pogled br.44 noemvri

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Пишува : Илија Тумбов стр. 4. стр. 3 Поглед од мојот агол стр. 8 БРОЈ 44 Ноември 2012 Полемика ВИСТИНАТА НА СУРОВОСТА Јавување од господин Јован Џалев поттикнато од текстовите „Суровоста на вистината“ и „Квалитетната понуда е основа за добар избор“ од господин Милчо Ванов објавени претходните два броја на „Поглед“. Црни точки: РЕАТА ОД ШАХТАТА КАЈ ЦРКВАТА „Ајде поскоро да изврвиме оти ваа Шахтта орли носе“... Ноќта кога “Малограѓаните маршираа” Јавното гласило на Општина Кавадарци „Кав’даречки весник“, во изданието од 9 ноември 2012 година, објави дека 51 графика изработени на Главната сесија во 2012 година на Графичката работилница „СОФИЈА“ од Богданци, на 26 октомври, во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2012“, биле изложени во галеријата на Општинскиот музеј во Кавадарци. На отворањето на изложбата, Петре Камчевски, во име на организаторот, Изложбената галерија на Музејот на Кавадарци, зборувал за соработката меѓу Музејот на Кавадарци и Графичката работилница „Софија“ на која оваа не и било прво претставување со свои дела пред кавадаречката јавност, а во име на Графичката работилница „Софија“ на присутните им се обратил нејзиниот раководител Виктор Семенпеев кој, во кратки црти, објаснил како се дошло на идејата за формирање на работилницата, како се формирала Графичката работилница која, освен што е меѓународна, е и единствена од таков тип на балканските простори, кои се нејзините цели, какви резултати има постигнато во своето петгодишно постоење, колку учесници досега зеле учество во нејзината работа, кои универзитетски професори од Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Ликовните академии од соседните држави биле ментори на Главната сесија и воопшто за соработката на Графичката работилница „Софија“ со ликовните академии ширум Балканот. тел.факс 034/ 211.924 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН Отварање на 26.10.2012 (ПЕТОК) Музеј галерија - Кавадарци 19:00 часот Дела од графичката работилница “СОФИЈА“ ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР Едно прво и две втори места за Богданци... стр. 6 ОВА НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО По ѕвонењето на редакцискиот телефон, Гласот од другата страна соопшти дека се јавува за да замолат, ако е можно, да се оди докај нив за да се види една ситуација. Гласот зборуваше во име на повеќемина. Немаше причина „Поглед“ да не се упати кон Самовилец каде што Гласот ја лоцира „ситуацијата“. Од Каменот надолу патот, што сега е дел од обиколницата, оди до Луда Мара и врти кон запад. За да се стаса до именованата локација таму треба да се напушти обиколниот пат и, преку импровизираниот мост преку да се помине каналот на реката. „Поглед“ и порано го има врвено тој пат за да ги регистрира дивите депонии што се распослани зад шталата на „Сточарство“ и по коритото на поројницата што доаѓа од Ѓупската Чешма. На дивите депонии не им недостасуваше ништо. И понатаму си беа на истото место, во истиот габарит и со истиот грд изглед. Единствената промена што можеше да се забележи е кај нив е различноста на ѓубрето со кое располагаат. Постојаноста на ѓубрето во вид на искористени пластични и стаклени шишиња, разноразна амбалажа од намирници и смет повремено се прошарува со сезонски отпад. Кога депониите беа тема во „Црни точки“ беше сезона на ослободување од продниканатиот стар кромид и мрежестите пластични вреќи низ кои се пробиваа зелените листови на продникнатиот кромид доминираа на дивите депонии. Сега беше сезона на чистење на нивите од есенската реколта, па по депониите доминираа купишта корења, врвци и разни треви кои беа наакани врз постојното „обично ѓубре“. На неколку наврати Општината спроведуваше проекти преку кои, како социјални мерки, привремено се вработуваа невработени лиоца со загрозена егзистенција. Во образложение на мерките се велеше дека привременовработените ќе бидат искористени за одржување на јавната чистота во Општина Богданци и за отстранување на дивите депонии. Но, тоа е друга тема. Овојпат „Поглед“ сака да укаже на десетина купи црни вреќи, истоварени во одделни тури на разни места, од двете страни на коритото на Луда Мара во подножјето на Самовилец. Други извори кажаа дека вреќи со иста содржина и во иста количина имало оставано покрај патиштата и на други места во околината на Богданци. Вреќите што се наоѓаа погоре на купите беа раскубени од животни. А како и не би биле раскубени кога содржината со која беа наполнети оддаваше кујнско ѓубре: остатоци од готвена храна, остатоци од продукти од кои се готви храната, коски, цедени половинки од лимони, шлупки од јајца, искористени пакувања од кујнски потрепштини, употребени салветки ... се. Со граѓаните кои чекаа таму се прочепка по содржината на вреќите. Количината на ѓубрето сугерираше дека потекнува од кујна со голем капацитет. Недоумица е како тоа ѓубре дошло до таму. На територијата на Општина Богданци нема такви кујни. Кујната со таков капацитет мора да е многу километри оддалечена од Самовилец. Нејзината големина, утврдена врз основа на количината и видот на ѓубрето, мора да е висококатегоризирана. Нелогично е кујна од таква категорија сама да си го фрла ѓубрето. И да си го фрла: Што мајка бара да го фрла овде ? Ако некој ја има прифатено обврската да и го фрла ѓубрето на таа кујна и се сетил тоа да го прави на територијата на Богданци тогаш нема да ја биде работата. До толку ли ниско не држат? Не сметаат ли за село без кучиња? Тоа треба да се преиспита. Ако, пак, некој наш, вработен во некоја голема кујна, има работна задача да го отстранува ѓубрето од кујната и наумил, со еден удар да убива две муви, ем да си ја врши работата, ем со службеното возило да се вози до дома - и тоа не е добар знак. Лошо е ако некој, за да ја зема помијата мора да го зема и другото ѓубре, па решение нашол на дивите депонии Се тоа е омловажување на комуналното редарство како општинска служба. Во расплеткувањето на овој јазол треба да се тргне од од кујните што потенцијално би биле местото каде се создало таквото и толку ѓубре и да им се каже дека дека не е дозволено нивното ѓубре да се фрла во Богданци. Тие самите ќе посочат кон сторителот.

Upload: pogled

Post on 09-Mar-2016

251 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Nezavisen vesnik na Bogdanci

TRANSCRIPT

Page 1: Pogled BR.44 Noemvri

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Пишува : Илија Тумбов стр. 4.

стр. 3

Поглед од мојот агол

стр. 8

БРОЈ 44 Ноември 2012

Полемика

ВИСТИНАТА НА СУРОВОСТАЈавување од господин Јован Џалев

поттикнато од текстовите „Суровоста на вистината“ и „Квалитетната понуда е основа за добар избор“ од господин Милчо Ванов објавени претходните два броја на „Поглед“.

Црни точки:

РЕАТА ОД ШАХТАТА КАЈ ЦРКВАТА

„Ајде поскоро да изврвиме оти ваа Шахтта орли носе“...

Ноќта кога“Малограѓаните

маршираа”

Јавното гласило на Општина Кавадарци „Кав’даречки весник“, во изданието од 9 ноември 2012 година, објави дека 51 графика изработени на Главната сесија во 2012 година на Графичката работилница „СОФИЈА“ од Богданци, на 26 октомври, во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2012“, биле изложени во галеријата на Општинскиот музеј во Кавадарци.

На отворањето на изложбата, Петре Камчевски, во име на организаторот, Изложбената галерија на Музејот на Кавадарци, зборувал за соработката меѓу Музејот на Кавадарци и Графичката работилница „Софија“ на која оваа не и било прво претставување со свои дела пред кавадаречката јавност, а во име на Графичката работилница „Софија“ на присутните им се обратил нејзиниот раководител Виктор Семенпеев кој, во кратки црти, објаснил како се дошло на идејата за формирање на работилницата, како се формирала Графичката работилница која, освен што е меѓународна, е и единствена од таков тип на балканските простори, кои се нејзините цели, какви резултати има постигнато во своето петгодишно постоење, колку учесници досега зеле учество во нејзината работа, кои универзитетски професори од Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Ликовните академии од соседните држави биле ментори на Главната сесија и воопшто за соработката на Графичката работилница „Софија“ со ликовните академии ширум Балканот.

тел.факс 034/ 211.924 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

КАВАДАРЕЧКАКУЛТУРНА ЕСЕН

Отварање на 26.10.2012 (ПЕТОК)Музеј галерија - Кавадарци19:00 часот

Дела од графичката работилница “СОФИЈА“

ОПШТИНАКАВАДАРЦИ

BC

MY

CM

CY

MY

BC

MY

slur

CB

CM

YC

20

C 4

0C

80

BC

MY

slur

MY

M 2

0M

40

M 8

0B

CM

YP

BC

MY

BC

MY

slur

YY

Y 2

0Y

40

Y 8

0B

40

B 8

0B

CM

YC

MC

YM

YB

CM

Ysl

urC

BC

MY

C 2

0C

40

C 8

0B

CM

Ysl

urM

YM

20

M 4

0M

80

BC

MY

PB

CM

YB

CM

Ysl

urY

YY

20

Y 4

0Y

80

B 4

0B

80

ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР

Едно прво и две втори места за Богданци...

стр. 6

ОВА НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО

По ѕвонењето на редакцискиот телефон, Гласот од другата страна соопшти дека се јавува за да замолат, ако е можно, да се оди докај нив за да се види една ситуација. Гласот зборуваше во име на повеќемина.

Немаше причина „Поглед“ да не се упати кон Самовилец каде што Гласот ја лоцира „ситуацијата“.

Од Каменот надолу патот, што сега е дел од обиколницата, оди до Луда Мара и врти кон запад. За да се стаса до именованата локација таму треба да се напушти обиколниот пат и, преку импровизираниот мост преку да се помине каналот на реката.

„Поглед“ и порано го има врвено тој пат за да ги регистрира дивите депонии што се распослани зад шталата на „Сточарство“ и по коритото на поројницата што доаѓа од Ѓупската Чешма.

На дивите депонии не им недостасуваше ништо. И понатаму си беа на истото место, во истиот габарит и со истиот грд изглед.

Единствената промена што можеше да се забележи е кај нив е различноста на ѓубрето со кое располагаат.

Постојаноста на ѓубрето во вид на искористени пластични и стаклени шишиња, разноразна

амбалажа од намирници и смет повремено се прошарува со сезонски отпад.

Кога депониите беа тема во „Црни точки“ беше сезона на ослободување од продниканатиот стар кромид и мрежестите пластични вреќи низ кои се пробиваа зелените листови на продникнатиот кромид доминираа на дивите депонии. Сега беше сезона на чистење на нивите од есенската реколта, па по депониите доминираа купишта корења, врвци и разни треви кои беа наакани врз постојното „обично ѓубре“.

На неколку наврати Општината спроведуваше проекти преку кои, како социјални мерки, привремено се вработуваа невработени лиоца со загрозена егзистенција.

Во образложение на мерките се велеше дека привременовработените ќе бидат искористени за одржување на јавната чистота во Општина Богданци и за отстранување на дивите депонии. Но, тоа е друга тема.

Овојпат „Поглед“ сака да укаже на десетина купи црни вреќи, истоварени во одделни тури на разни места, од двете страни на коритото на Луда Мара во подножјето на Самовилец.

Други извори кажаа дека

вреќи со иста содржина и во иста количина имало оставано покрај патиштата и на други места во околината на Богданци.

Вреќите што се наоѓаа погоре на купите беа раскубени од животни. А како и не би биле раскубени кога содржината со која беа наполнети оддаваше кујнско ѓубре: остатоци од готвена храна, остатоци од продукти од кои се готви храната, коски, цедени половинки од лимони, шлупки од јајца, искористени пакувања од кујнски потрепштини, употребени салветки ... се.

Со граѓаните кои чекаа таму се прочепка по содржината на вреќите. Количината на ѓубрето сугерираше дека потекнува од кујна со голем капацитет.

Недоумица е како тоа ѓубре дошло до таму. На територијата на Општина Богданци нема такви кујни. Кујната со таков капацитет мора да е многу километри оддалечена од Самовилец. Нејзината големина, утврдена врз основа на количината и видот на ѓубрето, мора да е висококатегоризирана. Нелогично е кујна од таква категорија сама да си го фрла ѓубрето. И да си го фрла: Што мајка бара да го фрла овде ?

