Надзорниот одбор, Управниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности

кои извршуваат раководна функција во банката и останатите заинтересирани

субјекти со цел подобрување на нивните взаеми односи во управувањето на банките.

клучни зборови : банки, банкарство, органи, функционирање, управување,

ликвидност, ризик, капитал, биланс.

Page 6: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 6

ABSTRACT

The purpose of this paper is to give a broader and expert knowledge about the nature and

importance of banks, their bodies, management, and their effective and efficient

uninterrupted changing and functioning in accordance with the new technologies and

achieve greater efficiency in the management of banks and improve the balance of the

banks' bodies and their perfect functioning.

It also represents the mutual relations between the bank's shareholders, Supervisory

Board, Board of Directors, other persons with special rights and responsibilities

performing management in the bank and other stakeholders in order to improve their

mutual relations in the management of banks.

Keywords: banks, banking authorities, operation, management, liquidity, risk, capital,

balance.

Page 7: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 7

Содржина:

1. ВОВЕД...........................................................................................................................

2. ПРЕГЛЕД НА ЛИТЕРАТУРА.....................................................................................

2.1. Банки, банкарство и појава на банкарството......................................................

2.1.1. Дефинирање на банките.................................................................................

2.1.2. Историски развој на банкарството....................................................................

2.1.3. Функции на банките............................................................................................

2.2. Органи на банките и нивна одговорнсот..............................................................

2.2.1. Улога на надворешниот ревизор.........................................................................

2.2.2. Улога на банкарскиот супервизор......................................................................

2.2.3. Односи помеѓу банкарските супервизори и надворешните ревизори..........

2.3. Корпоративно управување со банките.................................................................

2.3.1. Цел на системот на корпоративно управување во банките..............................

2.3.2. Развој на корпоративно управување на банките..............................................

2.3.3. Принципи на корпоративно управување на банките.......................................

2.4. Управување со ликвидноста и значење на резервите............................................

2.4.1. Ликвидносен ризик................................................................................

2.4.2. Извори на проблемите со ликвидност..................................................................

2.4.3. Ликвидност на поедничените побарувања........................................................

2.5. Управување со соодветноста на капиталот...........................................................

2.6. Билансот на состојбата сегмент во управувањето со банката.................

2.6.1. Форма и содржина на билансот на состојба...............................................

2.6.2. Вреднување на позициите во билансот на состојба....................

2.6.3.Анализа на средствата и изворите на средствата

во контекст на корпоративното управување..................................................

3. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО.........................................................

Page 8: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 8

4. МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ НА РАБОТА.................................................................

4.1. Материјали на работа..................................................................................................

4.2. Методи на работа..........................................................................................................

5. РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА....................................................................................

6. ЗАКЛУЧОЦИ...................................................................................................................

7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

8. ПРИЛОЗИ

Page 9: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 9

ВОВЕД

Главната цел на секое претпријатие е максимизирањето на профитот и

остварување на материјално богатство на акционерите. Она што денес се случува во

банкарството во светот слободно би можело да се нарече технолошка револуција.

Примената на информатичката технологија, современото функционирање на банките како

и баланс на сите органи на функционирањето на една современа банка придонела да на

многу од корисниците на банкарски услуги им го олесни животот, а пак на банките да им

обезбеди поефикасно работење како и стабилност на домашниот пазар. Современите

банки при своето функционирање мора постојано да ја докажуваат својата вредност и да

го оправдаат своето постоење. За да опстанат на денешниот пазар, банките мора да се

менуваат побрзо од конкуренцијата, а тоа може да се постигне само со поефикасно

управување со банките како и ефикасно функционирање на органите на банките.

Апликативниот карактер на магистерскиот труд има за цел и за задача да даде

појасна слика за суштината и значењето на органите на банките како и управувањето со

банките како значаен сегмент во професионалното функционирање и работата на банката.

Page 10: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 10

2. ПРЕГЛЕД НА ЛИТЕРАТУРА

2.1. БАНКИ, БАНКАРСТВО И ПОЈАВА НА БАНКАРСТВОТО

Банка е финансиска институција чија главна дејност е прибирањето депозити и

давањето кредити, како и извршувањето на платниот промет. Банките се најважните

учесници во финансискиот систем. Во целиот свет, банките се најзначајните и најголемите

финансиски институции, мерено преку нивното учество во вкупните средства на

финансискиот сектор.

2.1.1. Дефинирање на банките

Современите банки претставуваат универзални, повеќеуслужни финансиски

институции, бидејќи нивните активности не се ограничени на традиционалните банкарски

работи (прибирање депозити и одобрување кредити), туку тие нудат и бројни небанкарски

услуги. На пример, банките се присутни на пазарот на капитал, каде што посредуваат во

издавањето хартии од вредност и во трговијата со хартии од вредност. Покрај тоа, банките

работат како брокери и дилери и на другите финансиски пазари (на пример, на пазарот на

пари и девизниот пазар). Исто така, банките управуваат со пензиските фондови,

навлегуваат во дејноста на осигурувањето, чуваат разни финансиски и нефинансиски

имоти, делуваат на пазарот на недвижности, се занимаваат со финансиско советување

итн.1

Постојат два основни пристапа во дефинирањето на поимот банка: да се прифати

правната дефиниција на банката, или пак, да се изведе функционална дефиниција. Така, во

секоја земја постои посебен закон за банките, во кој вообичаено се дава дефиниција на

поимот банка. На пример, македонскиот Закон за банките ја дефинира банката како

„правно лице со дозвола од гувернерот на Народната банка на Македонија основано

1 Гпран Петревски, Управуваое сп банките, Скппје: Екпнпмски факултет, 2008, стр. 21.

Page 11: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 11

согласно со одредбите на овој закон, чија основна дејност е прибирање депозити и други

повратни извори на средства од јавноста и одобрување кредити во свое име и за своја

сметка.“2 Значи, според законската дефиниција, банките се институции што се занимаваат

со прибирање депозити и давање кредити. Меѓутоа, проблемот со законската дефиниција

е во тоа банките извршуваат голем број небанкарски активности, кои не се опфатени во

законската дефиниција.

Според функционалниот пристап, дефинирањето на банките и нивното

разграничување од небанкарските институции се врши врз основа на услугите што им ги

нудат на клиентите. Така, како банки би се дефинирале оние финансиски посредници што

нудат банкарски услуги, додека другите финансиски посредници би се дефинирале според

нивните услуги. На пример, осигурителните друштва се финансиски институции што се

занимаваат со осигурување на имот и лица, со животно осигурување итн; брокерски куќи

се оние институции што посредуваат во трговијата со хартии од вредност; инвестициски

фондови се оние посредници што прибираат финансиски средства и нив ги инвестираат на

пазарот на капитал итн. Меѓутоа, и функционалниот пристап во дефинирањето на банките

се соочува со слични проблеми, како и законската дефиниција: денес е невозможно да се

направи остра разлика меѓу активностите на банките и оние на небанкарските

институции.3

2.1.2. Историски развој на банкарството

Почетоците на банкарството можат да се најдат во Стара Грција пред повеќе од 2

000 години, кога некои луѓе почнале да се занимаваат со размена на монетите што ги

ковале одделни владетели. Подоцна, банкарството се развило и во Стариот Рим, но за

време на средниот век настапило големо замирање на банкарските активности, кои биле

во спротивност со црковните сфаќања. До повторно заживување дошло во времето на

ренесансата, кога во Италија се појавиле првите банки во вистинска смисла на зборот, т.е.

банки што примале депозити од богатите луѓе и им одобрувале кредити на трговците.

2 Закпн за банките, „Службен весник на Република Македпнија“ бр. 67/2007.

3 Гпран Петревски, Управуваое сп банките, Скппје: Екпнпмски факултет, 2008, стр. 22-23.

Page 12: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 12

Подоцна, во текот на 16 век и 17 век, средиштето на банкарството се преместило во

северна Европа и во Британија, а потоа, пресудно значење во неговиот развој имала

индустриската револуција. Инаку, зборот банка потекнува од италијанскиот збор „banca“

и од старофранцускиот збор „banque“, кои означуваат клупа, табла, т.е. маса. Имено,

првите претходници на банките биле луѓето кои се занимавале со размена на монети –

активност што вообичаено се извршувала на една мала масичка или табла.4

2.1.3. Функции на банките

Банките имаат централна улога во економскиот систем, бидејќи извршуваат некои

активности, кои се од витално значење за функционирањето на економијата. Банките

извршуваат неколку важни функции:

делуваат како финансиски посредници,

се јавуваат како носители во платниот промет,

имаат посебна улогата во монетарната политика, и

на економските агенти им нудат некои дополнителни услуги.5

2.2. ОРГАНИ НА БАНКИТЕ И НИВНА ОДГОВОРНОСТ

Примарната одговорност за спроведување на деловната активност на една банка

им е доверена на одборот на директори и на менаџментот назначен од него. Оваа

одговорност вклучува, меѓу другото, обезбедувајќи дека:

а) оние кои им се доверени банкарски задачи имаат доволно стручност и

интегритет и дека има искусен персонал на клучните позиции;

4 Гпран Петревски, Управуваое сп банките, Скппје: Екпнпмски факултет, 2008, стр. 24-25.

5 Гпран Петревски, Управуваое сп банките, Скппје: Екпнпмски факултет, 2008, стр. 34.

Page 13: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 13

б) воспоставени се адекватни политики, практики и процедури во врска со

активностите на банката, вклучувајќи овде:

- Промовирање на високи етички и професионални стандарди;

- Системи со кои точно се идентификуваат и се мерат сите материјални ризици и

соодветно се следат и контролираат овие ризици;

- Соодветни интерни контроли, организациската структура и сметководствени

процедури;

- Оценка на квалитетот на средствата и нивно правилно признавање и мерење;

- Воспоставени правила "Запознајте го вашиот клиент"кои спречуваат банка да се

користи, намерно или ненамерно, од страна на криминални елементи за перење на

пари;

- Прифаќање на соодветно контролно опкружување, со цел да се одговори на целите

на банката поврзани со перформансите, информативниот систем и усогласеноста со

прописите;

- Тестирање на усогласеноста и проценка на ефективноста на интерните контроли од

страна на внатрешна ревизија;

в) воспоставени се соодветни системи за управување со информациите;

г) банката има соодветни политики и процедури за управување со ризиците;

д) се следат прописите, вклучувајќи ги најмалку прописите поврзани со

солвентност и ликвидност; и

ѓ) се штитат интересите не само на акционерите, но исто така и на штедачите и

другите доверители.

Менаџментот е одговорен за подготвување на финансиските извештаи во

согласност со соодветните рамка за финансиско известување и за воспоставување

Page 14: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 14

на сметководствени постапки, кои се грижат за одржување на документација

доволно за поддршка на финансиските извештаи.

Одборот за ревизија се воспоставува за да се задоволат практичните тешкотии кои

можат да произлезат во бордот на директори да ја исполнува својата задача за

обезбедување на и одржување на соодветен систем на внатрешна контрола.

Во некои земји, како во Република Македонија од надворешниот ревизор се бара

да го извести веднаш банкарскиот супервизор на некој факт или одлука на менџментот на

банката која:

Раководството е одговорно за воспоставување и ефикасно функционирање на

постојана внатрешна ревизија во банката што е соодветно на неговата големина и

на природата на нејзината работа.

Со цел да биде целосно ефективна, функцијата на внатрешната ревизија треба да

биде независна од организационите активности ревизии или критика, а исто така

треба да биде независна од секојдневниот процес на внатрешна контрола

Одговорностите на одборот на директори и менаџментот во никој случај не

намалена со постоењето на систем за надзор на банки од страна на банкарските

супервизори или со условот финансиските извештаи на банката да бидат

ревидирани од надворешен ревизор.

2.2.1. Улога на надворешниот ревизор

Целта на ревизијата на финансиските извештаи на банката од страна на

надворешен ревизор е да му овозможи на независниот ревизор да изрази мислење за тоа

дали финансиските извештаи на банката се подготвени во сите материјални аспекти, во

согласност со идентификуваната рамка за финансиско известување. Мислењето на

ревизорот помага да се утврди веродостојноста на финансиските извештаи.

Page 15: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 15

Мислењето на ревизорот, меѓутоа, не треба да се толкува како обезбедување на

100% -на гаранција за иднината одржливост на банката или мислење како на ефикасност

или ефективност со која ја води раководството на работите од областа на банка, бидејќи

тоа вообичаено не се цели на ревизијата.

При вршењето на ревизијата на финансиските извештаи на банката, надворешните

ревизори треба да ги имаат предвид следниве карактеристики кои генерално ги

разликуваат банките од повеќето други трговски друштва, а кои ревизорот треба да

ги земе во предвид во оценувањето на ниво на инхерентен ризик на банките.

