ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

6
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА 11 февруари 2013 Крива Паланка е град на културата за 2013 Понеделник, 04 февруари 2013 Министерството за култура одлучи град на културата за 2013 година да ја прогласи Крива Паланка. По разгледувањето на апликациите пристигнати на конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2013 година", одлучено е дека Општина Крива Паланка, со понудената апликација, ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2013 година. Програмата на Општина Крива Паланка содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно националните, општинските и образовните установ. Комисијата, која ги разгледуваше пристигнатите пријави, посебно ја истакна предноста на општината Крива Паланка поради нејзината геостратегиска положба, како и добрата соработка со соседна Република Бугарија и големата фреквенција на движење. Комисијата, исто така, го изрази задоволството од вклучувањето на повеќе културни содржини во комплексот „Свети Јоаким Осоговски" со што ќе се поттикне културниот туризам во регионот", соопштија од министерството. Одржан Фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ 2013 Понеделник, 04 февруари 2013 Во Центарот за Култура во Крива Паланка, во петок на 1 февруари, се одржа 24-ти по ред ГОЦЕ ФЕСТ. Посетителите на фестивалот имаа можност да уживаат во нови родољубиви и патриотски македонски песни со фолклорна мелоритмика и богато историско минато на македонскиот народ. Опејувањето беше со теми поврзани со јубилеите и одбележувањата во 2013 година -110 година од Илинденското востание, 110

Upload: others

Post on 22-Feb-2022

22 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА11 февруари 2013

Крива Паланка е град на културата за 2013Понеделник, 04 февруари 2013

Министерството за култура одлучиград на културата за 2013 година даја прогласи Крива Паланка.

По разгледувањето на апликациитепристигнати на конкурсот зафинансирање проект од националенинтерес за манифестацијата „Град накултурата за 2013 година", одлученое дека Општина Крива Паланка, сопонудената апликација, ги исполнуваусловите да биде престолнина накултурата за 2013 година.Програмата на Општина КриваПаланка содржи конкретни,квалитетни и разновидни културни

содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваатустанови и здруженија на територијата на општината, односно националните,општинските и образовните установ.Комисијата, која ги разгледуваше пристигнатите пријави, посебно ја истакнапредноста на општината Крива Паланка поради нејзината геостратегиска положба,како и добрата соработка со соседна Република Бугарија и големата фреквенцијана движење. Комисијата, исто така, го изрази задоволството од вклучувањето наповеќе културни содржини во комплексот „Свети Јоаким Осоговски" со што ќе сепоттикне културниот туризам во регионот", соопштија од министерството.

Одржан Фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ 2013Понеделник, 04 февруари 2013

Во Центарот за Култура во Крива Паланка, во петок на 1 февруари, се одржа 24-типо ред ГОЦЕ ФЕСТ.Посетителите на фестивалот имаа можност да уживаат во нови родољубиви ипатриотски македонски песни со фолклорна мелоритмика и богато историскоминато на македонскиот народ. Опејувањето беше со теми поврзани со јубилеите иодбележувањата во 2013 година -110 година од Илинденското востание, 110

Page 2: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

2Неделен Билтен

години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од основањето на историскотоВМРО и 100 години од поделбата на Македонија во Букурешт.

Page 3: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

3Неделен Билтен

Студија за валоризација со предлог за формирањезаштитен предел - Осоговски ПланиниПонеделник, 04 февруари 2013

Градоначалникот, г.АрсенчоАлексовски, учествуваше на јавнататрибина на тема „Студија завалоризација со предлог заформирање заштитен предел -Осоговски Планини“ со која ќезапочне постаппка за прогласувањена Осоговските Планини зазаштитено подрачје.На трибирната, која се одржа на01.02.2013 во просториите на ЕУИнфо Центарот воСкопје, учествуваше и заменикминистерот за животна средина ипросторно планирање, СтевоТемелковски.