Ако некој ја има прифатено

обврската да и го фрла ѓубрето на таа кујна и се сетил тоа да го прави на територијата на Богданци тогаш нема да ја биде работата.

До толку ли ниско не држат? Не сметаат ли за село без

кучиња?Тоа треба да се преиспита. Ако, пак, некој наш, вработен

во некоја голема кујна, има работна задача да го отстранува ѓубрето од кујната и наумил, со еден удар да убива две муви, ем да си ја врши работата, ем со службеното возило да се вози до дома - и тоа не е добар знак.

Лошо е ако некој, за да ја зема помијата мора да го зема и другото ѓубре, па решение нашол на дивите депонии

Се тоа е омловажување на комуналното редарство како општинска служба.

Во расплеткувањето на овој јазол треба да се тргне од од кујните што потенцијално би биле местото каде се создало таквото и толку ѓубре и да им се каже дека дека не е дозволено нивното ѓубре да се фрла во Богданци.

Тие самите ќе посочат кон сторителот.

Page 2: Pogled BR.44 Noemvri

2 ПОГЛЕД Ноември, 2012

Од Педесет и четвртата седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

ДОНЕСЕН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

На 12 ноември Советот на Општина Богданци ја одржа својата 54.седница. Покрај десетмина советници (отсуствуваше советникот Зоран Пеев) на седницат, со која претседаваше претседателот Душко Енџекчев, присуствуваше и градоначалникот Ристо Ичков.

На почетокот советниците едногласно ги усвоија записниците од 52. и 53. седница на Советот на Општина Богданци.

Предложениот дневен ред за работа на седницата доставен со поканите беше зголемен со уште една точка на која требаше да се разгледува Урбанистичкиот план за Паљурци и беше зголемен на 38 точки.

Предложениот дневен ред се прифати со 7 гласа „За“ 1 глас „Против“ и 2 гласа „Воздржано“.

Советот се согласи и со предлогот на советникот Тони Такашманов новопредложената точка, наместо триесет и седма, да биде трета точка на дневниот ред.

* На првата точка се разгледување Предлог-Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за третиот квартал на 2012 година. Извештајот го образложи Симона Савиќ од општинската администрација.

Советниците Блаже Шапов и Драгица Ѓавочанова забележаа дека нискиот процент на реализираните приходи и расходи во однос на планираните укажува оти Буџетот за 2012 година не е развоен и дека Општината не функционира како што треба.

Градоначалникот Ристо Ичков не се согласи со нив напомнувајќи дека на граѓаните во Општина Богданци повеќе не им ја сечат струјата и водата, а тоа не е нефункционална општина. Потоа додаде дека после 36 години ќе се прави урбанистички план за Богданци, во Ѓавото ќе се реализира водовод и канализација, ќе се испланира патот од Ѓавото до Грчиште и дека во Општината има двојно вработени.

Советникот Блаже Шапов побара општинската администрација на советниците да им достави картици за долгувањата што ги има Општината.

Претседателот Душко Енџекчев забележа дека е видливо намаленото собирање на приходите и укажа дека општинската администрација треба да се ангажира прибирањето на

приходите да биде поголемо.На гласањето, со 6 гласа „За“ 3

гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци во периодот од 1 јануари 2012 до 30 септември 2012 година.

Во делот на приходите тековно оперативниот биланс на Извештајот покажува дека од планираните 112.204.587 денари приходи биле реализирани 70.802.209 денари или 63,10 % со што, до крајот на годината, останале да се реализираат приходи во износ од 41.402.279 денари. Од тоа во основниот буџет биле планирани приходи во износ од 44.983.487 денари, а се реализирале 17.347.539 денари. Како наменски дотации се планирале приходи од 63.499.000 денари, а се реализирале 51.819.641 денар. Од самофинансирачки дејности биле планирани приходи од 3.722.000 денари, а се реализирале 1.635.029 денари. Приходи од донации и кредити не биле планирани и не биле реализирани.

Во делот на расходите тековно оперативниот биланс на Извештајот покажува дека од планираните 100.335.725 денари расходи биле реализирани 52.717.343 денари или 52,54 % со што до крајот на годината остануваат да се реализираат расходи во износ од 47.618.382 денара. Од тоа во основниот буџет биле планирани 37.243.300 денари расход, а се реализирале 13.824.698 денари. Кај наменските дотации било планирано да се потрошат 60.620.425 денари, а се потрошиле 38.398.032 денара. Кај средствата од самофинансирачки активности било планирано да се потрошат 2.472.000 денари, а се потрошиле 494.614 денари.

Од донации и кредити не биле планирано да се трошат средства и не се потрошиле.

Во вкупниот Буџет за 2012 година било планирано приход од 5.000.000 денари капитални приходи,а се реализирале 626.378 денари или 12,53% со што до крајот на годината останува да се реализираат уште 4.373.622 денара. Сите ови приходи се планирани и реализирани во основниот буџет.

Во вкупните капитални расходи во 2012 година било планирано да се потрошат 16.868.762 денара, а се потрошиле 4.361.704 денари или 25,86% со што до крајот на годината треба да се реализираат уште 12.507.058 денари. Кај капиталните

10 гласа „За“ , се доби согласност намените на ДУП на Богданци да се усогласат со бесправно изградениот објект на КП 9055.

* На дванаесеттата точка, со 10 гласа „За“, се доби согласност намените на ДУП на Богданци да се усогласат со бесправно изградениот објект на КП 10622.

* На тринаесеттата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 9844/1 доби согласност за легализација.

* На четиринаесеттата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 10549 и 10545 доби согласност за легализација.

* На петнаесеттата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 8949 доби согласност за легализација.

* На шеснаесеттата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 8987 доби согласност за легализација.

* На седуманаесеттата точка, со 10 гласа „За“, се доби согласност намените на ДУП на Богданци да се усогласат со бесправно изградениот објект на КП 9703/2.

* На осумнаесеттата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 9703/2 доби согласност за легализација.

* На деветнаесеттата точка, со 10 гласа „За“ , се доби согласност намените на ДУП на Богданци да се усогласат со бесправно изградениот објект на КП 10472/1.

* На дваесеттата точка, со 10 гласа „За“, се доби согласност намените на ДУП на Богданци да се усогласат со бесправно изградениот објект на КП 10110.

* На дваесет и првата точка, со 10 гласа „За“, се доби согласност за усогласување на намените на ДУП на Стојаково со бесправно изградениот објект на КП 7389 и 7356.

* На дваесет и втората точка со 10 гласа „За“, се донесе Програма за дополнување на Програмата за изработување урбанистички планови во Општина Богданци за 2012 година каде што во делот II.Посебни одредби, Табелата II, Изработување на Урбанистички планови за село, по точката 4 се додава нова точка 4 –а за изработување на урбанистички план на КП 1449 и 1450 во село Ѓавото, со површина од 395 м2, во приватна сопственост на Драга Дуева, во фаза на иницијатива, за станбен објект со деловен простор финансиран од Драга Дуева и во делот II. Посебни одредби, Табела III, Изработување урбанистички планови вон населено место, по точката 10-а се додава точката 10-б Изработување урбанистичка планска документација на КП 8512 во м.в Дубрава, КО Богданци во државна сопственост со површина од 5.924 метри 2 наменето за бензинска пумпна станица финансирано од „Макпетрол“ АД, Скопје.

* На дваесет и третата точка со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци донесе Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2012 година според која во делот „Вовед“ во став 7 алинеата 17 се менува и гласи: „-Изградба на Водоснабдување со резервоар за населеното место Ѓавото и собирање на фекални отпадни води со учество на Општината доколку се појави разлика меѓу проектираните цени и најповолните понудени цени.“, а по алинеата 21 се додава нова алинеа 22 која гласи: „-Изградба на паркинг простор во центарот на Богданци според Урбанистички проект за центарот на КП 10210 и 10212.“

Во делот VI-а. Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци точката 11 се менува и гласи: „11. Експропријација на градежно земјиште вон централното подрачје 300 ден/м2“ По точката 11 се додава нова точка 11-а која гласи: „Експропријација на градежно земјиште во централно подрачје 600 ден/м2.“

* На дваесет и четвртата точка, со 9 глас „За“ и 1 глас „Воздржано“, се одлучи, по пат на јавно наддавање да се продаде стара касарна во

расходи во основниот буџет биле планирани да се потрошат 12.740.187 денари, а се потрошиле 3.659.904 денари. Во наменските дотации било планирано да се потрошат 2.878.575 денари, а се потрошиле 701.800 денари. Кај самофинансирачките активности биле планирани капитални расходи во износ од 1.250.000 денари, а се реализирале 0 денари.

По ставки, приходната страна покажува дека како даночни приходи во основниот буџет биле планирани 25.487.157 денари, а се реализирале 9.370.365 денари или 36,77 проценти .Од тоа од данок на доход, од данок на добивка и данок на капитална добивка било планирано да се соберат 2.600.000 денари, а се собрале 479.908 денари или 18,46 проценти.. Од данок на имот било планирано да се соберат 10.767.157 денари, а се собрале 4.045.662 денари или 37,57 проценти. Од даноци на специфични услуги било планирано да се соберат 11.920.000 денари, а се собрале 4.844.796 денари или 40,64 проценти. Од такси за користење или дозволи за вршење на дејност било планирано да се соберат 200.000 денари, а не се собрало ниту денар.

Кај неданочните приходи стои дека биле планирани приходи од 814.00 денари, а се собрале 337.959 денари. Од такси и надоместоци биле планирани 500.000 денари, а се реализирале 180.358 денари. Од административни такси и надоместоци било планирано да се соберат 4.000 денари, а се собрале 2.050 денари. Како други неданочни приходи било планирано да се соберат 310.000 денари, а се собрале 155.551 денар. Како приходи трансферирани од други нивоа на власт биле планирани 18.682.330 денари, а се реализирале 7.639.215 денари.

* На втората точка се разгледуваше Предлог за измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Богданци (ребаланс) за 2012 година за што образлжение даде Симона Савиќ од општинската администрација која напомена дека измените се многу мали и главно во делот на наменските односно блок дотациите.

Во расправат збор зедоа советниците Ристо Шабанов, Блаже Шапов, Драгица Ѓавочанова, Катерина Чрчева и Илија Карагошев кои се интересираа за одредени ставки на што добија објаснување од Симона Савиќ и градоначалникот Ристо Ичков кој, на забелешката од советникот Ристо Шабанов дека кај ставката 471 што се однесува на социјалните бенефиции планираните средства со предложените измени се зголемуваат двојно, одговори дека навидум изгледа така, но тоа се всушност само 500.000 денари наменети за превоз на деца со посебни потреби до специјалното училиште во Гевгелија, за помош на деца без родители, за помош на самохрани мајки, за помагање при скапи лекувања и слични работи кои не ги задоволуваат потребите и треба е да се зголемат за уште толку со што ќе станат 1 милион што и не е којзнае колку.

На гласањето Советот на Општина Богданци со 6 гласа „За“, 3 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“ го донесе Ребалансот на Буџетот на Општина Богданци за 2012 година според кој планираните приходи во износ од 117.204.487 денари се зголемуваат на 132.828.533 денари. Од тоа даночните приходи од планираните 25.487.157 денари се зголемуваат на 25.497.157 денари. Планираните неданочни приходи во износ од 4.536.000 денари се зголемуваат на 4.726.668 денари. Капиталните приходи од 5.000.000 денари остануваат на истиот износ. Приходите од дотации во износ од 63.499.000 денари се зголемуваат на 79.310.878 денари што е всушност најголемата измена и е во делот на наменските дотации. Планираниот износ на трансфери од 18.682.330 денари со измените се намалува на износ од 18.292.830 денари. Во делот на расходите планираниот износ од

117.204.487 денари се зголемува на 132.827.533 денари и се однесуваат главно за утврдените намени. Ставката за резерви кај расходите останува ) како што било планирано. Ставката на дефицитите останува на планираниот 0 износ како што и ставките за прилив и одлив во делот на финансирањето останува на планираните 0 износ ставки.

* На третата точка се носеше Урбанистички план вон населено место за изградба на Верски објект-Католичка црква-Апостолски егзархат во Македонија со хотелски комплекс во Паљурци (Болован).Образложение, врз основа на графичкиот приказ, даде Соња Маџирова од општинската администрација.

