seminaraska za dojransko ezero

21
Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје Факултет за туризам Дојранско Езеро -Семинарска работа- Предмет: Туристичка географија Предметен професор: Изработил:

Upload: kire-palceski

Post on 07-Nov-2014

176 views

Category:

Documents


0 download

Tags:

TRANSCRIPT

Page 1: Seminaraska Za Dojransko Ezero

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје

Факултет за туризам

Дојранско Езеро-Семинарска работа-

Предмет: Туристичка географија

Предметен професор: Изработил:Проф. Д-р Мијалче Ѓоргиевски Палческа Ирена индекс: 10298

Скопје, 2012

Page 2: Seminaraska Za Dojransko Ezero

1. Вовед

Во југоисточниот дел на нашата земја, на граница со Република Грција,

сместено е едно од трите македонски природни езера, Дојранското Езеро.

Најниските делови на долината се исполнети со езерските води, кои се

опкружени со ниски ридови.

Дојранскиот крај со милениуми бил населен од човекот и тој го ползувал

Езерото, обезбедувајќи од него голем дел од својата неопходна исхрана.

Согласно со развојот на општеството и стопанската активност, човекот повеќе

го врзувал својот опстанок на тие простори со Дојранското Езеро.

Низ призмата на материјалното, која по обичај е највпечатлива, животот

покрај Дојранското Езеро денес се манифестира преку четири населби на

самиот езерски брег: Сретеново, Стар Дојран, Нов Дојран и Николиќ и 662

семејства (над 2400 жители) кои живеат во нив.

Тие како и генарациите пред нив, во прво време се главно рибари и

земјоделци. Но, новото време наметнува нови потреби и навики. Тие

предизвикуваат појава и усовршување на нови начини на организирање на

животот. Така некаде од средината на 50-те години на минатиот век почнало

посериозно да се размислува и околу туризмот.

Во негова функција денес покрај Дојранскиот брег постојат многубројни

хотели и одморалишта. Сегашниот развој на нашата земја, со интензивен

туризам и транспорт, ја нагласува потребата за ползување на Дојранско Езеро и

од населението што живее во поширокиот простор на нашата земја.

Page 3: Seminaraska Za Dojransko Ezero

2. Главен дел

2.1 Населеност и името на Градот и Езерото

Дојранското Езеро со својата положба и пријатна клима, со милениуми и векови е

привлечно за населување и организирање на животот на тој простор. Покрај тоа,

Дојранското Езеро се наоѓа на собраќајниот коридор што го поврзува јужното

Солунско Поле со северните простори на сливот на реките Вардар и Струмица. Затоа,

во сливот на Дојранското Езеро, Црничани е позната населба дури од камена и

бронзена доба.

Но повеќе информации за населеноста околу Дојранското Езеро и неговата околина

има од подоцнежниот период. Така во петтиот век п.н.е. долината на Празијас

(сегашното Дојранско Езеро) ја населувале Пеонци. Тие живееле „на Езерото“. Во

дрвени колиби заградени со трска и поставени на скели кои се потпирале на долги

дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено корабите со кои управувале многу

вешто, заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни.

Биле многу добри пливачи и нуркачи. Секој од нив во својата колиба имал отвор кон

езерото (на дното од колибниот под) преку кој ловеле риба во изобилство и со неа ги

хранеле дури и коњите и говедата.

Езерото како во античко време, и подоцна до доаѓањето на турската власт се викаше

Празијас. Со доаѓањето на Турците, поврзана е и легендата со која се објаснува и

третото име на градот,наречен ДОЈРАН според кој е наречено и езерото ДОЈРАНСКО

ЕЗЕРО.