а) чуваат големи количини на монетарната предмети, вклучувајќи готовина;

б) често се вклучени во трансакции кои се иницирани во една држава, се

евидентираат во друга, а се управувани од сосема трета;

в) работат со многу висок левериџ што ја зголемува нивната ранливост на

неповолни економски движења;

г) вредноста на средствата може многу брзо да се менува, а често пати вредноста

на нивните средства многу тешко може да се утврди;

д) голем дел од изворите на средства се краткорочни, па оттука губењето на

доверба во солвентноста на банката кај депонентите може да доведе до ликвидносна

криза;

ѓ) вклучени се во трансакции кои се различни и се обемни во број и чија што

вредност е висока;

е) вообичаено работат преку мрежа на организациони делови кои се

територијално оддалечени;

ж) трансакциите можат да бидат иницирани и завршени директно од страна на

клиентите без било каква интеракција со вработените на банката;

з) регулирани се од страна на регулаторни агенции чиишто барања често пати

влијаат и врз сметководствените правила кои ги следат;

Page 16: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 16

и) вообичаено имаат ексклузивен пристап до системите за порамнување, односно

се составен дел од, или се поврзани со, национални и меѓународни системи за

порамнување и, следствено, би можеле да претставуваат системски ризик за земјите во

која тие работат;

ј) издаваат и тргуваат со комплексни финансиски инструменти, од кои некои

треба да се евидентираат по објективна вредност во финансиските извештаи. Поради тоа,

неопходно е да имаат воспоставено соодветни процедури за вреднување и управување со

ризиците.

Надворешен ревизор ја планира и спроведува ревизијата за да добиеме разумно

уверување дека грешките во финансиските извештаи на банката кои, поединечно или во

апсолутен износ, се материјални во однос на финансиските информации презентирани од

страна на тие извештаи се откриени. Во формирањето мислење за финансиските

извештаи, надворешниот ревизор спроведува постапки со цел да се добие разумно

уверување дека финансиските извештаи се подготвени во сите материјални аспекти во

согласност со идентификуваната рамка за финансиско известување.

2.2.2. Улога на банкарскиот супервизор

Клучна цел на прудентната супервизија, е да се одржи стабилноста и довербата во

финансискиот систем, со што се намалува ризикот од загуба на штедачите и другите

доверители. Покрај тоа, надзорот, исто така, често е насочен кон проверка на

усогласеноста со законите и прописите кои го регулираат банки и нивните активности.

Основните барања на банкарската супервизија се базираат на системот на лиценцирање,

што им овозможува на супервизорите да се идентификуваат субјектите кои треба да бидат

надгледувани и контролирани при влезот во банкарскиот систем. Со цел да се

квалификуваат за, и да ја задржат банкарска лиценца, субјекти мора да почитуваат

одредени прудентни барања:

банката мора да има соодветни акционерите и членовите на органите на

управување;

Page 17: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 17

раководството на банката мора да поседува соодветни вештини и искуство за да

работи во банка;

организација на банката и на внатрешна контрола треба да бидат во согласност со

деловните планови и стратегии;

банката треба да има статутарна структура која е во согласност со нејзината

оперативна структура;

банката мора да има соодветен капитал кој е потребен за покривање на ризиците

својствени на нејзината природа и големина; како и

банката мора да има доволно ликвидност.

Една од основите на прудентна супервизија е адекватноста на капиталот.

Основна улога на банкарските супервизори е да утврдат колку се здрави

системите на банките за управување со ризици и на какви и колкави ризици

се изложени банките како и ефективноста на функционирањето на системот

на корпоративно управување

Базел 2

Столб 1

Столб 2

Столб 3

Базел 3

Постојат земји во кои банкарскиот супервизор има статутарни овластувања за

назначувањето на надворешните ревизори, како што се правото на одобрување или

отстранување на надворешните ревизори. Овие овластувања треба да обезбедат дека

надворешните ревизори на банките поседуваат потребно искуство, ресурси и вештини.

Исто така, одредени банкарски супервизори имаат ингеренции и во случаите кога

Page 18: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 18

акционерите на банките сакаат да извршат предвремена промена на надворешните

ревизори.

2.2.3. Односи помеѓу банкарските супервизори и надворешните ревизори

Во многу погледи на банкарскиот супервизор и надворешниот ревизор имаат

комплементарни задачи но сепак фокусот на нивниот интерес е различен. Банкарскиот

супервизор првенствено се занимава со одржување на стабилноста на банкарскиот систем

и поттикнување на безбедноста и стабилноста на одделни банки, со цел да ги заштити

интересите на штедачите. Супервизијата ја следи сегашната и иднината одржливост на

банките и ги користи нивните финансиски извештаи во оценување на нивната состојба и

перформанси.

Надворешниот ревизор првенствено се занимава со известувањето за точноста на

финансиските извештаи на банката пред акционерите на банката. Банкарскиот супервизор

се занимава со одржување на здравоста на системот на внатрешни контроли, како основа

за безбедно и прудентно управување на банката. Надворешниот ревизор, во повеќето

ситуации, се занимава со оценување на системот на внатрешни контроли поврзани со

сметководствената евиденција и точноста на финансиското известување.

Банкарскиот супервизор ги користи ревидираните финансиски извештаи во текот

на супервизорски активности, притоа имајќи ги предвид следниве фактори:

• примарната намена за која се подготвени ревидираните финансиски извештаи не се

потребите на супервизијата туку на инвеститорската јавност и на акционерите;

Page 19: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 19

• ревизијата во согласност со МСР е дизајнирана да се обезбеди разумно уверување

дека финансиските извештаи земени како целина, се ослободени од материјално

погрешно прикажувања;

• користените сметководствени политики за подготовка на финансиските извештаи ;

• финансиските извештаи вклучуваат информации врз основа на проценки направени

од страна на раководството што се испитувани од страна на надворешниот ревизор;

Постојат области каде што работата на банкарскиот супервизор и на

надворешниот ревизор може да биде взаемно корисна. Работата на надворешните

ревизори и наодите во врска со точноста на финансиските извештаи и ефективноста на

системот на интерни контроли во финансиското известување се вреден импут во

проценките на банкарските супервизори. Вообичаени типови на други прашања до кои

може да дојде надворешниот ревизор, а кои бараат итна акција од страна на банкарскиот

супервизор:

• информации што укажува дека не се исполнети еден или повеќе услови

поврзани со лиценцата;

• постоење на сериозни конфликти во рамките на тела што донесуваат одлуки

во банката;

• информации кои можат да укажуваат на материјална повреда на законите,

прописите и статутарните одредби од страна на банката;

• намерата на ревизорот да поднесе оставка или да се промени избраниот

ревизор од функција; и

• материјални негативни промени во изложеноста на ризиците во работењето

на банката и ефектите врз солвентноста, како и евентуалните идни

очекувани ризици.

Супервизорот може да побара од надворешниот ревизор да обезбеди одредени

услуги во спроведување на одредени супервизорски задачи. Во такви случаи треба да

постои јасно дефинирана рамка во согласност со прописите или преку договор кој ќе биде

Page 20: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 20

потпишан помеѓу банката и банкарскиот супервизор. Овие барања треба да бидат предмет

на посебен договор, при што треба да се бидат исполнети следните критериуми:

Прво, одговорноста за точноста на информациите за банкарскиот супервизор мора

да остане на менаџментот на банката. Улогата на надворешниот ревизор е да

извести за таквите информации и примената на постапките кои се применети.

Второ, односот помеѓу надворешниот ревизор и банка треба да бидат заштитени.

Доколку не постојат други законски услови или договорни аранжмани со кои се

регулира работата на надворешен ревизор, сите информации кои се разменуваат

помеѓу банкарскиот супервизор и ревизорот обично се канализираат преку банка,

освен во исклучителни околности.

Трето, пред склучување на аранжманот со банкарскиот супервизор, надворешниот

ревизор треба да испита дали можат да произлезат некои конфликти на интереси.

Четврто, барањата на банкарскиот супервизор треба да бидат конкретни и јасно

дефинирани во однос на потребните информации.

Петто, задачи што банкарскиот супервизор побарал надворешниот ревизор да ги

изврши треба да бидат во рамки на компетентноста на ревизорот, како од технички

така и практичен аспект.

Шесто, задачата доделена на надворешен ревизор од страна на банкарскиот

супервизор мора да има рационална основа; и

Седмо, аспектите поврзани со доверливоста на прибраните податоци мора да бидат

заштитени, особено на доверливоста на информациите добиени од страна на

надворешен ревизор преку професионални односи со други клиенти да не бидат

достапни на банка или на јавноста.

Page 21: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 21

2.3. КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО БАНКИТЕ

Корпоративно управување во банките (англиски: Corporate governance in banks) го

претставува начинот на кој се воспоставува рамнотежа на интересите на различните

субјекти во една банка. Со добро воспоставен систем на корпоративно управување се

обезбедува хармонија на односите меѓу сите страни што имаат било каков интерес

поврзан со банката.6

Корпоративното управување го означува начинот на кој се водат и контролираат

компаниите. Доброто управување е неопходна состојка на корпоративниот успех и на

одржливиот економски раст. Истражувањата во областа на управувањто треба да се

потпираат на интердисциплинарна анализа пред се на економијата и правото, со добро

познавање на современта деловна практика која произлегува од продлабочени емпириски

студии во националналните рамки.7

Корпоративното управување на банката е насочено кон одржување рамнотежа

меѓу целите на поединецот и целите на заедницата. Рамката на корпоративно управување

треба да обезебди ефикасно користење на ресурсите со истовремено инсистирање на

6 Corporate governance

7 Corporate governance

Page 22: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 22

одговорност од страна на оние кои управуваат со ресурсите. Целта е интересите на

поединците, корпорациите и општеството што повеќе да се доближат.8

Корпоративно управување на банките се однесува на начините на кои

финансиерите на корпорациите се обезбедува дека инвестициите ќе им се вратат.9

Корпоративното управување на банките претставува склоп од правни, културни и

институционални активности кои точно одредуваат што ќе се работат јавните корпорации,

од кого ќе бидат контролирани, како ќе биде извршувана таа контрола и како ќе се

распределуваат ризиците и профитите од активностите што корпорациите ги презеле.10

Ако се направи синтеза на аспектите кои ги опфаќа корпоративното управување на

банките, може да се изведе следнава дефиниција за корпоративно управување со банките:

Добро корпоративно управување на банките е она во кое е воспоставен успешен систем на

цели, донесување одлуки и соодветно следење на степенот на извршување на одлуките и

исполнување на целите на банката. Со изградена структура на процедури, односи и

процеси, банката може успешно да се соочи со промените во околината и да ги заштити

притоа интересите на сите засегнати групи: акционери, надзорен одбор, управен одбор,

менаџери, вработени, клиенти на банката, владата и општествената заедница.

2.3.1. Цел на системот на корпоративно управување во банките

Системот на корпоративно управување на банки има цел да се воспостават:

јасна организациска структура на банките со прцизно дефинирани права и

одговорности на членовите на органите на надзор и управување и на

другите вработени во банката;

ефикасни процедури за идентификување, мерење, следење и контрола на

ризиците на кои е изложена банката;

ефикасни механизими на внатрешна контрола што, меѓу другото,

вклучуваат детални административни и сметководствени процедури на

банката;

8 Sir Adrian Cutbary, Global Corporate Governance Forum, The World Bank, 2000.

9 Andrei Shleifer, Robert W. Wishny, "A Survey of Corporate Governance", The Journal of Finance, 2007, p.18.

10 Margaret Blair, Ownership and Control: Rethinking Corporate Governance for the 21-st Centruy, Bookings, 2005,

p.164.

Page 23: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 23

транспаретнтност во работењето на банката во однос на сите

заинтересирани субјекти во согласност со прописите и со деловната

политика на банката и

систем за надзор и контрола на ниво на :

1.Надзор од страна на Надзорниот одбор и контрола и следење на

работењето од страна на Управниот одбор;

2. Системи на внатрешна контрола;

3. Систем на интегрирано управување со ризициите;

4. Постоење на функција за контрола на усогласеноста со прописите

5. Независна внатрешна ревизија.

2.3.2. Развој на корпоративно управување на банките

Промовирањето и развојот на добро корпоративна управувачка практика на

глобално ниво е еден од најголемите предизвици во услови на растечка конкуренција и на

создавање ново подобро општество во 21 век. Коропративното управување претставува

атрибут на современата светска и националната економија. Корпоративното управување

станува неминовно во услови кога постојат повеќе сопственици на капиталот, при што

неопходно е објективно одвојување на сопственоста од управувањето. Како фактори што

го иницирале процесот на корпоративно управување во компаниите може да се наведат

следните:11

Развојот на пазарите на капитал - пазарот на капитал и корпоративното

управување се во меѓусебна поврзаност и зависнот бидејќи со нормите и принципите на

корпоративно управување се гарантира за капиталот кој е предмет на тргување на пазарот

на капитал;

Јавноста на компаниите – традиционално, корпоративното упавување претставува

управување со јавните компании, односно тие се негов основен носител. Современата

11

Adolf A.Berle, Gardiner C. Means,The Modern Corporate and Private Property, fifth printing, 2003.