Во расправата советникот Мито Манолев го интересираше зошто веќе нема планирано јавно паркирањена просторот помеѓу објектите и регионалниот пат, на што му беше одговорено дека Дирекцијата за јавни патишта не дозволила таму да има паркиралиште.

Советникот Илија Карагошев имаше забелешка на височината на објектите која е предвидена да биде 15 метри со катност од П + 3 за која смета дека е превисока, дека ќе го нагрдува опкружувањето и дека нема потреба за такво нешто кога има доволен простор на што му беше одговорено дека височината е релативна затоа што објектите ќе „лазат“ во релјефот и височината нема да биде доминантна.

Советникот Тони Такашманов нагласи дека Паљурци е перспективата на Богданци за што тој, на посебна седница, ќе го образложи тој момент.

Претседателот Душко Енџекчев потсети дека заслугата за урбанизацијата на Паљурци му припага на овој состав на Советот на Општина Богданци.

Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци го донесе Урбанистичкиот план според кој, вон населено место во Паљурци (Болован),

- на градежната парцела број 1, со површина од 5.383 м2, на површина за градење од 3.650 м2 ќе се гради хотелски комплекс со височина од 15 м (П+3) и вкупна изградена површина од 14.600 м2;

-на градежната парцела број 2, со површина од 7.012 м2, со површина за градење од 5.080 м2 ќе се гради верски храм, Католичка црква на Апостолскиот егзархат во Македонија со придружни објекти со височина од 15 м (П+3) и вкупно изградена површина од 19.632 м2;

-на градежната парцела број 3, со површина од 3.886 м2, на површина за градење од 2.513 м2 ќе се гради простор за времено сместување (камп) со височина од 15 м (П+3) и вкупно изградена површина од 10.052 м2;

- на градежната парцела број 4, со површина од 23.532, со површина за градење од 19.815 м2 ќе се гради хотелски комплекс со височина од 15 м (П+3) и вкупно изградена површина од 28.240 м2.

* На четвртата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 10118 доби согласност за легализација.

* На петтата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 8795 и 8788 доби согласност за легализација.

* На шестата точка, со 10 гласа „За“, објектот на КП 11488,11505 и 11484 доби согласност за легализација.

* На седмата точка, со 10 гласа за“, објектот на КП 8707/1 и 8707/2 доби согласност за легализација.

* На осмата точка, со 0 гласови „За“, со 1 глас „Против“ и 9 гласа „Воздржано“, објектот на КП 10472/1 не доби согласност за легализација.

* На деветтата точка, со 10 гласа „За“, објектите на КП 8781, 8782 и 8784 добија согласност за легализација.

* На десеттата точка, со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“, се доби согласност намените на ДУП на Богданци да се усогласат со бесправно изградениот објект на КП 10236.

* На единаесеттата точка, со

С о в е т н и ч к о п р а ш а њ е :

Советничката

Драгица ЃавочановаГрадоначалникот,

Ристо Ичков

Драгица Ѓавочанова: -Господине градоначалник, зошто на професорот Блашко Шапов, не му го трансформирате работниот однос и не му давате решение за вработување на неопределено време кога тој веќе шест години е вработен како професор по физичко, оваа му е седма? Можеби затоа што е член на СДСМ?

Градоначалникот: -Предмалку решававте. Нема деца, не се запишуваат ученици нема паралелки. Професорот Шапов нема доволен број часови.

Драгица Ѓавочанова: Но вие минатата година вработивте професор по физичко во Стојаково со 12 часа.Му дадовте и 2 часа за да ја води библиотеката. Годинава му дадовте и 6 часа во Богданци. Зошто часовите во Богданци не му ги дадовте на професорот Шапов. Или тоа беше партиско вработување?

Градоначалникот: - Не,не е партиско. Драгица Ѓавочанова: - Ако не е партиско зошто тој со две години има

предност пред професорот Блаже Шапов кој има трипати повеќе стаж. Се слуша дека сте поднеле и барање работниот однос да му се трансформира на неопределено време.

Градоначалникот: -Не е така.Продолжува на стр.3

Page 3: Pogled BR.44 Noemvri

3ПОГЛЕД Ноември, 2012

Продолжува на стр.3

Продолжува од стр.2

Стојаков која има локација од 6.000 м2, а овластен проценител ја проценил на вредност од 6.275.514 денари. Депозитот за учество на јавното наддавање е 20% од почетната цена кој треба да се уплати најдоцна два дена пред денот на лицитацијата, купопродажниот договор да се склучи во рок на 15 дена од денот на лицитацијата, плаќањето на купопродажната цена да биде во готово најдоцна 10 дена од одржувањето на лицитацијата.Право да учествуваат на јавното наддавање да имаат сите деловно способни домашни и странски физички и правни лица под услови што ќе ги утврди Комисијата на Општина Богданци за располагање со движни и недвижни ствари на Општина Богданци.

Во расправата советникот Илија Карагошев инсистираше од купувачот да се бара таму да изгради објект во кој ќе има вработувања, а средствата од продажбата да се употребат за потребите на Стојаково.

Советникот Блаже Шапов го поддржа Илија Карагошев и побара во одлуката да се запише дека средствата ќе бидат употребени во Стојаково и праша дали се знае за каква намена инвеститорите ќе ја употребат локацијата.

Советникот Мито Манолев забележа дека не се практикува со такви одредби да се обременуваат ваквите одлуки и сугерираше намената да се одреди со препорака или одделен заклучок.

Градоначалникот Ристо Ичков кажа дека средствата се планира да се употребат за изработка на урбанистички план за Стојаково и за инфраструктурни објекти во Стојаково.

Во прилог на усвоената Одлука е и Заклучокот дека средствата од продажба на касарната во Стојаково ќе се употребат за потребите на Стојаково.

* На дваесет и петтата точка, со 7 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“, Советот на Општина Богданци одлучи две простории во сопственост на Општина Богданци од 12 и 16 м2, трајно, без надоместок, да му се отстапат на Министерството за внатрешни работи, а трошоците за струја, за вода и за тековно одржување на тие простории да ги плаќа Општина Богданци.

Советниците Илија Карагошев и Блаже Шапов не се согласија трошоците да бидат на товар на Општината.

Советничката Катерина Чрчева се заинтересира дали е најден друг простор за Шалтерот на Управата за јавни приходи кој е сместен во тој простор.

Советникот Мито Манолев се изјасни дека просториите не треба да бидат отстапени на трајно користење.

Претседателот Душко Енџекчев го праша градоначалникот Ристо Ичков дали може во Одлуката да не стои запишана одредбата дека трошоците ќе бидат на тоавр на Опшината. Градоначалникот се согласи.

* На дваесет и шестата точка со 10 гласа „За“ се донесе Одлука од Буџетот на Општина Богданци да се обезбедат по 7.000 денари месечен надоместок со платен персонален данок за 5 наставника по одделенска настава кои ќе бидат ангажирани за организирање продолжен престој за ученици

од прво до петто одделение во ООУ „Петар Мусев“во Богданци за периодот од 1 октомври 2012 година до 31 мај 2013 година.

Првично Одлуката се однесуваше на 4 наставника што, на предлог на советничката Катерина Чрчева, се зголеми на 5, по што советникот Ристо Шабанов забележа дека текстот на Одлуката е несоодветен, па претседателот Душко Енџекчев предложи да се прилагоди текстот на Одлуката.

* На дваесет и седмата точка требаше да се донесе Одлука за вработување на еден наставник за организирање продолжен престој за ученици од прво до петто одделение во ООУ„Кирил и Методиј“ во Стојаково, но советникот Блаже Шапов се заложи тој број да биде поголем, на што градоначалникот Ристо Ичков објасни дека нема заинтересирани ученици, но ако има нема проблем бројот на насатавници да се зголеми, а советничката Катерина Чрчева кажа дека потребата од такви наставници во „Петар Мусев“ ја истакнале од училиштето.

Претседателот Душко Енџекчев предложи за тоа да се изјаснат од „Кирил и Методиј“, а советникот Илија Карагошев предложи да се гласа откако ќе се консултира директорката на училиштето.Така и беше направено.

По барањето за уште една наставничка доставено од училиштето, со 10 гласа „За“, Советот на Општина Богданци донесе Одлука да се обезбедат по 7.000 денари со платен персонален данок за двајца наставника по одделенска настава кои во периодот од 1 октомври 2012 година до 31 мај 2013 година во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково ќе организираат продолжен престој за учениците.

Не беше забележано, но и кај оваа Одлука ќе треба интервенции во текстот на конечната одлука.

* На дваесет и осмата точка, поради тоа што на прва година во гимназиско образование се запишале 38 ученици, а на прва година во текстилната струка (конфекционер) се запишале 14 ученици, од СОУ„Богданци“-Богданци бара да им се дозволи да формираат 2 паралелки на прва година во гимназиското образование и 1 паралелка во текстилната струка (конфекционер). Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука во СОУ„Богданци“ да се формираат 3 паралелки со помал број ученици.

Во расправата советничката Драгица Ѓавочанова потсети дека учениците од Стојаково не се запишуваат во Гевгелија иако законски не е дозволено, кога во една општина има соодветно училиште, учениците од таа општина да се запишуваат во друга општина и забележа дека дури и на вработени во Гимназијата децата им учат во гевгелиската гимназија.

Советникот Блаже Шапов предложи преку заеднички спортски програми учениците од основното училиште од Стојаково да се запознаат и зближат со учениците од Богданци.

Советничката Катерина Чрчева предложи Гимназијата да поработи повеќе на промоцијата на училиштето.

И претседателот Душко Енџекчев кажа дека треба да се прават промоции и истакна дека сосила не можат учениците

да се запишуваат во овдешната гимназија.

Градоначалникот Ристо Ичков кажа дека како стимулација Општината почна да дели стипендии за првенците на генерациите и забележа дека животот и условите во Гевгелија се подобри затоа што има курсеви од балет, музичко и слично.

* На дваесет и деветтата точка се разгледуваше Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на СОУ„Богданци“-Богданци за учебната 2011/2012 година.

Советничката Драгица Ѓавочанова праша зошто нема претставник од училиштетото, до кога ќе траат градежно-молерските работи во училиштето кои пречат во наставата, дали на мајсторите им е платено за услугите, зошто на замена се повикуваат наставници од други општини кога и овде има таков кадар и дали во буџетот се предвидени средства за набавување возила за авто-школата што ќе се отвори во Гимназијата.

Советничката Катерина Чрчева и забележа на Драгица Ѓавочанова што за ваквите прашања не бара одговор во Гимназијата каде што е вработена.

Градоначалникот Ристо Ичков одговори дека се вработувале наставници кои ги исполнуваат условите, дека има средства за набавка на возилата за авто-школата и дека Гимназијата како што се уредува и е уредена одлично изгледа и се што не е платено ќе се плати сега по ребалансот на Буџетот.

Со 10 гласа„За“ Советот го прифати Извештајот.

* На триесеттата точка, без дискусија, со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци ја прифати Годишната програма за работа на СОУ„Богданци“-Богданци во учебната 2012/2013 година.

* На триесет и првата точка, без дискусија, Советот на Општина Богданци , со 10 гласа „За“ го прифати Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ„Кирил и Методиј“-Стојаково во учебната 2011/2012 година.

* На триесет и втората точка, со 10 гласа „За“, без дискусија, Советот на Општина Богданци ја прифати Годишната програма за работа на ООУ„Кирил и Методиј“-Стојаково во учебната 2012/2013 година.

* На триесет и третата точка, Годишната програма за работа на ООУ„Петар Мусев“-Богданци во учебната 2012/2013 година, без дискусија, беше прифатена со 10 гласа „За“.

* На триесет и четвртата точка, без дискусија, со 10 гласа „За“, без дискусија, беше прифатена Програмата за изведување ученички екскурзии во ООУ„Петар Мусев“-Богданци во учебната 2012/2013 година.

* На триесет и петтата точка, без дискусија, со 10 гласа „За“ беше прифатен Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2012/2012 година.

* На триесет и шестата точка., со 10 гласа „За“ беше прифатена Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Коста По-Ристов Делчев„-Богданци во учебната 2012/2013 година.

Советничката Драгица Ѓавочанова побара писмено да и

се одговори кој ќе ги спроведува проектите таму? Дали ќе се вработат луѓе отстрана или тоа ќе го прават вработените?