Имено,според легендата, Турскиот војсководач полковникот Евренос-беј кој бил во

служба на султанот Мурат ,одејќи со војската од Серско кон Полин (старото име на

Дојран) се приближил до источниот брег на Езерото.Без да знае дека пред него се наоѓа

замрзнато и бело од покривка езеро,Турскиот војсководач наредил да се помине преку

“полето’’ во кое не сретнале ниту едно дрво, но сепак Турскиот војсководач и неговата

војска стигнале до градот.Таму дознале дека не поминале преку чудно поле туку преку

зaмрзнато езеро.Во чест на добрата волја на Алах,кој среќно ги водел, Турскиот

војсководач и за војската и за месното население приредил богата гозба која траела три

дена. Новото име на градот доаѓа токму од тој настан, односно од турскиот

збор ,,дојран,, што во послободен превод значи чувство на заситеност/прејаденост

(или пак од зборот дојурмак сто значи гозба). Со речиси истоветна веројатност како

Page 4: Seminaraska Za Dojransko Ezero

убедувањето во вистинитоста на легeндата може да се верува дека новото име Дојран

потекнува и од друг турски збор ,,далјан,, што значи место, езеро кое е многу богато со

риби. Како и да е неспорно е дека новото и сегашното име и на градот и на езерото е

поврзано со доаѓањето на Турците. Бидејќи Езерото било во сопственост на Султанот,

Дојранчани обично за 3.000 златни турски лири од него закупувале годишно одредени

површини (покрај северозападниот брег), на истите граделе мандри и ловејќи риба ја

обезбедувале егзистенцијата на своите семејства.

2.2 Потекло на Дојранското Езеро

Сегашното Дојранско Езеро е остаток од некогашното Пеонско Езеро (познато уште

и како Стримонско Езеро) и припаѓа на т.н. Пеонска група на природни балкански

Езера. Настанало по природен пат, тектонски, со спуштање на тлото и создавање

котлина како и истовремено издигнување на страничното копно и создавање на

хорстови кои подоцна се оформиле во планински венци. Настанокот на Дојранската

депресија временски се поврзува со настанокот на Струмичката котлина и северното

крило на Беласичкиот хорст некаде во горен плиоцен. Доказ дека на овој простор

порано имало многу поголемо езеро се горно-плиоценските езерски седименти над кои

се квартерни наслаги стари околу 2 милиони години како и езерските тераси на

Дојранскиот слив.

Во плиоценот во Дојранската котлина и просторот околу неа било оформено т.н.

Стримонско Езеро (дел од Пеонското Езеро). Пред крајот на плиоценот и почетокот на

делувиумот, заради тектонски раздвижувања дошло до спуштање на езерското ниво и

се издвоиле три посебни целини (езера) – Дојранското Езеро, Бутковското Езеро и

Тахиското Езеро.

Во времето на делувиумот Дојранското Езеро било многу поголемо од денешното и

зафаќало површина од 127км2 (три пати поголема од денешната ) и било единаесет

пати подлабоко од денешното – 110 метри. Потврда за тоа се езерските тераси во

Дојранскиот слив откриени на места кои се повисоки од котата 148 м.н.в.

Врз основа на современите научно - -стручни податоци за генезата и развојот на

Дојранското Езеро може да се изведе општ заклучок дека тоа е типично еутрофно езеро

од времето на плиоценот, значи со старост која се цени на повеќе милиони години.

Page 5: Seminaraska Za Dojransko Ezero

2.3. Хидрографски, хидролошки и климатски карактеристики

Дојранското Езеро претставува вистинска туристичка реткост и голем хидрографски

туристички мотив.

Вкупната површина на Дојранската Котлина според нашите и грчките податоци

изнесува 270,00 км2. Површината на самото Езеро, при ниво на водата од 148,00 м.н.в.

изнесува 42,74 км2, а на копнениот дел 227,50 км2. Од површината на Езерото на

Македонија и припаѓа 27,1 км2 , а на Грција 15,64 км2.

Дојранското Езеро има елипсасто – кружен облик со обем 26,20 км. Од тоа на

македонската страна 14,80 км, а на грчката страна 11,40 км . Должината на Езерото

изнесува 8,9 км, а најголемата широчина е 7,1 км. Просечната длабочина изнесува 6,7

м, додека максималната длабочина при нормален водостој му е 10 м.

Дојранското Езеро со својот слив го зафаќа југоисточниот дел на Република

Македонија и североисточниот дел на Република Грција. На западниот брег од езерото

се наоѓа височината Калатепе со надморска височина од 691 метар. На

северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку населбата Николиќ

се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско поле се издигнува ридот

Боска со надморска височина од 720 метри, на исток се падините на Круша Планина,

кои многу благо се спуштаат кон езерото, при што се создаваат мошне плодни

површини. Најнискиот брег е на југ кај населбата Кора – Дојран, во соседна Република

Грција. Кон север се протега планината Беласица.