Page 24: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 24

економија манифестира низа отстапувања, така што корпоративното управување го

прифатиле и малите и средни претпријатија.

Развојот на пазарната економија - корпоративното управување било поинтензивно

прифатено од компаниите во периодот на кризата во деведесеттите години на XX век и во

почетокот на XXI век, како и во периодот на постприватизацијата во поранешните

социјалистички држави. Долго време корпоративното упавување било применувано во

смисла на надзор од сопствениците на компаниите врз менаџерите назначени од нив.

Години по ред корпоративното управување функционира првенствено со почитување на

законски норми, при што доминира правната теорија и практика. Законот одамна понудил

ефективни решенија за овластување на менаџерите и за правата за водење на компанијата

од сопствениците. Моделите на корпоативно управување, пак, одговараат на типот на

правниот систем, па оттука се издвојуваат:

Англосаксонски модел на управување – модел заснован на законитостите на

пазарот на капитал

Континентален модел на управување- модел кој е политички детерминиран и

претставува слика на различна алокација на политичка и економска моќ на микро и макро

ниво.

Со усложнување на националното и меѓународното опкружување и со

глобализацијата на пазарите на капитал, прaктиката на корпоративно управување базирана

исклучиво на почитување на правните норми од корпоративните раководства

предизвикува одередни тешкотии во функционирањето на компаниите. Поради тоа

корпоративното управување еволуира и поприма други насоки на развој. Имено, во текот

на 80-тите и во почетокот на 90-тите години на XX век теоријата и практиката на

корпоративно управување се развиваат во интердисциплинарен систем на управување.

Имено, во 1996 година, Организацијата за економска соработка и развој (OECD) иницира

изработка на Меѓународен кодекс на корпоративно управување, што претставува почеток

на процес на унифицирање на основните погледи,принципи и практики во областа на

корпоративното управување на земјите со традиција и добри постигнувања во оваа област,

како што се: САД, Велика Британија, Холандија и Јужна Африка. Во 1999 се усвоени збир

Page 25: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 25

на принципи за корпоративно управување на земјите- членки на ОЕСD со што се

постигнал висок степен на унифицираност на нормите и принципите, што симболизира

нова етапа во развојот на корпоративното управување. Подоцна била извршена ревизја на

Принципите од 1999 година во насока на одржување на пристапите што се однесуваат на

незадолжителните принципи кои ја признаваат потребата нивното спроведување да се

адаптира на променливите правни, економски и културни услови. Суштински вредности

на кои се потпира рамката на корпоративно управување на банките на ОЕСD се:

Воспоставување фер односи

Одговорност

Транспарентност

Отчетност

2.3.3. Принципи на корпоративно управување на банките

Принципите на корпоративно управување на Оганизацијата за економска

соработка и развој (ОЕСD) не се задолжителни, туку пред се претставуваат препораки за

добри практики и насоки на имплементација, кои можат да бидат прилагодени на

определени специфики на одделните земји и региони. Овие принципи треба да придонесат

за подобрување и зајакнување на сите области кои се значајни за функционирање на една

генерална рамка за добро корпоративно управување, и тоа пред се, прилагодување на

правната рамка, зајакнување на институционалната рамка и ангажирање на човечки

ресурси кои во своето работење ќе треба да се однесуваат според овие принципи. ОЕСD

дефинира шест основни принципи на корпоративно управување и тоа:12

Воспоставување на ефективна рамка за корпоративно управување

Права на акционерите и клучни функции на сопствеништво

Рамноправен третман на акционерите

Улога на засегнати лица

Објавување на податоци и транспарентност

12

Принципи на кпрппративнп управуваое на ОЕЦД, Преамбула, 1999 (OECD) Principles of Corporate Governance, Preamble), ревидирани вп 2004 гпдина.

Page 26: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 26

Одговорност на одборот на директори

Принципите за корпоративно управување според Базелскиот комитет за банкарска

супервизија базираат на искуство од надзорот на корпоративно управување на банките во

земјите членки на ОЕСD и се наменети за зајакнување на начелата според кои практиката

на корпоративно управување теба да се остварува во сите земји. Документот содржи осум

основни принципи, а секоја банка може да ги модифицира при градење на сопствените

принципи на корпоративно управување.

Тоа се следниве принципи:

Членовите на одборот на директори треба да бидат квалификувани за

извршување на својата функција , да имаат разбирање за нивната улога во

корпоративното управување на банките и да бидат способни да донесуваат

одлуки во врска со работењето на банките

Банките треба да имаат адекватен број на членови на одборот на директори,

способни за донесување независни одлуки, без влијание од страна на менаџментот на

банката , политичкото влијание или влијание на нечии надворешни страни.

Одборот на директори треба да ги одобри и да ги надгледува стратешките

цели и корпоративни вредности на банката

Одборот треба да ги утврди стратешките и развојните цели на банката , како и

високи стандарди на професионално однесување кои ќе бидат основа при извршување на

функциите на банката, земјаќи ги предвид интересите на депонентите и акционерите.

Одборот на директори треба да воспостави и да имплементира линии на

надлежности и одговорности во рамките на банката

Page 27: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 27

Ефективниот одбор на директори треба јасно да ги дефинира сопствените и

менаџерските овластувања и одговорности. Во случај на преклопување на ингеренциите и

нејасни одговорности, може да дојде до ненавремено и несоодветно донесување одлуки.

Одборот на директори треба да обезбеди соодветен надзор на работата на

менаџментот

Една од основините задачи на менаџментот е да воспостави ефикасен систем на

внатрешна контрола , согласно насоките дадени од страна на одборот на директори.13

Одборот на директори и менаџментот треба ефикасно да ги имплементира

резултатите и забелешките од работењето на внатрешната и надворешната

ревизија и да воспостави ефикасно функционирање на интерните

контролни системи

Одборот на директори и менаџментот теба да ја зголемат ефикасноста на внатешната

ревизија особено во однос на управување со ризици и јакнење на внатрешните контролни

системи на банката,преку:14

признавање на значењето на ревизијата и на интерните контролни процеси

на ниво на цела банка;

ефикасно и навремено имплементирање на наодите на внатешна ревизија и

нивна корекција во точно дефинирани рокови од страна на субјекти,

одговорни за решавање на констатираните поблеми;

промовирање и почитување на независноста на внатрешната ревизија;

вклучување на внатрешните ревизори во оценката на адекватноста и

ефикасноста на контролните системи за одредена активност или за одреден

субјект на банката.

Неопходно е континиурано надгледување на усогласеноста на банката со

правилата на добро корпоративно управување, со етички кодекс и

надгледување на политиките и процедурите на банката со цел да се утврди

13

The Joint Forum, Outsourcing in Financial Services, February, 2009. 14

Basel Committee on Banking Supervision, Internal audit in banks and the supervisors relationship with auditors, August, 2001.

Page 28: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 28

дали секоја девијација и сите проблеми во работењето се соодветно

пријавени на адекватно ниво (на ниво на одбор на директори или

менаџмент.15

Одборот на директори ( или комитетот кој е одговорен за утврдување на

платите и на другите парични надоместоци) треба да обезбеди соодветен

паричен надоместок за менаџментот на банката

Доколу не се воспостави корелација меѓу надоместоците на членовите на одборот

на директори и менаџментот со долгорочните стратешки цели на банаката, ова може

негативно да се одрази врз интересите на акционерите.

Со банката треба да се управува на транспарентен начин

Транспарентноста во управување со банката значително придонесува за ефикасно

корпоративно управување. Во услови на нетранспарентно упраување се јавуваат

потешкотии за акционерите и за другите заинтересирани лица за вршење на ефикасна

контола и за соодветно запознавање со одговорностите и задачите на одборот на

директори и на менаџерите.

Одборот на директори и менаџментот треба да ја познаваат структурата на

функционирање на банката, вклучувајќи ја и структурата и правниот

систем на групацијата и на членките на групацијата во чии рамки припаѓа

банката

Банките извршуваат услуги за нивните клиенти, пришто се зголемува правниот,

репутацискиот и оперативниот ризик во работењето до ниво кое банката честопати не

може да го контролира.16

Во таа смисла, одборот на директори треба да преземе

определни чекори со цел ризиците да бидат добро разбрани и управувани.

15

Basel Committee on Banking Supervision, Compliance and the compliance function in banks, April, 2005. 16

Basel Committee on Banking Supervision, Customer due diligence for banks, October, 2001.

Page 29: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 29

2.4. УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И ЗНАЧЕЊЕ НА РЕЗЕРВИТЕ

Ликвидноста претставува способност на банката да обезбеди средства за раст на

активата и да ги исплати обврски кои ќе втасаат без притоа да се изложува на неочекувани

загуби. Банката има адекватно ниво на ликвидност кога е во можност да обезбеди доволни

извори на средства, преку зголемување на обврските или преку конвертирање на помалку

ликвидните во високо ликвидни средства, и тоа брзо и прифатлива цена. Цената на

ликвидноста е функција од пазарните услови и пазарната перцепција на ризиците коишто

ги презела банката, како ризикот на каматните стапки така и кредитниот ризик. И

приходот на банката е функција на ликвидноста бидејќи банката за да обезбеди високо

ликвидна позиција, еден значаен дел од средствата ги пласира во ликвидни средства, со

кратка рочност, а овие средства обично се без камата или со ниска каматна стапка, што

пак има негативни ефекти врз профитабилност.

Суштински за планирањето на ликвидноста со предвидувањето на промените во

економската клима, следењето на финансиските трендови и трендовите на пазарот, но и

поседување на информации за:17

- внатрешната цена на изворите на средствата;

- резидуалната рочна неусогласеност на средствата и обврските;

- антиципираните потреби на страната на изворите на средствата;

- економските и пазарните прогнозирања.

Поради ова, банките треба да имаат ефективен план за веројатноста кој ги

идентификува минималните и максималните потреби за ликвидни средства и дефинирање

на алтернативни акции за задоволување на таквите потреби. Значајни фактори коишто

влијаат врз ликвидноста на банката вклучуваат и:18

- намалување на профитабилноста;

- зголемување на нефункционалните средства;

17

BIS, Sound Practices for the Managing Liquidity in Banking Organisations, BSBS, 2000 18

Brar, R., Liquidity Risk and Impact od Treasury, Lepus, 2005.

Page 30: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 30

- концентрацијата на депозитите;

- низок рејтинг од страна на овластените рејтинг агенции;

- проширување на деловните активности;

- спојување и припојување;

- воведување на нови фискални обврски.

Откако ќе се утврди потребното ниво на ликвидност, менаџментот треба да донесе

одлука како да го задоволи потребното ниво на ликвидни средства и дали тоа ќе го

направи преку управување на активата, управување на пасивата или со комбинација на

овие два метода.

Банка во суштина претставува финансиска организација која е основана како едно

акционерско друштво и вокоја вршејќи депозитни, кредитни и други банкарски работи

врз начелата на ликвидност, сигурност и рентабилност во суштина треба да оствари

посакувана добивка. Карактеристично е да се каже дека банката во своето работење

користи средства од сопствени извори како што е акционерскиот капитал и разни облици

на резерви, како и туѓ капитал прибран од домашни и странски физички и правни лица.

Банката воспоставува соодветна организациска структура за управување со

ликвидносниот ризик преку јасно дефинирање на надлежностите и одговорностите на

органите на Банката и дефинирање на задачите и одговорностите на соодветните

организациски делови на Банката надлежни за управување со ликвидноста и

ликвидносниот ризик.19

На стратешко ниво, управувањето со ликвидносниот ризик на Банката го вршат

членовите на Надзорниот одбор, Одборот за управување со ризици и Управниот одбор,

согласно законски дефинираните надлежности. Заради следење на ликвидноста и

управување со ликвидносниот ризик на Банката, Надзорниот одбор на Банката формира

Комисија за следење на ликвидноста и управување со ликвидносниот ризик на Банката.

Секторот за управување со ризици и планирање, како посебна организациона единица, е

19

http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=f39fda9c-de18-4c0f-8e09-0331ed1f6db7.pdf

Page 31: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 31

надлежен за идентификување, следење, мерење и контрола на ликвидносниот ризик.

Секторот за ликвидност и финансиски пазар е одговорен за оперативната ликвидност на

Банката. Сите организациони делови на Банката извршуваат плаќања и пласираат средства

во рамки на лимитите утврдени во интерните акти на Банката.20

Туѓиот капитал во суштина има рок на доспевање и него банката мора да го стави

на располагање на сопствениците во согласност со договорените рокови. Така прибраните

средства, по одбивањето на задолжителната резерва на централната банка и резервите за

одржување на ликвидноста на банката се вложуваат во кредитни и некредитни пласмани.

