sumnal news letter2

4
Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ СО ДОБРА ИНФОРМАЦИЈА КОН РЕШЕНИЕ Билтен јануари - јуни 2016 година

Upload: neshad-azemovski

Post on 31-Jul-2016

218 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Sumnal news letter2

Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ

СО ДОБРА ИНФОРМАЦИЈА КОН РЕШЕНИЕ

Билтен јануари - јуни 2016 година

Page 2: Sumnal news letter2

ДОПОЛНИТЕЛНО УЧЕЊЕ И ПОДУЧУВАЊЕ Програмата „Ран детски развој“ е

наменета за деца од 2 до 6 години и нивните

мајки, која опфаќа секојдневни активности кои

имаат едукативна содржина пропратена со игри,

боење, цртање, драматизација, учење песнички

и слично.

Активностите што се изведуваат се

однапред испланирани и подготвени според

стандардите за рано учење и развој преку

најразлични игри од едукативен карактер. Тие се

реализириаат од однапред поготвена Годишна

програма со месечни, дневни и неделни

подготовки.

За реализираните активности се води

дневник на активности, досие за секое дете и

портфолио за секое од децата. Активностите за

децата кои се дел од Програмата за

дополнително учење се на возраст од 6 до 14

години. Тие, во дневниот центар, секојдневно

доаѓаат и ги извршуваат своите домашни задачи

по различни предмети, користат дополнителни

информации како и иформации од библиотеката

на Сумнал која пак располага со енциклопедии,

а имаат и можност да користат интернет што е

неопходен за работа. Децата имаат можност да

се дружат и да играат социјални игри.

За постигнување на успех и напредок кај

децата не е доволно само формалното

образование, и токму затоа Сумнал организира

работилници на различни теми и за различни проблеми кои се типични за ромското население и кои

делуваат превентивно и едукативно кај учениците за тие да не се повторуваат, а тоа се трговијата со

луѓе, негувањето на семјеството, малолетнички бракови и работилници од областа на здравството.

Page 3: Sumnal news letter2

СОРАБОТКА СО ГИМНАЗИЈАНОВААктивностите кои се реализираат меѓу Сумнал и

гимназијата НОВА се од едукативен карактер.

Еднаш неделно, во просториите на Сумнал,

учениците од НОВА одржуваат час по англиски

јазик на децата од Сумнал. Учењето на

англискиот јазик е врз основа на игра, забава,

квизови, се изучуваат нови зборови и реченици,

се учи граматика и сл. Исто така, децата од

Сумнал имаа можност да одат во посета на

училиштето НОВА и да бидат дел од еден нивни

вообичаен час по актерство. Децата, преку игра

и забава, научија многу за театарот и воопшто за

актерството.

Page 4: Sumnal news letter2

Проектот се реализира на локално ниво во општина Чаир, Скопје, Република Македонија. Целно

подрачје е општината Чаир со 10 млади Роми кои се здобиваат со обуки за комуникациско-

информатички вештини.

Цел на проектот е зајакнување на капацитетите на младите Роми преку примена на

информатичко-комуникациските технологии и обезбедување на знаење потребно за пазарот на трудот

и развој на економијата, како и создавање на олеснителни услови за пристап до информатичко-

комуникациски технологии и зголемување на информатичко-комуникациските вештини кај младите

Роми. Целна група на овој проект се млади на возраст од 14 до 18 години. Тие имаат можност да стекнат

поголеми знаења за програмите: excel, power point и word, како и да научат на кој начин и за кои цели

може да го користат интернетот. Важно е да се напомене дека децата го изработија и овој билтен.

СО ДОБРА ИНФОРМАЦИЈА ДОРЕШЕНИЕ

СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈА ЕЛЕНА ЛУКА„ “