Вкупната површина на вкупното подрачје изнесува 276.3 км2 (или 271.8 км2 според

податоци на МК ), каде речната мрежа во сливот на територијата на Република

Македонија е слабо развиена. Тоа се должи на релативно малиот простор и на неговата

геолошка градба. Речната мрежа е подобро развиена во сливот на територијата на

Република Грција, особено во северо – источниот дел од сливното подрачје. Тука е

лоциран главниот водотек Оџа Суји (или Брешка Река ), со слив од 94,3 км2. Реката ги

прибира сите планински потоци што ја дренираат јужната страна на планината

Беласица, како и реката Кавакаларис, чиј што слив изнесува 21 км2. Овие водотеци

поради својот релативно голем слив (вклучително и планината Беласица ) , се главни

природни снабдувачи со вода на Дојранското Езеро.

Од македонска страна, сливното подрачје на Дојранското Езеро е составено од 26 мали

Page 6: Seminaraska Za Dojransko Ezero

сливови од потоци и повремени водотеци. Најголем водотек е Гранична Река со сливна

површина од 15,35 км2, од кои 11,95 км2 на територијата на Македонија, која

непосредно над с.Николич влегува на грчка територија. Други позначајни се Црн

Поток (со слив од 6.44 км2 ), Пазарли Дере (5.18 км2 ), Сува Река (6.85 км2 ) и

планинскиот поток Дервен Рама ( 915.5 км2 ), Топлец итн.

Густата хидролошка мрежа од грчка страна ги дренира во езерото сите водотеци од

планината Беласица (северен дел од сливното подрачје ) и околината.

Покрај водите од површинското отечување, Езерото добива вода и од подземните

извори во самото Езеро. Користењето на подземните води во Дојранскиот слив има

значајно влијание врз водениот биланс на Дојранското Езеро. Според податоците

( неофицијални ) за издашноста на изворите лоцирани на грчка територија се

проценува дека годишно се експлоатираат 8 до 10 милиони м3 вода од вкупните

количества вода. Исто така, проценето е дека од подземните води во сливот на

територијата на Македонија просечно годишно се користи околу еден милион м3 вода.

Според тоа, со користењето на водите од Дојранскиот слив, водениот биланс на

езерото е помал за сса 9 – 11 милиони м3 вода годишно. Врз основа на хидролошките

карактеристики на Дојранскиот слив направен е обид да се пресмета водниот биланс на

Дојранското Езеро во години и тоа највлажна, средно влажна и најсушна година. Во

највлажна година може да се очекуваат 1,5 пати поголеми количества вода, во

просечна средна година тие би биле околу 41,85 х 106 м3 вода, а во изразито сушна

година билансот ке биде негативен.

Според досегашните анализи од хидрографските и хидролошките карактеристики

на Дојранското Езеро и неговиот слив, констатирано е дека значајно се нарушени

природните законитости со кружењето на водата во овој екосистем.

Еден од најтоплите реони во нашата земја е реонот на Дојранското Езеро. Со оглед на

отвореноста на Дојранската Котлина кон Егејското Море и неговата блискост, силно е

изразено медитеранското влијание, донекаде корегирано со местоположбата на

планината Беласица (височинска клима ) и планината Круша. Основни климатски

карактеристики во овој реон се високи температури во летните месеци, рана пролет и

доцна есен, како и благи и влажни зими.

Температурата на водата е прилично висока и во летниот период знае да достигне и

до 28°C. Ветровите дуваат главно од север и северозападен правец а доста изразен е и

Page 7: Seminaraska Za Dojransko Ezero

источниот ветер. Осончувањето е типичен за овој дел од Балканскиот Полуостров при

што овој регион се одликува со голем број на сончеви часови, па според тоа просечната

облачност е релативно мала. Врнежите се еден од најпроменливите метеролошки

елементи во Дојранскиот регион. Преку врнежите се обновуваат водните резерви во

сливното подрачје и со остатокот се дополнува волуменот на водата во Езерото.