Според ова произлегува дека банката е посредник кој врши мобилизирање на паричните

средства од субјектите кои имаат вишок парични средства и ги позајмуваат на оние

субјекти кои имаат недостаток на парични средства. За овој процес да се одвива без

никакви проблеми банката во секој момент треба да располага со ликвидни средства со

домашни и странски валути во својот трезор или на сметките во други банки.

Деловните банки го вршат домашниот платен промет и платниот промет со

странство. Доколку некоја банка е неликвидна нејзините депоненти нема да можат да

располагаат со средствата на нивните сметки ниту да вршат плаќања кон странство.

Негативна последица на таквата ситуација ќе биде создавање на несигурност кон банката,

подигање на депозитите, задржување на девизните приливи на извозниците во странство,

смалување на финансискиот потенцијал на банката.21

Класичен случај на појавување на ризик на ликвидност настанува кога

депонентите на банката ненадејно сакаат да повлечат значителен дел од своите средства

кај неа, а банката во моментот нема доволно средства за да ги задоволи нивните барања.

Истото се случува и кога, неочекувано,некоја условна (вонбилансна) обврска на банката

(на пример, гаранција или акредитив), таа мора веднаш да ја изврши, за што претходно

сметала дека нема потреба да држи во резерва соодветен износ на средства. Неможноста

на банката во секој момент да одговори на такви и слични обврски, претставува ризик на

20

http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=f39fda9c-de18-4c0f-8e09-0331ed1f6db7.pdf 21

Rizik likvidnosti u poslovnoj banci, (2004), Zbornik Pravnog fakulteta Sveučilišta u Rijeci, Vol. 25, broj 2, Rijeka: Pravni fakultet

Page 32: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 32

ликвидност. Неодговарањето на таквите обврски може да предизвика општа недоверба на

јавноста кон таа банка, што може да има катастрофални последици за неа.22

2.4.1. Ликвидносен ризик

Мерењето на ликвидносниот ризик се остварува преку:

- Планирање и следење на приливите и одливите на паричните средства.

Банката има обврска да ги планира и следи на дневна основа приливите и

одливите на паричните средства, врз основа на познатите и можните и очекувани парични

текови, вклучувајќи ги и приливите и одливите врз основа на вонбилансните позиции на

Банката. При планирањето и следењето на паричните текови, Банката се придржува на

принципот на сигурни и јасни операции, односно само тековите за кои е разумно да се

сметаат за текови со висок степен на сигурност Банката ќе ги класифицира како приливи,

односно одливи на парични средства.

- Воспоставување и одржување соодветна рочна структура. Банката ја следи

преостанатата договорна рочна структура на активата и пасивата од аспект на

усогласеност на активните и пасивните позиции според нивната договорна преостаната

рочност. Под преостаната рочност се подразбира преостанатиот период до нивната

фактичка договорна рочност.

Соодветноста на рочната структура се мери преку усогласеноста на активните и

пасивните позиции од билансот на состојба на Банката.

Банката, покрај следењето на рочната структура на активата и пасивата од аспект

на усогласеноста на активните и пасивните позиции според нивната договорна

преостаната рочност, ја утврдува рочноста на побарувањата и обврските и преку

утврдување и следење на нивната очекувана резидуална рочност.

Очекуваната резидуална рочност на побарувањата и обврските Банката ја

утврдува со користење на соодветни претпоставки за големината на паричните приливи и

22

Ненпвски, Т., (2005), Фпрмираое цени на прпизвпдите и услугите на кпрппративните банки, Скппје : Нампрес.

Page 33: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 33

одливи во одделни временски периоди кои ја земаат предвид веројатноста за настанување

на одреден паричен прилив, односно одлив.

- Следење на изворите на средствата и нивната концентрација. Концентрацијата

на изворите на средства може значително да влијае врз зголемувањето на ликвидносниот

ризик, заради што Банката има воспоставено адекватен систем за следење на своите

извори на средства.

Следењето на изворите на средства и нивната концентрација Банката го врши

преку:

- воспоставување и одржување редовни контакти со најголемите депоненти,

коресподентски банки и други значајни клиенти;

- утврдување степен на стабилност на одделните видови депозити;

- следење на диверзифицираноста на изворите на средства;

- утврдување и следење на останатите извори на средства.

Заради воспоставување соодветен систем за следење на своите извори на

средства, Банката го следи учеството на депозитите на најголемите депоненти и лицата

поврзани со нив во нејзините вкупни депозити. Како најголеми депоненти се сметаат

дваесетте депоненти на Банката, коишто имаат најголемо учество на просечниот износ на

нивните депозити, во просечниот износ на вкупните депозити на Банката.

Едновремено, Банката го утврдува и следи и нивото на концентрација кај

трансакциските сметки и депозитите по видување во денари и во девизи. Нивото на

концентрација го претставува односот помеѓу просечниот износ на депозитите по

видување и трансакциските сметки на дваесетте депоненти на Банката со најголемо

учество во просечната депозитна база, во однос на вкупниот просечен износ на депозитите

по видување и трансакциските сметки на Банката.

- Стапки на ликвидност, заради одржување соодветно ниво на ликвидност,

Банката ги пресметува и одржува следниве стапки на ликвидност:

Page 34: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 34

- Стапка на ликвидност до 30 дена како однос меѓу средствата и обврските

коишто достасуваат во следните 30 дена;

- Стапка на ликвидност до 180 дена како однос меѓу средствата и обврските

коишто достасуваат во следните 180 дена.

Банката ги пресметува и одржува стапките на ликвидност до 30 дена и до 180

дена, согласно барањата на законската регулатива.

- Утврдување и следење на интерни ликвидносни показатели. За следење на

нивото на ликвидноста и на изложеноста на ликвидносниот ризик, Банката ги утврдува и

на месечно ниво ги следи интерните ликвидносни показатели.

Исто така, Банката врши тестирање на ликвидноста во различни услови – стрес-

сценарија, со цел да се утврди нивното влијание врз ликвидносната позиција на Банката,

како и врз можноста за почитување на утвдените лимити во рамките на одредени

сценарија. При изготвување на стрес-сценаријата се земаат предвид значајните негативни

промени на внатрешните (специфични за Банката) и надворешните (пазарни) фактори

коишто имаат соодветно влијание врз ликвидноста на Банката.

Сценаријата се изготвуваат преку потпирање на одредени значајни настани што се

случиле во минатото (историско сценарио), или преку утврдување на последиците на

одреден настан кој сè уште не се случил (хипотетичко сценарио).

Во зависност од резултатите од тестирањето, Комисијата за следење на

ликвидноста и управување со ликвидносниот ризик или Управниот одбор на Банката

утврдуваат активности за неутрализирање на евентуалните негативни последици што би

настанале по ликвидноста на Банката.

За резултатите од извршеното тестирање на ликвидноста се известува Надзорниот

одбор и Одборот за управување со ризици според оцена на Комисијата за следење на

ликвидноста и управување со ликвидносниот ризик или Управниот одбор на Банката.

Банката врши документирање и ревидирање на претпоставките кои ги користи при стрес-

тестирањето, документирање на добиените резултати, како и документирање на

Page 35: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 35

активностите што се преземени од страна на соодветните органи врз основа на тие

резултати.

Банката воспоставува адекватен информативен систем кој овозможува подготовка

на извештаи за готовинските текови на Банката, расположивите извори на средства, рочна

структура на активата и пасивата, валутна структура на девизните средства на Банката,

квалитет на активата, одобрени и наплатени кредити, издадени акредитиви и гаранции,

проекција на очекуван износ на акредитиви и гаранции кои ќе паднат на товар на Банката,

промет на девизниот пазар, дневна девизна позиција и отворена девизна позиција,

најголеми депоненти и други значајни податоци од работењето на Банката.

Информативниот систем овозможува навремено и континуирано мерење, следење и

известување за спроведувањето на процесот на управување со ликвидносниот ризик и

обезбедува адекватни информации и податоци за ликвидносната позиција на Банката, врз

основа на кои органите на управување и лицата вклучени во процесот на управување со

ликвидносниот ризик можат дадонесуваат адекватни и навремени одлуки поврзани со

спроведувањето на овој процес.

Преку информативниот систем ќе се овозможи:

- мерење и следење на ликвидноста на Банката и ликвидносниот ризик на дневна

основа и во точно определени временски периоди;

- мерење и следење на ликвидноста на Банката и ликвидносниот ризик за одделна

странска валута која има значајно влијание врз целокупната ликвидност на Банката, на

индивидуална и на агрегатна основа;

- следење на почитувањето на воспоставените лимити на изложеност на

ликвидносен ризик и ликвидносните показатели;

- обезбедување податоци за утврдување ликвидносни показатели и изготвување

извештајни форми за потребите на органите на Банката и сите останати лица кои се

вклучени во процесот на управување со ликвидносниот ризик;

- анализа на движењата во депозитната база и утврдување и следење на

стабилноста на депозитите;

Page 36: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 36

- спроведување на стрес-тестирање.

2.4.2. Извори на проблемите со ликвидност

Фундаменталната улога на банката која ја има во процесот на рочната

трансформација на краткорочните депозити во долгорочни кредити е извор на ризикот на

ликвидност за дадената банка или за целокупниот банкарски сектор. При рочната

трансформација на средствата клучно прашање не е појавувањето на рочната

неусогласеност бидејќи таа секогаш се појавува, туку во која мера е таа неусогласеност

или дали банката може со својата моментална рочна структура, да преживее кога би се

соочила со криза при обезбедувањето на средства и колку време ќе има на располагање за

да преземе адекватни мерки, пред да стане неспособна за исполнување на своите обврски.

Ликвидносниот ризик е ризик од тоа банката да не може да обезбеди доволно

парични средства за измирување на своите краткорочни обврски во моментот на

нивното втасување, или потребните средства да ги обезбеди со многу повисоки трошоци.23

Ризикот на ликвидност се дефинира и како сегашен или иден ризик кој предизвикува

негативни ефекти на финансискиот резултат и капиталот на банката, и се јавува како

последициа на неспособноста на банката да ги извршува своите достасани обврски, а

притоа да не создава дополнителни неприфатливи загуби. Според ова, овој ризик е

присутен дури и кога банката е солвентна, но моментално нема доволно финансиски

средства на располагање за да ги подмири своите достасани обврски, или за да ги

обезбеди потребните средства мора да направи дополнителни трошоци. Поради ова,

ликвидноста како способноста за финансирање на зголемувањето на активата и

измирување на достастаните обврски е пресудна за опстанокот и успешното работење на

секоја банкарска инстириуција.

Ликвидноста на банката ја отсликува нејзината способност да обезбеди средства

за извршување на сите достасани обврски. Ризикот на ликвидност претставува веројатност

23

Odluka za upravuvawe so likvidnosniot rizik na bankite, Slu`ben vesnik na R Makedonija 126/2011

Page 37: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 37

од недостаток на средства потребни за одржување на ликвидноста. Постојат два основни

извора преку кои може да се реализира ликвидносниот ризик и тоа:

- намалување на изворите на средствата и

- неквалитетни пласмани на средствата.

Ризикот на ликвидност предизвикан од намалување на изворите на средствата

најчесто настанува како резултат на големиот пад на нивото на депозитите. Имено, кај

ликвидноста пресудна е временската димензија. Дневните повлкувања на средства од

банката се вообичаени и со голема веројатност можат да се предвидат. Проблемот во

управувањето со ликвидноста настанува кога депонентите на банката масовно ги

повлекуваат своите депозити како последица на лошата репутација на банката односно

ширење на информации дека банката има одредени проблем и не е во можност да ги

исплати сите обврски со што настанува т.н. “јуриш на банките”. Поради ова, ризикот на

ликвидност настанува како последица на брзи промени во подмирувањето на обврските на

банката кои можат да ја доведат во ситуација да мора многу брзо да продаде еден дел од

својата актива по ниска цена или да позајми средства по каматна стапка која е повисока од

реалната цена. Банкротот на една банката може да предизвика повлекување на депозитите

и од другите банки и проблеми со нивната ликвидност. Поради ова, државата преку

спроведување на континуирана супервизија на деловните банки и воведување на системи

за осигурување на депозитите настојува да ги спречи проблемите кои се однесуваат на

ликвидноста. Последици од ризикот на ликвидност предизвикан поради високиот износ на

ненаплатени или нефункционални кредити се:

- намалување на резервите на ликвидност;

- намалување на каматносната актива, а со тоа и намалување на приходите од

камати;

- недостаток на средства за исплата на депозитите и другите обврски што

предизвикува намалување на ликвидните резерви;

- повлекување на пласманите од другите банки што доведува до намалување на

приходите по основ на камата;

Page 38: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 38

- дополнително задолжување со цел да се одржи одредено ниво на ликвидност

што предизвикува расходи по основ на камата;

- намалување на рентабилноста;

- намалување на капиталот и

- несолвентност на банката.