* На триесет и седмата точка се разгледуваше Финансовиот извештај за материјалното работење на Јавното претпријатие „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2012 година. Извештајот го образложи директорот на „Комунална чистота“, Иван Иванов.

Тој објасни дека за двеиполгодишното функционирање на ЈП„Комунална чистота“ претпријатието има основни средства од 3.276.465 денари од кои во извештајниот период за 581.163 денари биле набавени нов трактор, половно патничко возило,опрема за видео надзор,клима уред за пумпната станица и нов тример косилка за трева. Во согласност со Годишната програма за работа претпријатието почнало со инвестирање во нова потопна пумпа за вода и мерна регулациона хидромеханичка опрема во износ од 1.416.078 денар за која авансно им било фактурирано 834.941 денар. Најавените порамнувања со „Млаз“ преку компензации, во кое „Комунална чистота“ требало да добие тракторска приколка, камион кипер и сл., поради познатите состојби во „Млаз“ не биле завршени. Во извештајниот период се оствариле приходи во износ од 11.037.603 денари. Од вода собрале 5.128.434 денари, а од ѓубретарина 2.638.962 денари. Другите нешто повеќе од 3.3 милиони денари ги оствариле од други дејности.

За извештајниот период „Комунална чистота“ направила расход од 7.980.087 денари. Најголемите ставки во трошоците се ставката за бруто плати во износ од 3.685.141 денар и ставката за струја во износ од 1.286.705 денари.Другите 3 милиони денари се издатоци за тековното работење во кои поголеми се трошокот за гориво од 532.185 денари, материјали за градежната група од 415.437 денари,материјали за водоинсталатори во износ од 399.843 денари,трошоци за повремени услуги во износ од

227..392 денари,трошоци за одржување во износ од 144.080 денари и надоместок за упревен и надзорен одбор во износ од 142.383 денари.

Освен прашањето на советникот Ристо Шабанов во врска со контејнерите пред нивната зграда и во врска со градбата на канализацијата во Стојаково други дискусии немаше, по што, со 7 гласа За“ и 3 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци го прифати Извештајот.

* Триесет и осмата точка беше резервирана за советнички прашања.

- Советникот Блаже Шапов праша зошто кај едната запалена куќа во Стојаково градењето се тера, а кај другата послабо и што стана со помошта од Општината на што градоначалникот одговори дека кај едната фамилија се однеле тули за 1.000 евра, а за останатите 1.000 евра сега ќе се однесат кај другата фамилија. За различното терање на работата кажа дека секој си тера како што ќе се снајде.

-Советникот Илија Карагошев каже дека од „Сточарство“ разбрал дека за оштетените семејства донирале 50 вреќи цемент, но кај едното семејство дошле 25 вреќи, а кај другото не биле дојдени на што градоначалникот му одговори дека кога и тие ќе имаат потреба од цемент ќе си ги добијат вреќите што им следуваат.

-Советникот Илија Карагошев се заложи на екипата за мал фудбал што се натпреварувала во Втората лига да и се даде помош од 120.000 денари што им се потребни за плаќање на киријата за користење на училишната сала, а парите можат да се платат директно на училиштето на што градоначалникот вети дека таа работа ќе биде завршена.

-Советничката Драгица Ѓавочанова ја интересираше зошто огласот за директор во Гимназијата не бил истакнат во просториите на училиштето, на што градоначалникот и одговори дека според Законот огласот бил објавен во два дневни весника, а дали бил истакнат и во Гимназијата не му било познато.

Советникот Блаже Шапов Градоначалникот Ристо Ичков

Блаже Шапов: - Господине градоначалник, од Ракометниот клуб„Младост“ прашуваат зошто не им ги давате средствата што сте им ги ветиле како помош?

Градоначалникот: - На „Вардарски“ им ветив по 100 денари од тренинг и по 600 денари од победа на секој фудбалер. Истото сакав да им го дадам и на ракометарите.

Блаже Шапов:- Но тие велат дека вие лично сте им ги давале парите на фудбалерите, а во „Младост“ сакаат клубот самиот да си ја води политиката на наградување.

Градоначалникот: - Не, тие сакаат да им ги дадам парите за да им дават на записничарите.

Блаже Шапов: -„Младост“ е правен субјект. Парите треба да му се дадат на жиро сметка, а управата ќе си ја води политиката на клубот.

Градоначалникот: - Времето кога на записничарите им даваа дневници си замина. За тоа нека бараат средства од друго место. Јас парите ќе ги дадам само за активноста на децата, а не за Џоко Минев да зема по 1.000 денари од натпревар.

Советничко прашање:

Page 4: Pogled BR.44 Noemvri

4 ПОГЛЕД Ноември, 2012

Пишува: Илија

Тумбов

Поглед од мојот агол

Ноќта кога малограѓаните “маршираа”

Печатницата „Софија“ има потреба од работници на неопределено време за извршување на работни задачи:

-На машини во печатарската дејност...............................................повеќе извршители;

-На завршни работи во печатарската дејност................................повеќе извршителки.

Огласот е отворен до задоволувањето на потребата од извршители.

Кандидатите и кандидатките пријавите можат да ги остават на Одделението за прием

во печатницата на улица „Маршал Тито“ број 21 секој работен ден од 8 до 14 часот.

Со пријавите да се достават кратка биографија, адреса и телефон за контакт.

Кандидатите и кандидатките што ќе ги исполнат условите ќе бидат повикани на

разговор.

Коме

рциј

ален

огл

ас

И Н Д У С Т Р И С К А С Л О Б ОД Н А З О Н А , Н О К А Д Е ?

Пишува: проф.д-р

Стево Поцевпензионер

1.На Четириесет и осмата седница

на Советот на Општина Богданци што се одржа на 6 јуни, членовите на Советот на Општина Богданци на дневен ред имаа точка на која расправаа за двегодишното доцнење на паушалите што им следуваат, а кои треба да им бидат исплатени од општинската каса.

Им беше ветено дека парите ќе им бидат исплатени за два месеци.

На 7 август советникот Ристо Шабанов се распраша што се случи со ветувањето.

Му беше одговорено дека таа работа, гарант, ќе биде завршена до крајот на летото.

Си замина летото. Отиде и есента.Навјасува зимата.

Не се слушаат гласови дека народните избраници се имаат „опарено“.

На советниците од опозицијата и да не им се дадат паушали, нека не им се дадат. Понекогаш знаат да бидат – контра.

„премери“ вредноста. Ќе се собереа децата и ќе

организираа натпревар: играње челик, играње фудбал или народна, тепање врапци, екипно освојување на Кучалат, „анчанчаре-бело магаре“... било какво надигрување. Лидерите секогаш се знае кои се. Така, двајцата први лидери ќе почнат да одбираат деца за членови на нивните екипи. Ќе фрлеа „суво-мокро“ за да се одреди кој прв ќе избира и почнуваа да бираат. Дете едниот, дете другиот. Толку колку што има деца или колку што треба за екипата. Децата стојат наоколу и чекаат да бидат избрани. Овде морам да го објаснам она „суво-мокро“. Бидејќи тогашните деца обично немаа пари по џебовите за да фрлат„ека-ника“ или „писмо-глава“, ќе земеа ќерамитка, ќе плукнеа на едната страна од ќерамитката, ќе си избереа страна, сувата или плукнатата, и ја фрлаа нагоре.Кога ќерамитката ќе паднеше наземи тој што ја имаше одбрано страната што ќе беше од горната страна на паднатата ќерамитка одбираше прв, Кога натпревар беше во прашање, во прашање беше и гордоста. Заедно со честа, се разбира. Секој лидер сакаше да не загуби. Затоа внимателно бираше кое дете ќе стане член на неговата екипа. Ако не те изберат во екипата или, ако делбата е до последното дете, те

Ама, на советниците од позицијата! Каде, пак, тие ја имаат згрешено кога секогаш се -про?

2.Во сабота на 24 ноември,

на тетарската претстава во „Патар Мусев“ не се знаеше кои беа поголеми малограѓани: оние ликови од „Свадбата“ на Брехт, горе, или ние во публиката, долу.

3.На неодамнешнава театарска

претстава со кои бевме почестени од Гимназијата, дефинитивно покажавме дека , како публика, имаме навивачки менталитет.

Таа и не е лоша дарба, ако не се мешаат лончињата.

Се навива на спортски натпревари. На спортистите им треба бодрење.

Сценските настапи се следат во тишина и со внимание. На актерите им треба услови за да концентрираат на настапот. Концентрацијата е нужна за да се биде во концептот. Деконцентрираниот актер лесно може да излезе од концептот. Тоа е веќе голем проблем и за професионалците. За аматерите и да не зборуваме

Таа вечер дружината на Верица Ризовска и Кире Ѓоргиев го заслужи нашиот восхит. Но ракоплескањата не им беа потребни меѓу репликите. Аплаузот секогаш доаѓа на крајот. Како награда, се разбира.

Но ние, публиката, малку бевме збунети. Кон актерите се однесувавме

како навивачи кон играчите од противничката екипа додека шутираат пенали или изведуваат слободни фрлања. Им плескавме, им довикувавме... правевме многу работи, не би ли придонеле тие да не постигнат погодок.

Ама децата си беа на висината на задачата и - не промашија. Не победија со таква разлика што, да беа оние дамнешни, многу дамнешни времиња на кои им прилегаа особините што ги покажавме за време на нивната претстава, требаше да ни ги земат дресовите.

4.Како куриозитет ќе остане

забележано дека Советот на Општина Богданци на Педесет и четвртата седница се согласи трошоците за струја, за вода и за тековно одржување на просториите каде што ќе биде сместена Полициската канцеларија во Богданци трајно да бидат на товар на Буџетот на Општина Богданци.

Што да ви кажам? Чорбаџилак до немајкаде.

Нико Србов, бог да го прости, на времето за ваквите состојби знаеше да каже: „Слама јадат, чифтиња фрлат.“, алудирајќи на оние изгладнети магариња кои, хранети само со слама, одвај стојат на нозе, ама не си поминуваат од ујот. Клоцаат со двете нозе одеднаш.

5. Во времето на моето детство

многу лесно беше секое дете да си ја

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

одберат меѓу последните, дури и последен, веднаш знаеш колку е саатот.Тоа беше сигурен знак дека не те бива.

Тие што постојано се со тебе многу точно знаат колку пари чиниш. Исто како што ти ги знаеш нив. И тука не можеше да има погрешна процена.Се случуваше лидер во својата екипа да не го одбере родениот брат ако не ги исполнува условите.

Сега е поинаку. И кај децата и кај нас старите. Ќе си се испофалиш и си веруваш во тоа што го кажуваш. Проблемот е во тоа што очекуваш и другите да мислат дека си толку добар колку што кажуваш дека си добар, а не толку колку што навистина си добар.

„Ама не ме знаеш кој сум јас.“ Што има да те знам. Те гледам, те слушам и се ми е јасно.

6.Цане Пешков го кажува овој

виц.Оди старец кај својот лекар и

го моли да му помогне некако за да може да има секс.

-Нема да може, му вели докторот. Види се: одвај стоиш, имаш осумдесет години, чукни си ја малку главата.

-А,Трајко? Како може тој?, запнал стариот.

- Виде ли ти дека може?- Не. Тој ми кажа.- Кажувај и ти, му вратил

лекарот.

Во поново време владата најавува индустриска слободна зона во Гевгелија. Ми се чини дека оваа одлука на владата треба да се искористи и да се побара слободната зона да биде во атарот на Богданската локална самоуправа.

Ставот за потребата од лоцирањето на оваа индустриска слободна зона во атарот на Општина Богданци треба отворено да го искажеме.

Оваа потреба е неминовна поради многу лошата транзиција на капиталот при приватизацијата на фирмите во нашата општина (како „Млаз“ така и ЗИК„Изворски“) што доведе до голем број невработени од тој профил.

Би ја зел за пример стагнацијата на транспортното претпријатие „Млаз“.

Поради политиката што се водеше во поранешната Општина Гевгелија отсекогаш имало голем број вработени што секое утро се транспортираат од селата во атарот на Богданци кон Гевгелија. Поради тој факт многу луѓе се иселија и од Богданци. Постојат и други

оправдани причини со кои би се оправдала оваа идеја.