Врнежите во просторот на сливот на Дојранското Езеро, поради помалата количина на

паднатиот дожд и поради неповолната временска распределба, во критичниот период,

причинија смалување на дотекот на водата во Дојранското Езеро и придонесоа за

неповолниот биланс на неговите води и за падот на езерското ниво. Испарувањето е

најголемо природно одземање вода од Езерото и во голема мерка негативно го

оптоварува билансот на водите на Дојранското Езеро.

Покрај климатските, хидрографските и хидролошките карактеристики од голема

важност е и нивото на езерото. Интересно е што за симнување на нивото на езерото за

околу 7 метри биле потребни милиони години а загрижувачки е што од прокопувањето

на каналот Ѓол-ај (1808 год.) односно за неполни двеста години (1808 до 1988 год.)

забележано е симнување на неговото ниво за цели 5 метри. За едно типично еутрофно

езеро кое по природната еволуција „старее“, ваквото намалување на нивото на водата

создава услови да се забрзаат процесите на „стареењето“. Агресивното и неразумното

користење на водата од езерото главно започнало од 1976 година и тоа во времето кога

во целиот свет се настојувало да се заштити и унапреди човековата околина и да се

заштитат природните реткости во кои спаѓа и Дојранското Езеро. Во периодот помеѓу

1988 и 2002 година езерото доживеа своевидна катастрофа, при што нивото на

езерската вода се намали на само 1,5 м.

2.4. Туризмот во Дојран и Дојранското Езеро

Денес, благодарение на проектотот „Ѓавачко Поле“, ова езеро е на најдобар пат да

си го поврати првобитното количество вода.

Така туризмот денес е најважна стопанска гранка во општина Дојран. Последните

неколку години се забележува тренд на повторно зголемување на бројот на туристи и

реализиран број на ноќевања како резултат на покачување на нивото на водата во

Дојранското Езеро.

Page 8: Seminaraska Za Dojransko Ezero

Во негова функција денес покрај Дојранскиот брег постојат повеќе од 40 објекти

(хотели и одморалишта) на претпријатија од целата земја, неколку комерцијални

хотели, модерни казина и над 600 викенд куќи.

Угостителството како стопанска гранка отсекогаш било развиено во Дојран. Порано

во градот за време на Турското владеење имало околу 25 кафеани лоцирани на

езерскиот брег. Поголемите кафеани имале и летни бавчи, со тераси до Езерото, а

некои од терасите биле и над езерската вода.

И денес се уште Дојран поседува голем угостителски капацитет, со прекрасни

ресторани каде може да се проба од убава и далеку позната Дојранска Риба. Дојран е

познат и по специфичните специјалитети за храна. Главната храна на старите

Дојранчани е рибата(пржена, печена на жар, печена на трска, готвена: риба - тава, риба

- јанија, риба - чорба, риба - кора или баница со риба и др.). Најголем специјалитет е

"Риба на Трска печена на жар". Во исхраната покрај риба, Дојранчани употребуваат и

сточни производи: месо, млеко и млечни производи како и растителни производи:

зеленчук, овошје и друго. Се употребуваат јадења од тесто: баница, принлија, баклава,

татлија, раванија. Од прибор употребуваат : Тава, Тиган, Котле, Тенџере,

Чинија(џингова и порцеланска), лажича, бунела(вилушка), нож и друго.

Гостопримството е убава одлика и културен белег на добронамерните и

добродушните стари дојранчани, кои наедно и легедарниот крајезерски град е наречен

со топонимот "Дојран", во значење на гостопримлив град. Традицијата на

гостопримливоста на градот и дојранчаните трае и се до денешни дни.

Најголема важност за Дојран имаат населбата Стар Дојран како централно место и

главен туристички локалитет и населбата Нов Дојран, како најголема населба на брегот

и рибарско место.

Од плажите најкарактеристични се Градската плажа во Стар Дојран, како и плажите

во месноста Мердаја и населбата Николиќ. Вкупниот капацитет на сите плажи

изнесува близу 7 000 капачи, а распоредени се на површина од 11,5 ха. Топлата вода за

време на летната сезона му дава тропска карактеристика на езерото што е погодна за

капење во текот на целиот ден.