Оттука може да се заклучи дека независно дали ризикот на ликвидност е резултат

на намалување на изворите на средствата или неквалитетните кредитни пласмани,

последиците се исти:

- намалување на рентабилноста - појава на загуби;

- намалување на капиталот и

- несолвентност на банката.

Средствата потребни за задоволување на барањата за кредити или повлекување на

депозитите се обезбедуваат со продажба на непаричните ставки во активата или со

прибирање на нови извори на средства. Крајно, банката може да побара средства од

централната банка во форма на кредит за одржување на ликвидноста. Ризикот на

ликвидност и профитабилноста се тесно поврзани бидејќи банките тежнеат што повеќе

средства да пласираат за да остварат што поголема профитабилност, а тоа од друга страна

значи зголемување на изложеноста на ризикот на ликвидноста. Оваа поврзаност помеѓу

ликвидносниот ризик и профитабилноста се огледува и во тоа што по правилно

поефтините извори на средства се со краток рок на достасување, а профитабилните

пласмани се со долг рок на достасување.

Ликвидноста на пооделни ставки во актива зависи од способноста на банката да

продаде оделни делови од активата во иднина како би можела да ги подмири своите

достасани обврски со најмал трошок. Готовината е најликвидна актива. Но, фунцијата на

банката е да ги насочи средствата од паричните суфицитарни кон парично дефицитарните

клиенти преку што се врши трансформација на краткорочните извори во долгорочни

пласмани. Поради настанатата рочна неусогласеност на изворите и пламаните настануваат

Page 39: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 39

проблемите во ликвидноста на банкарскиот систем. Банките преку анализа на

моменталните и проценување на идните парични текови настојува да го намали ризикот

на ликвидност во најмала можна мера

2.4.3. Ликвидност на поедничените побарувања

Активата на банката се состои од реален имот (згради, опрема и сл.) и од разни

краткорочни и долгорочни побарувања во домашна или странска валута. Ликвидноста е

способност на некое побарување за кратко време да се претвори во готовина и тоа без

некои позначајни загуби. При оценување на ликвидноста на некое поединечно побарување

треба да се води сметка за три елементи:

веројатноста побарувањето во краток рок да може да се претвори во

пари,

веројатноста при таа трансакција да се постигне цена која ќе ни

одговара и

веројатноста дека во одреден временски период претходно

наведените две веројатности нема да се променат24

24

Rizik likvidnosti u poslovnoj banci, Zbornik Pravnog fakulteta Sveučilišta u Rijeci, Vol. 25, broj 2, Pravni fakultet Rijeka, 2004.

Page 40: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 40

2.5. УПРАВУВАЊЕ СО СООДВЕТНОСТА НА КАПИТАЛОТ

Капиталот на банките е особено значаен за банкарското работење. Имено, секој

регулатор го дефинира минималното ниво на капитал кое банките под негова надлежност

мора да го исполнат за да добијат дозвола за работа и потоа да можат да функционираат.

Капиталот служи за заштита на банките и нивните стејкохолдери од неочекуваните

загуби, како резултат на материјализација на ризиците со кои се соочуваат во

секојдневното работење. Ризиците на кои банките се изложени во работењето се

многубројни и разновидни.

Банката е правно лице којаз во суштина има основна дејност да прибира депозити

како нивно целосно но и делумно пласирање во кредити и други инвестиции во нејзина

корист.

Капиталот на банките во суштина се наоѓа во пасивата на билансот на состојба и

претставува најстабилен дел од финансиските ресурси на банката.Карактеристично е да се

каже дека капиталот во секоја од банките претставува недепозитен извор на финансиски

средства што трајно е вложен во банката, за разлика од другите депозитни или

недепозитни извори на средства, како неопходен услов за нејзино основање и успешно

работење. Во суштона капиталот се квантифицира како нето актива на банката што е

еднаква на разликата помеѓу вредноста на вкупната актива и вкупните обврски на банката,

а тоа се изразува како однос:

Капиталот на банката = вкупната актива – вкупните обврски

Основачите на банката обезбедуваат средства за основачкиот капитал на банката,

што може да биде во паричен и непаричен облик. Акционерскиот капитал, којшто е во

непаричен облик, го определува овластен проценувач, а на првиот состанок основачите –

акционери на банката ја потврдуваат проценката. Износот на паричниот дел од

основачкиот капитал се определува врз основа на Законот за банки.

Банката е должна да обезбеди адекватно ниво на капитал во зависност од видот и

обемот на финансиските активности и височината на ризиците што произлегуваат од

Page 41: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 41

извршувањето на планираните активности. Банката е должна изложеноста на одделни

видови ризици да ја одржува во рамките на лимитите пропишани со Законот за банки и

супервизорската регулатива на централната банка. Имено банката мора да го одржува

износот на основачкиот капитал секогаш повисок од оној во Законот за банки за да ја

задржи својата ликвидност и солвентност во работењето и да ги заштити доверителите.

Банката треба и е должна за известување на централната банка за:

зголемениот капитал, односно за новата емисија на акции;

за било каква промена на сопственичката структура на акциите со

право на управување;

за зголемената кредитна изложеност;

основањето и укинувањето на делови на банката во земјата како и во

странство;

секакви промени во составот на органите на банката;

основачки вложувања на банката во други субјекти во земјата како и

во странство;

промената на седиштето на банката.

При управувањето со капиталот финансискиот мена џмент на банката треба да ги

почитува и методологиите пропишани од централната банка, и тоа:

методологијата за пресметување и утврдување на гарантниот капитал

на банката;

методологијата за пресметување и утврдување на ризично

пондерираната актива;

методологијата за пресметување и утврдување на отворена девизна

позиција и за односот меѓу отворената девизна позиција и гарантниот капитал.

Овие методологии финансискиот менаџмент ги користи при утврдување на

износот на посебната резерва, којашто служи за обезбедување од потенцијални загуби што

произлегуваат од конкретни ризични активни билансни и вонбилансни позиции.

Page 42: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 42

Стапката на адекватност на капиталот го претставува односот меѓу гарантниот

капитал и ризично пондерираната актива. Средствата на резервите на банката се нејзини

сопствени средства и служат за покривање на загубите што произлегуваат од ризиците со

коишто таа се соочува во текот на работењето. Овие средства се формираат од делот на

добивката и ревалоризираните резерви, и тоа врз основа на одлука од собранието на

банката.

2.6. БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБАТА СЕГМЕНТ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО

БАНКАТА

Билансот на состојба претставува преглед на средствата, обврските и капиталот со

кој располага деловниот ентитет во еден определен момент – обично на крајот на

фискалната година.25

Овој финансиски извештај може да се сретне и како извештај за

финансиската состојба или извештај за финансиската позиција на компанијата.

Средствата на компанијата се користат за генерирање на идни профити за

сопствениците. Инвеститорите на средства во компанијата се заинтересирани за тоа дали

нивните средства се потрошени рационално. Билансот на состојба претставува солидна

основа за почеток на ваква анализа, затоа што обезбедува информации за вредноста на

средствата кои компанијата ги стекнала во текот на работењето. Во најголем број на

држави средствата во билансот на состојба се евидентираат според историскиот трошок за

нивната набавка. Овие историски трошоци може многу полесно да се потврдат во однос

на фер вредноста на средствата, вредноста на размена или вредноста во употреба. Од 25

Frank J. Fabozzi, Pamela P. Peterson, “Financial management & Analysis”, John Wiley and Sons, 2003,pp.719.

Page 43: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 43

гледна точка на инвеститорите ова е многу значајно, затоа што менаџерите на компанијата

настојуваат секогаш да ја претстават состојбата на компанијата во што подобро светло. Со

ова барање за евидентирање на трансакциите според историските трошоци,

сметководството поставува еден вид пречка на менаџерската способност за преценување

на средствата со кои располага компанијата. Се разбира дека и овој принцип на

евидентирање на средствата има одредени недостатоци, како што е лимитираност на

достапноста до инвеститорите на информациите во однос на потенцијалот на средствата

на компанијата, затоа што вредноста на средствата во размена се обично различни од

нивната фер вредност или вредност во употреба.

2.6.1. Форма и содржина на билансот на состојба

Средствата претставуваат ресурси во сопственост на деловниот ентитет, како што

се постројките и опремата, кои се користат за генерирање идни користи (парични

приливи).

Изворите претставуваат обврски во однос на работењето на деловниот субјект,

кон кредиторите, кои ќе предизвикаат идни парични одливи. Доколку на пример,

деловниот ентитет врши позајмување на капитал преку издавање на долгорочни

обврзници, се обврзува да ја исплати каматата и главнината на купувачите на тие хартии

од вредност.

Капиталот, кој се сретнува и под терминот акционерски капитал, ја рефлектира

сопственоста на бизнисот. Капиталот на деловниот ентитет го претставува делот од

неговата вкупна вредност, кој што не е поседуван од страна на кредиторите и им припаѓа

на сопствениците. Во најголем дел од сметководствените термини, капиталот претставува

Page 44: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 44

разлика помеѓу вредноста на имотот кој деловниот ентитет го поседува (средствата) и

вредноста на она што го должи на кредиторите (обврските).

Постојат две главни групи на средства во билансот на состојба: тековни и

постојани средства. Тековните средства (познати и како циркулирачки или работен

капитал) претставуваат средства кои лесно можат да се конвертираат во готовина во текот

на еден оперативен циклус или една година, зависно од тоа кој период е подолг.

Тековните средства се состојат од готовина, пазарни хартии од вредност,

побарувања и залихи. Готовината ги опфаќа како парите – книжни и ковани, така и

паричните еквиваленти кои брзо може да се трансформираат во пари, како што се

депозитите на сметките во банките. Пазарни хартии од вредност се акции и други хартии

од вредност кои лесно и брзо можат да се продадат, кога се јавува потреба од готовина.

Побарувањата ги претставуваат износите кои купувачите му ги должат на

деловниот ентитет за купените производи и услуги од него, кои сеуште не се платени.

Заради зголемување на продажбата, многу компании им дозволуваат на потрошувачите да

ги купат нивните производи и услуги, а да ги платат подоцна, обично на крајот на месецот

или за триесет дена од денот на продажбата.

Залихите ја претставуваат вкупната вредност на суровините и материјалите,

производството во тек и завршените (а непродадени) стоки, со кои располага деловниот

ентитет.

Друго тековно средство кое може да се сретне во билансот на состојба на

деловниот ентитет се однапред платените трошоци или во нашата литература познати

како Активни временски разграничувања. Таков пример се плаќањата кои ги врши

деловниот ентитет по основ на премии за осигурување (пример за една година), меѓутоа

од оваа вредност само еден дел (пример три месеци) се однесува на ставката осигурување

за тековната фискална година. Остатокот од платениот износ на крајот на годината се

третира како средство. Известувањето за овие однапред платени трошоци може да се

врши и како дел од ставката Останати тековни обврски.

Page 45: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 45

Инвестирањето на деловниот ентитет во делот на тековните средства зависи, во

голем дел, од типот на индустријата во кој истиот припаѓа.

Постојаните средства претставуваат нетековни средства; ова значи дека не се

очекува дека овие средства ќе се претворат во пари во текот на еден оперативен циклус.

Овде спаѓаат физичките средства како постројките и опремата, и нефизички средства,

како нематеријалните средства.

Постројките претставуваат физички средства, како што е опремата, машините и

градежните објекти, кои се користат во извршувањето на оперативните активности на

ентитетот. Инвестирањето на деловниот ентитет во овој вид на средства се изразува преку

три вредности: бруто постројки и опрема, акумулирана депрецијација (амортизација) и

нето постројки и опрема.

Нематеријалните средства ја претставуваат тековната вредност на нефизичките

средства кои претставуваат долгорочни инвестиции на деловниот ентитет, како што се

патентите, лиценците и гудвилот. Бројот на годините во текот на кои се врши

амортизирање на овие средства зависи од видот на средството и предвидениот корисен

век на употреба.

Компанијата може да располага и со други нематеријални средства, зависно од

дејноста со која се занимава и околностите во кои работи. Овде може да се набројат

нематеријалните средства кои влегуваат во групата на инвестициите и претставуваат

средства кои се купени со намера да се чуваат еден подолг временски период, меѓутоа не

генерираат расходи или пак не се користат во производството на производи и услуги.

Обврските, кои ги претставуваат долговите на компаниите кон кредиторите, се

состојат од краткорочни (тековни) обврски, долгорочни обврски и одложени даноци.