Се затворија многу погони во кои беа вработени еден голем број од населението како например: Погонот за репарирање на гуми, Погонот за производство на приколку, Погонот за производство на пружини и една огромна Погон-работилница за одржување на транспортни средства кои знаеја да бројат и до илјада, што автобуси, што цистерни (за гас, мазут, бензин и сл.) или шлепери (за различни товари).

Паралелно со овие погони се затвори и Погонот за производство на леб и лебни призводи.

Отворањето на индустриска слободна зона треба да створи услови за вакви занимања поради зголемувањето на вработувањето во општината преку оживување на истите или отворање на нови посовремени слични погони.

Огромен стручен кадар се осипа и до ден денешен нема никави шанси за работа. После 40 до 50 години во оваа област се створија навики за негување на овој занает, а сега веќе се пропаѓа.

Веќе дваесетина години се влече процесот на приватизација без никакво инвестирање на свежи средства и се е обезвреднето, а моралот на луѓето е многу уништен.

Иста е состојбата и во земјоделието и кај другите занимања што потполно се редуцирани или веќе ги нема

заради политиките и односот на државата спрема оваа општина.

Целото призводство што досега значеше бројка е во стагнација и разбиено и се негува како борба за опстанок. Земјоделците од овој крај од добри градинари на ран зеленчук сега станаа добри произведувачи на кромид, што е резултат на конјуктурата на пазарот, а не како традиција во призводството.

Во нашата држава производството на ран зеленчук почна од нашиот крај. Земјоделците што го работеа беа со големо искуство за негување на доматите, пиперките, краставиците и слично и тоа го правеа со голема посветеност од декември до јули месец во годината.

Луѓето беа вонредни земјоделци во оваа област. Од овој крај тргна идејата за одгледување на ран зеленчук. Се створи кадар кој навистина со умешност и знаење го работеа производството на раниот зеленчук.

Токму заради оваа активност во земјоделието на ран зеленчук, а и поради неговата осетливост при транспорт се развиваше „Млаз“ како транспортер на ран зеленчук.

Нашата општина има докажани квалитети за развојот на земјоделието на ран зеленчук, но заради лошата или недовршена приватизација, заради интересите на поединци кои ги приватизираа фирмите, а не мислат за развојот и

инвестирањето на свежи средства целата ситуација ја води кон пропаѓањето на земјоделието во општината веќе дваесетина години.

Таквата состојба треба да се прекине.

Се прашувам дали би имало разбирање за една ваква можност ако се знаат кадровските можности и веќе изградените објекти како можност за индустриска слободна зона во општина Богданци или повторно, како со територијалната поделба на општините, ќе се прават истите политички грешки што за општината беше тотален хендикеп.

Такви грешки се правеа многу одамна. На пример, автопатот од Удово до границата со Грција, наместо од оваа страна на Вардар се направи од страната кај Гевгелија, а таа траса е подолга и има четири моста преку Вардар.

Фабриката за конзервирање зеленчук се направи во Гевгелија, а суровините ги црпеше од атарот на селата од Општина Богданци. Сите овие се политички решенија кои до ден денешен немаат никакви економски оправдувања.

Во понатамошниот период потребните кадровски решенија на нашата општина се многу битни за успешно опстојување на општината и нејзините стопански активности.

Треба да се изберат луѓе кои сето оваа досега направено ќе го имаат на ум (оти нашата општина е

докажана од порано) и тоа треба да си се врати на посовремен колосек.

Треба да се изберат луѓе кои имаат смисла да ги менаџираат проблемите на една локална самоуправа. Тие проблеми знаат да бидат многу различни: од културни домови, канализации, вода за пиење, патишта, еколошки проблеми,пречистителни станици, меѓуопштински и прекугранични соработки заради заеднички интерес и ред други политики.

Тоа е еден спектар на проблеми за кои треба да се има менаџерски способности и добра екипа.

Потребна е добра екипа на луѓе од доверба, способни, комуникативни и одговорни за својата задача.

Успешни кадри во својата струка не секогаш значи дека можат да бидат и добри градоначалници. Досегашното искуство го покажа тоа.

Во овој предизборен период, богданчани сериозно треба да ја истакнат својата потреба од добар градоначалник и тоа е од пресудно значење за напредувањето и успесите на локалната власт.

Имајќи предвид дека на досегашните избори за градоначалници не избраа прав човек, таа обврска им останува ако сакаат општината уште поуспешно да напредува.

Page 5: Pogled BR.44 Noemvri

5ПОГЛЕД Ноември, 2012

Вистината на суровостаПишува:

Јован Џалев

Повод за ова мое јавување на страниците на „Поглед“ е статијата „Суровоста на вистината“ од нашиот сограѓанин, господинот Милчо Ванов што беше објавена во последните два броја на весникот со која се прави обид да се детектираат проблемите во Општина Богданци и да се изнајдат решенија за неповратното и очигледното тонење на Општината по сите основи и нејзино претворање во „слепо црево“ кое неминовно резултира со тотален колапс кој веќе е на повидок.

Со поголемиот дел од текстот човек не можеда не се сосгласи. Детектирани се поголем дел од проблемите кои придонесуваа (т) Општина Богданци да е таму каде што е. Убава е замислата на господин Ванов како да се реши овој горлив проблем за жителите на општината, иако наивноста и утопијата во одредени предлози блика на сите страни, но за тоа потоа.

На почетокот морам да истакнам дека обидот на господинот Ванов е пионерски, и без разлика на се, е за поздравување и се надевам ќе предизвика полемика и размислување со создавање критична маса во гласачкото тело на претстојните локални избори што ќе знае да ја препознае вистинската опција која, без разлика на партиските бои, успешно ќе ја извлече општината од „живата песок“ каде што моментално се наоѓа.

Сепак имам извесни забелешки кои во продолжение ќе ги образложам се со цел да се појаснат работите кои се случиле или допрва треба да се случуваат, а се тесно поврзани со делувањето и работењето на Општината, како на луѓето што ја водеа, така и на нејзината администрација како и на претпријатијата што делуваа под нејзина капа.

Мене (и не само мене) како советник и како претседавач на Советот на општината во вториот мандат (иако не цел) ме тангираат и повредуваат некои работи кои ги потенцира господинот Ванов, а искрено се тресат од ракав, без притоа да се консултираат документите кои останаа зад нас или, во најмала рака, да се консултираат учесниците во тие настани (седници) кои (фала му на Бога) сеуште се живи и здрави и се тука меѓу нас. Да се обвинуваат луѓе кои имале најдобри намери (без разлика што патот до пеколот е поплочен со најдобри намери, нели ?) со својот ангажман да придонесат за етаблирање на Општина Богданци во пристојно место за живеење и дека истите се главни виновници за „белата чума“ која и се заканува на Општина Богданци и за бесперспективноста на живеењето во истата, во најмала рака е несериозно, паушално и навредливо.

Лекциите од типот дека советниците имаат одговорност за одлуките што ги донеле и изгласале како и за спроведување на истите се приказни за мали деца. Во теоријата за општинското делување можеби е така, но во стварноста приказната е сосема друга. Законот е сосема јасен и недвосмислен. Има одредени процедури за функционирање на Советот и тие се аксиома.

Се знае како се донесуваат одлуки по одредени точки кои се на дневен ред и како тие одлуки се спроведуваат.

во нивниот мандат. Не за џабе некој лепи плакати, некој вика „уаа“,некој ... Се се прави за сопствен интерес.

За жал таа е вистината, сурова и болна. Единствено како водилка во овој правец, како предлог за излез од лавиринтот на политичкото делување во Општината, може да биде формирање на локална партија или независна листа зад која ќе застанат сите и која ќе се грижи за општите интереси во Општината.

Но и сето тоа е пресурово. Равенка со многу непознати (критериуми, бизнис влијанија, отсеченост од централната власт... иако во светот постојат такви примери кои одлично функционираат (во Србија неколку општини се раководени од независни кандидати).

Сепак, и покрај жестоката спротивставеност која постоеше во Советот, успеавме да направиме работи кои го одбележаа мандатот, иако одредени проекти се прелеваа од мандат во мандат.

Така на самата прва седница на Советот на Општина Богданци го одбивме Извештајот за работењето на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ на чие чело, како директор, беше тогашниот претседател на општинската организација на СДСМ. Против Извештајот гласаа советниците на ЛДП и СП (кои беа во коалиција со СДСМ) и советнците на ВМРО-ДПМНЕ и ДА. Зошто го велам ова? Од едноставна причина што од овој пример се гледа дека Советот не функционираше по партиски директиви (од централите) иако имаше страшен притисок „одозгора“.

Како и да е, неусвојувањето на Извештајот предизвика „бранување“ и откривање на наталожената „жабокречина“ во комуналното претпријатие, кое резултираше со формирање на комисија составена од советници од сите партии кои работата си ја завршија перфектно. Беа откриени страшни дубиози (неплаќање на електрична енергија, неплаќање данок, делење и манипулација со готовината). Се открија фамозните списоци на неплаќање на сметки за вода со години.

Комисијата дури направи напор и имаше состанок со врвот на Електродистрибуција и се изнајде решение заостанатиот долг да се плаќа на рати (100.000 денари по месец, ако добро се сеќавам).

Но сето тоа после извесен период се разводни затоа што советникот од СП, неможејќи да ги гледа дубиозите што се случуваа, си поднесе оставка по што СДСМ доби мнозинство во Советот, а со тоа и се изгласа Извештајот за работењето на комуналното претпријатие.

ќе го донесеме Мјкрософт, ама за тоа може само да сонување... мртво слово на папиру (што би рекол Бора-Чорба).

Но, ако создадеме услови, бизнисот од кој било маштаб ќе го препознае тоа и ќе дојде... сакале ние или не. Значи по таа основа стратегијата која ја предлага господинот Ванов е илузија и промашување. Економската наука и теорија (оваа што денеска е актуелна) предвидува други параметри за економски развој кои се косат со државни (општински) стратегии и мешање. Единствено што општината и нејзините структури можат да направат е стратегија на делување и лобирање за привлекување на можни инвестиции и инвеститори во тесна корелација со постоечките фирми кои поседуваат инфраструктура за одреден бизнис, а тоа повратно влијае на подобрување на квалитетот на севкупното живеење на населението во општината (вработување, кооперација со тие фирми, соработка...)

И сето тоа МОРА да биде на доброволна основа, заедно со постоечките фирми, внимавајќи притоа да не се чепне во приватноста на капиталот, наметнување на некакви развојни економски стратегии кои ќе се косат со интересот на фирмите. Лобирањето и барањето на бизниси кои бараат пласман, дури и не мора да биде преземено од структурите, тоа може да се предаде на одредени фирми чија основна дејност е токму тоа: лобирање и барање инвеститори.

Што се однесува до останатите поенти во стратегијата во потполност се согласувам.

Знам дека сите имаме вина за денешниот очигледен колапс. Не би сакал да именувам, но факт е дека одделни личности не се снајдоа со раководењето на претпријатијата и фирмите во општината.

Но, исто така, е факт дека вработените во тие фирми правеа се само онаа што треба не. Го разнебитуваа капиталот на фирмите, се однесуваа кримогено не сфаќајќи дека си ја сечат гранката на која седат. И сето тоа со амин на раководните луѓе на тие фирми, само и само повеќе да се остане во фотелјата и да се разнебити капиталот кој беше создаван со децении. Затоа сега се е расуло.

И, искрено, само Бог може да ни помогне. Инаку Богданци ќе биде завршена приказна.

И на крајот една мала дигресија: Сецирањето на ликот на идеалниот градоначалник со сите карактеристики што треба да ги поседува е аксиом.. За жал таков човек не постои.

Нејсе, еве ќе наведам еден пример како работи Советот и советниците.

За да се најде некоја точка на дневен ред треба да биде предложена од градоначалникот, од најмалку тројца советници или од стручните служби.

Дневните редови за работа на Советот ги подготвува претседателот на Советот со помош на стручните служби. По предложената точка се изјаснува соодветната комисија која е тело на Советот, па дури потоа таа доаѓа на дневен ред на Советот.

Претседавачот, иако смета дека некоја точка е небулозна и се коси, пред се со Законот и со здравиот разум, сепак МОРА да ја стави на дневен ред. По точката се дискутира и се гласа. Ако се изгласа, одлуката се објавува во службеното гласило на општината и после законскиот рок стапува во сила.