Природните убавини, медитеранската клима, топлата и лековита вода, атрактивниот

риболов, како и многу други приоритети на Дојранското Езеро, придонесоа за

Page 9: Seminaraska Za Dojransko Ezero

интензивна градба на туристичко – угостителски објекти, кампови и голем број викенд

куќи, со што се зголеми и бројот на леглата.

Стар Дојран и Нов Дојран ги имаат следниве туристички капацитети:

- Повеќе од 800 куќи за приватно сместување;

- Повеќе работнички одморалишта со капацитет од околу 2000 легла;

- 2 авто кампа со вкупен капацитет од 5000 камп единици; (во моментов не работат)

- Неколку комерцијални хотели;

- Неколку модерни мотели;

- Детски одмаралишта со капацитет над 700 легла.

- Има многу ресторани, пицерии и летни барови, како и повеќе од 30 трговски

продавници, повеќе супермаркети кои постојат за да ги задоволат потребите на

посетителите.

Во принцип бројот на викенд куќи, изградбата на туристички ресторани и објекти и

целата инфраструктура инвестирана во Дојран е 0,6 милијарди €.

Во зградата на општината во Стар Дојран се наоѓа Музеј во кој има голема колекција

на растителен и животински свет од Дојранското езеро.

Дојран е познат и по лековитата вода (за кожни болести) и воздух (за белодробни

заболувања). Неговите природни убавини го прават атрактивен не само за населението

од регионот, туку и пошироко.

2.5 Растителен и Животински свет

Дојранското Езеро се одликува со интензивна биолошка продукција на растителни и

животински форми.

Вегетацијата е основа за развој на целокупниот живот во езерото, бидејќи таа

обезбедува живеалиште, засолниште и храна на голем број организми, додека корењата

на растенијата помагаат во зацврстувањето и стабилизирањето на почвата.

Флорната растителна компонента во езерото е претсавена од микро, мезо и

Page 10: Seminaraska Za Dojransko Ezero

макрофлората. За езерото карактеристична е изобилна бактеријална продукција која во

пролетната сезона изнесува и до 147.200 бактерии во еден литар вода.

Фитопланктонот во езерото е со богат и разновиден состав. Тој е главниот индикатор

за продукција на органските материи во езерото. Всушност, фитопланктонот е

почетната алка во скоро сите синџири на исхраната во езерото. Посебна

карактеристика на фитопланктонот во Дојранското Езеро е појавата на „цутење на

водата“. Оваа природна појава се случува во периодот на максимумот на

фитопланктонот во езерото, во рана есен при што со неговото масовно развивање

создава фина зелена скрма на површината на езерото. Водените растенија во езерото се

распостранети во вид на појаси. Широкиот појас на семиакватични растенија се

протега по работ на езерото и го зафаќа просторот од 0,5 метри.

Самото езеро е станиште на растителни видови кои се адаптирани на услови на

постојано потопување во водата, како што се субмерзните растенија. Придружени со

густите состоини од трска и рогоз во поплитките води тие ја сочинуваат водната

вегетација на овој воден битоп. Блиску до езерскиот брег, каде земјиштето само

повремено се потопува, има густи формации од рогоз.

Околу целиот езерски брег има пространи песочни дини, кои сочинуваат езерски

пејсаж невообичаен за Грција. Нивната вегетација е комбинирана со трската која расте

во езерото и со дрвјата покрај езерото. Белите врби и белите тополи, растат на светла и

влажна почва во близина на брегот, формирајќи посебна езерска крајбрежна шума.

Ползечките растенија кои растат помеѓу и околу стеблата и даваат на шумата тропски

изглед, додека масивните платани расфрлани овде и онде, му даваат друга посебна

одлика на подрачјето.

Дојранското Езеро е живеалиште за многу видови од дивата природа. Грчкиот дел

од езерото е вклучен во листата на “Специјално заштитени подрачја”, додека од

птиците кои го користат подрачјето за гнездење, како и за место за одмор за време на

миграцијата, за презимување или исхрана, голем број – околу 36 видови – се

прогласени за ретки и загрозени со истребување на ниво на Европа.

Значењето на подрачјето е уште поголемо поради присуството на малиот корморан и

далматинскиот пеликан, видови кои се загрозени од исчезнување на глобално ниво.