На трибината беа презентирани резултатите од Студијата, а се разгледаа идискутираа потенцијалите и можностите за развој на регионот во рамките напредлог заштитеното подрачје.Студијата е резултат на заедничка работа на Македонското еколошко друштво(МЕД) со локалните и државните чинители, во рамки на проектот „ОсоговскитеПланини во Балканскиот зелен појас”, кој се спроведува од 2007 година.

Риболовното друштво „Мрена“ на средба соГрадоначалникот АлексовскиЧетврток, 07 февруари 2013

Во кабинетот на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.АрсенчоАлексовски, се одржа средба на Градоначалникот со претставници на Риболовнотодруштво „Мрена“ од Крива Паланка . На состанокот се разговараше за тековнитеактивности и проблеми на здружението, а една од главните теми беше проблемот сокаскадите на Крива Река .

Page 4: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

4Неделен Билтен

Каскадите биле изградени воводотекот со цел да бидеамортизирана силата на водата ицентралното градско подрачје дабиде заштитено од излевање нареката. Но, со решавање на тојпроблем се отворил друг проблем,имено поради висината на каскадитепопречен е природниот пат нарибите чиешто природномрестилиште е во вливот наКиселичка Река и Крива Река, со шторибниот фонд значително е намалени загрозен.На средбата ГрадоначалникотАрсенчо Алексовски пред присутните

ги презентираше главните карактеристики на основниот проект за регулација наКрива Река , кој е во изработка и кој меѓу другото го решава и проблемот сокаскадите. Во однос на ова прашање значајно е да се спомене дека решавањето напроблемот со каскадите беше и една од препораките кои произлегоа од Форумот назаедницата.

Ловечкото друштво „Осогово“ на средба соГрадоначалникот АлексовскиПеток, 08 fевруари 2013

Ловот е особено значајна гранкакоја го привлекува вниманието наголем број граѓани за коиловството се граничи со опсесија.Согласно значењето на ловствотоза развојот на локалната заедницаи предиспозициите на општинатаза развој на таканаречениотловен туризам, на покана наГрадоначалникот на ОпштинаКрива Паланка на ден 06.02.2013,се одржа средба со претставницина ловечкото друштво „Осогово“од Крива Паланка.На средбата се разговараше зазавршетокот на ловната сезонакако и за тековните проблеми и

активности. Претставниците на здружението го поканија ГрадоначалникотАлексовски да биде гостин на Ловечката вечер која ќе се одржи во сабота на09.02.2013 година.

Page 5: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

5Неделен Билтен

Градоначалникот Алексовски ги посети пензионеритеПеток, 08 февруари 2013

Градоначалникот на Општина КриваПаланка Арсенчо Алексовски, ворамки на своите редовни активности,го посети Кривопаланечкотоздружение на пензионери. Оваасредба е во рамките на заложбите иопределбите, секој граѓанин наКрива Паланка да даде својпридонес во подобрување наопштата состојба во општината.На средбата, градоначалникот гипоздрави пензионерите и дадекратка информација за сработенотоод страна на Општината, затековните активности, како и запрестојните проекти кои се

предвидени за реализација во наредниот период.Поголем дел од средбата беше наменет за прашањата на пензионерите, кои гопоздравија се она што досега е сработено и изразија несебична поддршка зареализација на претстојните проекти.Градоначалникот Алексовски ги повика пензионерите како лица со најголемоискуство, да дадат свои сугестии и предлози за подобрувањена состојбата, коипонатаму ќе бидат разгледани од страна на општината и доколку истите сеодржливи и остварливи ќе бидат предвидени за реализација во наредниот период.Воедно, покрај ваквите активности и средби со градоначалникот иадминистрацијата, пензионерите добиваат и редовни покани за присуство наседниците на Советот на Општината.

Page 6: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

6Неделен Билтен

Општина Крива Паланка

Ул.„Св.Јоаким Осоговски“ 175

[email protected]

www.krivapalanka.gov.mk