Втората инстанца за утврдување на легитимноста на донесената одлука е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ кој, ако не се согласува со нејзината валидност или се сомнева во нејзината легитимност МОРА да ја оспори пред надлежните институции во државата. Во конкретниов случај, кога тој е предлагач на точката што, преку советничката група од неговата партија која има мнозинство во Советот, се изгласала, изгласаната одлука и да не е сосема законска и да е надвор од здравиот разум, градоначалникот, логично,нема да ја оспори.

И сега Вие видете која е поентата на оваа апсурдност. Мал милион одлуки (значајни и помалку значајни) се донесоа на овој начин за време на мојот четиригодишен мандат иако, јас, господинот Владо Аврамов, господинот Васе Туранов ... и останатите неинволвирани советници, жестоко се боревме за да не се случуваат вакви преседани. Со нашето противење не постигнавме ништо. Сето тоа беше глас пуштен по ветар. Постојат записници, постојат сведоци... може да се провери. Значи пренаивно и идеалистички е да се бара здрав разум и доследност во спроведувањето на одлуките и дејствувањето на Советот. Таа аномалија се гледа и на далеку повисоко ниво ( во Парламентот) кога се носат апсурдни одлуки за кои ние граѓаните се чудиме (без разлика кој е на власт). Така да, иако Советот е телото чии одлуки Градоначалникот треба да ги спроведува, СЕКОГАШ е обратно. Советот е ИНСТРУМЕНТ на Градоначалникот или, во најдобар случај, на партијата која има најмногу советници во Советот, а по правило и Градоначалникот е од нејзините редови. Во одлуките на Советот СЕКОГАШ се гледаат интересите (по разни основи) на врвот на Општината, партијата на власт и локалните моќници или сиви еминенции.

Значи илузорно е да се бара некој круцијален општ интерес. Се се сведува на одлуки на затворен круг луѓе кои, своите размисли и интереси ги наметнуваат на мнозинството во партијата, а преку неа и на мнозинството во Советот.

За жал оваа е вистината, отсекогаш и засекогаш. Така функционираат работите. Светот не го движи веќе идеализмот и филантропството. Го движат интересите кои, нели, се вечни. Ако интересите на оние кои раководат се поклопат со општите интереси-пеќи. Ако не се поклопуваат, никому ништо.

Тоа е суштината, се разбира спакувана во убава обланда, како вкусно шарено бонбонче, која на народот (гласачите) им се сервира на секои избори: Дека, ако тие победат (кои и да се) ќе се грижат за општиот интерес и дека Општината ќе процвета

Сепак имаше и светли моменти.

Во овој мандат се носеа одлуки за устоличување на Гимназијата „Богданци“ (со помош на пријатели од врвот на партиите) иако имаше страшен притисок од страна на Гевгелија сето тоа да се стави ад акта.

Истотака се направи и заобиколниот пат кој е од круцијално значење за општината. Сакале ние да признаеме или не, тогашниот градоначалник, и покрај големите грешки што ги има направено, беше најзаслужен за овие два проекти кои се епохални за Богданци.

Во пишувањето на господинот Ванов, исто така, се заговара отворање на индустриски зони во Општина Богданци.

Во врска со тоа ќе кажам дека чука на отворена врата. Во овој мандат ние како советници донесовме Одлука за изградба на индустриска зона по Луда Мара (кај фамозниот Технички преглед и објектот што го гради „Таурус-Фармс“). Зоната беше направена по сите светски стандарди, со сите дозволи и запазени законски процедури, парцелисана на дванаесет одделни парцели, со планови за инфраструктурни објекти (колектор, трафостаници, улици). Но земјиштето беше на РМ и во два наврати имаше и јавно наддавање (лицитација) на кое НИКОЈ не се појави, освен тогашното комунално претпријатие кое ја купи парцелата за Техничкиот преглед ( или онаа до неа, по грешка ?!?!).

Значи ноторна невистина е дека Богданци нема индустриска зона. Е сега што тоа се изгуби во наредните мандати, тоа е вина на некои други.

Сепак ќе се вратам на најбитната поента на статијата на господинот Ванов, а таа се состои во реченицата дека СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА НОСИ ПЛАН ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ.

Оваа флоскула е нон-сенс, преземена од некои други времиња кога општинското политбиро одлучуваше кој ќе бид полковник, а кој покојник. Тие беа други времиња. Времиња на диригирано и планирано стопанство кога работите беа сечии и ничии. Кога „немаше“ проблем за пари затоа што тие се добиваа со политички одлуки. Значи посочената реченица денес нема никакво значење ниту функција. Денес улогата на општината и нејзините тела е ограничена во рамките на создавање на услови за МОЖЕН економски развој (инфраструктура, законски дозволени процедури и олеснувања, изготвување на ГУП и ДУП со предвидување на можни габарити и намена ... индустриски зони ... итн). Се останато е занесување и илузија.

Хипотетички, може да се зацрта дека во 2017 година во општината

Page 6: Pogled BR.44 Noemvri

6 ПОГЛЕД Ноември, 2012

Едно прво и две втори места за Богданци на ПП-квиз натпревари

Дваесет и осмите Регионални Противпожарни-квиз натпревари се одржаа на 27 ноември во Богданци.

Натпреварите кои се одржаа во просторот на ООУ„Петар Мусев“ ги отворија Никола Николов, претседател на Противпожарниот сојуз на Република Македонија и Никола Бојковски, член на Управниот одбор на ППС.

Во квизот учествуваа екипи општините Битола, Велес, Неготино,Прилеп, Кавадарци, Крушево, Валандово и Богданци. Натпреварувањето беше, одделно, во кадетска и јуниорска конкуренција. Тричленните екипи едновремено одговараа на поставените прашања со запишување на одговорот во посебни плика и со подигање табличка со буквата под која мислат дека е точниот одговор. За секој точен одговор се добиваа по 5 поени. Екипата со најмногу освоени поени беше победник на квизот. Се рангираа првите три места. Доколку

имаше екипи со еднаков број поени на тие екипи им се поставуваа уште по три прашања.

Во кадетска конкуренција најмногу бодови освои екипата на Кавадарци. Екипити на Богданци и Велес имаа еднаков број поени. Во дополнителниот дел Богданци освои повеќе бодови со што неговата кадетска екипа во состав на Магдалена Трајкова, Александра Васиќ и Фидора Шапкарова го освои второто место.

Во јуниотска конкуренција екипите на Богданци, Велес, Крушево и Неготино имаа еднаков број бодови по главното натпреварување. Во дополнителниот дел исто така сите четири екипи освоија еднаков број на бодови. Со извлекување екипата на Велес го извлече пликото на кое пишуваше дека го освојува првото место, Богданци го извлече второто место, а Неготино третото. Екипата на богданските јуниори ја сочинуваа Цеца Србова, Раде Стојчевски и Ристе Карашабанов.

Како дел од натпреваувањето беше прикажување на видеоигра на гасење пожар. Единствен пријавен учесник во таа конкуренција беше екипата на Доброволното противпожарно друптво од Богданци која го освои првото место.

Првопласираните екипи се стекнаа со право да учествуваат на Државното првенство коешто на 12 декември 2012 година ќе се одржи во Берово.

Противпожарниот сојуз на Македонија на победниците им додели пехари за победата. На сите учесници им беа доделени Дипломи за учество на Противпожарниот натпрвера и пригодни подароци.

Истовремено Противпожарниот сојуз на Македонија додели Благодарници за посебен придонес во доброволното пожарникарство и Признанија за посебен придонес во подготвувањето, организирањето и учеството на Дваесет и осмиот противпожарен квиз напревар.

На 21 ноември 2012 г. по десетти пат се одржа манифестацијата „Ден на дрвото“. Акцијата повторно се одржа покрај езерцето „Паљурци“. Со автобус учениците од општинските основни училишта и од општинското средно училиште се довезуваа на Браната каде што секое дете засади по една садница. Садниците беа обезбедени од „Македонски шуми“

кои помагаа и во засадувањето.И годинава денот кога се

изведуваше акцијата „Ден на дрвото“ беше неработен ден.

Многу малку од дрвцата засадени на оваа локација во поранешните акции ги преживеале пеколните горештини на кои беа изложени летово.

Ден на дрвото

ОЗП домаќини на „Пензионерите пеат“

Традиционалната културно-уметничка манифестација „Пензионерите пеат“, во органозација на Петтиот или Јужен регион, според територијалната поделба на Сојузот на пензионери на Република Македонија, на 31 октомври се одржа во Општина Богданци.

Домакините,Здружението на пензионерите од Општина Богданци, своите колеги ги пречекаа во Стојаково. Манифестацијата се одржа во Спортската сала на ООУ„Кирил и Методиј“.

Пејачките групи на Општинските здруженија од Битола, Богданци, Валандово, Гевгелија,Дојран,Кавадарци, Неготино, Прилеп и Струмица како и Општинското здржение на инвалидите од Кавадарци на манифестацијата „Пензионерите пеат 2012“ исполнија по 2 песни од својот репертоар.

Како гости на манифестацијата учествуваа и Пејачките групи од Општинските здруженија од Штип и Радовиш.

-Оваа е традиционална манифестација на које секогаш домаќин е друго општинско заружение од Јужниот регион. Годинава ние бевме домакини. На манифестацијата присуствуиваа Драги Аргировски, претседател на Сојузот на пензионери на Македонија и Станка Трајкова, секретарка на Здружението- ја објасни манифестацијата Славчо Узунов, претседател на Општинското здржение на пензионерита-Богданци.

-Секој домаќин е должен да ја организира манифестацијата. Тоа подразбира сала за концерт на пејачките групи на учесниците и сала со капацитет со околу триста седишта за заеднички ручек и дружење на гостите. Ручекот си го плаќа секое здружение за своите членови. Во нашата општина нема таков капацитет, па сала најдовме во Гевгелија, кажа Ѓорге Станчев, претседател на Управниот одбор на Општинското здружение на пензионерите.

Промовирана збирката-награда од конкурсот на „Поглед“

Песната „Остана недоречен стихот од поезијата на Твојот живот“ од Тони Аврамов беше победничка на конкурсот за песна што беше го распишал „Поглед“.

Печатницата „Софија“ на победничката песна и додели награда во вид на печатење збирка песни од нејзиниот автор.

Збирката насловена како „Сенките на мојата душа“ од Тони Аврамов, на 9 ноември беше промовирана во Хотелот „Принцес“.

На промоцијата на која се кажуваа

стихови од збирката, која беше збогатена со играорна кореографија и балетска етида и која беше илустрирана со соодветен видео материјал зборуваа Илија Тумбов и Даниела Џишева.

Авторот Тони Аврамов пред многубројните присутни што ја беа исполниле салата срдечно им се заблагодари на весникот „Поглед“ и на Печатницата „Софија“ за гестот.

Хуманитарен концерт на КУД „Бранд Петрушев“Фолклорната секција на КУД

„Бранд Петрушев“-Богданци, од Стојаково на 2 ноември организираше целовечерен хуманитарен концерт. Влезниците за концертот кој се одржа во Спортската сала на ООУ„Кирил и Методиј“ во Стојаково се продаваа по цена од 20 денари. Приходот од концертот беше наменет за помош на двете семејства од Стојаково на кои во пожар до темел им изгореа

домовите.На влезот во салата имаше

поставено каса во која милосрдните можеа да остават доброволни прилози за истата намена.

На концертот покрај Фолклорната секција на „Бранд Петрушев“ од Стојаково, учествуваа и КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, КУД„ Браќа Толеви“ од Прдејци и КУД „Негорци“ од Негорци.

Како гости на концертот беа најавени КУД „Коловит“ од Република Босна и Херцеговина и КУД „Митанче“ од Република Србија.

На концертот се појави са мо КУД „ Митанче“ од Република Србија.

Секој од учесниците на концертот, пред многубројната публика, се претставија со по неколку кореографии од својот репертоар.

Page 7: Pogled BR.44 Noemvri

7ПОГЛЕД Ноември, 2012

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

ceni, od strana na vrabotenite vo pravoslavnata crkva vo Bogdanci im se zakanuvaa, deka poradi toa {to ne zemale pogrebna oprema od crkvata popot nema da vr{i zakop i nema da ja ~uka kambanata.Kakvo arogantno, ne~ove~no i nemoralno odnesuvawe na lica koi treba da ja {irat verata, ~ovekoqubieto, humanosta i milosrdieto. I ~ove~kiot posle-den pozdrav so najbliskite, za da bide ispraten vo mir i spokoj na negovata du{a, nekoj se drznuva vo tie momenti tolku ne~ove~no da gi ucenuva i navreduva. I po ova postapka, a so verba vo na{ata “pravna” dr`ava, se pobara pomo{ za za{tita na na{ite prava kako lojalni gra|ani . Vo Uprava za javni prihodi i vo policijata,

isprateni se pretstavki i poplaki no bez nikakov rezultat, site ednostavno koga spomnuva{ deka se raboti za lice vraboteno vo MPC digaat ramenici i velat deka se nemo}ni protiv crkvata.