Езерото е домаќин на неколку видови барски птици, со долги нозе и клун, кои се

плискаат во плитките води бидејќи ловат инсекти, водоземци, ракчиња и риби, како

што е малата бела чапја и другите видови чапји како гривестата чапја, големата бела

Page 11: Seminaraska Za Dojransko Ezero

чапја и сивата чапја. Љубителите на птици ќе бидат исто така восхитени од сјајот на

блескавиот ибис, блатната бекасина и кривоклуната сабјарка “дамата на мочуриштата”,

која е една од најатрактивните барски птици. Далматинскиот или кадроглавиот

пеликан, кој е една од најголемите птици на земјата, со должина на телото до 1.80 м и

пречник на раширени крилја до 3 метри, лови риби во Дојранското Езеро.

Малиот корморан, шатката свиркач, сивата шатка, ѕвонарката, шатката ластовичарка,

шатката пупчарка, кафеноглавата потопница и нуркачите, сите играат значајна улога

во креирањето на овој богат екосистем. За време на сезоната на парење, големиот

нуркач, урнебесно се издига и спушта на водата, претставувајќи го својот ритуал за

парење.

Кормораните пливаат во езерото, гнездат на блиските дрвја и летаат во воздухот

правејќи спектакуларни фигури, додека црвеноклуните или неми лебеди, ги нуркаат

главите во водата, барајќи водни растенија, или “пасат” од мовестата вегетација на

брегот. Грабливите птици како што се блатната еја, полската еја, јастребот кокошкар,

јастребот врапчар, соколот ластовичар и јастребот глувчар, со своите силни нозе и

јаките кукасти клунови, се исто така чести посетители на езерото во потрага по плен.

Од рибите кои порано го населуваа езерото и чиј број достигнуваше до 18 видови,

најзначајните меѓу нив како крапот, сомот, црвеноперката и перкијата, заедно со

штуката, писата, линишот и белвицата, некогаш беа многубројни во езерото и со нив

лесно се тргувало. Другите видови на риби како што се јагулата, кленот, платичето,

гамбузијата, штипалката, кркушката и други, денес се ретки и со статус на заштитени

видови. Во последните години, заради погрешно управување со езерото, се случува

драматично опаѓање на рибниот улов и на бројот на видови риби во езерото.

“Мурија шумите” претставуваат живеалиште на голем број цицачи, вклучително

невестулка, лисица, јазовец, зајак и стоболка.

Дојранскиот регион е исто така живеалиште на голем број влечуги како рибарката,

блатната желка, зелениот гуштер и полскиот гуштер кои се заштитени видови на ниво

на Европа. Водоземците го поминуваат својот живот меѓу езерските води и брегот,

како што е балканската езерска жаба. Голем број од нив се со статус на заштитени

видови, како балканската лукова жаба и балканскиот голем мрморец, кој е најголем

претставник од мрморците во Грција.

Мекотелите, инсектите и ракчињата, исто така претставуваат значајна алка во ланецот

на исхрана.Езерото е дом и на многу акватични инсекти, кои се движат на површината

на водата или пак се потопуваат во длабочините.

Page 12: Seminaraska Za Dojransko Ezero

Покрај брегот на езерото многу често се среќаваат бројни видови на вилински

коњчиња. На самиот езерски брег има појас со широчина од околу 10-15 метри, кој е

покриен со мноштво празни черупки од школка.

Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош

на птици во огради од трска т.н. мандри. Тоа е прастар начин на рибарење, единствен

во светот. Со самото присуство, птиците ги тераат рибите кон специјалните огради од

мандрите, од кои рибите не можат да избегаат.

2.6 Дојранска кал

Се верува дека дојранската кал е далеку поквалитетна од калта во Црно Море,

која се користи за терапевтски третмани.

Калта од Дојранското Езеро има способност да го извлече сето она што е негативно во

телото и во кожата, како што се некои болести, пеги и лишаи. Според стручњаците,

дојранската кал е лековита затоа што во неа има многу состојки од растенијата што се

распаѓаат во Дојранското Езеро.