Тековните обврски се обврските кои треба да бидат платени во текот на еден

оперативен циклус или една година, во зависност од тоа која е подолга. Долгорочните

обврски ги опфаќаат обврските кои треба да бидат платени во тек на период подолг од

една година.

Page 46: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 46

Капиталот го претставува сопственичкиот интерес во компанијата. Во

корпорациите сопственоста е претставена преку поседувањето на обични и

преференцијални акции. Акционерскиот капитал може да се сретне и под терминот

сметководствена вредност на капиталот, затоа што тоа е неговата вредност евидентирана

во сметководствените книги.

Остатокот од вкупниот капитал на компанијата им припаѓа на обичните

акционери. Номиналната вредност на обичните акции е од арбитрарна природа – нема

врска со нејзината пазарна вредност и со исплатените дивиденди.

Најголемиот дел од капиталниот интерес во компанијата е во делот на т.н.

акумулиран вишок. Акумулираниот вишок претставува акумулиран нето приход на

компанијата, намален за сите дивиденди кои сеуште не се исплатени. Акумулираниот

вишок не мора задолжително да биде во облик на готовина и секоја коресподенција со

готовина претставува коинциденција. Секоја генерирана готовина која не се исплаќа во

форма на дивиденди, обично се реинвестира во средства на компанијата – за финансирање

на нејзините побарувања, залихи, опрема и слично.

Сметководствената вредност на капиталот – тоталната вредност на акумулираните

вишоци, капиталот во обични акции и преференцијални акции (доколку постојат) – го

претставува капиталниот интерес на сопствениците на компанијата, изразен преку

историскиот трошок на капиталот. Оваа вредност на капиталот има многу малку сличност

со неговата пазарна вредност. Во најголем дел од успешните компании пазарната

вредност на капиталот ја надминува неговата сметководствена вредност и разликата е

огромна.

2.6.2. Вреднување на позициите во билансот на состојба

Вреднувањето на елементите на финансиските извештаи, вклучувајќи го и

билансот на состојба, претставува процес на утврдување на вредноста на сите ставки,

изразени во парични износи, во валутата на земјата каде се составуваат финансиските

Page 47: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 47

извештаи. Вредносното искажување на средствата, обврските и капиталот, како основни

елементи на билансот на состојба, се врши со цел да овие нехомогени и неистородни

елементи се сведат на заеднички именител.

Во однос на вреднувањето на билансните позиции во финансиските извештаи,

треба да се истакне дека може да се користат различни методи за вреднување и нивниот

избор е поврзан со пресметката и искажувањето на периодичниот финансиски резултат.

Тоа значи дека доколку се користи одреден метод со кој се врши преценување на

средствата или потценување на туѓите извори на средства, се доаѓа до нереално изразен

повисок финансиски резултат од работењето, што понатаму води до појава на сокриена

загуба во билансот на состојба. Обратен е случајот со потценување на средствата и

преценување на туѓите извори, кога се јавува потценет финансиски резултат и создавање

на латентни резерви. На овој начин всушност се составуваат нереални биланси на

состојба.

Проблематиката на вреднување на позициите во билансот на состојба посебно

доаѓа до израз кога одредено средство треба да се продаде, преотстапи, подари и други

слични ситуации, но и кога се сака да се согледа големината на одделни групи или

подгрупи на средства или да се добие информација за вредноста на вкупните средства со

кои располага компанијата. Определувањето на вредноста на билансните позиции, било

поединечно или групно, се врши преку употреба на цените, како заедничко мерило во

процесот на проценување на вредноста.

Самиот факт што во практиката постојат најразлични видови на цени кои може да

се користат во процесот на вреднување на билансните позиции, покажува дека примената

на тие различни цени доведува и до утврдување на различни вредности на една иста

ставка. Затоа и постојаната дилема кој вид на цена да се примени, со која би се

овозможила реална процена на билансните позиции и истовремено реално информирање

на интерните и екстерните корисници на финансиските извештаи за вистинската состојба

на компанијата. Постоењето на различни цени во практиката отвора простор и за многу

манипулации, во правец на користење на онаа цена која најдобро го изразува она што се

сака да се постигне, а не што е вистинска состојба. Затоа и треба да се посвети големо

внимание на правилниот избор на цената со која ќе се врши вреднувањето на билансните

Page 48: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 48

позиции и со која ќе се овозможи: реално искажување на состојбата на средствата,

изворите, расходите и приходите; реално утврдување на трошоците во работењето; реално

утврдување на финансискиот резултат и понатаму негова реална распределба.26

Во продолжение накратко ги објаснуваме основните видови на цени кои се

користат во практиката за вреднување на билансните позиции во билансот на состојба:

Набавната вредност е трошокот кој е направен од страна на

компанијата за прибавување на одредено средство и таа ја содржи

фактурната вредност и сите трошоци поврзани со набавката, т.н. зависни

трошоци. Предноста на оваа цена е тоа што е стварна цена, бидејќи ги

опфаќа конкретно потрошените средства за набавката и е документирана,

затоа што постојат документи за секоја набавка, кои ја прават веродостојна

и објективна.

Основна слабост на набавната цена е тоа што таа ги губи своите предности во

услови на променливост - нестабилност на националната валута, особено во услови на

инфлација, кога доаѓа до нереално искажување на вредноста на билансните позиции. За

надминување на овој недостаток, во практиката се користат одредени модификации или

корекции на набавната вредност. Како на пример, согласно основната рамка за

Меѓународните сметководствени стандарди, залихите треба да се водат по пониската од

набавната и нето реализационата вредност, а пазарните хартии од вредност да се водат по

пазарна вредност.

Дневна цена (вредност) е вредност која може да се користи во

проценка на средствата, независно од тоа дали е дневна набавна, дневна

продажна, берзанска и слично. За оваа цена се смета дека е реална во

моментот на проценката на средствата, за разлика од набавната цена која е

реална во моментот на набавката, но не и кога се врши проценката. Меѓутоа

овој вид на цена има многу слабости кои ја отежнуваат нејзината примена,

како: тешкото утврдување и неможноста истата да се докаже и документира,

26

Станпил Станпевски, „Теприја на биланспт“, Екпнпмски факултет, Скппје, 1997, стр.58.

Page 49: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 49

со што може да добие субјективен карактер и да се искористи за

манипулативни цели.

Терминот пониска цена не претставува посебен вид на цена,

туку со овој термин се означува дека во вреднувањето на билансните

позиции се зема пониската цена од дневната и набавната цена, со цел да се

задоволи принципот на претпазливост.

Репродукциона цена е цената која треба да овозможи проста

репродукција на средствата и истата се јавува во три основни облици: а)

репродукциона цена во моментот на билансирање; б) репродукциона цена во

моментот на трошење на средствата и в) репродукциона цена во моментот

на замена на истрошените средства. Од теоретски аспект оваа цена има

големи предности, меѓутоа во практиката не се користи поради тоа што не

може да се докаже и документира и може да добие субјективен карактер.

Функционалната вредност е вредноста која ја добива

одредено средство во зависност од функцијата која ја врши во една

компанија, што значи дека оваа вредност може да биде различна во

различни компании. Во практиката овој вид на цена речиси воопшто не се

користи.

Ликвидациона цена (вредност) се користи во вреднувањето на

средствата на компанијата само во одреден момент, т.е. на крајот на

животниот век на компанијата, кога таа престанува да ја врши својата

редовна активност. Според оваа цена се вреднува целокупниот имот на

компанијата, за да се изврши негово претворање од материјален во паричен

вид, со цел да се подмират обврските и да се изврши ликвидацијата.

Ревалоризирана вредност е вредноста која се базира на

набавната вредност и која се користи во услови на нестабилност на

националната валута, услови на инфлација. Со неа се врши корекција на

Page 50: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 50

набавната вредност и усогласување на вредноста на средствата со општото

ниво на промена на цените.

Досега стануваше збор за вреднување на средствата на компанијата, како дел од

активата на билансот на состојба. Другата страна на билансот на состојба, пасивата го

покажува потеклото на средствата со кои располага компанијата, од сопствени или туѓи

извори. Тука спаѓаат сите обврски на компанијата и капиталот. Обврските на компанијата,

независно дали се краткорочни или долгорочни, се во основа позиции од монетарен

карактер и доколку гласат на домашна парична единица се вреднуваат според нивниот

номинален износ. За разлика од нив, обврските кои се во странска валута, како

немонетарни позиции, се проценуваат според вредноста на номиналниот износ на

странската валута и кога се претвораат во домашна валута се користи курсот на денот на

билансирање.

Разликата која се јавува помеѓу вредноста на вкупните средства со кои располага

компанијата (активата) и вредноста на сите обврски (пасивата) го дава износот, т.е.

големината на капиталот на компанијата. Вреднувањето на капиталот во билансот на

состојба се врши според неговата номинална вредност, односно по книговодствената

вредност која се добива од соодветните сметки на кои се води, зависно од појавните

облици кои се различни во различните сопственички структури.

2.6.3. Анализа на средствата и изворите на средствата во контекст на

корпоративното управување

Средствата претставуваат ресурси поседувани од страна на компанијата која таа

ги користи во создавањето на идни економски користи, кои може да се измерат со висок

степен на сигурност. Како што беше истакнато претходно, средствата може да се јават во

различни форми, како што се парични средства, пазарни хартии од вредност, побарувања

од купувачите, долгорочни вложувања во други компании и слично.

Page 51: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 51

Основните принципи кои се користат во идентификувањето и вреднувањето на

средствата се принципот на историски трошок и конзерватизам. Со користење на

принципот на историски трошок средствата се вреднуваат по нивната оригинална

вредност, додека според принципот на конзерватизам се бара вредноста на средствата да

биде ревидирана надолу, доколку фер вредноста е пониска од вредноста на набавката на

средството.

Анализата на средствата, покрај нивното вреднување, вклучува и давање одговор

на прашањето за тоа дали одреден издаток треба да биде евидентиран како средство во

финансиските извештаи на компанијата или како тековен трошок. Ова бара разјаснување

од страна на аналитичарите за тоа кој има право на сопственост над средството, дали се

очекува од истото да генерира идни користи за компанијата и дали тие користи можат со

сигурност да се измерат.

Средствата на компанијата се користат за генерирање на идни профити за

сопствениците. Инвеститорите на средства во компанијата се заинтересирани за тоа дали

нивните средства се потрошени рационално. Билансот на состојба претставува солидна

основа за почеток на ваква анализа, затоа што обезбедува информации за вредноста на

средствата кои компанијата ги стекнала во текот на работењето. Во најголем број на

држави средствата во билансот на состојба се евидентираат според историскиот трошок за

нивната набавка. Овие историски трошоци може многу полесно да се потврдат во однос

на фер вредноста на средствата, вредноста на размена или вредноста во употреба. Од

гледна точка на инвеститорите ова е многу значајно, затоа што менаџерите на компанијата

настојуваат секогаш да ја претстават состојбата на компанијата во што подобро светло. Со

ова барање за евидентирање на трансакциите според историските трошоци,

сметководството поставува еден вид пречка на менаџерската способност за преценување

на средствата со кои располага компанијата. Се разбира дека и овој принцип на

евидентирање на средствата има одредени недостатоци, како што е лимитираност на

достапноста до инвеститорите на информациите во однос на потенцијалот на средствата

на компанијата, затоа што вредноста на средствата во размена се обично различни од

нивната фер вредност или вредност во употреба.

Page 52: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 52

Ова не значи дека принципот на историски трошок се користи без исклучок. Од

неодамна во САД се бара некои финансиски инструменти да се вреднуваат според нивната

фер пазарна вредност.27

Основниот предизвик во врска со финансиското известување за средствата се

состои во утврдувањето на тоа кои видови на направени издатоци да се квалификуваат

како средства. Во практиката постојат изградени критериуми според кои се врши ова

квалификување на средствата, на кои овде не се задржуваме. Во случај кога сопственоста

над средството тешко може да се дефинира, менаџментот добива можност да изврши

проценка и да одлучи дали одредено стекнување треба да добие третман на средство. Во

други случаи менаџментот нема да биде во можност да изврши таква проценка, затоа што

можеби сметководствените стандарди не дозволуваат третман на одредени набавки како

средства. И двете ситуации креираат можност за пошироки финансиски анализи.

Во однос на второто прашање, постојат три различни методи кои се користат при

идентификувањето на средствата за кои е неизвесно дали ќе генерираат идни економски

користи. Првиот метод, кој бара неодложно евидентирање на издатокот како трошок, не

дозволува употреба на никаква проценка од страна на менаџментот во финансиското

известување (трошоци за развој на бренд и истражување и развој). Вториот метод, кој ги

евидентира средствата според вредноста на направениот издаток, остава простор за

проценка на менаџментот во текот на последователните периоди, преку амортизацијата и

отпишувањето на средствата (гудвил и фиксни средства). Третиот метод бара очекуваната

вредност на користите од направениот издаток да биде прецизно утврдена, вклучувајќи

значително учество на менаџерска проценка (побарувања и одложени даночни средства).