Eh, koj ja spomna crkvata, zarem nekolku vraboteni lica koi se gra|ani na ova dr`ava, koi ne gi po~ituvaat zakonite na istata, ne gi po~ituvaat kanonite na crkva kade {to rabotat i nepi{anite ~ove~ki pravila na odnesuvawe, tie ja pretstavuvaat crkvata ?

Vo 21 vek, vo demokradska dr`ava, vo kulturno op{testvo dozvoluvame vakvo ne~ove~no odnesuvawe, Do koga?

Atanas Popov

П о п о в и и л и т р г о в ц и ?

Гимназијата не престанува да изненадува

Од лево:Силвија Ристиќ,Маринчо Џишев,Љупчо Шутаров,Мартин Крлески,Марија Ичкова

Миле Урдинов,Анита Ајцева,Лазе Тренчовски и Ели Минева.

Бертол БРЕХТ живеал од 1898 до 1956 година.

Тој е гермаски писател кој дал придонес во сите литературни жанрови. Најпознат е како драмски писател чии дела се одликуваат со импресионистичка гротеска.

Негова цел била, со помош на сценските уметности, да изврши превоспитување на општествената свест.

Брехт во своето творештво драмските елементи ги осмислува и ги структурира на нов начин. Безличноста и оттуѓеноста на човекот во современите општества, стремежот кон апстракција во создавањето на воопштени социолошки модели се главните карактеристики на неговите дела.

Во подоцнежните даваесетти години на минатиот век тој од Минхен, каде што веќе се бавел со драматургија, се префлил во Берлин. Во Берлин почнува да бара драмски израз што ќе го отсликува неговиот

општествено-политички активизам поттикнат од актуелните бурни политички светски и историски случувања: револуцијата во Русија и фашизмот во Германија.

Како изразит антифашист Брехт бил принуден да ја напути Германија. Во емиграција ги создал неговите најзрели и уметнички најсилни дела.

Идеја водителка во тоа време му е начелото дека драматургијата на традиционалниот живот прикажан на сцената треба да биде усогласена со уметничката игра која треба да биде во служба на фантазијата, на хуморот и да има смисла. Истовремено, ја разбива востановената традиционална сценска илузија и, наместо уживање, кај гледачите поттикнува критичко размислување.

Во 1948 година Брехт се враќа во Источен Берлин каде што формира театар кој стекнува светска слава.

Пиесата „Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт, во изведба на учениците од Гимназијата што на 24 ноември се прикажа во просторот на ООУ„Петар Мусев“ беше културно-уметнички настан.

Тоа беше театар. На театар се оди во вечерна

тоалета. Или не се оди. Тетарската претстава сама по

себе е свечен чин.Тетарските претстави не се

претстави со Дедо Мраз за на нив да се водат внуците. На децата таа вечер не смееше да им биде дозволен влез на претставата.

Точно се знае какво треба да биде однесувањето на театарска претстава. Од страна на публиката само оној гест кога од страна на Гимназијата на учесниците во претставата им беше подарено цвеќе на отворена сцена беше однесување во согласност со граѓанските манири. Многу нешта беа во согласност со едни други манири, попознати како МАЛОГРАЃАНСКИ.

Ели Минева, Мартин Крлески,Маринчо Џишев,Анита Ајцева, Лазе Тренчовски, Силвија Ристиќ, Марија Ичкова, Миле Урдинов и Љупчо Шутаров беа хероите на саботната вечер на 24 ноември.

И Верица Ризовска и Кире Ѓоргиев, се разбира.

Раскажаа нешто не „ШТО НИКОГО НЕ ПОГОДУВА“, како што беа запишале на карта-каталог, туку напротив: го раскажаа Брехт во неговата „Малограѓанска свадба“ на најдобриот можен начин во дадениот момент.

Бртехт е класика. Текстовите на Брехт, по својата природа, имаат затворена структура која ги ограничува можностите за импровизација во начинот на играње и поголема пристапност во однос на публиката. Затоа во светот на театарот неговите текстови доаѓаат до израз само под раката на вештите режисери и во изведба на совршена актерска екипа.

Секоја чест на режисерот Кире Ѓоргиев, кој има потпишано и музиката, и на професорката Верица Ризовска која го водела проектот. Ја зеле жарта наречена „Малограѓанска свадба“ и цело време ја држеа в раце. На моменти, можеби, чувствуваа дека им ги потпечува дланките, ама немаа причина да бидат загрижени.

Верица и како сценогрф и како костимограф си ја исполнила задачата. Едноставната сценографија докрај ја доловуваше атмосферата. Во статичен мизансцен и во концепција што требаше да ја акцентира врзаноста на ликовите со местото што им беше доделено на трпезата, во услови кога намештајот требаше да биде лик, столот на Жената дури и со значајна улога, сценографот одлично го нашол решението во училишните клупи и столчиња. Ако винските шишиња и се друго беше даден во стилизирана форма намештајот беше –Намештај.Брехт кој и во душата бил црвен може да се игра само во црвено.Затоа нападно црвената сцена се доживуваше баш брехтовски.

Режисерот се виде дека одлично го „чита“ Брехт, ама „читањето“ морал да го прилагоди, најпрво на побликата, а потоа и на актерскиот потенцијал што го имал на

беше мерката со која костимографот и режисерот го истакнале ликот. Познавајќи го Брехт, знаејќи ја занесениот што ја имал по марксизмот и класната борба, на режисерот најлесно му било да го исцрта ликот на Жената. Нејзиното збунувачко нобл-однесување, пренагласено во интонацијата и предозирано во играта, не беше случајно Па таа ја претставуваше групацијата што исчезнува затоа што тоа природно и следува. Секој лик располагаше со времето што му го дозволуваа репликите и дидаскалиите понудени од режисерот. Во тој концепт секој го даде својот придонес. Ели Минева доминираше на сцената со одличното имитирање на говорот на придојдените во класата кон која Жената, нејзиниот лик, сакаше да припаѓа, ама очигледно не припаѓаше. Мартин Крлески го долови ликот на Таткото, стариот господин кој честопати знае да им го загорчува животот на своите, ама има моменти кога неговото однесување тешко може да се контролира. Анита Ајцева како Мајката беше мостот преку кој, така е во секое семејство, врват сите во семејството ако сака работите

да бидат како што треба. Лазе Тренчовски потврди, како што велат актерите, дека нема мали и големи улуги туку големината на улогата е во рацете на актерот. Мажот на Маринчо Џишев беше доста убедлив. Сестрата на Силвија Ристиќ и Пријателот на Љупчо Шутаров сосема коректно беа изнесени. И, во согласност, со тенденцијата на авторот, Невестата на Марија Ичкова и Младоженецот на Миле Урдинов беа контрапунктот на претставата. На своја свадба, од малограѓанштината на свадбарите, не можеа да дојдат до израз. Во друштво на малограѓани и самите станаа малограѓани. Или веќе беа?

Се на се Драмската секција од Гимназијата „Богданци“ покажа дека се труделе. Нивото на претставата беше на рамниште со кое би биле задоволни во било кој аматерски ансамбл. Публиката не беше на истото ниво. На професионални сцени, поради однесувањето во салонот, непримерно на правилата, се прекинуваат претстави.

Тоа што го видовме беше театар според сите нишани. Ако се мисли дека од сцената ни раскажуваа приказни-врвка ни е работата. На сцената беше поставено огледалото во кое се огледувавме. Се препознавме ли во ликовите?Тие на сцената бевме ние.

Она наменска „Белата смрт“ покажа дека, кога се сака, се може.

Кога минатата година ја направи академијата за патронатот, сите беа одушевени.

Со Поетско-музичката вечер потврдија дека работите не биле случајни.

„Малограѓанската свасба“ треба да биде замаецот кој на нештата ќе им даде поинакво значење.

Сега на групата треба да и се најде име. Името е знак. Името е определба и идентификација на припадноста.

И не треба да се застане. Пиесата треба да се прикажува. Сите треба да ја видат.

Мастрафот е даден. Останува да се види за што. И како пример дека децата знаат да бидат креативни и како показ за поттикнување други амбиции.

располагање. Има работено со многу аматерски групи и знае што треба да прави. Со неколку занаетчиски додатоци во играта на актерите, секогаш успеваше да го одвлече вниманието кон деталите кои, за сметка на играта, го потенцираа дејствието и го „врамуваа“ ликот.

Искуството во работата со аматери му кажало дека мора со нешто да ја анимира публиката. Сите реплики да му ги отстранил на Младичот, онаа замазнување на косата што го правеше и онаа „Аааа“ што така впечатливо го викнуваше ќе беше доволно да ја изнесе неговата малограѓанштина вкалапена во „мачо“ претставата за себе. Пријателот не импровизираше кога се секнеше. Тоа го правеше малограѓанин во него. Со хармониката на рамо е друга личност. Или онаа надуеност на Сестрата која не се согласува со ништо затоа што таа мисли дека не треба да биде така како што е. Или пењоарот на Мајката

која, за да ја „спаси“ ситуацијата, како секоја домаќинка се обидуваше да го стиши таткото и да одигра нешто за да ја подигне атмосферата. Кловновската карикатуралност на Мажот беше токму тоа: љушпата под која ја криеше својата потиснатост и во која се пикнуваше по секое и најмало подвикнување. Невестата и Младоженецот-жбеа како оние реклами - две во едно. И во улогата што им ја наменила пригодата и во улогата на самите себе. Невеста која е свесна дека треба суштински да го менува своето однесување, ама и жена која сеуште не знае што сака. Младоженец на кој поважно му е да го истакне своето единствено Јас, тишлерството, отколку да биде ѕвезда на церемонијата.Затоа пак Таткото бешечовекот што го начекал моментот. Кој за што тој за себе или тоа за што тој мисли дека е важно. А зошто би се стегал да зборува за распаднати лешеви на свадбената вечер кога тој мисли дека тоа е интересно. Кому му е гајле дали кажувањето и однесувањето е соодветно. Онаа француска беретка

BIBLIJA , NOV ZAVET, EVANGELIE OD MARKO GLAVA 11

Dojde Isus vo Erusalim i gi protera site koi kupuvaa i prodavaa vo crkvata, im gi prevrte tezgite i klupite ne dozvoluvaj}i ni{to da se prodava vo crkvata. i im re~e: "Napi{ano e : mojot dom (crkvata) e za molitva na narodot, a vie od nego napravivte leglo na razbojnici"

Ja koristam ova mo`nost da se obratam do gra|anite na Op{tina Bogdanci za da im ja pretstavam sostojbata okolu nemoralna i nezakonska proda`ba i trgovija od lica vraboteni vo pravoslavnata crkva vo Bogdanci, i nivnata ne~ove~na postapka. Pred odredeno vreme e otvorena

firma za pogrebna oprema, so plateni dava~ki kon dr`avata i fiskalen aparat kako {to nalagaat zakonite na dr`avata so namera da im se ponudi i pomogne na `itelite na op{tina Bogdanci , i so pri~ina deka vo toa vrema takov vid na usluga nema{e.Po otvaraweto na Firmata, vo sredinata na juli mesec ova godina, so dobra i iskrena namera be{e razgovarano so popot Dim~e da se izvesti deka vo Bogdanci e otvoreno prodavnica za pogrebna oprema i od nivna strana se prekine so nezakonskata proda`ba, no od negova strana nema{e razbirawe, a i samiot na~in na arogancija i nedoli~no odnesuvawe go prekina natamo{niot razgovor. Iznenaduvaweto be{e golemo,

pretstavnik na crkvata , u~itel na verata, koj ne gi po~ituva zborovite na Isus nitu zakonite na ova dr`ava.BIBLIJA, NOV ZAVET:MATEJ 10.9

Koga Isus gi isprati svoite u~enici da go {irat negoviot zbor i vera edna od negovite re~enici be{e : "Ne nabavuvajte ni zlato ni srebro vo svoite pojasi"

Po ova poradi toa {to ima{e golema razlika vo cena , popot ja prodava{e pogrebalnata oprema za okolu 100% poskapo, misleweto be{e deka narodot }e odbere {to saka.No na narodot ne mu se dade toj da bira , na licata koi odlu~ija da napravat izbor vo tie te{ki momenti na semejstvoto, da odberat da kupat po poniski

Page 8: Pogled BR.44 Noemvri

8 ПОГЛЕД Ноември, 2012

Парола на месецот

Роднокрајна анегдота

Црни точки Ре а т а о д ш а х т а т а к а ј ц р к в а т а

влевале поројните води од тој дел на Богданци. Под патот кој поминуваше од таму, водите се влеваа во Вадата која покрај патот низ средината на денешниот парк, покрај сегашната зграда на Општина одеше надолу по улицата „Изворски“ се до Луда Мара.