Покрај дојранската алга, која е најпозната и содржи големо количество јод, во калта

има и многу други растенија што се распаѓаат во водата. Калта е многу богата со

минерали кои благопријатно дејствуваат на кожата, но и на ревматичните болки.

Експертите утврдиле дека мешавината од екстрактите, кои ги испуштаат распаднатите

растенија, водата и калта, се рецептот за овој природен лек.

 Чудна и навидум непријатна, толку уникатна мешавина на мириси не може да се

почувствува на ниту едно друго место на светот. Единствено се доживува и вдишува

токму на брегот на Дојранското Езеро, кој го прави Дојран посебен и препознатлив.

Езерската вода е жешка, зелена и матна. При самиот влез во водата се чувствува

тињата под стапалата. Од езерото кон брегот непрестајно надоаѓа пена, која личи на

пена од сапуница.

Кога се доживува сето ова, и кога, згора на тоа се вдишува мирисот на алгите, се има

чувство како да се наоѓате среде мочуриште. Тоа е поради цветањето на алгите во

езерото. Пената ја произведува токму нивниот цвет, таа е сосема природна. Ова се

случува само петнаесетина дена во годината - во средината од август. Водата тогаш е

најлековита и плажите во Дојран се под инвазија од црномурни туристи, измачкани со

црната езерска кал. 

Page 13: Seminaraska Za Dojransko Ezero

3.Заклучок

Наглото празнење на езерото во средината на 20 век, е директна последица на

човековата негрижа, неконтролираното користење на водата за наводнување на

природни бавчи и земјишта. Во овој период, езерото изгубило големо количество вода.

На некои места стариот брег се наоѓал дури на еден километар оддалеченост од новата

крајбрежна линија. Некогаш во езерото се ловеле 500 до 800 тони риби, денес таа

бројка е падната од 50 до 70. Бројката од 60.000 посетители и 300.000 ноќевања е

намалена на 20.000. Поради ова, од природна убавина, Дојран се претвори во еколошка

катастрофа, а неговата најјака стопанска гранка и дејност по која што беше

препознатлив, туризмот почна да замира.

Но, новото време наметнува нови потреби и навики. Тие предизвикуваат појава и

усовршување на нови начини на организирање на животот. Така и туризмот како

сегмент, спонтано се имплементира кон лепезата дејности кои ги преокупираат

Дојранчани од памтивек и околу кои се врти живеачката на овој простор.

За среќа, во последиве неколку години со напор на локалните власти, езерото

доживува ренесанса во секаква смисла на зборот. Плажите се повторно полни, а за

големите летни празници сместување не може да се најде дури до Валандово. Зошто

совесните родители до ден денес и во периодот кога од тињата не се гледаше езерото,

ги носат своите деца во Дојран, тоа е една сосема друга приказна, која ја знаел уште и

Александар III Македонски Велики.

И денес можат да се видат наколните рибарски колиби што ги красат езерските води,

па имате чувство дека тука времето запрело, чувајќи ја сета посебност и убавина.

За Дојран и Дојранското Езеро не постои сезона во која не може да се патува.

Додека во лето, можете да уживате во топлото езеро и вечерните прошетки, во есен ова

место претставува вистинска инспирација. Пожолтените лисја, тивкото ветре, мирисот

на свежо приготвена риба, го ставаат ова место помеѓу најдобрите Македонски

дестинации.

Page 14: Seminaraska Za Dojransko Ezero

Користена литература:

Туристичка Географија – Проф. Д-р. Мијалче Георгиевски

Еколошка лектира за Дојранско Езеро – Ката Ристова

Што се случува во Дојранската Котлина и со Дојранското Езеро –

Д-р.Момчило Андрејевиќ

Водите на Дојранското Езеро и Човекот – Живко Шкоклевски

http://www.mzsv.gov.mk/files/dojransko ezero

http://www.ekby.gr/LakeDoiran/mac/index.htm

http://www.igeografija.mk/Portal/?p=2746

http://popara.mk/2011/patuvanja/vikend/dojran-i-dojranskoto-ezero/

http://www.makedonskibiser.com.mk/index.php?

option=com_content&view=article&id=603%3A2009-11-06-17-08-32&catid=139%3A2009-

08-26-13-19-34&Itemid=400&lang=mk

http://www.dojran-info.com