На крај, во однос на прашањето како да се рефлектираат промените во

вредностите на средствата во тек на временскиот период, односно кај кои видови на

средства да се изврши намалување или зголемување до нивната фер вредност, практиката

покажува дека менаџерската проценка инволвирана во овој процес зависи од типот на

средството, земјата во која работи компанијата и начинот на кој се врши управувањето со

бизнисот.

27

Palepu Healy Bernard, “Business Analysis & Valuation using Financial Statements”,Thomson Higher Education, 2007, pp.127.

Page 53: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 53

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Банкарските институции заземаат значајно место во рамките на финансискиот

систем на секоја национална економија. Како најстари финансиски посредници,

комерцијалните банки поминуваат низ постојан процес на промени под влијание на

процесите на дерегулација, финансиските иновации, секјуритизацијата, глобализацијата и

новите достигнувања на информатичката технологија. Од тој аспект органите на банките

се клучен сегмет во работењето на една современа банка према тоа представуваат алка

помеѓу професионалноста на работењето и функционирањето на сите пори на работењето

на банката. Управувањето со банките пред се зависи од менаџментот на банката како и

самите органи кои раководат со работењето на банките.

Основната и најзначајна цел е да се разработат органите на банките и да се види

нивното работење со цел постигнување поголема стабилност на пазарот на банката и како

истите влијаат во постигнувањето и остварувањето на истото.

Магистерскиот труд треба да даде придонес во управувањето со банките,

постигнување на поголема ефикасност во управувањето со банките како и подобрување на

балансот на органите на банките и нивно перфектно функционирање. Апликативниот

карактер на овој магистерски труд се согледува и во процесот на управување со банките

како и постигнување совршен систем на органите на банките со цел ефикасно управување

со банките. Главната и основната задача од магистерскиот труд е преку добиените

резултати што ќе произлезат од ова истражување да се направи споредба со веќе

постоечките резултати од светската литература и да се види дали истите се потврдуваат и

се соодветни со испитувањата кои се вршени во банките кои беа земени како предмет на

истражување во магистерскиот труд. Добиените резултати од изработениот магистерски

труд треба да имаат значаен теоретски и практичен придонес за развојот на банкарскиот

систем во нашата земја како и поефикасно управување со банките.

Page 54: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 54

МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ НА РАБОТА

Материјали на работа

Методи на работа

Добиените резултати од испитувањата на магистерскиот труд се статистички

обработени, јасно и прегледно претставени во табели и графикони од каде што јасно можи

да се види влијанието и знаењето на органите на банката за управувањето со работењето

на банката.

Со самата систематизација и групирање на податоците се добија поконкретни

вредности со што се овозможи нивна статистичка обработка, каде што наредната фаза

беше систематизирање на податоците во Microsoft Office Excel од каде што се пристапи

кон нивна понатамошна обработка.

При тоа пресметана е средна (аритметичка) вредност на добиените резултати од

анкетирањето со што беа пресметани проценти на добиените одговори од поставените

прашања од Анкетен лист број 1 во кои беа анкетирани 100 лица од областа на правото,

банкарскиот сектор какои и одредена целна група на граѓани.

РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА

бр Прашања од Анкетен лист

број 1

n Понудени одговори ∑ Не се

согласувам

Делумно се

согласувам

Целосно се

согласувм

Немам

мислење

1 Преку ефикасното

функционирање на органите на

една банка се постигнува

поголема ефикасност на

банката

100 1% 3% 90% 6% 100,00

2 Ефикасните и современи

механизми влијаат за ефикасно

управување со банките

100 0%

5% 91% 4% 100,00

3 Органите на банката влијаат

врз транспарентноста на

работењето на банката

100 0%

7% 92% 1% 100,00

Page 55: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 55

4 Со процесот на управување на

банките се подобрува и

системот за надзор и контрола

во работењето на банката

100 0% 5% 95% 0% 100,00

5 Управувањето во банките го

претставува начинот на кој се

воспоставува рамнотежа на

интересите на различните

субјекти во една банка

100 0% 4% 92% 4% 100,00

6 Банкарскиот супервизор

првенствено се занимава со

одржување на стабилноста на

банкарскиот систем

100 0% 0% 100% 0% 100,00

7 Банкарскиот супервизор се

занимава со одржување на

здравоста на системот на

внатрешни контроли, како

основа за безбедно и прудентно

управување на банката.

100 0% 0% 100% 0% 100,00

8 Ефикасни процедури за

идентификување, мерење,

следење и контрола се

клучни во управувањето на

банките од страна на

органите на банките

100 0% 5% 95% 0% 100,00

9 Упрвување со банка значи

меѓусебна поврзаност и

соработка на органите на

банката со цел ефикаснос и

стабилност на пазарот

100 0% 2% 97% 1% 100,00

Page 56: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 56

Графикон број 1

На Графикон број 1 представени се добиените резултати од Анкетен лист број 1

на прашањето број 1 кое се однесуваше на тоа дали преку ефикасното функвионирање на

органите на една банка може да се постигне поголема ефикасност на работата на банката.

Од вкупно 100 анкетирани лица кои лица беа дел од бизнис секторот, правници,

лица кооперанти на банките, лица вработени во банкарскиот сектор како и група на

граѓани со оваа констатација не се согласуваат 1% додека делумно се согласуваат 3% и

сметаатдека за ефективност на една современа банка потребни се и низа други мерки кои

треба да се превземат и инсталираат во работењето на банката. Со оваа констатација

целосно се согласуваат 90% од анкетираните лица и сметаат дека ова е клучот за

ефекетивност на работењето на банката.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

Не се спгласувам

Делумнп се

спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Преку ефикаснптп функципнираое на прганите на

една банка се ппстигнува ппгплема ефикаснпст на банката

1% 3% 90% 6%

Преку ефикасното функционирање на органите на една банка се

постигнува поголема ефикасност на банката

Page 57: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 57

На оваа констатација немаат мислење 6% претежно група на анкетирани лица кои

се кооперанти на банките и недоволно ги познаваат органите на банката и нивното

функционирање и управување.

Од тука можеме да заклучиме дека ефикасното функционирање на органите на

една банка директно влијае и допринесува за ефикасноста на работењето на банката и

нејзината позиција на домашниот пазар.

Page 58: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 58

Графикон број 2

Секоја современа метода или современи механизми кои се применуваат во

деловното работење на една банка допринесуваат за ефикасност во работењето на банката.

Секоја современа банка се базира на современо управување од страна на органите кои

управуваат со банката.

Од аспект на тоа формулирано е второто прашање од Анкетен лист број 1 од каде

со статистичка обработка на податоците е добиен Графикон број 2.

Од вкупно 100 анкетирани лица од бизнис секоторт, правници, лица вработени во

банките како и лица кооперанти на банките и обични граѓани на прашањето дали со

ефикасноста и ефикасните но и современи механизми може да се влијае и допринесе за

ефикасното управување со банките не се согласуваат 0%. Со оваа констатација делумно

се согласуваат 5% додека целосно се согласуваат 91% од вкупниот број на анкетирани

лица. На ова прашање немаат мислење 4%.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Ефикасните и спвремени механизми влијаат за ефикаснп

управуваое сп банките0% 5% 91% 4%

Ефикасните и современи механизми влијаат за ефикасно управување со

банките

Page 59: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 59

Од тука можеме да констатираме дека Ефикасните и современи механизми во

целост влијаат за ефикасното и современо управување со банките во нашата земја, па

спрема тоа органите на банките постојано и континуирано треба да допринесуваат за

постигнување на оваа цел со што банката би ја зацврстиле на позиција што ќе гарантира

стабилнсот и просперитет но и сигурност за опстанокот во иднина.

Page 60: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 60

Графикон број 3

Принципи на банкарското работење се: принцип на ликвидност, принцип на

сигурност и ефикасност на вложувањата, принцип на рентабилност и принцип на

транспарентност.

Банката, по правило, работи и располага со туѓи извори на средства, како што се

депозити на претпријатијата, штедни влогови на населението, користени кредити за

ликвидност од домашни банки, користени странски кредитни линии, прибирани средства

врз основа на издадени сопствени хартии од вредност и сл.

Од тој аспект транспарентноста на работењето на банките директно е поврзана со

управувањето на банката од страна на органите на банките. Прашањето број 3 од Анкетен

лист број 1 се однесуваше на тоа дали органите на една банка влијаат врз работењето

односно трансапрентноста на работењето на банката. Со статистичка обработка на

податоците добиен е Графикон број 3 од каде од вкупно 100 анкетирани лица од правниот

сектор, бизнис секторот, лица вработени во банките како и одредена група на граѓани

добиени се резултати каде со оваа констатација не се согласувааат 0%.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Органите на банката влијаат врз транспарентнпста на рабптеоетп

на банката0% 7% 92% 1%

Органите на банката влијаат врз транспарентноста на работењето на

банката

Page 61: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 61

Делумно со оваа констатација се согласуваат 7% додека целосно се согласуваат

92%. На ова констатација немаат мислење 1% од анкетираните лица.

Од тука можеме да заклучиме дека Органите на банките целосно влијаат врз

начинот на работењето како и транспарентноста на работењето на банката.

Page 62: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 62

Графикон број 4

Управување во банка претставува збир од заемни односи меѓу Управниот одбор,

Надзорниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат

раководна функција во Банката, акционерите на Банката и останатите заинтересирани

субјекти.

Процесот на управувањето на банките е тежок процес кој бара директно влијание

од страна на органите на банката. На графикон број 4 преставени се реултатите кои беа

добиени од Анкетен лист број 1 на анкетното прашање број 4. Анкетирани беа вкупно 100

лица од страна на бизнис секоторот, правници, вработени во банките, кооперенти на

банките како и група на граѓани.

На прашањето број 4 кое се однесуваше на тоа дали со процесот на управувањето

на банките се подобрува системот за надзор и процесот на контрола на работењето на

банката не се согласиле 0% од вкупниот број на анкетирани лица.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Сп прпцеспт на управуваое на банките се ппдпбрува и системпт за надзпр и кпнтрпла вп рабптеоетп

на банката

0% 5% 95% 0%

Со процесот на управување на банките се подобрува и системот за надзор и

контрола во работењето на банката

Page 63: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 63

Со оваа констатација делумно се согласиле 5% додека целосно се согласуваат

95%. На ова прашање немаат мислење 0%.

Од тука можеме да констатираме и донесеме заклучо дека со процесот на

управување на банките во целсот се подобрува системот за надзор и контрола во самиот

процес на работењето на секоја современа банка на домашниот пазар.

Page 64: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 64

Графикон број 5

Управување значи стандардизација на процесите, процедурите и однесувањето во

компаниите, која се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола

во одлучувањето, секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата.

Стандардизацијата како и воспоставувањто на рамнотежа на интересита на различните

субјекти во една современа банка е процес кон кој треба д се стреми и да се движи секоја

банка.

Со статистичката обработка на податоците од Анкетен лист број 1 од прашањето

број 5 добиен е и формулиран Графикон број 5. Прашањето се однесуваше стриктно на

тоа дали преку управувањето во банките воспоставуваат рамнотежа на внатрешните

интереси на различните субјекти во една современа банка.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Управуваоетп вп банките гп претставува начинпт на кпј се впсппставува рамнптежа на интересите на различните

субјекти вп една банка

0% 4% 92% 4%

Управувањето во банките го претставува начинот на кој се воспоставува

рамнотежа на интересите на различните субјекти во една банка

Page 65: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 65

Од вкупно 100 анкетирани лица од бизнис секотрот, лица вработени во банките,

правни лица како и група на граѓани на ова прашање не се согласуваат 0%. Делумно со

оваа констатација се согласуваат 4% додека во целост со оваа констатација се согласуваат

92%. На ова прашање немаат мислење 4%.

Од тука можеме да заклучиме дека начинот и самиот процес на управување со

банките го представува и столбот на една банка во процесот на воспоставување рамнотежа

и балансирана состојба на интересита на различните субјекти во една современа банка.

Page 66: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 66

Грфикон број 6

Одржуваањето на една банка да е стабилна на домашниот пазар и континуирано

да напредува зависи од функционирањето и делувањето на банкарскиот супервизор.

Основните барања на банкарската супервизија се базираат на системот на

лиценцирање, што им овозможува на супервизорите да се идентификуваат субјектите кои

треба да бидат надгледувани и контролирани при влезот во банкарскиот систем. Од тој

аспект и гледано од оваа гледна точка формулирано е прашањето број 6 од Анкетен лист

број 1.