Во 1956 година почна реконструкцијата на средишниот дел на Богданци. Дотогашната главна улица или „патот“ одеше по трасата на шеталиштето покрај Црквата и Ресторанот, низ паркиралиштето и, покрај Прочковата, Аџигоговата, Т е н е к е џ и е в а т а , М а џ и р о в а т а , Пачаразлиевата, Такашмановите

и Брдаровата куќа, излегуваше на сегашната крстосница Минова кафеана. Таа година, „во здраво“, низ Маџировите, Ќортошевите, Љушевите, Пачиколевите, Гунтаровите, Ќамалевите, Вангеловите, Петрушевите, Поп-Јовановите, Гоговите, Поп-Дучевите, Караколевите, Прошевите и уште некои други дворови и куќи, па преку Миновата кафеана се отвори денешната главна улица. Над неа, на местото на Попдучевата кафеана, Петковиот, Вановиот, Гоговиот дуќан, на местото на Петрушевите

дуќани и Толевите куќи се направи денешниот централен парк.

Пред тоа во Вадата се постави цевковод низ кој поројот се спроведе до Луда Мара.

Со тек на времето во таа атмосферска канализација се вклучија и фекалните канализацие од околните згради и куќи.

До пред некоја година, дали затоа што канализацијата си течеше во коритото на Луда Мара, непријатен мирис од отворената шахта и од онаа решетка кај фонтаната идеше само кога подувнуваше југ. Сега таа реа е постојана. Кај липата пред главните црковни скали мирисот е неподнослив.

Упатените велат дека проблемот може да се реши со едноставна „ЕС“ цевка, во истиот профил со цевководот, чие пониско ниво постојано би бил исполнет со вода која би спречувала воздухот од канализацијата да излегува преку Шахтата.

Талогот од земја со кој пороите би го исполнувал ниското ниво на „ЕС“ цевката би се чистел со рачно црпење. Отворот во Шахтата би бил

заштитен со подвижна решетка.Ако е ова изведливо решение,

претставува премалки трошок и премалку труд за преголема придобивка. Отстранувањето на реата од централното градско подрачје е придобивката и треба да биде приоритет. Не обичен приоритет. Тоа треба да биде неодложен, итен и ВРВЕН приоритет.

„Ајде поскоро да изврвиме оти ваа Шахтта орли носе“ ќе чуете од тие што поминуваат преку оние скали што го поврзуваат шеталиштето кај паркот со улицата Нако Вардарски, од тие што се упатиле во Православната црква „Свети Атанасиј Велики“ или од тие што одат по шеталиштето во близина на Шахтата.

Во тој отворот секогаш се

Има три вида луѓе:лојални, нелојални и залоени

Миро Радески

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Секое населено место си има анегдоти што ги изразуваат културните, социјалните, историските и други особености на населението. Анегдотите секогаш се поврзани со некоја од локалните „фаци“. Секоја генерација си има свои ликови кои на еден или друг начин го обележале своето време.

Вељо Чрчев, Ристо Енџекчев-Мацин, Артон Џалев, како што го знаеме, и Доре Манолев другаруваа на времето. Вељо и Ристо веќе се покојни.

Секој од нив си имаше кафеански „минат труд“, ама знаеје понекогаш да се соберат кај некој од нив и да си прават седенки. Вељо беше мајстор за правење вино и ракија. Доре беше касап. И Ристо се мешаше во касапството. Артон беше ветеринарен техничар. Од таа страна можеше да се каже дека секогаш имаа „сировини“ при рака за да се стави во чашките или да се „фрли на жарта“.

Една вечер Вељо излегол на скалата за да види какво е времето и што може да се очекува за утредента. Уште на излегување го „закачил“ мирис од скара. Слегол во дворот и се обидел да оцени кој тоа од комшиите пече месо. Вечерта убава, раноесенска. Тргнал нагоре по трагата на мирисот и гледа во дворот на Артон Џалев седнале Артон и Натка, Ристо и Терпа и Ринка на Дорто, си седат и се муабетисуваат. Масата полна, што за пиење, што за јадење. Дорто опашен со фута, се чади на скарата и ги чрчори мр’вките.

Се враќа Вељо назад, нели куќите им се тука близу, и и вели на Зора:

-Наметни си нешто земи ги пандофлите и трчи накај Џалеви како да бегаш од мене оти јас сум пијан, сме се скарале и сакам да те тепам. Се собрале Мацинте и Манолевите во

Артон си печат скара и си пијат, а нас не не викнаа. Влези кај нив, а јас ќе дојдам по тебе за да те „тепам“.

Оваа ујдурма не им била сефте. Веднаш се разбрале што треба да се прави.Фрлила Зора некое џемперче врз себе и, на пандофли, се стрчала накај Џалеви.

-Помош, луѓе, спискала кога влегла во дворот.

-Мори Зоро, што ти е?, потстанале сите затечени од ситуацијата.

-Вељо е пијан, се спречкавме нешто, му пререков и рипна да ме тепа. Одвај избегав. Скријте ме некаде.Во тој момент и Вељо дал глас од улицата фалејќи и се на Зора дека коските ќе и ги скрши.

Се „видело“ дека работата е сериозна, ја зеле жените Зора и ја внеле дома. Мажите го пречекале „запенавениот“ Вељо и го седнале кај нив на масата.Веднаш уследило канењето да се напие и да си апне.

Го потпрел Вељо стапот со кој требало да ја „отепа“ Зора, на масата и си почнал да си пие и да си јаде. Жените, влези-излези, носат од месото кај Зора за да ја утешат.

А ќе се намали „понудата“ за јадење и пиење, Вељо стапот во раката и рипни:

-Ама што ме улавата тука? Јас сум тргнат по Зора. Зоро, Зоро само ако...

Веднаш се принесувала нова топла тура печено месо и се дополнувала пијачката.

Кога видел Вељо дека нема веќе месо за печење свикал.

-Ајде Зоро. Доста беше.Се најадовме, се напивме, ела да си одиме.

Излегла, Зора, станал Вељо си го зел стапот, се фатиле „ангаже“ и си тргнале накај дома.

Артон Џалев се залисува од смеа кога ја расправа оваа анегдота.

Измислен разговор на Богданчо на Богдан Богдански со Ристо К. Пеев

РКП:-Знаев дека ќе дојдеш да разговараш со мене.Те чекав.

БББ: - Е, како знаеше?РКП:-В чаршија излегов кога

имав 6-7 години. Таму сум веќе осумдесет години. Мислиш ли дека од толкавото искуство нема никаква полза?

БББ: -Се разбира дека има. Но, не ми е јасно зошто си мислел дека сега ќе дојдам, а не пред три месеци или после три.

РКП:-Нели Гимназијата некни имаше премиера на онаа пиеса од Брехт. Нели потосле сите зборуваа за тој настан. И тука морам да потсетам дека настан беше за тие што виделе и разбрале нешто во животот. За другите и не е важно.За мене беше настан и затоа те чекав.

БББ: - Беше ли на премиера?РКП:-Веќе ти спомнав некои

броеви. Осумдесет и седум години имам. Ја терам осумдесет и осмата. Тоа е длабока старост која на разни начини го усложнува животот. Јас сум витален и активен, ама сепак. Ноќе беше и таму долу во основното училиште. Не можев да одам, ама како да бев таму и на децата им ги упатувам сите честитки.

БББ:- Во пензија отиде од работното место Раководител на културно-уметничките дејности во Домот на културата „Бранд Петрушев“. Така ли беше?

РКП:-Да. Но, пред тоа тие дејности, како Културно-уметничко друштво „Задругар“ и како Работнички универзитет, беа засебно правно лице. Во Работничкиот универзитет се одржуваа настави и обуки по разни прашања.

„Задругар“, пак ги покриваше сите културно-уметнички дејности. Од играорни и пејачко-музички до драмски дејности.

БББ:-Велите, драмски дејности. Што се подразбираше под тоа.

РКП:- Театар, бе брат. Театар како секој друг театар во светот. Можностите не беа којзнае колку раскошни, ама работите се тераа.

БББ: -Кога за нешто се вели дека се тера, јас подразбирам континуитет.

РКП: -Па, добро. Не баш континуитет во смисла на постојана игра и репертоар, ама имаше нешто.

БББ:-Опиши како функционираше тоа. Каде се почетоците?

РКП: - Во зградата на Гимназија до почетокот на деведесеттите беше сместено основното училиште. Додека не беше направен Домот таму некаде на крајот од четириесеттите и почетокот на педесеттите години, драмските дејности се практикуваа во училиштето. Потоа се се префрли во Домот. Носители на дејностите беа младите.

БББ: - Кажи некое име. РКП: -Кој не: Љупчо и Ружа

Ѓавочанови, Ристо Шутаров, Тако Лештов, Милчо Урдинов, Коле и Мара Чавдарови, Васе Чакалов, не можам да ги набројам сите. Потоа дојдоа Гого Колозов,Крсте Џиџев, Џоко Џиџев Слава Кусурова, Драгица Тодоровска, Митко Стамков, Васе Петрушев, па Ристо Пилитов, Иљо Петрушев, Донка Трајкова,Дине Данаилов, Мите Поп-Илиев, Перо Свенчев… многумина.

БББ: - Велиш Ѓорге Колозов.РКП: -Ами што мислиш?

Гого, како гимназијалец, тука почна. Откако почна да освојува награди за улоги на Аматарските драмски смотри за театар во Кочани се префрли во Штипскиот театар. Потоа отиде во Куманово. Па заврши академија и стана член на Македонскиот народен театар во Скопје. Останатото на сите им е

познато. И Кирчо Ќортошев почна од тука.

БББ: - Имињата што ги слушам се од поранешни времиња.

РКП:- Но ти ги гледаш во денешно светло. И тие луѓе на времето, кога глумеа, беа млади. Јас веќе дваесет и пет-шест години сум во пензија. И после тоа имаше драмски активности. Боби Каркалашев, Сашко Пејков, Роберт Милчев, Перо Чакалов, Ристо Ќортошев, Васе Панов, Ацо Аризанов, Камелија Чавдарова, и уште некој, и тие беа направиле една пиеса додека беа ученици.

БББ: -Каде ги подготвувавте претставите?

РКП: - Во Домот. Каде на друго место?

БББ: - И после?РКП: -После ги игравме пред

публика.БББ:-Каде ги игравте?РКП: - Секаде. Прво тука во

Богданци, На сцената во киното. Потоа одевме наоколу: во Стојаково, Богородица, Ѓавото, Дојран, Фурка. И задолжително во Гевгелија на Регионалните аматерски драмски смотри од каде што се вршеше селекција за Републичките смотри во Кочани. Сме оделе и во струмичко да играме претстави.

БББ: -И таму ги игравте по домовите? Си имаше сали со бини, со седишта…

РКП.- Да. За некои претстави продававме карти, а некои ни откупуваа синдикатите. Синдикатот на „Млаз“, на пример ќе ја откупи претставата за неговите работници и ние ќе ја играме. „Изворски“, исто. Ќе организираме претстава за учениците. Ќе дојдат учениците си купуваат карти, ја полнат салат и ние играме.

БББ:- Штета што во Домот се остави да се запусти салата. Голема работа е да се има услови. Условите стимулираат. Училиштата се добри за такви дејности, но ограничуваат само на нивните деца. Домот е друго. Многу се радувам што почнаа да се преземаат иницијативи за такви дејности. Тоа секогаш е племенито. Креативно. Драмски уметности, нели?