Со статистичка обработка на податоците добиен е графикон број 6 од каде на ова

прашање одговараа 100 анкетирани лица.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Банкарскипт супервизпр првенственп се занимава сп

пдржуваое на стабилнпста на банкарскипт систем

0% 0% 100% 0%

Банкарскиот супервизор првенствено се занимава со одржување на

стабилноста на банкарскиот систем

Page 67: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 67

При тоа добиени се резултати каде што на ова прашање не се согласиле 0% а исто

така и 0% е и на понудениот одговор за делумно согласување. Со оваа констатација

целосно се согласиле 100% доедека немаат мислење 0%.

Од тука можеме да заклучиме дека стабилноста на една современа банка која

континуирано унапредува и се осовременува со цел задржување на стабилноста на

банкарскиот систем директно е поврзана со начинот на функсионирање на банкарскиот

супервизор.

Page 68: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 68

Графикон број 7

Промовирањето и развојот на добра управувачка практика на една современа

банка која сака да е стабилна на пазарот на глобално ниво е еден од најголемите

предизвици во услови на растечка конкуренција и на создавање ново подобро општество

во 21 век. Управувањето претставува атрибут на современата светска и националната

економија.

Процесот на управување станува неминовно во услови кога постојат повеќе

сопственици на капиталот, при што неопходно е објективно одвојување на сопственоста

од управувањето. Како фактори што го иницирале процесот на корпоративно управување

во компаниите пред се се стриктно поврзани со банкарскиот супервизор.

Прашањето број 7 од Анкетен лист број 1 се однесуваше на констатацијата дека

банкарскиот супервизор се занимава со одржувањето и здравоста на системот на

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се

спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Банкарскипт супервизпр се занимава сп пдржуваое на здравпста на системпт на

внатрешни кпнтрпли, какп пснпва за безбеднп и прудентнп управуваое на банката.

0% 0% 100% 0%

Банкарскиот супервизор се занимава со одржување на здравоста на системот

на внатрешни контроли, како основа за безбедно и прудентно управување на

банката.

Page 69: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 69

внатрешните контроли како основа за безбедно управување со банките. Од вкупно 100

анкетирани лица Целосно со оваа констатација сесогласиле 100%.

Од тука можеме да донесеме заклучок дека здравоста на системот на внатрешни

контроли како основа за безбедност на работењето и управувањето со банките за виси

пред се од управувањето на банкарскиот супервизор.

Page 70: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 70

Графикон број 8

Секоја ефикасна процедура и сите аспекти кои подразбираат правилна примена на

мерењата, следењата и контролата во управувањето во банките се гарант за стабилност на

работењето на една банка. Овие следења се вршат директно преку органите на банките и

истите најповеќе зависат од самиот начин на примена на сите процедури од страна на

органите на банката.

На Графикон број 8 представени се добиените резултати од Анкетен лист број 1

на Анкетноот прашање број 8. Сос татистичката обработка на податоците кои податоци се

добиени од одговорот на 100 анкетирани лица на прашањето дали ефикасните процедури

за идентификација, мерење, следење и контрола се клучните аспекти во управувањето со

банките од страна на органите на банките не се согласиле 0%.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Ефикасни прпцедури за идентификуваое, мереое, следеое

и кпнтрпла се клучни вп управуваоетп на банките пд страна

на прганите на банките

0% 5% 95% 0%

Ефикасни процедури за идентификување, мерење, следење и контрола се клучни

во управувањето на банките од страна на органите на банките

Page 71: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 71

На ова прашање делумно се согласиле 5% додека целосно со оваа констатација се

согласиле 95%. На оваа констатација немаат мислење 0% од вкупниот број на анкетирани

лица.

Од тука можеме да заклучиме дека едикасните процедури за идентификување,

мерење, следење како и контрола се клучни во самиот процес на управување на банките

од страна на органите на една банка со цел задржување на стабилноста на банката и

нејзиниот просперитет во иднина.

Page 72: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 72

Графикпн брпј 9

Принципите на управување на банките се правила кои се однесуваат на

формирање, функционирање и подобрување на системот на управувањето.

Управување во банка се темели на принципи на правичност, чесност,

одговорност, доверливост, отвореност, професионализам и способност. Ефикасна

структура на корпоративното управување значи почитување на правата и интересите со

цел да се втемели меѓусебната поврзаност и соработка на органите на банката со крајна

цел стабилност на банката на пазарот.

Последното прашање од Анкетен лист број 1 се однесуваше на тоа дали

управувањето во банката значи и меѓусебна соработка и поврзаност на органите на

банката како и нивна меѓусебна соработка со цел ефикасност но и стабилност на банката

на пазарот.

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

Не се спгласувам

Делумнп се спгласувам

Целпснп се спгласувм

Немам мислеое

Упрвуваое сп банака значи медусебна ппврзанпст и спрабптка

на прганите на банката сп цел ефикаснпс и стабилнпст на

пазарпт

0% 2% 97% 1%

Упрвување со банака значи меѓусебна поврзаност и соработка на органите на

банката со цел ефикаснос и стабилност на пазарот

Page 73: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 73

Од вкупно 100 анкетирани лица од правниот сектор, бизнис секоторот, лица

вработени во банките како и граѓани на ова прашање не се согласиле 0% додека делумно

се согласиле 2%. Со оваа констатација целосо се согласиле 97% додека немаат мислење

1% од вкупниот број на анкетирани лица.

Page 74: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 74

ЗАКЛУЧОЦИ

Во согласност со целта и задачите на научно-истражувачката активност, во

завршниот дел се враќаме да се потсетиме на финалните и заклучните согледувања

коишто се резултат на направените анализи и истражувања на проблематиката поврзана со

управување со банките и нивните органи.

Кога во 70-те години на 20-от век во Америка се појави терминот „корпоративно

управување“, често кружеше темата дека банките ќе ја зголемат нивната финансиска

структура преку практики на добро корпоративно управување.

Под терминот „добро корпоративно управување“ во банките може да се подразбере

управување кое на јасен и ефикасен начин ќе ги дефинира релациите на трите засегнати

страни и тоа: начинот на кој акционерите на банката ги остваруваат своите права и

одговорности, начинот на кој менаџментот управува со банката и транспарентниот однос

на банката со јавноста.

Корпоративното управување како структура ги дефинира односи меѓу надзорниот

одбор и управниот одбор на банката и нивните дирекции, како и акционерите и другите

носители на материјални интереси, и ги утврдува средствата за оставарување на

поставените цели за да ги сумира резултатите. Ефикасното корпоративно управување на

банките е основна гранка за зголемување на пристапот кон надвореншните извори на

финансирање, да ја намалат цената на капиталот, да остварат подобри перформанси

преку подобра и паметна алокација на средствата и ефикасно управување на истите,

успешно управување на секојдневните активности во рамките на дефинираниот банкарски

профил заштитувајќи ги интересите на депонентите и акционерите како главни носители

на капиталот во банката.

Токму поради тоа Базелскиот комитет има строго дефинирани препораки за

јакнење на ефикасноста на корпоративното управување кои се претставени во неколку

принципи кои главно се однесуваат на: остварување на правата и интересите на

акционерите, транспарентност на сопственичката структура, општествена одговорност,

поделба на надлежностите, редовна и ефикасна контрола и ревизија на работењето,

Page 75: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 75

почитување на законските, етичките стандарди и практики, независност и објективност,

информирање, заштита на доверливите и личните податоци.

Најопшто земено работењето на банките како институции најмногу се должи на

правната рамка или правните ограничувања, нивната влијателност и примена што им

овозможува на банките да го институализира нивното работење и да ги покрие сите

основни органнизациони структури на банката , деловните процеси како и да ги дефинира

границите на одговорност на истите. Начинот на донесување на одлуки во банката

најчесто е формализиран , и тоа дали во внатрешната структура на банката или во

нејзината комуникација со надворешните клиенти преку основни и стандарнизирани

договори и услуги во зависност од правната структура на различни земји.

Според сето ова за една банка да функционира поефикасно и стабилно треба да се

придружува кон принципите на корпоративното модерно управување и негово

имплеметирање, односно преку изработка на добри закони, процедури и правила и нивна

примена врз целокупната финансиска сила од матичната земја , деконцентрација на

моќтта од делокругот на еден или мал број на лица од менаџментот на банката, разбивање

на доминантната акционерска структура, зголемување на активните надзорни органи,

нивните тела и комитетите на банките како и имплементирање на независни членови,

транспаретност во вработувањето за подобрување на стручноста на вработените,

непрекината комуникација на сите засегнати страни (акционери, менаџмент, регулаторни

тела, клиенти, инвеститори, добавувачи, брокери, инвестициони советници, адвокати,

маркетинг агенции, вработени, здрава конкуренција, немешање на политиката и

транспарентност во работењето може да влијае банките во пракса навистина да ги

практикуваат правилата на добро корпоративно управување.

Банките треба да си ја задржат својата основна економска логика на постоење, а тоа

е работење заради остварување на профит и сите ние сакаме да знаеме дека нашите

средства ги вложуваме во банка која знае да управува со нив на најдобар можен начин.

Page 76: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 76

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Миливоје Цветановиќ, „Управљање ризицима у финансиском пословању“,

Универзитет Сингидунум, Белград, 2008.

2. Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008

3. Зоран Јовиќ, „Impact of non-banking financial operations on bank‟s risk

management“,Универзитет Сингидунум, Белград.

4. Гордана Витанова, „Даночно и банкарско сметководство“, Економски факултет,

Прилеп

5. Емет Џ. Воган, „Основи на ризик и осигурување“, 2008.

6. Stanley В. Block, „Основи на финансиски менаџмент“, 2008.

7. Ќировиќ Милутин, „Банкарски менаџмент“, Економски институт, Белград, 1995.

8. Мајкл Р. Беј, „Економија на менаџментот и бизнис стратегија“, 2009.

9. Дукиќ Д., Бјелица В., „ Банкарство“, Економски факултет, Белград, 2003.

10. Душаниќ Ј., „Пословно банкарство“, Белград, 2003.

11. Шила Хефернан, „Современо банкарство“, 2009.

12. Фредерик С. Мишкин, „ Пари, банкарство и финансиски пазари“, 2010.

13. Мирољуб Хаџиќ, „Банкарство“, Белград, 2009.

14. Слободан Барач, „Практикум за банкарство“, Белград, 2007.

15. Пол Г. Фарнам, „Економија за менаџери“,2010.

16. Проф. д-р Бранко Трајкоски, „Деловни финансии со финансиски менаџмент“,

Економски факултет, Прилеп.

17. Д-р Синиша Спасов, „Финансиски менаџмент“, Економски факултет, Скопје 1993.

18. Дукиќ Д., Бјелица В., Ристиќ Ж., „Банкарство“, Економски факултет, Белград, 2004.

19. Вујовиќ Р., „Управување ризицима и осигурање“,Универзитет Сингидунум,

Белград, 2009г.

20. Бјелица В., „Банкарство, теорија и пракса“, Економски факултет, Нови Сад, 2001.

21. Барач С., Хаџич М., „Појмовник финансија и банкарства“, Универзитет

Сингидунум, Белград, 2006.

22. Anderson R., „Transition banking“, Oxford Clarendon, 1998.

Page 77: Магистерски труд – Органи на банки и управување на банкиpfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/HristijanGajtanovski_Bitola.pdf ·

Магистерски труд – Органи на банки и управување на банки

Кандидат: Христијан Гајтановски 77

23. Барбара Касу, Клаудија Џирардоне, Филип Молину, „Вовед во банкарството“,

2006.

24. С. Барач, Б. Стакич, М. Хаџиќ, М. Иваниш, „Практикум за банкарство“, Факултет

за финансиски менаџмент и осигурување, Белград, 2007.

25. Јовиќ З., „Менаџмент финансијских институција“ Белград, 2008.

26. .Brigham E.F., Grapenski L. C.,(1994) ”Fundamentals of Financial Management -

Theory and Practice”, The Dryden Press, New York

27. Haffernan, S., Modern banking, City University, London, 2004 31. Harrington, S. i

Niehaus, G.,

28. Risk Management and Insurance, McGraw-Hill/Irwin, New York, 2003

29. 27.Cirovic, D., (1995), Bankarski menadzment, Ekonomski Institut Beograd, Beograd;

30. Heffernan, S,(1996) „Modern Banking in theory and practice“,Baffins Lane, Chichester,

England ;

31. Mishkin S. Frederic., (2006), Monetarna ekonomija, bankarstvo I finansijska trzista,

prevod, Data Status, Beograd;

32. Lidija B., Maja D., Dejan J., (2013) „Bankarstvo 5“

33. Saunders A., Cornett M. M., (2006), Financial institutions management

34. http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=8ed5c1d1-56dc-4f3f-ba76-

ca390b0bf76c

35. http://www.mbdp.com.mk/index.php/mk/regulativa/korporativno-upravuvanje